megunarodna trgovija - copy.doc

25
УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА, СКОПЈЕ СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА СТАНДАРДЕН МОДЕЛ НА ТРГОВСКА ЕКОНОМИЈА

Upload: dodegunnar

Post on 23-Dec-2015

71 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

УНИВЕРЗИТЕТ “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИПФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА, СКОПЈЕ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ МЕЃУНАРОДНА ТРГОВИЈА

СТАНДАРДЕН МОДЕЛ НА ТРГОВСКА ЕКОНОМИЈА

Скопје, Maj, 2013

СОДРЖИНА

Page 2: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Вовед-------------------------------------------------------------------------------2

Индиферентни криви--------------------------------------------------------4

Определувањето на релативните цени------------------------------6

Меѓународни ефекти од растот------------------------------------------9

Раст преку осиромашување-----------------------------------------------9

Меѓународни трансфери на приход----------------------------------10

Проблем на трансфер------------------------------------------------------11

Ефектите од трансферот врз условите на трговија-----------11

Меѓународна дистрибуција на приход------------------------------15

Резиме----------------------------------------------------------------------------16

Користена литература------------------------------------------------------19

1

Page 3: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

СТАНДАРДЕН МОДЕЛ НА ТРГОВСКА ЕКОНОМИЈА

ВОВЕД

Претходните трговски теории потенцираа специфични извори на компаративна предност што доведува до меѓународна трговија и тие се:- Разлики во продуктивноста на трудот ( Рикардовиот модел)- Разлики во ресурси ( Модел на специфични фактори и Хекшер-Олин

моделот)Стандардниот трговски модел е општ модел на трговија кој ги признал горенаведените модели како посебни случаи. Тој е изграден врз база на четири клучни релации: - (1) односот меѓу граничната линија на производствените можности и кривата на релативната понуда;- (2) односот меѓу релативните цени и релативната побарувачка; - (3) определувањето на светската рамнотежа преку релативната понуда и релативната побарувачка; - (4) ефектот на услугите на тргување – цената на извозот на една земја поделен со цената на нејзиниот увоз – врз националната благосостојба;

Претпоставки за овој модел:- Секоја земја произведува две стоки, храна (F) и облека ( C);- Производствената можна граница на секоја земја е мазна крива ( ТТ )Точката на граничната линија на производствените можности, на која всушност економијата поризведува зависи од цената на облеката во односот на храната PC / PF . Линии со слични вредности и линии по кои исходот на пазарната вредност е константен; Графикон 1: Релативните цени го определуваат производниот исхот на една економија;

2

Page 4: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Една економија чијашто гранична линија на производствени можности е ТТ ќе произведе во Q, што е една од највисоките можни изовредносни линии.

Графикон 2: Како зголемувањето на релативните цени на облеката влијаат врз релативната понуда;

Изовредносните линии стануваат пострмни кога релативните цени на облека пораснувааат од од ( PC / PF )1 до (PC / PF ) 2 (прикажано со ротацијата од VV1 до VV2 ). Како резултат на тоа економијата произведува повеќе облека, а помалку храна. Рамнотежата на производствениот исход се поместува од Q1 до Q2 .

Релативни цени и побарувачка

-Вредноста на потрошувачката на економијата е еднаква на вредноста на своето производство:

3

Page 5: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Избирањето на точка од изовредносната линија од страна на економијата зависи од вкусот на своите потрошувачи, и ова избирање може да биде претставено графички преку серија на индиферентни криви;

Индиферентни криви Вкусовите на една единка може да бидат претставени графички со серија од индиферентни криви. Индифирентната крива се состои од комбинации од потрошувачка на облека ( C ) и ( F ) храна, коишто прават единката да биде во еднаква благосостојба. Индиферентните криви имаат три карактеристики:

1. Тие се надолни наклони: ако на една единка и е понудено помалку F тогаш за да се постигне еднаква благосостојба мора да и се даде повеќе C.

2. Колку повисоко и подесно лежи индиферентната крива, толку е повисоко нивото на благосостојба со коешто кореспондира: единката ќе преферира повеќе и од двете добра.

Графикон 3 : Производство, потрошувачка и трговија во стандардниот модел.

