autizam seminarska

22
УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ ВЗШ- МЕДИЦИНСКА СЕСТРА СЕМИНАРСКА РАБОТА ОСНОВИ НА ДФЕКТОЛОГИЈА АУТИЗАМ МЕНТОР КАНДИДАТ ЛОЛИТА СТОЈАНОВА доц. Д-р Гордана Панова бр на индекс 11652

Upload: -

Post on 22-Oct-2014

450 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: AUTIZAM SEMINARSKA

УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА МЕДИЦИНСКИ НАУКИ

ВЗШ- МЕДИЦИНСКА СЕСТРА

СЕМИНАРСКА РАБОТА ОСНОВИ НА ДФЕКТОЛОГИЈА

АУТИЗАМ

МЕНТОР КАНДИДАТ ЛОЛИТА СТОЈАНОВАдоц. Д-р Гордана Панова бр на индекс 11652

ШТИП, АПРИЛ, 2010 год

Page 2: AUTIZAM SEMINARSKA

СОДРЖИНА

1. Вовед...............................................................................................................22. Епидемиолошки карактер на аутизмот.......................................................33. Етиологија и патогенеза на аутизмот..........................................................34. Клиничка слика.............................................................................................4

4.1 нарушување во социјалната интеракција..........................................4 4.2 наеушување на комукацијата..............................................................5 4.3 нарушување на имагинацијата............................................................5

5. Примарна превентивна работа.....................................................................56. Општи насоки во дијагностиката.................................................................67. Рана дијагностка на аутизмот........................................................................7

7.1 Класична клиничка неуролошка обработка...........................................77.2 Класична психијатриска клиничка обработка.......................................77.3 Психолошка и неуролошка обработка....................................................8

8. Диференцијална дијагноза на аутизмот........................................................99. Третман на аутизмот......................................................................................10

9.1 Бихејвиорална терапија...........................................................................109.2 Едукација..................................................................................................119.3 Вежби на социјални вештини.................................................................119.4 Логопетска терапија.................................................................................119.5 психотерапија...........................................................................................119.6 Музикотерапија........................................................................................119.7 Терапија на дружење...............................................................................129.8 Медикаментозен третман........................................................................129.9 Имунолошка терапија..................................................................................13

10.Новини во терапијата...........................................................................................1311. Исход и пригноза..................................................................................................1312.12 Заклучок...........................................................................................................14

13.Користена литература.......................................................................................15

Page 3: AUTIZAM SEMINARSKA

1. ВОВЕД

Поимот Аутизам потекнува од грчкиот збор autos, што значи сам, или може да се преведе како повлеченост во себе и егоистично битисување. Аутизмот не е болест, туку развојно нарушување на функцијата на мозокот. Аутизмот е едно од најтешките развојни нарушувања, кое се јавува во најраното детство и го загрозува нормалниот развој на детето, неговото однесување, мислењето, комуникацијата, и неговата адаптација во социјалната средина. Додека пак возрасните луѓе имаат ненормален одговор на звуците, допирот и другите сетилни стимулации. Според Светската здраствена организација, детскиот аутизам претставува первазивно развојно нарушување кое се дефинира со постоење на ненормален или оштетен развој што се манифестира пред третата година од животот, со карактеристичен облик на паталошко функционирање во сите три област на социјални интеракции, во комуникацијата и со повторувачко однесување. Американската психијатриска асоцијација во 1994 год. го дефинира аутизмот како широк континиум на поврзани конгитивни и невробихејвиорални нарушувања, вклучувајќи три карактеристики: нарушување во социјализацијата, нарушување во вербалната и невербалната комуникација и рестриктивни и реперетивни шеми на однесување. Во 11943 год. Во публикацијата, Leo Kaner, се се опишани 11 деца со т.н. Инфалтивен аутизам, или во денешната литература можеда се сретне како Канеров аутизам. Овие деца се карактеризирале со екстремна осаменост, лоша комуникација и отпорност кон промени. Терминот аутизам, го позајмил од описот на шизофренија од познатиот психијатар Blauer, каде што исто така се забележува повлеченост од од надворешниот свет, што е заедничка карактеристика за двата ентитета. Оваа врска со шизофренијата води до неправилен закличок дека инфалтилниот аутизам, е рана фаза на ова заболување. Канер посочува на абнормалностие во детството на пробантот без постоење на евиденција за било каков претходен нормален развој и за високо интелектуални, неемотивни карактеристики кај родителите, бабите и дедовците. Претпоставеното отсуство на љубов и топлина ги навело повеќето клиничари да ја отфрлат можноста за било какво конституционално пореметување кај детето туку да се насочат само кон односот дете-родител-семејство и без оглед на евидентните фактори да ја потенцираат самата психогена етиологија на заболувањето.Во текот на шеесетите и седумдесетите години три групи на истржувачи заклучиле дека аутизмот најверојатно има органско потекло.: најнапред Cantwell, утврдил дека не постои емпириска потврда дека аутизмот е резултат на неактивен период и воспитувањето во раното детство; второ: Hermelin и Rutter утврдуваат дека кај аутистичните деца најчесто се јавуваат симптоматски јасни и изразени конгитивни пореметувања и трто, епидемиолошките испитувања на Deykin и McMachon укажуваат дека околу петина од аутистичните деца манифестираат епилептични напади во адолесценцијата.

