seminarska reggio emilija

48
Реџио Емилија пристап Универзитет “Свети Кирил и Методиј” Филозофски Факултет-Скопје Постдипломски студии по педагошки науки Семинарска работа по предметот Педагошки правци и учења 1

Upload: svetlana-petrovska

Post on 27-Oct-2014

100 views

Category:

Documents


12 download

TRANSCRIPT

Page 1: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

Универзитет “Свети Кирил и Методиј”

Филозофски Факултет-Скопје

Постдипломски студии по педагошки науки

Семинарска работа по предметот

Педагошки правци и учења

Изработил

Светлана Петровска бр. 4312/11 Проф. д-р Лена Дамовска

Скопје, 20 Јануари 2012 година

1

Page 2: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

Содржина

1. Вовед..................................................................................................................3

2. Лорис Malaguzzi и пристапот Реџо во образованието на раното детство ...5

3.Реџио Емилија филозофија...............................................................................8

4. Разбирање на основите на пристапот Реџио ...............................................12

4.1. Реџио принципи..................................................................................12

4.2. Клучни карактеристики ......................................................................13

4.3.Образование врз основа на меѓусебните односи.............................14

5. Наставна програма ..........................................................................................16

6. Клучни елементи на Реџио Емилија програма..............................................17

6.1. Детето..................................................................................................18

6.2. Наставникот........................................................................................19

6.3. Родителот...........................................................................................22

6.4. Документација.....................................................................................22

6.5. Животната средина како Трет наставник ........................................25

6.5.1. Ателје....................................................................................27

7. Социјален конструктивизам ...........................................................................27

8. Колегијалност меѓу наставниците..................................................................28

9. Вредности на Реџо Емилија пристап кон предучилишното образование...28

10. Прифатеност на Реџио Емилија пристапот во светот................................29

11. Заклучок..........................................................................................................30

12. Користена литература и консултирани извори............................................31

2

Page 3: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

1. Вовед

Цел: Презентација на иновативниот топ правец во светот - Реџио

Емилија.

Едукаторите и родителите честопати се запрашуваат дали постојат

други пристапи на учење и воспитување на детето кои ќе допринесат за

поквалитетен воспитно-образовен процес кој ќе допринесе детето да се

стекне со квалитетни знаења, способности и вештини кои ќе му бидат

корисни во понатамошниот живот и ќе овозможи развој на здрава индивидуа

кај детето.

Многу родители самиот моментот на поаѓањето на детето во училиште

или предучилишна институција ги плаши. Секогаш пред нив стои дилема

каков ќе бидат почетокот, како детето ќе се адаптира, можеби моментот кој

означува почетокот на учебната година ќе биде страшен и пресуден во

животот на детето. Фактот дека детето кога ќе појде во училиште, значи дека

од ден на ден родителот се помалку се вклучува како во воспитно

образовниот процес на детето, исто така и во неговиот живот, а се повеќе се

присутни наставниците и структурираните лекции, помалку игра а повеќе

работа за детето. Но формата на Реџио пристапот е уникатна за настава и

единствена што ги прави родителите, наставниците и децата еднакви

акционери во учењето.

Што е Реџио Емилија?

Reggio Emilia, град во северна Италија, кој е нашироко познат по својот

пристап кон едукација на малите деца (Hendrick, 1997). Основан од страна на

Лорис Malaguzzi (1920-1994)

Реџо Емилија пристапот е образовна филозофија фокусирана на

предучилишното и основното образование. Тоа училиште е отворено од Loris

Malaguzzi и родителите на селата околу Реџо Емилија во Италија по Втората

светска војна. Уништувањето од војната допринесува родителите да веруват

во потребата од нов и брз пристап во наставата за нивните деца. Тие

сметаат дека образовно-воспитната работа треба да се случува во раните

години на развој на децата, тие иако се мали треба да се третираат како

индивидуи. Ваквото размислување довело до создавање на програма

3

Page 4: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

заснована на принципите на почитување, одговорност и заедничка работа

преку истражување и откривање на поддршката и збогатувањето на

животната средина базирано на интересите на децата преку самоводечка

програма.1

Во Реџио пристапот децата се оспособуваат да учат преку искуствата, преку

допир, движење, слушање и гледање, тие мора да се во меѓусебна врска со

други деца и со материјални предмети, на децата мора да им биде

дозволено да истражуваат и децата мора да имаат бескрајно многу начини и

можности да се изразуваат.

Стандардното образование инсистира на мноштво од предмети,

учењето е обврска која се вреднува преку репродукција на знаења, оценки,

награди и казни, додека во Реџио пристапот се водат според принципот на

интересот на децата, ги оставаат на нивниот природниот развој, како и

блиски односи што тие ги делат со нивната животна средина.

Во стандардното образование родителите се ставени во позиција на

одговорен родител кој се интересира и информира за развојот и напредокот

на своето дете, додека во Реџо Емилија филозофија родителите се витална

компонента. Кон родителите се гледа како на партнери, соработници кои се

залагаат за своите деца. Наставниците ги почитуваат родителите, кои се и

први учители на своето дете, затоа родителите се вклучени во секој аспект

од наставната програма. Не е невообичаено да се види волонтерство на

родители во Reggio Emilia училници во текот на наставата. Нивната

активност не завршува и кога детето ја напушта училницата.

Овој пристап е моментално топ правец во светот. Многу актуелен во

сите земји, наставниците и педагозите ширум светот се интересират за овој

пристап во наставата.

1http://en.wikipedia.org/wiki/Reggio_Emilia_approach (15.01.2012)

4

Page 5: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

2. Лорис Malaguzzi и Реџио пристапот во

образованието на раното детство

"Реалноста, како и секогаш се случува во рацете на децата,

откривајки го уште еднаш својот бесконечен потенцијал за

трансформација." - Лорис Malaguzzi (1920-1994)

Лорис Malaguzzi е роден на 23 февруари, Италија во 1920 година во

Corregio во провинцијата Reggio Emilia,. Тој израснал за време на

фашистичка Италија, се запишува на обуката за наставен кадар на

Педагогија на Универзитетот во Урбино во 1939 година, со школувањето

завршува за време на војната. Во 1946 година,

Malaguzzi се запишува во првата повоена

психологија на CNR (Италија Националниот

истражувачки центар) во Рим - и со тоа го

означува почетокот на Реџо Емилија авантура.

Се започнува во еден мал град наречен

Vila Cella во северниот регион на Италија

познат како Реџо Romana. Во политичкиот и

економскиот хаос кој следува по падот на

фашизмот и по повлекувањето на германската

војска од Италија, селанитe здружени со заеднички сили, вклучувајќи ги и

децата и родителите, сите заедно собираат камења, песок и дрво за

изградба на училиште како возвишена цел. Гледајќи ја таа појава случајно

минувајќи со велосипед, Лорис Malaguzzi воодушевен и инспириран од

повоените активности во ова мало место одлучува таму да остане и да даде

голем придонес во подоцнежниот период во воспитно образовниот процес

со новиот правец Реџо Емилија.

Првото училиште настанува по Денот на ослободувањето во 1945

година. Реџо Емилија е модерен, динамичен град кој може да го комбинира

економскиот просперитет со социјалната и еколошката одговорност. Во

селото Вила Cella, во близина на Реџио, од парите кои биле оставени на

располагање од продажбата на германски тенк, девет коњи и два воени

5

Page 6: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

камиони оставени при повлекување од страна на нацистите, мажите од

селото со предлог истите да се искористат за изградба на театар, но

спротивно на тоа жените инсистирале и барале да се изгради предучилишна

институција и да се обезбеди нова форма на образованието која ќе

гарантира- дека никогаш повеќе нема да се создадат генерации на деца кои

би ја толерирале неправдата и нееднаквоста. Според Malaguzzi "Тоа беше

прва победа на жените по војната затоа што таа одлука е нивна, иако мажите

можеле парите да ги искористат поинаку." Тоа е прво училиште кое се уште

постои во селото кое одалечено на дваесет минути од градот Реџио Емилија.

