makedonski jazik i literatura ii godina

223
pdf. II .

Upload: -

Post on 22-Nov-2014

252 views

Category:

Documents


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: Makedonski jazik i literatura II godina

ДОБРОДОЈДОВТЕВие сте на почетокот на pdf. презентациите на дел од

наставните содржини по предметотМакедонски јазик и литература за II година на средното

стручно образование.Овие презентации се правени според

новата наставна програма за четиригодишно образованиеизготвена од

Бирото за развој на образованието приМинистерството за образование и наука

на Република Македонија

Page 2: Makedonski jazik i literatura II godina

Основни извори кои послужија при изработка наслајдовите:

Македонски јазик и литература за II година зареформираното гимназиско образование

автори: С. Бојковска, Д. Пандев, Л. Минова-Ѓуркова,Ж. Цветковски, Н. Исакова, Б. Пендовски; издание на

Просветно дело, Скопје, 2008.Литература за I година на средното образованиеавтори: Љ. Андреев, д-р Л. Каровски, Н. Исакова, Б.Пендовски; издание на Просветно дело, Скопје, 1998;Википедија, Слободна енциклопедија на македонски ина други јазици. Се користени и материјали од on-line

весници, книги и слично. Понекогаш врските до некои вебстраници во меѓувреме се изменети или се избришани и

повеќе не постојат. При евентуални ажурирања, грешкитеод овој вид ќе се обидеме да ги поправиме.

Page 3: Makedonski jazik i literatura II godina

Презентациите се така прилагодени за да можатучениците полесно да ги усвојат основите на содржините

од граматичкиот дел и од литературата.Тие во ниеден случај не можат да бидат замена за

учебниците, но можат да се искористат како припомош занаставниците, како е-прирачник, особено со воведувањето

на компјутерите во наставата, а за учениците какопотсетник пред полагањето на интерните и екстерните

испити.Одделните лекции или делови од лекциите се означени соразличен дизајн на заднината што е направено за полесно

разграничување на презентациите. На крајот на секојалекција следува поука (позајмена најчесто од Библијата -

Стариот завет) или цитат од некој автор и сл.

Page 4: Makedonski jazik i literatura II godina

За да може да се користат презентациите, потребно е дасе инсталира некој од pdf.reader-ите.

Користењето на материјалите за учениците наставницитее слободно и без надомест. Не е дозволено менување на

содржините без знаење и одобрување на авторот.Користењето на делови од презентациите за други цели едопуштено само со задолжително спомнување на изворот.

Со среќа!Трајан Божинов, професор

Сите забелешки, коментари и добронамерни сугестииможете да ги упатите на:

trajan-vapcar.blogspot.comЛичните пораки можете да ми ги праќате на

[email protected]

Page 5: Makedonski jazik i literatura II godina

МАКЕДОНСКОТО ЈАЗИЧНО ПРАШАЊЕ ВО XIX ВЕКПрашањето за македонскиот (литературен) јазик особено

станува актуелно во втората половина на 19. век соразвојот на учебникарската дејност. Ако првите печатени

книги (на Крчовски и Пејчиновиќ) беа отпечатени налокални народни говори со многу елементи од

црковнословенскиот (особено кај првиот), учебникаритеучебникаритеучебникаритенастојуваат да се изгради јазик со најширока дијалектна

основа на кој ќе се пишуваат учебниците.Уште Јордан Х. К. - Џинот го напушта локалниот велешки

говор и пишува на јазик близок до северозападнотонаречје. Но, тој не секогаш е доследен и често во своитедела го користи бугарскиот јазик, а исто така пишува и на

српски јазик.

Page 6: Makedonski jazik i literatura II godina

Сепак, нашите први преродбенски писатели К.Миладинов, Р. Жинзифов, Г. Прличев во своите дела гозастапуваат локалниот говор. Тоа особено се однесува на

поезијата на К. Миладинов.К. Шапкарев и М. Цепенков народните умотворби ги

запишале на охридски, односно на прилепски говор. ВоЗборникот на браќата Миладиновци се застапени песни

и други творби речиси од сите македонски дијалекти.Конечно со учебникарската дејност се зацврстува свеста

дека треба да се пишува на македонски литературен јазик.Притоа се изделуваат две гледишта: за заеднички

македонско-бугарски литературен јазик и за посебенмакедонски литературен јазик.

Page 7: Makedonski jazik i literatura II godina

Приврзаници на првата идеја биле Партениј Зографски иКузман Шапкарев, додека за одделен јазик се залагале

Ѓорѓија Пулевски и Венијамин Мачуковски. Тие сметаледека македонскиот народ е посебен и дека треба да има

свој посебен литературен јазик.Ваквото гледиште на македонистите (поим измислен одБугарите, за луѓе кои се чувствуваат како Македонци или

за странци кои се застапуваат за посебен македонскинарод и јазик: Карл Хрон, Петар Драганов) го прифатиле

нивните следбеници, собрани околу весникот ЛозаЛозаЛоза,наречени лозарилозарилозари. Лозарите во единствениот излезен број(весникот бил забранет од бугарските власти!?) дури се

залагале за упростување на македонскиот правопис,спротивно на тогашниот бугарски јазик.

Практична реализација македонизмот ќе доживее прекутеоретските разработки на К. П. Мисирков.

Page 8: Makedonski jazik i literatura II godina

КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ (1874 – 1926)Мисирков ја имал судбината на илјадници

Македонци кои за времето на туѓите пропаганди воМакедонија биле подложени на однародување. Одблизуможел да види како живото ткиво на македонскиот народ

се разорува преку хегемонистичките пропаганди насоседните држави.

На тоа ќе укаже во книгата ЗаЗаЗа македонцкитемакедонцкитемакедонцките работиработиработи(Софија, 1903). За жал, таа била запленета и речиси сиот

тираж уништен. Во книгата, преку петте статии давапреглед на состојбите во Македонија, завршувајќи со

неуспехот на Илинденското востание.Последната, најмалата статија, носи наслов: „Неколку

зборои за македонцкиот литературен јазик“.

Page 9: Makedonski jazik i literatura II godina

Во неа Мисирков како голем визионер ги поставуваосновите на современиот македонски литературен јазик.

Тој тргнува од фактот дека нашиот јазик е посебен восемејството на јужнословенските јазици, подеднакво

различен од српскиот и бугарскиот.Како основа на литературниот јазик ги зема централнитеговори (велешкиот, прилепскиот и битолскиот). Кон нив го

придодава и охридскиот говор, зашто „Охрид е стараОхрид е стараОхрид е старамакедонска престолнинамакедонска престолнинамакедонска престолнина“.

Мисирков го предлага фонетскиот принцип во правописот,со мали отстапки на етимологијата.

За речникот на нашиот јазик предлага да се збогатува созборови од сите македонски дијалекти. На тој начин налитературниот јазик му се обезбедува широка народна

основа.

Page 10: Makedonski jazik i literatura II godina

За македонската кирилица предлага нови знаци за некоигласови кои не постоеле во бугарскиот јазик

(ї, к`, г`, н`, л`).Редовно го испушта меѓувокалното в (чоек, дуот); ги

користи консонантските групи шч (шчо, опшч), стр и здр(стред, здрел) и наставката -цки (македонцки, охрицки).Редовно пишува и коїн, носеїне, браїка (антиципација на

мекоста).Идеите на Мисирков во голема мерка ќе се прифатат

четири децении подоцна при кодификацијата на нашиотлитературен јазик.

Безграничната љубов на Мисирков кон својот народ ијазик е инспиративна за многу творци и дела и со секоенавраќање кон него, тој станува поблизок и подраг за

неговите сонародници.

Page 11: Makedonski jazik i literatura II godina

МОРФОЛОГИЈА И МОРФОСИНТАКСАМорфологијата е дел од науката за јазикот која ги

проучува формите на зборовите, нивното образување,како и нивните граматички значења.

Морфосинтаксата се занимава со употребата назборовите во реченицата.

Морфологија = формознание.Конкретното значење на зборовите е предмет на делот од

науката за јазикот наречен лексикологија.МорфемитеМорфемитеМорфемите се најмали значенски јазични единици од кои

се состои еден збор.За разлика од нив, во фонетиката, фонемитефонемитефонемите се најмалијазични единици без свое значење, но со функција да ги

разликуваат зборовите.

Page 12: Makedonski jazik i literatura II godina

Некои зборови содржат само една морфема: град, заб,ѕид, додека други имаат повеќе морфеми: ѕид-ови, ѕид-

ови-те, ѕид-ар-ство.Разликуваме коренскикоренскикоренски (основни) морфеми: ѕид, заб и

додаденидодаденидодадени (афиксни): -ови, -и.Разликуваме уште и зборообразувачкизборообразувачкизборообразувачки морфеми: -ар,

-ник, -ство, -тел, -ица, -џија... како и формообразувачкиформообразувачкиформообразувачки:-ови, -и, -от, -ов...

Со зборообразувачките морфеми се образуваат новизборови: ѕид-ар, ѕидар-ство ѕид-ник.

Со формообразувачките морфеми се менуваграматичкото значење на зборот, но не се менува

основното лексичко значење: ѕид-от, ѕид-ови, ѕид-ови-те.

Page 13: Makedonski jazik i literatura II godina

АфикснитеАфикснитеАфиксните морфеми можат да бидат претставки(префикси), ако стојат пред коренската морфема или преддруга претстава: из-работи, на-полни; из-на-тепа, из-на-

при-каже, или наставки (суфикси), ако стојат зад неа:стол-ови, стол-ар-ски.

Терминот завршок означува еден или повеќе гласови накрајот на зборот со кој најчесто се определува родот на

именката и сл.: Петре/ПетраЗборообразувачките и коренските морфеми се носители

на лексичкото значење, а формообразувачките награматичкото значење. Со формообразувачките морфемисе упатува на определеноста, бројот, времето и на другите

граматички категории: ѕид-от, ѕид-ови; глед-а-в.Различните форми на еден ист збор се викаат

збороформизбороформизбороформи: стол, столови, (два) стола, столот.Поука за овој час: Не завидувај му на човек што постапува насилно,

и не избирај ни еден од патиштата негови. 31

Page 14: Makedonski jazik i literatura II godina

ЗБОРОВНИ ГРУПИЛексиката на еден јазик ја сочинуваат огромен број

зборови. Тие на еден или друг начин се поврзани меѓусебе и образуваат одредени групи.

Врз основа на заеднички особености зборовите гикласифицираме во групи или класи. Постојат повеќе

класификации: 1. Значенска (семантичка), 2. формална(морфолошка) и 3. Функционална (синтаксичка)

класификација.Значенската класификација е најстара. Се засновува насмисловната, значенската страна на зборовите: Спореднеа, во македонскиот јазик постојат 11 зборовни групи:именки, заменки, придавки, броеви, глаголи, прилози,

предлози, сврзници, честички, извици и модални зборови.

Page 15: Makedonski jazik i literatura II godina

Со зборовните групи именки, заменки, придавки,броеви, глаголи, прилози, се искажува некакво лексичко

значење и тие можат самостојно да стојат.Зборовните групи предлози, сврзници, честички немаат

свое лексичко, но имаат граматичко значење.Со извиците се искажуваат чувства или се имитираат

звуци, додека со модалните зборови се искажува ставкон нешто или некого.

Со формалната (морфолошката) класификацијазборовите ги делиме на менливименливименливи и неменливинеменливинеменливи. Во прватагрупа спаѓаат: именките, заменките, придавките, броевите

и глаголите.

Page 16: Makedonski jazik i literatura II godina

Во втората група се неменливите зборови: прилозите,предлозите, сврзниците, честичките, извиците и

модалните зборови.Понекогаш некои прилози имаат форми за степенување и

се членуваат: подобро, најдобро; многуте, неколкуте.Според функционалната класификација на зборовите, сеутврдува нивната функција во реченицата. Тие можат да

бидат подмет, прирок или нивни додатоци.Притоа, можат да бидат како самостојни делови во

реченицата или да се јават во „служба“ на други зборови.Некои зборови, пак, имаат функција да ги поврзуваат

деловите на реченицата.Поука за овој час: Зошто еден ден од друг е подобар,

кога на сите денови во годинатаод сонцето им доаѓа светлината 33. 7

Page 17: Makedonski jazik i literatura II godina

ИМЕНКИ (СУПСТАНТИВИ)Именките се зборови кои означуваат име на суштества, на

појави и на предмети.Се делат на општи и сопствени. Суштествата,

предметите, со општи (заеднички) особини спаѓаат воопштите именки (табла, дрво, овца). Множество од

предмети кои означуваат збир и не се одделуваат посебно,образуваат збирни именки, иако се во еднина (сребро,

вар, кал).Сопствените именки означуваат имиња на лица, празници,

институции, фирми, географски имиња, имиња науметнички дела и сл.

Конкретните именки означуваат материјални предметиили суштества (клупа, снег, риба); апстрактните

(мисловните) нешто што не може да се види, допре и сл.(бол, мудрост, инает).

Page 18: Makedonski jazik i literatura II godina

Кај именките разликуваме род, број и определеност(член). Кај некои именки има остатоци од падежни форми

(Боже, сине, мајко). Спореди уште: Го сретнав СтојанаСтојанаСтојана.Сите именки припаѓаат на еден од трите рода: машки,женски или среден. Колебање на родот има кај некои

именки: песок, вар, жар и сл.Според бројот, именките може да бидат во еднина и

множина. Постојат именки кои имаат само еднина (обичносопствените именки) или само множина (панталони,

ногавици). Множината може да биде обичнаобичнаобична (куќи, деца),избројанаизбројанаизбројана (два снопаснопаснопа, неколку стапастапастапа), или збирназбирназбирна (лисје,

лисја).ОпределеностаОпределеностаОпределеноста (издвојувањето на еден предмет од

мноштво исти предмети) се искажува со помош на членотчленотчленот.Отсуството на член означува неопределеностнеопределеностнеопределеност на именката

(човек/човекот; жена/жената; дете/детето).Членските форми покрај општа, имаат функција и на

просторна определеност.

Page 19: Makedonski jazik i literatura II godina

Членски наставки заопшто определување се: -от, -та, -то, -те, -та;

за поблизу до нас: -ов, -ва, -во, -ве, -ва;за подалеку од нас: -он, -на, -но, -не, -на.

Личните имиња, по правило, не се членуваат. Во случаитекако Верчето, Милето, и сл. се искажува однос на

миловност и сл. Некои географски имиња, сепак, имаатчлен: Филипините, Алпите, Пиринеите, Андите.

Во речениците именките можат да бидат подмет: ПетреПетреПетре еученик; директен предмет: Весна чита весниквесниквесник; индиректен

предмет: МуМуМу кажа на Ѓоргина Ѓоргина Ѓорги; предмет со предлог: Учи одододкомпјутеркомпјутеркомпјутер; прилошка определба: Се качи на дрвона дрвона дрво; именски

дел од прирокот: Тој е ученикученикученик; вокативна форма: Кажи,ИванеИванеИване! Атрибут: Два килограмикилограмикилограми компир.

Поука за овој час: Тој што на туѓа трпеза гледа – неговиот живот не еживот, со туѓи јадења својата душа ја понижува. 40. 30

Page 20: Makedonski jazik i literatura II godina

ПРИДАВКИ (АДЈЕКТИВИ)Придавките означуваат некаква особеност на именките

(мало дете, зелена трева). Не се употребуваатсамостојно, туку најчесто со именки. Со именките ги

усогласуваат родот, бројот и определеноста. Само малброј придавки не се усогласуваат со именките: ачик,

будала, мераклија, супер, фер, мини, (тоа се зборови одтуѓо потекло).

Придавките имаат форми за трите рода во еднина: мал,мала, мало; множина: мали.

Членските форми се усогласуваат со именките и директносе додаваат на неопределената форма, освен во машки

род кај што се додава и: малиот, малата, малото, (едн.);малите (мн.)

Според значењето и особеностите придавките ги делимево четири основни групи: 1. описни (квалитативни), 2.

односни (релативни), 3. бројни и 4. заменски.

Page 21: Makedonski jazik i literatura II godina

Описните придавки означуваат некакво својство и доаѓаатна прашањето каков е некој или нешто. Означуваат

димензии (голем), вкус (солен), физички или хемискисвојства (тврд, отпорен), особини на личност (умен).Односните означуваат признак во сооднос со некој

премет. Тие се материјални (метална врата) или присвојни(татков дом).

Бројните придавки се образуваат од броеви и гоозначуваат редот или умноженоста

(втор, трет, двоен, троен, стоти).Заменските придавки можат да бидат: присвојни (мој,твој), количествени (онолкав, толкав), квалитативни

(ваков, онаков, таков), прашални (каков, колкав), општи(секаков), неопределени (некаков).

Page 22: Makedonski jazik i literatura II godina

Степенување има кај описните придавки. Постојат тристепени: позитив (висок), компаратив (повисок), и

суперлатив (највисок).Компаративот подразбира споредба меѓу два предмета,две суштества и сл., а суперлативот меѓу три или повеќе

предмети, суштества и сл.Блиски до степенување се формите со при-, и пре-,

(припрост, преубав), или пак: супергол, супермодерен,ултралев. Спореди уште кај именките: помајстор,

најмајстор; мајстор над мајстори.Во речениците придавките се атрибути или именски дел

од прирокот. Но: БолниотБолниотБолниот дојде (како подмет, односно какоименка).

Цитат за овој час: Животот е планина, се качуваш бавно,а слегнуваш брзо. Ги де Мопасан

Page 23: Makedonski jazik i literatura II godina

БРОЕВИ (NUMERALIA)Броевите се зборови кои означуваат количество.

Количеството може да биде точно избројано (три, сто,триста), или приближно (три-четири). Разликуваме броеви

за определена (точна) и за приближна бројност.Броевите стојат до именките и означуваат количественпризнак. Немаат посебни граматички категории освенбројот еден кој има форми за трите рода (еден, една,

едно, едни). Множинската форма, пак, едни има значењекако неопределената заменка некои (Дојдоа едни луѓе

кај нас).Бројот два стои до именки од машки род (два стола), адве до именки од женски и среден род (две жени, две

деца). Кога стои до лица покрај два, се користат уште иобата/обајцата/обете.

Page 24: Makedonski jazik i literatura II godina

Според составот броевите ги делиме на прости исложени. Прости броеви се од еден до десет, како и сто.Како прости броеви ги сметаме и нула, илјада, милион,

милијарда и сл. Но тие повеќе се однесуваат како именки.Имаат род, број и член.

Сложените броеви се образуваат на три начина: од десетдо деветнаесет со додавање на предлогот на: единаесет,петнаесет...; од дваесет натаму со додавање на и: триесет

и пет...; кај десетиците и стотиците имаме директнододавање: осумдесет, осумстотини...

Определената бројност во која има и лице (лица) одмашки род се прави со наставките -ица, -мина: тројца,

петмина, четворица, осуммина.

Page 25: Makedonski jazik i literatura II godina

Приближната бројност се искажува на два начина:1. Со поврзување на два соседни броја: два-три, седум-

осум, пет-шеснаесет, двесте и пет-шеесет; три-четиристотини;

2. со наставката -ина: педесетина, стотина;Во речениците броевите пред именките вршат атрибутска

функција: Купи три литра вино.Кога се користат самостојно во реченицата броевите

можат да бидат подмет: Пет е прост број; именски делна прирокот: Бројот на неделите во годината е педесет и

две; и сл.Поука за овој час: Работник пијаница никогаш нема да се збогати,

ако ги презира малите работи, набргу и без нив ќе остане. 19. 1

Page 26: Makedonski jazik i literatura II godina

ЗАМЕНКИ (PRONOMINA)Заменките се зборови со кои се укажува на некој илинешто, без да се именува: таа (клупа), тој (чичко ми).

Според значењето заменките се делат на: лични, лично-предметни и показни.

Личните заменки се однесуваат на граматичкатакатегорија лице. Заменки за прво лице се: јас, мене, ме,

мене, ми (едн.) и ние, нас, нè, нам, ни (мн.); за второ лице:ти, тебе, те, тебе, ти (едн.) и вие, вас, ве, вам, ви (мн.); затрето лице: тој, него, го, нему, му, таа, неа, ја, нејзе ѝ, тоа,

него, го, нему, му (едн.) и тие, нив, ги, ним, им (мн.).Постои уште и лично-повратна заменка себе (се),

себе (си).Покрај основните форми (подметските, јас, ти, тој...),

заменките имаат долги и кратки форми за директен ииндиректен предмет.

Page 27: Makedonski jazik i literatura II godina

Кога се истакнува предметот тогаш се користат и долгитеи кратките форми: Тебе ти велам. Инаку: Го видов, му

реков.Долгите заменски форми се користат со предлози: со

мене, без нас.Лично-предметни заменки се: кој, што и чиј, како и

изведените од нив: никој, нешто, нечиј.Заменката кој има една форма што се однесува како

лична заменка (кој, кого, кому; некого, некому и т.н.).Другата кој-заменка има форми за трите рода (кој, која,кое, кои) и се однесува на лице и на предмети (кое дете,

која книга, секој човек).Заменката што се однесува на предмети (што купи?), но и

на дејства (што правиш?).Со заменката чиј се искажува припадност на лица и или

предмети.

Page 28: Makedonski jazik i literatura II godina

Во однос на значењето и функциите овие заменки гиделиме на: прашални (кој?,чиј?, што?), односни (кој,

којшто, што, чиј, чијшто), одречни (никој, ништо, ничиј),општи (секој, сешто, сечиј), и неопределени (некој,

нешто, нечиј, кој било, кој-годе).Показните заменки се користат за просторно и временско

определување на лица и предмети. Тие се: овој, оваа,ова, овие (близу до нас); оној, онаа, она, оние (подалеку

од нас); тој, таа, тоа, тие (близу до соговорникот).Заменките во речениците можат да бидат подмет,

предмет, атрибут, прилошка определба и именски делод прирокот.

Поука за овој час: Тој што многу таксува, мене не ме радува! Народна

Page 29: Makedonski jazik i literatura II godina

ГЛАГОЛИ (VERBA)Глаголите се менливи зборови кои означуваат дејство или

состојба (работи, оди, врне). Глаголите кои искажуваатдејство се врзуваат со вршителот на тоа дејство (Tој пеепеепее).

Глаголите во нашиот јазик имаат разгранет систем наформи и повеќе граматички категории: време, начин,

лице, вид, преодност, залог, род, број...Со категоријата време се определува времето кога севрши дејството. Ако тоа се врши во моментот додека

зборуваме (пеам), станува збор за сегашно време. Акотоа се случило пред моментот на соопштувањето (пеевпеевпеев),тогаш се работи за минато време. Ако тоа ќе се случи во

иднина (ќе пеам), зборуваме за идно време.

