репортерите на „Глобус“ го посетија Исланд и...

6
13/9/2011 Во земјата постојат 180 Вулкани, 18 се актиВни, Во летата речиси и да нема ноќ, зимата е мрачна и ладна, расположението на луѓето глаВно заВиси од климата и од ситуацијата на исландското небо (на фото- графијата ресторанот „P E A R L “) Како Викинзите ја победија кризата: репортерите на „Глобус“ го посетија Исланд и истражуваа како една од најразвиените земји во светот по доживеаниот банкрот и тешкиот економски шок, по масовните протести на граѓаните во 2008., во изминатите две години целосно се опоравија без помош на Европската унија, која би сакала да ја види како своја 29 членка

Upload: others

Post on 04-Nov-2019

38 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: репортерите на „Глобус“ го посетија Исланд и истражувааglobusmagazin.com.mk/wbstorage/files/svetisland.pdfрепортерите на

13/9/2011

Во земјата постојат 180 Вулкани, 18 сеактиВни, Во летата речиси и да нема ноќ,

зимата е мрачна и ладна, расположениетона луѓето глаВно заВиси од климата и од

ситуацијата на исландското небо (на фото-графијата ресторанот „P e a r l “)

Како Викинзите ја победија кризата:репортерите на „Глобус“ го посетија Исланд и истражуваа какоедна од најразвиените земји во светот по

доживеаниот банкрот и тешкиотекономски шок, по масовните протести на граѓаните во

2008., во изминатите две години целосно сеопоравија без помош на Европската

унија, која би сакала да ја види како своја29 членка

Page 2: репортерите на „Глобус“ го посетија Исланд и истражувааglobusmagazin.com.mk/wbstorage/files/svetisland.pdfрепортерите на

13/9/2011

пишуВа – даВор буткоВиќ фотографии – G e t

Page 3: репортерите на „Глобус“ го посетија Исланд и истражувааglobusmagazin.com.mk/wbstorage/files/svetisland.pdfрепортерите на

ССе чинеше дека им нема спас, дека остро-вот ќе потоне под силата на финансискиоткрах. Маса од лава ќе исчезне во океанот.Дека Исланд ќе стане финансискаАтлантида.

Три години подоцна, Исланд излезе одкриза. Сега е како факт назначен подато-кот; раздобјето на исландската криза – тригодини, од 2008 до 2011. Според силата,трет најголем економски крај откако одтрампа сме поминале на пари. Тој колапси се случи на државата која била толкубогата и просперитетна што беше незами-сливо дека кризата токму нејзе најмногуќе ја погоди.

Грција, Италија, Португалија... тоа сеземјите навикнати на кривудестиот пат воекономијата, знаат дека глобализацијата евлегување во казино во кое некогаш доби-ваш, а некогаш губиш. Но, не и Исланд.Тој никогаш не ни помириса коцкарница.Исланѓаните не се мешаа во ничии рабо-ти, ниту сакаа некој нив да ги гњави.

И додека повеќето земји панично бибарале помош бидејќи за еден ден речиси10% од населението им остана без работа,како што им се случи на Исланѓаните когаим пропаднаа банките, тој своите пробле-ми ги реши со мала помош на светскитефинансиски институции, а главно самиот.

Сите државни банки во 2003. беа прива-тизирани, а во настојувањето да привле-чат странски инвеститори нуделе онлајн-банкарство, чии минимални трошоцинуделе релативно високи стапки на зара-ботка. Вложувањата растеа, но и надво-решниот долг на банките. Долгот наИсланд во 2003 година беше околу 200пати поголем од неговиот БОП, а во 2007изнесувал дури 900%. Кога кризата почна,исландската круна загуби 85% од својатавредност во однос на еврото.

БАНКРОТ. Исланд пред три годинитргна спрема бездната и беше пред цело-сен банкрот. Парите што ги имаа исчезнаана сметките од фондовите, банките сеструполија во ист ден, а тогаш Ис -ланѓаните требаа дополнително да госвиткаат ’рбетот и да ја надоместат штета-та на Британците и на Холанѓаните, чииекономии исто така беа погодени порадитоа што викиншките „генијални“ момчи-ња од банкарскиот сектор малку сизаиграа. Одбија да ги плаќаат долговитекои не ги направиле, и тоа 3,8 милијардиевра, колку што бараа од нив (секојИсланѓанец требаше да даде дополнител-ни 20.000 евра за да се подмиратБританците и Холанѓаните), ја сменијаВладата која им помагаше на финансиски-те акробации, луѓето организираа побуни,протестираа додека не беа задоволенибарањата (смена на Владата, смена нагувернерот на централната банка и насоветот кој управува со банките) и тогаштргнаа со работата. Круната девалвираше,па земјата стана интересна за вложувачи-те. Туризмот процуте, а од морето одновоизронија исландските спасители – рибари-те.

