komunikaciski plan sprpravda.gov.mk/upload/editor_upload/02... · Комуникацискиот...

28
Комуникациски план за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион (2015-2020)

Upload: others

Post on 26-Feb-2020

19 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

Комуникациски план за спроведување на

Програмата за развој и поддршка

на бизнис секторот во

Скопскиот плански регион

(2015-2020)

Page 2: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

1

Page 3: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

2

Скопје, Септември 2015

08 Fall

Page 4: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

3

Центар за развој на Скопски плански регион

За издавачот: Центар за развој на Скопскиот плански регион Ул. Беласица бр. 2, Скопски саем

П-Фах 1,1130 Скопје

Tel: +389 2 3218-480, 3218-481

Fax: +389 2 3218 480

www.skopjeregion.gov.mk

За потребите на: Регионален Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за

мали и средни претпријатија во СПР при Центар за развој на Скопскиот плански регион Ул. Беласица бр. 2, Скопски саем

П-Фах 1, 1130 Скопје

Tel: +389 2 3218-480, 3218-481

Fax: +389 2 3218 480

www.investinskopjeregion.mk (under construction)

Директор Анета Л. Раввлинсон Проектен координатор на Бизнис Центарот при СПР М-р. Розалија Карчицка Василевска

Комуникацискиот план е изработен од: Гесталт Солутионс д.о.о. Штип www.gestaltsolutions.com.mk

Благодарност до: Центарот за развој на Скопскиот плански регион, компаниите и институциите како и општините во Скопскиот плански регион за соработката во процесот на прибирање и анализа на податоците.

Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион (2015-2020) e

изработен во рамки на проектот на Министерството за локална самоуправа „Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво“ кој го спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП).

Page 5: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

4

КОМУНИКАЦИСКИ ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА

РАЗВОЈ И ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ ВО СКОПСКИОТ

ПЛАНСКИ РЕГИОН (2015-2020)

Page 6: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

5

Содржина

ЛИСТА НА АКРОНИМИ .......................................................................................................................... 6

Впвед ...................................................................................................................................................... 7

Стратегиски пристап .............................................................................................................................. 8

Кпмуникациски цели .......................................................................................................................... 10

Целни групи ......................................................................................................................................... 12

Дефинираое на кпмуникациски ппраки .......................................................................................... 14

Внатрешна кппрдинација меду партнерите ...................................................................................... 15

Надвпрешна кпмуникација преку кпнвенципнални и некпнвенципнални медиуми .................. 17

Оперативен план на активнпсти сп дефинирани алатки за кпмуникација, временска рамка и

буџет ..................................................................................................................................................... 22

Систем за мпнитпринг и евалуација сп метпди и мерливи индикатпри ....................................... 24

Page 7: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

6

ЛИСТА НА АКРОНИМИ

ЕЛС Единица на локална самоуправа

СПР Скопски плански регион

ЛЕР Локален економски развој

МЛС Министерство за локална самоуправа

МСП Мали и средни претпријатија

УНДП Програма за развој на Обединетите Нации

ЦРСПР Центар за развој на Скопскиот плански регион

Page 8: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

7

Вовед

Основна задача на Центар за развој на Скопскиот плански регион е јакнење

на капацитетот на мрежите во локалната и руралната заедница, бизнис секторот,

стимулирање на развојот на локално и регионално ниво, јакнење на принципот

на jавно приватно партнерство и делување во насока на подигање на квалитетот

на живеење. Формирањето на Регионалниот бизнис центар за поддршка и

консултативни услуги за мали и средни претпријатија при Центар за развој на

Скопскиот плански регион е одговор на детектираната потреба од координација и

поддршка на малите и средни претпријатија која се наметнува како императив во

Скопскиот регион.

Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на Скопскиот плански

регион нуди помош и поддршка на приватниот сектор во процесот на побрз и

динамичен развој. Регионалниот бизнис центар континуирано врши

идентификување на тековните проблеми и потреби на компаните од регионот,

истовремено нудејќи мерки и активности за поддршка и справување со

проблемите на истите. Овој Бизнис центар навремено ги информира компаниите

од регионот за сите можности за финансиска и нефинансиска помош и поддршка

кои постојат во Скопскиот плански регион, истовремено нудејќи помош на

новооснованите компании преку едукација и менторство, со што овозможува

развој на компаниите во успешни, одржливи и профитабилни бизниси.

Со цел креирање на ефективен и ефикасен институционален амбиент на ниво

на планскиот регион, се изготви овој Комуникациски план чија главна цел е

обезбедување на транспарентност на имплементацијата и мерење на ефектите од

имплементацијата на мерките предвидени во Акцискиот план кој е составен дел

на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански

регион (2015 - 2020). Воедно, Комуникацискиот план ќе им помогне и на

носителите и на учесниците на оваа Програма да станат свесни за нивната улога

во реализацијата на истата.

Page 9: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

8

Стратегиски пристап

Регионалниот бизнис центар при ЦРСПР може да обезбеди транспарентност при

имплементацијата и прецизно мерење на ефектите од имплементацијата на мерките

од Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански

регион само преку редовна и отворена комуникација со сите засегнати страни.

Континуитет, навременост, дефинирање на комуникациски канали и медиуми и

двонасочност се клучни елементи за ефикасна комуникација во рамките на

работењето на Регионалниот бизнис центар при ЦРСПР. Оттука и потребата од

изготвување на овој Комуникациски план како систематизиран и стратешки пристап

во обраќањето до јавноста, како и потребата од организирано собирање повратни

ставови и реакции од чинителите.

Комуникацискиот план претставува рамка за планирано и ефикасно спроведување

на комуникациите на регионалниот Бизнис центар при ЦРСПР и како таква

обезбедува можност Регионалниот бизнис центар:

Да се претстави пред јавноста;

Да ги анимира граѓаните и заинтересираните страни;

Да обезбеди постојана транспарентност при спроведувањето на Програмата;

Да воспостави функционален регионален граѓански сервис.

Комуникацискиот план претставува основа за комуницирање со сите релевантни

чинители во регионот, а воедно и можност за промоција на Регионалниот бизнис

центар на Скопскиот плански регион воспоставен со помош на проектот „Формирање

на Бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни

претпријатија во Скопскиот плански регион”.