Page 30: Makedonski jazik i literatura II godina

Во нашиот јазик постојат следниве глаголски времиња:сегашно, минато определено свршено, минато определенонесвршено, минато неопределено (свршено и несвршено),предминато, идно, минато-идно, и идно прекажано време.

Со категоријата начин се искажува односот на тој штозборува кон дејството. Постојат три начина:

Со исказниот начин дејството се предава во вид на исказили соопштение (ние играме). Сите глаголски времиња ги

искажуваме преку овој начин.Со заповедниот начин се искажува заповед (носи, пеј,

пејте, носете).Со можниот начин дејството се предава во вид на

можност (би гледал, би сакале).Поука за овој час: Очите твои нека гледаат право, и клепките твои да

бидат управени кон праведното. 25

Page 31: Makedonski jazik i literatura II godina

Со категоријата лице се означува лицето што зборува илиго врши глаголското дејство или пак се посочува на лицето

за кое се зборува.Најчесто глаголските форми се лични и се реализираат

преку трите лица во еднина и во множина.Лицето се искажува преку личните наставки:

гледам/гледате; понекогаш и со нивно отсуство: гледа(3.л. едн.). Кога формите се исти за повеќе лица, тогаш секористат личните заменки (ти гледаше, тој гледаше) илипомошните глаголи сум и има (сум гледал, си гледал;

имам гледано; имаш гледано).Глаголски форми што се менуваат по лица се лични(пеам, пееш, пее), а оние без промени, се нелични

(носејќи, носен, носење). Постојат и безлични глаголи(врне, грми, се стемнува).

Page 32: Makedonski jazik i literatura II godina

Со категоријата вид се означува траењето на глаголскотодејство. Имаме два вида глаголи: свршени и несвршени.

Кај несвршените глаголи дејството не е завршено, тоатрае (игра, носи, пее), додека свршените глаголи

означуваат дејство кое се извршило во еден момент (Тааму намигнанамигнанамигна), или за подолго време (Го напишанапишанапиша делото за

една година).Во рамките на несвршените постојат уште и повторливиглаголи чие дејство се одвива одвреме навреме: боднува,

подлегнува.Една мала група глаголи можат да бидат од двата вида:

вечера, руча, но повеќе од нив се од туѓо потекло: донира,фенира, сигнализира.

Page 33: Makedonski jazik i literatura II godina

Категоријата преодност означува присуство или отсуствона друг збор до глаголот, што го означува предметот врзкој може да „преоѓа“ дејството од глаголот: читамчитамчитам книга /

седамседамседам сам.Преодните глаголи се оние чие дејство преоѓа врз

предметот, односно бараат дополнување: гледагледагледа филм,слушаслушаслуша музика. Непреодните не бараат дополнување одпредмет: ОдиОдиОди замислено по патот; Му кажакажакажа да молчимолчимолчи.

Границата меѓу преодните и непреодните глаголичестопати е лабава: Го кажакажакажа на учителот (овде кажакажакажа е

преоден глагол).Повратни глаголи се оние чие дејство се „враќа“ врз

подметот. Одат со повратната заменка се: се смеам, семолам, се облекувам.

Поука за овој час: Некој молчи, се смета за мудар,а некого го мразат поради многу зборување. 20. 5

Page 34: Makedonski jazik i literatura II godina

КЛАСИФИКАЦИЈА НА ГЛАГОЛИТЕКај глаголите ги разликуваме следниве делови: општ дел,

основен вокал и наставка (глед / а / м).Во некои од глаголските форми вториот или третиот дел

може да недостасува.Според вокалот во трето лице еднина на сегашно време

глаголите ги делиме на три групи: а-група (гледа, чита), е-група (пее, спие), и-група (носи, води).

Според вокалот во прво лице еднина на минатоопределено свршено време, глаголските групи ги делиме

на раздели или подгрупи:

Page 35: Makedonski jazik i literatura II godina

Глаголите од а-група немаат раздели. Секаде се јавуваосновниот вокал а: гледав, викал, јавајте.

Глаголите од и-група имаат три раздели: и-раздел (фатив,сменив), е-раздел (изгорев, премолчев), а-раздел

(одлежав, одржав).Глаголите од е-група имаат четири раздела: а-раздел(седнав, набрав), е-раздел (допрев, запрев,), о-раздел

(испеков, реков) и раздел без основен вокал(ø) (измиøв,начуøв).

Поука за овој час: Човечки е да се греши, но да се повторуваат грешкитее својствено само за глупавите! Латинска сентенца

Page 36: Makedonski jazik i literatura II godina

ПРОСТИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИПрости глаголски форми во македонскиот јазик се:

Сегашно време,Минато определено несвршено време,Минатo определено свршено време,

Заповеден начин,Глаголска л-форма, Глаголска придавка,

Глаголска именка, Глаголски прилог.Поука за овој час: Кога богат се сопнува, пријателите го придржуваат, а

кога сиромавиот паѓа и пријателите го оставаат. 13. 25

Page 37: Makedonski jazik i literatura II godina

СЕГАШНО ВРЕМЕСе образува со додавање на наставки за сегашно време

на основниот вокал на глаголот:еднина

а-група и-група е-група1.л.гледам 1.л.носам 1.л.јадам2.л.гледаш 2.л.носиш 2.л.јадеш3.л.гледа 3.л.носи 3.л.јаде

множина1.л.гледаме 1.л.носиме 1.л.јадеме2.л.гледате 2.л.носите 2.л.јадете3.л.гледаат 3.л.носат 3.л.јадат

Основно значење на сегашното време е да означувадејство кое се одвива во моментот на зборувањето:

Јас пишувампишувампишувам, вие внимаватевнимаватевнимавате.Вакво значење имаат несвршените глаголи.

Page 38: Makedonski jazik i literatura II godina

Сегашно време од свршените глаголи се образува сододавање на некои честички или сврзници, но тоа не

означува сегашност во вистинска смисла:АкоАкоАко видам; дадада прочитате; додека дадодека дадодека да седнете; дури дадури дадури да

најдеме.Со сегашно време може да се искажува и:Минатост: Наполеон ја освојуваосвојуваосвојува Москва...

Идност: Утре одимеодимеодиме за Валандово.Севременост: Сонцето изгреваизгреваизгрева на исток.

Повторливост: Во петок јадемејадемејадеме грав.Готовност: ДоаѓамДоаѓамДоаѓам да ти помогнампомогнампомогнам.

Истовременост со друго дејство: ПочнувамПочнувамПочнувам да грешамгрешамгрешам.Поука за овој час: Кој катран допира, од него ќе се извалка,

кој со горди се дружи, ќе стане како нив. 13. 1

Page 39: Makedonski jazik i literatura II godina

МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО НЕСВРШЕНО ВРЕМЕ(ИМПЕРФЕКТ)

Минато определено несвршено време се образува сододавање на наставките на основниот вокал на глаголот:

еднина1л. гледав 1л. носев 1л. јадев

2л. гледаше 2л. носеше 2л. јадеше3л. гледаше 3л. носеше 3л. Јадеше

множина1л. гледавме 1л. носевме 1л. јадевме2л. гледавте 2л. носевте 2л. јадевте

3л. гледаа 3л. носеа 3л. јадеа / јаНаставката -ја во трето лице множина се додава кај

глаголите кај кои општиот дел им завршува на вокал:миеја, броеја, стоеја.

Page 40: Makedonski jazik i literatura II godina

Глаголите од и- и е-група имаат основен вокал е кај сителица во еднина и множина.

Се образува од несвршени глаголи.Свршените глаголи можат да образуваат имперфект, но со

помош на честички (да, нека, ако) и искажуваат другизначења (услов, блага заповед и сл.). Основно значење:

се искажува минато засведочено дејство кое траелоподолго време.Други значења:

Услов: Ако знаешезнаешезнаеше, немашенемашенемаше да дојде.Блага заповед: Да му дадешедадешедадеше малку од имотот.Повторливост: Штом станешестанешестанеше, се помолувашепомолувашепомолуваше и

почнувашепочнувашепочнуваше да работи.Готовност: Да имашеимашеимаше нафта, сигурно ја орашеорашеораше нивата.

Page 41: Makedonski jazik i literatura II godina

МИНАТО ОПРЕДЕЛЕНО СВРШЕНО ВРЕМЕ (АОРИСТ)Се образува со помош на наставките кои се додаваат на

основата за минато определено свршено време(аористна основа):

Еднина множина1л. реко -в, истри –в 1л. реко -вме, истри -вме2л. рече - ø, истри -ø 2л. реко -вте, истри -вте3л. рече - ø, истри -ø 3л. реко -а, истри -a -ја

Наставката -ја се додава кај глаголите од и-група, и-раздел (казни, истроши), како и кај глаголите од е-група во

разделот без вокал (истрие, измие).

Page 42: Makedonski jazik i literatura II godina

Ова време се образува од свршени глаголи чие дејствоможе да се изврши за момент: (Ја шутнашутнашутна топката), или за

долго време (Ја прошетапрошетапрошета Америка за пет години).Основно значење: Засведочено дејство кое се извршило

во минатото во еден момент: Тој паднападнападна и се повреди.Други значења:

Идност: Не лажи оти те убивубивубив.Услов: СеСеСе вративвративвратив ли дома, ќе ти се јавам.

Севременост: ЗаврнаЗаврнаЗаврна дождот, закрекаазакрекаазакрекаа жабите.Поука за овој час: Кој ја сака мудроста – животот го сака;

кој ја бара неа од рано утро – со радост ќе се исполни. 4. 13

Page 43: Makedonski jazik i literatura II godina

ЗАПОВЕДЕН НАЧИН (ИМПЕРАТИВ)Заповедниот начин има само форми за второ лице еднина

и множина:пишувај-пишувајте; носи-носете; стани-станете.

Наставките -ј, -јте се додаваат кај глаголите од а-група икај оние од е- и и-група чиј општ дел завршува на вокал:

пиј, стојте.Наставките -и, -те се додаваат кај глаголите од е- и и-

група чиј општ дел завршува на согласка: носи, кажете.На овој начин се искажува директна заповед.Индиректна заповед се искажува со помош на

честичките да и нека: да оди, нека чита.Покрај заповед со овој начин се искажува и: Минатост:

ЈадиЈадиЈади, јадијадијади, не се дојадува. Севременост: РодиРодиРоди ме мајкосо касмет, па фрлифрлифрли ме на буниште. Услов: ДајДајДај му на

човек власт да го видиш каков е!

Page 44: Makedonski jazik i literatura II godina

ГЛАГОЛСКА Л-ФОРМАГлаголската л-форма името го добила според наставката

-л. Има форми за род (во еднина) и за број:чита-л, чита-ла, чита-ло, чита-ле.

Глаголите од а-група имаат една форма: копал, читал,пишувал.

Глаголите од е- и и-група имаат по две форми:станал/станел; паднал/паднел, фатил/фател; носил/носел.

Постојат свршени и несвршени глаголски л-формиобразувани од свршени, односно од несвршени глаголи.Едните искажуваат свршено дејство, другите несвршено:

станал/станел; носил/носел.

Page 45: Makedonski jazik i literatura II godina

Кај глаголите од е-група со о-раздел го имаме следново:Редување на согласката: текол/течел.

Испуштање на самогласката: текол/кла.Скратување и неправилно образување: јадел/јал;

дојдел/дошол.Несвршените л-форми од свршените глаголи во

речениците се употребуваат само со некои сврзници иличестички (ако, да, ќе и др.) ако дојдел, ќе дојдел, да

дојдел.Не може да се каже: Тој дојдел.

Л-формите служат за образување на сложени глаголскивремиња: минато неопределено време, предминато

време, идно прекажано време, можен начин.Како придавки: гнил, зрел.

Поука за овој час: Провери ја патеката со нозете свои,и сите патишта твои нека бидат прави. 26

Page 46: Makedonski jazik i literatura II godina

ГЛАГОЛСКИ ПРИДАВКИГлаголските придавки се образуваат со наставките:-н, -на, -но, -ни, и -т, -та, -то, -ти. Овие наставки се

додаваат на основните вокали (вокали на основата!) а и е:гледан, гледана, гледано, гледани;дојден, дојдена, дојдено, дојдени

учен, учена, учено, учени;Со -т, -та, -то, -ти се образуваат глаголски придавки со

општ дел на -н (викне, падне, рани): викнат, паднат, ранет.Од некои глаголи има по две форми: дерен и дран, берен

и бран, перен и пран.Имаат својства и на глагол и на придавка.

Глаголските придавки имаат форми за трите рода воеднина и една во множина и се членуваат.

Page 47: Makedonski jazik i literatura II godina

Според значењето се блиски до глаголот или допридавката.

Со сум/има како глагол: Повиканиовиканиовикани сме на свадба; / иманастапуванонастапуванонастапувано за Вардар.

Како придавки во атрибутска служба: учен човек, болнажена.

Самостојно: Oд пишанотопишанотопишаното не се бега. Имаме славноминатоминатоминато.

Глаголските придавки се образуваат не само од преодниглаголи: викан, крпен, купен, туку и од непреодни глаголи:

дојден, станат, легнат.Ова е карактеристична особеност на глаголскиот систем

во нашиот јазик.Поука за овој час: Оној што дава малку, нема право да бара многу!

Латинска сентенца

Page 48: Makedonski jazik i literatura II godina

ГЛАГОЛСКА ИМЕНКАГлаголската именка се образува од несвршени глаголи со

наставката: -њеНаставката се додава на основниот вокал а, или е (кај

глаголите од е и и-група): гледа-гледање, спие-спиење,коси-косење.

Поретко се користи наставката -ние и тоа кај свршениглаголи: воспита-воспитание, реши-решение.

Глаголската именка се однесува и како именка (имасреден род, има еднина и множина и се членува), и какоглагол (се изведува од глагол и означува име на дејство).

Page 49: Makedonski jazik i literatura II godina

Може да означува и предмет: Имаше јадење и пиењеколку што сакаш. (=Значи храна и пијалак).

Кога се користи со предлог, глаголската именка заменувазависна реченица или одделна глаголска форма:

Го затекнале на крадењена крадењена крадење. (= Го затекнале додека крадел).Време е за играњеза играњеза играње. (= Време е да се игра).

Се вратија со смеењесо смеењесо смеење. (= Се вратија смеејќи се). СоСоСовниманиевниманиевнимание го слушаше. (= Внимаваше додека слушаше).

Со учењеСо учењеСо учење ќе го положиш испитот. (= Ако учиш, ќе гоположиш испитот).

Поука за овој час: И славата и срамот доаѓаат од зборовите,јазикот на човекот е неговата пропаст. 5. 15

Page 50: Makedonski jazik i literatura II godina

ГЛАГОЛСКИ ПРИЛОГФормите на глаголскиот прилог се образуваат од

несвршени глаголи со наставката -јќи. Таа се додава наосновниот вокал а

(кај глаголите од а-група): гледајќи, сонувајќи, читајќиили е (кај глаголите од е- и и-група): миејќи, носејќи,

одејќи.Глаголскиот прилог е со неменлива форма. Со друг глагол

се јавува како негова определба и означува паралелнодејство со дејството на глаголот во лична форма:

ОдејќиОдејќиОдејќи кон училиштето, ја повторував научената лекција.ИграјќиИграјќиИграјќи кошарка, мислеше како да стане славен.

Page 51: Makedonski jazik i literatura II godina

Во реченицата дејството на глаголскиот прилог и наличната глаголска форма секогаш се врзува со ист

вршител. Притоа подметот стои до личната глаголскаформа. ЧитајќиЧитајќиЧитајќи ја книгата, Петре полека заспа.

Неправилно е да се каже: Читајќи ја Петре книгатаЧитајќи ја Петре книгатаЧитајќи ја Петре книгата,полека заспа.

Понекогаш глаголскиот прилог можеме да го искажеме ина друг начин :

СтанувајќиСтанувајќиСтанувајќи од креветот, се сети дека има лектира зачитање.

Додека станувашеДодека станувашеДодека стануваше од кревет... или: На станувањеНа станувањеНа станување одкревет...

Поука за овој час: Мудриот по срце прима заповеди,а неразумниот, кој брбори, ќе се сопне. 10. 8

Page 52: Makedonski jazik i literatura II godina

СЛОЖЕНИ ГЛАГОЛСКИ ФОРМИВо македонскиот јазик сложени глаголски форми се

образуваат со простата форма на глаголот што се менуваи помошните глаголи сум и има, или со честичките

ќе и би.Со сум се образуваат минато неопределено и предминато

време, како и конструкциите со глаголска придавка (сумдојден, бев дојден).

Со има / нема глаголот и глаголска придавка во среденрод се образуваат форми паралелни на оние со сум, ќе,

би: (имам одено, имав одено).Со ќе се образуваат идно време, минато идно и идно

прекажано време.Со би се образува можниот начин.

Page 53: Makedonski jazik i literatura II godina

МИНАТО НЕОПРЕДЕЛЕНО НЕСВРШЕНО ВРЕМЕ(ПЕРФЕКТ)

Се образува со помошниот глагол сум во сегашно време иглаголската л-форма од несвршени глаголи:

еднина множинасум гледал, носел, пеел сме гледале, носеле, пеелеси гледал, носел, пеел сте гледале, носеле, пееле

гледал, носел, пее гледале, носеле, пеелеВо трето лице еднина и множина не се користи формата

на помошниот глагол сум.Поука за овој час: Оди кај мравката, мрзливче, види ја нејзината работа

и биди мудар. Таа нема ниту началник, ни настојник,ниту заповедник; но ја приготвува храната лете, ја собира во време на

жетва храната своја... 6. 7. 8.

Page 54: Makedonski jazik i literatura II godina

МИНАТО НЕОПРЕДЕЛЕНО СВРШЕНО ВРЕМЕ(ПЕРФЕКТ)

Се образува со помошниот глагол сум и глаголскатал-форма од свршени глаголи.

еднинасум изгледал, испил, износилси изгледал, испил, износил

изгледал, испил, износилмножина

Сме изгледале, испиле, износилесте изгледале, испиле, износиле

изгледале, испиле, износилеВо трето лице не се употребува помошниот глагол сумсумсум. Иво ова време несвршените форми од свршените глаголи

не се употребуваат самостојно, туку со честичките ако, да,ќе и сл. (ако станел, да станел, ќе станел).

Основно значење: минато дејство без укажување намоментот кога се извршило.

Page 55: Makedonski jazik i literatura II godina

Се користи за прекажување или за директно кажување.Со прекажувањето се искажува дејство што ни го

соопштува некој друг: Си билСи билСи бил некој цар. Тој ималималимал триќерки. Со директното кажување се искажува

засведочено дејство. Не сум се надевалсум се надевалсум се надевал дека ова ќе сеслучи. Не сум билсум билсум бил дома кога ти си се јавилси се јавилси се јавил.

Други значења:Констатација: Уште не си научилси научилси научил за двојка.

Заповед: Да не сте избегалесте избегалесте избегале од час!Идност: Дури не се напилсе напилсе напил добро, не почнувалпочнувалпочнувал да пишува.Севременост: Се фатилСе фатилСе фатил сиромавиот на орото, се скиналсе скиналсе скинал

тапанот.Претпоставка: Сигурно си се одморилси се одморилси се одморил тие денови.

Поука за овој час: ...Или оди кај пчелата и види, колку е трудољубива,каква пофална работа врши; трудот нејзин го употребуваат за здравје и

царевите и обичните луѓе; неа сите ја сакаат, и таа е славна; иако посилата е слаба, но по мудроста е почитувана. 8

Page 56: Makedonski jazik i literatura II godina

ПРЕДМИНАТО ВРЕМЕ (ПЛУСКВАМПЕРФЕКТ)Основно значење: покажува дејство кое се случило преднекое друго дејство во минатото. Кога дојдовме, тие веќе

беа заминалебеа заминалебеа заминале.Предминато време се образува со формите на помошниот

глагол сум во минато определено несвршено време иглаголската л-форма од глаголот што се менува, најчесто

од свршен глагол.Покрај основното значење, предминатото време има идруги значења, но тие се поограничени за разлика од

другите времиња и начински форми.Поука за овој час: Глупавиот со веселба го прави она што е престапно,

а на разумниот човек мудроста му е својствена. 10. 23

Page 57: Makedonski jazik i literatura II godina

еднина1.л. бев повикал, дошол, пратил

2.л. беше повикал, дошол, пратил3.л. беше повикал, дошол, пратил

множина1.л. бевме повикале, дошле, пратиле2.л. бевте повикале, дошле, пратиле

3.л. беа повикале, дошле, пратилеНаместо предминато време почесто се користи минато

неопределено или определено време и конструкциите соглаголска придавка.

Наместо: Беше се потстрижалБеше се потстрижалБеше се потстрижал сосема кратко, може да секаже и: Беше потстрижанБеше потстрижанБеше потстрижан сосема кратко, / се имашесе имашесе имашепотстрижанопотстрижанопотстрижано сосема кратко, / се потстрижалсе потстрижалсе потстрижал сосема

кратко.

Page 58: Makedonski jazik i literatura II godina

МОЖЕН НАЧИН (ПОТЕНЦИЈАЛ)Со можниот начин се искажува претполагано, можно илипосакувано дејство, неограничено од времето. Има самопо една форма во еднина и множина: јас (ти, тој, таа, тоа)

би сакал, -ла, -ло; ние, вие, тие би сакале.Повеќе е застапен во литературниот отколку во народниотјазик. Обично се среќава во условните реченици: Кога би

можел, би помогнал.Неправилно: Го викнаа за да би кажал. Правилно: ГоГоГо

викнаа за да кажевикнаа за да кажевикнаа за да каже.Поука за овој час: Не фали го човека поради неговата убавина,

а поради неговиот изглед не презирај го. 11. 2

Page 59: Makedonski jazik i literatura II godina

ИМА-КОНСТРУКЦИИСе образуваат со помошниот глагол има/нема и

глаголската придавка во среден род: имам учено, имавучено, сум имал учено, ќе имав учено, ќе сум имал

учено, би имал учено.По значење се блиски на формите со сум, ќе, би и честосе заменуваат: имам учено со сум учел;сум учел;сум учел; имав учено со

бев учелбев учелбев учел и т.н.Кај има-конструкциите повеќе се истакнува резултатот од

дејството, а кај формите со сум, ќе, би повеќе сеистакнува самото дејство.

Тие се една од особеностите на македонскиот јазик.

