РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА...

24
Скопје, март 2016 РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТ 2016 - 2018

Upload: others

Post on 12-Feb-2020

21 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

ССккооппјјее,, ммаарртт 22001166

РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА

ПЕРИОДОТ

2016 - 2018

Page 2: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

2

СОДРЖИНА

1. ВОВЕД ............................................................................................................................................ 3

2. MАКРОЕКОНОМСКИ УСЛОВИ ВО КОИ БАНКАТА ЌЕ ЈА ОСТВАРУВА СВОЈАТА

АКТИВНОСТ .......................................................................................................................................... 3

3. СТРАТЕГИСКИ ЦЕЛИ НА БАНКАТА ЗА ПЕРИОДОТ 2016-2018 ГОДИНА ............................. 5

4. ПРИОРИТЕТНИ ЦЕЛИ .................................................................................................................. 5

5. ОСНОВНИ ЦЕЛИ И СТРАТЕГИИ ЗА КЛУЧНИТЕ СЕГМЕНТИ ................................................. 7

5.1 РАБОТА СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ И МСП ...................................................................... 7

5.2 РАБОТА СО ФИЗИЧКИ ЛИЦА – БАНКАРСТВО НА МАЛО ................................................... 8

5.3 ДЕЛОВНА МРЕЖА И КАНАЛИ НА ДИСТРИБУЦИЈА......................................................... 10

5.4 МАРКЕТИНГ И КОМУНИКАЦИИ ............................................................................................. 10

5.5 УПРАВУВАЊЕ СО СРЕДСТВА И ЛИКВИДНОСТ................................................................... 11

5.6 УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ...................................................................................................... 12

5.6 КРЕДИТНА АНАЛИЗА .................................................................................................................. 15

5.7 ИНФОРМАТИЧКА ТЕХНОЛОГИЈА ............................................................................................. 15

5.8 НАПЛАТА НА ПРОБЛЕМАТИЧНИ ПЛАСМАНИ И УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕЗЕМЕНИ

СРЕДСТВА .......................................................................................................................................... 16

5.9 ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ................................................................................................................. 17

5.10 УСОГЛАСЕНОСТ НА РАБОТЕЊЕТО НА БАНКАТА СО ПРОПИСИТЕ И СППФТ .......... 18

5.11 ВНАТРЕШНА РЕВИЗИЈА ...................................................................................................... 19

6. ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ И ПРОЕКЦИИ ЗА ПЕРИОД ОД ТРИ ГОДИНИ ..................... 20

6.1 ФИНАНСИСКИ ПРОЕКЦИИ ЗА ПЕРИОДОТ 2016-2018 ГОДИНА ........................................... 22

6.1 БИЛАНС НА СОСТОЈБА ЗА ПЕРИОД 2016-2018 ГОДИНА ВО 000 МКД ............................................... 22

6.2 БИЛАНС НА УСПЕХ ЗА ПЕРИОД 2016-2018 ГОДИНА ВО 000 МКД ..................................................... 23

Page 3: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

3

1. Вовед

Развојниот план претставува појдовен документ во процесот на стратешко планирање,

кој ги содржи стратегиските деловни и финансиски цели, деловните стратегии, финансиски

проекции и финансиски показатели за работењето на Банката, со времена рамка за планиран

период од три години. Развојниот план претставува основа за изготвување на годишната

Деловна политика и Финансискиот план на Банката и основа за годишните програми на мерки и

активности на организационите единици за реализација на поставените цели.

Развојниот план е заснован на претпоставките на макроекономското окружување и на

расположливите капацитети на Банката.

Развојниот стратешки план, како основен интегрирачки развоен акт на Банката, е

креиран со учество на сите ОЕ во Банката и на сиот клучен кадар, кој со својата висока

професионална посветеност и знаења, преку реализирање на дефинираните поединечни

програми на мерки и активности, ќе го преточи планот во конкретни резултати.

2. Mакроекономски услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност1

Глобално окружување. Глобалната економија и натаму следи патека на постепено

заздравување, меѓутоа темпото на раст повторно се оценува како незадоволително, при

зголемена неизвесност и нагласени геополитички ризици. Во однос на еврозоната,

нестабилноста на глобалните финансиски пазари и послабиот раст на земјите во развој

почнуваат да се одразуваат врз економската активност. Имено, најголемиот дел од последно

објавените високофреквентни податоци, како и анкетните истражувања на домаќинствата и

компаниите не покажуваат поголемо заздравување на економијата во последниот квартал на

2015 година и упатуваат на забавување на економскиот раст во првиот квартал на 2016 година.

Малку поповолни движења беа забележани кај стапката на невработеност, кај која продолжи

трендот на опаѓање во декември 2015 година и таа се сведе на 10,4%, што е најниско ниво во

последните четири години. Во однос на инфлацијата, првичните податоците за јануари 2016

година покажуваат минимално забрзување на годишната стапка од 0,2% во декември 2015

година на 0,4%. Ниската инфлација и натаму е главно под влијание на цените на енергијата,

при непроменета годишна стапка на базичната инфлација од 0,9% во декември. Иако

досегашните мерки коишто ги презеде ЕЦБ даваат одредени резултати, сепак, инфлацијата и

понатаму е под очекувањата и среднорочната цел на ЕЦБ. Оттука, земајќи ги предвид и

зголемените надолни ризици поврзани со послабиот раст на земјите во развој, зголемената

нестабилност на финансиските пазари и пазарите на примарните производи и геополитичките

ризици, на состанокот на ЕЦБ одржан во месец јануари 2016 година беше најавена ревизија и

можна промена во монетарната политика, поточно нејзино натамошно олабавување во март

2016 година, кога ќе бидат објавени новите проекции.

Банкарски сектор. Досегашните движења кај показателите за економската активност

упатуваат на можност за умерен кредитен раст во наредниот период. Имено, се оценува дека

во следниот период (2016 и 2017 година) кредитната активност ќе се задржи на ниво од 7-8%

годишен раст. Од аспект, пак, на депозитниот потенцијал, во периодот кој следува (2016 и 2017

година) се очекува забрзување на растот на депозитната база на банките со годишна стапка на

раст од 6,8 и 9,1%, соодветно, обезбедувајќи стабилни извори за финансирање на кредитниот

раст. Во секој случај, неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и со

глобалното опкружување, којашто беше нагласена во рамки на октомврискиот циклус проекции,

е сè уште присутна. Ваквите состојби наметнуваат потреба од постојано следење на

Page 4: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

4

остварувањата и редовно преоценување на ризиците и нивното значење во контекст на

остварувањето на монетарните цели.

Макроекономски показатели. Споредбата на последните макроекономски показатели

со нивната проектирана динамика во рамки на октомврискиот циклус проекции главно упатува

на поголеми отстапувања во одделните сегменти од економијата. Проектираниот раст на БДП

за 2016 и 2017 година изнесува 3,5% и 4%, соодветно, при што се очекува дека главен носител

на растот ќе претставуваат извозниот сектор и инвестициите, коишто ќе дадат позитивни

преносни ефекти врз пазарот на труд и дополнително ќе ја поттикнат потрошувачката на

домаќинствата. Во однос на инфлацијата, во просек, вкупната инфлација за 2015 година

забележа пад од 0,3%, како одраз на просечниот годишен пад на цените на енергијата,

наспроти минималниот позитивен придонес од базичната инфлација и од цените на храната. За

2016 и 2017 година повторно се очекува стапка на инфлација од околу 1,5% и 1,6%, соодветно.

Најновите податоци за 2016 година покажуваат движење на резервите во согласност со

проекциите, додека показателите за адекватноста на девизните резерви и понатаму се движат

во сигурната зона. Гледано преку факторите на промена, во овој период, во најголем дел,

промените во резервите произлегоа од трансакциите за сметка на државата и нето-продажбата

на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ. За цела 2015 година буџетскиот дефицит

изнесува 19.425 милиони денари (или 3,5% од БДП), што претставува 96,5% од предвидениот

буџетски дефицит за 2015 година, во согласност со Ребалансот на Буџетот. Во однос на

неговото финансирање, остварениот буџетски дефицит беше финансиран преку задолжување

на државата на странскиот и домашниот пазар на капитал при истовремено повлекување

средства од сметката кај НБРМ.

