io6 Прирачник за Социјално Претприемништво

12
1 IO6 – Прирачник за подобрување на Социјално Претприемништво Date: 15.06.2018 СОЦИЈАЛНО ПРЕТПРИЕМНИШТВО КАКО АЛТЕРНАТИВА ЗА МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ PROJECT TITLE: So Vet – Social Entrepreneurship As An Alternative For Young Unemployed 2016 - 2018 This project has been funded with support from the European Commission. This publication reflects the views only of the author, and the Commission cannot be held responsible for any use which may be made of the information contained therein.

Upload: others

Post on 05-Nov-2021

38 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

1

IO6 – Прирачник за подобрување на

Социјално Претприемништво

Date: 15.06.2018

СОЦИЈАЛНО

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

КАКО АЛТЕРНАТИВА ЗА

МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ

PROJECT TITLE:

So Vet – Social Entrepreneurship

As An Alternative For Young Unemployed

2016 - 2018

This project has been funded with support from the

European Commission. This publication reflects the

views only of the author, and the Commission

cannot be held responsible for any use which may

be made of the information contained therein.

Page 2: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

2

ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ

FACE Foundation Agro-

Centre for education

Vision – FACE is a centre of excellence for development of human resources in the areas of agriculture, food production, environment protection and rural agricultural development in Macedonia and the region.

iED - Institute of

Entrepreneurship

Development

The Institute of Entrepreneurship Development (iED) is a Greek Organization committed to the promotion of innovation and the enhancing of the spirit of entrepreneurship.

MAKRO Management

Development Consulting

MAKRO has been developing and providing innovative and high quality consulting solutions that support private and public sector organisations’ realisation of their growth and development aims.

BRIDGING TO THE

FUTURE

Our mission is economic independence through entrepreneurship, intrapreneurship and education.

JUMP

Gioventu in RiSalto

JUMP is a cultural passociation which was born with the specific mission to bring Europe and internationalization in Calabria, especially in the province of Catanzaro characterized by the lack of services and opportunities.

(ISEM) ISTANBUL IL SOSYAL

ETUT VE PROJE

MUDURLUGU

Istanbul Provincial Directorate of Social Studies and Projects (ISEM) has been established to accelerate regional development and ensure its sustainability by developing the cooperation between the public-private sectors and non- governmental organizations.

(KTH) KUNGLIGA

TEKNISKA

HOEGSKOLAN KTH’s activities are separated into different Schools. Each of these is heading a number of Departments, Centres of excellence and undergraduate study programmes.

Page 3: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

3

СОДРЖИНА

Вовед ............................................................................................................................... 4

Целната група: NEETs .............................................................................................................. 4

СоВЕТ: Резултати ..................................................................................................................... 4

АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ ................................................................................................ 6

Курикулм за Млади Претриемачи .................................................................................. 7

Прирачник за интеграција на курикулумот во СОО ....................................................... 9

Насоки за интеграција ............................................................................................................ 9

Развивање на модел за интеграција .................................................................................... 10

Платформа за Е-учење .................................................................................................. 11

Меморандум за Разбирање ......................................................................................... 12

Page 4: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

4

Вовед

Социјалното претприемништво како алтернатива за невработеноста на младите, исто така

познато како СоВЕТ, е проект кој се однесува на млади НОРО/NEETs (лица коишто не се во

образованието, работен однос или обука) и младинската невработеност преку развојот на

социјалното претприемништво како алтернатива за невработените млади.

Главната цел на СоВЕТ е да ги надгради и подобри одредбите за Стручно образование и обука

(СОО) во социјалното претприемништво. СоВЕТ им овозможува на институциите за стручно

образование и обука да иновативни практични курсеви, и да го поддржат создавањето на

социјални претпријатија од страна на младите. Социјалното претприемништво има потенцијал

да ги мотивира младите и да ги интегрира во пазарот на трудот.

Овој прирачник ги содржи резултатите од проектот, како и методологијата зад секоја од нив.

Целната група: NEETs Првата целна група се младите луѓе, а со осебен фокус на NEETs. Терминот NEET се користи за

опишување на млади луѓе кои не се ангажирани во било каква форма на вработување,

образование или обука. Проектот СоВЕТ беше пилотизиран со NEETs со цел да ја направи својата

наставна програма ефективна и ефикасна за нивниот контекст.

