Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/prikazna za oto oto...

23
1 Приказна за ОтО, ОтО и ОтО БиСтра ГЕОрГиЕВа

Upload: trantu

Post on 05-Feb-2018

287 views

Category:

Documents


17 download

TRANSCRIPT

Page 1: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

1

Приказна за ОтО, ОтО и ОтО

БиСтра ГЕОрГиЕВа

Page 2: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Приказна за ОтО, ОтО и ОтО

Page 3: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Приказна за ОтО, ОтО и ОтО

Автор: БистрА ГеорГиевАилустрација: МоНиКА КАретеро

сликовницата е дел од образовниот проект „сите сме еднакви“, поддржан од Амбасадата на велика Британија и Министерството за образование и наука на република Македонија.

Page 4: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

76

Page 5: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Си биле три исти бува. Буквално исти. Исто се облекувале, имале иста фризура, јаделе иста храна, дури имале и исти имиња. Сите се викале Ото. Сѐ правеле исто. Секој ден чекале да падне ноќ, застанувале на истата гранка и почнувале да ја пеат истата песна. Штом ќе почнело да се разденува, во исто време зевале и легнувале да спијат.

98

Page 6: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Така поминувале денови и денови,

...месеци... сè додека една ноќ не почнало да паѓа многу снег.

...години,

1110

Page 7: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

1312

Толку многу снег паѓало, што трите бува Ото решиле да се спакуваат и да тргнат некаде на југ. Така спакувани, во истите куферчиња, бувовите полека тргнале кон југ. Оделе, оделе, оделе и во далечината засветкало нешто.

Page 8: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Тоа било местото Лог во кое ноќе се живеело и смеело, а дење се спиело и сонувало. Кога бувовите влегле во Лог, виделе нешто што никогаш не го виделе дотогаш.

1514

Page 9: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Виделе многу бувови кои имале поинакви фризури од нивните, виделе бувови кои биле различно облечени.

1716

Page 10: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Бувови кои по улиците пееле секакви песни. Некои свиреле на гитари, други пак танцувале. Во

рестораните се служеле различни јадења, некои од нив мирисале чудно, некои убаво.

1918

Page 11: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

На бувовите со име Ото, работите што се случувале во местото Лог им се виделе многу интересни, затоа и посакале и тие да пробаат да живеат како неговите жители. Можеби на некој Ото ќе му стои поинаква фризура, можеби на некој ќе му се допадне вкусот на различната храна.

2120

Page 12: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Одлучиле да пробаат. Најпрво влегле во првиот фризерски салон. Потоа влегле во првиот ресторан. Едвај се одлучиле што

да јадат од големиот избор на менито.

2322

Page 13: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Така подготвени, излегле на улицата и се приклучиле на забавата. Едниот Ото се обидел да свири на гитара и одлично му одело. Другиот Ото се обидел да танцува, чекор по чекор, и со помош на жителите на Лог се вклучил во танцувачкиот тим. Третиот Ото пак, најмногу сакал да седи во публиката и да ужива во забавата.

2524

Page 14: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Сè било супер, но имало еден проблем. Во местото Лог сите ги мешале бувовите, бидејќи и тројцата се викале ОТО. Кога некој ќе кажел „ОТО“, сите тројца се вртеле. Па така, многу било јасно дека најдобро е тие да си ги сменат имињата. И од тој ден, се викале различно: Ото, Рино и Лари.

2726

Page 15: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

Така сите тројца освежени, поинакви и задоволни од себе,

решиле да ја направат најлудата ноќна забава на која се играле игри, свиреле гитари, се јадело различна

храна, додека не се раздени.2928

Page 16: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

А кога дошло утрото, сите си легнале да спијат и сонуваат. Беа сигурни дека го сакаат ова место, место во кое конечно ќе бидат различни.

