ИНФО СЕГА Билтен 3

10
Ви благодариме што го читате нашиот трет е – билтен! Го цениме тоа што одвоивте време за да дознаете што работи Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА. Во овој е –билтен ќе најдете информации за реализираните активности на ИНФО СЕГА за периодот февруари—април. Со овој е- билтен Ви ги честитаме престојните првомајски празници. Најискрени честитки од ИНФО СЕГА!!!! За повеќе информации посетете ја нашата веб страна: www.infosega.org.mk Доколку имате било какви коментари пишете ни на: [email protected] Драги Читатели, 1 Содржина ИНФО СЕГА Презентации за промоција по средните училишта ИНФО СЕГА Едукации во средните училишта Предизвиците на Македонскиот Јазик во 21 век“ Државната матура и можности за школување во странство интересни за младите“ Остварена студиска посета за Мрежата за младинско информирање, Локалното партнерство и модалитетите на негово спроведување во Caen, Долна Нормандија, Франција Реализирани активности по повод 17 април Европскиот ден на младинското информирање

Upload: elektronski-knigi

Post on 21-Mar-2016

248 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

infosega bilten 3

TRANSCRIPT

Page 1: ИНФО СЕГА Билтен 3

Ви благодариме што го читате нашиот трет е –

билтен! Го цениме тоа што одвоивте време за да

дознаете што работи Младинскиот Информативен и

Советодавен Центар ИНФО СЕГА. Во овој е –билтен ќе

најдете информации за реализираните активности на

ИНФО СЕГА за периодот февруари—април.

Со овој е- билтен Ви ги честитаме престојните

првомајски празници.

Најискрени честитки од ИНФО СЕГА!!!!

За повеќе информации посетете ја нашата веб страна:

www.infosega.org.mk

Доколку имате било какви коментари пишете ни на:

[email protected]

Драги Читатели,

1

Содржина

ИНФО СЕГА Презентации за промоција по средните училишта ИНФО СЕГА Едукации во средните училишта „Предизвиците на Македонскиот Јазик во 21 век“

„Државната матура и можности за школување во странство интересни за младите“ Остварена студиска посета за Мрежата за младинско информирање, Локалното партнерство и модалитетите на негово спроведување во Caen, Долна Нормандија, Франција Реализирани активности по повод 17 април Европскиот ден на младинското информирање

Page 2: ИНФО СЕГА Билтен 3

2

Содржина ИНФО СЕГА Презентации за промоција по средните училишта

Тимот на ИНФО СЕГА им ги презентира

информациите на класен час во средните

училишта во Прилеп, наменети за

средношколците, дополнителните услуги кои

ИНФО СЕГА ги нуди како советување за млади,

жолти страни за младите, стипендиите,

повиците за семинари, обуки и конференции. На

овие презентации беа дистрибуирани

промотивни материјали, жолти страни за млади, флаери

и букмаркери со услугите на ИНФО СЕГА. Одржани се 8

вакви презентации, секој

понеделник на класен час.

Page 3: ИНФО СЕГА Билтен 3

3

ИНФО СЕГА Едукации во средните училишта

M л а д и н с к и о т И н ф о р м а т и в е н и оветодавен центар ИНФО СЕГА одржa 11 едукации за подигнување на свеста кај младите за штетните последици и ризици од пушењето цигари и беа опфатени 210 ученици, 13 едукации за штетните последици и ризици од употребата на дрога кај младите и беа опфатени 336 ученици и 5 едукации за човековите права

и демократијата преку кои беа опфатени 117 ученици.

Овие едукации се дел од програмските активности на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар и започнавме да ги спроведуваме од 1 март 2011 година. Целта на овие едукации е да се подигне свеста кај младите за штетните последици и ризици од пушењето цигари и употребата на дрога кај младите и кои се болести може да предизвикаат овие пороци кај младите. Едукациите се од интерактивен карактер со доста интересни информации и факти за штетните последици на овие пороци.