Page 4: AUTIZAM SEMINARSKA

2, ЕПИДЕМИОЛОШКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА АУТИЗМОТ

Епидемиолошките истражувања се користат во теоретски и практични цели. Тие имаат потенцијал да ја откријат не само преваленцијата на заболувањата, туку и нивниот тект, исход и нивната етиологија. Епидемиолошките студии на аутизмот започнале во средината на шеесетите години во Англија. Во одредени епидемиолошки студии спроведени во Англија, Шветска, Данска, Франција и САД е пронајдено дека преваленцијата на аутизмот изнесува 4-5 деца на 10.000 живородени деца. Наспроти ова, други автори заклучуваат дека преваленцијата изнесува 10 на 10.000 деца, вклучувајќи пошироки критериуми во дијагностицирање. Во една Шкотска студија Рапин објавува преваленција од 1-2 деца на 1.000 живородено дете на возраст од 3-17 год. Што преставува високастапка и индиректно проценув дека во САД бројот на деца со аутизам на возраст од 1-15 години изнесува помеѓу 58.000-115.000, а во Велика Британија има околу 6.500деца под 18 години, или вкупно заедно со возрасните околу 28.000 лица/На Балканот се мошне ретки податоците за инциденција и преваленција на аутизмот. Сепак постојат истражувања за преваленција на аутизмот во Хрватска која изнесува 7 на 10.000 деца. Во најновата студија на Fombonne, тој обработува 32 епидемиолошки истражувања публицирани на англиски јазик во период од 1966-2001 година, спроведени во 13 земји со големина на популација од 800-900.000 испитаници. Медијаната вредност за преваленција изнесува 8.7/10.000, а рангот изнесува од 0.7 до 72.6/10.000 луѓе. Исклучувајќи ги студиите со мала прецизност и со помал примерок од 10.000 луѓе, фокусирајќи се на 19 студии објавени по 1987 год. Стапката на медијаната расне и изнесува 10/10.000. Во одност на полот се забележува дека машките се почесто засегнати од женските и тој однос се движи од 2,1:1 до 3,9:1 во корист на машките. Во опсежната студија на Fombonne како средна вредност се зема односот 3,8:1, бидејќи некои студии даваат екстремно висока стапка од 16:1 машки.женски деца. Ако атипични случаи, особено оние кои се асоцирани со ментална ретардација, се вклучени, преваланцијата се искачува на 10 до 20 случаи на 10.000. Половиот однос се стреми да биде понизок во присуство на ментална ретардација, но многу е повисок кај Асперговиот синдром. Стапката на морталитетот ги заинтересирала Схавеле и Страус во една студија на лица со аутизам во Калифорнија испитувани во период од 1980 до 1996 година. Тие покажуваат глобална стапка на морталитет од 213%. Кај женските индивидуи стапката на морталитет е 490% и е многу повисока отколку кај машките која што изнесува 167%. Оваа разлика е високо статички важна и релативно конзистентна меѓу возрасните групи.

3, ЕТИОЛОГИЈА И ПАТОГЕНЕЗА НА АУТИЗМОТ

Page 5: AUTIZAM SEMINARSKA

Откако истржувачите ги отфрлија емоцијалните причини за аутизмот, стана јасно дека мора да има биолошка основа во нарушувањето. Има бројно показатели за биолошката причина:

1. Аутизмот често е придружуван со други невролошки симтоми2. Аутизмот често е асоциран со други потешкотии во учењето3. Аутизмот често е придружуван со епилепсија

4. Мајките на децата со аутизам често кажуваат на потешкотии во текот на бременоста5. Други состојби како што се вирусни инфекции, метаболни состојби и генетски абнормалности се тесно поврзани со аутистичниот спектер на нарушувања. Присуството на најразлични трхники кои се користат за да се добијат сликите на мозокот, вклучувајќи ја компјутерската томографија, скеновите, и нуклеарната магнетна резонанса, во неколку случаа ги објаснуваат абнормалностите во најразлични делови на мозокот. Следниве области се издвоени за да се обрне посебно внимание.

1. Абнормалности во фронталниот лобус-област во мозокот одговорна за планирање и контролирање

2. Абнормалности во лимбичкиот систем-дел од мозокот одговорен за емоциите3. Абнормалности во мозочното стебло, IV-та мозочна комора или во малиот

мозок-делови што раководат со моторната функција. Она што ова истажување го покажува е тоа дека во многу случаи аномалиите на мозокот се поврзани со лицата заболени од аутизам. Истражувањата покажуваат дека помежу 30%-50% од децата со аутизам имаат ненормално висок процент на серптин во крвта, хемиска супстанцијаодговорна за пренос на сигнали во нервните клетки.Медицински состојби кои биле идентификувани кај лица болни од аутизам: 1, Генетски состојби 2. Вирусни инфекции

3. Метаболни состојби4. Синдром на конгенитални малформации

Во однос на тоа дека теоријата на умственото (способноста за препознвање на менталната состојба кај себе и кај другите) не може во потполност да ги објасни дефицитите кај аутизмот, централното објаснување на когнитивните дисфункции кај аутизмот се заснова на анализата на десегзекутивниот синдром кај аутизмот (тешкотијата за планирање и контролирање на акцијата), примарно оштетување на имплицитната меморија, како и дефицит во централните кохеренции (способноста на воочување на целините притоа обрнувајќи внимание на деловите), со што ја објаснуваат социјалната дебилност кај аутистичните лица.