3130

Page 17: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

3332

Page 18: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

34 35

Почитувани наставници и ученици,

Сликовницата „Приказна за ото, ото и ото“ е дел од образовниот проект сите сме еднакви кој е наменет за ученици од основни училишта, а е поддржан од Амбасадата на Велика Британија и Министерството за образование и наука на Република Македонија. Сликовницата е дидактички материјал кој Ви нуди методолошки пристап за примена во наставата. Сликовницата е наменета за учениците од одделенска настава при реализацијата на наставните содржини од предметите „Запознавање на околината“ и „Општество“. Содржините во сликовницата и дадената методологија се согласно целите од наставната програма интегрирани со темата Еднаквост и човекови права.

МетоДоЛоШКи ПристАПи При ПриМеНАтА НА сЛиКовНиЦАтА „ПриКАЗНА ЗА ото, ото и ото“

тема: Еднаквост и човекови праваЦели: Сите сме еднакви без разлика како изгледамеодделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина

I (прво одд.)

Запознавање на околината*Македонски јазик*(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: - да ги почитува и поддржува мислењата на другите- да спознае сличности и разлики меѓу децата и луѓето- да се сензибилизира за хумани односи меѓу половитеНапомена: се реализира процесот на целна интеграција

Јас и другите/ Кој сум јасЈас сум дел од природата/ Јас сум дел од живата природаМоето тело

Активности

воведување на учениците: мотивација со игра. Наставникот им кажува дека ќе играат игра Грабни стапче.1 Главен делМакедонски јазик Техника: наставникот ја чита сликовницата на глас.2 Со цел учениците целосно да ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови зборови и поими, кои учениците ги претставуваат со цртеж.Дополнителна активност: (интерактивна боенка) каде што децата сами ќе ги облекуваат бувовите.Зо: драматизација и ситуациони игри со различни улоги. Опишување на целокупниот изглед на човечкото тело, подвижни игри, куклен театар, користење на гатанки, разгледување на енциклопедии. Откривање сличности и разлики меѓу височина, боја на очи, боја на коса. Разговор на тема: По што се слични, a пo што различни игрите на момчињата и девојчињата.Завршен дел: техника Сложувалка.3Учениците го вреднуваат часот со техниката Семафор.4

1Игра Грабни стапче. Наставникот претходно треба да го ограничи местото во дворот каде ќе се игра играта. На средината на обележаното место треба да се постават десет стапчиња. Потоа, наставникот им ја објаснува играта. Учениците се делат во две групи, групите се договараат кој ќе трча прв, кој втор, и сè така до последното дете од групата. На знак на наставникот учениците треба да истрчаат до стапчињата (трча по еден ученик од двете групи) и да го земат стапчето. Но, додека го земаат стапчето не треба да се допрат. Ако се допрат, тоа е негативен поен, а ако другиот ученик успее да го земе стапчето без да го допре другиот ученик, тоа значи еден поен за таа група. Играта завршува кога учениците ќе успеат да ги земат сите стапчиња без да се допрат. Победник е групата со повеќе стапчиња.2Чекор 1. Замолете ги учениците да седнат блиску до вас за да можат да ја видат сликовницата што ќе ја читате. Направете пријатна атмосфера и покажете им ја сликовницата.Чекор 2. Прочитајте го насловот и покажете им ги илустрациите на учениците. Разговарајте дали ја препознаваат содржината на сликовницата уште пред да го прочитате текстот.Чекор 3. Почнете со читање на сликовницата и покажувајте им ги илустрациите на учениците за соодветниот текст. Исто така, објаснувајте им ги непознатите зборови со соодветни примери.Чекор 4. Правете паузи додека читате и дискутирајте за тоа што мислат учениците дека ќе се случи или како тие би постапиле во слична ситуација. Чекор 5. Дискутирајте за прочитаното. Поттикнете ги учениците со прашања да размислуваат за дејството во сликовницата и за настани кои се поврзани со темата.

3Групна активност „Сложувалка“. Секоја група добива измешани слики од сликовницата. Учениците треба да ги разгледаат и да се обидат да ги подредат по хронолошки редослед.