2016

година

2017

година

прв

квартал

втор

квартал

трет

квартал

четврт

квартал

јануари-

декември

Бруто домашен производ -0,5% 2,7% 3,5% 3,5% 3,3% 3,5% / / 3,5% 4,0%

Индустриско производство -2,8% 3,2% 4,8% 1,5% 0,1% 5,7% 11,7% 4,9%

Стапка на невработеност 31% 29% 28% 27,3% 26,8% 25,5% / / / 24,8%

Вкупни буџетски приходи 138.115 140.248 145.929 37.779 40.352 39.314 43.762 161.207 176.804 188.129

Вкупни буџетски расходи 155.840 159.505 168.063 44.080 43.572 43.667 49.313 180.632 195.788 206.391

Буџетско салдо -17.725 -19.257 -22.134 -6.301 -3.220 -4.353 -5.551 -19.425 -18.984 -18.262

Буџетско салдо (% од БДП) -3,8% -3,9% -4,2% -1,1% -0,6% -0,8% -1,0% -3,5% -3,2% -2,9%

Вкупни кредити годишна стапка на раст 5,4% 6,4% 10,0% 9,2% 9,0% 8,8% 9,5% 9,5% 7,0% 8,0%

Вкупни депозити годишна стапка на раст 4,9% 6,1% 10,4% 8,4% 8,9% 5,7% 6,5% 6,5% 6,8% 9,1%

Инфлација (годишна) 4,7% 1,4% -0,3% -0,9% 0,3% -0,2% -0,4% -0,3% 1,5% 1,6%

2014ОПИС

III. Монетарен сектор

Клучни макроекономски показатели

I. Реален сектор

II. Фискален сектор (во милиони денари)

просечно 4,8%

2012Проекција за нареден

среднорочен период

20152013

Податоците прикажани во табелата се последно расположливи податоци во моментот на изработка

1 Извор : Најнови макроекономски показатели и Квартален извештај од НБРМ од Февруари 2016 година.

Page 5: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

5

3. Стратешки цели на Банката за периодот 2016-2018 година

Одржување и зајакнување на позицијата во банкарскиот сектор на РМ преку

континуиран годишен раст на вкупната актива во наредниот среднорочен период.

Одржување и зајакнување на пазарното учество со одржување или зголемување

на учеството на Банката во банкарскиот сектор во клучните сегменти.

Зајакнување на финансиската и капитална стабилност соодветно на развојните

цели за раст, кое подразбира оптимален капитал, оптимални извори на финансирање,

оптимална ризично пондерираната актива како и оптимална ликвидност и сигурност.

Континуирано и навремено усогласување на своето работење со законската

регулатива и мерките на монетарната власт, со супервизорските стандарди и

основните начела и принципи на доброто корпоративно управување, како и со целосно

практикување на основните банкарски принципи користејќи примери од најдобри

банкарски практики.

Остварување профитабилно работење кое ќе се реализира со развој на

флексибилни деловни практики кои овозможуваат одржливост во пазарната

конкуренција, со преземање прифатливи ризици, со оптимизација на ресурсите и

трошоците, како и со континунирано јакнење на ефикасноста, економичноста и

продуктивноста во работењето.

4. Приоритетни цели

1. Одржување и зајакнување на својата позиција во банкарскиот сектор на Република

Македонија, развивајќи се како универзална банка која работи на целата територија на

Република Македонија, која се вклопува и успешно ја следи глобализацијата на

банкарскиот пазар.

2. Одржување или зајакнување на пазарното учество во кредитно-депозитните

активности, како и во другите клучни сегменти.

3. Развој и унапредување на прилагодливи деловни практики и продажни и ценовни

политики кои овозможуваат одржливост во пазарната конкуренција.

4. Зголемување на клиентската база преку постојано унапредување на соработката со

постојните клиенти и привлекување нови бонитетни клиенти и преку развој на

партнерска соработка – со фокус на малите и средните претпријатија („МСП”) и

населението.

5. Континуиран развој и прилагодување на производите и услугите, со цел обезбедување

широка понуда на квалитетни банкарски производи и услуги, како и развој на услуги

кои го поддржуваат безготовинско работење преку развојот на услуги од областа на

електронското и самоуслужното банкарство.

Page 6: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

6

6. Достигнување високи стандарди во продажбата и понудата на внимателно одбрани

производи и услуги на своите клиенти во согласност со нивниот профил и нивните

потреби.

7. Достигнување високи стандарди на маркетинг активностите особено при промоција на

досегашните квалитетни, но и на нови банкарски производи и услуги за своите

клиенти.

8. Стандардизација на деловната мрежа како широкодостапен дистрибутивен канал за

пласман на продуктите до комитентите.

9. Усовршување и развој на информатичката технологија во правец на унапредување на

поддршка на процесите на работа и поефикасно следење на потребите на клиентите

со цел нивното брзо и квалитетно услужување.

10. Одржување прифатлива среднорочна капитална адекватност соодветна на ризиците и

планските развојни цели.

11. Одржување оптимална примарна и секундарна структурна ликвидност.

12. Континуирано зголемување на приходите на Банката.

13. Континуирано подобрување на наплатата на побарувањата.

14. Обезбедување на планираната стапка на нето-поврат на капитал и задоволителен

принос од капитал.

15. Континуирано унапредување и развивање политики и процедури и современи

методологии за управување со ризиците, кое ќе обезбеди развиен систем за

управување и заштита од банкарските ризици, и одржување на ниво и профил на

ризичност кој ќе соодветствува на развојните цели на Банката.

16. Континуирано подобрување на трошочната ефикасност.

17. Унапредување и развој на организацијата на работењето во Банката со насочување на

активности кон следење на ангажманот на вработените и зголемување на нивната

продуктивност и ефикасност, како и активности за рационализација и усовршување на

процесите во насока на подршка на реализација на развојните цели.

18. Управување со човечките ресурси во Банката во правец на обезбедување континуиран

развој и раст на знаењата на вработените зајакнување на стручноста и на

способностите во управувањето со процесите, како и во контролите и следењето на

остварување на резултатите и поставените цели.

19. Континуирано усогласување на работењето со законската регулатива и супервизорски стандарди на работење.

20. Унапредување на доброто корпоративно управување во Банката и

21. Одржување на својот изграден имиџ на корпоративно општествено одговорна

компанија.

Page 7: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

7

5. Основни цели и стратегии за клучните сегменти

Утврдените стратегиски цели и развојните проекции за периодот од 2016 до 2018

година ќе се реализираат од страна на организациските единици носители на клучните

сегменти од работењето на Банката во рамки на Развојниот план на Банката за чија

реализација креираат оперативни стратегии и задачи.

5.1 Работа со корпоративни клиенти и МСП

Основната цел на Банката за периодот од 2016 до 2018 година е одржување на

пазарниот удел во сегментот на опслужувањето на МСП и корпоративни клиенти. Пазарниот

удел Банката ќе го одржи пред сè преку задржување на квалитетните МСП и корпоративни

клиенти корисници на кредити и депоненти, како и преку привлекување нови кредитоспособни и

бонитетни клиенти. Банката и понатаму продолжува со пристапот за одржување и градење

нови долгорочни односи со компаниите кои го пренасочуваат нивното целокупно работење во

Банката - со користењето на сите потребни производи и услуги (кредити, депозити, платен

промет во земјата, платен промет со странство).

Банката во наредниот период ќе се посвети на зајакнување на сопствените капацитети,

како и кон зголемување и подобрување на кредитното портфолио, со задржување на фокусот

на работа со МСП.

Континуитетот и динамиката на кредитирањето ќе бидат детерминирани и може да

варираат во зависност од промените на пазарот, од наплатата на постојното кредитно

портфолио, нивото на ризици на кои ќе биде изложена Банката и нивното влијание врз

потребата за капитал за одржување на бараната адекватност на Банката.

Кредитната стратегија на Банката за работа со корпоративни клиенти се состои во

одржување континуиран и оптимален пораст на кредитните активности. Банката ќе поддржува

профитабилни проекти на постојните и нови клиенти, ќе поддржува бизниси кои припаѓаат на

гранките со раст, нето-извозници и ќе применува претпазлив пристап при поддржувањето

кредитни барања на нови клиенти кои се нови во бизнисот.

За поддршка на растот на кредитната активност, активностите на Банката ќе бидат

насочени кон развој на понуди на постојни и на нови продукти со поволни услови во поглед на

каматите, провизиите и обезбедувањето и други поволни услови што ќе придонесат за

зголемување на конкурентноста на Банката, со дополнување и зголемување понуди на

кредитни производи за сегментирани категории на клиенти во рамки на финансирање мали и

средни компании, и со комбинирана продажба на производи и услуги за клучни и таргетирани

клиенти правни лица од интерес на Банката.