4. КЛИНИЧКА СЛИКА

Децата со аутизам покажуваат квалитативно оштетување на реципрочните социјални интеракции и на шемите за комуникација, со истовремено присуство на сиромашен, стеротипен, рецептивен репертоар на интересирања и активности.

5. НАРУШУВАЊЕ ВО СОЦИЈАЛНАТА ИНТЕРАКЦИЈА

Page 6: AUTIZAM SEMINARSKA

Лицето со аутизам покажува однесување како другите да не постојат, има мал или неприступен контакт со очите и не одговара кога му се зборува. На неговото лице нема експресија со исклучок при екстремно задоволство, лутина или стрес и не дава одговор на милување,односно ја отргнува раката која го милува. Детето со аутизам не реагираат на туѓи чуства: радост, насмевка, тага или плачење.Лицата со аутизам изгледаат како да сакаат да се сами. Тие можат да се спротиставууваат на вниманието или љубовта или пак пасивно да ги примаат прегратките и милувањата. Подоцна тие ретко бараат удобност или реагираат на лутина или љубов. Децата со аутизам исти така подолго учат да интерпретираат што другите мислат или чуствуваат. Некои луѓе со аутизам можат да бидат и физички агресивни од време на време, правејќи ја социјалната интеракција уште потешка. Некои губат контрола, осебено кога се во непозната или огромна просторија, или кога се лути и фрустрирани. Тие се способни од време на време да кршат работи, да ги напаѓаат другите, или да се повредуваат самите.Често се случува децата со аутизам добро да се поврзат со родителите или со луѓето луѓето кои сегрижат за него, но не и со другите деца. Ова е поради тоа што возрасните често можат да ги предвидат нивните потреби. Учењето на децата со аутизам на социјалните вештини е критично за нивниот развиј.

4.2НАРУШУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИЈАТА

Користењето на говорот варира: може воопшто да го нема (во 20% од случаите) до многу добро ниво на говор. Главен проблем не е дека детето не може да зборува, туку дека тие имаат потешкотии во комуницирањето. Детето може често да пофторува перфектно, што се нарекува ехолахија, но не може да ги користи истите зборови во друга ситуација, на пр. Да побара нешто. Иста проблематика постои и во физичките одговори познати како ехопраксија.Во одредени моменти може да биде неразбирливо што аутистичните деца зборуваат неразбирливо, и нивниот јазик со телото е неразбирлив. Фацијалната експресија, движењата и гестикулациите ретко искажуваат што всушност тие зборуваат. Исто така и тонот на гласот не успева да ги рефлектира нивните чуства. Без напредок во гестикулацијата и говорот , луѓето со аутизам се неспособни да им соопштат на другите за сопствените потреби, и како резултат на тоа стануваат анхиозни и депресивни.

4.3 НАРУШУВАЊЕ ВО ИМАГИНАЦИЈАТА

Децата со аутизам не знаат како да играат, односно се неспособни за игра и креирање на имагинативни активности. Тие не знаат да си играат како нивните врсници. Играта на детето со аутизам се сведува на еднообразно и едноставно движење на предметите или играчките и обрнување на внимание на одредени делови на предметот. Недостаток на имагинативната игра често води кон ограниченост или неразбирање на на емоциите на други луѓе, така што луѓето со аутизам имаат потешкотии во делењето на среќата или тагата со другите луѓе.

Повторувачките активности имаат форма на упорност, силна преокупираност. На пр. Детето може да биде преокупирано со учење за правосмукалки, возови,

Page 7: AUTIZAM SEMINARSKA

светилници... Често пати постои интерес за бројки, симболи или пак научни предмети.

5. ПРИМАРНА ПРЕВЕНТИВНА РАБОТА

Примарната превентивна работа се состои од дејствување на можни фактори кои се закануваат на нормалниот развој на децата меѓу кои спаѓа и аутизмот. Основната грижа е да се заштити од можни, до денес познати лоши влијанија на самиот плод ин уретро, потоа отстранување на што поголем фактор на ризици кое ги носи породувањето само по себе, а со тоа и на сите можни недостатоци кои во текот на детството ја уништуваат внатрешната структура на телото. Да се обезбеди сигурност од надворешната средина, сигурноста која му ја дава родителот на детето. Важно е да се обезбеди избалансиран развој на носечките структури на личноста за реалниот свет и социјалното поле во кое се развива и во кое детето се спознава како суштество и како личност. Неопходно е секако да се дефинираат денес веќепознатите особини на кои надворешните фактори, на кои можеме битно да влиаеме, ја достгнуваат суштината на детската личност, притоа стануваат демотивирачки или потикнувачки па дури и разорен фактор за личноста која се буди од една заробеност во биологичност, тежнеејќи за потполно самоостварување во социјално поле.Особини на кои се мисли се: допир, поглед, боја на глас, движење на телото, пасивно и активно однесување во текот на негувањето и хранењето зборови, содржина на говор, разговор кој допира до детето межусебно однесување меѓу родителите, односот помеѓу браќата и сестрите и односот на браќата и сестрите кон заболеното дете општиот режим на животот во семејството, очекување на семејството од детето, свесни и фазматични, воспитни и етички ставови во семејството и воопшто семејната атмосвера. Општите хигиенски услови, епидемиолошки услови во мајчината бременост, самото породување и раното детство. Наследни фактори како предиспозиција за аутистично пореметување или за самата појава на оваа клиничка слика.

