kriteriumi.5.p.n(9)

4
Критериуми за оценување на Тема . бр 1 -Оценка недоволен еден (1) Добива ученик чие знаење не го задоволува ниту грубиот преглед, ниту во одделни поединости кој не може да се снајде ни со помош на наставникот, за кого е очигледно дека не се труди, не работи и чие знаење не е доволно за да може во погорното одделение успешно да напредува во наставата. Тоа е ученик кој не покажува интерес за предметот, кој е безгрижен и иако добива помош, не напредува. Не знае да каже што се изучува во предметот природни науки, кои предмети ја сочинуваат групата на природни науки, не знае да каже пример за жива природа и пример за нежива природа. -Оценка доволен два (2) Добива ученик кој покажува толку знаење и разбирање колку да може идната година да ја следи наставата по предметот природни науки. Ученикот иако се труди одвај ги постигнува минималните барања по предметот.Неговите знаења се однесуваат на запомнување и репродукција , покажува одредени способности, знаењето да го искаже со свои зборови. Знае да ги наброи природните науки, дава пример за жива и нежива природа, знае да мери некои основни величини, ги забележува промените кај природните објекти. -Оценка добар три (3) Добива ученик кој главно ја совладал наставната содржина, знае практично да ја користи со мала помош од наставникот и покажува дека е доволно трудољубив. Оваа оценка ја добива и ученик кој попуштил во работата, кој можел уште повеќе да постигне, но доволно не се трудел. Знаењата на ученикот покрај тоа што се однесуваат на запомнување и репродуцирање, разбирање и сфаќање на наставните содржини,тој покажува способност за примена на знаењата во постапките на истражување, мерење, споредување на податоци и читање на табели. Ја разбира меѓусебната поврзаност на природните науки и професиите во кои тие се важни. Ги набројува постапките во природонаучното истражување, го препознава едноставниот прибор за истражување и мерење и умее правилно да го користи. -Оценка мн. Добар четири (4) Добива ученик кој ги разбира поважните работи, позначајните поединости, трудољубив е снаодлив и самостоен во изразувањето.Умее да изработи поедноставни истражувања. Неговите знаења се однесуваат на целосно запомнување и репродукција. Ученикот покажува способност за примена и анализа на знаењата. Знае да го примени знаењето на примери од секојдневието, знае да истражува едноставни обиди, ја препознава намената на основните нагледни средства, резултатите ги претставува во табели, прави мали грешки. -Оценка одличен пет (5) Заслужува ученик кој владее со наставната содржина прегледно, дури и во помалку важни поединости покажува целосно разбирање на тој материјал и умее стекнатото знаење творечки да го употреби, на пример во одгатнување на некое истражување за некоја појава што бара повеќе ангажираност и време за изработка. Покрај тоа активно учествува во наставата, покажува интерес за предметот природни науки и користи дополнителни извори на информации(списанија, интернет, друга литература...) Знаењата на ученикот се над 90% од содржините на наставната програма на ниво на запомнување, репродуцирање, сфаќање и разбирање. Ученикот може да средува, комбинира и вреднува елементи во нови цели. Извлекува заклучок од сработеното истражување, прави разлики меѓу природните науки, анализира разни текстови поврзани со предметот, сам наоѓа видео записи на интернет поврзани со темата која ја работат на часот, се интересира за нови истражувања.

Upload: bogorotka-gorgievska

Post on 07-Oct-2014

522 views

Category:

Documents


10 download

TRANSCRIPT

Page 1: kriteriumi.5.p.n(9)

Критериуми за оценување на Тема .бр 1

-Оценка недоволен еден (1)

Добива ученик чие знаење не го задоволува ниту грубиот преглед, ниту во одделни поединости кој не може да се снајде ни со помош на наставникот, за кого е очигледно дека не се труди, не работи и чие знаење не е доволно за да може во погорното одделение успешно да напредува во наставата. Тоа е ученик кој не покажува интерес за предметот, кој е безгрижен и иако добива помош, не напредува.

Не знае да каже што се изучува во предметот природни науки, кои предмети ја сочинуваат групата на природни науки, не знае да каже пример за жива природа и пример за нежива природа.

-Оценка доволен два (2)

Добива ученик кој покажува толку знаење и разбирање колку да може идната година да ја следи наставата по предметот природни науки. Ученикот иако се труди одвај ги постигнува минималните барања по предметот.Неговите знаења се однесуваат на запомнување и репродукција , покажува одредени способности, знаењето да го искаже со свои зборови.