Поука за овој час: Никој не ја сака татковината зашто е голема, тукузашто е негова. Латинска сентенца

Page 60: Makedonski jazik i literatura II godina

СУМ-КОНСТРУКЦИИТоа се сложени форми со сум и глаголска придавка, какоод преодни, така и од непреодни глаголи: сум носен, ќе

сум носен, ќе бев носен, ќе сум бил носен, би билносен.

Се употребуваат паралелно со временски и начинскиформи: Ќе бев дојденЌе бев дојденЌе бев дојден, ако не заврнеше; Ќе дојдевЌе дојдевЌе дојдев, ако не

заврнеше.Најчесто означуваат резултат од вршењето на дејството

или состојба.Стојат на границата меѓу морфологијата и синтаксата.

Поука за овој час: Не одбивај ги молбите на неволниците,лицето твое не свртувај го од сиромавиот. 4. 4

Page 61: Makedonski jazik i literatura II godina

ИДНО ВРЕМЕ (ФУТУР)Основно значење: Означува дејство кое ќе се изврши по

моментот на зборувањето. Ќе одам за Скопје. Поимотиднина се однесува не само на сегашноста, туку и на

времето по некој момент во минатото: Ти реков дека ќеодам за Скопје.

Се образува со честичката ќе и формите за сегашновреме на глаголот што се менува.

Негираните форми се образуваат со додавање начестичката не пред формата за идно време: Не ќе пеам;

не ќе гледам.Еднина множина

1.л. ќе викам, ќе пеам 1.л. ќе викаме, ќе пееме2.л. ќе викаш, ќе пееш 2.л. ќе викате, ќе пеете3.л. ќе вика, ќе пее 3.л. ќе викаат, ќе пеат

Page 62: Makedonski jazik i literatura II godina

Кога се искажува поголема сигурност во вршењето надејството се користат конструкциите на глаголот има и

честичката да: Има да плачешИма да плачешИма да плачеш, ако не учиш.Со формите на идното време можат да се искажат и други

значења освен основното:Минатост: Дојдов дома и што ќе видамќе видамќе видам: насекаде

расфрлани алишта.Заповед: ЌеЌеЌе ми платишплатишплатиш и оро ќеќеќе ми играшиграшиграш.

Претпоставка: Не се плаши, ќе имаќе имаќе има за сите.Севременост: Ако се направиш овца, секој ќеќеќе те стрижестрижестриже.Повторливост: Штом дојде лето ќе одимеќе одимеќе одиме на езеро, ќе сеќе сеќе се

капемекапемекапеме по цел ден, а навечер ќе слушамеќе слушамеќе слушаме музика.Услов: Ако се свртиш назад, ќеќеќе те запишамзапишамзапишам.

Можност: Ми даде ли повод – ќеќеќе го кажамкажамкажам она што гознам.

Page 63: Makedonski jazik i literatura II godina

ИДНО ПРЕКАЖАНО ВРЕМЕИдно прекажано време е глаголска форма

карактеристична на нашиот јазик. Се образува сочестичката ќе и формите за минато неопределено време

на глаголот што се менува.Одречните форми се образуваат на два начина: со

честичката не (ненене ќе сум оделќе сум оделќе сум одел) или со глаголот нема и да-конструкцијата (НемалоНемалоНемало дадада одамодамодам).

Во трето лице се испушта помошниот глагол сум. Кај ониеглаголи што имаат две л-форми се зема несвршената

л-форма.Цитат за овој час: Јас знам дека ништо не знам,

но има некои што и тоа не го знаат! Сократ

Page 64: Makedonski jazik i literatura II godina

еднина1.л. јас ќе сум викал, ќе сум носел, ќе сум печел

2.л. ти ќе си викал, ќе си носел, ќе си печел3.л. тој ќе викал, ќе носел, ќе печел

множина1.л. ние ќе сме викале, ќе сме носеле, ќе сме печеле2.л. вие ќе сте викале, ќе сте носеле, ќе сте печеле

3.л. тие ќе викале, ќе носеле, ќе печелеСо ова време се искажуваат значењата на идното и

минато-идното време, само во вид на прекажување: Петреќеќеќе го кажелкажелкажел она што го знаелзнаелзнаел. Наспроти: Петре ќеќеќе го кажекажекаже

она што го знаезнаезнае. Или: Петре ќеќеќе го кажешекажешекажеше она што гознаешезнаешезнаеше. Со ова време се искажува незасведочено дејство.

Често се искажува и личен став: Гледам, сисиси порасналпорасналпораснал.

Page 65: Makedonski jazik i literatura II godina

МИНАТО-ИДНО ВРЕМЕСе искажува идност која следува по некој минат момент.

Во однос на сегашноста, тоа е минато дејство, но во односна некое минато дејство е идност.

Јадев оти ќе останевќе останевќе останев гладен.Се образува со честичката ќе и со формите на минато

определено несвршено време на глаголот што се менуваи кој може да биде од свршен и невршен вид.

еднина множинаќе викав, ќе викнев ќе викавме, ќе викнемеќе викаше, ќе викнеше ќе викавте, ќе викневте

ќе викаше, ќе викнеше ќе викаа, ќе викнеа

Page 66: Makedonski jazik i literatura II godina

Одречните форми се образуваат со честичката не (не ќевикнев), или со глаголот нема и да-конструкцијата

(немаше да викаме, немаше да викнеме).Минато-идно време има значења блиски со идното време.

Најчесто се користи во условните реченици заискажување нереален услов: Да можев, ќе ти помогневДа можев, ќе ти помогневДа можев, ќе ти помогнев.

Како и во реченици со кои се искажуваат повторливидејства: Ќе станев наутро, ќе се измиев и ќе почнев даЌе станев наутро, ќе се измиев и ќе почнев даЌе станев наутро, ќе се измиев и ќе почнев да

учам.учам.учам.Поука за овој час: Кој се надева на богатството свое, ќе падне;

а кој се застапува за праведниците, тој ќе напредува. 11. 28

Page 67: Makedonski jazik i literatura II godina

ПРИЛОЗИ (АДВЕРБИ)Прилозите се полнозначни зборови кои најчесто стојат до

глаголите и поблизу гиобјаснуваат: Зборува гласно и постојано.

Можат да објаснуваат и други видови зборови (именки,придавки): малку пари; многу силен удар;

Прилозите се неменливи зборови. Но некои прилозиможат да се степенуваат: подобро, најдобро знае; или

дури и да се членуваат: повеќето, малкуте.Според потеклото прилозите можат да бидат:

од стари падежни форми на именките: дење, лете, зиме,силум,

Page 68: Makedonski jazik i literatura II godina

или од други видови зборови: придавки (силно, храбро,херојски); глаголи (трчаница, брзаница, молчешкум);броеви (еднаш, двапати, тројно); заменки (како, таму,

негде).Два или повеќе предлози можат да образуваат прилози:

на-зад (назад), од-на-пред (однапред). Но и од дваполнозначни збора можат да се добијат прилози: вчера-

вечер (вчеравечер), многу-пати (многупати), исто-времено (истовремено), едно-до-друго (еднододруго).Многу придавки од среден род ако стојат до глаголи сеоднесуваат како прилози: добро момче (придавка), но:

добро пее (прилог).Понекогаш некои прилози се однесуваат како модални

зборови (сигурно, речиси) или како сврзници (кога, кадешто, како што).

Page 69: Makedonski jazik i literatura II godina

Според значењето прилозите ги делиме на прилози: завреме: сега, вчера, утре, веднаш; за место: овде, таму,

десно, далеку; за начин: како, добро, храбро, полека; заколичество и степен: колку, малку, повеќе, неколку.Во реченицата кога стојат до глаголите прилозите се

јавуваат како определби за време (дојде вчера), за место(се качи високо); за начин (убаво пее). Кога стојат до

именки или придавки означуваат степен или количество(мошне паметен, многу народ).

Прилозите може да бидат и именски дел од прирокот:Како е? Засега е добро!

Поука за овој час: Не биди лицемерен пред другите,внимавај на својата уста. 1. 29

Page 70: Makedonski jazik i literatura II godina

СВРЗНИЦИ (КОНЈУНКЦИИ)Сврзниците се службени зборови со кои поврзуваме

одделни зборови во реченицата или реченици во рамкитена сложената реченица: Тој иии таа се гледаат често. Рече

отиотиоти бил болен.Сврзниците по состав можат да бидат прости (и, а, но, та)

и сложени (иако, за да, така што); но има и целисврзувачки состави: не само што... туку и.

Во зависност од тоа дали поврзуваат приредени(независни) делови од речениците, или подредени

(зависни), сврзниците ги делиме на координациски(приредени) и субординациски (подредени).

Page 71: Makedonski jazik i literatura II godina

КоординацискиКоординацискиКоординациски сврзници поврзуваат две приредени(независносложени) реченици. Тие се составни: и, па, та,

тики; спротивни: а, но, туку, ами, меѓутоа: разделни:или, или-или, ни-ни, де-де, и-и, ниту-ниту, било-било.

СубординацискиСубординацискиСубординациски сврзници поврзуваат двезависносложени реченици од кои една е главна, а другата

подредена. Се расплака когакогакога дојде. Ги има повеќе:Исказни сврзници: дека, оти, да, што, како; временски:

кога, штом, штотуку, пред да, дури, дури да...;причински: зашто, затоа што, бидејќи, дека, што;

последични: што, така што; условни: ако, да; допусни:иако, макар што, и покрај тоа што; целни: да, за да;

начински: како да; односни: кој, што, којшто, чиј, чијшто.

Page 72: Makedonski jazik i literatura II godina

Во речениците покрај сврзниците се користат исврзувачкитесврзувачкитесврзувачките зборови кои се и како дел од подредената

реченица. Тоа се најчесто односни (којшто, чијшто),прашални (кој, што) и неопределени заменки (кој било);заменски придавки (каков што, колкав што), но и некои

прилози (како што, каде што).Како сврзници можат да се јават и некои честички: ли,

дали (во условните и зависноисказните реченици).Праша далидалидали може да одговара за оценка. Може лилили

повторно да се видиме?Цитат за овој час: Животот не е редица од и… и… и…Животот е редица од или… или… или… Џон Штајнбек

Page 73: Makedonski jazik i literatura II godina

ПРЕДЛОЗИ (ПРЕПОЗИЦИИ)Предлозите се неменливи и службени зборови кои немаат

свое значење, но ги објаснуваат односите меѓуполнозначните зборови: час по македонски јазик, за мене,

со помош на.Кога стојат до именките, заменките и сл. добиваатпросторно, временско, присвојно, начинско, целно,

споредбено значење и т.н. (на маса, пред Петровден, одмене, на смеа, со радост, поголем од, на барање.

Предлогот на, е, без сомневање, најчесто употребуван вонашиот јазик и понекогаш треба да се избегнува„натрупувањето“ на на во една иста реченица.

Според составот предлозите се прости (в, во, на, за, од...)и сложени (покрај, накај, заради...)

Page 74: Makedonski jazik i literatura II godina

ИЗВИЦИ (ИНТЕРЈЕКЦИИ)Извиците се зборови со кои се искажуваат чувства или се

подражаваат звуци.Се изразуваат различни чувствени состојби: радост, тага,

бол, чудење и сл.: ха, леле, оф, ох, бре, уа, море.Изговорот на извиците, посебно на оние со кои се

подражаваат (имитираат) звуци, понекогаш тешко можемеда го предадеме со вообичаените гласови: трас, бум,бам, куку. Понекогаш се користат гестови и сл: псст,

шшшт, ццц,Некои извици по значење се доближуваат до глаголите:

Чук, чук! Кој чука? Стојанче...Во речениците се одделуваат со запирка или со други

знаци. ЛелеЛелеЛеле, што направив!Цитат за овој час: Аристотел не секогаш е Аристотел!

(и мудрецот може да згреши!) Латинска сентенца

Page 75: Makedonski jazik i literatura II godina

ЧЕСТИЧКИ (ПАРТИКУЛИ)Честичките служат за определување на други зборови илиза образување на некои глаголски или придавски форми.

Со некои честички се тврди: да (ДаДаДа, така е!); се негира: не(НеНеНе видов), ни, ниту; се прашува: дали, ли, нели, зарем(Зарем сисиси научил?); се заповеда: да, нека (НекаНекаНека влезе!).

Некои служат за засилување: и, барем, дури, пак; заизделување: само (СамоСамоСамо тој е отсутен), единствено,уште; за определување: токму, имено, баш (БашБашБаш на

време се оженив...); за количественост: токму, скоро,рамно, одвај, речиси; за посочување: еве, ене, ете.

ФормообразувачкиФормообразувачкиФормообразувачки честички: ќе ( ЌеЌеЌе учам), би, да, нека,по-, нај- (поубав, најубав), -годе, било.

Поука за овој час: Од секој труд има изобилен плод,а празните зборови и негрижата водат кон скудност. 14. 23

Page 76: Makedonski jazik i literatura II godina

МОДАЛНИ ЗБОРОВИСо нив се изразува личен став кон исказот, кон она што госоопштуваме: сигурно, навистина, можеби, бездруго, се

разбира. Во реченицата не се поврзуваат со другитезборови, а се однесуваат на смислата на целата

реченица: Бојан /сигурносигурносигурно, бездругобездругобездруго, секакосекакосекако / ќе се врати.Според потеклото модалните зборови не се посебназборовна група. Тие потекнуваат од прилози, глаголи,

именки, придавки и сл.Покрај модалните зборови постојат и модални изрази:

за жал, за несреќа, без сомнение, на крајот накраиштата и т.н.

Поука за овој час: Кој го почитува татко си –ќе се очисти од своите гревови,

а кој ѝ оддава чест на својата мајка –придобива големо богатство. 3. 3.4

Page 77: Makedonski jazik i literatura II godina

ЛЕКСИКОЛОГИЈАЛексикологијата е дел од науката за јазикот која го

проучува зборовниот (лексичкиот) состав на еден јазик.Лексикологијата ги разгледува одделните зборови(лексеми) како единици на речникот на еден јазик.

Таа се дели на повеќе поддисциплини: семантика: јапроучува смислата, значењето на зборовите;

етимологија: го проучува потеклото и развојот назборовите; лексикографија: ги утврдува начелата засоставување на речници; фразеологија: ги проучува

постојаните зборовни состави (фразеологизмите).Речничкиот состав на еден јазик го сочинуваат повеќедесетици илјади зборови и тој постојано, со текот навремето, се дополнува со зборови од домашно и туѓо

потекло.

Page 78: Makedonski jazik i literatura II godina

Зборот е најмала јазична единица која се реализира какоцелост и може слободно да се преместува во говорот:(Рибата пливапливаплива брзо; ПливаПливаПлива брзо рибата; Брзо рибата

пливапливаплива).Зборот се состои од низа гласови, но и еден глас може да

биде збор (ако, може, на, од, а, и, е).Кај зборовите разликуваме форма (надворешна, звучна

страна) и содржина (внатрешна страна, неговотозначење). Некои зборови имаат само по едно, но некоиимаат по повеќе значења; на пр. глава, гледа, окно и т.н.Кај зборовите разликуваме лексичко значење (со кое сезанимава лексикологија) и граматичко (кое е предмет на

морфологијата и синтаксата). Носител на лексичкотозначење е основата на зборот; носители на граматичкото

значење се наставките и претставките.

Page 79: Makedonski jazik i literatura II godina

Според бројот на значењата зборовите ги делиме наеднозначни и повеќезначни. Кај повеќезначните зборови

едно од значењата е основно (директно, право), а другитесе преносни (метафорични).

Преносните значења се поврзани со значењата надругите зборови до кои стојат. Сп.: црно вино и црна

судбина.Разликуваме уште конкретни и апстрактни значења.

Конкретните се однесуваат на нешто што е на дофат нанашите сетила (може да се види, допре, помириса: леб,сол, дрво, стол); додека апстрактните се однесуваат нанешта за кои ние имаме претстава во мислите (радост,

мудрост, спремност, крај).Поука за овој час: *Староста е венец на славата,

таа води по патот на правдата. 18. 31

Page 80: Makedonski jazik i literatura II godina

Според сличностите или разликите во изговорот ипишувањето, кај зборовите издвојуваме четири групи

лексички значења: синонимни, хомонимни, антонимни ипаронимни.

Синонимите се зборови кои се различни по форма, аимаат исто или приближно исто значење: темел – основа;

врат – шија. Ако тие целосно се совпаѓаат, тоа сеапсолутни (целосни) синоними.

Хомонимите се зборови со иста форма, а со различнозначење: коса (на глава) и коса (алатка).

Антоними се зборови со спротивно значење: мал – голем;ден – ноќ. Можат да бидат од ист или од различен корен.

Паронимите се зборови блиски по изговор, но соразлично значење: стипендира – суспендира.

Page 81: Makedonski jazik i literatura II godina

Под поимот речник на еден јазик се подразбирацелокупниот состав (фонд) на зборови на тој јазик, во кој

влегуваат како зборови од домашно, така и од туѓопотекло. Во него се вбројуваат и општонародните идијалектните зборови како и оние кои не се веќе во

употреба (архаизми).Точниот број на зборови со кои располага речникот на

еден јазик е тешко да се установи бидејќи лексиката наеден народ е отворен систем кој постојано се

надополнува.Еден нов збор (или некое негово значење) за да си најдеместо во речникот треба да се прилагоди на правилата зазборообразување на тој јазик. Тоа во голема мерка важи и

за зборовите од туѓо потекло.

Page 82: Makedonski jazik i literatura II godina

Што се однесува до зборовниот фонд на македонскиотјазик, тој далеку ја надминува бројката од 65.000 речничкиединици колку што ги има во Речникот на македонскиот

јазик во три тома (1961 – 1966).Во најновото издание на толковниот речник (се

предвидени шест тома, излезени се веќе четири), ќе имамногу повеќе зборовни (речнички единици), со многуповеќе значења и со нивно попрецизно толкување.

Во меѓувреме излезе еднотомниот толковен Речник намакедонскиот јазик од Зозе МургоскиЗозе МургоскиЗозе Мургоски (60.000 речнички

единици).Предмет на лексикологија меѓу другото се и

класификацијата на зборовите и нивните меѓусебни врскиод аспект на: процесот на обновување; потеклото на

зборовите и формата и сферата на употреба.

Page 83: Makedonski jazik i literatura II godina

ПРОЦЕС НА ОБНОВУВАЊЕ НА ЛЕКСИКАТАЛексиката на еден јазик постојано се обновува и

збогатува. Но, исто така некои зборови, особено одматеријална култура, полека се забораваат или се губат.

Така, според процесот на обновување зборовите гиделиме на: архаизми (стари зборови); историзми и

неологизми (нови зборови).Архаизмите се зборови со застарена форма или значење.Ретко се користат бидејќи има нови, современи зборови:венчиловенчиловенчило, венчанијавенчанијавенчанија; параходпараходпараход. Некои од нив, сепак, можат

да се најдат во делата на некои писатели.Историзмите се зборови кои биле актуелни и во употребаво одредени историски периоди: динар, милиција, кметдинар, милиција, кметдинар, милиција, кмет.

Неологизмите се новосоздадени зборови чија употреба нее широко застапена.

Page 84: Makedonski jazik i literatura II godina

Тие најпрвин навлегуваат преку одредени области, апотоа и во активниот речник. Се создаваат на различни

начини:Со заемање. Се прифаќа новиот предмет или поим

заедно со туѓиот збор: камерман, епрувета.Со преведување и користење на средства на јазикот во

кој навлегуваат: принтер/печатач;бодигард/телохранител.

Со преосмислување: пајак (превозно средство), глувче(на компјутер).

Со неологизмите се збогатува лексиката. Тие побрзо ќебидат прифатени ако се образувани според нормите на

јазикот во кој навлегуваат.Поука за овој час: Зборовите на човечката уста се длабоки води;

тоа е река од изворот на животот. 18. 4

Page 85: Makedonski jazik i literatura II godina

ЛЕКСИКА СПОРЕД ПОТЕКЛОТОСпоред потеклото зборовите ги делиме на домашни и

странски (туѓи).Во огромен број зборовите во нашиот јазик припаѓаат на

домашната (изворната) лексика, создавана и развивана воподолг период. Притоа, формата се менувала, но не и

коренот на зборовите.Еден слој од нашата лексика се нарекува

црковнословенизми. Тие особено се среќаваат воделата на нашите просветители и преродбеници.

Странските (туѓите) зборови навлегуваат со непосреднопреземање или преку заемки од некој трет јазик. Тоа се

најчесто интернационализми кои се прифаќаат одречиси сите јазици.

Page 86: Makedonski jazik i literatura II godina

Некои од тие зборови се одамна навлезени во нашиотјазик и ние ги чувствуваме како наши: позиција, факт,

гимназија, регион.Сепак, употребата на туѓите зборови треба да биде во

обем и мерка кои нема да бидат изнасилени.Посебен слој од нашата лексика го сочинуваат т.н.

турцизми. Некои од тие зборови станале дел од нашиотречник. Се употребуваат во разговорниот јазик: мерак,мерак,мерак,аргат, комшијааргат, комшијааргат, комшија. Извесен број зборови влегуваат во т.н.

неутрална лексика: алва, сарма, бозаалва, сарма, бозаалва, сарма, боза, за кои немасоодветни замени од домашни зборови.

Варваризмите се зборови кои не се според нормите налитературниот јазик и нивната употреба не сепрепорачува: фарба/боја, мистер/господин.

Поука за овој час: Треба да се однесуваме чеснокон зборовите. Николај В. Гогољ

Page 87: Makedonski jazik i literatura II godina

ЛЕКСИКА СПОРЕД ФОРМАТА НА ОПШТЕЊЕСпоред формата на општење лексиката се дели на

разговорна, книжна и експресивна (поетска).РазговорнатаРазговорнатаРазговорната лексика се реализира во усната реч (во

говорот). На литературниот јазик му дава неофицијаленкарактер, но не ја нарушува неговата норма.

КнижнатаКнижнатаКнижната лексика припаѓа на писмената форма на јазикоти ја користат писателите. Некои од зборовите ги создаваат

самите автори.ПоетскатаПоетскатаПоетската лексика е многу блиска до книжната (прозната),

но од неа се разликува со поголемата експресивност исликовитост. Спореди: непребол, небиднина, самотникнепребол, небиднина, самотникнепребол, небиднина, самотник.

Поука за овој час: Биди брз и готов да слушаш,а добро обмисли пред да одговориш. 5. 13

Page 88: Makedonski jazik i literatura II godina

ЛЕКСИКА СПОРЕД СФЕРАТА НА УПОТРЕБАСпоред сферата на употреба лексиката се дели на

општонародна, дијалектна, специјална (терминолошка),професионална и жаргонска.

