the e u r o p e a n u n i o n i p a taib 2 012 p r o g r a ... · Проект:...

24
This Project is funded by the European Union The project is implemented by Danish Management and Alternative Consulting The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a m m e Simplification of procedures for reporting and payment of Personal Income Tax for taxpayer - individuals Лот 3: Телекомуникациски и информатички технологии EuropeAid/132633/C/SER/multi Договор бр. 12-7270/1 Барање број.: IPA/TAIB2012/9.11/LOT3/10 Корисничко упатсво за еПресметка v1.0 Изработка: Анета Ноевска Датум: 24.10.2017 1 Референтни податоци ................................................................................................................... 3

Upload: others

Post on 25-May-2020

14 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

This Project is funded by the European Union The project is implemented by Danish Management and Alternative Consulting

The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a m m e

Simplification of procedures for reporting and payment of Personal

Income Tax for taxpayer - individuals

Лот 3: Телекомуникациски и информатички технологии EuropeAid/132633/C/SER/multi

Договор бр. 12-7270/1

Барање број.: IPA/TAIB2012/9.11/LOT3/10

Корисничко упатсво за еПресметка v1.0

Изработка: Анета Ноевска

Датум: 24.10.2017

1 Референтни податоци ................................................................................................................... 3

Page 2: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 2

2 Внес и промена на Аконтативна пресметка................................................................................ 5

2.1 ВНЕС НА АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД ПРАВНИ ЛИЦА ................................................... 5

2.2 ВНЕС НА АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА .............................................. 11

2.2.1 Внес на Пријава на имот ............................................................................................. 16

2.2.2 Внес на Капитални добивки ....................................................................................... 20

2.3 ВНЕС НА АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД СЛУЖБЕНИ ЛИЦА ............................................ 22

Page 3: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 3

1 Референтни податоци

Модулот за референтни податоци е достапен за увид само на службени лица, а само одредени групи на

службени лица ќе може да ги внесуваат и менуваат овие податоци. Референтните податоци се група на

податоци кои се внесуваат на ист начин. Сите во основа имаат почетно листа со веќе постоечки

податоци, како на сликата

На сликата може да се види дека екранот е поделен на два дела: горен со податоци за пребарување и

копчиња кои имаат некаква улога кога ќе се кликнат, и долен дел или листа на постоечки податоци.

Копчињата на сите екрани низ системот имаат иста улога:

- Пребарај – по избор на одредени параметри горе во пребарувањето ова копче ги нуди

податоците кои ги задоволуваат зададените услови

- Ново пребарување – ова копче го ресетира екранот на она што е почетно

- Нов запис – копче кое носи на нов екран за внес на нов податок

- Преглед – линк кој носи на нов екран на која има преглед на сите внесени податоци од одреден

ред

- Промена – линк кој носи на екран на кој може да се менуваат податоци кои веќе еднаш се

внесени

Некои копчиња и линкови е можно да не се гледаат на одредена страна, доколку одреден најавен

корисник нема привилегии за соодветните акции на копчињата. Пример ако некој корисник нема

привилегии да внесува нови Типови на пресметка (од сликата погоре), тогаш истиот нема да го гледа

копчето Нов запис.

Екранот кој се отвара на клик на копчето Нов запис кај овој референтен податок е:

По внес на податоците се клика на копчето Креирај.

На екранот за Преглед на одреден податок се гледаат веќе внесените податоци. Овде се гледаат и

податокот за датумот и кој го креирал истиот како и последниот датум и корисник кој го сменил

податокот. На овој екран и екранот за внес и промена може да има повеќе податоци од оние кои се

гледаат на листата.

Page 4: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 4

Екранот за Промена изгледа исто како и екранот за внес со таа разлика што сега сите внесени податоци

се гледаат и може да се менуваат.

На ваков начин се опслужуваат сите референтни податоци.