4Техника Семафор. Наставникот на секој ученик му дава три листа со црвена, жолта и зелена боја. Црвената боја значи дека ученикот малку научил, жолтата боја значи дека нешто научил и зелената значи дека научил. Потоа наставникот им поставува прашања, а учениците даваат одговор за секое прашање со подигање на листовите.

Page 19: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

36 37

одделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина

II (второ одд.)

Запознавање на околината*Македонски јазик*(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: -да спознава дека секој човек има права и одговорностиНапомена: се реализира процесот на целна интеграција

Јас со другите/Права и одговорности

Активности

воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен делМакедонски јазик: техника Квадранти (Прилог 1).Зо: запознавање на основните детски права преку активности (работилница за детски права преку игри, цртање и сл.). Разговори за правилата во некоја игра, донесување правила за однесувањето и други правила што ги знаат во домот, зградата, населбата, во одделението и во училиштето. Завршен дел: брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

одделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина

III (трето одд.)

Запознавање на околината*Македонски јазик*(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел:- да ги запознае основните детски права- да се запознае со службите и луѓето кои помагаат да се остварат и кои ги заштитуваат детските праваНапомена: се реализира процесот на целна интеграција

Јас со другите и другите со мене/ Моите права и должности

Активности

воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен делМакедонски јазик: се чита приказната, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Ленти со приказната (реченици/дијалози)“5. За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли (Прилог 2).Зо: разговори, пишување и цртање на права и должности и нивно поставување на соодветни места во училницата, посета на Детската амбасада, читање на книги од УНИЦЕФ, гледање цртани филмови на тема „Детски права“, запознавање со СОС телефонот, разговори.Завршен дел: брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката Семафор.

5Техника: „Ленти со приказната (реченици)“

Чекор 1 - учениците работаат индивидуално или се делат во групи и секоја група добива по еден плик ленти со реченициЧекор 2 - учениците ги редат лентите по редоследЧекор 3 - откако ученикот или групата ќе ги подреди лентите, побарајте да ги прочитаат на глас. Ако сакаат да го поправат редоследот, дозволете им да го направат тоа.

одделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина

IV (четврто одд.)

Општество*Македонски јазик *(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: -да ги осознае карактеристиките на различните видови семејства и домаќинства-да ги препознава основните проблеми во населбата, да развива позитивни ставови за улогата на жителите во надминување на локалните проблеми-да ја сфаќа улогата на културата во животот на локалната заедница-да развива чувство на одговорност кон себе и другите, да ги прифаќа и почитува различностите меѓу луѓето Напомена: се реализира процесот на целна интеграција

Семејство, домаќинство и општество/ Семејствата низ историјата и денес Живеалишта и населби/ Проблемите во мојата населба Општина/ Културниот живот во општинатаДемократски живот во општината

Активности

воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен дел Македонски јазик: се чита сликовницата. Потоа следи самостојна активност на учениците преку техниката „Постер ѕвезда на приказната“ (Прилог 3). За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими со техниката Вокабулар во четири агли .општество: техника Венов дијаграм за традиционално семејство и современо семејство. Преку техниката Грозд или Умни мапи ги претставуваат проблемите во нивната населба, даваат предлози за надминување на истите и кој може да помогне во нивно надминување. Изработка на писмен состав за една од културните традиции во локалната зедница.Пишување состав на тема: Јас ги прифаќам и почитувам разликите меѓу соучениците.Завршен дел: брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН (Прилог 4).

одделение Наставен предмет Наставни цели Наставна тема/содржина

V(петто одд.)

Општество*Македонски јазик *(меѓупредметна и содржинска интеграција)

Општа цел: - да се запознава со основните човекови права- да се запознае со правата на децата Напомена: се реализира процесот на целна интеграција

Личноста во групата и во општеството/ Правата на децата како човекови права

Активности

воведување на учениците: мотивација со играта Грабни стапче.Главен делМакедонски јазик: се чита сликовницата, по што следи самостојна активност на учениците преку техниката „Дневник со двојни белешки“.6 За да можат учениците целосно ја разберат и доживеат содржината на сликовницата, се објаснуваат нови поими и зборови со техниката Вокабулар во четири агли.општество: техника Призма (брз проток на идеи) за човекови права, техника Грозд или Умни мапи7- класификација на најзначајните права и одговорности што произлегуват од секое право.Завршен дел: брза проверка на наученото и вреднување на часот со техниката ЗСН.