6 НАСОКИ ВО ДИЈАГНОСТИКАТА

Дијагнозата на аутизмот се базира на клиничките и лабараториските наоди. Клиничката процедура ги вклучува евалуцијата на комуникацијата, когнитивноста и социјалните искуства исто како и репетитивното однесување,активности и интереси. Во поставувањето на дијагнозата учествуваат клинички психолог,дефектолог,логопед,развоен терапевт,окупационен терапевт,социјален работник,лекар (педијатар,детски психијатар,детски невролог,аудиолог, физијатар ) и диетолог. Клиничките психолози се обучени за користење на психометриски тестови и се во можност да употребуваат различни дијагностички инструменти, како и тестови за проценка на интелектуалните капацитети, адаптивно однесување, развојно ниво на индивидуата, бихејвиоралните проблеми и неуролошките проблеми. Логопедите го евалуираат јазикот и комуникативните компетенции,како и биолошките аномалии кои можат да интерферираат со говорот и комуникацијата.

Page 8: AUTIZAM SEMINARSKA

Аудиолозите го проценуваат слухот на децата. Физијатрите и окупационите терапевти се обучени за проценка на сензомоторното функционирање. Додека физијатрите даваат акцент повеќе на општа еволуција на сензомоторното функционирање. Додека физијатрите даваат акцент повеќе на општата еволуција на сензомоторноро функционирање, окупационите терапевти се повеќе концентрирани на еволуцијата на детцката употреба на сензомоторните вештини во секојдневните ситуации од живеењето. Диетолозите помагаат во проценувањето дали детето има потреба од диета. Медицинскиот персонал вклучувајќи ги тука општите лекари, педијатрите и психијатрите историски гледано не се многу истренирани во полето на аутизмот и развојните нарушувања. Опсервацијата на децата трева да биде изведена од повеќе средини: во домашни услови, во училиште, во болница. При тоа може да биде користена и видео камера. Дијагнозата мора да се базира на индивидуалните нивоа на комуникации, однесувања и развој. Голем број на однесувања кои се поврзуваат со аутизмот истовремено се поврзани и со други пореметувања, поради што е неопходно да се направат различни тестирања за да се откријат и другите можни причинители и симптоми. Рутинското испитување на развојот треба да биде извршено на секоја редовна контрола кај педијатар. Дополнителни истражувања се потребни доколку постои загриженост од страна на лекарот или родителот. Тоа особено се однесува доколку детето не успее да постигне: брборење до 12 месеви, гестикулации до 12 месеци, пооделни зборови до 16 месеци, спонтано споени два збора до 24 месеци и изостанок на било какви говорни или социјални вештини во било кое време.

7.0 Рана дијагностика на аутизмот

Раната дијагностика се одвива со прашалници наменети за родителите на општата детска популавија која ја опфаќа едно развојно советувалиште, со цел откривање на децата со аутистични пореметувања и нивно вклучување на благовремена соработка и термин. Дијагностиката ја сочинуваат разни методи на мултидисциплинарниот тим кој се состанува мотивиран од својата стручна компетенција да соработува на обидинување на сосема разновидни знаења за исти појави во животот кои го сочинуваат централниот нервен систем и психички функции. Тие по пат на нега се појавуваат во човекот и во социјалното поле, создавајќи ја и личноста и тоа поле.

7.1 Класична клиничка неуролошка обработка

Ќе ни даде увид во состојбата и зрелоста на нервните структури и функции соодветни на очекувањата за таа воздраст и увид во постоење на клинички знаци за минимални или класицни оштетувања на ЦНС.

7.2 Класична псигијатриска клиничка обработка

Класична психијатриска клиничка обработка ќе ни даде: опис на однесувањето, квалитет на заинтересираноста на детето за

Page 9: AUTIZAM SEMINARSKA

надворешната средина опис на начинот на односот кон просторот околу него и другире координација на движењата, активностите и темата на разговорот за општата атмосфера на средбата и за временскиот редослед кој го врамнува секое однесување опис на состојбата на свеста за себе, времето и просторот во однос на другите опис на состојбата на сетилата, особено во однос на можна пречувствителност или намалена чувствителност при што ние, покрај нашиот увид за време на прегледот битно ќе ни помогнат и податови од анамнеза за која се интересираме со некоја цел опис на односот на родителите и детето за време на прегледот и родителите и лекарот во нивната размена на информации за детето и составивање на план на испитување и работа со детето. Психијатриската анамнезија не известува : за можна атмосвера во семејството за можни наследни фактори кои подоцна можат да се проверуваат и следат за семејна теорија за тоа како дошло до сето тоа што е важно како за разбирање на самата појава на психозата така и за поставување на програма за програма за работа со детето и за семејната група.

