usvoena od vlada strategijaza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/strategija za...

23
1 Вовед Во овој документ се уредува прашањето на домување во Република Македонија и се дефинираат националните стратешки насоки на идната политика на домувањето. Постигнувањето на долгорочен, стандардизиран и хармоничен развој на домувањето, согласно со современите стандарди за квалитетен живот, е основната цел на Стратегијата за домување од која произлегуваат сите други општи и посебни цели. Фактот што во многу развиени земји правото на дом се третира како основно човеково право го потврдува значењето на ова прашање. Денес, сe повеќе во рамките на глобалната политика, борбата за човекови права е неделива од заложбата за право на дом, што е потврдено и со бројни меѓународни конвенции чиј потписник е и Република Македонија. Токму поради тоа, задоволувањето на оваа потреба, согласно со стандардите кои се сметат за цивилизациска придобивка, претставува еден од најважните проблеми со кои се соочува секоја држава. Впрочем, грижата на државата во уредувањето на ова право е претпоставка за успешно функционирање и на другите сегменти на заедницата. Токму заради ова, домувањето не може да функционира исклучиво врз законите на пазарната економија, туку се претпоставува извесен степен на вклученост и на институциите на власта согласно со утврдените приоритети и правци во тој сектор. Искуството говори дека во сите развиени демократски земји станбените потреби не се задоволуваат единствено на пазарни принципи на понуда и побарувачка, туку, по правило, низ разни облици на интервенција е вклучена и државата која со разни инструменти и мерки на државната политика делува на условите и квалтетот во постојниот станбен пазар. Политиката на домување е комплексен проблем кој ја наметнува потребата од мултидимензионален пристап во дефинирањето на приоритетите и предлагањето мерки, што претпоставува вклучување на сите засегнати страни во нејзиното креирање. Интенцијата за обединување на инструментите за постигнување на позитивни резултати во областа на домувањето, всушност претставува и главна цел во изготвувањето на еден ваков документ, заедно со прашањето за нејзината успешна имплементација. За таа цел, ќе биде потребно јасно, недвосмислено, синхронизирано и добро обмислено планирање на активностите на сите субјекти инволвирани во овој процес, како на државата и нејзините институции, така и на науката, локалната самоуправа, приватниот сектор и граѓаните. Таквиот пристап ќе гарантира објективно идентификување на потребите за делување во оваа област, а истовремено ќе овозможи утврдување на конзистентна станбена политика. Во оваа смисла, стратегијата претставува документ во кој е дефинирана политиката на државата во областа на домувањето, во која се обединуваат сите расположливи и постојни инструменти за синхронизирано дејствување, со цел да се намалат проблемите во домувањето и во станбената политика. Реално димензионираните стратешки цели на политиката на домување и нивното успешно имплементирање ќе влијаат позитивно врз останатите сегменти од општественото живеење, како социјалниот, економскиот, социолошкиот, здравствениот, психолошкиот, политичкиот, правниот, итн.

Upload: doandiep

Post on 06-Feb-2018

239 views

Category:

Documents


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

1

Вовед

Во овој документ се уредува прашањето на домување во Република

Македонија и се дефинираат националните стратешки насоки на идната политика на домувањето. Постигнувањето на долгорочен, стандардизиран и хармоничен развој на домувањето, согласно со современите стандарди за квалитетен живот, е основната цел на Стратегијата за домување од која произлегуваат сите други општи и посебни цели.

Фактот што во многу развиени земји правото на дом се третира како основно човеково право го потврдува значењето на ова прашање. Денес, сe повеќе во рамките на глобалната политика, борбата за човекови права е неделива од заложбата за право на дом, што е потврдено и со бројни меѓународни конвенции чиј потписник е и Република Македонија. Токму поради тоа, задоволувањето на оваа потреба, согласно со стандардите кои се сметат за цивилизациска придобивка, претставува еден од најважните проблеми со кои се соочува секоја држава.

Впрочем, грижата на државата во уредувањето на ова право е претпоставка за успешно функционирање и на другите сегменти на заедницата. Токму заради ова, домувањето не може да функционира исклучиво врз законите на пазарната економија, туку се претпоставува извесен степен на вклученост и на институциите на власта согласно со утврдените приоритети и правци во тој сектор. Искуството говори дека во сите развиени демократски земји станбените потреби не се задоволуваат единствено на пазарни принципи на понуда и побарувачка, туку, по правило, низ разни облици на интервенција е вклучена и државата која со разни инструменти и мерки на државната политика делува на условите и квалтетот во постојниот станбен пазар.

Политиката на домување е комплексен проблем кој ја наметнува потребата од мултидимензионален пристап во дефинирањето на приоритетите и предлагањето мерки, што претпоставува вклучување на сите засегнати страни во нејзиното креирање. Интенцијата за обединување на инструментите за постигнување на позитивни резултати во областа на домувањето, всушност претставува и главна цел во изготвувањето на еден ваков документ, заедно со прашањето за нејзината успешна имплементација. За таа цел, ќе биде потребно јасно, недвосмислено, синхронизирано и добро обмислено планирање на активностите на сите субјекти инволвирани во овој процес, како на државата и нејзините институции, така и на науката, локалната самоуправа, приватниот сектор и граѓаните. Таквиот пристап ќе гарантира објективно идентификување на потребите за делување во оваа област, а истовремено ќе овозможи утврдување на конзистентна станбена политика.

Во оваа смисла, стратегијата претставува документ во кој е дефинирана политиката на државата во областа на домувањето, во која се обединуваат сите расположливи и постојни инструменти за синхронизирано дејствување, со цел да се намалат проблемите во домувањето и во станбената политика. Реално димензионираните стратешки цели на политиката на домување и нивното успешно имплементирање ќе влијаат позитивно врз останатите сегменти од општественото живеење, како социјалниот, економскиот, социолошкиот, здравствениот, психолошкиот, политичкиот, правниот, итн.

Page 2: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

2

1. Анализа на состојбата во областа на домувањето

1.1. Компаративни сличности со земјите во регионот

Следејќи ги искуствата на различни земји во креирањето на станбената политика се воочува дека и покрај сличностите на многу од дефинираните цели, сепак во операционализација на истите се пројавува голема разновидност . Оттаму, може да се заклучи дека не постои еден универзален модел за креирање успешна станбената политика. Евидентно, постојат специфични проблеми во различни држави кои имаат и соодветен пристап кон нивното разрешување. Компаративните искуства се земени предвид само при предлагањето на решенија за слични проблеми во оваа стратегија.

Реформите во областа на домувањето во државите во регионот вообичаено се остваруваа во две фази. Првата се однесува на трансформација на државно контролираниот сектор на домување во доменот на приватната иницијатива. Тоа, пред сî, се однесува на приватизацијата на становите во општествена сопственост, преструктурирање на односите помеѓу станбената понуда и побарувачка, промени во учеството на државата во субвенционирање и приватизација на градежни фирми. Втората фаза се однесува на парцијалните мерки со кои интервентно се делуваваше само врз одредени аспекти на домувањето, наместо тоа да биде дел од сеопфатна политика. Оттаму, донесувањето на стратешки документ, кој систематски и долгорочно ќе ги проектира идните чекори за решавање на потребите во домувањето претставува битен елемент во политиката на секоја држава.

Суштината на реформите се однесува на постепеното намалување на контролирањето и субвенционирачката улога на државата, а повеќе ориентирање кон пазарните правила, кои треба да ги регулираат односите помеѓу понудата и побарувачката. Воедно, државата континуирано треба да се грижи за ранливите групи, социјално загрозените и сиромашното население.

