ИНФО СЕГА Билтен 1

11
СОДРЖИНА: ПРВИОТ БИЛТЕН НА ИНФО СЕГА !!! Драги Читатели, Ви благодарам што го читате нашиот прв е – билтен! Го цениме тоа што одвоивте време за да дознаете што работи Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА. Во овој е билтен ќе најдете информации за тековните проекти и активности на ИНФО СЕГА, како и тоа што планираме за во иднина – за повеќе информации посетете ја нашата веб страна www.infosega.org.mk Доколку имате било какви коментари пишете ни на [email protected] ОТВОРЕН ПРВИОТ МЛАДИНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И СОВЕТОДАВЕН ЦЕНТАР! ИНФО ДЕНОВИ МЕЃУ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ “ИНФО СЕГА“ НА МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА ОБУКА ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ДЕНОВИ НА ИНФОРМИРАЊЕ ЗА “ИНФО СЕГА“ БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК МУЗИЧКИ НАСТАН “ВКЛУЧЕТЕ НЕ!“ ЗАПОЗНАВАЊЕ НА НВО СЕКТОРОТ СО “ИНФО СЕГА“ “ИНФО СЕГА“ ПРЕTСТАВЕН НА ИНСТИТУЦИИТЕ “ИНФО СЕГА“ НА ПИВО ФЕСТ ВО ПРИЛЕП ЗАПОЧНАА БЕСПЛАТНИТЕ КУРСЕВИ ПО ФРАНЦУСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА “ИНФО СЕГА“ ДОЗНАВААТ И ДИРЕКТОРИТЕ НА СРЕДНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА НОВИНАРСКИ БЕЛЕШКИ Web: http://www.infosega.org.mk/ e-mail: [email protected] Телефон: +389 (48) 529 486 Адреса: Ул. Питу Гули бр. 6 (позади Општина, поранешен Водовод) Годишната програма на СЕГА е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas, имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

Upload: elektronski-knigi

Post on 28-Mar-2016

251 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

Infosega bilten

TRANSCRIPT

Page 1: ИНФО СЕГА Билтен 1

СОДРЖИНА:

ПРВИОТ БИЛТЕН НА ИНФО СЕГА !!!

Драги Читатели, Ви благодарам што го читате нашиот

прв е – билтен! Го цениме тоа што

одвоивте време за да дознаете што работи Младинскиот Информативен и

Советодавен Центар ИНФО СЕГА. Во

овој е – билтен ќе најдете информации за тековните проекти и активности на

ИНФО СЕГА, како и тоа што планираме за во иднина – за повеќе

информации посетете ја нашата веб страна www.infosega.org.mk Доколку имате било какви коментари пишете ни на [email protected]

ОТВОРЕН ПРВИОТ МЛАДИНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И СОВЕТОДАВЕН ЦЕНТАР! ИНФО ДЕНОВИ МЕЃУ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ “ИНФО СЕГА“ НА МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА

ОБУКА ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

ДЕНОВИ НА ИНФОРМИРАЊЕ ЗА “ИНФО СЕГА“

БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК МУЗИЧКИ НАСТАН “ВКЛУЧЕТЕ НЕ!“ ЗАПОЗНАВАЊЕ НА НВО СЕКТОРОТ СО “ИНФО СЕГА“ “ИНФО СЕГА“ ПРЕTСТАВЕН НА ИНСТИТУЦИИТЕ

“ИНФО СЕГА“ НА ПИВО ФЕСТ ВО ПРИЛЕП

ЗАПОЧНАА БЕСПЛАТНИТЕ КУРСЕВИ ПО ФРАНЦУСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК ЗА “ИНФО СЕГА“ ДОЗНАВААТ И ДИРЕКТОРИТЕ НА СРЕДНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА НОВИНАРСКИ БЕЛЕШКИ

Web: http://www.infosega.org.mk/

e-mail: [email protected] Телефон: +389 (48) 529 486

Адреса: Ул. Питу Гули бр. 6 (позади Општина, поранешен Водовод)

Годишната програма на СЕГА е поддржана со програмата CIVICA Mobilitas,

имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

Page 2: ИНФО СЕГА Билтен 1

Прилеп, 31 мај 2010 година Официјално Коалицијата на младински организации СЕГА го отвори првиот Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во Прилеп. На отворањето присуствуваа Извршниот директор на Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување (ERYICA), Г-дин Давиде Капеки, Раководителот на сектор за развој за младинска политика на Европскиот Младински Форум, Г-дин Дражен Пулјиќ, Извршниот директор на Коалиција