При изработката на овој Комуникациски план беа користени современи

методолошки алатки за советување, консултирање и прибирање на партиципативен

инпут од сите релевантни чинители со цел креирање на стратешки и тактички

одредби како да се праќаат и примаат информации со крајна цел - успешно

реализирање на целите на „Програма за развој и поддршка на бизнис секторот

во Скопскиот плански регион (2015-2020)“, Регионалниот бизнис центар при

ЦРСПР, како и на регионот како целина. Кога ќе се земат предвид сите овие

елементи, можеме да заклучиме дека овој Комуникациски план ќе придонесе кон

поефикасна и полесна комуникација помеѓу сите релевантни чинители во Скопскиот

плански регион со цел економско зајакнување на регионот, привлекување и

реализирање на нови инвестиции.

Стратегискиот пристап при изработката на Комуникацискиот план за спроведување

на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански

регион (2015-2020) е заснован на методолошки пристап составен од 5 чекори:

Методологија за Комуникацискиот план

за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис

секторот во Скопскиот плански регион (2015-2020)

Чекор 1 Дефинирање на целни групи на Комуникацискиот план

Чекор 2 Идентификување на информации кои треба да се споделуваат

Чекор 3 Детерминирање комуникациски канали и време на комуникација

Чекор 4 Буџетирање на Комуникацискиот план

Чекор 5 Идентификување на Систем за мониторинг и евалуација

Табела 1: Чекори во изработката на Комуникацискиот план

Page 10: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

9

Чекор 1: Дефинирање на целните групи на Комуникацискиот план:

Најважен чекор во подготовката на Комуникацискиот план за

спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот

во Скопскиот плански регион е дефинирање на клучните актери и

анализа на нивните специфики, прифатен начин на комуникација и

стекнати навики во однос на каналите за комуникација, со цел

дефинирање на контури на Комуникацискиот план.

Чекор 2: Идентификување на информациите кои треба да се

споделуваат:

Два најважни аспекти на ефективна комуникација се едноставност и

конзистентност. Најдобар начин да се комуницира едноставно, јасно и

конзистентно е преку развивање на клучни комуникациски пораки.

Комуникациските пораки се суштината на тоа што сака да се пренесе

на јавноста - клучните точки кои треба да се пренесат.

Чекор 3: Детерминирање на комуникациските канали и времето на

комуникацијата:

Следен чекор во методолошкиот пристап е идентификувањето на

комуникациските канали и најадекватното време за емитување на

комуникациските пораки. Овој чекор дава одговор на три основи

прашања: „Како ќе комуницираме со јавноста?“, „Кога ќе

комуницираме со јавноста?“ и „Преку кои канали ќе комуницираме и

кои ќе бидат комуникациските медиуми кои се најсоодветни за

пренесување на пораките и превземање на фидбекот од целните

групи. Оваа активност вклучува идентификување на комуникациските

активности и алатки кои ќе бидат користени за остварување на

квалитетна комуникација со јавноста и клучните чинители од

Скопскиот плански регион.

Чекор 4: Буџетирање на Комуникацискиот план:

Потенцијално ограничување во емитувањето на комуникациските

пораки може да претставува буџетот, па оттаму овој Комуникациски

план нуди можности за најголем бенефит од буџетските средства

планирани за комуницирање со јавноста.

Чекор 5: Идентификување на Систем за мониторинг и евалуација:

Успехот на Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за

развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион

ќе биде мерен преку квантитативни индикатори кои овозможуваат

мониторинг и евалуација на имплементираниот Комуникациски план.

Овој чекор во создавањето на Комуникацискиот план треба да

овозможи ефикасна координација и мониторинг на сите

комуникациски активности.

Page 11: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

10

Комуникациски цели

Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој и поддршка

на бизнис секторот во Скопскиот плански регион служи за информирање на

релевантните чинители и јавноста во Скопскиот плански регион за имплементација

на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански

регион (2015-2020), а преку тоа и за промоција на Регионалниот бизнис центар во

состав на Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Информирањето на

јавноста и промоцијата на Регионалниот бизнис центар ќе се остварат преку

обезбедување на подобар пристап до информации согласно потребите на

чинителите и јавноста во регионот, подобрување на ефективноста на активностите

на Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на Скопскиот плански регион

и поддржување на отворена вклученост со цел донесување на подобри одлуки.

Како резултат на овој Комуникациски план, Регионалниот бизнис центар ќе

биде во можност да им излезе во пресрет на сите учесници, носители и релевантни

чинители на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот

плански регион, со цел сите тие да бидат запознаени со нивната улога во

реализацијата на оваа Програма. Користејќи ги информациите добиени од

спроведената анализа на актуелната состојба, Комуникацискиот план ги поставува

елементарните комуникациски цели, како и начинот и комуникациските алатки кои

ќе се користат во Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на Скопскиот

плански регион, со помош на кои целите ќе бидат остварени.

Основна цел на Комуникацискиот план е обезбедување на транспарентност

на имплементацијата и мерење на ефектите од имплементацијата на целите на

мерките предвидени во Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во

Скопскиот плански регион и Акцискиот план кој е дел од оваа програма.

Остварувањето на основната цел на Комуникацискиот план подразбира

исполнување на следниве специфични цели на планот:

Слика 1: Сликовит приказ на специфичните цели на Комуникацискиот план

Page 12: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

11

Дополнително, овој Комуникациски план има за цел и:

Промовирање на Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на СПР;

Промовирање, претставување и пренесување на резултатите и успесите

постигнати со имплементирањето на мерките од Програмата;

Создавање на интерес кај приватниот сектор, јавноста и клучните чинители

во Скопскиот плански регион за институцијата и нејзиното работење;

Зголемување на препознатливоста и градење на имиџот на Регионалниот

бизнис центар при ЦРСПР помеѓу малите и средни претпријатија од регионот,

како и кај сите засегнати страни вклучени во Програмата.

Целосно и успешно имплементирање на поставените комуникациски цели на

Регионалниот бизнис центар при ЦРСПР е обезбедено преку почитување и работење

според следните комуникациски принципи и правила:

Двонасочност – При споделувње информации не може да се очекува од

јавноста да ги пренесе/сподели сите информации неопходни за зголемување

на ефикасноста и квалитетот во функционирањето на Регионалниот бизнис

центар при ЦРСПР, а при тоа истовремено да нема подготвеност, на ист начин

и/или приближно во ист обем, да им се дадат повратни информации за она за

што тие се заинтересирани да го знаат. Јавноста се чувствува ценето доколку

дознае значајни вести за функционирањето на институцијата и

имплементацијата на Програмата навремено и директно. Оттаму, согласно

овој Комуникациски план, Регионалниот бизнис центар и ЦРСПР навремено ќе

ја информираат општата јавност во регионот за сите активности во рамките

на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни

услуги за мали и средни претпријатија во СПР“, како и за сите поединечни

активности на овие два чинители.