Три години подоцна, Исланд не е на„пат да пронајде пат“, туку го пронајде.Позајми две милијарди долари од ММФ иза три години успеа да ја врати еконо-мијата на нозе. Приватизираните банкикои ги направија долговите се вратени водржавна сопственост. Спротивно на

рецептот : „приватизирај, приватизирај“,постапиле според рецептот „национализи-рај“. Тоа било клучното. Концептот на сло-бодниот, неолиберален пазар токму воИсланд пропадна и се покажа како суров.Интервенционизам, економски социјали-зам, што и да е... на Исланд му донесеизлез од кризата. Во комбинација со сил-ниот извоз, особено во секторот рибарст-во, потпомогнат со туризмот и со про-изводството на алуминиум, ги спасуваабанките, а воедно и сопствената глава исопствената економија. Државата се пока-жа како подобар стопанственик од при-ватниците.

За да не се повтори неправдата, проме-нет е и Уставот така што во реформитеучествуваат и обичните граѓани, нив 25,не смеат да припаѓаат на ниту една пар-тија, но мораат да ги препорачаат 30 другиграѓани. На Исланд се ценат семејнитетрадиции и принципи. Кога е најтешко, седржиме заедно!

Колку било страшно? „Мекдоналдс“ гизатворил рестораните, градилиштата сеиспразнија преку ноќ, автомобилите коичекале во пристаништето да им бидатиспорачани на купувачите останалезаклучени на шлеперите, концертнатасала Харпа, стаклената зграда на влезот вопристаништето, беше полудовршена.

Дали е Исланд во Европа? Ниту самитене се сигурни. Политичарите покренаапроцес за аплицирање во ЕУ, ноИсланѓаните се против влегувањето воУнијата. „Дури размислувале за прифаќа-ње на еврото, а да не влезат во ЕУ“, ни велиТатјана Латиновиќ, осиечанка воРејкјавик, една од основачите на невлади-нита организација за помош и за адапта-ција на странците во Исланд. Тања иГерманката Сабине Лескоф се мажени заИсланѓани и настојуваат да им помогнатна странците кои се доселуваат на Исланд.Исланд е многу либерална, слободназемја. Во неа самохраните мајки не севоопшто стигматизирани. Затоа, велатТања и Сабине, последниве години тамудоаѓаат жени од Колумбија и одПалестина...

Во еден момент се чинеше дека Исланди Хрватска би можеле заедно да влезат воЕУ. И додека Хрватска брзаше да гизаврши преговорите, Исланд се одалечува-ше од таа идеја. Да може, попрво би сеприближиле на Гренланд, географски ода-лечен од континентот кој му е прв сосед,но не и најдобар пријател.

„Не сум сигурен дека луѓето ќе го под-држат влегувањето во Унијата. Ние го сфа-ќаме тоа како влегување во ресторан, самошто, наместо да избирате што ќе јадете,добивате храна која ви ја донеле од кујна-та и не можете да избирате“, така тоа го

свЕТ

13/9/2011

Долгот на Исланд во 2003беше околу 200 пати поголемод неговиот БОП, а во 2007изнесувал дури 900%. СекојИсланѓанец им должеше по 20.000евра на Британците и на Холанѓаните.Протестираа, ја сменија Владата, атогаш тргнаа од почеток и – сеизвлекоа

ЗЕМЈА БЕЗ ПРОТОКОЛ И ПОМПА

1 Во зградата на исландскиот парламентсе влегува како во нечија куќа: беззаштита од полицијата2 „секоја генерација мора да го менувауставот“, смета биргита јонсдотирд,членка на парламентот3 Хордур торфасонд, трубадур, уметник игеј-активист, ја покрена револуцијата воисланд4 рејкјавик, град во кој живеат околу 50илјади луѓе, се разви од пристаништето иод рибарско село

1

2

Page 4: репортерите на „Глобус“ го посетија Исланд и истражувааglobusmagazin.com.mk/wbstorage/files/svetisland.pdfрепортерите на

објаснува Хјортур Гислансон, сопственикна фирмата „Огурвик“, која се занимава соизвоз и со преработка на риба.

