magisterska vujadin kozomora. (1)

148
УНИВЕРЗИТЕТ "СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" БИТОЛА ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО-ОХРИД МАГИСТЕРСКИ ТРУД Кандидат: Ментор: Вујадин Козомора Проф.д-р Митре Аврамоски Бр.индекс 201 Охрид, 2012

Upload: kapusevska4775

Post on 07-Nov-2014

203 views

Category:

Documents


1 download

TRANSCRIPT

Page 1: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

УНИВЕРЗИТЕТ "СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" БИТОЛА

ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО-ОХРИД

МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Кандидат: Ментор:Вујадин Козомора Проф.д-р Митре АврамоскиБр.индекс 201 Охрид, 2012

Page 2: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 1

Содржина

Вовед

- Предмет на истражувањето

- Значење и актуелност на истражување

- Цел на истражувањето

- Хипотези на истажување

- Методи на истражување

- Структура на истражување

1. Осигурителните компании како дел од стопанските организации

1.1. Дефиниција на осигурувањето

1.2. Функции на осигурувањето

1.3. Елементи на осигурувањето

1.4. Осигурителните компании како учесници на финансискиот пазар

2. Влијанието на светска економска криза врз макроекономските и социјалните

фактори во Република Македонија.

2.1 Глобалната финансиска криза и последиците по стопанство на Република Македонија.

2.2 Социјална слика на Република Македонија во услови на финансиска и должничка

криза.

3. Состојби на пазарот на осигурување во Европа

3.1. Структура на осигурувањето

3.2. Развиеност на осигурувањето

3.3. Инвестиционата активност на осигурителните компании

3.4. Број на осигурителни компании

4. Пазарот на осигурување во Македонија

4.1 Улога и значењето на Народна банка на Р.Македонија и Агенција за супервизија во

дејноста на осигурување, на домашниот пазар на осигурување

4.2.1 Развој на осигурувањето во Република Македонија

4.2.2. Сопственичка структура на друштвата за осигурување во Македонија

4.2.3. Oрганизација на осигурителниот пазар во Република Македонија

Page 3: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 2

4.3.1.. Агенција за супервизија на осигурувањето

4.3.2. Друштва за осигурување во Република Македонија

4.3.2.1. Акционерско друштво за осигурување и реосигурување “Кјуби”

1. Основање и промени

2. Организациона структура на АД „К

3. Видови на услуги - класи на осигурување

4. Корисници на осигурителните услуги

5. Финансиски резултати

6. Визија и вредности

4.3.2.2. Акционерско друштво за осигурување „Вардар “

1. Основање и промени

2. Видови на услуги - класи на осигурување

3. Корисници на осигурителните услуги

4.3.2.3. Акционерско друштво за осигурување „Еуролинк“

1. Основање и промени

2. Организациона структура на АД „Еуролинк“

3. Видови на услуги - класи на осигурување

4. Корисници на осигурителните услуги

4.3.2.4. Акционерско друштво за осигурување „Осигурителна полиса“

1. Основање и промени

2. Организациона структура

3. Видови на услуги - класи на осигурување

4. Корисници на осигурителните услуги

4.3.2.5. Акционерско друштво за осигурување „Албсиг“

1. Основање и промени

2. Организациона структура 3. Видови на услуги - класи на осигурување

4.3.2.6. Акционерско друштво за осигурување „Еуроинс“

1. Основање и промени

2. Мисија, визија и идни планови

4.3.2.7. Акционерско друштво за осигурување „Кроација”

1. Основање и промени

Page 4: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 3

2. Видови на услуги – класи на осигурување

4.3.2.8. Друштво за осигурување „Сава Табак“

1. Основање и промени

2. Видови на услуги – класи на осигурување

4.3.2.9. Акционерско друштво за осигурување „Уника“

1. Основање и промени

2. Корисници на осигурителните услуги

3. Организациона структура

5. Перспективи за разој на осигурителните претпријатија во Македонија.

- Заклучок

- Користена литература

Page 5: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 4

1. Вовед

Колапсот на Американскиот финасиски систем во изминатите четири години

негативно влијаеше на глобалниот економски и финасиски систем во светот.

Намалувањето на расположивите финасики средства како последица на падот на

ликвидноста влијаеше на поскапување на кредитите, и тоа доведе до успорување на

стопанскиот развој во светот. Финасиската криза со голема брзина се прошири и имаше

погубни ефекти на глобалнатга економија: голем број компании банкротираа и милиони

луѓе останаа без работа. Македонија како земја која минува низ транзициони период и

припаѓа на групата земји во развој, индиректно го осети домино ефектот на глобалната

финасиска криза.

Први видливи знаци на светската економска криза во Македонија се забележаа во

финасискиот сектор ( паѓање на ликвидноста и отежнатата реформа на финсиските

институции) најнапред на пазарот на капитал во вид на повлекување на странските

инвеститори. Пред настапување на наведените кризи, финасискиот систем на Република

Македонија забрзано се развиваше, беа воведени современи регулативи и беа

воспоставени нови финасиски институции кои допринесоа на одржување на макро –

економската стабилност. Податоците за Македонија кажуваат дека од 2000 до 2008 година

е забележан значаен реален пораст на домашниот бруто производ со просечна стапка на

пораст од 5,4% на годишно ниво. Со настапувањето на светската економска криза падна

животниот стандард и се смали БДП од 3% што е лош знак за финасискиот сектор и за

гранката осигурување, која пред кризата се развиваше нешто со побрзо темпо од

очекуваното.

Длабоката рецесија, основната карактеристика на микро – економскиот амбиент на

Р.Македонија во кои работат осигурителните претпријатија, резултат е како на домашното

општествено – економско така и на кризата на финасискиот пазар во светот. Развојот на

Page 6: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 5

осигурувањето претставува поволно тло за напредување на националната економија.

Покрај својата примарна функција (заштита на осигурениците и надокнадата на штетата

во случај на настапувањето на осигурен случај ) осигурувањето врши и секундарна

функција која се гледа во мобилизацијата на слободните средства (пред се кај животните

осигурувања). Собраните парични средства можат да се користат во решавањето на

проблематичните економски прашања и исто така и во процесот на поттикнување на

развојот на националната економија.

Осигурителните претпријатија како институционални инвеститори се важни

учесници на финасискиот пазар, пред се на пазарот на капиталот. Нивното значење и

актвноста се огледуват како во обезбедувањето на финасиската стабилност така и во

јакнењето на конкуренцијата на финасискиот пазар. Осигурителните претпријатија во

иднина многу лесно можат да ја превземат водечката улога на финасиски инвеститори,

бидејќи располагаат со големи износи на капитал кој го инвестираат во различити

сегменти на финасикиот пазар. Набљудувајќи ја динамиката на развојот на светското

осигурување изминатите десетина години се гледа пораст во учество на осигурувањето на

светскиот пазар во споредба со другите финансиски институции.

Со влегување во сила на новиот Закон за осигурување на Р.Македонија оформена е

Агенција за супервизија на осигурување и реосигурување која со успех ја реализирала

заштитата на интересите на осигурениците односно корисниците на осигурувањето.

Владата на Р. Македонија активно работи на интегрирање во Европска Унија така што ги

прилагодува правните прописи во областа на осигурувањето со важечките ЕУ прописи.

Со влегување во сила на Законот за осигурување и формирање на Агенција за

супервизија на осигурување покренати се големи промени на пазарот на осигурување во

Р. Македонија. Новиот закон јасно ги дефинира правните прописи со кои се врати

изгубента доверба на граѓаните во секторот на осигурувањето, кое со години пред тоа

непостоеше заради економската и политичка нестабилност во земјата. Најзначајните

промени во доменот на регулирање на солвентност а во областа на осигурување на ниво

на ЕУ претставува директивата Solvenci II чиј почеток на примена е предвидена за

октомври 2012 година. Клучно барање кое директивата Solvenci II го наметнува на

осигурителните претпријатијата е управување со ризици и алокација на одредена

големина на капиталот за покривање на тие ризици, при што по прв пат во капиталните

Page 7: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 6

побарувања (покрај директниот, пазарниот и ризик на осугурување) вклучува

оперативниот ризик. На пазарот на осигурување со донесување на новиот закон направено

е извесно померување во зголемување на премијата од 283 милиони денари во 2004 на 7,2

милијарди денари во 2011 година. И покрај остварените пропишани премии, темпото на

пораст од година во година значително се смали во структурата на остварената премија.

Во осигурувањето доминира неживотното осигурување кои во испитаниот период чинеше

околу 94,5% од вкупна премија. Животното осигурување како најзначајно влијание во

вкупната премија во 2010 година забележа двоструко поголемо учество во однос на 2004

година .

Во однос на просекот на членките на ЕУ во кои премијата на осигурување по жител

изнесува 2009 Евра и чинеше 8% БДП вкупна премија по жител, во Р.Македонија во 2010

година имаше 51 Евро по глава на жител и во БДП учествуваше со 1,5%.

I. ПРЕДМЕТ НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Предметот на истражување е заснован на анализа на актуелната состојба и

перспективите на развој на домашниот осигурителен пазар.

- Теоретско одредување напредметот

Проучувањето на постојните сознанија за пазарот на осигурување во развиените земји

на Европа, Р.Македонија и земјите на нашето окружување се заснива на научни

претпоствки размислувања и заклучоци врз основи на кои ќе ги анализираме сите

понатамошни ставови во предметот на истражување. Теоретска анализа на предметот на

истражувањето ќе биде подржана со сознанија коко од меѓународната и домашната научна

и стручна литература така и со најактуелните истражувања од еминентни и глобално

признати институции односно сознанија на автори кои во своите трудови ја анализирале

проблематиката која е предмет на ова истражување.

Page 8: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 7

- Операционално одредување на предметот.

Во фокусот на истражување е домашниот сектор на осигурување во услоите на светска

економска криза и негова компаративна анализа со земјите во окружувањето и со

државите членки на ЕУ.

Временско одредување на предметот на истражување е од седум години, и тоа од 2004

до 2011 година. Бидејќи новиот Закон за осигурување на Р.Македонија јасно ги дефинира

првичните прописи за обавување дејност на осигурување, во истражувањето е земено као

почетно.

- Просторно одредување на предметот на истражување

Најпрво се анализира пазарот на осигурување на одредените членки на ЕУ а потоа се

врши компаративна анализа на Р. Македонија, одбраните земји во регионот ( Словенија,

Румунија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска), поради споредување на

нивото на развиеност на домашниот сектор на осигурување.

- Дисциплинарно одредување на предметот на истрожување.

Спроведеното истражување има мултидисциплинарни карактер бидејќи се

анализираат макроекономските, социјалните и финасиските фактори кои влијајат на

развојот на дејноста осигурување.

II. ЗНАЧЕЊЕ И АКТУЕЛНОСТ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Светска економска криза која минатите четири години го потресе целиот свет не го

заобиколи западниот балкан и Р. Македонија, земји кои сеуште минуваат низ

транзициониот период. Р. Македонија ќе го осети вистинскиот домино ефект на

глобалната економска криза која беше причина на многу банкротирања на финасиски

институции во светот. Надминувајќи ја динамиката на развојот дејноста осигурување во

Европа во период од 2005 до 2011 година забележуваме зголемување на учество на

осигурителните компании во однос на другите финансиски институции. Иако секторот на

осигурување во услови на светска економска криза одигра важна улога и им пружи

Page 9: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 8

подршка на другите финасиски институции таа не беше изолирано на финасискиот пазар

и негативните ефекти ги почуствува низ смалување на нивото на капиталот и на

финасискиот потенцијал. Спрема податоците кои на почетокот на 2010 година ги објави

БЛОМБЕРГ (BLOOMBERG)1) дејноста наосигурување во услови на светска економска

криза претрпе загуба од 261 милијарда долари. Посматрано по региони негативно

влијание на кризата прво се осети на Американскиот пазар на осигурување, чии штети се

проценуваат на 189 милијарди долари а го следеше Европскиот пазар со околу 69

милијарди долари. Заклучно со 2010 година најголеми загуби во дејноста осигурување

забележаа осигурителните компании:

- АИГ (AIG) – рекордни 98,2 милијарди долари

- ИНГ Груп Н.В. (ING Gropur N. V.) – 18,6 милијарди долари

- Амбак Финанцијал Груп Лне ( Ambac Financial Group Lne) – 12 милијарди долари

- Аегон НВ (Aegon NV) – 10,7 милијарди долари

Премиите на осигурување во ЕУ во 2008 година изнесуваа 1001 милијарди евра од

што најголелмо учество имаше Велика Британија со приближно 25% а ја следеја Франција

Германија и Италија чие заедничко учество изнесуваше 44% од премиите во ЕУ ( 183,5

милијарди Евра Франција, 164,5 милијарди Евра Германија и 92 милијарди Евра Италија).

Најмало учество во премиите на осигурување имаа во 2008 година: Малта 307 милиони

Евра, Естонија 401 милион Евра и Литванија 480 милиони Евра.

Во портфолиото на осигурителните компании доминираа животните осигурувања

кои во 2008 година учествуваа со 61% додека неживотните осигурувања ги преставуваше

останатите 39%. Во 2008 година пазарот на осигурување во Европа забележа пад на

премиите на животно осигурување за 10% при што најголем пад на премиите се

забележани во Луксембург, Ирска, Италија и Унгарија. За разлика од животните

осигурувања кои во 2008 година бележаа паѓање на премиите, неживотните осигурувања

во однос на претходните години стагнираа и останаа на ниво од 415 милијарди Евра.

Најголемо учество премиите на неживотно осигурување остварија Велика Британија,

1) BLOOMBERG, Информативна компанија од областа на бизнис, економија,политика,видео и мултимедија.

Page 10: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 9

Франција, Германија и Италија кои во 2008 година заедно учествуваа со околу 60% од

вкупните премии на неживотно осигурување во ЕУ.

Густината на осигурување во земјите на ЕУ во 2008 година изнесуваше 2009 Евра

што во однос на претходната година е намалување за 11,5%. Пенетрацијата на пазарите на

осигурување во ЕУ во 2007 година е 9,1% и истата во 2008 година падна на 8%, при што

пенетрацијата на неживотните осигурувања стагнира на ниво од 3% а животните се

смалија од 6% на 5%.

Република Македонија во регионот кој се анализираше во испитаниот период од

2004 до 2011 година се наоѓа значително под просекот на премии на ЕУ бидејќи премиите

на осигурување се неколку пати помали. Што се однесува на структурата на осигурување

за разлика од земјите на ЕУ чии пропорции од животно према неживотно осигурување

изнесуваат 2 : 1, структурата на осигурување во Р. Македонија (94,5% неживотно

осигурување према 5,4 животно) и земјите во окружување беа дијаметрално спротивни.

Имајќи ја во предвид актуелноста на оваа тематика, значењето на испитување се огледа во

реалното прикажување на фактичката состојба и на перспективите на понатамошниот

развој на пазарот на осигурување во ЕУ, Р.Македонија и одбранитге земји во регионот.

III. ЦЕЛИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Истражувањето во научна смисла поаѓа од веќе познатите теоретски ставови и

концепции за предметното истражување и во својот најголем дел е фокусирано на

емпириско истражување. Научна цел на ова истражување е откривање на научни

сознанија за состојбата на дејноста осигурување во Р.Македонија, и државите членки на

ЕУ во услови на светска економска криза и перспективите на нивните идни развои, како и

нивното влијание на развојот на финасискиот сектор.

Од аспект на општествената цел истражувањето треба да допринесе:

- Попрецизни согледувања на улогата и значењето на дејноста осигурување на

домашниот финасиски пазар во контекст на идните развојни можности,

- Подобро разбирање на односите кои постојат помеѓу макроекономските и

социјалните показатели од една страна и финансискиот систем и дејноста

осигурување од друга страна,

Page 11: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 10

- Унапредување на дејноста и позицијата на дејноста осигурување на финансискиот

пазар на Р. Македонија,

- Дефинирање на позицијата на домашниот пазар на осигурување низ споредување

со државите од окружувањето и државите на Европа,

- Подобро согледување на правните регулативи релевантни за дејноста осигурување,

- Развој на функциите надзор и контрола кои на територијата на Р. Македонија ги

обавува Агенцијата за супервизија на осигурување и реосигурување,

- Согледување на потребите за поттикнување на развојот на животното осигурување

кое во структурата на домицилното осигурување има мал удел.

Општествената оправданост на истражувањето произлегува од фактот што дејноста

осигурување се соочува со бројни проблеми и предизвици поради што е потребно

интензивирање на истражувачките напори кои можат да допринесат кон подобро

согледување на моменталната состојба и перспективите на развој на дејноста осигурување

во Р. Македонија.

IV. ХИПОТЕЗИ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Во истражувањето се поаѓа од генералната хипотеза дека домицилната дејност

осигурување е недоволно развиена бидејќи според сите битни показатели се наоѓа под

просекот на развиеност како спрема членките на ЕУ така и земјите во окружување. Од

оваа хипотеза се изведува низ посебни хипотези:

- Дејноста осигурување значително влијае на развојот на економијата на земјата во

целина,

- Помеѓу дејноста осигурување од една страна и економскиот и социјалниот развој

на земјата од друга страна, постои тесна взаемна врска,

- Дејноста осигурување значително допринесува за развојот на финасискиот пазар,

посебно пазарот на капиталот,

Page 12: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 11

- За домашниот пазар на осигурување може да се каже дека е во развој, но дека има

големи потенцијални можности пред се за развој на животното осигурување,

- Постојаниот финанскиски систем во Р.Македонија може да се окарактеризира како

банкоцентричен,

- Со донесување на новиот Закон за осигурување се створија поволни

институционални услови за развој на дејноста осигурување во Р. Македонија,

- Владата на Р. Македонија со Агенцијата за супервизија на осигурување и

реосигурување ја презеде функцијата, надзор, воспостави ефикасна и интегрирана

супервизија на целиот сектор на осигурување.

V. МЕТОДИ НА ИСТРАЖУВАЊЕ

Врз основа на поставените цели и хипотези на ова истражување одбрани се научните

методи кои со своите комбинации го сочинуваат методот на работењето. Земајќи ги во

предвид специфичностите на изучуваниот предмет на истражување а со цел задоволување

на основните методолошки барања ( објективност, веродостојност, општост и

систематичност) во истражувањето се користат следните научни методи:

- Основни методи: метод на анализа и синтеза, индуктивна и дедуктивна метода,

метода на дескрипција и метода на компарација,

- Општо научни методи: историско компаративни методи, метод на прибирање на

податоци: метод на студија на случај, метод на набљудување, метод на анализа на

документите,

- Посебни научни методи: метод на класификација.

Page 13: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 12

VI. СТРУКТУРА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО

Магистарскиот труд покрај воведот и заклучок и прикажаната литература има пет

поглавја.

Воведниот дел се базира на предметот на истражување, на неговото значење и

актуелност. Понатака се утврдени целите, поставени се хипотези, дефинирани се методите

на истражување и даден е краток опис на структурата на работењето.

Во првиот дел на трудот фокусот е на карактеристиките и основните обележја на

финансискиот пазар и интермедијарните институции. Со цел на укажување на сличности и

разликите на институционалните инвеститори и на остантите учесници на финансискиот

пазар, посебно се истакнуваат нивните перформанси во работењето. Покрј тоа даден е

преглед на основните елементи и функции на осигурување и начинот на вложување од

страна на осигурителните компании на финансискиот пазар.

Во второто поглавје тежиштето е на најзначајните макро економски и социјални

показатели во период од 2004 до 2011 година и проекции за нареден период.

Во третиот дел на истражувањето даден е краток преглед на моменталната состојба

на пазарот на осигурување во ЕУ. Анализирани се следните критериуми на дејноста

осигурување: вкупна остварена премија на осигурување, структура портфолио на

осигурување (неживотно и животно осигурување) нивото на развиеност на пазарот на

осигурување на ЕУ ( густина и пенетрација на осигурувањето), инвестициони активности

на осигурителните компании во ЕУ и бројот на осигурителни компании.

Во четвртиот дел на истражување се базира на прикажувањето на преглед на

случувања на домашниот пазар на осигурување во услови на светка економска криза.

Најнапред ја истакнуваме улогата и значењето на Агенцијата за супервизија на

осигурување и реосигурување на Р. Македонија, домашниот пазар на осигурување и

обавување функција на надзор и контрола на домашниот финасиски систем. Посебен

осврт во анализа на незаконитоста во работењето на осигурувачот и на напорите кои ги

чини Агенцијата за супервизија на осигурување и реосигурување и како да се спречат

истите.

Во понатамошниот текст укажавме на моменталната состојба на дејноста на

осигурување во Р. Македонија и ја проучивме целата структура на домашниот финасиски

пазар ( врз основа на два критериума: капиталот и билансните суми ) а потоа направена е

Page 14: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 13

детална анализа на основните критериуми во дејноста осигурување. Најпрво ја

анализиравме премијата и структурата на премијата на осигурувањето, потоа го утврдивме

степенот на развој на домашниот пазар на осигурување и го дефиниравме бројот и

сопственичката структура на осигурителните претпријатија. Накрај направивме анализа на

консолидованиот биланс на состојба на осигурителните претпријатија.

Во последениот петти дел дадени се перспективите на развој на домашниот

осигурителен пазар.

На крајот следуват и заклучните согледувања по целокупната проблематика.

Page 15: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 14

I ДЕЛ

ОСИГУРИТЕЛНИТЕ КОМПАНИИ КАКО ДЕЛ ОД СТОПАНСКИТЕ

ОРГАНИЗАЦИИ

Финасискиот пазар претставува организирано место на кое што, под одредени

услови,се сретнуваат понудувачи и побарувачи на пари, капитал, девизии. Како резултат

на понудата и побарувачката се формира цена, односно каматна стапка на парите,

капиталот и девизите.2) Со други зборови финасискиот пазар е организирано место на кое

се среќаваат понудата и побарувачката за различити облици на финансиски инструменти

при што постапката за обавување финасиска трансакција докажува постоење на

финасискиот пазар.

Финасискиот систем покрај финасискиот пазар опфаќа финасиски инструменти

(хартии од вредност) и финасиски институции, кои претставуваат посебен

институционален механизам за извршување на функцијата на финансискиот пазар.

Финасиски институции кои се најважни учесници во трговијата со хартии од

вредност меѓусебно се разликуваат по својата функција, улогата и обележјата кои ги

имаат. Меѓутоа она што е заедничко за сите финасиски институции е улогата на

интрмедијаторот односно посредникот кој работи така што собира финасиски средства,

преку слободни сопствени парични средства кои понатака се усмеруваат кон дефицитарни

субјекти .

Финасиските посредници можеме да ги поделиме во четири големи групи:3)

1. Традиционални или класични посредници ( банки, штедилници и др.),

2. Колективни инвеститори ( инвестициони компании, взаемни фондови и др.)

3. Брокерско – дилерски институции ( берзански посредници ) и

2) Трајкоски Бранко,Деловни финансии со финансиски менаџмент,Еконимски факултет – Прилеп,Прилеп 2002,стр.1293) Васиљевиќ Б. Основи финансиског тржишта , Економски факултет, Белград, 2006, стр.79

Page 16: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 15

4. Институционални инвеститори ( осигурителни компании, пезиски фондови,

финасиски компании, и др.).

Банките, штедилниците и кредитните задруги ја чинат првата група финансиски

институции, традиционалните или класичните посредници. Банките, како финасиски

институции кои во оваа група на пазарот имаат најголем удел, обавуваат функција на

посредник така што го превземаат ризикот на себе. Покрај класичниот ризик, како што е

ризикот на работењето, тука се други ризици како што е кредитниот ризик, ризикот на

ликвидноста и ризикот на каматните стапки. Во светот денес покрај појавата на

глобализација присутни се и нови облици на ризик: ризици на девизните курсеви, ризици

на новите банкарски операции, пазарни ризици и други облици на ризик. На финасискиот

пазар на Р.Македонија банките се сеуште најбројните финасики институции. Учеството на

банките на светскиот финасиски пазар се смалува од година во година поради појава или

развој на веќе постојните финансиски институции, како што се осигурителните компании,

лизинг компаниите и пензиските фондови. Со други зборови, опаѓањето на учеството на

банките на пазарот како и смалување на остварениот профит, последица е на зголемување

на конкуренција од финасики институции на финасискиот пазар. Поради тоа во светот е

честа појавата една финансиска институција покрај банкарските работи да се занимава со

работи од осигурување, лизинг услуги, берзанско посредување и рботи од пензискиот

фонд.

Другата група финансиски институции ја чинат колективни инвеститори во кои

спаѓаат: Инвестициони компании и взаемни фондови. Брокерско-дилерските институции,

ја чинат третата група финасиски институции, се занимаваат со посредување на берзата.

Берзата се дефинира како простор на кој се тргува со хартии од вредност а тргувањето го

обавуваат берзански посредници, брокери и дилери. Брокерите тргуваат со финансиски

институции во име и за сметка на клиентот, додека дилерите работат во свое име и за своја

сметка.

Четвртата група на финасиски институции ја чинат институционални инвеститори

во кои спаѓаат: пензиските фондови, осигурителните претпријатија, финансиските

компании и задужбините. Према критериумите за учество на финасикиот пазар во оваа

група се и осигурителните компании, на кои во овој труд и понатамошен текст ќе биде

посветено најмногу внимание. Осигурителние компании се важни учесници на

Page 17: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 16

финасискиот пазар, првенствено на пазарот на капитал и во групата на институционални

инвеститори, заедно со пензиските фондови, кои се издвојуваат по големина на

финансиски средства кои им стојат на располагање.4)

Осигурувањето, покрај банкарскиот сектор претставува најважна финасиска

институција, која има главна улога во економијата на секое стопанство. Пазарот на

осигурување почнува да се развива шеесетите години од минатиот век кога е забележено

постепено зголемување на учество на институционални инвеститори во вкупниот

финансиски имот. Врз основа на податоците кои ќе следат ( Табела 1 ), може да се

заклучи дека депозитните институции (комерцијални банки, штедно кредитните

организции и кредитните задруги ) пред половина век сочинувале 50% од вкупниот

финасиски имот, додека во 2009 година учествуваат со приближно 38%.

Табела 1. Релативно учество на финансиски институции во вкупниот

финансиски имот во светот.

1960 1970 1980 1990 2002 Осигурителните друштва

Животни 19,6% 15,3% 11,5% 12,5% 13,6% Неживотни 4,4% 3,85 4,5% 4,9% 3,7% Пензиони фондови Приватни 6,4% 8,4% 12,5% 14,9% 14,7% Државни 3,3% 4,6% 4,9% 6,7% 7,9% Финансиски компании 4,7% 4,9% 5,1% 5,6% 3,2% Инвестициони фондови Акции и обаврзници 2,9% 3,6% 1,7% 5,9% 10,6% Пазар на пари 0,0% 0,0% 1,9% 4,6% 8,8%

Депозитни институции Комерцијални банки 38,6% 38,5% 36,7% 30,4% 29,8% Штедно-кредитни организации 19,0% 19,4% 19,6% 12,5% 5,6% Кредитни задруги 1,1% 1,4% 1,6% 2,0% 2,3% В К У П Н О 100,0% 100,0% 100,0% 100,0% 100,0%

Извор:Мискин(Mishkin F).Монетарната економија ,банкарство и финансиси пазар,

стр.289.

4) Bank for Sattments (BIS), Institutional Investitoris, Global Savings and Asset Allocation, CGFS Papaers,February 2007,No.27,p.2,www.bis.org/publ/cgfs27.pdf

Page 18: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 17

Осигурителните организации се финансиски институции кои го превземаат ризикот

на своите клиенти во замена за надохнада (премија на осигурување).

