obrazovanie seminarska

28
УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА СЕМИНАРСКА РАБОТА ПОВРЗАНОСТ НА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА, УЧИЛИШТЕТО И ЈАВНАТА ПОЛИТИКА Ментор Изработил Проф. д-р Владо Петровски Кристина Костадинова Бр. на индекс 20793

Upload: reprezent

Post on 09-Dec-2015

309 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

obrazovanie seminarska

TRANSCRIPT

Page 1: obrazovanie seminarska

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” – ШТИП

ПРАВЕН ФАКУЛТЕТ

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

СЕМИНАРСКА РАБОТА

ПОВРЗАНОСТ НА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА, УЧИЛИШТЕТО И ЈАВНАТА ПОЛИТИКА

Ментор Изработил

Проф. д-р Владо Петровски Кристина Костадинова

Бр. на индекс 20793

Штип, Февруари 2010

Page 2: obrazovanie seminarska

СОДРЖИНА

1. Вовед (Introduction)

2. Теоретски пристап кон предметот

2.1. Односите со јавноста и училиштето

2.2. Зошто се важни односите со јавноста за училиштето?

2.3. Директорот во улога на ПР на училиштето

2.4. Влијанието на јавната политика

3. Заклучок (Concluding remarks)

4. Користена литература (References)

Page 3: obrazovanie seminarska

ПОВРЗАНОСТ НА ОДНОСИТЕ СО ЈАВНОСТА , УЧИЛИШТЕТО И ЈАВНАТА ПОЛИТИКА

Краток извадок

Односите со јавноста за училиштето претставуваат презентација на

неговото целокупно работење и функционирање. Комуникацијата со

надворешната средина на училиштето му овозможува испраќање и добивање

повратни информации, односно воспоставување двонасочен процес на

информираност. Моќта на односите со јавноста што училиштето ги воспоставува е

во умеењето во вистинско време и на адекватен начин да се активира интересот и

вниманието на јавноста за целите, задачите, приоритетите, традицијата и

идентитетот што го има истото. Одржувањето на односите со јавноста училиштето

го насочуваат да внесува промени во своето функционирање за да стане

динамично училиште и да создава имиџ на квалитетна воспитно-образовна

институција во која јавноста ќе има доверба. Директорот освен педагошки

раководител на училиштето, со своите задолженија на планер, организатор,

водач, креатор и анализатор, претставува и ПР на училиштето. Директорот како

ПР на училиштето создава внатрешен систем на следење, вреднување и давање

инструктивно-педагошка помош , преку кој моше да се добиваат релевантни

податоци за конкретни состојби, проблеми, прашања и резултати. Покрај директно

вклучените учесници во образовниот процес, во остварувањето на целите,

наставната програма и другите образовни активности влијание укажува и јавната

политика која треба да биде заснована на заеднички цели и интереси со

образовните институции и учесниците во образовниот процес.Образовната

политика и имплементацијата на програми поврзани со воспитно-образовните

институции можат да допринесат за полесно и поквалитетно одвивање на

работната дејност на училиштето.

Клучни зборови: училиште, односи со јавноста, директор, образование, јавна

политика.

Page 4: obrazovanie seminarska

1.Вовед (Introduction)

Во организирањето, планирањето, реализацијата, следењето,

унапредувањето, анализирањето и евалвацијата на воспитно-образовната дејност

на училиштето неминовна е размена на идеи и мислења, праќање и добивање на

инфомации и пораки и создавање стабилна и ефикасна врска со неговото

опкружување. Со ова се потврдува дека: “Секој културен модел и секој акт на

општественото однесување вклучува комуникација било во експлицитна било во

имплицитна форма.” (Sapir) според (Janicievic,2000).

Добрата комуникација на училиштето со јавноста го носи со себе

остварувањето на дадена наменска порака која ќе поттикне интерес и потреба за

возвраќање на мислења, предлози, реакции и слично. Во интерес на училиштето е

реализација на добар комуникациски процес со јавноста за да може да го гради

својот имиџ на квалитетна образовна институција во која јавноста ќе има доверба.