7.3 Психолошка и неуролошка обработка

Подразбира проценка со тестови на интелегенција во однос на возраста и можното остварување на контакт со детето кое се тестира. Како дијагностички инструменти се користат психолопки тестови (IQ и адаптивни скали), прашалници за поднесување на детето и опсерваривни скали, тестови заговор, аудолошки и други испитувања на слух. Генерално психолошките тестови покажуваат дека децата со аутизам имаат релативно високи невербални вештини и ниски говорни вештини. Адаптивните рејтинг скали ке покажат нарушување во играта, социјалните интеракции и однесувањето. Многу локални авторитети во Велика Британија ја употребуваат CHAT скалата(Checklist for autism in toddlers) за рано откривање на аутизмот уште во 18 месец од животот.Оваа контролна скала за аутизам кај дете што заодува, развиена од BaronCohen, Alen и Gillberg во 1992 год.Таа се состои од два дела А и Б. Делот А од скалата е збит на 9 да/не прашања кои се поставуваат на родителите, Во него се проценуваат девет подрачја од развојот со по едно прашање од секое подрачје: игри без правила, совијални интересирања, моторен развој, социјална игра, симболичка игра, протимперативно покажување, протодекларативно покажување, функционална игра, заедничко внимание. Делот Б е вклучен за клиничка проверка на податоците за сегашното однесување на детето. Други сручњаци употребуваат различни техники за дијагноза на аутизмот кај деца од предучилипна возраст. Програмата за дијагнистика и опсервација на аутизмот е воспоставена од Lord Catherine (ADOSG Autism Diagnostic Observation ScheduleGeneric). Ова е полуструктуриран опсервациски развоен тест кој го вклучува истражувачот во взаемно дејство со детето за време од 30 до 45 минути. Истражувачотможе да ја евалуира комуникацијата, реципрочната социјална интелигенција, играта, стереотипното однесување, рестриктивните интереси, ADOS-G бара специфичен тренинг за испитувачот и преставува златен стандард во истражувачките протоколи за аутизмот. Ревидиентирано дијагностичко интервју за аутизмот (ADI-R Autism Diagnostic Interview-Revised), е опсежно интервју со родителите, кое го дополнува ADOS-G. Со него се испитуваат аутистичните симптоми во сверата на социјалните нарушувања,

Page 10: AUTIZAM SEMINARSKA

комуникациските и ритуалистичкото и повторувачко однесување. Потребни се 1-2 часа за да се заврши интервјуто. Исто како и ADOS-G, ADI-R преставува златен стандарт во дијагностичките критериуми во одредените протоколи за аутизам. За негово применување е потребен специфичен тренинг на специјалистите стручњаци. Скалата за утврдување на степенот на аутистично нарушување им овозможува на клиничарите и истражувачите да ги проценат карактеристиките на аутизмот. Оваа скала се покажала доста ефикасна во надминувањето и ограничувањата на аутизмот. Оваа скала се покажала доста ефикасна во надминувањето и ограничувањата на постоечките системи за класификација и пружила можност за групитање на децата со аутизам во : благ, умерен и тежок облик на нарушување. CARS се спроведува употребувајќи директно набљудување надетето и вклучува 15 субскали кои се рангирани од нормолно до тешко ненормално однесување. Еден бод укажува дека однесувањето е во рамките на нормалните граници, 2 бода за благо ненормално однесување, 3 бода за унерено ненормално и 4 бода за тешко ненормално однесување. Испитаниците чиј што збир на бодови е над 3 означува дека тие имаат аутизам. Е2 прашалник-Ова е прашалник наменет за родителите чии деца имаат нарушување во однесувањето како што се: аутизмот, детската шизофренија, детската психоза или некои емоционални тешкотии. Овој дијагностички прашалник содржи 109 прашања. Комплетната форма се праќа до Институтот за истражување на аутизмотво Сан Диего во Калифорнија, каде што влегува во големи истражувачкибази на податоци и се спроведува со претходно собраните податоци. Ова ја покажува тежината на аутизмот споредена со нивните податоци на случаевите. Најчесто клиничарите ги користат ијагностичките критериуми на ICD-10 класицификацијата застапена во Светската здраственаорганизација, или DSM-4 критериуми користени од Американската психијатриска асоцијација.

7.4 ДЕФЕКТОЛОШКА ОБРАБОТКА

Не информира за квалитетот и нивото на организираните движења. Програмот на дефектолошката дијагностика се спроведува во три меѓусебно поврзани целини: земање на хетероанамнестички податоци, опсервација и тријажа. Задачи на дефектолошката дијагностика е да ги открие здравите основи кај детето и спрема тоа да се упати во установа каде што ќе му се пружи одреден третман и рехабилитација. Опсервативната постапка поради природата на аутистичното нарушување се споредува во долг временски период, Во текот на опсервацијата се користат методи на набљудување во структуирани и неструктуирани ситуаци, групно и индивидуално. Во текот на набљудувањето како инструменти: анкети, прашалници, развојни скали и тестови-говорни статуси. Основни подрачја кои се опфатени со опсервација се: психомоторика, културно-хигиенски навики, социјализацијата, говорот и сознзнијата.

8. ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА НА АУТИЗМОТ

Диференцијалната дијагноза фклучува разликување на аутизмот од останатите состојби кои имаат абнормалности во говорот, играта и социјалниот развој. Користејќи ги податоците собрани од различни евалуации, стручнаците мораат да имаат предвит и постоење на други коморбидни нарушувања. Во дефиренцијалната дијагноза на аутизмот треба да се помисли на ментална ретардација која не е

Page 11: AUTIZAM SEMINARSKA

асоцирана со аутизмот, наспецифичните развојни нарушувања и останатите психијатриски нарушувања. Менталната ретардацијачесто прееставува главна дијагнисѕичка потешкотија, особено кај тешко менталните ретардирани лица, кои често немаат конгитивни способности за имагинативни вештини и може да имаат стереотипни однесувања. Во склад со нивото на интелигенција ментално ретардираните имаат реален однос спрема надворешниот свет. Чуствата се богати и немаат отпор спрема промените во средината или лицата околу себе. Развојните говорни нарушувања може понекогаш да го имитира аутизмот. Обично децата со фоворни нарушувања имаат примарни дефицити во полето на говорот или комуникациите, а социјалните вештини се добро сочувани. Шизофренијата се јавува кон крајот на првата деценија од животот, со хроничен тек и се карактеризира со релапси и ремисии. Клиничката слика ја карактеризираат нарушвање во мислењето, емоциите, перцепциите, волјата, вниманието итн. Нарушувањето на мислењето се карактеризира со налудничави, најчесто парноидни идеи за прогонување, потоа се јавува афектнонивелирање,маниризми,гримасирање, амбивалентност и зголемена агресија. Интелигенцијата воглавно е зчувана, а само кај 20% е намалена. Говорот е развиен, бизарен и нема полна вредност во размена на информации. Кај лицата со аутистичен спектар ментална ретардација се јавува кај 75-80%, а кај шизофренијата е значително помала и се движи околу 18%.Rett-ов синдром е состојба без позната причина, откриена само кај девојчињата. Започнува меѓу 7-от и 24-от месец од животот со губиток на целисходни движења на раката и стекнати фини моторни манипулативни вештини. Селективниот мутизам понекогаш може да се помеша со аутизмот. Кај селективниот мутизам децата имаат способнос да зборуваат во одредени ситуации на пр. Дома, а во други се неми. Аутизмот треба да се разликува и од сензорните нарушувања, дезинтегративните нарушувања во детството, опсесивните компулсивни нарушувања, реактивните нарушувања во врзувањето, дезинхибираните нарушувања во врзувањето, Аспергеробиот синдром, невролошки состојби со генетско потекло. Исто така аутизмот треба да се разликува од останатите первазивни развојни нарушувањаеспецифични на друг начин, од другите психијатриски наружувања, како жто се: хиперкинетско нарушување, нарушување поради недостик на внимание, глувост...

9. ТРЕТМАН НА АУТИЗМОТ

Третманот на лица со аутизам треба да биде интензивен, континуиран, мултидисциплинарен. Михаил Рутер, еминентен британски психијатар, издвојува пет главни цели во третманот со аутизмот: потпомагање во развојот, помагање во учењето, намалување на ригидноста и стереотипите, елиминација на неспецифичнитенеприлагодени однесувања и олеснување на фамилијарната несреќа и тага. Сето ова обично треба да биде потпомогнато со бихејвиорален третман, образование, логопетски третман, фармакотерапија и подршка од семејството.

9.0 БИХЕЈВИОРАЛНА ТЕРАПИЈА Бихејвиоралните програми ги формираат психијатрите и психолозите во консултација со родителите и наставниците и тие претставуваат постапки со кои се формира адаптивното однесување и се смалува несоодветното однесување. Прво се

Page 12: AUTIZAM SEMINARSKA

анализира однесувањето, така што се бараат причините и последиците за одредени постапки за детето, а потоа се применува бихејвиорална програма. Бихејвиорална терапија е користена за редуцирање на проблемите како што се самоповредување (удирање со глава,гризење на рацете), хиперактивност, агресија и напад на бес. Исто така е користена за подобрување на способностите за пружање на самонега (облекување, миење и сл,). Со успех се применува за подобрување на квалитетот и квантитетот на говорот. За жал, и покрај сите овие предности, бихејвиоралната терапија не се покажала успешна во отстранувањето на абнормалностите во социјалното однесување, комуникациите и имагинативноста, бидејќи тие не зависат само од едноставните обрасци на однесување (пр. Контакт со поглед) кој можат да се зголемат или намалат.

