nevestinskite nosii vo makedonija

38
ДМБУЦ ``ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ- ЛУЈ`` НАСОКА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНА МУЗИКА И ИГРА Семинарска работа по предметот етнологија на тема: НЕВЕСТИНСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ ВО ГОРНОВАРДАРСКАТА ЕТНОГРАФСКА ЦЕЛИНА МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛ: Благица Илиќ Петковски Филип III в Скопје, 2008

Upload: viktorija-pecovska

Post on 08-Apr-2016

114 views

Category:

Documents


18 download

TRANSCRIPT

Page 1: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

ДМБУЦ ``ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ- ЛУЈ``

НАСОКА ЗА ТРАДИЦИОНАЛНА МУЗИКА И ИГРА

Семинарска работа по предметот етнологија на тема:

НЕВЕСТИНСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ ВО ГОРНОВАРДАРСКАТА ЕТНОГРАФСКА ЦЕЛИНА

МЕНТОР: ИЗРАБОТИЛ:

Благица Илиќ Петковски Филип III в

Скопје, 2008

Page 2: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

2

Сл. Бр. 1 - Горновардарска етнографска целина

Горновардарската етнографска целина го зафаќа северниот дел на Македонија. Оваа етнографска целина е уште позната под поимот Горно Повардарје1 и го зафаќа горниот слив на реката Вардар. На исток граничи со Шопско-Македонската етнографска целина, потоа границата по северната страна води до Брсјачката етнографска целина, на запад граничи со Дебарско-Мијачката целина а на север со територијата на Србија.

Оваа етнографска целина во себе содржи неколку етнички предели и тоа: Горни Полог, Села под планината Сува Гора, Долни Полог, Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Скопски Дервен, Жеглигово, Средорек и Западниот дел на Славиште.

Во оваа семинарска работа ќе ги претставиме невестинските народни носии во овие предели од крајот на XIХ и почетокот на XX век .

1 Ѓорѓи Здравев, Македонски Народни Носии 1, Скопје 1996, стр. 22.

Page 3: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

3

Горновардарската етнографска целина изобилува со повеќе видови на народни носии. Според одредени класификации овие носии се вбројуваат во западниот тип на македонски носии, а во согласност со некои мислења, носијата од западниот тип се смета за поубава, побогата и покомплицирана. Женската носија од овој регион се издвојува со нејзината убавина и совршеност, а особена онаа која се носела во периодот од невестинството. Општопознато е дека невестинските носии го достигнувале врвот во убавината на носиите. Самиот факт дека девојките ги изработувале уште од мали години, ни дава за право да помислиме на важноста и значењето на оваа носија, колку таа била вреднувана и значајна.

Периодот на невестинството бил многу значаен период кај девојките. Со самиот тој чин на венчавање тие преоѓаат од еден во друг социјален статус, односно од девојка во жена. Како и социјалниот статус тие веќе почнуваат да го променуваат и начинот на облекување односно веќе не се облекуваат како девојки, туку како жени.

Носијата во овие предели претрпела многу промени со преминот од XIX кон XX век. Многу облековни елементи се замениле, некои пак воопшто престанале да се употребуваат, некои дури биле забранети да се носат2 и сл. Според ова, не може да се направи детален опис на носијата и точно да се наведе составот на истата. За изгледот на невестинската носија важна улога играла и финансиската состојба во семејството, односно не секое семејство можело да си дозволи да ги направи или купи сите невестински атрибути или на прво место- накитот и затоа многу делови од невестинската носија биле позајмувани3. Со доаѓањето на новата мода од западот невестинската носија почнала да се редуцира, односно некои постари делови престанале да се носат а на нивно место дошле нови. Почнале и да се облекуваат делови кои до тогаш не биле употребувани како носија за венчавање и на тој начин се формирал нов состав на неветиснко облекло.

2 Ѓ. Здравев....... стр. 33. 3 Анѓелина Крстева, Народната носија во Скопска Блатија, Скопје 1998, стр. 21.

Page 4: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

4

Неоспорна да се наведе е и желбата да се прикаже економската моќ на семејството а најчесто тоа се гледало преку накитот, срмените апликации во носијата и богатите везови. За тоа колку оваа носија била значајна дознаваме од статиите на некои научници од оваа област, дека дури и оние девојки кои биле економски послаби, морале да имаат одреден минимум на невестински атрибути за денот на свадбата.

Како што веќе наведовме, невестинската носија содржела елементи кои не се практикувале во секојдневната употреба. Тие елементи девојките ги чуствувале како неопходни за нивната свршувачка. Одредени делови од носиите, девојките ги правеле сами или со своите другарки, а оние кои биле покомплицирани им ги правеле селските терзии. Има примери каде што девојчињата уште на 9 годишна возраст почнувале да си ја прават рубата за свршувачката. Како крајна подготовка било везењето на невестинската кошула која најчесто прв пат се облекувала на денот на венчавката. Невестинската носија не се облекувала само на тој ден туку најчесто се носела и неколку дена подоцна односно кога се одело на вода во Понеделникот, кога се одело кај кумовите и на првиот Велигден после свадбата и сл. Некои делови од носијата девојката ги носела и до две години а некои девојки пак цел живот во завсиност од пределот во кој живееле.

За невестинските носии од Горновардарската етнографска целина не може да се пишува взаемно, бидејки се разликуваат едни од други во зависност од етничкиот предел. Иако имаат некои слични карактеристики, кога станува збор за невестинството веќе се забележуваат битни промени карактеристични само за тој предел.

За поголема прегледност и подобар увид, ќе ги претставиме невестинските носии според етничките предели.

Page 5: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

5

Сл.бр.2 - Жеглигово, Средорек и Славиште

НЕВЕСТИНСКАТА НОСИЈА ВО ЖЕГЛИГОВО, СРЕДОРЕК И СЛАВИШТЕ

Како прв облековен елемент во невестинската носија се јавува

``поткошуљајка``- вид поткошула која се носела непосредно до телото. Врз неа се облекувала невестинската кошула ``голема шареница``. Оваа кошула е направена од домашно бело платно. Должината и достигнува до глуждовитеа кроена е од преден и заден стан и таканаречени ``ребрњаци``, ракави и јака. Според типот на кошули, оваа кошула спаѓа во динарскиот тип. Кошулата ``голема шареница`` претставува вистински артефакт со својата убавина. Извезена е во таканаречената ``гобленска``4 техника, а везот е застапен на ракавите и везот достигнува до рамениците од каде што и ракавите го добиле називот``доврвњаци``или ``дорамнице``. Вез се јавува и на предниот граден дел и на јаката. Надоле везот се спушта во долниот околен дел на кошулата, каде што од бочните страни се издигаат вертикални линии ``узкуќници`` како и на задниот дел од кошулата наречени ``стапови`` или ``пруќе уз гузицу``.