Општонародната (неутрална) лексика ја прави основатана речникот на еден јазик. Се користи во писмената и во

усната реч и стилски е неутрална. Дијалектната лексика есвојствена за одреден дијалект или говор. Понекогаш

некои дијалектизми навлегуваат во литературниот јазик ипочесто се користат во уметничката литература.

Професионалната лексика се употребува во одреденипрофесии (на ѕидари, лекари и сл.). Со терминолошката

лексика се објаснуваат разни термини во одделниобласти. Жаргонската и арго-лексиката ја користат

одредени социјални и професионални групи.

Page 89: Makedonski jazik i literatura II godina

ЛЕКСИКОГРАФИЈА – ПОИМ И ПРЕДМЕТПоимот лексикографија се поврзува со зборовите lexikon=

книга, речник, и grafos= пишува. Предмет на оваадисциплина е востановување на начелата, принципите по

кои ќе се собира, обработува и средува материјалот(зборовите) за еден речник. Притоа лексикографијата гикористи придобивките од семантиката и лексикологијата

како и од фразеологијата.Речникот е практичната реализација на проучувањата од

овие и од другите области на науката за јазикот. Речникоте книга во која се собрани, на одреден начин подредени(најчесто по азбучен ред) и протолкувани зборовите на

еден јазик. Тие даваат податоци за значењето на зборот,неговото потекло, сферата на употреба и слично.

Page 90: Makedonski jazik i literatura II godina

Речниците можат да бидат енциклопедиски (со исцрпниподатоци за поимите, предметите и сл.) и лингвистички

кои ги толкуваат зборовите и фразеологизмите.Лингвистичките речници, пак, во зависност од содржината

и намената можеме да ги поделиме на современи (јаопфаќаат современата состојба на зборовите) и

историски (со преглед на развојот на зборовите); наполни (се однесуваат на лексиката на изумрените јазици)и неполни (со одбран лексички материјал); на општи (ја

опфаќа општонародната лексика) и специјални (ододредени области).

Еднојазични речници уште се нарекуваат и толковни(зборовните единици се толкуваат, објаснуваат со други

зборови од истиот јазик).Поука за овој час: Чест е за човекот да се воздржи од кавга; а секој

неразумен се вплеткува во неа. 20. 4

Page 91: Makedonski jazik i literatura II godina

Повеќејазичните речници се викаат уште и преводнизатоа што зборовите од еден јазик се преведуваат на еден

или повеќе други јазици.Дијалектните речници ја обработуваат целосната

дијалектна лексика на еден јазик, или пак, лексиката наедно наречје, дијалект или говор.

За предмет на етимолошките речници се зема потеклотона зборовите и нивниот развој.

Фразеолошките речници ги објаснуваат фразеолошкитеизрази. Постојат уште и речници на туѓите зборови;Речници на синоними; правописни (ортографски)

речници (се занимаваат со правилното пишување наодделните форми на зборовите); ономастички (на

имиња) речници, и во поново време речници воелектронска (дигитална) форма.

Page 92: Makedonski jazik i literatura II godina

ИЗВЕСТУВАЊЕМинистерството за образование и наука Ве поканува на

средба по повод новогодишните празници, која ќе сеодржи во Министерството за образование и наука.

Ги покануваме сите уредници и новинари од печатените иелектронските медиуми со цел да ги резимираме

досегашните активности во областа на образованието инауката, како и заедно да ги разгледаме сугестиите заработа и плановите на Министерството за идната 2009

година.Средбата ќе се одржи на 30.12.2008 година (вторник), во

13:00 часот.Одделение за односи со јавност

Page 93: Makedonski jazik i literatura II godina

СООПШТЕНИЕМинистерството за образование и наука Ви соопштува

дека во текот на денешниот ден, 17.12.2008 година(среда), министерот за образование и наука, ПероСтојановски оствари работна средба со шефот наделегацијата на Европската комисија во Република

Македонија, амбасадорот Ерван Фуере.Оваа средба претставува продолжение на веќе

воспоставениот добар дијалог помеѓу Министерството заобразование и наука и Европската комисија во РепубликаМакедонија. За време на средбата беа отворени повеќе

теми за унапредување на соработката од областа наобразованието со локалната самоуправа...

прочитај повеке

Page 94: Makedonski jazik i literatura II godina

ПОКАНАИнститутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

во соработка со Програмско-организацискиот одбор наманифестацијата

2008 Година на македонскиот јазикима чест да Ве покани на

ПРОМОЦИЈА

на трудотРЕЧНИК НА ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИОТ ЈАЗИК ОД МАКЕДОНСКА

РЕДАКЦИЈА, св. 8 и 9

* Промотори:проф. д-р Емилија Црвенковска

проф. д-р Димитар ПандевРасправата ќе се одржи на 21 април 2008 (понеделник) во

11,00 часот во просториите на Институтот.

Page 95: Makedonski jazik i literatura II godina

ВЕСТИ - МАКЕДОНИЈАВладата ќе го дигитализира образованието

Историја, географија, математика, физика и биологија сепрвите 6 предмети во основното и средно образование закои Владата наскоро ќе распише тендер за програми заелектронски содржини. Во првата фаза е предвидено

дигитализација на 30 наставни часа за основците, а засредношколците 50 часа. По електронски пат ќе се

оценуваат и наставниците со екстерното полагање научениците. „Моментално е во изработка системот.

Договорот беше склучен минатата недела. Има рок од 30дена да го инсталира системот и после тоа да биде една

мала пилот фаза, пилот тестирање“, изјави ИвоИвановски министер за информатика. Предвидено еекстерното оценување со кое ќе бидат опфатени ситеученици и наставници најмногу по два предмета да се

врши по електронски пат и тоа од петто одделение па седо претпоследната година во средното образование...

21.01.2009 Канал 5 Телевизија

Page 96: Makedonski jazik i literatura II godina

АВТОБИОГРАФИЈАМнозина философи има гоедари и мнозина гоедари станале

философи. Вака велат нашите стари. И вистина, така си е, спротикако сум уценил мнозина мои пријатели и непријатели, а најпоеќе сум

се чудил на татка ми, Бог да ми го прости.Татко ми се викаше Коста Марков Цепенков. Дедо ми беше от селоОреоец, Прил. и работеше самарџилăк во Прилеп. Деда ми јаз не го

зафтасаф. Татко ми прикажуаше за деда ми, како му го клалепрекарот Цепенко.

Еден неделен ден бил обуен со едни бели гаќи, многу разцепени, дуридо газот, и излегол настред село да играт со децата. Едно и виделе иму свикале: „Марко Цепенко, Марко Цепенко", и от тој ден беше му

останало прекарот „Цепенко".Дедо ми бил многу песнаџиа, што бил многу гласоит. Коа ќе излезелда оди на с. Коњари, да венчаа или да крсти кај крштениците, што и

имал, коа ќе запеел една песна, дури в Коњари ќе се слушало, и едноќе чуеле крштениците, ќе излезеле на буниште да го пречекаат.

„Деца, невести, излегујте да го пречекаме, оти нункото иди." Вака ќеси речеле крштениците и ќе излезеле на буниште да го пречекаат.

Page 97: Makedonski jazik i literatura II godina

Коа ќе седнел на чесна трпеза, три дни и три ноќи сè кралцки песни ќему пеел на сфатоите или на гостите, спроти како да бил дено.

На многу села бил дедо ми нунко, само и само дека знаел „турли-бе-турли" кралцки песни и дека бил многу гласоит, и друго, дека бил

самарџиа, а пак и бил прв мајстор за самари праење, прочуен и воПрилепско, и во Битолцко, и во Тикфешко, та секој идел при него да

му напраи самар.Ете от тој себеп селаните го клаале нунко. Во мое знаење три села

зафтасаф да сме нункои: Коњари, Кадино село и Бела цркфа.Дедо ми имаше четири синои: поголемио, Никола, куменџиа работешево Прилеп; Коста, татко ми, еќим работеше насекаде, а најстреднио,

Ристе, мајстор во С[т]амбол работеше; а најмалио, Илче, чешларработеше многу години во Софиа, во Прилеп и најпосле во Крушоо.Имаше и три ќерки дедо ми: едната ја викаа Като, другата - Маро и

најмалата - Дафо. Ката умре во Прилеп и јаз не а зафтасаф, а Мара иДафа - во Крушоо и и зафтасаф.

Само татко ми и Дафа беа песнарии како татка си (деда ми), адрузите не беа толку многу.

Извадок од Автобиографијата на Марко Цепенков

Page 98: Makedonski jazik i literatura II godina

БИОГРАФИЈА – БЛАЖЕ КОНЕСКИПоет, раскажувач, есеист, книжевен историчар, лингвист, преведувач.

Роден е во с. Небрегово, Прилепско на 19 декември 1921 година.Починал во Скопје на 7 декември 1993 година. Студирал филозофијана универзитетите во Белград и Софија. По дипломирањето работелкако професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Почесен докторна Чикашкиот, Краковскиот и Скопскиот Универзитет. Учествувал восоставувањето на правописот на македонскиот литературен јазик(1945). Втемелувач на македонистиката на Скопскиот универзитет.

Редактор на Речникот на македонскиот јазик.Бил ректор на Универзитетот во Скопје (1958-1960). Член на МАНУ инејзин прв претседател (1967-1975). Член на академиите во Загреб,

Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ. Бил уредник на списанијата „Нов ден“и „Македонски јазик“. Член на ДПМ од 1946 година. Прв претседател

на ДПМ. Автор е на книгите: Земјата и љубовта (поезија, 1948),Македонски правопис со правописен речник, со Крум Тошев (1950),

Граматика на македонскиот литературен јазик, I дел (1952), Замакедонскиот литературен јазик (1952), Песни (1953), Граматика на

македонскиот литературен јазик, II дел (1954),

Page 99: Makedonski jazik i literatura II godina

(Везилка (поезија, 1955), Лозје (раскази, 1955), Песни (1963), Историјана македонскиот јазик (1965), Речник на македонскиот јазик, I, II, III,(редактирал, 1961, 1965, 1966), Стерна (поезија, 1966), Ракување(поема, 1969), Јазикот на македонската народна поезија (1971),

Беседи и огледи (1972), Записи (поезија, 1974), Стари и нови песни(1979), Места и мигови (поезија, 1981), Чешмите (поезија, 1984),

Македонскиот 19. век, јазични и книжевно-историски прилози (1986),Ликови и теми (есеи, 1987), Послание (поезија, 1987), Тиквешкизборник (студија, 1987), Средба во рајот (поезија, 1988), Црква

(поезија, 1988), Дневник по многу години (проза, 1988), Златоврв(поезија, 1989), Поезија (Константин Миладинов), читање на Блаже

Конески (1989), Сеизмограф (поезија, 1989), Македонски места и теми(есеи, 1991), Небесна река (песни и препеви, 1991), Светот на

легендата и песната (есеи и прилози, 1993), Црн овен (поезија, 1993).Добитник на наградите: „11 Октомври“, „Браќа Миладиновци“, „АцоШопов“, „Хердеровата“, „Његошевата“, АВНОЈ, „Златен венец“ на

Струшките вечери на поезијата, „Скендер Куленовиќ“, на Сојузот написателите на СССР, за книжевен опус на „Мисла“, „Рациновото

признание“, „13 Ноември“. (Извор: pen.org.mk ))

Page 100: Makedonski jazik i literatura II godina

ПАТОПИССлично запишал и патописецот Јохан Хајнрих Мајр, кој исто така во

почетокот на 19 век ја посетил Македонија:"Подоцна поминавме во областа каде Александар Велики направилодмор. Од пред неколку илјади години овде се чува споменот на овој

славен Македонец". (Јохан Хајнрих Мајр патопис од 1814 година.Johann Heinrich Mayr's Reise nach Konstantinopel, Aegupten, Jerusalem

und auf den Libanon, 1820. Конгресна библиотека Вашингтон,сигнатура ДС 48. М49. цит. според Александар Матковски, цит. дело).Рускиот истакнат деец Виктор Григорович, во врска со импресиите од

својата посета на Македонија во 1844 - 1845 година запишал:"Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освенимињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот

живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Великисепак е повеќе утврден кај народот." (цит. според Б. Ристовски).

Веќе спомнавме дека Виктор Григорович запишал и една народнатворба за македонскиот цар Филип Втори.

Page 101: Makedonski jazik i literatura II godina

Да ја спомнеме и изјавата на еден, засега непознат, учител од Охридкој дошол на местото на истераниот бугарски учител во Солун во 1845година. Оваа изјава подоцна е пренесена и во тогашниот печат, без дасе наведе идентитетот на учителот. Кога го прашале да се декларира

што е по националност, нашиот охриѓанец дословно рекол:"Јас не сум ни Бугарин, ни Грк, ни Цинцарин! Јас сум чист Македонец,

какви што биле Филип и Александар Македонски и Аристотелфилозофот (цит. според Блаже Ристовски).

Ерејот Димитрија од Кривопаланечко во врска со своето етничкопотекло, во далечната 1848 година, запишал:

"Родум сум Македонец... Од Бога било пишано мојата татковина дастрада од Грците, па тие не ни даваат мир ниту денес, иако сите знаат

дека Македонија била постара држава од нивното царство." (цит.според Б.Ристовски).

(А. Донски: СведоштваСведоштваСведоштва..., Македонско сонце, 2002)

Page 102: Makedonski jazik i literatura II godina

РЕПОРТАЖАГолемото и малото езеро на Пелистер, познати како Пелистерски очи,

поради својата убавина и природни феномени што ги поседуваат,номинирани се како еден од трите македонски предлози во светскиот

избор на седумте нови чуда на природата.„Имаат исклучително значење за националниот парк Пелистер, исто

така и за Република Македонија и за еколошкиот туризам кој сеодвива. Тие се вистинска природна реткост, со оглед на надморскатависочина на која се наоѓаат и се одржуваат во таква форма“, изјави

Сашо Мицевски, директор на Национален парк Пелистер.Големото езеро се наоѓа на надморска височина од 2.218 метри, долго

е 233 метри, широко 162, а длабоко е 14,5 метри и во лето, секогашбистрата вода достигнува температура од максимални 14 степени

целзиусови. Тука единствено може да се најде амфиподното ракче.Малото езеро е на само два километри северозападно од големото,

на 2.180 метри надморска височина. Долго е 79 метри, широко е 68 идлабоко 2,5 метри

Page 103: Makedonski jazik i literatura II godina

Пелистерските езера се најубавото нешто што природата го создалаво овие планински предели. Токму затоа тие ја осмислуваат митскатадимензија на светските хоризонти. Можеби е време на светот да му го

покажеме ова чудо на природата кое допира до најосмисленатасмисла на сегашната цивилизација.Искусните планинари кои се

искачиле на сите светски покриви, велат дека како овие езера неманикаде во светот.

„Вреди да се афирмираат тие езера и врвот Пелистер во целиот светза да идат и да ја посетуваат оваа планина“, вели Ѓорѓи Костовски,

алпинист.„Како деца со него заедно ги посетувавме езерата, од тие езера беше

воодушевен и ги сметаше за едни од најубавите езера“, рече ЈончеИлиевски, син на Димитар Илиевски Мурато. За пелистерските овчари

езерата живот значат, но и вистински дар на природата.„Пелистерските езера се едни од најубавите на светот, во најубава инајчиста природа“, вели Никола Дервеновски, овчар од село Трново.

(Пеце Стефановски: 09.09.2008, А1 Телевизија)

Page 104: Makedonski jazik i literatura II godina

ФЕЉТОН120 години од раѓањето на Иван Ајдински

Следбеник на идеите на Гоце ДелчевВо историјата на македонскиот народ, особено во периодот пред, за

време на Илинденското востание и потоа, има многу Македонци-револуционери и интелектуалци што се бореле за слободата на

Македонија. На некои од нив имињата и делата не им се доволнопознати во нашата историографија. Таков е случајот и со Иван Илиев

Ајдински, револуционер - илинденец, социјалист, комунист и првадвокат во Струмица. Тој е роден на 23 септември 1885 година во

Ново Село, Струмичко. Новоселскиот револуционер е убиен за времена Септемвриското антифашистичко востание во Горна Џумаја(денешен Благоевград), Бугарија, на 10 октомври 1923 година.

Иван Илиев Ајдински уште како ученик во Солунската гимназија сезапознава со напредните идеи на Гоце Делчев и на Даме Груев и под

нивно влијание ѝ пристапува на Внатрешната македонскареволуционерна организација (ВМРО)...

Page 105: Makedonski jazik i literatura II godina

за организирана подготовка на македонскиот народ за ослободувањеод турското ропство. Како ученик, поради неговата револуционерната

активност е исклучен од гимназијата, а за активноста во групата на„гемиџиите“ е осуден на смрт. Бидејќи Ајдински не бил полнолетен,

казната му е заменета со 101 година затвор. Тој бил затворен возатворот „Беаскуле“ во Солун, на брегот на Егејското Море.

По бегањето на Иван од затвор, Гоце Делчев му помага да станеучител. Најпрво учителствува во Ново Село, Штипско, а потоа и во

Ново Село, Струмичко. Делчев го поставил Ајдински зареволуционерен инструктор во струмичкиот и во петричкиот регион за

да работи врз подготовката на народот и за собирање оружје заоружено востание.

Во извршувањето на овие задачи тој покажал голема револуционернаактивност, особено пред, за време на Илинденското востание и потоа.Иван Илиев Ајдински бил секретар во четата на Христо Чернопеев во

Струмичкиот револуционерен округ на Внатрешната македонскареволуционерна организација...

Време, број 546, 16.11.2005 проф. д-р Љупчо Аајдински

Page 106: Makedonski jazik i literatura II godina

ИМПРЕСИЈАФотографирањето е повеќе миг на доближување, отколку

доближување на мигот. Растојанието помеѓу објективот и објектот, говоди фотографот во полето на

објективноста на преземената слика од организираниот живот споредзаконите на извесноста. Љубовта кон судбината (amor fati) на луѓетошто стануваат дел од контролираниот фото-пејзаж на минливоста, јаодредува нивната природност и емоционална релјефност. Нивните

чисти лица и придвижени тела кон статичноста на небесната,водената и земјена длабочина ги исцртуваат координатите на

просторната и традиционалистичка припадност.Кога во дланките ги држиме музејските фотографии со историско-документаристичка вредност, речиси секогаш имаме чувство дека

најважното сме го покриле со прстот. Ја бараме точката наконтинуитетот и дисконтинуитетот, заборавајќи на интимистичкататрадиција на личностите и предметите врамени во композицијата.

Фотографијата на Иван Блажев ги отвора прашањата на динамиката /повторливоста на денот преку разградување на системот...

Page 107: Makedonski jazik i literatura II godina

на рационални нужности и социјални контексти....Дигиталната технологија го оддалечи прилепеното око од камерата.

Ова е ера на оддалечувања и митски сведочења. Растојанијата од-окото-на-фотографот-до-камерата и од-окото-на-гледачот-до-

фотографијата постојат за да се разоткрие блискоста нафокусираното со граничното, и на интимното со безграничното.

Фотографот патува за да не заборави, фотографира за да се сеќава.Иван Блажев сè уште го држи окото сраснато со камерата,

соединувајќи ја сопствената сигурна присутност со неизвесниотраспоред на елементите во просторот. Во исцртаната територија на

мапата на вообичаености, неговите фотографии со своите остри аглиго пресекуваат одживеаното, пуштајќи им крв на спомените. Меѓу

кружниот објектив и правоаголната форма на фотографијатанедостасуваат токму оние периферни сантиметри, кои припаѓаат на

премачканите сеќавања на сонот.Никола Маџиров: Кон фотографиите на Иван Блажев „Македонија

сонувајќи“, објавено во Блесок бр. 50, 2006

Page 108: Makedonski jazik i literatura II godina

ДЕСКРИПЦИЈАСтарата Грулица јаваше на магаре рано изутрина кон градините,

потсмевајќи се за нешто по целиот пат. Беше август, најубавиот месецво годината. Тоа е времето кога во Пасквелијата зреат смоквите.

Навистина нема поубав месец од август, мислеше старата. Но тааимаше и своја причина така да мисли.

– Груле, рече старата Грулица, како убав ден човеку!– Тоа е август, момичко, рече стариот Грул намигнувајќи со своето

крупно, светло око.Тоа е август, повтори старата Грулица и исто така намигна.

– Времето кога зреат смоквите, дополни Грул. Потоа го зеде магарчетоза оглав и појде низ сувата бразда кон градините.

Одеа полека по браздата што водеше до нивната градина, чудејќи сезошто војниците ги натопориле пушките кон нивните мали смокви. Во

еден миг Грулица дури се исплаши да не пукаат. Таа налутено имдовикна: – Еј, да не сте пијани...

... Секоја година, секој август во годината кога ќе зазрееја смоквитеГруловите доаѓаа во градините за да ги чуваат малите зрели смокви.

Page 109: Makedonski jazik i literatura II godina

Ги чуваа како своите очи иако од нив немаа никаква корист. Луѓето одПасквелија ја знаеја тагата на старите и никогаш не се осмелуваа даги одвратат од оваа игра што секако ќе потрае до нивната смрт. И сèдодека не дојдеа првите есенски дождови и додека не попаѓаа веќераскапаните смокви, Груловите не ги напуштаа градините. Тоа беше

времето кога се враќаа момчињата од војска. Тие го очекуваа и својотсин, иако знаеја дека тој никогаш веќе нема да се врати. Но во август,секој август во годината ги измамуваше двајцата стари. Можеби ќе се

врати, им шепнеше август, им ветуваа светлите очи на смоквите.Понекогаш се опиваа и тогаш долго прикажуваа за август, за

најубавиот месец во годината. Грулица тетеравејќи се ќе појдеше кајстражарот од караулата, и долго, долго му зборуваше за август, засмоквите и најмногу за нејзиниот син. Стражарите секогаш молчеа

како да беа неми. Тоа ја разлутуваше старата. Лутливо ќе речеше:– Слушај ти момче... и јас имам син војник... Но тој никогаш

не беше ваков труп.– Да, повторуваше стариот Грул со гордост. Моето синеникогаш не се лутеше. Вас како мајка да не ве родила.

