Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на...

22
Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци Изработил: Огнен Јакасановски Ментор: Софија Ачкоска Училиште: С.У.Г.С. Гимназија „Јосип Броз – ТитоМарт, 2010

Upload: ognen-jakasanovski

Post on 29-Jul-2015

351 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

Page 1: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај

средношколци

Изработил: Огнен Јакасановски

Ментор: Софија Ачкоска

Училиште: С.У.Г.С. Гимназија „Јосип Броз – Тито“

Март, 2010

Page 2: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

2

СОДРЖИНА 1. ВОВЕД ........................................................................................................................................... 2

2. ДИСКУСИЈА НА ТЕОРЕТСКИОТ ДЕЛ ОД ТЕМАТА .......................................................................... 4

2.1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ СТРЕС ....................................................................................... 4

2.2. ФИЗИОЛОГИЈА НА СТРЕСОТ .................................................................................................. 5

2.3. ГЛИКЕМИЈА............................................................................................................................ 9

2.4. СТРЕС КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИТЕ ................................................................................................ 11

3. ОСНОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ, МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ ЗА РАБОТА ................................................. 13

3.1. МЕТОДИ И ПОСТАПКИ ЗА ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ ............................................................... 13

3.2. ПРИМЕРОК НА ИСТРАЖУВАЊЕ ........................................................................................... 13

3.3. ИНСТРУМЕНТИ ЗА РАБОТА .................................................................................................. 14

4. ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ, АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА ПОДАТОЦИТЕ .......................................... 14

5. ДИСКУСИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ .................................................................................................... 18

6. ЗАКЛУЧОК ................................................................................................................................... 20

7. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА ........................................................................................................... 22

1. ВОВЕД

Стресот е еден од најзастапените биопсихолошки аспекти во денешното

живеење. Тој е универзален и секојдневен феномен кој бара од идивидуите да

вложат исклучителен напор за да можат да се справат и да ги контролираат

очекуваните и неочекуваните стресни ситуации.

Поимот стрес прв пат бил дефиниран од ендокринолoгот Ханс Селие, во

триесетите години на XX век. Според него, стресот е состојбата, а

предизвикувач на стресот е дразбата која доведува до него. Тој опфаќа повеќе

манифестации, од блага иритација па се до драстична дисфункција што може

да доведе до сериозно нарушување на здравјето.

Стресот се дефинира како состојба на телесна и психичка напнатост,

предизвикана од фактори што имаат тенденција да ја менуваат

постојаната рамнотежа.

Page 3: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

3

Стресот како состојба може да биде поттикнат од екстерни фактори

(физички, од околината) или интерни фактори (физиолошки, психолошки), кои

се именуваат како стресори.

Во зависност од факторите кои го предизвикале, стресот е поделен на

физиолошки, психолошки и физички стрес (Табела бр.1).

Физиолошки фактори Психолошки Фактори Физички Фактори

Повреда Страв Силни звуци

Болест Грижа Непријатна миризба

Глад Здодевност Температура

Дехидрација Осаменост Хемиски материи

Одвоеност од саканите

Табела.бр.1. Фактори на стрес

Стресот како физиолошка состојба е неодминлив сопатник во секое доба

од животот, поттикнувајќи го нашиот напредок, но и предизвикувајќи сериозни

здравствени нарушувања ако говориме за пролонгиран стрес.

Во нашето истражување тргнувамe од хипотезата според која,

средношколците интензивните контролни работи (проверки на знаење) ги

доживуваат како психолошки стрес кој се манифестира преку бројни

психосоматски промени, меѓу кои и промени на гликемијата во крвта.

Од тие причини предмет на проучување на овој научен труд е врската

помеѓу психолошкиот стрес и промените во шеќерниот метаболизам, утврден

преку промени на гликемијата во крвта кај средношколците.

Page 4: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

4

2. ДИСКУСИЈА НА ТЕОРЕТСКИОТ ДЕЛ ОД ТЕМАТА

2.1. ДЕФИНИРАЊЕ НА ПОИМОТ СТРЕС

Селие во 1975 година го класифицирал стресот според неговите

предизвикувачи на еустрес и дистрес.