СЕГА, Г-дин Зоран Илиески, Директорот на Агенција за млади и спорт, Г-дин Диме Спасов како и Градоначалникот на Општина Прилеп Г-дин Марјан Ристески. Центарот е наменет за услуги и информации за младите луѓе од областа на: Вработување и волонтирање, Програми за размена на студенти, Стипендии за едукација во Македонија и странство, информации за образовни, рекреативни, културни и спортски настани. Покрај информациите, ИНФО СЕГА ќе организира обуки и едукации од областа на Граѓанско образование, Вработување и Здравство. Како дополнителни услуги кои ќе им бидат на располагање на корисниците се: директни, телефонски и online советувања, картички со попуст за млади, бесплатен интернет и издавање на жолта книга за млади. Услугите за сите млади луѓе кои ги нуди првиот Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА се бесплатни и во интерес на младите луѓе. Проектот Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е финансиран и поддржан од: Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија, Локална Самоуправа Прилеп, програмата CIVICA Mobilitas и Коалиција СЕГА. Локацијата на центарот е позади Локална Самоуправа Прилеп, простории кои ги користеше ЈКП

Водовод-Прилеп.

Прилеп, 03 и 04 јуни 2010 година Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА првите ИНФО ДЕНОВИ ги организираше меѓу средношколците во Гимназијата ―Мирче Ацев‖ – Прилеп и СОЕПТУ ‖Кузман Јосифоски-Питу‖ со цел информирање на младите за музичкиот хепенинг. Приоритетната цел беше воспоставување на директен контакт со младите за нивно информирање за услугите и информациите кои ги нуди Младинскиот Информативен и

Советодавен Центар, наменети токму за нив. Вакви средби (04 јуни 2010 година) со цел запознавање на средношколците за работењето на Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА беа организирани и во СОУ ―Ѓорче Петров―, СОУ ―Ристе Ристески Ричко― и СОУ ―Орде Чопела―.

ИНФО ДЕНОВИ МЕЃУ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ

ОТВОРЕН ПРВИОТ МЛАДИНСКИ ИНФОРМАТИВЕН И

СОВЕТОДАВЕН ЦЕНТАР ! 2

Page 3: ИНФО СЕГА Билтен 1

РАБОТИЛНИЦА ЗА КРЕИРАЊЕ НА КОМУНИКАЦИСКА

СТРАТЕГИЈА

“ИНФО СЕГА“ НА МУЗИЧКИ ХЕПЕНИНГ

Прилеп, 05 јуни 2010 година Младински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во сoработка со Коалиција СЕГА и Младински Совет Прилеп, на плоштадот Александија организираа музички хепенинг, под мотото ИНФО СЕГА, кој беше најавен во првите ИНФО ДЕНОВИ, при посетата на средношколците во средните училишта во Прилеп. Целта на настанот беше промовирање на центарот и запознавање на младите со услугите кои што тој ги нуди. Според бројот на посетители музичкиот хепенинг ја оствари својата цел.

На овој настан младите имаа можност да се информираат за бесплатните услуги што ги нуди единствениот младински инфо центар во Македонија ИНФО СЕГА.

Прилеп, 15 и 19 јуни 2010 година Во Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА се одржаа работилници за креирање на комуникациска стратегија. Со оваа стратегија се има за цел да се развијат пораки и да се креира акционен план, во насока на информирање на различните целни групи за услугите кои ги нуди центарот.

Прилеп, 26 и 27 јуни 2010 година Во ИНФО СЕГА беше организирана oбука за прибирање на

финансиски средства. Оваа обука имаше за цел да се прибираат

средства за понатамошните активности на ИНФО СЕГА.

ОБУКА ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ

СРЕДСТВА

3

Page 4: ИНФО СЕГА Билтен 1

ДЕНОВИ НА ИНФОРМИРАЊЕ ЗА “ИНФО СЕГА“

Прилеп, 23 јуни 2010 година Во просториите на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА започна циклусот на Денови на информирање на младите со цел доближување на инфо центарот до младите и утврдување на нивните потреби. Првата средба се одржа со подмладокот на политичките партии во Прилеп. Персоналот на ИНФО СЕГА изврши кратка презентација на основните цели на центарот, на услугите и информациите кои тој ги нуди. Присутните, покрај тоа