На везовите на кошулата преовладуваат црната и црвената боја но се забележуваат и срмени апликации како и примеси на зелена и ``пембе`` боја. Безот е извезен во силно нагласени геометриски форми од каде што највпечатливи се оние во форма на триаголник, но се

4 Збирка автори,Македонска Академија на Науките и Уметностите, Етнологија на Македонците, Скопје 1996, стр. 145.

Page 6: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

6

забележуваат и вегетабилни мотиви, како и мотиви во форма на буквата М и Ѕ, и во форма на стрелички.

Во везењето на оваа кошула се применети неколку техники,со тоа што некои од нив се карактеристични само за овој предел. Ваквиот вид на невестинска кошула се носел до почетокот на XX век. Со доаѓањето на новата мода од западот, везот почнал да се редуцира се додека сосема не се одстранил, а наместо оваа кошула почнала да се носи кошулата ``мала шареница`` или ``моравка кошула``. Кошулата се препашувала со таканаречен ``алов појас`` целиот исткаен, на горниот дел орнаментиран со ``кола``, а долниот дел со хоризонтални шарки наречени ``пруќе``. Над појасот се носела скутина со локален назив ``пешќир`` или ``скутача``, која во невестинскиот период го добива

називот ``пешкир единица``.

Сл.бр. 3 Невестинска носија, крајот на XIX век

Таа е исткаена од волнена преѓа со специфична техника ``с`с прсте``. Составена е од две дипли ``струки`` а должината и достигнува под колениците. Од орнаментиката како најстар орнамент се забележува ``големо коло`` на средината со две исти помали кола поставени вертикално. Доколку девојката немала ваква скутина се употребувала скутината ``перушанка`` со посложена орнаментика. Според теренските истражувања, невестинската скутина ``пешќир единица`` се носела до периодот помеѓу двете светски војни а поретко и во почетокот на XX век.

Page 7: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

7

Како надпојасна безракавна облека се јавува ``грудник`` направена од кадифе. Над грудникот девојките облекувале ``китена саја``. Саите се посебна карактеристика за овој предел бидејки според нив жените го добиле етнонимот ``белосајки``. Китената саја се разликуваод секојдневната бела саја по начинот на украсување. Декорацијата е застапена на долниот дел од задништето и долниот дел од скутовите.

Извезена е со црвени или ``чови`` апликации, а украсувањето се надополнува со украси од оптока наречени ``кутиички`` а околу нив ``буфки``. Оваа саја се носела до првата деценија на XX век, а потоа престанала да се изработува. Битно да се напомене е дека ``китената саја`` одела само во комбинација со кошулата ``голема шареница``. Како специфична невестинска облека која се носела само во овој период е ``з`банот``. З`бан е допојасна облека со куси ракави, направена од домашно памучно платно, а украсувањето е позиционирано на ракавите со чоени алови апликации, вез, ``л`ски`` и ``китке``. Згорна клашнена безракавна облека која се носела над з`банот е ``ќурдија``. По кројот и по начинот на украсување , ќурдијата многу потсетува на китената саја. Разликата е во големината на самата ќурдија како и во украсениот заден дел кој достигнува до рамениците.

Сл. Бр. 4 - Невестинска носија, крајот на XIX и почетокот на XX век

Како украсен детаљ се јавуваат ``ручници``5 и ``крпи`` кои невестите ги носеле под мишките прикачени во ракавите на сајата и достигнувале должина до нозете. 5 Истото...

Page 8: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

8

До почетокот на XX век како горна облека се носело и ``џубе``направено од црна клашна без ракави и украсено со крзно. На нозете невестите облекувале плетени чорапи од еден или два ката. Тие биле целите орнаментизирани со мотивите ``кола``, а како уште постари чорапи се јавуваат чорапите со геометризирана гранка наречени ``зелената шарка``. На нозете невестите носеле свински опинци ``с`с опутици``, а во поново време кондури. Забрадувањето во овие предели е доста карактеристично и спаѓа во таканаречените ``забрадување со капа``6. Најпрвин косата се чешлала на патец, а потоа се плетела во две плетенки.

Сл. Бр. 5 - неветинска носија, почетокот на XX век

Во плетенките се закачувал ``коцељ`` направен од ``плетенчики`` направени од природна коса. Паралелно со коцељот се носел и ``опаш`` направен од козина и исплетен во ситни плетенчиња. Се прикачувал на главата а со должината достигнувал до нозете каде што на крајот се обликувал во топчеста форма.

6 Музеј на Македонија, Забрадување и покрвање, ...., стр. 13.

Page 9: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

9

Врз косата се носел ``фес`` или ``капа со пари``. Врз него се ставал ``тилник`` исплетен, а на задниот дел нанижан со пари. Како најкарактеристичен украс за глава за овој предел е ``челенката``. Челенката била направена од дреново дрво и била во форма на чатал. Горниот дел бил измотан со крпи и украсен со пердуви во боја. Од врвот на челенката се спуштале низи наредени со монистра и пари. Поради масивноста, челенката била придржувана со ``подбрадник`` накитен со пари, како и со ``ремчиња`` прикачени за сајата. Челенката невестата ја носела три пати т.е. за венчавање, за блага ракија и за на вода. Околу вратот се носела црвена шамија ``шервета`` а се врзувала на задниот дел кај тилот.

Сл. Бр. 6 - невестинска носија, средината на XX век

Челенката е многу стар украс за глава и се носела до крајот на XIX век. Со напуштањето на челенката, девојките ја забрадувале главата со ткаена крпа ``прекривач`` врз која носеле ``чалник``- ткаена крпа предиплена по должината во форма на чалма а на средината се носела голема сребрена пара. Како украсни делови на носијата доаѓаат крпите кои се носат до куковите од двете страни. Накитот во овој предел е доста разновиден. Околу струкот над појасот се носеле ``пате``- сребрени пафти кубелии, под кои се носеле украсни крпи. На градите се носел ``ѓердан``- парче клашна целото накитено со сребрени пари и го прекривало целиот преден дел кај градите. На главата се носело ``копче`` прилепено за челенката и ``мреже``- монистрен украс за глава, а на задниот дел се носела ``прекрсница``- подвески нанижани со сребрени пари кои се носеле над грбот.