Тие делуваат како финасики посредници, ја прифаќаат премијата за да потоа со

покривањето на своите трошоци и вкалкулирање на разумен профит, останатиот фонд го

користат во вид на исплата на одштетни побарувања.5) Субјектите на осигурување со

купување на полиса пренесуваат свој ризик на осигурителот и така се осигуруваат од

несреќни настани. Со уплата на премија на осигурување, осигурителните компании

создават свои фондови од кои ќе можат да исплатуваат надомест доколку осигураниот

случај се случи. Значи, обврската на осигурителната компанија ( во вид на обештетување)

настанува во оној момент кога ќе се случи осигураниот случај. Покрај тоа, осигурувањето

подразбира одредено долгорочно вложување ( кога зборуваме за животното осигурување )

или вложување на краток или среден рок кога е во прашање неживотното осигурување.

Осигурувањето претставува механизам за собирање финасики средства на пазарот.

Како и други финасиски институции и осигурителните компании ги мобилизираат

финасиските вишоци, штедењето на граѓаните, кои потоа ги усмеруваат према

дефицитарни субјекти. На тој начин тие претставуваат интрмедијарни финасиски

институции, бидејќи со продавањето на полисите на доживотното осигурување

осигурителните компании го мобилизираат штедењето а во случај на смрт на

осигуреникот плаќат надомест на членовите на семејството што претставува еден вид на

договорено штедење од една страна и осигурување на финасиска загуба на семеството во

случај на прерана смрт од друга страна.6)

Суштината на работењето на осигуритгелните компании се состои во давање

услуги на осигурување од можни несакани случувања во иднина.

Осигурителите се обврзуваат дека ќе дадат услуга на осигурување и ќе извршат

исплата на штета во случај на несаканиот настан, додека од друга страна, осигурениците

имаат обврска да во текот на одреден период на осигурување плаќаат одредени суми пари,

премии за осигурување.7)

Осигурителните компании на финасискиот пазар настојуваат да пронајдат

единствени методи и стратегии на работа со чија помош ќе остваруваат одржива

5) Крстиќ Б.,Банкарство, Економски факултет во Ниш,1997,стр 916) Ибид,стр.867) Јованоски Тихомир,Економика на осигурување,Еуро-Мак Скопје,2005,стр.23

Page 19: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 18

конкурентска предност. Со други зборови да би обезбедиле долгорочен опстанок на

пазарот, тие својата понуда максимално ја прилагодуваат на потребите и барањата на

потрошувачите. Осигурувањето спаѓа во групата на услужни дејности во која

осигуреникот плаќа премија на осигурување а осигурувачот за возврат превзема ризик на

себе, ги задоволува потребите на потрошувачите и ги врзува за компанијата. Како

финасиски посредници осигурителните компании прифаќаат премија за да после

подмирување на своите трошоци и вкалкулирање на разумен профит остатокот на фондот

го користат во вид на исплата на отштетни побарувања ( оперативно управување ).8)

Премиите се познати, така да лесно може да се предвидат во трошоците на компанијата.

Дека пазарот на осигурување покажува тренд на зголемување на премиите на осигурување

најдобро покажуваат податоците во табелата два во која се гледа дека вкупната премија на

осигурување во светот во 2009 година во однос на 2006 година и покрај негативните

фактори на светската економска криза порасна за 10,6% ( премијата на животното и

неживотното осигурување поединечно забележа- околу 12% ).

Табела 2. Премија на осигурување во светот во период од 2006 до 2009 година во

милијарди USD..

ЖИВОТНО НЕЖИВОТНО ВКУПНО2006 2.125.791 1.549.100 3.674.8922007 2.441.823 1.685.762 4.127.5862008 2.439.294 1.780.776 4.220.0702009 2.381.566 1.734.529 4.066.095

Извор: WWW. Iii. Org. International Insurance Fact Book 2010 do 2011, Vorld Overview.

1.1. Дефиниција на осигурувањето

Осигурување спаѓа во групата на услужни дејности каде што осигурителните

претпријатија вршат работи во врска со оригурување на имоти и лица, со исклучок на

работите од социјално осигурување.9)

8) Јованоски Тихомир,Економика на осигурување,Еуро-Мак, Скопје,2005,стр.279 )Аврамоски Митре,Економика на претпријатијата,Факултет за туризам и угостителство Охрид, Охрид 2000, стр.36

Page 20: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 19

Осигурувањето е мултидисциплинарна област во која се преплетуваат правни

елементи, економски, историски, актуарски и социолошки аспекти при што секоја од

овие науки осигурувањето го дефинира на својствен начин. Како мулти дисциплинарна

наука, осигурувањето најчесто се гледа од економски, правен и технички аспект. Од

економски агол осигурувањето може да се дефинира како финасиска трансакција која се

обавува меѓу осигурителни компании и осигураниците во услови на настанување на

осигуренлучај.

Правниот аспект на осигурување се заснова на проучување на правата и обврските на

договорените страни ( осигуреник – осигурувач ) додека техничкиот аспект на

осигурување користи математичко – статистичка анализа со што се уредува

функционирањето на осигурувањето. Со техничкиот аспект на осигурување се

воспоставува актуарската служба на осигурителните компании која врши групирање на

ризикот према различни опасности, земајќи го во обзир степенот на вероватноста за

настанување на осигуран случај. Врз основа на овие податоци актуарската служба ја

пресметува висината на премијата која осигуреникот во зависност од врстата на полисата

на осигурување треба да ја плати на осигурувачот. Изложеност на ризик за поединци

претставува страв од губење на имотот или своите најмили, страв од повреда, траен

инвалидитет, пожар, поплава и други природни непогоди. Зборот осигурување значи

пружање сигурност, безбедност и заштита од ризик. Основно значење на осигурувањето

е да даде сигурност и економска заштита на осигурениците ( правните и физички лица )

од штетни случувања и економски пореметувања до кои доаѓа, односно кога ќе дојди до

осигуран случај. Во основа на осигурувањето се наоѓа заштитата од ризик, исклучиво

чисти ризици. За разлика од шпекулативните ризици кај кои се можни исходи на губиток

и добивка, чистите ризици дозволуваат негативни (губиток ) и неутрални (без губиток)

резултати. Во случај на настанување на штетата, осигурителните компании имаат

обврска извесни губитоци да ги исплати, односно да ги обештети.Осигурувањето

можеме да го дефинираме како заедница на случајни ризици, кои ризикот го пренесуваат

од осигуреникот на осигурувачот кој прифаќа да го обештети осигуреникот во случај да

се реализира истата да обезбедат останати парични надохнади ако им се случи губиток

или да им пружи услуги поврзани со ризикот10). Оваа дефиниција на осигурувањето се

10) Rejde G.E.Principles of Risk Menagement and Insurance, Addison Wesley,Nev York,2005,str.20

Page 21: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 20

потпира на начелата на солидарност и взаеамност, зошто претставува здружување на

луѓе кои се изложени на исти опасности од настанување на штети и кои заеднички ја

поднесуваат штетата а која во иднина ќе го снајде некој од нив. Со други зборови

осигурувањето има две основни обележја:

1. Можност на пренесување на ризикот од поединец на група и

2. Поделба на ризикот на сите членови на групата.

Осигурувањето во најширока смисла значи заштита на имотните интереси на

физичките и правните лица, во случај на реализација на ризикот односно настапување на

осигурен сучај, на сметка на фондот на осигурување формиран со наплата на премија на

тие лица. Покрај тоа осигурувањето е и инструмент со кој поединецот и заменува помал

одреден износ ( премии) за поголем неизвесен финасиски губиток (неизвесност од која

осигуруваме) кои би постоел да нема осигурување.

Задачата на осигурувањето е да упрвува со ризиците на што поефикасен начин и

да обезбеди стабилен развиток на националната економија (на прво место воспоставување

национална сигурност ) стимулирајќи на тој начин одговорно однесување на стопанските

субјекти према своите имоти и граѓани не само спрема имоти туку и спрема своето здравје

и обезбедување на својата старост.

1.2. Функции на осигурувањето

Осигурувањето како многу комплексен финасиски механизам на финасискиот

пазар да ги обавува следните шест функции:11)

1. Функција на чување на имотот

2. Финансиско акумулациона функција

3. Општествено – социјална функција

4. Функција на потиснување на ризикот

5. Фунција на ефикасна алокација на капиталот 11) Николоски Александар,Осигурување во бизнис,Факултет за Туризам и угостителство,Охрид,2005,стр.15

Page 22: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 21

6. Функција на ефикасна алокација на ресурсите

1.- Целта на осигурувањето е финасиска стабилност на осигураникот, па затоа е

функцијата чување на имотот е најбитна функција на осигурување. Поради настанување

на осигурен случај, осигурителната компанија има обврска да на осгуреникот му ја

исплати договорената парична сума. Денес во современото осигурување покрај обврската

исплаќање на штетата, осигурувачите настојуват да ги спречат негативните случувања кои

можат негативно да делуваат ( финасиски и психички) на луѓето. Функцијата на заштита

на имот може да се јави во два облика: во вид на непосредна заштита на имотот

(непосредно осигурување ) и во вид на посредна заштита на имотот ( посредно

осигурување ).

Непосредната заштита на имотот може да се посматра како превентивна и како

репресивна. Додека превентивната функција на осигурувањето превзема мерки кои се

користат за спречување на причините кои би можеле да доведат до несреќен случај,

репресивната функција на осигурување служи за сузбивање на настанатите штети на

имотот. Субјектите се служат и со превентивни и репресивни мерки на осигурување:

превентивни кога сакаат да се заштитат од несакан несреќен случај, а репресивни кога

настојуват да ги отстранат причините за настанување на штета и несреќни случивања.

Посредна заштита на имот се подразбира парично обештетување после настанување на

осигураниот случај. Овде треба да се нагласи дека осигурителлната компанија неможе да

делува, а ни да го спречи настанувањето на несречниот случај туку само може да ги

осигура субјектите или нивниот имот од можен ризик.

Доколку се случи штета која е со полисата на осигурување договорена се врши

надокнада на осигураниот случај. Надокнада претставува главна функција на

осигурувањето и може да се анализира од два агли: од перспектива на интерес на

поединец и од општестен интерес. Гледано од агол на поединец осигуреникот треба да

биде обештетен оној момент ког штетата ќе се случи. Во услови на настанување на

осигурениот случај осигуреникот добива надокнада која му е преку потребна како од

економски така и од морален (психолошки) аспект. Гледано од општествен агол

механизмот на осигурување помага на општеството во обновување на оштетениот или

уништениот имот. Тоа значи дека осигурувањето се појавува како елемент на стабилност

во производството бидејќи однапред организира обновување на она што би можело да

Page 23: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 22

биде, уништено и така овозможува континуитет на одвивање на процесот на производство

кој без него би бил нарушен.

2.- За разлика од функцијата чување (заштита) на имотот, која е примарна

функција на осигурувањето, акумулационата функција претставува секундарна функција

на осигурувањето.

Осигурителнаата компанија врши акумулација на праичните средства на база на

уплатената премија од корисниците на осигурувањето, така што собира поединечни мали

премии од осигурениците во осигурителниот фонд, така се формираат големи парични

средства, со кои тие финансираат големи инвестициони проекти и со тоа позитивно

влијаат на економскиот пораст во замјата. На тој начин механизмот на акумулација

допринесува за подобрување на животниот стандард на луѓето, бидејќи создава

материјален фонд кој е од значење како за поединецот така и за општеството и за

стопанството.

Фондот на осигурителните компании наменски служи за исплатување надоместок

на осигурениците од договорите за осигурување во моментот на настанување на

осигурениот случај.

Со исплатата на паричните средства од фондот за осигурување се остварува

финасиската функција на осигурувањето. Според тоа, осигурувањето не е ништо друго

туку механизам за собирање на парични средства кои ,, ги пренаменува од мали уплати на

премји во големи парични стредства,,12)

Обавување на оваа функција на финасискиот пазар на осигурување претставува

еден вид на штедење13). Меѓута, овде теба да се направи јасна разлика помеѓу калсичниот

облика на штедење во комерцијалните банки и штедење во сигурувањето. Класичниот

облик на штедење претставува слобода во одлучувањето на субјектот своите пари да ги

депонира во некоја од комерцијалнитге банки како и за одреден период ги орочи и добива

камата. За разлика од традиционалниот облик на штедење, во осигурувањето покрај

моментот на одлучување се јавува и ризик кои ,,принудува,,човекот да се осигура од

несреќен случај.

12) Кочовиќ Ј.,Шулејиќ П., Осигурање, Економски факултет, Белград,2006,стр.5213) Ибид,стр.57

Page 24: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 23

Во осигурувањето акумулацијата на финасиски средства претставува еден вид

штедење во полисите на животното осигурување.

3.- Општествено – социјалната функција на осигурувањето се состои во тоа да ги

подобри условите за живење на луѓето. Таа се заснова на принципите на солидарност и

взаемност, кои меѓусебно зависни претставуват основа на постоење на осигурување.

Општествено- социјална функција може да се јави во два облика: Непосредно /преку

осигурување на лица/ и посредно/низ имотното осигурување или низ механизмот на

акумулацијата на осигурувањето/.

Непосредната општествена-социјална функција се базира на осигурувања на лицата

од смрт, доживување болест или инвалидитет при што осигурувачот обезбедува

материјални средства во моментот на настанување на болеста или смрта. Непосредната

друштвено социјална функција на осигурувањето на тој начин е директно поврзана со

животнотото осигурување, кое обезбедува идни потреби на осигуреникот и има карактер

на штедење.

Посредната општествено-социјална функција подразбира или осигурување на имотот

или механизам на акумулација. Осигураното лице, кое со осигурувачот склучило договор

за имотно осигурување за имотно осигурување има право на обештетување доколку

настани штета на осигурениот имот и тогаш осигурителната компаниа е должна на

осигуруреникот да му ја исплати осигурената парична сума и да му обезбеди средства за

реконструкција на веќе постојниот објект или изградба на нов објект.

4.- Доколку компаниите сакат сигурно да работат на глобално ниво, своите работи

мора да ги осигуруват. Остварување на добивка од продавање на производи и услуги на

светскиот пазар подразбира почитување на стандардите на осигурување на стоката и

услугата, додека неосигураните работи компаниите можат да ги доведат до банкротство и

пропаѓање. Компаниите кои своите работи ги изложуваат на ризик, се осигуруваат и така

остваруваат компаративна предност во однос на своите конкуренти. Бидејќи ниедна

компанија несака да работи со неосигурувани субјекти, дејноста осигурување ја

поттикнува размената на стоки и услуги како и трговијата помеѓу стопанските субјекти.

5.- Функција на ефикасна алокација на капиталот представува собирање

финансиски информации за стопанските субјекти. Како физичките и правните субјекти

немаат доволно расположиво време и финансиски можности да се занимаваат со ова

Page 25: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 24

тематика осигурителните компании во нивно име пронаоѓат финансиски средства и за нив

проценуваат ризичност во работењето во одредени компании.

1.3. Елементи на осигурување.

Осигурување има три основни елементи. Тоа се : 14)

1. Ризик

2. Премија на осигурување и

3. Осигурен случај

Ризикот претставува опасност дека несаканиот настан ќе се елучи и ќе предизвика

економска штета. Суштината на ризикот е неизвесност на остварување на некој иден

случај. Постоењето на ризикот е предуслов за осигурување, бидејќи ако нема ризик

непостои можност од економско покритие. Земајќи го во предвид фактот дека терминот

ризик може да се гледа и анализира од повеќе различни аспекти јасно е дека тој во

теоријата има повеќе значења. Од економско – технички аспект ризикот можиме да го

дефинираме како веројатност дека ќе се случи некој штетен економски настан. Ризикот

можиме да го објасниме и од аспект на правната регулатива по која тој претставува

можност на ,,настанување,, на неизвесен случај кој независи од волјата на

заинтересираните лица чие осигурување е дозволено од јавниот поредок и морал,, 15)

Премијата на осигурувањето претставува вториот важен елемет во

осигурувањето. Терминот премија потекнува од два латински збора праемиум (premium),

што зачит награда и примум (primum) што зачит први. Во теоријата е поприфатлив

вториот превод бидејќи е договaрачот во договорот за осигурување (потпишувањето

полиса на осигурување), осигуреникот има обврска на осигурителната компанија

(осигурувач) да и плати премија на осигурување, а осигурувачот за возврат на себе го

превземи ризикот и обврската дека ќе ја исплати штетата (обештетување) во моментот на

настанување осигурениот случај.Премијата на осигурување е цената на осигурување,

односно цената на услугата кој осигурителната компанија му ја пружа на осигурениот

субјект. Некои автори премијата на осигурување ја дефинираат како цена на ризикот.

Ризикот претставува најзначаен елемент кој ја утврдува висината на премината, но не е 14 )Николоски А. Осигурување со елементи на актуарска анализа ,Економски факултет Скопје, 2001, стр.4515) Кочовиќ Ј. Осигурање, Економски факултет во Белград, Београд, 2006, стр.84

Page 26: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 25

единствен. На висината на премијата покрај ризикот влијајат и осигураната парична сума

и должината на траењето на осигурувањето.

Клучна улога во разојот на современото осигурување (пресметување на премијата

на осигурување ) имаше законот на големите броеви кој е заедно со статистичко –

матаматичката теорија на веројатноста, несреќните случувања, кои беа непредвидливи ги

претвораат во предвидливи појави.

Законот на големи броеви го формулира уште во 17 век Швајцарецот Јакоб Бернули

(Jackob Bernuli) а покасно гo проширува францускиот математичар Симон Денис Писон

(Simon Denis Pison). Овој закон и денес претставува основна теорија на веројатност и

статистика. Суштината на законот на големите бројки е во посматрање на голем број

случувања, при што се воочува правилноста на едно случување (до колку бројот на

посматраните случувања е поголем, отстапувањата се помали). Оваа појава можеме да ја

објасниме со пример фрлање на паричка. Доколку паричата ја фрлиме во воздух

веројатноста дека ќе се сврти на глава е еднаков дека паричката ќе падне на писмо (50%)

меѓутоа доколку паричката ја фрлиме повеќе од еднаш на пример десет пати, може да се

случи паричката да падне на писмо седум пати ( 70%), иако евистинската веројатност на

падот е 50%. Меѓутоа, доколку паричката би ја фрлиле 100.000 пати вистинскиот број на

појавување на глава и на писмо би бил приближно по 50.000. Доколку бројот на

повторување е поголем, помали се отстапувањата од одчекуваниот резултат.

Актураската служба на осигурителните компании има задача да ја определи

веројатноста на настапување на економски штетни случувања врз основа на кои се

утврдува премијата на осигурување. Спрема законот за осигурување имоти и лица

самоовластени актуари можат да пресметуваат премии на животно осигурување, при што

утврдените премии нетрпат нестручност и импровизација. Веројатноста за настанување на

штета може точно да се утврди доколку во однос се стави вкупниот број на субјекти (који

доживеле и кои недоживеале несреќен случај) и вкупен број на лица кои немале несреќен

случај.

Вкупен број на лица(кои доживеле и кои недоживеале несреќен случај)

Веројатност на настанување штета = ---------------------------------------------------------- Број на лица кои немале несреќен случај

Page 27: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 26

И двете договорни страни во осигурувањето (осигурувач и осигуреник) стеквуваат

одредена корист од процесот на осигурување. Гледано на пример од пракса тоа изгледа

вака. Субјектот поседува имот во вредност од 100.000 евра ( под претпоставка дека покрај

овој имот тој не поседува ништо друго). Веројатноста на настанување на несреќниот

случај е 10% (0,1), што значит дека веројатноста дека несречниот случај нема да се случи

90% (0,9). Ако поединец не го осигура својот имот, се изложува на ризик да во случај на

настанување на штета неговиот имот нема да вреди ништо. Меѓутоа со плаќање премија

на осигурување, субјектот го префрлува ризикот на осигурителната компанија која на

основа на математички формули и на теоријата на веројатноста ја пресметува вредноста

на имовината на лицето по настнувањето на осигурениот случај. Математички

претставена вредноста на имотот на субјектот ќе биде 90.000 евра, а очекуваната корист

на имотот 90 единици.

100.000x0,9+ 0x0,1= 90.000 100x0,9+0x0,1=90

Осигреникот на осигурувачот со склучување на договорот плаќа бруто (вкупна)

премија на осигурувањето. Неопходно е премијата на осигурувањето да се плаќат

однапред затоа што вкупен ризик ( вкупното осигурување во секој момент мора да биде во

можност да одговори на обврските. Бруто премијаата се состои од нето премија и

режискиот додаток.

Бруто премија=Нето премија+Режиски додаток

Бруто премијата може да сепресмета по следната формула БП = (НП +К*С/1000*к + АТ)/1000

при што е : НП- нето премија, К – капитал, С – стапка, к – коефицијент, АТ –административни трошоци

Режискиот додаток или бруто додаток (служи за покривање на трошоците за

работење (административни трошоци) и се состојат од:

1.- Аквизициони трошоци, кои претставуваат трошоци на пребивања и склучување на

договорот. Секоја осигурителна компанија сака да си обезбеди нови осигуреници и затоа

Page 28: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 27

ангажира аквизитери (застапници на осигурувањето). Трошоците на прибирање на

осигурувањето или ,,први трошоци,, ги чинат паричните средства кои осигурувачите ги

уплатуваат на аквизитерите по прибавување на осигурување. На висината на

аквизиционите трошоци влијае способноста на аквизитерот, бројот на склучени полиси на

осигурување, форма на осигурување, развиеност на осигурителната компанија и слично.

2. Инкасо трошоци или трошкови на наплата на премија. После потпишување на

договор за осигурување осигуреникот има обврска да плаќа премија на осигурување.

Осигурителните компании ги палаќаат своите инкасатори, кои се грижат за наплата на

достасаните премии. На инкасантот (агентот) осигурувачот му одобрува инкасо провизија,

односно процент од премијата на осигурување.

3. Управни, административни или режиски трошоци во кои спаѓаат

организациони и оснoвaчки трошоци, инвентар, заработка на вработени, даноци,

канцелариски трошоци (телефон, канцалариски материјали).

4. Трошоци на превенција во чие спроведување учествува осигурителната компанија.

5. Такси, даноци и други давачки.

Нето премија служи за исплата на надоместок на осигураните случаји. Нето премија се

состои од додаток на превенција и технички премии.

Нето премија = додаток за превенција + техничка премија

Додаток за превенција претставува фонд за превентива, со кој се спречуваат и

намалуваат штетите, додека техничката премија служи за израмнување на ризикот во

осигурувањето (од неа се покриваат настанатите штети). Средствата на технички резерви

за осигуреникот претставуваат гаранција доколку со сигурност и профитабилно се

вложени. За да се извбегнат шпекулативните активности на финасискиот пазар,

вложувањето на средствата на техничките резерви од осигурителните компании е под

строга контрола на Народна банка на РМ. (табела 3)

Техничката премија на осигурувањето се добива со статистички методи и висинаата

на оваа премија зависи од ризикот, осигураната сума, должината на траењето на

осигурувањето и окаматување на пласираните средства на осигурителните компании.

Ризикот, осигураната сума како и должината на траење на осигурувањето се во директна

корелација со големината на премијата, додека каматната стапка е обратно

пропорционално на големината на премијата на осигурување.

Page 29: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 28

Техничката премија се дели на ризико и штедна премија, при што ризико премија ги

покрива сите штети настанати во тековната година и точно одговара на ризикот од

осигурениот случај. Штедната премија е присутна само кај животното осигурување и

служи за временско изедначување на ризикот.

Техничката премија=ризико премија+штедна премија

Штедната премија се состои од математичката премија( која претставува облик на

штедење) и премијата на сигурност со која се надокнадуваат катастрофалните штети и

гарантира солвентност на осигурителните компании. Еден дел од штедната премија се

акумулира во осигурителните фондови во вид на математичка резерва во животното

осигурување. Кај животното осигурување од година на година присутно е зголемувањето

на ризикот. Според начелото на сразмерна премија и ризик зголемувањето на ризикот

значи и поголема премија на осигурување. Меѓутоа, кај животното осигурување во

првите години на осигурување се плаќа поголема премија од реалниот ризик, кој во

иднина се смалува и служи како покритие на поголемиот ризик. Тоа значи дека за

животното осигурување осигуреникот плаќа просечна премија на ризик.

Математичка резерва се пресметува посебно за секој договор за живоно осигурување,

при што собраните парични средства исклучиво се користат за исплаќање идни обврски

од животното осигурување. Со други зборови, математичката резерва се утврдува за

секоја полиса и за секој осигуреник посебно, при што осигурувачот мора да го известува

осигуреникот за начинот на располагање со средствата од осигурувањето доколку

осигураникот тоа го сака. Кај осигурувањето на имот техничката премија е еднаква на

ризико премијата, бидејќи неживотните осигурувања во себе не содржат моменат на

штедење.

Штедна премија=Математичка премија+Сигурносна премија

Третиот елемент на осигурувањето е осигураниот случај кој претставува

реализација на ризикот, случај кој однапред е дефиниран со полисата на осигурување и со

чие настапување осигурителната компанија има обврска за обештетување на осигураното

лице додека осигураникот според договорот за осигурување има обврска штетата да ја

пријави во утврдениот рок.

Page 30: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 29

1.4. Осигурителните компании како учесници на финасискиот пазар

Факт е дека осигурителните компании се битен сегмент на финасискиот пазар и дека во

иднина можат лесно да ја превземат позицијата на водечки финасиски инвеститори. Како

дел од групата на институционални инвеститори, осигурителните компании располагаат

со големи износи капитал (кој повеќе не се рачуна во милиони туку во милијарди евра)

кои ги инвестираат во многу сегменти на финасискиот пазар пред се/ на пазарот на

капитал.

При пласирањето на слободни парични срества осигурителните компании мораат

да водат сметка за заштита на осигуреникот. Во планирањето на активностите на

финансискиот пазар осигурителните компании, поаѓаат од предвидувањата на идниот

прилив на срества (за осигурителните компании тоа се уплатените средства по основ на

склучените полиси на осигурување). Вкупниот остварен приход на осигурителните

компании претставува производ на бројот на склучени полиси на осигурување и висината

на премиите.

Приход на осигурителните компании = н Полиса X Висина на премијата

Каде е н број на склучени полиси.

Компаниите во секој момент мораат точно да знаат колкави се нивните трошоци.

Доколку хипотетички претпоставиме дека осигурителната компанија моментално нема

обврска за исплата по основ на барање на осигуреник, можно е точно да се одредат

моментални вишоци на средства. Во реалното работење осигурителните компании не го

знаат точниот износ на парични средства кои ќе мораат да ги исплатат на осигурениците

поради настанување на осигуран случај. Поради тоа значајно е правилно да се креира

структурата на активата, односно слободните средства да се пласираaт така што

максимално да се испочитуваат принципите профитабилност и ликвидност. За да се

оствари минимална добивка (во висина на просечна каматна стапка остварена на пазарот

на капиталот) осигурителната компанија мора да направи селекција на своите пласмани и

паметно да вложува во некоја од следните категори:

1. Недвижности,

2. Хипотекарни хартии од вредност,

3. Обврзници,

4. Акции и

Page 31: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 30

5. Да депонираат парични средства кај банките и другите финасиски организаци.