Комуникациските процеси што ги остварува училиштето му се потребни бидејќи

преку нив воспоставува врска со други субјекти надвор од училишната средина,

испраќа и добива повратни информации за своето функционирање, добива

позитивна или негативна критика за постигнатите резултати, дознава колку е

ефективен неговиот развоен пат и се презентира во јавноста.

Моќта на училиштето во градењето на односите со јавноста е во умеењето

во вистинско време и на адекватен начин да се активира интересот и вниманието

на опкружувањето за целите, задачите, приоритетите, традицијата и идентитетот

што го има истото. Односите со јавноста на училиштето му овозможуваа

перманентно и организирано да влијание врз ставовите и мислењата на јавноста

и да создаде позитивно јавно мислење за образовната

институција.Комуникацијата со надворешната средина е наменета за

информирање на јавноста за активностите, целите и соработниците на

училиштето и при нејзината реализација од особено значење е предизвикување

на активно слушање од страна на надворешната средина. Односите со јавноста

на училиштето му се од полза во доизградувањето на квалитетот и

Page 5: obrazovanie seminarska

функционалноста на својата дејност и во планирањето на развојниот пат, односно

мисијата и визијата.

Во реализацијата на целите и задачите на училиштето од големо значење е

и раководењето од страна на директорот, односно неговата ПР улога. Директорот

преку своите активности и задолженија ја презема улогата на ПР на училиштето

овозможувајќи му квалитетни, стабилни и ефективни врски со јавноста.

Директорот во улога на ПР на училиштето информира, комуницира, планира,

организира, раководи, контролира, анализира и сл.

Важен фактор во функционирањето наобразовниот систем укажува и

јавната политика – центарлна и локална. Образовната поликтика влијае во

подобрувањето на условите за школување, во стимулирањето постојан

професионален развој на наставниот кадар, во остварувањето на наставниот

план и другите активности на училиштето и во креирањето на севкупниот

образовен процес.

Page 6: obrazovanie seminarska

2. Теоретски пристап кон предметот

2.1. Односите со јавноста и училиштето

Процесот на градење на односите со јавноста е осособено значење за секое

училиште за да може да го слишне “јавниот глас” за дефинираниот идентитет и

создадената репутација. ”Гласот на јавноста” му овозможува на училиштето

правилен избор на координатите кои водат до патот на успехот.Секогаш може да

се подобри нешто и затоа вистинските критики од јавноста не треба да се

игнорираат. Тие го водат училиштето до одговорите на прашањата: Како другите

го гледаат училиштет? Какви се квалитетите на вработените во училиштето од

аспект на јавноста? Дали создадениот имиџ е одржлив? Дали рејтингот ма

училиштето е постојан или варира?

Односите со јавноста всушност се “лична карта” на училиштето да се

претстави пред сопствената јавност (Институт за односи со јавноста

www.ipr.org.uk). Од таа гледна гледна точка односите со јавноста се “авторот” на

податоците кои ги содржи “личната карта” на училиштето.

Внатрешната и надворешната јавност на училиштето ја сочинуваат:

Учениците и родителите - како корисници на образовно-воспитните услуги

Подржувачите – тоа се социјалните партнери кои соработуваат со

училиштето за постигнување на заеднички цели

Спонзорите – како финансиски поткровители на училишните

промоции,презентации,програми и сл.

Донаторите – кои самостојно или преку проекти учествуваат во

подобрувањето на опременоста на училиштето

Добавувачите – кои со своите услиги помагаат во создавањето на условите

за работење на училиштето и во непреченото одвивање на неговата

дејност

Локалната заедница – како консумент на услугите од училиштето како

соработник и социјални партнери

Page 7: obrazovanie seminarska

Другите училишта – кои се неопходно потребни за меѓусебна педагошка

соработка и менување на работни искуства

Вработените ( наставниот и ненаставниот персонал ) – како реализатори на

целокупната работа и функциите на училиштето

Комуникацијата помеѓу наведените субјекти е неминовна и неопходна

бидејќи секој од нив е алка во синџирот на јавното мислење и вреднување на

постигнатите резултати на училиштето како организациски систем. Сите тие треба

да функционираат подеднакво добро за да се формира позитивно јавно мислење

за училиштето. Во овој случај односите со јавноста му помагаат на училиштето да

провери дали постојат слаби алки во синџирот и дали врската помеѓу нив е

ефикасна.