што имаа можност да се запознаат со тимот кој работи во ИНФО СЕГА, беа информирани и за улогата и работењето на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА. „Младите од општина Прилеп преку Младинскиот информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА ќе бидат информирани за актуелните случувања од областа на вработувањето, волонтирањето, кај нас и во странство! Тие ќе имаат можност да се запознаат со користењето и аплицирањето за стипендии во Македонија и во странство. Центарот нуди едукации и обуки за граѓанско образование, вработување, здравство и превенција, а како доплонителни услуги се директно, телефонско и online советување, бесплатен интернет и картичка со попусти за млади. Целта е информациите да стигнат до нив― - објасни Игор Ламбевски — раководител на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА. На средбата се дискутираше на повеќе теми: потребите на младите во општина Прилеп; подобрување и проширување на услугите кои центарот ги нуди и промовирање на центарот со цел поголема информираност на младите. Воедно беше оценето дека интересот на младите за услугите кои ги нуди ИНФО СЕГА е голем, а беа дадени и нови идеи за нови активности и соработка. Во наредните денови во рамките на циклусот, Денови на информирање на Младинскиот

Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА беа реализирани средби со невладини

организации во Општина Прилеп и со претставници на институциите и установите кои работат со

млади, се со цел подобра соработка и координација во информирањето на младите.

4

Page 5: ИНФО СЕГА Билтен 1

МУЗИЧКИ НАСТАН “ВКЛУЧЕТЕ НЕ!“

БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК

Прилеп, 30 јуни 2010 година Во паркот кај основниот суд Прилеп, каде од 19.00 - 22.00 часот, го посетуваат најчесто млади луѓе, беа поставени штандови со промотивен материјал, со цел запознавање на младите за бесплатните услуги и информациите кои што ги нуди Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА со посебен акцент на започнувањето со новите бесплатните курсеви по Англиски и Француски јазик. Предавачите на курсевите се од Америка и Франција. Курсевите се за основно и напредно ниво со посебен фокус на

комуникацијата. На часовите учесниците на курсот ќе имаат можност да се запознаат и со културите на овие две земји. Покрај овие курсеви ИНФО СЕГА започнува и со испорачување на обуки од доменот на младинско вработување (пишување на CV и мотивационо писмо, симулации за интервју...).

Прилеп, 01 јули 2010 година На овој настан Младинскиот Информативен и советодавен центар ИНФО СЕГА постави штандови со промотивен материјал за услугите и информациите кои се наменети за младите, се со цел да го промовира ИНФО СЕГА и да ги запознае со можностите што тој им ги нуди. Музичкиот настан се одржа на летната бина на плоштадот Александрија - Прилеп, а настапија млади музички групи од општина Прилеп. Овој настан беше дел од промотивната кампања на проектот ―Информирани – Мотивирани - ВКЛУЧЕНИ!― кој се имплементира

во општините Прилеп и Кавадарци во организација на Младински Совет Прилеп. Целта на проектот е да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување на одлуки и политики на локално ниво.

5

Page 6: ИНФО СЕГА Билтен 1

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА НВО СЕКТОРОТ СО “ИНФО

СЕГА“

Прилеп, 01 јули 2010 година Во просториите на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА се одржа втората средба од циклусот на Денови на младинско информирање со невладиниот сектор во Општина Прилеп. На средбата присуствуваа претставници од невладините организации: Младински Совет Прилеп, Коалиција СЕГА, Мултикултурна мрежа 5 до 12, Скорпион, Младинска мултикултурна заедница, USAID проект - Моја кариера, Канцеларија за пратенички прашања и претставник на Локалната самоуправа

Прилеп. На презентацијата за улогата и потребата од постоењето на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, беа претставени основните цели на центарот, услугите и информациите кои ги нуди со цел невладиниот сектор да ја пренесе информацијата до младите од општина Прилеп за тоа што ИНФО СЕГА им овозможува на младите. Беа посочени основните цели на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА: информирање на младите за актуелните случувања од областа на вработување, волонтирање во Македонија и во странство, можноста за аплицирање за стипендии во Македонија и во странство, како и бесплатните услуги, што ИНФО СЕГА ги нуди за едукации, обуки, граѓанско образование, вработување, здравство и превенција. На средбата беа отворени неколку теми за дискусија: потребите на младите во општина Прилеп;

утврдување на каналите за взаемна комуникација меѓу Младинскиот Информативен и Советодавен

Центар ИНФО СЕГА и невладините организации и заедничко промовирање на центарот со цел

поголема информираност на младите. По средбата општа оценка е дека интересот на невладините

организации за соработка со ИНФО СЕГА е голем. Секоја невладина организација накратко ги

презентираше активностите во кои се вклучени младите од општина Прилеп во нивната

организација и се согласија преку веб страната на ИНФО СЕГА да праќа информации за секоја

нивна активност и на тој начин информациите што побрзо да стигнуваат до младите луѓе.