Знае да ги наброи природните науки, дава пример за жива и нежива природа, знае да мери некои основни величини, ги забележува промените кај природните објекти.

-Оценка добар три (3)

Добива ученик кој главно ја совладал наставната содржина, знае практично да ја користи со мала помош од наставникот и покажува дека е доволно трудољубив. Оваа оценка ја добива и ученик кој попуштил во работата, кој можел уште повеќе да постигне, но доволно не се трудел. Знаењата на ученикот покрај тоа што се однесуваат на запомнување и репродуцирање, разбирање и сфаќање на наставните содржини,тој покажува способност за примена на знаењата во постапките на истражување, мерење, споредување на податоци и читање на табели.

Ја разбира меѓусебната поврзаност на природните науки и професиите во кои тие се важни. Ги набројува постапките во природонаучното истражување, го препознава едноставниот прибор за истражување и мерење и умее правилно да го користи.

-Оценка мн. Добар четири (4)

Добива ученик кој ги разбира поважните работи, позначајните поединости, трудољубив е снаодлив и самостоен во изразувањето.Умее да изработи поедноставни истражувања. Неговите знаења се однесуваат на целосно запомнување и репродукција. Ученикот покажува способност за примена и анализа на знаењата.

Знае да го примени знаењето на примери од секојдневието, знае да истражува едноставни обиди, ја препознава намената на основните нагледни средства, резултатите ги претставува во табели, прави мали грешки.

-Оценка одличен пет (5)

Заслужува ученик кој владее со наставната содржина прегледно, дури и во помалку важни поединости покажува целосно разбирање на тој материјал и умее стекнатото знаење творечки да го употреби, на пример во одгатнување на некое истражување за некоја појава што бара повеќе ангажираност и време за изработка. Покрај тоа активно учествува во наставата, покажува интерес за предметот природни науки и користи дополнителни извори на информации(списанија, интернет, друга литература...) Знаењата на ученикот се над 90% од содржините на наставната програма на ниво на запомнување, репродуцирање, сфаќање и разбирање. Ученикот може да средува, комбинира и вреднува елементи во нови цели.

Извлекува заклучок од сработеното истражување, прави разлики меѓу природните науки, анализира разни текстови поврзани со предметот, сам наоѓа видео записи на интернет поврзани со темата која ја работат на часот, се интересира за нови истражувања.

Page 2: kriteriumi.5.p.n(9)

Критериуми за оценување на Тема .бр 2

-Оценка недоволен еден (1)

Добива ученик чие знаење не го задоволува ниту грубиот преглед, ниту во одделни поединости кој не може да се снајде ни со помош на наставникот, за кого е очигледно дека не се труди, не работи и чие знаење не е доволно за да може во погорното одделение успешно да напредува во наставата. Тоа е ученик кој не покажува интерес за предметот, кој е безгрижен и иако добива помош, не напредува.

Не знае за големината на Земјата, за нејзиниот облик, не знае да ги наброи планетите од Сончевиот систем, не знае да се снајде на географска карта и глобус.

-Оценка доволен два (2)

Добива ученик кој покажува толку знаење и разбирање колку да може идната година да ја следи наставата по предметот природни науки. Ученикот иако се труди одвај ги постигнува минималните барања по предметот.Неговите знаења се однесуваат на запомнување и репродукција , покажува одредени способности, знаењето да го искаже со свои зборови.

Го препознава и опишува обликот на Земјата со помош на глобус, ги набројува земјините сфери, знае дека постојат топлински појаси.

-Оценка добар три (3)

Добива ученик кој главно ја совладал наставната содржина, знае практично да ја користи со мала помош од наставникот и покажува дека е доволно трудољубив. Оваа оценка ја добива и ученик кој попуштил во работата, кој можел уште повеќе да постигне, но доволно не се трудел. Знаењата на ученикот покрај тоа што се однесуваат на запомнување и репродуцирање, разбирање и сфаќање на наставните содржини,тој покажува способност за примена на знаењата во постапките на истражување.

Знае колкава е површината на Земјата, ги набројува земјините сферии нивните карактеристики, ги набројува планетите од Сончевиот систем и нивните природни сателити, сфаќа за земјина ротација, ги разбира промените на годишните времиња.