Проактивност – Комуникацијата треба да биде сфатена како потреба

(акција), а не само како обврска (реакција). При тоа, од особена важност за

лицата вработени во Регионалниот бизнис центар и ЦРСПР е да

демонстрираат подготвеност да ги разберат потребите на приватниот сектор и

соодветно и навремено да дејствуваат во насока на исполнување на нивните

конкретни потреби и очекувања за соодветни и навремени информации.

Вработените во Регионалниот бизнис центар и Центарот за развој навремено

ќе ги детектираат потребите на малите и средни претпријатија од Скопскиот

плански регион и адекватно на тоа ќе предложат и бидат вклучени во

имплементација на мерки за задоволување на детектираните потреби,

согласно развиената Програма за развој и поддршка на бизнис секторот во

СПР и Акцискиот план кој е составен дел од истата.

Искреност – Секоја комуникација мора да се темели врз факти. Подеднакво

значајни се не само добрите, туку и лошите вести поврзани со работата на

Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на Скопскиот плански

регион и имплементацијата на Програмата. Во таа насока, одговорните лица

во ЦРСПР и Бизнис центарот навремено ќе ги споделуваат сите информации

со приватниот сектор во регионот, без разлика на нивната содржина.

Едноставна и фокусирана комуникација – Информациите кои се праќаат

треба да бидат јасни, недвосмислени и, пред сè, разбирливи, за

комуникацијата да биде ефикасна. Тоа подразбира и дека тие треба да бидат

дистрибуирани преку веќе прифатени и експлоатирани канали на

комуникација. Овој Комуникациски план нуди едноставни и фокусирани

средства за комуникација, дел постојни, дел иновативни и истите ќе бидат

користени од страна на Регионалниот бизнис центар на СПР и ЦРСПР при

комуницирањето со општата јавност, а посебно при комуницирањето со

малите и средните претпријатија од регионот.

Page 13: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

12

Целни групи

Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој и поддршка

на бизнис секторот во Скопскиот плански регион се изготви со цел обезбедување

транспарентност на имплементацијата и мерење на ефектите од имплементацијата

на целите на мерките споменати во Програмата и Акцискиот план. Овoj план е

насочен кон сите релевантни чинители и целни групи на Регионалниот бизнис

центар при СПР и Центарот за развој на Скопскиот плански регион.

Целните групи на овој Комуникациски план, согласно видот на комуникацијата

(внатрешна и надворешна комуникација), можат да се поделат во 3 групи.

Целни групи на

Комуникациски план

Вид на Комуникација

Внатрешна комуникација

Надворешна комуникација – I степен на

важност

Надворешна комуникација – II степен на

важност

Табела 2: Целни групи на Комуникациски план

Целна група: Внатрешна комуникација

Центар за Развој на Скопскиот плански регион

Овој Комуникациски план има за задача да ги унапреди каналите и формите

на внатрешна комуникација меѓу вработените како форма на дополнителен

инпут во засилувањето на нивната улога во реализацијата на Програмата за

развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион.

Регионален бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за

мали и средни претпријатија во СПР

Преку Комуникацискиот план ќе се унапредат и каналите и формите на

комуникација во Регионалниот бизнис центар како и внатрешната

комуникација помеѓу вработените во Бизнис центарот и Центарот за развој на

Скопскиот плански регион.

Целна група: Надворешна комуникација – I степен на важност

Локални и регионални медиуми

Регионалниот бизнис центар во состав на Центарот за развој на Скопскиот

плански регион ќе одржува редовна и навремена комуникација со медиумите

со цел јавноста да биде навремено информирана за активностите и проектите

кои се реализираат. Воедно ќе бидат проследени и сите корисни информации

за Програмата за развој на Скопскиот плански регион, со цел чинителите да

се запознаат, да ја разберат и да придонесат за нејзината успешна

имплементација.

Единици на локална самоуправа и Одделенија за Локален економски

развој (ЛЕР одделенија) на 17 општини од регионот и градот Скопје

Континуираната соработка на Центарот за развој на Скопскиот плански

регион како најважен чинител во регионот со локалните самоуправи и ЛЕР

одделенијата продолжува и преку основаниот Регионален бизнис центар.

ЦРСПР навремено и континуирано ги информира локалните самоуправи за

сите активности во рамките на Програмата и секојдневното работење.

Page 14: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

13

Приватен сектор од Скопски плански регион

Регионалниот бизнис центар при ЦРСПР ќе одржува редовна двонасочна

комуникација со приватниот сектор од регионот со цел навремено и јасно да

ги дефинира потребите и интересите на компаниите и да обезбеди

промовирање на тие потреби и интереси во јавноста.

Национални и интернационални донори

Центарот за развој на Скопскиот плански регион и Регионалниот бизнис

центар во состав на ЦРСПР редовно ги информираат меѓународните

организации и донори за своите активности, проекти и потреби со цел: да

демонстрира транспарентност и отчетност за реализацијата на тековните

проекти и да стимулира поддршка за следни активности и потреби.

Јавни институции на регионално и национално ниво

ЦРСПР и Регионалниот Бизнис центар ќе оддржуваат и стимулираат редовна

двонасочна комуникација со сите јавни институции од Скопскиот плански

регион со цел нивно информирање за текот на имплементацијата на

Програмата и активностите предвидени во Акцискиот план кој е дел од

истата.

Жители на Скопскиот плански регион

Центарот за Развој на Скопскиот плански регион како дел од својата мисија и

визија предвидува редовно и навремено информирање на жителите на

регионот за своите проекти и проектни активности. Оваа комуникација

продолжува и преку воспоставениот Регионален бизнис центар при ЦРСПР

каде жителите на регионот ќе бидат информирани за активностите на ЦРСПР

и Регионалниот Бизнис центар со цел зголемување на транспарентноста на

работата, истакнување на бенефитите што жителите на регионот ги имаат од

активностите на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и

Регионалниот бизнис центар, овозможување на жителите од регионот да

учествуваат во овие активности како и за зајакнување на јавната поддршка

за нивната работа. Општата јавност во регионот континуирано ќе биде

информирана и за активностите предвидени во имплементација на

Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански

регион (2015 - 2020).