Одредени регионални истражувања во областа на домувањето најчесто ги идентификуваат следните проблеми и недостатоци во земјите за кои е потребно изнаоѓање на соодветни решенија: • несоодветен капацитет на јавните институции , • неефекасна меѓуинституционална соработка , • бирократизираност и корупција во институциите и сл., • недоволна етаблираност на стручни посредници (нотари, проценувачи, хипотекарни

брокери, проценувачи на недвижности, агенти за недвижности), • неефикасно функционирање на големите станбени единици (проблеми во тековното

одржување и менаџирање), • финансиска неодржливост на јавните сервиси, • недоволна инфраструктурна покриеност и со комуналните услуги, • недостиг на субвенции, • недостиг на социјални станови, • низок квалитет на постојниот станбен фонд, • висока цена на градежното земјиште во градовите, • потешкотии со стигнување до градежно земјиште, нерационална регистрација на

земјиштето и тешко добивање на градежни дозволи , • постоење на бројни дивоградби, • слабото функционирање на пазарните принципи во формирање на цената, • доминантно готовинско плаќање заради непривлечноста на хипотеката и восоките

камати при кредитирањето, • немотивираност на приватните градители кон поевтина станбена изградба заради

Page 3: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

3

непостоење на соодветни законски, даночни и финансиски стимулативни мерки. Генерален проблем кај сите овие земји се и расположливите станбени резерви,

преку кои државите би можеле да интервенираат на пазарот . 1.2.Состојба во областа на домувањето во Република Македонија Миграцијата на населението од руралните подрачја во урбаните средини во

периодот од 1948 до 1988 година придонесе за енормно зголемување на градовите. Во тој период во услови на социјализам се остваруваше идеолошка урбанизација што резултираше во интензивен демографски пораст на градовите. Проблемот на несоодветно планиран просторен и демографски раст на градовите е причина што дивите градби и населби денес го имаат статусот на еден од клучните проблеми со кои се соочува државата. Слична појава се случува и во 90-тите години, само што миграцијата од помалите градови сега е насочена кон главниот град Скопје, како резултат на настанатите општествени промени кои условија голем пораст на невработеноста и запирање со работа на големите индустриски капацитети каде што поголемиот дел од населението во помалите градови беше вработено. Сето ова придонесе за усложнување на проблемите настанати поради невработеноста и се одрази во недостигот од станбен простор, инфраструктура и сите останати урбани фактори.

Споредено со државите од регионот, Македонија е една од државите со највисоки процент на урбана популација. Според последниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, во 2002 година, се движи околу 54%. Исто така, во просек, Македонија има повисок процент на младо население, бидејќи 21.8% од популацијата е на возраст до 14 години, а од 15-44 години процентот изнесува 45.8%.

Токму ваквата состојба се очекува да ја зголеми побарувачката за станови. Истовремено, трендот покажува дека досегашната социјална димензија на државата слабее. Иако е неспорно присуството на сиромашно и маргинализирано население во руралната средина, се очекува дека во блиска иднина ќе се зголемува сe повеќе процентот на урбаната сиромаштија. Воедно, постоењето неадекватното сместување во лоши станбени услови кои не ги задоволуваат минималните стандарди за живот, бездомништвото, појавата на лица без решено станбено прашање, претставуват еден од најтешките облици на сиромаштија. Станува збор за урбаната сиромаштија која како комплексен проблем има свои економски, политички, културни и демографски димензии.

Македонска специфика е непостоење на преодни форми на населби меѓу градот и селото. Во суштина формирани се два диферентни типа на населби, градски (80% од вкупното население) и селски (20% од вкупното население). Притоа, од вкупното градско население (80%) - еден град (Скопје) ја апсорбира половината од населението, додека останатите живеат во неколку градови со средна големина.

При решавањето на проблемот од недостиг на станови, сепак мора да се согледа и фактот дека Република Македонија располага со суфицит на станбен простор, кој изнесува околу 130.000 станбени единици, што укажува на тоа дека многу семејства располагаат со повеќе од еден стан, а голем број од "станбено необезбедените семејства" располагаат со станбен простор во руралните средини, кои со преселувањето во градовите ги напуштиле објектите или тие служат само како викенд куќи. Реално гледано, состојбата на овие станбени објекти во голем дел од руралните средини е многу лоша, односно не постојат основни услови за живеење (електрика, вода, канализација, патишта, училишта, амбуланти, пошти, организиран сообраќај, итн.), меѓутоа, постојат и подрачја во кои инфраструктурните

Page 4: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

4

објекти се главно задоволувачки и добри, но овие простори се користат пред сe само како рекреативни населби.

Ако се земе предвид дека бројот на ненаселените станбени објекти изнесува 64.870 станбени единици, и дека со ревитализирање на само 15% од тој капацитет би било доволено да покрие околу 50% од реалните потреби за станбен простор во РМ (10.000 стана), е доволен податок за идните мерки и активности на оваа стратегија.

Иако проблемите на домувањето на различни начини и во различен контекст се присутни во јавноста, сепак, посериозни истражувања во оваа област не се реализирани, освен некои парцијални согледувања кои се во функција на конкретни практични цели во рамките на други проекти1.

Согласно со Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, во 2002 година, споредено по број на станбени единици на 1000 жители, Македонија го зазема претпоследното место меѓу земјите од регионот. Имено, на 1000 жители евидентирани се 343 станбени единици, додека во Бугарија тој број е 465, во Хрватска 417 итн. Просечната големина на македонското семејство во 2002 изнесува 3.6 лица. Во вкупниот број на семејства, оние со 5 и над 5 члена по семејство се 24%, додека оние со 4 члена се 28%. Македонија е мошне слабо покриена со централно греење (околу 8%), додека со водоснабдување 82%, а со канализација 60%. Само 0.6% од вкупниот станбен фонд се наоѓа во државна сопственост. Инвестирањето во станбената изградба е на ниво на европскиот просек, движејќи се околу 3%. Компарирано со други земји, се смета дека Македонија има проблеми при утврдувањето на сопственичките права и регистрацијата, во менаџирањето на станбените објекти, како и во планирањето.

2. Приоритети и цели на стратегијата Визијата на оваа стратегија е постигнување на долгорочен,

стандардизиран и хармоничен развој на домувањето, согласно со современите стандарди за квалитетен живот.

Државата преку овој стратешки документ ја искажува својата цврста определеност за развој на политиката во областа на домувањето, либерализација на пазарот во оваа сфера, како и остварување на синхронизирано дејствување на сите субјекти во промовирањето на социјалната кохезија.

Истовремено, стратегијата треба да воведе избалансиран и одржлив развој, во согласност со државната политика и загарантираните човекови права.

Во тој контекст, долгорочна стратешка цел во станбената политика е овозможување на лесна достапност на становите и обезбедување квалитетен станбен фонд за потребите на граѓаните на Република Македонија.

Остварувањето на дефинираните приоритетни цели за домувањето во Република Македонија, претпоставува утврување и на општи и посебни цели.

2.1. Општи цели на стратегијата за домување

• Одржување на постојниот станбен фонд и поттикнување на нова станбена

изградба. • Воведување економски, социјални и правни механизми за овозможување на

слобода на избор и пристапност до стан на граѓаните. • Поттикнување и зајакнување на соработката помеѓу државните и локалните

институции, асоцијациите и граѓанскиот сектор, приватните градители и пазарот. • Зголемување на улогата и партиципацијата на граѓаните во креирањето на 1 Vidi: Strategija za namaluvawe na urbanata siroma{tija, Svetska banka, Skopje, 2002

Page 5: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

5

политиката на станбена изградба на локално ниво. • Унапредување на планирањето и управувањето со урбаните и рурални населби

и стимулирање на децентрализиран развој.