Постојат и одреден сет на референтни податоци кои имаат свои подсетови, како на пример Регионална

дирекција. Кога ќе се избере една Регионална дирекција, на екранот за преглед се гледаат неговите

Одделенија и Оддели (со зелено обележани табови)

На екранот прво се гледаат дефинираните Одделенија. За нив најдолу постои копче за нов внес, а на

крајот од секој ред има линкови Преглед и Промена за кои важат истите правила како погоре напишани.

На вториот таб се гледаат дефинираните оддели по регионална дирекција.

Page 5: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 5

2 Внес и промена на Аконтативна пресметка

Аконтативната пресметка може да се внесува од правни, физички лица и службени лица. Под правни

лица се сметаат правни субјекти како фирми, СВД, буџетски и ФЗО корисници. Под физички лица се

сметаат физички и странски лица.

Самата пресметка може да биде Регуларна, Исправка и Службена пресметка. Регуларните пресметки и

Исправките ги креираат обврзниците најавени на системот. Службените пресметки ги креираат

службените лица.

Екранот со листа на постоечки пресметки го гледаат сите видови на корисници на системот, но секој со

своите ограничувања. Физичко лице може да ги гледа неговите пресметки и оние пресметки на оние

лицана кои им е дефиниран како овластено лице. За правните лица, односно корисниците кои се

овластени во име на правно лице ги гледаат само нивните пресметки. Службените лица пак можат да ги

гледаат сите пресметки од сите обврзници, со тоа да оние пресметки кои се креирани од корисници , а

сеуште немаат статус на пресметки со креирани налози не ги гледаат.

На почетокот екранот е секогаш празен, а по избор на некој од параметрите за праберување се

прикажува сет на пресметки доколку постојат. Може да се кликне и само на копчето Пребарај и ќе се

појават пресметки.

2.1 ВНЕС НА АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД ПРАВНИ ЛИЦА Аконтативната пресметка кај правните лица ќе се одвива на два начина. Еден е преку XML file, а вториот

е рачен внес.

Внесот преку XML file може да се направи преку менито Аконтативна пресметка Внес XML

По клик на линкот се отвара страна

Page 6: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 6

Каде на Избери треба да се избере веќе подготвен XML file, кој потоа треба да се Закачи. На самата

страна има упатство како да се пристапи потоа до Пресметката. За да го објасниме вториот дел , односно

целиот процес на креирање на пресметката , ќе се вратиме на вториот начин на внес, односно рачен

внес.

На клик на линкот Внес се отвара екран за пополнување на основните податоци. Прво се оди десно на

екранот и се клика на икончето покрај празниот текст ЕДБ/ЕМБГ. Се избира оној ЕДБ/ЕМБГ за кој ќе се

креира пресметка.

По изборот на ЕДБ/ЕМБГ ќе се пополнат податоците кои претходно се преземени за обврзникот.

Полињата Од датум и До датум се сетирани на денешниот датум, но истите може да се променат за да

го дадат периодот за кој се однесува пресметката. Следно поле кое е задолжително кај Аконтативната

пресметка за правни лица е трансакциска сметка.

По внесот на трансакциската сметка има избор за корекција на постоечка пресметка и овој дел ќе биде

покасно објаснет.

Под полето за избор на корекција се наоѓаат две копчиња Внеси ставки и Назад.

Копчето Назад означува дека не сакаме да одиме понатаму со внес на пресметката и не враќа на страна

за преглед на пресметки.

Копчето Внеси ставки ги запишува претходно внесените податоци и отвара панел за внес на ставка од

пресметката. Притоа се појавуваат и пораки за внесот.

Page 7: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 7

Панелот за внес на ставка може да се менува во зависност од избор на одредени податоци за кои ќе

објасниме подетално.

Доколку не внесеме никаков податок , а кликнеме на копчето Сними тогаш се појавува поцрвенето

првиот податок во црвено, а исто така се појавува и порака.