Односите со јавноста овозможуваат да се откријат слабите страни, но и да

се истакнат јаките страни на училиштето, кое на време треба да преземе мерки за

надминување на негативностите и неуспехот, а исто така да разработи и нови

стратегии како понатаму да ги развива и одржува позитивностите и успехот. Во

контекст на ова треба да бидат целите и потребите на односите со јавноста, кои

мора да имаат своја поента. Одредувањето на целта е една од најважните

вештини за создавање и одржување успешни односи со јавноста. Исто така

одредувањето на целта подразбира определување на приоритетите. Затоа во

зависност од целта што училиштето сака да ја постигне преку односите со

јавноста се определува за комуникација со внатрешната, односно надворешната

јавност. Со комуникацијата со внатрешната и надворешната јавност може да ја

реализира со успех својата поставена цел.

Односите со јавноста мошат да бидат со различна содржина која

произлегува од планираната потреба и со различен интензитет во зависност од

приоритетноста на целите и потребите како на училиштето така и на неговите

соработници, партнери и консументи на услуги. За да односите со јавноста на

училиштето навистина имаат двонасочност и правилно да функционираат, за

истите треба да се има план и програма за реализација.

Page 8: obrazovanie seminarska

Начинот на комуницирање со јавноста е исклучиво важна компонента во

афирмирањето на училиштето во средината во која функционира и пошироко.

Училиштето може своите односи со јавноста да ги остварува преку:

Медиуми: ( печатени ) – локални и дневни весници, неделници, писмо до

уредник со давање личен коментар; ( електронски ) – веб страна, интернет,

радио, телевизија;

Давање интервју

Организирање прес-конференција

Држење говор

Давање соопштенија за јавноста

Анкетирање

Рекламирање преку печатени и електронски медии

Одржување промоции, презентации и манифестации

Секое средство и техника на комуницирање со јавноста предизвикува

соодветен интерес за активно слушање и создава можност за добивање на нови

партнери, спонзори, донатори и сл. само тогаш кога се употребени во право

време/момент, на адекватен начин, со потребната вештина за нивно користење и

со спазување на нормите на однесување и почитување на правилата и

елементите на текот на комуникацијата. Затоа средствата и техниките на

комуницирање со јавноста треба да бидат внимателно и правилно избрани за да

го овозможат посакуваниот резултат.

Иако комуникацијата е секојдневна навидум вообичаена работа во

училишната средина, не треба и не може да се остане само на неа. Односите на

училиштето со неговото опкружување му се неопходно потребни за да истото е во

тек со случувањата во јавноста поврзани со образованието, за да добива

повратни информации за слабите и јаките страни на училиштето и секако за

согледувања за перспективите на понатамошниот училишен развој.

Page 9: obrazovanie seminarska

2.2. Зошто се важни односите со јавноста за училиштето?

Во услови на пазарна економија на секое училиште му е неопходна

комуникацијата со јавноста. Взаеманта врска на интеракциската поврзаност на

училиштето со неговото опкружување е остварувањето на заедничка цел и

потреба – оспособување на денешните ученици за нивната утрешна работа,

односно за успешно завршување на студиите на факултетите во државата и

надвор од неа. Презентирањето на училиштето во јавноста овозможува да се

открие како другите од нивни аспект го гледаат училиштето и како училиштето

гледа на неговите корисници на услуги и на неговите соработници.

Одговорот на прашањето зошто се важни односите со јавноста за

училиштето е:

за создавање интеракциска соработка потребна за потврдување на

идентитетот и репутацијата на училиштето;

за воспоставување двонасочен процес на информираност;

за јавно вреднување на реализацијата на воспитно-образовната училишна

дејност;

за формирање мислења за одговорноста на вработените, учениците,

родителите и локалната заедница;

за добивање сознанија и сугестии за училиштето какво е и какво треба да

биде;

за афирмирање на училиштето во неговото опкружување.

