Билтен бр.1

8
Некомерцијално издание Besplaten ПРИМЕРОК Година 1 Број 1 ПРЕТПРИЕМАЧ.МК Глобална Недела на Претприемништвото 2009 16 – 22 Ноември Ендрју Ки Малите и средни претпријатија се клучни инвеститори ЕИИЦМ - Европски Информативен и Иновативен Центар во Македонија Ноември 2009 Излегува еднаш месечно 3 5 6 8 ДЕВЕТ СОВЕТИ КАКО ДА БИДЕТЕ ЕФЕКТИВЕН ЛИДЕР ИНТЕРВЈУ СО ЕНДРЈУ КИ амбасадор на Обединетото кралство ПЕТ ЛЕСНИ ЧЕКОРИ ЗА МОТИВАЦИЈА НАРОДНАТА БАНКА ЈА СМЕНИ ПРОЕКЦИЈАТА ЗА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ Во 2008 година, Глобалната Недела на Претприемништвото беше првото славење на претприемништвото, ширум светот, кое има цел да ги ослободи претприемачките идеи кај младите луѓе и ги лоцира некои од најголемите општествени проблеми, почнувајќи од намалување на сиромаштијата до климатските промени. Во текот на најиновативната недела во светот, 16 – 22 Неоември, 2009, Глобалната Недела на Претприемништво 2009 ќе им го претстави претприемништвото на милиони млади луѓе ширум светот и ќе ги охрабри да размислуваат за иновацијата како возило кое може да ги одведе било каде. Како многу движења од светски размер, Глобалната Недела на Претприемништвото започна со идеја. Визијата да се инспирира иновација кај младите луѓе започна со Британскиот премиер Гордон Браун и Карл Шрам, претседател и Извршен директор на Ивинг Марион Кауфман Фондацијата (Ewing Marion Kauffman Foundation). Глобалната Недела на Претприемништвото беше комбинација и експанзија на две успешни иницијативи – дебатата за Претприемничката Недела во САД во 2007 и инспирацијата позади сето тоа, Неделата на Организации и компании во Велика Британија, која беше за прв пат лансирана во 2004 од страна на премиерот Браун. Глобалната Недела на Претприемништвото набрзо порасна во светско движење со цел да ги ослободи идеите на идните претприемачи. Во 2008, инаугурациската година, Глобалната Недела на Претприемништвото инволвираше повеќе од 3 милиони учесници, 100 земји, 25.000 активности и 8.800 партнери. Имајќи ја предвид целта да се инспирираат младите луѓе во насока да ги прифатат иновацијата, имагинацијата и креативноста, Глобалната недела на Претприемништвото ги охрабри младите да размислуваат за големи идеи, да ги претворат нивните идеи во реалност и да остават свој белег. Партнери од повеќе од 77 земји ширум светот земаа учество за овој настан, вклучувајќи ја Австралија, Бразил, Кина, Франција, Мексико, Нигерија, Пакистан И Уганда. Организации, кои рангираат од големи невладини до мали општински групации, организираа свои активности. Списокот на земји учеснички и партнерски организации вклучува многу земји со силни економски предизвици, предлагајќи разбирање на поимот и вредноста на претприемништвото во светски рамки. Глобалната Недела на Претприемништвото 2009 ветува да биде уште поголема. Растечка коалиција од организации активно ја планираат Неделата во повеќе од 75 земји. ГНП ќе ги изнесе идеите на виделина и ќе ги поврзе со претприемничките млади умови. Минатата година, 2008, за прв пат во Македонија, беше одржана ГНП, од 17 до 23 ноември. www.gew.com.mk. Ова ја вклучи Македонија во 75 земји ширум светот кои го организираат овој настан. Оваа година, истиот настан ќе се одржи од 16 – 22 ноември. Главната цел е да се промовира претприемништвото помеѓу младите луѓе, ширум светот. Основачите на оваа кампања се организациите “Make Your Mark” од Велика Британија и Kauff- man Фондацијата од САД. Целта на овој настан е да се мотивираат младите луѓе на возраст до 30 години да го прифатат претприемништвото, да започнат нивна сопствена компанија, да станат поиновативни и покреативни, наместо да бараат вработување. Во севкупно времетраење од една недела, 70 настани ќе бидат организирани во 10 различни општини. Минатата година ГНП доби огромен позитивен фидбек од најразлични организации (образовни, комерцијални, непрофитни и јавни), кои ќе го стимулираат претприемничкиот дух преку нивните активности. ПСМ Фондација www.yesincubator.org. mk, во соработка со АППРМ www.apprm. gov.mk, како домаќини на ГНП настанот, работат на промовирање на поимот претприемништво, на зголемување на претприемничкото образование и тренинзи, да промовира политики поволни за претприемништвото и да ја олесни комерцијализацијата на нови технологии развивани од страна на претприемачи, кои имаат голем удел во подобрувањето на економската состојба на Република Македонија. Глобалната меѓузависност не е нова идеја, ниту пак е важноста на интернационалната перспектива. Луѓето, информациите, и идеите се шират наоколу непречено. Главната цел е да ја растеме нашата претприемничка економија. Нема географски или социо-економски граници за Глобалната Недела на Претприемништвото. Секој може да земе учество: Универзитети и училишта, цивилни и не-профитни организации, големи корпорации, микро бизниси – станете партнери; Владата, влијателни луѓе и лидери – поддржете ги партнерите; Надежни претприемачи – споделете ја вашата експертиза и поврзете се со следната генерација на претприемачи; Средни училишта и студенти на факултет – Учествувајте и креирајте ја вистината; Посетете ја веб страната на Глобалната Недела на Претприемништво 2009, www. gew.com.mk  и www.unleashin- gideas.org.  

Upload: maja-menkova

Post on 11-Mar-2016

247 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

Pretpriemac bilten broj 1

TRANSCRIPT

Page 1: Билтен бр.1

Некомерцијално издание

Besplaten ПРИМЕРОК

Година 1 Број 1

ПРЕТПРИЕМАЧ.МКГлобална Недела на

Претприемништвото 2009

16 – 22 Ноември

Ендрју КиМалите и средни претпријатија се

клучни инвеститори

ЕИИЦМ - Европски Информативен и

Иновативен Центар во Македонија

Ноември 2009Излегува еднаш месечно

3

5

6

8

ДЕВЕТСОВЕТИ КАКО

ДА БИДЕТЕЕФЕКТИВЕН

ЛИДЕР

ИНТЕРВЈУ СОЕНДРЈУ КИ

амбасадор наОбединетото

кралство

ПЕТ ЛЕСНИЧЕКОРИ ЗА

МОТИВАЦИЈА

НАРОДНАТА БАНКАЈА СМЕНИ

ПРОЕКЦИЈАТАЗА ЕКОНОМСКИОТ

РАСТ

Во 2008 година, Глобалната Недела на Претприемништвото беше првото славење на претприемништвото, ширум светот, кое има цел да ги ослободи претприемачките идеи кај младите луѓе и ги лоцира некои од најголемите општествени проблеми, почнувајќи од намалување на сиромаштијата до климатските промени. Во текот на најиновативната недела во светот, 16 – 22 Неоември, 2009, Глобалната Недела на Претприемништво 2009 ќе им го претстави претприемништвото на милиони млади луѓе ширум светот и ќе ги охрабри да размислуваат за иновацијата како возило кое може да ги одведе било каде. Како многу движења од светски размер, Глобалната Недела на Претприемништвото започна со идеја. Визијата да се инспирира иновација кај младите луѓе започна со Британскиот премиер Гордон Браун и Карл Шрам, претседател и Извршен директор на Ивинг Марион Кауфман Фондацијата (Ewing Marion Kauffman Foundation). Глобалната Недела на Претприемништвото беше комбинација и експанзија на две успешни иницијативи – дебатата за Претприемничката Недела во САД во 2007 и инспирацијата позади сето тоа, Неделата на Организации и компании во Велика Британија, која беше за прв пат лансирана во 2004 од страна на премиерот Браун. Глобалната Недела на Претприемништвото набрзо порасна во светско движење со цел да ги ослободи идеите на идните претприемачи. Во 2008, инаугурациската година, Глобалната Недела на Претприемништвото инволвираше повеќе од 3 милиони учесници, 100