Реџио Емилија пристап е изграден врз основа на верувањето дека

децата се моќни луѓе, полни со желба и способност да се развиваат

конструирајки ги своите знаења.

Најраните предучилишни институции биле изградени од страна на

локалните семејства и заедници во период од катастрофа и тешкотии. Во

текот на следните 40 години е развиена мрежа на предучилишни и бебе-дете

центри.

Лорис Malaguzzi како млад започнува со работа во основното

училиште, но тој започнува и со интензивна паралелна образовна активност

во 1946 година. Во 1950 година го основал Општинскиот психо-Педагошкиот

Медицински центар, каде што работел како психолог повеќе од дваесет

години.

До 1970-тите, во Италија, предучилишните институции биле на

одговорност на Католичката црква. Во 1970 година, првиот бебе-дете центар

е за деца на возраст од три месеци до три години кој бил отворен како

одговор на барањата на вработените мајки. Центрите станале давателите на

рано детско образование во средина која е соодветна на развојните

карактеристики на детето се со цел да се надмине отпорот на Црквата и

стравот дека овие центри ќе доведат до распаѓање на семејството.

Политичката опозиција останува до 1976 година се додека предучилишните

центри станале отворени за јавноста. Родителите и заедницата потврдуваат

за својата поддршка во однос на водечките принципи за односот на Реџио за

раното детско образование и создавање на силна врска помеѓу

предучилишните центри и заедницата.

6

Page 7: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

Како консултант за Италијанското министерство за образование,

директор на списанијата за раното детство Zerosei и Bambini, Malaguzzi е

основач и на Gruppo Nazionale Nidi-Infanzia во Реџо Емилија во 1980 година.

Конференциите, семинарите, заедничките истражувачки проекти со

универзитетите и фондации, како и на патувачките изложби" Сто Јазици

на децата” зачнати со Malaguzzi, ќе го однесат во Европа и во САД како

неуморeн промотор на иновативнa и креативнa филозофија на

образованието.

Во декември 1991 година, американскиот магазин Њусвик ќе го

пофалu за предучилишните центри на Реџо Емилија како "најдобри во

светот". По ова признание доаѓа и престижната Ygdrasil-Лего награда

(Данска) во 1992 година и во 1993 година Malaguzzi ја добива наградата

Кол во Чикаго (САД).

Malaguzzi ненадејно починал од срцев удар во неговиот дом во Reggio

Emilia на 30 јануари 1994 година.

По неочекуваната смрт на Malaguzzi, заедницата на Реџио Емилија е

одлучна да ја продолжи и спроведе Реџио мисијата и да му ги исполнат

соништата. За таа цел се основа Меѓународен центар за одбрана и

унапредување на правата и потенцијалот на сите деца.

Од неговите колеги Malaguzzi ќе биде запаметен како човек со многу

силен карактер и со високо ниво на соработка кој се опишува себе си како

тврдоглав човек со железна волја. Тоа беше Лорис Malaguzzi (1920-1994) кој

станува инспирација во светот на образованието.

Како резултат на неговите залагања и залагањето на целата заедница

градот Реџио Емилија во Италија стануава светски признат град за

иновативен пристап во образованието познат како Реџио Емилија пристап,

кој става свој печат во образовната филозофија, усвоен во многу

предучилишни програми во светот.

7

Page 8: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

3.Реџио Емилија филозофија

Реџио пристапот е сложен систем кој ги почитува и практично многу

применува од основните аспекти на работата на Дjуи, Piaget и Vygotsky и

многу други. Тоа е систем кој се темели на улогата на соработка меѓу децата,

наставниците и родителите, ко-изградба на знаење, меѓузависност на

индивидуалните и социјалните учења, како и улогата на културата во

разбирањето на оваа меѓузависност. (Baji Rankin 2004).

Реџо Емилија филозофија се заснова на следниве принципи:

Децата мора да имаат некоја контрола врз насоката на нивното

учење;

Децата мора да бидат способни да учат преку сетилата и

искуствата стекнати преку допир, движење, слушање и гледање;

Децата мора да имаат врска со другите деца и со материјалните

предмети во светот, на децата мора да им биде дозволено да

истражуваат и

Децата мора да имаат бескрајно многу начини и можности да се

изразуваат.

Реџо Емилија пристапот во наставата, детето го поставува во

центарот на својата филозофија, со успешно прилагодената програма за

рано детство во склоп на оваа филозофија која е појавна и искуствена.

Децата се насочени кон нивниот природен развој, како и на блиските

релации и односи во својата општествена околина и животна средина.

. "Сите деца имаат желба и потенцијал, љубопитност и интерес за

изградување на нивното учење, ангажирани во социјална интеракција и во

складност на сето она што животната средина го носи до нив". Со ваков

приказ, не е чудно што пристапот на Реџио учењето соодветствува на

децата.

Испитувањето на карактеристиките на оваа филозофија ни открива

дека едукаторите биле сериозни читатели на Џон Дјуи, Жан Piaget, Лев

8

Page 9: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

Vygotsky, Дејвид Хокинс, Џером Bruner, Хауард Гарднер и на други светски

реномирани научници и филозофи.

Може да се види влијанието на познатите претставници на

прогресивното образование, теориите на Piaget за изградба на детското

знаење, теориите на Vygotsy за социјалниот конструктивизам, теоријата на

Gardners "за повеќе интелигенции, итн.

Реџо едукатори сметаат дека нивната работа е "образовно искуство

кое се состои од пракса и внимателена рефлексија, која постојано се

преиспитува" (Gandini, 1993, стр 13).

Во развојот на нивниот пристап барале информации од многу

педагошки теории и филозофии на образованието, особено од работата на

Монтесори.

Од фундаментално значење за Реџио филозофијата е сликата за

детето гледано како богат потенцијал, сила, моќ, компентентност со свои

9

Page 10: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

вредности, кое сака да биде почитувано и ценето, полно со самопочит и

почит кон другите.

“Наша задача, во врска со креативноста, е да им помогнеме на

децата се искачат на своите планини, колку што е можно повисоко. Никој

не може да направи повеќе.” 2

Иако Реџио пристапот според некои вредности го мериме со добро

познатите Валдорф и Монтесори училишта, сепак тоа не е филозофија со

пакет систем на верувања. Напротив, тоа е пристап базиран околу неколку

фундаментални вредности за тоа како децата учат. Во Reggio Emilia не се

гради непроменлив став кон децата, кон педагогијата или пак кон процесот

на учење. Гледано низ историски аспект светот и народот се менуваат што

всушност и претставувало причината зошто Реџио пристапот е против крути

програми и методи. Во Реџио Емилија сите работат инспирирани. Можеме да

тврдиме дека ниедна земја не е во можност да го копира начинот на работа

на овие училишта во Италија, бидејќи секоја земја најнапред треба да го

разгледа менталитетот на својот народ, неговата културата како и животната

средина.

Родителите се витална компонента на Реџо Емилија филозофијата.

Кон родителите се гледа како партнери, соработници и субјекти кои се

залагаат за нивните деца. Наставниците ги почитуваат родителите како први

учители на детето и родителите се вклучени во секој аспект од наставната

програма.

Во Реџио Емилија училиштата постои еден измислен израз: "Едно дете

има сто јазици". Нивната цел е постојано да се обидуваат да ги обединат и

да ги развиваат сите овие јазици, иновации, градби, фантазии, уметности,

музика, танц, пишување, зборување, наука, тело и душа ... Се користат

повеќе јазици со цел да им се помогне на децата да изградат знаење и

разбирање за светот околу нив.