Беше разгледана идејата за постојани едномесечни средби на невладините организации за да продолжи размената на идеи во градење на пофункционален Младински Информативен и Советодавен Центар. Во дискусија беа дадени и неколку интересни идеи:

Идеја за организирање на ИНФО ДЕН во центарот на градот каде ќе се постават

штандови од сите невладини организации и младите ќе можат да се запознаат со активности на НВО секторот, со посебен акцент на промовирање на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА. Оваа идеја беше едногласно прифатена од сите претставници на НВО секторот. Идејата за телевизиска емисија на локалната ТВ Канал Визија, исто така наиде на

одобрување од сите претставници на НВО организациите присутни на средбата. Основната цел на идејата е пошироката јавност да биде запознаена со постоењето и работењето на Младински Информативен и Советодавен Центар.

Оваа средба од циклусот на средби Денови на информирање на младите сите присутни ја оценија

позитивно, со цел соработката на НВОи кои работат на решавање на проблеми на младите да

продолжи и во иднина.

6

Page 7: ИНФО СЕГА Билтен 1

“ИНФО СЕГА“ ПРЕTСТАВЕН НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Прилеп, 08 јули 2010 година

Во Младинскиот Информативен и Советодавен

Центар ИНФО СЕГА се одржа третата средба од

циклусот на Денови на младинско информирање со

претставници и директори од локалните институции

кои работат со млади во Општина Прилеп. На

средбата на директорите и претставници од Центар за

култура ,,Марко Цепенков‖ - Прилеп, Црвен Крст на

Македонија, Меѓуопштински центар за социјална работа

- Прилеп, Сојуз на училишен спорт, Фонд за здравствено

осигурување, подрачна единица Прилеп,

ФМЈЗУ ,,Центар за јавно здравје‖, Работнички Универзитет ,,Пере Тошев‖ им беа презентирани

основните цели на центарот, услугите и информациите кои тој ги нуди, како и потребата од него.

„Целта е младите од општина Прилеп да се информираат за актуелните случувања од областа на вработување, волонтирање во Македонија и странство, како да се дојди до стипендии и да се аплицира за нив во Македонија и во странство, како да се напише добро CV” – објасни персоналот на ИНФО СЕГА и посочи дека младинскиот инфо центар нуди и бесплатни едукации, обука за граѓанско образование, обуки за вработување, едукации за здравство и превенција, а како дополнителни услуги директно, телефонско и online советување, бесплатен интернет и картички со попусти за млади. Претставниците на институциите имаа можност да се запознаат со тимот кој работи во ИНФО СЕГА, но и да добијат подетални информации за функционирањето и работењето на Младинскиот информативен и советодавен центар, ИНФО СЕГА. На средбата се дискутираше за: Потребите на младите во општина Прилеп; Утврдување на каналите за взаемна комуникација меѓу Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА и локалните институции; Промовирање на центарот со цел поголема информираност на младите, се потврди дека и институциите се заинтересирани за соработка со ИНФО СЕГА. На средбата присутните претставници на локалните институции, накратко ја презентираа нивната поврзаност со младите и со информациите кои тие би можеле да ги понудат, а се наменети за младите. Претставникот од „Центарот за јавно здравје‖, соопшти дека е отворен кабинет за бесплатни гинекошки прегледи и консултации за младите кој работи на превенција од полово преносливи болести и работи со целосна дискреција и анонимност за младите.

Претставникот од „Фондот за здравствено осигурување― понуди пакет услуги преку кои младите

можат да го оставарат правото на бесплатно здравствено осигурување и информации за

младите во кои клиники или приватни болници можат бесплатно да се лекуваат.

Претставниците на ,,Сојузот на училишен спорт‖ информираа за нивните тековни активности во кои имаат вклучено голем број на млади лица кои спортуваат, со што со сите нив Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА постигна договор за понатамошна соработка. Претставникот од „Центарот за социјална работа― објасни во која област младите можат да ги остваруваат нивните права, од законот за заштита на децата, деца со посебни потреби - право на посебен додаток, старателство, борба против невработеноста.