По внес на ЕМБГ полето, доколку истиот е постоечки обврзник, се пополнуваат полињата за име,

презиме и општина. Доколку не се пополнат овие полиња најавениот корисник ги внесува истите.

По овие полиња има две полиња кои се веќе сетирани, и тоа се Држава во која е резидент исплатувачот

и начин на плаќање.

Државата е сетирана на Македонија и таа кај правните лица не се менува. Полето Начин на плаќање е

сетиран на Банка, но се нуди и можност за Натура, доколку плаќањето е во натура. Последно поле во

првиот ред е полето Трансакциска сметка, која е задолжителна кога имаат внес Правните лица. Доколку

не е внесена , или пак е неправилно внесена (пример помалку карактери), ќе се појави подоцна грешка.

Во вториот ред се поставени полињата за избор Вид на приход и Подвид на приход кои се задолжителни

полиња. Под нив има поле за внес на број на договор кое не е задолжително поле, па датум на плаќање

кое е задолжително поле и првично е сетирано на денешен датум, а по нив има неколку полиња кои во

зависност од некој од претходните избори или се овозможени за внес или не. Во последниот ред се

наоѓа полето Бруто приход/основица кое е задолжително за внес и полето Бруто ослободување кое не е

задолжително поле за внес. По нив се наоѓаат полињата Одбитоци, Персонален данок и Нето, кои се

пополнуваат автоматски по пресметката, а тоа се случува по клик на копчето Сними или Промени.

Приказ на внесена ставка има на сликата подолу.

Page 8: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 8

Внесената ставка по копчето Сними изгледа вака:

Истата е обоена со црвено што значи дека има некаква грешка. Ако застанеме со курсорот на редот ќе ја

покаже грешката, а во случајот подолу се гледа “Трансакциската сметка не е валидна.”

Доколу сакаме да ја исправиме грешката , се клика на стрелката на почетокот од редот и истата го отвара

редот за промена.

Тогаш повторно се отвара панелот со сите податоци кои може да се менуваат.

Во него може да се менуваат повеќе податоци, а истиот панел ќе се отвори и доколку нема грешки во

редот од типот погрешно внесени податоци, но доколку е погрешно внесен некој од податоците, како на

пример подвид на приход, бруто приход и слично. Како што можеме да видиме најдолу во панелот на

ставката сега има три копчиња: Промени, Откажи и Бриши ставка. На копчето Промени се менуваат

податоците, на копчето Откажи не се менува ништо само се затвора панелот, а на копчето Бриши ставка

се брише ставката и не влегува истата во пресметката. Во нашиот пример ја променивме трансакциската

сметка и тогаш редот во пресметката стана сиво обоен.

На крајот од редот може да се појави линк за документи, а ако според избраните податоци има

дефинирано задолжителни документи, тогаш редот ќе биде црвен и ќе се појавува грешка се додека не

се пополнат задолжителните документи. На клик на линкот се отвара страна

Page 9: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 9

По изборот и прикачувањето на документот/тите истите секогаш ќе може да се видат преку системот.

Додека се работи на пресметката и не е затворена, овие документи имаат опција да бидат избришани, а

во секое време може да се отворат.

Копчето Назад не враќа на страната на Пресметката.

Доколку се внесе одреден вид на приход , како на пример Вид на приход Плата, други лични примања..,

тогаш во ставката се овозможени за внес дополнително некои полиња, како Месец и Година се внесува.

Другите податоци се исти.

Можен е внес и на број на решение и датум на решение доколку е внесено во ставката странско физичко

лице а овие два податока се пополнуваат доколку претходно има решение од барање за враќање на

данок од доход по видови на приходи , како на сликата

Page 10: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 10

А во примерот дополнително се појавува и избор на даночна стапка , а тој се појавува доколку постои

меѓународен договор помеѓу Р Македонија и државата од која доаѓа странското лице. Доколку нема

договор, или пак нема дефинирани избори за соодветниот вид на приход , даночната стапка останува

празна. Даночната стапка придонесува да самата пресметка биде според меѓународните договори.

