ИНФО СЕГА Билтен 5

17

Upload: elektronski-knigi

Post on 28-Mar-2016

254 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

infosega bilten 5

TRANSCRIPT

Page 1: ИНФО СЕГА Билтен 5
Page 2: ИНФО СЕГА Билтен 5

Впвед

За ИНФО СЕГА

ИНФО СЕГА пдржа турнир вп щах пп ппвпд 11 пктпмври

ИНФО СЕГА пдржа хуманитарна акција пп ппвпд Светскипт

ден на бпрбата за искпренуваое на сирпмащтијата

ИНФО СЕГА – Едукации и прпмпции пп средните ушилищта вп

Прилеп

Претставник на Младинскипт Инфпрмативен и Спветпдавен

центар ИНФО СЕГА пствари двнпнеделна рабптна ппсета вп

Регипналнипт Младински Инфпрмативен центар вп Каен,

Франција

Меначерпт на ИНФО СЕГА ушествуваще на пбука „Нпви

Медиуми“ вп Стразбург, Франција

Тимпт на ИНФО СЕГА присуствуваще на YINTRO - пбука за

младинскп инфпрмираое вп Лимаспл, Кипар

ИНФО СЕГА прганизираще рабптилница пп ппвпд 01

декември - Светски ден за бпрба прптив СИДА/ХИВ

Одржани циклус на пбуки за вплпнтерите на ИНФО СЕГА и

вплпнтерите пд Младински Спвет

Одржана ИНФО СЕГА Хуманитарна акција „Сппдели играшка -

сппдели сппмен“

Нпвпгпдищна рабптилница вп ИНФО СЕГА

ИНФО СЕГА ги слущна Нпвпгпдищните желби на младите

Page 3: ИНФО СЕГА Билтен 5

Драги Читатели,

Ви благодариме што го читате

нашиот петти е – билтен! Го цениме

тоа што одвоивте време за да

дознаете што работи Младинскиот

Информативен и Советодавен

Центар ИНФО СЕГА. Во овој е –

билтен ќе најдете информации за

реализираните активности на ИНФО

СЕГА за периодот септември —

декември 2011 година.

За повеќе информации посетете ја

нашата веб страна:

www.infosega.org.mk

Доколку имате било какви коментари

пишете ни на:

[email protected]

Page 4: ИНФО СЕГА Билтен 5

М ладински Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА е проект кој што го спроведува Коалиција на Младински организации СЕГА а е

финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија, Локална Самоуправа Прилеп и програмата CIVICA Mobilitas - имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.Основна цел е обезбедување и ширење на информации, давање на совети, испорачување на обуки и едукации од различни области од животот на младите луѓе. Преку функционирањето на ИНФО СЕГА младите ќе бидат информирани за слободните работни места, волонтирање, образовни, рекреативни, културните институции и установи, остварување на социјалните права, мобилност, следење на различни обуки, преквалификација и патување, спортско наградување и.т.н.

ИНФО СЕГА својата работа ја базира на три програми:

Здравство (Eдукации и обуки за сексуално преносливи инфекции (СПИ), ХИВ СИДА, алкохол, дрога и сексуално и репродуктивно здравје)

Граѓанско образование (Обуки за млади - Правата на младите и демократија,

младинска партиципација, Обуки за младински организации - управување со проекти (проектен менаџмент), Комуникациски вештини и Тимска работа, Лидерство, Застапување и Лобирање)

Вработување (Обуки за изготвување на CURICULUM VITAE (CV), структура на CV,

мотивационо писмо и интервју за работа) Информации за:

Слободни работни места

Локални спортски и културни активности

Стипендии во Македонија и странство

Професионална ориентација (средно и високо образование во РМ)

Инфо за патување (ЕУ можности)

EVS и студентски размени

Можности за волонтирање во институциите и НВОи

Инфо материјали

Жолта книга за млади со информации од различни области од секојдневното

живеење на младите

Информативни материјали преку кои учениците и студентите ќе се запознаат со

своите права и обврски Услуги:

Директни, телефонски и online услуги за советување

Картички со попуст за млади

Бесплатен Интернет – cyber café

Достапни информации на Web страната

Page 5: ИНФО СЕГА Билтен 5

Н а 10 октомври 2011 година, со почеток од 13:30 во просториите на

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА се

одржа турнир во шах во кој учество зедоа 20 средношколци од сите

средни општински училишта од Прилеп. Оваа активност имаше за цел да се

поттикнат младите, да се дружат, забавуваат и воедно да ја учат оваа

древна игра.

