makedonski jazik i literatura za iv godina

175

Upload: -

Post on 29-Jan-2016

395 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

презентации на содржините поМакедонски јазик и литература

TRANSCRIPT

Page 1: makedonski jazik i literatura za IV godina

ДОБРОДОЈДОВТЕ!Вие сте на почетокот на презентациите од содржините поМакедонски јазик и литература за четврта година насредното стручно образование. Тие се правени според

новата наставна програма за четиригодишно образование,приготвена од Бирото за развој на образованието на

Република Македонија.Во првиот дел е предаден граматичкиот материјал, а во

продолжение се изложени содржините од подрачјето светскаи македонска литература. Во недостаток на учебници и другипомагала за делот од литература, се користени податоци одразни извори, најчесто од интернет и особено се внимаваше

да не бидат тоа страници со застарени (неажурирани)податоци, или такви кои поради нечија неодговорностпрестанале да се отвораат (на пример, страницата на

Друштвото на писателите на Македонија).

Page 2: makedonski jazik i literatura za IV godina

Опитот стекнат со презентациите (и текстовите) за втора итрета година се користеше да се внесат некои новини во

изложувањето на податоците.При обработката на слајдовите е користена програмата запрезентации на Softmaker office. За да може да се читаат

коментарите кон некои автори (или лекции) препорачувамеда се инсталира adobe reader x или pdf-xchange-viewer.

Материјалите можат слободно да се користат и печатат (ноне за комерцијални цели).

Вашите коментари и забелешки за евентуални пропусти ќеми бидат драгоцени за нивно отстранување.

Мојата адреса: [email protected] и мојот блог:trajan-vapcar.blogspot.com

Трајан Божинов, професорУспех на матурата!

Page 3: makedonski jazik i literatura za IV godina

ФРАЗЕОЛОГИЈАФразеологијата е дел од лексикологијата која ги проучува

зборовните состави како одделни лексички единици,наречени фразеологизми или фразеолошки изрази (грч.

phrasis = израз; logos = наука, учење).Во реченицата зборовите се поврзуваат меѓу себе во составиили целости. Врската меѓу зборовите во тие состави може да

биде слободна, при што зборовите си ги задржуваатосновните значења: Мие раце пред секое јадење. Но во

реченицата Мие раце од таа работа; врската е неслободна ипостојана, а одбележаниот состав има значење: отфрла

одговорност од себе за нешто.Тоа значење е ново и сосемаразлично од основното значење на составот.

Составите од овој тип имаат ново значење кое не е збир одзначењата на составните зборови. Спореди уште: прст иплева = многу (прст, арх.= ровка земја); од новина на

гинеж = многу ретко; скрши глава =отиде некаде.

Page 4: makedonski jazik i literatura za IV godina

Фразеологизмите ги имаат следниве одлики: 1. Тие се соскаменети, неизменливи форми: не може да се каже прстот и

плевата, или дедови деветини, ами само прст и плева, ибабини деветини. 2. Имаат ново и единствено значење,еднакво на одделни лексички единици (лексеми): му ја

покажа вратата =го истера; скрши глава =отиде; мед имлеко = сѐ; стара коска = издржлив; петта колона =

предавници. 3. Имаат посебна стилска вредност, се користипреносното (метафорично) значење на зборовите: огин ипламен =многу е скапо; како од мајка роден = сосема

гол; од комарецот масло вади =голем скаперник е;мувата камила ја прави = ги преувеличува работите.

Фразеологизмите настанале во одреден момент, какорезултат на одредено животно искуство, се поврзани за некој

настан и сл. Тие се специфични за секој јазик и многу етешко да се преведуваат буквално на друг јазик.

Цитат за овој час: Јазикот коски нема, коски крши. Народна поговорка

Page 5: makedonski jazik i literatura za IV godina

ПОДЕЛБА НА ФРАЗЕОЛОГИЗМИТЕФразеологизмите можеме да ги поделиме врз повеќе основи:

според степенот на слеаноста (неделивоста), споредграматичкиот состав, според потеклото, според значењето,

според функциите и сл.I. Според степенот на слеаноста фразеологизмите ги делиме

на: а. фразеолошки срастувања, б. фразеолошкиединства и в. фразеолошки спојки.

а. Кај фразеолошките срастувања степенот на слеаностае најголем и тоа се зборовни групи неделиви по своето

значење. Се викаат уште и идиоми. Врската меѓу зборовитее најнеслободна. Значењето што го имаат е сосема различно

од значењето на составните зборови: рака на срце =отворено; фрла пушка = пука (арх.). Поради големата

сраснатост меѓу зборовите, тие најчесто не ја менуваат ниграматичата структура: на лице место; се фатија за

гуша; не може: се фатија за гушата.

Page 6: makedonski jazik i literatura za IV godina

б. Фразеолошките единства се изрази кои можат даимаат и основно значење, но и преносно. Кај овие

фразеологизми врската меѓу значењата не е сосемапрекината. Така во Го обра бостанот и го продаде; и

Притиснат е до ѕидот и одвај дише; значењето на составитее основно, директно. Но во примерите: Го обра бостанотдури сега и Притиснат е со докази и мораше да признае,

значењето на составите е преносно и сликовито.Тоа се фразеолошки единства кај кои врската меѓу

зборовните состави може да биде полабава, па меѓу нивможе да се вметнуваат и други зборови. Спореди уште: Имамува (пчела) на капата; лови во матно; ја врти водата

на својата (твојата) воденица. Тоа значи дека врскатамеѓу основното и преносното значење не е целосно

прекината. в. Фразеолошките спојки се зборовни составикај кои само едниот од зборовите има преносно значење, а

другиот се јавува со своето основно значење.

Page 7: makedonski jazik i literatura za IV godina

Кај овие изрази едниот член се јавува како постојан дел, адругиот е променлив и може да се замени.Спореди: златна(сребрена) свадба = 50. (25.) годишнина од брак; железна(челична) дисциплина; леден (студен, мрачен) поглед.

Овие спојки не се целосно лексикализирани и дури некои однив можат да претрпат и морфолошки промени.

г. Некои лингвисти (Ружа Паноска) во посебна група гиодделуваат т.н. фразеолошки изрази кои стојат близу дофразеолошките срастувања и фразеолошките единства. Тоа

се неделиви зборовни состави и со постојано значење.Некои од нив се добиени по литературен пат (Ахилова

петица, Авгиеви обори, алфа и омега). Во оваа група сепоместуваат пословиците, поговорките цитатите и сл: седикакона трње; ги продаде рибите - гонапрчи кошот;

гозеде на душа; сега му е мајката, коцката е фрлена;во четири очи; со половина уста; Тука спаѓаат пред сѐ

оние кои во себе содржат преносно (метафорично) значење.

Page 8: makedonski jazik i literatura za IV godina

II. Според граматичкиот состав фразеологизмите делиме водве основни групи: а. фразеологизми во форма на реченицаи б. фразеологизми во форма на зборовна група (синтагма).

а. Фразеологизмите со структура на реченица можат дабидат во вид на проста реченица, (си легна на брашното;

го зеде на око; има вујко владика); како сложенареченица, (кај скокала козата, таму ќе скока и јарето;

посакала шута рогови, останала и без уши)или, пак, како дел-реченица од сложената реченица (Сите

знаевме дека има зајачко срце; Слушнавме како само соеден збор му ја затвори устата).

б. Фразеологизмите во форма на синтагма можат да бидатсоставени од различни зборовни групи: 1. од придавка и

именка (железна завеса; цврста рака; здрав разум); 2.од именка и именка (забот на времето; ветар и магла;од лулка до дупка). Спореди уште во народниот јазик:

Page 9: makedonski jazik i literatura za IV godina

како брашно на заем; повторија - потресија(повторниот брак може да предизвика непријатности);

вересија - потресија; ортаклак - кипезлак (=срамотилак; ортачката работа може да донесе срамота ако

не се работи чесно) 3. од придавка и придавка (носеннедоносен; од мил помил стана); 4. од број и именка

(два-три дена, пет-шест месеци); 5. од прилог и прилог(криво-лево; згора-згора; криво ти право ти, така си е;

колку-толку, доволно ни е).Надвор од именските групи (синтагмите), можат да серазгледуваат фразеологизмите составени од глаголски

форми со спротивставен (антонимен) однос (коли-беси;врти-сучи; оди ми дојди ми прави); или пак од глаголскиименки (кои пак се на границата меѓу глаголите и именките:

земање-давање). Според уште и: на ти, дај ми.Цитат за овој час: Живо живољанче, на жив скут седе, живо месо тегле.

(дијалектно, гат. бебе кое цица)

Page 10: makedonski jazik i literatura za IV godina

СТИЛИСТИКАСтилистиката е научна дисциплина чиј предмет на

проучување е стилот. Самиот поим стил е повеќезначен и секористи во јазикот, во литературата и другите гранки на

уметноста, како и во речиси сите сфери на животот (модата,спортот, политиката). Во краен случај стилот е начин на

однесување на секој човек како индивидуа (Стилот, тоа есамиот човек - Ж. Бифон).

Што се однесува до тој поим во јазикот и литературата,стилот можеме да го определиме како начин на

изразување, како начин на пишување и зборување; уштекако начин на употреба на јазичните и литературнитеизразни средства и т.н . Науката која се занимава со

проучување на стилот во литературните дела се нарекувалитературна стилистика, додека лингвостилистикатаги проучува јазичните средства во литературните дела. Во

нивните рамки постојат повеќе подвидови и правци.

Page 11: makedonski jazik i literatura za IV godina

Меѓу нив се задржуваме на функционалната стилистика,која се занимава со проучување на функционалните стилови.Под функционален стил се подразбира начин на користење

на јазикот во определени услови. Тука мислиме пред сѐ наобласта во која се одвива општењето; дали тоа општење сејавува во писмена или говорена форма; дали карактерот на

општењето е службен (официјален) или неслужбен и сл. Иакопонекогаш е тешко да се разграничи еден стил од друг, затоа

што меѓу нив нема остра граница, сепак ги издвојувамеследниве функционални стилови: научен, административен,

публицистички, уметничколитературен и разговорен.1. Научниот стил се користи во науката, во образованието,како и за популаризација на научните достигнувања. Се делина три потстилови: строгонаучен, научно-популарен и научно-учебнички. а. Строго научниот потстил се употребува припишување на дела со научна содржина кои се наменети за

специјалисти од одредени области.

Page 12: makedonski jazik i literatura za IV godina

При тој потстил се оперира со поими и факти кои не сесекогаш, или малку се, разбирливи за пошироката

читателска публика. Исто така многу често приформулацијата на некои докази и термини се цитираат (се

пренесуваат) мислењата на други научници. Писмени форми(родови) преку кои се застапува овој потстил се:

монографија, дисертација, реферат и сл.б. Научно-популарниот потстил ги има меѓу другитефункции, и таа да ги запознава читателите со научните

сознанија, на разбирлив начин, со едноставен јазик. Форми(родови) преку кои се пројавува се: книга, статија. Вопоследно време тој потстил е доминантен во научно-

популарните серии на телевизија и на интернет.в. Научно-учебнички потстил се користи при пишувањена учебници, прирачници и сл. Научните сознанија и фактисе предаваат за оние на кои им се наменети учебниците, на

разбирлив начин (или дури забавен - за најмалите!).

Page 13: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во врска со областите што се предмет на проучување наукитеги делиме на хуманитарни (науката за јазикот, науката за

литературата, историјата, филозофијата и сл.);природноматематички (математиката, физиката, хемијатаи сл.) и технички науки (електротехниката, машинството,

градежништво).Што се однесува до лексиката која се користи во овој стил,

таа во основа е општонародна, со висок степен наинтернационализми (особено кај техничките науки), како и на

зборови од апстрактната лексика. И во поглед наморфологија и синтаксата овој стил има свои особености што

го разликува од другите стилови (засилена употреба наименките наспроти глаголите; зачестена употреба на

безличните и пасивните реченици и сл.).2. Административниот стил (канцелариски, официјално-

деловен) зафаќа широко подрачје на употреба. Се користи воопштењето меѓу државите, во институциите на една држава,

Page 14: makedonski jazik i literatura za IV godina

како и во обраќањето на граѓаните до институциите водржавата. Овој стил ги апсорбира исто така активностите икомуникацијата на разни организации и политички партии.

Особености на овој стил се одмереност, објективност иинформативност. Користи востановени форми на изразување

преку употреба на однапред изготвени формулари.Потстилови на административниот стил се: дипломатскиот,

законодавно-правниот, деловниот , личниот(персоналниот) и општествено-политичкиот потстил .

Во зависност од тоа за кој потстил се работи, лексикатаможе повеќе или помалку да се разликува. Така, за

дипломатскиот потстил се вобичаени зборови и изрази како:акредитација, протестна нота, аташе. Дури и се

претпочитува оригиналната форма persona non grata(непожелна личност). Фрази и термини од

интернационалната лексика се вообичаени и за законодавно-правниот потстил: предлог-резолуција, амандман, параграф.

Поука за овој час: Зборот дупка не дупнува, ама се паметува. Народна

Page 15: makedonski jazik i literatura za IV godina

За деловниот и личниот потстил се својствени термини какомолба, приговор, подносител (на барањето). Во поглед на

морфологијата кај овој стил, употребата на именките еповообичаена за сметка на глаголите; и уште: за лицата одженски род кои вршат функции да се користи формата за

машки род: директор, претседател, судија (но воразговорниот јазик – судијка).

Во областа на синтаксата се користат веќе востановениобрасци од типот на Врз основа на член ...од Законот за...;

На барање на ... Заради потребата од точни и недвосмислениискази, во еден текст често има повторување на исти

формулации. Тоа особено се однесува за законодавно-правниот потстил.

3. Публицистички стил . Овој стил ги зафаќа сите сферина општествениот и политичкиот живот: образованието,

науката, политиката, економијата културата и сл. Се јавуваво пишувана (почесто) и во говорена форма (поретко).

Page 16: makedonski jazik i literatura za IV godina

Се реализира преку следниве медиуми: весниците, радиото,телевизијата и во последните години преку интернетот, којпак, ги обединува другите медиуми. Од функциите што гиостварува овој стил најважна е информативната. Со неа сеима за цел да им се пренесе информацијата на широкиот

круг корисници, при што брзината на преносот е исто толкуважна колку и самата информација. Многу често прекуновостите што се објавуваат се искажуваат и личнитеставови на авторите, со кои се сака да се влијае на

создавање на јавното мислење.Кај овој стил може да разграничат два потстила:

новинарски со кој најмногу се информира (преку вести,соопштенија, интервјуа); се анализира (преку уводници,

коментари, полемики, критики; се забавува (преку додатоциза енигматика) и публицистички во потесна смисла, во кој

се доминантни монографијата и фељтонот и преку кои сеосветлуваат настани и личности од минатото и сл.

Page 17: makedonski jazik i literatura za IV godina

Иако во основата на овој стил (и на другите стилови) треба дабиде литературниот (стандардниот) јазик, многу често се

наидува на јазични пропусти и недоследности. Какоолеснителна околност не може да се земе оправдувањето

дека поради брзината со која треба да се соопшти веста, сезаборава на јазикот, или пак, дека слободата на изразувањето

вклучува и слобода на користење на јазичните средства.4. Уметничколитературниот стил се негува во

литературата која е една од гранките на уметноста. За овојстил е значајно тоа што провладува естетската функција, за

разлика од другите стилови, каде што е доминантнакомуникативната функција. Уметничколитературниот стил сеостварува низ трите родови (лирика, епика и драма), кои пак,

во себе содржат по повеќе видови. За доловување наестетската функција авторот користи стилски фигури и тропи.

Богатството на лексичкиот состав на јазикот најцелосно сеодразува токму преку овој стил. Иако во основата на

уметничколитературниот стил е стандардниот

Page 18: makedonski jazik i literatura za IV godina

(литературниот) јазик, писателот по потреба посегнува подијалектизми, архаизми и други нестандардни елементи за

да наслика поуверливо некој лик или некоја средина.Понекогаш авторот прибегнува и кон создавање на новизборови (неологизми), ако тие ги спазуваат нормите за

зборообразување на јазикот.5. Разговорниот стил има широка област на користење во

секојдневниот живот и главно служи за комуникација. Сомали исклучоци, се користи говорената форма преку

раскажување, дијалог, полилог. Во зависност од тоа којопштествен слој го користи, можеме да зборуваме за повеќе

потстилови на разговорниот стил: разговорен потстил наученици и студенти, разговорен потстил на затвореници,

разговорен потстил на занаетчии и трговци т.н.Овој стил има повеќе особености како што се: економичност

во изразувањето (како си?, каде?, пријатно!) при што секористат гестови и сл. за дополнување на исказот;

Page 19: makedonski jazik i literatura za IV godina

непосредност и спонтаност кои се создаваат при самотоопштење како резултат на меѓусебните реакции на

соговорниците; слобода во изразување при што почесто секористат зборови за искажување на емоционални состојби.

Во поглед на јазичните особености многу често имаотстапување од литературната норма, како на фонетски и

морфолошки план, така и во областа на лексиката: елизија нагласовите: глеам, ќ одиме и ќе ојме; користење на

интонацијата за искажување на значење спротивно на она штоби го очекувале: Многу му знае устата!; употреба на наставкинетипични за нормата: пивара, лебара филмаџија, зачестена

употреба на сврзници заради поголема сликовитост иизразност; лексеми како мерак, шиткач, апаш, фразеологизми

од типот на за сто мерака. За овој стил и во областа насинтаксата се среќаваат типични конструкции: Слушај сега

вака; Абе види тоа! Треба многу, што се вели, пот!Поука за овој час: Зборот дури не го продумаш и преживаш добро, не збори

го пред секого. Народна поговорка

Page 20: makedonski jazik i literatura za IV godina

ДИЈАЛЕКТОЛОГИЈАДијалектологијата е дел од науката за јазикот која се занимава

со проучување на дијалектите (говорите) на еден јазик. Ворамките на еден општонароден јазик постои литературна(стандардна) норма која е задолжителна (официјална) заобразованието, културата, науката и другите области на

општествениот живот, и на целата територија на државата. Ноисто така постои и јазик кој е ограничен на поголема или

помала територија и кој служи за комуникација меѓу луѓето одтаа територија. За тој јазик велиме дека е дијалектен или

дијалект (од грч. dialektos = говор, зборување; и logos = наука).Во поново време на проучувањето на дијалектите им сепосветува особено внимание, бидејќи тие претставуваат

системи со изградена внатрешна структура, а не обичен збир најазични особености. Во тесна врска со дијалектната

диференцијација (поделба, разграничување) на јазикот, стоиобјаснувањето на поимите: дијалект, говор и наречје.

Page 21: makedonski jazik i literatura za IV godina

Под поимот дијалект подразбираме поголема јазичнацелина ограничена на одредена територија, или какотериторијална варијанта на еден јазик, кој служи како

средство за општење на поголема група луѓе.Поимот говор го објаснуваме како помала јазична целинакојa е територијално и социјално е ограничена. Говоротслужи за изразување на помала група луѓе, понекогаш

професионално и социјално поврзани (говор на ѕидарите, =дулгерски говор, арх., говор на трговците, говор на

затворениците и сл.).Наречјето е најголема јазична целина која обединува

повеќе блиски дијалекти или група дијалекти и говори, коиимаат повеќе заеднички јазични особености.

Врз основа на фонетските, морфолошките и синтаксичкитеразновидности, македонската јазична територија се дели на

три наречја: западно наречје, југоисточно наречје исеверно наречје (според проф. Божидар Видоески).

Page 22: makedonski jazik i literatura za IV godina
Page 23: makedonski jazik i literatura za IV godina

Покрај ова, позната е поделбата на македонските говори надве основни групи: на западна и источна група, меѓу кои

се преодните говори тиквешко-мариовските икостурско-леринските (според проф. Блаже Конески).

Секое од овие наречја покрај општонародната лексика која езаедничка за сите дијалекти и говори, има и зборовен(лексички) фонд карактеристичен само за тоа наречје.

Дел од особеностите на македонските говори се јавиле какорезултат на внатрешниот развој на македонскиот јазик и се

прошириле на поголемиот дел од македонската јазичнатериторија (замената на еровите ъ и ь, со о, односно е;

наставката -ме за прво лице множина, појавата на членот,удвојувањето на предметот и сл.). Но има и особености кои

настанале под влијание на соседните словенски инесловенски јазици (губењето на падежите, губењето на

инфинитивот, постпозицијата на членот). Дел од јазичнитецрти, пак, се карактеристика само на одделни говори.

Page 24: makedonski jazik i literatura za IV godina

ИЗГОВОРОТ НА НЕКОИ ГЛАСОВИӑ Се изговара како старословенските ъ, ь: вӑк, пӑноạ Гласот а кој клони кон изговорот на ӑ: нạ-тạв'ано

ọ Гласот о кој клони кон изговорот на у: пọчн'алаẹ Гласот е кој клони кон изговорот на и: сẹг'а

ӑа Гласот ӑ кој клони кон изговорот на а: сӑас, огӑања:, о:, и:, е:, у:, Долго а, о, и, е, у во некои говори: в'а:,(лит. оваа) д'а:м (лит. дадам), ут-к'о: (лит. од кога), ти:

(лит. тие)гк Звучно г на крајот на зборот: п'ологк,

ў , л кое поминува во неслоговно у: ж'оўтице, т'оўкуИлустративниот материјал кон одделните говори е позајмен

од книгата на Божидар Видоески: Текстови оддијалектите на македонскиот јазик, Скопје 2000. Занекои прашања е консултиран и учебникот на авторитеВенко Андоновски и Марјан Матковиќ: Македонски

јазик и литература за IV година, Култура.

Page 25: makedonski jazik i literatura za IV godina

ЗАПАДНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕОва наречје го зафаќа западниот дел на македонската

јазична територија. Се простира од западните делови на ШарПланина на север, сѐ до јужниот дел на Преспанското Езеро.Јужната граница е нешто малку посеверно од градот Лерин и

на исток оди нешто позападно од течението на Црна Река,излегува малку по на исток од Велес. Североисточната

граница продолжува кон Скопје и излегува нешто посеверноод Скопје. Со правецот Скопје-Тетово-Шар Планина се

затвора северната граница.Западното наречје се дели на две основни групи говори:

Централни говори и периферни говори. 1.Централната група говори ја сочинуваат говорите:

скопско-велешки, прилепско-битолски, кичевски-поречки. 2.Во периферната група говори влегуваат говорите:

горнополошки, дебарски, малорекански дебарски, реканскиторбешки, дримколско-голобрдски, струшки, охридски,

преспански и вевчанско-радошки.

Page 26: makedonski jazik i literatura za IV godina

Говорите од западното наречје имаат повеќе заедничкиособености кои ги поврзуваат меѓу себе, а со кои сеодделуваат од југоисточното наречје. На фонетско-

фонолошки план се: третосложниот акцент (неговата,воденицата, учите лите, не ми се јаде); нормален изговорна неакцентираните самогласки; губење на интервокалното

в (глаа, крастаица, суроица >суројца); замената на ѣ (јат) вое зад ц (цеди, цени, цедило); појава на протетичко

(вметнато) ј (јаже, јадица, јаглен); губењето на х и неговазамена со в/ф (страв/страф, стравот, бев/беф, мевот).

Од морфолошките и синтаксичките особености гиистакнуваме: множинската форма -ови (столови, снопови);постоење на тројниот член (човекот - човеков - човекон);личната заменка за 3.л. (тој, таа, тоа, тие); употреба на

дативните форми кај личните и роднинските имиња (му речеСтојану, Петреве/ Петрету); доследна употреба на двојниотпредмет (Го видов човекот, ѝ реков на жената); зачестена

Page 27: makedonski jazik i literatura za IV godina

употреба на конструкциите од типот има/нема и глаголскапридавка (имам носено, имав носено, имал носено);

испуштање на помошниот глагол во 3. л. во перфект (тојгледал, тие гледале); употреба на конструкции од помошниот

глагол сум и глаголска придавка (е дојден, бил дојден);употреба на кратките заменски форми пред глаголот (го

најде, му рече,).Сепак говорите од западното наречје имаат и повеќеособености со кои тие меѓу себе се разликуваат и се

одделуваат. Така, различна е замената на старословенскотоѫ (он) во периферните говори (рӑка, рока, рӓка); замената навокално р и л (пӑрсти, сӑрце, вӑлк, слӑнце, сӑлза); користењена фонемите шт и жд , односно шч, жџ (свешта, викаешти,

межда), потоа чување на старото ѕ (ноѕе/ноѕе, бубреѕи).Разликувачки особености има и кај некои наставки во

глаголските времиња и сл.Поука за овој час: Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето.