Генерално гледано односите со јавноста се битни за училиштето од повеќе

аспекти поврзани со двонасочната информираност, создавањето на услови за

подобра развојна иднина на училиштето, надминувањето на несразмерноста на

можностите и потребите, држењето во будност на вниманието на јавноста,

градењето и развивањето на перманентна соработка меѓу училиштето и неговото

опкружување.

2.3. Директорот во улога на ПР на училиштето

Page 10: obrazovanie seminarska

Во реализацијата на целите и задачите на едно ефективно училиште од

особено значење е педагошкото раководење на директорот, односно неговата

функција ПР на училиштето. Директорот како педагошки раководител ја следи,

унапредува и вреднува работата на наставниот кадар, дава стручна помош, врши

анализа на воспитно-образовниот процес, создава позитивна клима, поттикнува и

мотивира на професионален развој на вработените. Директорот со своите

задолженија и активности претставува ПР на училиштето и од неговата успешност

во работата зависи и севкупниот успех на училиштето. Во едно современо

училиште профилираните функции на директорот се презентираат преку:

планирање - програмска функција

организирање- организациска функција

раководење – раководна функција

комуницирање – соработка со вработените

контролирање – евалваторска и истражувачка функција

следење и вреднување – педагошко-инструктивна функција

( Миладин Вилотијевич, Организација раковоџење школом, Научна книга –

Белград 1993 )

Наведените функции на директорот на училиштето од гледна точка на

науката Односи со јавноста се дел од една ПР стратегија и затоа велиме дека

директорот има улога на ПР на училиштето.

Улогата на директорот како педагошки раководител и ПР на училиштето е

комплексна по своите содржински активности и разновидни форми на

практицирање. Се поинтензивниот развој на образовниот систем создава делови

за повеќекратна вклученост на директорот со неговата компетентност да го

насочува и води училиштето во чекор со предизвиците на современите трендови

кои се однесуваат на:

креативна организација на наставниот процес

Page 11: obrazovanie seminarska

примена на активни форми и методи на наставата работа

користење разновидни техники на учење и проучување

мотивирање за професионален развој на вработените

насочување кон професионализација на наставниците

следење и вреднивање на наставничките умеења

Директорот покрај тоа што е планер, организатор, водач, евалватор и

креатор на работата на училиштето како воспитно-образовна институција, тој

станува се повеќе инструктор во работата работата на наставниците. Ова значи

дека тој со својата стручност, професионализам и работно искуство треба да има

вештини, умеења и знаења педагочки раководител и носител на улогата ПР на

училиштето. Работата на директорот на училиштето е насочена кон давање

адекватна стручна помош и потребна поддршка на чинителите вклучени во

рализацијата на наставниот процес. Сегменти на таа помоч се:

методологијата на изработувањето на наставните планирања и подготовки

реализацијата на наставните часови и воннаставните активности

користењето на современа образовна технологија

комуникацијата наставник – ученик – родител

оценување на напредувањето на учениците

анализа на постигнатите резултати со целокупно следење и вреднување на

постигнувањата на наставниот кадар.

За да се постигне успех во овој делокруг на работа кога директорот им

помага на наставниците во нивната работа, тогаш тој мора да знае што е тоа

квалитетна наставна работа и секако да ги познава основните наставнички

умеења. Треба да се земе во предвид дека квалитетното проучување е една од

најтешките задачи во процесот на следење и вреднување на работата на

наставниците и ако директорот поседува знаења и умеења за ваков начин на

работа може да допринесе за напредокот и развојот на училиштето и во

остварување на неговата функција ПР на училиштето. Токму поради ова на

Page 12: obrazovanie seminarska

директорот му е потребна и лична едукација за правилно и квалитетно следење,

вреднување и унапредување на работата на наставниот кадар.

Директорот на училиштето од ПР гледна точка треба да создаде внатрешен

систем на следење, вреднување и давање инструктивно-педагошка помош, преку

кој ќе може да се добиваат релевантни податоци за конкретни состојби, проблеми,

прашања, резултати за конкретен наставник, наставен предмет, паралелка,ученик

и работен тим.