„Целта е младите да се забавуваат и да се дружат, да го одбележат

празникот помасовно, но и да научат да ги респектираат и чуваат

спомен обележјата кои ни го красат градот, без разлика на нивната

симболика и периодот кога тие се направени― - Игор Ламбевски

раководител на ИНФО СЕГА. Голема благодарност до Шаховското друштво

од Прилеп кои донираа шаховски табли и помогнаа во реализацијата на оваа

активност.

На 10.11.2011 година со почеток во 14:00

часот на плоштадот, на мермерната

шаховска табла со џиновските шаховски

фигури се одигра Финалето на турнирот

во шах. На финалето учествуваа Давор

Мицкоски кој освои прво место, Гоце

Јорданоски освои второ место, Антонио

Чагороски освои трето место и Филип

Георгиески освои четврто место на

финалето во шах. На сите учесници им

беа доделени симболични награди и

сертификати за учество, а победникот

доби и гратис ИНФО СЕГА + Младинска

картичка со попуст.

ИНФО СЕГА и во иднина ќе продолжи да

организира активности од ваков тип и им

се заблагодарува на сите средношколци

кои зедоа учество во оваа активност.

Page 6: ИНФО СЕГА Билтен 5

П од мотото „Да им помогнеме

на оние на кои помошта им е

потребна― по повод 17

октомври, Светскиот ден на борбата за

искоренување на сиромаштијата во

просториите на Младинскиот

Информативен и Советодавен Центар

ИНФО СЕГА со почеток од 11:00 часот

се одржа хуманитарната акција за

донација на облека за сиромашните. Во

соработка со Центарот за социјална работа - Прилеп, 15 пакети облека беа

донирани на 3 семејства, корисници на социјална парична помош. Акцијата се

организираше по втор пат оваа година и наиде на одличен одѕив кај младите

луѓе и граѓаните од општина Прилеп, кои несебично ја донираа својата стара

облека.

ИНФО СЕГА им се заблагодарува на сите граѓани од општина Прилеп кои

донираа облека.

Page 7: ИНФО СЕГА Билтен 5

Т имот на Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО

СЕГА и ова полугодие од учебната 2011/2012 година беше присутен

во сите средни општински училишта од Прилеп. Одржавме 37

промоции во сите средни општински училишта за услугите на центарот и за

новата услуга на ИНФО СЕГА - Младинската картичка со попусти и преку

промоциите опфативме 609 средношколци кои се запознаа со работата на

ИНФО СЕГА.

Ова полугодие одржавме 16 едукации

во сите средни општински

училишта на тема: „Заштита на

личните податоци на интернет, со

посебен осврт на заштитата на

социјалните мрежи“ и едуциравме 333

средношколци на темата. Овие

едукации се дел од програмските

активности на Младинскиот

Информативен и Советодавен центар

ИНФО СЕГА.

Целта на оваа едукација е

средношколците подетално да се

запознаат и да се информираат со

кои проблеми можат да се соочат

доколку не внимаваат со кого ги

споделуваат нивните лични

податоци и фотографии.

Едукациите се од интерактивен

карактер со доста интересни

информации и факти за

опасностите од објавување на

личните податоци на интернет и

социјалните мрежи и се прикажуваа во секој клас на Power Point

презентација. Одржаните едукации се оценија како одлични и корисни за

учениците каде тие пројавија голем интерес за темата и беа доста

интерактивни.

ИНФО СЕГА ќе продолжи со ваквите активности и во наредното полугодие во

средните општински училишта во Прилеп.