Народна поговорка

Page 28: makedonski jazik i literatura za IV godina

Западно наречје - Централни говориГоспод и Нојо (Прилеп)

Му-к'ажал Г'оспо на-Н'оја, ќе-б'иди п'отоп. Н'ојо р'екол: Кога-ќ'е-биди п'отопо да-зн'ам. Кога-ќ'е-биди, коа-ќ'е-ј'адиш на-ж'елезна

с'инија, т'огаш да-се-с'етиш, да-се-с'етиш оти-ќе-б'иди. Ама-да-си-н'апрајш к'орап п'оголем, да-з'емиш от-с'екоа л'ишка по-дв'е да-не-се-з'агуби с'емето. Б'ило л'ете, жн'ијале. 'Озгора в'рни, 'оздола в'ода'извирај. И-кл'але с'рпојте в'ака, и-ск'рстиле, и-кл'але л'еб да-ј'адат,и-т'огаш се-с'етиле оти-ќе-б'иди п'отоп, како-шо-р'екол Г'оспо. Се-нас'обрале от-с'ите л'ишки по-дв'е, по-дв'е, вл'егле во к'орабо и-на-некој-р'ид н'ајголем шо-б'ил на-св'етот, н'ајвисок, т'аму ќе-го терал

Н'ојо. Се-ск'инал п'усти к'орап н'егде, вл'егло в'ода, зм'ијата со-оп'ашката го-з'атнала. И-коа -'излегле т'аму в'еќе на-суво, р'екла

зм'ијата: от-која крф је-н'ајблага 'од-неа да-п'ијат. Па-чоечкат'а-крфб'ила н'ајблага. Г'арванот з'инал да-к'ажи, дури-р'екол г'а,

ласт'ујцата му-го-ск'инала ј'азико со-кл'унот, 'останал г'аврано б'ез-јазик в'ек и-с'ут. А-пак-ласт'ојцата з'ела ч'ес, с'еа з'атоа во-к'уќа

пр'ај с'едела. Дунавка Конеска (Блаже Конески)

Page 29: makedonski jazik i literatura za IV godina

Западно наречје - Периферни говориИмало и побудали (Вевчани)

Б'иле мајка-'и-ќерка. Ќ'еркава б'ила тр'удна. 'Имале ск'епар на-п'олица кл'ајно и-пл'ачеле с'екој-ден, си-м'ислеле: ќа-се-р'одит

д'ете, ќа-п'аднит ск'епарот и-ќа-го-'оперит д'етето. Д'ошол з'етоф и-н'ашол кaј-пл'ачет. И-'опитвит: "Што-пл'ачете? И-т'ије му-к'ажветоту-ск'епарот ќа-п'аднит и-ќа-г-'оперит д'етето. Т'ој се-з'ачудил,

н'емал што-да-'им-прајт, се-ч'удил д'ал' д-и-б'ијет али-н'е. "С'ефте –р'екол – ќ-'ода да-б'ара поб'удали 'од-ними и-ако-н'ајда не-'и-бија".

'Одел, 'одел, и-н'ашол тр'ојца бр'аќа напр'ајле к'уќа бес-п'енџере,вн'aтре т'емница. Т'ије з'еле к'ошници д-ј-'испaдет темн'ицава. Т'ој

им-в'елит: "Што-пр'ајте, бре-др'угари, т'ака?" И-т'ије му-р'екле "Да-ј-ист'ајме темн'ицава". Т'ога т'ој им-р'екол: "Ј'а-ќа-ви-је-'иста:

темн'ицава, што-ќа-ми-д'ајете?"

Page 30: makedonski jazik i literatura za IV godina

Т'ије му-р'екле "Колк'у-пари с'акаш, ќа-ти-д'ајме, с'амо да-ј-'истајштемн'ицава". И-т'ака т'ој се-з'апрегнал, д'упи в'амо, д'упи т'аму и

н'апрајл п'енџери и-им-д'ошло в'идело."Ќ-'ода – р'екол – ќа-б'ара 'уште да-в'ида". 'Одел п'отака, н'ашол

дв'ајца бр'аќа кaј-в'озет гр'еда; фпр'егнале п'етел и-м'ачорок, ама-н'икако н'е-может т'ије да-п'омaрднет. Т'ој им-р'екол: "Што-пр'ајте

в'ака, бре-др'угари?" – "Је-в'озиме гр'едава" – му-р'екле т'ије. –Д'обро – р'екол – м'ожет 'овје в'ака да-ј-'истaргет?" "'Ату што-да

пр'ајме – р'екле т'ије – како-да-ј-одн'есиме?" – "Ј'а ќа-ви-је-'однеса,колк'у-пари ќа-ми-д'ајте?" И-се-спог'одиле. Т'уркај, т'aргај, т'уркај,

т'aргај, им-ј-'однесол гр'едата, п'арите им- з'ел и-з'аминал. Се-вр'атил д'ома и-ж'ените не-'и-гибал.

Поука за овој час: Ако ( и да) врнит, (ама) пăтот врвит. Народна пословица -(Охрид. Запишал Кузман Шапкарев)

Да не се плашиме од пречките што ни се испречуваат при нивнотонадвивање, и да не се запираме на нив.

Page 31: makedonski jazik i literatura za IV godina

ЈУГОИСТОЧНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕЈугоисточното наречје го зафаќа најголемиот дел од

македонската јазична територија. Се простира источно и јужноод западното наречје. Од северното наречје за гранична сесмета линијата Скопје - Свети Николе - Злетово, со тоа што

говорите на Свети Николе и Злетово припаѓаат на севернотонаречје. На југоисточното наречје му припаѓаат и говорите од

Егејска и Пиринска Македонија кои поради историскитеоколности се наоѓаат на териториите на Грција и Бугарија.

Поради големата разновидност на јазичните црти ова наречјене е единствено и можеме да го поделиме на две поголеми

целини: источно наречје и јужно наречје.1. Источното наречје се дели на повеќе помали дијалектни

групи: штипско-струмички, тиквешко-мариовски ималешевско-пирински говори. 2. Јужното наречје се дели

на: солунско-воденски говори (долновардарски), серско-лагадински, костурско-корчански говори.

Page 32: makedonski jazik i literatura za IV godina

Широката разгранетост на југоисточното наречје овозможилотоа да не биде единствена целина. Во него се изгубиле некоистари јазични црти, а се појавиле нови како резултат на меѓудијалектните контакти. Сепак, меѓу заедничките црти би ги

издвоиле: слободен акцентен систем, во многу говори утврденна парадигмата (леже, легна, негов, неговата, вуденицата,

учителите, не ми се ја де); послабо изговарање (редукција)на неакцентраните самогласки кое е најсилно застапено во

долновардарските говори (уфча р, биља , сӑма р), самогласкатаӑ (темниот вокал) има регуларна употреба во сите говори исите позиции (ӑцка, лит. олцка, кӑце лит. чука, нӑ мене!)

чување на меѓувокалното в, но губење на меѓувокалните ж, д,г и сл. во брзоговорот (леен ‹ леѓен, глеам, ќи си доом ‹ дојдамдома, ќе ка аш ле ‹кажеш, но кажа ле ); замената на ѣ со а задц (цане, цадник, цаде); чување на х на крајот на зборот (бех,

страх, смех,), но губење на почетокот на зборот и во другипозиции (не се ране кут шо треба; бехме ›бееме› бēме);

протетичко (вметнато) в на почетокот (важе, вадица, ваглен).

Page 33: makedonski jazik i literatura za IV godina

Вокалните р и л дале повеќе разновидности (прсто, прӑсте,пӑрст, вӑк, вӑлк, длӑк, дӑлга, тӑрӑн лит. трн).

На морфолошко-синтаксички план ова наречје има редицајазични црти со кои се разграничува од западното:

наставката -ове во множина кај едносложните зборови(столове, снопове, царове); постоење на само еден член -о,(-от, -ут; чувеко, чувекут - долновардарските говори), -та,-то, -те; изедначување на номинативната со дативната и

акузативната форма кај именките (Стојан, на Стојан, видехго на Стојан); личната заменка за 3. гласи он, она, оно, они;предлогот в/ф гласи у/уф; во трето лице на перфектот сеупотребува формата на помошниот глагол (он е гледал, они

са гледале); кратките заменски многу често стојат задглаголот (виде ме и мạ виде); конструкциите од типот

има/нема и глаголска придавка не се обични за повеќе одговорите; предлогот со се јавува во повеќе разновидности

(сӑс, сас, сус,ус); само две презентски основи (-а и -е група).Цитат за овој час: Инате се куту магаре на мост . Народна поговорка

Page 34: makedonski jazik i literatura za IV godina

Југоисточно наречје - Источни говориЛошата снаа (Струмица)

'Едạн чув'ек им'ал н'ого л'оша ж'ена. Ут-к'о: дујд'ела д'ома, м'ајка-му пọчн'ала н'ого дạ-слạб'ее. Д'ен из-д'ен стạнув'ала сѐ п'осл'аба.

С'ин-ѝ с'екуј д'ен јạ-питув'ал: "М'амо, к'ак та-гл'еда сн'аата?"М'ајка-му вик'ала: "'Арно мạ-гл'еда, с'инко!" 'Арно-ама с'ино

усет'ил 'оти м'ајкạ-му кр'и: н'ешто ọд-н'его.И едн'ӑч куг'а п'а кути-с'екọга јạ-пит'ал: "К'ак тạ-гл'еда сн'аата?",

м'ајкạ-му реч'ела: "Ак-с'акạш дạ-зн'ааш к'ак-мạ-гл'еде, 'остạни д'омаскр'ишно, ќе-в'идạш".

И с'ино 'едạн д'ен ут-кạ-сạ-јạв'ил нạ-ж'енạ-му 'оти ќ-'оде нạ-рạб'отам'есто дạ-'оде пọврн'ал-се и сạ-скриј'ал нạ-тạв'ано. Пọмин'ало

м'алко вр'еме, нạ-м'ајкạ-му ѝ-се-прӑјạд'ело и пọтер'ала ọт-сн'аатал'еп. А-сн'аата кạж'ала:

Page 35: makedonski jazik i literatura za IV godina

"П'укни, тр'есни, дọд'ека не-испр'едạш тр'и врт'ена, н'ема дạ-ти-д'а:м дạ-ј'адạш". И ќ'а-ги-испред'ела тр'ите врт'ена, п'а пọтер'ала дạ-ј'аде. А сн'аата кạж'ала: "А-сẹг'а м'алку пуигр'ај 'оро и исп'еј еднạ-

п'есна, п'осле ќе-ти-д'а:м дạ ј'адạш".М'ајкạта пọчн'ала дạ-ѝ-сạ-м'оле нạ-сн'аата: "Ам'ан, мури-сн'ао, к'ак

дạ-игра'ам кạ-сạм-стạра, н'оизте н'е-ми-д'ржạт г'аре!" А сн'аатакạж'ала: "Аку-с'акạш дạ-ј'адạш, ќе-игр'ааш!" И м'ајкạта пọчн'ала дạ-игр'аа и дạ-п'ее: "Тạк'а, бре-с'инко, тạк'а, тạк'а, игр'аам с'екуј д'ен!"А сн'аата кạ-чуј'ала ọти-тạк'а п'ее, зẹм'ала сук'алто и пọчн'ала дạ-ạ-т'епа ọти-тạк'а пẹј'ала. И м'ажо нẹ-муж'ел г'аре дạ-т'рпа и слẹгн'ал и

пọчн'ал дạ-ạ-т'епа сӑс-сук'алто нạ-ж'енạ-му сѐ дọд'ека нẹ-тạкс'алаọти-н'ема дạ-пр'аа г'аре тạк'а.

Цитат за овој час: Ако му дадеш поклупката, ќе ти сака и грнето.Народна пословица - Штип

Page 36: makedonski jazik i literatura za IV godina

Југоисточно наречје - Јужни говориТӑрговӑцо и нӑречниците (Дојран)

Им'ало 'едно вр'еме н'екуј тӑрг'овạц к'ој шạт'ал уд-гр'ат нạ-гр'ат.Шạт'ајќи дујд'ел нạ-н'еко: прист'анишче, испạдн'ал уф-н'еко: с'ело.Б'ило д'оцкạна и т'о: тӑрг'овạцо вид'ел д'ека свạт'е уф-н'еко: к'ӑшчасвит'ило (туг'ај нạм'ало л'амби, сạд'еле нạ-кạнд'ила, нạ-св'ешчички)фл'ạз'ел уф-дв'оро и чукн'ал нạ-вр'а:тта. Т'и: испạдн'але г'аздите и-ọ- прạим'але нạ-г'осте. Т'а: в'ечạр 'они-пạ ки-прạв'иле пạрж'ешка,

им'але р'одạно д'ете, ж'енцко. Прạв'иле шо-прạв'иле т'амка,в'ечạрта, ạд'етто ѝ- нạправ'иле и-си-л'ạгн'але. 'Оти с'елцка к'ӑшча,сирум'ашка, уф-'една удạј'а с'ите спиј'але, и т'о: л'ạгн'ал прạ-н'их.'Ама н'е-о-фạт'ило с'он, рạч'ел: "Ст'ој дạ-в'идум в'а: в'ечạр шо-ки-д'ојдạт, нạ-'та: м'ома шо-ки- к'ажạт!" Тạм'ам сạ-чин'ило пул'унуш

дујд'еле нạр'ечниците и-пучн'але дạ-кạж'увạт. П'ӑрвạта рạч'ела: "Е,д'е-ј-ж'ива и здр'ава, дạ пур'асне гул'ема, 'убуф кӑсм'ет д-'има."Др'угạта: "К'а ки пур'асне, т'о: шо-ј-д'ојдạн нạ-г'осте м'ӑш дạ-ј-

б'иде". Тр'етта пạ-рạч'ела: "Уф-гул'ем гр'ат д-'оде". Ут-т'ам стạн'алет'и:, си-удд'еле... (Мара Кречова, Запишал Коста Пеев)

Цитат за овој час: Го велјат на сфакрвата, за да разбере снаата.(Долновардарско - запишал Стефан Веркович)

Page 37: makedonski jazik i literatura za IV godina

СЕВЕРНО МАКЕДОНСКО НАРЕЧЈЕСеверното наречје ги опфаќа говорите кои на север

допираат до јужните српски говори. На југ се простираатприближно до линијата Тетово - Скопје - Свети Николе -Пробиштип. Се дели на две групи: источна и западна

група говори. 1. Источната група ја сочинуваат говорите:кумановски, кратовски, кривопаланечки. 2. Во западнатагрупа влегуваат говорите: скопскоцрногорски, вратничкиполошки и горански ( во областа Гора на Косово). Вакватаподелба е условена од особеностите на одделните говори.

Говорите од источната група со некои јазични црти сеприближуваат до говорите од источната група на

југоисточното наречје, додека, пак, оние од западната групасподелуваат некои црти со западното македонско наречје.

Сепак, во ова наречје се среќаваат и повеќе заедничкијазични особености на целата негова територија, со кои тоа

се разликува од другите две наречја.

Page 38: makedonski jazik i literatura za IV godina

Меѓу поопштите црти на овие говори би ги спомнале:замената на старословенското ѫ (он) со у безмалку во ситепозиции (зуби, пут, рука, иду); наставката у (‹ ѫ) дури се

наложила во општата форма кај именките од ж. р. (жену,њиву); замената на ъ и ь со ӑ (дӑш, дӑн); вокалното л ги

дало замените у/лу/лӑ (вук, јабука, слуза, слӑза);вторичното ъ (ъ2) дало ӑ (ветӑр, мӑгла, лӑга); се чувастарото палатално л (недеља, поље); предлогот в/во

поминува во у (у градт, улезе, унутра).На морфолошко-синтаксички план од специфичностите ги

одбележуваме: наставката -мо за прво лице множина(гледамо, одимо, носимо); настаката -ики кај именките од

ср. род (телики, пилики); наставката -е во множина кајименките од ж. р. (жене, њиве); наставката -ше во 3. л. мн.

(они гледаше, имаше). Својствени на овие говори сеименските наставки: -ача, -оќа, -уша, -оња и сл. (капуљача

староќа , чистоќа, деверуша, главоња).

Page 39: makedonski jazik i literatura za IV godina

Речениците може да почнуваат со кратките заменски форми(за ж. р. = гу; за м. р. =га; Гу виду женуту; га фана њега).Сепак и во ова наречје може да се набројат повеќе црти со

кои говорите меѓу себе се разграничуваат. Така за источнитеговори е карактеристичен слободниот акцент, (својствен на

југоисточното наречје), додека во западните говори ефиксиран на третиот слог; употреба на една членска форма(-ӑт човекӑт), наспрема тројниот член во западните говори.

Во западните говори е вобичаено губењето на меѓувокалнотов; се испушта помошниот глагол во 3 л. во перфектот (во

источните се чува). Во источните говори на севернотонаречје е нормална употребата на кратките заменски форми

зад глаголот (требе ми, поведе ме); удвојувањето напредлогот со (сас/сӑс; сӑс њега) како и употреба на повеќе

други предлози: уз, из, више, проз (през).

Page 40: makedonski jazik i literatura za IV godina

Северно наречје - Источни говориОвчар и змија (Куманово)

Јед'ӑн ноќ тро'ица овч'ари п'асле-си 'овце на-пл'анину. И-едн'овр'еме сак'але-си да-зап'алив тут'ун, треб'ало-ги 'огӑањ, а-нем'алекуд'е-њи н'ишто. Кӑт-гл'едав, углед'але т'амо на-р'идТ г'оре ед'ӑн'огӑањ. И-рекн'аја ед'ӑн: "Ќе-'иду да-зап'алу". От'ишја 'он т'амо,

приближ'ил-се, кӑт-гл'еда 'около 'огӑањ тр'и дев'ојке с'едиви-пр'авив-си муаб'ет.

Ама-т'ија не-б'иле дев'ојке, б'иле зм'ије, па-се-претвор'иле у-дев'ојке. И-збор'иле-си м'еѓу њи. Едн'ата вик'ала: "Тр'и г'одине

в'оду н'е-сам п'ила, н'е-сам-се нап'ила". Др'угата вик'ала: "И ј'а 'еветр'и г'одине н'е-сам п'ила в'оду..." А тр'еќата в'ика: "М'оре, в'и п'а-сте натоп'иле 'уста, ама-ј'а тр'и г'одине в'оду н'е-сам п'ила. Ј'утре,

зн'ам, п'оп ќ-'иде у-т'уј њ'иву да-жњ'еје т'амо, па-кӑт-ќе-б'идепл'адне, по-јед'ење п'осле ќе-ст'ане поп'ова ќ'ерка да-зб'ира п'олози,ј'а ќе-се-скр'ију пот-п'рв п'ологк, кӑт-ќе-д'ојде 'она да-га-д'игне, ј'а

ќе-гу-у'апу и-тӑгк ќ-'иду да-се-нап'ију в'оду"...

Page 41: makedonski jazik i literatura za IV godina

...Он'ӑј овч'ар слуш'ал па-неќе'ал да-'иде да-п'али циг'аре, врн'аја-сен'аѕат. К'ӑт ј'утрето д'ӑн, 'истина, п'оп от'ишја да-жњ'еје. Жњеј'елеа-он'ӑј овч'ар 'овце си-ги-в'рти 'около арг'ати. 'Они закач'али-га.'Он беќ'ар 'около дев'ојке се-в'рти. 'Оне га-закач'але, 'он си-св'е

тер'ал по-њег'ово. Кӑт-ств'арно седн'але да-р'учав, руч'але, ќ'еркарипн'ала да-га-в'ати он'ӑј п'ологк куд'е што зм'ија б'ила. "Ст'ој, куд'е

ќ-'идеш?" – рекн'ал он'ӑј овч'ар. Пр'ишӑал п'а сӑас-он'ај њег'овучам'угу тргн'ал-га п'олог, кӑт-т'амо ед'ӑн котељ'ак зм'ија тол'ика.

Ов'ија св'и се-исплаш'иле, фат'ило-ги стр'а. Шт'о-ли-је ов'ој. А-'онзем'ал он'ӑј ст'ап па врз-њ'ума и-в'ика: Б'ивај как'о што-си-б'ила

с'иноќ 'или с'ӑк ќе-те-см'ачкам, питив'ан ќе-те-напр'аву.Б'ивај как'о што-си-б'ила с'иноќ. А-он'ај зм'ија коп'ешка-се по-

м'алко, не-м'рда. По-др'уги п'ут, по-тр'еќи. И 'а да-изм'ане да-гу-'удри, и 'она бидн'ала дев'ојка, т'ај зм'ијата.

Тима Ничова 80 г. (Божидар Видоески)Поука за овој час: Од искра пламен, од пламен пепел. Народна пословица.

(Светиниколско - запишал Душко Брдарски)

Page 42: makedonski jazik i literatura za IV godina

Северно наречје - Западни говориДванаесе месеца и бабата (Тетово)

'Имало една-ст'ара, га-н'еќеле д'ома, сн'ӑата га-н'ејќела. Б'ила з'има,сн'ег мн'огу, и сн'ӑата ѝ-р'екла: "Н'а-ти кошн'ицава д'а-'идеш

у-пл'анина да-ми-д'онесеш ј'агоде". Б'абата р'екла:"Кӑј-ќ'е-најдемс'ега ј'агоде, 'има мн'огу сн'ек?" "Ќе-н'ајдеш, кӑј-ќе-н'ајдеш, з'еми

кошн'ицава и ќе-'идеш". И б'абата т'аќе, га-з'ела кошн'ицата ит'ргнала у-пл'анина. 'Ишла, 'ишла, 'ишла и уд'убила у-пл'анина.

И в'идела т'аму н'егдека некој-'оѓин да-г'ори, св'етело нештока:-'оѓин, и п'а 'ишла, 'ишла, 'отишла кӑј-'огнот. Т'уе 'имало к'олиба,у-кол'ибата 'имало, б'иле мес'еците, дван'аесе м'есеца у-кол'ибата.

И 'она, б'абата р'екла: "Добр'о-вечер!" "Д'обро-ти б'ок, б'аб'о:, шт'о-мука 'имаш што-с'и-дошла?" "Е бре-с'инко, шт'о-мука, 'имам една-

сн'ӑа мн'огу л'оша, ме-'испрати у-пл'анина по-ј'агоде, а кӑј-ќ'енајдем ј'агоде с'еа, 'еве н'е-е-вр'еме да-б'ерем ј'агоде, с'еа 'има

сн'ек". И ст'анаў д'ецембар, па-ј'ануар, ѝ-р'екоў:"А мори-б'або, што-зб'ори н'ародот, т'оўку сн'ек што-н'ападнаў?"

Page 43: makedonski jazik i literatura za IV godina

"А бре-с'инко, мн'огу 'убо:, д'еца се-л'изгаа, со-т'опке се-г'аѓаа, за-д'ецата р'адос". Т'аќе б'абата н'ишто л'ошо н'е-рекла. И ст'анаў

ј'уни, пр'ед-него м'ај: "'Ела, б'або:, м'ие ќе-ти-д'адемо ј'агоде". З'елеѝ-д'але ј'агоде н'ејзе, ѝ-нап'оўниле кошн'ичето со-ј'агоде и је-р'екле:

"Ај-б'або:, со-зр'авје 'оди-си, од-'устата да-ти-изл'агаа св'езл'атници, сребр'еници, т'и д'обра д'уша си-'имала, 'ај 'оди с'еа.Д'ошла д'ома ж'ената, кој-в'идела сн'ӑата ј'агоде н'оси п'оўна

к'ошница, кој-зб'ори п'аре 'од-'уста ѝ-п'аѓаа, ж'оўтице, ѝ-р'екла: "Ј'аи-м'ајка-ми ќе-га-пр'атим". И з'ела м'ајка-е, га-пр'атила, 'ишла и ги-

н'ашла н'ив, мес'еците. 'Ама кој-п'очнале да-га-пр'ашуа н'ега за-з'имата, 'она св'е л'ошо зб'орела, в'икала: "г'рга н'ародот, од-з'имата

им-ст'уди", и-'ова, 'она, св'е н'ајлошо.И т'ога мес'еците р'екле: "Е 'ајде – од-'устата св'е зм'ие и см'око:ịда-ти-изл'агаа". Ни-ј'агоде ѝ-д'але, ни-н'ишто. И кој-д'ошла д'ома,см'око:ị, зм'ие, ж'абе ѝ-изл'агаа од-'устата. И т'аќе, к'ој пр'аị л'ошо,

ќе-н'ајде н'еарно. (Душица Нушеска)

Page 44: makedonski jazik i literatura za IV godina

ОНОМАСТИКАОномастиката е дел од науката за јазикот (или пак, посебна

наука) која се занимава со проучување на сопствените имињаи презимиња, како и со проучување на имињата на местатаили другите географските имиња. Стои во тесна врска со

етимологијата, дијалектологија, митологијата и сл. Порано сесметала за помошна наука на географијата, етнографијата и

на некои други научни дисциплини. Доаѓа од грчкото onoma =име; onomastikon = именослов, речник на имиња.Ономастиката се дели на две основни области:

топономастика и антропономастика.Предмет на проучување на топономастиката се топонимите,односно имињата на местата, односно географските имиња.Се дели на хидрономастика (ги проучува хидронимите =

имињата поврзани со водите: реки, езера, мориња);орономастика (се занимава со оронимите = имињата напланини, ридови, долини...); ојкономастика (ги проучува

ојконимите = имиња на градови, села, населби...)

