Тро-месечен билтен на ЗНМ

18
БИЛТЕН НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА БРОЈ 7

Upload: association-of-journalists-of-macedonia

Post on 24-Mar-2016

259 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Билтен на ЗНМ за месец април - мај - јуни 2012

TRANSCRIPT

Page 1: Тро-месечен билтен на ЗНМ

БИЛТЕННА ЗДРУЖЕНИЕТО НА НОВИНАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

БРОЈ 7

Page 2: Тро-месечен билтен на ЗНМ

22

Судовите да делат правда Судовите да делпо теркот на Стразбурпо теркот на Страз

ПРОТЕСТ НА НОВИНАРИ ПРЕД СКОПСКИОТ СУД

Непосредна причина за ваквата реакција на новинарите беше тоа што дел од нивните колеги беа спроведени во судница со полициска придружба затоа што не се одѕвале на судските покани

Izdava: Zdru`enie na novinarite na

Makedonija, Gradski yid

blok 13, 1000 Skopje;

Tel: (+3892) 3298-139;

Faks: (+3892) 3116-447,

E-mail: [email protected]

Page 3: Тро-месечен билтен на ЗНМ

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

33

Судовите да делат правда лат правда по теркот на Стразбурзбур

Page 4: Тро-месечен билтен на ЗНМ

44

Со транспаренти „Душевната болка ја леку-ва вистината“, „Известувам значи гладу-вам“ и „Слобода на изразување“, стотина новинари во организација на ЗНМ, на 11 јуни напладне, протестираа пред Основ-

ниот суд 1 во Скопје за да изразат незадоволство од начинот како некои судии ги решаваат тужбите за клевета и навреда против новинари.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани пред ме-диумите потсети дека судовите се чувари на слобо-дата на изразувањето и на сите човекови права и слободи.

“Сакаме да ги поддржиме судиите што совесно и одговорно ја извршуваат судската функција и да ги повикаме другите да не изрекуваат високи на-доместоци за клевета и навреда за да им се умил-куваат на политичарите за функции, туку да бидат европски судии и да судат според закон”, рече Сел-мани.

Селмани рече дека големиот број тужби за кле-вета и навреда против новинари, високите надо-местоци за нематеријална штета, долгите и неефи-касни постапки, се резултат на лоша судска прак-са.

“Решението е едноставно, судиите да ја следат судската пракса од Стразбур. Не сакаме никого да амнестираме од одговорност, туку само бараме законот да важи за сите. Селективна правда е најд-голема неправда. Не може новинарите да се спро-ведуваат со полиција во судница, а некои други да ги третираат како заштитени мечки”, исткна тој.

Селмани порача дека судиите што нема да го слушнат гласот на новинарите ќе ги соочат со Суд-скиот совет и со македонската јавност. “Не може за лошата работа на мал број несовесни судии да се прокоцка довербата на целото судство”, додаде тој.

Одлуката за протест пред Судот, Управниот одбор на ЗНМ ја донесе по предлог на Новинарскиот фо-рум. Новинарите се незадолни што македонските судови ја продолжуваат лошата судска пракса за предмети против новинарите и покрај тоа што тра-

ат разговорите меѓу Здружението на новинарите и Владата за декриминализација на клеветата и на-вредата. Идејата на протестот беше да се бара од судовите поефикасно да ја применат судската прак-са од Европскиот суд за човекови права и слободи додека не се најде соодветно решение.

Непосредна причина за ваквата реакција на но-винарите беше тоа што дел од нивните колеги беа спроведени во судница со полициска придружба за-тоа што не се одѕвале на судските покани.Тие не беа

Новинарите ги поддржаа судиите кои совесно ја

извршуваат функцијата, а оние што несоодветно ги третираат тужбите за клевета и навреда ги предупредија дека ќе ги соочат со судот на јавноста

Page 5: Тро-месечен билтен на ЗНМ

55

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

против примената на ваквата мерка, но инсистираа таа мерка да биде спроведена неселективно.