Целна група: Надворешна комуникација - II степен на важност

Партнери на Центарот за развој на Скопскиот плански регион при

имплементацијата на проекти и проектни активности

Овој Комуникациски план ќе биде искористен и за информирање на

партнерските институции и организации на ЦРСПР за активностите кои

континуирано се превземаат од страна на Центарот.

Организации и институции за поддршка на Бизнис секторот

Регионалниот бизнис центар при ЦРСПР и Центарот за развој на Скопскиот

плански регион ќе комуницираат со и редовно ќе ги информираат

организациите за поддршка на бизнис секторот за своите активности и

програми со цел иницирање активна поддршка, партиципација и заеднички

проекти од интерес за регионот и неговиот развој.

Универзитети и високообразовни институции

Остварување на двострана навремена комуникација меѓу високообразовните

институции од Скопскиот плански регион и Регионалниот бизнис центар при

ЦРСПР, со цел добивање на сите новости и информации од областите на

работење и истражување од страна на универзитетите и факултетите, како и

информации од областите на дејствување на Центарот за развој.

Page 15: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

14

Дефинирање на комуникациски пораки

Комуникациските пораки се неопходна алатка во секој комуникациски план.

Тие ја отвораат вратата кон директна комуникација со чинителите, бидејќи

комуникациските пораки претставуваат мост помеѓу заинтересираните страни, со

што се овозможува целосна информираност. Со цел успешно промовирање на

постигнатите резултати и имплементираните активности од Програмата за развој и

поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион, потребно е јасно

дефинирање на комуникациските пораки кои ќе се разменуваат помеѓу

Регионалниот бизнис центар при ЦРСПР, Центарот за развој на Скопскиот плански

регион и главните чинители во регионот.

Клучни комуникациски пораки кои врз основа на овој Комуникациски план ќе

бидат споделувани со сите засегнати страни и чинители во Скопскиот плански

регион се:

1. Регионалниот бизнис центар при ЦРСПР и Центарот за развој на

Скопскиот плански регион претставуваат главни иницијатори на

Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот

плански регион, а како резултат на тоа, Регионалниот бизнис центар и

Центарот за развој на СПР се едни од главните двигатели на развојот на

Скопскиот плански регион.

2. Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на Скопскиот

плански регион ги координира активностите поврзани со Програмата за

развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион

(2015-2020)

3. Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот

плански регион (2015-2020) со Акциски план и Комуникациски план за

спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во

Скопскиот плански регион се документи од огромна важност за развојот

на регионот, а главни имплементатори на Програмата и Комуникацискиот

план се Центарот за развој на Скопскиот плански регион и Регионалниот

Бизнис центар на Скопскиот плански регион.

4. За успешна имплементација на Програмата за развој и поддршка на

бизнис секторот во Скопскиот плански регион потребна е активна

инклузија на сите релевантни чинители кои постојат во Скопскиот

плански регион (локални самоуправи, државни агенции за поддршка на

бизнис секторот, министерства, партнери, медиуми, невладини

организации, донаторски организации, приватен сектор).

5. Релевантните чинители на Програмата за развој и поддршка на бизнис

секторот во Скопскиот плански регион треба да бидат свесни за нивната

улога во транспарентна и отчетна имплементација на Програмата и секој

од нив да го даде својот максимален придонес за побрз и поефективен

напредок на целиот регион.

6. Центарот за развој на Скопскиот плански регион и Регионалниот бизнис

центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни

претпријатија во Скопскиот плански регион се отворени за соработка и

редовна комуникација со сите релевантни чинители од Скопскиот плански

регион.

Page 16: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

15

Внатрешна координација меѓу партнерите

Земајќи го во предвид фактот дека Регионалниот бизнис центар при ЦРСПР е

сместен во просториите на Центарот за развој на Скопскиот плански регион, се

очекува навремена и точна комуникација помеѓу нивните вработени. Ова ќе

резултира со постигнување ефективна и ефикасна внатрешна комуникација, со што

Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион

(2015-2020) ќе биде имплементирана со голема успешност.

Дополнително, стручноста на вработениот персонал е една од главните

предности за успешната комуникација, персонал кој со својата квалификуваност

придонесува за извршување на сите предвидени активности во рамки на

Програмата.

Комуникацискиот план ќе има за цел да ги усоврши формите на внатрешна

комуникација и да ги подобри каналите за комуникација помеѓу вработените во

Регионалниот бизнис центар и Центарот за развој на Скопскиот плански регион. За

да се постигне оваа цел, вработените ќе користат конвенционални и иновативни

начини за внатрешна координација.

Постојните начини за внатрешна координација меѓу партнерите вклучуваат:

Редовни неделни координативни состаноци. Овие состаноци ќе бидат

иницирани од страна на одговорното лице во Регионалниот бизнис центар,

а на истите ќе присуствуваат и одговорни лица од Центарот за развој на

Скопскиот плански регион. Со цел навремено и успешно имплементирање

на активностите од Програмата, се предвидува овие состаноци да се

одржуваат најмалку еднаш неделно. Составен дел од овие средби ќе биде

и изработката на план на активности за идни периоди.

Директна секојдневна комуникација која ќе се остварува по пат на

телефон и e-mail и која ќе овозможи навремено, квалитетно и успешно

извршување на активностите при имплементацијата на Програмата за

развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион и

посебно Акцискиот план за 2015 - 2016 година, кој е составен дел од оваа

Програма.

Неделни и месечни извештаи изготвени од страна на одговорното лице во

Регионалниот бизнис центар. Овие неделни и месечни извештаи ќе бидат

доставувани до Раководителот на Центарот за развој на Скопскиот

плански регион и ќе имаат за цел презентирање на остварените цели на

Програмата, Акцискиот план и Комуникацискиот план. Благодарение на

овие извештаи, раководителот на Центарот за развој на СПР ќе има увид

во степенот на реализација на планираните цели, истовремено добивајќи

можност за давање забелешки на начинот и квалитетот на

имплементирањето на зацртаните активности.