Page 45: makedonski jazik i literatura za IV godina

Антропономастиката се занимава со проучување наантропонимите = имињата на луѓето. Тука спаѓаат личнитеимиња, презимињата и прекарите. Личните имиња се

најстариот слој од антропонимите и се појавиле предпрекарите и презимињата. Според составот може да бидат

прости (Петре, Александар, Елена, Марија) и сложени(Божидар, Светомир). Според потеклото може да ги

разграничиме на словенски имиња (Весна, Драган, Вера), нахристијански (Иван, Марија), на слој од други религии и

култури (Давид, Наталија,), на помодни (Елвис, Касандра) и сл.Прекарите се појавиле пред презимињата и со нив се

разграничувале луѓето со исти имиња. Со нив сеозначува(ла) некоја психичка или физичка особина,

занимање, или пак, тие се поврзани со местото на живеењеи сл. (Зелен Јован, Андон Туфекчијата, Ванчо Лисицата,

Триводалијата = од с. Три Води). Со текот на времето некоипрекари поминале во презимиња.

Page 46: makedonski jazik i literatura za IV godina

Презимињата се појавиле најдоцна во нашиот јазик. Сеобразуваат најчесто со наставките -ов / -о(в)ски и -ев /

-е(в)ски кои се додаваат на машките имиња (Стојанов/ски,Стојаноски, Ристов/ски, Ристески и сл.). Некои презимињанастанале од прекари (Ковачевски, Дујнимаглоски) илиспоред населени места (Новоселски, Дојранлиев). Многу

презимиња се создале под различни околности и воразлични периоди, така што понекогаш е тешко да се

објаснат нивните значења.Покрај двете основни области, топономастиката и

антропономастиката, ономастиката се занимава и со другисфери на имињата: космонимика (имиња на соѕвездија, нагалаксии), астронимика (имиња на планети и други небеснитела), зоонимика (имиња на животни) ергонимика (имиња на

фирми, на продавници и сл.) и т.н.Поука за овој час: Поарно ет да имаш име чесно, ошто многу стребро.

Народна поговорка

Page 47: makedonski jazik i literatura za IV godina

СВЕТСКА ЛИТЕРАТУРАРеализмот кој како литературен правец беше доминантен во 19.

век, на извесен начин продолжуваше да биде актуелен и намода и во првите децении на следниот век. Некои од

најголемите претставници на светската литература дел одсвоето творештво го создадоа токму на преминот меѓу двете

столетија (Л. Н. Толстој, А. П. Чехов, Х. Ибзен, А. Франс, М.Пруст, А. Жид, ).

Нешто подоцна реализмот ќе се возобнови во Советскиот Сојуз,а по Втората светска војна и во другите социјалистички земји.Всушност, политичките прилики во 20 век во многу нешто ги

диктирале условите во кои се создавала уметноста, а во нејзиирамки, и литературните дела. Тоа е век на две светски војни, на

многу регионални војни, на блоковска поделба на светот,извесен период време на т.н. студена војна. Епоха во која бешесрушен колонијализмот во Африка, Азија и Латинска Америка...Век на забрзан технолошки развој но и на светска економскакриза (во триесеттите години). Сето тоа се рефлектираше и

Page 48: makedonski jazik i literatura za IV godina

наоѓаше одраз во литературните дела..Модернизмот кој како правец беше актуелен во првите децениина минатиот век, ќе биде заменет со егзистенцијализмот, кој вооснова беше филозофско учење. Во рамките на модернизмот ќе

се разграничат повеќе струења (футуризам, експресионизам,дадаизам и сл.). Се појавува нов тип на театар - театар на

апсурдот, чиј производ е антидрамата. Во исто време се јавуваи т.н. нов роман, во кој изразните средства и ефектите се вопреден план за сметка на содржината, која, на пример, вонатурализмот се предавала со фактографска прецизност.

Во последните децении на 20. век широко се распространуваеден нов поим постмодерна (постмодернизам), својствен на

повеќе сфери на човековото живеење (архитектурата, филмот,сликарството, музиката). Бидејќи зафаќа повеќе области од

животот, тешко може да му се определи точна дефиниција. Штосе однесува до постмодерната во литературата, со неа серелативизира она што е значајно за другите правци: нема

оригиналност во уметничкото дело, тие се парафразираат, се

Page 49: makedonski jazik i literatura za IV godina

земаат цитати од повеќе дела за да се направи ново, но севнимава тоа да не биде плагијат. Постои мешање на

жанровите, во едно дело има и фантастика и реализам, има ивметната критика и романтична љубов. Се зголемува улогата на

читателот, се оставаат празни места во делото тој по својажелба да ги пополни или осмисли.

Интересно е тоа што македонската литература, на која содецении природното право да се развива, ѝ беше оспорувано,за многу кратко време успеа во меѓународната распределба на

културни вредности да понуди свои постмодернисти (ГоранСтефановски, Венко Андоновски, Гоце Смилевски, Ермис

Лафазановски, Игор Исаковски, Никола Маџиров...).Цитат за овој час: Пред сè, постмодернизмот се стреми кон проширување награниците на книжевноста преку промена на нејзиниот жанровски статус вооднос на вообичаениот жанровски систем. Неретко, настанува мешање на

жанровите или затскривање на еден жанр зад карактеристиките на друг, илиако сакате, наречете ја жанровска мимикрија или жанровска изместеност,која се коси со старите родово-жанровски конвенции. Јасмина М. -Гушева

Page 50: makedonski jazik i literatura za IV godina

АНТОН ПАВЛОВИЧ ЧЕХОВ (1860 - 1904)Антон Павлович Чехов е автор кој на руската и на

светската литература ѝ подарува ремек-дела во форма накуси раскази и кој преку лирската драма се вбројува меѓу

творците на модерното во овој литературен род.Чехов е роден во Таганрог, Ростовска област, во

повеќедетно семејство. Татко му Павел Јегорович, сезанимавал со трговија во која и немал некој особен успех.

Мајка му Евгенија Јаковлевна, била посветена навоспитување на децата и била личност која ја сакала

уметноста, а особено театарот. Своите деца ги учела даимаат одговорност кон работата, сочувство и милосрдност

кон послабите и угнетените.По неуспехот во трговијата, татко му со другите членови се

преселил во Москва, а Антон останал во Таганрог ииздржувајќи се самиот, со подучување на своите

соученици, ја завршил гимназијата.

Page 51: makedonski jazik i literatura za IV godina

По доаѓањето во Москва, Антон Павлович Чехов и покрајматеријалните тешкотии успеал да го заврши медицинскиот

факултет. Со солидно образование се стекнале и другитенегови браќа и сестра му. Во 1880 година ги пишува своитепрви раскази под псевдонимот Антоша Чехонте и дури пошест години под вистинското име ќе ја објави својата првазбирка Одбрани раскази за која критиката ќе се изрази

најпофално. Следната година ја објавува збирката Невинизборови со која ја потврдил својата раскажувачка дарба.

Истата година Чехов дебитирал со драмата Иванов за којаи гледачите и критиката биле поделени во мислењата. Но

значајно е да се каже дека е ова првенец во драмскатаобласт на кој писателот ќе ѝ остане верен до крајот на

својот живот.Врз расположбата на авторот влијание имала тешката

положба на угнетените селани, како и смртта на еден однеговите браќа.

Page 52: makedonski jazik i literatura za IV godina

Честите патувања низ Русија (низ Сибир и на крајниот исток- на островот Сахалин), како и престојот во Одеса и на Јалта,

уште повеќе ја подзасилиле депресијата која се вгнездилакај него. Особено е значајна посетата на затворениците на

Сахалин, чии потресни слики ќе ги опише во повеќе расказии есеи.

Напоредно со писателската дејност Чехов се пројавил и какоголем хуманист и како лекар, и како организатор на

добротворни акции за изградба на училишта и библиотеки накои им подарувал дел од своите творби. Домот во Мелихово,

каде што едновреме живеел, било посетуван како одуметници, така и од обични селани.Тука меѓу другите доаѓалП. И Чајковски, еден од најголемите руски композитори на

19. век, автор на повеќе опери и балети.Поради туберкулозата, која сериозно му го нарушила

здравјето, по наговор на лекарите се преселил на југот, наЈалта. И покрај болеста не престанал да пишува.

Page 53: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во 1901 година се оженил со Олга Л. Книпер, артистка којаги играла главните улоги во некои од неговите драми.Таа

ќе го придружува писателот на неговото последнопатување во германското бањско лекувалиште Баденвајлер.

Чехов е автор и на збирките раскази: Во самракот,Тмурни луѓе, повестите Степа и Три години, и стотина

други раскази; збирките есеи: По Сибир и ОстровотСахалин. Драмскиот опус го составуваат Вујко Вања,

Галеб, Три сестри и Вишновата градина.Чехов во своите раскази ја слика руската стварност од

крајот на 19. век. Повеќе од расказите се куси по форма вокои на преден план избива хуморот. Хуморот е овде за да ја

ублажи противречноста меѓу желбите на ликовите имрачната стварност која ја живеат. Во тој поглед сораскажувачката постапка Чехов е многу близок до

приврзаниците на натурализмот.

Page 54: makedonski jazik i literatura za IV godina

Мајсторството да навлезе во скришните места на душатаможеме да го видиме преку расказот Шега, во кој главниотлик Надја во миговите на возбуда и страв неколку пати ќеги слушне зборовите Јас ве сакам, Надењка! За авторот

тогаш и по многу години,тоа било само една шега, За Надја,најнежен спомен во животот.

Творештвото на Чехов се одликува со разнообразност вотемите. Ги слика сите слоеви на руското општество.

Неговите симпатии се секогаш на страната на ситнитечиновници, на обесправените и на селаните (Селани). На

потсмев ги подложува понизноста и камелеонството(Смртта на чиновникот).

Поради тоа што не ја идеализира стварноста, туку јаприкажува нечистотијата и примитивизмот на руското

општество, на двојниот морал, на негрижата за болните инемоќните, Чехов своевремено доживувал критики.

Page 55: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во поглед на драмското творештво, Чехов ја негува т.н.лирска драма, во која ликовите живеат меѓу минатото и

иднината. Стварноста што ги опкужува е груба инеподнослива (Три сестри), или дека надежта за поубавоиднина ќе трае многу кратко (Вујко Вања). Дијалогот наликовите прозвучува како монолог. Тие како да зборуваат

сами за себе.Чехов со начинот на раскажувачката постапка (да се биде

кус во излагањето, со дозата на хумор, со пресврти водејството и со критиката на руското општество) е актуелени популарен и по повеќе од едно столетие. Доказ за тоа е

екранизацијата на многу од неговите дела.Цитат за овој час: Здравиот човек има илјади желби,

болниот само една. Антон Павлович Чехов

Чехов и Олга Книпер (1901)

Page 56: makedonski jazik i literatura za IV godina

СЕМЈУЕЛ БЕКЕТ (1906 - 1989)Средината на 20. век во литературата ја одбележа, меѓу

другото, објавата на Чекајќи го Годо, (анти)драма одСемјуел Бекет, дело кое ќе предизвика спротивставенимислења кај критиката и кое ќе му ја донесе Нобеловата

награда за литература (1969). И по повеќе од половина векод нејзиното прво прикажување (1953), драмата како

образец на т.н. театар на апсурдот е сѐ уште е актуелна исе игра на сцените ширум светот.

Семјуел Бекет е роден во близината на Даблин, каде што сешколувал и каде што завршил студии по француски јазик и

литература. Од 1938 година со мали прекини живее воПариз, работејќи едно време како личен секретар на Џемс

Џојс, познат ирски писател (Одисеј, Даблинци). Повеќе одсвоите дела (а особено по Војната) ги пишува на француски

јазик, а потоа ги преведува на англиски.

Page 57: makedonski jazik i literatura za IV godina

За време на Втората светска војна се приклучил наДвижењето на отпорот, поради што живее во илегала. До

1950 година е сѐ уште во Париз каде што ги создава своитенајзначајни дела. По добивањето на Нобеловата наградаживее повлечено, одбивајќи да дава коментари за своите

дела. Умира во Париз, на 83. годишна возраст, само неколкумесеци по смртта на својата сопруга Сузан.

Во одлуката на Нобеловиот комитет пишува: На СемјуелБекет му се доделува наградата за пионерската работа во

драмата и прозата во која трагедијата на современиот човекстанува негов триумф.

Бекет е автор на триесетина драми, дваесетина прозни дела(главно романи, меѓу кои и трилогијата романи: Молоу,

Малоне умира и Неименливото) како и на шест збиркипоезија. Автор е и на повеќе есеистички трудови за ДантеАлигиери, за Марсел Пруст, за Џемс Џојс и сл. под чие

влијание ќе ги создава своите дела.

Page 58: makedonski jazik i literatura za IV godina

На почетокот на својата писателска дејност Бекет епреокупиран со човековата егзистенција и оттуѓеноста на

модерниот живот. Под силно влијание е наегзистенцијализмот на Ж. П. Сартр, кој му е современик, иво чија основа е песимистичката визија на човекот. Поради

идеите изнесени во некои свои дела, Бекет не секогашнаоѓал издавач за нивно објавување (Романот Марфи дури

42 пати бил одбиван за печатење пред да биде објавен).За да ја прикаже бесмислата на човековото опстојување,

Бекет наместо вообичаените романескни постапки и драмскизаплети, ги преповторува настаните и сцените со мали

измени, а луѓето во нив се беспомошни да направат нешто ида се придвижат напред. Тие обично се слепи, неми, глуви исл. Ги поднесуваат страдањата во очекување дека нешто ќе

се случи, дека ќе излезат од кругот на беспомошноста.Дијалогот на ликовите повеќе прилега на монолог, на

повторување на исти фрази во кои

Page 59: makedonski jazik i literatura za IV godina

отсуствува дури и правилната граматичка структура. За да јаистакне бесмислата на сѐ, Бекет го разбива единството на

времето, просторот и дејството (кај драмата). И покрајдлабокиот песимизам, делата на Бекет се исполнети со благхумор и со уште подлабоко сочувство кон малите луѓе, кое

дури и нема граници. Во неговото драмско творештво покрајЧекајќи го Годо, овде ги одбележуваме уште и пиесите:Крај на игра, Среќни денови, Чин без зборови, I, II,(дејството на сцената се одвива без зборови), Што, каде

(неговата последна драма).Дејството на драмата Чекајќи го Годо се случува во двачина, со содржина која нема некаква логика, или барем

каква би очекувале. Или, како што вели еден критичар тоа едрама во која двапати ништо не се случува. Двајцата главниликови Владимир и Естрагон водат бесмислени дијалозиво очекување да се појави Годо. Ним им се приклучуваат

уште Поцо и Лаки, како и Момчето, на ист начин во дватачина, за да ја разбијат монотонијата на чекање.

Page 60: makedonski jazik i literatura za IV godina

Ниту просторот на драмата не е определен како што биочекувале. Просторот е лишен од секакви елементи. Тоа еселски пат, во близина на едно дрво. Поправо: главните

јунаци се расправаат дали е тоа дрво или можеби е грмушка.Тие не се сигурни ниту дали се на вистинското место каде

што треба да се појави Годо.Главните јунаци се дезориентирани и во поглед на времето.Ноќта по која се разделуваат Владимир и Естрагон со Поцо иЛаки е само да го најави крајот на првиот чин. На почетокот

на вториот чин Естрагон не се сеќава на ништо одвчерашниот ден. Дури не се сеќава на ништо од заедничкото

дружење со Владимир. Тие се подготвени на бесконечночекање на Годо. Ќе дојдат и следниот ден и на истото место.Но следниот пат нема да заборават да понесат со себе јаже.

За секој случај!По низа тажни и смешни ситуации, на крајот главните јунаци

се согласуваат да појдат некаде, но не се помрднуваат одместото.

Page 61: makedonski jazik i literatura za IV godina

Владимир и Естрагон се ликови кои се беспомошни било штода направат, не можат да се разделат, дури не можат ни да

се обесат. Тие си требаат еден на друг, ако не за друго, да гиводат навидум бесмислените дијалози. Владимир е, се чини,

попаметен од Естрагон, повисок е, и се јавува како неговзаштитник.

Кај другата (споредна) двојка Поцо и Лаки, се јавува односотна господар и слуга, но во вториот чин Поцо ослепува и се

потпира на својот остарен слуга Лаки, на времето надарен замногу работи, но сега веќе немоќен и глувонем.

Момчето се појавува во двата чина за да соопшти дека тој инеговиот брат работат кај Годо, дека Годо го тепа неговиотбрат и дека Годо нема да дојде денес, но дека сигурно ќе

дојде следниот ден.Годо е името околу кое се врти целото дејство на драмата.

Тој е таинствениот лик за кого речиси ништо не знаеме,освен дека треба да дојде, дека има бела брада и слично.

Page 62: makedonski jazik i literatura za IV godina

Авторот дури не објаснува зошто Годо треба да дојде и какоможе да им помогне на двајцата скитници.

Со преповторување на слични сцени и на слични дијалози,Бекет како да ја нагласува ирационалноста на чекањето, зада се сфати смислата на вистинскиот живот кој никако дадојде и да се случи. Како алтернатива се нуди бесмислена

стварност исполнета со вегетирање и надеж дека утре тоа ќесе смени.

Семјуел Бекет негувајќи го театарот на апсурдот, горазвива во литературна форма егзистенцијализмот кое какоучење најцелосно го разработил филозофот и писател Ж. П.

Сартр. Од своја страна Бекет изврши силно влијание врзповеќе современи автори. Тука би ги спомнале: Харолд

Пинтер, Вацлав Хавел, Ежен Јонеско, Том Стопард и др.Цитат за ово час: Со човечките солзи секогаш е исто. Штом еден ќе почне

да плаче, некаде некој друг ќе престане. Слично е и со насмевката.Семјел Бекет Бекет на ирска монета

Page 63: makedonski jazik i literatura za IV godina

МИХАИЛ ШОЛОХОВ (1905 - 1984)Михаил Александрович Шолохов е руски писател од

советскиот период и добитник на Нобеловата награда залитература (1965), за уметничката сила и целовитоста на

епосот за донските козаци во пресвртните за Русијавремиња. Во своите дела ја продолжува традицијата наголемите имиња на руската литература, да се пишува занастани кои се од судбоносно значење за рускиот народ.

Иако живее и создава во време кога на мода есоцијалистичкиот реализам, Шолохов се издигнува над

догматските норми што ги застапува тој правец, ставајќи гиво преден план човечките судбини.

Со мали исклучоци Шолохов го поминува својот животен иработен век таму каде што се родил - меѓу донските козаци ија дели со нив судбината и гордоста. Козаците се општественслој кон кој историјата не секогаш била праведна и кои низ

премрежјата полека го губеле својот идентитет.

Page 64: makedonski jazik i literatura za IV godina

Шолохов се родил во населбата Кружилино, во близина наВјошенскa, во Ростовската област. Основното образование го

стекнал во црковно училиште, а гимназија посетувал воповеќе градови, поради службените преместувања на татко

му. Школувањето го прекинал во 1918 година во екот наГраѓанската војна. По војната едно време живеел во Москва,

обидувајќи се да го продолжи образованието и порадинемање средства работел тешки физички занаети (носач,ѕидар). Истовремено учествувал во литературната група

Млада гвардија, но брзо ја напуштил и се вратил во родниоткрај за да земе учество во неговата обнова. Меѓу другото

работел на описменување на возрасните.Своите први литературни обиди ги објавува во 1923 година.Со збирките новели: Донски раскази и Азурна степа јанавестува својата раскажувачка дарба како и предметот на

неговото интересирање - животот на козаците вопресвртните години на почетокот на минатото столетие.

Page 65: makedonski jazik i literatura za IV godina

Романот-епопеја Тивкиот Дон (1928-1940) му донелацелосна афирмација. Во исто време Шолохов објавувал

делови од другото поголемо дело Разорана Целина (1932)кое целосно ќе го издаде многу подоцна (1959).

За време на Втората светска војна Михаил Шолохов бил воендописник од фронот за повеќе весници, во кои објавувал и

кратки раскази и есеи за хероизмот и страдањата на рускиотчовек во Татковинската војна. Тогаш настанала новелатаНаука за омразата (1942). Војната ќе биде предмет на

недовршениот роман Тие се бореа за татковината и нановелата Судбината на човекот (1956).

До крајот на својот живот Шолохов ќе биде општественоангажиран, учествувајќи со свои прилози за литературата и

уметноста во разни списанија. Во исто време ќе бидеудостоен со сите поголеми државни награди и со многу

меѓународни признанија. Последните години, тешко болен гипоминал таму каде што се родил во Вјошенска.

Page 66: makedonski jazik i literatura za IV godina

Романот Тивкиот Дон е најзначајното дело, во кое сераскажува за трагиката на козаците, како општественагрупа, во времето од 1912 -1922 година преку личнитезаблуди на одделни нивни водачи. Заради објективниот

пристап кон настаните, Шолохов бил критикуван одприврзаниците на т.н. соц-реализам, но затоа романот со

симпатии бил пречекан и преведуван на ЗападВо новелата Судбината на човекот се раскажува за

моралната големина на обичниот руски човек предаденапреку трагедијата што ја доживеал Андреј Соколов. Тој

откако останал сам, на крајот смогнал сили да му се врати наживотот и да му се радува, откога едно осамено и напуштено

момченце во него ќе го препознае својот татко!Во делото се говори за страдањата на кои бил изложен

главниот јунак, кој како воен заробеник, речиси целата војнаја поминува во германските логори и покрај повеќето обиди

да побегне од нив.

Page 67: makedonski jazik i literatura za IV godina

Откако најпосле побегнал и им се приклучил на единицитена Црвената Армија, дознал дека сите членови на неговотосемејство: сопругата Ирина, двете ќерки и синот настрадале

во војната. Останат сам, со омраза во душата, но и содлабока тага, патувајќи низ непрегледните предели на

земјата, Андреј Соколов ќе го сретне детето Вања кое ја имаистата судбина - во војната останало само без своите

родители. Двајцата ќе станат приврзани еден на друг, меѓунив ќе се развие љубов. Главниот јунак ја прифаќа измаматаза да ублажи сопствената болка, да ја замени осаменоста со

љубов и грижа за напуштеното дете.Новелата носи силна антивоена порака, за апсурдноста на

сите стравотии што ги носи војната, а особено за физичкотоуништување. Но уште посилно во делото доаѓаат до израз

љубовта, добрината и сочувството како хумани особини коитреба да ги негува човекот. Михаил Шолохов на умешен

начин го слави величието на обичниот човек.

Page 68: makedonski jazik i literatura za IV godina

...Татенце, каде ти е тебе кожното палто? Во живототникогаш не сум имал кожно палто! Морав да излажам. ВоВоронеж остана, му реков. Ама ти тато, зошто толку долгоме бараше? Му одговорив - Јас тебе синче и во Германијате барав, и во Полска, и сета Белорусија ја изодив и јапропатував, а ти во Урјупинск си било. Ама тато, Урјупинскблизу до Германија е? А до Полска, тоа далеку ли е однашата куќа? И така брборевме со него дури не заспавме....А, мислиш ли братче дека само онака ме праша закожното палто? Не, сето тоа не е туку-така. Татко му, онојвистинскиот, некојпат носел такво палто, па ете муостанало во умот. Зошто, детскиот ум ти е како летнатамолња, ќе молсне, за миг сѐ ќе осветли и ќе згасне. Така иумот му работи, само ќе молсне!..

Извадок од Судбината на човекот (преземено од сакамкниги.мк.)