За да успешно функционира директорот во улогата на ПР на училиштето, тој

треба да се грижи за својот континуиран стручен развој и усовршување, да го

мотивира професионалниот развој на вработените и да дава поддршка на

професионализацијата на наставниците. Не треба да се заборави дека

училиштето ќе служи за пример само тогаш кога секој наставник е водач, секој

директор е учител, а секое дете е успех.

Преку секојдневната комуникација на директорот на училиштето со

наставниците, учениците и родителите се создаваат услови и можности да се

знае што се случува во училишната средина, а е поврзано со наведените субјекти

и секако што се случува надвор од училиштето. Важноста и позитивноста на овој

вид на комуницирање со внатрешната и надворешната јавност е во

перманентното взаемно информирање, во добивањето и возвраќањето на пораки,

мислења и реакции, во поставивањето прашања и барање на нивни одговори и

секако во превземањето соодветни мерки. Ова помага особено во развивањето на

меѓучовечките колеѓијални односи во колективот, во поблиската соработка со

родителите, во подоброто запознавање на личноста на ученикот и за поуспешно

решавање на конфликтни ситуации.

Односите со јавноста во категоријата корисници, директорот ја остварува и

преку упатени соопштенија до учениците и до родителите за одредби од Куќниот

ред на училиштето, од Правилникот за оценување и наградување на учениците и

изрекување педагошки мерки, за постигнатите резултати од ученички натпревари,

за Кодексот на однесување на ученици и наставници, за успешниот почеток и

Page 13: obrazovanie seminarska

завршувањето на наставната година следи обраќање до учениците и

вработените, давање куси информации за постигнатиот полугодишен и

крајгодишен успех на учениците или при свеченото доделување на дипломите за

завршената генерација ученици, а за родителите ова се обавува во рамките на

родителските средби и на состанокот на Советот на родители. По дадените

информации се добива возвратна информација за добиената подршка или

критика, сугестии и сл. На тој начин директорот остварува двонасочност на

комуникацијата со јавноста, односно добива повратна информација. Сето ова

помага да се направи чекор напред во запазувањето на јавноста и објективноста

при вреднувањето на сопственијот вложен труд и постигнатиот резултат.

Комуникацијата со јавноста овозможува училиштето да се заинтересира за

подобрување на отсликаниот лик во огледалото на ученикот и неговото семејство

и на јавноста и неговото опкружување.

Работата на директорот како ПР на училиштето се вреднува и преку

воспоставените односи со јавноста преку:

воспоставување контакт со медиумите ( давање интервју на

радиотелевизиска куќа и написи во весници )

презентација на реализирани проекти

отворен ден за посета на родителите и други надворешни субјекти –

социјални партнери, ученици од основни училишта

рекламни спотови за опременоста на училиштето и образовните профили

флаери и пропаганден материјал

учество на манифестации организирани од локалната заедница

Имајќи ги во предвид полезностите од взаената комуникација на

училиштето и јавноста, директорот како ПР на училиштето со таквата

комуникација може да допринесе во свртувањето на вниманието на јавноста за

ангажираноста на училиштето, за организациската поставеност на планираните и

реализираните активности на училиштето, за неговата визаја и цел и сл.

Page 14: obrazovanie seminarska

Во секој делокруг на работа се јавува потреба од внесување на промени. И

во воспитно-образовниот процес кој претставува комплексна целина на

интеракциски поврзани компоненти, има можности и потреби од промени. Ако

училиштето сака да ги следи современите текови на развој на образовниот

систем, истото прави промени, а директорот како ПР на училиштето внимателно

ги обмислува и ги воведува во вистинското време за да можат да допринесат во

унапредување на дејноста на училиштето. Директорот преку комуникацијата со

јавноста ја информира истата за спроведените реформи во училиштето.