Page 8: ИНФО СЕГА Билтен 5

В о перидот од 16 ноември

до 02 декември 2011

година, претставник на

ИНФО СЕГА беше на работна

посета во Регионалниот Младински

Информативен центар (CRIJ)

од Каен, Долна Нормандија преку

одобрен проект од програмата

Млади во акција за набљудување

на работата во центарот. Овој

проект е резултат на успешната

соработка и партнерството меѓу

невладините организации Коалиција СЕГА, House of Europe и Регионалниот

Младински Информативен центар од Долна Нормандија, Франција.

Младинскиот Информативен и Советодавен центар во Прилеп беше

создаден пред година и пол. Тој е единствената структура од овој вид за

младинско информирање во Македонија. CRIJ од Долна Нормандија го

прослави својот 30-роденден во 2009 година и има големо искуство во оваа

област. Благодарение на Програмата Млади во Акција на Европската

комисија, воспоставена е

подобра соработка меѓу

двата центри за размена на

искуства.

Се собраа доста искуства во

областа на информирањето

на младите, дифузијата на

информации, потребите на

младите и формирањето на

специјализирани услуги на

информирање.

Исто така, ова беше добра

можност да се сретнат

локалните партнери од CRIJ во Долна Нормандија и да се проучи нивната

мрежа и соработката со другите Информативни точки и Бироа за

информирање.

Линк од објавена вест за проектот во весникот Quest France:

http://www.ouest-france.fr/actu/actuLocale_-Marice-Treneska-accueillie-au-Crij-

_14118-avd-20111205-61809989_actuLocale.Htm

Page 9: ИНФО СЕГА Билтен 5

Т имот на Инфо Сега

континуирано вложува во

јакнење на сопствените

капацитети со цел доставување на

поквалитени услуги на младите во

град Прилеп. За таа цел наш

претставник учествуваше на обуката

насловена „Нови Медиуми―, која се

одржа во Младинскиот центар во

Стразбург, Франција во период од

01 до 11 октомври 2011 год, под

покровителство на Советот на Европа. Главна цел на обуката беше да ги

развие компетенциите на младинските лидери и младинските работници за

користење на новите медиуми во проектите поврзани со неформална

едукација и во активностите кои се наменети за млади луѓе, а се базираат на

едукации за човекови права, интеркултурно учење и дијалог и младинска

партиципација. На обуката присуствуваа 30 младински лидери од 21 земја

од Европа и Азија и истиот претставуваше одлична можност за градење на

нови партнерства и мрежи со

реномирани национални и

интернационални организации.

Младинскиот Информативен и

Советодавен центар ИНФО

СЕГА и Коалицијата на

младински организации СЕГА и

во иднина ќе продолжат да

работат според најновите

европски искуства и знаења во

интерес на младите од Р.

Македонија.

Page 10: ИНФО СЕГА Билтен 5

П ретставници на Младинскиот

Информативен и

Советодавен центар ИНФО

СЕГА присуствуваа на едноделна

обука YINTRO за младинско

информирање, која се одржа во

периодот од 27.11.2011 до 03.12.2011

година во Лимасол, Кипар. Истата

беше организирана од Националната

агенција од Кипар од програмата

Млади во Акција, а модулот е

дизајниран од страна на Европската

агенција за младинско информирање

и советување ERYICA. Целта на обуката беше јакнење на капацитетите на

младинските работници во сферата на младинското информирање и

советување. Учесниците на оваа

обука беа претставници од

националните тела за младинско

информирање од Македонија,

Малта, Белорусија, Литванија и

Кипар.

Page 11: ИНФО СЕГА Билтен 5

П о повод Светскиот

ден за борба против

сидата, младите од

Младинскиот Информативен и

Советодавен Центар – ИНФО

СЕГА, ја ставија црвената

панделка во знак на поддршка

на заболените од СИДА. Исто

така, беше организирана

работилница на која споделија

знаења и мислења за подобра

заштита од смртоносниот

вирус трудејќи се да не станат

дел од групата на 33 400 000

заболени низ целиот свет. На овој настан учесниците имаа можност да

стекнат знаења за поимот СИДА, начинот на пренесување, тестирање на

ХИВ, лекување, превенција и сл. По повод овој ден тимот на ИНФО СЕГА

подготви беџови за учесниците на работилницата.