– Замолчете, заповедаше стражарот... Живко Чинго: Смртта наГрадинарот (извадок), Блесок бр. 23, 2001

Page 110: Makedonski jazik i literatura II godina

РЕФЕРАТФактите зборуваат. Жан Лопен во статијата „Херберт Фон Карајан“ по

повод неговата смрт, во весникот „Ле Монд“ од 22.07.1989 г.публикувана во „Музикални хоризонти“ бр.9 од 1989 г. – „Сојуз на

музикалните дејци“, Софија, во превод од француски на бугарски јазикод страна на Ана Радославова вели: „Предците на Херберт ФонКарајан по таткова линија се преселени од Македонија. Неговиот

прадедо, кој се презивал Карајанис, емигрирал 1792 г. во Саксонија инаскоро после тоа ја добива дворската титула. Таткото на Херберт е

голем, познат хирург и страстен љубител на музиката – свирел накларинет. Мајка му, Марта Космак, по потекло е Словакијка.

Музичарот се раѓа на 5 април 1908 во Салзбург (Австрија), вотатковината на Моцарт...

Со сличен текст е и сведоштвото на академик Властимир Николовскиза изјавата на познатиот ерменски композитор и диригент Арам

Хачатуријан (1903-1978). За време на музичкиот фестивал „ГеоргеЕнесцу“ 1964 година

Page 111: Makedonski jazik i literatura II godina

во Букурешт, на академик Николовски му се обратил Хачатуријан созборовите:

„Вие знаете дека Карајан по потекло е Македонец... не, не, тој дализјава во весниците дека е Македонец“. Оваа изјава професор

Властимир Николовски и писмено ја потврди на ден 26.02.1998 г.А еве што изјавува Ванчо Карајанов од Гевгелија: „Во Гевгелија [кога]

отпочнал процес на доселување од околните села, меѓу тиедоселеници било и семејството на Карајанови. Војската на бегот ги

прогонувала и убивала доселениците. Меѓутоа малото дете одКарајанови не го убиле затоа што трговците кои тргувале со Виена го

однеле со нив, и во Виена го вработиле кај некој Македонец –фурнаџија. Момчакот, кога пораснал, се оженил и го задржал

презимето Карајан...тој е прадедо на Херберт Фон Карајан... Сето горенапишано го знам од моите родители и од мојот дедо Гоно Карајанов...

Томе Манчев: Научни аспекти за потеклото на Х. Фон Карајан,објавено во Блесок, бр. 04, 1998

Page 112: Makedonski jazik i literatura II godina

ХУМАНИЗМОТ И РЕНЕСАНСАТА ВО ЛИТЕРАТУРАТАХуманизмот и ренесансата во литературата и во културата

го означуваат крајот насредновековието и почетокот на новото време.

Се јавуваат најпрвин во Италија, во XIV век, а потоа и водругите земји, како резултат на напредокот на економијата

и со појавата на новата граѓанска класа.Хуманизам означува љубов кон човекот и се настојува дасе направи сè, животот да му биде поубав и попристоен.

Ренесанса значи преродба, обнова на духот и сфаќањетоза животот. Се јавува нешто подоцна од хуманизмот и се

надоврзува на него.

Page 113: Makedonski jazik i literatura II godina

Новата граѓанска класа покрај желбата за власт ибогатство, се стремела и за поинакви погледи кон животот.

Со своето дејствување ги разнишала темелите нафеудалниот поредок, во кој угнетувањето на селанствотои примитивизмот биле главни обележја, а расцепканоста

на државите го кочеле напредокот.Младата буржоазија ги помагала и развивала науката и

техниката, откако согледала дека тие се значајни занапредокот на производството и трговијата, и за нејзиниот

успех.Со техничките пронајдоци научниците дошле во судир со

средновековната схоластика и настојувале да гоослободат човекот од нејзините стеги и да го унапредат

неговиот живот.

Page 114: Makedonski jazik i literatura II godina

Писателите и уметниците со голема љубов и почит сеоднесувале кон античката литература и култура наоѓајќи

во неа инспирација за новите животни погледи.Во делата на античката римска култура ја откривале

слободната човекова мисла. Хуманистите ја бранеле иунапредувале желбата за посреќна иднина, како и вербатаво можностите на човекот да ги надмине средновековните

предрасуди и догми.Писателите хуманисти кои сметале дека латинскиот јазик

е совршен и погоден за создавање оригинални дела,полека го заменувале со народниот италијански јазик што

бил разбирлив за читателите.

Page 115: Makedonski jazik i literatura II godina

Меѓу првите кои почнале да пишуваат на народен јазикбиле Данте, Петрарка и Бокачо, во чии дела се огледува

духот на предренесансниот живот во Италија.Нивниот пример го следат писателите во Англија,

Шпанија, Франција, Германија...Во средината на XV век се создаваат нови модерни

држави, во кои новата полетна буржоазија доминирала воопштествениот живот. Се зацврстува потребата заиндивидуалната слобода на човекот и за слободен

развиток на човековата мисла.Се јавува движење познато како ренесанса кое наполно ѝ

одговарало на буржоазијата, но и на закрепостенитеселани.

Page 116: Makedonski jazik i literatura II godina

Во сликарството, вајарството и архитектура се создаваатдела низ кои се огледува убавината на човекот и

стремежот за животна радост. Во тоа време творат ДаВинчи, Тицијан, Микеланџело, Рафаел.

Тогаш се создадени монументалните градби како што сецрквата Свети Петар во Рим, дворецот Лувр во Париз;

слични градби во Мадрид, во Фиренца, во Краков.Во литературата почнуваат да доминираат теми и мотиви

од ренесансниот живот.Литературните дела се ослободуваат од наивноста, но

затоа во нив се внесува одмереноста, ведрината иоптимизмот преку психолошката анализа на ликовите.

Page 117: Makedonski jazik i literatura II godina

Во овој период особено биле популарни лирската песна,епската форма во стих и проза, и драмите во стих и проза.

За разлика од хуманистите, ренесансните поети иписатели исклучиво го користат народниот јазик во своитедела. На тој начин на литературата ѝ дале и национални

предзнаци.Покрај италијанските поети Лодовико Ариосто и Торквато

Тасо, обележје на овој период му дале и шпанскитеписатели Лопе де Вега и Мигел де Сервантес,

францускиот романописец Франсоа Рабле, како ианглискиот драмски писател Вилијам Шекспир. Нивнитедела ја надминале епохата во која настанале и си нашле

заслужено место во ризницата на светската литература насите времиња.

Цитат за овој час: Љубовта, парите и грижите,не можат да бидат скриени. Лопе де Вега

Page 118: Makedonski jazik i literatura II godina

ДАНТЕ АЛИГИЕРИ (1265 – 1321)Стои на врвот меѓу италијанските писатели одвремето на хуманизмот. Во своите дела ги

застапувал идеалите на новото време.Данте е роден во Фиренца во аристократско семејство кое

почнало материјално да опаѓа. Своето образование гонадополнувал со изучување на францускиот јазик и

старата античка литература. Особено се восхитувал одделата на римскиот поет Вергилиј.

Како млад се вклучил во политичкиот живот на Фиренца,најпрвин како приврзаник на папските идеи, а потоа како

нејзин најжесток противник. Поради тоа засекогаш јанапуштил Фиренца и животот го завршил во Равена каде

што бил и погребан.

Page 119: Makedonski jazik i literatura II godina

Во животот на Данте особено значење има средбата соБеатриче, девојка кон која искажувал само платонскаљубов и на која ќе ѝ ги посвети најубавите свои дела.

Својата литературна дејност Данте ја почнал со збиркатаод 30 песни, „поврзани со раскажување“- Нов живот, во

која ги опеал љубовните мечти, но и тагата поради смрттана саканата Беатриче.

Како плод на проучувањата на старите антички исредновековни филозофи за моралот, за животот и засмртта, Данте ќе го објави делото Гозба напишана на

народен јазик.Следните свои дела За народниот јазик и За

монархијата Данте ќе ги напише на латински јазик. Вопрвото дело се застапува за еден литературен јазик на

сите Италијанци, а во второто за востановување намонархијата како спас од папската власт.

Page 120: Makedonski jazik i literatura II godina

Божествената комедија е најзначајната творба на Данте.Инспириран од љубовта кон Беатриче, поетот во делото ги

пренесува своите политички размисли, но и животнотоискуство стекнато во родниот град и пошироко.

Божествената комедија има интересна композицискаградба. Составена е од три дела: ПеколПеколПекол, ЧистилиштеЧистилиштеЧистилиште иРајРајРај. Секој од овие делови има по 33 песни и заедно сопрвата (воведна) песна се вкупно 100. Сите песни се сострофи од по три стиха (терцини). Пеколот е поделен на

девет круга, Чистилиштето е со девет степени наусовршување, а Рајот е претставен во вид на девет

небесни сфери и десеттата (почеток на сите почетоци),наменета за Господ Бог.

Page 121: Makedonski jazik i literatura II godina

Тема на Божествената комедија е опис на задгробниотживот на луѓето според средновековното верување, а

основна идеја е да им се помогне во моралнатапреобразба.

Данте сметал дека додека се живи луѓето мора да поведатсметка за своето однесување и дека без морално

усовршување на човекот не може да има преродба надухот на општеството.

Целата Божествена комедија е напишана со користењена многу алегории и метафори и други изразни средства,

така што таа има и буквално и алегорично значење.На почетокот, во првата (воведната) песна преку

стиховите:На средина од мојот живот земенНа средина од мојот живот земенНа средина од мојот живот земен

го изгубив јас така својот пат;го изгубив јас така својот пат;го изгубив јас така својот пат;се најдов в шума сам, сред густеж теменсе најдов в шума сам, сред густеж теменсе најдов в шума сам, сред густеж темен...

Page 122: Makedonski jazik i literatura II godina

...Данте ни ги открива заблудите и грешките восопствениот живот. На патот до личната преобразба ги

опишува пречките на кои наидува. Тоа се пантерот, лавоти волчицата. Тие ги симболизираат лакомоста, гревот намладоста, телесната убавина (пантерот), горделивоста,жедта за власт (лавот), алчноста за пари (волчицата).Пред овие и други препреки Данте е готов да се врати

назад, но му доаѓа во припомош поетот Вергилиј (симболна мудрост и знаење), испратен од Беатриче.

Тој ќе го поведе во предворјето на Пеколот и низ неговитекругови каде што се наоѓаат душите на сите оние што

грешеле и не воделе сметка за она што ги чека по смртта.

Page 123: Makedonski jazik i literatura II godina

Со особен презир Данте се однесува кон предавниците,кон егоистите и кон сите оние кај кои отсуствувало

чувството за хуманост. Остро го разобличува моралнотооднесување на таквите луѓе посочувајќи ги како главни

виновници за хаосот во социјалниот и политичкиот животна Италија.

На тој начин Данте ќе го поттикне раѓањето на новиличности со напредни идеи на идниот ренесансен живот.Слободното изразување на мислите како светлината, ќе

помогне да се осветлат сите мрачни заблуди насредновековната ограниченост, а на Данте ќе муобезбедат место на предвесник на новата епоха.

Цитат за овој час: За една жена подобро е да биде убава, отколку умна,бидејќи мажите подобро гледаат одошто мислат. Данте

Page 124: Makedonski jazik i literatura II godina

ФРАНЧЕСКО ПЕТРАРКА (1304 – 1374)Петрарка е еден од првите творци на раната

ренесанса во италијанската и европската литература.Пишува инспириран од античките поети, но и подвлијание на Данте. За разлика од Данте, некои од

делата ги создава на латински јазик, ограничувајќи го натој начин кругот на пошироката читателска публика.

Се родил во Арецо, каде што татко му бил протеран одФиренца. На 8 години се преселил во Авињон, во ЈужнаФранција, во тоа време седиште на папата. Студиите по

право ги почнал на Болоњскиот универзитет, но не гизавршил и пак се вратил во Авињон.

Page 125: Makedonski jazik i literatura II godina

Важен момент од животот на Петрарка е средбата со еднаубава жена во црквата „Света Клара“, која во своите делаќе ја нарече дона Лаура и која ќе му биде инспирација за

сите негови подоцнежни творби. Тогаш поетот имал 23години. Ќе стапи на служба кај некој богат мецена кој исамиот бил восхитен од таа жена и од песните за неа.

Тогаш Петрарка ќе преземе едно од првите научнипатувања во Европа, при што ќе ги посети Франција и

Германија. Се искачил и на врвот Мон Ванту (1909 метривисок). Од Рим ќе се врати во Авињон.

Додека бил жив, бил прогласен за најголем италијанскипоет. Последните години ги поминал во близината на

Падова, (но не и во Фиренца), каде што починал во 1374година.

Page 126: Makedonski jazik i literatura II godina

Литературната дејност ја почнува со сонети во Писматабез адреси, кои настанале при престојот во дворецот напапата во Авињон и во кои се исмејуваат разните човечки

пороци.Во 1341 година на латински јазик ја напишал епопејата

Африка составена од 9 епски песни за која добил иловоров венец.

Творештвото на Петрарка го сочинуваат поетски иморалистичко-филозофски дела. Првите ги пишува главнона народен јазик, а вторите на латински. На латински јазик

е и Посланица, во форма на писма во стихови; Зазнаменитите луѓе на светот - зборник за најзначајнителуѓе на светот меѓу кои и за Александар Македонски. Со

филозофска тематика е расправата За презирот консветот.

Page 127: Makedonski jazik i literatura II godina

Канцониер (збирка песни) е пишуван на народен јазик иво него се поместени повеќе од 300 сонети и 29 песни.

Сонетите и песните се инспирирани од љубовта конгоспоѓа Лаура.

Освен поетските, во Канцониерот се застапени и творбисо филозофска и политичка тематика. Сите тие настанале

во период од триесетина години.Канцониерот е поделен на два дела: Животот на дона

Лаура и Смртта на дона Лаура.Во првиот дел Поетот пее за убавините на саканата жена,опишувајќи го секој дел од нејзиното тело, за кое кажувадека е совршено и кое телесно го привлекува. Но таа енедостижна за него, затоа што била мажена (имала и

повеќе деца).

Page 128: Makedonski jazik i literatura II godina

Душевното страдање ќе го опише во сонетот Не, нема мир...

Не, нема мир, ни војна, ниту враг;Не, нема мир, ни војна, ниту враг;Не, нема мир, ни војна, ниту враг;се плашам в надеж, стинеам и горам;се плашам в надеж, стинеам и горам;се плашам в надеж, стинеам и горам;се влечам в прав, со облаци се борам;се влечам в прав, со облаци се борам;се влечам в прав, со облаци се борам;

за сите туѓ, ги барам сите пак..за сите туѓ, ги барам сите пак..за сите туѓ, ги барам сите пак...Но тој нема моќ да се спротивстави на силата што го

привлекува кон неа. Се мразам сам, го сакам сиот светСе мразам сам, го сакам сиот светСе мразам сам, го сакам сиот свет.Тој душевен конфликт ќе му донесе немир и несреденост.

За сѐ e виновна дона Лаура, но Поетот не ја укорува.Во таков стил е испеан и сонетот Со чекор бавен. Во негобара осамени места кај што ќе може во мир да мечтае за

саканата жена.

Page 129: Makedonski jazik i literatura II godina

Во вториот дел Петрарка ја искажува болката порадисмртта на саканата личност. Иако мртва, дона Лаура ја

слуша неговата исповед. На крајот, на Поетот му останувасамо преку Богородица да бара прошка од Господа.Стилот на Петрарка е многу богат со разни изразни

средства, како што се епитетите, споредбите, метафорите.Некои од тие се многу едноставни и еднообразни.

Таквиот начин на пишување подоцна го прифатиле и другипоети кои се наречени Петраркисти. Петрарка со право сесмета за основоположник на новата европска лирика. Тојима заслуги и за развојот на класичната филологија како

наука.Цитат за овој час: Својата љубов може да ја објаснува само оној,

којшто слабо љуби. Петрарка

Page 130: Makedonski jazik i literatura II godina

МИГЕЛ ДЕ СЕРВАНТЕС (1547 – 1616)Сервантес е едно од најзначајните имиња наренесансата во Шпанија. Бесмртна слава му

донело делото Дон Кихот, по Библијата,најпреведуваното дело во светската литература.

Роден е во Алкала де Хенарес. Се школувал воВаљадолид и Мадрид. Како пратеник на папата доаѓа воРим. Учествувал во битката кај Лепант 1571 година, каде

што бил тешко ранет. На враќање кон Шпанија билзаробен од пирати и продаден како роб. По

неколкугодишно ропство во Алжир бил откупен и вратенво земјата.

Најпрвин работи како интендант, а потоа како собирач наданоци. Поради неправилности во работа, повеќе пати

бил затворан. Пред смртта се замонашил. Не се знае кадее погребан.

Page 131: Makedonski jazik i literatura II godina

Литературната дејност ја почнува со песни посветени нашпанската кралица. По враќањето во татковинатанапишал дваесетина драми но без голем успех кај

публиката. Пасторалниот роман Галатеја, сепак билчитан, затоа што раскажува за идилична љубов меѓуовчар и овчарка. Тогаш била прикажана и трагедијата

Нумансија.Сѐ до појавата на Дон Кихот, другите дела му се читалеили прикажувале со променлив успех. Тоа се збирките

раскази: Поучни новели, Патување на Парнас;љубовно-херојските драми: Лавиринт на љубовта,

Алжирска робија, Доблесниот Шпанец; битово-плаутовските драми: Судија за бракоразводни парници,

Будниот стражар.

Page 132: Makedonski jazik i literatura II godina

Дон Кихот е роман кој на авторот му обезбедил светскаслава. Дело во кое подеднакво се испреплетени

трагичните и комичните настани. Главниот лик Дон Кихот ерицар-скитник, но човек со благородно срце кај кого сераѓа помисла дека треба да тргне во авантури за да ги

исправи неправдите на кои ќе наиде.Романот е пародија и своевидна критика на многуте

рицарски романи во Шпанија и пошироко, во 16. век, коиштетно влијаеле на младите читатели. И самиотСервантес на крајот на романот ќе запише дека

„...единствена желба ми беше да ја изложам на луѓетоединствена желба ми беше да ја изложам на луѓетоединствена желба ми беше да ја изложам на луѓетоодвратноста кон измислените и глупави истории,одвратноста кон измислените и глупави истории,одвратноста кон измислените и глупави истории,

опишувани во рицарските романиопишувани во рицарските романиопишувани во рицарските романи...Првиот дел на романот излегол во 1605 година, а вториот

дел една година пред смртта – во 1615.

Page 133: Makedonski jazik i literatura II godina

Содржината на романот се гради преку многутедоживувања на мудриот безумник Дон Кихот и трезвените

постапки на неговиот оруженосец Санчо Панса.Средовечниот благородник со вистинско име Алонсо

Кихано, читајќи ги рицарските романи, реалниот свет гозаменува со светот на фантазијата, па не му било тешко и

својот коњ да го споредува со Букефал на АлександарМакедонски и да му го даде името Росинант.

Си нашол стара рицарска опрема, дури и принцеза (еднаселанка) со звучно име Дулчинеја на која ќе ѝ ги посветувасвоите подвизи! По патот го придружува Санчо Панса, којќе го извлекува и од опасности со смртни закани, но и ќе

се обидува да го врати во реалноста.

Page 134: Makedonski jazik i literatura II godina

Иако прави безумни подвизи, во мигови на тага, Дон Кихотќе покаже и здрави размисли со хуманистички идеи за

слободно општество во кое ќе нема неправди.Саможртвата што ја дава, само покажува со каква силнажелба сака да им помага на луѓето. Трпи кршење ребра,

студ, жед, понижувања.Наспроти својот господар, Санчо Панса е остроумен

селанец со приземни и практични размисли. Понекогаш ешегобиец, од чија уста излегуваат мудри изреки. Но и тој

на моменти почнува да верува дека можеби ќе стане грофили гувернер на некој остров.

Така спротивставени Дон Кихот и Санчо Панса како дасочинуваат една органски поврзана личност со сложен

карактер и изглед.На крајот од романот Дон Кихот ќе го прифати говорот на

Санчо Панса и ќе се ослободи од возвишени рицарскифрази.

Page 135: Makedonski jazik i literatura II godina

Пред умирање, на берберот и парохот ќе им ја искажесвојата заблуда, а пред заминување од овој свет, ќе речедека пак е оној што го знаеле отсекогаш Алонсо Кeхано

Добриот.Пораката на Сервантес, искажана преку двата централни

ликови. е да се прикажат носителите на новитехуманистички идеи за почитување на достоинството на

човекот.Сервантес верува во новиот човек кој треба да прави

добри дела за напредок на целото човештво.Романот има автобиографски карактер. Сервантес ќе

запише: Само за мене се роди Дон Кихот... НиеСамо за мене се роди Дон Кихот... НиеСамо за мене се роди Дон Кихот... Ниедвајцата сме една целинадвајцата сме една целинадвајцата сме една целина...

Цитат за овој час: Ништо не чини така евтинои не се цени така скапо, како учтивоста. Сервантес

Page 136: Makedonski jazik i literatura II godina

ВИЛИЈАМ ШЕКСПИР (1564 – 1616)Шекспир зазема едно од челните места во европска

и светската литература на полето на драмскатауметност. Неговите дела и денес се исто толку

актуелни како што биле при нивната прва изведбапред четири века.

Од оскудните податоци за животот, се дознава дека ероден во гратчето Стратфорд во семејство на имашливиродители; дека учел во т.н. Граматичко училиште и дека

на 18 години се оженил и имал повеќе деца.Интересот на Шекспир кон драмската уметност се засилил

по неговото доаѓање во Лондон и учеството во групатакоја ќе го изгради театарот Глобус, каде што првин билеизведувани неговите преработки на стари драми, а потоа

и оригинални драми.

Page 137: Makedonski jazik i literatura II godina

На четири години пред смртта се вратил во родниот град,го напуштил пишувањето и живеел повлечено.

Зад името на Вилијам Шекспир стои завидна бројка на 37драми и други дела собрани во изданието под насловШекспировиот канон. За жал, сè уште не е пронајден

оригинален ракопис од авторот. Исто така за некои драмисе претпоставува дека ги напишал во соработка со други

автори (Двојна лага со Џон ФлечерЏон ФлечерЏон Флечер и сл.).Шекспир е автор и на двата спева Венера и Адонис, иЛукреција; како и на 154 сонети пишувани под влијание

на ПетраркаПетраркаПетрарка. Драмите на Шекспир настанале во трипериода. Во првиот период се создадени неговите

комедии Веселите жени Виндзорски, Сон на летнатаноќ, Како што милувате, Венецијанскиот трговец,

Двајцата Веронци. Тогаш настанале и некои историскидрами.