2(Лорис Malaguzzi (20 век), италијански специјалист за рано образование. Наведено

во Сто Јазици на деца, CH. 3, од Каролин Едвардс (1993).)

10

Page 11: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

С т о ј а з и ц и

Н е м а н а ч и н . С т о е т а м у .

Д е т е т о

е н а п р а в е н о о д с т о .

Д е т е т о и м а

с т о ј а з и ц и

с т о р а ц е

с т о м и с л и

с т о н а ч и н и н а р а з м и с л у в а њ е

н а и г р а , н а з б о р у в а њ е .

С т о , с е к о г а ш с т о

н а ч и н и н а с л у ш а њ е з а в о с х и т у в а њ е и з а љ у б о в

с т о р а д о с т и

з а п е е њ е и р а з б и р а њ е

с т о с в е т о в и з а о т к р и в а њ е

с т о с в е т о в и

з а и з м и с л у в а њ е

с т о с в е т о в и

з а с о н у в а њ е .

Д е т е т о и м а

с т о ј а з и ц и

( с т о , с т о , с т о и п о в е ќ е )

н о т и е к р а д а т д е в е д е с е т и д е в е т .

У ч и л и ш т е т о и к у л т у р а т а

ј а о д д е л и ј а г л а в а т а о д т е л о т о .

Т и е м у в е л а т н а д е т е т о :

д а м и с л и б е з р а ц е

д а п р а в и б е з г л а в а

д а с л у ш а , а д а н е з б о р у в а

д а р а з б и р а б е з р а д о с т д а с а к а и д а с е в о с х и т у в а

с а м о н а В е л и г д е н и н а Б о ж и ќ .

11

Page 12: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

Т и е м у в е л а т н а д е т е т о : д а г о о т к р и е с в е т о т а т о ј п о с т о и

и о д с т о

т и е к р а д а т д е в е д е с е т и д е в е т .

Т и е н а д е т е т о м у в е л а т :

р а б о т а т а и и г р а т а

р е а л н о с т а и ф а н т а з и ј а т а

н а у к а т а и и м а г и н а ц и ј а т а

н е б о т о и з е м ј а т а

п р и ч и н и т е и с о н о т

с е р а б о т и

к о и н е п р и п а ѓ а а т з а е д н о .

И т а к а т и е м у в е л а т н а д е т е т о

д е к а с т о н е е т а м у .

Д е т е т о в е л и :

Н е м а н а ч и н . С т о е т а м у .

Loris Malaguzzi (Преведена од страна на Lella Gandini)

4. Разбирање на основите на пристапот Реџио

За да ја разбереме уникатноста Реџио Емилија пристапот пред се

потребно е најнапред да се запознаеме со основните и фундаментални

Реџио принципи и карактеристики, кои се основен постулат за успешност и

инвентивност во воспитно образовниот систем.

4. 1. Реџио принципи

Сликата на детето - Децата да се гледаат како љубопитни, полни со

потенцијал, активни и компетентни во сопствениот развој, во изградбата на

сопствените знаења преку интеракција со другите и со средината што ги

опкружува.

Симболично претставување - Тоа е принцип на користење на многу

најразлични начини на изразување на децата, цела низа на креативни

медиуми кои се сметаат како "други јазици", се со цел децата да ги

12

Page 13: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

подобруваат своите креативни и социјални вештини во смисол на

подобрување на нивниот когнитивен развој.

Улогата на животната средина - Животната средина служи како

уште еден учител, како инструктивна моќ која иницира влез и учествуво на

децата преку разновидни активности со свесно користење на просторот кој е

исполнет со бои, природна светлина и сите други карактеристики. Животната

средина е учител кој укажува на потребата за грижа кон средината во која

работиме и кон нештата кои ја карактеризираат.

Улогата на наставникот – улогата на наставникот е да се охрабрат

учениците и да им се овозможи и олесни патот кон искористатувањето на

своите потенцијали и способности за подобро сфаќање и доживување на се

што тие познаат или го замислуваат.

Важноста на времето - Во Реџио училиштата, времето не е утврдено

од страна на часовникот, туку од потребите и интересите на детето.

Улогата на родителите - образовниот процес се состои од три

подеднакво важни учесници: децата, наставниците и родителите.

Најимпресиивно е што во училиштата родителите се вклучени во широк

спектар на активности. Идеите кои родителите ги презентираат во

училиштето се многу важни, размената на идеите помеѓу родителите и

наставниците многу придонесуваат подобра реализација на поставените

цели и задачи, како и за развој на нови начини во едукацијата на децата.

4.2. Клучни карактеристики

Постојат бројни карактеристики кои го одвојуваат овој пристап и оваа

педагошка концепција од останатите концепции и го прават примамлив,

достапен и соодветен за родителите кои не сакаат ни миг да пропуштат од

животот на своите деца кој се разликува од брзиот и економски зависен

13

Page 14: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

живот на возрасните. Третманот на детето и неразделивоста од семејството

се клучни фактори за избор на Реџио училиште.

Клучни карактеристики на овој пристап се:

Активно вклучување на родителите во развојот и управувањето

во воспитно-образовен процес на раното детство.

Сите деца се згрижуваат. За децата со пречки во развојот се

смета дека имаат "специјални права", а не "посебни потреби".

Кон наставниците се гледа како кон ентузијасти и истражувачи,

а не како кон извор на знаење.

За секоја група од деца има два наставника кои остануваат со

нив во тек на целото работното време во училиштето.

Централно место во Реџио пристапот е улогата на aterlierista -

практикувањето на стручен наставник-уметник кој го поддржува

развојот на учењето, креативноста и имагинацијата кај децата.

Иако идеите на Malaguzzi најмногу се базирани на образованото

влијание врз многу аспекти на животната средина и програма, главен фокус

во Реџио програмата е ставен врз набљудувањето и документирањето.

Наставниците редовно внесуваат комплетни забелешки, фотографии и

снимки од групни дискусии и детски игри. Тие исто така секоја недела

редовно се состануваат, ги споделуваат и анализираат нивните забелешки.

Оваа филозофија не завршува кога детето ја напушта училницата.

Повеќето од родителите чии деца се вклучени во овој образовен процес,

сакаат да ги праќаат своите деца на Реџио Емилија програмата бидејки тие

се рамноправни партнери и активно се вклучени во голем број од принципите

во рамките на учењето и од аспект на домашниот живот. Дури и со

постоењето на овој мост помеѓу училиштето и домот, многумина се

запрашуваат што ќе се случи со Реџио децата кога ќе се настане или ќе дојде

до транзиција од овој Реџио Емилија пристап на образование кон училиште

со друг пристап на образовен систем. Таа транзиција мора некогаш да се

случи и уилиштата постојат извесни прилагодувања. Во повеќето училишни

средини, интелектуалната љубопитност е наградена, така што учениците ќе

можат полесно да продолжат да ги користат придобивките од Реџио

училиштата по напуштањето на оваа програма.

14

Page 15: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

4.3.Образование врз основа на меѓусебните односи

За разбирање на основите на Реџио пристапот треба да напоменеме

дека тоа е образование базирано врз основа на меѓусебни односи. Лоренс ги

има дефинирано правата на сите три субјекта - децата, родителите и

наставниците.

Воспоставена е мрежа на комуникација помеѓу децата, родителите и

наставниците од Реџио училиштата. Овие три протагонисти работат заедно

во дух на соработка и ко-изградба на знаењето. Тие работат заедно во

интеракција стремејки се кон заедничка цел, изградба на култура во која се

почитува детството, времето и просторот за да можат да истражуваат, да

создаваат и да бидат радосни.