4

Page 6: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Економијата произведува во точка Q, каде што граничната линија на производствените можности е тангента на највисоката можна изовредносна линија. Таа конзумира во точка D, каде што таа изовредносна линија е тангента на највисоката можна индиферентна крива. Економијата произведува повеќе облека отколку што конзумира и поради тоа таа извезува облека. Поврзано на тоа, таа троши повеќе храна отколку што произведува, а поради тоа увезува храна.

- Ако релативната цена на облеката, PC / PF се зголеми , изборот на економската потрошувачка се менува од D1 до D2.

- Потегот од D1 до D2 одразува два ефекти: 1.Приходни ефекти 2.Ефекти на замена- Можно е приходниот ефект да биде толку силен така што кога PC / PF

ќе се зголеми , потрошувачката на стоки истотака расте, додека односот на потрошувачката на храна опаѓа.

Графикон 4 : Ефекти од порастот на релативната цена на облека.

5

Page 7: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Наклонот изовредносните линии е еднаков на минус релативната цена на облека PC / PF, така што кога релативната цена ќе порасне сите линии со слични вредности стануваат пострмни. Всушност, линијата на максиумот ротира од VV1 во VV2 , производството се преместува од Q1

до Q2, а потрошувачката од D1 во D2.

Ефектот на благосостојба на промените во рамки на трговијата:

Кога PC / PF се зголемува, ситуацијата во земјата која на почетокот извезува облека се подобрува, како што е илустрирано со поместувањето на D1 во D2

во графиконот 4. Спротивно на тоа, доколку се намалил односот PC / PF , ситуацијата во земјата ќе се влоши, на пример потрошувачката ќе се врати од D2 на D1. Доколку е земјата иницијално, извезувач на храна наместо на облека , насоката на овој ефект ќе биде курсирана спротивно. Зголемувањето на односот PC / PF,

значи пад на односот PC / PF , а ситуацијата во која ќе се влоши, падот на PC / PF ќе ја подобри самата ситуација.Ние ги покриваме сите случаи со дефинирање на условите за трговија како што се цената на доброто што го увезува земјата иницијално. Тогаш, генералниот став е дека порастот на трговијата ја зголемува социјалната благосостојба, додека намалувањето на трговијата ја намалува и нејзината благосостојба.

Определувањето на релативните цени:

Ако претпоставивме дека светската економија е составена од две земји, уште еднаш повторно наречени ,,домашна ‘’ ( која извезува облека) и ,,надворешна’’ ( која извезува храна) страна. Условите на трговија на ,,домашната’’ страна се измерени со помош на PC / PF додека на надворешната страна PC / PF QC и QF се количините на произведена храна и облека на ,,домашната страна’’, а Q*C и Q*F се количините на произведена храна и облека на ,,надворешната страна ‘’. За да го определиме односот PC / PF ние го наоѓаме пресекот меѓу светската релативна понуда на облека и светската релативна потрошувачка. Кривата на светската релативна понуда (RS во графикот 5-5) е со нагорни наклони поради зголемувањето на PC / PF кое води до тоа и двете земји да произведуваат повеќе облека, а помалку храна. Кривата на светската релативна побарувачка RD е со надолни наклони поради зголемувањето PC / PF што води до тоа и двете земји да го пренасочат својот производствен микс подалеку од облека, а поблизу кон храна. Пресекот на кривите ( точка 1 ) ја определува релативната врамнотежена цена (PC / PF )1.

6

Page 8: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Графикон 5 : Светската релативна понуда и побарувачка.

Колку што е повисок PC/PF, поголема е светската понуда на облека во однос на храна (RS) и пониска е светската побарувачка на облека во однос на храна (RD). Урамнотежената релативна цена ( овде (PC/PF)1) е определена од пресекот на кривите на светската релативна понуда и побарувачка. Економски развој: Промена на кривата PC;- Дали економскиот развој во другите држави е добар или лош за

нашата нација ?- Тоа може да биде добро за нашата нација, бидејќи тоа значи поголем

пазар за нашиот извоз.- Истотака може да значи и поголема конкуренција за нашите

извозници.

Дали растот во една земја е повеќе или помалку вреден кога таа нација е дел од тесно интегрирана светска економија?- Тоа може да биде повеќе вредно кога една земја може да продава

некои од производите со зголемено производство на светскиот пазар.- Може да биде помалку вреден, кога придобивките на растот се

пренесуваат на странците отколку да се задржат.