Во инвестирање на финасискиот пазар осигурителните компании одбираат

извесност и сигурност па затоа внимателно ги структуираат своите портфолио финасиски

инструменти во кои инвестираат. Секоја инвестиција на осигурителните компании при

инвестирање мора да задоволи два основни принципа:

1. Голем степен на заштита од ризик на своите осигуреници и

2. Остварување на што поголем принос на пласираните средства.

Осигурителните компании во изборот на инвестиционите активности имаат

ограничени можности па заради тоа се принудени поконзервативно да вложуваат во

харии од вредност. Со други зборови, при формирањето на портфолио осигурителните

компании се обидуват да го елиминираат ризикот на вложување при што им помагаат и

регулативите на Народна банка на Р.Македонија.

Според Одлуката на Народна банка на Р.Македонија секоја осигурителна компанија

има во обврска да формира техничка резерва чии можности на вложување на

финансискиот пазар се дадени во следната табела.

Табела 3. Ограничувања при вложувања на технички резерви

Техничка резерваЖивотно осигурување

Неживотно осигурување

Акции до 35% до 35% Обврзници до 30% до 20% Недвижности до 30% до 15 % Депозити до 35% до 40%

Креирањето на инвестиционо портфолио на осигурителните компании зависи од

видот на осигурување кое го работи. Во работата на животното осигурување

потенцијалните ризици на осигурување се видливи и нема голема неизвесност. Со други

зборови осигурителните компании кои работат само со животно осигурување со голема

точност можат да ги планираат своите трошоци и да вложуваат на подолг рок во

(обврзници, акции и недвижности). За разлика однив неживотните и комбинираните

осигурителни компании многу тешко можат да ги предвидат потенционаллните исплати

Page 32: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 31

на парични средства со кои се исплатуваат непланираните штети. Осигурителните

компании кои обавуваат дејности од имотно осигурување мораат да обрнат внимание на

одржување на соодветна стапка на ликвидност бидејќи исплатите во случај на реализација

на штетен случај неможат да ги предвидат со голем степен на сигурност.

Светската економска криза не го загрози постоењето на осигурителните компании на

светскиот финансиски пазар затоа што овие институционални инвеститори расположиви

парични средства вложуваат селективно односно сигурно. Така, поголем број на

осигурителни компании само мал процент од капиталот вложуваше во акции

(најразлични хартии од вредност) а останатото го пласираше посигурно (во обврсзници и

недвижности).

Page 33: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 32

ДЕЛ II

ВЛИЈАНИЕТО НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМСКА КРИЗА ВРЗ МАКРОЕКОНОМСКИТЕ И СОЦИЈАЛНИТЕ ФАКТОРИ ВО РЕПУБЛИКА

МАКЕДОНИЈА

2.1. Глобалната финасиска криза и последиците по стопанството на Република Македонијa

Колапсот на американскиот финасиски пазар негативно влијаеше на глобалните економско финасиски системи во изминативе години. Намалувањето на распложивите финансиски средста како последица на паѓањето на ликвидноста во светот, имаше влијание на поскапување на кредитите и доведе до успорување на глобалниот стопански развој. Финасиската криза со голема брзина се прошири на целиот свет и имаше погубни ефекти по глобалната економија (голем број на компании пропаднаа и милиони луѓе останаа без работа).

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на почетокот на меѓународната криза објави

низа публикации во кој се дадени проекции на глобалниот економски пораст за 2009

година и наредниот период. Според овие извештаи16) предвидениот економски пораст на

развиените земји во претходната година се движеше во распон од 3% до -1,4%. Според

податоците од извештаајот17) за 2010 година развиените земји во таа година забележаа

паѓање на бруто домашниот производ (БДП) од 3,2%, а во земјите на евро зоната смален е

за 4,1%. Во 2010 и 2011 година забележан е пораст на БДП за околу 2,6% а во евро зоната

за 1,3%. Земјите од централна и источна Европа кои не се во состав на ЕУ забележаа

негативна стапка напораст на БДП и тоа 3,2%.

16) IMF, World Ekonomic,Outlook Databases17 )IMF, World Ekonomic,Outlook, April 2010, str.156

Page 34: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 33

Табела 4. Стапка на пораст на БДП (во %) за период од 2007 до (проекција) 2015 година.

2007 2008 2009 2010 2011 2015С А Д 2,1 0,4 -2,4 3,3 2,9 2,4Развиени земји 2,8 0,5 -3,2 2,6 2,4 2,3

Евро зона 2,8 0,6 -4,1 1,0 1,3 4,0Централна и Источна Европа

5,5 3,1 -3,6 3,2 3,0 4,0

Република Македонија 6,1 5,0 -0,9 1,0 2,5 5,5

Извор: ИМF, World Economic Outlook,april 2010 str.156,159, ,,Нова Македонија,, од

21.03.2012 године, Програма за работа на Владата на Р.Македонија за 2011-2015 година.

Во табелата 4. Се гледа дека РМ во 2009 година забележа паѓање на БДП за 0,9%

процентни поени што е помало од просекот на замјите на евро зоната .Р. Македонија како

земја која поминува низ транзиционен период и припаѓа на групата земји во развој,

индиректно почувствува домино ефект од глобаллната финасиска криза. Први видливи

знаци на светската економска криза во РМ се забележаа во финасискиот сектор (пад на

ликвидноста и отежната реформа на финасиските институции) токму и на пазарот на

капиталот во вид на повллекување на странските инвеститори. На забавувањето на

стопанството во РМ влијаеше и ,,повлекувањето на депозитите од банките од страна на

граѓаните, забавување на кредитните активности од странски банките кон стопанството,

зголемување на трошоците на странско финасирање, зголемен притисок на девизниот

курс на денарот кон еврото и зголемен кредитен ризик”. Недостигот на капиталот ги

поскапе финансиските средства кои беа лимитирани и со тоа значително го забави

производството и економскиот пораст. Со други зборови, негативните ефекти на

финасиската криза во краток период се прелија во реалниот сектор и ја забавија

стопанската активност на РМ. Стопанскиот пораст на РМ во услови на светкс криза во

оваа фаза на рецесија се огледа во:

- Паѓање на БДП

- Опаѓање на индустриското производство

Page 35: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 34

- Смалување на надворешно трговска размена и промет во трговија на мало

- Смален прилив на странски капитал и инвестициони вложувања

Подаатоците на светскиот економски форум18) покажуваат дека конкурентноста на

стопанството на Р.Македонија е на многу ниско ниво. Од вкупно 133 анализирани држави

РМ по висинатана на порастот на конкурентноста (The Growth Competitiveness Index –

GCI19)) зазеде 84 место и така ја влоши својата позиција во однос на претходните години.

Поголем глобален индекс на конкурентност имаа Хрватска (72),Бугарска (76), додека

Србија (92), Албанија (96), Босна и херцеговина (109) беа послабо рангирани од

Р.Македонија.

Во услови на светска економска криза секторот на осигурување заради смислата на

постоење и природата на работење би требало да и амортизират негативните фактори од

кризата и да покренит економски развој на една земја. Помеѓу дејноста осигурување од

една страна и економско социјалниот развој на земјата на друга страна постои тесна

заемна врска. На развојот на пазарот на осигурување влијаат бројни економско

демографски фактори како што се : висинита на БДП ,монетарната и валутна стабилност

стапката на запосленост, склоноста на граѓаните кон штедење, прилив на странски

капитал, степенот на образовање и нивото на култура, старосна структура на граѓаните,

нивото на развиеноста на осигурителни компании и други. Од друга страна развојот на

осигурување представува погодно тло за напредување на националната економија зошто

покрај својата примарна функција (заштита на осигурениците и надокнада на штетата во

случај на настапување на осигурен случај) осугурањето обавува и секундарна функција

која се огледа во мобилизација на слободните средства (пред се кај животните

осигурувања). Собраните паричните средства можат да се користат како во решавање на

проблематичните економски прашање така и во процесот на потикнување на развојот на

националната економија. Одржливиот стопански раст го потикнува развојот на

осигураувањето, кое повратно допринесува поуспешно економско напредување на

националната економија.

18 World Ekonomic Forum, Thi Global Comperativeness, Report 2009-2010, str.27419 GCI се заснива на 12 столбови:институции,инфраструктура макроекономска стабилност,здравство и основно обазование,повисоко ниво на образование и обучување,ефикасност на пазарот трудот,софицираност на финасискиот пазар и технолошка опременост,големина на пазарот деловна софистицираност и иновации.

Page 36: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 35

Во изминатите неколку години финансискиот систем на нашата земја забрзаното се

развиваше. Воведени се современи регулативи и се воспоставени нови финансиски

институции кои допринесоа пазарот на осигурување да одржи макроекономска

стабилност, иако дупло беше изложено на ризиците од светска економска криза и тоа на

ризик од паѓање на вредноста на имотот и капиталот и ризик од паѓање на нивото на

побарување за осигурување и наплата на премијата.

Понамотамошниот текст на анализа на состојбата на стопанството на Македонија има

за цел да пружи генеза на развојот на најзначајните макроекономски и социјални

показатели во периодот од 2005 до 2011 година со проекција на наредниот период, кои

представуваат рамка за согледување на развојот дејноста осигурување. Со анализирање на

клучните макроекономски показатели од табелата 5 можиме да го констатираме следно:

Бруто домашен производ (БДП)- Податоците за Македонија покажуваат дека од

2000 до 2008 година забележан е значаен реален раст на БДП со просечна стапка на пораст

3,4% на годишно ниво. Како резултат на тој пораст нивото на БДП се зголеми за нешто

повеѓе од 2,15 милиарди евра , поточно од 4,98 милиарди евра во 2005 година на 7,13

милиарди евра во 2011 година.Постепениот или константен раст на БДП во посматраниот

период на прво место беше резултат на развојот на терцијарниот сектор (секторот на

услуги) со просечна стапка на раст на БДП од 12,7%, а потоа и пораст на

надворешнотрговската размена, внатрешното побарување како и зголемениот прилив на

странски директни инвестиции.

Спрема податоците од републичкиот завод за статистика и врз основа на извештајот на

Европска банка за обнова и развој (EBRD) можиме да заклучиме дека во 2009 година

стопанската активност во РМ е смалена за 0,9 %(во однос 2008 година), што е помал пад

од иницијалното очекување. Успорувањето на стопанскиот развој во Р.Македонија во

предходните две години беше последица на:

- Смаленото индустриско производство,

- Смалените теденции на обемот на надворешнотрговската размена

- Паѓање на прометот на трговијата на мало,

- Отежнат пристап на странскиот капитал ,

- Смалени теденции на обемот на надворешнотрговската размена

- Паѓање на прометот на трговија на мало,

Page 37: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 36

- Отежнат пристап на странскиот капитал и

- Зголемување на неликвидноста на земјата.

Најголемо паѓање во производството е забележано во секторот на индустија,

градежништвото, трговија на мало и угостителството, додека најголем пораст е остварен

во секторот на услугите ( сообраќај, финансиско посредување,складирање и врски) и во

земјоделие. Во однос на 200820) година најголемо квартално смалување забележано е во

првиот и вториот квартал додека во последното тромесечие од 2009 година е забележан

благо опоравување на стопанска активност што наговестува први знаци на излегување од

фазата на рецесија. После паѓањето на стопанската активност во наредните 3 години се

очекува благо опоравување на домашната економија . Во 2012 година се најавува

стагнирање на стопанскиот развој, додека за двете наредни години се предвидува

излегување од финансиската криза со раст на БДП по стапка од 3% – 5% респективно20).

Графикон1. БДП и стапка на пораст на БДП (во %) во период од 2005 до 2011 година.

.

Извор:,,Нова Македонија,, од 21.03.2012 година.

Според извештајот ЕБРД21) 28 земји во нашето опкружување остварија реално паѓање на

БДП во однос на претходната година па така Хватска , Бугарија и Србија како и

Македонија ја смалија стопанската активност за 3% додека БДП на Романија и Словенија

20) Државен завод за статистика на Р.Македонија, Извештај за 2010 година.21) EBRD, Growth in real,7.maj 2009

Page 38: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 37

(членки на ЕУ) падна за околу 4%. Помал пад на стопанската дејност во рамката на група

земји на Југоисточна Европа, имаа само Црна Гора и Босна и Херцеговина (1%).

Графикон 2. БДП и стапка на пораст на БДП (во %) во период од 2005 до 2011 со

проекција за 2012 година.

Извор : Статистички годишник за 2011 госина на Република Македонија.

Во услови на светска економска криза паќањето на животниот стандард и смалувањето

на БДП е лош знак за финасискиот сектор и за дејноста осигурување, коja ипред

настапувањето на глобалната финасиска криза се развиваше со побрзо темпо од

одчекуваното. Несмееме да го запоставиме фактот дека домашниот финансиски пазар

(пазарот на капитал на кој осигурителните компании работат) и пред настапувњето на

кризата беше неразвиен и слаб. Со други зборови, глобалната економска и финансиска

криза дополнително негативно влијаеше на забавување на развојот на овој сегмент од

стопанството.

Во периодот од 2005 до 2008 година БДП по глава на жител (БДП per capita постепено

растеше и своето најголемо ниво го достигна во 2008 година 3252 евра). Земајќи ги во

предвид фактите дека Унгарија со околу трипати повеќе жители оствари трипати поголем

БДП, Романија со осум пати поголем број на жители остваари четири пати поголем БДП,

Хрватска со двапати поголем број на жители имаше 40% поголем БДП, Словенија со

Page 39: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 38

приближно исти број на жители имаше одколу 10% поголем БДП од Р.Македонија,

можем да заклучиме дека постојниот ниво на БДП е меѓу најнискиот во регионот. Спрема

податоците од Министерството за финансии на Р Македонија во понатамошниот период

се очекуваше 3,5% во 2010 и 9,5% во 2011година а се оствари 2% во 2010 а 2,5% во 2011

година.

Надворешнотрговски стоков дефицит – Македонија е неддоволно развиена и

неконкурентна земја која располага со скромни ресурси и прилично е увозно зависна.

Последните пет години Р Македонија во трговскиот биланс од година во година

забележува се поголем дефицит на стокова размена (со 1,2 милиона евра во 2005 година

на 2,9 милион евра во 2011 година), кој е последица на поголем увоз од извоз.

Зголемениот дефицит во платниот биланс на Р, Македонија е голем економски ризик и

клучен макроекономски проблем.

Од 2009 до 2011 година надворешотрговската стокова размена се карактеризираше со

паѓањето на домашната потрошувачка и надворешно трговска размена на Р Македонија

која е последица на негативниот ефект на економската криза и неповолните движења на

домашниот пазар. Како последица на поглемото опаѓање на увозот од извозот во

наведениот период надворешнотрговскиот дефицит е смален а покриеноста на увозот со

извозот е зголемена. Со други зборови намалувањето на надворешнотрговскиот дефицит

не произлегува од зголемениот обем на извоз на стоки туку со поинтензивно опаѓање на

увозот во однос на извозот. Покрај светската економска криза најголемо влијание на

надворешнотрговската стокова размена имаа:

- Зголемени цени на енергенти (нафта и елекртична енергија),

- Смалување на ликвидноста во стопанството,

- Зголемени цени на примарни производи на светскиот пазар (пред се метали) и

- Смалување на производство и пласман на стоки во странство.

На крајот од 2011 година се гледаат првите знаци на заздравување на светскиот пазар

кој во иднина би требало да доведат до зголемување на стопански активности во светот.

Ваквите трендови имаат позитивно влијание на зголемениот обем на извозот во наредните

години во кои се предвидува зголемување на извозот на стоките и услугите (од 3% до 8%).

Една од причините на позитивните тенденции во надворешнотрговската размена на

почетокот од 2010 година беше растењето на индустриското производство (пред се во

Page 40: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 39

рамките на производство на црните метали и земјоделски производи), кои во наредниот

период може да влијаје на динамиката на растењето на извозот.

Благодарејќи на воспоставувањето на CEFTA регионалниот договор и

воспоставуваето на заеднчико правни рамки за инвестирање во регионот, Р Македонија ја

чинат попривлечна за волжување на странски капитал. Исто така како кандидат за

членство во ЕУ Р.Македонија со својата местоположба и се` повеќе истоветни законски

прописи од областа на стопаството со законите на ЕУ станува поатрактивна земја за

вложување на странски капитал.

Странските директни инвестиции (СДИ) – имајќи ја во предвид состојабата во

деведесетите години од минатиот век и почетокот на дваесеттиот век процесот на

реформи во Р. Македонија покасно започна, додека економијата денес пополека бележи

закрепнување,. Но Р. Македонија сеуште го нема достигнато нивото од осамостојување

1991 (највисокото ниво воопшто го има достигнато 1987 година). Факт е дека СДИ, како

еден од клучните фактори за економскиот развој на државата во процесот на

транзицијата, влије на стопанскиот развој и нејзиниот константен динамичен пораст. Нето

приливот на странски директни инвестиции во Р.Македонија во периодот од 2007 до 2011

година изнесуваше 1,512 милиарди евра и најголемото ниво го достигна во 2007 година.

Досегашното ниво на СДИ, посебно Greenfield инвистиции,(вложување на странци) во

отварање потполно нови компании, не е на задоволително ниво. Најголем ниво на СДИ во

нашата земја чинеја brownfield инвестиции, односно купувањето на општествени и

државни компании по пат на тендери.

Најголемо ниво на опаѓање на СДИ се забележува на самиот почеток на економската

криза тоест во 2000.

Табела- 5 Показатели на странски директни инвестиции од 2007 – 2011 година

проекција од 2012 – 2015 година. (во милиони ЕУ)

2007 2008 2009 2010 2011 2012* 2013* 2014* 2015*506,00 399,00 145,00 159,00 303,00 350,00 400,00 500,00 550,00

Извор:Плус.инфо.мк. 28 мај 2012 године, Програма за работа на Владата на Република Македонија за 2011-2015 од јули 2012 године,(означено со *)

Page 41: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 40

Како што се гледа остварената и планираната стапка на инвестсиции до 2015

година треба да достигнат околу 30% од БДП. Во тие рамки, доколку не се јави нова

светска и економска криза и рецесија, се очекува кумулативниот прилив на СДИ до 2015

година да достигне над 1,8 милијарди евра.

Брзиот економски пораст на Р.Македонија во минатиот период се заснова на

предимензионираност на јавната и лична потрошувачка и експанзија на агрегатното

побарување. Во услови на светска економска криза стопанскиот пораст е успорен, смалена

е домашната побарувачка и големината на извозот поради паѓањето на увозното

побарување во ЕУ и светот.

Во изминатите години многу држави ги променаја стајалиштето за водење на

тековната економија и ако се суди по извештаите на еминентните светски институции :

Светска банка, Европска банка за обнова и развој, Организација за економска соработка и

развој и Меѓународен монетарен фонд (World Bank, EBRD,OECD i IMF), светската

економска криза ќе има големо влијание на стопанските движења и во 2012 година и

понатака. Могу водечки светски економии за 2012 година најавуваат излез од финасиската

криза но никои од нив не прогнозираат темпо и интензитет на опоравување на

стопаството. Во таквите околности Р.Македонија и понатака индиректно ќе биде под

влијание на негативните ефекти на финасиската криза која како и во претходниот период

ќе ги погодува основните стопански движења.

2.2.Социјална слика

на Р. Македонија во услови на финасиска и должничка криза

Иако во текот на 2009, 2010 и 2011 година светската економија почна полека да

излегува од кризата и да се опоравува на глобалниот пазар на трудот суште нема видливи

подобрувања. Според најновите информации, на Меѓународната органиезација на трудот

(ILO)22) во 2011 година глобалната стапка на невработеност достигна ниво од 6,3% и во

однос на 2008 година се зголеми за 0,2% поени. После четири години постојано растење

на вработувањето, стапката на невработеност во изминатитге две години нагло се зголеми,

особено во 2009 година во која без работни места останаа рекордни 212 милиони луѓе

22 )ILO,Global Employment Trends, January 2010, str.9

Page 42: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 41

(интервал на сигурност од 202 до 221 милион луѓе), на светско ниво, што е за 34 милиони

повеќе од стапувањето на кризата.

Табела -6 Стапка на невработеноста (по региони и во Р.Македонија) во%

2005 2006 2007 2008 2009Свет 6,2 6,0 5,7 5,8 6,6ЕУ27 6,9 6,3 5,7 6,0 8,4Централна и југоисточна Европа (-ЕУ) 9,4 9,0 8,3 8,3 10,3Република Македонија 32,8 33,7 34,8 33,8 32,0

Извор: ILO,Global Employment Trends 2010,Aneks, Државен завод за статистика на Р.Македонија

Невработеноста во Р.Македонија во 2010 г. изнесуваше 32% а во 2011г.31% Податоците од табелата 6 кажуваат дека стапката на невработеност во светот и на

државите во ЕУ во периодот од 2005 до 2008 година се движеше околу 6% додека во

земјите на Централна и Југоисточна Европа бројот на навработени бил за околу 3% поени

поголем од нив. Гледано по региони светската економска криза најмогу го загрози пазарот

на трудот во земјите на Централна и Југоисточна Европа во кои во претходната година се

забележа стапка на невработеност од рекордни 10,3%. Кризата не ги заобиколи пазарите

на трудот и во земјите со развиена економија и државите членки на ЕУ, во кои стапката

на невработеност од 5,7% во 2007 година достигна ниво од 8,4% во 2009 година. Во

последните две години во овој регион бројот на невработени е зголемен за 13,2 милиони

луѓе при што во 2009 година без работното место (најмногу во секторот индустрија)

останаа околу 12 милиони луѓе. Во текот на 2010 и 2011 година во наведените земји на ЕУ

и Централна Европа пазарот на трудот се стабилизира така што достигна ниво од 8,9%

невработеност.

На основа објавените податоци од Европската комисија за нивото на невработеност

во земјите членки на ЕУ (и кандидатите за членство) можиме да ја видиме позицијата на

Р.Македонија во однос на соседните држави. Табелата 7 прикажува стапка на

невработеност во услови на стветската економска криза во која сите земји од нашето

опкружување (со исклучок на Бугарија и Романија) забележуваат поголема стапка на

невработеност од просекот на ЕУ27. Најниска стапка на невработеност забележаа

Бугарија и Романија а потоа Унгарија и Хрватска. Во 2010 и 2011 година во сите земји во

Page 43: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 42

регионот стапката на невработеност се стабилизира како и во Македонија каде што е

трендот на невработеност во опаѓање.

Табела 7. Стапката на невработеност во Р.Македонија и земјите во окружувањето.(во%)

2007 2008 2009 2010 2011Р.Македонија 34,8 33,8 32,2 32,0 31,0Бугарија 6,9 5,6 6,8 7,9 7,3Романија 6,4 5,8 6,9 8,5 7,9Унгарија 7,4 7,8 10,0 10,8 10,1Хрватска 9,6 8,4 10,4 11,5 11,0Србија 18,1 13,6 16,0 17,0 18,0ЕУ27 5,7 6,0 8,4 9,8 9,7

Извор: Државен завод за статистика на Р.Македонија од 2011 година.

По демократските промени во Р.Македонија настапи период на приватизација и

greenfiled инвестиции. Од година во година на пазарот на трудот во Р.Македонја стапката

на невработеност се зголемуваше као рзултат на приватизацијата и економските реформи.

Наместо зголемување на вработеноста во приватниот сектор во новоприватизираните

компании се изврши процес на реструктуирање на работна сила кое само фиктивно ја

зголеми стапката на вработеност. Во реалност забележен е најголем раст на стапката на

невработеност од околу 21%. Најниска стапка на невработеност измерена во 2008 година

изнесуваше 33,8% и небеше последица на отварање на нови работни места и зголемување

на нивото на невработеност туку промената во начинот на водење на евиденција од страна

на надлежните служби.

Од вкупно 2.055.004 милиони жители колку што има Р.Македонија по последениот

попис спрема податоците од Републички завод за статистика во 2009 година имаше

вработени 557.587 работници, од тоа 71,8 беа вработени во државни претпријатија и

установи, 28,2% работници работеа во приватни фирми. Стапката на невработеност

изнесуваше 31,8% . Податоци за наредните години по 2009 година се прикажани во

табела бр.8.23)

23) Државен завод за статистика, Годишен извештај за 2011 година

Page 44: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 43

Табела бр.8.. Показатели на пазарот на трудот во Р.Македонија во период од 2007 до 2011

година

2007 2008 2009 2010Вработени во 000 590.000 609.000 630.000 637.855Невработени во 000 317.000 310.000 299.000 300.439Стапка на невработеноста во % 34,8 33,8 32,2 32,0Просечна нето заработувачка во МКД 11.400 12.500 19.200 20.800Реален раст на просечна нето заработувачкаво%

8% 9% 53% 8%

Извор: Републички завод за статистика, Министерство за финасии на Р.Македонија, Завод

за вработување.

Социјалните услови представуваат важен фактор за развој на економијата,

финансискиот сектор и дејноста осигурување како во светот така и во Р.Македонија.

Р.Македонија ги почувствува негативните ефекти од светската економската криза низ

зголемување на стапката на невработеност која во 2009 година беше тродупло поголема

отколку во земјите на ЕУ. Акого земеме во предвид фактот дека горната граница на

дозволена стапка на невработеност во развиените пазари се движи од 5% и 6% ( доколку

се иземат негативните фактори од светската економска и должничката криза во дел на

земји од ЕУ, не е тешко да се заклучи дека и Р. Македонија има големи проблеми по

прашањето на вработувањето.

Табела 9. Вкупниот број на вработени во Р.Македонија и учество на финансискиот

сектор во структурата на вработени.

2007 2008 2009 2010 2011Вкупно број вработени 434041 434858 426652 435078 458873Вработени во финансиси сектор 7110 8413 8405 8404 8513Финансиски услуги освен осигур.

6002 6912 6800 6640 6580

Осигурување 1037 1367 1404 1370 1315Помошни дејности кај фин.сектор

71 134 201 394 618

Извор:Статистички годишник на Р. Македонија за 2012 год.

Page 45: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 44

Анализирајќи ги податоците можиме да заклучиме дека финасиската дејност во

Р.Македонија со години наназад по критериумите на бројот на вработени е

банкоцентрична. Меѓутоа податоците покажуваат дека во последните пет години

учеството на вработените во банкарската дејност полека се смалува со што се ублажува

доминацијата на банкарската дејност на домашниот финасиски пазар. За разлика од

развиените земји во кои институционалните ивеститори се значајни ,, играчи,,, во земјите

во развој тие се во почетна фаза на развој. Колку е голем обемот на работење на

осигурителните компании најдобро укажува податокот дека во дејноста осигурување ,, со

почеток на XXI век во САД беа вработени околу два милиони луѓе24),, додека во 2009

година индустријата на осигурување вработува 2,25 милиони луѓе. Во земјите на ЕУ27 во

наблудуваниот период Германија, Велика Британија и Франција вработуваа повеќе од

половина од вкупниот број на луѓе кои работат во дејноста на осигурување во Европската

Унија. Осигурителните компании во Р. Македонија во период од 2007 до 2011 година

вработуваат се поголем број на работници при што најголем број лица вработени во

дејноста осигурување достигна 2010 године од 1355 лица. Националната стратегија за

вработување за период од 2007 до 2011 година е напишана по примерот на Европска

стратегија за вработување, а донесена е со цел за смалување на невработеноста во Р.