Секој од овие тројца протагонисти имаат одредени права во рамките

на училиштето:

1. Право на децата е да им бидат признаени индивидуалните,

правните, граѓанските и социјалните права, како и правото самите да бидат

извори и конструктори на сопствените искуствени знаења, а со тоа и активни

учесници во организацијата, во изградбата на сопствениот идентитет, свест

за своите способности, самостојнот и независност, како интегративен дел

остварен преку интеракции и односи со нивните врсници, со возрасните, со

идеите, со објектите, со реалните и имагинарните настани во

intercommunicating светови е утврдување на основните постулати во

создавањето на "подобри граѓани на светот" и подобрувањето на квалитетот

на човечката интерактивност. Целта е кај секое дете или индивидуа да се

создаде неизмерно богатство од сопствени вродени способности и

потенцијали, сили и креативни можности. Се предизвикува неповратно

страдање и осиромашување на детето кога овој факт нема да биде

прифатен.

2. Лорис Malaguzzi ги дефинира правата на родителите. Родителите

имаат право активно да учествуваат со доброволно придржување кон

основните принципи кои се однесуваат на заштита на растот и развојот на

нивните деца кои се доверени на јавната установа. Ова значи дека нема

15

Page 16: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

делегирање и нема отуѓеност. Тој всушност ја потврдува важноста на

присуството и улогата на родителите, кои секогаш биле и се многу ценети во

италијанската институционална традиција. Заедничкото училиште ја

подржува традицијата и ја прави силна со заедничките напори за вклучување

на родителите и подигање на свеста за придобивките од тесна соработка со

семејствата и добивање на поголема безбедност и благосостојба на децата.

Родителот со своето учество овозможува комуникациона мрежа која води кон

комплетни и повеќереципрочни знаења, како и кон поефикасни истражувања

за најсоодветни и најдобри образовни методи, содржини и вредности. (Лорис

Malaguzzi Reggio Emilia 1993)

3. Наставникот, како родителите и децата, исто така, има права во

рамките на овој уникатен систем. Наставниците и работниците од секое

училиште имаат право за допридонес во истражувањето и подготовката на

концептуални модели во кои ќе ги дефинираат образовните содржини, цели и

практики. Правото најчесто се остварува преку отворените дискусии помеѓу

вработените, со педагошките координатори и родители од советодавните

комитети, во согласност со правата на децата и семејствата, преку соработка

и избор на методи, дидактика, истражување и набљудување на проекти;

преку дефинирање на областите и искуствата, во тек на наставата за

пермаментен професионален развој и Генералштабот за развој, преку

културните иницијативи и задачите за менаџирање на заедницата. Оваа

соработка, исто така, се протега низ организацијата на животната средина и

дневната работа на училиштето. (Лорис Malaguzzi, Реџо Емилија 1993)

5. Наставна програма

Наместо по однапред предвиден план и програма, Реџо Емилија

пристапот ги охрабрува наставниците најнапред да ги споделаат интересите

со детето како водич на наставната програма. Наставниците се обучени да ги

препознаaт интересите на детето и да создаваат проекти кои ја стимулираат

љубопитноста на детето.

Наставната програма во Реџо има појавна и развојна природа, таа

однапред не е дефинирана, таа постојано се менува и прилагодува.

Едукаторите ги развиваат општите цели и предвидувања преку активности и

16

Page 17: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

проекти кои се соодветни за детето според нивниот интерес и појавите околу

нив, кои ќе имплицираат можности за креирање на програмата и ќе им

овозможат добра и квалитетна подготовка за живот и контакт со животната

средина. Децата според нивните интереси ја разваат наставната содржина и

на тој начин наставната програма се појавува. Голем дел од наставната

програма во Реџио пристапот е во форма на проекти, кои можат да се

иницираат и појават од страна на децата или наставниците. Проектите можат

да започнат од случаен настан, една идеја или проблем поставени од страна

на едно или повеќе деца, или од искуството кое проникнува непосредно од

страна на наставниците. Понекогаш, некој настан или проблем може да

резултира со еден проект, како што е на пример-студија за чевлите која се

случила кога едно дете се појавило на училиште со нов пар на чевли. Децата

биле љубопитни за тоа како чевлите биле направени и сакале да ги истражат

материјалите за производство на чевли. Проектите се всушност интензивни

структури на знаење, студии спроведени од страна на децата кои се водени

од страна на возрасните. Проектите можат да варираат во должина од

неколку дена и по неколку месеци со интервентен карактер. Размислувајки

на овој начин ние добиваме богатство од проекти кое ја прават богата

самата појавна програма.

Во Реџио училишта, времето за работа не е ограничено и утврдено,

должината на времето за работа не се мери туку зависи од потребите на

детето и неговиот интерес. Понеделник не определен како стереотипен ден

за дадени активности и сите во исто време не одат во тоалет. Посебен

распоред и систем на определување на времетраењето на некакви часови

или активности нема затоа што Реџио пристапот секое дете треба да има

доволно време за изразување, учење, истражување, потребно време за да

можат да се прошируваат знаењата па дури и да се навраќат на дадениот

проект.

Долгорочни проекти

Еден од главните моменти кој често ги привлекува едукаторите кон

Реџио пристапот е комплексното долгорочно истражување на проекти. За

разлика од тематските проекти кои произлегуваат од наставниците,

произлегуваат и други проекти иницирани од децата и од наставникот

мотивирани од секојдневниот градски живот, мотивирани од дадени

17

Page 18: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

предмети, појави итн. Наставниците многу често работат на проекти со мала

група на деца, додека останатите деца во училницата самостојно

продолжуваат да работат со други активности и истражувања. кои самите ги

избрале.

Тоа што го прави Реџио Емилија моделот така извонреден според

програмата е комбинација на основни на идеи на креаторите според кои

сите учесници мора да бидат застапени за моделот да биде успешен

(Gandini, 1993). Многу од овие компоненти се присутни и во многу други

програми за работа со мали деца. Разликата може да забележи во

интензитетот со кој тие се применуваат во Реџио училиштата (Bredekamp,

1993).

6. Клучни елементи на Реџио Емилија програма

Следните делови ги опишуваат клучните елементи на оваа уникатна

програма.

6.1. Детето

Децата се мали истражувачи, кои комуницираат со светот кој ги

опкружува. Тие се лица со сопствени идеи, мисли, чувства и изрази.

Сите деца имаат подготвеност, потенцијал и љубопитност, тие имаат

интерес за изградба на сопствените знаења во комуникација со се што носи

животната средина во нив. Веруваат дека секој човек конструира своја

интелигенција од директна интеракција со животната средина и со

општествените групи. На децата треба да се гледа како на активни граѓани

со загарантирани права, кои имаат придонес како членови на една

општествена стварност, на нивните семејства и на локалната заедница.

Децата со посебни права (наместо користење на терминот посебни потреби)

имаат предност во аплицирањето да станат дел од бебе/дете центри во

предучилишните установи.

18

Page 19: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

Децата се стремат да го разберат светот, со што создаваат теории за

да можат да сиобјаснат како функционира и црпејки ги своите знаења со

користење на својата природна љубопитност.

Цитатот подолу е од Malaguzzi кој беше поранешен учител во Реџио

ни сумира:

"Секое дете е уникатно и е главен лик во сопствениот раст. Децата

сакаат да се здобијат со знаење, поседуваат огромен капацитет,

љубопитност и чудотворност, со копнеж за создавање комуникација и

односи."

Детските односи и интеракциите во рамките на системот.

Образованието треба да се фокусира кон секое дете, тоа не треба да

се гледа изолирано, туку да се гледа во релација со семејството, со другите

деца, со наставниците, со животната средина на училиштето, со заедницата,

и со поширокото општество. Секое училиште се гледа како систем во кој се

активирани и поддржани сите овие односи кои меѓусебно се поврзани и

реципрочни,

Конечно, кој би можел да помисли дека децата можат да бидат

прогласени за "четвртиот наставник” -ако не и прв во програмата на Реџио,

бидејќи тие се вреднуваат како" наставници "на свој начин, од кои се учи, кои

треба да бидат слушнати и почитувани. Улогата на наставникот е да не биде

супериорен и доминантен, туку да знае да слуша и да дава насоки. Ова е

задолжителна форма меѓу наставниците и децата, кои престојуваат заедно

преку тригодишен период.

