podgotovka na stokata za transport

17
ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ТРАНСПОРТНОТО ПАКУВАЊЕ Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Upload: zoranmp

Post on 28-Oct-2014

143 views

Category:

Documents


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: Podgotovka Na Stokata Za Transport

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ТРАНСПОРТНОТО ПАКУВАЊЕ

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 2: Podgotovka Na Stokata Za Transport

Упатството за ракување се приложува во облик на симболи кои се нанесуваат на пакувањето. Овие симболи подлежат на меѓународни стандарди ISO R/780 и германските стандарди DIN 55402.

Адекватните симболи ги преминуваат сите јазични бариери во меѓународниот транспорт. Во продолжение ќе бидат приложени тие симболи (пиктограми).

Значење Симбол Објаснување

КРШЛИВО

(FRAGILE)

Се поставува на лесно кршлива стока и укажува на потребата за

внимателно ракување за да не дојде до оштетување на стоката

НЕ КОРИСТИ КУКА

(USE NO HOOKS)

Се поставува на товари кај кои треба да се избегне концентрирано оптоварување во една точка

НАГОРЕ

(THIS WAY UP)

Се поставува во случаи кога транспортот, складирањето и ракувањето мора да биде така

реализирано така што стрелките секогаш ќе бидат завртени нагоре. Мора да се избегне ракување кое

подразбира валање, нишање и ракување кое може да предизвика

удари и тркалање

ДА НЕ СЕ ИЗЛОЖУВА НА СОНЧЕВА СВЕТЛИНА

(KEEP AWAY FROM SUNLIGHT)

Се поставува на пакување кое мора да се држи во најладни можни

услови далеку од извори на топлина, односно транспортното пакување да не се изложува на сончева светлина

ЗАШТИТА ОД ИЗВОРИ НА РАДИОАКТИВНО ЗРАЧЕЊЕ

(PROTECT FROM RADIOACTIVE SOURCES)

Се поставува на пакување кое при продорот на радиоактивно зрачење може да биде сериозно оштетено

или потполно уништено

ЗАШТИТА ОД ТОПЛИНА И РАДИОАКТИВНИ ИЗВОРИ

(KEEP AWAY FROM SUNLIGHT AND PROTECT FROM

RADIOACTIVE SOURCES)

Се поставува на пакување кое мора да се држи во најладни можни

услови далеку од извори на топлина, а освен тоа и да се заштити од

радијација

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 3: Podgotovka Na Stokata Za Transport

Значење Симбол Објаснување

НЕ ТРКАЛАЈ

(DO NOT ROLL)

Се поставува на пакување кое не смее да се тркала и превртува

валајќи се

ТУКА НЕ РАКУВАЈ СО РАЧНА КОЛИЧКА

(DO NOT USE HAND TRUCK HERE)

Укажува дека на страната на која е поставен овој симбол не смее да се

употребува рачна количка при манипулирање со пакувањето

НЕ КОРИСТИ ВИЛУШКАР

(USE NO FORKS)

Се поставува на пакување со кое не смее да се ракува со вилушкари.

Симболот се користи не оние страни каде користењето на вилушкар не е дозволено, а тоа значи дека на оние

страни каде го нема овој симбол ракувањето со вилушкар е

дозволено

СТЕГАЈ ТУКА

(CLAMP AS INDICATED)

При стегањето на пакувањето стегите треба да се постават онака

како што тоа го покажува симболот. Страничното стегање на товарот е

дозволено според означената позиција

НЕ СТЕГАЈ ТУКА

(DO NOT CLAMP AS INDICATED)

Транспортното пакување не смее да се стега при ракувањето на страните

како што покажува симболот

ДОЗВОЛЕНА ТЕЖИНА НАД ПАКУВАЊЕТО

(STACKING LIMIT BY MASS)

Укажува на максималната тежина која е дозволено да се стави над

транспортното пакување

ДОЗВОЛЕН БРОЈ НА ПАКУВАЊА

(STACKING LIMIT BY NUMBER)

Укажува на максималниот број идентични пакувања кои може да се

постават над транспортното пакување, каде „n“е бројот на

пакувања кои може да се постават над транспортното пакување

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 4: Podgotovka Na Stokata Za Transport

Значење Симбол Објаснување

НЕ ОПТОВАРУВАЈ ОД ГОРНАТА СТРАНА

(DO NOT STACK)

Укажува дека над транспортното пакување не е дозволено ставање на

било каков товар, односно оптоварување од горната страна не

смее да се врши

ВРЗИ ТУКА

(SLING HERE)

Укажува на местото каде треба да се врзува товарот, но не и на начинот на подигнување. Врзувањето треба да се изврши така што јажињата ќе бидат поставени на местата каде се

наоѓа симболот.