Во наредниот период активностите ќе бидат насочени кон обуки за развој на вештините

на вработените за продажба како неопходност за доследна примена на постојниот модел на

личен банкар – соработник за работа со МСП клиенти и корпоративни клиенти, потоа кон

подобрување на организацијата на кредитниот процес, како и кон рационализација на

постапките за обработка и одговор на барањата на клиентите со цел намалување на

потребното време.

Банката ќе продолжи со прудентна анализа на барањата на клиентите, во услови на

сеуште присутни ризици во реалниот сектор, кои можат да влијаат врз квалитетот на

кредитното портфолио на Банката, и ќе ги насочи активностите кон унапредување на

кредитните анализи во зависност од профилот на ризичност на клиентите и видот на

кредитните производи.

Page 8: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

8

Банката ќе презема континуирани активности за одржување на квалитетот на

кредитното портфолио преку зајакнување на наплатата, континуирани активности за

навремено детектирање на влошување на финансиските состојби на клиентите, преку редовен

мониторинг на работењето на клиентите и проверка на обезбедувањата на пласманите.

Банката ќе го унапреди менаџмент информативниот систем, и ќе ги преземе сите потребни

активности и мерки со цел да го држи износот на постојните и нови нефункционални кредити во

рамки на прифатливо ниво и да постигне ефективност во процесот на доцна наплата преку

зголемено следење на постоечките клиенти. Банката ќе го унапреди проактивното однесување

за рана идентификација и наплата, и навремена реакција при првите сигнали на

предупредување и можни краткорочни проблеми на клиентите поврзани со ликвидносни

прашања, преку изнаоѓање навремени излезни решенија. Воедно ќе се интензивираат

активностите за задоцнета наплата, и ќе се унапредуваат правила и инструменти за

регулирање на проблематичните побарувања примарно преку наплата од парични средства на

должниците и ќе применува секундарна мерка - преземање имот во постапките за присилна

наплата во случај на значително влошена финансиска состојба на компаниите.

Стапката на раст на корпоративните кредити (бруто) во наредниот среднорочен период

ќе се зголеми и ќе изнесува просечно годишно 3,9%, а учеството на корпоративните кредити во

вкупното кредитно портфолио ќе се одржува на ниво од околу 54%.

Депозитната стратегија за корпоративни и МСП клиенти ќе биде насочена кон

остварување просечен годишен пораст на депозити од 6,3% во наредниот среднорочен

период. Во напорите за прибирање депозити, Банката ќе настојува преку продажба да

привлече нови депозити со цел паралелно да го поддржи порастот на продажбата на кредити.

За поддршка на депозитната стратегија, Банката ќе презема мерки и активности за

подобрување на услугите во денарскиот платен промет и платниот промет со странство,

подобрување на постојните и развој на нови услуги во електронско банкарство, за девизните

функционалности во областа на девизен платен промет.

Банката ќе продолжи со редовни обуки за продажба и развој на вештини за продажба

на пакети на депозитни производи и услуги.

5.2 Работа со физички лица – банкарство на мало

Фокусот на Банката за периодот 2016 - 2018 година е да го зголеми учеството во овој

сегмент преку таргетирање голем број клиенти со мала кредитна изложеност и голем

депозитен потенцијал. Тоа ќе биде реализирано преку дополнување на понудата на кредитни и

депозитни производи специјално креирани во согласност со карактеристиките и потребите на

таргет-групите и потребата од квалитетна услуга.

За реализација на оваа цел, во наредниот период Банката примарно ќе ги насочи и

интензивира своите активности кон зголемување на бројот на retail клиенти, и тоа претежно кон

клиенти кои својата плата/пензија ќе ја примаат на сметка во ТТК Банка, со цел да се зголеми

масата на активни клиенти кои го сочинуваат стабилниот дел од клиентска база на физички

лица, како и преку таргетирање клиенти со мала кредитна изложеност и со депозитен

потенцијал. Преку зголемување на клиентската база кај секторот население, како голем извор

на приходи, Банката од една страна ќе продолжи со дисперзирање на ризикот, а од друга

страна ќе остварува повисоки каматни и некаматни приходи.

Банката во наредниот период ќе настојува да го зголеми учеството на клиентите со

поголеми примања, да го зголеми учеството на клиенти заинтересирани за станбени кредити и

ќе настојува да се редуцира обемот на откажувања на деловните односи, со цел да се задржат

клиентите и да се градат долгорочни односи со нив.

Page 9: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

9

Стекнувањето нови клиенти од овој сегмент ќе се одвива преку теренска посета на

вработени во бонитетни претпријатија, во државната администрација како и во градежните

компании, со давање понуди за соработка, вклучително и исплата на плата по платни списоци

или за поединци приматели на плата и со давање понуди за проширување на соработката со

постојните клиенти на Банката од МСП и од корпоративниот сегмент.

Кредитната стратегија за клиенти физички лица ќе биде насочена кон зголемување

и ширење на кредитното портфолио со зголемување на учеството во вкупните кредитни

активности на Банката, како и подобрување на квалитетот на кредитното портфолио.

За реализација на планираниот пораст, Банката ќе врши континуирано иновирање и

модифицирање на кредитни производи, развој на понуди и пакети на производи и услуги за

редовни и сегментирани целни групи и ќе продолжи со склучување договори за партнерство

(автодилери, продавници за техничка стока, мебел, недвижности, туристички агенции) и

креирање нови пакети и програми за лојалност на и кон клиентите.

Во наредниот период активностите на Банката ќе бидат насочени за унапредување во

примената на комбинирана/вкрстена продажба на производи и услуги за клучни и таргетирани

клиенти правни лица од интерес на Банката - со нивните вработени, кон обуки за развој на

вештините на вработените за подобрување на квалитетот и квантитетот во продажбата преку

паралелна понуда на пакет сродни услуги кон соодветниот баран производ, потоа за

подобрување на организацијата на кредитниот процес, како и за рационализација на

постапките со цел намалување на потребното време за обработка и одговор на барањата на

клиентите.

ТТК Банка во наредниот период ќе ги насочи активностите кон одржување на

квалитетот на кредитното портфолио преку континуирано зајакнување на наплатата. Банката

ќе го унапреди информативниот систем, и ќе ги преземе сите потребни активности и мерки со

цел да го држи износот на постојните и нови нефункционални кредити во рамки на прифатливо

ниво. Банката ќе го унапреди проактивното однесување за рана идентификација и навремена

реакција за наплата при првите сигнали на предупредување за можни проблеми. Воедно ќе се

интензивираат активностите за задоцнета наплата и ќе се унапредуваат правила и

инструменти за регулирање на проблематичните побарувања примарно преку наплата од

парични средства на должниците, како и со примена на секундарна мерка - преземање имот во

постапките за присилна наплата.

Кредитите за физички лица (бруто) како квантитативна цел ќе растат просечно годишно

за 9,4%, а учеството на кредити во вкупното кредитно портфолио ќе учествува со 46%.

Депозитната стратегија за клиенти физички лица ќе биде насочена кон остварување

просечен годишен пораст на депозитите од 5,1% во наредниот среднорочен период.

За поддршка на депозитната стратегија, Банката ќе врши проактивно иновирање и

развој на понудата преку модификација на постојните депозитни производи и услуги за

постојни и нови категории на клиенти, како таргет-сегменти, ќе презема мерки и активности за

подобрување на услугите во денарскиот платен промет и платниот промет со странство,

подобрување на постојните и развој на нови услуги во електронско банкарство, алтернативни

e-банк сет на услуги, М-банкарство и М-плаќања. Со развојот на овие алтернативни канали и со

зголемување на бројот на трансакции извршени преку алтернативните канали од една страна

ќе се зголеми ефикасноста на мрежата на филијали и експозитури и услугата на клиентите, а

од друга страна постапно ќе се влијае врз намалување на тековните трошоци.

Депозитите на клиенти физички лица во наредниот среднорочен период ќе растат

просечно годишно 5,1% и просечно ќе учествуваат во вкупната депозитна база со 70%.

Page 10: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

10

5.3 Деловна мрежа и канали на дистрибуција

Банката во континуитет ќе продолжи да врши оптимизирање на деловната мрежа преку анализа на профитабилноста и репроцена на бројот на вработени во деловната мрежа со преземање на корективни мерки за подобрување или затворање на непрофитабилните експозитури. Преку реновирање на експозитурите и филијалите, Банката ќе обезбедува стандардизиран, унифициран и препознатлив изглед, вклучувајќи го и подобрувањето на безбедноста на истите.