Кога се внесени ставки кои треба да ги содржи пресметката, и истата има статус Внесена коректно тогаш

пресметката може да се затвори. Затоа постои копчето Затвори пресметка. Поради специфичните

контроли кои ги содржи пресметката, по клик на копчето Затвори пресметка се врши проверка на

паровите Трансакциска сметка-ЕМБГ.

- Доколку се е во ред ќе се појави копче за потпишување, “Потпиши”.

- Доколку не е во ред проверката, ќе се променат оние редови во пресметката за кои парот

Трансакциска сметка-ЕМБГ не е валиден. Воедно ќе се појави и копчето Печати, на кое може да

се видат типовите на грешки од проверката.

Пред потпишувањето пресметката добива статус Прифатена непотпишана. Потпишување на една

пресметка може да прави само корисник кој има валиден дигитален сертификат за потпис. Доколку

потпишувањето помине , самата пресметка добива статус Прифатена потпишана, и се појавува копче

Потврди пресметка. Овој процес е неопходен бидејки во позадина се случуваат многу контролни

процеси. По клик на ова копче, можни се две ситуции:

- ќе се појави порака за креиран налог и на маил на корисикот ќе пристигне Рекапитулација на

пресметката.

- ќе се појави порака дека пресметката може да ја потврди само службено лице. Ова е можно во

случај кога во пресметката има странско физичко лице

На почетокот на делот за внес на пресметка, напишавме дека има избор на корекција. Корекција може

да се прави на оние пресметки кои имаат статус Прифатена неплатена или Прифатена платена. Затоа по

чекирање на корекција се отвара избор на пресметка и се појавува поле забелешка во кое може да се

внесе некаков слободен текст.

По клик на иконата десно на крајот од полето Претходна пресметка се отвара екран за избор на

пресметка

Каде може да се избере период, а може да се внесе и бројот на пресметката која треба да се промени.

По изборот на пресметката , екранот се затвора и

Page 11: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 11

и ако се кликне на копчето корекција се креира копија на пресметката која сега има вид Исправка и на

која може да се прават одредени промени.

Постапката понатаму е иста како за внес на нова пресметка, а она што е ограничување во ваква исправка

е делот кога се потврдува новата пресметка.

Пресметките кои биле прифатени неплатени, при потврда на новата пресметка добиваат статус

Отфрлена /Заменета, се поништуваат претходните налози, и се креираат нови налози за плаќање.

Пресметките кои биле претходно прифатени и платени, за нив е лимитиран процесот на промени. Тие си

остануваат со статус Прифатена платена, а она што може да се прифати кај нив е промена на вид или

подвид на приход, промена на трансакциска сметка или промена на ембг и во овие случаи може да се

креира налог за пренасочување или поради промена на видот/подвидот на приход да се променил

персоналниот данок, па тогаш има и налог за плаќање само на разликата. Во случаи на промена на

нетото, новата пресметка .

2.2 ВНЕС НА АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД ФИЗИЧКИ ЛИЦА Во менито Аконтативна пресметка на линкот Внес се отвара екран за внес на Пресметка. Екранот е

почетно празен и најдесно се наоѓа popup за избор на Обврзник.

Овој избор е направен на овој начин бидејки е дозволено физичко лице корисник да биде овластено

лице за друго физичко лице. По избор на обврзникот за кој се прави пресметката, се пополнуваат

неговите податоци, а дозволена е промена на телефонот, а и на датумите Од датум и До датум кои го

одразуваат периодот за кој се прави пресметката.

Под полето за избор на корекција се наоѓаат две копчиња Внеси ставки и Назад.

Копчето Назад означува дека не сакаме да одиме понатаму со внес на пресметката и не враќа на страна

за преглед на пресметки.