Целта на едукациите за човековите права и демократијата е да се подигне свеста и знаењето кај младите за демократијата и човековите права. Едукациите од ваков вид се превидени за сите средни

општински училишта.

Содржина

Page 4: ИНФО СЕГА Билтен 3

4

„Предизвиците на Македонскиот Јазик во 21 век“

Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА во соработка со младинската организација на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски - Питу“ Прилеп на 21 февруари 2011 година во Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп по повод светскиот ден на Мајчиниот Јазик организираше трибина на тема: „Предизвиците на Македонскиот Јазик во 21 век“.

Говорници на средбата беа Борче Бојчески – Дипломиран инженер по компјутерски системи, Елизабета Филипоска – Директор и главен и одговорен уредник на Телевизија „Канал Визија“ – Прилеп и Цеца Видова Трајческа – Професор по Македонски јазик. Фасилитатор на настанот беше Игор Ламбевски – Раководител на ИНФО СЕГА. Во првиот дел на настанот беше дискутирано за користењето на интернационализмите, скратениците и останатите отстапувања од основите на македонскиот литературен јазик на интернет, во медиумите и воопшто кај младите во секојдневниот живот. Исто така, беше дискутирано за формите и начините што треба да се преземат со цел спречување на оваа појава и зачувување на Македонкиот Јазик во целост. Во вториот дел беа доделени три благодарници за

учество и за освоено 1, 2 и 3 место за најдобар есеј на

тема „Мајчин Јазик“ на учениците во СОЕПТУ „Кузман

Јосифоски – Питу“ Прилеп. Наградени беа Сара

Маркоска - за освоено 1 место, Ирма Хајрадиновиќ – за

освоено 2 место и Лина Смуткоска – за освоено 3 место.

Содржина

Page 5: ИНФО СЕГА Билтен 3

5

„Државната матура и можности за школување во странство интересни за младите“

На 21 март 2011 година во домот на културата „Марко Цепенков“, сала 105, Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА организираше јавна трибина на тема „Информации за државната матура и можности за школување во странство“. Оваа трибина имаше за цел подетално запознавање на матурантите со

процедурите за полагање на државна матура и постапката како полесно да ја изработат проектна задача. На овој настан учествуваа ученици од сите средни училишта, како и претставници од младински организации од нашиот град. Во првиот дел од оваа трибина на учесниците им беше подетално презентиран начинот на полагање на Државната матура, како и чекорите за правилна изработка на проектната задача. Вториот дел беше наменет за презентирање на

можностите и програмите за дообразување,

средношколска размена и

стипендирање на македонските

студенти во странство,

специфично во САД. Овие

искуства беа презентирани од

волонтери на “Мировен Корпус во

Македонија (Peace Corps)”.

Содржина

Page 6: ИНФО СЕГА Билтен 3

6

Остварена студиска посета за Мрежата за младинско информирање, Локалното партнерство и модалитетите на негово спроведување во Caen, Долна Нормандија, Франција

Во периодот од 03 - 07 април 2011 година тимот на Младинскиот Информативен и Советодавен Центар ИНФО СЕГА, заедно со извршниот директор на Коалиција СЕГА, советник од Локалната Самоуправа Струмица и претставник од одделот ЛЕР на општина Штип присуствуваа на студиската посета за Мрежата за младинско информирање, Локалното партнерство и модалитетите на негово спроведување во Долна Нормандија, Франција. Целта на оваа студиска посета беше да се проучи системот како функционираат Младинските Информативни Центри во Франција како и претставниците од општините Штип и Струмица подобро да се запознаат со моделот на Младинските Информативни Центри и да се разменат искуства и можности за понатамошна соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија. Оваа студиска посета е дел од проектот за децентрализирана соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, Франција поддржан од Регионалниот Совет за Меѓународна соработка од Министерството за надворешни работи на Долна Нормандија, невладината организација House of Europe од Caen и Коалицијата на младински организации СЕГА. Македонската делегација имаше можност да посети Младински Информативни Центри, Информативни точки, општини и државни канцеларии, младински куќи и младински културни центри во Caen, Flers, Sant Lo и Ouistreham.