земји, 25.000 активности и 8.800 партнери. Имајќи ја предвид целта да се инспирираат младите луѓе во насока да ги прифатат иновацијата, имагинацијата и креативноста, Глобалната недела на Претприемништвото ги охрабри младите да размислуваат за големи идеи, да ги претворат нивните идеи во реалност и да остават свој белег. Партнери од повеќе од 77 земји ширум светот земаа учество за овој настан, вклучувајќи ја Австралија, Бразил, Кина, Франција, Мексико, Нигерија, Пакистан И Уганда.Организации, кои рангираат од големи невладини до мали општински групации, организираа свои активности. Списокот на земји учеснички и партнерски организации вклучува многу земји со силни економски предизвици, предлагајќи разбирање на поимот и вредноста на претприемништвото во светски рамки. Глобалната Недела на Претприемништвото 2009 ветува да биде уште поголема. Растечка коалиција од организации активно ја планираат Неделата во повеќе од 75 земји. ГНП ќе ги изнесе идеите на виделина и ќе ги поврзе со претприемничките млади умови. Минатата година, 2008, за прв пат во Македонија, беше одржана ГНП, од 17 до 23 ноември. www.gew.com.mk. Ова ја вклучи Македонија во 75 земји ширум светот кои го организираат овој настан. Оваа година, истиот настан ќе се одржи од 16 – 22 ноември. Главната цел е да се промовира претприемништвото помеѓу младите луѓе, ширум светот. Основачите на оваа кампања се организациите “Make Your Mark” од Велика Британија и Kauff-man Фондацијата од САД.Целта на овој настан е да се мотивираат

младите луѓе на возраст до 30 години да го прифатат претприемништвото, да започнат нивна сопствена компанија, да станат поиновативни и покреативни, наместо да бараат вработување. Во севкупно времетраење од една недела, 70 настани ќе бидат организирани во 10 различни општини. Минатата година ГНП доби огромен позитивен фидбек од најразлични организации (образовни, комерцијални, непрофитни и јавни), кои ќе го стимулираат претприемничкиот дух преку нивните активности. ПСМ Фондација www.yesincubator.org.mk, во соработка со АППРМ www.apprm.gov.mk, како домаќини на ГНП настанот, работат на промовирање на поимот претприемништво, на зголемување на претприемничкото образование и тренинзи, да промовира политики поволни за претприемништвото и да ја олесни комерцијализацијата на нови технологии развивани од страна на претприемачи, кои имаат голем удел во подобрувањето на економската состојба на Република Македонија. Глобалната меѓузависност не е нова идеја, ниту пак е важноста на интернационалната перспектива. Луѓето, информациите, и идеите се шират наоколу непречено. Главната цел е да ја растеме нашата претприемничка економија. Нема географски или социо-економски граници за Глобалната Недела на Претприемништвото. Секој може да земе учество: Универзитети и училишта, цивилни и не-профитни организации, големи корпорации, микро бизниси – станете партнери;Владата, влијателни луѓе и лидери –

поддржете ги партнерите;Надежни претприемачи – споделете ја вашата експертиза и поврзете се со следната генерација на претприемачи;Средни училишта и студенти на факултет – Учествувајте и креирајте ја вистината;

Посетете ја веб страната на Глобалната Недела на Претприемништво 2009, www.gew.com.mk  и www.unleashin-gideas.org. 

Page 2: Билтен бр.1

2ПРЕТПРИЕМАЧ.МК

Европскиот информативен и инов ат ивен цент ар во Македонија (ЕИИЦМ) е макед-онск иот партнер во глоб алната мрежа- En-terprise Europe Network. Оваа мрежа е еден од клучните инструменти за реализација на Рамковната програма за конкурентност и иновации на Европската унија – CIP (Com-petitiveness and Innovation Framework Pro-gramme 2007-2013). Европската мрежа на претпријатија или Enterprise Europe Netw-ork настана со спојување на мрежите во Евро-зоната кои даваа поддршка на малите и средни претпријатија: Мрежата од евро-инфо центри (EIC) и Мрежата на иновативни релејни центри за трансфер на технологии (IRC). Во Мрежата денес членуваат преку 600 партнерски организации од 44 држави, и тоа: здруженија на претпријатија, стоп-ански комори, универзитети, агенции кои даваат услуги на повеќе од 25 милиони мали и средни претпријатија (МСП). Мрежата Enterprise Europe Network e aдмин-истр ирана од страна на Извршната агенција за конкурентност и иновации – EACI при Европската комисија. Во Република Мак-едонија, ЕИИЦМ претставува проектен конзорциум координиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Членки на конзорциумот се и Фондацијата за мен аџм-ент и индустриско истражување, Агенцијата за поддршка на претпр и емн иштвото на Република Македонија и Стоп анск ата комора на Македонија. Со воспост авув ање на конт-акт со која било од овие институции, македонските МСП можат да ги добијат услугите од Мрежата, преку еднош алтерски систем и бесплатно.

Главната цел на ЕИИЦМ е да изнајде партнерства на македонските МСП на гло-балниот пазар.

Дејноста на центарот опфаќа:Интернационализација на македонски-1. те МСП во бизнис сферата, во трансфе-рот на технологии и учество во научно-истражувачки проекти;Дисеминација на информации од доме-2.

нот на ЕУ политиките, иницијативите и тековите релевантни за МСП;Наоѓање на меѓународни партнери за 3. бизнис соработка, технолошка размена и заедничко учество во развојни про-екти;Организација на меѓународни настани: 4. компаниски мисии, брокерски настани, средби на компании и други форми на билатерална и мултилатерална сора-ботка;Воспоставување, водење и ажурирање 5. на бази на македонски компании за меѓ ун ародна соработка;Информации и публикации за актуелни 6. меѓународни прашања, теми и наста-ни; Обука, помош и поддршка на македон-7. ските МСП за учество на единствениот европски пазар;Поддршка на македонските субјекти за 8. учество во програмите на Европската унија (ЦИП, ФП7 итн.);Промоција на македонските традицио-9. нални и културни вредности.

ЕИИЦМ внатрешно е структуриран во 3 модули: модулот А- кој во себе ја вклучува дејноста на поранешниот Евро-инфо цен-тар; модулот Б – кој ја вклучува дејноста на Иновативниот релеен центар за трансфер

на технологии; и модулот Ц – кој има зада-ча да обезбеди партнерство на секторот на МСП со академската заедница, со универзи-тетите и со научно-истражувачките центри.Enterprise Europe Network e застапена во следните држави: Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бу-гарија, Велика Британија, Германија, Грција, Данска, Египет, Естонија, Ерменија, Ирска, Исланд, Италија Израел, Кина, Кипар, Лат-вија, Литванија, Луксембург, Македонија, Малта, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, САД, Сирија, Словачка, Словенија, Србија, Турција Унгарија, Фин-ска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Чиле, Швајцарија, Шпанија, Шведска. nКонтакт:

Европски информативен и иновативен центар во Македонија – ЕИИЦМУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје – координаторБул. Крсте Мисирков бб1000 СкопјеМакедонијаТел. ++389 2 3293 204

Европски информативен и иновативен центар во Македонија - ЕИИЦМ

h Основна мисија на ЕИИЦМ е

да се подобри конкурентноста на македонската економија

преку зголемување на степенот на иновации на МСП.

Тоа е впрочем и основната цел на CIP-програмата.

g

Водење дневник за будење на креативноста

Иако пишувањето не е вашата работа од соништата, доколку воведете ваква практика (водење дневник) во вашето раб отење е одличен начин да ја поттикнете креативноста. Три причини зошто е тоа така.

Ќе ви помогне да се ослободите }од глупостите кои ви се мотаат низ глава. Факт е дека низ глава ни се мотаат разни работи. Најчесто ни се мотаат мисли како „Никогаш нема да бидам добар како тој/таа“, „Никогаш нема да успеам„, и сл. Кој може да биде креативен со сета таа галама во главата? Ако го запишете сето тоа, автоматски сите тие глупости од главата сте ги пренеле на хартија и веднаш ќе почувствувате тишина. Одеднаш, способни сте да размислувате, а не само да реагирате. Оваа тишина ќе потрае некое време, доволно да почн-ете да размислувате креативно, а со тоа и да добиете некоја нова идеја.