Еустресот претставува корисен тип на стрес, како што и самото име

нагласува (префиксот ,,eu” на грчки значи вистински), кој се јавува како

резултат на потребата за зголемена физичка и психичка сила. Еустресот

ги припрема мускулите, срцето и мозокот за силата која ќе му биде

потребна на телото при извршување на некоја поголема активност. Така,

атлетичарот добива поголема сила пред голем натпревар, а и учениците

добиваат поголема концентрација непосредно пред испрашување или

тест.

Дистресот е негативен облик на стрес поттикнат од услови на

постојани приспособувања или промени во постојаната рутина.

Дистресот предизвикува чувства на неудобност и неизвесност. Постојат

два типа на дистрес:

Акутен стрес е интензивен стрес кој се појавува и исчезнува

брзо, во екстремно стресни и непредвидливи ситуации (земјотрес,

пожар, следење на акциони или хорор филмови и слично).

Хроничен стрес е пролонгиран стрес кој трае со недели, месеци,

а може и со години. Се јавува при постојана промена на

живеалиштето или на работните места и останатите услови за

живеење и сл. (Табела бр.2).

Фактори на еустрес кај човекот Фактори на дистрес кај човекот

Психолошки: Сите убави нешта во

животот на човекот: предизвици (натпревари, трки...); унапредување на работно место,

Психолошки: Сите непријатни

ситуации во животот на човекот: губење на работно место, невработеност, раскинување на

Page 5: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

5

љубов, новороденче, купување на нешто што не прави среќни.

долготрајни љубовни врски, развод, смрт на блиски, губење на нешта кои ни се од голема важност.

Физички: Престојни натпревари и

трки кои вклучуваат користење на физичка активност (припремање на телото); физички пресметки и сл.

Физички: Силни звуци, непријатна

миризба, интензивна светлина, хемикалии и сл.

Табела бр.2 Фактори на стрес

Според тоа колку често е изложен на стресна состојба, еден организам

може да биде во состојба на хиперстрес и хипострес.

Хиперстрес е состојба во која една индивидуа е присилена да направи

повеќе одколку што може да постигне, состојба на прекумерен број

стресни ситуации. Кога некој е под дејство на хиперстрес, дури и мали и

небитни нешта можат да потегнат силни емоционални реакции.

Хипострес е сосема обратна состојба од хиперстресот, која се случува

во моменти кога една индивидуа чувствува здодевност, апатичност и

нема никаков предизвик пред себе. Луѓето кои доживуваат состојба на

хипострес се најчесто неуморни и без никаква инспирација.

Карактеристичен пример е фабричкиот работник, кој целиот живот врши

една иста работа во и нема никаква динамика во својот работен живот.

2.2. ФИЗИОЛОГИЈА НА СТРЕСОТ

Во услови на стрес, организмот ги мобилизира механизмите на нервно-

хуморалната регулација за одговор и справување со стресот. Тогаш во

предниот дел на хипоталамусот се предизвикува симпатичка стимулација на

невроните на автономниот нервен систем кој учествува во автоматско

усогласување на функциите на кардиоваскуларните органи, белите дробови,

жлездите и др. кон новонастанатите состојби.

Парасимпатичкиот дел од нервниот систем преку холинергичните

Page 6: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

6

неврони го регулира колчеството на ослободена енергија во организмот, го

зголемува излачувањето на секрети, како што се: солзите, желудечната

киселина, мукозата и плунката, кои ја поддржуваат дигестијата и учествуваат

во одбраната на организмот.