Page 10: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

10

Сл. Бр. 7 - Скопска Црна Гора

НЕВЕСТИНСКАТА НОСИЈА ВО СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Како прв облековен елемент во невестинската носија од Скопска Црна Гора се јавува кошулата ``крстови``. Оваа кошула како и воопшто и повеќето кошули во Скопска Црна Гора се карактеризираат со нивната таканаречена ``релјефна`` техника. Должината на кошулата достигнува до глуждовите, а искроена е од преден и заден стан, широко отворени долги ракави, а во долниот дел ``ребрњаци`` и ``заклинци``. Според типот, оваа кошула влегува во Динарскиот тип на кошули со тоа што карактеристичен е долниот дел на кошулатана кој се пришивало ``трак`` или парче од клашна за да стои кошулата оптегната, па веќе добива и поинаква форма. Како што наведовме, кошулата е извезена во релјефна техника во монументална стилска композиција. Везот е застапен на ракавите, од китката до рамениците, на целиот околен долен дел, па дури и на задниот стан каде што везот достигнува и до над половината. За везењето на оваа кошула се употребуваат неколку техники, а крутоста на конците придонесува оваа кошула да биде доста тешка за изработка, како и масивна за носење. За тоа колку тешка била оваа кошула за везење, укажуваат информациите дека се везела до 2 години, а ја везеле девојките кои веќе биле свршеници, или според локалниот термин ``заговорки``. Оваа кошула може да се каже дека

Page 11: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

11

спаѓа во една од најтешките македонски кошули, а исто така и претставува единствена во Македонија во таа смисла7. На оваа кошула преовладува црната боја со мали примеси на темно сина и темно зелена боја. Орнаментиката на кошулата е во принциип геометриска,но се сретнуваат и геометриско вегетабилни форми. Ракавите се целите извезени од китката до рамениците, чиј вез е групиран во две полиња едно над друго. Овие ракави се наречени ``пунежачки`` ракави, според техниката во која се везени ``пунеж``.

Невестата ги носела ракавите малку завратени за да се гледала ``богасијата`` која била пришиена од опачната страна на ракавите. Долниот дел на кошулата е исполнет со густ збиен вез кој достигнува до колената, а нагоре се издигаат таканаречените ``провезици`` или ``прутови``, вертикални линии, типични за црногорските кошули кои на задниот стан достигнуваат дури до грбот. Овој тип на невестинска кошула се носела до почетокот на XX век.Интересно е да се напомене дека кошулата ``крстови ``се облекувала само за денот на свадбата. На првиот понеделник, кога ја носеле невестата на вода се облекувала кошулата ``густо мешано`` а оваа кошула можела и да се сретне како невестинска.

Сл. Бр. 8- невестинска носија, крајот на XIX век

7 Музеј на Македонија, Списание на здружението на етнолози на Македонија, Етнолог 4-5, Скопје 1994, стр.113.

Page 12: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

12

Ако девојката немала кошула ``густо мешано``, за на вода ја облекувала кошулата ``ретко мешано``. Сите овие набројани кошули фасцинираат со нивната убавина и изработка. Во периодот помеѓу двете светски војни како невестинска кошула се носела кошулата ``по едан прут``, а со доаѓањето на новата мода, везовите почнале да се редуцираат, а кошулите престанале да се изработуваат. Над кошулата се опашувале 3 вида на појаси8:

Сл. Бр. 9- невестинска носија, крајот на 19 век

1) ``алов појас``, направен од волнена преѓа, се опашувал веднаш над кошулата.

2) ``каница с`с паре``, појас од дебела домашна ткаенина во црна боја со ситни геометриски шарки и геометриски форми.

3) ``колун од монистра``, направен од монистра, а на предниот дел се закопчувал со листовидни пафти ``чапрази``. Орнаментиран е со геометриски и вегетабилни мотиви како ``цветови``, ``гранчики`` и сл. Овој дел од носијата е составен дел од накитот, односно не се сретнува во секојдневната употреба. Овој детаљ почнал да се носи од крајот на XX век.

Како постар елемент се вбројува ``низат ремен``9, невестински срмен појас украсен со пари, а напред со метални пафти ``чапрази``. Исто така и овој елемент влегува како составен дел од накитот.

8 Аница Петрушева, Narodna nosnja u Skopskoj Crnoj Gori, Загреб, 1988, стр.60 9 Истото, стр. 189

Page 13: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

13

Кога веќе зборуваме за украсувањето и накитот треба да ја споменеме ``низата крпа``, правоаголно надиплена марама накитена со пари која се носела над колунчињата во висина на градите. Како украсен детаљ се јавуваат и таканаречените ``јаке`` кои преставуваат вид на додатна јака направени од рески од бели памучни конци.

Над појасите се облекувала скутината со назив ``срмана утајка``, направена од две хоризонтално поставени дипли, исткена во ``лито`` техника. Карактеристично за оваа скутина е тоа што везот се везел на посебно платно а потоа се аплициралн на скутината. Платното е орнаментирано со кружни мотиви наречени ``кола`` и има по осум на секоја дипла. Колата се извезена во техниката ``предиглечко`` со бели срмени конци, а празните простори се надоплонети со л`скавци. Доколку невестата немала ваков вид на скутина, тогаш за свадбата ја носела скутината ``утајка с`с лозице``, направена на алова основа украсена со срмени ширити. Како горна облека во невестинската носија во овој крај се јавува ``долама``. Доламата престставува невестинска облека која ја носеле и невестите и жените.

Сл. Бр. 10, невестинска носија, почеток на XX век

Интересно да се напомене е дека девојките носеле слична ваква горна облека, а разликата е во украсувањето на задниот дел. Доламата е направена од клашна, искроена и исшиена од терзии а пота жените самите си ја украсувале. Најзастапено е украувањето на доламата со рески наречени ``почаници`` направени од црн волнен конец, позиционирани на предниот дел како и на задниот дел во пет хоризонтални редови. Од везбените мотиви попознати се ``веѓе``, ``куќарчики``, ``лозици`` и сл.