Ви дава можност да испробате }некој нова идеја. Нема подобар начин да испробате дали вашата идеја ќе функционира, освен да ја запишете на хартија. Напишете ги позитивните и негативните работи, направете сценарио, играјте си „ш.б.б.к.б.б.“ игри (што би било, кога би било). Најдобро од се е што сето тоа го пиш-увате во ваша тетратка и никој нема да има пристап до тоа. Пробајте да ги запишете вашите соништа, надежи, визија и цели. Играјте си со нив. Може

баш на тие листови хартија ќе се визуелизира вашата идеја крист ално и чисто.

Шанса да се поврзете со ваш­}ата инспирација. Откако ќе го напр авите првиот чекор и ќе ги исфрлите глупостите од вашата глава, инспирацијата ќе почне да се појавува. Може нема да се појави во моментот на пишување, може да се појави додека се туширате, додека возите, пешачите. Откако сте ја испразниле вашата глава, инспирацијата може да се појави било каде. Најбитно е да запомните дека инспирацијата „зборува“ тивко. Затоа е многу битно почесто да го практикувате првиот чекор, редовно да ги исфрлате демотивирачките мисли и да слушате внимателно.

ВЕЖБА ЗА КРЕАТИВНОСТ:Земете лист и пенкало. Запишете го вашиот предизвик-дали е тоа да почнете бизнис, да го промовирате вашиот бизнис, да унапредите некој процес или било што друго. Сега започнете да пишувате за тоа. Не размислувајте, само пишувајте. Ако почувствувате дека малку забегувате од темата, застанете, вратете се и продолжете да пишувате. Пишувајте 20тина минути. Ако не дојдете до одговор до тој момент, не очајувајте. Пробајте ја оваа техника нар едниот ден или неколку дена по ред. И запомнете, најдобрите идеа доаѓаат случ ајно, и во моментот кога најмалку ги очекуваме! n

Еве што значи рецесијата за малите бизниси и што можете да преземете за што е можно подобро да се заштитите од евентуални економски последици по вашиот бизнисот.

Продажбите и профитот може да опаднатВообичаено, прва жртва за време на рецесија се прод-ажбите. Откако ќе опаднат продажбите, обично набрзо потоа опаѓа и профитот.Доколку во минатото вашите продажби биле одлични и можете да си дозволите мал пад во продажбите, тогаш не грижете се; но доколку навистина треба да ги зголемите продажбите, дури и по цена на тоа да имате евентуални дополнителни трошоци, тогаш постојат два начини како да го постигнете тоа.Едниот начин е да се обидете со намалување на профитот да добиете повисоки вредности на прод-ажбата. Другиот начин би бил да потрошите повеќе на маркетинг и рекламирање, а притоа да ги задржите маргините на профитот непроменети.Ова исто така ќе ги намали вредностите на вашиот профит бидејќи ќе ви се зголемат трошоците за марк-етинг. Сепак, ваквиот чекор не само што ќе го зголеми вашето присуство на пазарот туку, кога економијата ќе излезе од рецесија, вие може да станете првиот кој ќе ги жнее плодовите.

Вашите трошоци може да се зголематРецесија која е придружена со висока стапка на инфл-ација ќе значи дека вашите месечни трошоци може да пораснат, дури и ако се соочите со застрашувачката задача да го одржувате вашиот профит. Ова може да ги „изеде“ вашите заштеди и како што ќе одминуваат деновите, да ви создаде финансиски проблеми.Можете да ги намалите трошоците преку нивно редуц-ирање или пак разделување. Непотребните трошоци треба целосно да ги избегнувате, а само трошоците кои се поврзани со вашиот бизнис треба да бидат решавани и тоа според приоритетот.

Вашите залихи може да ве повлечат надолу Одржување големи залихи и во нормални услови е тешко, но за време на рецесија може да влијаат како товар кој ве влече надолу. За да се зголеми вашиот профит, треба да научите побргу да ги ротирате вашите залихи.

Користете најнова технологија за да водите евиденција на вашите залихи. Овие технологии не се многу скапи, а обично се многу лесни за совладување и кор истење. Доколку е потребно, понудете ги преку ударни продажби сите ваши производи кои споро ротираат. Запознајте се со методата „токму на време“ за да се придржувате на вашиот распоред на залихи и испораки.

Вашите вработени може да се обесхрабратБорејќи се да ги платат растечките трошоци со ограничените примања во услови на рецесија, кризата може да влијае и на моралот на вашиот персонал.Обидете се да ги наградите вашите најзаслужни вработени или да им помогнете со тоа што ќе им обезбедите поволни заеми со кои ќе ја пребродат кризата. Сепак, ќе треба да се ослободите и од бескор-исните вработени и да ги отпуштите оние враб отени кои не работат како што треба.Ова ќе резултира во помал, но и поефикасен персонал за вашиот бизнис. Луѓето може да полемизираат до недоглед дали во моментов се случува рецесија или не, но како и да го наречеме овој пад на економијата, тој сепак ќе се одрази на вашиот бизнис. Горе спом-ен атите методи може да ви помогнат да издржите во овие кризни времиња. n

Mакедонскиот партнер во глобалната мрежа- Enterprise Europe Network Oдличен начин да ја поттикнете креативноста

Бизнис рецесијата и што значи таа за вашиот бизнис

Рецесијата за малите бизниси

Page 3: Билтен бр.1

3 ПРЕТПРИЕМАЧ.МК

KAKO ДА МУ СЕ ДОПАДНETE НА СВОЈОТ ШЕФ1. Не поставувај прашања на коишто

можеш да дадеш одговорЗвучи утешно да го прашаш својот шеф кога ти недостасува доверба или се чувствуваш дека ти треба од обр-ување, но следниот пат прво запр-ашај се себе: “Дали шефот ќе биде способен да ми одговори подобро отколку јас самиот/самата?” Во пов-еќето случаи, најверојатно не. Ти си ја знаеш работата подобро од било кој, биди снаодлив/а и пред се внимателно промисли ги работите.

2. Решенија, не проблеми“Ме вознемирува кога луѓето доаѓаат кај мене со проблеми и очекуваат решенија.”Не одете кај Вашиот претпоставен со проблем доколку не сте потрошиле барем 10 минути мислејќи на можните решенија. Вашиот шеф ке биде импр-ес иониран ако појдете кај него со некој интригантен проблем и кога ќе предложите начин како тој проблем би можел да се реши.

3. Никогаш не се извинувај“Сакам кога луѓето превземаат одговорност за своите грешки.”Постои правилен начин да се направи ова. Почнувајќи со извинување пр-ави да изгледате слабо. Следниот пат кога ќе направите некоја грешка (се разбира ненамерна) пробајте со следново: ”Мислам дека овој проект можеше да биде подобар.” или “Гледано во ретроспектива, мислам дека требаше да постапам поинаку.” или “Следниот пат ќе направам...” Вашиот шеф ќе биде воодушевен и ќе се фокусира повеќе на тоа што сте научиле од вашата грешка отколку на тоа што сте погрешиле.

4. Не станувај емотивен“Се ежам (буквално кажано) од електр онската пошта што ја добивам од некои членови на мојот тим.”Никогаш не праќајте е-пошта во момент на бес и фрустрација. Искушувачки е веднаш да се одговори на е-пошта која ве вознемирува. Напишете го вашиот одговор, но не го праќајте. Почекајте барем половина час, потоа

прочитајте го повторно првичниот меил и вашиот одговор. Девет од десет пати, вие ќе се смирите и ќе може да испратите поконструктивен одговор кој би имал поголеми шанси да биде земен во предвид.

5. Прејдете ги границите на вашите обврскиЕдна од најфрустурачките изјави за вашиот шеф е “Тоа не е моја работа.” Сите во некој момент биле назначени да извршат некоја работа која не е во нивниот работен опис. Одговорете на новите предизвици. Некогаш најд-обар начин да се пронајдете себе е извршувајќи нови обврски. Доста е веројатно дека ке научите нови работи и вашиот шеф ќе биде воодушевен од вашиот тимски дух и ќе запамети дека сте се понудиле за помош.

6. Не ја навредувајте неговата/нејзината интелегенција“Кога некој од вработените ќе ми испрати порака дека е болен и не може да дојде на работа, премногу е очигледно дека лаже.”Постои правилен и нeправилен начин да се изведе ова. Праќање е-пошта, текст уална порака или јавување дека сте болен, за вашиот шеф е сигурен знак дека лажете. Следниот пат, пор-асн ете и кажете му на вашиот шеф директно.