Важна цел е брза респонзивност во давање на услугите на клиентите физички лица и

корпоративни клиенти. За таа цел, организацијата во деловната мрежа ќе биде предмет на

континуирано менување и надградување во согласност со пазарните промени, внатрешните

потреби за постигнување повисока ефективност и ефикасност. Исто така, со подигнување и

стандардизација на квалитетот на услугата ќе се настојува да се зголеми ефикасноста и

продуктивноста на сите сегменти на клиенти кои се опслужуваат преку деловната мрежа.

Во делот на управувањето со мрежата на банкомати и ПОС-терминали, врз основа на

постојана анализа трошок/добивка на постојната мрежа, Банката планира да ја подигне

искористеноста на постојните капацитети со прераспределба на постојните на пофреквентни

локации и да инвестира во проширување на мрежата на банкомати и ПОС-терминали

соодветно за покривање на пазарните потреби и присутност во сите региони.

Банката ќе ја развива мрежата и каналите за дистрибуција на производите и услугите, и

преку унапредување на користењето на електронските сервиси/медиуми, развој на

електронското банкарство како алтернативен канал, проширување на соработка со трговци

како алтернативен канал за продажба, сè со цел да се подигне степенот на искористеност на

капацитетите на деловната мрежа за директен пласман на продуктите, за остварување

непосреден контакт со комитентите, за подигнување и стандардизација на квалитетот на

услугите, преку што ќе се обезбеди повисока ефикасност и продуктивност во овој сегмент.

5.4 Маркетинг и комуникации

Маркетингот и комуникациските цели на Банката во периодот 2016-2018 година ќе бидат

насочени кон зголемување на довербата во Банката, како и кон зголемување на продажбата на

производите и услугите на Банката.

Банката ќе продолжи да делува во правец на зајакнување на имиџот на ТТК Банка и

градење позитивна перцепција која ќе резултира со избор на Банката како сигурен партнер за

решавање на финансиските прашања на населението и на компаниите.

И во наредниот период останува определбата на Банката за континуирано одржување и

јакнење на перцепцијата на јавноста за ТТК Банка како институција со висока општествена

одговорност.

Промотивните маркетинг-активности во наредниот период ќе бидат насочени кон

унапредување на продажбата со цел привлекување нови корисници, наградување на лoјалните

корисници и зголемување на активноста на помалку активните корисници.

Комуникациските активности ќе бидат насочени кон одржувањето и подобрувањето на

имиџот преку потенцирање на посветеноста на Банката во градењето на довербата на

корисниците и обезбедувањето висококвалитетна и навремена услуга.

Со цел претставување и промовирање одреден производ или услуга, градење и одржување

на посакуваниот имиџ на Банката, информирање, влијание врз ставовите на јавноста,

поттикнување одредено однесување, ќе се спроведуваат рекламни и имиџ-кампањи - преку

мас-медиумите - пишани медиуми, радио, ТВ - надворешно рекламирање, директен маркетинг

(е-маил маркетинг, директна пошта), како и интернет-маркетинг.

Page 11: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

11

Банката ќе спроведува активности за активно одржување на односите со јавноста и

публицитетот, како потврден позитивен инструмент за остварување на промотивните цели, за

градење/одржување на имиџот, за поддршка на останатите активности за промоција и

комуникација со корисниците, за зајакнување на позиционираноста на услугите и како помош

при лансирање нови услуги кои ќе се користат.

Со цел да го одржи имиџот на истакнат поддржувач на активности за добробит на

заедницата, за што се доказ и многубројните награди и признанија во изминатиот период и во

наредниот период, Банката активно ќе ја спроведува стратегијата на корпоративно

општествено одговорна компанија.

5.5 Управување со средства и ликвидност

Стратегиски фокус на Банката во планскиот период ќе биде ефективно и ефикасно

управување со активата и пасивата и ликвидните средства на Банката со цел обезбедување

навремено исполнување на сите достасани обврски и максимизирање на приносите, притоа

почитувајќи ја регулативата на Народна Банка на Р Македонија и интерните лимити.

Во процесот на управување со ликвидноста Банката ќе презема мерки и активности за

следење и одржување на ликвидноста на оптимално ниво.

Управувањето со оперативната ликвидност ќе се извршува преку исполнување на

обврската по основ на задолжителна резерва во денари и девизи во согласност со

регулативата и актите на Банката, преку пласирање на вишокот на денарски ликвидни

средства во благајнички записи и во државни хартии од вредност, учество во развојот на

секундарен пазар на хартии од вредност, следење на учеството на депозитите на најголемите

депоненти во вкупните депозити и одржување на редовни контакти со кореспондентните банки,

Со цел ефикасно да се управува со рочната структура на активата и пасивата,

континуирано ќе се следат и ќе се анализираат рочните блокови на соодветните билансни и

вонбилансни позиции, активностите на финансиските пазари кои директно влијаат на

определени билансни позиции и со рефинансирање од финансиските институции.

Банката и понатаму ќе поддржува конзервативно управување на отворената девизна

позиција, во рамки на дефинираните лимити, со цел да обезбеди стабилен пораст на

профитот од базичниот бизнис на Банката без преземање на прекумерни ризици од промена на

интервалутарните односи на конвертибилните валути. Управувањето со валутната позиција во

претстојниот период ќе се остварува преку доследна примена на Политиката за валутен ризик

и Процедурата на Одделот за управување со средства и ликвидност според периодичните

предвидувања за девизниот курс на EUR/MKD и со следење на пазарните каматни стапки на

домашниот и на странскиот пазар.

И во наредниот период активно ќе се следат интерните ликвидносни индикатори, ќе се

исполнуваат интерно дефинираниот коефициент на ликвидност и стапките на ликвидност во

рамки на пропишаните лимити. Во поглед на интерните лимити кои се однесуваат на

прифатливото ниво на ликвидносен ризик, Банката и во наредниот период ефикасно ќе

управува и целосно ќе го покрива ризикот на концентрација на депозитите.

Со цел да се оствари профит со едновремено управување со ликвидносниот и девизниот

ризик, Банката ќе тргува со инструменти на финансиските пазари во согласност со

регулативата на НБРМ.

Page 12: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

12

Банката во наредниот период ќе настојува да обезбеди зголемување на изворите на

финансирање од меѓународни и/или домашни финансиски институции, со поволни

финансиски услови. За таа цел континуирано ќе се следи финансискиот пазар и

потенцијалните можности за рефинансирање на Банката и ќе воспоставува и одржува контакти

со сите екстерни институции од кои Банката користи финансиски средства за рефинансирање

или со кои постои таква можност.

И во наредниот период останува стратегискиот фокус Банката да ја максимизира

профитабилноста преку оптимална комбинација на рочната и валутната структура на

средствата и обврските, водејќи сметка да се исполнуваат интерните и екстерните показатели

за ликвидноста.

Банката континуирано ќе го идентификува, следи и ќе го контролира ликвидносниот

ризик, со цел да обезбеди ликвидност во нормални, но и во вонредни/стресни услови на

работа, и да спречува сериозни последици по стабилноста во работењето на Банката.

5.6 Управување со ризици

Банката во наредниот период ќе продолжи со прудентната политика на управување со

ризикот и со реализирање на нејзините основни цели. Банката ќе ги предвидува сите ризици и

ќе управува со нив на најдобар можен начин, кој ќе обезбеди услови за безбеден пораст,

поефективна алокација на средства и поголема профитабилност, и ќе ги ограничува

потенцијалните негативни ефекти врз капиталот и врз финансиските резултати на Банката.

Преку управување со ризиците ќе се одржува подолгорочна стабилност на Банката и заштита

на нејзината репутација. Банката тоа ќе го обезбеди преку воспоставените стандарди за

корпоративно управување и етичките стандарди, со транспарентност во управувањето со

ризици, како и со одговорност на менаџментот и на секојa организациска единица за

постигнатите резултати.

Во периодот од 2016 до 2018 година во доменот на управувањето со ризиците Банката

ќе посветува посебно внимание на развојот и примената на ефективна рамка, политики и мерки

за управување со ризици. Континуирано ќе се преземаат мерки и активности за унапредување

на воспоставениот систем за управување со ризици со цел да зајакне неговата

функционалност и опфатност, како и за создавање основа за остварување на поставените

деловни цели, заштита од неочекувани загуби и искористување на можностите за создавање

вредност за акционерите. Активностите во наредните години треба да овозможат целосна и

доследна примена на регулативата со истовемено унапредување на системот за интегрирано

управување со ризиците.

