autofocus #23

18
24 часа Леман импресија CITROEN C3 SKODA YETI OPEL GT споредбен тест на 14 скутери конкуренцијо, чувај се X1 со цена на VW TIGUAN TOYOTA URBAN CRUISER чесите го најдоа јети Згодно парче само Летањето е поубаво двојна победа за PEUGEOT FORD FIESTA BMW X1 тестови 9 771857 569002 23 број 23 ЈУЛИ 2009

Upload: autofocusmagazine

Post on 15-Mar-2016

247 views

Category:

Documents


3 download

DESCRIPTION

AutoFocus #23

TRANSCRIPT

Page 1: AutoFocus #23

24 часа Леман

импресија

citroen c3 skoda yeti

opel Gtспоредбен тест на 14 скутери

конкуренцијо, чувај сеX1 со цена на VW tiGuan

toyota urban cruiser

чесите го најдоа јетиЗгодно парче

само Летањето е поубаво

двојна победа за peuGeot

ford fiesta

bMW X1

тестови

9 77

18

57

56

90

02

23

број

23 •

ЈУЛ

И 2

009

Page 2: AutoFocus #23
Page 3: AutoFocus #23

www.autofocus.com.mk 307/2009

СЕРВИС

СОДРЖИНА Број 23 • jули 2009

А в т О м О б И л И в О О в О ј б Р О ј

BMW X1

Citroen C3

Fiat Qubo 1.3 M-jet Elegance

Ford Fiesta 1.4 TDCi Trend

Kia Sorento

Maserati Quattroporte

Mini Cabrio

Opel GT

Porsche Panamera

Skoda Yeti

Suzuki Alto 1.0 GLX

Toyota Urban Cruiser 1.4 D-4D

121042481854

142654 6 3630

Skoda YetiЧесите не одолеаја на повикот на планината: Yeti ќе го освојува теренот за марката

Citroen C3Каков што треба да е еден Citroen: Поинаков, функционален, интелигентен

BMW x1Со X1, марката BMW целосно завладеа со теренот. Најмалиот X изненадува со цената

Mini CaBrioЗадоволството во возење под отворено небо е мерливо во овој Mini

kia SorentoЗа првата генерација се чекаше во редици: Нема сомневање, и овој пат ќе биде така

ИмпРЕСИја opel GtРодстер како од учебник: Раширен на патот, низок, убав и со 265 КС под хаубата

teCt toYota UrBan CrUiSer 1.4 d-4d SolМарката со разумните автомобили направи отстапка: Овој теренец е за во град

teCt SUzUki alto 1.0 GlxМалечкото одушевува со зрелиот впечаток што го остава во возењето

ТЕСТ Fiat QUBo 1.3 M-Jet eleGanCeПремногу е штета Qubo да се остави сам на паркинг: Мами на возење, долго

ТЕСТ Ford FieSta 1.4 tdCi trendНе е само убаво пакување: Fiesta не си дозволува ниту еден пропуст

СпОРЕДБа На КОНЦЕпТИ Porsche Panamera против Maserati QuattroporteКога треба да се даде се од себе, се добива ова: Врвни лимузини, но толку различни

СОВЕТИ Тест на средства за полирањеВраќањето на сјајот е лесно. Но, треба да се внимава лакот да не се оштети премногу

ИзлОгСредство против гребаници Meguiar's, авто-разглас Ion, копче за старт Type VR

teCt HaMaCHi H20Колку уличниот метеж станува поголем, толку повеќе освојуваат малечките скутери

СпОРЕДБЕН ТЕСТ На 14 СКуТЕРИНа големиот споредбен тест се појавуваат скутери во класа до и над 125 cm3

WTCC • португалијаJубилејната стота трка во шампионатот WTCC донесе голема возбуда

24 часа леманПоразот за Audi не можеше да биде поболен: Peugeot со двојна победа на Леман

ВЕСТИ ВашИ пИСмаИмпРЕСумЦЕНОВНИКпРОТИВ ДОСаДа

НОВИТЕТИ

6

22

6666

6882

10

12

14

18

ТЕСТ И ТЕХНИКа

26

30

67

мОТОСпОРТ

54

58

36

42

48

62

63

76

78

На ДВЕ ТРКала

ОСТаНаТО

Кинеските производители се попродуктивни од кога било: Додека другите мируваат, Hamachi го претставува новиот модел

Однадвор изгледа малечко, но во внатрешноста е огромно: Со Fiat Qubo патувањето на летен одмор почнува со задо-волство42

промена на вредностите: место само пристапна цена и моќен мотор, новиот Kia Sorento нуди и стил и динамика18

62

Page 4: AutoFocus #23

4 07/2009 www.autofocus.com.mk

Page 5: AutoFocus #23

www.autofocus.com.mk 507/2009

Понудата звучи неодоливо: „Ве носиме со наше возило по најев-тините автоплацoви во Бугарија. Изборот на автомобили е многу голем, а цените се многу интересни. Си избирате возило, го транс-портираме до Благоевград и го регистрираме на Ваше име“. Како крајно убедување, во огласите на многубројните посредници со автомобилските отпади во Бугарија се наведува дека процедурата се завршува за еден ден. Дури, доколку автомобилот е со бугарски таблички, процедурата се завршува за само еден час.