Тие уште еднаш сакаа да потсетат на големиот број тужби за клевета и навреда против новинари, кои се користат како средства за вршење притисок. За непропорционалните надоместоци за немате-ријална штета, за долгите и неефикасни постапки, кои траат со години и немаат ефективна завршни-ца, за неприменувањето на правилата за каскадна одговорност.

На протестот беше изразена поддршка на судиите кои совесно ја извршуваат судската функција почитувајќи го домашното и меѓуна-родното законодавство и ги охрабрија да ис-траат на тоа без разлика на евентуалните при-тисоци.

Беше пратена порака дека ако не се поправат работите, ЗНМ јавно ќе ги посочи со име и прези-ме судиите кои на несоодветен начин го приме-нуваат домашното и меѓународното право.

Page 6: Тро-месечен билтен на ЗНМ

66

На почетокот на јули Здружението на новинарите и Владата го усогласија текстот на законот со кој треба да се декриминализира клеветата и навреда. Законскиот текст е испратен на експертиза во Советот на

Европа, по што ќе биде утврден во Владата и потоа ќе се пушти во собраниска процедура.

Со договорот се исполнети сите барања на новинарите. Прво, ја нема казната затвор за клевета и навреда.Досега во Кривичниот законик постоеше казна затвор од 3 години за клевета, и една за навреда.

Со декриминализацијата повеќе нема да се прават судски досиеја за новинарите и тие повеќе нема да се третираат како криминалци. Заради судските досиеја новинарите осудени за овие дела не можеа да се вработат во државната или јавната администрација и не можеа да патуваат во земји каде што се потребни визи.

Второ, во текстот на законот предвидена е каскадна одговорност за клевета и навреда меѓу новинарот, удреникот и издавачот. Ваквото решение е предложено поради лошата практика тужбите да се поднесат само против новинари, но не и против уредниците и издавачите, иако тие се најодговорни за тоа што се објавува во медиумите. Новото решение воспоставува систем на одговорност и секој од актерите знае за кој дел од работата одговара. Новинарот за тоа што го напишал, уредникот зошто го одобрил, а медиумот за објавувањето.

Трето, законот го ограничува највисокиот лимит за надоместок за нематеријална штета. За новинар 2 илјади евра, за уредник 10 и за издавачот 15 илјади евра.

Според сегашнното решение во Кривичниот

законик, највисокиот надоместок за клевета и навреда може да биде до 1 милион и 800 илјади евра, а највисок надомест изречен од судовите е 35 илјади евра во случајот Црвенковски против Младенов.

Четврто, со договорениот закон се запираат над 700 судски постапки за клевата и навреда, од кои над 320 тужби против новинари. Со оваа амнестија ќе се опфатат и сите правосилни пресуди, кои до денот на влегување во сила на законот не се извршени.

Решението ги запазува принципите на Советот на Европа и на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, надоместокот да биде пропорционален со предизвиканата штета, материјалната состојба на новинарот и да не се доведе во прашање постоењето на медиумот.

Со законот новинарот и уредникот нема да одговараат за навреда и клевета ако:

се извинат на оштетената страна ако навредата и клеветата е сторена под пртисок

на уредникот/издавачот ако му е оневозможено правото на слободен

пристап до информации од јавен карактер ако изнесува критики во заштита на слободата

на изразувањето ако заштитуваат јавен интерес ако навредата од околностите нема значење на

навреда ако навредата не предизвикала значителна

повреда на честа и угледот ако не е изнесена со цел да се навредува ако понижувањето со заснова на факти и ако

имале основана прилика да поверуваат во фактите ако се изнесува оправдана критика за

поттикнување на дебата од јавен интерес ако пренесуваат туѓи изјави од работата на

ВЛАДАТА И ЗНМ ГО ДОГОВОРИЈА ЗАКОНОТ ЗА ГРАЃАНСКА ОДГО

ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈАДЕКРИМИНАЛИ за поголема слобода и одговорност

Page 7: Тро-месечен билтен на ЗНМ

77

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

законодавната, извршната и судската власт ако клеветничките изјави се пренесени од

службени документи или изразени во научно, книжевно или уметничко дело

ако ја докаже вистинитоста на фактите или ако докаже дека имал основана причина да поверува во нив

ако изразува критика при вршење на службена должност, новинарска професија, политичка или друга општествена дејност

ако пренесува изјави дадени за време на работата на законодавната, извршната, судската и локалната власт, како и изјави пренесени од службени документи или од јавни собири.