7

Page 8: ИНФО СЕГА Билтен 1

“ИНФО СЕГА“ НА ПИВО ФЕСТ ВО ПРИЛЕП

“ИНФО СЕГА“ ПРЕTСТАВЕН НА ИНСТИТУЦИИТЕ

Претставникот од „Агенцијата за вработување― на град Прилеп ја презентираше Национална стратегија за борба против навработеноста укажувајќи на услови за поттикнување на младите за отворање на приватен бизнис, а претставникот од Работничкиот Универзитет ,,Пере Тошев‖ ги презентираше услугите кои унивезитетот ги нуди од областа на неформалното образование за младите. Претставникот од „Црвен Крст― ги изнесе накратко активностите во кои се вклучени младите во оваа организација, како и едукациите за превенција на врсничко насилство, едукации за превенција од болести на зависност, тестирање на младите за

ХИВ СИДА и ХПВ. Претставникот од „Центарот за Култура Марко Цепенков― ја искажа соработката со ИНФО СЕГА и начинот на информирање за активностите од областа на културата во Општина Прилеп. На средбата се постигна согласност за соработка со институциите да праќаат информации по електронски пат за секоја услуга и активност што ја нудат.

Прилеп, 15 - 18 јули 2010 година За време на одржувањето на ПИВО ФЕСТ 2010 во Прилеп Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, организираше ИНФО ДЕНОВИ во периодот 15 - 18 jули, под мотото „Посетете го нашиот центар и заедно со вас ќе продолжиме сигурно да градиме една поубава иднина!“ Целта на овој настан беше да се искористи големото присуство на младите на Пиво фестот, за да се информираат за постоењето и услугите на првиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во Македонија. Во текот на 4-те денови, над 5000 млади го посетија штандот, кој

што беше поставен во центарот на градот. Интересот на младите на Инфо Деновите за време на Пиво Фестот воглавно беше насочен кон информациите за тековните уписи на факултетите и можностите за стипендии во земјава и странство. Исто така посебно беше забележана позитивната реакција за бесплатните курсеви по англиски и француски јазик и обуката за CV и мотивационо писмо кои центарот бесплатно ќе ги испорачува во наредниот период. Преку директни разговори со младите, тимот на ИНФО СЕГА, разговараше за нивните потреби, се со цел проширување на услугите во иднина, како и за подобрување на квалитетот на работа на ИНФО СЕГА.

8

Page 9: ИНФО СЕГА Билтен 1

ЗА “ИНФО СЕГА“ ДОЗНАВААТ И ДИРЕКТОРИТЕ НА

СРЕДНИТЕ ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА

ЗАПОЧНАА БЕСПЛАТНИТЕ КУРСЕВИ ПО

ФРАНЦУСКИ И АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Прилеп, 26 јули 2010 година Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, започна со бесплатни курсеви на Англиски и Француски јазик. Познавањето на странски јазик е приоритет во остварувањето на желба за вработување или образување на своето знаење затоа интересот кај младите за овие курсеви беше огромен. Покрај запознавањето со јазикот и совладувањето на вештината за подобра јазична комуникација, младите на овие курсеви имаат можност и да се запознаат со американската и француската култура, зашто што предавачите се од Америка и Франција.

Прилеп, 31 август 2010 година

Остварена средба со директорите на средните општински училишта во Прилеп на тема “Соработка на ИНФО СЕГА со средните училишта од општина Прилеп во

полето на младинско информирање и едукација”

Во Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, се одржа состанок со директорите од средните општински училишта во Прилеп на тема ―Соработка на ИНФО СЕГА со средните училишта од општина Прилеп во полето на младинско информирање и едукација‖. На средбата присуствуваа директорите од средни училишта: СОЕПТУ ,,Кузман Јосифоски- Питу‖, СОУ Гимназија ,,Мирче Ацев‖, СОУ ,,Ѓорче Петров‖, СОУ ,,Ристе Ристески Ричко‖, СОУ ,,Орде Чопела‖ и Советникот за образование од Локална Самоуправа Прилеп. На средбата стана збор за потребата од одржување на презентации, едукации и обуки на ИНФО СЕГА во средните училишта, а беше поддржана и идејата во секое училиште да се одржат едукации за обуки на тренери за врсничка едукација за сексуално и репродуктивно здравје и планирање на семејство, едукација за превенција од ХИВ СИДА, советување за подигнување на свеста за ризиците од алкохол, пушење и дрога кај младите и задолжителна едукација за граѓанско образование. На средбата со раководителите на средните училишта беше посочена потребата на средношколците за дополнително неформално образование, како и дополнителни обуки што би биле наменети за персоналот во средните училишта.