Македонија.За да Република Македонија обезбедила поголема стапка на вработеност и

излезе од кризата треба да обезбеди континуиран и динамичен стопански раст, кој ќе се

потпира на поголем обем на извоз, штедење на граѓаните како и поголем прилив на

странски инвестиции. Во услови на глобална економска и финансиска криза падот на

вработеноста во последните години, ја доведува во прашање егзистенцијата на поголемиот

број на луѓе во Р.Македонија кои живеаат на ивица на сиромаштијата, нивната куповна

моќ влијае и на смалување на обемот на трговијата во земјата, што може да има

далекусежни последици во целост.

Што се однесува на нето заработувачката таа во минатите години на транзиција

скоро се удвостручи благодарејќи на странскитге донации и субвенционирање на

стопанството. Меѓутоа ралниот раст на заработувачка не е покриен со зголемување на

продуктивноста што го предизвика смалувањето на конкурентоноста на стопанството.

24 Federic S.Mishkin and Stanley G.Eakins, Financial Markets and Instituionis,3 edition, Addison-Wesley, Reading MA, 2000, str.552

Page 46: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 45

Гледајќи ги послледните години паѓа во очи дека реалното растење на просечните

заработувања од година во година се зголемува, а својот максимум го достигна во

2011год. Просечна нето заработувачка во 2011 година изнесуваше 20.683 денари.

ериод од 2005 до 2011 година.

Табела 10.. Просечна бруто и нето плата и реален раст на просечна бруто и нето плата во

период од 2005 до 2011 година

2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011Просечна бруто плата 21.335 23.037 24.139 26.228 29.923 30.225 30.383Просечна нето плата 12.600 13.518 14.586 16.095 19.958 20.553 20.683Реална промена брутоплате

2,2 4,8 2,5 0,4 15 -0,6 -2,3

Реална промена нето плате

2,0 4,1 5,6 1,9 25 1,4 -2,1

Извор. Републички завод за статистика, Билтен на Министерство за финасии на Р.

Македонија за 2011 год.

Page 47: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 46

ДЕЛ III

СОСТОЈБИ НА ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО ЕВРОПА

Набљудувајќи ја динамиката на развојот на дејноста осигурување во Европа во

периодот од 2000 до 2008 година, забележуваме дека учеството на осигурителните

компании расте со побрз темпо во однос на другите финасиски институции на

финансискиот пазар. На финансискиот пазар сектор осигурување во услови на светска

економска и должничка криза кај дел од земјите на ЕУ, одигра важна улога и им пружи

подршка на другите институции, но со тоа небеше изолирана на финансискиот пазар.

Според податоците кои ги објави во почетокот на 2010 година, Bloomberg, дејноста

осигурување претрпе загуба од 261 милијарда долари што е скоро пет пати помалку во

однос на банкарската дејност, која загуби 1.230 милијарда долари. Гледано по региони

најголеми губитоци претрпе американскиот пазар на осигурување, чии штети се

проценуваат на 189 милијарди долари, а го следеше европскиот пазар со штети од 69

милијарди долари25). Во текот на 2010 година најголеми загуби во дејноста осигурување

забележаа следните осигурителни компании: AIG ( рекордни 98,2 милијарди долари) ING

Gropur N.V. (18,6 милијарди долари), Ambac Financial Group Inc ( 12 милијарди долари),

Aegon NV ( 10,7 милијарди долари).

Поради немање податоци за 2009 година во понатамошното истражување на пазарот

на осигурување во Европа ке ги користиме најновите податоци од 2008 година. На

графиконот кој следи се гледа дека во светот во 2008 година процентувално најголемо

учество во приходите од вкупната премија на осигурување забележено е во Европа,

Северна Америка и Азија ( 41%, 32% и 22% респективно ).

25) OECD, The Impact of the Financial Crisis on the Insurance Sektor and Policy Responses, April 2010 str.8

Page 48: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 47

Графикон 3. Учество во вкупната премија на осигурување во 2008 година, по региони.

Извор:Sigma No3 2009, World Insurence in 2008,Swis Re,Zirich

Графиконот покажува дека Европа е лидер во остварените приходи од премијата на

осигурување, така што во понатамошен текст ќе посветиме повеќе внимание на изучување

на овој сегмент светски пазар на осигурување. Премијата на осигурување во Европа во

периодот од 2001 до 2009 година прикажана е на графиконот 4. на кој се гледа постепено

и стабилно зголемување на премијата на осигурување, со исклучок на последните две

години. Во однос на 2000 година (кога премијата на осигурување во Европа беше

приближно 812 милијарди евра ) во 2007 година премијата на осигурување е зголемена за

46% и достигна најголемо ниво во набљудуваниот период. Како последица на

негативнните фактори на светската економска криза во 2008 година е забележано

смалувње на премијата за 10%, кое се прели и во наредните години.

Page 49: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 48

Графикон 4. Премии на осигурување во Европа и на замјите ЕУ27

( во период од 2001 до 2009 година во Европа и во периодот 2001 до 2008 година во од

браните земји ЕУ27)

Извор: Annual Report 2009 – 2010 st 9 I st 8. Brussels, statist cs No. 37,Europen insurance in

Figures, Brussels, 2009, annex 1.

Во периодотод 2000 до 2008 година најголем приход од премија на осигурување во

Европската Унија забележаа : Велика Британија, Германија и Италија. Графиконот 4.

покажува дека во набљудуваниот период Велика Британија имала најголеми премии на

осигурување кои од 252 милијарди евра во 2000 година се зголемија за 45,4% во 2007

година и достигнаа ниво од 366,5 милијарди евра. Франција и Германија во првите пет

години беа изедначени, додека во наредните години Франција забележа нешто поголеми

премии на осигурување. Италија во набљудуваниот период го завзема четвртото место по

остварените приходи од премии на осигурување.

Во услови на светска економска криза премиите на осигурување во Европската Унија

изнесуваа 1.001 милијарди евра од што најголемо учество имала Велика Британија со

приближно 25% а ја следеле Франција, Германија и Италија кои заедно имаја 44%

премии од ЕУ27 ( 183,5 милијарди евра, 164,5 милијарди евра и 92 милијарди евра,

Page 50: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 49

респективно ). Најмало учество во премиите на осигурување во ЕУ во 2008 година имале

Исланд (279 милиони евра), Малта (307 милиони евра), Естонија (401 милиони евра) и

Литванија (480 милиони евра).

3.1 Структура на осигурување

Еден од најзначајните показатели на степенот на развиеност на осигурувањето е

структурата на осигурување. Структурата на осигурување го покажува нивото на учество

на премијата неживотно и животно осигурување во вкупниот портфолио на осигурување.

Нивото на премијата на осигурување на Европскиот пазар во 2008 година е смалаен за

11,6% ( од 1.182 милијарди евра на 1.059 милијарди евра) во однос на 2007 година при

што кај животното осигурување присутно е опаѓање од 16%, додека премијата на

неживотното осигурување стагнираше.

Во портфолиото на осигурителните компании во набљудуваниот период доминантни

се животните осигурувања, кои во 2008 година учествуваа со 61% додека неживотнитге

осигурувања ги содржеа преостанатите 39%. Најголемо учество по остварените премии

во животно осигурување во Европа забележаа Белика Британија и Франција, со 1/3 и 1/5

(респективно) премија на животното осигурување. Во 2008 година пазарот на осигурување

во Европа забележа паѓање на премијата на животното осигурување за 19% (намалување

од 766 милијарди евра во 2007. на 644,2 милијарди евра во 2008 година) при што

најголемо намалување на остваренитге премии на животно осигурување забележаа :

Луксембург, Ирска, Италија и Унгарија (18,2%, 14,9%, 12,8% и 9% респективно)26).

26) OECD, The Impact of the Financial Crisis on the Insurance Sektor and Policy Responses, April 2010, str.19

Page 51: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 50

Табела 11. Премии на животното осигурување во Европа од 2000 до 2008 година.

2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008CEA27) 504.584 542.085 536.474 537.174 639.267 693.146 766.038 644.164ЕУ -27 477.819 512.617 509.174 544.889 608.851 662.592 735.043 611.500Велика Британија

166.844 186.570 166.375 176.560 193.979 222.918 295.249 188.422

Франција 84.635 85.500 92.022 105.341 120.668 140.203 137.080 122.550Германија 63.287 65.018 68.574 70.343 75.244 78.455 78.901 79.600Италија 46.329 55.294 62.780 65.627 73.471 69.377 61.439 54.565

Извор: CEA Statistics No.37,European Insurance in Figures,Brussels,2009,Annex I

За разлика од животното осигурување кое во 2008 година забележаа смалување на

премијата, неживотното осигурување во 2007 година стагнираше и остана на ниво од 415

милијарди евра. Во период од 2000 - та година до 2007 година премиите на неживотното

осигурување забележаа раст и својот максимум го достигнаа во 2007 година.

Во земјите на Европската унија најголемо паѓање на премиите на неживотно

осигурување ( 26% ) забележен е во 2002 година. Меѓутоа веќе во 2003 година премиите

на неживотно осигурување го надминуваат нивото од 2001 година и се зголемува за

15,5%. Во рамките на група земји на Европска унија најголемо учество во премиите на

неживотното осигурување остварија: Германија, Франција, Велика Британија и Италија

кои во 2008 година заедно имаа околу 60% од вкупната премија на неживотното

осигурување во Европа.

27 CEA ( Comite Europeen Assurances) е Европско здружение на осигурување и

реосигурување. СЕА опфаќа 33 членки (држави на Европа кои покрај земјите ЕУ27

вклучуваат и : Швајцарија, Хрватска, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Турција) кои ги

претставуваат повеќе од пет илјади компании за осигурување и реосигурување со

отприлика 94% вкупен премијски приход на европската индустрија на осигурување.

Page 52: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 51

Табела 12. Премии на неживотно осигурување во Европа во период од 2000 до 2011

година ( во мил.евра )

2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008ЦЕА 302.575 330.509 348.795 363.100 375.724 408.028 416.161 415.154ЕУ-27 284.768 211.082 328.658 341.809 353.727 384.169 392.102 390.311Велика Британија

61.847 68.656 70.371 69.652 72.607 71.351 71.323 60.810

Франција 43.424 46.498 50.006 52.885 55.216 56.889 58.643 60.948Германија 72.837 75.707 79.155 81.823 82.740 83.490 83.955 84.900Италија 29.925 32.414 34.213 35.411 36.309 37125 37.656 37.451

Извор: CEA Statistics No.37, European Insurance in Figures, Brussels, 2009Annex 1

Во портфолиот на неживотно осигурување се издвојува осигурувањето на

моторните возила кои во 2008 година опфаќаа 31% пртфолио на неживотно осигурување,

при што земјите како: Италија, Германија, Франција и Велика Британија вкупно имаа

најголемо учество ( 60 %).

Премиите од моторното осигурување на територијата на Европа во 2008 година се

проценуваат на 127 милијарди евра.

Графикон 5. Портфолио на неживотно осигурување во Европа во 2008 година.

Извор:Annual Report 2008-2009,str.7,CEA,Brussel

Page 53: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 52

Во 2008 година во групата на здравственото осигурување и осигурување од незгоди

доминираа здравствените осигурувања кои опфаќаа 2/3 од овој вид на неживотно

осигурување. Најголемо учество забележаа: Холандија, Германија и Франција кои заедно

сочинуваа 70% од вкупно пресметаната премија. Податоците за 2008 година покажуваат

дека премиите во здравственото осигурување и осигурување од незгоди во однос на 2007

година малку се зголемени и изнесуваат 128 илјади евра.

Осигурувањето на имотот во неживотното осигурување учествуваше со 19%.

Најголемо учество во портфолиото, од околу 55% забележано е во Велика Британија,

Германија и Франција. Во 2008 година осигурувањето на имоти забележа раст од 2% во

однос на претходната година и ја зголеми премијата на осигурување на 79 милијарди евра.

3.2. Нивото на развиеност на осигурување – густина и пенетрација наосигурување.

Следењето на нивото на развиеност на осигурителната дејност се прави со помош на два

показатела:

- Густина на осигурување ( density ) односно со премија по глава на жител, која е

показател на платежната способност на побарувањето и

- Со пенетрација ( penetration ) односно со учество на вкупната остварена премија во

бруто домашен производ.

Page 54: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 53

Табела 12. Густина и пенетрација28) на осигурување во ЕУ27 во период од 2000 до

2008.

2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008Густина на осигурување во Евра

Неживотно осигурување

641 674 698 719 778 790 Н.а

Животно осигурување

1.056 1.044 1.112 1.237 1.341 1.481 Н.а

ВКУПНО 1.696 1.718 1.810 1.956 2.119 2.271 2.009Пенетрација на осигурувањето % БДП

Неживотно осигурување

3,1 3,3 3,3 3,2 3,3 3,1 3,0

Животно осигурување

5,2 5,0 5,1 5,5 5,7 6,0 5,0

ВКУПНО 8,3 8,3 8,4 8,7 9,0 9,1 8,0

Извор: CEA Statistics No37

Податоците од табелата 12 покажуваат дека густината на осигурување во земјите

на ЕУ во 2008 година изнесуваше 2.009 евра, што е во однос на минатата година

смалување за 11,5%. Во период од 2000 до 2007 година од година до година густината

на осигурување растеше и достигна најголемо ниво во 2007 година кога за 35,6% беше

поголема во однос на 2000 година. Во набљудуваниот период животното осигурување

во однос на неживотното беше доминантно и изнесуваше 2/3 од густината на

осигурување.

Во земјите на Европа присутни се големи разлики во премиите по глава на

жител. Густината на осигурување во 2008 година ( доколку го изоставиме Лихтенштајн

чија густина на осигурување беше најголема во Европа и изнесуваше 106.443 евра ) се

движеше од 87 евра во Турција до 4.637 евра во Холандија. Во регионот на Централна

и Источна Европа најголема густина забележа Словенија ( 993 евра ), додека густината

на осигурување во земјите на регионот ( Хрватска, Србија, Бугарија и Романија ) беа

ззначително испод нвото на ЕУ.

Како последица на паѓањето на нивото на премијата во Европа и поради

влијанието на негативните ефекти од светската економска криза, пенетрацијата на

пазарот на осигурување во ЕУ од 9,1% во 2007 таа падна на 8,0% во 2008 година, при 28 Пенетрација на осигурување =Премија на осигурување/БДП*100%

Page 55: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 54

што пенетрацијата на неживотното осигурување стагнираше ( на ниво од 3% ), а

животното е смалено за 1% ( од 6,0 % на 5,0%). Во плериодот од 2000 до 2008 година

пенетрацијата на осигурување во земјите на ЕУ не преоѓаше 9% на учеството во БДП

(со исклучок во 2007 година ).

Пенетрација на осигурување, како и густина на осигурување, варираше во текот

на изминатите години и се разликуваше од земја до земја. Во 2008 година најниска

пенетрација забележана е во Турција ( 1,2% ), Романија и Литванија ( 1,8% ) а

најголема во Велика Британија ( 13,7% ), Холандија (13,0%) и Швајцарија ( 9,9% ). Во

групата земји на Центрлна и Источна Европа најголемо учество на премија на

осигурување во БДП во услови на светскате економска криза забележа Словенија 5,4%

а ја следеа Бугарија и Хрватска ( со по 2,7%).

3.3. Инестициона активност на осигурителните компании

Како дел од групата на инвеститори, осигурителните компании располагаат со

голем износ на капитал ( кои повеќе не се мери со милиони, туку со милијарди евра)

кои инвестираат на различни сегменти на финансискиот пазар, пред се на пазарот на

капитал. Структурата на вложување зависи од развиеноста на финансискиот пазар во

Европа и на квалитетот на хартиите од вредност кои на осигурителните компании им

даваат многу повеќе можности за одредено инвестирање. Светската економска криза

на пазарот на капитал предизвика паѓање на цената на хартиите од вредност меѓу кои

беа и тие кои се наоѓаа во портфолиото на осигурителните компании. Меѓутоа,

колапсот во финансискиот систем не го загрози постоењето на осигурителните

компании на Европскиот финасиски пазар ( во споредба со банкарската дејност ),

бидејќи осигурувачите своите парични средства ги вложуваа конзервативно, односно

сигурно. Осигурителните компании пред вложување врше диверзификација и ги

избираа најквалитетните и најмалку ризични хартии од вредност па заради тоа своите

средства најмногу ги пласираа во обврзници кои имаа и најголемо учество во нивните

портфолио29).

29 Bank for International Settlements (BIS), Instituional Inverstitors, Global Savings and Asset Alokation,CGFS, February 2007,No.27p.3

Page 56: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 55

Инвестиционото портфолио на осигурителните компании во Европа во однос на

2000 година, во 2007 година е зголемен за 2.100 милијарди евра и изнесуваше 6.963

милијарди евра. Со настапувањето на светската економска криза во 2008 година и

должничката криза во 2010 година прв пат после 10 години забележана е негатина

стапка на пораст на инвестиционото порфолио. На графиконот 8. може да се види дека

инвестиционото портфолио на осигуритгелните компании е смалено од 7.200 на 6.900

милијарди евра. Портфолиото на неживотните осигурувања небитно се менуваше и

остана на ниво од околу 1.000 милијарди евра, додека портфолиото на животни

осигурувања забележа пораст од 2.000 милијарди евра ( од 4.000 во 2001 година на

6.000 милијарди евра во 2007 година ).

Најголем удел во збирниот Европски инвестиционен портфолио, имаше Велика

Британија, Франција и Германија (65%), при што Велика Британија и Франција учеств

уваа со преку 50% во вкупните инвестиции во областа на животното осигурување.

Графикон 6. Портфолио на осигурителни компании во Европа од 2001 до 2008 година

(во милиони евра)

Извор: European Insurance – Key Facts, septemvri 2009, str 6 CEA Brussels

Page 57: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 56

Ако се погледне структурата на портфолиото процентуално најголем дел на

инвестиционото портфолио на Европските осигурувачи чине должничките хартии од

вредност, потоа акциите, кредитите, некретнините и другиот имот. Ако ја анализираме

структурата на инвестиционото портфолио на осигурителните компании од 2001 до

2007 година доаѓаме до следниот заклучок:

- Најголемо учество во портфолиото имаа должничките хартии од вредност кои во

набљудуваниот период чине третина од инвестициониот портфолио на

осигурителните компании во Европа. Во однос на 2001 година во 2007 година

обврзниците го зголемија своето учество за 35% и достигнаа најголемо ниво од

2.354 милијарди евра.

- Втори по учество беа акциите, кои во набљудуваниот период стабилно го

зголемуваа своето учество и допринесоа за зголемена ризичност на портфолиото на

осигурителните компании. Во однос на 2001 година учеството на акциите во

инвестициониот пртфолио на осигурителните компании во Европа во 2007 година

зголемено е за околу 30%. Меѓутоа, зголемувањето на учеството на акциите беше

резултат на постепеното смалување на вредноста на должничките хартии, кои

загубија околу 33,8%30) од вредноста.

Кредитите ја чинеја третата група на инвестиционото портфолио на осигурителните

компании. Во набљудуваниот период нивното учество од 17% во 2002 година е смалено

на 15,4% во 2007 година

3.4. Број на осигурителни компании.

Во Европа во 2008 година во дејноста осигурување работеа 5.149 осигурителни

компании што во однос на 2004 година представува смалување од 4,5%. Трендот на

смалување на бројот на осигурителните компании на Европскиот финасиски пазар

присутен е од почетокот на деведесеттите години на XX век. Објаснување за оваа појава

наоѓаме во процесот на окрупнување на финасиските институции ( со активности на

менаџери и аквизиција и создавање на финансиски конгломерати) со цел за на

30 CEA Statistics No.37, European Insurance in Figures, Brussels,2009, str.21

Page 58: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 57

остварување што поголем профит, подобрување на вкупните перформанси и заштита од

ризик на работење.

Графикон 7. Учество на земјите ЕУ27 во вкупниот број на осигурителни компанииво

Европа во 2008 година. (во %).

Извор: CEA Statistics No.37, European Insurance In Figures, Brussels,2009 st.23

Графикон 9. покажува дека Велика Британија ( како и Германија 12% и Франција

9% ) во 2008 година со 21% ( 1.096 осигурителни компании ) беше лидер во регионот

по број на осигурителни компании. Шведска, Холандија и Шпанија имаа трипати

помалку учество од Велика Британија додека Италија и Ирска заедно ( 247 и 230

осигурителни компании ) учествуваа со 10%. Најмал број на осигурителни компании

се забележани во Естонија ( 20 ), и Словенија, Словачка и Литванија ( со по 21

осигурителна компанија).

Page 59: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 58

ДЕЛ IV

ПАЗАР НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Длабокатa рецесија што e основна карактеристика на макроекономскиот амбиент на

Македонија во кој работат осигурителнитге компании, резултат е како на домашните

општествено економски услови така и на светската финансиска криза.

Пред донесување на законот за осигурување и воспоставување на надзорните

телана, Народна банка на Македонија, домашниот пазар на осигурување го

каракеризираше нелојална конкуренција, нетранспарентност на финансискте извештаи,

непостоење на единствена статистика на осигурување, мал број производи на осигурување

и неразвиен сегмент на животно осигурување.

Со усовојување на законот за осигурување имот и лица, законот за банките, законот

за девизно работење, законот за платниот промет, законот за пазар на хартиите од

вредност и на други финансиски инструменти, дефинирана е добра појдовна основа за

функционирање на финсискиот систем во Р. Македонија. Со влегување во сила на новиот

закон за осигурување Владата на Р.Македонија ја презеде контролата прку Агенција за

супервизија на осигуррување и реосигурување. Агенцијата за супервизија е формирана во

2009 година. Функционирањето на осигурувањето на домашниот пазар покрај законот за

осигурување, регулирано е и со други извори на право, со подзаконски акти и уредби што

ги донесоа Владата на Р.Македонија со цел заштита на корисници на осигурување и

подобрување на функционирањето на дејноста на осигурување.

Покрај тоа новиот закон јасно ги пропишува правните регулативи кои допринесоа за

враќање на довербата на граѓаните во дејноста на осигурувањето кое со години пред тоа

непостоеше поради економски и политички нестабилности во земјата.

Со законот за осигурувње разграничени се работите на животно и неживотно

осигурување, осигурување и реосигурување, зголемен е капиталниот цензус за сите

облици на осигурување и правно е овозможен влез на странски инвеститори. Со новиот

закон за осигурителните компаниите може да добијат дозвола за работа единствено од

Page 60: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 59

страна на Агенција за супервизија на осигигурување на Р.Македонија (за обавување на

работи биле од животно осигрување било од неживотно осигурување)

Р. Македонија активно работи на интеграции во Европска Унија, а за да можелада

стане нејзин рамноправен член еден од условите е прилагодување на правната регулатива

со директивите на ЕУ. По зборовите на правниците и стручњаците од областа на

осигурувањето, домашниот закон за осигурување во основа е квалитетен, но одредени

корекции би придонесле нашата земја полесно да се интегрира на ЕУ пазарот на

осигурување. Со други зборови, за земјите кои посакуваат да го осовременат своето

законодавство во областа на осигурувањето важно е да го запознаваме и усогласуваме на

правните прописи со европските земји. Неспорно е дека европското законодавство

помогна во развојот на осигурувањето не само во државите членки на ЕУ туку и во

другите земји кои ја прифатија оваа правна регулатива во областа на осигурувањето. За

Р. Македонија може да пристапи кон ЕУ во рамките на дејноста осигурување мора да

испочитува следните неколку услови:

- можност на слободен влез на пазарот за странски инвеститори,

- укинување на контролата на цените,

- регулирање на неопходниот минимум на капитал и

- воспоставување на професионално надзорно тело во дејноста осигурување.

4.1. Улогата и значењето на Народна банка на Р. Македонија и Агенција за супервизија во дејноста на осигурување, на домашниот пазар на осигурување.

За да се постигне и сочува стабилноста на финасиската дејност неопходно е да се

воспостави адекватен и континуиран надзор над финасиските институции. Со

воспоставување на надзорното тело се допринесува како квалитетна така и квантитативна

проценка на работењето и поактивно забележување на ризикот кој им се заканува на

финасиските институции. Агенција за супервизија на осигурување и реосигурување има

задача да врши надзор над обавувањето на дејноста осигурување во нашата земја.

Агенцијата за супервизија има обврска да ги спречи финасиските проблеми и кршењето на

правните регулативи во дејноста осигурување. Главан цел на Владата на Р.Македонија е

воспоставување на финансиски доверлив и стабилен финасиски пазар на осигурување

Page 61: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 60

заради заштита на интересите на корисниците на осигурување, при што посебно внимание

се посветува на контгролата на работењето, начинот на управување со ризици и проценка

на ризик со кои осигурителните компании се изложени во работењето.

Примарната цел на надзорот во работењето на осигурувањето, покрај заштитата на

правата на осигурениците и корисниците на осигурувањето треба да и во заштита на

домоашните осигурувачи и задржување на паричнитге средства за вложување на

домашниот финасиски пазар со што позитивно се влијаје на платниот биланс на државата.

За да се реализираат поставените цели на пазарот на осигурување Владата на Р.

Македонија истовремено работеше и на: стабилизација на дејноста, враќање на довербата

на граѓаните во дејноста осигурување, креирање основа за развој на дејноста осигурување,

унапредување на функцијата на Агенцијата за супервизија и континуирано усовршување

на вработените.

Со цел за успешно реализирање на стратешките цели во областа осигурување,

Владата на Р.Македонија разви модерен систем на надзор преку Агенцијата за

супервизија на осигурувањето и реосигурувањето преку кој го следи работењето на

осигурителните компании и нивната изложеност на пазарните ризици. Покрај надзорот

над осигурителните компании Агенцијата за супервизија издава дозволи за работа во

осигурување, реосигурување, посредување и застапување во осигурување и за работите

непосредно врзани за работи во осигурувањето.

Правната рамка за воспоставување и функционирање на Агенцијата е пропишана со

Законот за супервизија на осигурување. Агенцијата има својство на правно лице и за

својата работа одговара пред Владата на Р. Македонија.

Законските надлежности на Агенцијата се однесуваат на:

- Спроведување на супервизија над друштвата за осигурување, осигурителните

брокерски друштва, друштва за застапување во осигурувањето, осигурителнитге

брокери и застапници, правните лица кои се поврзани со друштвата за осигурување

и Националното биро за осигурување,

- Издавање и одземање дозволи, согласности и лиценци, изрекување супервизорски

мерки, донесување подзаконски акти и давање предлози за донесување на закони,

членување во меѓународни асоцијации од областа на осигурувањето, соработување

со други надзорни органи и потикнување на развојот на осигурувањето.

Page 62: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 61

Задачата на Агенција за супервизија е во вистинско време и адекватно да ги воведе

и применува корективните мерки и процедури како и своите активности во целоста да ги

услогласи со меѓународните процедури и стандарди што се применуваат во супервизијата

на осигурителните компаниии во ЕУ. Според законот за осигурување на Р. Македонија

надзор и контрола над осигурителните компании на територијата на Р. Македонија може

да се врши со посредна или непосредна контрола. Во состав на Агенцијата за супервизија

се:

- Сектор за регулатива и лиценцирање ( 1. Одделение за регулатива, 2. Одделение за

лиценцирање )

- Сектор за супервизија ( 1. Одделение за теренска супервизија, 2. Одделение за

вонтеренска супервизија, 3. Одделение за актуарски работи и статистика, 4.

Одделение за истражување и развој )

- Сектор за општи и административни работи ( 1. Одделение за правни и

административни работи, 2. Одделение за финансиско сметководствени работи, 3.

Одделение за информатика )

- Самостојно одделение за внатрешна ревизија,

- Самостојно одделение за работи непосредно поврзани со Советот на експерти и

претседателот на Советот на експерти.