Page 14: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

14

На нозете невестите ги облекувале чорапите ``алове венчанице`` исплетени и извезени со бели и жолти срмени конци во техника ``предиглечко``, богато орнаментирани и украсени со л`скавци и монистра``. Над чорапите се облекувале ``опанци с`с ремени`` кои биле занаетчиска изработка, а во поново време се облекувале кондури. Невестите косата ја чешлале на патец -``путац`` а од страните на патецот се плетело по една мала плетенка каде на крајот се соединува со друга поголема плетенка наречена ``коцељ`` и се укарсувала со монистрени украси наречени ``киски`` или со стари пари. Во понеделникот изутрината, ако девојката била ``чесна``, другарките и го расплетувале коцељот и ја плетеле косата во две плетенки, односно како што носеле жените10. Забрадувањето во овој предел е едно од најкарактеристичите и најкомплицираните во Македонија. Како најстар елемент во невестинското забрадување се јавува забрадувањето со ``венец``. Венецот всушност представува вид на капа во цилиндрична форма направена од кора од црешово дрво, а од надворешната страна била предиплена утајка. Горниот отворен дел се придополнувал со цвеќиња и босилок, а предниот дел бил украсен со разновиден накит како ``плоча``, ``пиришани`` ``игла главичета`` и сл. На задниот дел се прикачувала бела марама со реси која се носела слободно пуштена. Ваквиот тип на забрадување се задржал до почетокот на XX век. Откако се напуштила капата почнало да се практикува нов вид на забрадување со две марами:

Сл. Бр. 11, невестинска носија, средина на XX век

10 Списание на институтот за фолклор ``Марко Цепенков``, Македонски Фолклор бр. 45, Скопје, 1990 год. стр. 35-36

Page 15: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

15

1) ``крпа прекривач``- жолта марама во правоаголна форма

направена од свилена ткаенина, а на краевите вез од разнобојни конци. Крпата се поставувала здиплена по широчината а се придржувала со ``низат ремен`` накитен со пари.

2) ``крпа пребрадник``, иста како и претходната, меѓутоа со повеќе украсни деталји и везови како и различно поставување на главата.

Невестиската носија се карактеризира и со повеќе видови на накит. На главата невестите носеле ``сребро плочка``- тепелак со трепетулки, ``пиришани со трепетулки``, ``игла главичета`` како и разни колани со листовидни пафти ``чапрази``. Украсувањето се надополнува и со носење на украсни крпи до куковите како и со ``шикови`` украси за глава направени од цвеќе или од перја од пауни.

Page 16: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

16

Сл. Бр 12, Скопска Блатија

НЕВЕСТИНСКАТА НОСИЈА ВО СКОПСКА БЛАТИЈА

Како прв облековен елемент се јавува невестинската кошула која се сретнува во повеќе варијанти и под повеќе имиња како ``црнетица``, ``црногорка`` и ``гувеалница`` во зависност од селото во кое невестите живееле. Ваквиот тип на невестинска кошула одстапува од блатскиот тип на кошули. За разлика од типичните блатски ``арчлии`` кошули кои се со разновидни везови во секакви бои и срмени апликации, невестинската кошула е извезена во црн релјефен вез со дебели црни конци и многу потсетува на црногорскиот тип на кошули, од каде што и доаѓа името ``црногорка``. Направена е од дебело домашно платно наречено ``од четирите парчиња``11 а должината и достигнува до глуждовите. Искроена е од преден и заден стан, ``реборници`` од страните, широко отворени ракави и јака.

Везот на кошулата е застапен на долниот околен дел во вид на ``пратои`` или ``провези``- правоаголни везови кои потсетуваат на црногорските ``пруќе``. Ови правоаголни везови се украсени и со мали везови во триаголни или правоаголни мотив кои се сретнуваат на завршетоците на ``провезите``. Други кошули пак измеѓу ``провезите`` имаат и вез во ромбоидна форма наречени ``амајлии`` или ``месечинки``.

11 Ангелина Крстева, Народната носија од Скопска Блатија, Скопје, 1998 год. стр. 8.

Page 17: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

17

Ракавите на кошулите се везени од китката до рамото и се наречени ``плоче``. Самиот обилен вез представува исклучок од блатските кошули каде везот е застапен само на долниот дел на ракавите. Во везот на ракавите се забележуваат редови со квадратни форми, кои се извезени во хоризонтални или дијагонални редови. Ракавите се носеле подвратени за да се гледа богасијата, пришиена од

внатрешниот дел на кошулата. Како посебна варијанта на невестинска кошула се среќава кошулата ``црногорка`` од селата Булачани, Црешево и Раштак, села кои според некои етнички особености се многу слични Скопска Црна Гора. Оваа кошула доста потсетува на црногорските кошули ``ретко`` и ``густо мешано``, бидејки везот на долниот околен дел се разликува од оној на ``црнетицата`` поради ромбоидните форми, повисоките провези особено оној на задниот дел кој е подолг од останатите. Во оваа преодна зона се среќава уште еден поинаков тип на невестинска кошула. Станува збор за кошула со многу интересен распоред на вез во долниот дел, мотиви како и

технки на везење.12

Сл. Бр. 13, невестинска носија, крајот на XIX век

Исто вакво одстапување сретнуваме и во селата Пуста Брезница, Говрлево и Јаболце кои географски се многу блиску да етничкиот предел Порече, од каде што и кошулата попримила доста карактеристики од поречанскиот тип на кошули.

12 Повеќе за овој тип на кошули - Списание на здружението на етнолози во Македонија, Етнолог 4-5, Скопје 1994 год, стр. 118.

Page 18: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

18

Овој тип на кошула била нарекувана ``гувеалница`` или ``каредачка кошула``13. Во оваа кошула се забележува преплетување на блатскиот и поречанскиот вез, па од таму излегува кошула чиј долен дел е извезен во разнобојна волна и срма, како и карактеристични ракави со непрекинати концентрични ромбови.

Невестинските кошули од Скопска Блатија се доста тешка и интересна тема за истражување. Невестинските кошули од оваа област се вистинско ремек дело, а на тоа укажува и фактот дека се везеле 2 години и било потребно најмногу волна. Венчавањето со оваа кошула било задолжително, па доколку девојката немала ваква кошула позајмувала од други. Најинтересно за оваа кошула е тоа што не се облекувала само за денот на свадбата. Оваа кошула прв пат се облекувала на првиот ден на Велигден, а со тоа девојката се преставувала во својата средина како достојна за мажење.

Сл. Бр. 14, младоженска и невестинска носија,

крајот на XIX, и почетокот на XX век

Втор пат оваа кошула и впрочем целокупната невестинска носија се облекувала за празникот Водици, каде меѓу учесничките морало да има и девојка во целокупна невестинска носија. Освен за денот на свадбата носијата се облекувала и во понеделникот, по свадбата, на одење на саботнина кај деверот, на првиче кај родителите и на Прочка, а некои делови се носеле цел живот.