2.2. Посебни цели на стратегијата за домување • Подобрување на постојната законска регулатива. • Зајакнување на институционалните капацитети во областа на домувањето. • Воспоставување на ефикасен и стимулативен систем за станбено финансирање. • Поттикнување на станбената изградба на станови кои ќе се издаваат под закуп. • Поттикнување на станбената изградба • Легализација на бесправно изградените градби кои ги задоволуваат

урбанистичките условите и ефикасна контрола врз бесправната градба. • Ревитализација на постоечки станбени капацитети

3. Фактори кои влијаат врз политиката на домување Во дефинирањето на целите битен е конкретниот контекст во кој тие треба да се

остварат, што претпоставува идентификување на фактори кои овозможуват реално димензионирање на планираните активности, како и етапно следење на спроведувањето на погоре утврдените цели.

Квалитетот, финансиската достапност и сигурност како и можноста за избор, се клучните фактори при оценување на ефикасноста на системот во областа на домување во една држава. Исто така, важен е износот на општествените средства ангажирани за решавање на ова прашање.

Генерално, проблемот на домувањето би можел да се третира од два аспекта: од

општествен аспект и од аспект на индивидуата, кои се меѓузависни. Фактори од општествен аспект кои влијаат врз реформите во областа на

домувањето и пазарот, освен макроекономската политика, даночната политика и структурните реформи, во една држава ,се: • Демографските движења (популациона и демографска политика). • Квалитетот и разместеноста на постојниот станбен фонд. • Изградбата на нови станови и инвестициите во оваа област. • Финансиска достапност (куповната моќ на населението). • Економскиот развој и пазарната динамика на станбената изградба.

Од аспект на потребите на индивидуата, факторите кои влијаат се: квалитетот на понудата (нејзината расположливост и ценовна достапност), станарските права, постојните можности за избор на станови, сигурноста во системот и контролата на квалитетот, транспарентноста на процедурите и постапките во изградбата и др.

Се разбира дека демографските карактеристики на населението, вклучително

и современите трансформации на семејството, семејните приходи, културата на живеење, старосната структура и големината на семејството, се битни за определување на станбените потреби. Исто така, фактори со значително влијание се: инфраструктурната покриеност, цената на режиските трошоци и комуналиите, безбедноста во непосредното опкружување на станот, заштитата на станарското право, заштитата на животната средина и сл., во чие обезбедување треба да учествуваат најразлични субјекти, но, пред сe институциите на системот.

Пазарната динамика на изградба на нови станови треба да соодветствува на потребите и побарувачката, при што инклузивното планирање, односно вклученоста на граѓаните, е битна за воспоставување на стабилно, перманентно инвестирање во

Page 6: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

6

функција на подобрување на квалитетот на домувањето. Од своја страна, државата преку свои мерки може да влијае врз понудата и побарувачката на станбениот фонд преку три клучни области: политиката за недвижности, фискалната политика и финансиската политика.

4. Правна рамка 4.1. Меѓународна правна рамка Правото на домување е содржано во бројни меѓународни документи кои

наметнуват на државите - потписнички обврски за преземање на активности со цел да се подобрат животните услови на сите граѓани во државата. Првенствено, ова право е глобално прифатено од страна на Обединетите нации, како и од останатите светски форуми, што резултира во негово вградување во бројни конвенции за човековите права. Истовремено, ратификацијата на овие документи претставува спремност на државата да го почитува и овозможи човековото право на домување, со што се обврзува да го признае правото на соодветен стандард на домување. • Еден од тие обиди е и конференцијата на ОН одржана во Истанбул во 1996 година

(ХАБИТАТ II), која посебно го акцентира правото на соодветно домување.Со овој документ им се наложува на државите да изработат планови за делување, кои ја вклучуваат и обврската на владата да помогне на населението при решавањето на станбеното прашање. Како резултат на договореното на специјалната сесија на Генералното собрание на ОН е усвоена ,,Декларација за градовите и другите човекови населби во новиот милениум,, јуни 20012,. Овој документ повторно ја потврдува заложбата на државите да обезбедат пристап кон соодветно домување, што подразбира здраво, безбедно и финансиски достапно домување кое ги вклучува и основните комунални услуги, сообрајќајната пристапност, можноста за слобода на избор на граѓаните, како и правната сигурност на корисниците на становите.

• Во Меѓународната конвенција за економски, социјални и културни права3, во Генералниот Коментар бр.4 од оваа Конвенција, Комитетот за економски, социјални и културни права на Обединетите нации го дефинира поимот адекватно домување како правна сигурност во домувањето4.

• Европските документи коишто се однесуваат на политиката на домување се Европската конвенција за човекови права (член 85) како и член 1 од Протоколот бр.16.

• Европската унија во членот 31 од Ревидираниот Европски општествен договор дополнително ги обврзува државите да обезбедат ефективно користење на правото на домување преку:

1.промовирање на домувањето со соодветен стандард; 2.превенирање и намалување на бездомништвото со тенденција постепено

2 “Declaration in cities and other human settlements in the new millenium”, June 2001 3 ^len 11 stav 1 glasi: “Dr`avite potpisni~ki na ovaa Konvencija go priznavaat pravoto na sekoj na

adekvatni standardi za `ivot na nego i negovoto semejstvo, vklu~uvawe soodvetna hrana, obleka i domuvawe, i postojano podobruvawe na `ivotnite uslovi. Dr`avite potpisni~ki }e prezemat soodvetni ~ekori da obezbedat realizacija na ova pravo, priznavaj}i ja su{tinskata va`nost na me|unarodnata sorabotka koja e bazirana vrz slobodno izrazuvawe na voljata“.

4 Domuvaweto se izrazuva vo razli~ni formi, vklu~uvaj}i smestuvawe pod kirija javno ili privatno, zadru`no domuvawe, naem, vladeewe, stanuvawe pri itni potrebi, neformalni naselbi, vklu~uvaj}i zazemawe na teritorija ili imot. Bez razlika na vidot na domuvaweto, site lica bi trebale da imaat opredelen stepen na sigurnost vo domuvaweto koe garantira zakonska za{tita protiv prisilno iseluvawe, zlostavuvawe ili drugi zakani.

5 Toj ~len go regulira pravoto na po~ituvawe na privatnosta i semejniot `ivot, kako i domot. 6 Ovoj ~len go regulira pravoto na mirno u`ivawe na sopstvenosta.

Page 7: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

7

да се елиминира; 3.цената на домувањето да се усогласи со можностите на оние кои немаат соодветни економски услови за тоа.

• Повелбата на Европската унија за основните права од 2000-та година, креира нов приод во уредување на правото на домување. Станува збор за заложбата за сузбивање на сиромаштијата и исклученоста на социјалните групи што има свои влијанија врз здравјето на луѓето и другите сегменти на општественото живеење. Затоа, ова прашање детерминира зголемување на свеста на јавноста кон овој проблем, преку која ќе се формулира сеопфатна национална политика и обмислен и координиран пристап на сите државни институции.

• Советот на Европа во документот со препораки од мај 20047 определува што е адекватно домување, дефиниција која е преземена од агендата на ХАБИТАТ8. Во оваа листа спаѓа и Декларацијата за човековата околина и развој од Рио, која во принципот бр 3 го истакнува правото на развој кое подеднакво ги опфаќа развојните потреби и потребите за заштита на животната средина за сегашните и идните генерации.

4.2. Домашна правна рамка

Транзиционите процеси во Република Македонија предизвикаа промени и во областа на домувањето. Преминот кон пазарна економија наметна поинаков ситем на вреднување, така што станот не е веќе само социјална категорија, туку, пред сe, пазарна, што не значи дека Република Македонија, која уставно се дефинира како социјална држава нема да води грижа за своите граѓани. Оваа уставна определба, мора да се оствари преку усогласување во законодавството и институциите на домување, воедно продолжувајќи со процесот на приватизација на станбениот фонд со воспоставување титулар на сопственоста.