За разлика од парасимпатичниот, кој овозможува релаксација на

организмот, симпатичниот дел во yслови на стрес, преку адренергичните

неврони на чии завршетоци се излачува невротрансмитерот адреналин го

подготвува организмот за акција. Паралелно по стимулацијата на симпатичкиот

нервен систем се испраќаат сигнали до медулата на надбубрежните жлезди

стимулирајќи ги на секрецијата на стресогените хормони адреналини и

норадреналин (катехоламини), во крвта. Адреналинот го подготвува

организмот за ,,летање", а норадреналинот го подготвува организмот за

,,борба", преку:

1) зголемување на силата на скелетната мускулна на контракција

2) забрзување на срцевата работа

3) зголемување на нивото на гликоза и триглицериди во крвта

4) релаксирање на мочниот меур

5) ширење на зениците

6) зголемено лачење на потните жлезди

7) зголемена ментална активност

8) констрикција на повеќето крвни садови и локална дилатација на крвните

садови во срцето и во мускулите на екстремитетите.

Исто така во услови на стрес се воспоставува и спрегата хипоталамус-

хипофиза, преку секреција на рилизинг хормоните од хипоталамусот кои ја

поттикнуваат активноста на аденохипофизата за лачење на

адренокортикотропен (АСТН) и тиреотроен хормон (ТSН). АСТН ја поттикнува

секреција на антистресниот хормон кортизол, од кортексот на надбубрежните

жлезди, додека ТSН ја стимулира секрецијата на тироксин од тиреоидната

жлезда.

Катехоламините имаат централна улога во стресната реакција, давајќи

физиолошки одговор на стресогенот кој е закана по физиолошкиот инегритетот

на телото. Тие учествуваат во зголемување на срцевата фрекфенцијата, го

зголемуваат ударниот волумен на срцето, вршат дилатација на бронхиити и

Page 7: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

7

коронарните артерии, констрикција на периферните крвни садови и забрзување

на гликолизата и кликогенолизата. Се намалува и активноста на

гастроинтестиналниот систем, што предизвикува чувство на пеперутки во

стомакот. Наведените ефекти кои при мобилизација на организмот во услови

на екстремни стресни состојби придонесуваат организмот максимално да се

подготви за одговор се познати како симпатичка алармна реакција на стрес

(Слика бр.1)

Кортизолот делува антагонистички на медуларните хормони во

ублажување на стресната реакција. Тој поттикнува зголемување на крвниот

притисок, мобилизирање мастите од допоата во ткивата, потикнување на

гликонеогенезата, намалување на алергиските реакции и воспаленија, и го

намалува бројот на лимфоцитите кои се дел од имуниот систем на организмот.

Меѓутоа зголемено ниво на кортизол во крвта подолг период доведува и до

намалување на ефикасноста на имуниот систем.

Page 8: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

8

Слика бр.1 Нервно-хуморална регулација во услови на стрес

Тироксинот кој исто така се лачи во услови на стрес, го забрзува

катаболизмот на сите органски материи, го зголемува нивото на гликоза во

крвта, го забрзува дишењето и срцевата работа, го зголемува крвниот притисок

и ја поттикнува цревната перисталтика.

Со надминување на стресната состојба парасимпатичкиот дел на нервен

систем му помага на организмот повторно да се врати во нормална состојба,

воспоставувајќи ја внатрешната хомеостаза.

Page 9: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

9

2.3. ГЛИКЕМИЈА

Поимот гликемија го означува количеството на гликоза во крвта, чии

физиолошките вредности се движат во граници од 4,44-6,66ммол/Л. крв.

Намалувањето на количеството на гликоза во крвта под 3,89ммол/Л. се

нарекува хипогликемија. Зголемувањето на количеството на гликоза над 6,66

ммол/Л. се нарекува хипергликемија.

Нивото на гликоза во крвта се менува согласно физиолошката состојба,

времето на консумирање на храна, физичката и психичката активност, а се

регулира со хормните: инсулин, глукагон, глукокортикоидните хормони,

адреналинот и тироксинот.

Инсулинот е единствен хормон што има хипогликемично дејсво кое го

остварува преку:

- зголемување на пропустливоста на клетоните мембрани за гликоза;

- зголемуавње на синтезата гликоген (гликогенгенеза) и негово складирање

во хепарот и мускулите;

- зголемување на транспортот на гликозата до клетките;

Во услови на физиолошка хипергликемија, која настанува веднаш по

внесување на храна богата си јаглехидрати, се зголемува секрецијара на

инсулин, според принципот на негативна повратна спрeга (Слика бр. 2).