6.2. Наставникот

Наставникот се обидува да ги дознаe индивидуалните карактеристики

и потреби на секое дете, а не само за тоа што е типично за 3 - 4-годишна

возраст. Наставникот во Реџо Емилија е истражувач, собирач на податоци,

ученик и соработник на стратешкиот капацитет на детето да се научи.

Одговорноста на заедницата на наставниците е да се обезбеди контекст за

учење.

"Детето е достојно да биде слушнато."

19

Page 20: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

"Слушај, почитувај, разговарај и научи од детето."

"Ако детето е немирно, дознај зошто, дознај што се обидува да

ти каже додека разговараш со него, дознај како можеш да му

помогнеш на детето."

"Вашата работа како возрасни е да му помогнете на детето да

комуницира за своите чувства и тоа ќе биде водич за детето кон

позитивното решение на проблемот”.

"Niente Senza Gioia" (ништо без радоста) Лорис Malaдuzzi

Вака смислени напатствија ни кажуваат многу за улогата на

наставникот. Улогата на наставникот во рамките на Реџо Емилија пристапот

е комплексна работа како ко-наставник, наставникот кој како прво и основно

треба да биде ученик заедно со децата, но и наставник-истражувач, ресурс

и водич. Во таков концепт на улога на наставник-истражувач тој

внимателно слуша, почитува и ја документира детската работа, развојот на

заедницата во училницата, провоцира и стимулира ко-изградба и

размислување кај децата како и во соработката со колегите.

Наставникот Реџо е уникатен, бидејќи тој самиот придонесува во

процесот на ко-изградба на знаење, тоа ја менува традиционалната улога на

професор и ги отвора вратите за нови можности. Тој започнува со употреба

на сопствени теории на детето, промовира неурамнотеженост и му помага на

детето да размислува за неговото размислување за да се олесни новото

учење.

(Seong Бок Хонг 1998).

Реџио наставникот на децата им овозможува да:

1. Наставникот на детцата им дава можност да поставуваат свои

прашања и даваат свои претпоставки, кои самостојно ќе ги проверат

преку истражување и експерименти.

2. Наставникот на детцата им дава можност да истражуваат и да

генерираат многу можности, афирмативни и контрадикторни.

20

Page 21: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

Наставникот подржува противречности како подлога за истражување,

дискусија и дебата.

3. Наставникот на детцата им дава можност да користат симболично

изразување претставувајки ги своите мисли и хипотези.

4. Наставникот на децата им дава можност за споделување на своите

идеи со другите.

5. Преку процесот на Преиспитување на можностите наставникот на

децата им нуди можност да се реорганизираат концептите, идеите,

мислите и теориите за да се изгради ново значење.

6. Наставникот е обучен набљудувач кој умее да документира, одличен

партнер во процесот на учење.

Реџио Емилија наставниците кон децата гледат како активни и љубопитни

личности полни со желба за учење. Кога се присутни интересни материјали и

активности и кога возрасните на децата им испраќаат внимателени насоки,

децата се вклучуваат во квалитетни образовни искуства. Наставниците се

преполни со разбирање без наметнувачки став поставува прашања и на тој

начин ги открива детските идеи, хипотези и теории. Тие учењето не го гледат

како линеарен процес, туку како спирална прогресија и се сметаат себеси за

партнери во процесот на учење.

Реџо Емилија наставниците се партнери со децата и родителите во

образовниот процес. Внимателното набљудување и добрите комуникациски

вештини им овозможуваат на наставниците да развиваат планови за

начините и постапките за давање на помош и креирање активности за учење

одделно за секое дете во училницата. Покрај тоа, наставниците се гледаат

себеси како партнери во учењето. Наставниците не се сметаат за дадили

кои обезбедуваат заштита и згрижување на децата (bebe-sitters) туку како

ученици кои заедно со децата продолжувааат да се надградуваат. Тие се

гледат како поддржани истражувачи, ценети заради нивното искуство и

нивните идеи. Работата и односите на наставниците, децата и родителите е

од суштинско значење.

Професионален развој на наставниците е интегриран во нивната

работна недела. Всушност, наставниците се платени шест часа неделно за

професионален развој, планирање, подготовка на материјали, менаџирање

21

Page 22: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

со заедницата и средби со семејствата и друго. Тековниот професионален

развој се оценува преку иницијативите од и за наставниците.

Соработка на сите нивоа во училиштата е моќен метод на работа со

кој се овозможува остварување на сложените цели кои Реџио едукаторите ги

имаат поставено пред себе.

"Наставниците - како што се децата и сите други - чувствуваат

потреба да растат во нивните надлежности, тие сакаат да ги трансформират

искуствата во мисли, мислите во рефлексии, и рефлексиите во нови мисли и

нови акции Тие исто така чувствуваат потреба да се прават предвидувања, да

се обидат, да работат надвор и да се интерпретираат ... Наставниците мора

да научат да ги протолкуват тековните процеси, наместо да чекат да се

оценат резултатите. "Лорис Malaдuzzi

Всушност, Реџо Емилија едукаторите продолжуваат движејки се во

чекор со најновите истражувања за развојот на детето и образованието во

другите земји. Во исто време тие сепак продолжуваат да формираат нови

толкувања, нови хипотези и идеи за учење и настава преку нивните

секојдневни набљудувања и практичната воспитно-образовна работа учејки

заедно со децата.

6.3. Родителот

Родителите во Реџио Емилија пристапот се сметаат за неопходни и

потребни, од нив се очекува да ги споделуваат одговорностите во однос на

едукацијата на децата (Hendrick, 2004). Соработката со родителите се

издигнува на највисоко можно ниво. Родителите постојано и редовно

учествуваат и партиципираат во училницата или вклучуваат во разновидни

образовни настани. Семејствата кои се сметаат за партнери во овој пристап

со нивната силна родителска поддршка и постојана комуникација помогаат

во задоволување на потребите и интересите на малите деца во учењето.

Родителите се суштинска компонента на програмата, тие се активни

учесници и надлежени во учењето на нивните деца. Кон родителите не се

гледа како кон потрошувачи, туку како ко-одговорни партнери. Станува збор

за социјална интеракција и соработка со родителите заоснована на взаемно

22

Page 23: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

почитување.3 Нивното право на учество се очекува, како и нивната

поддршката во многу разновидни форми како неопходен ресурс за учење на

нивните деца. Со цел да се поттикне заедницата, Реџио училиштата се

домаќини на различни настани во текот на секоја учебна година, вклучувајќи

ги и конференциите како и посебни предавања за родители.

6.4. Документација

Документацијата завзема централно место во Реџио Емилија

пристапот, а со нејзината изработка се овозможува учењето да биде

видливо. Тоа е процес кој вклучува набљудување, размислување, соработка,

толкување, анализа и претставува составен дел од случувањата во

училницата. Документацијата ги учи децата дека нивната работа е ценета.

Родителите исто така можат да ги прочитат документираните забелешки и да

станат посвесни за искуствата на нивните деца.

3проф.д-р.Лена Алабашевсака Дамовска: Реџио Емилија, Просветно дело 62, 3 (2009)

Постојат повеќе форми на документација: фотографии, аудио записи,

видео записи, забележување на белешки и креирање вистински производи

од работата на детето со цел да се создаде мулти сетилна "меморија" од

активностите со можност за повторно навраќање на проектот.