Page 12: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 12

Копчето Внеси ставки ги запишува претходно внесените податоци и отвара панел за внес на ставка од

пресметката. Притоа се појавуваат и пораки за внесот.

Панелот за внес на ставка може да се менува во зависност од избор на одредени податоци за кои ќе

објасниме подетално.

Кај физичките лица внесеното лице на избор на обврзник на почетокот се внесува и во ставката/ите .

После првите превземени податоци во ставката, прво поле кое е овозможено за внес, односно промена

е полето Држава во која е резидент исплатувач. Ова поле е сетирано на Македонија, но за приходи од

странство се избира држава во која е направен приходот. Полето Начин на плаќање е сетиран на Банка,

но се нуди и можност за Натура. Последно поле во првиот ред е полето Трансакциска сметка, кое не е

задолжително за физички лица. Потоа се внесуваат Видот на приход и подвид на приход. Во зависност

од полињата Држава во која е резидент исплатувач, Вид на приход и Подвид на приход во подолниот

дел може да се менуваат полињата за внес.

Изборот на полето Држава во која е резидент исплатувач, се менува доколку се работи за приходи

остварени во странство. Во тој случај, за избрана држава различна од Македонија, се отвараат

дополнителни полиња за внес, како панелот обележан со црвено прикажан подолу на сликата.

Овде прво се избира Валута, а потоа се внесуваат Бруто валута, Платен данок валута и датум на плаќање

данок, како и може да се менува Датум на плаќање бидејки истиот е сетиран на денешен ден.

Доколку се внесе одреден вид на приход , како на пример Вид на приход Плата, други лични примања

по основ на работен однос и пензии, тогаш во ставката се овозможени за внес дополнително некои

полиња, како Едб (овде се избира ДКП), Месец и Година се внесува.

Page 13: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 13

Откако се внесе Бруто и/или Бруто ослободување се клика на копчето Сними. Доколку се е во ред со

внесот, ставката по снимањето е посивена

А доколку нешто не е во ред со податоците, тогаш ставката се појавува со црвени карактери.

Ако го поставиме маусот на редот кој е црвен, ќе се појави грешката која е пронајдена.

Грешката може да биде од карактер дека некои внесени податоци се грешни, или пак во случајот од сликата дека не се прикачени задолжителни документи.

Доколу сакаме да ја исправиме грешката , се клика на стрелката на почетокот од редот и истата го отвара

редот за промена.

Тогаш повторно се отвара панелот со сите податоци кои може да се менуваат.

Во него може да се менуваат повеќе податоци, а истиот панел ќе се отвори и доколку нема грешки во редот од типот погрешно внесени податоци, но доколку е погрешно внесен некој од податоците, како на пример подвид на приход, бруто приход и слично. Како што можеме да видиме најдолу во панелот на ставката сега има три копчиња: Промени, Откажи и Бриши ставка. На копчето Промени се менуваат податоците, на копчето Откажи не се менува ништо, а на копчето Бриши ставка се брише ставката и не влегува истата во пресметката. Доколку се работи за грешка од типот “не се прикачени задолжителни документи”, тогаш на крајот од самиот ред се појавува линк Документи на кој се клика, и кој не носи на нов екран за внес. На екранот се гледаат Листа со задолжителни документи, како и дел за прикачување на незадолжителни документи.

Page 14: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 14

По прикачување на задолжителниот документ, на страната сега има две копчиња Спушти документ и избриши документ.

Со клик на копчето Спушти документ се отвара документот за преглед, додека копчето Избриши документ може да го избрише документот додека не е затворена пресметката. Бидејки е внесен задолжителниот документ , на копчето назад ставките се сега во ред

И се гледа копчето Затвори пресметка. Доколку пак пресметка содржи црвен/и ред-ови:

Во ваква ситуација оваа пресметка има статус Внесена со грешки и истата не може да се Затвори и за неа да се искреираат налози за плаќање.. За една пресметка да може да се Затвори, потребно е во оваа фаза да има статус Внесена коректно, а тоа се добива ако сите внесени ставки се во ред. На клик на копчето Затвори пресметка се отвара панел за внес на Пин код , кој во меѓувреме треба да пристигне на маил-от на најавениот корисник.

