razvojna psihologija pedagozi predavanje 1

27
Развојна психологија - предавањe 1- Доц. д-р Ана Фрицханд – - 08.02.2012-

Upload: jamag

Post on 29-Dec-2015

102 views

Category:

Documents


1 download

DESCRIPTION

развојна

TRANSCRIPT

Page 1: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

Развојна психологија

- предавањe 1– - Доц. д-р Ана Фрицханд –

-08.02.2012-

Page 2: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 2

Развојната психологија како научна дисциплина

Куса историја на развојната психологија: Според Tetens (Dixon & Lerner, 1992; според

Brestan-Knight & Lee, 2008), присутна е од 18ти век во рамки на еволуционистичката перспектива;

Како самостојна научна дисциплина се воспоставува кон крајот на 19ти век;

Корените ѝ се во ембриологијата и во еволуционата биологија;

Page 3: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 3

Развојната психологија како научна дисциплина

Во историјата на развојната психологија се издвојуваат 3 брана: а) 1894 – 1904 - Движење за проучување на детето (Child

Study Movement). Фокусот е ставен на систематското набљудување и опишување на детскиот развој;

б) 1917 – 1950 – Движење за детски развој (Child Development Movement). Фокусот е на нормативните и психометриските студии и утврдување на стандарди и норми за детскиот развој;

в) 1960 до денес - Развојна психологија (Developmental Psychology). Фокусот е на истражувања во склад со теоријата кои по својата природа се повеќе објаснувачки отколку опишувачки.

Page 4: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 4

Развојната психологија како научна дисциплина

Автори кои дале придонес во процесот на етаблирање на научната развојна психологија: Чарлс Р. Дарвин (1809-1882). Помеѓу најзначајните

дела е Потекло на видовите објавено во 1859 година. Го воведува систематското проучување на развојот. Со својата теорија на еволуција го свртува интересот кон биолошкото потекло на човековата природа;

Вилијам Т. Прајер (1841-1897). Помеѓу најзначајните дела е Умот на детето објавено во 1882 година. Тој ги обединува научното експериментално проучување со практично насоченото хуманистичко движење. Го користи интердисциплинарниот приод;

Page 5: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 5

Развојната психологија како научна дисциплина

Вилхелм М. Вунт (1832-1920). Ја воспоставува првата психолошка лабораторија на Универзитетот во Лајпциг, во 1879 година;

Дитрих Тидеман (1748-1803). Во 1787 година ја објавува монографијата Посматрање на развојот на менталните способности кај децата. Според некои автори ова дело е првиот познат публикуван психолошки дневник за лонгитудинално следење на развојот на децата;

Алфред Бине (1857-1911). Ги поставува темелите на модерната експериментална детска психологија на Универзитетот Сорбона и го уредува првото научно списание од областа на развојната психологија - L’Année Psycholoдique. Тој прави унифицирана теорија на сознајниот развој, а неговата скала за мерење на интелигенцијата е основата на психометриските тестови денес;

Page 6: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 6

Развојната психологија како научна дисциплина

Стенли Хол (1844-1924). Ја воспоставува развојната психологија во САД, во речиси исто време кога и Бине. Основач е на Институтот за истражување на детскиот развој на Универзитетот Кларк. Го уредува научното списание Pedaдoдical Seminary, а во текот на целиот свој живот го организира и поддржува широкото движење за проучување на детето;

Џејмс М. Болдвин (1861-1934). Прави прв обид за конструирање на генетичка епистемологија објавувајќи ја книгата Ментален развој кај децата и расите во 1895 година. Со својата теорија подоцна извршува силно влијание врз работата на Жан Пијаже.