Содржина

Page 7: ИНФО СЕГА Билтен 3

7

Остварена студиска посета за Мрежата за младинско информирање, Локалното партнерство и модалитетите на негово спроведување во Caen, Долна Нормандија, Франција

Со студиската посета, тимот на ИНФО СЕГА стекна доста позитивно искуство за Младинските Информативни Центри, Младинското информирање, локалното партнерство и модалитетите на неговото спроведување. Доста идеи и новини од презентациите ќе се обидеме да ги внесеме во нашата секојдневна работа на ИНФО СЕГА, а исто така ќе се покренат иницијативи за отворање нови младински информативни центри во општините Штип и Струмица.

Содржина

Page 8: ИНФО СЕГА Билтен 3

8

Реализирани активности по повод 17 април Европскиот ден на младинското информирање

Оваа година, Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА преку мотото "Feel Free to Ask" за прв пат го одбележа 17 април, Европскиот ден на младинското информирање преку серија активности во соработка со младинските организации од сите средни училишта од Прилеп. На 14 и 15 април во салата 105 во Домот на културата Марко Цепенков се одржаа Драмските аматерски претстави во организација на младинската организација на СОУ Орде Чопела и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА. Први настапија СОУ Гимназија Мирче Ацев и се претставија со монодрамата „Скитник“, а потоа настапи драмската група од СОУ Орде Чопела со драмата - комедија „Паца за Австралија“. Во вториот дел на драмските аматерски претстави, први настапија СОУ Ѓорче Петров и се претставија со драмата „Училница“, а потоа настапи СОУ Ристе Ристески Ричко со монодрамата „Далеку“. Директорката на СОУ Орде Чопела им додели дипломи на најдобрите драмски групи кои настапија и тоа: - Прво место доби драмата „Паца за Австралија“ во изведба на драмската група на СОУ Орде Чопела.

Содржина

Page 9: ИНФО СЕГА Билтен 3

9

Реализирани активности по повод 17 април Европскиот ден на младинското информирање

На останатите учесници им беа доделени благодарници. На 15 април во салата за пинг – понг „Партизан“ се одржа натпревар по пинг - понг во организација на младинската организација на СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО. На настанот активно учествуваа 28 ученици од сите средни општински училишта и на најдобрите им беа доделени дипломи за освоено I, II и III место. На 18 и 19 април во Спортската арена „Сонце“ се одржа Хуманитарен турнир во фудбал и кошарка во

организација на младинските организации на СОУ Ѓорче Петров, СОУ Гимназија Мирче Ацев и Младинскиот Информативен и Советодавен центар ИНФО СЕГА. На турнирот во фудбал се одиграа девет натпревари меѓу тимовите од сите средни училишта. Трето пласиран е фудбалскиот тим на СОУ Орде Чопела, второ место освои фудбалскиот тим на СОЕПТУ Кузман Јосифоски Питу, а прво место освои фудбалскиот тим од СОУ Ѓорче Петров.

На турнирот во кошарка трето пласиран беше тимот на СОУ Ристе Ристески Ричко, второ пласиран беше кошаркарскиот тим на СОУ Гимназија Мирче Ацев, а прво место освои кошаркарскиот тим на СОУ Ѓорче Петров. Исто така во женската кошаркарска лига прво место освоија СОУ Гимназија Мирче Ацев, а второ место освоија СОУ Ѓорче Петров.

Содржина

Page 10: ИНФО СЕГА Билтен 3

10

Реализирани активности по повод 17 април Европскиот ден на младинското информирање

Доделувањето на наградите го поддржа општина Прилеп и Градоначалникот Марјан Ристески кој присуствуваше на овој турнир и заедно со професорите по спортски активности од средните општински училишта одиграа пријателски натпревар со победниците од фудбалската лига односно тимот на СОУ Ѓорче Петров.

Содржина