Page 138: Makedonski jazik i literatura II godina

Вториот период го опфаќа времето на неговата полнатворечка зрелост, на која белег ѝ даваат трагедиите

Отело, Кралот Лир, Магбет, Антонио и Клеопатра иХамлет. Во овие драми во преден план избива судирот

меѓу две начела: човечноста и подлоста.Во третиот период ги напишал пиесите Симбелин,

Зимска бајка и Бура. Во нив се обидува да најде излез одтрагичниот круг во кој западнал човекот. Излезот го гледа

во верата за посреќна иднина на човештвото. Во тиедрами има елементи на фантастика и театралност.

Хамлет е, без сомнение, најпознатата и најмногу игранататрагедија на Шекспир. Историската подлога на делото

Шекспир ја нашол во книгата Данска историја, напишанаво 12. век.

Page 139: Makedonski jazik i literatura II godina

Трагедијата Хамлет е составена од пет чина. Напишана еспоред начелата што ги поставил уште Аристотел. Напочетокот во експозицијата се запознаваме со главниотхерој, принцот Хамлет, кој откако му се јавил духот на

неговиот татко, се заколнал дека ќе се одмазди занеговата подмолна смрт, причинета од чичко му.

На судирот меѓу Хамлет и чичко му Клавдиј, омразениотнов крал, се засновува натамошниот тек на драмското

дејство. Во него се јавуваат уште и неговата мајкаГертруда која ќе му стане и стрина; Офелија, девојката

што ја сака, нејзиниот брат Лаерт, нивниот татко Полоние,другарите на Хамлет и др.

Заплетот започнува кога Хамлет се преправа декаполудел и кога бара докази пред да се одмазди.

Page 140: Makedonski jazik i literatura II godina

Заплетот оди во нагорна линија кога на претставатаодиграна по желба на Хамлет, а на која присуствува и

новиот крал и мајка му, ќе се одигра сцена која наликувана убиството на татко му. На чичко му се слошило и јанапуштил претставата, Хамлет конечно се уверил кој е

убиецот.Врвната точка на заплетот, кулминацијата, ќе се случи во

третиот чин кога младиот принц во расправија со мајка си,несакајќи ќе го убие Полоние, таткото на Офелија. Кралотго испраќа Хамлета во Англија со цел да биде убиен, но по

игра на судбината тој ќе се врати во Данска. Во петтиотчин се одигрува расплетот на дејството, кога во

подмолниот план што го сковал Клавдиј, Хамлет го убиваЛаерта, а потоа и чичко му.

Page 141: Makedonski jazik i literatura II godina

Мајка му возбудена, без да знае, пие од отровниот пехар,наменет за Хамлет, а тој умира од мечот на Лаерт кој

претходно бил премачкан со отров.Така Хамлет ја одбранил честа. Тој осамен и тажен се

нафаќа да се бори против лажниот морал што ја зафатилДанска. Неговата мајка, газејќи врз мајчинството,

прифатила да му жена на девер-убиец, кој пак изигрувазагрижен родител и подготвува убиство на Хамлет. И

другарите на принцот, биле лажни пријатели, бидејќи гошпионирале. Со една реченица: СèСèСè било гнило вобило гнило вобило гнило во

државата Данскадржавата Данскадржавата Данска.Цитат за овој час: Сакај ги сите, доверувај им се на малкумина,

не му наштетувај никому. Шекспир

Page 142: Makedonski jazik i literatura II godina

ЖАН БАТИСТ ПОКЛЕН – МОЛИЕР (1622 – 1673)Молиер е најзначајниот комедиограф на францускиот

класицизам. Неговите комедии оставиле печат и врзтворештвото на многу европски писатели.

Со солидни познавања од античката литература ифилозофија се стекнал на Клермонскиот колеџ. Потоастудира право во Орлеан и извесно време работи како

адвокат, но неуспешно, како што немал успех во водењетона „Блескавиот театар“. Откако неговиот татко му ги

подмирил долговите, си го сменил презимето од Покленво Молиер и со својата театарска

група заминал на турнеја низ Франција.

Молиер во улогата на Цезар

Page 143: Makedonski jazik i literatura II godina

За потребите на групата ги пишува своите први дела. Напатувањата се среќава со десетици различни карактери

на луѓе кои подоцна ќе ги внесе во своите дела.По вонредниот успех на турнејата, Молиер со својоттеатар се враќа во Париз и со изведбата на фарсата

Вљубениот доктор ги стекнува симпатиите на кралот ЛујXIV, добивајќи солидна годишна плата. Во последните 13

години ја разгрнува својата творечка и актерска дарба.Тогаш ги создава најзначајните дела:

Смешните кокетки, Училиште за мажи, Училиште зажени, потоа Тартиф, Дон Жуан, Мизантроп, како и

Вообразениот болен, Скржавецот, Граѓанинотблагородник.

Page 144: Makedonski jazik i literatura II godina

Молиер го завршил животот играјќи на сцената вокомедијата Вообразениот болен. Католичкото

свештенство кое порано Молиер го исмеал во претставатаТартиф, откажало да даде дозвола за погреб. Сепак, сосогласност на кралот бил погребан, но без свечености.

Комедијата Тартиф ја напишал како реакција на критикитена француското свештенство кое го обвинило Молиерадека во своите драми го шири неморалот и атеизмот.

Ставајќи ја во преден план лажната побожност насвештенството, Молиер на исмејување ги подложува и

нивната лицемерност и измама, но исто така изаслепеноста на дел од граѓанството кон она што го

правеле свештениците.

Page 145: Makedonski jazik i literatura II godina

Комедијата е напишана во пет чина, во кои Молиер водисметка тие да се одвиваат строго според начелата накласицистичката теорија за единството на времето,просторот и дејствието. Тоа се одигрува во куќата на

Оргон, за време од едно деноноќие и ги има сите развојниетапи.

На почетокот во експозицијата, Молиер нè запознава соречиси сите ликови, со исклучок на главниот – Тартиф,иако преку дијалозите на другите се насетува неговаталажна побожност. Колку повеќе сопругата Елмира со

децата Дамис и Маријана, братот Клеант и слугинкатаДорина остро ги осудуваат Оргон и неговата мајка г-ѓа.Пернел за нивната заслепеност, толку повеќе Оргон го

штити и сожалува Тартифа, за да во еден момент извика:„Ах, кутриот човекАх, кутриот човекАх, кутриот човек“!

Page 146: Makedonski jazik i literatura II godina

Комичното однесување на Оргон продолжува и во вториотчин. И во овој чин не се појавува Тартиф. Заплетот накомедијата започнува кога таткото Оргон изјавува дека

Тартиф ќе биде негов зет.Тогаш останатите личности започнуваат да дејствуваат по

советите на слугинката Дорина за да се разоткриевистинскиот карактер на домашниот исповедник.

Кулминацијата на комичните постапки на Оргон се случуваво моментот кога тој го прогласува Тартиф за единствен

наследник и го протерува сина си Дамис.По сцената во која Тартиф и Елмира стануваат сами, иОргон може да ги слушне и види љубовните изливи и

постапки на свештеникот, започнува расплетот. КонечноОргон се уверува во својата заслепеност и лекомисленост.

Другите ликови се прикажани како чесни и благородни исо здрав разум.

Page 147: Makedonski jazik i literatura II godina

Тие навреме ги откриваат намерите на Тартиф какопоранешен разбојник, кој само наметнал мантија и станал

лажен набожник.Посебно треба да се истакне слугинката Дорина какопретставник на широките народни маси. Со нејзинатадобрина и критичко расудување, таа прва ја открила

маската под која се затскрива Тартиф и се бори докрај дабиде разоткриен.

Комичното дејство во драмата тече природно, сонеочекувани пресврти, но со основната идеја, како кај ситеМолиерови дела, да се разобличи општественото зло и да

победи правдата. По ова Молиер останува ненадминатмајстор.

Цитат за овој час: Завидливците умираат,но зависта никогаш. Жан Батист Молиер

Page 148: Makedonski jazik i literatura II godina

РАЦИОНАЛИЗАМ И ПРОСВЕТИТЕЛСТВОТОВО ЕВРОПА

Се јавува во Западна Европа при крајот на XVII ипочетокот на XVIII век, најпрвин во Англија, Франција, а

потоа и во другите земји: Австрија, Германија, Холандија...Носители на напредните идеи кои се навестуваат уште за

времето на ренесансата, биле претставниците награѓанската класа (буржоазијата). Тие настојувале да им

се ограничат правата на феудалците (благородниците), накралот и на црквата.

Како резултат на зајакната економска моќ граѓанскатакласа сакала да го засили своето влијание во сите сферина животот преку барања за спроведување на реформи.

Page 149: Makedonski jazik i literatura II godina

Во Англија граѓанската класа била толку силна, што јаограничила власта на кралот и се вовеле реформи водржавниот и општествениот живот. Со промените во

образованието силно се развиле науката и техниката.

Се развило производството и трговијата. Тоа придонелода се унапредат и филозофијата, културата и уметноста.

Во Франција старото благородништво слабеело и јагубело силата. Се оддало на раскошен и неморален живот

и целосно ја изгубило врската со народните маси.

Тоа го искористиле припадниците на граѓанската класа,кои постепено го преземале управувањето со многу сфери

од општествениот и економскиот живот.

Page 150: Makedonski jazik i literatura II godina

Со помош на народните маси, во 1789 годинабуржоазијата во Франција ќе ја симне од власт

аристократијата, прокламирајќи, еднаквост, братство ислобода за сите граѓани.

Во Австрија либералните идеи не допреле во целост, носепак биле извршени многу промени во државата.

Царицата Марија Тереза и нејзиниот син Јосиф Вториспровеле реформи во образованието и државната управа

и ја ограничила власта на црквата. Стотици манастирибиле затворени и претворени во училишта.

Бранот на просветителството ги зафатил ијужнословенските народи кои биле под австриска власт(Словенците, Хрватите, како и Србите кои живееле во

Војводина).

Page 151: Makedonski jazik i literatura II godina

Рационализам е учење кое смета дека вистината можеда се осознае само преку здравиот разум. Поимот доаѓа

од латинскиот збор ratio што значи разум.Рационалистите сметале дека само со просветување на

разумот, ослободен од средновековното сколастичкоучење вистината може да биде прифатена или не. Тие

исто така верувале дека единствено со просветување нашироките народни маси може да се унапреди животот на

човекот. Оттука и поимот просветителство.Во литературната историја рационализмот и

просветителството се изучуваат истовремено, заштоимаат иста временска рамка и иста суштина: да се

просвети и прослави здравиот разум.Поука за овој час: Да знаеш многу јазици,

значи да имаш многу клучеви за една врата. Волтер

Page 152: Makedonski jazik i literatura II godina

Џон Лок е најпознатиот претставник на рационализмот воАнглија, заедно со Томас Хобс. Во Теоријата на

сознанието го урнал мислењето за вроденитепредодредби, односно, дека уште со раѓањето е

предодредено што ќе биде детето во животот.Тврди декамозокот на малото дете е како tabula rasa, и без вродениидеи, а дека тоа се развива под влијание на воспитанието

и на средината, и условите во кои живее. Се залага законтрола на власта од страна на општествената заедница.Волтер бил писател, политичар, филозоф и публицист. Јаразвил Теоријата за просветен апсолутизам. Се залагал

за просветен владетел (апсолутист) кој ќе се грижи запросветување на широките народни маси. Се застапувалза верска толеранција и бил против класните привилегии.

Page 153: Makedonski jazik i literatura II godina

Жан-Жак Русо се залагал за еднаквост меѓу луѓетопоради што бил прогонуван. Во своето дело За

општествениот договор пишува дека секој човек се раѓаслободен и дека треба да живее слободно.

Монтескје во Духот на законот предлага власта да сеподели на законодавна, извршна и судска и на тој начин

да се заштити слободата на луѓето.Дидро бил уредник на Енциклопедијата во која се

изнесувале идеи на најпрогресивните луѓе во тоа време.Рационалистите со своите дела го подготвиле теренот за

Француската буржоаска револуција (1789 година).Просветителството подоцна се проширило и кај

јужнословенските народи, а со извесно задоцнување(поради познати историски околности), допрело и до

нашите краишта

Page 154: Makedonski jazik i literatura II godina

ПРОСВЕТИТЕЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈАВо почетокот на XIX век Македонија е сè уште под турсковладеење. Како резултат на поразите што турската војскаги претрпела во војните со Русија и Австрија, централнатавласт слабее, а локалните турски феудалци меѓу себе сепресметувале и се прогласувале за самостојни владетели

на одделни пашалаци.Животот на македонското население станувал несигурен,

поради што селаните ги напуштале родните места и сенаселувале во градовите, надевајќи се на поподнослив и

попристоен живот.Со доаѓањето во градовите, тие почнале да се занимаваатсо занаетчиство и трговија и од нив полека се формирала

македонската граѓанска класа. Се менувал инационалниот состав на градовите. Во повеќе градови

доминантно станувало македонското население.

Page 155: Makedonski jazik i literatura II godina

Граѓанската класа малку подоцна откако ќе зајакне, ќезастане на чело на културно-просветната дејност. Таа ќе

биде главниот спомагател на сите активности како што сеотворање на училишта, издавање на учебници и сл. и ќе јазапочне борбата против грчкото влијание во училиштата ицрквите, а за воведување на народниот македонски јазик.Се градат цркви и манастири кои во почетокот се главните

центри на просветата.Исто така граѓанската класа ќе го помогне црковното

сликарство и резбарство. Особено е значаен нејзиниотпридонес во печатењето книги и во отворањето на првите

печатници. Тие форми на активности се реализираатпреку основање на црковно-просветните општини, чија

главна задача ќе биде токму грижата за црквите,манастирите и училиштата.

Page 156: Makedonski jazik i literatura II godina

Во управувањето со тие културно-просветни установи севклучени претставници на граѓанската класа, односно на

еснафите.

Нивното присуство особено е забележливо воактивностите на училиштата. Такви училишта билеотворени во Скопје, Велес, Банско, Прилеп, Штип и

Куманово.

Во 1792 год. со помош на Марко Тодорович – Везгов одБанско било овозможено печатењето на првиот буквар кој

се користел кај сите јужни Словени. Во Будим билеотпечатени и петте книги на Јоаким Крчовски со помош на

некои трговци: Нешо Маркович од Кратово, ДимитријФилипович од Паланка и т.н.

Page 157: Makedonski jazik i literatura II godina

И книгите на Кирил Пејчиновиќ се издадени со помош натрговци и црковни лица.

Во средината на XIX век се отвораат првите печатницитево Македонија. Во 1838 година во Солун е отворенапрвата печатница на Теодосие Синаитски, која иако

имала краток век ја извршила својата благородна мисија.

Десетина години подоцна во Ваташа била отворенапечатницата на Даскал Камче, која била потпомогната од

трговецот Јовко Маркович од Кавадарци.

Уште една печатница била отворена во Солун, во 1852година, од Киријак Држилович, во која било напечатено

Кониковското евангелие.

Page 158: Makedonski jazik i literatura II godina

Кога се зборува за литературната дејност на почетокот наXIX век, не можеме да кажеме дека таа е обемна и декаделата имаат особени уметнички вредности. Но тие ја

исполниле својата историска задача, да бидат поттик заследната генерација македонски преродбеници.

Тоа е време кога сè уште е живо и силно народнототворештво. Тогаш е настаната една од најубавите и

најдолгите народни песни - онаа за Кузман Капидан, којаподоцна Григор Прличев уметнички ќе ја вообличи во

поемата Сердарот.

Во тоа време Крчовски и Пејчиновиќ ќе ги објават своитедела како доказ дека и нашиот народ не заостанува зад

другите народи и дека се стреми кон освојување накултурните простори.

Page 159: Makedonski jazik i literatura II godina

ЈОАКИМ КРЧОВСКИ (ОКОЛУ 1750 – ОКОЛУ 1820)

Крчовски живее и работи на крајот на 18 и почетокот на 19век. Според едно предание е роден во с. Осломеј, според

друго, во Кичево, па се преселил во Крива Паланка иКратово каде што бил учител долго време. Трето преданиевели дека е роден во околината на Крива Паланка, но се

одомаќил во градот.

Скромни податоци наоѓаме во неговите книги што гипечател во Будим, кој во тоа време, покрај Лајпциг, Берлин

и Виена, бил средиште на културата на јужнословенскинароди.

Најверојатно образованието го стекнал во Цариград,работи како учител и свештеник. Бил и аџија. Со своитесинови ја шири просветата и во околните градови (Штип,Ќустендил). Станал монах, подоцна и јеромонах(1819).

Page 160: Makedonski jazik i literatura II godina

Ги напишал и отпечатил следниве дела:1. Слово исказаное заради умирание – 1814 издадена е

анонимно.2. Повест заради страшнаго и втораго пришествија

Христова -1814(„списана од хаджи Јоакима даскала“).

3. Сија книга глаголемаја митарства -1817(има 62 страници и се опишани 20. митници низ кои

минува човечката душа по смртта).4. Чудеса Пресвјатија Богородици -1817 („трудом же Јоакима

в монасех многогрешнаго“)5. Различна поучителна наставленија -1819 („Јеромонахом

Јоакимом хаджи“).Има 310 страници со текстови од Стариот и Новиот

Завет.

Page 161: Makedonski jazik i literatura II godina

Првото дело Слово исказаное заради умирание се сметаза прва книга напишана и отпечатена на македонски

народен јазик. Намената ѝ била да го шири христијанскиотдух меѓу граѓаните.

Втората книшка Повест ради страшнаго и вторагопришествија Христова содржи две беседи: една за Исус

Христос и друга за пророкот Данаил.Во третото дело Сија книга глаголемаја митарства сеопишани 20. митници (царинарници) низ кои минува

душата на човекот по смртта.Чудеса пресвјатија Богородици е четвртата книга. Во неасе опишани чудата што ги правела Мајка Богородица на

оние што верувале во неа.Петтото дело Различна поучна наставленија содржи разни

поучни работи и по обем е најголемо.

Page 162: Makedonski jazik i literatura II godina

Во своите дела Крчовски пишува дека луѓето треба да гопоправат своето однесување, да престанат да се пијанат,

зашто пијанството е од сите „грехови поголем грех“.

Тој исто така зборува и за другите пороци како што селакомството, суеверието, зависта.

Тој ги напаѓа и богатите кои забораваат на сиромашните изатоа ќе умрат како злодејци и арамии.

„Богати што сте, разумејте и чујте, не е ваше богатството,ами е на сиромасите оно“...

Ги величи наобразбата и учителите кои се „солта наопштеството“.

Читањето ја храни душата, тоа е живот на душата.

Page 163: Makedonski jazik i literatura II godina

Во Слово заради завист кое е поместено во Различнапоучителна наставленија, Крчовски се осврнува на

зависта како една од најлошите човечки зла. Таа се јавиланајпрвин кај некој ангел, кој светел како сонце и кој му

завидел на Бога и од завист потемнел како ѓавол.

Потоа ѓаволот им завидел на Адам и Ева, па ги наговорилда го направат првиот грев и да бидат истерани од рајот.

Поради завист Каин си го убил својот брат Авел. Тоа епрвото братоубиство и оттогаш почнала да се лее крвта по

земјата.

Како нравоучение Крчовски пишува дека зависта начовекот му носи само несреќи и страдања.

Page 164: Makedonski jazik i literatura II godina

Во Словото, како и во другите негови дела, содржината епрераскажување на настани од Библијата, но преку

коментарите Крчовски ја изнесува идејата да ги поучувачитателите во христијански дух.

Стилот на Крчовски е раскажувачки, а понекогаш иполемички. Речениците му се долги, со вметнати зборовии изрази. Тоа ги прави тешко разбирливи. Наместа имареторика и прашања: Видиш ли колку зло од једно зло!

Видиш ли што работи завист!Јазикот му е кратовско-кривопаланечки, но со многу

примеси од западното наречје: ги гледал, ги научил: покрајгледал ги, научил ги и сл. Во делото има и многу зборови

од црковнословенскиот јазик.Поука за овој час: Кроткото срце е живот за телото,

а зависта е гнилеж за коските. 14. 30

Page 165: Makedonski jazik i literatura II godina

КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ (1771 – 1845)Меѓу оскудните податоци за својот живот, Кирил

Пејчиновиќ во Епитафот на надгробната плоча, запишалдека е роден во Теарце, Тетовско, дека учел во

манастирот Света Причеста Кичевска и во Хилендар идека ќе почива во Лешок.

Тука и таму на маргините на некои книги од манастирскатабиблиотека на Марковиот манастир, внесувал податоци,како што е оној на столбот на црквата од 1801 г. каде што

се нарекува „игумен недостојниј“.

Во рамките на Манастирот отворил училиште и развилширока просветителска дејност кон околното население.

Тука останал дваесетина години и тука ќе ја напишесвојата прва книга Огледало, објавена во Будим, 1816

година.

Page 166: Makedonski jazik i literatura II godina

Откако накратко бил во Хилендар за да побара благословод татка си Пејчин и стрика си, Пејчиновиќ се вратил вородниот крај, во манастирот „Свети Атанасиј“, во селотоЛешок. Го обновил Манастирот и во неговиот Поменикоставил драгоцени податоци за животот на тамошното

население, но и за себе. И овде отворил училиште за ситевозрасти.

Покрај просветителската дејност, ја уредувалманастирската библиотека и наоѓал време за пишување.Тука ги напишал Утешение грешним (Утеха на грешните) и

Житие кнеза Лазара. На десет години пред смртта гонапишал Епитафот кое се смета за прва стихувана

форма во поновата македонска литература. Умрел на 24март и е погребан во дворот на Манастирот во 1845 г.

Page 167: Makedonski jazik i literatura II godina

Делото Огледало во основа е требник – еден видприрачник за потребите на свештениците. Покрај

молитвите и неколкуте текстови за разните обреди, воделото е објавено Словото за празницитеСловото за празницитеСловото за празниците напишано на

тетовски говор. Во СловотоСловотоСловото Пејчиновиќ ги искажува своитепогледи за животот и притоа на критика ги подложуваселаните кои не се држат до христијанските начела на

смерност и скромност.

Тој истовремено ги поучува како тоа се прави,потсетувајќи на нивните христијански должности. Особено

се противи на некои појави како што се суеверието,курбанот, носењето амајлии од попови и оџи, за кои вели

дека лажат и дека ги прават за пари. Не само што гонапаѓа примитивното кај селаните,

Page 168: Makedonski jazik i literatura II godina

туку на критика ги изложува и поповите, кои исто како иТурците, преку давачките го ограбувале народот.