Битен, составен дел на образовниот процес е наставата, а за нејзиното

успешно организирање, реализирање, следење, унапредување и вреднување

потребно е квалитетно планирање. Секое планирање е инструмент кој води

остварувањето на определените цели. За реализацијата на наставното

планирање е задолжен директорот на училиштето кој прави тоа да биде

ефективно за да може да се унапреди квалитетот на наставниот процес и

резултатите од него. За остварување на таа цел потребна е едукација, следење

на стручна и прирачна литература, менување на работни искуства, обуки и сл. кои

што директорот ги овозможува преку вклучување на училиштето во различни

проекти. Преку своите активности на ПР директорот ја информира јавноста за

учеството на училиштето во проекти со кои се подобрува квалитетот на наставата,

наставниците се едуцираат, а учениците се оспособуваат по завршувањето на

училиштето да бидат конкурентни на пазарот на трудот. На тој наќин авноста

добива информација за резултатите од вклученоста на училиштето во проектите,

непосредно ја вреднува работата на наставниот кадар и активната улога на

ученикот во процесот на здобивање на знаења. Затоа е важно директорот да умее

да ги избере соодветните проекти во кои ќе биде вклучено училиштето за да од

нивната реализација може да произлезат позитивни резултати.

Преку презентирањето на училиштето во јавноста се поттикнува и

интересот за спонзорства и донаторства и за довербата во квалитетот на

острученоста на учениците и затоа директорот на спроведува ефикасни односи

Page 15: obrazovanie seminarska

со јавноста кои му помагаат во успешното раководење со училиштето. Односите

со јавноста директорот ги остварува и преку претставување на училиштето со

културно-забавни програми, учество на различни манифестации, организирање

изложби и друг вид на културни активнисти.

Активностите и задачите кои ги има директорот на училиштето се

поистоветуваат со активностите и задачите на ПР-специјалистите. Затоа со полно

право можеме да кажеме дека директорот освен улогата на педагошки

раководител на училиштето, извршува и функција на ПР. Вреднувањето на

функционирањето на училиштето се одредува преку неговите односи со јавноста.

Преку улогата на директорот како педагоски раководител и ПР на

училиштето се остварува неговата педагошко-инструктивна работа која

подразбира стручно насочување на наставниците кон квалитетна работа во

рамките на наставниот процес, проектните активности и другите воспитно-

образовни цели на училиштето. Педагошкиот аспект во функција на директорот

како раководител и ПР се однесува на се она што тој го остварува во согласност

на законите, потребите, целите, задачите и принципите на воспитно-образовната

рабора, а инструктивниот аспект се димензионира преку насочување, проучување

и советување кои што се обавуваат преку работните активнисти содржани во

програмата за работа на директорот.

Во односите со јавноста улогата на директорот е набљудувач, ширител на

информации, портпарол на училиштето, а неговите активности се планирање,

следење, проучување, анализирање, корегирање, организирање, вреднување и

информирање.

Page 16: obrazovanie seminarska

2.4. Влијанието на јавната политика

Јавната политика е начинот на дејствување или недејствување избран од

јавната власт за решавање на некој проблем. Образовната политика е под

надлежност на Министерството за образование и култура. Училиштата не се

самостојни во поглед на наставните програми кои се национални. Со

децентразизацијата се зголеми учеството на локалната самоуправа во

образовната политика и како резултат на неа локалната заедица поседува

поголема моќ во креирањето на образовната политика.Претставниците на

политиката – локална или централна, треба заемно да се ангажираат за да

создадат квалитетен и ефикасен воспитно-образовенсистем заснован на

приоритетите и потребите во образованието. Од политиката во образованието

зависи успешноста на образовниот систем. Политиката се води во името на

јавноста и претставува еден вид менаџирање на владата и нејзините партнери

што ја спроведуваат. И покрај тоа што владата, собранието, локалната

самоуправа и другите органи со јавни овластувања имаат моќ да донесуваат

одлуки со што се уредува општественото живеење, сепак тие одлуки изразени во

различни инструменти за креирање политики, како што се закони, правилници,

даноци, казни, информации и изјави, треба да ја изразуваат моменталната

состојба, да решаваат актуелни проблеми и да одговараат на потребите на

граѓаните. За да се постигне тоа јавната политика треба да се креира со учество

на граѓаните и на други заинтересирани страни во процесот на донесување

одлуки.