9.2 ЕДУКАЦИЈА

Идеално едукативните програми треба да стартуваат штом детето се дијагностицира, т.е. Во предучилишната возраст. Раните интервенциони програми се фокусираат на учење на социјални и комуникациски вештини. Порано се сметало дека децата со аутизам не можат да учат. Овој став бил причина децата со аутизам да се сместуваат во установи за ментално ретардирани лица, а отсуството на боило каков напредок кај нив се сметал за доказ за нивната неспособност за учење. Основен принцип е дека учењето треба да биде прилагодено на секое поединечно дете, а способноста за учење се докажува со напредокот кој се постигнува, без разлика со која брзина. Изборот на вистинското училиште е едноставен. Тоа треба да биде училиште во кое ке постои разбирање за природата на проблемите на детето и кое ке биде доволно отворено за обиди на барање постапки, кои ке бидат најефикасни. Денес не постои единствен метод што ке биде добар за сите дева со аутизам. Наставниците мораат да бидат доволно подготвени за експерименти, за да можат методот да го птиспособат на потребите на поединецот. Во процесот на едукација се прифатени две програми и тоа TEACCH програмата и Lovaas програма. 9.3 ВЕЖБАЊЕ НА СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ

Вежбање на социјални вештини е еден од основните воспитни и тераписки постапки, бидејќи се сзнае дека проблемите на социјалното однесување преставуваат најголема тешкотија кај лицата со аутизам. Пример за учење на социјалните вештини на адосцелентите се: учење на телефонирање, одење во продавница или учење како се однесува во автобус. Начинот за да се постигне тоа е играње на улоги и гледање на видео снимки на сопственото однесување, како и индивидуално учење во реални ситуации.

9.4 ЛОГОПЕТСКА ТЕРАПИЈА

Унапредување на развојот мора да ја вклучува говорно-јазичната (логопетска) терапија со истакнување на прагматичките аспекти на јазикот. Оваа терапија се спроведува во многу училишта и предучилишни установи за аутизам, каде што покажала многу добри резултати. Логопетските работи на секој степен на говорно-јазичниот развој, започнувајчи од развивање на гласови кај децата што не зборуваат до развој на синтакса кај децата кои имаат успорен развој на говорот. Се претпоставува дека примената на говорно-јазичната терапија има повеќе ефекти во

Page 13: AUTIZAM SEMINARSKA

раната возраст.

9.5 ПСИХОТЕРАПИЈА

Психо терапијата била заснована на идеја дека родителите треба да станат подобри во својата родителска улога за да овозможат добар емоционален развој на своето дете. Но, ниту идејата за лошо родителство кое причинува аутизам, ниту ставот дека психотерапијата на родителите, овозможува емоционален развој на детето не се потврдени со никакво систематско истражување. Вредноста на психотерапијата ќе зависи од нрјзиниот облик, бидејќи има различни психотераписки методи. Кај аутизмот најголема вредност има има советувањето (супортивна терапија). Кога се разгледува психотерапијата на лицата со аутизам треба да се има предвид дека успехот не е многу веројатен кај лица кои немаат добро развиен говор. Алтернативната невербална метода е play терапија (терапија со игра). Оваа техника може да им помогне на децата со аутизам да воспостават контрола на своите ставови и да играат покреативно.

9.6 МУЗИКОТЕРАПИЈА

Покажано е дека со музикотерапијата се развива способност за антиципација што е доста битно за развојот на социјалните вештини. Но, освен тоа што музикотерапијата ја подобрува комуникацијата, таа овозможува да се изразат и други способности, а особено нивните специјални музички таленти. Музикотерапијата има смирувачки ефект врз многу деца со аутизам и се покажало дека пеењето за некои деца е поразбирливо и поприфатливо од говорот. Поради тоа пеењето се користи како стимулс за комуникација.

9.7 ЕРАПИЈА СО ДРЖЕЊЕ (Holdihg therapy)

Холдинг терапијата е основана од Martha Weltch во Њујорк и таа денес се спроведува во повеже центри ширум светот. Од родителите се бара цврсто да го прегрнат своето дете и да го држат така подолго време, дури иако детето се обидува да се отргне. Во текот на на таквото цврсто држење детето постепено се смирува, а родителите изјавуваат дека детето почнува да го испитува нивното лице и воспоставува подобар контакт со погледот. Некои родители истакнале дека оваа постапка доведува до подобро социјално однесување и комуникација. Но, треба да се разгледаат и негативните аспекти. Еден од нив е кога детето се гледа од страна непријатно реагира на форсираното држење и се обидува да се отргне.

9.8 МЕДИКАМЕНТОЗЕН ТРЕТМАН

Медикаментозната терапија ги смирува нервните структури кои се важни за свеста и гностичките процеси, со што реалноста може попрецизно да се забележи и детето со аутизам би можело да ги орепознае блиските околу него. Повеќето од децата со аутизам, при употреба на психотропни медикаменти, стануваат помирни, помалку хиперактивни, вниманието им се зголемува,агресијата им се редуцира, како и автоагресијата. Кај оние деца кои биле мирни, повлечени, инхибитни, станале поотворени, едноставно кај нив доаѓа до екстериоизација.

Page 14: AUTIZAM SEMINARSKA

Ниту еден лек не може да ја корегира структурата на мозокот или оштетените нервни врски кои изгледа го нагласуваат аутизмот. Почетоците на медикаментозната терапија се огледуваат во ордиринирањето на витамини и олигоелементи (витамин Б6, Магнезиум), анксиолитички сретства (Diazepam, Bromazepam и Nitrozepam), невролептици (Peciaazin, Tiroidazin, chloropomazin, Levopromezan, Haloperidol).Истражувањата што ги проценуваат лековите, предложени во третманот на аутизмот , постојано е во пораст. Забележливо е забрзано истакнување на потребите од тестирање на лековите и подобро информирање за третманите, кој треба да биде побрзо достапни отколку во минатото.