Преку ефикасно спроведување на интерните акти за идентификување, мерење/оцена,

следење и контрола на одделните видови ризици Банката ќе ги остварува деловните цели при

одржување на профилот на ризичност на прифатливо ниво.

Кредитен ризик

Имајќи предвид дека кредитнот ризик е најзначајниот ризик на кој се изложува Банката,

најголемиот дел од активностите ќе бидат насочени кон поефикасно управување со истиот.

Банката ќе продолжи да применува политика на прудентно кредитирање која става акцент на

деталната процена на ризиците пред да се донесе која било кредитна одлука, и на примената

на општи минимум стандарди за следење и контрола на кредитните изложености.

Рамката за управување со кредитниот ризик редовно ќе се ревидира и ќе се унапредува

како во процесот за навремено идентификување, мониторирање и мерење на кредитниот ризик

така и во методологијата, процесите и софтверите за класификација и пресметка на

исправката на вредност и посебна резерва. Банката континуирано ќе го следи нивото на

Page 13: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

13

преземениот кредитен ризик преку регулаторните и интерните лимити и ќе презема активности

и мерки за да обезбеди негово одржување во прифатливи рамки.

Во наредниот период Банката ќе презема континуирани активности во доменот на

мерењето на кредитниот ризик преку: анализи и процени на ефикасноста на методологиите за

класификација на побарувањата од правни и физички лица пооделно; анализа на квалитетот

на кредитната изложеност по сектори, производи, дејности, видови обезбедување и предлог-

мерки за намалување на кредитниот ризик каде што има простор за делување; редовно

следење на лимитите за структурата и квалитетот на кредитната изложеност; развој на техники

за попрецизно проектирање на износот на исправка на вредност и посебна резерва;

усогласување на интерните акти и системските апликации во согласност со измените во

законската и подзаконската регулатива која го регулира управувањето со кредитен ризик;

континуирано следење на Базелските принципи за управување со кредитен ризик и др.

Ликвидносен ризик

Ефикасно управување со ликвидносниот ризик е важен елемент во системот на

управување со ризици. Банката преку контиунирано следење на приливите и одливите ќе

одржува соодветна ликвидносна позиција која нема да го загрози остварувањето на нејзините

обврски.

Како и досега, и во наредниот период Банката ќе ги почитува законските и интерните

лимити за изложеност на ликвидносен ризик и ќе одржува соодветно ниво на ликвидна актива.

Преку активно следење и контрола на депозитната база ќе се обезбеди соодветно ниво

на дисперзираност, што, пак, ќе влијае врз намалување на ликвидносниот ризик.

Пазарни ризици

Со групата пазарни ризици, која ги опфаќа валутниот, каматниот и ризикот од промена

на цените на хартиите од вредност, во наредниот период Банката ќе управува преку

континуирано спроведување на следните активности:

Следење на изложеноста на одделните ризици и на усогласеноста со интерните и

законските лимити.

Воспоставување нови и унапредување на постојните интерни извештаи кои ќе

придонесат за ефикасно следење на одделните видови ризици и

Подготовка на анализи и предлог-мерки за одржување на ризиците во прифатливи

рамки и за минимизирање на нивните неповолни влијанија врз работењето на

Банката.

Во врска со валутниот ризик, Банката ќе продолжи да ја следи отворената девизна

позиција и индикаторите за изложеноста кон овој ризик со цел истата да остане на

посакуваното и истовремено законски одреденото ниво. Законските и интерните лимити кои се

дефинирани како однос помеѓу отворената девизна позиција и сопствените средства се

рамката во која Банката се стреми да ги оствари своите деловни цели.

По однос на ризикот од промена на каматни стапки, во наредниот период Банката ќе ги

насочи активностите кон унапредување на рамката за управување со изложеноста на Банката

на ризик од каматни стапки во портфолиото на банкарски активности, на правилата и

постапките за утврдување на периодот на ревидирање на актуелните цени на производите на

Банката.

Page 14: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

14

Останати нефинансиски ризици

Оперативниот ризик во целокупниот систем за управување со ризиците добива на

значење паралелно со воведувањето посовремени информатички технологии, како и со

проширување на палетата на кредитни и депозитни производи и услуги. Во наредниот период

Банката континуирано ќе настојува да го унапреди воспоставениот систем за управување со

оперативен ризик, и тоа преку:

Подигнување на нивото на културата и свесноста за значењето на оперативните

ризици за работењето на Банката;

Воспоставување нови и унапредување на постојните интерни извештаи кои ќе

придонесат за ефикасно следење на оперативните ризици;

Користење на воспоставената платформа за електронско пријавување на штетните

настани;

Зајакнување на системите на внатрешна контрола како составен дел од

работењето на секоја организациона единица и

Унапредување на знаењето на вработени за процесите и активностите во нивна

надлежност за заштита од оперативни ризици.

Управувањето со репутацискиот и стратегискиот ризик ќе се одвива преку

интегрирано залагање на сите организациски единици и вработените. Активностите во

наредниот период ќе бидат насочени кон минимизирање на изворите кои може да

предизвикаат репутациски и стратегиски ризик, како и кон унапредување на процесот

управување со стратегиско планирање, кои треба да обезбедуваат навремени реакции и

респонзивност кон промените на деловното опкружување. Навремено ќе се преземаат мерки за

минимизирање и ограничување на ефектите при појава на потенцијален извор на стратегиски

ризик врз сопствените средства и добивката на Банката.

Банката ќе спроведува стрес-тест анализи со цел однапред да го согледа влијанието на

секој поединечен ризик, како и нивното меѓусебно влијание врз сопствените средства и

крајниот финансиски резултат. Врз основа на добиените резултати, Банката ќе ги утврди

ризиците кои може да имаат најголеми последици врз нејзиното работење и ќе презема

навремени мерки со цел да се минимизираат можностите за евентуални загуби.

Адекватност на капиталот

Ризикот од несолвентност во работењето, Банката ќе го минимизира преку управување

со капиталот и одржување сопствени средства на ниво повисоко од 15% од вредноста на

активата пондерирана според ризиците. Одржувањето на стапката на адекватноста на

капиталот на таргетирано ниво претставува долгорочната ориентираност на Банката.

Во согласност со интерно определеното ниво на адекватност на капитал, тековниот

износ на сопствени средства е поголем од регулаторниот капитал, и тоа ниво ќе се одржува и

понатаму.

Банката ќе спроведува активности за унапредување на процесот за утврдување на

интерниот капитал на Банката, односно активности за унапредено и попрецизно мерење на

капиталот потребен за покривање на сите материјални, а немерливи ризици.

Преку континуирано следење на ризиците, во случај на појава на значајна промена во

профилот на ризичност, Банката ќе изготви капитален план во кој ќе бидат содржани

активности коишто ќе ги преземе Банката заради достигнување и/или одржување на

потребното ниво на сопствени средства.

Page 15: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

15

5.6 Кредитна анализа

Банката ќе презема континуирани активности за подобрување на ефикасноста во

спроведување на своите редовни активности, за континуирано усогласување на работењето со

новините во прописите и интерните акти на Банката од оваа област и преку внимателно и

одговорно спроведување на кредитните контроли, анализи и оцени на кредитните барања ќе

обезбедува заштита од пласирање средства со прекумерно преземање ризик.

Планските активности на Банката ќе бидат насочени кон:

Развој и унапредување на финансиската анализа на правни лица;

Подобрувања и прилагодувања на начинот на обработка на податоците за

различни категории на кредитни производи и видови кредитни барања;

Спроведување наменски обуки за кредитна и финансиска анализа (нововработени,

акаунт-менаџери, контролори и други вработени);

Унапредување на информативниот систем за потребите на управување, следење и

усогласување со регулаторните барања.

5.7 Информатичка технологија

Банката во периодот 2016-2018 година ќе продолжи со понатамошно развивање и

усовршување на информатичката технологија на Банката и за таа цел ќе бидат прeземени

следните активности:

Донесување планови и приоритети за употреба на информатичката технологија за

остварување на визијата и мисијата на Банката.

Поголемо разбирање на можностите што ги нуди ИТ и нивна успешна примена во

работењето на Банката.

Воведување на новите технолошки трендови во банкарското работење.

Исполнување на барањата поставени како законски регулативи за банкарско работење

од страна на повискоите институции во државата.

Воспоставување околина во која менаџментот, вработените и комитентите ќе имаат

адекватен пристап и употреба на информациите неопходни за задоволување на

нивните потреби.

Креирање и одржување технолошка околина што го подобрува прифаќањето, учењето

и употребата на нови технологии во банкарското работење.

Примена на технологија за подобрување на комуникацијата и воспоставување нови

односи со комитенитете и деловните субјекти.