7. Прашајте и дадете повратен одговор“Многу ми се допаѓа кога некој од мојот тим ќе ми даде повратен одговор за нешто што јас сум го направил”Комункацијата фукционира во двата правци и сите реагираме позитивно на повратен одоговор. Ако има нешто што вашиот шеф го работи, а вас ви се допаѓа, кажете му/и. Нешто просто како “Ја ценам вашата поддршка на тој состанок” ќе го/ја натера вашиот шеф да размисли како неговите/нејз ините постапки влијаат на вас. Позитивниот повратен одговор ќе го зајакне однесувањето и ќе ја подобри работната врска со вашиот шеф.

8. Престанете да “кенкате”“Секогаш постои една личност кој­ашто се жали за се. Тоа ме пол уд ува мене и сите останати.”Сите ние мора некогаш да се ослоб-одиме од негативната енергија, но ваш ите колеги и вашиот шеф ќе заб ел-ежат доколку секогаш вие сте тој што иницира. Како вашиот шеф ќе знае кога навистина има проблем доколку се жалите за се и сешто? Вашиот шеф ќе ве почитува повеќе ако ги одбирате вашите битки.

9. Бидете проактивни“Ги забележувам луѓето кои ги реал­из ираат своите идеи.”Сите ние имаме еден куп предлози за тоа како да се подобрат работите на работното место или идеи за нови проекти. Нема никаква корист од испр-аќ ање на листа на идеи на вашиот шеф, најверојатно ниедна од нив нема да се реализира ако вие не превземете одговорност. Одберете една или две од најдобрите идеи и водете се според нив. Вашиот шеф ќе се восхитува не само на вашето иновативно разм исл-ување, туку и на иницијативата која сте ја преземале за реализирање на идеите. n

Девет основни правила за тоа

Како размислуваат претприемачитеНачинот на размислување/мислење е ваш-ата подготовка за влез во светот на претпр -иемништвото; се започнува во умот. Ако Вашиот ум не е подготвен, тогаш треба да се развива, почнете да читате книги, или да слушате музика, изложете го Вашиот ум на различни нешта, но пазете да не ги земате мислењата на другите како факти.

h Предизвикајте го Вашиот ум,

предизвикајте се себеси!

g

Вашиот начин на размислување е оној кој ви дава различен пристап кон животот, ви помага да сфатите дека можете да бидете одлични, наместо да се задоволите со добри. Ви овозможува постојано да имате желба да се усовршувате.Понекогаш ја потценуваме моќта на умот. Кога нешто сме намислиле, тогаш сме нез-ап ирливи и единствениот кој може да не сопре... сме самите ние!Имајте отворени погледи на размислување. Гледајте на работите од различни персп-ект иви.Некои луѓе не прашуваат, тие само дејств-уваат, затоа што така е полесно. Не ги прав ете работите затоа што така е полесно, туку затоа што тоа е најдоброто решение.Дозволете некој да мисли за вас, или да го креира вашиот начин на размислување, но не дозволувајте да станете робови на туѓите мислења и размислувања.Не се плашете да ја напуштите „сигурната зона“. За да успеете во било кој бизнис, мора да бидете подготвени да преземете ризик. Секако, не влегувајте слепо во риз ични ситуации; мора да знаете да го пресм етате ризикот, за да видите дали ви се исплати да го преземете или не.Темпото на економски промени се забрзува, водено од иновации, подобрување на пр-оц есите и нашата постојана потрага за подобри, побрзи и поефтини производи и услуги.Ако никој не ја знае иднината и што таа носи, тогаш можеби иднината ти припаѓа токму тебе.

Можете да ја промените иднината, можете да ја промените вашата иднина. Вашата виз ија како да управувате со иднината е исто толку добра како на било кои друг. И, не заборавајте дека сте се уште млади.Искористете ја вашата младост. Да се биде млад, значи да се има еден куп нови идеи како да се започне со бизнис.Ако погледнете наназад, некои од најг ол-емите компании во моментов, започнаа со нешто што дотогаш го немало на паз арот. Најдете го вашиот сегмент, и можностите за раст и напредок се... непостоечки. Понатака, дури и кога ќе дојдат конкурентите, вие веќе ќе го имате искуството кое тие го немаат, и солидна база на потрошувачи, чија доверба сте ја стекнале со текот на времето. n

Светот на претприемништвото

ДЕВЕТ СОВЕТИ КАКО ДА БИДЕТЕ ЕФЕКТИВЕН ЛИДЕРЛидерството како предизвик

Вие сте лидер кога другите ве следат затоа што сакаат, не затоа што мораат.

Лидерите се луѓе од доверба1. Лидерите се ефективни не затоа што имаат најкомпетентни практики, или најдобри процеси, или затоа што остваруваат многу телефонски јавувања. Потрошувачите ќе прават б изн ис со луѓе кои тие ги сакаат. Тие сакаат луѓе на кои може да им веруваат, а им веруваат на луѓе кои покажуваат интерес и компетентност. Вработените ќе работат подобро ако се чувствуваат слушнато, ако јасно знаат што се бара од нив и ако сметаат дека Вие разбирате дека и тие се луѓе.

Лидерите слушаат2. Умешноста да се сослуша соговорникот не е наследна, таа се стекнува. Пов-еќ ето вештини се стекнуваат во ран ото детство и ако децата не се чувствуваат сослушани, тогаш голема е веројатноста дека и тие како возрасни нема да ја поседуваат вештината на сослушување. Луѓето се мотивирани од лидери кои ги сослушуваат. Тие повеќе би следеле пример отколку совет, затоа креирајте подобри слушатели со тоа што ќе бидете добар сослушувач. Сите знаат по нешто што Вие не го знаете, па затоа сослушувајќе ги вашите вработени што имаат да кажат може да произлезат добри идеи за како да ја подобрите вашата организација.

Лидерите не осудуваат3. Ако критикувате нечија идеја, многу е голема веројатноста дека нема да ја прифатат твојата. Две глави разм исл-уваат подобро од една и ефективна тимска работа секогаш треба да биде опција. Ова не значи само да ги научите

другите како да работат заедно и да ги прифаќаат идеите една на други, туку значи и вие да се вклучите во целиот тој процес.

Лидерите делегираат4. Потенцијалот на вработените најчесто е потценет. Добриот лидер не упр-ав ува со секој детал. Тие знаат да ги препознаат квалитетите на враб-от ените и им веруваат дека ќе ги искористат тие квалитети мудро.

Лидерите мотивираат5. Вработените тендираат да стагнираат во работењето кога паѓа нивото на мотивација. Мотивацијата не е она старомодното “ Прави како што ти кажувам или ќе биде тешко тебе!”- тоа е страв. Може да има краткотрајни, но не и долгорочни резултати. Нам-есто, предизвикајте ги вашите враб-от ени, тоа иницира возбудливост и креативност. Дајте им задачи што се малку надвор од нивниот досег и видете ги резултатите. Потоа, водете ги до решението, но не им го давајте. Тренирајте ги како да се откријат себеси и нивното самопочитување ќе расте, заедно со подобри резултати за вас.

Лидерите ги разбираат луѓето6. Луѓето во принцип, не се менуваат. Гледајте ги вашите вработени како што се сега, не ги споредувајте со некоја личност што се истакнува.

Лидерите учат7. Лидерите гледаат на себе и на сво-ите акции во стил што можеле да напр ават подобро и тоа да го сторат подобро наредниот пат. Лидерите се образуваат барајки информации, читајќи за управување, зборувајќи со други лидери, разменувајќи идеи и искуства, и никогаш не забораваат

дека промената е константна. Тие ги следат сите трендови во менаџментот, технологијата, индустријата и праш-ањ ата поврзани со човечкиот фактор. Кога нивниот бизнис ќе порасне на 5-15 вработени, лидерите се менуваат од менаџери на ствари во менаџери на луѓе, и од технички експерти на стратегиски.

Лидерите планираат однапред8. Не е доволно да дојдете на работа за само да ја завршите работата и на крајот од работното време да си одите. Тоа го прават вработените, тоа е нивниот договор. Лидерите разм ислуваат за тоа што ќе се случи следно, што ако и имаат готови одг-ов ори и планови за акција. Постојано размислуваат за иднината, запишуваат идеи за подобрување и наоѓаат начини како секојдневните процеси да се одвиваат во најдобар можен ред.