13 Истото, стр. 120

Page 19: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

19

Над кошулата многу оддамна невестите облекувале две саи. Прво ја облекувале таканаречената ``девојчинска саја``, која девојките сами ја правеле и везеле. Направена е од платно, а сошиена е од грб, два предници проширени во долниот дел, бочник, подмишки и јака. Овој вид на саи биле извезени со вез по жица во техника ``четирици`` со тип на вез ``змиица``. Времето кога се носеле овие саи не е прецизирано14, но според везовите и техниките се поврзува со блатските кошули, па и доаѓа како дел од Блатската носија. Над ``девојчинската саја`` девојките облекувале ``китена саја``. Китената саја е терзиска изработка. Направена е од платно во ист крој како претходната.

Како додатен дел на китената саја доаѓаат и ``рукавчиња``направени од црвена чоја а биле долги од рамениците до лактите. Рукавчињата биле извезени во техника ``предиглечко`` а орнаментирани во техника ``како колца`` дополнително украсени со ``л`скавци`` и волнени конци, додека пак на сајата * се аплицирала истата . Од везбените техники се сретнуваат ``паросаница`` и ``предигла``. Како главна карактеристика на оваа саја се густо нашиените низи од црвени волнени топчиња, како и дополнителни украси како волнени рески бела и жолта срма и сл.

14 Ангелина Крстева......... стр.11. * Сл. бр. 15, Невестинска носија, крај на XIX и почеток на XX век

Page 20: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

20

Саите во овој предел се носеле до периодот на двете балкански војни. Од почетокот на XX век во употреба се вовел елекот, а со комплетното напуштање на сајата невестите почнале да се венчаваат и со два елека.Сајата или елекот се опашувле со ``алов појас`` направен од тенко предена разнобојна волна, ткаен четворно и прошаран со жолто и бело. Како дополнителен невестински атрибут се носел срмен или монистрен колан со пафти. Над појасот невестите облекувале ``праена вута``- скутина која го следи карактерот на орнаментирање на соседните пределски целини од Кумановско15. Скутината е направена од две дипли, хоризонтално соединети со ``чикме``. Скутината е направена од таканаречено ``праило`` па и од таму доаѓа името. Исткаена е во линеарни шарки, а од озгора украсена со срмени пискули, ширити, монистрени украси и сл. До средината на XIX век се носело постар вид на невестинска скутина. Таа била направена од една дипла и била значително пократка. Била исткаена од црна волна, а потоа се носела на терзии за да и стават ``кит`` што значело да ја украсат. Од везбените мотиви се среќаваат кругови, ѕвезди и сл. а според некои стилски карактеристики, оваа скутина се вклопува со стилот на ``китената саја``. Како укарасни детаљи за скутината се ** носеле ``узкукници``- марами од индустриско платно кои се закачувале на појасот и виселе до куковите, а како специјални невестински украси се јавуваат и крпите ``ручници``, накитени со пари или исшарани со ``колца``.

15 Ѓорѓи Здравев, Македонски Народни Носии 2, Скопје, 2005, стр. 66 ** Сл. бр. 16, невестинска носија, почеток на ХХ век.

Page 21: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

21

Како згорна облека во невестинската носија се јавува ``ќурдија``. Ќурдијата по крој била иста ко сајата, но била направена од бела валана клашна. Ќурдии носеле сите жени, но невестинската ќурдија се разликувала по црвената боја на украсните детаљи. Оваа облека севкупно била направена од страна на селските терзии.

Украсена била со спираловидни гајтани, волнени топчиња- ``китки``,монистра, ширити и сл. Полите и грбот на ќурдијата се извезени со терзиски вез, а од везбените мотиви се среќаваат ``коло``, ``веѓи``, ``куки``, ``тркало``, ``амајличе`` и сл. На нозете девојките облекувале невестински чорапи наречени ``коло до коло`` или ``аловите чорапи``, исплетени од волнена преѓа и богато извезени најчесто со мотивите ``кола``. На нозете невестите некогаш носеле опинци а во поново време кондури. Невестинското чешлање и забрадување кај невестите е доста интересно. Ја чешлале косата на патец а од секоја страна плетеле по пет ``витци`` помали плетенки, кои на крај завршувале во една поголема плетенка. Сл. бр. 17, Водичарка во невестинска носија, почеток на XX век.

Сл. Бр. 16, невестинска носија, почеток на XX век

Page 22: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

22

Како дополнителен украс за косата се јавува ``коцел``, направен од црна волнена преѓа. Поради неговата масивност, освен што се заплетувал во плетенката се закачувал и со јадица за појасот. Освен за свадбата, коцелот се носел уште пет пати по неа. До почетокот на XX век невестите на главата носеле ``тилник`` направен од клашна во вид на ќулафка и целиот бил накитен со пари. Над тилникот се носело ``тепе``- метален невестински украс кој се надополнувал со други метални украси. Со овој тип на покривање на главата се носеле и гранки од зеленика или бршлен.

Сл. бр. 18, невеста и девојки облечени во невестинска носија од почетокот на XX век.

Како понов тип на забрадување кој го заменил оној со тилникот се појавува забрадувањето со ``вес``. Над весот се носел ``тепелак`` а нив ги придржувал ``ремен`` украсен со метални пари наречени ``шестаци``.

Како дел од накитот на главата носеле и ``пиришани`` вид филигрански метален украс кој се носел над челото. Врз весот се носела слободно пуштена ``крпа`` на задниот дел на телото. Украсувањето со накит се дополнувало со ``леденик``- овално парче клашна целото укрсено со пари, кој се носел на градите. На појасот се носеле монистрени колани со пафти како и ``ќустеци``.

Page 23: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

23

Сл. бр. 19, Села под планината Сува Гора

НЕВЕСТИНСКАТА НОСИЈА ВО СЕЛАТА ПОД ПЛАНИНАТА СУВА ГОРА

Како прв облековен елемент во невестинската носија се

сретнува ``кошулче``кратка кошула од индустриско платно кое се носело непосредно до телото а ракавите биле набрани со манжетни. Над кошулчето се облекувала кошулата ``венчајнца`` единствена во Македонија според кројот и везот. Направена е од домашно латно а искроена е од преден и заден стан, ракави и ``ребреинце`. Карактеристични за оваа кошула се ракавите, рамно кроени но набрани со манжетни на крајот. Овие ракави според везбените мотиви се наречени ``цареи глае``. Кошулата е извезена во таканаречената гобленска и ажурна техника16, а највеќе применета техника на везење е ``кинатица``. Везот на ракавите е застапен на рамениот дел во вид на квадратно поле, а надоле се спушта во орнаментирана лента се до мажетните каде повторно се забележува вез.