7

Page 9: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Растот и граничната линија на производствените можности;Економскиот раст значи нагорна ротација на граничната линија на производствените можности. Овој раст може да резултира или од зголемување на ресурсите во земјата или од подобрување на ефикасноста со која се користат овие ресурси.Меѓународните трговски ефекти на раст резултираат од фактот дека таквиот раст вообичаено има косина. Косиот развој зазема место кога граничната линија на производствени можности ротира повеќе од една насока отколку во друга. Графиконот 6а илустрира косина во растот кон облека, а графиконот 6б покажува раст кој има косина кон храна. Во секој од овие случаи граничната линија на производствени можности ротира од TT1 кон TT2.

Графикон 6: Кос развој.

Растот е кос кога тој ги ротира производствените можности повеќе кон едно добро отколку кон друго. И во двата покажани случаи граничната линија на производствените можности ротира од TT1 кон TT2. Во случајот (а) оваа ротација е накосенеа кон облека, а во случајот ( б) кон храна.

Релативната понуда и услови на трговија:Извозен – кос развој;- Не пропорционално се прошируваат производствените можности на

една земја во насока на доброто што го извезува.- Ги влошува зголемените услови на трговија на една земја, во корист

на остатокот на светот.Увозен – кос развој.- Непропроционално ги проширува можностите на производство на

една држава во насока на стоките што ги извезува.

8

Page 10: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

- Ги влошува зголемените услови на трговија на една држава, во корист на остатокот од светот.

- Ги подобрува зголемените услови на трговија на една држава, на сметка на остатокот од светот.

Графикон 7: Растот и релативната понуда.

Растот накосен кон облека ја ротира кривата RS кон десно (а), додека растот накосен кон храна ја ротира кривата кон лево (б) .

Меѓународни ефекти од растот; Со користењето на овој принцип, сега се наоѓаме во позиција да го решиме нашето прашање за меѓународните ефекти од растот. Дали растот во останатиот дел од светот добар или лош за нашата држава? Дали фактот дека нашата држава е дел од трговска светска економија ја зголемува или намалува користа од растот ? Во секој случај одговорот зависи од предвидениот раст. Извозно накосениот раст во остатокот на светот е добар за нас, бидејќи ги подобрува нашите услови на трговија, додека увозно накосениот раст надвор ги влошува нашите услови на трговија, бидејќи ги намалува директните исползувања од растот, додека увозно накосениот раст води до подобрување на нашите услови на трговија, што е секундарна полза.

Раст преку осиромашување; - Ситуација каде што извозно-косиот развој од страна на сиромашните

нации може да ги влоши нивните услови за трговија толку многу што би било полошо доколку воошто не се развиени.

- Тоа може да настане во посебни услови: силниот извозен-кос развој мора да биде комбиниран со многу стрмни RS и RD криви.

- Многу економисти ситуацијава ја сметаат како теоретски проблем отколку како проблем од секојдневието.

9

Page 11: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Меѓународни трансфери на приход: ротација на кривата РС

Ние сега се свртуваме од условите на трговија кои потекнуваат од страната на понудата на светската економија кој промените кои потекнуваат од страната на побарувачката. Релативната светска побарувачка за добра може да ротира поради многу пречини. Вкусовите може да се променат, со зголемената грижа за холестеролот побарувачка на риба порасна во однос на побарувачката на црвено месо. Технологијата, исто така, може да ја промени побарувачката: Маслото од кит некогаш се користеше за пополнување на лампите, но потоа беше заменето со керозин, потоа со гас и на крајот со електрична енергија. Во меѓународната економија, сепак, можеби најважното и најконтроверзното прашање во ротацијата на светската релативна побарувачка кое резултира од меѓународните трансфери на приход. Во минатото трансфери на приход меѓу нациите често се случуваат како последица на војни. Германија побара исплата од Франција по доцните порази во Војната меѓу Франција и Прусија во 1871 година. По Првата светска војна победничката алијанса побара големи репарации од Германија ( најголемиот дел од тие останаа никогаш неплатени) . По Втората светска војна, САД им обезбедија помош на поразените Јапонија и Германија, како и на своите сојузници за да им помогне повторно да се изградат. Од 1950 година напредните земји обезбедија помош за посиромашните нации, и покрај тоа што сумите направија најголем придонес во приходот на само неколку од најсиромашните земји.Меѓународните позајмици не се строго само транфери на приход, бидејќи моменталниот транфер на потрошувачка моќ, имплициран во самата позиција доаѓа со обврска за негово оддолжување подоцна. На краток рок, сепак, економските ефекти на сумата пари која е дадена сосема на една нација и таа сума која е позајмена на таа иста нација се слични. Според тоа анализата на меѓународните трансфери на приход е, исто така, корисна за разбирање на ефектите од меѓународните позајмувања.