Лидерите си поставуваат цели на 9. самите себеЛидерите инвестираат пари и рес-урси за сопствено надградување. Разм ислете каде сакате да бидете вие и вашиот бизнис за 3-5 години. Запишете ги вашите цели и запишете што треба да се преземе за да се оствари тоа. Целите може да бида фин ансиски, лични или поврзани со хоби. Направете план на вашиот живот. Постојано ревидирајте го планот за да ги измерите резултатите или да измените нешто доколку е потребно. Побарајте поддршка од тие што ви се блиски и информирајте ги за тоа какви се резултатите во однос на поставените цели. n

Page 4: Билтен бр.1

4ПРЕТПРИЕМАЧ.МК

По повод проектот “Започнување бизнис”, West-ern Union, ИК Банка и Фондација Институт Oтворено Општество, овозможија целосно опремување на компјутерска лабораторија, со што се овозможи користење на високотехнолошка мрежа, интерактивни тренинзи, мултимедијален онлајн концепт, вклучувајќи и онлајн учење и видео материјали од водечки предавачи по претприемништво.

Компјутерската лабораторија, со површина од 45м², е современо опремена со 12 десктоп компјутери од позн атата марка DELL, лаптоп, ЛЦД телевизор, ЛЦД

проектор и платно, како и постојана интернет конекција. Компјутерската лабораторија е на располагање за изнајмување како на фирмите станари од инкубаторот, така и на надворешни партнери и соработници, кои имаат потреба да дополнителен соодветен простор за тренинзи, семинари, обуки и слично.

Повеќе информации за изнајмување на компјутерската лабораторија може да се добијат на е-маил адресата: [email protected] n

Информативното биро за развојна програма (infoDev), во партнерство со Бразилската Асоцијација на Инкубатори и ИТ Паркови (ANPROTEC) и Бразилскиот Сервис за поддршка на микро и мали претпријатија (SEBRAE), го организираат третиот годишен infoDev Глобален Форум за Иновација и Претприемништво (Global Forum on Innovation & Entrepreneurship) од 26 - 30 октомври 2009, во Флорианополис, Бразил.

Деан Крстевски од “Брокер Инк.” (www.broker.com.mk) И Данчо Димков од “АдвертСМС” (www.advertsms.com.mk) беа избрани да присуствуваат на овогодинешниот форум млади претприемачи кои ќе имаат можност да ги претстават своите компании. Двете фирми се станари на ПСМ инкубаторот (www.yesincubator.org.mk).n

Една од основните цели на ПСМ Фондација е едукација, како за станарите на инк уб-аторот, така и за надворешни заинт ер-есирани лица. Овој пат станува збор за обука на тема Презентациски вештини, во соработка со Горан Петрески-заменик главен и одговорен уредник во А1 телев из-ија, која се одржа на 05ти и 06ти ноември во просториите на ПСМ.На оваа обука беа поканети и земаа учество млади постоечки и потенцијални претприемачи, бизнисмени и менаџери. Сите, кои сакаат да ги унапредат своите комуникациски вештини, а со тоа и да ја

претстават својата компанија во подобро светло, кои имаат задача да ја презентираат својата работа пред одредени јавности, каде потребна е комуникација пред голема публика. Целта на овие обуки е учесниците да се запознаат со основните елементи на изработка на презентација и најдобрите начини на презентирање. Ќе дознаат како да го победат својот најголем страв од комуникација пред многубројна публика и на тој начин да го унапредат својот личен имиџ и имиџот на својата компанија. n

Обука за Презентациски вештини Млади македонски претприемачи на infoDev Глобален Форум за Иновација и Претприемништво (Global Forum on Innovation & Entrepreneurship)

Oбука на тема Презентациски вештини, во соработка со Горан Петрески

infoDev Глобален Форум за Иновација и Претприемништво (Global Forum on Innovation & Entrepreneurship)

Првата сезона од CISCO „Започнување бизнис“ курсот, заврши со доделување на парични награди за три најдобри бизнис планови. Наградите се во износ од 1500$, 1000$ и 500$ респективно. Победниците се веќе прогласени, а наградите ќе бидат свечено доделени на Глобалната Недела на Претприемништво 2009.Вториот циклус од CISCO курсот е во тек, не ја пропуштајте можноста да научите како се прави добар бизнис план и притоа да бидете наградени! n

Ви претставуваме нова фирма станар во ПСМ бизнис инкубаторот. Овој пат се работи за Инфо Групација ДОО (www.mladiinfo.com).

Млади Инфо е веб портал, наменет за млади, амбициозни луѓе кои имаат желба да се усовршуваат и едуцираат во различни области на универзитетите и институциите низ светот. Нивна цел е на едно место да може да се најдат сите актуелни можн ости за студирање и доусовршување, стип-ендии, грантови, обуки и конференции, најразновидни конкурси, работа и пракса, како во Македонија, така и во странство.Одлична можност за сите додипломци и постдипломци кои сакаат да добијат повеќе информации за можностите за студирање во странство. n

Заврши натпреварот во бизнис план CISCO „Започнување бизнис“

Нови станари во ПСМ бизнис инкубаторот

Победниците се веќе прогласени, а наградите ќе бидат свечено доделени

www.mladiinfo.com нова фирма станар во ПСМ бизнис инкубаторот

Компјутерска лабораторија – Конференциска сала

Компјутерската лабораторија, со површина од 45м², е современо опремена со 12 десктоп компјутери

hВториот циклус од

CISCO курсот е во тек, не ја пропуштајте

можноста да научите како се прави добар бизнис план и притоа да бидете наградени!

g

Page 5: Билтен бр.1

5 ПРЕТПРИЕМАЧ.МК

Ендру Ки – малите и средни претпријатија се клучен двигател на економијата

Малите и средни претпријатија се сметаат за столб на европската економија, тие се мотор за иновациите и вработеноста во Унијата

Малите и средни претпријатија се сметаат за столб на европската економија, тие се мотор за иновациите и вработеноста во Унијата, вели амбасадорот на Обединетото кралство во Македонија Ендру Ки.Во пресрет на Глобалната недела на претприемништво, настан што амбасадата го поддржува амбасадорот вели оти со ова се остава можност младите полесно да се инспирираат и сами да почнат свој бизнис.

И во Скопје ќе се одржи глобалната недела на претприемништвото. Вие го поддржувате настанот, зошто сметате дека ова е значајно?

Нашиот бизнис министер Pet McFadden неодамна рече “тинејџер со идеја може да стане млад претприемач на утрешнината и бизнис лидер на иднината - со еден витален придонес да го направи идниот економски просперитет на Велика Британија”. За Обединетото Кралство концептот на претприемништвото без какво било сомневање е суштинска движечка сила на економијата. Ако зборуваме за ЕУ перспективата, малите и средни претпријатија се сметаат за столб на европската економијаТие се главниот мотор за иновации, вработување, но и за социјалната и локалната интеграција во Европа. Затоа, промовирањето на претприемничка креативност и иновација, на глобално ниво, во рамките на Глобалната недела на претприемништво што ќе се случува во Македонија од 11 до 22 ноември е од исклучително значење. Тоа е важно бидејќи го поттикнува основањето на една моќна глобална мрежа на контакти во бизнис-секторот. Гледајќи ги другите како успеале може да ни послужи како инспирација за многу млади луѓе во Македонија и ширум светот да го направат првиот чекор кон создавање сопствен бизнис како претприемачи.

ПОТРЕБНИ СЕ ДОБРИ ЗАКОНИ И ЗДРАВА КОНКУРЕНЦИЈА

Општ став е дека ситуацијата со претприемништво­то тука е очајна, малку луѓе ја реализираат својата идеја за бизнис, банките недоволно се отворени за соработка. Што мислите?

Откако сум тука, сум сретнал многу претприемачи со иновативни идеи кои водат успешни бизниси.