16 Збирка автори,Македонска Академија на Науките и Уметностите, Етнологија на Македонците, Скопје 1996, стр. 147.

Page 24: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

24

Невестите ги носеле ракавите набрани нагоре за да се гледаат ракавите од кошулчето кое го носеле под кошулата. Многу оддамна поимашливите невсти ги везеле ракавите и со бела срма.

Везот продолжува и на долниот дел на кошулата во вид на кивчеста бордура а од напред и од зади се извезени вертикални полиња наречени ``узколеници``. Везот достигнува висина до над колениците па одтаму доаѓа и неговото име. Целата везбена декорација се исполнета со ситна мозаична и геометриска орнаментика. Од везбените мотиви се јавуваат ``ж`лтичиња``, ``кукаљке``, ``змијулке``, ``ченгели`` и сл. Во овој етнички предел невестинската кошула имала значајна улога. Девојката морала целата кошула да ја направи сама, бидејки се сметало за голема срамота ако некој друг и ја направел. Освен за денот на свадбата оваа кошула се чувала и за погребна облека. Над кошулата невестите облекувале ``елек``. Елекот бил направен од индустриски материјал наречен ``џезија``. Елекот бил безракавана облека

долга до колената искроен од стан, поли, ``ребреинице``, ``мишки`` и јака. Сл. бр. 20, невестинска носија, крајот на XIX век

Page 25: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

25

Елекот бил одвнатре исполнет со памук, а бил украсен со гајтани и срма. Над елекот се облекувала ``саја р`кае``. Направена била од домашно платно а според кројот била слична како елекот. На задниот дел биле пришиени платнени парчиња наречени ``паткавици`` кои на краевите биле украсени со волнени ``китки``. Над сајата се опашувал појас, прилично долг и широк направен од вишња преѓа. Бил украсен со дискретни шарки а на краевите завршува со реси. Нас појасот се носела ``скутина`` од една дипла и достигнувала до над колената. Била исткаена во техниката ``прави штици`` од вишња преѓа како и бела срма. Целата е украсена во линеарни шарки а долниот дел украсена со монистра ``пулјеки``, ``амајлии`` и сл. Скутината се украсувала со ``шамии`` кои се носеле под појасот како и над скутината во вид на калемќари. Како составен дел од накитот се носеле ``чапраѓе``- вид на мали листовидни пафти и ``колан``- метален украс од сарачка изработка. Скутината уште се украсувала и со монистрен ``ќустек`` кој ја прекривал површината на скутината. Како згорна облека невестите облекувале ``горник``, направен од бела клашна, а по крој и украсување бил многу сличен на сајата притоа богато извезен на предните делови.

Сл. бр. 21, невестинска носија, почеток на XX век

Page 26: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

26

На нозете невестите ги облекувале невестинските чорапи наречени ``калчини големи ситни``, долги до над глуждовите, направени од волнена преѓа и ситно орнаментирани.

Како специфични обувки за невести се носеле ``цревје``, вид на влечки, одозгора направени од кадифе и извезени со жолта срма.Ваквите влечки се носеле до периодот помеѓу двете светски

носии. Од после невестите се венчале со опинци или кондури. Невестите ја чешлале косата на патец на средината и ја плетеле во една плетенка. Како додатен украс служеле ``плетенчики`` од природна коса кои се прикачувале за плетенката. Постојат два вида на забрадување на невестите во зависнот од периодот во кој живееле невестите. Од средината на XX век па навака невестите носеле сокај прикачен за ``глаина со подбрадник``- вид огрлник на кој се закачувал сокајот. Сокајот е специјално невестинско покривало за глава во вид на тенка лента. Целиот е извезен со бела и жолта срма како и накитен со стари сребрени пари. Сокајот играл страшно голема улога во животот на жената. За денот на свадбата требало прво машко дете да и го постави сокајот на невестата, а за тоа време невестата укала17. За тоа колку биле важни сокаите, укажува и податокот дека ``главината `` од сокајот се носела цел живот.

Сл. бр. 22, невестинска носија, средината

на XX век 17 Списание на институтот за фолклор ``Марко Цепенков``, Македонски Фолклор бр. 45, Скопје, 1990 год. стр. 30

Page 27: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

27

Главата се покривала со ``чевре``, крпа од тенко бело платно со ``оје``, а се придржувала на главата со ``топка игла``18. Заедно со сокајот невестите носеле и ``прцле``- усукани врвки од конец кои служеле како имитација од коса.

Како специјално невестинско покривало до почетокот на XX век се користел и ``прениз``. Пренизот е правоаголно праче од бело платно, целото накитено со стари металнио пари, а на краевите завршува со ``титрајки``. Пренизот на главата се поставувал правоаголно, а предниот дел бил украсен со сребрени пари, додека пак на средината била пришиена златна пара ``алтан``. Во состав со пренизот невестите носеле ``узобраски``- тенки ленти од платно, целите накитени со стари пари кои се прикачувале над ушите и се спуштале до градите. На темето на главата врз пренизот невестите носеле ``венец``направен од парче клашна, целиот украсен со разнобојни китки од волнена преѓа. Како украсен детаљ се сретнува ``мармче`` крпа од свила, украсена со срма и поднижана со сребрени пари која се носела прикачена за појасот.

18 Музеј на Македонија, Забрадување и покрвање, ...., стр. 9

Page 28: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

28

Сл. бр. 23, Долни Полог

НЕВЕСТИНСКАТА НОСИЈА ВО ДОЛНИ ПОЛОГ

Како прв облековен елемент во невестинската носија од овој

предел се сретнува ``кошулче``- мала кошула од платно, украсено со ширити, кое се носело под кошулата. Невестинската кошула во овој предел се нарекува ``вејче``. Направена е од домашно бело платно а искроена од преден и заден стан, ``ребрници`` и широко отворени ракави. Извезена е во релјефна техника, а везот е застапен на долниот околен дел како и на бочните страни на ракавите. Според некоја поделба која се практикува на теренот на овој предел, кошулата ``вејче`` влегува во типот на кошули ``све около``, што значи дека целиот долен околен дел е извезен, додека пак другите секојдневни кошули се извезени само на задниот стан од каде потекнува и името ``салте настан``. Многу оддамна ракавитие биле речиси цели извезени и се носеле слободно пуштени, додеа пак во поново време везот се редуцирал и останал само во вид на линија, а ракавите почнале да се носат завратени. Одкако почнале да се носат завратени ракавите, се јавил и нов елемент- ``завраќалки``, вид полуракави кои се носеле под кошулата.