Целосно автоматизирање на масовните позадински обработки.

Употребата на финансиските средства доделени за развој на информатичката

технологија ќе се базира на принципите на економичност, внимателност и ефикасност.

Навремена техничка поддршка на вработените и комитентите.

Имплементирање и одржување технологија која ќе ги чува податоците и ќе ја гарантира

нивната доверливост.

Планирањето и развојот на информатичката технологија во наредниот период ќе биде под

силно влијание на глобалните технолошки тредови и тоа:

Постојаната и сеприсутна интернет-технологија - која се повеќе ќе обезбедуваа

пристап од било кое место на интернет до широк опсег на суштински информации,

Page 16: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

16

креирајќи на тој начин виртуелна врска помеѓу индивидуата и Банката. Дополнително

клиентите во наредниот период ќе го подигнат нивото на очекувања од банката и ќе

бараат just-in-time висококвалитетни експертски информации.

Брзото поврзување – брзите мрежи, далечинскиот пристап и безжичното поврзување

ќе го обезбедуваат бараниот пристап.

Зголемена слобода со мобилни уреди – сè повеќе луѓето ќе одбираат преносливи,

мали и безжични уреди за нивните потреби за пристап до потребните информации.

Дисперзирани и постојано достапни банкарски сервиси – современиот начин ќе ги

принудува банките да размислуваат за нови дистрибутивни канали на своите услуги и

сервиси, па така мобилните уреди (телефони, таблети, ТВ-уреди) се можност Банката

да ги понуди своите производи и услуги преку апликативни решенија на овие

платформи.

24-часовен сервис – корисниците ќе очекуваат услугите и поддршката да бидат 24

часа, седум дена во неделата.

Електронска комерција – корисниците очекуваат погодности при брзото и едноставно

купување многубројни производи и сервиси што ќе се нудат на интернет, преку

безбедни онлајн-системи за трансакции и набавки.

Софистицирани апликации – употреба на напредни апликации на стандардна

платформа и мултимедиски алатки лесни за употреба.

Експоненцијален раст на социјалните мрежи – социјалните мрежи ќе бидат место во

кое најголемиот број млади ќе се чувствуваат удобно. За очекување е дека банките ќе

нудат сервиси лесновградливи, сигурни и достапни за користење во социјалните

мрежи.

Нови сервиси за АТМ (банкомати) – Банкоматите како уреди за исплата на готовина

ќе имаат сè поголеми можности за опслужување на клиентите, заменувајќи ја потребата

од шалтерски работници (истите поседуваат функции за уплати, менување валути,

плаќања сметки, аплицирање за кредит и сл.).

Прифаќањето и имплементирањето на најразличните услуги и производи во согласност со

овие технолошки трендови ќе се изведуваат со поддршка од менаџментот и од сите

организациски единици во Банката опфатени со услугата.

5.8 Наплата на проблематични пласмани и управување со преземени средства

Стратегијата на Банката е континуирана грижа за обезбедување редовна наплата на побарувањата од клиентите правни и физички лица, поради што Банката ќе презема континуирани мерки и активности за подобрување на наплатата на побарувањата по редовни пласмани, како и подобрување на наплатата и намалувањето на состојбата на нефункционалните пласмани.

Мерките и активностите кои ќе се преземат се во насока на:

Квалитативни подобрувања и оптимизација на кредитните анализи за клиенти - правни и физички лица и реализација на квалитетни кредитни апликации.

Оптимизирање на портфолиото по вработени во организациските единици за поефикасно менаџирање со побарувањата на клиентите.

Навремено детектирање клиенти кои имаат влошена кредитна способност.

Антиципирање на идни достасувања кредитни производи за клиенти со повисок кредитен ризик врз основа на утврдени индикатори.

Следење и анализирање на финансиската состојба на клиентите кои се означени како клиенти со повисок кредитен ризик, со цел изготвување адекватни стратегии за третман на клиентите.

Зачестени контакти со клиентите во доцнење.

Page 17: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

17

Организирање состаноци со клиентите кои не успеваат да си ги подмират доспеаните обврски.

Мониторинг-извештаи за извршени посети на клиентите.

Определување дополнителни рокови за отплата на достасаните обврски.

Обезбедување дополнителни инструменти за обезбедување за клиентите кои доцнат со плаќањето на обврските.

Доброволна продажба на залогот со цел затворање на обврските.

Рефинансирање на побарувањата со цел одржување на редовноста во сервисирање на обврските.

Реструктурирање на побарувањата на клиенти со влошена финансиска состојба. Посебен акцент се става на подобрување на наплатата на проблематичните кредити пред започнување постапка за присилна наплата, пред се преку непосредна комуникација со комитентите, како и преку користење на услугите од надворешните агенции за наплата. При водење постапки за присилна наплата, Банката планира да продолжи со изнаоѓање најсоодветни можности за наплата на побарувањата, вклучително и склучување спогодби за вонсудско регулирање на побарувањата. Исто така, во таа насока ќе продолжи соработката со надворешни соработници/адвокати и посета на извршители со цел следење на нивното работење. Заради зголемување на ефикасноста, целиот процес на наплата е поддржан од воспоставените технички можности и системски решенија за евидентирање и следење на тужените предмети, што постојано се унапредува во функција на самиот процес. Во случаите кога нема можност за наплата на побарувањето, Банката ќе пристапи кон преземање имот во постапки за присилна наплата заради намирување на своето побарување. Преземените средства како некаматоносна позиција имаат релативно високо учество во активата на Банката. Од тие причини во планираниот период во Банката ќе се преземаaт мерки со цел интензивирање на продажбата на истите.

Планирана е маркетиншка активност преку мас-медиумите и агенции за посредување при продажба на недвижности, поголема застапеност и ангажман на вработените преку остварување средби и непосредни спогодби, што треба да резултира со зголемена продажба на преземениот имот. Паралелно планирани се активности за преземање на неопходните мерки за регулирање на имотно-правниот статус и обезбедување владение на преземените средства, што е предуслов за успешна реализација на поставените цели за продажба.

5.9 Човечки ресурси

ТТК Банка има цврста стратегиска определба да ги стимулира своите вработени да се

изградат во модерни банкари, да ги одржи човечките ресуси на најоптимално ниво и од нив да

постигне висок степен на продуктивност и мотивираност.

Во периодот 2016-2018 година, основна цел е да се унапреди квалитетот на

работењето на вработените која ќе се реализира преку:

• Регрутација и селекција на модерен банкарски службеник

Регрутирање квалитетен кадар на долг рок е главна цел на Банката. Во наредниот

период Банката ќе се стреми да обезбеди квалитетен кадар првенствено во рамки на

организацијата преку добро менаџирање на човечките ресурси, а доколку е неопходно и

регрутирање нови вработени, сè со цел Банката да се движи во насока на привлекување и

обезбедување квалитетен кадар. Во интерес на ова, Банката ќе продолжи во создавање база

на квалитетни и висококвалификувани кандидати и ќе ја продлабочи соработката со

факултетите низ цела Македонија со цел да овозможи практична настава на студенти кои во

иднина би биле вклучени во интерните бази на кандидати за претстојни регрутации.

• Усовршување, доусовршување и едукација на банкарските службеници

Банката ќе продолжи со инвестирање во човечкиот капитал, со што ќе се овозможи

зголемување на квалификациите и компетенциите на вработените, подобрување на нивната

Page 18: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

18

изведба и квалитетот на работењето. Обуката сфатена како начин за подобрување на

компетенциите на вработениот со цел да се постигнат работните цели и да се подобри

изведбата на работното место, не доведува само до подобрување на капацитетите на

вработените, туку претставува и средство за унапредување и задржување на кадаротво

организацијата, а придонесува и за негова мобилност во службата.

Затоа во наредниот период ќе се даде уште поголемо значење на обуките (интерни и

екстерни) а особено поинтензивно ќе се поттикнува организирање на интерните обуки со кои,

истовремено, покрај пренесувањето на знаењето, ќе се зацврсти и ќе се подобри

комуникацијата, тимскиот дух и довербата помеѓу вработените.

• Планирање на човечките ресурси

Планот на вработени директно е изготвен според критериумите на клучни позиции и клучни

вработени од секоја организациска единица. Ќе се изработува специјална програма за

следење и унапредување на вештините, знаењето и комуникацијата на вработените од

различни организациски единици.