Документација е клучен елемент во Реџио пристапот. Документацијата

служи за многу цели, но најголем дел се користи како алатка за истражување

и проучување на процесот на учење кај децата. Документација во суштина

содржи се што децата прават, учат и допират. Додека пак производот на

документацијата е одраз на интеракции помеѓу наставниците и децата и

помеѓу самите деца. Документацијата, поради тоа што е направена на

дневна основа е медиум преку кој наставниците разговараат за програмата,

за нејзината рационалнална појава, тек и развој. Таа обезбедува поголема

теорија за секојдневната практика. (Seong Бок Хонг 1998 стр 51).

Документирање на секојдневните искуства на децата и тековните

проекти дава идентитет и смисла одделно за секое дете што направило.

23

Page 24: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

Преку документацијата наставниците се во можност да добијат увид во

мислите на децата, можност за утврдување за понатамошно истражување и

работа, се создадава историја за работата и воедно предизвикува поголем

интерес.

Реџио наставници се обучени набљудувачи на децата. Секојдневно

тие собираат податоци, записи од разговори меѓу децата и видео снимки за

настаните и активностите независно дали самите се поврзани во работата

на проектот или пак во тоа време работат во училницата. Забележуваат што

зборуваат и прават децата и какви материјали користат. Документацијата

потоа се користи за анализирање на детското разбирање и мислење. Тоа

заедно се ревидира од страна на наставниците и децата. При ваквиот

рефлективен процес на децата им се обезбедува можност да ги откријат

нивните прашања и проблеми, воедно и заеднички да утврдат кои би биле

следните чекори. Преку процесот на преиспитување на теориите и

сфаќањата децата растат и се развиват.

“Нивните дела далеку продираат со својот визуелен ефект. Тие се

сеќаваат на внимателно одбраните фотографии, најчесто групирани во

циклуси, кои служат како жива евиденција на искуства од децата и

истражувањата, како тие ги согледуваат различните аспекти на

одредена тема. Повеќе од извонредни се фотографиите и предметите

изработени од самите деца”. (Hendrick, 1997, стр 28)

Seong Бок Хонг (стр.50-51) ги сумира целите на документација како:

1. Процес со кој наставниците собираат информации за идеите на

децата и за процесот на нивното размислување.

2. Секојдневна практика на наставниците за која можат да разговараат во

поглед на наставната програма, да ја прошируваат и рационално

развиваат според нејзиниот тек

3. Дава податоци за студирање.

4. Дава континуитет на одредена активност, бидејќи новите активности

се развиваат од претходните искуства.

5. Нуди истражувања во наставата.

6. Им овозможува на наставниците заедно со децата да се наварќаат.

7. Конкретни, активни и рефлексивни.

24

Page 25: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

8. Ги обезбедува и ги определува точнитете начини на поддршка за

децата и можности да се извршат задачите.

9. Таа е во срцето на секој проект или искуство.

10.Таа служи како лекција за планирање.

11.Го дефинира наставникот како олеснувач.

Моќта на документација. Транскрипциите од забелешките за децата,

дискусиите, фотографиите, за нивните активности и претставата за нивното

размислување и учење се траги кои внимателно се проучуваат. Овие

документи имаат неколку функции. Најважните меѓу нив е дека тоа се алатки

за правење хипотези (за проект) за насока според која ќе работат и со какви

искуства децата ќе се стекнат. Откако овие документи ќе се средат и

организираат, се презентираат на родителите и им помагаат да станат

свесни за искуствата на своите деца, воедно ја одржуваат и вклученоста на

родителите во образовниот систем. Документите овозможуваат за подобро

разбирање на наставниците со децата и за оценување на својата работа

промовирајќи го својот професионален развој, на тој начин се создава

историската архивата на училиштето. Користа е повеќестрана при ваквото

документирање, голема корист имаат и децата бидејки стануваат свесни за

вреднувањето на нивните напори. Документација обезбедува евиденција на

учењето и открива врски помеѓу настани. Таа, исто така дава можност да се

видат искуствата од минатото и дава можности за подобро планирање на

идните искуства.

6.5. Животната средина како Трет наставник

Кога децата влегуваат во Reggio Emilia училиште лесно е да се разбере

зошто Реџо Емилија пристапот смета дека училишната средина треба да

биде "третиот учител." Во рамките на Реџио Емилија училишта, големо

внимание се посветува на изгледот на училницата, како и на стимулативната

и благопријатна атмосфера која треба да биде присутна во училницата.

Впечатокот на “добредојде” на животната средина ги охрабрува децата да

се вклучат во активности и откривања. Долги ходници кои се наменети за

трчање, врати кои се отвораат и затвораат. Големи прозорци од подот до

таванот и бледи ѕидови, изобилство на огледала кои даваат одраз на

25

Page 26: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

светлина во повеќе димензии, даваат поддршка кај детето во изградба на

сопствена слика за себе. Употребата на природната и вештачката светлина,

шарената облека на децата и изработките служат за прикажување на

простор исполнет со можности. Архитектурата е дизајнирана да за да ги

охрабри предучилишните деца во игрите и средбите. Заедничкиот простор

кој е на располагање на сите деца во училиштето вклучува области наменети

за драмска игра и работни табли се со цел децата од различни училници да

можат заеднички да се дружат и соработуваат. Персоналот прави свесни

напори да контактираат и комуницираат со родителите, ги обезбедуваат со

забелешки или фотографии од активностите на детето во тој ден. Тие се

свесни за фактот дека како и во домашни услови така и во училишниот свет

треба да се оствари континуитет во животно - образованиот процес на

детето, потребно е внимателно да се координират.

Распоредот на структурите, објектите и активностите поттикнуваат на

многу избори, решавања на проблеми и откритија во самиот процес на

учење. Во подготовка на просторот, наставниците нудат можност на децата

да бидат заедно со наставниците и со многу други деца, или само со неколку

од нив, дури и место да бидат сами. Наставниците се свесни дека, сепак,

децата учат од своите врсници, особено кога имаат можност за комуниција

во мали групи. Gandini (1993 стр.6)

Едукаторите од Реџо Емилија кон училиштето гледаат како на еден

жив организам. Училиштето е место каде се одвиваат и креираат

меѓусебните односи помеѓу децата, наставниците и родителите. Училиштето

предизвикува чувство на припадност во свет кој е жив, добредојден и

автентичен и кај децата и кај возрасните. (Malaguzzi, 1994, стр.58)

Наставниците внимателно го организираат просторот за мали и големи

групни проекти и мали интимни простори за едно, две или три деца.

Документација од работата на децата, растенијата и колекциите направени

од поранешните излети на децата се прикажани и изложени на места кои се

наоѓаат во ниво на очите на децата и возрасните. Реџо Емилија училниците

се полни со изработки од децата. Слики, колажи, скулптури, цртежи и

фотографии се присутни во секое ќоше и катче на училницата. Тие се

прикажани со цел родителите, наставниците и другите деца подобро да го

разберат процесот на размислување. На животната средина се гледа како

26

Page 27: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

на значаен елемент на образованието и одраз на културата на училиштето

со текот на времето. Во фокусот на животната средина е ставена

естетиката, организацијата, мисловноста, провокацијата, комуникацијата и

интеракцијата.

Улогата на просторот е да создаде впечаток на симпатично училиште.

Овие предучилишни јадра пренесуваат многу пораки дека тоа треба да биде

место каде што возрасните ќе бидат инспирирани и ќе почнат да

размислуваат за квалитетот и поучната моќ на просторот. Распоредот на

физичкиот простор поттикнува средби, можности за комуникација и односи.

Децата најмногу учат преку размена на мисли и дијалози со нивните врсници,

па затоа наставниците организираат простори кои поддржуваат ангажирање

на децата во мали групи. Децата се охрабруваат да учат едни од други, од

наставникот, од родителите во соодветен и привлечен амбиент кој отвара

нови хоризонти. Основната порака на наставниците е обидот да се пренесе

животната средина како услов учењето да претставува задоволство и

општествена активност (Hendrick, 2004).