Долниот дел на кошулата е богато извезен и достига до колениците. Постариот вид на невестински кошули е извезен само со црни конци во релјефна техника во најразлични мотиви, додека пак во поновиот вид се применува и срма како и тенок светкав плех.

Page 29: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

29

Во главно орнаменталната декорација е геометриска со примена на геометризирани вегетабилни мотиви. Целиот долен дел е

исполнет со црн рустичен вез со примена на бела срма и како што напоменавме парчиња од тенок светкав плех кој се вметнувал во везот, па и од тука произлегува посебна везбена техника. Од везбените мотиви најзастапени се ``крвчиња``, ``вејчиња``, ``срнчиња`` и сл. На најдолниот дел на кошулата се извезени неколку хоризонтални редови со најразлични везбени мотиви, додека пак од тие редови нагоре се издигнуваат вертикални линии наречени ``вејчиња``. Распоредот на везбените мотиви е многу непостојан а истиот го добивал според вкусот на везилката19.

Сл. бр. 24, невестинска носија, средина на XIX век

Постариот вид на кошули значително се разликува од поновиот вид, меѓутоа поради недостаток на информации, тешко е да се направи компарација и да се споредат кошулите.Кошулата ``вејче`` се носела само за денот на свадбата. Пред и после свадбата се облекувала кошулата ``црногорка``, која можела да се користи и како невестинска кошула20, и кошулата ``срменка``.

19 Списание на институтот за фолклор ``Марко Цепенков``, Македонски Фолклор бр. 39-40, Скопје, 1987 год. стр. 207. 20 Списание на институтот за фолклор ``Марко Цепенков``, Македонски Фолклор бр. 45, Скопје 1990, стр. 31

Page 30: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

30

Над кошулата невестите облекувале ``елече``, направено од платно а според декорацијата се надоврзувало со мотивите на кошулата. Над елечето невестите облекувале ``горник``. Горникот претставувал специјална невестинска потпојасна облека. Бил направен од бела клашна и бил без ракави. На задниот дел е застапен вез со срма, украсни гајтани или светликав тел. Имало случаи и под ``горникот`` да се облекува ``големо сајче``, изработено од платно, а на задниот дел било украсено со вез од срма обликувани во два круга. Како дополнтелна згорна облека се сретнува и ``ќурдија``. Таа е направена од бела клашна. На задниот дел од двете страни е застапен вез со срма и свила а извезена е од горниот дел кај мишките па се до долниот дел каде везот се проширува. Оваа згорна облека се сретнува и во составот на зимската носија, како и повеќето горни и згорни облеки како што се ``салтавере``, ``клашник`` и сл. Како невестински појас со кој се опашувале горните облеки се носел појасот ``појас све наоколо``. Овој појас бил исткаен и целиот извезен. Појасот се опашувал под ќурдијата односно преку ``сајчето`` и ``горникот``.

Сл. бр. 25, невестинска носија, почеток на ХХ век

За овој појас треба да се напомене дека се носел само во комбинација со кошулите ``црногорка`` или ``вејче``.

Page 31: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

31

Како невестинска скутина се сретнува скутината ``срменка`` единствена во Македонија поради нејзините димензии. Скутината срменка е мало исткаено парче платно од волнена преѓа. Целата скутина е орнаментирана со ``светлинки`` и срма а на долниот дел биле прикачени монети. Оваа скутина за телото се прикачувала со врвки а најбитно да се напомене е дека се носела само во комбинација

со кошулите ``вејче`` и ``црногорка``. На нозете невестите облекувале чорапи плетени од волнена преѓа, најчесто во темни бои, а орнаментирани само на горниот дел. Најчесто невестите се венчале во кондури, а во многу постаро време и во опинци. Невестите косата ја чешлале на патец и ја плетеле во повеќе плетенки. Плетенките на крајот се собирале во ``дизги`` кои претставувале домашно ткаени ленти. Како специјален невестински атрибут се носел ``сокај``. Сокајот претставувал долга платнена лента целиот извезен со релјефен вез а од половината надолу бил поткитен со сребрени пари. Сокајот се носел прикачен за плетенките, а невестата го носела до една година.

Сл. бр. 26, невестинска носија, почеток на ХХ век

Page 32: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

32

До почетокот на ХХ век, времето кога престанале да се изработуваат сокаите, било срамота невестата да ја видат без сокај. Над сплетената коса невестите носеле ``фес`` изработен од црвена чоја. На предниот дел на фесот биле наредени три реда златни монети, а на средината се носела една поголема пара ``златен дубљан`` кој доаѓал над челото. За стабилност фесот се придржувал со подбрадник во форма на конец. За уште подобра стабилност над фесот се носела и кадифена лента извезена со срма наречена ``вотус``. Забрадувањето се комплетира со ``тики крпа``, бела крпа, извезена со ``оје`` по рабовите.

Сл. бр. 27, невестинска и празнична носија, средина на ХХ век.

Се носела со краевите префрлени на темето прикачени со иглички. Ова забрадување е наречено ``карогое`` според изгледот на крпата која потсетува на рогови. Како украсни детаљи и составен дел од накитот се носеле ``шикчиња``- иглички споени со федерчиња од кои виселе по три златни монети. Се носеле над ушите од двете страни прицврстени за вотусот. До шикчињата се носеле и цвеќиња. Накитот се состои од ``с`риче``- кадифена лента на која биле закачени стари сребрени монети, ``ѓердан`` кој се носел на горниот дел над облеката а се состои од златни монети закачени на синџир, ``плитанце`` монети закачени на конец кои се носат лево и десно од челото.

Page 33: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

33

Сл. бр. 28, Горни Полог

НЕВЕСТИНСКАТА НОСИЈА ВО ГОРНИ ПОЛОГ

Како прв облековен елемент во овој предел се јавува кошулата со ``киндои``. Овој тип на кошула одстапува од кројот на другите македонски кошули, односно не влегува во типот на ``динарската кошула``. Направена е од домашно памучно платно, а наместо вез, кошулата е украсена со ``ќенари``. Искроена е од преден и заден стан, ширко отворени ракави, ``киндои``, ``подмишканци`` и јака. Каракетеристичното за оваа кошула е нејзиниот крој. Одстапувањето го прави тоа што наместо да се проширува од мишките надолу, оваа кошула се проширува од струкот па надолу. Како знак дека е невестинска кошулата се познава по бројот на ``киндоите``-клинови, кој во периодот на невестинството достигаат и до триесет. Над кошулата невестите облекувале ``навирачка``. Навирачката е горна облека направена од ленено платно, а била кратка до средината на градниот дел. Целата навирачка е богато извезена со бела срма и волнени конци, во геометриски форми. Најкарактеристични се ракавите наречени `` срмени синџирлии`` кои се комплетно извезени и се сметале и како составен дел од кошулата21. До периодот помеѓу двете светски војни како специјален невестински атрибут се носел ``клашеник``.