Проблем на транфер

10

Page 12: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Прашањето за тоа како меѓународните трансфери влијаат врз условите на трговија беше покренато во славната дебата меѓу одличните економисти Бертил Олин ( еден од креаторите на трговската теорија на фактор пропорции) и Џон Мејнард Кејнс. Предмет на дебатата беа наплатите на репарации побарани од Германија по Првата светска војна, и прашањето беше какво оптоварување овие наплаќања претставуваат за германската економија. Кејнс кој обезбеди силен случај дека осветничките услови на сојузниците ( Картагински мир) беа премногу сурови, полемизираше дека монетарните суми кои се побарани се само потврда на вистинското оптоварување на Германија. Тој укажа дека за да им ги исплати парите на другите земји, Германија ќе мора да извезува повеќе, а да увезува помалку. За да го направи ова, полемизираше, Германија ќе мора да го поевтини својот извоз на однос на својот увоз. Резултирачкото влошување на условите на трговија во Германија додаде и дополнително оптоварување врз директниот товар на исплата. Олин се запраша дали, всушност, Кејнс бил во право кога претпоставувал дека условите на трговија во Германија ќе се влошат. Тој го полемизираше спротивното, дека кога Германија би ги подигнала даноците за да ги финансира репарациите, нејзината побарувачка за надворешни добра автоматски ќе се намалила. Во исто време, наплатата на репарациите ќе биде дистрибуирана во другите земји во форма на намалени даноци или зголемена владина потрошувачка, и некое реултирачко надворешно побарување ќе биде за германскиот извоз. Германија ќе може да го намали увозот, а да го зголеми извозот без притоа да ги влоши нејзините услови на трговија. Во овој посебен случај во спорот, дебатата се испостави дека е далеку од самата поента. На крајот, Германија плати многу малку од своите репарации. Прашањето за условите на трговија, ефектите на трансферот, сепак, се појавува изненадувачки во разновидни контексти на меѓународната економија.

Ефектите на трансферот врз условите на трговија

Кога две земји ра распределуваат нивната промена во трошењето во исти пропроции ( поглед на Олин) . - RD кривата нема да се префрли, и ќе нема услови на трговски

ефекти;- Кога 2 земји не ја распределуваат нивната промена во трошењето во

исти пропорции ( од аспект на Кејнз) - RD кривата ќе се префрли и ќе има услови на трговски ефект;- Насоката на ефектот на трговските услови ќе зависи од размената во

домашните и странските начини на трошење.

11

Page 13: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Графикон 8: Ефектите на трансферот врз условите на трговија.

Доколку домашната страна има повисока маргинална склоност кон трошење облека од надворешната, трансферот на приход од дома кон надвор ја ротира кривата RD лево од RD1 кон RD2, намалувајќи ја урамнотежената релативна цена на облека.

-Претпоставки за ефектите на трансферите врз условите на трговија

Еден трансфер ќе ги влоши условите на трговија на донаторот доколку донаторот има повисока маргинална наклоност да троши на своите извозни добра, отколку примателот.

Во пракса, повеќето од земјите трошат многу повисок удел од нивниот приход на домашно произведени добра, отколку странците.- Ова не е потребно поради разликите во вкусот и настануваат пречки

во тргувањето.

Царините и извозните субвенции: симултани ротации на RS и на RD.