Во секој делокруг на работа има потреба од внесување промени кои се

резултата на развојот на општеството, економијата, глобализацијата. Промените

во образовниот систем се неопходни за задоволување на потребностите на

учесниците во воспитно-образовниот процес. Со таа цел владата спроведе

реформи во образованието со кои средното образование стана задолжителна

обврска на секој граѓанин, разви информатичка технологија во училиштата –

проект компјутер за секое дете, ги намали финансиските трошоци за школување

Page 17: obrazovanie seminarska

со доделување бесплатни учебници, изврши промени во наставната програма

воведувајќи освен задолжителните предмети и изборни предмети за да може да

се отвори поголем простор за различните интереси и приоритети. Овие реформи

се дел од јавната политика на владата во образованието за да се обезбеди

поквалитетен и поефикасен образовен систем. Тоа се активностите реализирани

со јавната политика на централно ниво, а развојот на едно училиште зависи и од

образовната политика на локално ниво. Планираната наставна програма за

учебната година се спроведува со помошта на локалната самоуправа. Локалната

самоуправа му помага на училиштето во учеството и реализацијата во различни

проекти кои можат да допринесат во образовната дејност. Политиката на

локалната власт влијае врз одлучувањето кои проекти ќе имаат приоритет и

подршка.Од јавната политика во голем степен зависи унапредувањето на

меѓуетничките односи во училиштата каде што учениците се од различен етнички

состав. Јавната политика во тој случај треба да влијае врз рамноправноста во

учеството на малцинските заедници во образовниот процес. Локалната образовна

политика треба да стимулира постојан професионален развој на наставничкиот

персонал преку учество во проекти и стекнување обука, да подржува активности

на училиштето кои го зголемуваат квалитетот на наставата, да му овозможува

финансиска помош за учество во семинари, конференции, работилници и др.

Друг фактор кој влијае во креирањето на јавната политика се медиумите.

Улогата на медиумите во креирањето политики е во известувањето за

проблемите, решенијата на проблемите и ивното спроведување но,понекогаш и

во аналитичкиот пристап на известување за проблемите, изнаоѓање решенија и

нивно застапување. Според ова медиумите во голема мерка можат да му

помогнат или одмогнат на училиштето во спроведувањето на своите образовни

активности и остварувањето за своите цели.

Општеството и неговите членови без образование стагнираат, знаењето и

вештините се средствата за личен просперитет и општествен развој. Затоа

образовната политика треба да биде заснована на заеднички цели и нтереси со

образовните институции и учесниците во образовниот процес. На вложувањето во

Page 18: obrazovanie seminarska

образованието не треба да се гледа како зголемување на трошоците туку како

вложување во сопствениот развој и подобра иднина. Доколку образовната

политика ги мотивира, стимулира и ги подобрува условите за школување, ќе се

зголеемува и бројот на заинтересирани ученици за продолжување на

образованието на високо образовните институции. Главни фактори на

современиот развој во светот не се само природните ресурси, луѓето и човечкиот

потенцијал се клучниот фактор изграден на знаење и образование што

овозможува иновативност, конкурентност и рамноправно влкучување во

глобалниот процес.

Јавната политика е она што владата решава да го прави или избира да не го

прави. Доколку владата и нејзините соработници го направат правилниот избор,

ставајќи акцент на образованието како семоќен фактор за личен и општествен

успех, можат да креираат правилна, квалитетна и функционална образовна

политика и со неа да влијаат врз интересите и приоритетите на учесниците во

образовниот процес, а државата да добие поголема моќ и сила во нејзиното

интегрирање во европски рамки.

Page 19: obrazovanie seminarska

3. Заклучок (Concluding remarks)

Комуникацијата на училиштето со јавноста треба да функционира ефикасно

бидејќи преку неа се анимира и афирмира неговата воспитно-образовна работа.

Ефектите и важноста од односите со јавноста ќе бидат функционални кога ќе се

дојде до одговорите на прашањата: Какво е училиштето? Каков е директорот?

Колку е подготвен наставничкиот кадар? Каква е целта, визијата и мисијата на

училиштето?