Овие процеси претпоставуваат нова правна и институционална рамка за уредување на сопственичките права и односи во домувањето, базирано на принципите на пазарното стопанство, како и воспоставување на економски критериуми во управувањето и одржувањето на станбениот фонд. Комлексноста на овој процес ја наложува потребата од реформи во системот особено во делот на станбеното финансирање и донесување на мерки за поттикнување на станбена изградба, како и насочување на пазарот со станови кон поквалитетно и поекономично градење.Промените во законската регулатива во оваа област започнуваат од 1998 година, со донесување на Законот за домување9, кој заради динамичните промени во оваа област претрпе и неколку измени10.

Закони, подзаконски акти и програми кои ја уредуваат оваа област се:

• Закон за продажба на становите во општествена сопственост11 7 Draft Recommendation of the Committee of Ministers of the Council of Europe on Improving the Housing Conditions

for Roma, Gypsies and Travellers in Europe, Group of Specialists on Roma, Gypsies and Travellers, Strasbourg 14 May 2004

8 Ovde definicijata e postavena po{iroko, bidej}i vo paragraf 60 pod adekvatno domuvawe“ ne se podrazbira samo adekvatno zasolni{te tuku se smeta pove}e od krov nad glavata. Toa, isto taka, zna~i adekvatna privatnost, adekvaten prostor, fizi~ka dostapnost, adekvatna bezbednost, bezbednost na prestoj, strukturalna stabilnost i trajnost, adekvatno osvetluvawe, greewe i ventilacija, adekvatna osnovna infrastruktura kako {to e vodosnabduvaweto, sanitacijata i sobiraweto na otpadot, adekvaten kvalitet na okolinata i faktori vrzani so zdravjeto, kako i adekvatna i pristapna lokacija vo odnos na rabotata i osnovnite uslugi: site ovie elementi bi trebale da bidat fizi~ki i ekonomski dostapni.

9 Slu`ben Vesnik na Republika Makedonija, br.21, 1998 godina 10 Zakon za izmenuvawe i dopolonuvawe na Zakonot za domuvawe, Slu`ben vesnik на Република Македонија br.48/2000, 39/2003,96/2004,120/2005,13/2007 11 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.36/1990, 62/1992, 8/1993, 24/2003

Page 8: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

8

• Закон за домување12 • Закон за сопственост и други стварни права13 • Закон за облигационите односи14 • Уредба за критериумите и начинот на утврдување на продажната цена на

становите во општествена сопственост15 • Закон за градење16 • Закон за градежно земјиште17 • Закон за просторно и урбанистичко планирање18 • Програма за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за

2007 година19 • Закон за денационализација20 • Закон за експропријација21 • Закон за посебни права на припадниците на безбедносните сили на РМ22 • Закон за стопанисување со станбениот и деловниот простор на РМ23 • Закон за локалната самоуправа24 • Закон за премер , катастар и запишување на недвижностите25

• Закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по договорот за заем по проектот за изградба на станови кои ќе се издаваат на лицата со ниски приходи26

4.3. Соодветно и минимално домување Вообичаено е во вакви стратешки документи да се користат категориите

соодветно и минимално домување, кои зависат од економско-социјалниот развој на државата, поради што и секоја држава во зависност од спецификите на просторно-економските категории на национално ниво различно ги дефинира. Дефинирањето на овие две категории е важно за станбената политика затоа што тие ги пропишуваат условите за остварување на одредени права поврзани со домувањето.27

Поимот соодветно домување подразбира нормирано домување кое општеството го смета за задоволително, односно како стандард на домување кој е дефиниран како општа цел која треба да се оствари во иднина. Тој во себе вклучува поширок спектар на просторни, физички и правни стандарди. Дефинирањето на оваа категорија не се однесува само на површината и опременоста на станбениот простор, туку и на прашања поврзани со правната сигурност во користење на становите, што е суштински поврзано со континуитетот на правниот систем и со станбена политика. Од техничко-технолошки аспект утврдувањето на оваа категорија е важно за регулирање на материјата во актите со кои се уредуваат прашањата 12 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.21/1998,48/2000,39/2003,96/2004,120/2005, 13/2007 13 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.18/2001 14 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.18/2001, 5/2003 15 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.68/1992, 72/1992, 84/1992, 57/1993, 18/1994 16 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija, br.51, 30 juni 2005 godina 17 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br. 53/2001,79/2001, 80/2001, 13/2003, 4/2003, 59/2002 18 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija, br.51, 30 juni 2005 godina 19 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.26, 5 mart 2007 godina 20 Pre~isten tekst, 43/2000 21 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.33/1995, 31/2003 22 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.2/2002, 17/2003 23 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija, br.2, 1994 godina 24 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.5, 2002 godina 25 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.27/1986, 17/1991, 84/2005, 109/2005 и 70/2006 26 Slu`ben vesnik na Republika Makedonija br.41, 24 мај 2000 година 27 Иако во меѓународните акти, кои ги регулираат прашањата врзани за домување, како и западно европските

земји ги дефинираат поконкретно овие поими, сепак во транзиционите држави овие термини не се јасно дефинирани, ниту пак во креирањето на станбената политика се води сметка за нив.

Page 9: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

9

поврзани со изградба на нови станови (изградба, одржување и користење). Согласно со дефиницијата која е преземена од агендата на Хабитат, а е

прифатена од Советот на Европа, под поимот адекватно(соодветно) домување не се подразбира само соодветно засолниште и "кров над глава" туку, исто така, значи соодветна приватност, соодветен простор, физичка достапност, соодветна безбедност, конструктивна стабилност и трајност, соодветно осветлување, греење и вентилација, соодветна основна инфраструктура, како што е водоснабдувањето, канализација и собирање на отпадот, соодветен квалитет на околината и фактори врзани со здравјето, како и соодветна и пристапна локација во однос на работата и основните услуги. Сите овие елементи би требале да бидат физички и економски достапни.

Категоријата минимално домување е порестриктивна во определувањето на нивото на стандардот што општеството го дефинира како најниско ниво на стандарди во домувањето. Имено, тоа ги опфаќа физичките и правните стандарди кои ова ниво треба да ги обезбеди, за да се детерминираат како најмали основни потреби на корисниците.

Во "Стратегијата за намалување на сиромаштијата во Република Македонија"28 во надминувањето на проблемот на сиромаштија во субстандардните населби, се утврдени следниве мерки: комплетирање на инфраструктурата (сообраќајна и комунална) во непланско подигнатите населби, обезбедување на урбани услуги и легализација на објектите кои може да се легализираат.Оттаму, задоволувањето на минималните просторни услови, опременоста на станот со основната комунална инфаструктура, струја, вода и канализација и сообраќајната поврзаност на домот со населбата и пошироко - градот, како и правната сигурност на поседување или користење на станот, е основниот минимален предуслов за хумано живеење.

5. Субјекти вклучени во спроведување на стратегијата за домување

Економскиот и социјалниот аспект на проблемот на домување го детерминира

и политичкиот карактер на ова прашање. Токму тој факт подразбира активно ангажирање и на институциите на системот во креирањето на политиката на домување. Тоа е и причина што овој проблем во поразвиените демократски земји не е оставено да функционира само врз пазарни принципи (понуда и побарување).

Ова значи вклучување на централната власт, локалната власт како и на другите заинтересирани страни (граѓани, граѓански организации, наука, бизнис- заедницата и др.) не само во креирањето на овој стратешки документ, туку и во процесот на неговото спроведување. Активностите што ги презема централната власт преку најразлични програми за домување и изградба на станови, треба да биде поттик за поинтензивно вклучување на локалната власт во овие програми, а со цел да се задоволат станбените потреби на граѓаните. Овој тренд на субординација на централната и локалната власт е сe поприсутена и во земјите на Европа со цел обезбедување на повисок стандард и квалитет во домувањето.

5.1. Улогата на централната власт Спроведувањето на Стратегијата за домување, како комплексен документ, не

претпоставува вклучување само на еден ресор, туку се налага потребата од координирано учество на повеќе органи на државната управа. Пред се станува збор за Министерство за транспорт и врски,Министерство за финансии, Министерство за труд и социјална политика, Министерството за локална самоуправа, Министерството 28 “Стратегија за намалување на сиромаштијата во Република Македонија“, подготвена од Владата на Република

Мкедонија во соработка со Светска Банка , 2002.