Page 12: ИНФО СЕГА Билтен 5

В о текот на втората половина од месец декември во просториите на

Младински Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА беа

одржани три обуки за волонтерите од двете организации на следните

теми: Припрема на проекти од програмата Млади во акција, Тимска работа и

Проектен циклус. Секоја од обуките беше дводневна и имаше за цел јакнење

на личните способности и вештини за самовработување, како и зајакнување

на капацитетите на волонтерите во организациите.

Овие обуки беа дел од

Проектот „Поддршка на

младинско

самовработување“ на

Младински Совет -

Прилеп кој беше

финасиран и поддржан

од Министерство за

финансии на РМ и

Владата на РМ.

Page 13: ИНФО СЕГА Билтен 5

П о објавената сторија на локалните и национални телевизии дека на

семејството Атанасоски од Прилеп им е потребна помош, ИНФО

СЕГА хуманитарната акција која ја спроведивме во средината на

месец декември, ја наменивме за ова семејство.

На 28.12.2011 година, тимот на ИНФО СЕГА во соработка со тимот на ТВ

„Визија“ го посетија семејството Атанасоски и им го разубавија секојдневието,

а и Новогодишните празници донирајќи им облека и храна. Исто така

играчките кои беа собрани со хуманитарната акција „Сподели играчка -

сподели спомен“ им беа подарени на сестричките Ана Марија и Илина

Атанасоски, чии очи и насмевки говореа повеќе од зборови.

Им благодариме на сите за учеството и поддршката во реализирањето на

оваа акција, и во иднина се надеваме дека заедно ќе усреќиме уште многу

семејства.

Page 14: ИНФО СЕГА Билтен 5

П онесени од Новогодишната

еуфорија која е присутна

насекаде, волонтерите во

Младинскиот Информативен и

Советодавен Центар ИНФО СЕГА со

своите вредни раце, препуштени на

богатата младешка фантазија

изработија рачни украси и

декорација, која го краси центарот и

му дава сосем нов Новогодишен

изглед.

Повелете посетете нè и заедно да

уживаме во празничната

атмосфера.

Page 15: ИНФО СЕГА Билтен 5

Н а 29 декември, ИНФО

СЕГА членовите и

волонтерите во

предновогодишна атмосфера ги

напишаа нивните желби и ја

накитија Новогодишната елка

на Младинскиот Информативен

и Советодавен центар ИНФО

СЕГА. На предновогодишното

дружење секој од присутните

имаше можност да каже по што

ќе ја памети старата 2011

година и што посакува во

Новата година што следи. Слушнавме најразлични и необични желби и си

посакавме многу љубов, среќа, здравје и успех во Новата година.

Тимот на ИНФО СЕГА Ви посакува Среќни Новогодишни и Божиќни

празници!

Page 16: ИНФО СЕГА Билтен 5

В и благодариме за читањето!

Ако имате некои коментари, предлози,

прашања или сакате да придонесете

за билтенот на Младинскиот Информативен и

Советодавен центар ИНФО СЕГА ве молиме

испратете е-маил на [email protected]

или јавете ни се на +389 48 529 486.

За крај сакаме да изразиме голема

благодарност до поддржувачите на

Младинскиот Информативен и Советодавен

Центар ИНФО СЕГА:

Коалиција на младински организации

СЕГА

htp://www.sega.org.mk/

ЦИРА, CIVICA mobilitas

htp://www.civicamobilitas.org.mk/

Агенција за млади и спорт

htp://www.ams.gov.mk/

Локална самоуправа на општина Прилеп

htp://www.prilep.gov.mk/

Page 17: ИНФО СЕГА Билтен 5