Секторот за регулатива и лиценирање ги врши работите кои што се однесуваат на:

следење на регионалата и меѓународната регулатива во областа на осигурувањето и

подготовка на иницијативи за изменување и дополнување на законска регулатива во

областа на осигурувањето во Р. Македонија, подготвување на подзаконски акти од областа

на осигурувањето, подготвување акти ( одлуки, решенија, дозволи, лиценци, соглсности и

сл.) со кои се одобруваат / одбиваат барања на физички и правни лица за извршување на

работи во областа на осигурувањето, изготвување извештаи и анализи за својот делокруг

на работа и извршување други работи кои се определени од страна на Советот на експерти

и претседателот на Советот на експерти.

Сектор за супервизија ги врши работите кои што се однесуваат на вршење на

теренска и вонтеренска супервизија на работењето на друштвата за осигурување кои

вршат работи на осигурување во рамките на некоја или сите класи на осигурување во

групата на неживотно осигурување и осигурување на живот, друштвата за застапување во

Page 63: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 62

осигурувањето, осигурително брокерските друштва, осигуритгелните брокери,

застапниците во осигурувањето, актуарите, и Националното биро за осигурување.

Предлага мерки на супервизија согласно Законот и подзаконските акти, го контролира

работењето на актуарите, изготвува записници, извештаи и анализи за спроведените

теренски и вонтеренски супервизии, изготвува актуарски анализи и мислења врз основа на

спроведена супервизија, врши анализа на пазарот на осигурување во функција на негов

развој и извршува други работи кои се определени од страна на Советот на експерти и

претседателот на Советот на експерти.

Сектор за општи и административни работи ги врши работите кои што се

однесуваат на : изготвување на општи акти за статутот на Агенцијата и статусот на

вработените во Агенцијата, потребата од обезбедување на средства за работа на

Агенцијата, и нивна дистрибуција, водење на финасиско – сметководствени работи на

Агенцијата и воспоставување и одржување на информатички систем во Агенцијата.

Самостојното одделение за внатрешна ревизија ги врши работите кои што се

однесуваат на: планирање, организирање и спроведување на ревизии согласно законските

прописи, меѓународните стандарди за внатрешна ревизија и воспоставените ревизорски

политики на работата на Агенцијата, изготвување програма за секоја одделна ревизија,

составување соодветна документација и изготвување извештај од извршената ревизија и

иницирање измени на општата регулатива за работа на агенцијата.

Самостојното одделение за работи непосредно поврзани со Советот на експерти и

претседателот на Советот на експерти врши работи кои што се непосредно поврзани со

работењето на Советот на експерти и претседателот на Советот на експерти и др.

Во согласност со основните принципи на осигурување, за кои се залага

Меѓународната асоцијација на супервизорите за осигурување Агенцијата за супервизија

има донесено неколку смерници со кои се подобрува и унапредува контролата над

работата на осигурителните компании:

1. Транспарентност – транспарентност и достапност на податоци за осигурителните

компании,

2. Корпоративно управување – се укажува на неопходност од управување во

осигурителните компании,

Page 64: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 63

3. Пазарен ризик – се налага контрола на пазарниот ризик и постоење конкуренција

на пазарот на осигурување,

4. ALM (Asset liability Management ) – модел на управување со актива и пасива,

5. Спречување на перење пари – спречување на перење пари и финасирање тероризам

и

6. Измами – спречување, откривање и отсранување на причините на измама во

работењето на осигурувањето.

Со цел да се осигура конкурентно и рамноправно работно опкружување во

областа на осигурувањето клучен предизвик во супервизијата на финасискиот сектор

во кој спаѓа и секторот на осигурување е процесот на имплементација на директивата

Solvency II која претставува клучен предизвик за CEA – u ( Comitee Europeen des

Assurances ). Оваа директива претставува најзначајна промена во областа на

регулирање солвентности на ниво на Европска Унија и нејзиниот почеток на примена е

предвидена за октомви 2012 година. Клучно барање кое директивата Solvency II го

наметнува на осигурителните компании е управување со ризици и алокација на

одредена големина на капитал за покривање на тие ризици, при што по прв пат во

капиталните барања ( покрај кредитниот, пазарниот и ризикот на осигурување) се

вклучува и оперативен ризик. Импламентацијата на директивата Solvency II би требало

да се темели на економски принципи и квалитетни процеси на управување со ризиците

со цел за заштита на осигурениците.

Агенцијата за супервизија има обврска да провери дали е испочитуван

минимумот на капитал за основање осигурителна компанија кој е предвиден со

Законот за осигурување. Почетниот фонд на сигурност е услов кој мора да е

испочитуван како би осигурителното ретпријатие можело да работи на домашниот

пазар. Минималниот износ на капиталот на почетокот на работењето на осигурениците

им гарантира исплата на осигураните штети. Треба да се истакне дека овој фонд во

понатамошното работење исклучително се користи како крајно обезбедување.31)

Гарантниот фонд претставува една третина од потребното ниво на маргината на

солвентност од членот 75 или 76 на овој закон.

31 )Агенција за супервизија за осугурување на Р.Македонија стр.60

Page 65: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 64

Осигурува (2) Покрај одредбите од ставот 1 на овој член, гарантниот фонд на

друштвото за ње кое врши работи на осигурување во рамките на класите на

неживотното осигурување, не смее да биде понизок од:

1) 750.000 ЕВРА, ако полисите на друштвото за осигурување ги покриваат сите или

некои ризици од класите на осигурување предвидени во точките 10,11,12,13 и 15 од

ставот 2 на членот 5 од овој закон;

2) 500.000 ЕВРА, ако полисите на друштвото за осигурување ги покриваат сите или

неколку ризици од класите на осигурување предвидени во точките 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8,

16 и 18 од ставот 2 на членот 5 од овој закон;

3) 350.000 ЕВРА, ако полисите на друштвото за осигурување ги покриваат сите или

неколку ризици од класите на осигурување предвидени во точките 9 и 17 од ставот 2

на членот 5 од овој закон;

4) 2.500.000 ЕВРА , ако полисите на друштвото за осигурување ги покриваат сите

ризици или неколку ризици од класата на осигурување предвидена во точката 14 од

ставот 2 на членот 5 од овој закон, со исклучок на случајот под точката 5 и

5) 1.400.000 ЕВРА, ако полисите на друштвото за осигурување ги покриваат сите или

неколку ризици од класата на осигурувања предвидена во точката 14 од ставот 2 на

членот 5 од овој закон, доколку годишниот износ на деловни премија од оваа класа во

секоја од последните три години е понизок од 230.000 ЕВРА или 4% од вкупниот

износ на осигурителни премии во тој период од сите класи во рамките на кои

друштвото за осигурување врши работи на осигурување.

(3) И покрај одредбите од ставот 1 на овој член, гарантниот фонд не смее да биде

понизок од 750.000 ЕВРА, под услов полисите на друштвото за осигурување да ги

покриваат сите или некои ризици од групата на осигурување на живот.

(4) И покрај одредбите од ставот 1 на овој член, гарантниот фонд на друштвото за

осигурување кое врши работи на реосигурување не смее да биде помал од 1.500.000

ЕВРА.

(5) Во случај кога друштвото за осигурување покрива ризици од две или повеќе класи

на неживотно осигурување, при определување на износот на акционерски капитал, ќе

се земе предвид пропишаниот износ на гарантниот фонд од ставот 2 на овој член, за

онаа класа на осигурување за која износот на гарантен фонд е највисок.

Page 66: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 65

Агенција за супервизија за осигурување и реосигурувње на Р.М ги има и

следните задачи:

- Проценка на способноста на осигурителните компании да ги извршат своите

обврски во целост,

- Проценка на компетентностите на раководството на осигурителните компании да

управуваат со превземени ризици,

- Проценка на активностите на системот на интерни контроли и нивното

спроведување,

Податоците од табелата 19 укажуваа на тоа дека на пазарот на осигурување во

послледнигте години е направен извесен напредок во зголемувањето на премиите

односно раст на премиите од 428394 милиарди денари во 2003 година на 648622

милијарди денари во 2010 година. Во структурата на остварени премии на

осигурување доминираат неживотните осигурувања кои во набљудуваниот период

сочинуваа 95 % од вкупните премии. Премиите на неживотно осигурување во

претходните две години во условите на рецесија, забележаа динамично растење од 5%

во однос на 2004 година.

Page 67: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 66

Табела 19. Пазар на осигурување во Р.Македонија во период од 2004 до 2011 година.

Годинна

ВКУПНО

Животно

Неживотно

ВКУПНО

Животно.

Неживотно.

Животно Неживот

премија

штета премија

штета

2003 4283947

105436

4178511

2560204

52328 2507876

2004 4452975

105840

4347135

2653849

77961 2575888

100,4 149,0 104,0 102,7

2005 4595201

109272

4485929

2716863

72080 2644783

103,2 92,5 103,2 102,7

2006 5496246

115669

5380577

2915938

109084

2806844

105,9 151,4 119,9 106,1

2007 6108840

171206

5937634

2856103

135572

2729531

148,0 124,3 110,4 97,2

2008 6421580

266670

6154910

3094026

104535

2989491

155,8 77,1 103,7 109,5

2009 6182400

300817

58815823

2952299

97448 2854851

112,8 93,2 95,6 95,5

2010 6480622

354507

6126115

2983752

53253 2930499

117,8 54,6 104,1 102,6

Извор:Статистички годишник на Р.Македонија 2010 година.

Page 68: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 67

Графикон 7. Густина на бруто премијата по жител ( учество на бруто премија во

БДП на Македонија)

Извор: Агенција на осигурување за супервизија во Р.Македонија, Осигурителен

билтен за 2010 година.

На територијата на Р. Македонија до стапувањето на сила на новиот Закон за

осигурување беа регистрирани седум компании за осигурување, а денес се регистрирани

четрнаесет компании.

Со цел да укажеме на позицијата и моменталната состојба на дејноста осигурување

во понатамошниот текст најпрво ќе го анализираме развој на осигурувањето во

Р.Македонија, структурата на целокупниот домицилен осигурителен сектор на основа на

два критериума: капиталот и билансната сума, а потоа подетално ќе се задржиме на

домашниот пазар на осигурување и подробно ќе ги анализираме претпријатијата од тој

пазар.

Page 69: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 68

Табела. 20 Структура на вкупни средства на финансискиот сектор на Република Македонија.

Вид на финансиски институции

Вкупна средства(милиони денари)

Структура во % Број на институции

2009 2010 2009 2010 2009 2010Депозити на финансиски институции

271.825 308.276 89,7 89,0 28 26

Банки 268.543 305.290 88,6 89,0 18 18 Штедилници 3.283 2.986 1,1 0,9 10 8Недепозитни финансиски институции

31.348 34.586 10,3 10,1 74 74

Друштва за осигурување 12.202 12.518 4,0 3,7 13 14 Осигурителни брокерски друштва

Н.н Н.п Н.п Н.п 12 14

Друштва за застапување во осигуру.

Н.п Н.п Н.п Н.п 5 6

Лизинг друштва 9.115 8.509 3,0 2,5 9 10 Пензиски фондови 8.752 12.494 2,9 3,6 4 4 Друштва за управ.со пенз.фондови

333 401 0,1 0,1 2 2

Брокерски куќи 754 468 0,2 0,1 18 14 Инвестициони фондови 152 170 0,1 0,1 8 6 Друштва за упр.со инвест.фондови

40 40 0,0 0,0 5 4

Извор: Извештај за финансиска стабилност 2011 година.

4 2.1. Развој на осигурувањето во Република Македонија

Осигурувањето има долга традиција на подрачјето кое што денес претставува

Република Македонија. Во XIX век странските осигурители, го отпочнале своето

работење во оваа особено значителна стопанска гранка, а подоцна домашните политичари

и стопанственици го пронашле одговорот со воведување на домашни осигурителни

задруги. Подоцна биле основани неколкуте друштва за осигурување со домашен, странски

или мешовит капитал.

Page 70: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 69

Во двете Светски војни осигурителите доживеале значителна деловна загуба, а кон

крајот на 1945 година била воспоставена состојба на државен монопол на осигурувањето

карактеристичен за источно европскиот и советскиот политички простор.

Собранието на Република Македонија на 30. 07. 1993 година го донела Законот за

осигурување на имот и лица, со што започнал нов период во развојот на осигурувањето во

Република Македонија како самостојна и суверена држава и национална економија. Со

овој закон уредени се голем број на битни прашања од областа на осигурувањето и

реосигурувањето како: склучувањето и извршувањето на договори за осигурување на лица

и имот и на договори за реосигурување, работи во спроведувањето на мерките и акциите

за спречување на ризиците кои што го загрозуваат осигурениот имот и лица како и

застапувањето и посредувањето во осигурувањето, снимањето на ризиците, како снимање

и проценка на штетите, давање на правна помош и други интелектуални технички услуги,

сите во врска со осигурувањето и реосигурувањето.

Особено битно за понатамошниот развој на националната економија било носењето

на Законот за осигурување ( 7.05.2001 година) и Законот за супервизија на осигурувањето.

(25.04.2002)

Заклучно со 2005 година, во Република Македонија делувале десет компании за

осигурување , од коишто само една делува и како друштво за реосигурување и само една

компанија врши осигурување на живот.32)

Денес, на осигурителниот пазар во Република Македонија дејствуваат 13

осигурителни друштва, од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а 2 на

осигурување на живот.

32) Вовед во осигурување, Б. Милошевиќ, Охрид, 2006 г.

Page 71: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 70

Табела бр. 21 Регистар на друштвата за осигурување

Извор: Агенција за супервизија на осигурувањето

Исто така, на осигурителниот пазар во Република Македонија се присутни и

неколкуте брокерски компании „ Еуро Експертс“, „Еуромак Брокер“, „Виасс“, „ Ин-

Брокер“, „ВПФ“, „Мобилити“, „Седа брокер“, „Наше осигурување’, „ЈДБ Брокер“, „Делта

Инс Брокер’„А- Тим“, „Легра“, „К Мк Брокер“, „Макоил Брокер АД Скопје“, друштвата за

застапување во осигурувањето : „АМГ Премиум“, „ Магма“, „Сафе Инвест“, „Тренд МР“,

Page 72: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 71

„Актива осигурување“ и „Мк Осигурување“, застапници во осигурувањето, овластени

актуари и физички лица – осигурителни брокери.

4.2.2. Агенција за супервизија на осигурување

За законското и ефикасното функционирање на пазарот на осигурување, со цел

заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги и

зголемување на финансиската стабилност на земјата, во 2009 година е основана

Агенцијата за супервизија на осигурување која е независно регулативно тело со свои

надлежности и овластувања.

Во основите принципи на Агенцијата за супервизија на осигурувањето се

вбројуваат:

- Одговорност - Агенцијата ќе реагира на брз и разбирлив начин, и доследно ќе ја

реализира мисијата и стратешките цели во областа на супервизијата;

- Стручност - Сите активности поврзани со надлежностите на Агенцијата ќе бидат

превземани на начин кој ќе обезбеди ефикасно остварување на стратешките цели,

согласно највисоките стандарди во областа и разумно направени трошоци;

- Совесност - Во спроведување на своите активности Агенцијата се раководи од

највисоките етички стандарди во комуницирањето и соработката со сите учесници, во

постапката на супервизија;

- Транспарентност - Пласирање квалитетни информации за пазарот на

осигурување како и обезбедување со навремени информации за потребите на учесниците

и корисниците на осигурителните услуги.33

33 http://aso.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=48&Itemid=53&lang=mk

Page 73: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 72

Приказ на организација на осигурителниот пазар во Република Македонија

Графикон бр. 8: Сопственичка структура на друштвата за осигурување

Page 74: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 73

Графикон бр. 9: Пазарна концентрација според бруто полисираната премија

Извор: Агенција за супервизија на осигурувањето

Табела бр. 22 Бруто исплатени штети по класи на осигурување ( во 000 МКД)

Page 75: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 74

Табела бр.23 : Промени на осигурителниот пазар по осигурителни друштва

Osiguritelni kompanii 2007 2008 Promeni Dvi`ewa

Kjubi 21.4% 18.5% Namaluvawe

Vardar 25.5% 21.3% Namaluvawe

Evroins 4.5% 5.7% Porast

SavaTabak 14.3% 15.6% Porast

Sigma 5.3% 4.2% Namaluvawe

Eurolink 8.6% 9.4% Porast

Insig 3.2% 3.0% Namaluvawe

Unika 4.7% 5.2% Porast

Osiguritelna Polisa 9.3% 9.0% Namaluvawe

Albsig 0.8% 4.5% Porast

Kroacia 1.2% 1.4% Porast

Grave 1.1% 2.2% Porast

Извор: Национално биро за осигурување

4.3. Друштва за осигурување во Република Македонија

4.3.1. Акционерско друштво за осигурување и реосигурување Кјуби

4.3.1.1. Основање и промени

QBE е австралиска компанија за осигурување и реосигурување која котира на

берзата со филијали во 45 земји низ светот, основана во 1886 година. Во Европа, Кјуби е

распространета во дури 17 земји. Во периодот помеѓу февруари 1982 година и ноември 2009

година, QBE стекна 121 компанија низ светот. Во декември, 2004 година, QBE имаше 1788

вработени, додека во октомври 2008 година, тој број се зголемува на 2968 вработени лица.

Page 76: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 75

Како почеток на развојот на осигурувањето на имоти и лица во Република Македонија

практично се смета 1 март 1945 година, кога е формиран Државниот осигурителен завод

попознат меѓу населението како ДОЗ. Од 21 ноември 1990 година денешнана компанија на

Кјуби на подрачјето на Република Македонија започнува да делува Акционерско друштво за

осигурување и реосигурување Македонија, чии основачи се акционери – осигуреници на

друштвото. Од ноември, 1992 година за прв пат АДОР Македонија ја проширува својата

дејност со активно реосигурување.

КЈУБИ е зачетник на осигурувањето во Република Македонија, почнувајќи ја

својата дејност во 1945 година низ децении ја гради културата и традицијата на осигурување

преку брендовите ДОЗ, ЗОИЛ и сега, КЈУБИ МАКЕДОНИЈА.

Кон крајот на март, 2000 година, познатата австралиска осигурителна и реосигурителна

компанија ’QBE Insurance Group’ стана сопственик на управувачкиот пакет акции и дојде до

промена на сопственичката структура на друштвото со што тоа стана член на големото

семејство на Qbe осигурителната групација.

Во 2007 година, Друштвото своите работи ги врши преку Генералната дирекција, 1

филијала и 19 експозитури низ републикава.

По извршени организациони и структурни промени, на 31. 12. 2007 година, во Друштвото се

вработени 428 работници, од кои 226 во администрација и 202 во продажбата на осигурувања

директно, или преку дистрибутивни канали.

По повторните измени на 31. 12. 2008 година бројот на вработените во Друштвото

изнесува 397, од кои 214 се во администрацијата, а 183 во агентска и не-агентска продажба

на осигурувања.

Кјуби денес се јавува како водечки осигурувач во Република Македонија кој

својата дејност ја извршува преку Генералната дирекција во Скопје и во повеќето

експозитури низ републиката.

Кјуби е осигурителна куќа што меѓу првите доби потврда за успешно усогласување со

Законот за супервизија во осигурувањето а со овој документ потпишан од Министерот за

финансии, КЈУБИ МАКЕДОНИЈА доби и согласност за исполнување на условите неопходни

за вршење на функцијата членови на органот за управување со друштвото за осигурување.

Во 2008 година, Кјуби осигурителната групација објавува силен финансиски резултат со нето

профит по оданочување од $1,859 милиони, повраток на капитал од 20, 9 % и одличен

Page 77: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 76

резултат кај преземањето на ризик. За разлика од 2007 година, нето профитот е за 3,5 %

понизок од рекордниот профит, но значително добар со оглед на финансиската криза,

зголемената фреквентност на големите поединечни ризици и катастрофални штети за

осигурителниот бизнис и значително пониските приходи на многу конкуренти од

осигурителниот пазар во 2008 година.

4.3.1.2. Организациона структура на АД Кјуби

Слика бр. 1. Организациона структура на АД Кјуби

4.3.1.3. Видови на услуги – класи на осигурување

Според регистарот на друштва за осигурување кои функционираат на

осигурителниот пазар во Република Македонија, односно податоците на Агенцијата за

супервизија на осигурувањето, Кјуби ги покрива следните 19 класи на осигурување :

1. Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски

повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето

пораси повреда, покрива:

• Исплата на осигурената сума во еден целосен износ;

Page 78: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 77

•Исплата на осигурената сума во рати;

•Комбинација на исплати од претходните два случаи;

•Исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.

2. Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со задолжителното

здравствено осигурување:

•Еднократен паричен надомест за инвалиднина;

•Надомест на трошоците за болничко лекување;

•Комбинација на плаќањата од претходните два случаи.

3. Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:

•Моторни возила со сопствен погон, освен шински;

•Влечни патни возила.

4. Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанати на шински

возила.

5. Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на

воздухоплови.

6. Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на

речни или езерски пловни објекти.

7. Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во

превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот.

8. Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или

губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) во

случаи на:

Пожар,

Експлозија,

Луња,

Природни непогоди освен луња,

Земјиште што тоне или се лизга.

9. Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите

на имот предвидени со точките од 3 до 7) поради град или мраз, и други штети освен оние

од точка 8 (на пример во случај на кражба).

Page 79: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 78

10. Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила.

11. Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите

настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

12. Осигурувањето од одговорност од употреба на пловни објекти ги покрива штетите

настанати од употреба на пловните објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

13. Општо осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други

одговорности освен оние од точките од 10 до 12.

14. Осигурувањето на кредити покрива:

Ризик од неплаќање (ненавремено плаќање) поради неликвидност или

Други околности;

Извозни кредити и други ризици во врска со извозот, трговијата и

Инвестирањето на странски и домашен пазар;

Кредити со отплата на рати;

Хипотекарни и ломбардни кредити;

Земјоделски кредити, и

Други кредити и заеми.

15. Осигурување на гаранции ги покрива и директно или индиректно гарантира за

исполнувањето на обврските на должниците.

16. Осигурување од финансиски загуби ги покрива финансиските загуби кои се јавуваат

како резултат на:

Ризик при вработување;

Недоволен приход ( општо);

Временски неприлики;

Загубен приход;

Непредвидени општи трошоци;

Непредвидени трговски трошоци;

Загуба на пазарната вредност;

Загуба на рентата или приходот;

Индиректни трговски загуби освен оние наведени во претходните случаи;

Page 80: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 79

Други финансиски загуби (освен трговски), и

Други видови на финансиски загуби.

17. Осигурување на правна заштита ги покрива трошоците за правна помош и судски

спорови.

18. Осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при

патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.

19. Осигурување на живот (освен она наведено во точките 20-23) опфаќа осигурување во

случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот,

рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии.

Осигурителното друштво, КЈУБИ Македонија ги нуди следните продукти:

- пакет осигурувања

- моторни возила.

Осигурувањето на домот се однесува на :

Пожар;

Гром;

Експлозија;

Луња во смисол на ветер со брзина поголема од 62 км / час;

Град;

Удар на возило;

Вандализам, злонамерна штета;

Штети од излевање на вода од прснати инсталации во станбени објекти;

Летала (осигурувањето ги покрива и штетите настанати од објекти испаднати од

леталата)

Дополнително осигурување:

Земјотрес

Поплава, порои и високи води (поради силни атмосфрески врнежи)

Слегнување на земјиште, како последица на природна појава

Page 81: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 80

Снежна лавина

Одговорност кон трети лица

Осигурувањето на автомобилот се однесува на :

Сообраќајна незгода (превртување, судар, удар, лизгање, урнување и сл.)

Паѓање на некој, или удар од некој предмет

Пожар

Ненадејно надворешно термичко или хемиско дејство

Удар од гром

Експлозија

Луња, град, снежна лавина

Паѓање на воздушни летала

Манифестации и демонстрации

Злонамерни постапки или обест од трети лица

Кражба, противправно одземање на возилото и разбојништвото со важност во Р.

Македонија, останатите европски земји и Р. Бугарија;

Осигурувањето на семејството се однесува на :

Смрт од болест

Смрт од незгода,

Трајна загуба на општата работна способност (инвалидитет)

Влошено здравје кое бара лекарска помош (трошоци за лекување)

Преодна неспособност за работа (дневен надомест)

Осигурувањето на моторните возила т.е. осигурување од автомобилска одговорност

Осигурувањето од автомобилска одговорност (АО) е законски задолжително осигурување

за сите сопственици на моторни возила. Оваа полиса се приложува како документ при

годишната регистрација на возилото.

Со оваа полиса се осигурува одговорноста на сопственикот на возилото за штети кои со

тоа возило може да се направат на "трети лица"односно учесници во сообраќајот. Во

Page 82: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 81

предвидени осигурени случаи Кјуби Македонија ја превзема одговорноста за надомест на

штета кон "трети лица".

Правата и обврските по оваа полиса се согласно Условите за осигурување од

автомобилска одговорност. Тие се добиваат при купувањето на полисата која е достапна

во сите канцеларии низ Македонија, на продажните места на нашите овластени

дистрибутери и брокери и од агентите за осигурување кои полисата ќе ја донесат на

работното место, дома односно како ќе одбере осигуреникот.

Корисници на осигурителните услуги

Потенцијални корисници на услугите на осигурителното друштво се физичките и

правните лица во Република Македонија .

Page 83: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 82

ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ

БИЛАНС НА УСПЕХ

Технички резултат – Неживотно осигурување/ За годината која завршува на 31 декември

Доспеана премија намалена за

реосигурување

Белешки 2009 2008

Бруто запишана премија 3 894.839 1.155.216

Преотстапени премии во

реосигурување

4 126.437 70.797

Нето запишана премија 768.402 1.084.419

Движење во преносна премија 84.473 38.788

Нето премија намалена за

реосигурување

852.875 1.123.207

Штети намалено за реосигурување

и национално биро

Бруто штети 564.010 739.822

Штети надоместени со

реосигурување

19.646 10.051

Национално биро 21.734 60.656

Нето штети 5 522.630 669.206

Движење во резервацијата за

штети

Бруто резервација 6 57.826 196.747

Намалување на резервација 99.863 203.630

Нето резервација за штети 42/037 6/883

Штети намалено со реосигурување 480.593 662.323

Долгорочни резервирања 7 1.236 36.742

Приходи од работење 8 95.342 126.441

Расходи од работење 9 443.723 515.371

Резултат од основна дејност 22.665 108.696

Page 84: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 83

БИЛАНС НА УСПЕХ

Технички резултат – Животно осигурување/ За годината која завршува на 31 декември

Доспеана премија намалена за

реосигурување

Белешки 2009 2008

Бруто запишана премија 22.049 32.849

Нето премија намалена за

реосигурување

22.049 32.849

Приходи од вложувања 11.877 15.531

Штети намалени за реосигурување

Бруто штети (84.934) (95.247)

Нето штети (84.934) (95.247)

Движење во резервација на штети

Математичка резерва 63.843 58.629

Останати резервации (119) 2.204

Штети намалени за реосигурување (21.210) (34.414)

Расходи од работење 9 (4.892) (36.538)

Резултат од основна дејност 7.824 22.572

4.3.1.4 Визија и вредности

Во 1994 година, Френк О’Халоран, Главниот извршен директор на QBE Групацијата

дошол до идеја дека целата компанија треба да биде сплотена во заедничка култура на

однесување и начин на работа. Тој ги поставил визијата и вредностите, како и основниот

начин на однесување според кои и компанијата и осигурениците играат една игра по исти

заеднилки правила.