Page 10: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

10

за животна средина и просторно планирање, Министерство за здравство, Државен завод за геодетски работи, Државен завод за статистика и Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија.

Сите овие органи треба да ги координираат своите активности за спроведување на оваа стратегија, при што Министерството за финасии има одлучувачка улога во насочувањето на финансиските средства во сите останати органи, како преку државниот буџет, така и преку трансферите на средства во локалната власт.Неминовно е институционализирање на утврдената политика, преку формирање на тела во релевантни министерства и прецизирање на нивните работни задачи29.

5.2. Улогата на локалната власт Со донесување на Законот за локална самоуправа во 2005 година локалните

самоуправи преземаат поголеми надлежности, маѓу кои и спроведувањето на урбанистички планови при што станбената изградба го чини доминантниот дел. Во склоп на овие надлежности, се испреплетуваат и плановите за остварување на локалниот економски развој, кој неизбежно ќе ја содржи и локалната станбена политика.

Остварувањето на зацртаните активности во областа на домувањето од страна на локалната самоуправа, претпоставува и обезбедување прецизни податоци за секое населено место на територија на општината, кои податоци се основа за анлиза на состојбата и одредување на неселените места на кои ќе се фокусираат активностите во државата.

Тесно поврзано со прашањето на домување е решавањето на проблемите и задоволувањето на инфраструктурните потреби (собраќајни и комунални: водовод, канализација, електрификација, греење и евакуација на смет), особено заради тоа што ова има директни здравствени реперкусии врз населението30, како и на други содржини и сервиси потребни за нормално живеење на локалната заедница. Населбите кои ќе се вклучат во урбанистичките планови и кои, според Законот за легализација на бесправно изградените градби, ги задоволуваат условите да се легализаираат треба, исто така, да бидат обезбедени со инфраструктурни системи. Ваквите крупни зафати од општините бараат експедитивност во изготвувањето на документацијата за главните изведбени проекти, во издавањето на одобренија за градба како и во поддршка на локалното население за собирање на потребната докумантација.

Сето досега наведено покажува колку е битна директната инволвираност на органите на локалната самоуправа31 во оваа сфера. Домувањето има егзистенцијално значење за граѓаните, па во таа смисла локалната единица се јавува како базично ниво на остварување на ова право. Всушност, локалната единица

29 Во транзиционите земји станбената политика постепено го наоѓа местото во агендата на политичките

расправи. Се воочува дека развојот на институционалната инфраструктура и човечките ресурси се од приоритетна важност за оваа област. Во таа смисла Унгарија востанови и посебно парламентарно тело за станбена политика составено од, пратеници, субјекти кои ја креираат станбената политика, стручњаци и научници. Од друга страна Словенија донесе Национална станбена програма и основа Национален станбен фонд. Ваков фонд формиран е и во Полска. Во Романија основана е Национална станбена агенција, а во Бугарија Фонд за станбена изградба.

30 Заразните болести најчесто се јавуваат произлегуваат од недостаток или недоволно користење на квалитетна вода за пиење на луѓето, од неквалитетно одведување на фекалните и отпадните води, несоодветно дислоцирање на тврдиот отпад и немање на доволна култура и свест кај народот за здравство и хигиена

31 Степенот на автономија на институциите на локално ниво не е ист во различни земји. Така некои држави предвидуваат широки овластувања на локалната власт во планирањето и остварувањето на станбената политика додека во други држави овие овластувања се во помал обем.

Page 11: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

11

најдобро ги препознава интересите и потребите на своите граѓани, па оттаму и нивните проблеми во домувањето. Затоа, многу е важно и значењето на локалната власт во остварувањето на Стратегијата, бидејќи во спротивно последиците од лошата политика во овој домен директно ќе се одразат врз квалитетот на животот на населението во одредена заедница.

5.3. Улогата на останатите заинтересирани субјекти Согледувањето на важноста на стратешките цели треба да иницира

вклучување на науката и експертите од различни области, заради ефикасна примена на инструментите преку кои целите ќе бидат исполнети. Неопходно е инволвирање на посебни институти и заводи, специјализирани за одделни аспекти на домувањето. Имено, сложеноста на планираните активности наложува континуирано следење и истражување на проблемите во областа на домувањето.

Либерализацијата на пазарот и јавно-приватното партнерство во сферата на домувањето се клучни за реализација на целите на оваа стратегија. Создавањето на услови за позитивна деловна клима е одговорност и на централната и на локалната власт, а тоа претпоставува соодветна вклученост и учество на бизнис -заедницата. Процесот на планирање и програмирање на економскиот развој на локално ниво претпоставува реални предвидувања и димензионирање на активностите на станбената изградба, при што учеството на бизнис заедницата е суштинско во инклузивното планирање.

Во креирањето на станбената политика особено е битно директното учество на граѓаните, односно јавноста. Исто така, треба да им се овозможи на граѓанските организации заинтересирани за оваа проблематика да го дадат својот придонес, со цел да се оствари непосредна артикулација на постојните интереси и потреби и нивно успешно инкорпорирање во станбената политика32. Овој процес воедно претставува еден од начините преку кој ќе се интензивираат демократските процеси во државата, правејќи го процесот на донесување на одлуки потранспарентен. Процесот на учество на јавноста би требало да биде димензиониран во определена рамка која ќе овозможи подобро спроведување на оваа стратегија.

6. Мерки и активности за спроведување на стратегијата Мерките и активностите за реализација на стратегијата треба да се

формулираат врз основа на приоритетите и целите претходно утврдени во оваа стратегија. Тие треба да имаат реално предвидена динамика и времетраење, придружени со соодветен мониторинг кој би иницирал нивно успешно спроведување.

6.1. Измена и заокружување на правната рамка За остварување на целите на оваа стратегија, како и заради хармонизирање на

домашното законодавството со европското, заради одредени домашни специфики во областа на домувањето неопходно е подобрување и доизградување на правната рамка со донесување на следните закони (со подзаконски акти кои ќе произлезат од нив) и програми: • Закон за домување (нов закон). • Закон за легализација на бесправно изградените градби. • Закон за градежно земјиште (нов закон). • Изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање.

32 Овој дел ќе добие своја конкретна операционализација во делот на имплементација на стратегијата

Page 12: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

12

• Изменување и дополнување на Законот за градење. • Закон за социјално домување. • Закон за Фонд за станбена изградба. • Закон за станбено штедење и мерки за поттикнување на станбената изградба. • Програма за поттикнување на станбената изградба со постепено вклучување на

бизнис секторот и граѓанскиот сектор.

6.2. Зајакнување на соработката помеѓу државните и локалните институции, граѓанските организации, приватните градители и другите учесници на пазарот

• Институционализирање на утврдената политика е можно преку формирање на тела во релевантни министерства и прецизирање на нивните работни задачи.

• Едукација на државните службеници кои ќе учествуваат во спроведување на политиката за домување.

• Субординација на централната и локалната власт во остварување на програмите за развој и финансиање на станбената изградба со прецизна поделба на одговорноста, а со цел да се обезбеди ефикасност во спроведувањето на утврдената политика.

• Поттикнување на соработката помеѓу државните и локалните институции, граѓанските организации, приватните градители и пазарот, формирајќи постојани тела за предлагање на мерки и следење на спроведувањето на стратегијата.

• Екипираност на институциите со професионални кадри кои ќе бидат способни да го координираат процесот на спроведување на стратегијата и нејзините приоритети. Поради тоа неопходна е секторска изработка на акциони планови во сообразност со оваа стратегија.