Втората целна група се обучувачите и наставниците во институциите за стручно образование и

обука во секоја од земјите учеснички. Овие обучувачи за стручно образование се обучени за

користење и имплементација на наставната програма за развој и унапредување на социјалните

претприемачки вештини на невработените млади. На обучувачите им е овозможено да ги

применат овие знаења и алатки во нивните училници и да обучуваат млади луѓе како да

создаваат сопствени социјални претпријатија..

СоВЕТ: Резултати Така, СоВЕТ резултираше со 5 резултати кои им овозможуваат на институциите за стручно

образование и обука да креираат и надградуваат нивните одредби за курсевите за социјално

претприемништво. А Тие се:

1. Извештај за анализа на потребите: Извештај за анализа на потребите во секоја земја што ја утврдува постојната состојба во однос на стручното образование и обука и постојните курсеви за социјално претприемништво.

2. Курикулум за млади претприемачи: Кој се однесува на знаењата и вештините кои младите се очекува да ги научат, стандардите за учење и целите на учење за кои се очекува да се исполнат; поглавјата и наставните планови што наставниците ги предаваат; задачите и проектите што им се даваат на учениците; книгите, материјалите, видеата, презентациите и текстовите кои се користат; како и тестови, проценки и други методи кои се користат за да се оцени знаењето на учениците.

Page 5: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

5

3. Упатство за интеграција на наставната програма во постојните национални програми за стручно

образование и обука: Врз основа на пилотот во 6 земји, ова е практично упатство за тоа како може да се имплементира курикулумот во институциите за стручно образование и обука

4. Е-платформа за учење: интерактивна платформа за електронско учење со целосен курс за стручно образование за млади луѓе. Платформата е развиена од проектот, и преку истата младите невработени ќе можат да учестуваат на пилот-он-лајн курсеви.

5. Mеморандум за разбирање: Документ потпишан помеѓу партнерите на проектот и националните давателни на услуги за стручно образование и обука, како договор за промовирање на т.н. СОО и неговата содржина во соодветната институција за стручно образование и обука.

Прирачникот за подобрување на социјалното претприемништво ги спојува овие резултати во

форма на водич кој му овозможува начини на читателот како да го имплементира проектот или

неговите елементи, со цел да го подобри екосистемот за социјално претприемништво во својата

заедница, регион или држава.

Page 6: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

6

АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ

Анализата на потребите му овозможува на еден проект да биде скроен токму за потребите на својата целна група. Затоа, тоа треба да биде првиот чекор во секој проект, со цел да се развијат одредби за социјално претприемништво. Во текот на првите шест месеци од проектот СоВЕТ, беше спроведена сеопфатна и широка анализа на потребите. Оваа анализа се одржа во шест земји-партнери (Македонија, Грција, Италија, Турција, Шведска и Обединетото Кралство), и на три нивоа: преглед на литературата, прашалници и интервјуа. Резултатите беа составен дел од развојот на наставната програма која беше на ниво на NEET во овие земји, со цел да се совпаднат нивните претходни знаења за бизнисот, социјалното претприемништво и различните методи на учење кои тие ги преферираат.

Анализата на потребите достигна до вкупно 336 млади лица (NEET) низ шесте партнерски земји. Главните наоди од анализата беа:

1. Побарувачката на образовна програма која нуди практични примери. Ова ќе помогне да се вклучат млади NEETs во социјалното претприемништво

2. Најголем предизвик за претприемачите е пристапот до финансии, особено за младите NEETs, кои по природа немаат стабилен приход. Ова бара развој на мрежни вештини, финансиски практики и бизнис планови.

3. Познавањето на правни рамки е ретко кај младите, особено во земји како што се Македонија и Турција (каде што не постои специфична правна рамка за социјалните претпријатија).

4. Елементи на маркетинг, како маркетинг планирање, стратегија и социјални медиуми, се сметаат за многу важни. Маркетингот им овозможува на претпријатијата да достигнат повеќе клиенти и со тоа да го зголемат својот приход.

5. Што се однесува до алатките и методите, во овие извештаи се заклучува дека повеќето млади NEETs во голема мера преферираат користење на електронски платформи наспроти традиционалните методи за учење.