Тужителот нема да може да покрене постапка за надомест на нематеријална штета за клевета и навреда ако претходно не побара извинување или демант.

Медиумите ќе го одбијат демантот ако сметаат дека текстот е издржан, ако тој е поднесен надвор од рокот, ако содржи клевети и навреди, ако се загрозуваат заштитени интереси на трети лица.

Законот е посебно рестриктивен за носители на јавни функции. Тие нема да имаат право да покренат постапка во име на институција и ако се појавуваат како тужители на суд ќе мора да ги достават сите службени документи поврзани со наводната клевета за да се утврди фактичката состојба.

ВОРНОСТ ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА

ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈАЗАЦИЈА за поголема слобода и одговорност

Со законот ќе се стопираат над 320 предмети против новинари за клевета и навреда и нема да се извршуваат пресудите што досега не се извршени

Page 8: Тро-месечен билтен на ЗНМ

88

Делегација на ЗНМ, предводена од претседателот На-сер Селмани, во текот на јуни и јули ги посети новина-рите од сите регионални центри со цел да го запознае членството со договорот со Владата за декриминали-зација и да ги повика колегите на поголема солидар-

ност за што поуспешно справување со проблемите. На одвоените средби со колегите од Прилеп, Битола, Охрид,

Куамново, Тетово, Штип, Кочани и Кавадарци, претседателот на ЗНМ Селмани ги информираше колегите за содржината на концептот на законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Освен тоа, ги најави и следните теми на дијало-гот со Владата, како што се владините кампањи, измените на Законот за радиодифузна дејност и реформата на МРТВ. Тој побара поголема солидарност меѓу новинарите за да може ЗНМ да издејствува позитивни решенија за сите проблеми, со кои се соочуваат новинарите.

На сите средби Селмани потенцираше дека законот за декриминализација е заснован врз принципите на

Поддршка за сработеното и почеста комуникација Поддршка за сработенотоНа средбите редовните членови го обновуваа членството, а други новинари за прв пат станаа членови на Здружението во знак на поддршка на напорите на раководството и воопшто на новинарскиот еснаф да се справува со проблемите

РАКОВОДСТВОТО НА ЗНМ ВО ПОСЕТА НА РЕГИОНАЛНИТЕ ЦЕНТРИ

Page 9: Тро-месечен билтен на ЗНМ

99

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

судската пракса од Европскиот суд за човекови права и слободи и дека ако се донесе во договорената фор-ма ќе биде во интерес на новинарите и ќе ја унапреди слободата на изразувањето и на медиумите. Со тој закон тужбите за клевета повеќе нема да можат да се користат како средство за притисок против новинарите.

Тој пред колегите тврдеше дека во новиот закон за декриминализација се опфатени главните барања на новинарите утврдени од највисоките органи на Здруже-нието. За клевета и навреда нема да се оди во затвор, а со тоа нема да има повеќе судски досиеја за осудени новинари за овие дела, поради кои им се ускратуваат некои граѓански права. Во законот е вградена и каскад-на одговорност за овие дела меѓу новинарот, уредникот и издавачот, како и се ограничени највисоките лимити за надоместоци за нематеријална штета, кои треба да бидат пропорционални и не треба да го загрозат посто-ењето на медиумите.

Според него, во законот постојат низа основи врз кои новинарите нема да одговарат за клевета и навреда и подвлече дека тој ќе амнестира над 320 активни тужби против новинари.

Тој најави дека законот ќе биде подложен на експер-тиза од Советот на Европа пред да се утврди од Владата и потоа ќе биде проследен во собраниска процедура.

На средбите редовните членови го обновуваа членс-твото, а други новинари за прв пат станаа членови на Здружението во знак на поддршка на напорите на рако-водството и воопшто на новинарскиот еснаф да се спра-вува со проблемите.