• Зајакнувањето на институционалните капацитети (субјекти) вклучени во спроведување на стратегијата за домување и нејзино мрежно поврзување, ќе придонесе за ефикасно спороведување на стратегијата за домување. На тој начин, преку аналитичка и научна обработка на податоците од страна на релевантните институции, се обезбедуват основи за успешно делување (економски, социјални, демографски, теничко-технолошки, просторно-плански студии и анализи).

6.3. Воспоставување на механизми/системи за станбено финансирање

• Формирање станбени штедилници, кредитни здруженија и станбени фондови. • Стимулирање програми кои обезбедуваат кредити под поволни услови со ниски

каматни стапки и подолги рокови на отплата. • Создавање услови за вклучување на хипотекарни банки во системот на

станбеното финансирање. • Воведување поволности во доделување на градежно земјиште до колку се

инвестира во станбена изградба наменета за социјално домување и домување на ранливите групи.

• Димензионирање на фискални инструменти кои во прв ред се базираат на спроведување на даночна политика во сферата на домувањето која ги следи општите цели дефинирани со оваа стратегија.

Page 13: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

13

6.4. Правно и институционално уредување на домување под закуп

• Домувањето под закуп треба правно и институционално да се уреди и да се унапреди, со цел да се диференцира социјалниот или јавен фонд под закуп33, кој е под режим на контрола и субвенционирање на државната, односн, на локалната власт и профитниот закуп во приватниот сектор.

• Домувањето под закуп во становите сопственост на државата заедно со новата изградба на станови за издавање под закуп (за социјална структура на корисници) да се доведе до ниво на уреден и транспарентен систем со сите елементи на социјална и правна заштита.

• Закупничкото домување што се остварува во приватни станови, со мерки на фискалната политика, треба да се доведе на ниво на контролирана закупнина, регулирана со закон и со подзаконски акти.

• Контролираната закупнина, да се усогласи со економските критериуми на управување и оддржување на градбата, за да ги покрие трошоците, а истовремено да се воспостави и транспарентен систем на субвенционирање на закупнините на социјално загрозени граѓани.

• Воспоставување систем за евидентирање на станбените капацитети во локалните единици кои се предмет на закуп34, за даночно дисциплинирање на закуподавачите.

• Поттикнување на домувањето под закуп во приватниот сектор како профитна дејност, преку која може од една страна да се излезе во пресрет на задоволувањето на потребата за стан, но и да се обезбеди стимулативна форма за издавање на станот под закуп35.

6.5. Социјално домување и домување на ранливи групи

Прашањето за социјално домување и домувањето на ранливите групи треба да

се решава во рамките на општите насоки на политика за домување на Република Македонија. • Неопходно е прецизно дефинирање на категоријата ранлива група36 која заради

33 Контролираниот и условно речено заштитен сектор на домување под закуп произлегува од сеуште

недовршениот процес на приватизација на општествениот станбен фонд. Согласно пописот од 2004 година, изработен од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, тој изнесува 4 876 станови во сопственост на Република Македонија според статусот на користење, а по основ на станарско право на корисниците 2 468 стана (извор : Програма за изградба и одржување станови сопственост на Република Македонија за 2007 година, Сл.весник на Република македонија бр.26/2007 година). Потоа, заштитена категорија н акорисници кои се социјално загрозени лица-станбено необезбедени, како дел од одредена социјална политика, согласно законот за социјална заштита (Сл.весник на Република Македонија бр.50/97, член 35); корисници на постојана парична помош (5 лица само во Скопје користат таков стан) каде Министертвото за труд и социјална политика субвенционира за закупнини и лица без родители и родителска грижа до 18 годишна возраст, односно по престанување на старателството а најмногу до 26 годишна возраст (14 деца користат стан во Скопје за кои Министерството за труд и социјална политика субвенционира за закупнини).

34 Кај нас ваков вид на евиденција непостои и отсуствува контрола што секако имплицира правна несигурност во односите меѓу закупецот и закуподавачот, но и државата односно локалната власт се лишува од извор на средства.

35 Динамичниот пазар на работна сила претпоставува и постоење на расположлив станбен фонд. Ваква потреба постои и во универзитетските центри каде што одреден број на студенти бараат стан под закуп во приватниот сектор.

36 Глобално земено, во категоријата ранлива група можат да се вбројат бездомници, деца без родителска грижа до 18 години, самохран родител, лица со посебни потреби, долгорочно невработените, екстремно сиромашни лица, и во некои случаи и припадници на одредени етнички заедници кои се повеќе погодени од овие наведени елементи заедно, како на пример Ромите�. Дел од оваа материја е покриен со измените во Законот за социјална заштита�, каде критериумите и начинот на остварување на правото на домување на лицата без родители и родителска грижа до 18-годишна возраст, а најмногу до 26 годишна возраст, со акт ги определува министерот

Page 14: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

14

нискиот стандард,тешко го остварува правото на дом. • Донесување на законска и подзаконска регулатива со која ќе се уреди социјалното

домување. • Утврдување минимални стандарди за изградба на овие станови37. • Владата треба да изготви програми и проекти (со домашни или донаторски

средства), со кои би се обезбедило сместување на овие категории население во живеалишта, со одредено ниво на стандард, а за дел, проблемот би можел да биде решен со субвенционирање на кириите или со директна помош.

• Поттикнување на изградба на станови наменети за ранливи групи • Креирање политика за субвенционирање на трошоците за домување. • Обезбедување локации со ниски трошоци. • Намалување на сиромаштијата што е суштинска претпоставка за обезбедување

на хумани услови на живот. • Обезбедување реална и одржлива финансиска поддршка. • Фокусирање на инфраструктурни зафати, каде што предност ќе имаат населбите

со поголема популација38. • Легализација на населбите со понизок социјален стандард и супстандардните

населби и нивно вклучување во урбанистичките планови каде има услови и стандарди.

• Урбанистичките планови да ги почитуваат принципите на недискриминација и антисегрегација.

• Донесување на законски одредби од кои ќе произлезат стандардите кои ќе важат за категориите социјални станови (домување) од категорија I до IV.

• Воспоставување механизми и институционални процедури, за разјаснување и разрешување на прашањата околу сопственичките права, со цел конечно да се регулира нивниот статус.

• Обезбедување економски достапно домување во согласност со определен стандард на живеење (помала цена на квадратот или поволни кредити).

• Избегнување на насилното иселување или други мерки кои предизвикуваат бездомништво, секаде каде што тоа е можно.

• Во случаите кога иселувањето е неопходно, тоа треба да биде амортизирано со други помошни мерки (примена на легални гаранции за заштита на правата39, како и постоењето на избор за други алтернативни сместувања).

6.6. Планирање на соодветен обем на станбена изградба

• Изградба на квалитетен и евтин станбен простор со преземање на низа мерки од страна на државата со кои ќе влијае на пазарот на станови.

• Системски планиран пристап кон обновата и подобрувањето на постојниот

37 Во таа смисла, треба да се дефинира градација на стандардите по категории и тоа од I до IV категорија.Така,

прва категорија би била основен прифатен центар за бездомници, односно на луѓе кои не можат да остварат основна потреба за домување (кров над глава).Втора категорија би била слична варијанта на првата, но со неколку дополнителни елементи на заедничко домување.Трета категорија би се состоела од индивидуални објекти или станови со минимални стандарди , и четврта категорија би се состоела од станови за лица со ниски приходи.

38 Приклучување кон водоводна и канализациона мрежа , како и нивно вклучување во легалниот систем на наплата, електрификација и легализација на електрични приклучоци, асвалтирање на улици, редовно собирање на отпадот, остварување на едукативни активности за заштита на животната средија итн.

39 Во тие рамки се антиципира обезбедување на правосилно судко решение со цел да се избегне волунтаризмот на одделни претставници на власта; целиот овој процес да се води согласно меѓународните стандарди (недискриминација, паричен или друг надоместок како компензација, обезбедување друго адекватно сместување и тоа пред да започнат активностите за присилно иселување) ненавремено информирање на засегнатите страни за превземање на активностите.