Слика бр.2 Врската помеѓу концентрацијата на гликоза во крвта и лачење на

инсулин.

Глукагонот е антагонист на инсулинот, кој ја зголемува концентрацијата

на гликоза во крвта. Во услови на хипогликемија лачењето на глукагон е големо

со цел да се нормализира нивото на гликоза во крвта преку процесот на

Page 10: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

10

гликогенолиза на гликогенот во хепарот. Во случај сите резерви на гликоген да

се испразнети, тогаш глукагонот стимулира гликнеогенеза.

Гликокортикоидите хормони кортизол и кортикостерон, ја поттикнуваат

синтезата на гликоза (глуконеогенеза), од негликогени соединенија (амино

киселини, масни киселини и глицерол алкохол), со што го одржува нивото на

гликоза во крвта меѓу оброците. Во услови на стрес за неколку минути се лачи

20 пати повеќе, како реакција на организмот, поттикнувајќи реакции за

надминување на стресот. Лачењето на гликокортекоидите зависи од

кортикотропниот хормон на аденохипофизата и се остварува по пат на

негативна повратна врска. Врз количината на ослободениот кортикотропен

хормон, а преку него врз нивото на гликокортикоидите, големо влијание имаат

сите видови физички и психички стресови.

Слика бр 3. регулација на секреција на кортизол

Адреналинот се лачењи поинтензивно при некои емоционални состојби,

како што се: болка, лутина, страв и психича напнатост. Стимулативно влијание

врз јаглехидратниот метаболизам, доведувајки до хипергликемија.

Тироксинот, на гликемијата делува со покачување на гликоза во крв, со

тоа што го поттикнува катаболизмот на гликоген. Тироидните хормони воедно

Page 11: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

11

ја стимулираат ресорпција на гликоза од тенкото црево, го стимулираат

нејзиниот метаболизам во клетките.

2.4. СТРЕС КАЈ АДОЛЕСЦЕНТИТЕ

Динамиката на современото живеење која е карактеристична за

денешницата, со себе носи големи обврски и залагања, па затоа, појавата на

стресни ситуации денес е се почеста. Современиот стил на живот секојдневно

предизвикува стрес, кој кај секоја старосна категорија е предизвикан од

различни причини и се одразува на различен начин.

Стресот може да се појави во било која возраст од животот. Но

најчувствителна се чини е тинејџерската која според причините, знаците и

симптомите на стресот, како и според начинот на кој се соочуват и

разрешуваат стресните ситуации сосема се разликуваат од останатите

возрасни категории.

Тинејџерите опфаќаат околу 20% од вкупната светска популација. Сепак,

тие како да се заборавена популациона категорија, која се наоѓа помеѓу

зависното детство и независната зрелост. Познато е дека транзицијата од дете

во возрасен човек некогаш не оди лесно, поради големиот број на промени,

како физички, така и ментални (Табела бр.3).

ФИЗИЧКИ ПРОМЕНИ КАЈ

АДОЛЕСЦЕНТИТЕ

МЕНТАЛНИ ПРОМЕНИ КАЈ

МЛАДИТЕ

Зголемување на тежина и висина Чувство на самостојност

Промена на гласот Привлечност кон спротивниот пол

Започнување на менструалниот

циклус кај женскиот пол

Агресивно, избувливо однесување

Комплекс на пониска вредност

Табела бр.3 Промени кај адолесцентите во текот на развојот

Page 12: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

12

Статистиката говори во прилог на тоа дека адолесцентите се најранливата

категорија на психолошки стрес. Постојано се во конфликт со родителите, со

нивните браќа и сестри, со пријателите, самите себе. Проблемите на емотивен

план во интимниот живот не ги рационализираат, а како најголеми се

проблемите што произлегуваат од обврските кон учењето и тековните

активности на воспитно-образовниот процес (писмени работи, испрашување,

тестови и сл).