Некои од нив почнале со мал семеен бизнис и сега се дел од 200-те најголеми компании во Македонија. Тоа не значи дека нема предизвици. Некои од нив се поради глобалната економска ситуација. Во Македонија има многу превземени реформи за подобрување на бизнис климата и за поттикнување на претприемништвото во исто време. Последниот извештај за напредокот на ЕУ ги пофали напорите на Владата во оваа област особено воведувањето на систем за on-line пријава за мали и средни претпријатија. Преку него може да се регистрира фирма, извоз, увоз, плаќање на данок и социјалните придонеси. Драго ми е што нашата амбасада ја поддржа Агенцијата за претприемништво да воспостави поволна клима за претприемништвото и малите и средни претпријатија, за да се подобри конкурентноста на македонските компании на дом ашн-иот и на меѓународните пазари, да се поттикне подобро искористување на нивниот иновативен потенцијал. Еден од резултатите што произлезе од овие напори е воведувањето на претприемништвото во редовните наст авни планови, што исто така беше пофалено во последниот извештај за напредокот на ЕУ. Во прилог на ова, сме помогнале на стопанските комори на Македонија во нивната цел да го зајакнат секторот на мали и средни претпријатија како партнер и движечка сила на македонската економија.

Што треба да се направи за да се про мовира дом­ашн ото прет приемништво?

Секогаш може уште да се направи, тоа го научивме во Велика Британија. Многу е важно да има клима каде претприемачите и сопствениците на семејни бизниси можат да напредуваат и каде се промовираат креативноста и иновацијата и тие се наградуваат. Претприемничкиот интерес и талент треба да се поттикнува, особено меѓу младите луѓе. Зборувајќи генерално верувам дека ако се има предвидлива бизнис околина, поволна регулација и средина што поттикнува здрава конкуренција и се грижи за потребите на бизнис заедницата со отстранување на административните оптоварувања и непотребната бирократија ќе се придонесе за голем просперитет на МСП. Ако зборуваме за Обединетото Кралство, прво, нашето Одделение за иновации и Бизнис вештини прави голем напор за развојот на вештини и знаења како клучен елемент за почнување на бизнисот. Велика Британија сака да им помогне на младите луѓе да станат претприемачи - не само да им помогне да почнат да размислуваат за предностите на водење сопствен бизнис, но, да ги видат и бенефитите од претприемачко однесување. Некои од овие алатки се користат и во Македонија. Второ, нашата влада е посветена на промовирање на бизнис иновации, со цел да се создаде средина, во која иновациите може да процветаат, каде се препознаваат бизнисите и се достигнуваат придобивките од иновациите.

Институционално потребна ли е поголема под­дршка на младите прет приемачи овде во Маке­донија?

Владата може да игра важна улога во креирањето на добра рамка за претприемништво. Драго ми е дека Британската амбасада поддржа проект за зајакнување на претприемништвото, конкурентноста и иновацијата секако во партнерство со македонската Агенција за поддршка на претприемништвото. Јас би сакал да споменам еден неодамнешен пример од мојата земја. Само пред три дена Катедрата за бизнис, иновации и вештини додели милион долари, пари за добротворна организација The Prince’s Trust “да им се помогне на невработените млади луѓе да ја истражуваат издржаноста на нивните бизнис планови,

да ги развиваат нивните првични идеи и да го заживеат нивниот бизнис. Во следните пет месеци, 630 млади луѓе ќе учествуваат во нов курс на The Prince of trust. Се очекува 270 млади луѓе да видат како нивните бизниси заживуваат преку курсот се разбира. Педесет млади луѓе кои веќе успешно раководат свој бизнис со помош на The Prince’s Trust ќе станат млади амбасадори, ќе инспирираат други млади луѓе да бидат решителни.

ВО ЕУ СИТЕ РАБОТАТ ВО МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА

Колку според вас, може да се очекува промена. Ќе се менува ли сли ка та со претприемништвото со евро интегративните процеси?

Верувам дека во текот на процесот на европска интеграција, ќе се смени пристапот кон претприемништвото во Македонија. Македонија ја усвои Европската повелба за мали претпријатија и продолжува да ја спроведува заедно со страт-ег ијата за мали и средни претпријатија. Насоките од Повелбата станаа клучни референци за разв-ојот на претпријатијата и таа ќе продолжи да биде ефикасен инструмент за поттикнување на претпр иемништвото во годините што доаѓаат. Во срцето на европскиот економски систем е единствениот пазар, нуди едноставни, унифицирани прописи, фер конкуренција и стандарди на ниво

- во корист на бизнисите и потрошувачите. Ова е најдобра клима за МСП. Се направи уште многу за да се зголемат можностите за овие претпријатија, на пример, Европската комисија го усвои Законот за мал бизнис во 2008 година, за да им помогне на малите и средни претпријатија во целост да го отклучат нивниот потенцијал за долгорочен одржлив раст и за да креираат повеќе работни места. Значи, како што Македонија целосно ќе го приближува економското законодавство до европското и ќе се приближува до единствениот пазар, така секторот на мали и средни претпријатија допрва ќе се подобрува.

Кои се искуствата од поразвиените земји?

Повеќето работни места во ЕУ се во малите и средни претпријатија, во компании од 250 вработени или помалку. Тие имаат пресудно значење за идниот развој на европската економија. Европската комисија и земјите-членки ќе продолжат, сега уште повеќе, енергично да спроведуваат мерки за да обезбедат образование и обуки за претприемништво, обезбедувањето поевтин и побрз start-up, подобро спроведување на законите и регулативата, подобрување на интернет пристапот, за воведување на поволен даночен систем. Во суштина ЕУ ја посвети најдобрата опрема на малите и средни претпријатија за целосно да ги искористи предностите на единствениот пазар. Исто така постои постојан напор да се отстранат бар-иерите за концептот претприемништво. На пример, во моментот во Европа се поттикнуваат жени претпр-иемачи. Комисијата работи со земјите-членки да се најдат начини за надминување на факторите кои особено ги обесхрабруваат жените да станат претприемачи. Во Велика Британија научивме дека интегриран пристап кон поттикнување на претприемничкиот концепт, добрите прописи, отстранување на административните оптоварувања, инвестирање во знаење и вештини, промовирање на иновации и иницијативи, како на Глобалната недела на претприемништво имаат клучна улога во обезбедувањето на успехот на овој концепт. Мило ми е што на Глобалната недела на претприемништво се покажа како успешна во Македонија. Оваа година се организира по втор пат, ќе има различни говорници, професори, претставници од бизнис заедницата, Владата и многу млади учесници. Се надевам дека GEW 2009 година ќе ги инспирира и мотивира младите, и ќе

ве натера да започнете својот сопствен бизнис. n

hПедесет млади луѓе кои веќе

успешно раководат свој бизнис со помош на The

Prince’s Trust ќе станат млади амбасадори, ќе инспирираат други млади луѓе да бидат

решителни. g

hНашиот бизнис министер Pet

McFadden неодамна рече “тинејџер со идеја може да стане млад претприемач на утрешнината и бизнис лидер

на иднината - со еден витален придонес да го

направи идниот економски просперитет на Велика

Британија” g

Page 6: Билтен бр.1

6ПРЕТПРИЕМАЧ.МК

Дефинирање на претприемништво

Зборот претприемништво има многу значења. Од една страна, теоретски - претприемач е пионер - личност која почнува нови работи и поседува исклучителни карактеристики кои ретко кој друг ги има. Од друга страна, секој кој што сака да работи сам може да се именува како претприемач. Зборот претприемач доаѓа од францускиот збор entreprendre – што значи да превз емеш. Во бизнис контекст, ова значи да отпочнеш бизнис.

Ставот Schumpeter за претприемништвото

Австрискиот економист Joseph Schumpeter при дефин-ир ањето на претприемништвото особен акцент става на иновацијата на:

Нови продукти}Нови методи на производство}Нови пазари}Нови начини на организирање}

Претприемништво – мали бизниси

Многу луѓе ги користат термините претприемништво и сопственик на мал бизнис како синоними, но во реалн-

оста овие термини се различни и има разлика меѓу претприемништво и мал бизнис.

Претприемништвото се разликува од бизнисот на сл-едн иот начин:

Профит – наспроти традиционалниот начин на враб-отување и постепеното зголемување на просечниот профит, претприемачите се милионери

Брзина на профитирање – малите успешни бизниси има ат профит од неколку милиони во текот на нивното постоење, додека оваа бројка претприемачите ја достигнуваат најчесто за 5 години

Ризик – ризикот кој што претприемачот го презема сек огаш е многу висок

Иновација – претприемништвото најчесто е поврзано се некоја оддржлива идеја и креативна идеја, дод ека малите бизниси најчесто не се од таков тип. Иноват-ивноста може да биде продукт или сервис, или пак во начинот на кој се спроведува истиот. n

Ставот Schumpeter за претприемништвото

Âèäåòå êàäå êóïóâààò äðóãèòå!