12

Page 14: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Увозните царини ( даноци на увозот) и извозните субвенции ( уплати дадени на домашните производители кои продаваат добра надвор) не се вообичаено ставени на место да имаа влијание врз трговските услови на една земја. Овие владини интервенции во трговијата вообичаено играат улога во дистрибуцијата на приход, во промоцијата на индустриската мисла да биде круцијална за економијата, или во балансот на наплати.Каков и да е мотивот за царини и за субвенции, сепак, тие навистина имаат ефекти врз трговски услови коишто може да бидат разбрани со употреба на стандардниот трговски модел. Дистинктивната карактеристика на царините и извозните субвенции е дека тие создаваат разлика меѓу цените при кои добрата се тргуваат на светскиот пазар и нивните цени во рамките на земјата. Директниот ефект на царините е да се направат увезените добра поскапи внатре во земјата од нивната цена надвор. Извозните субвенции им даваат на производителите потстрек да извезуваат. Поради тоа ќе биде попрофитабилно да се продава надвор отколку дома, освен во случај кога цената е повисока дома, така што таквата субвенција ја зголемува цената на извезените добра во самата земја. Цената се менува како резултат на тоа што царините и субвенциите ја менуваат релативната понуда и релативната побарувачка. Резултат е ротација на трговските услови на земјата која наметнува промена на политиката и на трговските услови во другиот дел на светот.

Ефекти на царините врз релативна побарувачка и понуда

Царините и субвенциите забиваат клин меѓу цените со кои добрата меѓународно се тргуваат ( надворешни цени) и цените со кои се тргуваат тие во рамките на самата земја ( внатрешни цени ) . Условите на трговијата одговараат на надворешните цени, додека не одговараат на внатрешните цени.

13

Page 15: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Графикон 9: Ефектите на царината врз условите на трговиј

Увозната царина наметната од домашната страна ја намалува и релативната понуда на облека ( од RS1 на RS2) и ја зголемува релативната побарувачка ( од RD1 на RD2) . Како резултат, релативната цена на облека мора да опасне.

Ефекти од извозни субвенции

Царините и извозните субвенции се често третирани како слични политики, бидејќи и двете навидум ги поддржуваат домашните производители, но тие немаат спротивни ефекти врз условите на трговија.

Графикон 10: Ефектите од субвенциите на условите за трговијата

14

Page 16: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Ефектите на извозните субвенции се спротивни од оние на царината. Релативната понуда на облека расте, додека релативната побарувачка опаѓа. Домашните трговски услови се намалуваат како што релативната цена на облека опаѓа од ( PC/PF)1 на ( PC/PF)2.

=Импликации на ефектите врз трговските услови: Кој добива, а кој губи ? Прашањето за тоа кој добива, а кој губи од царините и од извозните субвенции има две димензии. Прво е прашањето на меѓународната дистрибуција на приход, второ е прашањето на дистрибуција на приход во рамките на секоја од државите.

Меѓународна дистрибуција на приход

Доколку наметне домашната страна царина, тоа ги подобрува нејзините трговски услови на сметка на условите на надворешната страна. Според тоа царините го погодуваат остатокот од светот. Ефектот врз домашната благосостојба не е толку очигледен. Подобрувањето на трговските услови е исползувано од страна на домашната страна, сепак, царината, исто така, наметнува трошоци за нарушените производствени потрошувачки потстреци во рамките на домашната економија. Добивките од трговските услови ќе ги надминат загубите од ова нарушување само доколку царината не е премногу голема: ние подоцна ќе видиме како се дефинира царинскиот оптимум којшто ги зголемува нето-користите. За малку земји тоа не може да има големо влијание врз нивните трговски услови, оптималната царина е близунула. Ефектите од извозните субвенции се доста јасни. Трговски услови на надворешната страна се

15

Page 17: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

подобруваат на сметка на домашните услови, ставајќи ги во јасно подобра ситуација. Во исто време, домашната страна губи од влошувањето на трговските услови и од нарушувачките ефекти на својата политика. Оваа анализа навидум покажува дека извозните субвенции никогаш немаат смисла. Всушност, тешко е да се дојде до каква било ситуација во статус на раст преку осиромашување, како и трансферот којшто ја влошува состојбата на примачот. Оваа ситуација е можна теоретски, но ќе се случи само при екстремни услови, и не е многу веројатна во практиката. Ставајќи ги настрана можностите на Метцлеровиот парадокс, царините ќе му помогнат на домашниот сектор којшто се бори со увозот, додека го погодуваат извозниот сектор. Извозните субвенции ќе го направат спротивното. Оваа промена во распределбата на приходот во рамките на една земја е ќесто поочигледна и поважна во формирањето на политиката, отколко промената во распределбата на приходот меѓу земјите којашто резултира од промените во условите на трговија.