Цитат за овој час: Мојата мајка уште во детството ме учеше на љубов конукраинскиот народ, украинската уметност и кон украинските песни, едни

од најмилозвучните во светот. Михаил Шолохов

Page 69: makedonski jazik i literatura za IV godina

АЛБЕР КАМИ (1913 -1960)Албер Ками е едно од најголемите имиња на француската

литература од средината на 20. век и добитник наНобеловата награда за литература (1957). Во своите дела

настојуваше да даде одговор на проблемите со кои сесоочуваше човештвото пред, за време на, и непосредно поВтората светска војна. Тоа е време кога моралната криза на

човекот ја загрозуваше неговата егзистенција, кога себараше решение за надминување на таквата состојба.

Иако не можеше во целост да ги афирмира своитефилозофски и литературни погледи (поради прераната смртво сообраќајна несреќа), Албер Ками уште додека беше жив

се сметаше за класик во француската литература. Тој еактуелен и во денешно време, затоа што проблемите со

човековата егзистенција не се надминати. Оттуѓеноста начовекот, баналноста на секојдневието што ги потиснуваат

човековите стремежи за посреќен живот сѐ уште се присутни.

Page 70: makedonski jazik i literatura za IV godina

Ками е роден во сиромашно семејство во Мондови, восеверниот дел на Алжир. На само една година останал без

татко (кој загинал како војник во Првата светска војна). Мајкаму со тешка физичка работа го издржувала семејството. Во

тешки животни услови Ками ги завршил гимназијата и студиитепо филозофија на универзитетот во Алжир (1936).

Сиромаштијата ќе биде причина Ками да се разболи одтуберкулоза од која ќе се лекува многу години подоцна и

поради која се откажал од спортот, кој заедно со театарот илитературата му биле омилени активности.

За театарската група Екипа, која ја раководел, ги пишувасвоите први пиеси (некои од нив преработки од други автори).

Откако ги завршил студиите се занимавал со новинарствонајпрвин во Алжир, а потоа и во Франција, каде што се

преселил да живее. На почетокот на Втората светска војна сепријавил како доброволец, но поради нарушеното здравје бил

одбиен. По краткиот престој во Алжир, се вратил во Франција исе приклучил на Движењето на отпорот против фашизмот.

Page 71: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во тој период го напишал својот прв роман Странецот(1942) и есејот Митот за Сизиф како објаснување на

содржината на романот. Тогаш, а и подоцна, низ бројни есеии предавања Ками ќе ги изложува своите политички и

филозофски идеи. Неговите политички погледи се движеле одкомунизам и пацифизам, па сѐ до анархизам! Но тој силно ќе

му се спротивстави на тоталитаризмот воспоставен воисточноевропските земји по Втората светска војна. Од тиепричини ќе дојде до прекинување на пријателството меѓу

него и Ж. П. Сартр, за кого комунизмот претставувалсовршенство на човечко општество, без разлика како ќе се

спроведува.Идејата на Ками за мир и справедливост и отпор противнасилството во времето на блоковска поделба на светот,

некои негови пријатели на поинаков начин ја прифатиле и кајнего создале разочараност и депресија Тој јавно протестирал

против режимот во Шпанија (1952) и во други земји.

Page 72: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во поглед на филозофските идеи, Ками бил против тоа да сеповрзува за некаква идеологија. Тој дури се противел

егзистенцијализмот да се поврзува за неговото име. За неголуѓето биле помили од која било идеја. Сепак, не може да се

одбегнат неговите размисли околу теоријата на апсурдотспоред која стремежот на луѓето кон јаснотија и смисла неможе да се исполни во целост. Во своите дела го прифаќапозитивното од егзистенцијализмот и надреализмот, а гоотфрла песимизмот за кој се залагале Жан Пол Сартр и

Андре Бретон.Литературното творештво на Ками е обемно и разновидно.Покрај Странецот го сочинуваат и романите: Чума (1947),

Падот (1956), Среќна смрт и Првиот човек (издаденипостхумно од неговите ќерки); повеќе есеи (Опачина илице, Пир...); драмите Калигула, Недоразбирање,

Опсадна состојба, Праведници... и повеќе преводи иадаптации на дела од В. Фокнер, Ф. М. Достоевски...

Page 73: makedonski jazik i literatura za IV godina

А. Ками е автор и на повеќе книги со чисто филозофски идеи.Романот Странецот е најпопуларното Камиево дело. По обем е

мало, содржи 11 поглавја поделени во два дела. Во првитешест поглавја се раскажува за настаните кои му претходат наубиството што го извршил главниот лик Мерсо. Во вториот дел

се прикажува престојот во затворот и текот на судењето.Однесувањето на Мерсо на веста за смртта на мајка му која сенаоѓала во дом за старци, отсуството на желба да се отвори

ковчегот со посмртните останки на мајка му, неговатарамнодушност на денот на погребот, одењето на плажа со

девојката Марија попладнето и т.н., се настани од првиот дел,кои при распитот на сведоците, ќе се преповторат во текот на

судењето, и врз кои обвинителот ќе ги засновува своитедокази при одмерувањето на казната за извршеното убиствонад Арапот. За сето време во затворот Мерсо е рамнодушен и

незаинересиран за исходот од процесот. Се чувствува какотуѓинец меѓу туѓинци.

Page 74: makedonski jazik i literatura za IV godina

Откако ја дознава казната Мерсо почнува да се бунтува заштосудот е неправеден, а преку него и општеството кое донесувазакони преку кои обвинителот врз лични убедувања може дапредлага казни, а судот да ги прифаќа. Во основа, Странецоте критика на правосудството, затоа што казната е неправедна- убиството не е извршено со предумисла. Вината на Мерсо се

состои во тоа што не сака да ги прифати општествените иморалните норми на средината. Тоа што Мерсо е рамнодушен

кон сѐ, не значи дека ја заслужува смртната пресуда.Неколку месеци подоцна Ками го објавува есејот Митот наСизиф како дополнување на романот Странецот, во кој во

неколку поглавја го дообјаснува апсурдот во кој запаѓасовремениот човек и можниот излез од таа состојба.

Вредноста на романот го надополнува и совршениот стилпреку кој со класична одмереност се прикажани настаните вопрвиот дел и текот на судењето кое следува во вториот дел.

Цитат за овој час: Ако ништо не би имало смисла, би биле во право. Но,постои нешто што сè уште има смисла. Албер Ками

Page 75: makedonski jazik i literatura za IV godina

СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРАВо средината на педесеттите години на минатото столетие во

македонската литература полека се напушта концептотспоред кој творештвото треба да биде во функција на

општествените интереси и почнуваат да се пронаоѓаат новитематски подрачја, освен оние за војната и повоената

изградба. Новите сфаќања, меѓу другото, се јавуваат какорезултат на промените во политичкиот и општествениотсистем на тогашната држава Југославија, во чии рамки

нашата татковина беше составен дел.Меѓу литературните жанрови во кои слободата на изразот ислободата во изборот на темите најпрвин се почувствувала

била лирската поезија. Таа полека ја напуштала социјалнататематика за да се префрли во сферата на интимните

човекови простори. На тој чин му претходеле полемикиобјавувани на страниците на литературните списанија(особено на страниците на Современост и Разгледи).

Page 76: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во литературната критика тогаш, а и многу години подоцна,често се користеле синтагмите прва, втора, трета... генерацијамакедонски поети (или прозаисти). Можеби пологично би билода се проследуваат фазите (периодите) на одделните жанровиво нашата литература. Зашто има поети од првата генерација

(Ацо Шопов, Блаже Конески, Славко Јаневски) чиетворештво минува низ повеќе фази.

Па така, за првата (повоена) фаза е карактеристичносвртеноста на авторите кон темите и мотивите од војната

(Славко Јаневски, Венко Марковски, Ацо Шопов, БлажеКонески, Лазо Каровски)

Во втората фаза (во педесеттите) на веќе посочените (АцоШопов, Блаже Конески) им се придружуваат Гане

Тодоровски, Матеја Матевски, Гого Ивановски, ТомеАрсовски. Предмет на нивниот интерес е поетовата интима со

навлегување во сферата на рефлексивното. Дури иродољубивата лирика прозвучува помодерно (Анте Поповски).Следува еден период (во шеесеттите години) кој критичарите

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Србо Ивановски поет, раскажувач, романсиер, драмски автор и писател за деца. Роден е 1928 година во Штип. Дипломирал на групата Јужнословенска книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје. Во литературата се јавува веднаш по Војната. Работел како уредник во Телевизија Скопје. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1949 година. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Ги објавил следните книги: Поезија - Лирика (1950), Желби и меѓи (поема, 1950), Средби и разделби (1953), Бели крикови (1956), Маѓепсан патник (1966), Пена од планината (1972), Прстен на времето (1993), Горчлив корен (1994), Челуст на времето (1996), Близу до животот близу до смртта (1998). Проза - Жена на прозорецот (раскази, 1955), Осамени (роман, 1957), Мартин Нуната (роман, 1979), Леонида трча окрвавен (роман, 1980), Кога тетин Клименте шеташе над градот (раскази 1982), Додека го чекавме Андреја (роман, 1990), Балада за исчезнатите (роман, 1994), Неподобниот (роман, 1997). Песни за деца - Сончево око и Босоноги пеперуги. Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „13 Ноември“ и „Стале Попов“. Српското издание на неговата книга песни „Маѓепсан патник“ во 1976 година ја доби наградата „Бранко Миљковиќ“.
Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Гого Ивановски (Скопје, 18 јануари 1925 - Скопје, 15 декември 2004 бил македонски поет и раскажувач. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1947 година. Завршил високо стручно образование. Работел како уредник во Македонската телевизија. За новата пролет“ (поезија, 1946) „Стихови“ (1948) „Лазарополе“ (поема, 1951) „Песни“ (1953) „Луѓе по патот“ (проза, 1953) „Ден на деновите“ (проза 1953) „Сенки на далечното“ (поезија, 1954) „Глас“ (поезија, 1957) „Несоници“ (поезија, 1960) „Улица што била живот (лирска проза, 1963) „Одбрани песни“ (1967) „Избор“ (1973) „Струга“ (поезија, 1958) „Подземни води“ (поезија, 1958) „Песни од третото доба“ (2000) Од Википедија
Page 77: makedonski jazik i literatura za IV godina

го нарекуваат модерната во македонската литература, коганашата лирика силно ги раскрилува своите потенцијали и

освојува свое место под сонцето на (тогашната)југословенска литература. Во таа поголема група би гиспомнале Петре М. Андреевски, Петар Т. Бошковски,Радован Павловски, Богомил Ѓузел, Влада Урошевиќ,

Јован Котески.Во почетокот на седумдесеттите години на 20. век се јавуваедна нова фаза (ако сакате и генерација!) во која симболитесе доминантни во поетиката (на Чедо Јакимовски, Михаил

Ренџов, Тодор Чаловски, Атанас Вангелов, ГорданаМихаилова-Бошнаковска, Светлана Христова-Јоциќ,Иван Чаповски, Катица Ќулафкова, Вера Чејковска...).Современите тенденции во нашата поезија ги застапуваатповеќе автори, секој со свои индивидуални пристапи кон

творечкиот порив и чии творби се преведени на други јазициБранко Цветковски, Лидија Димковска, Никола Маџиров.

Page 78: makedonski jazik i literatura za IV godina

Иако на појавата на првиот роман на македонски јазик сечекаше повеќе години (ако не ги сметаме романите во

стихови на Венко Марковски!), за релативно кусо времемакедонската литература беше збогатена со повеќе дела одовој вид. Нивни автори беа Славко Јаневски, Стале Попов,

Јордан Леов, Ѓорги Абаџиев, а периодот (фазата) некоиисторичари на литературата го (ја) насловуваат како

почетоци на современиот македонски роман.Веќе кон крајот на педесеттите години на 20. век имаме

трагање на помодерен израз, иако тематски писателите сѐуште биле свртени кон војната и кон обновата на земјата иколективизацијата (Владо Малески, Димитар Солев). Тоаќе продолжи со уште некои автори (Сотир Гулески, Симон

Дракул, Методија Фотев, Коле Чашуле).За третата фаза која настапува во средината на шеесеттите

години можеме да кажеме дека се карактеризира сомодернизирање на творечкиот приод и со мноштво теми.

Page 79: makedonski jazik i literatura za IV godina

Некои тој период го нарекуваат ран развој на психолошкиотреализам (Венко Андоновски), кој целосно ќе се разгрне исозрее за десетина години. Тогаш ќе се создадат некои од

најубавите романи во нашата литература, а нивни автори сеЃорги Абаџиев (Пустина), Славко Јаневски (И бол и бес, Две

Марии), Димитар Солев (Кратката пролет на МоноСамоников), Владо Малески (Разбој). Не помало вниманиезаслужуваат и прозните остварувања од тоа време на МетоЈовановски, Јован Бошковски, Цветко Мартиновски,

Влада Урошевиќ...Следната фаза во развојот на нашиот роман некои ја

нарекуваат модернизам (Венко Андоновски) или пак спој натрадиционалното и модерното (Наташа Аврамовска) и во неа

имаме силен наплив на романескни и воопшто на прозниостварувања, чии автори се Славко Јаневски, Живко Чинго,Божин Павловски, Владимир Костов, Петре М. Андреевски,Методија Фотев, Коле Чашуле, Ташко Георгиевски, Петар

Ширилов, Васе Манчев, Јадранка Владова.

Page 80: makedonski jazik i literatura za IV godina

Најпосле, следува фазата наречена постмодернизам во којаоткако сѐ е напишано и сите теми се исцрпени, писателите се

навраќаат на веќе познати личности и дела, за да ни гипрераскажат на свој начин: Данило Коцевски (Одисеј),Слободан Мицковиќ (Смртта на Александар), Славко

Јаневски (Миракули на грозомората, Чудотворци...), МиткоМаџунков (Кула на ридот), Крсте Чачански, ДимитријаДурацовски, Венко Андоновски (Папокот на светот),

Александар Прокопиев, Гоце Смилевски (Разговор со Спиноза,Сестрата на Зигмунд Фројд), Оливера Ќорвезировска, Ермис

Лафазановски...Што се однесува до развојот на македонската драма, тој се

надоврзува на она што е создадено меѓу двете светски војни.Иако драмската уметност била застапена уште за време наВојната преку едночинки и на начин како што дозволувале

условите, првите драмски дела се појавиле по неколку години анивни автори се Васил Иљоски, Коле Чашуле, Венко

Марковски, Томе Арсовски и нешто подоцна Симон Дракул.Во шеесеттите години на 20. век се јавува нова генерација

Page 81: makedonski jazik i literatura za IV godina

драмски писатели (Бранко Ставрев, Богомил Ѓузел, БранкоПендовски) која ги проширува тематските хоризонти со

внесување на митолошкото и фолклорното во драмите. Тоаособено ќе биде воочливо неколку години подоцна кога ќе се

појават драмските текстови на Митко Маџунков, Живко Чингои Петре М. Андреевски, и особено на Горан Стефановски.

Тогаш ќе бидат прикажани и драмски дела со различнижанрови (комедии од Васил Иљоски, Коле Чашуле, Миле

Поповски, Томе Арсовски; трагедии од Коле Чашуле, ГоранСтефановски; стихувани драми од Георги Сталев, Миле

Неделковски, Благоја Ристевски - Платнар).Во поново време во таканаречениот постмодерен период, се

јавува политички ангажираниот театар (според НаташаАврамовска) во кој значајно место им припаѓа на Коле

Чашуле, Јордан Плевнеши Дејан Дуковски. Покрај нивима уште неколку афирмирани драмски автори (ЖанинаМирчевска, Венко Андоновски, Горан Стефановски,

СашкоНасев) кои на еден или на друг начин (преку

Page 82: makedonski jazik i literatura za IV godina

компилација на веќе познати дела или нивна преработка),успешно го потврдуваат високото реноме што нашата драмска

литература го има стекнато од порано.Цитат за овој час: Драмата на самиот театар во нашата земја влегува во

својата зрела фаза. Во неа не се остварува само локалната, туку и, слободноможе да се рече, европската репутација на македонскиот театарски миг, која

не само што слободно може да се споредува со најзначајните токови намодерниот сценски израз, туку придонесува за оживотворување на една

далекусежна мисија на македонското присуство во светот...„Ѕвездениот миг” на македонскиот театар започна точно во времето кога

самостојно, без посредници, влезе во отворените уметнички битки...Со преведување на македонските драмски автори на туѓи јазици, со издавањена нивното творештво на повеќе европски меридијани, и со изведувањето на

нивните дела на сцените на сите континенти, всушност, беше продлабоченаафирмацијата и продолжен започнатиот подем. Во оваа смисла, не помалку

значајно е присуството на македонските режисери на многу сцени надвор одРепубликата... Ристе Стефановски: Од македонската порака за светскиот ден

на театарот, 2005

Page 83: makedonski jazik i literatura za IV godina

МАТЕЈА МАТЕВСКИ (1929)Матеја Матевски е исклучителна појава во современата

македонска литература. Припаѓа на втората генерацијаповоени македонски поети, кои се појавија кон средината на

20. век. Но тој не помалку е значаен како есеист, каколитературен и театарски критичар, и како преведувач. Неслучајно 50. јубилејна награда на Струшките вечери на

поезијата - Златниот венец, годинава (2011) ќе ја понесетокму Матеја Матевски.

Роден е во Истанбул (Цариград) во печалбарско семејство.Основното образование го завршил во Гостивар, гимназија

во Тетово и Скопје. Студиите ги почнал во Белград, гизавршил во Скопје (на Филолошкиот факултет). Извесновреме престојувал во Париз, изучувајќи го францускиот

театар и драма. Работел како новинар, уредник и најпослебил генерален директор на Македонската радиотелевизија.Десетина години бил претседател на Републичката комисија

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Роден во Истанбул, во вториот Рим, Матевски и симболично претставува комбинација на наследената полихромна културна традиција и на индивидуалниот копнеж по целината, на индивидуалната амбиција да се достигне врвот, да се изрази себството, да се ослободи внатрешниот творечки конфликт, да се доживее катарзата на идентитетот преку византиски вештиот, рационален, естетизиран и барокно устроен маниризам Академик Катица Ќулафкова
Page 84: makedonski jazik i literatura za IV godina

за културни врски со странство, а неколку години и член наПретседателството на Социјалистичка Република Македонија.Во прилог на неговата биографија се и следниве факти: бил

професор во средно училиште, уредник вокнигоиздателството Кочо Рацин, уредник на списанијата

Млада литература и Разгледи, професор на Факултетот задрамски уметности. Член е на Друштвото на писателите наМакедонија (бил и негов претседател) и на Македонскиот

ПЕН центар (бил и негов претседател, сега е почесенпретседател). За член на МАНУ е избран 1979 (како дописен,

и од 1983 како редовен), нејзин претседател (2001- 2003).Матеја Матевски е иницијатор за основање на повеќе

културни манифестации во земјава и потоа нивнипретседател (Струшките вечери на поезијата, Рациновисредби, Охридско лето и сл.). По негова иницијатива се

основани друштва на пријателство на Македонија соФранција, со Норвешка, со Турција.

Page 85: makedonski jazik i literatura za IV godina

Матеја Матевски својата писателска дејност ја започнал сообјавување на творби во литературната периодика (1952). Вонеговата творечка актива доминантна е поезијата, иако има

објавено и повеќе книги со есеи и критика.Ова се збирките поезија: Дождови (1956), Рамноденица

(1963), Перуника (1976), Круг (1976), Липа (1980), Раѓањена трагедијата (1985), Оддалечување (1990), Црна кула

(1992), Завевање (1996), Мртвица (1999), Внатрешенпредел (2000), Отаде заборавот (2003), Копнеж по

целина (2005), Предели покриени со вода (2006), Ветроти градот (2007).

Книги со есеи и кртитики: Од традицијата кон иднината(1987), Драма и театар (1987), Светлината на зборот

(1998), Искушенијата на идентитетот (2003).Поезијата на Матеја Матевски е приопштена на многу светски

јазици. Застапен е речиси во сите избори и антологии намакедонската поезија, но исто така и во многу антологии на

југословенската, европската и светската литература.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Матевски е најпознатиот македонски поет во светот. Тој во меродавниот всет на поезијата на светот и во нејзините актуелни текови се наметна како светска поетска фигура. Тоа се знае, за тоа се говори во угледните книжевни средини, тоа се почитува во нив, но тоа, сепак, не се чувствува кај нас бидејќи малата средина не трпи голема искреност и од нашите тесни срца (и поради балканските комплекси) не се изговараат големи зборови Академик Георги Старделов, на промоцијата на Избраните дела на Матеја Матевски во 10 тома, издание на Матица Македонска
Page 86: makedonski jazik i literatura za IV godina

Восхитувачка е преведувачката актива на Матеја Матевски.Неа ја сочинуваат педесетина книги поезија, прозни идрамски дела од десетина светски и странски јазици

(шпански, руски, француски, италијански, како и српски,словенечки, албански), што ги превел сам или заедно со

неговата сопруга Загорка. Особено се значајни препевите ипреводите од шпанската литература (од Ф.Г.Лорка, П. Неруда,

Рафаел Алберти, Х. Х. Падрон...).Удостоен е со повеќе домашни и меѓународни награди. Од

домашните би ги спомнале: Награда на Друштвото написателите на Македонија (1956), Браќа Миладиновци (1963и 1980), 11 Октомври (1963), Кочо Рацин (1980), Книга на

годината (1992), Книжевно жезло (1997), Македонско словоза книжевен опус (2000), Велја кутија на Македонски духовни

конаци.Како преведувач е лауреат на наградите: Григор Прличев,

Кирил Пејчиновиќ и Златно перо.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Тие се наменети за осамата на неограниченото време во манастирските или во затворските ќелии, тие се наменети и за часови по медитација, за носење в пазува и за бегство од вревата, за ноќните масички пред тешките мигови на ноќните несоници Академик Милан Ѓурчинов
Page 87: makedonski jazik i literatura za IV godina

Подолг е списокот со награди и признанија, како и со другипочести што Матеја Матевски ги добил надвор од земјава.

Некои од нив: Специјална награда за литература на Премиомедитеранео (Палермо, Италија, 1983), награда Блез Сандрар

(Ивердон, Швајцарија, 1986), Фернандо Риело за мистичнапоезија, за збирката Црна кула (Мадрид, Шпанија, 1990),

Жупанчичева листина (Словенија), Горанов венец (Луковдол,Хрватска, 1987), Балканска награда за поетски опус Ергуван

(Чаталџа, Турција, 1966), Атлантида на Меѓународниот поетскифестивал (Лас Палмас, Шпанија, 1998), наградата Триестепоезиа (Трст, Италија, 2001), награда на Меѓународната

академија во Куртеа де Арџес (Романија, 2003), награда Златенклуч (Смедерево, Србија, 2003), награда на Поетската

академија (Калкута, Индија, 2004) награда на АкадемиаМедитеранеа (Неапол, Италија) и најновата: Наградата за

животно дело Јан Смрек на фестивалот во Словачка (2010).Матеја Матевски е член на Европската академија за наука и

уметност (Салцбург, Австрија), член на Европското друштво за

Page 88: makedonski jazik i literatura za IV godina

култура (Венеција), дописен член на Северноамериканскатаакадемија на шпански јазик (Њујорк), почесен член на

Друштвото за наука и уметност (Битола). И уште: носител е наповеќе одликувања, меѓу кои и на Легија на честа (Франција).Во нашата литература Матеја Матевски се јавува во време когазапочнува еден процес на осовременување и збогатување напоезијата (и прозата) со нови тематски и изразни можности.

Тоа е време на конфронтација на авторите на реалисти имодернисти, која се водела на страниците на литературните

списанија. Уште со својата прва збирка Дождови, Матевски гоприфаќа новиот поглед и поетски концепт, напуштајќи ја

пренагласената поетичност и свртувајќи се кон сопствениотвнатрешен свет, кон интимните доживувања. Неговата поезијапозитивно ја оценуваа и противниците на модернизмот, заштотаа, всушност, беше спој на традиционалното и модерното. И

пред сѐ, тоа беше во основа оргинална поезија во која серазоткриваше испреплетена емотивна и мисловна содржина.