Иновативни начини за внатрешна координација и комуникација помеѓу

партнерите:

За постигнување на предвидените цели во Комуникацискиот план, односно,

ефикасна и ефективна координација меѓу Регионалниот Бизнис центар и Центарот

за развој на Скопскиот плански регион, потребно е користење на нови, современи

начини на комуникација. Во рамките на овие алатки за комуникација се предвидува

користење на „cloud“ платформата како иновативна комуникациска алатка која веќе

се користи во голем дел од организациите во светот.

Page 17: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

16

Dropbox е (бесплатна) услуга која им овозможува на регистрираните

корисници да складираат секакви документи онлајн. Таа, исто така, им

овозможува да ги споделуваат складираните податоци кога тоа го

претпочитаат. Започнува со два гигабајти на слободен простор и постојат

бесплатни начини тој да се зголеми, како и опции за плаќање со цел да се

зголеми големината на достапниот простор.

Предностите од користењето на Dropbox се повеќе: регистрираните

членови од Регионалниот Бизнис центар и Центарот за развој на Скопскиот

плански регион ќе имаат пристап до нивниот Dropbox кориснички профил од

секој компјутер или мобилен телефон, бидејќи е достапен онлајн.

Дополнително, сите членови од партнерските институции ќе можат да

споделуваат фолдери и фајлови меѓу себе и со други луѓе, едноставно преку

испраќање електронско писмо во кое е ставен линкот. Како најнова промена

во Dropbox е можноста за онлајн работа на Word и Excell документи, при што

истите остануваат зачувани автоматски и сите лица со кои се споделува тој

документ ќе можат веднаш да ги добијат изменетите документи.

GoogleDrive е поврзан со GoogleAccounts и може бесплатно да се

добие. Тој обезбедува пет гигабајти слободен простор за секој корисник за

складирање на податоци онлајн и обезбедува други апликациии за

процесирање на податоци.

Слично како и кај Dropbox, и преку GoogleDrive може да се споделуваат цели

папки и документи со сите профили на кои ќе им се испрати покана преку

електронско писмо. Предноста овде е што Google има развиено свои програми

наречени GoogleDocuments кои можат да се креираат онлајн и да се

изменуваат истовремено од страна на повеќе кориснички профили со кои е

споделен документот.

Преку програмата GoogleSheets, која е еквивалент на Microsoft Excell, можат

да се креираат секакви табели со кои сите вработени од организационите

единици со кои е споделен документот, имаат моментален преглед на сите

измени и промени, со што се овозможува побрза комуникација и

координација помеѓу Центарот за развој на Скопскиот плански регион и

Регионалниот бизнис центар.

Page 18: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

17

Надворешна комуникација преку конвенционални и неконвенционални медиуми

Надворешната комуникација на Регионалниот бизнис центар во состав на

ЦРСПР со сите релевантни чинители преку конвенционални медиуми за

комуникација е на солидно ниво. Ова посебно се однесува на надворешната

комуникација со регионалните и националните електронски и печатени медиуми.

Ограничените финансиски средства за себепромоција и промоција на

имплементираните активности не ги ограничуваат Центарот за развој на Скопскиот

плански регион и Бизнис центарот при Центарот за развој на Скопскиот плански

регион да добијат солиден простор на регионалните и националните медиуми.

Активностите кои двата чинители ги имплементираат вообичаено се покриени од

голем број медиуми, претставници на печатените, електронските и онлајн

медиумите. Ваквата надворешна комуникација се очекува да продолжи и за време

на имплементацијата на активностите кои се дел од Програмата за развој и

поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион (2015-2020).

Овој Комуникациски план нуди мерки за подобрување и зголемување на

надворешната комуникација преку класичните и алтернативните медиуми со сите

релевантни чинители во Скопскиот плански регион.

Со цел успешно промовирање на постигнатите резултати и имплементираните

активности од Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот

плански регион, Центарот за развој на Скопскиот плански регион и Бизнис центарот

при Центарот за развој на Скопскиот плански регион, односно нивните вработени,

ќе ги користат следните начини за комуникација со релевантните чинители во

регионот:

НАДВОРЕШНА КОМУНИКАЦИЈА

1. Директна комуникација со регионалните и националните медиуми

2. Директна комуникација со релевантни чинители од Скопскиот плански регион

3. Комуникација по пат на е-билтени

4. Комуникација преку социјални мрежи

5. Комуникација преку Соопштенија за јавност

6. Комуникација преку Прес конференции

Табела 3: Форми на надворешна комуникација преку конвенционални и неконвенционални медиуми

1. Директна комуникација со регионалните и националните медиуми

која ќе се остварува преку телефонски разговори и доставување електронски

(e-mail) пораки со цел информирање на медиумите за сите нови активности

на Центарот за развој и Регионалниот бизнис центар. Вработените и

одговорните лица од двата чинители најпрво ќе доставуваат електронски

покани за медиумско покривање на настаните, а потоа и телефонски ќе ги

анимираат таргетираните медиуми со цел обезбедување нивно присуство на

настаните.

Page 19: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

18

2. Директна комуникација со релевантните чинители од Скопскиот

плански регион преку телефонски јавувања и доставување електронски (e-

mail) пораки со цел информирање на чинителите за сите нови активности на

Центарот за развој и Регионалниот бизнис центар. Во рамките на

активностите на Регионалниот бизнис центар и Центарот за развој на

Скопскиот плански регион одговорните лица од овие два актери ќе остварат

координативни состаноци со сите релевантни министерства кои ќе имаат за

цел потпишување на Меморандуми за соработа помеѓу Центарот за развој на

Скопскиот плански регион, Регионалниот бизнис центар при СПР и

министерствата.

3. Комуникација по пат на е-билтени кои вработените во Центарот за развој

и Регионалниот бизнис центар ќе ги изготвуваат на месечно ниво и преку нив

ќе ги информираат медиумите и чинителите од Скопскиот плански регион за

планираните и имплементираните настани. Овие е-билтени истовремено ќе

содржат информации и за настаните и активностите кои Регионалниот бизнис

центар и ЦРСПР ги планираат за периодите кои следуваат. Овие е-билтени ќе

бидат изготвувани по потреба, но на месечно ниво ќе биде изготвен најмалку

еден е-билтен.

4. Комуникација преку социјалните мрежи. Одговорното лице од

Регионалниот бизнис центар ќе изготви профили на социјалните мрежи

(Facebook, Twitter и LinkedIn) за Регионалниот Бизнис центар и истите

најпрво ќе ги поврзе со профилите на социјалните мрежи на ЦРСПР, а преку

нив и со страните на сите медиуми, локални самоуправи и други релевантни

чинители од Скопскиот плански регион. Одговорното лице од Регионалниот

бизнис центар редовно и навремено ќе ги aжурира овие страни со

информации за настаните и активностите кои треба да се организираат, како

и со информации за веќе имплементираните настани.