График бр.1. Причинители на дистрес кај адолесценти

Според понови светски статистики, една третина од тинејџерите

најмалку еднаш неделно патат од стрес предизвикан од некои од следните

причини: поголеми барања во училиште, зголемена одговорност кон нивните

обврски во семејството, негативни мисли и чувства, развод на родителите,

смрт на блиски, промена на училиште, како и финансиски проблеми. Ова

покажува дека тинејџерите се таргет група која често подлежи на дистрес со

што се сврстуваат во категоријата на потенцијално загрозени од хроничен

стрес. Статистиките исто така покажуваат дека од сите наведени, најголеми

стресори кај адолесцентите произлегуваат од училиштето (33%), односите со

родителите (23%), пријателите (22%) и браќата/сестрите (22%) (График бр.1).

Page 13: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

13

Податоците од приложената статистика укажуваат дека училиштето има

примарно влијание во предизвикувањето на акутен дистрес и постоењето на

потенцијална опасност од појава на хроничен дистрес е многу извесен доколку

не се спречи навреме. Од тука, овој труд ќе се посвети на докажување на

поврзаноста на училиштето со појава на стресната состојба на тинејџерите

преку следење на гликемијата во крвта услови на стрес.

3. ОСНОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ, МАТЕРИЈАЛИ И МЕТОДИ ЗА РАБОТА

Истражувањето се базира на хипотезата која гласи дека средношколците,

интензивните контролни работи (проверки на знаење) ги доживуваат како

голем психолошки стрес кој се манифестира преку бројни психосоматски

промени, меѓу кои и промени на гликемијата во крвта.

Од тука предмет на проучување е врската помеѓу психолошкиот стрес

(дистрес) кај адолесцентите и промената на гликемијата во крвта, што се

реализира кај мала група на среднoшколци, од втора година на образование во

СУГС Гимназија „Јосип Броз - Тито“ – Скопје. со цел да се докаже директната

поврзаност помеѓу овие физиолошки состојби.

3.1. МЕТОДИ И ПОСТАПКИ ЗА ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ

Методите на работа се базираат врз една американска студија на

експерти по психосоматската медицина, која го анализира ефектот на веќе

предодредени, стандардизирани, психолошки стресори, која исто така е

спорведена кај мала група на испитаници.

3.2. ПРИМЕРОК НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Осум ученици, 6 од женски и 2 од машки пол, средношколци од втора

година при гимназијата „Јосип Броз Тито“, со различен среден успех, на крајот

од првото полугодие.

Page 14: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

14

3.3. ИНСТРУМЕНТИ ЗА РАБОТА

- анкетен прашалник 1-2 за детерминирње на стресна група, со прашања

превземени од веб-страна;

- апарат за мерење на гликоза во крв, „OneTouch Ultra Mini Glucose

Monitoring System“

- стерилна вата и акохол за дезинфекција

4. ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ, АНАЛИЗА И ОБРАБОТКА НА

ПОДАТОЦИТЕ

Истражувањето опфаќа:

1. испитување на поврзаноста на стресот со постигнатиот успех на

учениците, и определување на припадноста на волонтерите кон стесната

група на која припаѓаат преку анкета и

2. експериментален дел во кој се испитува гликемијата во крвта кај група

од 8 волонтери преку:

- мерење на физиолошките вредности на гликоза во крвта;

- мерење на гликемијата во состојба на стрес и

- мерење на гликемијата во нестерна состојба.