Замислата на Пејчиновиќ била и кај селаните и кајсвештениците да ја зајакне свеста и верата во Бога, за да

се истрае тешкото ропство. ...Зашто од Турци помалузборимо, зашто, каде нЁ Јaхат и газат, трпимо, зашто! Не ли

за Христа!Во поглед на поуките, тие се среќавале и порано, во некои

црковни книги. Всушност, Пејчиновиќ ја продолжуватрадицијата на т.н. Дамаскинарна литература, според

нејзиниот автор Дамаскин Студит, чии книги билепреведувани меѓу сите православни христијани. И

Словото и другите дела на Пејчиновиќ ги имаат тиебелези.

Page 169: Makedonski jazik i literatura II godina

Сепак, Пејчиновиќ се одликува со оригиналноста вораскажувачката постапка. Иако бил полуписмен калуѓер

(тешко читал ракописни букви!), стилот му е интересен зачитање, затоа што наместа има иронија и потсмев, а

некаде дури и упрек и закана.

Честопати го внесува дијалогот на селаните преку кој сеотсликува односот меѓу нив и свештениците.

Поради слободната интерпретација на црковните работи ивнесениот народен говор, Пејчиновиќ добил негативномислење од официјалните црковните власти и долго

време не можел да најде спомагател за објавување насвоето второ дело Утешение грешним.

Page 170: Makedonski jazik i literatura II godina

Јазикот во делата на Пејчиновиќ е народен (тетовскиговор). Но во нив има и многу елементи од

црковнословенскиот јазик (јако, јест, сиреч, пришествије), штое разбирливо, затоа што се обработуваат црковни теми.Но исто така се среќаваат и многу лексеми од турскиот

јазик (хамајлија, риџал, кадир, зорт, џехнем, икрам).

Заслугите на Пејчиновиќ се огледуваат на полето напросветата преку описменување на народот и јакнење на

неговиот дух; на средувањето на манастирскитебиблиотеки и собирањето на стари ракописи; на негувањена христијанската (православната) вера: и, на повеќе од

скромниот придонес, во развојот на нашата литература вопрвата половина на XIX век.

Page 171: Makedonski jazik i literatura II godina

ТЕОДОСИЕ СИНАИТСКИПодатоци за СинаитскиСинаитски наоѓаме во народното

предание. Се знае дека е роден во Дојран, дека се викалТеохар, и дека завршил црковно училиште во Цариград.

Откако живее извесно време во Дојран, по смртта на женаму, отишол на Синај, се замонашил и го добил името

Теодосиј. За потребите на црквите во Македонијапреведувал на словенски јазик. Заради заслуги бил

унапреден во архимандрит. Кога се вратил во Македонија,во Солун во црквата „Свети Мина“, држел проповед на

словенски јазик.

Како претставник на синајскиот манастир „СветаКатерина“ патувал низ Македонија и се запознал со видни

личности како што биле К. ПејчиновиќПејчиновиќ и Јордан Х. К. –ЏинотЏинот. Во 1837/38 год во Солун отворил печатница за

печатење книги на македонски јазик.

Page 172: Makedonski jazik i literatura II godina

По две-три години таа била зафатена од пожар иобновена со помош на Кирил Пејчиновиќ. Откако втор пат

била опожарена, печатницата престанала да работи, аТеодосие се вратил во родниот град. Преданието вели

дека смртта го затекнала како воденичар.

Во Солунската печатница биле отпечатени пет книги:Буквар со утрински молитви; Краток опис на

Светогорските манастири; Службата на Евреите и сетонивно злодејание; Мал тријазичен речник и Утешениегрешним (Утеха на грешнитеУтеха на грешнитеУтеха на грешните) на К. Пејчиновиќ, за кое

Синаитски напишал Предисловие (Предговор), што е,всушност, негово единствено зачувано дело.

Во Предговорот, Синаитски на почетокот зборува заулогата и значењето на учителите, чие дело останува во

спомен и за пофалба за многу генерации.

Page 173: Makedonski jazik i literatura II godina

Спротивно на учителите, царевите граделе тврдини испоменици за себе, но тоа било погубно и подложно на

заборав.

Еден од тие учители бил и Кирил Пејчиновиќ и за неговели дека ако не беше он, немаше да биде обновена

типографијата (печатницата) наша.

Во вториот дел од Предговорот Синаитски зборува запотребата книгите да се пишуваат на народен јазик.

Народниот јазик го споредува со клуч од железо и челик,кој не се витка, за разлика од стариот јазик кој е како од

злато и сребро, но е неразбирлив и не е корисен.

Синаитски правилно ја сфатил улогата на народниот јазикво ширењето на просветата.

Page 174: Makedonski jazik i literatura II godina

ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ – ЏИНОТ(1821 – 1882)

ЏинотЏинот го вбројуваме во првата генерација нашипросветители и преродбеници од средината на 19. век.Неговата животна судбина е слична со онаа на други

културни дејци од тоа време. Бил клеветен однепријателите на народната преродба (гркоманите). Надвапати бил затворан, еднаш пратен на заточение во

Мала Азија, дури и бил ослепен на едното око. Животот гозавршил во родниот град Велес, каде што повторно

отворил свое училиште.

Џинот бил човек со немирен дух. Отворал училишта уштево Скопје и Прилеп. Нив ги посетувале ученици и од други

градови, бидејќи внесувал новини во начинот напредавањето и го користел народниот (словенскиот) јазик.

Page 175: Makedonski jazik i literatura II godina

Бесот на гркоманите бил толку силен, што Џинот морал даја напушти Македонија и да оди во Белград, каде сезапознал со тамошните културни дејци и прилики.

Покрај учителската дејност Џинот се занимава и сопишување. Го составил првиот буквар за училиштата

наречен Таблица перваја (по углед на Ижице на српскиотпросветител Доситеј Обрадовиќ). Редовно соработувал

со Цариградски весник, известувајќи за положбата воМакедонија. Има објавено една Хронологија, и преработки

на афоризми во две збирки.

Исто така собирал етнографски и други материјали (стариракописи), што ги праќал во Белград. Оставил зад себе

интересни документи и описи на градови и манастири воМакедонија.

Page 176: Makedonski jazik i literatura II godina

Тој дури пројавувал интерес за филозофијата ифилологијата и особено за фолклорот.

Сепак, овде се задржуваме на неговата писателскадејност која е широко разгранета и е со дидактичко-

морализаторска содржина.Автор е на повеќе песни меѓу кои: Плач на скопското

училиште многотрудное, Труд ми е името, Аврора, Горкачаша кнэз Лазара, Реката Вардар.

Џинот во нашата литература го сметаме какоосновоположник на драмската уметност. Напишал повеќе

драми кои ги прикажувал со учениците за време напразниците и на крајот на учебната година. Во нив и

самиот тој учествува. Драмите не му се оригинални, но сесо изразени морализаторски и патриотски чувства. Тука гиспомнуваме: Минерва и девет музи и сербија шетаЕТсја в

земелЬ својих (Србија се шета по своите земји).

Page 177: Makedonski jazik i literatura II godina

Во песната Труд ми е името Џинот ги слави трите човечкидобродетели: мудроста, љубовта и трудот. Нив ги

претставува како три девојки. Ги сака и трите, но најпаче сетрудим // труд да ме зовут судим.

На крајот од песната поетот објаснува зошто трудот гопретпочитува:

„Трудот ште вас научии ште вас обучи

блажено да ступатедобро да творите“.

Во оваа и во другите песни се чувствува одгласот напросветителските идеи од Европа, кои макар и бледо,

допреле до нашите краишта и до нашите творци иучители. Џинот е еден од првите меѓу нив.

Цитат за овој час: Молчание на јазико, моление с јазико. Ј. Х. К. - Џинот

Page 178: Makedonski jazik i literatura II godina

РОМАНТИЗМОТ ВО ЕВРОПА

Француската буржоаска револуција (1789), иако гиизневерила очекувањата на широките народни маси за

еднаквост, братство и слобода, сепак извршилапозитивни промени во француското општество. Конечно,феудалниот поредок бил заменет со нов, буржоаски, но

положбата на селаните и работниците останаланепроменета.

Разочарани биле и претставниците на граѓанската класакако и на собореното благородништво. Чувството на

безнадежност и песимизам ги зафатило и творците науметноста. Некои од нив се помириле со ваквата положба,

но некои го кренале својот глас и се застапувале заподобрување на положбата на угнетените маси.

Page 179: Makedonski jazik i literatura II godina

Настанал еден период на разочараност, во кој доминирасубјективизмот на творците при создавањето на делата,

кој се нарекува романтизам и кој тешко може да седефинира, иако во основа се јавува како реакција на

класицизмот.

Наспроти рационалистичкото сфаќање за славење наразумот, типично за класицизмот, писателите романтичаринегувале посебен однос кон ирационалното, мистичното и

емоционалното.

Во романтизмот се напуштаат однапред определенитеправила според кои ќе се создаваат дела. Доаѓа домешање на стиловите и литературните видови и се

пренагласуваат чувствата. Музиката се смета за највисокауметност.

Page 180: Makedonski jazik i literatura II godina

Романтичарите разочарани од сегашноста, се посветилена проучување на историското минато, или пак копнеелеза некои далечни егзотични земји, сѐ со цел да заборават

на реалноста што ги опкружувала.

Се застапувале за творечки индивидуализам; наопишување на личните доживувања и страсти и на

занемарување на општествената положба. Биле гневни игорди, спремни да се борат за своите идеали и за нив да

гинат (Бајрон). Исполнети со длабок хуманизам, жално сеиздигнувале над средината, која не ги прифаќала.

Жената во нивните дела била возвишена и благородна.Љубовта кон неа била нежна, силна и платонска.

Понекогаш во тоа се претерувало, па нејзе ѝ се даваленатприродни својства.

Page 181: Makedonski jazik i literatura II godina

Слободата на творечкиот израз е исто така одлика наромантизмот. Се занемаруваат границите меѓу одделните

литературни видови. Тоа довело до појава на новилитературни форми.

Лирската поезија ги изразува најдлабоките личнидоживувања. Се усовршува градбата на стиховите, со целпоезијата да се доближи до музиката. Лирски елементи се

внесуваат во епските, па дури и во драмските творби.

Мошне популарни биле историскиот расказ и роман, а запрв пат се јавува и романот во стихови.

Со посебен пиетет романтичарите се однесувале коннародното творештво, во кое се отсликува народниот дух

и јазик. Особено голем интерес се искажувал контворештвото на балканските словенски народи.

Page 182: Makedonski jazik i literatura II godina

Романтизмот не е единствен правец и во погледите што гизастапувале одделните претставници. Се развиле главно

две насоки: едната, реакционерната, ја подржувалеписатели кои потекнувале од редовите на собореното

благородништво, кои со песимизам гледале на иднината,а со љубов биле свртени кон минатото.

Втората, револуционерната насока, ја застапувалеписатели кои потекнувале од редовите на граѓанството

или од ситното благородништво. И тие биле незадоволни,но го кревале својот глас, се бунтувале и повикувале наборба. Тие го создале поимот светска тага – ироничен

однос кон светот што ги опкружувал.

Page 183: Makedonski jazik i literatura II godina

ЏОРЏ ГОРДОН БАЈРОН (1788 – 1824)

Почетокот на 19. век во литературата е тесно поврзан сопојавата на бунтовната природа на Џ. Г. Бајрон и на

неговото творештво. Тоа е време кога во Англијабуржоазијата сосема ја зацврстила својата положба и јаограничила власта на кралот. Но притоа, положбата на

широките народни маси останала тешка и непроменета.

Како припадник на благородништвото на Англија, воГорниот дом на Парламентот, наместо интересите на

класата на која ѝ припаѓал, се застапувал за реформи сокои ќе се подобри положбата на работниците и селаните.Тоа предизвикало реакции кај припадниците на сталежотна кој му припаѓал, но и симпатии кај слободоумните луѓе.

Page 184: Makedonski jazik i literatura II godina

Џ. Г. Бајрон е роден во Лондон, во старо благородничкосемејство. Кога имал 10 години ја наследил титулата лорд.

Се школувал во Хароу и Кембриџ. На 18 годинипод псевдоним ја објавил стихозбирката Часови на

бездејство која била остро нападната од критиката. Какоодговор Бајрон ја напишал сатирата Англиските поети и

шкотските критичари. Во 1809 год. ја напуштил(скандалозно!) Англија на две години и заминал за

Португалија, Шпанија, Грција и Албанија. Во Јанина,почнал да ја пишува поемата Странствувањето на Чајлд

Харолд.По враќањето во земјата, ги објавил делата Гусар(Корсар) и Лара со кои постигнал голема слава. Се

оженил и само по една година, обвинет за неморалнооднесување, се развел и заминал за Швајцарија и

Италија.

Page 185: Makedonski jazik i literatura II godina

Таму водел живот исполнет со љубовни авантури искандали. Од Женева заминал за Грција. Овде продолжил

со пишувањето на недовршеното дело Дон Жуан. ВоГрција се разболел од грозница и починал на 36. годишнавозраст. Посмртните останки подоцна му се пренесени на

семејниот имот во Шкотска.

Зад името на Бајрон стојат триесетина дела. Покрајспоменатите, ги издвојуваме: Манфред и Каин, трагедии;

Абидоската свршеница, Ѓаур,

Пророштвото на Данте, поема; Небо и земја; сатира;Марино Фалиеро, трагедија.

Поемата Странствувањето на Чајлд Харолд енајпознато дело која на авторот му обезбедило место меѓу

најзначајните творци од времето на романтизмот.

Page 186: Makedonski jazik i literatura II godina

Поемата содржи четири песни. Првите две настанале1812, другите – неколку години подоцна (1818). Главниот

лик Чајлд Харолд ги има сите одлики кои му сепрепишуваат на самиот автор. Тоа на делото му дава и

автобиографски карактер.

Впечатоците од патувањата на Чајлд Харолд, всушност, јасочинуваат содржината на поемата.

На почетокот Бајрон нè запознава со главниот лик којпотекнува од благороднички род, кој наместо да се зафати

со некое полезна работа, се оддава на пир и разврат.Презаситен од животните уживања и разочаран од лагатаи лицемерството кои ја задушувале слободата на говорот,

тој решил да ја напушти родната земја.

Page 187: Makedonski jazik i literatura II godina

Го напушта родниот праг гордо, без да се збогува сонекого, без да предизвика солзи на разделбата:

О, збогум роден крај. Ти сивО, збогум роден крај. Ти сивО, збогум роден крај. Ти сивисчезнуваш зад морската шир.исчезнуваш зад морската шир.исчезнуваш зад морската шир.

А ветрот јачи, галеб дивА ветрот јачи, галеб дивА ветрот јачи, галеб дивсо својот пискот руши мир.со својот пискот руши мир.со својот пискот руши мир.На запад сонцето се криеНа запад сонцето се криеНа запад сонцето се криеи ширта морска губи сјај;и ширта морска губи сјај;и ширта морска губи сјај;се губиме по патот ние...се губиме по патот ние...се губиме по патот ние...

О, добра ноќ, мој роден крајО, добра ноќ, мој роден крајО, добра ноќ, мој роден крај!На коработ го теши својот слуга кој дома оставил деца и

жена. Но и се потсмева на верноста на жените.Прошталната песна завршува со стиховите:

Мој корабе, да одиме!Мој корабе, да одиме!Мој корабе, да одиме!Ти сечи бран, на долг сме патТи сечи бран, на долг сме патТи сечи бран, на долг сме пат!

Кај сакаш таму води ме,Кај сакаш таму води ме,Кај сакаш таму води ме,само не во татков катсамо не во татков катсамо не во татков кат.

Page 188: Makedonski jazik i literatura II godina

Наместо утеха и спокој, Чајлд Харолд секаде наидувал наразочарување, наместо слобода, насекаде ропство и гнет.

Таквата положба го прави бунтовник, но недоволнорешителен да измени нешто.

Бајрон е поет со богат речник, со голема дарба да пренесеживотна вистина. Изразните средства му се раскошни,

особено кога ја опишува природата и осаменоста начовекот.

Неговите творби извршиле силно влијание врз многупоети во Европа. По името на Бајрон, тие се наречени

бајронисти.

Цитат за овој час: Раните на љубовта, макар што не секогаш убиваат,никогаш не зараснуваат. Бајрон

Page 189: Makedonski jazik i literatura II godina

АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН(1799 – 1837)

Пушкин е, без сомнение, најголемиот инајпопуларниот руски писател, основоположник на

современата руска литература. Во своите дела го внелнародниот јазик, ја усовршил поезијата и извршил силно

влијание на подоцнежните писатели.

Се родил во Москва во старо благородничко семејство. Вонеговото воспитание важна улога имала негувателката

Арина Родионовна, која Пушкин ќе ја овековечи во своитедела. На 15 години ја напишал својата прва поема. Го

завршил императорскиот лицеј во Царское Село, близу доСанкт-Петербург (денешен Петроград).

Page 190: Makedonski jazik i literatura II godina

Овде се запознал со декабристите, млади офицери кои сеспротивставиле на апсолутизмот на Николај I, кревајќи го

Декабристичкото востание (1825). Постојано бил поднадзор на властите, кои на повеќе пати го прогонувале.

Под строга цензура биле и неговите дела (драмата БорисГодунов била објавена по пет години од кога била

напишана).

По женидбата со убавицата Наталија Гончарова, тие сеучесници на придворното друштво. Му била доделена

најниската дворска титула, кое кај поетот предизвикалореволт, но исто така и гласовите, дека жена му имала

многу обожаватели вклучително и царот. За да ја спасичеста, го предизвикал на двобој францускиот офицер

Жорж Дантес и во него бил смртно ранет.

Page 191: Makedonski jazik i literatura II godina

Властите се плашеле од политички протести и погреботбил извршен тајно на имотот на неговата мајка.

Во творештвото на Пушкин се одразени историските илитературните настани во Русија од првата половина на

19. век. Пишува под влијание на романтичарите, нонајмногу се инспирирал од непресушниот извор на рускиот

фолклор.

Негова прва поема е Руслан и Људмила, а потоаследуваат уште петнаесетина (Кавкаскиот заробеник,Полтава, Цигани т.н.); шест драми (меѓу кои Русалка,

Моцарт и Салиери), многу прозни дела (романитеКапетановата ќерка, Романот во писма, Дубровски,

Пикова дама и т.н.). Напишал многу лирски песни исказни за деца.

Page 192: Makedonski jazik i literatura II godina

Романот во стихови Евгениј Онегин го пишувал во текотна осум години (1823 – 1831) кога поетот бил во творечка

зрелост. Во средиштето на делото е љубовна интрига.Како главен проблем е проблемот на чувството и долгот.

Евгениј Онегин бил пишуван под влијание на Бајроноватапоема Дон Жуан. Иако било време на романтизам, со

многу реализам се опишани ликовите и настаните. Спореднекои критичари Романот е енциклопедија на рускиот

живот од првите две децении на 19. век.

Романот содржи осум глави и секоја од нив може да сесмета како одделна. Во основата на делото се односите

на главните ликови: меѓу Татјана Ларина и Евгениј Онегин;како и меѓу Ленски и Олга.

Page 193: Makedonski jazik i literatura II godina

Главниот јунак Евгениј Онегин, млад благородник, оставасилен впечаток кај Татјана која се вљубува во него. Но тојрамнодушно ја одбива, затоа што смета дека во животот

има поважни идеали од бракот и семејството.

По две години скитање за да заборави на двобојот во којбил убиен Ленски, Онегин повторно ќе ја сретне Татјана.Но сега таа е омажена, жена на генерал и доследна на

своето патријархално воспитание, го одбива. По неколкутеписма до Татјана кои таа со солзи ги чита, ќе сфати декасамо времето ги лечи болките од неостварената љубов.

Онегин личи на Бајроновиот Чајлд Харолд. Му здодеваживотот исполнет со балови и забави и додворување кон

жени. Непостојан е во чувствата.

Page 194: Makedonski jazik i literatura II godina

Ликот на Татјана Ларина поетот го проследува однејзиното детство, поминато во селско благородничко

семејство. Слушајќи народни сказни, станала сериозна вопостапките, суеверна и патријархална.

Нејзиното писмо до Онегин изразува чиста, искренаљубов исполнета со копнеж и страдање:

Јас сум сама. Зар некој мене ме разбира?Јас сум сама. Зар некој мене ме разбира?Јас сум сама. Зар некој мене ме разбира?Но кој е тој? Молчејќи гинам...Но кој е тој? Молчејќи гинам...Но кој е тој? Молчејќи гинам...

Сепак, денес те чекам тебе, мили мојСепак, денес те чекам тебе, мили мојСепак, денес те чекам тебе, мили мој.Татјана била како многу руски жени: емотивна, сонадворешна убавина и верна на својот сопруг...

А. С. Пушкин останува засекогаш најсакан поет, со силнитраги во делата на многу руски и туѓоземни автори.

Цитат за овој час: Непочитувањето на предците е првиот знак набескарактерноста. А. С. Пушкин

Page 195: Makedonski jazik i literatura II godina

РОМАНТИЗМОТ И КУЛТУРНАТА ПРЕРОДБАВО МАКЕДОНИЈА

Започнатиот процес на формирање на македонскатаграѓанска класа продолжил низ целиот 19. век. Развојот на

капиталистичките односи во Турската империја гопоттикнувал и забрзувал тој процес. Не само што растел

бројот на македонските трговци и занаетчии, туку сезајакнувала и нивната економска моќ.

Иако во градовите, заедно со турското, доминантно биломакедонското население, на културен и просветен план,

поради стекнатите позиции од порано, водечка улогаимале грчките и погрчените цинцарски патријаршисти. Зажал, и дел од нашите поимотни граѓани,за да ги зачуваат

своите привилегии и заслепени од туѓата културнатрадиција се приклониле кон нивната пропаганда.

Page 196: Makedonski jazik i literatura II godina

Младата македонска граѓанска класа настојувала накултурно и просветно поле да го ограничи влијанието на

грчкиот елемент, првин преку поставување нашисвештеници во црквите, а потоа и преку назначување на

словенски (македонски) учители. Но тој процес понекогашодел тешко, бидејќи гркоманите со подли клевети

(својствени на фанариотите) пред турските власти госпречувале тоа.

Во слична положба на почетокот од националното будењесе наоѓале и Бугарите. Со заедничка борба било

истиснато грчкото влијание во црквите и училиштата. Ноподоцна, бугарската буржоазија како помоќна, успеала да

го наметне своето присуство во црковно-просветнитеопштини во Македонија под превезот на братски

словенски народи.

Page 197: Makedonski jazik i literatura II godina

Малку подоцна и српската држава која, од порано билаослободена, сакала да го прошири своето влијание во

Македонија, почнала и таа да праќа свои учители и предсè пропагатори.

Во такви околности македонската граѓанска класа моралада се бори против туѓите пропаганди, а истовремено да

поведе и борба за политичко ослободување одосманлиската власт.