6.5.1. Ателје-Еден посебен простор во Реџио училниците се нарекува

ателје. Секој центар вклучува ателје (студио), а често и мини-творечки

атељеа (уметнички агли) кои се граничат со индивидуалните училници. Еден

atelierista (професионален уметник) е стандарден член на персоналот, тој ја

надополнува работата на наставниците преку помагање на децата да

комуницираат на "сто јазици"- многу начини на детското изразување (преку

уметноста, музиката, играта ...)

Наставникот ја издвојува оваа специјална работилница како простор

за снимање во визуелна форма за се она што децата го учат со цел тие да се

вклучат во проекти по сопствен избор (Едвардс, Gandini, и Форман, 1998).

Ателјето содржи богатство на алатки, ресурси материјали кои децата можат

да ги користат при нивното документирање. Ателјето е место за

експериментирање со посебни визуелни јазици, или комбинација на истите,

или во комбинација на вербално изразување. Постојат мини-творечки

атељеа до секоја училница, кои се користат за подолги проекти. Овие

творечки атељеа се опремени со глина, жици, бои, прибор за пишување и

цртање, хартија, монистра, школки. Различни творби напревени од

рециклирани и природни материјали се користат од страна на децата во

27

Page 28: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

кратки и долгорочни проекти. Се она што е направено со материјалите и

медиумите не се смета како уметност сама по себе, бидејќи во поглед на

Реџио едукаторите, употребата на многу медиуми не е посебен дел од

наставната програма, туку нераздвоен, составен дел на целосен когнитивно -

симболички израз вклучен во процесот на учење. Под раководство на

обучените специјалисти, децата со меѓусебна интеракција и соработка

креират резимеа на нивните искуства за учење.

7. Социјален конструктивизам

Пристапот Реџио Емилија го гледа детето како протагонист, како

активен конструктор на своето сопствено знаење. Наставникот исто така се

гледа како протагонист кој се ангажира со своите колеги (ко-наставници и

други) и учествува во создавање индивидуалени и колективени

интерпретации. Социјалниот конструктивизам е прикажан во наставниците

кои ги почитуваат потребите на децата за генерирање на свои прашања и го

ревидират нивниот избор.

Пристапот Реџио прави врска помеѓу децата како ко-градители на

знаењето и важноста на реципрочна комуникација како клучен елемент во

учењето.

Пристапот Реџио Емилија го гледа родителот како протагонист, тие се

активни учесници и креатори на градењето на знаењата на децата т.е. ко-

одговорни партнери.

Образованието е базирано врз основа на комуникација која е

опфатена во рамките релација: наставник-наставник, дете-дете, наставник-

дете, родител-дете, родител-наставник и родител-родител односи. Тоа

создава многу богата средина за учење за сите оние кои се вклучени во овој

процес. Во поглед кон Реџио учителот можеме дазаклучуваме дека тој е

истражувач и училиштето го гледа како место за истражување, како место за

учество и заедничка изградба на вредности и значења за изразување на " сто

јазици" на децата.

Големи напори се вложуваат во одржувањето на дијалог меѓу

наставниците, администраторите, избраните функционери и градот како

целина за развој на образовен систем на рано детство

28

Page 29: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

8. Колегијалност меѓу наставниците

Наставниците работат во парови и на одржувањето на силни

колегијални односи со сите колеги и вработени. Тие секојдневно се вклучени

во тековни дискусии и толкувања на нивната работа и работата на децата.

Токму овие размени и дијалози обезбедуваат постојана обука и теоретско

збогатување кое е од витално значење за Реџо Емилија прктикување.

9. Вредности на Реџо Емилија пристап кон предучилишното

образование

Размена на идеи помеѓу родителите и наставниците е од суштинско

значење и се залага за развој на нов начин на едукација. Училиштата се

управувани од страна на заедницата-базирани на управување во кое се

промовира интеракција и комуникација меѓу наставниците, децата,

родителите и заедницата. Постојат силни напори за одржување дијалог меѓу

наставниците, администраторите, избраните функционери и градот како

целина за развојот на образовниот систем на раното детство. Во

училиштата се организираат и се промовира учеството и конструктивна

коегзистенција заснована на слушање, отвореност и признавање на другите.

Многу проекти се започнати со цел да ги донесат возрасните и децата

заедно. Реџо едукатори во образованието служат како врска меѓу трите

протагонисти: детето, наставникот и родителот. Размената на мислење и

дијалогот е многу ценет помеѓу децата, наставниците и родителите.

10. Прифатеност на Реџио Емилија пристапот во светот

Во последниве години, предучилишната програма на Реџио Емилија,

го привлече вниманието на теоретичарите, практичарите и експертите за ран

детски развој од целиот свет особено кај едукаторите од САД. Овие

програми го добија своето значење набрзо по Втората светска војна, под

водство на Лорис Malaguzzi, генерално заслужен да биде основач, идеен

лидер и поборник на Реџио Емилија пристапот пред неговата смрт во 1994

29

Page 30: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

година. Практичарите кои ги проследуваат учењата на врвните Реџио

едукатори со ставање акцент на длабочината на истражувањата на теми од

интерес за децата и наставниците, овие предучилишни образовни искуства

се навистина извонредни за наставниците (Hendrick, 2004). Со помош на

возрасните, децата во Reggio Emilia училишта го документират нивното

учење преку остроумни и детални разговори, фотографии и уметнички дела.

Постојат неколку важни и уникатни карактеристики на Реџио Емилија

програмата кои се подржани и општо прифатени од многу земји во светот.

Карактеристики на Реџио пристапот подржани од другите земји:

1. Прво, во соработка со наставниците и многу родители кои се

учесници, има професор обучен во областа визуелни уметности кој се

нарекува atelierista. Исто така постои и посебен простор-студио или

работилница-наречена ателје. Сите заедно (возрасни и деца) ги користат

алатките и материјалите од ателјето.

2. Втората карактеристика е средина која често се нарекува "трет

учител." Секој сантиметар од простор е дизајниран и се користи за да

одговора на детската возраст. Во простор и кабинетите се оди подалеку од

"детско катче на станбената површина во кое децата ги создаваат нивните

светови и приказни" (Wurm, 2005, стр 35).

3. Третата уникатна карактеристика на програмата е големата

документација за размислувањата на децата, дискусиите, работата и

напредокот што се собираат и користат. На Реџио едукаторите вредноста на

документацијата е значајна затоа што е начин како подобро да се разберат

децата и начин на кој се оценува нивната работа како едукатори. Во исто

време, преку процесот на собирање на документација се остварува

комуникација со децата и посочува дека нивната работа и нивните напори се

вреднуваат и евидентираат. Во прилог на тоа одат појавните и тематски

наставните програми, рутини и стратегии кои имаат голем придонес за

учењето на децата. Во Реџио децата се сосема независни кога станува збор

за следниве рутини како на пример користење на бања. Како и во многу

други одлуки за време на нивното учење, сето тоа е потребно за да се

утврди дали на децата им е потребна помош и дали тие сакаат да бидат

сами или во група (Wurm, 2005).

30

Page 31: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

11.Заклучок

Гледајќи на овој комплексен систем на образование забележуваме

колку е фасцинантен и предизвикувачки, тој упатува повик кон нас

наставниците да ги видиме можностите на она што може да биде, само ако

сме подготвени да преземеме ризици и да ги потиснеме нашите

традиционални улоги. Тој ја нуди најздравата образовната практика, во која

љубовта кон децата и отвореноста кон промени се појдовни точки. Во текот

на последните 50 години, овој образовен систем се развил во единствена

програма што го привлекува вниманието на едукаторите во светот кон

развојот на образование на раното детство. Многумина од нас се

запрашуваат како овој модел да се пренесе во нашите средини, но пред тоа

да го посакаме најнапред треба да се согледа менталитетот и спецификите

во нашата земја.