ДОЗВОЛЕНА ТЕМПЕРАТУРА

(TEMPERATURE LIMITS)

Укажува на дозволената температура при која пакувањето

треба да се чува или при која со него треба да се манипулира

ДА СЕ ЧУВА НА СУВО

(KEEP AWAY FROM RAIN)

Се поставува на пакување кое мора да се заштити од прекумерна

влажност

ТЕЖИШТЕ

(CENTRE OF GRAVITY)

Укажува на позицијата на тежиштето (се користи секогаш кога тежиштето не е во централниот дел)

Вообичаената големина на пиктограмите треба да биде таква што височината на симболите ќе биде 100 mm, 250 mm или 200 mm. Меѓутоа, симболите може да бидат поголеми или помали зависно од големината на пакувањето за кое истите се наменети.

Еден симбол на едно пакување се поставува на повеќе места, а бројот на исти симболи кои ќе бидат поставени на едно исто пакување зависи од големината на пакувањето и неговиот облик.

За симболите „кршливо“, „нагоре“, „тежиште“, „стегај тука“ и „врзи тука“, постојат соодветни правила како да се постават на самото пакување.

При тоа, симболите „кршливо“ и „нагоре“ треба да се постават кај „левата рака“ во горниот агол, односно се поставуваат на сите четири страни на пакувањето и тоа во левиот горнен агол како што е покажано на наредните слики:

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 5: Podgotovka Na Stokata Za Transport

Симболот „тежиште“, секаде каде е можно, треба да биде поставен на сите шест страни, но мора да биде поставен најмалку на сите четири бочни страни, така што ќе укаже на точната позиција на тежиштето, како што е покажано:

Симболот „стегај тука“ се поставува од двете спротивни страни од кои приоѓа вилушкарот со клештите со кои се врши стегање, односно овој симбол се поставува на двете страни така да биде во видното поле на вилушкарот при неговото приоѓање до пакетот.

Симболот „врзи тука“ се поставува од двете спротивни страни на местото каде треба да биде извршено врзувањето онака како што е покажано на следната слика:

Во продолжение е даден пример за коректно обележување:

На горниот пример присутни се следните ознаки:

ТРАНСПОРТНИ ОЗНАКИ ИНФОРМАЦИОНИ ОЗНАКИ УПАТСТВО ЗА РАКУВАЊЕ(1) идентификационен знак (6) земја на потекло (10) симбол за ракување(2) идентификационен број (7) нето тежина(3) дестинација (8) бруто тежина(4) адреса на дестинацијата (9) димензии(5) број на единицата/број на единиците

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 6: Podgotovka Na Stokata Za Transport

РАЗЛИЧНИ ОБЛИЦИ НА АМБАЛАЖА ЗАВИСНО ОД МАТЕРИЈАЛОТ ОД КОЈ ИСТАТА Е ИЗРАБОТЕНА

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 7: Podgotovka Na Stokata Za Transport

ДРВЕНА АМБАЛАЖА

Различни облици на транспортна амбалажа од дрво

Различни облици на комерцијална амбалажа од дрво

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 8: Podgotovka Na Stokata Za Transport

ПЛАСТИЧНА АМБАЛАЖА

Амбалажа за козметика Амбалажа за општа намена Шишиња за тонери (шишиња и кутии) (шишиња, балони, канти)

Шишиња за тоалетна вода Амбалажа за хемиски производи Шишиња за прехранбени течни производи

Гајби за овошје и зеленчук Кофи Гајби за леб Шишиња за прехранбени течни производи

Гајби за сокови Буриња Пластична амбалажа

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 9: Podgotovka Na Stokata Za Transport

Пластична амбалажа за козметички прозиводи

Пластични вреќички

Пластични кеси

-

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 10: Podgotovka Na Stokata Za Transport

МЕТАЛНА АМБАЛАЖА

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 11: Podgotovka Na Stokata Za Transport

Различни видови на метална амбалажа

СТАКЛЕНА АМБАЛАЖА

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 12: Podgotovka Na Stokata Za Transport

Различни облици на стаклена амбалажа

ХАРТИЕНА АМБАЛАЖА

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 13: Podgotovka Na Stokata Za Transport

Различни облици на хартиена амбалажа

-

ТЕКСТИЛНА АМБАЛАЖА

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски

Page 14: Podgotovka Na Stokata Za Transport

Типични облици на текстилна амбалажа

КОМПЛЕКСНА (КОМБИНИРАНА) АМБАЛАЖА

Типични облици на комплексна амбалажа

Материјалот го подготвил дипл. сооб. инж. Зоран Ѓорѓевски