Колегите ги поддржаа досегашните напори на рако-водството на ЗНМ за застапување на нивните интереси, но инсистираа на почести контакти за да бидат во тек со сите активности. Исто така, бараа Здружението да има поголемо разбирање за специфичните интереси на ло-калните медиуми.

Поддршка за сработеното и почеста комуникација о и почеста комуникација

Page 10: Тро-месечен билтен на ЗНМ

1010

ФОРУМ ФОРУМ за меѓуетнички за меѓуетнички дијалог во МРТдијалог во МРТ

Во почетокот на април, во Клубот на новинарите во Скопје, се одржа фо-рум со претставници на јавниот сер-вис. Целта на овој форум беше да се промовира меѓуетнички дијалог во

МРТ преку поттикнување соработка помеѓу редакциите во МРТ на полето на известување-то за чувствителни теми. Оваа активност беше спроведена во рамките на Проектот за потти-кнување меѓуетнички дијалог во медиумската заедница, кој беше финансиран од УНЕСКО, а спроведуван од ЗНМ.

Говорници на форумот беа: г-ѓа Милица Пе-шиќ од Институтот за различности во медиумите од Лондон, претставниците од Советот за радио-дифузија г. Бранко Радовановиќ и г-ѓа Емилија Јаневска, членот на Управниот одбор на ЗНМ г-ѓа Фиљана Кока, како и претставникот од МРТ г. Фатос Муслиу.

Посебни излагања во рамките на форумот имаа и новинарите Невена Поповска и Един Хај-дарпашиќ, кои го презентираа нивното тимско работење во етнички мешани групи од по чет-ворица новинари и покажаа дека тимското ра-ботење на новинарски продукти кои третираат чувствителни прашања носи позитивни резулта-ти, модел што МРТ би можела да го користи. Од дискусијата произлегоа заклучоците дека:

Page 11: Тро-месечен билтен на ЗНМ

1111

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

ФОРУМ за меѓуетнички дијалог во МРТ

Постои ниво на свест меѓу вработените во МРТ дека се потребни промени во работата на јавниот сервис и поголема соработка и меѓуре-дакциска интеракција. Потребно е да се стави поголем акцент врз продукцијата на образовна програма со мултиетничка и мултикултурна содр-жина.

Да се дискутира и изготви модел за форми-рање на заедничка редакција за новинарите од програмите кои работат на различни јазици во МРТ, како соодветно решение за подобра сора-

ботка меѓу различните редакции во МРТ. За случаите на говор на омраза да се разгова-

ра не само во структурите во јавниот сервис, туку исто така и во комерцијалните медиуми.

Програмско реконструирање на јавниот сер-вис во насока на јакнење на неговата улога како важна институција од општествено значење.

Високите образовни институции треба да во-ведат предмети за студентите по новинарство за известување во однос на чувствителни прашања и говор на омраза.

Посебни излагања во рамките на форумот имаа и новинарите Посебни излагања во рамките на форумот имаа и новинарите Невена Поповска и Един Хајдарпашиќ, кои го презентираа нивното Невена Поповска и Един Хајдарпашиќ, кои го презентираа нивното тимско работење во етнички мешани групи од по четворица тимско работење во етнички мешани групи од по четворица новинари и покажаа дека тимското работење на новинарски новинари и покажаа дека тимското работење на новинарски продукти кои третираат чувствителни прашања носи продукти кои третираат чувствителни прашања носи позитивни резултати, модел што МРТ би можела да го користипозитивни резултати, модел што МРТ би можела да го користи

Page 12: Тро-месечен билтен на ЗНМ

1212

Сопствениците наподдржуваат само

Раководството на ЗНМ во почетокот на јуни имаше работна вечера со сопствениците на електронските и печатените

медиуми, на која се разговараше за потребата од самерегулација во медиумите.

На средбата присуствуваа најголем број од сопствениците и директорите на електронските и печатените медиуми, кои изразија поддршка за саморегулацијата, со што ќе се зголеми кредибилитетот и довербата на јавноста во медиумите.

