pirs na jazikot

Post on 03-Jul-2015

1.205 Views

Category:

Health & Medicine

37 Downloads

Preview:

Click to see full reader

TRANSCRIPT

ВОВЕД

Модерниот начин на живеење носи со себе желба за луксуз. Посебно младите стануваат жртви на она што го гледаат по телевизиите притоа не согледувајќи ги последиците. Во последно време пирсот стана синоним на модерното и урбаното. Ставањето пирс покрај што служи како украс на телото со себе носи и голем број опасности. А кога станува збор за опасностите посебно е опасен пирсот на јазикот. Затоа, проследете ги следните работи кои ќе ве натераат два пати да размислите пред да се одлучите да поставите пирс на јазик.

Јазикот како орган во устата

Јазикот е подвижен мускулен орган, на кој разликуваме врв, тело и корен, преку кој е прицврстен за дното на усната празнина. Обложен е со слузокожа, која на горната страна содржи вкусни папили.

Вкусот, допирот и болката кај јазикот се осетуваат со помош на папилите (соодветни рецептори):

ПАПИЛИ НА ЈАЗИКОТ

Кончести папили (papilae filiformes), за допир и болка, сместени на врвот од јазикот

Габовидни папили (papilae fungiformes), вкусни папили сместени на телото на јазикот

Жлебести папили (papilae valatae), вкусни папили сместени на коренот од јазикот

Листовидни папили (papilae foliate), вкусни папили сместени на рабовите на јазикот.

Јазикот освен што учествува во ингестијата и мешањето на храната, тој е сетило за вкус и орган за артикулација на говорот.

Што всушност претставува пирсингот на јазикот ?

- Еден вид на пирсинг е пирсингот на јазикот, кој започнал уште од времето на Маите. - Тие тоа го правеле за да разговараат со духовите и претставува вметнување на цилиндрично цевче со метално топче на врвот низ јазикот.

- Општата академија на стоматолози (AGD) предупредува дека носењето на ваков пирс го зголемува ризикот од ронење на забите, повлекување на непцата и оштетување на нервите. - И покрај тоа, повеќето луѓе не разбираат дека оралниот пирсинг исто така претставува и ризик од развивање на фатални инфекции, па дури во некои случаеви и појава на мини-јазик.

На што треба да се внимава при поставување на пирсинг на јазик ?

• Со оглед на наведените ризици, не постои „сигурно“ поставување на пирсинг, и оваа постапка треба да се избегнува. Сепак доколку некој и покрај здравиот разум и сите ризици ќе се одлучи за поставување на пирс – тоа треба да биде во:

2. асептични (стерилни) услови

3. со стерилни инструменти (користење на автоклав)

4. користење на игли за една употреба

Главни компликации кои можат да настанат од пирсинг на јазик:

• Сериозно крвавење или оштетување на нерв: доколку за време на продупчувањето се пробие крвен сад или нерв, може да дојде до обилно крвавење кое тешко се запира или да предизвика повреда на нервот.

• Инфекција: Во устата нормално се наоѓаат милиони бактерии кои можат да предизвикаат инфекција на раната од пирсингот

• Болка: Поради самата постапка или компликации со зарастувањето

• Отекување: Јазикот може да отече толку многу што може да го отежне дишењето

• Пренесување на болести: Пирсингот е потенциран како вектор за пренесување на крвно-преносливи болести како хепатитис Б и Ц и ХИВ/СИДА инфекции

• Проблеми со говорот: може да го наруши или отежни говорот.

• Задушување: Поставувањето на накит во устата доведува до ризик парчиња од накитот да се откачат и да завршат во дишните патишта.

• Скршени или напукнати заби: движењето на пирсот предизвикува удирање на негови делови во забите и може да предизвика откршување на парчиња од забите или нивно напукнување.

• Повлекување на непцето (гингивата): Пирсингот на јазикот доведува до зголемување на ризикот од повлекување на гингивата од забите

• Формирање на лузна: на местото на пирсoт можно е формирање на лузна.

Што да се направи при појава на некои компликации ?

• При појава на компликации, потребно е да се посети лекар при што ќе се одреди терапија во однос на проблемот.

• Доколку се работи за инфекција, се препишуваат антибиотици и се препорачува испирање на устата со антисептични раствори.

• Доколку се работи за оштетувања на забите, се препорачува отстранување на пирсот и корегирање на дефектите. Но и покрај се пирсот на јазикот е доста комплексен и со големи последици, па можно е и покрај сите превземени на крај да заврши со огромни последици, па дури и фатално.

Животна приказна бр. 1 !

• Два дена откако за роденден си поклонила пирс на јазикот, 34-годишната социјална работничка од Велика Британија починала од тешко труење на крвта предизвикано од инфекција со бактеријата стрептокока.

• Британката Аманда Тејлор подолго време сакала да стави пирс на јазикот, а тоа си го дозволила за својот роденден. Но, роденденската веселеба набргу и била расипана од болката во грлото. Отишла на лекар, кој и препишал лекови против воспаление на грлото.

Животна приказна бр. 2

• Но, само два дена по бушењето на јазикот таа починала во својот дом. Обдукцијата утврдила дека причина за смртта е тешко труење на крвта предизвикано од инфекција со бактеријата стрептокока, односно утврдено е дека бактеријата од грлото, низ раната на јазикот влегла во крвта и предизвикала сепса.

ИНТЕРВЈУ СО ДОКТОР МИРКО ЛЕКОСКИ

1.Што вие како хирург мислите за пирсингот ? се пренесуваат многу инфекции настануваат лузни настануваат непредвидени физички проблеми

2. Дали некогаш сте направиле пирс на јазик ?

Никогаш не сум направил такво нешто ниту планирам.Сепак тоа е продупчување и сечење на дел од телото и создавање отвор во кој може да се носи накит.

3. Дали во хирушкото одделение во Струга се прави пирс на јазик?

• Во хирушкото одделение во Струга не правиме пирс на јазик.

4. Колку често младите доаѓаат да направат пирс на јазик ?

Како што веќе кажав ние не правиме пирс на јазик, но во повеќето случаи доаѓаат да направат пирс на друг дел од телото.

5. Од каков материјал треба да биде

изработен еден пирс ?

злато сребро благороден метал

6. Што би им препорачале на младите кои сакаат да стават пирс ?

Јас како хирург сум против ставање на пирс затоа што е многу опасно. Луѓето кои ставаат пирс имаат различни причини. Некои ставаат пирс поради верска или духовна причина,некои за изразување на естетска вредност за сексуално задоволство и слично. Некои форми на пирсинг пак остануваат контроверзни особено кога се

применуваат кај младите.

АНКЕТА

• Дали сте против тоа да имате пирс на јазикот ?

2. Дали имате пирс на телото ?

3. Дали би сакале да имате пирсинг ?

4. Дали мислите дека пирсингот има свои негативни страни?

5. Дали преферирате доктор да го изврши пирсингот ?

6. Колку често се среќавате со луѓе кои имаат пирс на телото?

Заклучок :

• Се надеваме дека ви се допадна изнесеното и дека научивте кои се компликациите при поставување на пирс на јазикот. Целта на оваа презентација ќе биде исполнета, ако барем за миг се замислите пред да пристапите кон тој чекор да поставите пирс на јазикот. Медицината стои на тоа дека не треба да се стави пирс на јазикот, па затоа треба да бараме друг начин кој ќе е безопасен, а сепак ќе не направи среќни и задоволни !!!

БИБЛИОГРАФИЈА

• www.stomatolog.com.mk• www.zazdravje.com.mk• Списание 24 часа здравје• macedonia.editboard.com

top related