Во срцето на овој систем најмоќна е сликата за детето. Реџио

едукаторите не ги гледат децата како празни садови кои треба да се

наполнат со факти. Наместо тоа тие на децата гледаат како кон потенцијал,

компетентност и способност за градење на свои теории со свои права како

што е напишано од Лорис Malaguzzi кој најдобро ја опишува сликата за

детето

“Детето не е лонец кој треба да се наполни,

туку факел кој треба да се запали” (народна поговорка)

За да создадеме подобра слика за детето треба да знаеме дека

децата имаат права (индивидуални, правни, граѓански и социјални права)

Кон нив треба да гледаме како кон извори и конструктори на сопствените

искуства, да ги гледаме како активни учесници во организацијата и

изградбата на сопствениот идентитет, способност и самостојност. Да ја

уважиме потребата за меѓусебната интеракција и односи со врсниците,

возрасните, идеите, предметите... Со вакво гледиште во кое детето е во

центарот на наставата неизоставувајки ги сите останати фактори и чинители

31

Page 32: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

ние ќе учествуваме во подржување на основниот постулат- да се создадат

"подобри граѓани на светот"

"Детето мора да знае дека е чудо, дека од почеток па до крај на светот,

нема да има друго дете исто како него" Pablo Casal

Овие стратегии нудат конструктивен придонес во формирањето на

креативна интелигенција, слободна мисла и индивидуалност, знаејки дека

децата се чувствителни и свесни. Фактот дека правата на децата се

признаваат како и правата на сите е знак за поголемо остварување на

човештвото.

Пристапот Реџио е успешен, бидејќи има моќна слика и длабока почит

кон културата на детството, силна верба во мислата дека децата,

наставниците и родителите работат заедно во процесот на изградба на

знаењата. Италија го привлекува вниманието на едукатори од многу земји.

Овие училишта се вбројуваат како едни од "Десетте најдобри училишта во

светот". (цитирано од Њусвик)

Проследувајки го овој пристап, како едукатор неможеш а да не

забележиш дека овој пристап претставува елегантна мешавина од многу

комплементарни теории за развојот на детето и теорија за воспитно-

образовен процес. Тоа е филозофијата на рано образование кое ја нагласува

моќта на документација, појавната програма, заедничката соработка,

животната средина и почитување на темпото за учење на детето.

Ние не можеме автентично да го репродуцираме овој ексклузивен

културен образовен систем во нашето општество, бидејки тој е креиран врз

културата и менталитетот на тамошниот народ, врз нивната традиција.

Сепак, преку нашето истражување во односот на Реџио пристапот, ние сме

во состојба да ги збогатиме нашите секојдневени искуства со децата во

нашите училишта.

Секој ден и секој момент да ги следиме упатствата на децата и

прилагодувајки се кон нив, со контуинирано набљудување, документирање,

слушање и толкување на целите, теориите и стратегиите да можеме да

добиеме увид во детското размислување. Секогаш да бидеме подготвени да

направиме промени и да дадеме поддршка на децата во нивните откритија.

32

Page 33: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

"Кажи ми и ќе заборавам, покажи ми и јас може да запаметам, вклучи ме и

јас ќе разберам" кинеска поговорка

Реџио-децата се нашата перспектива бидејки конструктивниот пристап

кон раното детство во образованието нуди можност кај децата да се

изградат знаења преку секојдневните искуства и со заедништво од родители,

наставници, врсници, настани и објективната природа во светот.

Едукаторите од Реџо Емилија ни ги покажаа можностите на се што

може да се случи кога имаме доверба и почит кон способностите на децата.

Користена литература и консултирани извори:

1. Компатибилноста на предучилишното со основното воспитание и образование; Лена

Дамовска; Скопје (2001)

2. Просветно Дело 62 (2009) 1-7, научен труд на Лена Алабашовска Дамовска:Реџио

Емилија-Педагошко-психолошка концепција соодветна за децат на XXI век

3. The hundred lenguage of children -Carolyn Edwards, Lella Gandini, George Forman(1998)

http://books.google.mk/books?

id=VpIJWvfdIewC&printsec=frontcover&dq=Reggio+Emilia&hl=mk&ei=AoQUT_PWFKPh4QS9tqH

ZAw&sa=X&oi=book_result&ct=book-thumbnail&redir_esc=y#v=onepage&q=Reggio

%20Emilia&f=false(14.01.2012)

4. An encounter with Reggio Emilia: children's early learning made visible- Linda Kinney, Pat

Wharton(2008) http://books.google.mk/books?

id=IEhRXnMt0CAC&printsec=frontcover&dq=Reggio+Emilia&hl=en&sa=X&ei=j7k6T_m5KKeA4gT

W7JHCg&ved=0CDUQ6AEwAA#v=onepage&q=Reggio%20Emilia&f=false(18.02.2012)

5. In Dialogue with Reggio Emilia: Listening, researching and learning; Carlina Rinaldi(2006)

http://books.google.mk/books?

id=ForKXsJ2O4kC&printsec=frontcover&dq=Reggio+Emilia&hl=mk&sa=X&ei=AoQUT_PWFKPh4

QS9tqHZAw&redir_esc=y#v=onepage&q=Reggio%20Emilia&f=false

6. Authentic childhood: exploring Reggio Emilia in the classroom; Susan Fraser, Carol Gestwick

(2001)

33

Page 34: Seminarska Reggio Emilija

Реџио Емилија пристап

http://books.google.mk/books?

id=CTK4pGoU99QC&printsec=frontcover&dq=Reggio+Emilia&hl=en&sa=X&ei=2Lo6T731GcWl4g

T52d3jCg&ved=0CDwQ6AEwAQ#v=onepage&q=Reggio%20Emilia&f=false(14.01.2012)

7. Bringing Reggio Emilia home: an innovative approach to early childhood education; Louise Boyd

Cadwell (1997)

http://books.google.mk/books?

id=_L0claCWVt4C&printsec=frontcover&dq=Reggio+Emilia&hl=en&sa=X&ei=u7s6T6rmMOiC4gT

MmPTZCg&ved=0CE8Q6AEwBA#v=onepage&q=Reggio%20Emilia&f=false(20.01.2012)

8. Art and creativity in Reggio Emilia: exploring the role and potential of ...; Vea Vecch (2010)

http://books.google.mk/books?

id=OZv1GmwyLS8C&printsec=frontcover&dq=Reggio+Emilia&hl=en&sa=X&ei=QLw6T7bUFKqD4

gSfptX7Cg&ved=0CFUQ6AEwBQ#v=onepage&q=Reggio%20Emilia&f=false(15.01.2012)

9. http://lascuola.com/(15.01.2012)

10. http://www.creekwoodcottage.com/ExaminingtheReggioEmiliaApproach.pdf(15.01.2012)

11. http://en.wikipedia.org/wiki/Reggio_Emilia_approach(15.01.2012)

12.http://www.ltscotland.org.uk/learningteachingandassessment/approaches/reggioemilia/

index.asp(15.01.2012)

13.http://www.reggioalliance.org/faq.php Северна Америка Реџо Емилија алијанса (NAREA):

(15.01.2012)

14. http://www.education.com/magazine/article/Reggio_Emilia/(15.01.2012)

15. http://zerosei.comune.re.it/inter/nidiescuole.htm(15.01.2012)

16. http://www.reggiokids.com/about/about_approach.php(12.01.2012)

17. http://www.reggiochildren.it/(15.01.2012)

18. http://www.communityplaythings.co.uk/resources/articles/reggio-emilia.html(13.02.2012)

19. http://reggioaustralia.org.au/(15.01.2012)

20. http://earlychildhood.educ.ubc.ca/community/research-practice-reggio-emilia(15.01.2012)

21.In Dialogue with Reддio Emilia : Listening, researching and learning (15.02.2012)

22. Authentic childhood: exploring Reддio Emilia in the classroom (15.01.2012)

34