Дел од македонските преродбеници го завршиле живототпо турските затвори, дел биле протерани или побегналенадвор од Македонија, но останале да копнеат за неа.

Тие, и оние што останале во татковината, сите заедно, сосвоето дело се вградиле во културната историја на

нашиот народ.

Цитат за овој час: Мирно срце Бога моли,а немирно солзи рони. Народна

Page 198: Makedonski jazik i literatura II godina

СОБИРАЧИ НА МАКЕДОНСКО НАРОДНО ТВОРЕШТВОИнтересот за собирање на народни умотворби особено сезголемил во времето на романтизмот. Многу романтичари

трагајќи по корените на својата историја се нашле наизворите на народното творештво. Сите биле восхитениод духовното богатство, што народниот гениј го зачувал

низ вековите. Настојувале да докажат дека токму нивниотнарод и јазик е најстар, дека тие се потомци на славни

предци и т.н.

Поради познатите околности, интерес за нашето народнотворештво првин покажале собирачи кои не биле од

Македонија: Вук Караџиќ, Стефан Верковиќ и ВикторГригорович.

Page 199: Makedonski jazik i literatura II godina

Вук Караџиќ бил првиот странец кој објавил песни одМакедонија. Иако немал многу познавања за јазикот на којбиле запишани песните, тој правилно воочил дека нивниот

јазик не е ниту бугарски, ниту српски.

Стефан Верковиќ престојувајќи во југоисточниот дел наМакедонија (Серес, Драма), собрал многу народни песни

и ги објавил во 1860 г., додека приказните под насловЈужномакедонски народни приказни (1932), се

издадени по неговата смрт.

Рускиот научник Виктор Григорович, покрај другитезаслуги, кога престојувал во Струга го поттикнал

постариот брат, Димитар Миладинов, да се зафати сособирачка дејност и од неговата мајка Султана запишал

повеќе народни песни.

Page 200: Makedonski jazik i literatura II godina

Во екот на националното будење со собирачка дејност сезафатиле уште и Јордан Х. К. Џинот, Рајко Жинзифов,

Кузман Шапкарев, Васил Икономов, Панајот Гиновски.Кон нив ги придодаваме уште и Марко Цепенков,

(најголемиот прозен фолклорист), К. П. Мисирков, ПетарДраганов (Бугарин, кој се застапувал за посебноста на

македонскиот народ и јазик) и многу други.

Посебно за истакнување се Кузман Шапкарев, чијасобирачка дејност и по обем (во осум тома) и по вредност,

не заостанува зад онаа на Миладиновци; ВасилИкономов со двата зборника, како и Марко Цепенков којне доживеал она што го собрал и запишал да излезе на

едно место. Желбата му ја исполниле неговите потомци итоа во Македонија (во 11 тома!).

Цитат за овој час: Мнозина луѓе си мијат рацете, за да ручат совладиката, а малцина ќе седнат на негова трпеза. Народна

Page 201: Makedonski jazik i literatura II godina

ДИМИТАР МИЛАДИНОВ (1810 – 1862)

Димитар Миладинов е роден во семејството наРисте Миладин. Основно училиште на грчки јазик завршил

во манастирското училиште во „Свети Наум“, каде штобил и измеќар. Училиштето го продолжил во Охрид, а посмртта на учителот, го зазел неговото место. Откако ја

завршил гимназијата во Јанина, ја продолжил учителскатадејност во повеќе места на Македонија.

По судирот со грчкиот владика и гркоманите во Битола, јанапуштил родната земја(1855/56), отишол во Мостар, аоттаму за Сремски Карловци и Нови Сад, каде што се

запознал со видни српски и хрватски преродбеници. Севратил со осознаено словенско чувство и работи на

воведување на народниот јазик во училиштата.

Page 202: Makedonski jazik i literatura II godina

Застанал на чело на народната борба за исфрлање нагрчкиот јазик од училиштата и црквите и за поставувањена наши свештеници. Почнал да собира народни песни идруги умотворби за да ги отпечати во посебна книга, за

како што велел „за да остане во спомен на нашетопотекло, чунки ние све кај се грчиме и Госпо знаи до

крај како ке бидиме“ (цитат од М. Цепенков).

Ваквата ревносна посветеност на народното дело билоповод фанариотите да го наклеветат кај турските власти

дека е руски шпион (праќал на школување во Русијамлади Македончиња), кои го затвориле во Цариградскиот

зандани.

Не помогнале ни интервенциите на надбискупот Ј. Ј.Штросмаер и другите. Во затворот заедно со брата си

Константин ги положиле животите во одбрана на нашиотнарод од елинизација.

Page 203: Makedonski jazik i literatura II godina

Како плод на собирачката дејност на Димитар Миладинов(и Константин), во 1861 година е отпечатен Зборникот под

наслов Б`лгарски народни песни, кој содржи 662народни песни и други умотворби (опис на разни обичаи).Од нив само околу 70 песни се од источните (бугарските)

краишта. Песните се запишани од сите делови наМакедонија, а најмногу од Струшко, Прилепско и Кукушко.

Дел од песните ги запишал Р. Жинзифов.

Зборникот содржи предговор напишан од Константин вокој се искажува значењето на народното творештво за

еден народ.

На крајот е објавен мал македонско-хрватски речник исписок на претплатници од кој се гледа дека Зборникотпредизвикал голем интерес кај луѓе од сите словенски

народи.

Цитат за овој час: Бог ет во срцата на тие, што го бараат. Народна

Page 204: Makedonski jazik i literatura II godina

КОНСТАНТИН МИЛАДИНОВ (1830 – 1862)Константин Миладинов е основоположник на

македонската уметничка поезија и заедно со својот братДимитар го издале Зборникот од народни песни

(1861, Загреб).Константин е најмладиот меѓу шесте синови на Ристе

Миладин и Султана (покрај Димитар и Наум, како и Тане,Мате и Апостол; и двете сестри Ана и Крста). Основното

образование го стекнал кај својот брат Димитар, агимназија завршил во Јанина. Кратко време е учител,

потоа студира класична филологија во Атина, каде штодипломирал 1852 год.

Извесно време повторно е учител во с. Магарево,Битолско, а потоа, откако добил стипендија со помош на

својот брат Димитар, заминува за Русија, каде што воМосква студира словенска филологија.

Page 205: Makedonski jazik i literatura II godina

Тука ги редактирал народните песни што ги собралезаедно со својот брат Димитар и се надевал дека ќе најдеиздавач за да ги отпечати. За жал, руската јавност не била

многу заинтересирана за народните умотворби наБраќата.

Во Москва се дружел со македонски и бугарски студенти изаеднички го уредувале списанието Братски труд. Овде

Константин почнал да ги создава своите творби, подвлијание на народните песни. Тогаш и таму се родила

неговата антологиска песна Т`га за југ. Повод за песнатабило писмото на неговиот брат да остави сè и да се врати

назад во родниот крај.

На враќање во Македонија, во Хрватска се сретнал сонадбискупот Јосип Ј. Штросмаер, голем подржувач на

сесловенската култура.

Page 206: Makedonski jazik i literatura II godina

Штросмаер ќе го помогне издавањето на Зборникот. Но,Константин немал многу време за радување. Во Белградразбрал дека брат му Димитар е затворен во Цариград,

наклеветен од гркоманите како руски шпион. Со помош нанекои влијателни луѓе (меѓу кои и Штросмаер) се обидел

да го ослободи брата си. Но и самиот попаднал возатворот. Во тешки затворски услови починале речиси во

исто време. Првин, понежниот Константин, а неколку денаподоцна и Димитар.

Константин живеел многу кратко и напишал самопетнаесетина песни. Но тие се многу искрени, со длабок

лиризам, испеани во духот на народната песна и нанароден јазик (струшки говор). Тоа го прави поетот близок

до народот на кој му припаѓа.Цитат за овој час: Народните песни се показаљка на степенот наумственото развитие од народот и огледало на неговиот живот.

К. Миладинов

Page 207: Makedonski jazik i literatura II godina

Литературното творештво на Константин Миладинов емало по обем. Песните според мотивите, можеме да

поделиме на љубовни (Бисера, Голапче, Желание, Начуждина, Думание); на социјални (Сираче, Скрсти); на

родољубиви (Т`га за југ) и т.н.Т`га за југ е песната во која авторот ја искажува силната

желба час поскоро да се врати во родниот крај:Орелски крилја как да си метнех,и в наши ст`рни да си прелетнехна наши места ја да си идам,

да видам Стамбол, Кукуш да видам,да видам дали с`нце и тамомрачно угревјат, како и вамо.

Во наредните стихови Константин ја опишува својататешка душевна состојба, предизвиканаод суровата руска

зима (но и од студениот прием на кој

Page 208: Makedonski jazik i literatura II godina

наидувал во врска со објавувањето на Зборникот).Ако и во родниот крај сонцето мрачно свети, тој е

подготвен да замине на пат далечен, каде тоа светло грее.Во песната сонцето истовремено е симбол на слободата,

по која копнее поетот. Песната завршува со стиховите:Таму по с`рце в кавал да свирам,с`нце да зајдвит, ја да умирам.

Во песната Голапче поетот ги опева најнежните љубовнитрепети, обраќајќи му се гулапчето (кое пак е симбол на

моминска убавина):Ја ке те тебе назобим се со дробнаго бисера,ја ке те чува секога, мое ми мило, в пазува.

Во песната Бисера најубаво се гледа влијанието нанародната песна врз неговата поезија. И овде поетовата

љубов е искрена и чиста.

Page 209: Makedonski jazik i literatura II godina

Во Желание е опишана срамежливата љубов на едномомче кое копнее по средба со саканата девојка, но и се

плаши како ќе излезе пред неа.

Во една од социјални песни (Сираче), авторот пее затешката положба на децата, кои останати без родители,

биле изложени на сурова експлоатација и навреди.

Значењето на Константин Миладинов како поет, меѓудругото, се состои и во тоа што тој во својот поетски опит

целосно се потпира на духот на народната поезија.Неговата лирика е со издржана форма и со современатематика. За разлика од некои други преродбеници, гокористи народниот јазик, без примеси од други јазици и

затоа песните му се така едноставни и разбирливи.

Цитат за овој час: Ваќај пријатели арни и чесни,да ако се и троа сиромаси. Народна

Page 210: Makedonski jazik i literatura II godina

РАЈКО ЖИНЗИФОВ (1839 – 1877)Рајко (Ксенофон) Жинзифов е современик на

Константин Миладинов и Григор Прличев. Забележливе неговиот придонес како поет и како борец за

ослободување од турското (политичко) и грчкото(духовно) ропство.

Роден е во Велес во семејство на фанариотски учител.Кога татко му Јоан Ѕинѕиф станал учител во Прилеп,тогаш неговиот син Ксенофон се запознал со Димитар

Миладинов, кој ја разбудил кај него словенската народнасвест. Си го сменил грчкото име Ксенофон, со словенското

Рајко.Во следните две години Рајко е помошник учител во

Кукуш, а кога добива стипендија со помош на Д.Миладинов и П. Зографски, заминува за Русија за да

студира словенска филологија во Москва.

Page 211: Makedonski jazik i literatura II godina

Во Русија се дружи со студенти од Македонија и Бугаријаи посебно со Константин Миладинов, кому му ги предавасобраните песни од Димитар Миладинов и своите, за дабидат редактирани и отпечатени во Москва. Соработува ибил уредник на Братски труд во кој ги објавува песните и

дел од публицистичките трудови.

Студиите ги завршил во 1865 година. Следната година јапосетил родната земја. И повеќе не се вратил. Во Русијаработел како гимназиски професор во повеќе градови.

Со својата писателска и новинарска дејност целосно билпосветен на напорите за ослободување на својата

татковина. Разочаран што Русија не покажувала интересза да помогне, осамен и далеку од роднините, умира во

Москва.

Page 212: Makedonski jazik i literatura II godina

Литературната дејност на Жинзифов е разновидна и,сепак, не толку скромна. Тој се јавува како поет,

раскажувач, публицист, собирач на народни умотворби,преведувач од руски, украински и чешки јазик и т.н.

Жинзифов напишал 39 песни, една поема, Крвавакошуља, расказот Прошедба и повеќе препеви. Иако

песните немаат еднаква уметничка вредност, сите имаатеднаков емотивен и родољубив набој, почнувајќи од

првата Питање и одговор.

Во многу од нив се пее за тешката положба на нашитеселани, подеднакво експлоатирани од турските

поробувачи и грчките фанариоти:

„Кому он дават свој имот?На агата и в Царев град

и на хитар, зол фанариот“.

Page 213: Makedonski jazik i literatura II godina

Љубовта кон родната земја е опеана во песните Охрид,Сон. Во песните Бессоница, На чуждина, го искажуванемирот и страдањето во бессоните ноќи, затоа што не

може да му помогне на својот народ:

...„Што ви направихте книги многубројни?Ви каков донесохте плод?

Усмалихте ли м9ки безбројниНа горкијѓт тој ми народ“...

Со таква интонација е испеана и песната Глас. Нејзинатасодржина можеме да ја поделиме на два дела: во првиот

дел ја опишува својата душевна состојба, а во вториотслуша повик (глас) од татковината да не се разочарува,

туку да се врати и да се бори за нејзиното ослободување:

...„Безумец, безумец, душа ти ленива, -Јас чух невиден и таен глас“-...

Page 214: Makedonski jazik i literatura II godina

Народниот глас го повикува:„Истреби трнје, исчисти троскот,

изорај бесплодна нива да дадит плод“.Во случајов бесплодната нива е поробената татковина,трњето и троскотот турскиот поробувач и фанариотите.

Во расказот Прошедба, Жинзифов дава верна слика наположбата на македонското село од средината на 19. век.Иако ги нема сите елементи на расказ ( повеќе прилега на

репортажа), во ПрошедбаПрошедбаПрошедба преку интересни дијалозиЖинзифов ги прикажува односите меѓу селаните и

свештениците (владиците). Повод била венчавањето напоследниот син на дедо Стојан, кој морал да плати и

натплати, зашто синот донел дома бегалка! Женидбата гочинела 3000 гроша иако владиката (Грк) барал многу

повеќе.

Page 215: Makedonski jazik i literatura II godina

Темата во расказов е прошетката до едно македонскосело, а пораката се открива преку поговорката: На золНа золНа зол

трн, зла копачкатрн, зла копачкатрн, зла копачка. Односно, само со борба народот можеда се ослободи од тиранијата и ропските пранги.

Творештвото на Жинзифов го одразува настроението настрадалник, кој се прекорува самиот, кој е далеку од

татковината и кој сака да се стави на располагање насвојот народ.

Што се однесува до јазикот во неговите дела, тој енароден македонски. Но, во него има многу примеси од

бугарскиот и од рускиот јазик. Самиот Жинзифов гонагласува бугарофилството во многу творби. Но, тоа не

може да биде пречка да не се почитува и сака човекот штострадал и што ја делел судбината со својот народ.

Цитат за овој час: Ако сакаш голема лажица, тогаш земи и големамотика. Народна

Page 216: Makedonski jazik i literatura II godina

ГРИГОР ПРЛИЧЕВ (1830 – 1893)Григор Прличев е, без сомнение, најголемото

поетско име на македонскиот 19. век. Со поематаСердарот си обезбеди место меѓу најзначајните творци

кај јужнословенските народи од времето нанационалната преродба.

Прличев истовремено е голем борец против грчкотодуховно ропство и за воведување на народниот јазик во

училиштата. Тој ќе се откаже од сите почести што муприпаѓале како лауреат на конкурсот за најдобра поема на

грчки јазик, за да го продолжи преродбенското дело набраќата Миладиновци.

Неговата замисла да се создаде еден општословенскијазик како благородна идеја за зближување на сите

Словени ќе му донесе исмејување и потполноразочарување.

Page 217: Makedonski jazik i literatura II godina

Прличев неспорниот свој талент ќе го подреди на тааидеја, бидејќи не го познавал добро, и не сакал да гоприфати како таков, бугарскиот јазик, за што ќе биде

силно исмејуван од младите бугарски критичари.

Основните податоци за себе поетот ни ги дава во својатаАвтобиографија, напишана во Солун. Во неа дознавамеи за многу општествени настани од тоа време. Тој уште одмал, без татко, ги почувствувал социјалните неправди што

им се нанесувале на сиромашните луѓе.

Солидно образование стекнал кога за учител во Охриддошол Д. Миладинов. Самиот Прличев малку време ќе

биде учител, а потоа заминал за Атина да студирамедицина и да ја лекува болната нога. Таму повеќе сеинтересирал за литературата, отколку за медицината.

Page 218: Makedonski jazik i literatura II godina

Во 1860 год. за поемата Сердарот (О Арматолос) биловенчан со ловоров венец и бил прогласен за „втор

Хомер“. Се здобива со слава која набргу ќе ја замени сотага и гнев поради смртта на своите сонародници, браќатаМиладиновци. Се вратил во Охрид и застанал на чело насограѓаните за исфрлање на грчкиот јазик од училиштата.

Како одмазда, од фанариотите бил наклеветен кајтурските власти и затворен во охридскиот, а потоа во

дебарскиот затвор.

Покрај писателската и преведувачката дејност (гипрепевал Сердарот и Илијадата повеќе пати), Прличевдолги години бил учител и професор во Тирана, Охрид,Битола, Струга, Габрово и Солун. Последните години ги

поминал во Охрид, осамен и разочаран.

Page 219: Makedonski jazik i literatura II godina

Прличев е автор и на поемата Скендербег (3702 стиха),на песни за деца со дидактичка содржина (збирката

Воспитание или 12 песни), и на повеќе слова.Неодминлива е и песната 1762. лето, своевидна химна

против грцизмот тогаш и секогаш.Сепак, поемата Сердарот, во чија основа е вткаена

херојската борба на легендарниот јунак Кузман Капидан,на авторот ќе му донесе бесмртна слава. Прличев успеалсо едноставни изразни средства, со лапидарен стил, но ина мирен, епски начин да пренесе детали од подвизите на

Кузман Капидан.Основната тема во делото е борбата на нашиот народпротив насилствата на разбојничките банди на Гегите.

Темите за борбата се општи и ги има кај многу народи. Но,во поемата таа е силно возвишена, со спојување на

хомеровското и народното изразување.

Page 220: Makedonski jazik i literatura II godina

Идејата на авторот е да се слави човечкото достоинство,храброста и јуначката саможртва за татковината.

Сердарот е над сè прослава на народната слобода иповик на поетот таа да се брани.

Поемата има само 912 стиха кои се распоредени вострофи од по четири стиха кои се римувани. Првиот и

третиот стих се со по петнаесет слогови, вториот ичетвртиот имаат по осум слога.

Поемата започнува со приказ на положбата на народот одГаличник и Река. За да биде поуверлив Прличев приописот на трагедијата, ја користи стилската фигурасловенска антитеза, карактеристична за народната

поезија.Пискотници се слушаат од Галичник во Река.Пискотници се слушаат од Галичник во Река.Пискотници се слушаат од Галичник во Река.

Што тешка несреќа ги збраШто тешка несреќа ги збраШто тешка несреќа ги збраи мажите, и жените, та гласи тажна екаи мажите, и жените, та гласи тажна екаи мажите, и жените, та гласи тажна ека

и навева сал коб и злаи навева сал коб и злаи навева сал коб и зла?

Page 221: Makedonski jazik i literatura II godina

Во завршната строфа на проширената фигура поетот јаискажува причината за загриженоста на селаните:

„Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,Тој сердар прочут падна в бој,Тој сердар прочут падна в бој,Тој сердар прочут падна в бој,

и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,а да ги брани нема која да ги брани нема која да ги брани нема кој“...

Понатаму со епска спокојност, својствена на Хомеровиотстил, а на места со силна драматика, Прличев ни го

предава сижето на поемата.Во основата на поемата, слично на сижето на Крвава

кошуља на Жинзифов, се прикажува судбината на мајкавдовица чиј син единец е убиен од разбојници и кој зад

себе остава свршеница.Во Сердарот Прличев успеал да прикаже повеќе ликови:Кузман Капидан, мајката Неда, свршеницата на Кузман,Марија. Патем верно ги отсликува четворицата Албанци;

Томе, таткото на Марија и т.н.

Page 222: Makedonski jazik i literatura II godina

Кузман е храбар и достоинствен. Тој бара чесна борба соразбојниците. Тој е гласник за одмазда на угнетените.Сепак, хероина, главен лик во поемата е мајката на

Кузман, Неда. Таа е храбра и одважна жена, спремна даго продолжи делото на својот син единец.

Но и други борци ќе воскресне РекаНо и други борци ќе воскресне РекаНо и други борци ќе воскресне Рекаи водач нивни ќе излезам в гораи водач нивни ќе излезам в гораи водач нивни ќе излезам в гора...

Прличев за Кузмановата мајка ќе каже на едно место воАвтобиографијата дека опишаната во „Арматолос“ Недадека опишаната во „Арматолос“ Недадека опишаната во „Арматолос“ Неда

не е друга, освен мајка мине е друга, освен мајка мине е друга, освен мајка ми. При крајот на поематаПрличев го внесува ликот на Марија, свршеницата на

Кузман. Откако судбината ја разделува од свршеникот,таасе заветува:

„Ќе служам јас во домот божји,Ќе служам јас во домот божји,Ќе служам јас во домот божји,во црна руба ќе бидам вечно тажна јасво црна руба ќе бидам вечно тажна јасво црна руба ќе бидам вечно тажна јас“.

Page 223: Makedonski jazik i literatura II godina

Поемата завршува со импресивна слика. По многу годинина гробот на Кузман изникнале цвеќиња; доаѓале девојки

и со песни го кителе гробот.Но секоја приквечер некаква сенка во расоНо секоја приквечер некаква сенка во расоНо секоја приквечер некаква сенка во расо

в раце маслениче носи.в раце маслениче носи.в раце маслениче носи.Нажалена гледа кандилото да не се згаси;Нажалена гледа кандилото да не се згаси;Нажалена гледа кандилото да не се згаси;

гробот со солзи го роси.гробот со солзи го роси.гробот со солзи го роси.Несреќниот створ го познаваат овдека сите:Несреќниот створ го познаваат овдека сите:Несреќниот створ го познаваат овдека сите:

Марија, беше, на ТомеМарија, беше, на ТомеМарија, беше, на Томе.Поемата Сердарот е напишана во класичен стил, но е

срасната со нашето поднебје и го одразува духот нанашиот народ.

Цитат за овој час: Вера имало од века и ќе има до века.Народна поговорка

Г. Прличев, сопругата Анастасија,синот Кирил и ќерката Деспина