Page 15: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

15

станбен фонд (интегрирана урбана регенерација). • Формулирање на одржлив модел и воспоставување организиран систем на

изградба на социјални станови кои ќе се издаваат под закуп, преку формирање на посебен фонд или преку Законот за социјално домување.

• Институционална поддршка на проекти и програми кои се занимаваат со поттикнување на станбената изградба. Вклучување на непрофитни (нископрофитни) станбени организации во системот на домување, од аспект на активности насочени кон изградба, управување и одржување на станбени згради.

• Донесување прописи заради усогласување на техничките нормативи и стандарди согласно со техничкото законодавство на Европската унија.

• Транспарентност во работата на институциите вклучени во овој процес. • Поддршка на приватната и претприемачката иницијатива во домувањето, преку

создавање услови за поголеми инвестициони вложувања во оваа област. • Соодветна медиумска кампања во појаснување на поволните услови кои

институциите на власта ги промовираат согласно со дефинираната политика на домување со што би се поттикнала и приватната иницијатива во овој сегмент.

6.7. Концесии на градежно неизградено земјиште за станбена изградба

• Давањето на концесија на градежно неизградено земјиште сопственост на

Република Македонија треба да биде на подолг рок заради исплатливоста на вложената инвестиција за станбена изградба.

• Идниот инвеститор на градежното земјиште (концесионерот) ќе треба да вложи средства во изградбата на инфраструктура и изградба на станови,согласно урбанистички план, во кој задолжително преку договорот за концесија , концесионерот ќе биде обврзан да изгради соодветен број на станови наменети за социјални домување, кои ќе бидат во сопственост на Република Македонија.

Интересот кај идниот инвеститор ќе се темели на правото да менаџира или управува со инфраструктурата, да продава станови за пазар или да издава станови под закуп согласно Законот за домување. Се оценува дека концесионирањето на градежното неизградено земјиште ќе биде атрактивно за идните инвеститори, во смисла на остварување на добивка на подолг период, со што ќе се подобри состојбата во станбената изградба и ќе се операционализира можноста за зголемување на станбениот фонд.

6.8. Непрофитни и нископрофитни станбени организации • Формирање на непрофитни (нископрофитни) станбени организации40, кои ќе се

вклучат во системот со градење на станови, кои понатаму ќе се издаваат под закуп.

• Профитот остварен од закупнината на становите, повторно да се инвестира во градење на нови, со цел, зголемување на фондот на овие станови.

• Донесување на посебен Закон за станбени организации и станбени штедилници во кој посебно ќе се регулира нивниот статус и работењето, по примерот на некои развиени европски земји.

40 Во сите развиени Европски земји-основниот станбен столб на кој се потпира социјалниот фонд на станови кои

се издаваат под закуп, се непрофитни или нископрофитни станбени организации кои се занимаваат исклучиво со изградба и издавање на станови под закуп.

Page 16: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

16

6.9. Управување и одржување на станбени згради

• За да се регулира ова прашање, треба да се направат интервенции во Законот за домување, со кои ќе се обврзат сопствениците на станбената зграда или на дел од неа, да преземат мерки за редовно одржување и функционирање на градбата. На овој начин ќе се заштитат правата на мнозинството, од неодговорното однесување на поединците кон заедничките обврски.

• Допрецизирање на лиценцираната функција управител на зградата, или пак платена функција претседател на куќен совет кој ќе ги координира активностите на сопствениците, а се со цел да се обезбеди непречено функционирање на градбата и негово одржување.

6.10. Трансформација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на

Република Македонија претставува субјект кој има значајна улога во станбената сфера, првенствено како субјект преку кој се реализира станбената политика на државата.

Трансформацијата на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија треба да биде во насока на прилагодување на неговото досегашно работење кон новините во станбената политика на државата предвидени во оваа стратегија на начин кој ќе овозможи нивна оптимална реализација.

• Изработка на Студија со модел и начин на трансформација со приватизација на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија.

• Измени во законската регулатива со која се уредува работењето на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, кои секако треба да произлезат и да бидат во корелација со вкупните измени во законската регулатива предвидени со оваа стратегија.

6.11. Регулаторна комисија за домување • Заради обезбедување на долгорочен, стандардизиран и хармоничен развој на

домувањето, согласно со современите стандарди за квалитетен живот, заштита на животната средина и природата, поведување и заштита на конкурентен пазар на станови врз начелата на објективност, транспарентност и недискриминираност, потребно е основање на Регулаторна комисија. Регулаторната комисија ќе биде независна во своето работење и во

донесувањето на одлуките во рамките на надлежностите кои ќе бидат утврдени со новиот Закон за домување.

6.12. Обезбедување на комунална и сообрајќајна инфраструктура во супстандардните населби и регулирање на сопственоста

• Донесување на планска документација за легализација на бесправно изградените објекти.

• Регулирање на сообраќајна пристапност до објектите. • Изградба на комунална инфраструктура (водоводна и канализациона).

Page 17: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

17

6.13. Воспоставување на механизми/системи за ревитализација на постојните станбени капацитети

• Ревитализирање на станбените објекти кои се користат само повремнено или за

рекреативни цели а чиј број изнесува 64.870 станбени единици.Со ревитализирање на само 15% од тој капацитет ќе се овозможи добивање на 10 000 станбени единици.

• Донесување на програми и планови за ревитализација на постојните станбени капацитети.

• Овие подрачја треба да се ревитализираат не само како станбени комплекси, туку и како стопански потенцијали во доменот на земјоделието, сточарството и туризмот41. При ревитализацијата на постојниот станбен фонд ќе се води сметка за почитување на стандардите за ревитализација на стариот станбен фонд и од аспект на заштита на старата селска и градска архитектура42.

• Со ревитализацијата на постојниот станбен фонд да бидат опфатени ридско-планинските подрачја во Република Македонија поради разновидноста на природните ресурси со кои располагаат, како и старите градски јадра кои се во многу лоша материјална состојба, особено, во помалите градови.

• Соодветна економска политика треба да овозможи привлекување на квалификуван интелектуален и физички труд, капитал и да понуди шанси за побрз економски развој и сеопфатно реактивирање на овие подрачја.

7. Индикатори Индикатори кои ќе го стандардизираат и мерат развојот во оваа област и ќе

овозможат етапно следење за спроведување на утврдените цели се: • Донесена законска регулатива и подзаконска регулатива за остварување на

целите на оваа стратегија. • Број на изградени станови согласно годишната Програма за изградба и

одржување на станови сопственост на Република Македонија • Основана база на Географски информативен систем (број на оформени ГИС во

единиците на локалната самоуправа) и нејзино перманентно ажурирање. • Број на донесени урбанистички планови во единиците на локалната самоуправа. • Број на запишани легализирани објекти/станови во катастарот на недвижностите. • Број на запишани новоизградени објекти/станови во катастарот на недвижностите. • Број на доделени локации, концесии на градежно земјиште сопственост на

Република Македонија за станбена изградба. • Број на изградени станови преку концесија наменети за пазар, под закуп и во

сопственост на државата за социјално домување. • Број на изградени станови од страна на непрофитни и нископрофитни станбени

организации, • Број на издадени одобренија за градење и употребни дозволи за објекти. • Степен на обезбеденост со инфраструктура и пристап до услугите за: - водоснабдување;

- канализација; - електрификација; - асфалтирани патишта со пристап за возила;

41 Финансиите за ревитализација на земјоделското производство би требело да се обезбедат прво преку

грантови за реконструкција на мали и средни претпријатија и земјоделски фарми а подоцна преку микро-заеми со субвенционирани камати.