Во втората стихозбирка Рамноденица Матевски го продолжува

Page 89: makedonski jazik i literatura za IV godina

нагорниот пат кон поетското созревање. Своето неспокојство сеобидува да го смири свртувајќи се кон природата, за да побара

одговор на прашањата: која е смислата на човековотопостоење, треба ли да се има верба и надеж:

Те барам долго езеро но каде си ми тиво окото на бранот во грлото на каменотпритаена роса врз дланката на планините

глас одамна изговорен во пепелта на водите. (Езеро)Во збирката Перуника, Матевски оди понатаму во рафинирањена изразот: преку економичност на зборовите прави успешен

спој на народниот и модерниот поетски јазик:Ја градев јас долго под вишната карпапод вишната карпа под ширното небо

тебе ти ја градев за тебе ја правевкаменот го збирав од мојата солзаденови го збирав векови го редев

од мојата солза од твојата смеа. (Мајстори)Во средиштето на поетовиот интерес е секогаш човекот,

Page 90: makedonski jazik i literatura za IV godina

неговиот внатрешен свет и неговиот однос кон природата.Понекогаш прави обид со звучна сензитивност да го

разоткрие и надополни поетовиот простор.Некаде ѕвони. Некаде далеку ѕвони.

Звуците се бранови на ветеротниз тревите подгонети....

...Некаде ѕвони. Премногу дамна и сега.Сè боли, небо. По тревата

на звуците познати легни ме. (Ѕвона)Во тој простор многу често се пренагласува чувството на

загрозеност на човекот. Сѐ помалку има убавина, сѐ повеќесе губи човечноста, сѐ повеќе надвладува мракот:

Темни помории идат од длабините на човекотцрни семиња од кои црната кула се раѓа... (Црната кула)Цитат за овој час: Среќен сум што заедно со толку големи учители,

современици и пријатели што сиве години со своите стихови ја почестувааи ги честеше Струга, го сонував и остварував, и можам да речам со радост

дека го иссонував тој убав сон. Матеја Матевски, венценосец, Струга, 2011

Page 91: makedonski jazik i literatura za IV godina

ГАНЕ ТОДОРОВСКИ (1929 - 2010)Гане Тодоровски е, по многу нешта, исклучителна

личност во македонската литературна и културна историја.По она што го остави зад себе, неговиот придонес далеку гинадминува рамките на родната земја, заземајќи доминантни

позиции на балканските простори, ако не и пошироко.Гане Тодоровски е роден во Скопје. Дипломирал и

докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, каде штодолги години работел како професор. Бил на чело на

повеќе асоцијации, меѓу другото, претседател на Советотна Струшките вечери на поезијата, и на двапати

претседател на Друштвото на писателите на Македонија. Сонастапувањето на политичкиот плурализам во Македонија,

со поетот Анте Поповски ја основаа првата политичкаорганизација - Движењето за семакедонска акција-МААК, и

беше прв нејзин претседател. Подоцна ќе замине какоамбасадор на земјава во Руската федерација (1997).

Page 92: makedonski jazik i literatura za IV godina

Својот работен век го започнал како новинар во повеќередакции, за подоцна целосно да се посвети на

литературната и научната дејност, создавајќи импозантенопус на оригинални творби (12 стихозбирки) и преведени

дела (во три тома), како и на голем број литературни записи,есеи, критики и сл. (во пет тома од Избраните дела).Истовремено, Гане Тодоровски активно учествувал во

уредувањето повеќе литературни списанија (Современост,Разгледи, Културен живот и др.).

Не е без значење ангажманот на Гане (така го викаа сите!)во составувањето на повеќе антологии (на словенечката,хрватската, австриската поезија, на албанските поети од

некогашната Југославија...) сам или во коавторство со други.За својата неуморна работа академик Гане Тодоровски беше

удостоен со повеќе литературни и државни награди ипризнанија (Браќа Миладиновци, Климент Охридски, 11

Октомври, 23 Октомври...) и награди за преведувачка дејност(Григор Прличев, Кирил Пејчиновиќ, Златно перо).

Page 93: makedonski jazik i literatura za IV godina

Гане Тодоровски го почнува литературниот потход со збиркатапесни Во утрините (1951), која, иако не донесува нешто ново

(тематски е посветена на обновата и изградбата нататковината), сепак го најавува авторот како поет со лирскасензибилност. Веќе со следните збирки: Тревожни звуци

(1953) Спокоен чекор (1956) и Божилак (1960), Ганеразоткрива нови тематски простори блиски до секојдневниотживот. Создава специфичен јазик со многу неологизми, трага

по нови форми за да ја прикаже социјалната судбина начовекот и да ги одгатне неговите морални дилеми.

Во следните петнаесетина години, за кои критичарите велатдека е втората фаза во творештвото, Гане ги објавува збиркитеАпотеза на делникот (1964), Горчливи капки непремолк

(1970), Снеубавен ден (1974), и Скопјани (1981). Ја опишуваурбаната средина, со иронија зборува за пустошењата на

селата (Фуснота без повод), се навраќа на личности и настаниод нашето минато (Крсте Мисирков по 1903-та година, 4 мај

1903).

Page 94: makedonski jazik i literatura za IV godina

Речиси шестдецениското присуство во нашата литератураГане го заокружува со уште неколку збирки поезија:

Неволици, неверици, несоници (1987), Недостижна(1995), Осамен патник (поезија на англиски, 1996) Гордиакорди (2009) која е компилација од сите негови збирки, носодржи и повеќе песни кои се настанати 2006-2009 год. и коиза првпат се објавени. Збирката содржи 80 песни. Со неа сеодбележа 80-годишниот животен јубилеј. Последната негова

објава е книгата Токму така (2010).Гане Тодоровски е исто толку значаен и како литературенисторичар, есеист и критичар. Автор е на десетина книгилитературни записи (од Претходниците на Мисирков -

1968, до Книга наша сиреч славјанска - 1989). Тиеосветлуваат значајни поглавја и личности од нашата

културна историја. Без неговиот придонес што го сочинуваатнад 230 одделни публикации (до овој момент!) сигурно едека нашата историја и нашата литература би биле многу

посиромашни.

Page 95: makedonski jazik i literatura za IV godina

Гане Тодоровски остави зад себе повеќе песни кои сенеодминливи во секоја антологија на современата

македонска поезија. Една од тие творби е песната Седумнавраќања на мотивот трепетлика, застапена возбирката Спокоен чекор. Постојаното треперење на

трепетликата (јасиката, лат. populus tremula) ќе го инспирирапоетот да пее за неспокојот и немирот на кои е осудена,

осамена среде плодното поле. Низ седумте строфи епредадена нејзината судбина сама да вишнее, да им

заблазнува за рожбите на птиците, кои гнезда во неа свиле,а самата таа е неротка.

Им се заблазува на птицитегнезда што свиле во неа,

на сонот, рожбите, починката им заблазува.Несонка. Неротка. Зелена неспокојничка.

Особено се впечатливи зборовите со кои поетот ја именуватрепетликата: лична сретполка, несонка, немирлика,

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
СЕДУМ НАВРАЌАЊА КОН МОТИВОТ ТРЕПЕТЛИКА 1. Зелени клепки несон. Зелена, нема разбранетост. Таа е лична средполка, сред поле сон прегладнета. 2. Ставата и е зеленило пеперуги пленети вечно во вишна вертикала. 3. Прекопната за спокој, неспокојна се траќа, трепери простум, се вѕира во облаците, го следи патот, тагува по катунците и ѕемне кога спотнат средлетните безветрини. 4. Ја мачи ли безсоница, во уплав ли се тресе грешно – прегрешена јаловица занесена? 5. Крстеник да ми беше, со Немир би ја крстел, немир – немирлика, неродна полска висотија. Вечерник да сум, трепетот би и го брстел, трепетот, показ на стравлива самотија. 6. Колку е само плашливка, самата ќе ви рече, везден треперење: Утрина, Пладнина, Приквечер. 7. Им се заблазува на птиците гнезда што свиле во неа, на сонот, рожбите, починката им заблазува. Несонка. Неротка. Зелена неспокојничка. Гане Тодоровски
Page 96: makedonski jazik i literatura za IV godina

плашливка, неродна полска висотија...Не помалку сеинтересни метафорите и епитетите:

Ставата и е зеленило пеперугипленети вечно во вишна вертикала

или:Таа е лична средполка,

сред поле сон прегладнета.Гане Тодоровски зад себе остави и песни со родољубив набој(Нерези, Нашинска) во кои трагичните настани од минатото

се предадени за да не се отргнат од заборавот. Токмуманастирот (Нерези), нем сведок на такви настани е симбол

на победата над премрежјата и заборавот.Безмалку и да нема област од животот во која не навлегол

немирниот поетски дух на Гане. Неговата поезија водипостојан дијалог со секојдневните работи и најчесто е со

непомирлив однос кон сите деградирања и неправди на коие изложен обичниот човек.

Page 97: makedonski jazik i literatura za IV godina

Некои од песните напишани во доцните шеесетти години сосвојата содржина се актуелни и денес (Фуснота без повод,

Делнично будење на градот). Во некои има мешање наљубовта и омразата, на меланхоличното и гневното, многу

често испомешано со ироничното. Има песни во кои наспецифичен начин ја опишува убавината на жената, притоакористејќи ги изразните можности и лексичкото богатство на

нашиот јазик (Песни за жената). А што е уште поважносоздава и пресоздава нови зборовни форми и значења кои се

веќе одомаќени во нашиот јазик. Негова е крилатицатаКолку сме толку сме токму сме!

Цитат за овој час: Слушате ли политичари? Слушате ли, обични луѓе?Слушате ли, наставници што ќе го предавате и натаму Ганета по

гимназиумите и реформираните средни школи? Погледнете на небото:едно соѕвездие нема. На него уште долго ќе го гледаме отсуството на

ѕвездите што го сочинуваа. Во тоа е утехата, ако утеха не е само обичензбор, како и животот. 26. 05. 2010 Венко Андоновски

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Завет Овдека дечиња, овдека внучиња мои. Ридјето кај што се гравали, дабјето кај што се рои, Могилка малечка овдека нека ми стои. Могилка молковна: два-три миловидни бреста -  Налик на клепала, за да ја разнесат веста Дека на некојси овдека гласот му престанал... Грска темјанушки, ко што е редно, да 'ртат, Колку на минувачите погледот да им го свртат И да им приспомнат троа-од-троа за смртта. Кожле да вишнее. Вардар со рикот да рика,  Полногласно од врутока до утока да вика. Одоколу да тече време македонско, да блика... Могила што ќе ја молитват ветројне планински,  Камен, со неколку галежни зарешки кирилски, И - едно нашинско презиме, со златно крајче на СКИ! Гане Тодоровски (1995, Москва, песна прочитана на поетовиот погреб)
Page 98: makedonski jazik i literatura za IV godina

АНТЕ ПОПОВСКИ (1931 - 2003)Анте Поповски е, без сомнение, поет кој во нашата

литература ги напиша стиховите со најубава родољубивасодржина. Истотака, тој е автор кој со есејот отвори ширумпорти за влез во неразораната целина на нашата духовна и

историска самооценка (Гане Тодоровски). Неговото присуство иреч на значајни културни настани беа неодминливи. Речиси ида немаше претставување на повредна книга или публикација,

а на која како промотор да не беше Анте, или за која тој данемаше напишано свој осврт, рецензија или слично.

Анте Поповски е роден во Лазарополе. Образованието гопродолжил во Битола. Завршил медицина во Скопје, но каколекар работел сосема кусо време, за да ѝ се посвети целосно

на литературата. Како плод на неговата посветеност напишаниот збор, се десетината збирки песни, поголем бројесеистички и публицистички прилози објавени во неколку

книги, како и препеви на песни од повеќе јазици.

Page 99: makedonski jazik i literatura za IV godina

Анте Поповски исто така е преведуван на повеќе светскијазици. Ја составил Антологијата на јидиш поезијата

(Светата земја на зборот), како и на Орфеј и Исус -библиски мотиви во современата македонска поезија.

Добитник е на повеќе литературни награди и признанија(Браќа Миладиновци (1964, 1995), 11 Октомври, Кочо Рацин,Гоцева повелба, Ацо Шопов), како и на меѓународна награда

за најдобра песна Premio Europa.Покрај литературната дејност академик Анте Поповски вршел

и повеќе општествени и раководни функции (директор наНИП Нова Македонија, на Вардар филм, член на Извршниот

совет (Владата) на СРМ, на два пати претседател наДруштвото на писателите на Македонија, на Советот на

Струшките вечери на поезијата, претседател на Движењетоза семакедонска акција - МААК...).

Првата поетска објава на Анте Поповски е збирката песниОдблесоци (1953).

Page 100: makedonski jazik i literatura za IV godina

По застој од неколку години (по период на преиспитување исозревање), ги објавува следниве збирки: Вардар (1958),

Самуил (1963), Непокор (1963), Камена (1972), Тајнопис(1975), Љубопис (1980), Родопис (1981), Сина птица (1984),

Ненасловена (1988), Провиденија (1995), Света песна(2001, тестаментална поема во 22 пеења и над 9000 стихови).Постхумно се издадена збирките Две тишини (2004), Коска

Паленица и Пророчки труби.Не може да се одмине придонесот на Анте како есеист,

публицист, дури и како мислител. Автор е на повеќе есеи,литературни огледи и критики објавени одделно или како

посебни книги: Глас од дамнина (1986), Оковано време(1991), Меѓу животот и знаците (1991), Окото, светлините(1996), постхумно Развеано евангелие (дополнето издание

на Глас од дамнина, со нови прилози, 2009). Според ГанеТодоровски во рамките на МАНУ останува да се подготви

репрезентативен избор од есеите на Анте Поповски.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Впечатливо и виртуозно му придаваше сјај и блескот на обичниот наш збор унапредувајќи го во автономна суштина. На тој превосходно даровит наш автор должни сме му до гуша и јасно и гласно треба да се обврземе, во рамките на МАНУ, да подготвиме заеднички репрезентативен избор од неговите есеи. Академик Гане Тодоровски
Page 101: makedonski jazik i literatura za IV godina

Љубовта на поетот кон својот народ и земја е бескрајна инеразделна. На едно место ќе каже Се прегрнавме и немаразделување. Таа љубов извира од непокорот која како

етичка вредност ја негувал нашиот народ, без оглед на ситетрагедии што ги поднесувал. Во поемата Вардар ќе рече:

Дојдете вие плеќести црни мажидеца и неба и времиња

-по коритото на оваа рекада потече и вашата судбина

на местото на овој мостизвишен над вашето небидие

да си прочитате:векувајте со мене!

Поезијата на Анте Поповски е модерна, родољубието е соуниверзални пораки до човештвото. Историските настани иликови од нашето минато се само симболи за да се истакне

непокорот на човекот кон неправдите.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Анте Поповски, од поемата Самуил I I I Или пак елате Објалџии опинчари рибари Брсјаци мијаци Елате По сите ориди и по сите преспи Да тргнеме Да се изброиме Малку ли сме Многу ли сме Ќе правиме царство Да видиме колку векови ќe царуваме Кој ќе ни биде цар Кој Бог И шпиун кој ќe ни биде, Елате Да се изброиме!
Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Стиховите на Поповски ја претворија човечноста во универзален национален идентитет преку кој тој светски ги поврза луѓето Академик Радован Павловски
Page 102: makedonski jazik i literatura za IV godina

Времињаникојпат не ве напуштил,никојпат не ќе пресушинашиов вруток-Непокор.

Поетскиот јазик на Анте Поповски е оригинален, прекуупотреба на згуснати, понекогаш елептични зборови:

Воѓе, бели воѓекај црна црните

кого барате?Мошне илустративна за поетовото толкување на смислата наживотот се и песните од збирката Сина птица. Во нив преку

употреба на сугестивни јазични средства ги објаснувасовремените пулсирања на животот и светот.

Знаците истетовирани врз карпите,стопени со времето,

втиснати во сеќавањето на народот– сега се свети знаци низ кои струи

и крвта и тајната на македонскиот збор:

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
МОЈАТА СИНА ПТИЦА Лесно ќе ја распознаете мојата сина птица: таа не ги колве кората и плодовите на овошките, не застанува на карпите, не демне по мрши и коски, – мојата птица никогаш не се симнува од небесата. Мојата птица ги покрстува небеските варвари, светлината ја пресоздава во писмо според кое бела како коска, студена како кама – неизвесноста пустоши низ нас... Толку високо, самоти ѕвездите, можеше да се искачи само зборот, мојата сина птица: со клунче од звуци, со крилја од глаголи... Анте Поповски
Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Иако подолго време Поповски не е меѓу нас „неговиот глас и денес го слушаме уште само од пазувите и длабочините на неговата поезија. Тоа е гласот на познатиот поет на епот и епопеите на болните македонски и црковнословенски тажачки и елегии, на македонски тетајнописи и родописи. Тој глас беше закотвен во македонската епска поетска традиција и длабоко вкоренет во оваа зем ја во која, како што рече самиот, сеевме зборови, а никнуваа ѕвезди. Без Анте Поповски е невозможно да се замисли интегралната, онаа монументална слика на современата македонска поезија на ХХ век во која неговото поетско дело ги досегна самите нејзини врвови. Академик Георги Старделов
Page 103: makedonski jazik i literatura za IV godina

изгорени гласови, неоли,крвави засеци на ножот

осенчени со крик на големи погибии...Целата татковина – свето и непрочитано писмо.

Во една од неговите последни песни (од Две тишини) ќепрочитаме:

Ене го долу, меѓу два брегаво тишината меѓу два збора,топло семе на својот јазик,потпрен на својата сенкачека ништо и – никого.

Поетското наследство на Анте Поповски и неговиот односкон јазикот, уште долго ќе зрачат со љубовта кон родната

земја и ќе бидат предмет на нашето преиспитување занеговата големина.

Цитат за овој час: Ние мислевме дека ни врви времето, но тоа ни врвелживотот. Анте Поповски

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
По Блаже Конески, Поповски беше следниот што требаше да го добие „Златниот венец“. Тоа е пропуст, кој не би требало да се повтори и со други наши автори. За жал, величините на нештата во животот често се увидуваат дури откако тие ќе исчезнат од нашиот видокруг. Анте си замина, а тогаш дојде освестувањето дека требаше да му се додели наградата. Сега е веќе доцна тоа да се прави постхумно. Наградите многу повеќе вредат кога на авторот му се доделуваат додека тој е жив и се' уште создава. Сепак останува должноста на сегашните и на следните генерации да се грижат за поезијата што ни ја остави Поповски. Ристо Лазаров, претседател на Македонскиот ПЕН центар.
Page 104: makedonski jazik i literatura za IV godina

ДИМИТАР СОЛЕВ (1930 - 2003)Димитар Солев е писател кој речиси целосно беше

посветен на прозното творештво. Автор е на десетина збиркираскази, на шест романи и на една книга со критичко-

есеистички прилози. Тој исто така е автор на повеќе драмскирадио и телевизиски текстови, се занимавал со преведување,

пишувал и сценарија за филм.Припаѓа на т.н. втора генерација македонски прозаисти коисе залагале за нови и современи теми, и за модерни формина изразување. Значајно за Димитар Солев е односот што гонегувал кон помладите писатели како уредник на списанието

Разгледи, давајќи им поголема можност за афирмација.Димитар Солев е роден во Скопје каде што завршил

Филозофски факултет. Меѓу другото бил повеќе годиниуредник на списанието Млада литература, потоа директор на

Македонската телевизија, директор на Народната иуниверзитетска библиотека Св. Климент Охридски.

Page 105: makedonski jazik i literatura za IV godina

Бил член на Друштвото на писателите на Македонија (од 1956)и извесен период негов претседател, бил член на Македонскиот

ПЕН центар и на Независните писатели на Македонија.Удостоен е со повеќе признанија и литературни награди (11

Октомври, 1964 и 1968; 13 Ноември за романот Зора зад аголот,1984; Рациново признание, 1980; Книга на годината за 1990, за

расказите од Одумирање на државата).Димитар Солев зад себе остави завиден број на литературни

дела. На тоа би ги придодале бројните преводи од други јазици.Дел од неговото творештво, пак, е приопштено на други јазици.Ова се насловите на неговите романи: Под усвитеност (1957),Кратката пролет на Моно Самоников (1964), Дрен (1980),Зора зад аголот (1984), Дублер (1988), Мртва трка (1998).

Своите први раскази Димитар Солев ги објавува списниетоИднина (Уличен фрагмент, Прост случај, Отсега сѐ така, 1950).По неколку години излегува и првата збирка раскази. Ова се

насловите на неговите книги со раскази:

Page 106: makedonski jazik i literatura za IV godina

Окопнети снегови, (1956), По реката и спроти неа (1960),Ограда (1963), Зима на слободата (1968), Слово за Игора

(1969), Полжави (1975), Црно огледало (1985), Одумирањена државата (1990), Промена на системот (1993), Ќелав

штурец (2001), Раскази (постхумно, 2006), Синовскитатковци (постхумно, 2006).

Драмски (радио и тв) текстови: Пушка в езеро (1996), Бамјаили Хибискус есцулентус (1967), Патот на сенката (1968),

Девственици (1969), Мртва стража (1969). Покрај тоа еавтор на сценарија за повеќе документарни и за играните

филмови Денови на искушение (косценарист, според Црнила наКоле Чашуле) и Истрел (според романот Под усвитеност).

Негово е делото со критичко - есеистички прилози Кво вадисскриптор (1970).

Како и повеќе автори во годините по ослободувањето, иДимитар Солев во првите збирки раскази како и во романот

Под усвитеност ја опишува војната и окупацијата. Разликата во

Page 107: makedonski jazik i literatura za IV godina

однос на некои други прозаисти е тоа што кај Солевпроекцијата на војната се дава преку раскажување на млади

луѓе чие детство неповратно им е одземено. Подоцна тој ќе сесврти кон други теми, најчесто од секојдневниот живот и соправо некои проследувачи на неговото дело го нарекуваат

писател на секојдневието (Л. Г. - Јаковлева). Знаел од малитеживотни нешта на човекот да направи интересни приказни,

внимавајќи пред сѐ на композицијата на делото.За рабирање на раскажувачкиот свет на авторот мошне се

интересни расказите содржани во збирката Зима наслободата (Слово за Игора, Првата зима на слободата,Руска плажа, Јаглика во паркот), во кои се раскажува загрупа млади луѓе на кои детство неосетно ќе помине и ќе

биде заменето со слободата која ќе донесе нови општествениодноси. Новото време ќе донесе бурни социјални промени, ќебиде тоа време на работни акции и митинзи, време во кое ќесе родат нови лубовни идили или пак ќе се случат разделби.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Раскажувачкиот свет на авторот е полн со топлина на секојдневието, кое не е некаде далеку од нас, туку е исполнување на животот. Случките и деталите во него говорат дека "обичноста" на нештата е светост што не треба да се потиснува во однос на некои други "необичности". Рабиндрант Тагоре потенцираше дека "едноставноста е светост од која не смееме да се откажеме". Од таквата едноставност воопшто не се откажал авторот, свесен за нејзините вредности. Благој Иванов, на промоцијата на дела од Димитар Солев, март 2006
Page 108: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во поглед на раскажувачката постапка Димитар Солев восвоите критичко - есеистички прилози се залагал за

напуштање на соц-реалистичкиот пристап и за внесување наурбаната проблематика на еден помодерен начин. Тоа го

правел од свој субјективен агол, поради што некоикритичари му ставале забелешки, како што имало и други

кои ги прифаќале неговите погледи. Раскажувачкиот свет наСолев е исполнет со блага иронија кон општествените

аномалии и со многу топлина кон обичните луѓе.Цитат за овој час: Димитар Солев, е една од најмаркантните личности и

автори од втората повоена книжевна генерација, не само со својата прозаи есеистика, туку и со својата критичка и полемична дејност, низ која се

изразуваа ставовите и погледите на неговата генерација. Со право енаречен еден од обновувачите на македонската прозна реч, која се

стремеше кон нов исказ и нови тематски подрачја како и кон истражувањена прозните жанрови. Остави прозни и критичарски дела што и денес

веруваме ги возбудуваат читателите и кои може да служат како маркери запроучување на македонската повоена книжевност. Благој Иванов

Page 109: makedonski jazik i literatura za IV godina

ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ (1934 - 2006)Петре М. Андреевски е еден од најистакнатите и

најпопуларните македонски раскажувачи и поети. Автор е нанеколку романи, на повеќе збирки раскази и поезија, на

песни за деца како и на две драми. Она што на прв поглед сезабележува во неговите дела е јазичната оригиналност

изградена врз основите на раскошното народно творештво.Петре М. Андреевски е роден во с. Слоештица, Демир Хисар,каде што завршил основно образование. Гимназија завршилво Битола, а Филозофски факултет во Скопје. Во текот на

студиите ги објавува првите литературни обиди во весницитеМлад Борец и Нова Македонија, како и во списанијата

Разгледи и Млада литература. Потоа работи како новинар иуредник во Радио Телевизија Скопје. Бил член на редакциитена повеќе списанија (Разгледи, Стремеж), член на Друштвотона писателите на Македонија (и негов претседател во 1983

година) и на Македонскиот ПЕН центар.