21 Ѓорѓи Здравев, Македонски Народни Носии 2, Скопје, 2005, стр. 71

Page 34: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

34

Клашеникот е горна безракавна облека од бела клашна искроен од преден и заден стан, ракави, клинови, ``уставки``, ``подмишници`` и јака. Должината достигала до над колената. На задниот дел на клашеникот,на рамениците биле пришиени вид на рудиментирани ракави наречени ``паткавици`` кои всушност представувале две издолжени парчиња. Паткавиците биле украсени со срмен терзиски вез како и целиот заден дел на клашеникот, украсен со срмени везови во најразлични мотиви. Во поново време, кога престанале да се изработуваат клашениците почнал да се носи ``минтан``. Минтанот според некои мислења, жените почнале да го носат гледајки ги жените од соседниот предел `Горна Река`. Како најкарктеристичен дел од оваа носија се сретнува неветинскиот ``колан со китки``.

Сл. бр. 29, невестинска носија, крај на XIX век

Овој појас бил четворно ткаен, богато орнаментиран и извезен на горниот дел. Појасот на краевите бил поткитен со долги и масивни снопчиња од рески наречени ``китки`` кои на горниот дел биле кружно обмотани со срмени ``кушки``. Коланот се опашувал над клашеникот, така што каревите т.е. ``китките`` паѓале над колковите што притоа и давало специфичен изглед на оваа носија.

Page 35: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

35

Скутината во овој предел се нарекувала ``опрегач``. Била составена од две хоризонтално поставени дипли, а на горниот дел набрана поради својата широчина. Целата скутина била украсена со полихромна рудиментална декорација.

Сл. бр. 30, невестинска носија, крај на XIX и почеток на XX век

Page 36: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

36

Скутината е лито исткаена а орнаменирана е со вертикалнли линии во најразлични бои. Во поново време, кога невестите почнале да се венчаваат со минтан, започнале да се носат и по две скутини односно ``опрегач преен`` кој се носел на предната страна и ``опрегач заен``црна лито исткаена скутина, многу набрана која се носела од задната страна. На нозете невестите облекувале чорапи со локален назив ``калчини``. За денот на венчавката невестата облекувала ``калчини бели со пауни``, најстар вид на чорапи. Биле исплетени со една игла од волнена преѓа и речиси целите извезени со срма. На првиот понеделник по свадбата невестата ги облекувала чорапите ``месечарки со ѕвезди``. Над чорапите невестите облекувале ``тозлуци`` вид на получорапи без стапала. Тозлуците биле направени од клашна со богата орнаментална декорација со срма. На нозете се носеле опинци со ``опчајници`` или кондури.

Сл. бр. 31, жени облечени во невестинска носија,

почеток на ХХ век

Page 37: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

37

Невестите ја чешлале коста на патец и ја плетеле во три плетенки. На главата носеле ``преврска`` која претставувала мало плитко капче украсено со метални пари. Над капчето се носела ``крпа срмена``, покривка за глава целата извезена со срма во стилот на навирачката. Оваа крпа била терзиска изработка, украсена со вез, гајтани а на долниот дел украсена со ``пуштаљки`` и сребрени пари. Под крпата како специјален невестински атрибут се носел ``сокај``. Сокајот представувал долго парче клашна, проширено во долниот дел. Целиот бил извезен со срма и орнаментиран во духот на клашеникот. Имало случаи и целиот сокај да биде накитен со стари сребрени пари, а на долниот дел завршувал со црни реси. Сокајот се носел до почетокот на ХХ век, односно до времето кога се носеле и клашениците, бидејки овие два елемента се носеле заедно. Сокајот се носел прикачен за плетенките а со должината достигнувал до колениците. Како понов вид на забрадување се сретнува забрадувањето со ``пембезар``, вид на венец покриен со бел тил во форма на капа. Во комбинација со пембезарот се носеле и ``телои``. Накитот во овој предел е најразновиден и најмасивен. Можеби токму поради него оваа носија се смета за најскапа во Македонија. За да се комплетира забрадувањето на главата се носело ``тас``, сребрен тепелак со капа украсен со пари. Над ушите се носеле ``ушници``низи од стари сребрени пари наредени на сичџири. На градите невестите носеле ``ѓердан панѕир``, големо парче клашна кое го прекривало целиот граден дел богато украсен со сребрени пари а на средината бил пришиен ``тас``- тепелак на краевите украсен со ``титрајки``. На вратот уште се носеле и ``наметушки`` со ``подбрадник`` долги низи наредни со сребрени пари кои паѓале на градите и задниот дел. Овој тип на накит се носел до почетокот на ХХ век, а подоцна почнале да се изработуваат и ``ќустеци`` како и ``колани`` со монистра. Украсувањето на носијата се завршува и со свилени крпи од индустриско платно наречени ``калемќари``.

Page 38: Nevestinskite Nosii Vo Makedonija

38

Користена литература:

- Ѓорѓи Здравев, Македонски Народни Носии 1,Матица Македонска, Скопје, 1996 год.

- Ѓорѓи Здравев, Македонски Народни Носии 2, Матица Македонска, Скопје, 2005 год.

- Збирка автори, Етнологија на Македноците, Македонска Академија на Науките и Уметностите, Скопје, 1996 год.

- Анѓелина Крстева, Народната носија во Скопска Блатија, Музеј на град Скопје, Скопје, 1998 год.

- Анѓелина Крстева, Техники на Везење во Украсувањето на Македонските Народни Носии, Скопје, 2006

- Аница Петрушева, Народната носија во Скопска Црна Гора, Загреб, 1988 год.

- Музеј на Македонија, Забрадување и покривање......... - Списание на здружението на етнолозите во Македонија, Етнолог 4-5,

Скопје, 1994 - Списание на институтот за фолклор `Марко Цепенков`, Македонски

Фолклор бр. 26, Скопје, 1980 год. - Списание на институтот за фолклор `Марко Цепенков`,Македонски

Фолклор бр. 39- 40, Скопје, 1987 год. - Списание на институтот за фолклор `Марко Цепенков`, Македонски

Фолклор бр.45, Скопје, 1990 год.