5. Комуникација преку Соопштенија за јавност. Одговорните лица во

Центарот за развој и Регионалниот бизнис центар, зависно од потребите, а

најмалку еднаш неделно, ќе публикуваат Соопштенија за јавност за нивните

планирани и имплементирани активности, со посебен акцент на активностите

од Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот

плански регион. Овие Соопштенија за јавност ќе бидат објавувани на веб

страните на локалните самоуправи од Скопскиот плански регион, веб

страната на Центарот за развој, како и за време на информативните емисии

на локалните и регионалните ТВ и радио станици од Скопскиот плански

регион. Одговорните лица од ЦРСПР и Регионалниот Бизнис центар ќе се

обидат овие соопштенија за јавност да бидат објавени и на Националните ТВ

станици и Националниот ТВ сервис. Соопштенијата за јавност ќе бидат

публикувани и на регионалните и на националните печатени медиуми.

6. Комуникација преку прес конференции. Центарот за развој на Скопскиот

плански регион и Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на

Скопскиот плански регион на крајот на секој месец ќе организираат редовни

прес конференции кои ќе бидат искористени за информирање на жителите на

Скопскиот плански регион за активностите на двата чинители. Согласно

потребите на планираните активности, одговорните лица ќе организираат

прес конференции со цел информирање на јавноста за специфичните

активности на организациите. Прес конференциите ќе бидат покриени од

регионалните и националните печатени и електронски медиуми.

Page 20: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

19

Имплементацијата на успешна надворешна комуникација подразбира користење на

следниве комуникациски алатки од страна на одговорните лица и вработените во

Центарот за развој на Скопскиот плански регион и Бизнис центарот при Центарот за

развој на Скопскиот плански регион:

КОМУНИКАЦИСКИ АЛАТКИ 1. Веб страна на Центарот за развој на Скопскиот плански регион

2. Веб страни на единиците на локалните самоуправи во СПР и градот Скопје

3. Електронски и печатени регионални и национални медиуми

4. Веб портали

5. Социјални медиуми

6. Е-билтени

7. Прес конференции

8. Прес клипинг извештаи

9. Печатени промотивни материјали

10. Википедија

Табела 4: Комуникациски алатки

Веб страна на Центарот за развој на Скопскиот плански регион:

Веб страната на Центарот за развој на Скопскиот плански регион е

најважната комуникациска алатка која ЦРСПР ја имаат на располагање. Веб

страната на Центарот е континуирано aжурирана со информации за

активностите на Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Со

воспоставувањето на Регионалниот бизнис центар, на истата ќе бидат

вклучени и активностите на Регионалниот бизнис центар, посебно во делот со

имплементацијата на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во

Скопскиот плански регион. Со цел остварување на уште поуспешна

надворешна комуникација, веб страната на Центарот за развој на Скопскиот

плански регион ќе ги добие следните дополнувања:

Внесување на дел за онлајн комуникација со посетителите на веб

страната;

Директно поврзување на веб страната на Центарот за развој на

СПР со профилите од социјалните мрежи на Центарот за развој на

Скопски плански регион и Регионалниот бизнис центар.

Веб страни на единиците на локалните самоуправи во СПР и градот

Скопје:

Веб страните на единиците на локалните самоуправи во Скопскиот плански

регион и веб страната на градот Скопје ќе се користат како комуникациски

алатки на тој начин што сите покани и соопштенија за настани и активности,

соопштенија за јавности и други информативни пораки ќе бидат објавувани

на веб страните на сите 17 општини од Скопскиот плански регион и веб

страната на градот Скопје.

Електронски и печатени регионални и национални медиуми:

Кампањите на мас-медиумите се испробан и докажан пристап за ефикасна

комуникација. Вкупно земено, истражувањата покажале дека мас-

медиумскиот пристап дава резултати во смисла на:

→ подигнување на свеста кај граѓаните,

→ стимулирање на целната публика да бара информации и услуги,

→ зголемување на знаењето,

→ менување на ставови, па дури се постигнуваат и одредени промени

во однесувањето.

Page 21: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

20

Телевизиските и радиостаниците кои делуваат на регионално и национално

ниво спаѓаат во категоријатата на традиционални средства за пренесување

на комуникациските пораки од Регионалниот бизнис центар и ЦРСПР.

Центарот за развој има одлична соработка со електронските медиуми од

регионот и истата ќе продолжи и при имплементацијата на активности од

Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански

регион (2015-2020). Електронските медиуми редовно ќе објавуваат

информации и соопштенија за јавност за активностите поврзани со

програмата, а најмалку еднаш на секои 2 месеци ќе се обезбеди гостување на

раководителот на ЦРСПР во контактно-информативна програма на

електронските медиуми. Исто како и со електронските медиуми, ЦРСПР има

одлична соработка и со печатените медиуми кои редовно ќе објавуваат

информации и соопштенија за јавност, а најмалку еднаш на секои 6 месеци

ќе се обезбеди подетален прилог во печатено издание за тековни активности

објавени од страна на Центарот за развој или Регионалниот бизнис центар.

Веб портали (онлајн медиуми):

Веб порталите кои функционираат во регионот редовно ги објавуваат

информациите и соопштенијата за јавноста на ЦРСПР. Оваа соработка ќе

продолжи и за време на имплементацијата на Програмата за развој и

поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански регион (2015-2020).

Одговорното лице од Регионалниот бизнис центар при ЦРСПР редовно ќе ги

информира новинарските екипи на Скопските веб портали за активностите во

рамките на Програмата, истовремено нудејќи им можност за покривање на

организираните настани поврзани со оваа Програма. Со цел постигнување на

поголема соработка со веб порталите од Скопскиот плански регион,

одговорното лице од Регионалниот бизнис центар во почетокот на

имплементацијата на овој Комуникациски план ќе одржи информативни

состаноци со сите веб портали од регионот на кои ќе биде договорена

соработка која ќе се состои од поставување банери на ЦРСПР и Регионалниот

бизнис центар на повеќето веб портали.