Рибарството е клучната стопанска гран-ка и една од главните причини зашто несакаат влез во Унијата. Би ги уништилеквотите, а Англичаните пред нос би им гиловеле рибите, а Исланд поради рибите ирибарството водел и битки. Гислансон које од рибарско семејство и јаде риба петдена во неделата, сонува за денот кога лиг-њите ќе им се приближат на исландскитебрегови. Кога ги спомена му се озарилицето:„Веќе беа овде, во раното раздобјена затоплување, и мојот дедо ги ловел.Мислам дека поради климата би можеледа бидат во нашите води веќе ова лето, ноне стигнаа. Веројатно, вгодина...“

УМЕТНОсТА КАКО ЛЕК. Природатаго предизвикува и уметникот Харалардурјонсон, и тоа така што секој ден плива воокеанот. „Уметноста е овде лек. Би полуде-ле ако креативно не се изразуваме“, велијонсон.

Луѓето се непосредни, срдечни, сите веповикуваат дома. Нема протоколи илипомпи. Овде нема ниту еден дизајнерскидуќан на високата мода. На Исланд никојне носи „шанел“. Ние сме дисфункционал-но општество во постколонијална ситуа-ција“, објавува Харалдур. Опа! А што значитоа: „Сите чувствуваме дека припаѓаме.Ќе му тропнам на соседот и ќе му кажамдека два месеци ќе бидам на пат, па нека

13/9/2011

На Исланд нема полова дискриминацијамажите земаат породилно И жЕНИТЕ НИКОј НЕ ГИПРАшУВА ДАЛИ ПЛАНИРААТ ДА РАѓААТ И КОГА...

3

4

Page 5: репортерите на „Глобус“ го посетија Исланд и истражувааglobusmagazin.com.mk/wbstorage/files/svetisland.pdfрепортерите на

Ние сме изолирана нација и мораме да се потпреме едни на

други. Луѓето овде ги оставаат куќите и автомобилитенезаклучени. Кражбите се случуваат ретко...

1

3

5

2

Page 6: репортерите на „Глобус“ го посетија Исланд и истражувааglobusmagazin.com.mk/wbstorage/files/svetisland.pdfрепортерите на

ми ја храни мачката, а тој ќе го смета тоаза најнормална работа на светот“. Луѓетоги оставаат куќите и автомобилите неза-клучени. Кражбите ретко се случуваат,речиси никогаш.

Како и секој мал народ, и Исланѓанитеза себе мислат дека се посебни и најдобри.Според тоа, не се ништо поинакви од, например, Хрватите. Но, за да се види заштосе посебни, се согласија да учествуваат воголемото истражување кое на Исланд сеспроведува со години – проектот de-Code,на научникот Кари Стефансон. Тој јаистражува ДНК на тамошната популацијакоја е изолирана и меѓусебно со генера-ции поврзана, па анализата на генетскатаоснова се најчестите болести наИсланѓаните за да можат да се развијатлекови.

До неодамна, викиншкиот остров живе-еше среќен во својата изолација: нивнитебанки и финансиските куќи ја купија глав-ната улица во Копенхаген, колонијалнатапрестолнина на Исланд се до 1944 година.„Виза и матстеркард, сите тие кредитникуќи, го обожуваа Исланд. Кафето во кафу-лињата го плаќавме со картички и секогашсе трудевме да ги намириме навреме свои-те финансиски обврски. Вака изолирани имали се чувствуваме моќно. Ништо небеше прескапо“, говорат Исланѓаните напсихотерапевтските сесии.

Кога кризата започна, АгнесАсгеирсдотир и нејзиното семејство беатогаш во шкотска. „Пријателите почнаада не повикуваат, пријателите не прашу-ваа дали некако можат да ни помогнат, авестите што стигаа од Исланд беа страш-ни. Не можевме да ги подигнеме паритеод сметките, а во еден момент останавмесо само 40 фунти за една недела“, велиАгнес. Прв пат таа и нејзиниот сопруг Раги– Рагнар Гудмундсон, инжинер за аеро-наутика, почнале да размислуваат за тоакаква иднина ги чека на Исланд. „Данемам деца, можеби би можела да живе-ам некаде другде. Но, ако имате деца, непостои земја која може да им даде пого-лема слобода од Исланд.“

ГРИЖА ЗА ДЕЦАТА. На Исланднема полова дискриминација. „На раз-говорот за работа, жената никој не јапрашува дали планира да има деца иколку. И мажите и жените одат напородилно отстуство. Мајките шестмесеци минимум, татковците тримесеци, а можат да продолжат уштетри месеци“, вели ЏениСигурсгеирдотир.