Од печатените медиуми на средбата присуствуваа сопственикот на весниците „Дневник“, „Вест“ и „Утрински весник“ Орце Камчев, сопственикот на весникот „Коха“ Лирим Дулови, сопственикот на радиото Канал 77 Горан Гаврилов, како и дитректорите на телевизиите Канал 5 Иван Мирчевски, на Алсат-М Лирим Хајредини, на Телма Ристо Лазаров, на ТВ Алфа Младен Дамев, како и претставници на весникот „Нова Македонија“, на МРТВ и на ТВ 24 вести.

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани ги информираше присутните за напорите на Здружението за формирање Совет за етика, кој ќе ги разгледува претставките на јавноста за евентуалните прекршувања во медиумите на етичкиот Кодекс на новинарите. Тој соопшти дека работната група има изготвено концепт за

саморегулација, преточен во нацрт-статут на Советот за етика. Според него, многу е важно медиумските актери, сопствениците на медиумите, уредниците и новинарите да демонстрираат единство и да работат заедно за формирање на вакво тело.

Сите учесници ја поддржаа идејата за формирање на Советот и изразија подготвеност на почеток да биде финансиран од сопствениците и ЗНМ, додека во следниот период да се користат европските фондови.

Беше заклучено, во меѓувреме да се достават забелешки на нацрт-статутот, по што ќе почнат консултациите за свикување основачко собрание.

На средбата присуствуваа најголем број од сопствениците и директорите на електронските и печатените медиуми, кои изразија поддршка за саморегулацијата, со што ќе се зголеми кредибилитетот и довербата на јавноста во медиумите

Page 13: Тро-месечен билтен на ЗНМ

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

а медиумите орегулација

1313

Page 14: Тро-месечен билтен на ЗНМ

1414

Претседателот на ЗНМ Насер Селмани, кон средината на март, имаше средба со eврокомесарот за проширување Ште-фан Филе, кој во Скопје дојде да го означи почетокот на дијало-гот на високо ниво меѓу Владата на Македонија и ЕУ.

На средбата, претседателот на ЗНМ го информираше ко-месарот Филе за текот на разговорите со Владата, ги објасни барањата на новинарите за подобрување на состојбата на ме-диумите и побара поддршка од Комисијата за постигнување на овие цели.

Комесарот Филе покажа разбирање за барањето на ЗНМ за декриминализација на клеветата и навредата, со инсистирање

Pretsedatelot na ZNM Naser Selmani na 12 juli vo Skopje se sretna so direktorot za pro{iruvawe na Evropskata komisija Stefano Sanino.

Na sredbata, g. Sanino gi pozdravi naporite na rakovodstvoto na ZNM za postignuvawe dogovor so Vladata za dekriminalizacija na klevetata i navredata i pobara tie da ostanat vklu~eni do zavr{uvaweto na procesot.

Sanino istakna deka za EU dekriminalizacijata, zaedno so izmenite na Zakonot za finansirawe na politi~kite partii i izmenite na Izborniot zakonik, }e bidat klu~ni pri ocenuvaweto na postignuvawata od dijalogot na visoko nivo.

Toj informira{e deka gi ohrabril vladinite pretstavnici seriozno da gi

Delegacija od ZNM na po~etokot na april se sretna so ambasadorot na Delegacijata na Evropskata unija g. Aivo Orav.

Pretsedatelot na ZNM go informira{e ambasadorot Orav za tekovniot dijalog so pretstavnicite na Vladata za podobruvawe na mediumskata sostojba. Na sredbata be{e pozdraven napredokot okolu dekriminalizacijata na klevetata i navredata, no be{e konstatirano deka se potrebni dopolnitelni napori okolu utvrduvaweto na visinata na nadomestokot za nematerijalna {teta za kleveta i navreda.

Pretsedatelot na ZNM napomena deka idejata za dekriminalizacija na klevetata i navredata e da se eliminira samocenzurata kaj novinarite i dokolku se utvrduvaat visoki iznosi celta nema da se postigne.