-Оценка мн. добар четири (4)

Добива ученик кој ги разбира поважните работи, позначајните поединости, трудољубив е снаодлив и самостоен во изразувањето.Умее да изработи поедноставни истражувања. Неговите знаења се однесуваат на целосно запомнување и репродукција. Ученикот покажува способност за примена и анализа на знаењата.

Изработува модел на Земјата и ги црта земјините сфери, демонстрира на карта распоред на копно и вода, ги препознава последиците од движењата на Земјата, ја опишува привлечната сила на Земјата.

-Оценка одличен пет (5)

Заслужува ученик кој владее со наставната содржина прегледно, дури и во помалку важни поединости покажува целосно разбирање на тој материјал и умее стекнатото знаење творечки да го употреби, на пример во одгатнување на некое истражување за некоја појава што бара повеќе ангажираност и време за изработка. Покрај тоа активно учествува во наставата, покажува интерес за предметот природни науки и користи дополнителни извори на информации(списанија, интернет, друга литература...) Знаењата на ученикот се над 90% од содржините на наставната програма на ниво на запомнување, репродуцирање, сфаќање и разбирање. Ученикот може да средува, комбинира и вреднува елементи во нови цели.

Извлекува заклучок за обликот на Земјата, наоѓа текстови од интернет, изработува модел за Сонце и Сончев систем, ја разбира поврзаноста на Земјината револуција и топлинските појаси, изработува паноа со топлински појаси и карактеристични видови на растенија и животни во нив.

Page 3: kriteriumi.5.p.n(9)

Критериуми за оценување на Тема .бр 3

-Оценка недоволен еден (1)

Добива ученик чие знаење не го задоволува ниту грубиот преглед, ниту во одделни поединости кој не може да се снајде ни со помош на наставникот, за кого е очигледно дека не се труди, не работи и чие знаење не е доволно за да може во погорното одделение успешно да напредува во наставата. Тоа е ученик кој не покажува интерес за предметот, кој е безгрижен и иако добива помош, не напредува.

Не ги знае основните својства на материјата, не разликува температура и топлина, не ги знае магнетните својства, не ги разликува промените кај металите, не ги знае изворите на енергија во природата, не ги препознава формите на видовите енергија во природата.

-Оценка доволен два (2)

Добива ученик кој покажува толку знаење и разбирање колку да може идната година да ја следи наставата по предметот природни науки. Ученикот иако се труди одвај ги постигнува минималните барања по предметот.Неговите знаења се однесуваат на запомнување и репродукција , покажува одредени способности, знаењето да го искаже со свои зборови.

Знае да наведе примери на различни материи во природата, ги набројува својствата на материите, но не ги опишува, ги препознава металите по боја, набројува извори на енергија , но не ги опишува формите во кои се јавува енергијата, знае дека треба да се штеди енергија, знае дека таа се претвара од еден во друг вид но , не знае да објасни како.

-Оценка добар три (3)

Добива ученик кој главно ја совладал наставната содржина, знае практично да ја користи со мала помош од наставникот и покажува дека е доволно трудољубив. Оваа оценка ја добива и ученик кој попуштил во работата, кој можел уште повеќе да постигне, но доволно не се трудел. Знаењата на ученикот покрај тоа што се однесуваат на запомнување и репродуцирање, разбирање и сфаќање на наставните содржини,тој покажува способност за примена на знаењата во постапките на истражување, мерење, споредување на податоци и читање на табели.

Набљудува и опишува својства на различни супстанции, внесува податоци во табели, истражува, опишува магнетно својство преку пример, разликува спектар на бои, знае за прекршување на светлината, ги објаснува основните поими за промените на енергијата.

-Оценка мн. добар четири (4)

Добива ученик кој ги разбира поважните работи, позначајните поединости, трудољубив е снаодлив и самостоен во изразувањето. Умее да изработи поедноставни истражувања. Неговите знаења се однесуваат на целосно запомнување и репродукција. Ученикот покажува способност за примена и анализа на знаењата.

Опишува преку примери растворливост на различни супстанции, докажува спроводливост на топлина кај различни супстанции, набљудува слики и слајдови од интернет, разбира дека топлината се предава од потопло на поладно тело.