Page 7: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 7

Развојната психологија во 20 век

Иван Павлов (1849-1936). Руски физиолог и психолог. Прв го опишува феноменот на класично условување, Во 1904 година ја добива Нобеловата награда за медицина, за истражување на дигестивниот систем;

Џон Вотсон (1878-1958). Автор на бихејвиористичката психолошка школа. Го проучува поведението и насочен е кон активности кои можат да се набљудуваат;

Арнолд Гезел (1880-1961). Автор на школата за созревање. Го нагласува влијанието на генетички вроденото и го користи природниот метод на набљудување;

Page 8: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 8

Развојната психологија во 20 век

Сигмунд Фројд (1856-1939). Автор на психоаналитичката теорија. Тој го застапува интеракционистичкиот пристап во проучувањето на детето. За развојната психологија е значајно неговото сфаќање за развојот на личноста;

Жан Пијаже (1896-1980). Ја развива теоријата за генетичка епистемологија. Го истражува сознајниот и моралниот развој на децата. Неговата работа поттикнува многу развојни психолози да ги истражуваат овие аспекти на развојот;

Page 9: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 9

Развојната психологија во 20 век

Лев С. Виготски (1896-1934). Ја развива социокултурната или социоисториската теорија на развојот. Автор е на идејата за зона на следен развој (ЗСР) и на општиот генетички закон за културниот развој;

Џером Брунер (1915-). Прави синтеза на сознанијата на Пијаже и на Виготски и опишува три облици на сознавање: активна репрезентација (знаење засновано врз акција), иконичко знаење (засновано врз визуелно претставување) и симболичко знаење (засновано врз говорот и пренесувано преку културата);

Џон Боулби (1907-1990). Го проучува социоемоционалното врзување и формирањето на личноста. Тој и Харлоу застапуваат дека социоемоционалното врзување е примарна потреба.

Page 10: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 10

Суштински проблеми во развојната психологија на 20 век

Наследено – стекнато. Современата развојна психологија оваа дебата ја разрешува со застапување на интеракциски приод. Меѓу двата фактори постои интеракција и дијалектички однос;

Континуитет – дисконтинуитет.

а) Континуитет во развојот има кога развојот е збир на поврзани, постепени и континуирани промени;

б) Дисконтинуитет во развојот значи дека се јавува серија ненадејни промени кои го водат развојот до квалитативно повисоко ниво;

Page 11: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 11

Суштински проблеми во развојната психологија на 20 век

Квантитативни – квалитативни промени.

а) Квантитативни промени се оние во кои се

зголемува количината (раст);

б) Квалитативни промени се оние кои го менуваат видот, квалитетот на појавата (развој).

Page 12: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 12

Суштински проблеми во развојната психологија на 20 век

Причини за појава на континуитет во развојот на поведенијата: Континуитет поради биолошко влијание. Генетичкото

наследство, кое е едновремено индивидуално и колективно, условува сите единки да имаат поведенија кои се многу слични и заеднички на видот;

Континуитет поради влијание на средината. Постои т.н. кумулативна континуираност со која се означува стабилноста на поведенијата која е под влијание на нашиот личен избор од средината или од надворешното искуство;

Интерактивна континуираност. Постои стабилност на поведенијата која е под влијание на реакцијата на другите во однос на нашите поведенија.

Page 13: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 13

Поимање на развојот

Развој – процеси и промени кои ја водат единката кон повисоки стадиуми, подобра рамнотежа и поголема стабилност и ефикасност.

Три значајни аспекти на развојот се: Пораст на компетенциите во повеќе домени; Зголемување на хармонијата меѓу едниките

и средината; и Пораст на чувството на сопствениот

индивидуалитет.

Page 14: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 14

Поимање на развојот

Психологијата на развитокот ги проучува систематските врски и односи меѓу протокот на времето (еволуционо, историско или календарската возраст во онтогенезата) и промените во поведенијата и во психичките функции.

Page 15: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 15

Промени на поведенијата во текот на животот

Номотетски пристап – кога развојот се разгледува како универзална појава и се бара она што е заедничко за сите луѓе;

Идеографски пристап – кога се разгледува посебноста во развојот на секоја единка и интересот е ставен на разликите;

Page 16: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 16

Промени на поведенијата во текот на животот

Три основни категории на промени кои се јавуваат со возраста: Заеднички промени поврзани со возраста; Заеднички промени поврзани со културата и

кохортата; и Индивидуални промени засновани врз лични

искуства.

Page 17: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 17

Промени на поведенијата во текот на животот

Промените поврзани со возраста се предизвикани од: Биолошки фактори (матурација, биолошки часовник,

растење); Заедничко искуство (социјален часовник, заеднички

културни искуства); и Влијание на средината.