Позитивностите од остварувањето на односите со јавноста се согледуваат

во создавањето можности да се подобри работата на сите субјекти во

училиштето, да се обезбедат подобри работни усливи и да се создаде

задоволство кај јавноста, да се воспостави двонасочен процес на информираност

и да се добијат повратни видувања и вреднувања, функциите на училиштето да се

согледаат од повеќе аспекти, да се добие корекционен фактор за квалитетот н

програмските цели, задачи и развоен план на училиштето, како и да се проследат

позитивните или негативни критики, жалбите и сугестиите на јавноста. Врските со

јавноста треба постијано да се надградуваат бидејќи тие имаат свое значење во

унапредувањето на воспитно-образовната дејност на училиштето.

Формата,содржината интензивноста и и резултатите од комуникацијата со

внатрешната и надворешната јавност зависи од поставената цел.

Негувањето на односите со јавноста за училиштето пртставуваат

презентација на целокупното негово работење и функционирање како

организациски систем. Исто така комуникацијата со надворешната средина може

да се јави и во улога на пропагандба програма за планираните задачи и цели и

нивното остварување преку ангажираноста на вработените во училиштето.

Креативната реализација на односите со јавноста секогас има позитивно влијание

на одржувањето и потврдувањето на идентитетот и репутацијата на училиштето и

добивање сознанија колку се кинкурентни неговите услуги на пазарот на трудот.

Page 20: obrazovanie seminarska

Одржувањето на односите на училиштето со јавноста исто така го насочуваат да

внесува промени во своето функционирање и да стане динамично училиште.

Планирањето, програмирањето и реализирањето на улогата на директорот

на училиштето како педагошки раководител и ПР е од особено значење за

реализирањето на мисијата, визијата и целите на секое училиште. Исто така

работата на директорот од гледна точка на раководител и ПР овозможува

следење, веднување и унапредување на сите компоненти на воспитно-

образовната дејност на организациската поставеност на училиштето.

За да се постигнат очекуваните резулатати од поставените цели на

директорот како педагошки раководител на училиштето потребно е тој својата

програма за работа да ја засновува на научни сознанија и достигнувања на

педагошката теорија и практика посебно од областа на следењето,

анализирањето, вреднувањето и унапредувањето на работата на наставниот

кадар и посветување посебно внимание на професионализацијата на

наставниците. Неговата функција на ПР се состои во негувањето на ефикасни и

квалитени односи со јавноста, создавње на позитивно јавно мислење за

училиштето, одржување и подобрување на рејтингот на училиштето, постојано

информирање на јавноста за активностите на училиштето, планирање на

програма за остварување и реализација на целите, задачите и наставната

програма, тој треба да има активно рефлексивно влијание на членовите на

наставниот кадар и секој вработен развојот на училиштето да го гледа преку

својата и колективната оспособеност за ефективна и ефикасна работна

ангажираност зоато човекот е фактор на секој успех.

Покрај компонентите директор, наставнички персонал и ученици кои

директно се вклучени во реализацијата на образовниот процес, за остварување на

целите, наставната програма и други образовни активности на училиштето,

големо влијание укажува и јавната политика – центарлна и локална. Политичките

решенија за имплементација на програми поврзани со воспитно-образовните

институции можат да допринесат за полесно одвивање на работната дејност на

училиштето.

Page 21: obrazovanie seminarska

4.Користена литература (References)

1. Петковски К. , Алексова М. ( 2004 ) Водење на динамично училиште, Скопје,

Биро за развој на образованието

2. Абдела Л. , Сајмондс Т. ( 2004 ) Односи со медиумите, Лондон, Медиумски

институт за различностите

3. Петковски К. , ( 1998 ) Менаџмент на училиште, Скопје, НИРО Просветен

работник

4. Комуникации во образовните организации ( 2005 ) Скопје, Министерство за

образование и наука, УСАИД

5. Трајков Б. ( 2005 ) Директорот педагошкин раководител

6. Райков З, ( 2001 ) PR - Технологията на успеха, София

7. www.wikipedia.org/wiki/Јавна_политика

8. www.crpm.org.mk/Papers/KreiranjePolitiki