Toj povtori deka ZNM poddr`uva implementacija na Evropskata direktiva za audio-vizuelni uslugi i site preporaki na Sovetot na Evropa vo Zakonot za radiodifuzna dejnost i deka sekoj drug predlog treba da se napravi vo konsultacija so novinarite i nevladiniot sektor.

Ambasadorot Orav gi pozdravi naporite na ZNM i Vladata za podobruvawe na sostojbata na mediumite i prenese deka Evropskata komisija dava posebna va`nost na slobodata na mediumite na zemjite-kandidati za ~lenstvo vo EU. Toj izrazi `alewe {to rabotnata grupa ne gi ispo~ituva rokovite za postignuvawe re{enie za dekriminalizacija na klevetata i navredata, no napomena deka iako rokovite se bitni, no najbitno e da se postigne kvalitetno re{enie koe }e bide prifateno od site.

Орав: Најва`но е да има квалитетно решение за клеветата и навредата

ZNM na sredb

Филе ги поддржа

Page 15: Тро-месечен билтен на ЗНМ

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

1515

Delegacija na ZNM, predvodena od pretsedatelot Naser Selmani, kon sredinata na mart, se sretna so francuskiot ambasador N.E. @an Klod [lumberger. Na sredbata, ambasadorot [lumberger i negovite sorabotnici ja pretstavija francuskata praktika za akreditacija na stranski novinari, {to kako informacija be{e pobarano od ZNM vo kontekst na donesuvawe na zakonot za dopisnici.

Ambasadorot uka`a deka francuskite propisi za akreditacija na dopisnicite se napraveni so cel da im ovozmo`at {to podobri uslovi za rabota na novinarite, bez da vovedat posebni ograni~uvawa.

Na sredbata, delegacijata na ZNM pobara zemjite- ~lenki na EU intenzivno da se zalo`at Vladata da gi sprovede preporakite na Evropskata komisija, koi bea promovirani minatata nedela vo Skopje na po~etokot na pretpristapniot dijalog na visoko nivo.

Kako kratkoro~ni zalo`bi se finalizirawe na procesot na dekriminalizacija na klevetata i navredata, so niski nadomestoci za nematerijalna {teta, kako i sproveduvawe na Zakonot za radiodifuzija.

Ambasadorot [lumberger go pozdravi dijalogot na Vladata so ZNM, kako instrument za podobruvawe na sostojbata na mediumite i veti deka od blisku }e go sledi dijalogot i }e ja ohrabruva Vladata da ispora~uva konkretni rezultati.

razgledaat komentarite na ekspertot na Sovetot na Evropa za zakonot za dekriminalizacija, bidej}i EU e spremna da poddr`i samo kvaliteten zakon, koj }e bide vo soglasnost so evropskite standardi.

Pretsedatelot na ZNM Naser Selmani se zablagodari na g. Sanino za poddr{kata od Evropskata komisija za dekriminalizacijata na klevetata i navredata i veti deka novinarite }e ostanat vklu~eni vo procesot so cel da se donese kvaliteten zakon, koj }e pridonese za zajaknuvawe na slobodata na izvrazuvaweto.

Selmani gi spomena i te{kotiite {to go sledat procesot, no istkna deka ako ima dobra volja od site vklu~eni strani, }e mo`at da se iznajdat pozitivni re{enija.

Шлумбергер: Ќе ја охрабрувам Владата за конкретни резултати

ba so Sanino

барањата на ЗНМна ниски надоместоци. Тој истакна дека освен декриминализа-цијата, од суштинско значење е обуката на судиите и новинари-те за судската пракса на Европскиот суд за човекови права и слободи од Стразбур.

Филе се согласи со укажувањето на Селмани дека пред как-во било донесување на нови закони или измени и дополнувања на постојни закони, Владата прво треба а обезбеди доследно почитување на постојните закони. Тој посебно ја истакна важ-носта на примената на членот 11 од Законот за радиодифузна дејност, со кој се санкционира конфликтот на интереси на носи-телите на јавни функции и медиумите.