Таа и нејзинита пријателка Кејт –Катрин Ингјалдотир, која во рацете

го држи двомесечниот син, се занимаваатсо туризам. Изнајмуваат станови за тури-стите во Рејквајик. Почнале токму во кри-зата, во 2008 година, а ним кризата импомогна бидејќи девалвираната круна гонаправи Исланд поевтин за странците.

Исландското заедништо е тестирано нанајгруб начин. Но, луѓето дополнително сезближија, а се свртија и кон музиката.Еден од најомилените исландски бендови,Дикта, ги полнеше клубовите најмногу вовремето на кризата. Но, музичките ѕвездиво Исланд можат сосема мирно да живеат.„Знаете кој единствено ја запира Бјорк наулица? Странците. Ние едни на други несе забележуваме...“

Народот го поведе трубадур. Кога вооктомври 2008 година се чинеше декаИсланд може да доживее револуција, какоприроден лидер на движењето за правед-но општество се наметна ХордурТорфасон, глумец и музичар кој во 1975година како 30-годишник прв објави декае геј. Беше истеран од Исланд. Не бешефрлен во океанот, но доживеал толкумногу закани што морал да замине.живеел во Данска и размислувал за само-убиство. Но, не сакал лесно да се откаже,па се вратил. Денес е исландска икона.Пред неколку недели, на геј-парадата воРејквавик се собраа 100 илјади посетите-ли. И премиерката е геј, но за приватниотживот никогаш не говори. Се знае самодека е во врска со бивша новинарка иписателка.

ПОЛИТИЧАРИ. На бранот на револу-цијата во парламентот влезе и Биргитајонсдотир, реалистична анархитска.Исландскиот парламент, баш како и се наИсланд, е без заштита на полицијата.Влегуваме како во нечија куќа. „Мисламдека не се во право оние кои говорат декаУставот треба да биде исклесан во камен.Напротив, секоја генерација би требало даго надградува“, вели Биргита. Некогашживеела под прагот на сиромаштијата (но,на исландската линија на сиромаштијата)и знаела да зема храна во народната кујна,а нејзиниот син и понатаму најчесто сеоблекува во Црвениот крст, а сега, додава,го добила својот голем мегафон во раце иима можност да се залага за луѓето. Немалични привилегии, освен местото за пар-кинг близу парламентот, исландските пра-теници немаат ниту секретарки, а нитуперсонал, ниту службени автомобили. Севозат со економска класа и имаат плата воранг на универзитетски професор. штовели Биргита за влегувањето во ЕУ: „Сега,секако, не би требало да размислуваме затоа. Не е време за пристапување. Смешноми е кога ќе се сретнам со колегите одЕвропа, меѓу нив и со претставниците одХрватска, па ми велат – не грижете се, ниеќе ве поддржиме за ЕУ. Но, ние не сакамево ЕУ, не ни треба поддршка! Многу рабо-ти дома мора да ги решиме пред да почне-ме да размислуваме за приклучување. Ание сме сепак остров, тешко ни е да сесоединиме“, вели на крајот.

Исланд во 2010 беше 110 земја споредБОП. Хрватска беше 66. Пет години пора-но, беше на второто место. Падот бешестрашен. Опоравокот постапен. И со лек-цијата дека не се чувствуваат должниникому и дека не треба да одговараат заона што им го направи слободниот пазар.Макар Британците да ги наречат порадитоа за терористи...

13/9/2011

РАЗЛИЧНИ ЛУЃЕ, РАЗЛИЧНИ ИНТЕРЕсИ

1 карл стефансон, втемелувач напроектот de-C O D e , чија цел е темелнода ја проучи днк на исландскатапопулација2 поп составот дикта се подготвува заевропска турнеја, а се прославија во времетона кризата, кога ги полнеа клубовите3 уметниците Харалдур јонсон и сара рилвелат: „уметноста е лек, таа не одржуваздрави...“4 кејт и Џени покренале агенција занедвижности во 2008 и кризата импогодуваше во бизнисот5 модерниот театар се наоѓа на брегот,сместен е до самото градско пристаниште4 геотермалните извори ја кријат тајнатаза вечната младост. сината лагуна гипривлекува многубројните американци

„Влегувањето во ЕУ госфаќаме како доаѓање воресторан, но наместо самитеда бираме што ќе јадеме.добивате храна што ќе ви ја донесат одкујната“, тврди Хјотур Гислансон,сопственик на фирмата „Огурвик“,која се занимава со преработка нариба

4

6