42 Закон за заштита на културното наследство ( Сл.весник на Република македонија бр.20/2004 година)

Page 18: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

18

- атмосферска канализација; - улично осветлување;

- собирање на цврст отпад. • Број на изградени станови за социјални и ранливи групи. • Број на изградени станови од Програма за поттикнување на станбената изградба со постепено вклучување на бизнис секторот и граѓанскиот сектор. • Број на одобрени кредити и заеми. • Број на основани станбени штедилници, кредитни здруженија и станбени

фондови. • Број на корисници на услугите на станбените организации и штедилници. • Број на субвенционирани закупнини. • Број на донесени акти на Регулаторната комисија. • Број на изработени секторски акциони планови во сообразност со стратегијата за • домување • Формирани бази на податоци во единиците на локалната самоуправа. • Број на донесени и спроведени програми и планови за ревитализација на постојните станбени објекти.

8. Препораки за спроведување на Стратегијата за домување

Секое планирање се врши во конкретен општествен контекст чии специфики се детерминирани од степенот на економскиот развој, карактеристиките на политичкиот систем, постојниот систем на вредности и сл. Во тие рамки ќе се движат и активностите предвидени за процесот на спроведување на оваа стратегија, која се очекува своите приоритети да ги усогласи со генералната реформска политика на државата.

Генерално, успешноста на Стратегијата зависи од: • Вклучување на корисниците на услуги во дизајнирањето и спроведувањето на

политиките и програмите. • Процесот на донесување одлуки да биде непристрасен, транспарентен и

навремен. • Партиципацијата во процесот на донесување одлуки да се остварува на сите

нивоа. • Да се развиваат програми за организација, тендери и финансиски менаџмент за

спроведување на Стратегијата. • Да се креира човечки капитал за остварување на програмите, особено во

локалната самоуправа. Фактот што процесот на спроведување на овој документ е сложен и мрежно поврзан со повеќе области, потребна е динамична комуникација помеѓу инволвираните субјекти, со цел постигнување максимална ефикасност.

За спроведување на Стратегијата за домување на Република Македонија Министерството за транспорт и врски да формира меѓуресорско тело составено од претставници на Министерството за транспорт и врски како клучен ресор, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за локална самоуправа, Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот завод за статистика, Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор на Република Македонија, Националниот комитет за човекови населби-Хабитат, Државен завод за геодетски работи, Организацијата на

Page 19: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

19

потрошувачите на Македонија како и Генералниот секретаријат при Владата на Република Македонија.

Ова тело ќе го даде инпутот врз основа на кој ќе се надоградуваат конкретни проекти во областа на домувањето и ќе го мониторира целиот процес на спроведување на активностите, со обврска на секои шест месеци да поднесува извештај до Владата на Република Македонија за остварување на предвидената динамика за спроведување на Стратегијата за домување.

За реализација на планираните цели предвидени со оваа стратегија,

планирана е временска рамка од пет години, 2007-2012. Големиот обем на активности кои се планирани со оваа стратегијата немино-

вно претпоставува обмислена финансиска конструкција. Евидентно е дека ќе биде потребно кофинансирање на активностите кои не можат целосно да бидат покриени од буџетски средства.

Со цел затворање на финансиската конструкција, потребна е координација меѓу Владата на Република Македонија43 и заинтересираните донатори (меѓународни организации, граѓански организации, меѓународни развојни агенции и сл.)

Со реализацијата на овој документ се очекува значително да се подобри квалитетот и стандардите на домувањето во Република Македонија.

43 Лобирање со цел да се стимулира донаторството било да е домашно или странско, постоење на евентуално

сопствено учество или учество на општината или владата, разгледување на шанси за кредитирање и слично.

Page 20: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

20

9. АНЕКС Статистички податоци44

Табела 1: Податоци за население

Вкупен број на жители 2 022 547Вкупен број на индивидуални домаќинства 564 237Вкупен број на жители по етничка припадност 2 022 547Македонци 1 297 981Албанци 509 083Турци 77 959Роми 53 879Власи 9 695Срби 35 939Бошњаци 17018Останати 20 993

Табела 2: Податоци за станови

Вкупен број на станови 697 529 Населени - во функција - по кој било основ

583 554

Број на станови што се јавува како "поголема" бројка од реално потребен број на станови ( станови во однос на семејства) Ненаселени - вон функција - не се користат за домување

113 975 133 292стана во РМ повеќе од број на домаќинства

Табела 3: Основ по кој домаќинството го користи живеалиштето јавна сопственост под закуп од вкупниот број на станови 0.95% 5 375 приватна сопственост под закуп од вкупниот број на станови 1,61 % 9 075 станови во кои живее сопственикот на станот

85,75 % 483 888

други форми на корисничка сопственост 0,13% 758 Социјални станови под закуп 1,08 % 452 Сродство 11.47% 64 748

ВКУПНО домаќинства 100% 564 296

44 Податоците се превземени од Државниот завод за статистика согласно Пописот на населението,

домаќинствата и становите во република македонија, во 2002 година

Page 21: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

21

Табела 4: Процент од вкупниот број населени станови кој го користи

едно лице 9,26 %две лица 18,78 %три лица 17,75 %четири лица 27,93 %пет или повеќе лица 26,28 %

Просечна станбена површина во м2 за стан : 71,21 м2 Просечен број на соби во урбаната средина : 3 соби

Табела 5: Процентуална застапеност на ненаселените станови во вкупниот станбен фонд

во 1994 година 16,67 %во 2002 година 16,34 % Табела 6: Старост на станбениот фонд од вкупниот фонд изразено во (% ) пред 1919 година 1,11 %од 1919 до 1945 година 3,95 %од 1946 до 1970 година 30,12 %Од 1971 до 1989 година 47,80 %по 1991 година 17,02 % Табела 7: БРУТО-домашен производ 1990-2003 година

Година БДП по жител ( во $ ) 1990 2235 1991 2083 1992 1937 1993 1785 1994 1742 1995 1705 1996 1709 1997 1732 1998 1781 1999 1849 2000 1924 2001 1830 2002 1859 2003 2243 2004 2382

Page 22: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

22

Табела 8: ОПРЕМЕНОСТ НА СТАНБЕНИОТ ФОНД

Учество (%) на домаќинства чии станови имаат инсталации за :

Учество (во %)на домаќинства чии станови се опремени со:

Вкупен број на

станови во Македонија

Промена

(пораст) во %

Учество (%) на

становите

изгрдени по 1990

година

Водовод,канализација,струја и централно греењ

е

Водовод,канализација и струја

Само струја

Кујна, бања и тоалет

Кујна

1994 2002 2002/1994 2002 2002 2002 2002 2002 2002

584456 697529 19,35 17,02 8,05 92,52 99,03 70.21 97,94

Page 23: USVOENA od Vlada STRATEGIJAza domuvstudiorum.org.mk/h2020mkd_upload/upload/Strategija za domuvanje.pdf · 3 непостоење на соодветни законски, даночни

23

10. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА И ДОКУМЕНТИ

1. Ацески Илија, Човекот и градот, Филозофски факултет, Скопје, 2003 2. "Хрватска во 21-виот век", "Домување", Урава за стратегија на развојот на

Република Хрватска, Загреб, 2003

3. Национална стратегија за домување на Република Бугарија

4. Програма за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија за 2007 година, ,,Службен весник на Република Македонија", бр.26/ 2007

5. ,,Стратегија за домување" Предлог- концепт - нацрт -текст, Министерество за

транспорт и врски, Скопје 19.5.2005 година

6. Закон за градење, ,,Службен весник на Република Македонија", бр. 51 од 30 јуни 2005 година

7. Закон за просторно и урбанистичко планирање, ,,Службен весник на

Република Македонија", бр. 51, 30 јуни 2005 година

8. Закон за домување, ,,Службен Весник на Република Македонија", бр. 21, 1998 година

9. Закон за измена и дополнување на Законот за домување, ,,Службен весник на

Република Македонија", бр. 48/2000, 39/03,96/04,120/05, 13/2007