Како основни цели во планирањето на човечките ресурси во периодот од 2016 до 2018

година ќе бидат пред се оптималното користење на човечките ресурси, привлекувањето и

задржувањето кадар со соодветни вештини и експертиза кои се потребни за организацијата,

предвидување на проблемите поврзани со дефицитот и суфицитот на кадар, овозможување

развој на доброобучени и флексибилни човечки ресурси за да се зајакне способноста на

организацијата за адаптација на неизвесното и променливо окружување и слично.

Дополнително, како и секоја година, ТТК Банка ќе продолжи со организирање годишни

средби со вработените, како и организирање општествено корисни активности, со цел

подигнување на тимскиот дух на вработените, продлабочување на соработката и подобрување

на меѓучовечките односи.

• Наградување и мерење на резултатите

Банката веќе има воспоставен соодветен систем на наградување на вработените преку

посебна комисија формирана за таа цел, која се стреми преку објективни критериуми за

мерење на постигнатите резултати, вработените соодветно и да ги награди. Поради тоа,

Банката и во иднина ќе ја продолжи политиката за развивање и промовирање на постојниот

систем на наградување, преку што ќе се стреми да ја зголеми мотивираноста, а со тоа и

продуктивноста на вработените. Во корелација со ова и унапредувањето на извршувањето на

задачите на вработените во текот на годините е предвидено преку спроведување истражувања

и проекти за евалуација на работата, задоволството, како и мислењето на вработените со цел

постигнување на предвидените резултати во доменот на човечките ресурси.

5.10 Усогласеност на работењето на Банката со прописите и СППФТ

И во наредниот период, обезбедувањето усогласено работење на Банката со

законската регулатива и интерните акти на Банката, кое ќе го заснова преку понатамошно

јакнење на функцијата контрола на усогласеност и на системот за управување со ризикот од

неусогласеност, ќе остане приоритетна цел на Банката.

Активностите ќе бидат насочени кон воспоставување сет мерки и управувачки алатки за

усогласување на работењето со екстерните и интерните прописи, како и за идентификација,

следење и одржување прифатливо ниво на изложеност на Банката на овој ризик.

Page 19: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

19

Овие цели Банката ќе ги остварува преку:

Следење на новодонесените прописите со кои е уредено работењето на Банката и

спроведување активности во однос на информирање и обезбедување навремено и

соодветно имплементирање на новините.

Идентификување и следење на ризиците од неусогласеност на работењето на Банката,

при промени и новини во прописи; при промена на организација на начин на работа на

Банката; при воведување нови производи и услуги или системи и при промени во

условите на постојните производи и услуги, при започнување со примена на нови

начини на водење деловни активности и нови бизнис-практики.

Следење, контрола и тестирање на усогласеноста на работењето на Банката со

прописите, во согласност со програма и годишни планови.

Предлагање корективни мерки.

Спроведување обука на вработените за начините на имплементирање на соодветните

прописи во нивното секојдневно работење.

Развој на алатки за следење ризици од неусогласеност по кој било основ од

работењето на Банката.

Од аспект на спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Банката

акцентот ќе го стави на следните активности:

Анализа на клиентите на Банката од аспект на ризици од перење пари и финансирање

на тероризам и ажурно доставување точни податоци до Управата, во согласност со

Законот за СППФТ, во законски утврдениот рок.

Известување до Управниот oдбор и Надзорниот одбор за реализираните мерки и

активности од сегментот на СППФТ, со вклучени податоци за склучени деловни односи

со клиенти кои подлежат на засилена анализа.

Изработка и спроведување на планот за обука на вработените, за сите аспекти значајни

за соодветното спроведување на процесот за СППФТ, на годишно ниво, како и

воспоставување насоки и упатства за соодветна примена на прописите од овој домен.

Одржување редовни контакти со други органи и институции вклучени во активностите

за спречување на перење пари.

Континуирано усовршување на софтверското решение за СППФТ, со акцент на модулот

за ризично профилирање на клиентската база од аспект на ризик од перење пари, а во

насока на обезбедување податоци кои ќе укажуваат на невообичаено деловно

однесување на клиентите.

5.11 Внатрешна ревизија

Внатрешната ревизија и во наредниот развоен период ќе дава значаен придонес за

подобрување на квалитетот и унапредување на системите на внатрешна контрола на Банката.

Преку спроведување редовни (планирани ревизии врз основа на проценка на ризик),

како и вонредни ревизии, Внатрешната ревизија ќе ја остварува нејзината основна цел - да

обезбедува независно и објективно мислење до органите на Банката за управување со

ризиците, системот на интерни контроли и корпоративното управување, преку мерење и

оценување на ефективноста на наведените контроли и системи во остварување на деловните

цели.

Примарните цели на Внатрешната ревизија вклучуваат ефективно и ефикасно

исполнување оперативни и финансиски ревизии, ревизии на усогласеност, мониторинг ревизии

и специјални ревизии и испитувања согласно годишните планови за работење како и

посветеност кон постојано унапредување на професионалното знаење на вработените.

Page 20: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

20

6. Финансиски показатели и проекции за период од три години

• Извори на финансирање на Банката

Во согласност со зацртаните стратегиски и деловни цели за периодот 2016-2018 година,

Банката планира просечно годишно зголемување на билансната сума за 4,6%. Главен извор на

финансирање и понатаму останува депозитната база на комитентите со одржување

доминантно учество од 70% на депозитите од сегментот население, додека за финансирање

на проектите на мали и средни претпријатија ќе се користат и кредитни линии од МБПР.

• Кредити и побарување од други комитенти

Пласманите кај небанкарскиот сектор се планира да се зголемат просечно годишно за

6,3%, а динамиката на движењето е планирана во согласност со пазарните услови, наплатата

на постојното кредитно портфолио, нивото на ризици на кои ќе биде изложена Банката и

нивното влијание врз потребата за одржување на бараната адекватност на капитал. Притоа се

планира учество на пласманите кај население во вкупните пласмани на Банката кај

небанкарскиот сектор да се зголеми и да достигне учество од 46% во вкупните кредити.

Стратегиска цел на Банката во наредниот период претставува зголемување на работењето на

небанкарскиот сектор преку зголемување на активностите во сегментот население, каде што

постои висока апсорпциона моќ, поголема дисперзија на ризикот и основа за остварување

повисоки каматни и некаматни приходи. Банката за овој сегмент планира дополнување на

понудата на кредитни производи со диференцирани карактеристики соодветно на таргет-

групите, квалитетна и леснодостапна услуга.

Исто така, во проектираниот среднорочен период Банката планира одржување на

обемот на работа со корпоративниот сегмент преку обезбедување соодветна финансиска

поддршка на малите и средните претпријатија, со што учеството на истите во вкупните

пласмани во среднорочниот период ќе изнесува просечно 54%. Пазарниот удел ќе се одржува

преку стекнување нови бонитетни компании и остварување долгорочна соработка со

постојните.

• Нето-приходи од камати

При утврдување на планот за каматни приходи и расходи во период од 2016 до 2018

година, земена е предвид постојната и планираната структура и динамика на движење на

изворите и пласманите, планираната каматна и монетарна политика и очекуваното ниво на

нефункционални кредити. Се очекува нето-приходите од камата во среднорочниот период

просечно да пораснат за 7,6%.

• Нето-приходи од провизии

Нето-приходите од провизии во проектираниот среднорочен период ќе растат просечно

годишно со 7,3%, како резултат на мерките што ќе се преземат за зголемување на

кредитирањето, зголеменото користење на услугите во платниот промет на Банката, како и

проактивно прилагодување на тарифата за надоместоци на услуги во согласност со

воведувањето нови услуги, пазарните движења и потребите на корисниците.

• Останати приходи од дејноста

Во рамки на останатите приходи од дејноста во финансиските проекции не се

предвидени ефектите од реализација на два многу значајни судски спора во кои Банката се

Page 21: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

21

јавува како тужител и за кои има пресуди од Врховен суд во корист на Банката, и тоа за

предметот Градинар АД Св.Николе и Борец АД Лешок. Управниот одбор со целосна поддршка

од Надзорниот одбор, а посебно од претседателот на Надзорниот одбор на Банката,

континуирано презема активности за финално решавање на овие два судски спора, што би

придонело за значаен позитивен ефект врз билансот на успех.

• Оперативни трошоци

Во делот на оперативните трошоци, преку нивна целосна контрола со цел реализирање

што поголеми заштеди, ќе се настојува истите да се сведат на оптимално ниво. Истите се

планира во среднорочниот период просечно да се намалат за 1,3%.

• Исправка на вредност на нефинансиски и финансиски средства

Исправката на вредност на нефинансиски средства е пресметана во согласност со

важечката регулатива врз основа на Одлуката за сметководствен и регулаторен третман на

преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања.