6Техника ,,Дневник со двојни белешки“

- На ,,Дневникот со двојни белешки“ се запишува насловот, авторот Поединечниот лист или листовите во тетратката се делат вертикално на половина- На левата страница од листот се пишува цитат од текстот што на ученикот му оставил најсилен впечаток, а на десната страница ги запишуваат нивните коментари/даваат свое мислење за цитатот (порака на авторот)

7Умни мапи: Оваа техника е многу слична на ГРОЗДОТ и исто така претставува нелинеарна форма на размислување, но овде не мора да постои само разгранување кон секој следен поим, туку и комбинирање (поврзување) на сродните поими (концепти) во зависност што е целта на поставување на мисловната мапа. И овие графички организатори може да се задаваат во секоја фаза од часот и најмногу се корисни за организирање на идеите во врска со дадена содржина

Page 20: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

38 39

ПриЛоЗи

Прилог 1. Квадранти

Цртеж Чувства

Звуци врска со живототот

Прилог 2. вокабулар во четири агли

Нов збор Препиши ја реченицата во која се наоѓа новиот збор

Примени го новиот збор во друга реченица илустрација на зборот

Прилог 3. Постер ѕвезда на приказната „Приказна за ото, ото и ото“

Кој беше твојот омилен/ неомилен дел од приказната?

Главен лик во приказната:Каде се одвива приказната?

Што важно научив од приказната?

Прилог 4. Прилог за вреднување на часот: техника ЗсУ

Знам (Што мислам дека знам?)

сакам да знам (Што сакам да знам?)

Учам (Што научив?)

Дали имаше проблем? Кој беше проблемот? Како се реши?

Page 21: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на
Page 22: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

издавач: OXOилинденска 43/10 скопјетел: 02 3222303www.oxo.org.mke-mail: [email protected]

За издавачот:Пеце талески

Автор на текст: Бистра Георгиева

илустрации: Моника Каретеро

Автор на методолошки дел:снежана Мирасчиева

рецензент:весна Хорватовиќ

Уредник:Ана Дескова

техничка подготовка:Катерина Николовска

Поддржано од:

сите права за издавањето на оваа сликовница ги задржува © ОХО 2014

„БеНДот НА ПетКо” Автор: илина Јакимовскаилустрација: тхе Мичо

„воЛШеБНАтА КоМетА” Автор: Николина Андова Шоповаилустрација: Катерина Николовска

„ГоЛМАНот рисКо” Автор: Александар Прокопиевилустрација: Марјан Димиќ

„ПриКАЗНАтА ЗА ото, ото и ото” Автор: Бистра Георгиеваилустрација: Моника Каретеро

„КАКо ПетКо Не си Ги ЗАврШи оБврсКите?“Автор: Билјана Петревска Малиноваилустрација: тхе Мичо

Други сликовници од проектот:

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека "Св. Климент Охридски", Скопје

821.163.3-93-34(084.11)

316.62(084.11)

ГЕОРГИЕВА, Бистра Приказна за Ото, Ото и Ото / автор Бистра Георгиева ; илустрација

Моника Каретеро ; [автор на методолошки дел Снежана Мирасчиева]. - Скопје : ОХО, 2014. - 39 стр. : илустр. ; 21 см

Публикацијата е во рамките на проектот: "Сите сме еднакви"

ISBN 978-608-4645-29-0

1. Мирасчиева, Снежана [автор]а) Општествена култура - Сликовници

COBISS.MK-ID 96416778

Page 23: Приказна за ОтО, ОтО и ОтОsitesmeednakvi.org.mk/uploads/pdf/Prikazna za oto oto i oto mk.pdf · -да ги осознае карактеристиките на

44