Page 15: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 15

На маил –от пристига порака

А во апликацијата го внесуваме

и се клика на потврди код. Ако се потврди кодот, во зависност од внесените податоци, една пресметка може да има креирани налози,

Во овој случај на маил на најавениот корисник пристига Рекапитулација на пресметката. На страната се појавува и копче Печати и за оваа пресмметка секогаш може да се види рекапитулацијата. Пресметката може да добие статус За проверка / Без налог за плаќање, како на сликата подолу.

Во ваков случај службено лице ја одобрува пресметката или пак ја одбива и корегира по што физичкото лице ќе добие Решение со променети податоци. Доколку службеното лице одобри пресметка, на корисникот ќе му пристигне маил со рекапитулација. Доколку пак ја одбие и промени, тогаш на корисникот на маил ќе му пристигнат решение и рекапитулација. Во сите случаи се добива порака.

На почетокот на делот за внес на пресметка, напишавме дека има избор на корекција. Корекција може

да се прави на оние пресметки кои имаат статус Прифатена неплатена или Прифатена платена. Затоа по

чекирање на корекција се отвара избор на пресметка и се појавува поле забелешка во кое може да се

внесе некаков слободен текст.

Page 16: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 16

По клик на иконата десно на крајот од полето Претходна пресметка се отвара екран за избор на

пресметка

Каде може да се избере период, а може да се внесе и бројот на пресметката која треба да се промени.

По изборот на пресметката , екранот се затвора и

и ако се кликне на копчето корекција се креира копија на пресметката која сега има вид Исправка и на

која може да се прават одредени промени.

Постапката понатаму е иста како за внес на нова пресметка, а она што е ограничување во ваква исправка

е делот кога се потврдува новата пресметка.

Пресметките кои биле прифатени неплатени, при потврда на новата пресметка добиваат статус

Отфрлена /Заменета, се поништуваат претходните налози, и се креираат нови налози за плаќање.

Пресметките кои биле претходно прифатени и платени, за нив е лимитиран процесот на промени. Тие си

остануваат со статус Прифатена платена, а она што може да се прифати кај нив е промена на вид или

подвид на приход, промена на трансакциска сметка или промена на ембг и во овие случаи може да се

креира налог за пренасочување или поради промена на видот/подвидот на приход да се променил

персоналниот данок, па тогаш има и налог за плаќање само на разликата. Во случаи на промена на

нетото, новата пресметка .......

Кај физичките лица има два посебни екрани за внес на Имот и Капитални добивки, од кои се креираат пресметки.

2.2.1 Внес на Пријава на имот

Внесот на Имот се однесува на закуп или подзакуп на имот. Од него се креира пресметка, за која потоа

се креираат налози за плаќање за секој месец.

Page 17: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 17

Во менито Аконтативна пресметка има линк Внес на имот, кој по клик отвара екран за внес. Внесот се

состои од внес на повеќеподатоци на неколку таба.

На првиот таб сите податоци се задолжителни, повеќето од нив се избор од листа или избор на датум.

Полето Цел на пополнување на пријава се однесува на внес на нова пријава или пак замна на веќе

постоечка пријава. Потоа се внесува обврзникот кој издава, а потоа се избира дали се работи за закуп

или подзакуп. Потоа се внесува периодот за кој се однесува закупот (подзакупот). Можен е внес на

датум до 31.12 во тековната година. По нив се внесуваат бројот на договорот и датумот на договорот.

