Правата на потрошувачите во Македонија

10
Правата на потрошувачите во Македонија Кирил Митановски 7-в

Upload: -

Post on 01-Jan-2016

264 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Проект на ученик

TRANSCRIPT

Page 1: Правата на потрошувачите во Македонија

Правата на потрошувачите во Македонија

Кирил Митановски 7-в

Page 2: Правата на потрошувачите во Македонија

• Колку добро ги знаете вашите потрошувачки права? • Сте се почувствувале некогаш измамени или

изманипулирани, а не сте знаеле дали и како треба да реагирате во дадената ситуација?

Page 3: Правата на потрошувачите во Македонија

Купената роба не се враќа?

• Сигурно досега во некоја од продавниците имате забележано натпис од типот "Купената роба не се враќа и не се заменува", или пак сте имале ситуација во која сте го замениле производот после долги караници, или воопшто не сте успеале да го замените производот... Ви го претставувам членот 50 од Законот за заштита на потрошувачите („Сл. весник на Р. Македонија“ бр. 38/04 од 17.06.2004 година) кој вели:

• Член 50Потрошувачот има право кај трговецот кај кој е купен производот да го замени производот што има соодветен квалитет, а што не одговара во однос на формата, големината, моделот, бојата, бројот или од други причини.

Page 4: Правата на потрошувачите во Македонија

• Потрошувачот правото од ставот 1 на овој член може да го оствари во рок од 15 дена од денот кога производот е купен.

• Замена на производот со соодветен квалитет се врши ако производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите, фабричките етикети, како и фискалната сметка за производот или сметко потврда кои на потрошувачот му биле издадени заедно со производот.

• Ако во моментот на поднесувањето на барањето од потрошувачот трговецот нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право по свој избор да бара:- да го раскине договорот и да бара враќање на платениот париченизнос или- да го замени производот со соодветен кога ќе има таков производ.Трговецот е должен да го извести потрошувачот кој барал замена на производот дека има таков производ за продажба во рок кој не може да биде подолг од 30 дена од денот на приемот на барањето.

Page 5: Правата на потрошувачите во Македонија

Денар по денар...• Секако, друга работа што неверојатно многу иритира е

наплатувањето на 0.50 денари повеќе на фискалните сметки. Каде што продавачите секогаш ја заокружуваат повисоката сума - ДУРИ И КОГА СЕ ВРШИ БЕЗГОТОВИНСКО ПЛАЌАЊЕ (преку картичка) каде што наплатувањето на трансакција со 0.50 денари е возможно.

Page 6: Правата на потрошувачите во Македонија

Еве еден случај од, каде што се опишува искуството со наплата на сметка во

„Макпетрол“.

„Макпетрол си земаат најголема слобода во оваа работа, барем според моето искуство. Сега имам и доказ дека тоа е така, но не знам дали ќе има некое фајде од тоа. Веќе им пишав на „Макпетрол“ преку нивната страница за контакт:

Page 7: Правата на потрошувачите во Македонија

Откако дома ги проверив фискалната и сметката од банката видов дека при наплатата на Вашата бензинска пумпа, вработените ми наплатиле 0,50 денари повеќе.

Не ми е јасно зошто, кога инсистирате на прецизни фискални сметки, истовремено не ги наплатувате така прецизно, особено кога безготовинското плаќање го овозможува тоа.Имајќи доверба, не ги видов сметките кога службеничката ми ги даде, па веднаш да ја исправам ситуацијата. Очигледно мојата доверба во Вашата компанија била не треба да биде на така високо ниво.Сега планирам да пишам и до Организацијата на потрошувачите на Македонија, а можеби и до Државниот пазарен инспекторат.Ќе видиме дали и што ќе одговорат.“

Page 8: Правата на потрошувачите во Македонија

Корисни телефони: Организација на потрошувачи на Македонија - 02 3179-592

Државен пазарен инспекторат - 02 3220 - 547

• Дополнување 1 - одговор од ОПМ:Почитуван г-дин НаковВнимателно го прочитав вашиот проблем и мислам дека сте во право. 50 дени се платежно средство во Македонија и како апоени постојат и можат да се употребуваат. За жал трговците не го прават тоа а цените ги формираат без да бидат заокружени на денари , па услугата или производот ви го наплатуваат секогаш поскапо за 50 дени бидејки неможат да ви вратат.За настанатиот проблем треба да се обратите до Државниот пазарен инспекторат на тел 3220 547 кој го има надзорот над Законот за застита на потрошуваци.

Page 9: Правата на потрошувачите во Македонија
Page 10: Правата на потрошувачите во Македонија

http://www.opm.org.mk/

ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПОТРОШУВАЧИ НА МАКЕДОНИЈА