Промени поврзани со културата и кохортата: Генерација – сите лица од иста календарска возраст

кои растат во исто време и на исто место; Кохорта – група единки родени во ист временски

период кои преживеале слични искуства во текот на социјализацијата.

Page 18: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 18

Промени на поведенијата во текот на животот

Индивидуални промени поврзани со лични искуства: Критичен период од развојот е момент во кој

одредена појава ризикува да предизвика штетно влијание врз развојот;

Осетливи периоди се пошироки и понепрецизно дефинирани критични периоди.

Интеракционистички приод (заштитни фактори, флексибилност)

Page 19: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 19

Законитости во развојот

Цефало-каудален принцип во развојот; Проксимо-дистален принцип во развојот; Латерализација – моторниот развој тече од

еднаква контрола на билатералните органи кон подобра контрола на унилатералните органи;

Тенденција за елиминирање непотребно ангажирање на мускулите;

Од едноставно кон сложено;

Page 20: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 20

Законитости во развојот

Од општо кон посебно; Интермитентност во развојот; Алтернативност во развојот; Константност во развојниот редослед; Тенденција на варирање на значењето на

различни аспекти од развојот во зависност од животните периоди.

Page 21: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 21

Теории за развојот и нивната улога

Теорија – целост од кохерентни, меѓусебно поврзани тврдења, закони и принципи кои ги опишуваат, ги дефинираат и ги предвидуваат специфичните аспекти од некој феномен.

Четири основни типа теории: Квалитативни промени со стадиуми; Кванитативни промени преку стадиуми, но без

насока; Квалитативна и насочена промена, но без

стадиуми; и Квантитативна промена без стадиуми.

Page 22: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 22

Теории за развојот и нивната улога

Епигенетичка теорија – подеднакво значење им придава и на генетичкото потекло на поведенијата и на директното, систематско влијание на срединските фактори во текот на времето врз гените.

Еколошко-контекстуална теорија на човековиот развој;

Еклектичка теориска ориентација – прави синтеза од сознанијата од повеќе теории за човековиот развој.

Page 23: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 23

Историја на проучување на човековиот развој

Проучување на децата. До 17 век децата се сметале за минијатурни возрасни. Во 17, 18 и 19 век се јавуваат Коменски, Песталоци, Фробел и други значајни мислители кои даваат препораки за воспитување на децата. Адолесценцијата како посебен развоен период се издвојува во 20 век.

Проучување на возрасните. Почетокот на проучување стари лица е во 1835 година со објавување на книгата на Кветеле. Поважни автори во овој домен се Голтон, Хол и други.

Page 24: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 24

Историја на проучување на човековиот развој

Проучување на целиот животен циклус. Почетоците се кон крајот на 60те години на минатиот век, кога проучувањето на возрасните зема голем замав. Развојната психологија на целиот животен циклус ги

проучува промените од зачнувањето до смртта и смета дека истите се развојни по природа.

Таа зема предвид дека човечкиот живот и сите негови варијабли постојат на повеќе нивои и повеќенасочно влијаат едни врз други;

Ја нагласува важноста од интердисциплинарно истражување на човековиот развој.

Page 25: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 25

Етички стандарди во проучувањето на развојот

Право на интимност; Право на вистината; Право на волева согласност; Право на самопочитување; Истражувања на фетуси; Истражувања на стари лица; Социјални преокупации.

Page 26: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 26

Методолошки проблеми во проучување на развојот

Метод – основен принцип кој се однесува на процедурата што треба да се почитува за време на испитувањето. Постојат теренско посматрање, интерактивно посматрање и експеримент;

Техника – целост од конкретни средства и дејства во секоја од фазите на истражувањето;

Page 27: Razvojna Psihologija Pedagozi Predavanje 1

9/28/2010 27

Методолошки проблеми во проучување на развојот

Лонгитудинален метод – еден субјект или иста група субјекти се испитуваат повеќе од еднаш, во различни возрасни моменти, со цел да се согледаат промените што настануваат со возраста;

Трансверзален метод (метод на попречен пресек) – споредба меѓу лица или групи од различни возрасти во ист временски период;

Крос-секвенцијален метод – комбинација од претходните два методи. Опфаќа сукцесивни кохорти.