.mk.mk

ww w: .p eo xh .ms- ke

Ðàáîòíî âðåìå 24/7 Áðçà èñïîðàêà Îíëà¼í ïëààœå

Øèðîêà ïàëåòà íà ïðîèçâîäè

02/3103 663 [email protected]

www.ex.mkwww.ex.mk

Êóïóâàœåòî íèêîãàø íå áèëî ïîëåñíî...

Äîñòàâà äî äîìà íèç öåëà Ìàêåäîíè¼à

Ïëààœå ñî

Пет лесни чекори за мотивацијаКако менаџментот постигнува мотивација на работното место во денешното општество? Тоа е одлично праш-ање, затоа што успехот лежи во мотивирано работно место. Без мотивација крајниот резултат е слаб квалитет на работното место. Некои прашања кои требаат да се земат во превид кога станува збор за постигнување мотивација на работното место се дадени подолу. Секое работно место има различни ситуации. Сите прав ила не се однесуваат на неповрзани случувања. Тие се различни во зависност од ситуацијата во канц-ел арија, фабрика или градежна фирма. Тие сите ќе бидат различни.Една работа која ќе остане иста е човечката природа, и начинот на кој реагираме во различни ситуации. Еве пет фактори кои може да бидат контролирани:

1Различни типови на личности Ова е едно од најголемите прашања кои треба да бидат земени во предвид. Една работа треба да биде јасна, а тоа е дека сите луѓе се различни. Сите ние имаме различни карактери и каприци. Сите ние нема да се согл асуваме секој ден затворени во канцеларија, кујна, фабрика заедно. Едноставно тоа не е возможно. Не е нач инот не кој сме создадени. Тоа што една личност може да го смета за конструктивен критицизам, друга може да смета дека личноста се однесува премногу “шефовски”. Една личност за себе може да смета дека е продуктивна, а личноста до неа да смета дека тој/таа е мрзлива. Едноставно тоа е начинот на кој луѓето размислуваат различно. За да може менаџментот да си ја врши успешно работата, мора да ги разберат разликите кај луѓето и да научат како да се справат со тие прашања. Мора да научат како да бидат дипл ом-атски настроени во вакви ситуации и да се осигураат дека работата ќе тече во најдобар ред.

2 НаградиКлучот за мотивација се целите. Значи, ако мотивацијата на работното место е нешто што се посакува, во тој случ ај наградите за вработените се нужност. Тие мора да бидат мотивирани за извршување на одлична раб-ота. Дали тоа ќе бидат унапредувања, бонуси или едн-ост авно зборови на потврдување за добро изврш ена работа, тие тоа го заслужуваат.

3Работна околинаРаботното место мора да биде забавно и место во кое ќе се ужива во вршењето на работата. Една личност поминува во просек 7-10 часа на тоа место. Ако не е

забавно и удобно место, тогаш мотивацијата не може да биде постигната. Луѓето можат да работат, да се соц иј ализираат и да се смеат во исто време! Тоа може да биде постигнато.

4 НезависностВработените мора да бидат способни да мислат самите. Никој не сака да му се кажува што да прави и кога и како секоја минута од денот. Вработениот мора да знае какви се очекувањата и да му биде дозволено да ги постигне. Тие ќе бидат горди ако извршувањето е нивна идеја и начин на вршење на работите

5 Простор за правење грешкаЧестопати менаџментот на работното место не ги зема во предвид грешките. Во случај да настане грешка никој не знае што да направи за да ја поправи. Менаџментот има задача да направи план Б во случај нешто да појде наопаку. И секогаш нешто поаѓа наопаку! n

Без мотивација крајниот резултат е слаб квалитет на работното место

ПЕТ ПРИНЦИПИ ЗА РАЗВИВАЊЕ НА ЛИДЕРСКИТЕ СПОСОБНОСТИ

Самопочитување}Луѓето се мотивирани да работат ако се чувствуваат важни. Ефективните лидери им помагаат на своите вработени да развијат самопочитување. Ова може да се постигне ако обрнете повеќе внимание на нив и на нивното мислење секој пат кога ќе се најд ете во разговор. Покажете им дека нивниот напор се цени.

Планирање1. Членовите на некоја организација се поспособни да прифатат промени доколку постои план за акција. Планирањето е основа за ефективно лид ерство, затоа што и дава на организацијата конкретна насока и начини за постигнување на целите. Вие како лидер мора да планирате, бид-ејќи тоа ќе помогне во донесувањето на одлуки од страна на вашите вработени.

Мотивација2. Високо мотивирана работна средина е прод-укт ивна средина. Постојат многу бенефиции за организацијата кога нејзините вработени конст-

антно се мотивирани да работат. Еден од најв ажн-ите начини да мотивирате е вие самите да дадете пример. Како вие работите, водите, и како се нос-ите со самите себе, придонесува колку луѓето би сакале да работат за вас.

Делегирање3. Не може се да завршите вие сами. Ефективните лидери успешно ги делегираат обврските, со што си обезбедуваат време да планираат и да надгледуваат. Немој да се плашите дека ваш ите враб отени ќе напраат грешки доколку ги дел-ег ирате обврските. И вие може да направите грешка!

Еманципирање4. Ове е поврзано се делегирањето. Со тоа што ќе го поделите обврските со вашите вработени, вие всушност ги еманципирате. Тоа, на долг рок, ќе ја развие нивната креативност и ќе ги направи под-обри работници. n

Ефективно лидерство

Page 7: Билтен бр.1

7 ПРЕТПРИЕМАЧ.МК

Дали имаш концепт и умешност за да бидеш претприемач?

Сигурно веќе ти е познато дека започнувањето на нов бизнис бара опширно истражување и анализа на многу фактори. Но оној фактор кој што заслужува најголема проценка и внимание е најчесто превиден од многу пр-етпр иемачи. Но тој е најблиску и најдостапен, само на најбл иското огледало.

Тоа е затоа што желбата да бидеш претприемач е едно, а да бидеш претприемач е нешто сосема друго. Ќе имаш одговорности и обврски многу различни од оние на вработениот, па дури и ако имаш искуство како менаџер. Ова искуство може да биде добро наградено. Секако ако не си ментално и емоционално подготвен, ова искуство може да те совлада. Пред да почнеш да првиш финансиски планови и да ги планираш залихите, седни и направи си интервју со самиот себе, за да се осигураш дека си вистинскиот човек за сите важни работи на претприемачот-сопственик-шеф.

Дали се поттикнуваш самиот/самата себе?Ништо во бизнисот не се случува само по себе. Како сопств еник, ти си одговорен за се во фирмата, почн-увајќи од креирањето на визијата, до организирање на дневниот распоред. Самиот факт што читаш вакви натписи и истражуваш за претприемништвото е добар знак.

Дали размислуваш позитивно?Во моментот кога ќе станеш сопственик на фирма, ти се претставуваш себеси, твојата фирма и твоите очек-ув ања за успех. Се што ќе речеш или направиш мора да биде изразено преку доверливост и обврзување за напредување. Вработените кои што ги насетуваат овие квал итети, ќе ја делат истата желба за успех, дури и во тешки околности. Ако работиш сам, ќе има денови кога ќе мора да бидеш сопствен поттикнувач.

Дали си дисциплиниран/а?Твоите денови на рутина „од 8 до 4” се завршени. Водењето на мал бизнис бара постојана обврзаност за квалитет и детали. Не може да си дозволиш да „одиш по скратен пат”, да пропушташ крајни рокови, или пак да даваш ветувања кои што се далеку од твоите можности и не може да ги оствариш. Ако планираш да го водиш бизнисот од дома, мора да бидеш способен да одолееш на искушенијата и одвлекувањата на вним анието со цел да ја завршиш работата.

Дали си доживотен ученик?Претприемачите кои постојано бараат информации, нови идеи и совети имаат најголеми можности за успех. Да бидеш во ритам со движењата на трендовите на па-з ар от, значи полесно прилагодување на производите и услугите на потребите на купувачите. Исто така, ќе можеш да ја зајакнеш твојата конкурентна позиција и ефикасност, и да ги идентификуваш потенцијалните проблеми, дури и пред да се појават.