9

Page 10: ИНФО СЕГА Билтен 1

Прилеп: Отворање на младински информативен

центар “ИНФО СЕГА“

НОВИНАРСКИ БЕЛЕШКИ

10

Автор: Соња Миловановиќ 31 мај 2010, 07:48 Извор: Макфакс

Првиот Младински информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА, ќе биде денеска отворен во Прилеп. Основна цел на Младинскиот информативен и Советодавен Центар е обезбедување и ширење информации, давање совети, како и испорачување на обуки и едукации од различни сфери корисни за младите луѓе.

На свеченото отворање ќе присуствуваат Давиде Капеки, извршен директор на Европската Агенција за младинско информирање и Советување (ERYICA – European Youth Information and Counseling Agency) и Дражен Пулјиќ, раководител за развој на младинска работа и политика од Европски младински форум (European Youth Forum).

Page 11: ИНФО СЕГА Билтен 1

Прв младински инфо центар во Прилеп

НОВИНАРСКИ БЕЛЕШКИ

11

22.08.2010 Aвтор: Моника Талеска СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ ВО ПРИЛЕП НА ЕДНО МЕСТО, ВО ЦЕНТАРОТ „ИНФО СЕГА“ Во Прилеп започна со работа првиот младински информативен центар ИНФО СЕГА кој е сервис за информации за сите младинци. Целта на центарот е да се стават на располагање сите информации за волонтирање и вработување на младите, за EVS програмата, за аплицирање за стипендии во Македонија и странство, за размена на студенти, како и вклученост во образовните, културни и сите други општествени случувања во Прилеп, кои ќе придонесат младиот човек да стане сестрана личност, која ќе ги наоѓа патиштата за задоволување на сите свои потреби. Втората цел на Центарот е едукација на младите и нивна вклученост во програмата за заштита од сите пороци на современиот живот.Значи во просториите на Центарот што се наоѓаат веднаш зад општинската зграда сите млади луѓе може да добијат сознанија какви се опасности ги демне современиот живот, и како тие можат најсоодветно да се заштитат од болестите на зависност, а сепак да уживаат во својата младост. „Едукации во полето на младинското информирање, едукации во полето на граѓанското образование, се она што се подразбира под неформално образование...проектен циклус, младинско вработување, пишување мотивационо писмо и CV, имаме едукации и во полето на здравството и едукацијата, програми за заштита од сида, хив и сите оние преносливи болести― вели Игор Ламбевски, менаџерот на првиот Инфо Центар во Македонија, кој што е финансиран од Агенцијата за млади и спорт, прилепската Општина и Коалицијата „Сега―. Младите паралелно овде може да добијат стручен совет, за секој проблем во нивиот живот. Тие веќе доаѓаат, бараат решение за своите проблеми, но со целосна дискреција. „Од проблемите кои што ги погодуваат младите, можам да кажам дека најголем акцент се уште се сиромаштијата и невработеноста кај младите, најважно е да се каже тоа дека советувањето се одвива во анонимна атмосфера која што гарантира дискретност. ИНФО СЕГА ги повикува младите кои имаат проблеми слободно да се обратат, се со една цел младите од Општина Прилеп да изградат подобра иднина и поздрава средина,― вели Мариче Тренеска, социјален работник во Инфо-центарот. Младите може да доаѓаат секој ден од 09

00 - 16

30 часот.

Освен тоа може да ги следат сите курсеви и обуки. Се планира со поддршка на бизнис заедницата, тие да добијат и картички со попуст од 20 или 30% за одредени стоки и услуги. Овој младински центар е единствен во државата кој што работи според современите стандарди и принципи на европската агенција за информирање на младите ЕРИКА. „Било каде младите да се обратат, дали во Брисел, дали во Лондон или во Франција, секаде каде што функционираат центрите или пак во Прилеп ќе ги добијат истите: ниво на квалитет и истиот пакет на услуги,― потенцира Ламбевски. За почеток се организирани неколку активности. Одржани се на терен 5 инфо денови, под мотото „Денови на младинско информирање„ реализирани се средби со раководствата на подмладоците на политичките партии, со невладиниот сектор и со раководители на институции кои работат на полето на младите, но и со образовните институции во градот. Во иднина се планира да се отворат вакви центри во Скопје, Охрид, Битола и други градови.

Едукации во полето на младинското информирање, едукации во полето на граѓанското образование, се она што се подразбира под неформално образование...проектен циклус, младинско вработување, пишување мотивационо писмо, пишување на CV, имаме едукации и во полето на здравството и едукацијата, програми за заштита од сида, хив и сите оние преносливи болести.