Социјални медиуми:

Регионалниот Бизнис центар и ЦРСПР сè уште немаат започнато сопствена

промоција преку социјалните медиуми, па оттаму во почетната фаза од

имплементацијата на овој комуникациски план одговорното лице од

Регионалниот бизнис центар ќе започне со креирање на профили за

регионалниот Бизнис центар и ЦРСПР на социјалните мрежи и нивно директно

поврзување со веб страната на Центарот.

- Facebook е една од најпопуларните алатки за социјални медиуми во

светот. Со преминувањето во timeline форматот во февруари 2012

година, Facebook страниците сè повеќе и повеќе ја зацврстуваат

позицијата на примарен медиум за откривање и комуницирање со сите

видови бизниси и организации онлајн.

- Twitter е еден од наједноставните и најбрзи начини да се сподели

информација водејќи се по правилото „порака од максимум 140

знаци“. Овој социјален медиум служи за кратко, концизно и јасно

информирање на сите заинтересирани.

- LinkedIn е најголема професионална мрежа во светот со повеќе од

175 милиони членови која покажува многу брз пораст. LinkedIn

поврзува со проверени контакти и помага при размена на информации,

идеи и дава можност за градење пошироки мрежи на професионалци.

Една од најкорисните работи која LinkedIn ја нуди, а Регионалниот

бизнис центар може да ја искористи, е можноста за креирање на

специјализирана група за Регионалниот бизнис центар каде што ќе се

споделуваат информации со членовите во таа група.

Page 22: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

21

Е-билтени:

Е-билтените се фантастичен и економичен начин за Регионалниот бизнис

центар при ЦРСПР и Центарот за развој на Скопскиот плански регион да го

искомуницира со чинителите она што го прави, кои се тековните активности,

кои се моменталните постигнати резултати и слично. Одговорните лица во

Центарот за развој и Регионалниот бизнис центар на месечна основа ќе

изготвуваат е-билтени кои потоа ќе бидат поставени на веб страните,

профилите на социјалните мрежи, а ќе бидат доставени и по електронски пат

до сите чинители во регионот и заинтересираните правни и физички лица кои

се зачлениле на веб страната на ЦРСПР.

Прес конференции:

Со цел редовно информирање на јавноста во Скопскиот плански регион

(особено приватниот сектор од регионот) со активностите на Регионалниот

бизнис центар при ЦРСПР и Центарот за развој на Скопскиот плански регион,

на месечно ниво ќе бидат организирани прес конференции на кои јавноста ќе

биде запознаена со активностите на двата чинители и имплементацијата на

Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Скопскиот плански

регион. На овие прес конференции ќе присуствуваат претставници од

електронските, печатените и онлајн регионални и национални медиуми.

Согласно потребите на двата чинители, вакви прес конференции ќе се

оддржуваат и за специфични потреби и фази од имплементацијата на

Програмата.

Прес клипинг извештаи:

Со цел утврдување на медиумската покриеност на Центарот за развој на

Скопскиот плански регион и Регионалниот Бизнис центар при ЦРСПР

одговорните лица ќе подготвуваат тримесечни Прес клипинг извештаи. Овие

извештаи ќе содржат информации за медиумската покриеност на

активностите поврзани со Програмата: содржина на артиклите и соопштенија

за јавност, датуми на објавување, медиуми каде информациите биле

објавени, потенцијален импакт, број на прегледи и сл.

Печатени промотивни материјали:

Во рамките на имплементацијата на своите активности Регионалниот бизнис

центар при ЦРСПР и Центарот за развој на Скопскиот плански регион

разделуваат печатени промотивни материјали - флаери, брошури, каталози,

кои претежно вклучуваат информации за конкретни проектни активности или

за самиот Скопски плански регион. Брошурите и летоците се одлична

можност како за успешно промовирање на активностите од имплементацијата

на Програмата, така и за запознавање на јавноста со најновите активности и

настани организирани од страна на ЦРСПР. Иако мали по површина,

брошурите и флаерите се идеални за пренесување на пораки до целната

јавност и не претставуваат голем финансиски товар за институцијата.

Во текот на првата година од функционирањето на Регионалниот

Бизнис центар ќе бидат изготвени промотивни материјали и за оваа единица

во рамки на ЦРСПР и истите континуирано ќе бидат распределувани по

настаните кои ќе бидат организирани, а примероци од нив ќе бидат

доставени и до приватниот сектор во регионот со цел нивно подетално

запознавање со функцијата и активностите на Регионалниот бизнис центар.

Википедија:

Во рамките на иновативните комуникациски алатки Центарот за развој и

Регионалниот бизнис центар планираат сопствена промоција и на онлајн

енциклопедијата Википедија каде ќе бидат поставени информации за

Регионалниот бизнис центар и ЦРСПР, нивниот историјат и имплементирани

проекти и активности.

Page 23: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

22

Оперативен план на активности со дефинирани алатки за комуникација, временска рамка и буџет

Оперативниот план за имплементација на внатрешната и надворешната

комуникација со вклучена временска рамка за имплементација и буџет се дадени во

следната табела:

Комуникациска активност

Комуникациска алатка

Временска рамка

Поставување профили за

Бизнис центарот и ЦРСПР на социјалните мрежи

Социјални медиуми Септември -

Декември 2015

Поставување на текстови

за Регионалниот бизнис

центар и ЦРСПР на

Википедија

Онлајн енциклопедија

Википедија

Септември -

Декември 2015

Воведување на Dropbox како алатка за интерна комуникација

Dropbox Септември -

Декември 2015

Воведување на GoogleDrive во работењето на ЦРСПР и Бизнис Центарот

GoogleDrive Септември -

Декември 2015

Дополнувања на веб

страната на Центарот за развој

Веб страна на Центар за

развој на Скопскиот плански регион

Јануари - Декември 2016

Објавување на информации за Програмата и Регионалниот бизнис

центар на веб страните на ЕЛС во СПР и градот Скопје

Веб страни на единиците на локалните самоуправи во

СПР и градот Скопје

Септември 2015- Декември 2020

Координативни состаноци меѓу Центарот за развој и Бизнис центарот (најмалку еден координативен состанок

неделно)

Директна внатрешна комуникација

Септември 2015- Декември 2020

Изготвување на е-билтени (најмалку еден е-билтен месечно)

Е-билтени Септември 2015- Декември 2020

Организирање на прес конференции (најмалку една прес конференција

месечно)