9.9 ИМУНОЛОШКА ТЕРАПИЈА

Зависност од природата на имунолошката абнормалност, целта на терапијата треба да биде нормализација на имунолошкиот одговор, наместо индуцирање на имунолошка супресија или стимулација. Имунолошката терапија сегогаш треба да се спроведе во консултација со лекар. Лабараториските испитувања јасно ја докажуваат улогата на автоимунитетот во патогенезата на аутизмот. Идејата дека аутизмот е автоимуно нарушување дополнително е зацврстена со фактот дека аутистичните пациенти реагираат добро на рехабилитација со имунодилактиски лекови. Таа се состои од користење на следниве имунолошки интервенции: стероидна терапија, терапија со трансвер фактор, интервенски имуноглобулини, орална толеранција со автопротивгени, глутеинска терапија и плазмофореза.

10.НОВИНИ ВО ТЕРАПИЈАТА

Тоа се нови видови биомедицински третмани кои сеуште немаат докажана вредност, но во некои студии имале позитивни резултати, односно воделе кон подобрување на аутистичната симпѕоматологија.

1. Видови третмани кои може да се користат во иднина се: окситоцинот, тетрахидрибиоптерин ( R-BH4), ампакини.

2. Хормонска терапија (секретин)3. Антигабична и фунгицидна терапија (пробиотици, амфотерцин Б).4. Витаминотерапија (витамин Б6, витамин Ц и фолна киселина).5. Диметилгивин (ДМГ).6. Алфа-липоична киселина7. Диета слободна од глутен и казеин.

11. ИСХОД И ПРОГНОЗА

Прогнозата на децата со аутизам е тесно поврзана со нивните вербални способности и интелегенција. Предвидувањето за интелектуалното функционирање треба да се одложи до воздраст по петтата или шестата година од животот, бидејќи секое предвидување порано може да биде неточно. Податоците покажуваат дека индивидуите со аутизам продолжуваат да стекнуваат нови адаптивни вештини во текот на нивниот живот. Лицата со аутизам кои што се потешко ментално ретардирани имаат потреба од туѓа помош и надзор во текот на целиот живот. Кај лицата со подобри способности исходот зависи од степенот на развојот на говорот. Детето дијагностицирано како аутистично ќе добие многу поразновидна

Page 15: AUTIZAM SEMINARSKA

интервенција сега отколку што би се можела да се добие многу години порано.

12.ЗАКЛУЧОК

Знаењата и разбирањето на аутистичниот спектум, етилогијата, дијагностицирањето и менаџирањето со аутизам кај децата значително се променети во последните две децении. Во повеќето студии се потврдува дека раното дијагностицирање на аутизмот станува исклучително важно за примена на раната конзистетна и соодветна интервенционална стратегија што треба да биде индивидуално прилагодена на потребите на децата и родителите. Заради тоа потребно е професионалците од разни сруки и лекарите од општа практика да бидат дополниделно едуцирани за да обезбедат правилно откривање и насочување на заштитата на децата со аутизам. Нормално развиено дете е во интеракција со неговите родиетели додека аутистичното дете им обрнува помалку внимание. Иако често изгледа дека нормално по раѓањето, после неколку месеци аутичното дете ги покажува првите симтоми кои треба да бидат констатирани. За секој губиток на способност или вештина што го забележуваат родителите кај детето и што се одржува подолго од една недела, треба да биде консултиран лекарот. Со раното дијагностицирање на аутизмот поголеми се шансите за благовремена интервенција што може да го подобри животот на детето. Тимското работење е методор кој е неопходен во дијагностицирањето на аутистичниот спектар на болести и со негова примена, во соработка со родителите се постигнува повисок степен на рано дијагностицирање на оваа појава. Специфичните знаци и индивидуалното ниво на загриженост што го забележуваат и искажуваат родителите за детето кај педијатрите и кај другите експерти треба да покрене високо ниво на чувство на сомневање и пребарување со цел за правилно и благовремено откривање на аутизмот. По откривањето на аутизмот педијатрите имаат обврска да подготват програма за рана интервенција заради подобрување на развојните, социјалните и другите способности на детето и да го упати семејството за грижата и подршката што му се потребни на детето.

13.КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. Трајковски В. Аутизам. Филозофски факултет, Скопје, 2004

2. Autism (http://www.ionkids. com/autism.html?t=r#diagnosis ).

3. Трајковски В. Медицински основи на инвалидноста 1. Скопје, 2005

4. Mueller RF, Young ID. Emery’s Elements of Medical Genetics. Eleventh edition, Churchill Livingstone, New York, 2001

5. МНЗА. До каде сме со аутизмот во Македонија? Скопје, 2005

6. Autism, the facts (http://www.freetipson.co.uk/healthcare/autism)

7. Autism Spectrum Disorders (http://www.nimh.nih.gov/publicat/autism.cfm)

Page 16: AUTIZAM SEMINARSKA

8. Лакоски А. Психогенетика. Киро Дандаро, Скопје, 1998