-Оценка одличен пет (5)

Заслужува ученик кој владее со наставната содржина прегледно, дури и во помалку важни поединости покажува целосно разбирање на тој материјал и умее стекнатото знаење творечки да го употреби, на пример во одгатнување на некое истражување за некоја појава што бара повеќе ангажираност и време за изработка. Покрај тоа активно учествува во наставата, покажува интерес за предметот природни науки и користи дополнителни извори на информации (списанија, интернет, друга литература...) Знаењата на ученикот се над 90% од содржините на наставната програма на ниво на запомнување, репродуцирање, сфаќање и разбирање. Ученикот може да средува, комбинира и вреднува елементи во нови цели.

Извлекува заклучок од некои истражувања, сам знае да објасни одредени појави, знае да побара информации на интернет во врска со темата, знае да образложи експеримент, да го среди до краен резултат, се интересира за нови истражувања.

Page 4: kriteriumi.5.p.n(9)

Критериуми за оценување на Тема .бр 4

-Оценка недоволен еден (1)

Добива ученик чие знаење не го задоволува ниту грубиот преглед, ниту во одделни поединости кој не може да се снајде ни со помош на наставникот, за кого е очигледно дека не се труди, не работи и чие знаење не е доволно за да може во погорното одделение успешно да напредува во наставата. Тоа е ученик кој не покажува интерес за предметот, кој е безгрижен и иако добива помош, не напредува.

Не знае правилно да се ориентира во природата и на карта, не знае што покажува размерот, не ја знае поделбата на картите, не знае што е картографска мрежа, не е сигурен за географска должина и ширина.

-Оценка доволен два (2)

Добива ученик кој покажува толку знаење и разбирање колку да може идната година да ја следи наставата по предметот природни науки. Ученикот иако се труди одвај ги постигнува минималните барања по предметот.Неговите знаења се однесуваат на запомнување и репродукција , покажува одредени способности, знаењето да го искаже со свои зборови.

Знае да ги определи страните на светот, многу малку знае за размер, знае што е атлас, што е глобус, го знае времето во соседните земји.

-Оценка добар три (3)

Добива ученик кој главно ја совладал наставната содржина, знае практично да ја користи со мала помош од наставникот и покажува дека е доволно трудољубив. Оваа оценка ја добива и ученик кој попуштил во работата, кој можел уште повеќе да постигне, но доволно не се трудел. Знаењата на ученикот покрај тоа што се однесуваат на запомнување и репродуцирање, разбирање и сфаќање на наставните содржини,тој покажува способност за примена на знаењата во постапките на истражување.

Знае да ги определи страните на светот во природата, знае да се ориентира со помош на Сонце, со помош на ѕвездата Северница, со помош на мовот на дрвјата. Знае какви видови размер има. Знае за поделбата на картите. Знае што е географска должина и ширина. Знае за пресметување на времето.

-Оценка мн. Добар четири (4)

Добива ученик кој ги разбира поважните работи, позначајните поединости, трудољубив е снаодлив и самостоен во изразувањето.Умее да изработи поедноставни истражувања. Неговите знаења се однесуваат на целосно запомнување и репродукција. Ученикот покажува способност за примена и анализа на знаењата.

Знае зошто е важно да знае да се ориентира во познат и непознат простор, знае што е бројчен, а што графички размер, знае како се делат картите според содржината, ги знае единиците за изразување на картите, знае за датумска граница.

-Оценка одличен пет (5)

Заслужува ученик кој владее со наставната содржина прегледно, дури и во помалку важни поединости покажува целосно разбирање на тој материјал и умее стекнатото знаење творечки да го употреби, на пример во одгатнување на некое истражување за некоја појава што бара повеќе ангажираност и време за изработка. Покрај тоа активно учествува во наставата, покажува интерес за предметот природни науки и користи дополнителни извори на информации (списанија, интернет, друга литература...) Знаењата на ученикот се над 90% од содржините на наставната програма на ниво на запомнување, репродуцирање, сфаќање и разбирање. Ученикот може да средува, комбинира и вреднува елементи во нови цели.

-Знае дека местоположбата се определува во однос на стојалиштето и страните на светот, знае да истражува како да се движи во простор со помош на компас и топографска карта, знае се за видовите карти, знае на индукционен глобус да ги нацрта главните напоредници и меридијани, знае да пресметува колку е времето во други држави кога е познато колку е во РМ. Знае да применува нови цели и да анализира истражувања.