Електронски медиуми

Печатени медиуми

Онлајн медиуми

Социјални медиуми

Септември 2015- Декември 2020

Изготување на соопштенија за јавност (најмалку едно соопштение

неделно)

Електронски медиуми

Печатени медиуми

Онлајн медиуми

Социјални медиуми

Промоција преку веб страна на ЦРСПР

Промоција преку веб страни на ЕЛС

Септември 2015- Декември 2020

Page 24: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

23

Изготвување на прес клипинг извештаи (најмалку еден извештај на секои 3 месеци)

Прес клипинг извештаи

Електронски медиуми

Печатени медиуми

Онлајн медиуми

Социјални медиуми

Септември 2015- Декември 2020

Изработка на печатени промотивни материјали

Печатени материјали Септември 2015- Декември 2020

Соработка со Веб портали

(онлајн медиуми) Онлајн медиуми

Септември 2015-

Декември 2020

Табела 5: Оперативен план Комуникацискиот план

Page 25: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

24

Систем за мониторинг и евалуација со методи и мерливи индикатори

Мониторингот и евалуацијата на овој Комуникациски план ќе биде извршен од

страна на одговорните лица во Центарот за развој на Скопскиот плански регион и

Регионалниот Бизнис центар на чело со раководителот на Центарот за развој на

Скопскиот плански регион. Имплементацијата на предвидените активности во

комуникацискиот план е делегирана на одговорното лице од Регионалниот Бизнис

центар при Центарот за развој на Скопскиот плански регион. Во имплементацијата

на комуникацискиот план активно ќе учествуваат и сите вработени лица во ЦРСПР и

Регионалниот Бизнис центар.

Мониторингот и евалуацијата на комуникациските активности ќе биде

надгледуван преку следните мерливи индикатори:

Мониторинг и евалуација на комуникациски активности

Комуникациска

активност

Индикатори на успешност и feedback

од приватниот сектор

Краен рок за

имплемен

тација

Поставување на

профили за

Бизнис центарот и

Центарот за развој на

СПР на социјалните

мрежи

Изготвени и поставени профили на

Facebook

Изготвени и поставени профили на

Twitter

Изготвени и поставени профили на

LinkedIn

Најмалку по 5 објави на секој профил

на месечно ниво

Најмалку по 3 реакции (прашања,

feedback, барање информации) од

бизнис секторот на секоја објава на

социјалните мрежи

31.12.2015

Поставување на Бизнис

центарот и Центарот за

развој на СПР на

Википедија

Поставена информација за ЦРСПР на

Википедија

Поставена информација за

Регионалниот бизнис центар на

Википедија

31.12.2015

Воведување на Dropbox

како алатка за интерна

комуникација

Отворени најмалку 5 Dropbox акаунти

Остварена најмалку 1 двонасочна

комуникација со приватниот сектор со

користење на Dropbox

31.12.2015

Воведување на

GoogleDrive во

работењето на ЦРСПР и

Бизнис Центарот

Отворени најмалку 5 GoogleDrive

акаунти

Остварена најмалку 1 двонасочна

комуникација со приватен сектор со

користење на GoogleDrive

31.12.2015

Page 26: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

25

Дополнувања на веб

страната на Центарот

за развој

Внесување на дел за онлајн

комуникација со посетителите на веб

страната

Остварени најмалку 3 двонасочни

комуникации со приватниот сектор на

месечно ниво преку делот за онлајн

комуникација

Директно поврзување на веб страната

на ЦРСПР со профилите на

социјалните мрежи на Центарот и

Регионалниот Бизнис центар

31.12.2016

Објавување на

информации за

Програмата и

Регионалниот Бизнис

центар на веб страните

на ЕЛС во СПР и градот

Скопје

Објавени најмалку 50 соопштенија за

јавност

Најмалку по 2 одговори (прашања,

feedback, барање информации) од

бизнис секторот на секоја објава на

веб страните на ЕЛС од СПР и градот

Скопје

31.12.2020

Координативни

состаноци помеѓу

Центарот за развој и

Бизнис центарот

Одржани најмалку 200 координативни

состаноци 31.12.2020

Изготвување на е-

билтени

Изготвени најмалку 60 е-билтени

Остварени најмалку 5 повратни

комуникации (прашања, feedback,

барање информации) од бизнис

секторот во врска со е-билтените

31.12.2020

Организирање на прес

конференции

Организирани најмалку 25 прес

конференции

Присутни најмалку 100 претставници

на медиумите на прес конференциите

Иницирани најмалку 3 повратни

комуникации (прашања, feedback,

барање информации, барање за

состаноци) од страна на бизнис

секторот во врска со информациите

споделени на прес конференциите

31.12.2020

Изготување на

соопштенија за јавност

Изготвени најмалку 150 соопштенија

за јавност

Остварени најмалку 10 повратни

комуникации (прашања, feedback,

барање информации) со регионал-

ните медиуми во врска со

соопштенијата за јавност

Остварени најмалку 5 повратни

комуникации (прашања, feedback,

барање информации) со бизнис

секторот во врска со содржината на

изготвените соопштенија

31.12.2020

Page 27: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

26

Изготвување на прес

клипинг извештаи

Изготвени најмалку 20 прес клипинг

извештаи

Остварени најмалку 2 повратни

комуникации (прашања, feedback,

барање информации) со бизнис

секторот во врска со објавените прес

клипинг извештаи

31.12.2020

Изработка на печатени

промотивни материјали

1000 промотивни флаери за

Регионалниот Бизнис центар

250 промотивни фолдери за

Регионалниот Бизнис центар

250 промотивни нотеси за

Регионалниот бизнис центар

500 промотивни пенкала за

Регионалниот Бизнис центар

Зголемување на бројот на

претставници од приватниот сектор,

присутни на настаните организирани

од ЦРСПР за најмалку 10%

31.12.2020

Соработка со веб

портали (онлајн

медиуми)

Остварена соработка со најмалку 5

онлајн медиуми од Скопскиот плански

регион

Логото на ЦРСПР поставено на

најмалку 5 веб портали

Најмалку 10 претставници на

приватниот сектор побаруваат

информации од ЦРСПР како резултат

на поставеното лого на Центарот за

развој на веб порталите

31.12.2020

Табела 6: Мониторинг и евалуација на комуникациски активности

Page 28: Komunikaciski Plan SPRpravda.gov.mk/Upload/Editor_Upload/02... · Комуникацискиот план за спроведување на Програмата за развој

27