Може ли да се продадеш себеси и твојот бизнис?Луѓето најчесто имаат проблеми по ова прашање поради негативната конотација (најчесто нечесна) во која што се употребува терминот „продавач”. Ниеден бизнис, макар колку и да е добар, нема да успее без било каков маркетинг. Но добрата вест е тоа што пром овирањето на бизнисот е полесно отколку што мислиш, додека знаеш што треба да направиш и како тоа да го направиш. Најпосле, сите ние уживаме да кажуваме убави работи за себе. Кога ќе ја раскажеш твој ата приказна на вистински начин, повеќе луѓе ќе сакаат да ја слушнат.

Дали си објективен/на?Твоите идеи и искуства може да ти се чинат „непробојни”, но реалноста е нешто сосема друго. Дали навистина има потрeба од твојот производ или услуга на пазарот? Дали работното време им одговара на твоите вработени? Дали изнајмувањето на опрема е подобро од купување на истата? Добар бизнис сопств eник знае како да го истражи секое прашање од многу перспективи и да ги познава можностите и ограничувањата на секоја од нив.

Па, како помина твојот тест за претприемач­сопственик­шеф? Ако одговорот на повеќето прашања ти беше „да” , твојот сон за мал бизнис има шанси да стане реалност. За слабостите и критичните точки секогаш постојат бизнис консултанти, курсеви за менаџмент, па и сопствен напор за отстранување на непродуктивни навики на сметка на нови. Како и да е, кога работиш за себе треба да бидеш самоуверен претприемач-сопствени-шеф, кој што знае што сака и знае што точно прави. n

Започнувањето на нов бизнис бара опширно истражување и анализа

Што го прави претприемачот претприемач?Сигурно постојат некои специфични карактеристики, кои се потребни за успешен претприемач и за среќа за оние кои сакаат да станат претприемачи или сакаат да си ги развијат своите претприемачки вештини, овие карактеристики можат да се научат.

Следните карактеристики се заеднички помеѓу оние што го имаат “она што е потребно”

Сигурен во себе, полн со самодоверба и нез ав-}исенСпособноста да постави јасни и мерливи цели}Способноста да бара информации и ресурси за }пост игнување на целитеЛидерски способности}Да прифати дека грешките и ризикот се дел од }успехотДа може да работи и по 50 часови неделно- не е }типичен вработенДа поседува неограничена себе мотивација}Да биде подготвен да се соочи и да ги надмине }своите лични стравови и ограничувањаНатпреварувачки дух}Градење на ефективни врски и соработка со }тимовитеСекогаш да поседува идеја или подобар начин за }остварување на целитеИскуство или знаење за некоја специјалност}Желба да направи се за да успее}Да има развиено силно чувство за насока}Да поседува неограничен потенцијал – секогаш }сп ос обен да расте, учи и изведува подобро

Како успешен претприемач:

Треба да размислуваш за своите проекти и идеи }како дел од поголемата слика и да ги разбереш како деталите се вклопуваат и интегрираат во

цел ината. Овој начин на размислување е општо познат како системски и може да се набават многу книги на оваа тема. Системското размислување е ефективно за умешноста и вештините кои се потребни за креативност и решавање на пробл-емите.

Треба да поседуваш надмоќна потреба за дост-}игн увања и да имаш силен натпреварувачки дух, па дури и со самиот себе. Секогаш треба да се трудиш да се надмудриш себеси и другите. Овој процес треба да биде природен како и дишењето, а воедно треба да биде твојата движечка сила.

Треба да имаш одлучност и посветеност за да }бидеш иследен во обврските, полн со самодоверба и да ги имаш работите под контрола. Исто така, треба да дејствуваш во позитивна атмосфера. Сите “морам” треба да ги претвориш во “сакам”, и да работиш на принципот “можам” и “ќе го направам”. Не се плaшиш од неуспех затоа што неуспех не е збор во твојот речник, ниту пак опција – туку неуспехот се изедначува со фидбек, а фидбекот е основа на секое учење.

Ти си објективен, но треба да имаш способност да }го процениш ризикот реално во глобалната слика. Имаш способност за антиципирање на развојот кои што ти го даваат решението во многу случаи. Го користиш твојот инстинкт за големите крајни ефекти. Ги имаш потребните ресурси и поседуваш одлични способности за решавање на проблемите и посветеност за надминување на пречките како што тие се појавуваат.

Треба да имаш одлични комуникациски вештини. }Знаеш колку е важна јасната и концизната комун-икација за успехот. Исто така имаш големо позн-ав ање за бизнисот во кој што си. n

Потребни карактеристики за успешен претприемач

Page 8: Билтен бр.1

8ПРЕТПРИЕМАЧ.МК

Народната банка ја смени проекцијата за економскиот раст

Народната банка ја смени проекцијата за екон-

омск иот раст годинава од – 1,8 на – 1,6 проц енти.

Прогнозата се ревидира поради најновите поз итивни

ревизии на проекциите за глобалната екон омија,

екон омиите на земјите кои се извозни партнери на

Македонија.

НБМ очекува падот во третиот квартал годинава

да биде поголем значаен дури – 2,5 отсто, сигнали

на стабилизација се очекуваат дури на крајот на

год ината. Според проекциите на Централната банка

год ин ава земјата ќе ја заврши со ниска стапка

на инфлација како што беше проектирана од 0,6

проц енти. Поради смалениот ризик, се коригира и

дефицитот во тековната сметка од 11,6% од БДП на

9,1% од БДП.

Според советот на НБМ кредитирањето е со

динамиката што беше предвидена. Кредитен раст

сепак ќе има, но е значително помал од ланскиот.

Очек уван е годишен раст на кредитите од само 2,6%.

Народната банка не дава сигнали за олабавување на

политиката – нема намалување на основните каматни

стапки. Централата само потврдува дека девизниот

пазар сега е стабилизиран и ризиците се намалени,

но не се исклучуваат. n A.М.

Проекција за економскиот раст годинава

Четврта регионална инвеститорска конференција на ЈИЕНеколку македонски компании учествуваат на четврт-ата Регионална инвеститорска конференција на пазарите на капитал што денеска се одржува во Виена.На конференцијата, што ја организираат Raiffeisen Centr obank AG заедно со берзите од Југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонската, присуствуваат 50 австриски и меѓународни инвеститори, како 19 компании од Југоисточна Европа. Компаниите ќе имаат можност да се претстават пред стручната инвестициска заедница, а планирано е да се одржат и 100 „еден на еден“ состаноци.

Благото опоравување на пазарите на капитал }предизвика значителен пораст на интересот на институционалните инвеститори за поголем проток на информации. Од тие причини на нашите клиенти им нудиме платформа за поинтензивна комуникација, вели Michael Spiss, член на Одб-орот на директори на Raiffeisen Centrobank AG. Од македонска страна на конференцијата ќе се претстават „Алкалоид“, „Гранит“ и „Комерцијална банка“. n Ф.М.

Компаниите ќе имаат можност да се претстават пред стручната инвестициска заедница

Поволни кредити за почетни бизниси: Извозна и кредитна банка во соработка со Фондација Институт отворено општество – Македонија

Критериуми Микро и мали претпријатија, основани најмногу до 3 (три) години од лица до 35 •годишна возраст.

Корисници Фирми од ПСМ Инкубаторот и микро и мали претпријатија кои ги исполнуваат •наведените критериумите.

Намена Основни, обртни средства или комбинирано•

Каматна стапка 7,5% на годишно ниво •

Клаузула Денарски кредити •

Надомест за обработка 1,5% од износот на кредитот еднократно однапред •

Рок на враќање До 5 години (со вкучен грејс период од 6 месеци) за основни средства•До 3 години (со вкучен грејс период од 6 месеци) за обртни средства•

Начин на враќање Месечни ануитети •

Износ на кредит До 1.000.000,00 МКД•

Обезбедување Флексибилно обезбедување во зависност од кредитната изложеност.•

Потребни документи Стандардизирана листа на документи достапна во сите филијали на ИК БАНКА •АД, веб станата на Банката, како и достава на истата на Ваше барање

Потребни документи Стандардизирана листа на документи и формулар за кредитно барање достапни •во сите филијали на ИК БАНКА АД, на веб станата на Банката, како и достава на листата на Ваше барање

Начин на аплицирањеПоднесување на документите во сите филијали на ИК БАНКА АД, преку веб •станата на ИК БАНКА АД, како и подигнување на документите од страна на службениците на Банката на Ваше барање