1. Веднаш по пријавувањето за експериментот, волонтерите пополнија

два анкетни прашалници, чија цел е да се одреди колку често средношколците

се наоѓаат во стресни ситуации и колкава е врската помеѓу нивниот среден

успех постигнат во училиште со степенот на стрес со кој се соочуваат. (График

бр. 2)

Page 15: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

15

График бр. 2 Врската помеѓу стресните групи и средниот просек во

училиште (од полугодишните оцени)

Анкетниот лист, содржи стандардизирани прашања според кои може да

се одреди дали едно лице веќе е, или се наоѓа во потенцијалната ризична

група на хроничен стрес. (Табела бр. 4)

Табела бр.4 Стрес групи

Резултатите укажуваат на тоа дека, еден ученик колку повеќе се залага

за постигнување на повисок успех во сопственото образование, толку повеќе

мора да се справува со секојдневни стресни ситуации. Загрижува податокот

дека од осум испитани, еден се јавува како претставник на најризичната

стресна група, А, и тоа токму оној ученик, кој постигнува највисок успех во

училиште. За разлика од него, учениците кои постигнуваат послаб успех во

училиште припаѓаат на C и D групите. Разочарува фактот дека, најголемиот

број, 5 од 8 испитани се наоѓаат во најризичната група В за појавување на

Page 16: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

16

стррс што значи ако не научат да се справуваат со стресните ситуации тие се

во опасност понатаму да се соочат со последиците на хроничниот стрес.

2. Вториот дел од експериментот е поделен на две фази: нестресна и

стресна, кои се реализираат во два различни дена, во кои се мери гликемијата

на крвта. На овие мерења им претходи почетното мерење на гликемијата, што

ќе претставува контролна вредност, и ке послужи за споредување на

резултатите со останатите две мерења. Мерењето на контролната вредност на

гликемијата се врши на гладно, седум часа од последниот оброк. Средната

контролна вредност од сите 8 волонтери е 5,1ммол/Л..

Стресната фаза се реализира без претходна најава на волонтерите. На

првиот училишен час, секој од нив е изложен на различен стрес, кој стрес не е

одреден по случаен избор, туку одговара на психологијата на секој ученик

одделно, но сепак одговара на стресорите на кои може еден средношколец да

биде изложен во училиште. Непосредно по стресот, секој волонтер консумира

чаша „Кока-Кола“, после што се мери гликемијата во крвта, на 30, 60 и 90

минути (Табела бр.5).

Волонтер број. Гликемија (ммол/Л.)

Контролна

Стресна фаза (ммол/Л.) T=30мин

Стресна фаза (ммол/Л.) T=60мин

Стресна фаза (ммол/Л.) T=90мин

1 5,1 5,9 6,7 5,3 2 4,6 5,2 6,4 4,9 3 4,6 4,9 5,3 5,1 4 4,8 5,8 5,4 4,8

5 5,7 6,4 7,4 5,8 6 5,4 6,0 7,1 5,4 7 5,8 6,7 6,4 5,2 8 4,8 6,4 7,0 5,5

Средна вредност

5,1 5,9 6,5 5,3

Табела бр.5 Резултати на волонтерите по сесијата во стресни услови

Од приложената табела, евидентно е дека по претрпен психолошки

стрес и по испиената доза на јаглени хидрати, по првите 30 минути гликемијата

кај сите испитаници, во однос на конролната вредност, расте. Најголема

вредност на гликоза во крвта, со исклучок на двајца испитаници се достигнува

околу 60-тата минута. По 90 минути од почетокот на експериментот доаѓа до

намалување на гликемијата во крвта и кај сите испитаници со исклучок на еден

е над контролната вредност.

Page 17: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

17

Нестресна фаза Оваа фаза е однапред најавена. Волонтерите се

известени дека добиваат слободен ден од училиште во кој ќе се релаксираат,

секој според своите афинитети. По денот за релаксација се повторува методот

и условите за мерење на гликемијата како и при стресната фаза, со таа

разлика што овој пат во периодот помеѓу секое наредно мерење тие читаат

книги, слушаат музика, слушаат шеги и прават тоа што ги релаксира.

Резултатите добиени од нестресната фаза покажуваат поинакви

вредности. (Табела бр. 6)

Волонтер број Гликемија (ммол/Л.)

Контролна

Нестресна фаза (ммол/Л.)

T=30мин

Нестресна фаза (ммол/Л.)