За да пристапите кон целосниот извештај за анализата на потребти, следете го линкот.

Page 7: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

7

Курикулм за Млади Претриемачи

Програмата за обука на проектот е подготвена во соработка со сите партнери во проектот и има за цел да придонесе за развој на социјалните претприемачки вештини на младите во стручното образование и обука. Целата програма за обука со состои од околу 600 часа на изучување и може да се одвива во текот на 6 месеци. Мора да се нагласи дека наставната програма е флексибилна. Индивидуалните ученици можат да го започнат курсот од онаа фаза која ја сметаат како соодветна за својата ситуација. Ова овозможува курсот да биде високо индивидуализиран.

Курсот ги запознава младите со теоријата и практиката на социјалното претприемништво. Општите цели на курсот се:

- Да поттикне претприемачка мотивација, вештини и начин на размислување.

- Да ја подигне свеста за различните аспекти на започнување и водење успешен бизнис и социјално претпријатие - правни, финансиски, менаџерски, лидерски, маркетинг и др.

-Да претставува инспиративното искуствено патување за учење кое се темели на задачи, мисии и предизвици – преку кои луѓето ќе ги развијат основните знаења, вештини и начин на размислување, потребни за да станат социјални претприемачи.

Материјалот за обука на Проектот за се состои од 9 модули и дел со успешни приказни. Третиот модул се фокусира на правната рамка на социјалното претприемништво во различните земји партнери. Во повеќето од модулите постојат активности за евалуација и активности за учење. Целата содржина на програмата за обука е поставена на веб-страницата на проектот како отворен онлајн курс кој е бесплатно достапен за секого. Модулите во курсот се следните:

Модул 1: Вовед во социјалното претприемништво

Модул 2: Како да започнете социјално претпријатие.

Модул 3: Правна рамка.

Модул 4: Креирање на деловен модел за социјални претпријатија.

Модул 5: Маркетинг.

Модул 6: Прибирање финансиски средства и привлекување на инвеститори.

Модул 7: Бизнис менаџмент.

Модул 8: Бизнис финансии и економија.

Модул 9: Бизнис план.

Успешни приказни на социјалните претпријатија

Page 8: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

8

За да пристапите кон целосниот курикулум следето го линкот www.sovet-project.eu

Page 9: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

9

Прирачник за интеграција на курикулумот во СОО

Насоки за интеграција Содржината на обуката се користи во стручното образование и обука. Анализата на земјите за моменталната состојба на социјалното претприемништво, постојната наставна програма за стручно образование и обука покажува дека нема курсеви за СОО во однос на социјалното претприемништво во земјите-партнери, освен во Велика Британија. Оваа ситуација ја зголемува важноста на упатство со цел да се најдат најпогодните начини за вклучување на содржината на изготвената обука, а во националните програми за стручно образование и обука во земјите партнери. Со таа цел, серија на стратешки семинари беа одржани од страна на партнерите во проектот, за да се идентификуваат чекорите што треба да се следат од зачнување на наставната програма, до нејзината конечна интеграција во националната програма за стручно образование и обука, како и да се изнајдат најефикасните методи и процедури за интеграција на курикулумот во постојните национални програми за стручно образование и обука. Во секоја земја-партнер чекорите се различни, бидејќи структурата на образовните системи и системот на стручно образование и обука се различни во нив.

Клучни експерти и директори од центрите за стручно образование и обука, академици од универзитети и експерти од невладини организации беа поканети на овие семинари. Повеќето учесници ја сметаа содржината на проектот како добро подготвена и погодна за различни возрасти и нивоа на образование. Од друга страна, некои од нив се сомневаа дали некои дефиниции и објаснувања се соодветни за младите. Не постои заеднички одговор за тоа како да се интегрира содржината на СоВЕТ во постојната наставна програма за стручно образование и обука. Семинарите покажаа дека станува збор за многу тежок процес, кога се дискутира за менување на националната наставна програма за стручно образование и обука во повеќето земји партнери, поради бирократски потешкотии.

