крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок
DESCRIPTION
:)TRANSCRIPT
![Page 1: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/1.jpg)
![Page 2: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/2.jpg)
Една од функциите на крвотокот е да ги пренесува материите низ телото со посредство на крвта.Крвта се состои од течност наречена плазма што содржи бели крвни зрнца, црвени крвни зрнца и крвни плочки.
![Page 3: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/3.jpg)
Големиот Крвоток е кружно движење на крвта од левата комора на срцето,преку аортата, другите помали артерии, крвните капилари и вените до десната преткомора.Бидејки во левата страна на срцето има оксидирана крв, таа преку комората т.е. преку артеријата аорта излегува, оди до сите органи и ткива и преку вената во десната предкомора се враќа редуцирана крв.
![Page 4: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/4.jpg)
Малиот крвоток кај птиците и цицачите е циркулација на крвта од десната комора на срцето, преку белодробните артерии до белите дробови, каде што се врши размена на гасовите (јаглерод диоксид и кислород). Оксидираната крв (крвта богата со кислород) преку белодробните вени се враќа во левата преткомора на срцето. Од левата преткомора крвта оди во левата комора каде што започнува големиот крвоток.
![Page 5: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/5.jpg)
Крвен притисок е притисок на крвта врз ѕидовите на крвните садови и е еден од
основните витални знаци. Крвниот притисок е резултат на две сили: едната е
создадена од срцето кое пумпа крв низ циркулаторниот систем, а другата е
силата на артериите кои се спротиставуваат не крвотокот. За време на секое чукање на срцето, крвниот притисок
се менува од максимален (систолен) до минимален (дијастолен).
![Page 6: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/6.jpg)
Средниот крвен притисок, заради пумпањето на срцето и отпорот во крвните садови, се
намалува како што крвта којашто кружи се движи од срцето низ артериите.
Тој има најголем пад во малите артерии и артериолите и продолжува да се намалува како што крвта се движи низ капиларите и
назад до срцето преку вените. Гравитацијата, залистоците во вените и пумпањето од
контракцијата на скелетните мускули се некои од другите влијанија врз крвниот притисок во
различни места во телото.
![Page 7: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/7.jpg)
Доколку притисокот се мери со апарат со
живин столб, вредноста 120/80
означува дека високиот
(систоличниот) притисок е 120 мм
живин столб, а нискиот
(дијастоличен) има вредност од 80 мм
живин столб.
![Page 8: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/8.jpg)
Вредностите на крвниот притисок се менуваат под влијание на различни
внатрешни и надворешни фактори, на пример: хормонални промени, физички напор, промена на емотивната состојба,
болка и тн.
![Page 9: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/9.jpg)
Доколку ви се извршени неколку мерења со вредност над 120/80, веројатно страдате од висок крвен притисок (прехипертензија или хипертензија):
* Прехипертензија – вредности меѓу 120/80 и 139/89* Прва фаза на хипертензија – вредности меѓу 140/90 и 159/99* Втора фаза на хипертензија – вредности над 160/100
•Колку се поголеми вредностите на крвниот притисок, толку е поголем ризикот од инфаркт и други сериозни здравствени нарушувања.
![Page 10: крвоток, крвен притисок, мерење на крвен притисок](https://reader033.vdocuments.site/reader033/viewer/2022050808/5592e85d1a28ab40698b47a3/html5/thumbnails/10.jpg)
- Одржувајте здрава телесна тежина.- Користете храна која содржи ниски нивоа на масти и холестерол, избегнувајте црвено месо и рафинирани шеќери.- Внесувајте доволно зеленчук и овошје, како и млечни производи со ниска масленост.- Помалку сол во исхраната.- Намалете внес на кофеин.- Бидете физички активни и одете редовно на лекарски прегледи.