Пример е

На клик на копчето Следно најдолу десно на екранот носи на следниот таб Податоци за закупецот/

сопственикот. На сликата подолу се прикажани податоци за внес од кои некои се задолжителни, а некои

не.

Потоа се оди на следниот таб Податоци за имотот / имотното право.

Page 18: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 18

На овој таб прво се избира видот на имотот, и во зависност од изборот во десната листа се прикажуваат

различни податоци за избор, а тоа придонесува и долниот дел од екранот да прикажува различни

податоци за пополнување.

- Пример избор на недвижен имот

Во листата за Недвижен /Подвижен имот се појавуваат повеќе избори кои може да донесат некои

одредени дополнителни податоци. Останатите податоци во овој избор се однесуваат на недвижениот

имот кој е под закуп.

- Пример избор Подвижен имот

Во листата за Недвижен /Подвижен имот се појавуваат сега други податоци за избор, а во долниот дел

од екранот се гледаат други податоци за внес.

-Пример избор Имотно право

Page 19: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 19

По внесот на овие податоци , се оди на следиот таб Податоци за приходите (месечен износ).

Овде се внесуваат дел од податоците, дел автоматски се пресметуваат од нив, а на крај се внесува

транскациската сметка на обврзникот.

На клик на следниот таб може да се прикачуваат документи доколку е потребно како на пример докази

за трошоци, копија од договор и слично.

По овој таб, на крај има таб во кој се гледаат сите важни внесени податоци, а најдолу на екранот има

На клик на копчето Креирај се креира Пријавата на имот. Оваа пријава на имот сеуште може да се

менува, бидејки за неа не е искреирана пресметка, а тоа може да се види на истиот екран најдолу, каде

се гледаат копчиња Промена и Пресметка.

На клик на копчето Пресметка се појавува мал панел

Ако се кликне на Да се појавува панелот за внес на Пин код, на маилот на најавениот корисник

пристигнува пин кодот за потпис, а на екранот покрај панелот се пјавува и порака за креирана

пресметка.

Page 20: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 20

По внес на пин кодот, и потврда на кодот, на страната се појавува копче Одјава.

На клик на ова копче може да се одјави Пријава на имот која има пресметка.

За Пријавата на имот важи дека истата по ова добива статус За проверка / Без наог за плаќање и истата

може да добие налози за плаќање само од службено лице. Во Преглед на пресметки може да се види

оваа пресметка.

Доколку се прави Замена на пријава, тогаш се оди на Внес на нова пријава, но во листата се избира

Замена на пријава, и се појавува popup за избор за постоечка пријава од листа. Кај замената има

лимитиран број на податоци кои може да се менуваат, останатите не се дозволени за промена.

2.2.2 Внес на Капитални добивки Во менито Аконтативна пресметка има линк Внес на капитални добивки, каде по клик не носи на екран кој има три таба. На првиот екран се внесува прво трансакциската сметка, а потоа се избира обврзникот од popup, во

Кој се наогаат најавениот корисник и оние обврзници на кои истиот им е овластено лице. По изборот на обврзникот, во полињата подолу се пополнуваат неговите податоци, а под нив се наоѓа листа за избор на поднесена пријава или исправка на постоечка пријава. Кај изборот на поднесена пријава, автоматски се пополнува бројот на пријавата и се појавува листа за избор

Во зависност од изборот на видот на капитална добивка, на вториот таб се гледаат различни полиња за внес.

- Капитална добивка од продажба на удел во капитал

Во примерот се внесени некакви податоци

Page 21: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 21

На третиот таб се гледаат сите внесени податоци и најдолу на екранот десно има копче Креирај кое

ја креира пријавата на капитална добивка.

Потоа се појавува екран на кој се гледаат внесените податоци и се прикачуваат документи. Во

наведениот случај има 2 типа на документи кои се задолжителни за прикачување, а тоа се документ

за продажба на капитална добивка и документ за набавка на капитална добивка.