Page 110: makedonski jazik i literatura za IV godina

Пред пошироката читателска публика Петре М. Андреевскидебитирал со збирките песни Јазли (1960) и И на небо и на

земја (1962). Појавата на следната негова збирка поезијаДениција (1968) била означена како културен настан и на

нејзиниот автор му била доделена наградата БраќаМиладиновци како и националната награда 11 Октомври. Три

години подоцна ќе го повтори успехот со збирката песниДални наковални (наградата Браќа Миладиновци).

Не помалку се значајни и неговите збирки Пофалби ипоплаки (1975), Вечна куќа (1987) и Лакримариј (1999).

Петре М. Андреевски е автор на неколку збирки раскази,некои од нив тематски поврзани со светот од неговиот роденкрај. За збирките раскази Неверни години и Сите лица на

смртта го добива Рациновото признание (1974 и 1994).Седмиот ден е неговата прва збирка (1964), а Боеми е

последна и постхумно е издадена.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Андреевски беше поет на вистинска, длабока вокација, голем лиричар што ги чувствуваше сите трепети на своето битие и постоење и што умееше да ги сложи во складни стихови на јазична непосредност, сугестивност и изразна фасцинација. Таа фасцинација е во едноставноста на кажувањето, во јасноста и во богатството на сликите, на сложеноста, многуслојноста и раскошот на метафорите. Така се градеше и се креваше големата лирска кула на Петрета, за да остане најтрајно врежана во чувствата и помнењето на генерациите со стиховите на Дениција. Академик Матеја Матевски
Page 111: makedonski jazik i literatura za IV godina

Дел од своите творечки можности Петре М. Андреевски гиима реализирано на полето на театарската уметност

(драмите Богунемили - 1971 и Време за пеење - 1975). Вофондот на македонската литература за деца влегуваат и

неговите збирки поезија: Шарам барам и Касни порасни.Својата многустрана литературна дарба, на изнесување нанастани и портретирање на личности со јазик кој навлегуваво меморијата на македонскиот човек, Петре М. Андреевскицелосно ја надополнува со своите романи. Уште со првиот

роман Пиреј (1980) доби неподелено мислење од критикатаи читателите, дека делото е едно од најзначајните во

македонската литература. Наградата Стале Попов која седоделува за најдобар роман беше потврда за уметничките

вредности на Пиреј. По романот Скакулци (1983), Петре М.Андреевски, во 1989 год. повторно е лауреат на наградатаСтале Попов за романот Небеска Тимјанова (1988). Веќеследниот негов роман Последните селани (1997) влегува

во најтесниот избор за наградата Балканика (1998).

Page 112: makedonski jazik i literatura za IV godina

Петре М. Андреевски е автор уште на и романите Тунел(2003) и на Бежанци (издаден постхумно).

Доказ за величието на творештвото што зад себе го оставиакадемик Петре М. Андреевски, нека послужи и податокотдека многу негови песни и прозни дела се преведени надваесетина странски јазици; дека е застапуван во многу

наши и светски антологии. За неговите исклучително големидострели во литературата - поезијата, прозата и драмата,

постхумно е одликуван со Орден заслуги за МакедонијаОрден заслуги за МакедонијаОрден заслуги за Македонија од странана Претседателот на Републиката (2007).

Кога правиме осврт врз поезијата на Петре М. Андреевскисекогаш на прво место ги ставаме песните од стихозбиркатаДениција. Тоа е љубовна поема од 23 песни. Целата збирка е

една љубовна приказна во која се преплетува еротското инационалното, која восхитува со чудесните описи на

љубовта, во која реалното е помешано со нереалното.Дениција е возвишено славење на љубовта кое пленува.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Денес на Петре М. Андреевски и на неговиот маркантен книжевен опус Татковината му оддава заслужено признание зашто во своето дело овој наш јазичен гениј ја откри и длабоко ја осмисли токму неа. Голем и ненадминат волшебник на зборот, писател кој нурна во неговата древна и исконска девственост, трагајќи по неговите извори и праизвори, Петре М. Андреевски во својата литература ја создаде можеби една од најсеопфатните метафори за Македонија и за нејзиниот живот. Неговите романи и неговите песни како да бдееја над Македонија и над сонот за неа Академик Георги Старделов
Page 113: makedonski jazik i literatura za IV godina

Поетите пишуваа дека нејзината убавина постоиво сиот народен фолклор

во секој пламен, на секое знаме.Кога ја љубев Дениција,

како да учествував во создавањетона првата Македонска Држава.

Романот Пиреј не само што е најпопуларно дело на Петре М.Андреевски, туку е еден од најзначајните романи вомакедонската литература. По својата тематика тој е

историски роман. Опишува настани од Првата светска војнасврзани со судбината на семејството на Велика и Јон

Мегленоски. Но во Пиреј се зборува и за општата судбина нанашиот народ во една војна, во која се бори брат противбрат и во која само се страда и умира. Идејната порака на

авторот ја препознаваме преку зборовите на селскиотмудрец Лазор Нечоски: Пирејот е... како племето наше, и не

го ништи ни една војска, ни една болест.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
А оние што нѐ негираат или присвојуваат, сигурно имаат некоја поголема мака. Можеби им се јавува преголема празнина во нивната историја која, без нас, не знаат со што да ја пополнат. Најопасен национализам е оној со кој се пополнува сопствената празнина Петре М. Андреевски
Page 114: makedonski jazik i literatura za IV godina

Дејството на романот се случува во повеќе места во ситеделови на Македонија, иако најчесто преку раскажувањетона главните ликови тоа се лоцира во демирхисарските села.

Во раскажувачката постапка авторот применува модеренначин на изнесување на дејството: низ 28. поглавја прекунајизменично и паралелно раскажување на Велика и Јон,

онака како тие ги доживеале настаните, односно страдањатаи искушенијата. Нивните исповеди, пак, од почетокот на

романот, на Роден Мегленоски (синот на Велика и Јон), му гипрераскажува Дуко Вендија.

Ќе ти кажам, рече Дуко Вендија, ама ќе ти кажам како штоми кажуваше мајка ти, Велика, и како што ми кажуваше

татко ти, Јон, и како ми се кажуваше мене.Романот започнува во годините на Втората светска војна.Роден доаѓа на погребот на својата мајка, по дваесетина

години откако заминал од дома. По погребот бара од ДукоВендија да му раскажува за татко му, оти не го памети, кого

мајка, му додека бил мал, не сакала да го спомнува.

Page 115: makedonski jazik i literatura za IV godina

Приказната на Дуко Вендија е, всушност, ретроспекција напреживелиците на Велика и Јон.

Јон и Велика низ своето раскажување зборуваат за првитесредби, за заедничкиот живот, за раѓањето на петте деца, започетокот на Војната, во која Јон е мобилизиран во српскатавојска и како целиот товар за семејството паѓа врз Велика.

Таа и покрај сите страдања не успева да ги сочува децата, aтие (Ангеле, Капинка, Роса, Здравко и Ѕвездан) едно по

друго ѝ умираат, првото од куршум, во детска игра, другитеод болести и глад. Јон по враќањето од војната, кога јадознава трагичната судбина, сосема се променува во

однесувањето. Негово основно занимање станувапијанството, станува за потсмев и сожалување на селаните.Велика како маченица ги поднесува страдањата од војната ипонижувањата од мажа си, за да не се предаде, и на свет даја донесе својата шеста рожба - синот Роден,.кој се раѓа во

моментот кога неговиот татко Јон умира.

Page 116: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во романот се предадени и многу други личности и сепрераскажани настани за нив: братот на Јон, Мирче, неговата

жена Уља, Маса Ќулмоска, војникот Витомир, војводата...Она што посебно восхитува во романот е јазичниот израз.

Авторот го користи својот роден говор, демирхисарскиот, сомноштво народни мудрости, изговорени од Лазор Ночески и

другите. Тој е едноставен, стилски обоен според ликовите. Воговорот на мажите среќаваме груби зборови, понекогаш состилизирани пцости, кои ги прифаќаме како нешто сосемаобично. Во прикажувањето на Велика, пак, ја откриваме

нејзината искрена, чиста душа. Нејзините зборови семилозвучни кога ги опишува првите средби со Јон. Тие седлабоко трогателни кога се разделува од своите рожби.

Стилот на П. М. Андреевски по многу нешта е оригинален,како што е неговата појава во нашата литература.

Цитат за овој час: Јас претпочитам повеќе да орам на сопствената нива,отколку на туѓите. Петре М. Андреевски

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Спокоен сум затоа што знам дека Македонија има централно место во светската цивилизација: двете светски писма и еден од првите универзитети. Македонија, ако сакате, е и библиска земја и јас би рекол дека е постара и од Европа. А таа Европа денес, како некој пијан нунко, се мачи да ја прекрсти, смислувајќи ѝ го новото име меѓу секои две ждригнувања на обилните ручеци... Петре М. Андреевски
Page 117: makedonski jazik i literatura za IV godina

ТАШКО ГЕОРГИЕВСКИ (1935)Ташко Георгиевски е еден од најистакнатите современи

македонски писатели. Автор е на десетина романи и повеќезбирки раскази, на неколку филмски сценарија, на радио и тв

драми. Речиси целото негово творештво е посветено натрагиката од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на

Македонија, кое како дете и самиот го преживеал, ивоопшто, на обезличувањето и тортурата врз нашиот човек

за време на Граѓанската војна во Грција и потоа.Ташко Георгиевски е роден во с. Кронцелево, Воденско.

Студирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел воредакциите на Млад борец и Современост; бил уредник воМакедонската телевизија, како и издавачките куќи Мисла и

Македонска книга. Член на МАНУ е од 1983 година.Ташко Георгиевски во литературата дебитира со збирката

раскази Ние зад насипот (1956).Дарко Дамески во филмот Црно семе

Page 118: makedonski jazik i literatura za IV godina

Од првата збирка, па сѐ до последното дело, романот Црнабилка, се провлекува трагизмот на македонскиот човек одЕгејот кој морал да ги напушти родните огништа и да талкапо сите светски меридијани и крстопати. Ташко Георгиевскипредводи една поголема група наши писатели кои постојаносе навраќаат на теророт што бил извршен над Македонцитево Грција и чии судбини на откорнатици раселени по светотсе тема на нивните дела. Овде спомнуваме само некои од

нив: Петар Ширилов, Иван Чаповски, Паскал Гилевски,Ката Мисиркова-Руменова, Ташко Ширилов, Ристо

Јачев, Кица Барџиева Колбе...Ташко Георгиевски е автор на романите: Луѓе и волци

(1960), Ѕидови (1962), Црно семе (1966), Змиски ветар(1969), Црвениот коњ (1975), Време на молчење (1978),Рамна земја (1981), Кајмакчалан (1992), Исчезнување(1998), Црна билка (2006). Автор е и на збирките раскази:Суви ветрови (1964), Куќа под калето (1978), како и на

Page 119: makedonski jazik i literatura za IV godina

Плочата на животот (дневник, автобиографски записи,1987). Негови се и радио и телевизиските драми: Пепелтана моето огниште, Оган, Ковчег со срцето на татко иНедела. Ташко Георгиевски се јавува како сценарист или

косценарист на повеќе филмови (Црно семе, Црвениот коњ,Жолтиот трендафил, Мементо, Преку езерото). Неговите

романи се преведени на десетина јазици. За придонесот воафирмацијата на македонската литература добил повеќе

општествени признанија (наградите 11 Октомври, 23Октомври...) и литературни награди (Стале Попов, Рациново

признание...).Романот Црно семе е првиот од низата романи од циклусот

за црното семе (Змиски ветар, Време на молчење,Изчезнување, Рамна земја и Црна билка) кои се поврзани сослични настани и личности со сродни судбини, почнувајќи одГраѓанската војна во Грција, преку егзодусот, преселени во

Македонија и низ други краишта по светот.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Неговата црна епска сказна за македонските луѓе од јужните региони на земјата, како супериорна белетристичка хроника или меморија добива своја актуелност токму денес, кога интернационалниот диспут за Македонија се обновува со несмалена жестина Академик Гане Тодоровски 6.11. 2008
Page 120: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во Црно семе се прикажани настани во кои монархистичкатавласт во Грција во пресметката со комунисти и Македонци,

една поголема група носи на еден пуст остров, за да госкрши кај нив отпорот и националното чувство. Со

садистички и перверзни методи кралските офицери ивојници се обидуваат да извлечат признание и потпис за

лојалност кон кралот. Бруталните постапки се редат една подруга, но ниту една не може да го скрши човеково

достоинство кај Адонис Совичанис (Доне Совичанов),Христос (Христо) и некои други, навидум прости, а бескрајно

храбри Македонци.За нив чинот на предавството повеќеболи од секое измачување на кое се подложуваат.

Идејната порака на авторот ја откриваме прекуоднесувањето на овие два лика: човековото достоинство епосилно од најужасните облици на измачување. Тоа извира

од длабокото уверување на нашиот човек да се спротивставина секои зло насочено кон моралноста и човечноста.

Page 121: makedonski jazik i literatura za IV godina

Всушност, низ целиот роман провејуваат две состојби:измачување и тортура кои се граничат со анималност и

непоколеблива желба да се истрае, да не се потклекне, да несе расипе душата. На обидите за човечката деградација,

авторот на романот го спротивставува човековотодостоинство кое е стамено и нескршливо од ниедна форма

на насилство. Затоа постапката на Марко, еден од другаритена Доне и Христос, да потклекне и потпише, го сметаат за

предавство и срозување на човековата душа.Во романот покрај споменатите ликови: Доне, Христо, Марко;

ги среќаваме уште и студентот Парис, Гркот Нико; потоакапетанот Скалумбакис и поручникот Маки. Доне и Христо не

се само ликови врз кои последниве двајца (Скалумбакис иМаки) го применуваат својот садизам, тие се симбол на

човечката гордост кога е во прашање вистината. Доне вомиговите по ужасните маки, во сонот ја гледа, или на јаве ја

сонува својата жена Ангелина која останала кај мајка ѝ.

Page 122: makedonski jazik i literatura za IV godina

Но тој копнее за слобода и правдина. Помислата на Ангелинаму дава уште посилна надеж да истрае и да побегне од

логорот. На извесен начин Доне ги овоплотува заедничкитеособини на многу откорнатици од тој дел на Македонија. Таасреќа ја нема Христо кој, по ужасното измачување, откако ќеполуде, ќе биде обесен. Последните зборови што ги изговара

се: Мојата земја... каде е мојата земја.Романот Црно семе на Ташко Георгиевски содржи и некоиуниверзални хуманистички пораки: борбата против злото и

сите форми на понижување и обезличување на човекот;истакнување на храброста и херојството и неговата

вистинска големина. Поради тие вредности, романот заземаместо во ризницата на највредните дела во нашата

литература, а е приопштен и на многу светски јазици.Цитат за овој час: Овде, колку и да ми е криво што сум еден од

протераните, сепак, сполај им на прогонителите - ме прогонија во слободнаМакедонија, во мајчиниот јазик. Ташко Георгиевски.

Page 123: makedonski jazik i literatura za IV godina

ЖИВКО ЧИНГО (1935-1987)Живко Чинго ѝ припаѓа на помладата генерација

македонски писатели, кој зад себе остави повеќе романи,збирка раскази, драмски дела, филмски сценарија и сл.

Живееше релативно малку за да може докрај да ги развиесвоите творечки можности. Но и со она што го напиша, тој си

обезбеди едно од челните места во нашата литература.Роден е во с. Велгошти, Охридско. Образованието гозапочнува во родното место, го продолжува во Охрид

(гимназија), го завршува во Скопје (Филозофски факултет).Најпрвин работи како професор во гимназијата во Охрид, апо доаѓањето во Скопје, како новинар во повеќе редакции,потоа во Републичкиот комитет (министерство) за култура.

Бил директор на Македонскиот народен театар; член наДруштвото на писателите на Македонија (1963). Добитник е

на повеќе награди и признанија (11 Октомври, Рациновопризнание, наградата 1 Мај, награда на Стеријното позорје,

Page 124: makedonski jazik i literatura za IV godina

некогаш престижната награда на југословенските простори,Младост, за млад автор).

Живко Чинго првите литературни обиди ги прави настраниците на литературните списанија уште во 1956 година.Веќе со првата збирка раскази Пасквелија (1961) ја најависвојата неповторлива дарба на оригинален раскажувач, а со

секое следно дело ги потврдуваше високите оценки одкритичарите, и што е поважно, стануваше омилен писател начитателите. Успехот од првата збирка го повтори и со НоваПасквелија (1965). Во истата година ги објави расказитеСемејството Огулиновци, а во следната година романотза деца Сребрени снегови. Следуваат: Пожар (раскази,1970) Големата вода (роман, 1971), Жед (сценарио зафилм, 1971), Поле (сценарио, 1971), Образов (драма,

1973), Ѕидот, водата (драматизација на Големата вода,1976), Вљубениот дух (раскази, 1976),Кенгурски скок(драма, 1979), Макавејските празници (драма, 1982),

Page 125: makedonski jazik i literatura za IV godina

Накусо (раскази, 1984), Пчеларник (сценарио, 1988), Гробза душата (раскази, 1989), Бабаџан (роман, 1989), Бунило

(раскази, 1989) Ал (роман, 1989).Не е претерано ако се каже дека, без малку и да нема делоод Живко Чинго, кое не е драматизирано и прикажано како

театарска претстава (Ѕидот, водата, Сурати, Макавејскипразници, Пасквелија, Писание, Лазарево писмо, најчесто ворежија на Бранко Ставрев и Љубиша Георгиевски). Тука би

ги и спомнале тв-филмот Заминување од Пасквелија иособено филмот Големата Вода. Тоа оди во прилог на

констатацијата дека текстовите на Живко Чинго содржат восебе драмски судири и се особено податливи за драматуршка

обработка и сценска изведба.Уште со расказите од Пасквелија и Нова Пасквелија, ЖивкоЧинго ги определи временската и просторната рамка од коиќе го започне своето творештво. Тоа е периодот на Втората

светска војна и непосредно по неа, и пределот на селото

Page 126: makedonski jazik i literatura za IV godina

Пасквел, сместено некаде покрај езерото. Подоцна Чинго ќего прошири хоризонтот на интересирањето, со теми за

напуштањето на селата, нивното пустошење и замиграцијата во Австралија.

Она што на прв поглед се забележува во прозата на ЖивкоЧинго е едноставноста во раскажувањето, која се доближува

до поетичност, како и драматиката во прикажувањето нанастаните предизвикани од судирите што ги носи со себе

револуцијата. Таа драматична тематика најчесто се огледувапреку судирот на стариот патријархален свет во кој

доминира суеверието, верувањето во духови, и доаѓањето нановото време потпомогнато од револуцијата, кое радикалносе пресметува со старото и примитивното. Тоа, се разбира,

предизвикува страдања, потреси и трауми кај многуличности. Но Чинго раскажува и за бирократските

изопачености кои ги деградираат револуционерните идеалии нејзината хуманистичка смисла.

Page 127: makedonski jazik i literatura za IV godina

Големата вода е најдобар пример за она што се случувало вотоа преломно време, прераскажано преку еден од главнителикови, Лем. Романот е, всушност, хроника од низа настаникои се случуваат во еден дом за сирачиња, (Светлина му еимето) лоциран некаде до езерото, до Големата вода, но

опколен со висок ѕид. Ѕидот, Големата вода, ридот(Сентерлевиот) се зборови што се провлекуваат низ ситераскази (случки) на оваа дело. Тие имаат и симболично

значење. Ѕидот ја ограничува слободата на невините детскидуши со кои манипулираат воспитувачите (ОливераСрезовска, Аритон Јаковлески, Трифун Трифуноски).

Големата вода е таа слобода за која мечтаат Лем и Исак,Кејтеновиот син. Ридот е местото од каде може да доживее

во полната ширина и убавина Големата вода. На стегите штоги носи затворот (ѕидот) и преку постапките на возрасните,

авторот ги спротивставува праведноста, добрината идетската невиност.

Page 128: makedonski jazik i literatura za IV godina

Тоа е главната порака што ни ја определува авторот.Романот е прераскажана историја од времето на сталинизмот,

во кое човекот е само објект со кој се манипулираше, сокористење пароли дека е на патот на посветла иднина.Живко Чинго како раскажувач и романсиер обилно го

користеше богатството на народниот јазик. Се служеше сооние едноставни јазични форми исполнети со лиричност и

поетичност. Затоа неговите дела се омилени лектири кои сепрепрочитуваат и прераскажуваат.

Цитат за овој час: Чинго се даде себеси без остаток и без поштеда: бешекомета. Поминувајќи, на почетокот од шеесеттите години крај тогашните

важни македонски литературни појави (нека ни се живи и здрави довека),тој согоре осветлувајќи ни еден нов свет: неговата Пасквелија, земја

измислена, а стварна, земја крај Големата охридска вода, земјаподеднакво важна колку и измисленото, а стварно Макондо на Маркес или

Кукулино на Јаневски, утопија која постои, која ја препознаваме како наша,земја над која бдее и ја осветлува кометата Чинго. Венко Андоновски

Page 129: makedonski jazik i literatura za IV godina

КОЛЕ ЧАШУЛЕ (1921 - 2009)Коле Чашуле е еден од најистакнатите писатели во

современата македонска литература. Со над 9500 објавени ипечатени страници од текстови (со раскази, драми, романи,есеистика...), секако е еден од најплодните наши автори. Тој

е еден од иницијаторите за формирање на Друштвото написателите на Македонија и еден од неговите претседатели.Подоцна станува член на Македонскиот ПЕН центар, како и

на Независните писатели на Македонија.Коле Чашуле во родниот град Прилеп го започнал своетообразование, а гимназија завршил во Битола. Во Белград

започнал да студира медицина, но со почетокот на Вторатасветска војна се вратил во родниот крај. По краткиот престојво Софија за да продолжи со студиите, се вратил во Прилеп.Тој бил еден од учесниците во партизанската група која гозапочнала востанието во Македонија. Во 1942 г. учествувал

во атентатот врз бугарски полициски функционер.

Page 130: makedonski jazik i literatura za IV godina

По апсењето и судењето, смртната казна му била заменетасо доживотен затвор во Идризово. Во 1944 година заедно сопоголема група осуденици успеал да побегне од затворот и

да им се приклучи на партизанските единици.По војната Коле Чашуле зазема повеќе одговорни и

раководни функции: уредник на списанијата Нов ден иСовременост, главен и одговорен уредник на Разгледи,

директор на Радио Скопје и на драмата при Македонскиотнароден театар. Подоцна заминува во дипломатска служба

(како генерален конзул на СФРЈ во Канада и потоа какоамбасадор во Боливија, Перу и Бразил). Едно време бил и

министер за култура на НР Македонија (1956).Како резултат на творечкиот ангажман на полето на

литературата, Чашуле е удостоен со многубројни награди ипризнанија (Марин Држиќ, 11 Октомври, Стале Попов, Мисла,

Рациново признание, 4 Јули, АВНОЈ; награди од театарскифестивали и други манифестации: Стеријно позорје...

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Брат, ме слушаш ли, Кочо, ме слушаш, борбата на македонската литература е жива, она што ми го рече на заминување да знаеш дека ќе се оствари, ќе победиме“ Коле Чашуле, на доделувањето на Рациновото признание за Патот од себе си, 2007
Page 131: makedonski jazik i literatura za IV godina

Војдан Чернодрински; Веља кутија од Македонски духовниконаци). Тој беше избран за почесен член на Македонскатаакадемија на науките и уметностите. Сепак, во долгата и

опширна биографија на Коле Чашуле неодминливо е да не сеспомне дека во раната младост (1946) бил член на Судскиотсовет во процесот против Методија Андонов - Ченто, првиот

Претседател на Македонија.Првите литературни обиди ги направил со објавување на

песни и записи во партизанските весници (1944), а следнатагодина во списанието Нов ден го отпечатил првиот расказ

Денот. Три години подоцна со објавување на првите драмии збирките раскази започнува една литературната дејност

која ќе биде интензивна и долготрајна, жанровскиразновидна и богата. Ова се насловите на делата на Коле

Чашуле со забелешка дека нешто можно е и да е испуштенои дека во неговата заоставштина сигурно ќе се најдат идруги интересни материјали кои ќе бидат објавувани:

Page 132: makedonski jazik i literatura za IV godina

Драми: Една вечер (1948), Последните гаврани (1950),Задруга (1950), Вејка на ветрот (1957), Бразда (1958),Црнила (1960), Игра или социјалистичка Ева (1961),

Градскиот саат (1965), Вител (1966), Партитура за еденМирон (1967), Земјаци (1967), Тројца и вистината (1967),

Како што милувате: Оставка на еден карипски министерза внатрешни работи или, Достага на самиот врв однајвисоката власт (1975), Суд (1978), Житолуб (1981),Дивертисман за еден Стрез (1967-1990), Роднокрајци

(1987), Тибурсио и Синфороса, (1988), Вејка, два (1989),Сон прв (1991), Сон втор и по него друг (1992), Модус

мориенди (1992), Лакримула (1993), Маркучот во четиригласа (1995).