T=60мин

Нестресна фаза (ммол/Л.)

T=90мин

1 5,1 6,3 5,8 5,3 2 4,6 5,9 5,4 4,8 3 4,6 6,0 5,2 4,9 4 4,8 5,9 4,9 4,3 5 5,7 6,9 7,0 5,2 6 5,4 6,2 5,8 5,0 7 5,8 7,1 6,0 5,2 8 4,8 6,1 5,2 5,0

Средна вредност

5,1 6,3 5,6 4,9

Табела бр.6 Резултати на волонтерите по сесијата во нестресни услови

Од табелата бр.6 можеме да видиме дека гликемијата кај сите

испитаници е највисока после 30-тата минута од внесувањето на шеќери и

постепено после 60-тата и 90-тата, опоѓа, доближувајќи се до почетните

вредности. Од тука можеме да заклучиме дека во нестресни услови организмот

кај адолесцентите многу полесно се справува со јаглените хидрати.

Средните вредности на гликемијата со користење на јаглехидрати во

исхраната во стресната и нестресната фаза се претставени во Графикот бр. 3.

Page 18: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

18

5. ДИСКУСИЈА НА РЕЗУЛТАТИТЕ

Во физиолошки услови кај здрав човек, гликемијата се движи во

нормални граници од 4,44-6,66ммол/Л., што се регулира секрецијата на

хормонот инсулин според принципот на негативна повратна врска. Тоа значи

дека после секој оброк покаченото ниво на гликоза во крвта ја поттикнува

секрецијата на инсулин од бета клетките на лангерхансовите островца во

панкреасот. Со тоа се зголемува пропистливоста на клеточните мембрани за

гликоза и таа се дистрибуира во клетките на мускулите каде подлежи на

оксидација и во клетките на црниот дроб каде се одвива гликогенгенеза до

резервен гликоген.

На овој начин и се регулира и гликемијата кај испитаниците во нашето

истражување кога се наоѓаат во нестресната фаза. Тоа значи дека,

покачувањето на гликозата кај сите испитаници, по внесот на кока-кола во

првите 30 минути од 5,1ммол/Л., кај контролната средна вредност на

6,4ммол/Л., е последица на присутните шеќери во пијалокот, чија ресорпција е

поттикната со тироксинот од крвта. Покаченото ниво на гликоза ја стимулира

секрецијата на инсулинот со што во наредните 30, односно 90 релаксирани

минути, подолжително се намалува нивото на гликоза во крта од 5,6ммол/Л.,

на средна вредност пониска од почетната (график бр.3)

Page 19: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

19

5.15.9 6.5

5.3

5.1

6.4 5.6

4.9

Т=0мин. Т=30мин. Т=60мин. Т=90мин.

Зголемување на нивото на глукоза во крвта во стресни и нестресни

услови (ммол/Л.)

Стресни Услови Нестресни Услови

График бр. 3 Зголемување на нивото на глyкоза во крв, по внесените

јаглехидрати по претрпен стрес и во период на релаксирање. Вредности на гликоза во

крв (ммол/Л.)

Во стресната фаза, со активирање симпатичкиот нервен систем и

секрецијата на адреналин кој преку периферна вазоконстикција го покачува

крвниот притисок, а со тоа ја зголемува срцевата фрекфенција, поттикнувајќи ја

срцевата мускулатура на поголема активност. Забрзувањето на белодробната

работа и бронходилатацијата обезбедува подобар прилив на кислород до

клетките со што се зголемува оксидацијата на гликозата. На овој начин во

почетните моменти на стерсната реакција, адреналинот е причина за брзото

намалувањена нивото на гликоза во крвта. Со ова се засилува и инсулинската

активност. Од овие причини, во првите триесет минути, нивото на гликоза во

однос на контролната вредност од 5,1ммол/Л. се зголемува побавно и изнесува

5,9 и воедно е пониска од вредностите во нестресната фаза, каде изнесува

6,4ммол/Л. крв.