Визијата на QBE ја дефинира целта и насоката за секој поединец во негови рамки.

Визијата на QBE е да бидат меѓународно признати како :

Page 85: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 84

- крајно успешна осигурителна и реосигурителна групација

- неимар на акционерскиот капитал

- компанија што развива способен кадар

- компанија што се истакнува со постојана понуда на нови осигурителни

производи и услуги со докажан квалитет.

Вредностите на Кјуби осигурителната групација се следните:

- долгорочно зголемување на акционерскиот капитал;

- задоволство на клиентите и нивно задржување

- мотивираност на вработените

- интегритет.

4.3.2.2 Акционерско друштво за осигурување Вардар

1. Основање и промени

Акционерското друштво Вардар осигурување е основано во 1968 година како мала

единица на ЗОИЛ Југославија и ЗОИЛ Белград, за да потоа работната единица во

Македонија се зголеми и прошири во Филијала со статус на правно лице на

новоформираниот ЗОИЛ Дунав Белград.

Со осамостојувањето на Македонија како суверена држава, во 1993 година главната

филијала Вардар Скопје се регистрира како мешовито акционерско друштво за

осигурување Вардар Скопје. Со стапување на сила на Законот за осигурување на имоти и

лица на Република Македонија, во 1994 година се изврши нова регистрацација и оттогаш

друштвото гласи под називот А.Д. Осигурување Вардар Скопје.

Вардар Осигурување има 19 филијали распространети низ целата територија на Република

Македонија. Бројот на вработените лица во 2007 година изнесува 150. Од Ноември, истата

година, Вардар е членка на Групацијата Триглав од Словенија која е воедно најголемата и

најбрзо растечката компанија во Југоисточна Европа, со полисирана премија во износ од

околу 1 милијарда евра. 34)

34)http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B0%D1%80%D0%B4%D0%B0%D1%80_%D0%9E%D1%81%D0%B8%D0%B3%D1%83%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5

Page 86: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 85

2. Видови на услуги - класи на осигурување

Според регистарот на друштва за осигурување кои функционираат на

осигурителниот пазар во Република Македонија, односно податоците на Агенцијата за

супервизија на осигурувањето, АД Вардар осигурување ги покрива следните 15 класи на

осигурување :

1. Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски

повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето

пораси повреда, покрива:

• Исплата на осигурената сума во еден целосен износ;

• Исплата на осигурената сума во рати;

•Комбинација на исплати од претходните два случаи;

•Исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.

3. Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:

•Моторни возила со сопствен погон, освен шински;

•Влечни патни возила.

4. Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанати на шински

возила.

5. Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на

воздухоплови.

6. Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на речни или

езерски пловни објекти.

7. Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во

превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот.

8. Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или

губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) во

случаи на:

Пожар,

Експлозија,

Page 87: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 86

Луња,

Природни непогоди освен луња,

Земјиште што тоне или се лизга.

9. Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите

на имот предвидени со точките од 3 до 7) поради град или мраз, и други штети освен оние

од точка 8 (на пример во случај на кражба).

10. Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила.

11. Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите

настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

12. Осигурувањето од одговорност од употреба на пловни објекти ги покрива штетите

настанати од употреба на пловните објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

13. Општо осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други

одговорности освен оние од точките од 10 до 12.

16. Осигурување од финансиски загуби ги покрива финансиските загуби кои се јавуваат

како резултат на:

Ризик при вработување;

Недоволен приход ( општо);

Временски неприлики;

Загубен приход;

Непредвидени општи трошоци;

Непредвидени трговски трошоци;

Загуба на пазарната вредност;

Загуба на рентата или приходот;

Индиректни трговски загуби освен оние наведени во претходните случаи;

Други финансиски загуби (освен трговски), и

Други видови на финансиски загуби.

17. Осигурување на правна заштита ги покрива трошоците за правна помош и судски

спорови.

18. Осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при

патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.

Page 88: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 87

Слика бр. 2 Регионална покриеност на групацијата Триглав

4.. Корисници на осигурителните услуги

Корисници на услугите на осигурителното друштво АД „Вардар“ можат да бидат сите

физички и правни лица во Република Македонија кои се заинтересирани да си го

осигураат имотот или животот.

Page 89: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 88

4.3.2.3. Акционерско друштво за осигурување „Еуролинк“

1. Основање и промени

Акционерско друштво за осигурување Еуролинк оваа година ја слави 5

годишнината од своето основање. Од тогаш, па се до денес, истото бележи исклучителни

деловни резултати изразени преку континуиран и значителен пораст на полисираната премија

и на учеството на пазарот на осигурување во земјата. Доказ повеќе за ова се и над 140 000

корисници на нашите услуги. Низ своето професионално дејствување, Друштвото одржува

одлично избалансирано и внимателно избрано портфолио на ризици.

Што се однесува до компаративните предности на Друштвото како

високостручниот човечки потенцијал, повеќето од 300 алтернативни дистрибутивни канали

(туристички агенции, банки, автодилери и др.), стручното управување со осигурителните

ризици, високо квалитетниот и ефикасен клиентски сервис и најсофистицираната хардвер и

софтвер технологија инсталирана во процесите на работење, за нив може да се каже дека се

фундамент на вербата и посветеноста на компанија кон натамошен успешен развој.

Главната стратегиска цел на друштвото и негов препознатлив знак е навременото и

ефикасно решавање на штетите кои настанале од осигурените ризици и истата се остварува

преку олеснет начин на пријавувањето на штетите и постапката околу набавување на

потребната документација, како и информирање на странките за целокупниот процес на

решавање на штетите.

Еуролинк се смета за лидер во промоцијата на иновативни продукти и се етаблира

на македонскиот осигурителен пазар со вреднуван имиџ на сигурна и стабилна компанија што

ги исполнува своите ветувања.

Како стратешки определби на друштвото се јавуваат: 35

задоволството кај клиентите со квалитетни услуги на полето на осигурувањето и

исплатата на штетите;

примената на Европските осигурителни стандарди и транспарентност во

работењето;

обезбедувањето на комплетна и квалитетна заштита со реосигурување;

35 http://www.eurolink.com.mk/za_nas.asp?meni=zanas-submeni

Page 90: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 89

солвентноста во работењето;

зголемениот обем на осигурителни активности и константен раст на учеството на

македонскиот осигурителен пазар;

рационалното менаџирање со техничките средства и тековна ликвидност;

развојот и контролата на оперативните активности во компанијата;

поттикнувањето на мотивираноста на вработените

фокусирањето кон бизниси кои се со одржливи конкурентски предности.

2. Организациона структура на АД „Еуролинк“

Слика бр: 3 Организациона структура - Одбор на директори

3. Видови на услуги - класи на осигурување

1. Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски

повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето

пораси повреда, покрива:

• Исплата на осигурената сума во еден целосен износ;

•Исплата на осигурената сума во рати;

•Комбинација на исплати од претходните два случаи;

•Исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.

2. Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со задолжителното

здравствено осигурување:

Page 91: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 90

•Еднократен паричен надомест за инвалиднина;

•Надомест на трошоците за болничко лекување;

•Комбинација на плаќањата од претходните два случаи.

3. Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:

•Моторни возила со сопствен погон, освен шински;

•Влечни патни возила.

4. Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанати на шински

возила.

5. Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на

воздухоплови.

6. Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на речни или

езерски пловни објекти.

7. Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во

превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот.

8. Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или

губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) во

случаи на:

Пожар,

Експлозија,

Луња,

Природни непогоди освен луња,

Земјиште што тоне или се лизга.

9. Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите

на имот предвидени со точките од 3 до 7) поради град или мраз, и други штети освен оние

од точка 8 (на пример во случај на кражба).

10. Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила.

11. Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите

настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

12. Осигурувањето од одговорност од употреба на пловни објекти ги покрива штетите

настанати од употреба на пловните објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

13. Општо осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други

Page 92: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 91

одговорности освен оние од точките од 10 до 12.

14. Осигурувањето на кредити покрива:

Ризик од неплаќање (ненавремено плаќање) поради неликвидност или

Други околности;

Извозни кредити и други ризици во врска со извозот, трговијата и

Инвестирањето на странски и домашен пазар;

Кредити со отплата на рати;

Хипотекарни и ломбардни кредити;

Земјоделски кредити, и

Други кредити и заеми.

15. Осигурување на гаранции ги покрива и директно или индиректно гарантира за

исполнувањето на обврските на должниците.

16. Осигурување од финансиски загуби ги покрива финансиските загуби кои се јавуваат

како резултат на:

Ризик при вработување;

Недоволен приход ( општо);

Временски неприлики;

Загубен приход;

Непредвидени општи трошоци;

Непредвидени трговски трошоци;

Загуба на пазарната вредност;

Загуба на рентата или приходот;

Индиректни трговски загуби освен оние наведени во претходните случаи;

Други финансиски загуби (освен трговски), и

Други видови на финансиски загуби.

17. Осигурување на правна заштита ги покрива трошоците за правна помош и судски

спорови.

Page 93: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 92

18. Осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при

патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.

Во Еуролинк осигурување, клиентите можат да добијат осигурување на имот,

осигурување на моторни возила, осигурување од незгода, патничко осигурување,

осигурување од одговорност, осигурување на стоки при транспорт и различни други пакети

на осигурување како што се семејниот и бизнис пакетот.

4. Корисници на осигурителните услуги

Корисници на услугите на осигурителното друштво „Еуролинк“ се сите физички и

правни лица кои се заинтересирани да купат полиса за осигурување од разни видови ризици.

4.3.2.4 Акционерско друштво за осигурување „Осигурителна полиса“

1. Основање и промени

Акционерско Друштво “Осигурителна полиса“ е првата и засега единствена

Национална групација за осигурување во Република Македонија. А.Д. “Осигурителна

полиса“, на осигурителниот пазар во Р. Македонија/

Осигурителна полиса почна да егзистира на македонскиот осигурителен пазар во

почетокот на Јуни 2005 година, регистрирана со Трег. бр. 2320/2005 од 09.05.2005 година.

Оснивачкиот капиталот е домашен приватен капитал.

Иако АД Осигурителна полиса Скопје е ново друштво за осигурување на

македонскиот осигурителен пазар се појавува со искуство и висока професионалност што се

должи на екипираноста на менаџерскиот и стручиот тим со искусни и проверени

професионалци, со примената на најновите методологии за утврдување на цените на

осигурувањето базирани пред се на познавањето на ризиците, современото актуарство и

методите на утврдувањето на обештетувањето. 36)

36) http://www.insurancepolicy.com.mk/za_nas.html

Page 94: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 93

2. Организациона структура

Организационата поставеност на Друштвото овозможува непречена соработка

помеѓу секторите за осигурување, план и развој, проценка и ликвидација на штети, правниот

и финансовиот сектор, се со цел за исполнување на сите потреби на клиентите.

Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје располага со

стручен и оперативен кадар кои редовно ги следат новините и измените кои се одвиваат во

областа на осигурувањето на нашиот осигурителен Пазар како и оние во осигурувањето на

нашите соседи на Балканот и во државите во Европа.

Стручните работи во Друштвото ги извршуваат високо стручни работни кадри кои зад себе

имаат големо работно искуство во дејноста на осигурувањето и млади образовани кадри кои

секојдневно со својот ентузијазам и желба за знаење и успех во работата ги освојуваат

особеностите на оваа дејност и успешно ги презентираат на пазарот за осигурување.37

37) http://www.insurancepolicy.com.mk/za_nas_organizacija.html

Page 95: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 94

Слика бр. 5 Организациона структура

Page 96: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 95

3. Видови на услуги - класи на осигурување

Националната групација за осигурување АД Осигурителна полиса Скопје ги

покрива сите класи на неживотно осигурување и тоа:

• Осигурување од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи и индустриски

повреди и професионални заболувања) во случај на смрт или нарушување на здравјето при

повреда;

• Здравствено осигурување;

• Осигурување на моторни возила (каско);

• Осигурување на шински возила (каско);

• Осигурување на воздухоплови (каско);

• Осигурување на пловни објекти (каско);

• Осигурување на стока во превоз (карго);

• Осигурување на имот од пожар и природни непогоди;

• Други осигурувања на имот;

• Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;

• Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови;

• Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти;

• Општо осигурување од одговорност;

• Осигурување на финансиски загуби

• Здравствено осигурување при патување и престој во странство.

Друштвото за осигурување АД „Осигурителна полиса“ ги нуди следните видови на

осигурување:

- Осигурување од последици на несреќен случај;

- Здравствено осигурување;

- Здравствено осигурување при патување во странство;

- Осигурување на моторни возила (каско);

- Осигурување на шински возила (каско);

- Осигурување на воздухоплови (каско);

- Осигурување на пловни објекти (каско);

Page 97: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 96

- Осигурување на стока во превоз (карго);

- Осигурување на имот од пожар и природни непогоди;

- Осигурување на домаќинство;

- Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;

- Осигурување од одговорност од употреба на воздухоплови;

- Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти;

- Општо осигурување од одговорност.

4. Корисници на осигурителните услуги

Сите правни и физички лица во Република Македонија мождат да ги користат услугите на

АД Осигурителна полиса, претходно исполнувајќи одредени услови.

4.3.2.5. Акционерско друштво за осигурување „Албсиг "

1. Основање и промени

Осигурителната компанија Албсиг ја започнала својата дејност на Албанскиот

осигурителен пазар на 10 Септември 2004 година, и во моментов, во нејзината шестта

работна година е консолидирана и солидна единка, моќна и успешна, ефикасна и вредна за

почит.

Албсиг работи на целата територија на Албанија и почнувајќи од 23 Април 2007

година се распространува и во Македонија, а тоа претставува значаен и уникатен факт

кога за толку кратко постоење од помалку од 4 години успева да доживее регионална

експанзија.

Бројот на вработени е 180 од кои 70 се вработени во Македонија и е важен број на

луѓе кои се интегрирани како агенти во осигурителната мрежа.

Албсиг поседува капитал од 4 750 000 евра (750 000 евра во Македонија) и

3 000 000 евра како резерви ( околу 1 400 000 во Македонија), показатели кои заедно со

подршката од престижните компании како што се: Hannover Re, Munich Re, Lloyd’s , Coris,

овозможува целосно обештетување од потенцијалните ризици и образува перманентна

гаранција за повеќе од 50 илјади клиенти кои работат со неа и за илјадниците кои се

добредојдени да соработуваат.

Page 98: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 97

Со развидноста на производите што ги нудат, вие ја заштитувате сегашноста и ја

осигурувате вашата иднина, ја заштитуваат и ја гарантираат сопственоста и имотите од

немили настани, на кои никој не е имун.

Нивната работна филозофија е да ви ги понудат сите услуги за мирен живот со

посакуваниот луксуз. Вашата осигурителна компанија Албсиг ви гарантита живот без

стрес со многу насмевки.38)

Обврзување

- Посветеноста на вработените

- 24-часовен и квалитетен сервис кон нивните клиенти

- Растечки капацитет и потенцијалот на пазарот ( како резултат на растењетво во

осигурителната област и тенденциите за зајакнување и доградување на понудата)

- Ефективна и успешна структура на полиси кои се продаваат

- Легална листа и стандарди дефинирани од законодавството

- Искуството од успешни професионалци на регионалниот пазар

- Соработка со сериозни партнери во осигурителната индустрија

Приоритети

- Континуирана зајакнувачка слика на компанијата, која работи како солидно и

доверливо битие. Во овој контекст, во првите 5 години активност, растечкиот

процент на албанскиот пазар, не помал од 2% за година, останува јака и ефективна

алтернатива.

- Креацијата на ефикасен, квалитетен и значаен систем на услуги кои ги нуди на

клиентите, преку перманентни и важни промени во професионалната едукација и

во административните шеми.

- Порастот на потенцијалот на компанијата, зајакнување на техничките резерви,

како и неизбежен пораст на производите што ќе се понудат на пазарот.

- Подобрување на инфраструктурата благовремено на примарните правци на

активности, како и интеграција на компјутерскиот систем.

38 http://albsig.com.al/eng/default.asp

Page 99: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 98

- Гаранција на оптимална рамнотежа помеѓу задолжителното осигурување и

доброволното осигурување

- Растечки и стабилен систем на дистрибуција на производите

- Професоинален, почитуван и препознатлив кадар на вработени

2. Организациона структура

3.Видови на услуги - класи на осигурување

Портфелот на Албсиг опфаќа 12 класи и тоа:

1) Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи

индустриски повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на

здравјето поради повреда, покрива:

Исплата на осигурената сума во еден целосен износ;

Исплата на осигурената сума во рати;

Комбинација на исплати од претходните два случаи;

Исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.

Генерален директор

Сектор за осигурување Сектор за правни и кадровски работи

Сектор за штети

Сектор за маркетинг

Сектор за финансии

Page 100: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 99

2) Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со

задолжителното здравствено осигурување.

3) Осигурувањето на моторни возила (каско).

4) Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанати на

машински возила.

5) Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на

воздухоплови.

6) Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на

стока во превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот.

7) Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или

губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член).

8) Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот (освен

штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7) поради град или мраз, и други штети

освен оние од точка 8 (на пример во случај на кражба).

9) Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила.

10) Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива

штетите настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на

сопственикот.

11) Општо осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други

одговорности освен оние од точката 10.

12) Осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при

патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.

4.3.2.6. Акционерско друштво за осигурување „Евроинс“

1. Основање и промени

,,Евроинс,, АД Скопје е четвртата осигурителнa компаниja основана на

територијата на Р.Македонија со лиценца за вршење на работи на осигурување на имот

добиена од Министерството за финансии во 1995 година, регистрирано не ден 22.07.1995

година во Скопје.

Page 101: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 100

Мисијата која како задача си ја постави пред себе раководната структура на

тогашно ТД за осигурување МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, беше навистина

амбициозна, но не и неостварлива: освојување на позицијата на лидер на пазарот во оваа

дејност. Компанијата се определи за офанзивен настап и врвен квалитет во сите сфери на

своето работење, домаќински водејќи сметка за менаџмент на превземените ризици

согласно капацитетот на компанијата.

Реултатот од доброто работење не изостана. Се бележат позитивни финансиски

резултати, стекнува постојана клиентела со избалансиран портфел во сите видови

неживотно осигурување.

Еден од големите исчекори напред беше направен во 2003 година кога Одборот на

директори донесе одлука за проширување на Друштвото надвор од рамките на Скопје,

преку формирање на продажна мрежа низ Македонија, како и воведување на

задолжителните осигурувања – автоодговорност и зелен картон.

Најголемиот пресврт во Друштвото се случи во март 2008 година кога компанијата

ЕВРОИНС ИНШУРАНС ГРУП (EIG) Софија од Р.Бугарија (членка на Холдинг

компанијата ЕВРОХОЛД БУГАРИЈА АД), преку купување на мнозинскиот пакет на

акции, стана мнозински акционер во МАКОШПЕД ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со над

90% во основниот капитал на друштвото. По ова следуваше и ребрендирање на

компанијата, внесувајќи го високо реномираиот бренд – ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ

АД Скопје односно EUROINS INSURANCE S.C. Skopje, оставајќи го МАКОШПЕД

ОСИГУРУВАЊЕ во историјата, и преоѓајќи на повисоко ниво во осигурителниот бизнис

во регионот.

Усогласувањето со Измените и дополнувањата на законот за супервизија на

осигурување, придонесе јакнење на капацитетот на Друштвото до вкупните 3.000.249,72

евра основна главнина, со што се отвори патот за уште поамбициозен настап на пазарот,

овојпат со поголема финансиска моќ.

ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје денес е модерна и динамична

осигурителна компанија со над 150 вработени во сите градови во Македонија која го држи

чекорот на осигурителната дејност врз принципите на реалност, но и флексибилност кон

условите на пазарот и потребите на своите клиенти. Амбициозните развојни планови за

работа во наредните години, го определува и едниствениот можен начин по кој и овие

Page 102: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 101

планови можат да се реализираат. Тоа е професионално и посветено извршување на

обврските, без импровизации.

Трговскиот модел на компанијата има за цел да понуди осигурителни продукти,

кои покриваат широк спектар на ризици, обезбедувајќи комплексна осигурителна понуда

на своите клиенти.39)

КЛАСИ НА ОСИГУРУВАЊЕ:

Портфелот на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје опфаќа 10 класи на неживотно

осигурување од различни ризици и тоа:

1. Осигурување од последица на несреќен случај – незгода (вклучувајќи индустриски

повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на

здравјето поради повреда;

2. Осигурување на моторни возила (каско);

3. Осигурување на пловни објекти (каско);

4. Осигурување на стока во транспорт (карго);

5. Осигурување на имот од пожар и природни непогоди;

6. Други осигурувања на имот;

7. Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила;

8. Осигурување од одговорност од употреба на пловни објекти;

9. Општо осигурување од одговорност;

10. Осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при

патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на

живеење.

Денес, ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје преставува колектив на

динамични и едуцирани кадри кои се подготвени да прифаќаат ризици и кои секој празен

пазарен простор го сметаат за шанса. На овој начин станавме компанија со најголема

експанзија во 2008 година во осигурителниот бизинис, со широко распоространета мрежа

39 http://www.euroins.com.mk/brief-history-7.html

Page 103: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 102

низ земјата и со афирмирано присуство во клучните регионални и административни

центри преку вработените и застапниците во осигурување.

Оригиналност, современост, атрактивност ... ова се одликите на маркетиншките

вредности на ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје. Тоа е спој на емоции, уметност и

промоција, каде се негува трајната комуникација со постоечките и потенцијалните

клиенти.

2. Мисија, визија и идни планови

Се стремиме кон совршенство и лидерство, признати од општеството, клиентите,

инвеститорите,

Ги трансформираме иновативните идеи во производи и услуги, за модернизација на

општеството и стимулирање на неговиот развој,

Ги мотивираме работниците,

Го поддржуваме и поттикнуваме развојот на своите клиенти, партнери и

инвеститори, во согласност со глобалните општествени и етички принципи,

Постојано го прошируваме своето учество на пазарот, со цел за обезбедување на

сигурност на клиентите и партнерите,

Постигнавме солидна финансиска стабилност, обезбедуваме солиден доход на

нашите акционери на долгорочен план,

Позитивно да ја менуваме стварноста и подигнеме компанијата на ниво на високо

организираните, технолошко-супериорни и профитно ориентирани деловни

ситеми,

Спроведуваме модернизација во стилот на стратешкo лидерство,

Перфекција во програмирањето на квалитетна масовна присутност на пазарот

Остварување на задоволство на вработените, партнерите и клиентите…

Морални вредности

Професионалност,

Иновација,

Интегритет,

Page 104: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 103

Посветеност и Верност

Отвореност

Принципи и обврски

Разумно управување со ресурсите,

Генерирање на стабилна профитабилност,

Обезбедување на транспарентност и видливост на активностите на Друштвото,

Општествена одговорност,

Флексибилност кон условите на пазарот и потребите на своите клиенти

Широк спектар на осигурителни продукти

Земјотрес

Провална кражба и разбојништво

Стакло од кршење

Машини од кршење

Електронски сметачи и слични уреди

Објекти во градба

Автомобилска одговрност

Зелени карти

Каско осигурување на патнички возила, товарни,автобуси и слични возила,влечни,

специјални моторни возила,моторцикли, приклучни возила, моторни возила со

странска регистрација, возила на поправка во автомеханичарски организации,

работни и шински возила, багаж и дополнителна опрема и сл.

Потполно Каско

Потполно каско осигурување од следните ризици :

- сообраќајна незгода – судар, удар, лизнување, превртување и сл.

- паѓање на некој, или удар од некој предмет

- пожар, удар од гром

Page 105: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 104

- експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија

- луња, град, снежна лавина

- манифестации и демонстрции

- паѓање на воздушни летала

- кражба, противправно одземање на возило и разбојништво без утаја и измама со

доплаток на премија

Пожар и други опасности

Пожар и некои други опасност – во текст (основни ризици : пожар и удар од гром ,

експлозија, освен експлозија на нуклеарна енергија , излевање на вода од водоводна и

канализациона инсталација, луња , град, удар од сопствено моторно возило и сопствена

подвижна работна машина во осигурени градежни објекти, паѓање на воздушни летала,

манифестација и демонстрација.

Ако се договори и плати премија, осигурувањето се проширува од следните

дополнителни ризици : поплава, порој и високи води , лизгање и одронување на земјиште ,

слегнување на тлото , снежна лавина , истечување на течности – лекажа , самозапалување

на залихи , излевање на вжарена течна растопена маса, удар од непознато моторно возило

во осигуран градежен објект , одговорност од трети лица од опасност од излевање на вода

од водоводна и канализациона инсталација.

Каско , Одговорност , Гранично

Каско на прв ризик

Гранично осигурување

Каско осигурување на пловни објекти

Одговорност кон трети лица на пловни објекти

Општа одговорност од дејност

Законски одговорности од дејност (адвокати, ревизори, извршители,туристички

агенции,нотари, проектанти, стечајни управници, одговорност на осигурителни

брокери, геодети и сл.)

Page 106: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 105

Транспорт + ЦМР

Меѓународен транспорт

Домашен транспорт

Со осигурувањето на транспортот се обезбедува осигурителна заштита од ризици

кои се идни и незвисни од вољата на осигуреникот а се случуваат врз стоката која

се транспортира. Во зависност од видот на транспортното средство стоката може да

се осигура како стока при .

o копнен транспорт

o поморски транспорт

o воздушен и железнички транспорт

Одговорност на превозникот – ЦМР

Несреќен Случај

Осигурување на лица од последици на несреќен случај – незгода

Со осигурувањето од последина на несреќен случај – незгода лицата се изложени на

работното место и во останатите активности со кои се бави во местото на живеење, при

патување и слично во текот на 24-часа, временски и просторно неограничено од следните

ризици: паѓање, клизнување, удар со некаков предмет, судрување (исчашување и прелом),

удар на електрична струја или гром, ранување, опекотини, труење и од други ризици кои

може да предизвикаат неспособност за работа, трајно губење на работна способност или

смрт на работникот.

Патничко Осигурување

Евроинс Осигурување во соработка со асистенстската мрежа со светско реноме Корис

Интернационал на своите осигуреници со патничко осигурување им ги обезбедува

следните услуги и покритиа при патување и престој во странство во зависност од типот на

осигурителната полиса:

- Здравствена помош и осигурување

- Осигурување од Незгода

- Осигурување на багаж и замена на патните документи

- Помош при патување и осигурување

Page 107: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 106

Правила за покривање на штети

1. Пријавување на настанат штетен настан-штета се врши во рок од 3 дена од денот на

настанување на штетата за сите класи на осигурување, освен за настанати штети по основ

на осигурување од незгода кога штетата се пријавува најрано 3 месеци од денот на

настанување на повредата. Настанатата штета може да се пријави и покасно, меѓутоа

мора да се испочитува утврдениот рок за застареност на побарувањата определен со Закон

за облигациони односи.

2. Сите настанати штети по сите видови класи на осигурување настанати на територијата

на град Скопје, се пријавуваат во Генералната дирекција на Друштвото.Настанатите штети

во другите градови на Република Македонија се пријавуваат во најблиската агенција

односно експозитура на Друштвото, а може и во Генералната дирекција на Друштвото во

Скопје.

3. Пријавувањето на штетата се врши задолжително во писмена форма на образец –

пријава за настаната штета за пооделен вид на осигурување, во кој треба да се пополнат

сите барани податоци во образецот, без исклучок.