Page 16: Тро-месечен билтен на ЗНМ

1616

Здружението на новинарите на Македонија обезбедува бенефиции за членството. Во момен-тов членовите можат да ги користат следниве бе-нефиции:

Правна помош за тужби за клевета или на-вреда и други правни услуги.

Членска книшка од ИФЈ која е признаена во повеќе од 120 земји низ светот и со неа се овоз-можуваат бројни попусти и пристап на новинарите во одредени институции и на настани.

Попуст за авиобилети од 10 до 20 отсто од „Croatia Airlines“ .

Попуст од 2 отсто на билетите на „Руле турс“ за сите линии дома и во Европа.

„ЈП Градски паркинг“ овозможува бесплатно да ги користат паркинзите кога се на работна задача.

Попуст од 20 отсто за билетите на „Струмица експрес“.

Попуст од 10 отсто за купување книги од кни-жарницата KupiKniga.mk.

Членарината на ЗНМ намалена на 300 денари

Управниот одбор на ЗНМ во април донесе одлука со која годишната членарина се намалува од 600 на 300 денари. Дополнително, Управниот одбор донесе одлука да им овозможи на новинарите кои останале без работа, а кои ги исполнуваат условите за зачленување предвиде-ни со Статутот, да ги ослободи од членарина.

Колегите кои во 2012 година платиле членарина од 600 денари, членството по автоматизам ќе им се про-должи и во следната 2013 година.

Одлуката е донесена за да им се излезе во пресрет на голем број новинари кои поради затворањето на некол-ку медиуми останаа без работа.

Бенeфиции за членовите на ЗНМ

Page 17: Тро-месечен билтен на ЗНМ

БИЛТЕН на Здружението на новинарите на Македонија

1717

Во рамките на Проектот за потти-кнување меѓуетнички дијалог во медиумската заедница, кој беше финансиран од УНЕСКО, ЗНМ во мај го промовираше прирачникот

„Етиката во новинарството“.Авторот на прирачникот Зоран Бојаровски

рече дека во изразботката на прирачникот биле опфатени повеќе активности, меѓу кои и формирање група од искусни новинари да му асистира на Советот на честа на Здружението за градење на нивните капацитети во однос на нивните надлежности.

Втората компонента предвидела сора-ботка со факултетите на кои има катедри по новинарство, од каде дојдоа повеќе студенти кои поминаа двомесечна пракса во медиу-мите.

„Новинарите треба да бидат постојано на штрек и постојано да учат, со цел да би-деме во кондиција да ги постигнеме големи-те цели, а тоа е етичко новинарство во една мултиетничка медиумска заедница“, рече Бојаровски.

Тој подвлече дека новинарите во Македо-нија, без оглед на нивната етничка припад-ност, треба подеднакво одговорно да изве-стуваат, да пишуваат и да соработуваат со која било друга етничка заедница во земјата.

„Не треба да постои каква било разлика, привилегија или каква било дискриминација во однос на етничката припадност на нови-нарите или во однос на јазикот на медиумите за кои известуваат, а во кои работат одреде-ни новинари“, рече Бојаровски.

Според Назим Рашиди од ЗНМ, проектот им овозможи на студентите-новинари да со-гледаат дека и за најсензитивните теми може да се најде заеднички јазик кој нема да биде навредлив за другата заедница и да видат како размилсуваат колегите новинари од, како што вели, различните јазички редакции, без да ги дели по етничка линија.

Промоција на прирачникот „Етиката во новинарството“

Авторот на прирачникот Зоран Бојаровски рече дека во изразботката на прирачникот биле опфатени повеќе активности, меѓу кои и формирање група од искусни новинари да му асистира на Советот на честа на Здружението за градење на нивните капацитети во однос на нивните надлежности

Page 18: Тро-месечен билтен на ЗНМ

Ovoj proekt e delumno poddr`an od Ambasadata na SAD. Mislewata, otkritijata, i zaklu~ocite, ili preporakite izneseni ovde se na avtorot(ite), i ne gi odrazuvaat onie na Stejt Departmentot na SAD.