Во некои земји-партнери се предлага да се интегрира содржината преку наставници во стручно образование и обука за претприемништво или курсеви за економија, бидејќи тие имаат слобода и флексибилност да ги модификуваат своите лекции со додавање на дополнителни теми како што се социјалното претприемништво. Ова е најлесниот и најбрз начин за интегрирање на содржината во националните наставни програми за СОО во земјите-партнери. Исто така се предлага партнерските институции да станат сертифицирани центри за обука со цел да понудат курсеви за социјално претприемништво. Други предлози што ги даваат партнерите бараат подолго време и покомплицирани процедури, но резултатот од овие предлози е многу корисен, бидејќи тие можат да дозволат содржината да се користи на национално ниво.

Page 10: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

10

Да пристапите до целосните напатствија следете го линкот www.sovet-project.eu

Развивање на модел за интеграција Постојат три чекори за да се спознае како треба да се интегрира вашиот курс.

1. Анализа на моменталната состојба во однос на постојните национални програми за стручно образование и

обука во социјалното претприемништво. Ова ќе биде во облик првенствено на канцелариско истражување.

Образец за тоа што треба да се истражи е даден во Анекс 6 (O3 Research). Ова ви овозможува да ги

конфигурирате најдобрите практики.

2. Имплементација на стратешки семинари со експерти од областа на социјалното претприемништво, носители

на одлуки и релевантни национални власти за да се развијат најефективните методи и процедури за интеграција

на наставните програми во постојните национални програми за стручно образование и обука. Потребна е

имплементација на серија стратешки семинари со едукатори и постоечки социјални претприемачи, креатори на

политики или социјални претприемачи. Овие стратешки семинари ќе ви овозможат да стекнете понатамошни

знаења за чекорите што треба да се следат од почетокот на наставната програма до нејзината конечна

интеграција во националниот наставен план во СОО.

3. Развој на планот за конечна интеграција. Ова треба да се состои од главните чекори и процедури кои треба да

се следат со цел да се интегрира и институционализира наставната програма за социјално претприемништво во

обуката за стручно образование и обука во земјите-учеснички. Ќе ги испита опциите што се однесуваат на

валидација и акредитација на релевантните органи и сите такви барања во согласност со националното

законодавство и прописи.

Page 11: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

11

Платформа за Е-учење

Платформата за е-учење беше развиена за потребите на проектот. Анализата на потребите

потврди дека платформата за е-учење е атрактивен наставен предлог за младите луѓе. Затоа,

NEET-те можат да присуствуваат на пилот онлајн курсеви и да добијат обука од далечина за да

овозможат активно учество на поединци од различни региони кои не се секогаш способни да

бидат физички присутни на работилници / семинари / настани. Платформата за е-учење

обезбедува отворени он-лајн курсеви, и ќе вклучува ‘Заедницата на пракса’ за отворени

дискусии и размена и ќе вклучува и е-библиотека со важни и релевантни ресурси. Овие

отворени он-лајн курсеви се достапни за обучувачите за стручно образование и обука.

Партнерите, исто така, обезбедуваат дополнителна поддршка преку избрани ментори (како што

беше препорачано за време на пилотот).

За да пристапите кон целосната платформа за Е-учење следето го линкот www.sovet-

project.eu

Page 12: IO6 Прирачник за Социјално Претприемништво

12

Меморандум за Разбирање

Во проектот СоВЕТ беше развиен Меморандум за разбирање (MoU). Целта на овој Меморандум

за разбирање е да ги утврди разбирањето и намерите на Страните кои го потпишуваат овој

договор (кратки основни информации подолу) во однос на единствени, заеднички и

комплементарни цели за унапредување и одржливост на резултатите развиени во рамките на

контекстот на СоВЕТ проектот, со посебен акцент на европската наставна програма за социјално

претприемништво. Страните влегуваат во овој Меморандум за разбирање притоа задржувајќи ги

своите посебни и единствени мисии, како и сопствените одговорности. Ништо од овој

Меморандум за разбирање нема да се толкува како замена или мешање на каков било начин со

други договори или договори склучени меѓу страните, било пред или по потпишувањето на

Меморандумот за разбирање. Страните дополнително конкретно признаваат дека овој

Меморандум за разбирање не е обврска за средства, ниту пак претставува правно обврзувачка

обврска од која било страна.;

За да пристапите кон целосниот меморандум следете го линкот www.sovet-project.eu