Планираната исправка на вредност на финансиските средства соодвествува со

планираниот обем, структура и квалитет на пласманите на Банката.

• Добивка

Добивката до крај на проектираниот период се очекува да изнесува над 1 мил. ЕУР како

резултат на подобрување на приходноста и рационалното управување со оперативните

трошоци во периодот 2016-2018 година.

Page 22: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

22

6.1 Финансиски проекции за периодот 2016-2018 година

6.1 Биланс на состојба за период 2016-2018 година во 000 МКД

Биланс на состојба дек.15 дек.16 дек.17 дек.18

Просечен

годишен

пораст 2016-

2018

Парични средства и парични еквиваленти 1.791.563 1.655.152 1.789.724 1.869.652 1,4%

Вложувања во хартии од вредност и средства за тргување 1.145.878 1.230.376 1.274.787 1.325.779 5,0%

Кредити и побарувања од ГК 926.364 799.519 859.483 923.945 -0,1%

Кредити и побарувања од МСП 1.288.494 1.335.790 1.442.653 1.558.065 6,5%

Кредити и побарувања од домаќинства 1.685.531 1.821.494 1.994.536 2.203.962 9,4%

Бруто кредити на клиенти 3.900.389 3.956.803 4.296.672 4.685.972 6,3%

Исправка на вредност (кредити на клиенти) -444.604 -209.575 -254.575 -309.575 -11,4%

Нето кредити на клиенти 3.455.785 3.747.228 4.042.097 4.376.397 8,2%

Преземени средства 343.825 282.181 196.626 147.934 -24,5%

Основни средства 202.344 188.806 196.006 205.006 0,4%

Останата актива 19.747 38.120 35.000 38.560 25,0%

ВКУПНА АКТИВА 6.959.141 7.141.863 7.534.240 7.963.327 4,6%

Депозити на Банки 21.576 22.540 23.216 24.145 3,8%

Депозити на финансиски институции 274.775 282.438 296.560 315.836 4,8%

Депозити на ГК 368.188 391.493 418.115 449.473 6,9%

Депозити на МСП 931.455 960.533 1.030.652 1.110.012 6,0%

Депозити на домаќинства 3.698.661 3.799.393 4.026.040 4.296.785 5,1%

Депозити на коминтенти 5.273.079 5.433.857 5.771.367 6.172.107 5,4%

Депозити Вкупно 5.294.654 5.456.397 5.794.583 6.196.251 5,4%

Обврски за кредити 522.462 521.018 541.018 561.018 2,4%

Посебна резерва и резервирања 5.444 4.675 7.521 10.025 22,6%

Останати обврски 60.411 51.118 68.321 58.469 -1,1%

Вкупно обврски 5.882.972 6.033.207 6.411.443 6.825.763 5,1%

Основачки капитал 907.888 907.888 907.888 907.888 0,0%

Премии од акции 127 127 127 127 0,0%

Резервен фонд 76.933 92.963 102.192 112.773 13,6%

Ревалоризациони резерви 38.969 46.150 42.050 36.550 -2,1%

Задржана добивка/(Акумулирани загуби) 14.123 0 0 0 -100,0%

Акумулирана добивка/загуба за периодот 38.129 61.527 70.540 80.225 28,1%

Капитал 1.076.169 1.108.655 1.122.798 1.137.564 1,9%

ВКУПНА ПАСИВА 6.959.141 7.141.863 7.534.240 7.963.327 4,6%

реализирано план

Page 23: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

23

6.2 Биланс на успех за период 2016-2018 година во 000 МКД

Биланс на успех дек.15 дек.16 дек.17 дек.18

Просечна

годишна

стапка на

раст 2016-

2018

Приходи од камати 328.554 340.994 363.159 387.854 5,7%

Расходи за камати -72.232 -64.841 -68.278 -73.398 0,5%

Исправка на вредноста на приходот од камата, на нето-основа 12.146 12.447 14.711 19.711 17,5%

НЕТО ПРИХОДИ ОД КАМАТИ 268.468 288.600 309.592 334.166 7,6%

Приходи од провизија 181.938 193.829 208.531 225.839 7,5%

Трошоци за провизија -25.668 -28.025 -29.987 -32.686 8,4%

НЕТО ПРИХОДИ ОД ПРОВИЗИИ 156.270 165.803 178.544 193.153 7,3%

НЕТО ПРИХОДИ ОД КУРСНИ РАЗЛИКИ 10.744 11.183 12.743 14.303 10,0%

НЕТО-ПРИХОДИ ОД ТРГУВАЊЕ ОД СРЕДСТВАТА И ОБВРСКИТЕ ЗА ТРГУВАЊЕ -8 292 942 1.792 -

ОСТАНАТИ ПРИХОДИ ОД ДЕЈНОСТА 74.199 54.886 23.200 18.982 -36,5%

ОПЕРАТИВЕН ПРИХОД 509.674 520.764 525.020 562.395 3,3%

Трошоци за плати -148.099 -149.766 -151.080 -153.600 1,2%

Надомести за вработените врз основа на колективни договори -5.046 -6.020 -6.200 -6.600 9,4%

ТРОШОЦИ ЗА ВРАБОТЕНИ -153.145 -155.787 -157.280 -160.200 1,5%

ТРОШОЦИ ЗА НАДОМЕСТИ ЗА УЧЕСТВО ВО ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА БАНКАТА -5.077 -6.147 -3.200 -3.500 -11,7%

ТРОШОЦИ ЗА АМОРТИЗАЦИЈА -25.305 -21.594 -22.800 -24.600 -0,9%

МАТЕРИЈАЛНИ, ОСТАНАТИ И АДМИНИСТРАТИВНИ ТРОШОЦИ -179.084 -153.769 -156.000 -160.800 -3,5%

ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ -362.611 -337.297 -339.280 -349.100 -1,3%

147.063 183.467 185.740 213.295 13,2%

Исправка на вредност на нефинансиски средства, на нето основа -70.838 -49.740 -66.700 -71.070 0,1%

Исправка на вредноста на финансиски средства, на нето основа -33.631 -65.000 -41.000 -53.000 16,4%

Данок од добивка -4.465 -7.200 -7.500 -9.000 26,3%

ДОБИВКА ПО ОДАНОЧУВАЊЕ 38.129 61.527 70.540 80.225 28,1%

реализирано

НЕТО ОПЕРАТИВЕН ПРИХОД

план план

Page 24: РАЗВОЕН ПЛАН НА ТТК БАНКА ЗА ПЕРИОДОТttk.com.mk/WBStorage/Files/25_sobranie_1_Razvoen_Plan...Развоен план 2016-2018 година 5 3. Стратешки

Развоен план 2016-2018 година

24

• Финансиски показатели за периодот 2016-2018 година

Финансиските проекции на ТТК Банка се базираат на очекуваните макроекономски и

пазарни услови и нивното движење во среднорочниот период е прикажан во табелите подолу:

ПРОФИТАБИЛНОСТ дек.16 дек.17 дек.18

Стапка на поврат на просечна актива ROAA 0,9% 1,0% 1,0%

Стапка на поврат на просечни сопствени средства ROAE 5,9% 6,7% 7,6%

Коеф. Оперативни трошоци/ Оперативни Приходи 64,8% 64,6% 62,1%

Kредити население /вкупни кредити 46,0% 46,4% 47,0%

Резервација за кредити/ Бруто кредити 5,3% 5,9% 6,6%

Основни средства/ сопствени средства 19,0% 19,4% 17,9%

Преземени средства/ Актива 4,0% 2,6% 1,9%

Сопствени средства/ Ризично Пондерирана Актива 18,9% 18,5% 17,9%

Ликвидна актива/ Вкупна Актива 32,3% 32,9% 32,5%

Бруто кредити на Клиенти/ Депозити на Клиенти 72,8% 74,4% 75,9%

Просечна активна каматна стапка 4,8% 4,9% 5,0%

Просечна пасивна каматна стапка 0,9% 0,9% 0,9%

Каматна маргина 3,9% 4,0% 4,1%

Месечни нето оперативни приходи 15.289 15.478 17.775

ФИНАНСИСКИ ПОКАЗАТЕЛИ

КАМАТНА МАРГИНА

ЕФЕКТИВНОСТ И ЕФИКАСНОСТ

КВАЛИТЕТ НА АКТИВА

АДЕКВАТНОСТ НА КАПИТАЛ

ЛИКВИДНОСТ

НАДЗОРЕН ОДБОР