Адреналинот најверојатно е причина и за натамошното зголемување на

гликозата, поради хипергликемичниот ефект врз хепарот, кога после 1 час,

гликозата ќе го достигне својот максимум од 6,5 ммол/Л., доближувајќи се до

горната физиолошка граница. Таа воедно е повисока и од вредноста на

Page 20: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

20

гликозата во нестерсната фаза за 0,9 односно, приближно 1 ммол/Л.. Во оваа

фаза на стрес голема е веројатноста дека се поттикнува и секрецијата на

антистресниот кортизол, кој паралено преку гликонеогенезата придонесува за

покачување на гликемијата.

По последното мерење гликемијата се нормализира на почетните

вредности и изнесува 5,3ммол/Л. крв, приближно до контролната вредност.

6. ЗАКЛУЧОК

Ова истражување покажува дека акутниот психолошки стрес кој

средношколците го доживуваат во многу наврати во текот на образованието,

резултира со голем број психосоматски промени на организмот, меѓу кои и

промени на гликемијата, што се користеше како метод за докажување на

стресот. Импровизацијата на различните типови на психолошки стрес кои се

карактеристични за средношколската популација, а се користени во ова

истражување, се манифестираа со промени во нормалниот шеќерен

метаболизам, поврзани со наглото зголемување на секрецијата на

адреналинот.

Ефектите на адреналинот се познати од теоријата и праксата. Истите

говорат дека зголемената секреција на адреналин ја забрзува срцевата

фрекфенција и ударниот волумен на срцето, кои се поврзани со

вазоконстрикцијата на крвните садови во периферната циркулација. Ова оди во

прилог на негативните ефекти на адреналинот врз кардиоваскуларниот систем,

кои се поврзани со хипертензијата и срцевите нарушувања, што настануваат во

подоцнежниот период од животот, а според светската статистиката се наоѓаат

на прво место на листата за морбидитет .

Засилениот клеточен катаболизам на шеќерите на почетокот на стресот ,

би резултирале со хипогликемија, која би можела да доведе до колапс ако

испитаниците во експериментот не консумираа напивка збогатена со шеќер.

Page 21: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

21

Несомнено, факт е дека средношколците не знаат да се справат со

претрпениот психолошки стрес, што покажува дека адолесцентите, како

посебна старосна категорија, по завршувањето на детството, без постепен

премин се вметнати во еден свет полн со обврски и проблеми, со кои не умеат

да се носат и се над нивните ментални можности. Ова се и основните причини

за појавува на психолошкиот стрес кај адолесцентите.

Големиот број на промени и стресови на кои се изложени

адолесцентите, во најголем дел од обврските во училиштето и неизвесноста за

нивната перспектива, се главна причина што се наоѓаат во потенцијалната

ризична група на идни страдачи од хроничен стрес, што претставува проблем

со кој треба да се позанимава општеството во целост.

Page 22: Ефектот на психолошкиот стрес врз промената на гликемија кај средношколци

22

7. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

http://www.managingstress.com/ - Center for stress management

http://www.stressfocus.com/stress_focus_article/teen-stress-causes.htm - информации за стресот кај адолесценти

Биологија за 4 година на реформирано образование; Олгица Саракинова; Драгица Трајановска; Софија Ачкоска; Просветно дело; Скопје; 2005 год

Биологија за 3 година на реформирано образование; Сузана Диневска – Ќовкаровска; Софија Ачкоска; Книжарница Три; Скопје; 2006 год.

Физиологија за прва година за средно стручно образование; Добривое Ѓорѓевиќ; Славица Видеска; Просветно дело; Скопје; 2006 год.

http://www.causeof.org

http://www.psychosomaticmedicine.org/cgi/reprint/47/6/558.pdf --> основата на горенаведениот експеримент

http://www.lifepositive.com/mind/psychology/stress/psychological-stress.asp

http://www.personalityresearch.org/papers/beaton.html

http://www.dealwithstress.com/What-Is-Psychological-Stress-.html

Анкетни листови 1 и 2 доставени во прилог.