РЕЗИМЕ

1. Стандардниот трговски модел ја добива кривата на светската релативна понуда од производствените можности, а кривата на светската релативна побарувачка од приоритетите. Цената на извозот во однос на увозот, условите на трговија на една определена земја, се определени со вкрстувањето на кривите на светската релативна потрошувачка и понуда. Слично на тоа, порастот на условите на трговија во земјата ја зголемуваат нејзината благосостојба. Спротивно на тоа, намалувањето на условите за трговија во една земја ја остава земјата во полоша ситуација.

2. Економскиот раст значи нагорна промена на граничната линија на производствените можности. Таквиот раст во основа е кос, што значи дека граничната линија на производствените можности ротира повеќе од насока на едни добра, а помалку во насока на некои други добра. Непосредниот ефект на косиот раст води до зголемување на светската релативна понуда на добрата кон кои растот е накосен. Оваа промена во кривата на светската релативна понуда во круг води до промена на растечките трговски услови на земјата, и може да биде во која било насока. Доколку растечките трговски услови на една земја се подобруваат, ова подобрување го засилува иницијалниот раст дома, но го погодува другиот дел од светот. Доколку растечите трговски услови во една земја се влошуваат, ова намалување компензира дел од погодните ефекти на растот дома ,но е од полза за остатокот од светот.

16

Page 18: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

3. Насоката на ефектите на условите на трговија зависи од природата на самиот раст. Растот кој е накосен кон извоз( раст кој ја шири способноста на една економија да произведува добра кои се иницијално извозни повеќе отколку што ја шири способноста да произведува добра кои може да се натпреваруваат со увозот) ги влошува трговските услови. Во спротивен случај, растот кој е накосен кон увоз, непропорционално ја зголемува способноста за производство на увозно конкурентни добра, и ги подобрува условите на трговија во самата земја. Можно е за увозно накосениот раст надвор да ја погодува земјата.

4. Меѓународните трансфери на приход, како што се воените репарации и странската помош, може да влијаат врз условите на трговија во една земја со ротација на кривата на светската побарувачка. Доколку земјата која е примател на трансфер троши повисока пропорција од зголемувањето на приход на своето извозно добро отколку давачот на истиот тој трансфер, трансферот ја зголемува светската релативна побарувачка за доброто извезено од страна на примателот и на тој начин ги подобрува своите услови за трговија. Подобрувањето го засилува почетниот трансфер и обезбедува индиректна корист во прилог на директниот трансфер на приход. Од друга страна, доколку земјата примател има пониска склоност кон трошење на нејзиниот извоз на маргината отколку донаторот, трансферот ги влошува трговските услови на земјата примател, компензирајќи во краен случај барем дел од ефектот на трансферот.

5. Во практика, поголемиот дел од земјите трошат многу поголем дел од нивниот приход на домашни производи отколку што го прават тоа странците. Ова не се должи секогаш на разликите во вкусовите, туку повеќе на трговските бариери, природни и вештачки, кои ги прават нетрговски поголемиот дел од добрата. Доколку нетрговските добра се натпреваруваат за ресурси со извезените, трансферите вообичаено ќе ги зголемат условите за трговија кај примателот. Доказот сугерира дека токму на овој начин се одвиваат работите.

6. Увозните царини и извозните субвенции имаат влијание и на релативната понуда и на релативната побарувачка. Царината предизвикува пораст на релативната понуда и на увезените добра на една земја додека ја намалува релативната побарувачка. Царината недвосмислено ги подобрува условите за трговија на една земја, на сметка на другиот дел од светот. Извозните субвенции имаат спротивен ефект, зголемувајќи ја релативната понуда и намалувајќи ја релативната побарувача за извозните добра на земјата, и на тој начин влошувајќи ги условите на трговија.

7. Ефектите на трговските услови на извозните субвенции ја погодуваат субвенционираната земја, а носат корист за другиот дел од светот, додека оние со царини го прават спротивното. Ова сугерира дека извозните субвенции немаат смисла од национална гледна точка, и дека странските извозни субвенции треба да бидат подобредојдени од оние спротивните. И субвенциите и царините,

17

Page 19: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

сепак, имаат силни ефекти, често многу потешки за самата политика отколку за самите грижи за трговските услови.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА:

18

Page 20: MEGUNARODNA TRGOVIJA - Copy.doc

Интернет архива на материјали од меѓународна трговија. Превземено на 09.05.2013. www.buyuksahin.com

Пол Кругман и Морис Обстфелд - International Economics: Theory and Policy, шесто издание.

19