Откако ќе се прикачат задолжителните документи, на сликата подолу може да се види дека сеуште

може да се менуваат податоците за капиталната добивка.

- Капитална добивка од продажба на недвижен имот вториот таб

Page 22: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 22

На третиот таб се наоѓаат внесените податоци за проверка и има копче Креирај На клик на истото се креира Пријавата, и се појавува најдолу на екранот панел за внес на задолжителни и други документи, како во претходниот случај на продажба на удели. Понатаму важат истите постапки за двата вида на капитални добивки. По клик на копчето Пресметка се појавува панелот со прашање,

кое ако се одговори со да, се појавува

Панелот за внес на пин код , кој е еден вид на потпис на физичкото лице. На маилот на најавениот корисник ќе пристигне пин кодот кој откако ќе се внесе и потврди, самата пријава добива статус Прифатена пријава, креирана е пресметка која има статус За проверка/Без налог за плаќање и на екранот се појавува копче Сторно, со кое може да се сторнира Пресметката и Пријавата.

Пријавите од капитални добивки секогаш треба да ги одобри или промени службено лице.

2.3 ВНЕС НА АКОНТАТИВНА ПРЕСМЕТКА ОД СЛУЖБЕНИ ЛИЦА Во менито Аконтативна пресметка има два линка

Внес и Преглед кои се однесуваат на Внес и Листа на веќе внесени Аконтативни пресметки.

На клик на Внес се отвара празен екран за Внес на аконтативна пресметка. Внесот на аконтативна

пресметка кај службените лица зависи од видот на обврзник за кој се креира самата пресметка (дали ќе

се избере физичко лице или правно лице) . Во зависност од тоа може да се креира :

- Неподнесена ЕППД – која се однесува за физички лица

- Надворешна контрола – може да биде и за физички и за правни лица

Page 23: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 23

Постојат и други типови на службени пресметки:

- Неприфатена ЕППД – се однесува на веќе внесени пресметки кои имаат статус За проверка / Без

налог за плаќање, и овие пресметки доколку службено лице ѓи одбие добиваат статус Одбиена,

а во исто време се креира копија од пресметката која станува неприфатена еппд и истата

службеното лице може да ја промени пресметката. Во тој случај обврзникот добива Решение.

- Внатрешна контрола – се однесува на службена корекција на постоечки пресметки.

Кај избрано правно лице

полиња кои се задолжителни пред да се внесат ставки се трансакциската сметка и изборот на тип на

службена пресметка.

Кај избрано физичко лице има задолжително за избор од наведените Тип на службена пресметка:

Неподнесена ЕППД и Од надворешна контрола

По клик на копчето Внеси ставки, начинот на внес на ставка е ист како наведеното кај правни и физички

лица, со една разлика што службените лица имаат внес на Нето , наместо Бруто. Ако се работи приход

од странство, тогаш се пополнува Нето Валута и Валутата.

Постапката понатаму е иста и важат истите контроли за правилен внес на ставка и пресметка. На копчето

Затвори пресметка кај службените лице се креираат налози и решенија кои на маил им пристигаат на

обврзниците.

За корекција на пресметка од обврзник, се клика на внес на нова пресметка, се избира обврзникот и по

чекирање на корекција се отвараат дополнителни полиња

Page 24: The E u r o p e a n U n i o n I P A TAIB 2 012 P r o g r a ... · Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање

Проект: Поедноставување на процедурите за известување и плаќање на Персонален данок

Корисничко упатство за еПресметкa v1.0 24

Каде во Претходна пресметка се нудат само оние пресметки кои имаат сатус Прифатена неплатена и

Прифатена платена. Во оваа ситуација исто така е задолжително да се избере при каква контрола се

менува одредена пресметка. Потоа се клика на копчето Корекција

Кое ја копира пресметката и на неа може да се вршат промени. На клик на копчето Затвори пресметка се

прават контроли во зависност од статусот на претходната пресметка.