Романи: Простум (1970), Премреже 1-2 (1977), Вомјази(1981), Имела (1982), Горчила (1983), Канадски

фрагменти (1985), Конзулски писма (1987), Така е, ако висе чини (1994), Лимб (2002), Тој што нема име (2004),

Патот од себе си (2007).

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Оживувањето на текстот „Тибурсио и Синфороса“ навистина ме израдува поради мојата приврзаност, имено, кон шармот на оваа пиеса. Таа и’ се потсмева на дипломатијата, професија во која сум поминал безмалку две децении и добро знам дека во неа има и нешто чаплиновско. Помладиве би рекле „нешто од Монти Пајтон“. Судбината на пиесата и’ била да чека две децении некој да ја одбере како предизвик за сценско остварување. Струмичкиот театар и режисерот Горан Тренчоски ме задолжија со својата искреност во приодот кон текстот. Сепак, прашањево отвора и можност за темелен разглед на состојбите во литературата и во театарот во денешно време. Театарот во моите рани години беше светилиште кон кое се доближувавме со почит, чекајќи да добиеме некои одговори на прашањата што не’ мачеа. Напливот на евтините медиуми последниве години измени многу нешта. Завладеаја приземности и сапуници во кои драмскиот збор почна да го губи своето значење. Го сведоа, безмалку, на папсан муабет. Коле Чашуле
Page 133: makedonski jazik i literatura za IV godina

Збирки раскази: Првите дни (1950), Раскази (1953), Проза1945-1967 (1968), Само сказни (2000), Чунким велења,

(2009).Книги со есеи: Записи за нацијата и литературата (1985),

Нови записи (1989), Македонски дилеми (1992), Резиме замојата генерација (1998), Болно племе (2000), А, бре,

Македонче (политички записи, 2003).Монографија: Народен херој Страшо Пинџур (1950);

Антимемоари ( постхумно, 2009).Коле Чашуле е исто така автор кој е преведуван на многу

јазици, а неговите драми се изведувани на сцените на театриод просторите на некогашна Југославија и пошироко.

Во поглед на темите во драмскиот опус (впрочем, како и вороманите), Коле Чашуле е разнообразен. Првите негови драмиго имаат белегот на изградбата и колективизацијата на земјата(Задруга), за подоцна да се сврти на еден помодерен начин контрадицијата на печалбарството (Вејка на ветрот), одбегнувајќи

ги фолклорните елементи за сметка на

Page 134: makedonski jazik i literatura za IV godina

психолошкото нијансирање на ликовите. Подоцна Чашуле ќесе зафати со настани од историското минато (Црнила), запотоа да проговори и за современи збиднувања во кои се

преплетуваат политички и етички дилеми (Партитура за еденМирон, Како што милувате: Оставката на...).

Сепак, темата што обединува добар дел од творештвото наЧашуле се црнилата во нашата историја, кои се составен делна македонското ослободително движење во првите децениина 20. век. Тоа е време на меѓусебни пресметки во името на

Организацијата, на нарачани убиства насекаде поевропските метрополи.

Во истоимената драма Црнила, Чашуле како тема гообработува убиството на Ѓорче Петров кое се случило во

Софија (1921). Дејството на драмата се одигрува во четиричина во станот на семејството Христови. Во првиот чинавторот нѐ запознава со подготовките за атентатот и со

повеќе од личностите, а особено со Луков најбезмилосниот

Page 135: makedonski jazik i literatura za IV godina

терорист, од кого сите други стравуваат. Во вториот чинпродолжува мрачната атмосфера во исчекување на младичотОрце, кој треба да биде главниот извршител. Во третиот чинсе зголемува напнатоста пред чинот на егзекуцијата, особенооткако Луков, Иван и Фезлиев дознаваат дека Ѓорче Петров наМладичот му е идеал и дека Младичот би сакал да се види со

него! Се разбира, тој не знае која е жртвата на неговиотатентат. Другите се вџашени, но се деструктивни до тој

степен, што слепо одат на реализација на задачата што им јапоставил Иванов, кој стои над нив.

Во четвртиот чин атентатот е извршен. Откако се вратил востанот Младичот дознал кого убил. Бега во градскиот парк и

си пресудува себеси со бесење. Тоа врвната точка надрамското дејство. Расплетот следува со репликата на

Фезлиев белки не умрел Македонецот во мене, пукајќи воЛуков и веројатно во Иванов. Така драмата завршува. Ноцрнилата со меѓусебни пресметки и убиства ќе продолжат

уште најмалку десетина години.

Page 136: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во драма се среќаваме со повеќе ликови: Луков, Фезлиев,Иван. На извесен начин сите се поразени и изместени од

тежиштето на животот. Луков е типичен злосторник, Фезлиеве хроничен алкохоличар, Иван е блудник кој го користи

отсуството на Христов, за да биде покрај неговата жена Неда.Младичот наивно верува во целите на Организацијата, и ќе го

плати тоа со самоубиство на крајот. Би можеле да кажемедека Младичот е олицетворение на многу млади Македонци,

од тоа време кои биле задоени со револуционерен дух.Драмата Црнила е успешен драматуршки приказ на кризата

низ кое минувало македонското национално движење.Цитат за овој час: Сегашните и новите творци треба да се занимаваат со сѐшто е творечки предизвик. Наша мугра, наш ден и несоница, треба да ни е

творештвото. И простумот. И инаетот, окопитен спроти црнилава што нѐопкружуваат...Сепак, да се пишува на македонски, значи да се војува. Да се

биде писател и творец во нашиов идентитетен контекст, тоа неминовнозначи да се биде и остане востаник. Можеби и затоа не го признавам

заморот. Коле Чашуле

Page 137: makedonski jazik i literatura za IV godina

ТОМЕ АРСОВСКИ (1928 - 2007)Во современата македонска драмска литература на Томе

Арсовски му припаѓа едно од челните места. До неговото иместојат десетина сценски дела, уште повеќе радио драми,

потоа романи за деца и возрасни, збирки раскази и поезија исл. Не е без значење и неговиот придонес како уредник на

програми на радиото и телевизијата, кај што гипоттикнуваше и насочуваше младите автори кон творечка

креативност.Роден е во Косовска Митровица, основно училиште завршил

во Пеќ на Косово. Поголемиот дел од младите години гипоминал во родниот град на неговите родители - Кавадарци,каде што завршил гимназија. Студирал и завршил славистикана Филозофскиот факултет во Скопје. Извесно време работел

како хорист во Операта при МНТ, потоа како новинар воНова Македонија. Најдолго време бил уредник на Драмската

редакција на Радио Скопје.

Page 138: makedonski jazik i literatura za IV godina

Како и многу други наши автори, и Томе Арсовски дебитирасо збирка песни (Грст смеа, 1958), само неколку месеци

потоа е прикажана и објавена неговата прва драмаАлександра. Таа, како и повеќе негови драми, ќе бидатпоставени на многу сцени ширум тогашна Југославија. Сооваа драма, заедно со Вејка на ветрот на Коле Чашуле,започнува една нова (современа) фаза во развојот на

македонската драмска литература.Успехот со Александра ќе го поттикне авторот да се свртикон овој литературен род, иако тој е многу плоден и какоромансиер, како поет, како сценарист и сл. Не треба да се

изуми ниту неговиот придонес како преведувач,приопштувајќи на македонски јазик дела од руската,

словенечката, српската, персиската литература и сл. (заедносо неговата сопруга Тамара).

Исклучително плодната актива што зад себе ја остави ТомеАрсовски, нужно бара понатамошно разграничување.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Творештвото на Томе Арсовски е енормно. Тој на македонската литература и нас како читатели и почитувачи на неговото дело ни подари два грста: Грст смеа и Грст среќа. Незаборвни се неговите романи, поезија, романи за деца, драми кои се поставуваа не само на домашната сцена туку и во странство. Академик Георги Сталев
Page 139: makedonski jazik i literatura za IV godina

Неа ја сочинуваат повеќе од 15 театарски пиеси, 20-инарадиодрами, 10-ина детски радиодрами, исто толку

телевизиски драми, повеќе ТВ-серии, романи, сценарија и сл.Ова се некои од драмите наменети за сценска изведба:

Александра (1958), Градина на малите богови (1959),Парадоксот на Диоген (1961), Матурска вечер (1963),

Обрачи (1965), Бумеранг (1969), Чекор до есента (1969),Убавината чекори сама (1974), Скок преку кожа (1976),

Благиот допир на љубовта (1984).Ова се само дел од радио и тв драмите: Празник на

птиците (1959), Грст среќа (на македонски јазик: Малилуѓе, тв драма, 1962, повеќекратно наградувана и

прикажувана и на сцена), Последен ден на војната (1963),Стотиот чекор (1964), Великиот Ферудин (1966), Грдиот

нарцис (тв драма, 1968), Коктел за четворица (1970),Исповед на таксистот (тв драма, 1979), Балада за Вера

Јоциќ (1981), Досие бр.Т-198 (1985).

Page 140: makedonski jazik i literatura za IV godina

Автор е на повеќе тв серии: Залез над езерската земја(1973), Климент Охридски (1986), Сонце на дланка (1986),

Во светот на бајките (1995).Ова се романите на Томе Арсовски: Патување во

Таџетакомо (роман за деца, 1980), Зена, ќерка наѕвездите (роман за деца, 1988), Арис или прва љубов

(роман за деца, 1989), Климент Охридски (историски роман,1989), Кристална планета (роман за деца, 1990), Куќа на

четири ветра (роман, 1991), Подводен град (роман за децаи млади, 1993), Телефонот е во прекин (роман за млади,

1993), Супер девојче (роман за млади, 1994), Нешто убавоми се случува (роман, 1996), Пролет зад мојот прозорец

(роман за деца и млади, 2001, награда Ванчо Николески),Семе на срамот (роман, постхумно, 2008)

Томе Арсовски е автор на збирките раскази: Парадоксалнираскази (1972), Петиот ветар (1992), Жената со птичја

глава (2000), како и на две поеми: Непребол (1961) иПурпурно поле (1996).

Page 141: makedonski jazik i literatura za IV godina

Многу од делата на Томе Арсовски се преведени на другијазици, а уште повеќе негови радио и тв драми се

прикажувани за гледачите во други земји.Покрај многуте награди и признанија што ги добил кај нас(наградите 11 Октомври, 13 Ноември - за животно дело,

Златно перо, Кочо Рацин, Климент Охридски), Томе Арсовски елауреат на разни фестивали и конкурси (на Стеријното

позорје, на конкурс на РТВ Белград, на Деновите најугословенското радио и сл.).

Драмата Парадоксот на Диоген е една од театарскитепретстави кои биле играни на разни сцени на поширокиот

југословенски простор и пошироко (Скопје, Сплит, Приштина,Прилеп, Братислава - Словачка), дело кое го поистоветуваме

со самиот автор, иако Томе Арсовски и квантитативно ераскошен и тематски е мошне разнообразен.

Таа му донесе целосна афирмација, но истовремено поттикнаи други драмски писатели да се свртат кон ангажираната

реалистичка драма во која на повидок се изнесуваат одредени

Page 142: makedonski jazik i literatura za IV godina

етички проблеми кои се појавиле во тоа време. Самиот авторво едно предавање ќе рече дека гледачот од него (театарот)

мора да излезе вознемирен од поставените прашања,загрижен над животните вистини.

Тоа е судска драма во два дела во која се прави обид да серазрешат некои морални дилеми кои се испречуваат пред

човекот како единка, наспроти општеството. На едно место занеа ќе се рече дека е драма за свеста и одговорноста на

работникот и неговиот колектив, на поединецот и заедницата.Идејната порака што можеме да ја извлечеме е, дека прекусовеста и одговорноста на ликовите, треба да се раздвижи

совеста и одговорноста на гледачите (читателите). Или какошто забележува авторот, општествената порака во Парадоксот

на Диоген е судење на човечката совест.Предмет на делото (тема) е судскиот процес против младиотинженер Драшко Каровски, обвинет за уривањето на еден

хотел, при што загинале и двајца работници. Со префлање на

Page 143: makedonski jazik i literatura za IV godina

вината врз главниот инженер, од одговорност, споредавторот, не се изземаат ниту универзитетскиот професор

Алексеј Кондарко (кој поради презафатеност не му обрнувапоголемо внимание), ниту директорот на Заводот, ВладимирКрстин - Борски (кој нема разбирање за семејните проблемина Драшко), дури ни родителите на Драшко, не можат да сепомират со фактот дека нивниот син се оженил со Даница,

девојка со сомнително минато.Драшко Каровски е млад човек со амбиции да ги исполни

своите замисли, но со тек на времето станува суетен ибескруполозен. Доаѓа во судир со своите најблиски. Откакоќе се сруши објектот, убежиште наоѓа кај инженер Борика

Корда, неговата љубов од студенските денови, која трпеливоги поднесува неговите каприци и која по карактер е многу

постабилна од него. Интересно е што нивните односиавторот ќе продолжи да ги следи и во драмата Чекор до

есента, чие дејство се одигрува неколку години подоцна, по

Page 144: makedonski jazik i literatura za IV godina

враќањето на Драшко Каровски од затвор. Тој станува уштепонетолерантен, сега и љубоморен, откако меѓу нив ќе сенајде Рошко Подгорски, лик кој се среќава и во драмата

Обрачи. Така, на извесен начин, тие три драми поврзувајќиисти ликови, составуваат трилогија.

Со исклучок на историските драми и романи, Томе Арсовскиво своите дела е целосно посветен на состојбите на едно

време и на општествениот систем во кои човекот какоединка често пати ги поднесуваше непријатните последици.Цитат за овој час: Во годините кога во земјава немало ниту работилници закреативно пишување, ниту прирачници и учебници што би насочувале контајните или барем кон триковите на драмскиот занает, ниту можности за

некое поинтензивно комуницирање со светските трендови, работливиот итрпеливиот Томе Арсовски на многумина драмски писатели што допрватребало тоа да станат, успешно и од сѐ срце им ги надоместувал сите тие

опции, продолжувајќи секојдневно да го турка тешкиот камен напишувањето драми сѐ погоре, сѐ потаму, сѐ понапред. Јелена Лужина

Page 145: makedonski jazik i literatura za IV godina

ГОРАН СТЕФАНОВСКИ (1952)Горан Стефановски, без сомнение, е еден од најзначајните

драмски писатели во поновата македонска литература, авторна неколку култни драми, почесен амбасадор на нашата

култура во Англија. И повеќе од тоа: вистински репрезент нанашата литература во Европа и пошироко. Неговите драмиподеднакво се играни кај нас, но и во Германија, Шведска,

Англија, Франција... Член на Европскиот совет замеѓународни односи и пратеник на Европскиот културенпарламент. При доделувањето на наградата Виленица, за

него е речено дека е најдоброто во современата македонскадрама и е еден од најмоќните драмски гласови во Европа.Роден е во Битола, во семејство посветено на драмската

уметност. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје(англиски јазик и литература) како најдобар студент нагенерацијата. Студирал драматургија на Филолошкиот

факултет во Белград, каде што и магистрирал за

Page 146: makedonski jazik i literatura za IV godina

творештвото на С. Бекет. Извесно време работел водрамската редакција на Телевизија Скопје; како асистент на

Филолошкиот факултет, а потоа и како професор подраматургија на Факултетот за драмска уметност. Моментно

живее и работи во Кентербери, Англија. Предава драматургијана Универзитетот во Кент и на Институтот за драма воСтокхолм, Шведска. Пишува уште и на англиски јазик.

Горан Стефановски е член на Друштвото на писателите наМакедонија (1979) и на Македонскиот ПЕН центар (1986). Члене на Македонската академија на науките и уметностите (2003!).Носител е на повеќе признанија и литературни награди (СталеПопов, 11 Октомври, Стеријни награди - за најдобар текст надва пати и Златна награда за животно дело (2009); шест пати

награден за најдобар текст на Војдан Чернодрински, ).Литературното творештво на Горан Стефановски е

исклучително обемно и разновидно. Покрај драмски текстови,пишува сценарија за тв драми и филмови, но исто така и есеи

(Кавга со Кафка), цртички, па дури и вдахновени

Page 147: makedonski jazik i literatura za IV godina

практикуми за пишување драми (Мала книга на стапици,преведена на десетина светски јазици, засега!).

Ова се неговите дела за сценска изведба: Јане Задрогаз(1974), Диво месо (1979), Лет во место (1981), Хај-фај

(1983), Дупло дно (1984), Тетовирани души (1985), Црнадупка (1987), Лонг плеј (1988), Кула вавилонска (1989),

Чернодрински се враќа дома (1991), Сараево (изведба напромоцијата на Антверпен како европска културна

престолнина, 1993), Баханалии, (според Еврипид, 1996),Казабалкан (1998), Еуралиен, (сценарио за театарски

проект во изведба на 50 актери и 13 режисери, порачано одИнтеркулт, Стокхолм и изведено во рамките на Европската

културна престолнина - Стокхолм, 1998), На пат за Багдад,(според новела на Ѓунели Ѓун, изведен од денс-театаротGreencandle, Saddler`s Wells, Лондон, 1999), Хотел Европа(концепт, сценарио и драматургија за театарски проект во

режија на девет режисери од Источна Европа, копродукција наИнтеркулт, Стокхолм и на повеќе фестивали, 2000),

Page 148: makedonski jazik i literatura za IV godina

Everyman, (изведен во Ателје 212, Белград, 2003), Демонотод Дебар Маало (2006), Жив човек, Духот на слободата

(според Чернодрински, 2003), Остави го тоа, ЗоштоБалканот не е секси (2008) Eurepica, (2009, Белорусија),како и на едночинките:Гоце (1991), Старецот со камен

околу вратот (кореодрама, Лондон, 1994), Сега му емајката (1995), EX-YU (1996), Само човек (1998).

И уште либрета: Травијата (рок-опера,1989), Зодијак (рок-балет, 1990) I Love Chernodrinski (мултимедијален

перформанс, 1991, Битола).Горан Стефановски е автор на сценарија за тв драмите: Клинч,

(1974, авторов првенец), Томе од бензинската пумпа,(1978), Тумба, тумба, дивина (1980), Оазата на Мира (1994)

и сериите: Наши години (1979),Бушава азбука (1985)Аирлија транзиција (1996), на драматуршкиот формат за ТВ-серијата за деца Наше маало (1999-2001),како и на сценарија

за филмовите Хај-фај и Приказни од Дивиот исток, и надруги пократки филмови. Повеќе за Горан Стефановски.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Горан Стефановски на некој начин е сунгер на Скопје и на многу места, многу реплики, многу животи, многу ситуации ги користи во своите драми и ги прави да бидат општо место на нашата култура, на скопскиот живот итн. Појавата на овие книги беше неопходна бидејќи драмите беа расфрлани, некои не беа ни објавени и потфатот на издавачот "Таберанкул" е за почит. Ова не се драми за читање, ова се драми за играње, за на сцена и во тој смисол Стефановски е една особена појава во нашата култура. Слободан Унковски, на промоцијата на драмите на Горан Стефановски
Page 149: makedonski jazik i literatura za IV godina

Диво месо е драма со која Горан Стефановски го продолжисвојот нагорен од кон целосно созревање и афирмација какодрамски автор. Дејството се одигрува спроти Втората светскавојна и во Скопје (Дебар Маало). Во 17 сцени се раскажуваза распаѓањето на едно македонско семејство, на Димитрија

и Марија Андреевиќ, чии синови Симон, Стево и Андреја,секој на свој начин доживуваат пораз.

Димитрија, порано ѕидар, сега инвалид и врзан за количка,никој не му обрнува внимание. Ниту судбината на најстариотсин Симон не е подобра - хроничен алкохоличар, страда и оджелба неговата сопруга Вера да му роди син. Најмалиот брат

Андреја, продавач во бакалница, учесник во штрајковипротив власта, постојано е под присмотра на полицијата.Единствено пред средниот син Стефан е некаква светлаперспектива. Работејќи како референт за продажба на

автомобили, отпрвин го бие занес дека ќе постигне успех вокариерата. Снисходливо се однесува пред Херман Клаус, кога

Page 150: makedonski jazik i literatura za IV godina

кога овој доаѓа на нивната домашна слава. Заслепен одветувањата што му се нудат за напредување во кариерата,

не може правилно да го протолкува пријателството од Клаус.Но за неговата мајка Марија, натрапникот Клаус е диво месо,

кое по некое време целосно ќе ѝ го уништи семејството.Куќата ќе им ја срушат за проширување на преставништвотона Германецот, Андреја ќе биде затворен поради штрајкот во

кој учествувал. Симон умира во јавна куќа.Не ќе помине подобро ниту Директорот на претставништвотоХерцог, преку чија ќерка Сара, отпрвин Стево мислеше декаќе ја гради својата кариера. Тој ќе биде сменет затоа што

бил Евреин. Откако ќе ги осознае своите заблуди, на Стевокако излезно решение му останува да посегне по скриениотпиштол на братот Андреја и да се пресмета со Херман Клаус.Диво месо не е само драма за несреќните судбини на едносемејство. Таа отвора простор да се размислува уште и за

Page 151: makedonski jazik i literatura za IV godina

војната која надоаѓа и која донесува само несреќи, заодносот на некои таму кон менталитетот на Словените и

Балканците, за нашиот национален идентитет. Некои од тиетеми ќе бидат предмет на други негови драми и есеи.

Творештвото (а посебно драмското) на Горан Стефановски епо многу нешта модерно. Тој користи и други форми на

изразување (рок опера, балет, музика - често во соработкасо неговиот брат Влатко Стефановски). Прави успешен спојна традиционалното и фолклорното (Јане Задрогаз, Тумбатумба дивина, повеќе навраќања кон Чернодрински). И над

сѐ: во неговите дела се пресликани многу современи настаниод нашето опкружување и поширокиот балкански простор,многу често болни и трагични. Тоа го прави да биде какоавтор интересен и актуелен пошироко во европски рамки,

иако за таа Европа ние веќе стануваме неинтересни.

Page 152: makedonski jazik i literatura za IV godina

Цитат за овој час: Горд сум на нашите ритуали на живеење: фамилија,прочка, слава, амкање јајца, отворена емоционалност, телесност,

тактилност, зурли и тапани, сарма, бурек, пинџур, возбуда за мали нешта.Горд сум на светата строгост и сведеност на нашите икони и фрески...

Нас ни треба востание на визија, волја и ум, на упорен труд, медиумскалукавост и преговарачка вештина. Државите се прават со жртви и крв, но сечуваат со работа и памет. Победата на Илинденците беше во нивниот пораз.

Денес, нашата победа, мора да биде во нашата - победа!Сега, бидувајќи ориентален приврзок и темно огледало на Европа, на кое

таа ги проектира своите стравови, како да се мислиме себеси? Како одновода се европеизираме кога Европа се пази да не се балканизира? Но,

демократијата е постојано и стрпливо пазарење со оние што не мислат истокако тебе. Демократијата е преговарање, приспособување, компромис. А,

тоа е туѓо на чаршискиот, инаетчиски, тврдоглав, фиксиран поглед на светот.Оној поглед што мери ѓутуре, оперира како затворен вилает и презира

секаква другост, кој поскоро ќе ги прифати историјата и политиката какосудбина и елементарна непогода, отколку како работна обврска и граѓанска

должност. Горан Стефановски : од пристапната беседа во МАНУ

Page 153: makedonski jazik i literatura za IV godina

БЛАЖЕ КОНЕСКИ (1921 - 1993)Блаже Конески е исклучителна појава во развојот на

македонската културна историја. Придонесот што го даде засовремениот македонски јазик е мерлив само со оној на

Крсте П. Мисирков. Не се без значење неговите заслуги какопрофесор на Филолошкиот факултет во Скопје, кој денес гоноси неговото име. Некои од неговите научни трудови, ниту

се надминати, ниту се застарени. Најголем афирматор намакедонскиот јазик и македонската научна мисла во светот.