4. Пријавувањето на настаната штета го врши осигуреното лице, оштетеното лице, или

негов полномошник (клиент). Овие лица можат и усно, телефонски, по факс или мејл да ја

најават штетата пред писмено да поднесат пријава но најкасно во рок од два дена. Во

исклучителни случаи, кога е потребно да се изврши итен извид и процена, најавената

штета се смета за пријавена, меѓутоа повторно треба клиентот да достави писмена пријава

во рок од два дена.

5. По приемот на пријавата во писмена форма, вработениот на Друштвото кој ја прима

пријавата проверува:

- дали е пријавата уредно и во целост пополнета;

- дали има важечка полиса на осигурување;

- дали има осигурително покритие со скаденца и соодветен вид на осигурување на

пријавената штета.

После извршената проверка, пријавената штета се евидентира во Книгата за

пријавени штети по хронолошки ред, а потоа се евидентира и електронски во софтверот на

Друштвото за штети. На клиентот му се издава во писмена форма бројот на пријавената

Page 108: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 107

штета. Вработениот на Друштвото кај кого се пријавува штетата врши проверка на

документцијата која ја доставува клиентот и евидентира на посебен образец дали е истата

комплетна. Доколку недостасува документација потребна за решавање на штети,

определена за секој посебен вид на осигурување во овие процедури, вработениот го

информира клентот и задолжително му дава писмен документ во кој е наведено која

документација е потребно да се достави за решавање на штетата. Клиентот со свој потпис

потврдува дека го примил известувањето за потребната документација. Известувањето за

потребна документација се изготвува во два примероци, од кои еден за клиентот, а

другиот останува во оформениот предмет за штетата.

6. Доколку клиентот пријавува штета во агенција-експозитура на Друштвото во

градовите во РМ, вработениот во агенцијата-експозитурата пополнетата пријава за

настаната штета веднаш ја доставува по факс или е-маил до референтот за пријава на шети

во Дирекцијата за ликвидација на штети и регреси во Генералната дирекција на

Друштвото во Скопје, каде веднаш се евидентира штетата хронолошки во книгата за

пријавени штети и во софтверот за штети, а веднаш потоа се известува агенцијата за

бројот на пријавената штета, и се даваат инструкции за понатамошно постапување во

зависност од видот и обемот на штетата. Вработениот во агенцијата во истоветна постапка

од т.5 врши првична проверка на документацијата и писмено информирање на клиентот за

потребната документација.

7 Пријавувањето на штети по сите видови на осигурувања се врши на шалтерот за

пријава на штети во Генералната дирекција во Скопје од страна на референтот за пријава

на штети и информации, или во Агенцијата-експозитурата на Друштвото од страна на

вработените во нив.

Осигурување на моторни возила

А/О на М/В - материјална штета

· Пријава на штета-Барање за надомест на штета

· Копија или број на полиса од штетникот од Евроинс осигурување АД Скопје,

· Сообраќајна дозвола-фотокопија,

· Лична карта-фотокопија,

Page 109: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 108

· Возачка дозвола на возачот-фотокопија,

· Трансакциона сметка -копија на картичка

· Записник од МВР

Каско на М/В

· Пријава на штета- Барање за надомест на штета

· Сообраќајна дозвола-фотокопија

· Полиса (или број на полиса)-фотокопија

· Возачка дозвола на возачот-фотокопија

· Лична карта-фотокопија

· Трансакциона сметка -копија на картичка

· Записник од МВР (зависно од видот на штетниот настан)

Делумно каско на М/В

· Пријава на штета –Барање за надомест на штета

· Полиса (или број на полиса)-фотокопија

· Сообраќајна дозвола-фотокопија

· Возачка дозвола на сопственикот-фотокопија

· Лична карта-фотокопија

· Трансакциона сметка -копија на картичка

А/О-Зелена карта и А/О-Гранично осигурување

· Барање за надомест на штета

· Зелена карта –фотокопија

· Сообраќајна дозвола-фотокопија

· Пасош-фотокопија

· Возачка дозвола на возачот-фотокопија

· Трансакциона сметка -копија од картичка

Page 110: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 109

· Записник од МВР

УГ-Зелена карта/Гранично осигурување

· Барање за надомест на штета

· Зелена карта –фотокопија

· Сообраќајна дозвола-фотокопија

· Возачка дозвола на возачот-фотокопија

· Лична карта-фотокопија

· Трансакциона сметка -копија од картичка

· Записник од МВР

УГ-Зелена карта/Гранично осигурување (две странски возила)

· Барање за надомест на штета

· Зелена карта-фотокопија

· Сообраќајна дозвола-фотокопија

· Возачка дозвола на возачот-фотокопија

· Лична карта-фотокопија

· Трансакциона сметка -копија од картичка

Записник од МВР

Незгода(нематеријална штета) по основ на А/О, ЗК, ГО

· Барање за надомест на штета

Осигурување на Имот

Пожар и некои други опасности

· Пријава на штета

· Полиса (или број на полиса)-фотокопија

· Документ за лична идентификација (за физички лица)

Page 111: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 110

· Записник од МВР/по потреба,

· Трансакциона сметка -копија од картичка

Кршење машини

· Пријава на штета

· Полиса (или број на полиса)-фотокопија

· Документ за лична идентификација (за физички лица)

· Записник од МВР/по потреба,

· Трансакциона сметка -копија од картичка

Провална кражба и разбојништво

· Пријава на штета

· Полиса (или број на полиса)-фотокопија

· Документ за лична идентификација (за физички лица)

· Записник од МВР

Трансакциона сметка -копија од картичка

Домаќинство

· Пријава на штета

· Полиса (или број на полиса)-фотокопија

· Документ за лична идентификација (за физички лица)

· Записник од МВР/по потреба,

· Трансакциона сметка -копија од картичка

Објекти во градба/монтажа

· Пријава на штета

· Полиса (или број на полиса)-фотокопија

Page 112: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 111

· Документ за лична идентификација (за физички лица)

· Записник од МВР/по потреба,

· Трансакциона сметка-копија од картичка

Комбинирано осигурување на електронска опрема

· Пријава на штета

· Полиса (или број на полиса)-фотокопија

· Документ за лична идентификација (за физички лица)

· Записник од МВР/по потреба,

· Трансакциона сметка -копија од картичка

Стока во ладилници

· Пријава на штета

· Полиса (или број на полиса)-фотокопија

· Документ за лична идентификација (за физички лица)

· Записник од МВР/по потреба,

Трансакциона сметка -копија од картичка

Осигурување од Одговорности

Општа одговорност од дејност/ одговорност на нотари стечајни управници, извршители,

адвокати, туристички агенции

· Пријава на штета

· Број на полиса (необврзно)-фотокопија

Трансакциона сметка -копија од картичка

Канцеларии

Сите настанати штети по сите видови класи на осигурување настанати на

територијата на град Скопје, се пријавуваат во Генералната дирекција на Друштвото во

Page 113: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 112

трговскиот центар Соравиа 5-кат. Настанатите штети во другите градови на Република

Македонија се пријавуваат во најблиската агенција односно експозитура на Друштвото, а

може и во Генералната дирекција на Друштвото во Скопје.

Осигурување на Транспорт

Транспортни осигурувања

· Пријава на штета во транспорт,

· Пријава по телефон, факс, телеграма, и по пошта,

· Полиса, оригинал кај поединечни осигурувања, или број на генерална полиса,

· Записник за процена штетата или хавариски комесар,

· Фактурна вредност на пратката, со целокупна документација, во оригинал,

· Товарен лист или коносман во оригинал,

· Царинска декларација, во оригинал,

· Изјава на возачот,

· Записници од полиција за штети од кражба, и сообраќајна незгода,

· Уверенија од санитарни, ветеринарни органи или паталози за прехрамбена стока,

· Извештај за натовар и истовар и драјф цертификат за ринфузни пратки,

· Документ дека е направена процена на штета/платена процена,

-Трансакциона сметка-копија на картичка

Осигурување од незгода

Незгода: смрт од болест или несреќен случај и повреда

Општа документација

· Пријава на штета / Барање за надомест на штета

· Полиса (освен за колективно осигурување на работници/ ученици/ студенти)

· Лична карта- фотокопија

· Лекарска документација,

· Трансакциона сметка -копија на картичка

Page 114: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 113

Дополнителна документација

Кај полисите за осигурување незгода, странката дополнително треба да достави

дополнителна документација до ДЛШР. Во зависност од видот на склученото

осигурување потребна е следната дополнителна документација:

Смрт од болест

· Кај колективно осигурување од незгода- архивски заверена Потврда за платена премија,

(дека работникот/ученикот/студентот е осигурен од незгода)

· Лекарска потврда за причина на смртта, отпусна листа

· Извод од матична книга на умрени на осигуреникот; Извод од матична книга на умрени

на член од потесното семејството (доколку има некој починато)

· Извод од матична книга на родени за децата

· Решение за старателство (доколку корисникот е малолетен)

· Ако не е назначен корисникот потребно е целото семејство на осигуреникот да дојде во

Друштвото (со лични карти) и да даде Изјава за одредување корисник на осигурена сума.

· Доколку станува збор за самоубиство потребен е Записник од МВР

· Фотокопија на трансакциона сметка.

Смрт од несреќен случај

· Записник од МВР

· Кај колективно осигурување од незгода- архивски заверена Потврда за платена премија

(дека работникот/ученикот/студентот е осигурен од незгода)

· Лекарска потврда за причина на смртта, отпусна листа

· Извод од матична книга на умрени на осигуреникот; Извод од матична книга на умрени

на член од потесното семејството (доколку има некој починато) · Доколку осигуреникот

имал малолетни деца- Извод од матична книга на родени за децата.

· Решение за старателство (доколку корисникот е малолетен)

Page 115: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 114

· Ако не е назначен корисникот потребно е целото семејство на осигуреникот да дојде во

Друштвото (со лични карти) и да даде Изјава за одредување корисник на осигурена сума.

Фотокопија на трансакциона сметка.

Повреда

(ако во полисата се опфатени само трите основни ризици, не се бараат документи за

боледување и трошоци за лекување)

· Кај колективно осигурување од незгода- архивски заверена Потврда за платена премија

(дека работникот/ученикот/студентот е осигурен од незгода)

· Ако станува збор за физички напад странката пополнува Пријава за повреда

предизвикана од физички напад (истата се доставува во МВР на заверка)

· Целокупна медицинска документација- прв лекарски наод по повредата и сите

контролни прегледи (отпусни листи, специјалистички и рентгенски извештаи, рентгенски

снимки и сл.)

· Сите боледувања:

- од матичен лекар- Извештај за привремена спреченост за работа

- од Комисија- Оценка за привремена спреченост за работа(боледување) од 16-60 дена и

над 60 дена

· Сметки за нужни трошоци за лекување (исклучиво оригинал со печат, датум, име и

презиме и амбулантен број и фискалана сметка .

· Пријава за несреќа на работа(повредна листа) со Мислење од Фондот за здравствено

осигурување

· Доколку Пријавата за несреќа на работа не е изготвена на време, потребен е Записник за

настаната повреда изработен од Компанијата каде е вработено, или Записник од

инспекција на труд

· Записник од МВР (во случај на сообраќајна несреќа, повреда со оружје и сл.);

· Анализа на крв за алкохол- доколку во записникот нема наведено, а стои дека е земено

крв за анализа

· За боледување на ученик потребно е:

- Лекарска потврда од матичен лекар за должината на боледувањето

Page 116: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 115

- Доколку матичниот лекар на дал потврда треба Потврда од класен раководител за

должината на отсуствувањето(на лист со печат од училиштето)

Ако повредата настанала на спортски натпревар или тренинг потребна е Потврда од

клубот (на нивен меморандум) со опис на настанот

Осигурување од Туристичка Помош - Патничко Осигурување

· Пријава на штета / Барање за надомест на штета

· Полиса

· Лична карта- фотокопија

· Лекарска документација,

· Трансакциона сметка -копија на картичка

Менаџерски Осигурувања

· Пријава на штета / Барање за надомест на штета

· Полиса –двата примероци кои се ка ј осигуреникот

· Лична карта- фотокопија

· Лекарска документација,

· Трансакциона сметка -копија на картичка

За повреда или смрт се бара документацијата наведена во Осигурување од Туристичка

помош.

Постапки што треба да ги превземе осигуреникот или оштетеното лице кога ќе се

случи штетен осигурен настан

Осигурување од автомобилска одговорност и каско осигурување на М/В

1. За случена сообраќајна незгода да го извести Министерството за внатрешни работи и да

го пречека дозѓањето на полицискиот службеник заради вршење на увид на лице место.

2. Да ги размени со другите учесници во незгодата личните податоци и податоците за

осигурителното покритие.

3. Доколку во сообраќајната незгода е причинета мала материјална штета до вкупен износ

од денарска противредност на 750 евра и нема повредени или загинати лица тогаш

Page 117: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 116

учесниците во сообраќајната незгода можат да пополнат и потпишат Европски извештај за

сообраќајна незгода.

4. Европскиот извештај не се изготвува во случаи кога :

- едно од возилата нема регистерски таблички или истото не е осигирано

- едно од возилата има странски регистерски таблички

- еден од возачите е очигледно под дејство на алкохол, дрога или други психотропни

сустанци.

- еден од возачите не поседува соодветна возачка дозвола

- еден од возачите одбива да ги даде своите лични податоци и

- еден од возачите го напуштил местото на сообраќајната незгода.

Во овие случаеви задолжително е известување на МВР заради извид на лице место и

изготвување на Записник.

5. Доколку осигуреното возило има каско осигурување, а сообраќајната незгода се случи

во странство, тогаш задолжително е потребно изготвување на полициски записник за

незгодата, а при враќање на оштетеното возило во земјата задолжително се пријавува

оштетеното возило на граничен премин при влез во земјата на надлежниот полициски

службеник.

6. Доколку се случи штетен настан во странство по вина на странски осигуреник, штетата

задолжително се пријавува во странска осигурителна компанија каде е осигуран

причинителот на штетата , која ја спроведува понатамошната постапка за исплата на

штетата.

7. Доколку се случи штетен настан во земјата, по вина на странско моторно возило,

штетата се пријавува во Националното биро за осигурување на РМ, кое определува која

осигурителна компанија Во земјата ќе врши обработка на штетата, во име на странската

осигурителна компанија.

Осигурување од туристичка помош – патничко осигурување

1. Доколку се случи осигуран штетен настан определен во условите за осигурување,

Page 118: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 117

осигуреникот е должен веднаш телефонски да го извести осигурувачот или од негова

страна определениот партнер КОРИС ИНТЕРНАЦИОНАЛ-Париз за истиот, и да

постапува по добиените напатсвија од негова страна. Доколку осигуреникот не се

придржува до роковите за пријава на штата и напатствијата од страна на осиуреникот или

неговиот партнер, максималното осигурително покритие по полисата изнесува 150 евра.

2. После враќање во земјата во рок од 8 дена да ја пријави штетата во просториите на

осигурувачот во Скопје или во најблиска агенција односно експозитура заради нејзина

понатамошна обработка

Други видови на осигурувања

1.Доколку се случи штетен осигурен настан, осигуреникот е должен да ги превземе сите

неопходни мерки да ги намали последиците на штетата, да ги извести надлежните

државни органи за настанатата штета доколку е тоа регулирано со позитивните законски

прописи, и во пропишана форма, рокови и обрасци да ја пријави штетата кај осигурувачот

во неговата Генерална дирекција или мрежата на Агенции и експозитури во РМ.

4.3.2.7Акционерско друштво за осигурување „Кроација“

1. Основање и промени

Акционерското друштво Кроација Осигурување – Друштво за неживотно осигурување,

основано е на 06.05.2009 година во Скопје, Р.Mакедонија, од страна на оснивачот-

сопственик Croatia Osiguranje DD. од Р.Хрватска.40)

Мисијата на Кроација Осигурување е нанивните клиенти да им понудат

финансиска сигурност преку партнерскиот однос и довербата. За нив е важна

добронамерноста на нивните вработени и заедницата во која делуваат.

Визијата на Кроација Осигурување е желбата да растат и да постигнат водечка позиција во

регионот преку најдобри понуди и достапност на секој клиент.

40) http://www.crosig.mk/zanas.asp

Page 119: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 118

Основни организациски вредности:41)

1. Друштвена одговорност

Со својата програма Друштвена одговорност, друштвото сака активно да учествува

во развојот на заедницата во која живее и делува и со тоа да постигне дополнителна

вредност кај осигурениците, деловните партнери, инвеститорите, регулаторните тела и

власта. Тие сметаат дека нивна должност и обврска преку примената на Друштвена

одговорност е да влијаат врз однесувањето во смисла на подобар квалитетен живот на

оние на кои тоа им е најпотребно, како и на развој на спортот и културата.

2. Професионалност

Друштвото работите ги извршува на законски, одговорен, транспарентен и

професионален начин, согласно правилата на осигурителната пракса. Поседуваат

специфични знаења, вештини, искуство и ресурси во извршување на осигурителните

работи, а заштитата и сигурноста на нивните вработени и клиенти им е на прво место.

3. Етичност

Друштвото совесно и одговорно ги исполнува своите обврски спрема вработените,

клиентите, деловните партнери, инвеститорите и регулаторните тела.

4. Организациска околина

Друштвото го поттикнува развојот на организационата околина која ќе ги зајакнува

меѓучовечките односи и ќе ја поттикне тимската работа. При тоа водат сметка за

индивидуалните способности на вработените, за нивните иницијативи и идеи. Се

потикнува градење на тимови и отвореност, како и доверба, уважување, делегирање,

децентрализација и автономија.

41) http://www.crosig.hr/o-nama/tvrtka/osnovne-organizacijske-vrijednosti

Page 120: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 119

Развој

Друштвото посебно внимание му придава на воведувањето нова технологија и

пратење на трендовите во осигурителната индустрија. На хрватскиот пазар се водечки по

бројот на иновативни производи кои се прилагодени на широк спектар на ризик. Преку

дополнителна интерна и екстерна едукација усвојуваат нови знаења, вештини и искуства.

Основни принципи во поглед на односите со трети лица се транспарентноста, верноста,

задоволноста на корисниците на услугите, грижата за клиентите, добри односи со

добавувачите, постојан надзор над работниот процес, постојано усовршавање на

вработените и усвојување на нова технологија, континуирана надоградба и подобрување

на квалитетот.

Посебно внимание придаваат на постапката на ликвидација на штетата спрема

полисите од автоодговорност, која ги покриваат штетите настанати од страна на нивниот

клиент спрема трети лица.

2. Видови на услуги – класи на осигурување

Портфелот на Кроација осигурување опфаќа 16 класи и тоа:

1) Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски

повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето

поради повреда, покрива:

Исплата на осигурената сума во еден целосен износ;

Исплата на осигурената сума во рати;

Комбинација на исплати од претходните два случаи;

Исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.

2) Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:

Моторни возила со сопствен погон, освен шински;

Влечни патни возила.

3) Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанатиcна шински

возила.

Page 121: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 120

4) Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на

воздухоплови.

5) Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на речни или

езерски пловни објекти.

6) Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во

превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот.

7) Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или

губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член).

8) Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите

на имот предвидени со точките од 3 до 7) поради град или мраз, и други штети освен оние

од точка 8 (на пример во случај на кражба).

9) Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила.

10) Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите

настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

11) Осигурувањето од одговорност од употреба на пловни објекти ги покрива штетите

настанати од употреба на пловните објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

12) Општо осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други одговорности

освен оние од точките од 9 до 11.

13) Осигурувањето на кредити покрива:

Ризик од неплаќање (ненавремено плаќање) поради неликвидност или

Други околности;

Извозни кредити и други ризици во врска со извозот, трговијата и

Инвестирањето на странски и домашен пазар;

Кредити со отплата на рати;

Хипотекарни и ломбардни кредити;

Земјоделски кредити, и

Други кредити и заеми.

14) Осигурување од финансиски загуби.

15) Осигурување на правна заштита ги покрива трошоците за правна помош и судски

спорови.

Page 122: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 121

16) Осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при

патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.

4.3.2.8 Друштво за осигурување „Сава Табак“

1. Основање и промени

Сава Табак Осигурување претставува една од водечките осигурителни компании

во нашата држава, стратешки партнер со најголемата реосигурителна компанија во

Република Словенија Sava Re, со искуство од преку 15 години, со преку 40.000

осигуреници ( над 3.000 правни лица и скоро 39.000 физички лица) и пазарен удел од

17,4%. Во текот на целиот овој период, максимално успешно го обезбедува комплетното

портфолио на осигурителни услуги, со исклучителна посветеност и грижа кон сите свои

клиенти и стануваат дел од традицијата на македонската економија.

Групацијата Sava Re е најголема Словенечка реосигурителна компанија и најголема

локално-стационирана реосигурителна компанија во Централна и Источна Европа,

рангирана со А на берзата Standard & Poor’s. Преку нивната силна регионална позиција на

пазарот, нивното 37-годишно искуство во реосигурување и нивните културни, историски

и лингвистички афинитети со другите земји од Западен Балкан, особено со земјите од

поранешна Југославија, доброс е запознаени со условите и ризик карактеристиките на

овие пазари.

Sava Re е групација составена од десет реосигурителни компании, за неживотно и

животно осигурување. Матичната компанија, Pozavarovalnica Sava d.d. ( “Sava Re” или

Сава друштво за Реосигурување”) е основана во 1973 година и лоцирана во Љубљана

(Словенија). Нивните девет осигурителни подружници се лоцирани во земјите од

поранешна Југославија.

Во 2006 година, со неживотното осигурување влегуваат во пазарот во Косово и

Србија, а година подоцна и на пазарите на Црна Гора и Македонија.

Во 2008 година основаат компании за животно осигурување во Косово и Србија, а

во 2009 година обезбедуваат присуство на Хрватскиот пазар за животно и неживотно

осигурување.

Page 123: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 122

Во 2009 година Групацијата пресметала бруто премии од над 250 милиони евра со

дополнителен капитал во акции од 160 милиони евра (солвентен дел за матичната

компанија: 306%). Во моментот имаат повеќе од 1.700 вработени.

2. Класи на осигурување

Осигурување на имот и осигурување од одговорност

1) Осигурување од пожар и некои други опасности

Обезбедува осигурително покритие од пожар, удар од гром, луња, град, експлозии,

излевање на вода од цевки, манифестации, демонстрации...дури и од удар од сопствено

возило во осигурано објекти, со можност за осигурување и од дополнителни опасности,

поплава и порој; лизгање и одронување на земјиште; слегнување на тлото; снежна лавина;

истечување на течности (лекажа); самозапалување на залихи; излевање на вжарена течна

растопена маса, удар на непознато моторно возило во осигурен градежен објект.

2) Осигурување од земјотрес обезбедува покритие на градежните објекти, опремата и

залихите.

3) Осигурува од опасности од провална кражба и разбојништво обезбедува

осигурително покритие од извршување или обид на провална кражба и разбојноштво, како

и вандализам во текот на провалната кражба.

4) Осигурување на машини од кршење и други опасности дава осигурителна заштита

од оштетување или уништување на осигурениот предмет од настани кои се непредвидени.

Предмет на осигурување може да бидат: машини, инсталации, машински и електро уреди

и нивното полнење, доколку вредноста на полнењето е содржана во вредноста на

осигурените премети, апарати и инсталации со основата, лежиштето и темелот, доколку

нивната вредност се содржи во вредноста на монтажата.

5) Осигурување на стакло од кршење обезбедува осигурително покритие и заштита од

уништување или оштетување од настани на кои се изложени осигурените премети: сите

видови на стакло на прозори и врати, светлечки натписи и реклами, неонски и останати

светлечки цевки, нестаклени делови и рамки како нивен составен дел.

6) Комбинирано осигурување на комјутери и компјутерска опрема обезбедува

осигурително покритие или заштита од ризиците опфатени соосигурување од пожар и

Page 124: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 123

други опасности, провална кражба и разбојништво, како и со осигурување на машини од

кршење и други опасности.

Предмет на осигурување се: компјутери, компјутерска опрема, компјутерски системи,

сервери, принтери, компјутерски инсталации и сл.

7) Осигурување од одговорност од дејност го заштитува осигуреникот пред оштетните

побарувања на трети лица поради штета предизвикана при вршење на неговата дејност и

која има за последица: смрт, повреда на телото или здравјето на лица како и оштетување

или уништување на предмети на трети лица.

8) Осигурување на објекти во градба и монтажа обезбедува осигурително покритие или

заштита од настани кои се непредвидени или се случуваат одненадеж во текот на

градењето и монтирањето на објектите. Дополнително може да се обезбеди осигурување

од одговорност на осигуреникот за штети причинети на трети лица.

Портфелот на Сава Табак опфаќа 17 класи и тоа:

1) Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски

повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето

поради повреда, покрива:

Исплата на осигурената сума во еден целосен износ;

Исплата на осигурената сума во рати;

Комбинација на исплати од претходните два случаи;

Исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.

2) Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со задолжителното

здравствено осигурување:

Еднократен паричен надомест за инвалиднина;

Надомест на трошоците за болничко лекување;

Комбинација на плаќањата од претходните два случаи.

3) Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:

Page 125: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 124

Моторни возила со сопствен погон, освен шински;

Влечни патни возила.

4) Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанатиcна шински

возила.

5) Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на

воздухоплови.

6) Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на речни или

езерски пловни објекти.

7) Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во

превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на

транспортот.

8) Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или

губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) во

случаи на:

Пожар, Експлозија, Луња, Природни непогоди освен луња, Земјиште што тоне или се лизга.

9) Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите

на имот предвидени со точките од 3 до 7) поради град или мраз, и други штети освен оние

од точка 8 (на пример во случај на кражба).

10) Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила.

11) Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите

настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

12) Осигурувањето од одговорност од употреба на пловни објекти ги покрива штетите

настанати од употреба на пловните објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

13) Општо осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други одговорности

освен оние од точките од 10 до 12.

14) Осигурување на гаранции ги покрива и директно или индиректно гарантира за

исполнувањето на обврските на должниците.

Page 126: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 125

15) Осигурување од финансиски загуби ги покрива финансиските загуби кои се јавуваат

како резултат на:

Ризик при вработување;

Недоволен приход ( општо);

Временски неприлики;

Загубен приход;

Непредвидени општи трошоци;

Непредвидени трговски трошоци;

Загуба на пазарната вредност;

Загуба на рентата или приходот;

Индиректни трговски загуби освен оние наведени во претходните случаи;

Други финансиски загуби (освен трговски), и

Други видови на финансиски загуби.

16) Осигурување на правна заштита ги покрива трошоците за правна помош и судски

спорови.

17) Осигурување на туристичка помош за лица кои се соочуваат со проблеми при

патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење.

4.3.2.9. Акционерско друштво за осигурување „Уника“

1. Основање и промени

Уника претставува најголемата Австриска осигурителна компанија. Во изминатите

неколку години Уника станува една од водечките осигурителни групации во Централна и

Источна Европа.

Логото “Осигурување на новата генерација “ кажува дека се потполно свесни за

новите барања, предизвици и ризици од страна на сите генерации на клиенти, а таа

свесност ја искажуваат преку нивниот однос кон клиентите и преку инвентивните

продукти и услуги.

Page 127: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 126

Брендот Уника е усвоен во 1999 година и тој претставува симбол на пристапот и

погледот кон иднината како и фокусирањето кон Европскиот пазар. Групацијата вклучува

повеќе од 30 осигурителни компании распространети на 20 пазари во Европа.