Многубројните почести од академии на науки и познатисветски универзитети сведочат за тоа.

Блаже Конески зад себе остави огромно литературно инаучно творештво кое е тешко да се набележи, без страв дане се изуми нешто, што нужно треба да се истакне. Неговатабиографија е исто така сложена, исполнета со многубројниактивности, предавања, со борба за место под сонцето на

македонскиот јазик во светското семејство на јазиците.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Блаже Конески, ти клекнувам за поклон за трудот што си дал да спасиш мајчиниот ми јазик, со кој родната ми мајка ме галеше и пееше Македонски песни. Со љубов“. Јордан Костадинов, гр. Сандански (9.2.2007 год.)
Page 154: makedonski jazik i literatura za IV godina

Роден е во с. Небрегово, Прилепско. Основно училиште инижа гимназија учи во Прилеп, гимназија во Крагуевац.

Студиите по славистика ги почнува во Белград, а ги завршуваво Софија (1944), како еден од најдобрите студенти.По враќањето во татковината активно се вклучува во

нормирањето (кодификацијата) на македонскиот литературенјазик. Истовремено почнува да ги објавува првите свои

литературни дела (поемата Мостот, 1945). Тогаш исто такапочнува активно да се занимава со прведувачка дејност.

Блаже Конески е еден од основачите на Филозофскиот (од којподоцна ќе произлезе Филолошкиот) факултет, а во негови

рамки и на студиите по Македонски јазик и литература.Публикациите што се издавале на Факултетот ќе добијат и

меѓународна верификација со објавување на написи одстрански лингвисти и други научници.

Тој е еден од иницијаторите за основање на Друштвото написателите на Македонија и негов прв претседател (1947),

Page 155: makedonski jazik i literatura za IV godina

бил ректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, еден е одосновачите на Македонската академија на науките и

уметностите и нејзин прв претседател во два мандата (1967 -1975). Бил почесен професор на многу странски универзитети(Загреб, Белград, Чикаго, Лоѓ,) дописен или почесен член на

многу академии на науки.За својата неуморна работа добил повеќе признанија илитературни награди (11 Октомври, Браќа Миладиновци(1974), Ацо Шопов, Хердеровата (1971) и Његошевата

награда (1975), наградата АВНОЈ (1966), Златен венец наСтрушките вечери на поезијата (1981), Награда на Сојузот на

писателите на СССР (1968), Рациново признание и др.).Обемен е списокот на научни и стручни трудови на проф.

Блаже Конески од областа на македонистиката. Ова се некоиод нив: Граматика на македонскиот литературен јазик,(I. дел 1952, II. дел 1954), За македонскиот литературен

јазик (1952), Историја на македонскиот јазик (1968),

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
за нас повеќе отколку за многу други во светот јазикот претставува, со сѐ што е на него создадено, како говорен и пишуван текст, најголемо приближување до идеалната татковина, тој е заправо единствена наша комплетна татковина Блаже Конески
Page 156: makedonski jazik i literatura za IV godina

Речник на македонскиот јазик ( како редактор, во три тома,1961 - 1966), Историска фонологија на македонскиот

јазик (на англиски, 1983; на македонски 2001), Јазикот намакедонската народна поезија (1971), Македонскиот 19.век (1986), Македонски правопис со правописен речник

(заедно со Крум Тошев, 1950)...Не помал е списокот на автори и нивни дела кои Блаже Конески

ги приуштил на македонски јазик (Горски венец на П. П.Његош, Лирско интермецо на Х. Хајне; В. Мајаковски, Ј. Неруда,

В. Шекспир, А. Блок, А. Мицкиевич...).Иако Блаже Конески е пред сѐ поет, не може, а да не се

спомнат неговите збирки раскази: Лозје (1955), Дневник помногу години (1988), како и некои од збирките есеи и огледи:

Беседи и огледи (1972), За литературата и културата(1981), Ликови и теми (1987), Македонски места и теми

(1991), Светот на песната и легендата (1993).Блаже Конески зазема едно од почесните места во нашата

современа поезија. Припаѓа на т.н. прва повоена генерација

Page 157: makedonski jazik i literatura za IV godina

македонски поети, иако тој беше творечки активен до крајот насвојот живот. Ова се насловите на неговите збирки песни:

Земјата и љубовта (1948), Песни (1953), Везилка (1955),Песни (1963), Стерна (1966), Ракување (поема, 1969),Стари и нови песни (1979), Места и мигови (1981),

Чешмите (1984), Послание (1987), Средби во рајот (1988),Црква (1988), Златоврв (1989), Сеизмограф (1989),

Небесна река (песни и препеви, 1991), Црн Овен (1993).Блаже Конески остави зад себе повеќе песни со антологискивредности меѓу кои би ги спомнале Тешкото, Везилка, Болен

Дојчин, Стерна, и др. Тоа се главно песни настанати вопочетниот период на поетовото созревање, кога општата климана живеење бараше свртување кон минатото и доминација народољубивиот занес. Подоцна Конески ќе напише творби со

порафиниран стил и со поголем творечки опит, преку мотиви одсекојдневието, со размисли за животот, со спомени и

носталгичност (Убавина, Гугучки, Опит, Спомен, Живот и смрт),со присеќавање на детството (поемата Црква).

Page 158: makedonski jazik i literatura za IV godina

Сепак, лирската поема Тешкото е импресивна творба во којапоетот преку симболиката на истоименото народно оро пее

за трагедијата низ која минувал нашиот народ, за да накрајот со возбуда ја воспее слободата....О тешкото! Синџир ти беше на робја,

дур не стана народ во листена гора,сè дури со јадот од векови собранне поведе бујно, бунтовничко оро!се залула танец низ крвје и огон,и повик се зачу и грмеж во чад -те разнесе сегде бунтовната нога

по родниот кат......Од вековно ропство, мој народе, идеш

но носиш ти в срце дар златен и пој.Пченицата твоја триж плодна ќе биде,

И животот твој!Поемата содржи десет строфи со по осум стихови и со многу

Page 159: makedonski jazik i literatura za IV godina

правилна метрика: сите стихови имаат по четири амфибраха,освен последните стихови од секоја строфа (еден амфибрах

и еден јамб):Пчени цата твоја триж плодна ќе биде,

И животот твој!Тешкото е апотеоза на нескршливиот дух на нашиот народ

низ вековите.Блаже Конески многу често се навраќа на врутоците нанародните песни и легенди. Такви му се песните БоленДојчин и Стерна. Во првата, со епска широчина пее за

неправдата што треба да ја исправи болниот јунак и да гоуништи злото чиј симбол е Црната Арапина. Болен Дојчин

силата ја црпи од љубовта кон сестрата Ангелина....дојди, сестро златно,

збери ги моите мувлосани коски, не грози се,состави ме,

повиј ме со триста лакти платно,

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Стилот на Конески го карактеризира едноставност и кроткост, концизност и строгост, елегантност и јадровитост... Мислата во неговите дела тече плавно, бидејќи материјалот е веќе добро проанализиран и судовите оформени. Она што тој го стори за јазичниот израз со кој ги создавал своите трудови ќе има уште многу да се пишува. Снежана Антевска-Веновска, на промоција на книга за Блаже Конески
Page 160: makedonski jazik i literatura za IV godina

речи ми тих реч,исправи ме,

научи ме пак да одам, мајко,дај ми в рака меч –

да убијам Црна Арапина.Да умрам.

Во Стерна Блаже Конески пее за стихијата што се надвиснуванад човекот, кој со последните сили успева да ја скроти. Но

само да земе здив и наслушнува. Злото преставено какостерна, клокоти.

Наслушувам:таа расте.

Таа го чека само својот час –да биде глуво и спокојно и темно кога ќе рикне,

ќе се оттиши,ќе гргне, да поклопи, да подави, да повлече,

да се успокои во ширината.

Page 161: makedonski jazik i literatura za IV godina

Во подоцнежниот период Блаже Конески создава и песни низкои провејува интимна исповед со истенчен лиризам.

Една браздичка од небеската рекатече и низ мојата душа,

нејзината свежест сè уште ја чувствувам,нејзиниот шум сè послабо се слуша...

Во основа неговата поезија е многузначна и исполнета содлабок хуманизам. Понекогаш едноставна за читање, но која

секогаш воодушевува и тера на размислување.Цитат за овој час: Блаже Конески е најграндиозната фигура во втората

половина на 20 век во Македонија, Тој е високо ценет не само во областитево кои твореше туку и во научните и уметничките кругови во целиот свет.

Нарекуван е македонскиот Вук Караџиќ, патријарх на македонскатаренесанса, енциклопедија на Македонија, споменик што оди по улиците итн.

За своето дело има добиено највисоки признанија и тоа: како научник еизбран за член на сите академии на науките и уметностите на некогашнаЈугославија, како и на некои академии во светот. Исто така, избран е за

почесен доктор на повеќе светски универзитети. Трајко Стаматоски

Page 162: makedonski jazik i literatura za IV godina

АЦО ШОПОВ (1923 - 1982)Ацо Шопов е еден од основоположниците на повоената

македонска лирика и еден од најзаслужните за нејзиниот брзрастеж и афирмација надвор од национални рамки. За него еречено дека е гласовит двигател на македонската култура и

поет овенчан со вечноста.Ацо Шопов е роден во Штип каде што ги завршил основното

образование и гимназијата. Учествувал во НОБ уште одпочетокот на војната. Тогаш ги напишал некои од своите

најпознати песни. Студиите по чиста филозофија ги завршил наФилозофскиот факултет во Скопје. Бил уредник на повеќе

списанија (Нов ден, Иднина,Современост, Хоризонт, Остен) ивршел други одговорни функции (директор на Македонска

книга, претседател на Комисијата за културни врски состранство на СРМ.). Бил амбасадор на Југославија во Сенегал.

Член на Друштвото на писателите на Македонија бил однеговото формирање (1947), член на Македонскиот ПЕН

центар, академик од првиот состав на МАНУ (1967).

Page 163: makedonski jazik i literatura za IV godina

Добитик е на повеќе литературни награди и други признанија(Кочо Рацин, 11 Октомври, Кирил Пејчиновиќ, Браќа

Миладиновци, наградата АВНОЈ). За заслугите на Ацо Шопов занашата литература сведочи и наградата за најдобра збирка

поезија што секоја година ја доделува Друштвото написателите на Македонија која го носи токму неговото име(лауреат за 2010. Благој Самоников, Неизносена ведрина).

Придонесот на Ацо Шопов за нашата литература е несомненозначаен. Припаѓа на првата повоена генерација поети, иако

првите свои песни ги напишал уште пред војната какогимназијалец (Ановите), а првата збирка Песни (1944) е

објавена додека траела војната. Во неа се некои од неговитенајпознати песни (Љубов, Партизанска пролет, Очи).

Ова се насловите на другите збирки поезија: Пруга намладоста (заедно со Славко Јаневски, 1946), На Грамос

(1950), Со наши раце (1950), Стихови за маката и радоста(1952), Слеј се со тишината (1955), Ветрот носи убаво

време (1957), Небиднина (1963), Раѓање на зборот (1966),

Page 164: makedonski jazik i literatura za IV godina

Јус-универзум (1968), Гледач во пепелта (1970), Песна зацрната жена (1976), Дрво на ридот (1980).

Литературното наследство на Ацо Шопов, делумно илицелосно е (пре)издавано по разни поводи и под различен

наслов. Тоа го сочинуваат не само посочените збирки, но имногуте преводи и препеви на дела од други автори и

литератури (Отон Жупанчич, Иван А. Крилов - Басни, ПјерКорнеј - Сид, Вилијам Шекспир - Хамлет, М. Крлежа, Ростан -Сирано де Бержерак, Изет Сарајлиќ...). Не може, а да не сеистакне дека тој е преведуван на многу светски јазици, декае застапуван речиси во секоја антологија на македонскатапоезија и во многу избори од литературите на некогашните

југословенски народи, како и во колекцијата на УНЕСКО.Творечкото созревање на Ацо Шопов според критичарите(Георги Старделов) минува низ четири развојни фази. Вопрвата фаза (која е заокружена со првите четири збирки)

Шопов како и многу други поети е свртен кон Револуцијата и

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Ацо Шопов во македонската литература е магистрален автор. Магистрален и маестрален! Како еден од малкуте наши литерати врзани исклучиво за поезијата, оригинална и помакедончена, тој прилегаше на одбраник на музите, па така си го живееше векот. Академик Гане Тодоровски, 2003 на 80 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов
Page 165: makedonski jazik i literatura za IV godina

нејзините придобивки, како и кон обновата и изградбата наТатковината (песните се главно со борбен и родољубив набој).Веќе во втората фаза поезијата на Ацо Шопов добива модерна

експресивност со свртување кон својот интимен свет (прекузбирките Песни за маката и радоста, Слеј се со тишината иВетрот носи убаво време). Во тој поглед Ацо Шопов е меѓу

првите поети кои творечката енергија ја ослободија од стегитепоезијата да биде ангажирана и во функција на општеството.Третата фаза се најавува со збирката Небиднина, продолжува

со Раѓање на зборот и завршува со Гледач во пепелта. Вомеѓувреме ја објавува збирката со сатирични стихови Јус-универзум, критички настроена кон одредени општествени

аномалии од тоа време.Четвртата фаза во творештвото на Ацо Шопов ја заокружуваатстихозбирките Песна за црната жена и Дрво на ридот. Во нивдонесува нови т.н. африкански мотиви, во кои симболите сеосновно средство со кои поетот оперира, наоѓајќи блиски

судбини меѓу луѓето од татковината и од Африка (Сенегал).

Page 166: makedonski jazik i literatura za IV godina

Песната Очи е една од најпопуларните творби на Ацо Шопови една од најубавите во нашата литература создадени во

виорот на војната. Таа пленува со возвишената трагичносткоја се открива во секој стих и станува сѐ поуверлива ипотрогателна, а гневот кон непријателот сѐ посилен и

посилен....Ко тогај, ко тогај, о другарко, помниш -

в смрзнатата вечер на пролетта рана,кај нашата младост и првата радостја косеше луто куршумната слана,а ти чело збрчка, ко тигрица рипнаи летна во ноќта крвава и црна, -со своите очи што ригаа пламен

ги растопи чашкум челичните зрна...Ацо Шопов за многу кусо време успеа да надмине и срушинекои поетски навики востановени кај нас и да приграби

нови помодерни средства и теми за изразување. Но тоа неодело така лесно и без последици по авторот.

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Своето трајно место во врвот на македонската поезија, литература и култура Ацо Шопов го зазеде со својата прва младешка книга "Песни". Со тој чин на пројавување и афирмирање на својот вистински лирски талент и на свежината и богатството на јазикот, неговиот, и нашиот македонскиот, како јазик на поезијата и литературата, Ацо Шопов, по искуството на Рацин и Венко, во новите историски услови ја објавуваше и потврдуваше новата преродба на нашата литература. Тој хуманистички лирски блесок на поезијата на Шопов ја облагородуваше со децении, и денес продолжува, нашата поезија, литература и култура. И сета негова творечка љубопитност и културна дејност тоа постојано го потврдуваа и го потврдуваат како трајна скапоценост на нашата култура. Академик Матеја Матевски, 2003 на 80 годишнината од раѓањето на Ацо Шопов
Page 167: makedonski jazik i literatura za IV godina

Веќе во збирката Слеј се со тишината го најавува тоа:Ако носиш нешто неизречено,нешто што те притиска и пече,закопај го во длабока тишина,

тишината сама ќе го рече.Во збирките од подоцнежниот период Ацо Шопов мисловно е

подлабок, со модерен сензибилитет и обид да се дојде дојатката на зборот (Раѓање на зборот). Во Гледач на пепелта

ги среќаваме и овие стихови:Се искачив на врвот од болот

Човек сум. А што е човек?Пред мене празнина, зад мене празнина.

Празнина што сама се пали.Тоа го потврдува и во циклусот песни Црно сонце, каде што

симболиката е мошне сложена и тешка за одгатнување:Од какво измислено царство, од каква раскошна гробница

навечер што те прибира а наутро што те гони,

Page 168: makedonski jazik i literatura za IV godina

доаѓаш црно сонце, и црни истураш дождовикако последна закана на светот што му ѕвони.

Ацо Шопов не е само поет. Преку овој циклус и многу другипесни го откриваме и како мислител, со ненаметливарефлексивност. Во средиштето на неговите размисли

секогаш е откривањето на вистината за човекот и неговотооттуѓување. На тој начин тој прави обид да го спои лирското

со мисловното.Цитат за овој час: Беа напишани на македонски јазик! Знаеш, јас во тоа

време имав можност да го читам Кочо Рацин и безразлично што во моитетогашни песни имаше силно влијание штипскиот дијалект, мислам декапесните во „Анови“, главно, беа напишани на централниот македонски

дијалект. Не треба некои посебни анализи, воопшто, да се заклучи дека зајазикот во моите песни од тоа време мои учители беа народната песна и

Кочо Рацин. Од разговорот на Ацо Шопов со Јован Павловски

Page 169: makedonski jazik i literatura za IV godina

РАДОВАН ПАВЛОВСКИ (1937)Радован Павловски е едно од најблескавите имиња во

современата македонска литература. На еден или на другначин припаѓа и на хрватската и на српска литература. Иповеќе од тоа. Неговото творештво, посебно поетското, се

мери со вредносни критериуми еднакви на светските.Радован Павловски е роден во Ниш, детството го поминуваво Железна Река, Гостиварско, каде што завршил основноучилиште. Гимназија учел во Гостивар. Студирал право и

литература на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.Подолг период живеел во Хрватска (1961 - 1981) и малку

време во Србија (1982 - 1985). Потоа трајно се населува воСкопје. Член е Друштвото на писателите на Македонија

(1961) и на писателските асоцијации на Хрватска и Србија;на Македонскиот ПЕН центар и на Македонската академијана науките и уметностите (2006) . Бил член и на Сојузот на

писателите на некогашна Југославија.

Page 170: makedonski jazik i literatura za IV godina

Радован Павловски својот поход кон литературните врвовитриумфално го најави со Поетскиот манифест Епското на

гласање (заедно со Богомил Ѓузел, 1960) и со збирката Суша,свадба и селидби (1961). Оттогаш секоја нова негова збирка

се дочекува како мал празник за нашата поезија.Ова се насловите на другите стихозбирки на РадованПвловски: Корабија (1964), Високо пладне (1966),

Боемија на Природата (1969), Низ проѕирката на мечот(1971), Сонце за кое змијата не знае (1972), Пир (1973),Зрна (1975), Молњи (1978), Стражи (1980), Чума (1984),Клучеви (1986), Марена (1986), Избрани дела во три тома

(1986), Темелник (1988), Зрна, Молњи и Клучеви (трилогија),Вселенски деца (поезија за деца, 1993), Бог на утрото

(1991), Јавач на звукот (1995), Синот на Сонцето (1999),Штит (2001), На едно око (2002), Господар на перото

(2006), Свртничар на светлината (избор песни, 2006), Океанво капка (2008), Воспеви (2009), Воспеви (трилогија од

последните збирки, 2010).

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Воспевите од Радована доследни на стиховите од младини, во посегот по неговата интима му се враќаат постојано на мотивот на љубовта како вечна инспирација на поезијата. Сите пет циклуси од книгата ги поврзува златната нишка од љубовта и кога асоцира на љубената и кога ја опева Железната река и тогаш кога го дели својот ламент со драгите ликови од минатото. Во своето време тој не одделува мигови за љубовта, не одделува дел од себе да и се посвети на таа трајна магија на животот. Таа е постојано во неговото интегрално постоење на човек и поет... Нашиот Младич што спие напладне продолжува да се дружи со својата постојано будна муза, што го исполнува со вдахновеност и убавина неговото творечко живеење Академик Матеја Матевски во поговорот на трилогијата Воспеви
Page 171: makedonski jazik i literatura za IV godina

Покрај поезија Радован Павловски е автор на повеќе книгиесеи, патописи и сл.: Отклучување на патиштата (патопис,

1986), Манифест на Поетската република Железна Река(1990), Што може поезијата (есеи, 1993), Демократска

џунгла (политички есеи, 1994), Порака на поетот до ситепоети на светот (Струшки вечери на поезијата, 1995).

Неговите песни се преведени на над 50 странски јазици воодделни книги или како избор во разни антологии на

македонската, југословенската или светската поезија. Тој едобитник на многу награди и признанија (Браќа

Миладиновци, 11 Октомври, Кочо Рацин, Повелба напечалбарите, Гоцева повелба, Ацо Шопов; на странските

награди: Младост, Златна струна, 24. Дисова пролет, РистоРатковиќ, стихозбирката Зрна е прогласена за најдобра книгаод Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот

Пир е награден за неговите високи уметнички вредности(Хрватска, 1972).

Page 172: makedonski jazik i literatura za IV godina

Кон неговата биографија би го додале и следново:Американскиот биографски институт го прогласи за Личност нагодината за 1997 година како еминентна личност наведена во

меѓународно и национално признати биографски дела.Радован Павловски е добитник на светското признание за

животно дело за 1998 година (ABI – САД). Во тринаесеттатаедиција – интернационалното издание Кој е кој меѓу

интелектуалците од Интернационалниот биографски центар соседиште во Кембриџ – Англија, во 1999 година е објавена

детална биографија и библиографија на животниот итворечкиот опус на Радован Павловски.

Тој е добитник и на наградата за врвни достигнувања во 20 векод Меѓународниот биографски центар од Кембриџ која е

неповторлива во наредните стотина години, потоа е застапенво биографиите на 2.000 исклучителни луѓе на 20 век. Неговататворечка биографија е меѓународно призната и е печатена во

26-тото издание на Речникот на меѓународни биографии.

Page 173: makedonski jazik i literatura za IV godina

Веќе со првата своја збирка, Суша, свадба и селидби, РадованПавловски го разгрна својот раскошен талент, користејќи ја

моќта на зборот за да ги искаже своите емотивнидоживувања. Престижната награда Младост (1961) беше

потврда дека на пошироките југословенски простори се јавиавтор кој како волшебник си игра со магијата на метафорите исимболите. Неговата поезија не се прераскажува, дури и кога

е епски разбранета. Таа се чита и доживува:Наведнат до скршнување добитокот

силно рика за секој изгубен рогНебото не слуша

Нанижани во круг птицитеимаат тврдо летање во воздухот

Ние имаме отворени дланки за молитва (Суша)Во една од неговите песни (Младичот што спие на пладне) се

враќа назад во детството, во родниот крај, да ја обновисопствената енергија на извориштата на сонот:

Трајан Божинов
Ljepljiva bilješka
Поезијата на Павловски ја презентира македонската култура во еден од нејзините најдобри видови. Сите што пишувале за оваа поезија се согласни дека таа е несекојдневен феномен во нашата литература. Врз македонските поетски текови, стиховите на Павловски ставаат јасен и секогаш препознатлив печат. Академик Влада Урошевиќ во предговорот на стихозбирката Океан во капка, издание на АЕА
Page 174: makedonski jazik i literatura za IV godina

Разбуди се о младичуи раскажи ни ги соновите

па на убав коњ ќе одјавиме до Железна Рекада нѐ освежи ветрот од водениците

Мошне блиску до симболите на народниот јазик и неговиотгениј се песните од збирката Чума.

Со столетија те оплакувамеи никако да те исплачеме

Чумо чумосанаНа бубаче крилца си му откинала

На вир вода око заматила...Во неговата поезија во многу песни се опева молњата, како

симбол на светлина, како симбол на вечност. Во Потеклото намолњите ќе каже:

И од земјата и од човекотИ од небото и од птиците

И од ветровите и од животнитеИ од билјето меѓу ветровие

Page 175: makedonski jazik i literatura za IV godina

Избиваат молњиИ од камењата

И во смртта и во празницитеИма многу светлина на молњите.

Литературните критичари за него се искажале дека есвртничар на светлината, дека е принц на метафорите.

Неговата поезија постојано се надградува со нови симболи,се проширува со нови сфери на човековото сознание, опевамитови и митски провиденија што не се само национални и

регионални, но и космополитски и универзални.Цитат за овој час: Врз грамотата на македонските поетски текови,

стиховите на Павловски ставаат јасен и секогаш препознатлив печат. Тој епоет, широко познат во нашата јавност по високите дострели во својата

поезија, а истовремено е творец кој се потврдил со своите вредности низсветот. Влада Урошевиќ.

14. 05. 2011, Струмица Трајан Божинов, професор