Уника претставува врвен осигурителен бренд во Австрија за 51% од популацијата и

ужива високи за довербата, брендот, современоста, услугата и креативноста што ја нуди.

Моментално има 17.500 вработени и ексклузивни партнери кои се грижат за 6.5

милиони клиенти шурум Европа.42)

Стратегија за развој во Централна и Источна Европа (ЦЕИ):

• Зајакнување на позицијата на пазарот преку понатамошна интернационализација

• Понатамошна соработка со Reiffeisen Групацијата во ЦЕИ

• Зајакнување на позицијата на пазарот преку соработка со Европската банка за обнова и

развој

• Финансиска сигурност за клиентите преку вложувања во ефикасен бизнис

• Зајакнување на брендот преку универзално присуство на пазарите во ЦЕИ

• Почит кон клиентите како кон рамноправни партнери

• Најоптимална соработка со продажните партнери

• Креативен и отворен менталитет во компанијата за осигурување за новите генерации.

Со усвојувањето на долгорочна корпоративна стратегија на вложување, Унука

обезбедува финансиска и структурна сигурност. Нивните клиенти и партнери ќе

профитираат од позицијата на независен Европски играч на пазарот.

Доказ за ваквата позиција претставува најголемата инвестиција направена досега во

Источна Европа и во осигурителна компанија од страна на Европската банка за обнова и

развој. Таа изнесува 150 милиони евра.

Австрија

Консолидирање на водечката позиција на Австрискиот пазар.

42 )http://www.uniqa.mk/uniqa_mk/cms/macedonia/company/Kompanija/test/index.jsp

Page 128: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 127

ЗЕП (Западно Европски пазари)

Оперативен пораст на рентабилните пазари преку понуда на ексклузивни производни

решенија за клиентите во Западна Европа.

ЦЕП (Централно Европски пазари)

Зголемување на стапка на раст на пазарите во Централна Европа, односно во Полска,

Чешка, Словачка, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина итн.

ЕПР (Европски пазари во развој)

Стратегија за развој на Источно и Југоисточно – Европските пазари.

Партнери “Очи во очи”

Како осигурителна компанија на новата генерација, менаџментот за поврзување со

клиентите го гледаат како поврзување со рамноправни партнери. Тоа значи:

• Емотивна и човечка поврзаност со клиентите

• Техничка компетентност како основа за менаџирање на личен ризик и покритие

• Комуникативна, социјална и стручна компетентност како основа за индивидуално

менаџирање за спречување и превенција на ризик

• Креативност во изнаоѓање решение за личните барања и желби на клиентот

• Употреба на модерна технологија за поврзување со контактирање со клиентот

• Постојано професионално усовршување.

Со влегување на Уника на Македонскиот пазар на осигурување, клиентите ќе ги

почуствуваат бенефициите на осигурителните промени – осигурувањето на новата

генерација.

Креативни понуди за клиентите

• Предупредување од невреме – точно и навремено известување на клиентите за

претстоечкото невреме

• Vital Club, Vital Coach, Vital Truck – грижа за здравјето на клиентите

Page 129: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 128

• Програма за поврзување со клиентите – Партнерство за квалитет, конто за успех

• Art Cercle – невообичаено уметничко и културно доживување

• Safe Line – флексибилно осигурување од автоодговорност

• Flex Solution – предвремено решение за иднината

• Агрикултурна временска прогноза – навремено известување за временската прогноза

упатено до фармерите.

2. Класи на осигурување

Портфелот на Уника опфаќа 13 класи и тоа:

1) Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски

повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето

поради повреда, покрива:

Исплата на осигурената сума во еден целосен износ;

Исплата на осигурената сума во рати;

Комбинација на исплати од претходните два случаи;

Исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници.

2) Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со задолжителното

здравствено осигурување:

Еднократен паричен надомест за инвалиднина;

Надомест на трошоците за болничко лекување;

Комбинација на плаќањата од претходните два случаи.

3) Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:

- Моторни возила со сопствен погон, освен шински;

- Влечни патни возила.

4) Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанатиcна шински

возила.

Page 130: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 129

5) Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на

воздухоплови.

6) Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на речни или

езерски пловни објекти.

7) Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во

превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на

транспортот.

8) Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или

губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) во

случаи на:

Пожар,

Експлозија,

Луња,

Природни непогоди освен луња,

Земјиште што тоне или се лизга.

9) Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите

на имот предвидени со точките од 3 до 7) поради град или мраз, и други штети освен оние

од точка 8 (на пример во случај на кражба).

10) Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила.

11) Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите

настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

12) Осигурувањето од одговорност од употреба на пловни објекти ги покрива штетите

настанати од употреба на пловните објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот.

13) Општо осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други одговорности

освен оние од точките од 10 до 12.

Page 131: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 130

3. Корисници на осигурителните услуги

Како корисници на осигурителните услуги кои ги нуди ова осигурително друштво

може да се јават сите правни и физички лица кои се заинтересирани да се осигурваат од

одредени ризици за кои постои соодветна полиса во рамките на друштвото.

Продажба

Новите генерации на клиенти сакаат да имаат што е можно повеќе опции за

откривање на продуктите на Уника и воспоставување контакт со оваа осигурителна

компанија.

Како осигурителна компанија на новата генерација, нудат исклучително добар

пристап преку моќни продажни канали: вработените, независните осигурителни агенти,

брокерите, банките и медиумите.

На продажните партнери Уника им го овозможува следното:

• Структура на подршка која одговара на нивните потреби

• Натпросечни можности за развој

• Високо квалитетно донесување на одлуки во бизнис-процесот

• Учество во успешно водење на бизнисот

• Посебни алатки и методи за информирање и контакт со клиентите.

Page 132: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 131

4. Организациона структура на АД „Уника“

Брокерски услуги

Банкарски услуги

Директна продажба

Ексклузивна продажба УНИКА

Page 133: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 132

Д Е Л V

ПЕРСПЕКТИВИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Осигурителната индустрија игра исклучително значајна улога во македонскиот

финансиски систем. Осигурителниот пазар во земјата е добро регулиран и либерализиран

и се карактеризира со висок степен на професионализам и почитување на правилата на

фер конкуренција.

Голем дел од осигурителните компании на македонскиот пазар се специјализирани

за услуги во областа на неживотното осигурување. На неживотното осигурување отпаѓа

најголемиот дел од износот на бруто полисирана премија. Индустријата на животно

осигурување на македонскиот пазар претставува една од најмалку развиените индустрии

во споредба со земјите во развој од регионот на Југоисточна Европа.

Освојувањето на македонскиот пазар иницира потреба од поголеми маркетинг-

кампањи примарно фокусирани кон пораст на културата на животното осигурување, кои

ќе ги пополнат моменталните недостатоци од информации за граѓаните.

Во 2009 година започна со работа Агенција за супервизија на осигурување, со што

се создадоа предуслови за надминување на еден од потенцијалните ризици за

осигурителениот сектор, а тоа беше одсуство на супервизорски и регуларен орган. Со

почеток на работење на Агенција за супервизија се обезбеди пореално согледување на

ризиците на кои е изложен овој сегмент на финансискиот систем . Во наредниот период,

покрај зајакнувањето на надзорот над друштвата за осигурување, активностите на

Агенцијата за супервизија ќе бидат и чекорите за заокружување на подзаконската рамка,

особено во доменот на управување со ризиците. Главните ризици поврзани со работењето

на осигурителниот сектор и неговиот придонес кон одржувањето на финансиската

стабилност се поврзани со недоволната покриеност на технички резерви со соодветни

средства, како и ликвидносниот ризик поврзан со ненаплатените побарувања врз основа

на продадени полиси коишто во најголем дел ќе го условуват годишниот раст на

Page 134: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 133

активноста на овој сектор во иднина. И покрај зголемувањето на бројот на друштва за

осигурување, осигурителен сектор забележува спор раст и развој како што е прикажано во

графикон бр.11

Графикон бр.11 Бруто полисарна премија за период од 2004 – 2010 година

Извор:Извештај за финансиска стабилност на Р.Македонија за 2010 година.

Мерено преку степенот на густина (бруто -премија по жител) и степенот на

пенетрација (учество на бруто- премија во БДП), осигурителниот сектор на Р. Македонија

во однос на периодот пред 2008 година, се движи по надолна линија (особено

неживотното осигурување). Степенот на густина во Р.Македонија е близу до оној како кај

земјите од нашето опкружување. Сепак, осигурителниот сектор на Р.Македонија се

одликува со најмал број на друштва за осигурување, што ги зголемува очекувањата за

проширување на осигурителниот бизнис, преку отварање нови друштва за осигурување,

вклучување посредници (осигурителни брокери и друштва за застапување), како и преку

натамошно зголемување на странскиот капитал. Од 2009 година, странскиот капитал го

зголеми своето учество во вкупниот капитал на осигурителниот сектор, што укажува на

позитивно очекување за потенцијалот во развојот на овој сектор. Позитивно за

осигурителниот пазар е и вклучувањето на четири нови осигурително брокерски друштва,

коишто заедно со постоечките осигурително брокерски друштва (осум) и друштва за

Page 135: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 134

застапување и осигурување (пет) придонесоа за поврзаност и за повисоко ниво на

развиеност на каналите на дистрибуција на услугите.

Напредокот го кочи слабата поврзаност помеѓу банките и друштвата за

осигурување (0,1% од бруто полисарните премии на осигурителниот сектор беа прибрани

преку три банки, а во 2008 година пет банки прибраа 0,2% од бруто полисарните премии).

Слабата врска се потврдува и преку малата склоност на банките да вршат осигурување на

кредитите – само две банки вршат осигурување на кредит и учествуват со 0,004% во

вкупните бруто-кредити на банкарскиот сектор. Ова ниско ниво на интегрираност може

позитивно да се оцени од аспект на финансиската стабилност поради ограничените

можности за пренос евентуални негативни влијанија помеѓу двата сектора. Постои

поголема зависност од банкарскиот сектор, имајќи предвид дека 28,6% од активата на

друштвата за осигурување се пласмани во вид на депозити кај домашните банки.

Од аспект на пазарната концетрација, три друштва за осигурување зафаќат нешто

повеќе од половина од вкупните бруто-премии на секторот, додека останатите имат

пазарно учество под 10%. Намалувањето на концентарцијата во целиот осигурителен

сектор се однесува на друштвата за неживотно осигурување (вкупно 11), а во овој сегмент

е присутен постојан надолен тренд на концентарцијата. За разлика од

него,концентрацијата кај животното осигурување и реосигурување е исклучително висока,

поради малиот број друштва – две друштва за осигурување на животот и едно друштво

коешто покрај неживотно врши и реосигурување.

Page 136: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 135

Графикон бр.11. Структура на бруто полисарна премија во 2010 година

Неживотното осигурување представува главен извор на создавање приходи од

премија во осигурителниот сектор со учество во 2010 година од 95% наспрам 5,0% во

животното осигурување.

Графикон бр.12. Бруто полисарни премии по класи на осигурување во 2010 година.

Page 137: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 136

На крај на 2010 година , активата на друштвата за осигурување се зголеми за 316 милиони

денари (2,6%) и достигна 12.519 милиони денари. Тренд на зголемување се оствари и во

2011 година а се очекува понатамошен тренд на зголемување на активата. .Порастот на

активата беше одсликан преку годишниот раст на вложувања на друштвата за

осигурување во акции и хартии од вредноста коишто носат променлива каматна стапка.

Во 2010 година вложените депозити во банките беа 11,1% од вкупната актива на

друштвата за осигурување.

Во пасивата на друштвата за осигурување, главниот носител на раст беа резервите

за штета кои во 2010 година се зголемија за 210 милиони денари или 8,8%. Овој раст во

целост му се припишува на неживотното осигурување. Кај осигурувањето на живот,

математичките резерви беа најзастапени во пасивата и забележаа пораст од 152 милиони

денари.

Капитално финансираното пензиско осигурување се уште има мала улога во

финансискиот систем на Р. Македонија . Во 2010 година продолжи да се развива и во

иднина се очекува дека тој ќе добие од поголемо значење во целокупниот финансисики

систем. Паралелно со пораст на бројот на членовите во пензиските фондови се зголемија и

средства на фондовите, што овозможи и зголемување на нивните вложувања во хатрии од

вредност коишто се тргуват на поголеми пазари надвор од Р.Македонија. Ова од своја

страна ќе доведе до поголема диверзификација на портфолиото на хартии од вредноста на

овие институции. Од друга страна , тоа доведува и до зголемени ризици, имајќи предвид

дека пласманите на странските пазари се состојат и од државни хартии од вредност на

држави коишто веќе некое време се соочуват со длабока должничка криза. Ваквиот развој

ќе води кон потреба од квалитативно унапредување на управувањето со преземените

ризици при инвестирањето на средства.

Кај задолжителните капитално финансирани пензиски фондови со број на членови се

зголеми за 28.906 или 17,1% во 2010 година. Од вкупно 659.557 вработени лица во

Р.Македонија , 30% односно 198.361 лице се членови на вториот пензиски столб. Со

концепт од 2009 година со воведување плаќања на придонеси на ,,бруто-плата,, преку

новиот систем на Управата за јавни приходи се интегрираа наплатите на социјалните

придонеси и персонален данок од плата и се надмина дотогашната практика

Page 138: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 137

работодавачите да плаќат за вработените придонеси за пензиско и инвалидско

осигурување на ниска основица или воопшто да не ги плаќаат овие придонеси. И понатака

стапката на раст на членството ќе се движи со побрза динамика во однос на стапката на

раст на активно население во Р.Македонија, а со тоа и покриеноста на активното

население со задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување.

По однос на условите на пазарот најголем удел во полисарна премија на

осигурителниот пазар имаат Вардар, Сава Табак и Кјуби. Вкупниот удел на овие три

компании изнесува 52,6% од вкупната полисарна премија. Во споредба со минатите

години , бележиме намалување на вкупниот удел на првите три компании, од што може да

се извлече заклучок дека има зголемена конкуренција на пазарот.

По однос на сопственичката структура на пазарот на осигурување, пазарот на осигурување во Р.Македонија изминатите години го следи светскиот тренд на глобализација.

- На крајот на 2010 година учество на странскиот капитал за осигурување изнесува

околу 75%.

- Шест друштва се целосно во сопственост на странски правни лица , а во други

доминантен е странски капитал.

- Само едно друштво за осигурување е целосно во сопственост на домашни физички

лица.

ПАЗАРНА КОНЦЕНТАЦИЈА

Петте водечки друштва за осигурување во бруто полисарната премија учествуват со 76,3%

од пазарот, што е за 3,5% намалување во однос на минатиот период.

Учество е како што следи:

1. Вардар Осигурување 22,2%

2. Кјуби Македониија 18,7%

3. Сава Табак 16,30%

4. Еуролинк 9,8%

5. Осигурителна полиса 9,3%

Page 139: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 138

Графикон 24 . Рангирање на компаниите за осигурување според бруто полисарната

премија во неживотното осигурување.

Извор:Перпективи на развој за осигурување на Р.Македонија, Семинар за осигурување и

реосигурување ,Охрид 2010 година. 43

Графикон 25. Рангирање на компаниите за осигурување според бруто полисарната

премија во животното осигурување.

Извор: Перспективи за развој на осигурување и реосигурување, Семинар Охрид 2010

година.43)

43 ) Агенција за супервизија на осигуруање на Р.Македонија стр.11www.themegallery.com

Page 140: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 139

Во структурата на бруто полисарната премија доминираа осгурувањето на

моторните возила (автомобилска одговорност и каско) со 54,94% и осигурувањето на имот

со 18,79% или заедно трите класи уќествуват со 73,73 % од вкупната бруто полисарна

премија.

Бруто премиите за неживотно осигурување , вклуќувајќи ги и премиите за реосигурување,

учествуват со 1,75% во БДП и изнесуваат 51 евро по глава на жител, што представува

најнискот Бруто премиите за неживотно осигурување , вклуќувајќи ги и премиите за

реосигурување, учествуват со 1,75% во БДП и изнесуваат 51 евро по глава на жител, што

представува најниското учество во споредба со земјите во регионот..

Бруто премиите за неживотно осигурување , вклуќувајќи ги и премиите за реосигурување,

учествуват со 1,75% во БДП и изнесуваат 51 евро по глава на жител, што представува

најниското учество во споредба со земјите во регионот.

- Учество на бруто премиите за животно осигурување е само 4,15% од вкупната

бруто премииа во осигурителниот сектор, за разлика од земјите од Европа каде овој

процент се движи од 16 –17%.

- По однос на капиталот и потребното ниво на маргината на солвентност друштвата

за осигурување се должни во секое време да располагат со соодветен капитал во

однос на обемот на работа и класите во рамка на кои вршат работи на осигурување

како и ризиците на кои се изложени при вршењето на тие работи.

Page 141: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 140

Графикон бр.26 Капитал и потребно ниво на маргина на солвентност кај компаниите за

осигурвање во Р. Македдонија во 2008

година

Извор:Агенција за супервизија на осигурување , 15www.themegallery.com

- По однос на правните аспекти и даночна политика на работење на друштвата за

осигурување на Р.Македонија, Македонскиот пазар со законска регулатива и

прописи спаѓа во група на добро регулиран пазар.

- Преку Законот за супервизија на осигурувањето се уредуват условите под кои може

да се извршува дејноста животно осигурување, неживотно осигурување и

реосигурување, осигурително-брокерски работи , основање, работење, супервизија

и престанок со работа на трговски друштва за осигурување и реосигурување т.е.

друштва за осигурување, осигурителни друштва и националното биро за

осигурување.

Page 142: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 141

- Вршењето на супервизија на осигурувањето на пазарот подетално е регулирано

преку ,, Прирачник за начинот на спроведување супервизија на друштвата за

осигурување и субјектите на пазарот на осигурување во Р.Македониија,,.

- Друштво за осигурување, согласно со Законот за супервизија на осигурувањето, се

основа како акционерско друштво со седиште во Р.Македонија под услови

одредени со Законот за супервизија на осигурување и Законот за трговски друштва.

Друштвото за осигурување може да извршува исклучиво активности на

осигурување и/или реосигурување.

- Согласно со Законот за супервизија на осигурувањето, друштвата треба да ја

одржуват вредноста на капиталот барем во висина на потребното ниво на

маргината на солвентност. Според податоците на Агенцијата за супервизија ,

вредноста на капиталот е значително над нивото на маргина на солвентност. На

крајот на 2010 година вкупниот капитал на друштва за осигурување изнесува 4,141

милион денари. Маргината на солвентност како главен индикатор за проценка на

стабилноста на осигурителниот сектор изнесува 1,03 милиарди денари (кај

неживотното осигурување 986,1 милион а кај животното 44,8 милиони денари),

сошто капиталот на осигурителниот сектор е за 4,02 пати над нивото на маргината

на солвентност.

- Даночната политика во Р.Македонија се уште го фаворизира штедењето во

банкарски инструменти. Заработките од овие инструменти се уште не се вклучени

во персоналниот данок, што представува нивна предност во однос на голем број

опции за инвестирање во средства.

Page 143: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 142

ЗАКЛУЧОК

Кризата по однос на ликвидноста на банкарскиот сектор во последните четири

години се трансвформира во светска финансиска криза, главно заради фактите дека

ненаплативите кредити станаа основа на новите хартии од вредност. Од друга страна

процесот на глобализација кој се базира на идејата на интеграции на светските економски

активности со цел за глобален просперитет на сите земји во светот, овозможи

префрлување на финасиската криза од САД на останатите земји. Скоро сите индустриски

развиени земји како и земјите во развој ги зафати рецесија. Светска економска криза ја

карактеризираат глобални влијанија и јасно е дека таа е предизвикана со цикличното

пазарно движење првенствено на земјите во развој, а последици земјите во развој

првенствено ги почуствуваа преку ограничените можности за пласман на производите и

услугите во високо развиените земји. Државната интервенција вклучувајќи ги и мерките

на централната банка и економските потикнувања, станаа нужни со цел за враќање на

довербата во финансиската состојба и во институциите и за потикнување на банките за

зголемување на кредитните активности со крајна цел спречување и трансверирање на

постоечка криза во длабока рецесија.

Во контекст на државните мерки на интервенција неопходно е да се укаже на

мерките кои се договорени на самитот Г20 во Лондон во 2009 година да се даде подршка

за надминување на кризата за што се резервирани 1,1 трилиони долари.

Осгурителната индустрија игра исклучително значајна улога во македонскиот

финансиски систем. Осигурителниот пазар во земјата е добро регулиран и либерализиран

и се карактеризира со висок степен на професионализам и почитување на правилата на

фер конкуренција, посебно со воведување во функција на Агенција за супервизија на

осигурување и реосигурување во Р,Македонија.

Голем дел од осигурителните компании на македонскиот пазар се специјализирани

за услуги на неживотното осигурување а во тек е и поголемо оспособување и во областа

на животното осигурување. На неживотното осигурување отпаѓа најголемиот дел од

износот на бруто полисарната премија. Индустријата на животно осигурување на

Page 144: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 143

македонскиот пазар претставува една од најмалку развиените индустрии во споредба со

земјите во развој од регионот на Југоисточна Европа.

Освојувањето на македонскиот пазар иницира потреба од поголеми маркетинг-

кампањи примарно фокусирани кон пораст на културата на животното осигурување, кои

ќе ги пополнат моменталните недостатоци од информации за граѓаните.

Искуствата на земјите во развој и на земјите во транзиција покажуваат дека за

развој на пазарот на осигурувње е потребно време, и дејноста осигурување да се развива

после развојот на банкарскиот сектор. Финансискиот систем во Р.Македонија со години

наназад е банкоцентричен: банките по два најзначајни показатели ( билансна сума и

капитал ) се доминантни за разлика од осигурителните компании кои како

институционални инвеститори имаат доста помало влијание на финансискиот пазар.

После забележаната финасиска криза во 2009 година дојде до постепено опоравување на

домашниот пазар на осигурување. Вкупна билансна сума на осигурителните компании,

кои обавуваат дејност осигурување и реосигурување во 2009 година која изнесуваше

околу 6,182 милијарди денари се зголеми на 7,2 милијарди денари во 2011 година, што

претставува 11,6% пораст на годишно ниво.

Во портфолиото на осигурување на Р. Македонија доминираат неживотните

осигурувања во износ од 95% (задолжителнито осигурување забележува пораст, додека

незадолжителните осигурувања стагнираат), поради изложеноста на негативно влијание

од страна на економската криза. Најголемо учество во вкупната премија на осигурување

во 2010 година имаа осигурувањата од автоодговрност во износ од 3,06 милијарди денари,

осигурувања на имоти во износ од 1,27 милијарди денари и осигурување на патнички

возила во износ од 0,84 милијарди денари.

Износот на вкупната премија на осигурување по глава на жител е зголемен од 34

евра во 2004 година на 51 евро во 2010 година, а додека густината на животното

осигурување од 3 евра во 2004 година по глава на жител е зголемена на 11 евра во 2010

година.

Учеството на вкупната премија на осигурување во БДП на Р. Македонија во

последните три години изнесува 0,9% што е испод просекот на земјите во во ЕУ.

Page 145: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 144

Пазарот на осигурување во Р. Македонија спаѓа во групата на недоволно развиените

празари особено не е развиено животното осигурување. Врз пазарот на осигурување нема

изразен притисок од конкуренцијата, што ретствува предност за евентуално влегување на

нови осигурителни компании или ширење и интензивирање на активностите од страна на

веќе присутните деловни ентитети.

Како клучна слабост во сверата на осигурување во Р. Македонија во прв план мора

да се земе во предвид припадноста на земјата кон групата неразвиени економии, односно

земји во развој. Од ова произлегува дека компаниите може да сметаат на мал број

осигуреници. Воедно кога е во прашање животното осигурување потенцијалната таргет-

група клиенти се уште е недоволно информирана за предностите од осигурувањето, што

води кон потреби за голема промоција, односно високи трошоци за маркетинг на

осигурителните компании.

Посебно значајно прашање во финасискиот сектор како и во осигурителната

индустрија е подрачјето на управувањето со ризикот кое налага потреба од постоење на

квалитативно и кавантитативно управување со ризик. Светската финасиска криза покажа

дека ограниченоста на потпирањето исклучително на квантитативните модели во

управување со ризик, услови пропаѓање и на најголеми финасиски компании во светот.

Најголем дел од потенцијалот за осигурување претпочита сигурност и низок

степен на ризичност при пласирањето на средства што подразбира дека во условите на

тешка положба на економијата и индустријата како и голема невработеност и малите

примања на вработените дејноста на осигурување до излегување од светската економска и

финансиска криза, објективно ќе се развива со многу споро темпо

Page 146: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 145

ЛИТЕРАТУРА

1. Авдаловиќ В., Осигурање, Београдска банкарска академија, Београд, 2007.

2. Аврамоски Митре, Економика на претпријатијата, ЦНИР при ФТУ Охрид 2000.

3. Балабан М., Осигуранје у савременом свету, самостојно издание на авторот, Нови

Сад, 2008.

4. Бјелица В., Банкарство у теорији и пракси, Економски факултет, Нови Сад, 2001.

5. Јованоски Т., Економика на осигурување, ЕМК Скопје, 1997 год.

6. Коловиќ Ј., Шулејиќ П., Осигурање, Економски Факултет, Београд, 2006.

7. Караџова Вера, Управување со ризиците во осигурување, ЦНИР при ФТУ Охрид,

2002 год.

8. Марковиќ М., Вовед во осигурување, Виша пословна школа во Београд, 2000 год.

9. Маровиќ Б., Јовановиќ С., Реосигурање, ДДОР Нови Сад, АД Нови Сад, 2004 год.

10. Маровиќ Б., Авдаловиќ В., Осигурање и теорија ризика, Центар за ауторизацију,

Нови Сад, 2006 год.

11. Маровиќ Б., Осигурање, Финанцинг Центер, Нови Сад, 1997 год.

12. Милошевиќ Братислав, Осигурување на имот и лица, ЦНИР при ФТУ Охрид,

Охрид, 2006 год.

13. Милошевиќ Братислав, Животно и здравствено осигурување, ЦНИР при ФТУ

Охрид, Охрид, 2008 год.

14. Николоски А., Осигурување во бизнисот, ФОН , Скопје, 2005 год.

15. Смиљковски Ивица, Неживотно осигурување, ЦНИР при ФТУ Охрид, Охрид, 2011

год.

16. Тасиќ А., Основи осигурања, Привредно финансијски водич, Београд, 2006 год.

17. Harrison T., Financial Markets and Institutions, Prentice Hall, 2000.

18. Трајкоски Бранко, Деловни финансии со финансиски менаџмент, Економски

факултет Прилеп, Прилеп2002 год.

19. http://aso.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=48&Itemid=53&lang=m

20. http://www.eurolink.com.mk/za_nas.asp?meni=zanas-submeni

21. http://www.insurancepolicy.com.mk/za_nas.html

22. http://www.insurancepolicy.com.mk/za_nas_organizacija.html

Page 147: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 146

23. http://albsig.com.al/eng/default.asp

24. http://www.euroins.com.mk/brief-history-7.html

25. http://www.crosig.mk/zanas.asp

26. http://www.crosig.hr/o-nama/tvrtka/osnovne-organizacijske-vrijednosti

27. http://www.uniqa.mk/uniqa_mk/cms/macedonia/company/Kompanija/test/index.jsp

28. www.themegallery.com

Page 148: Magisterska Vujadin Kozomora. (1)

Осигурителната индустрија во Република Македонија-состојби и перспективи

Вујадин Козомора 147