На понудувачите на оваа услуга им е лесно да ги убедат клиентите дека добиваат понуда што не смее да се пропушти. Тоа се, инаку, истите што веќе еднаш се докажаа како сигурни посредници, при поднесувањето апликации за бугарска лична карта или пасош. Се-како, поседувањето на овие документи е најважни-от предуслов за привилегијата на увоз на користе-ни возила од Бугарија да биде воопшто достапна, на што и јасно се укажува: „Доколку немате пасош или лична карта, не јавувајте се без потреба.“

Оттаму, увозот на автомобили може да се смета како преоѓање во втората, повисока фаза во ра-ботата на посредниците. Додека продавачите на нови автомобили се потпираат на беспрекорно ос-мислени и скапи маркетиншки стратегии за при-влекување на купувачите, организаторите на уво-зот од Бугарија користат директен маркетинг, кој се покажува како силен инструмент за убедување.

Огласите што ќе се сретнат насекаде се сигурно помалку ефикасни од кафеанските астали на кои во расположение на жолта ракија е лесно да се прифати понудата за набавка на користен автомо-бил од Бугарија. На истите тие астали веќе одамна е поставен фронтот што ја напаѓа продажбата на нови автомобили. Но, и воопшто, продажбата на каков било автомобил што закачил македонска табличка уште кога бил нов.

Сознание од едно седнување на маса: „Знаеш брат, сум седнал во старо ауто увезено од Герма-нија, и во исто толку старо ауто со наши таблички... иста опрема, ист мотор, сé ... и многу поубаво се во-зев во ова од Германија.“ Може да се слушнат уште милион вакви приказни, почнувајќи од онаа дека автомобилите од марка „икс’ што се продаваат на македонскиот пазар имаат потенка ламарина или, пак, се оштетени при транспорт и прелакирани, до приказни дека постојат две-три марки во Македо-нија што лобираат за ЕУ да не ѝ дозволи на маке-донската влада да ги упрости процедурите за увоз на користени возила и да ги намали давачките...

Приказните воопшто не се разликуваат од оние од пензионерски-те клупи, за светските заговори, за Русија и Америка, за Марсовците, единствено што тука субјектите се променети. Постојаното страву-вање од тајните заговори очигледно преминало и во рефлексот на генерациите по едноумието.

Заговор сепак постои, но учесниците остануваат несвесни за тоа. Заговор, и тоа против сопствената држава. Со секои илјада увезени автомобили, во соседната ни држава се одлеваат по три милиони евра, ако се земе просечна вредност на автомобилите од 3.000 евра. Официјална бројка за увозот не постои, но ако се прифати шпеку-лацијата дека во државава се возат околу 15.000 возила со стран-ски таблички, вклучувајќи ги и албанските, на соседните држави сме им подариле 45 милиони евра. Крајната сума е секако многу повисока, затоа што и обезбедувањето на потребната документа-

ција чини пари. Од друга страна, целосно отпаѓа наплатата за регистрирање возилата, исто како и осигурувањето.

Штетата е далекосежна. „За жал, нашите граѓа-ни размислуваат на дневна основа“, цени Златко Муцунски, директор на „Порше Македонија“. „Не постојат долгорочни планови. Сите гледаат да го решат проблемот денес, со купувањето автомобил во привидно одлична состојба. Но, главоболките следуваат потоа, со скапите резервни делови или неможноста за нивна набавка“, Муцунски го објас-нува проблемот.

Купувањето користен автомобил во Бугарија за двапати пониска цена отколку кај нас, не зна-чи дека зделката е погодена. Претходниот живот на автомобилот останува видлив единствено за експертите, и врз основа на бојата не може да се процени поминатата километража или општата состојба на каросеријата. Километражата се враќа лесно, а лакирањето покрива и тешки траги од су-дир.

Но, купувачите не се единствените што губат. Му-цунски: „Тие возила веќе одамна се амортизирани по западните патишта и за сервисирање се упа-туваат во диви сервисчиња, во кои не се плаќаат никакви давачки кон државата. На крајот, маса од тие возила повторно нема да бидат регистрирани. Луѓето не чувствуваат потреба да ги регистрираат возилата, сметаат дека тоа им е товар.“

Коментарот на директорот дека „продавањето на сопствената држава за да се добие пасош и да се купи поевтино возило е неодговорно и кон др-жавата, и кон себе, и кон животната средина и кон идните генерации“ не е сурова оцена на увозот на користените возила кај нас, туку е само процена на реалноста.

Таа може да се види и на очигледен пример. От-падите за автомобили се намножија како никогаш досега. Отпади специјализирани за одделни марки автомобили. Евтин автомобил е тој што го поштедува сопственикот од прекумерни трошоци. Мал автомобил што е релативно нов, троши малку и загадува малку, и ќе издржи во служба барем уште неколку години, без потреба од скапо крпење. Вака, бугарските автомобили само ги носиме на уми-рање по нашите отпади. �

КОмЕНтАР Број 23 • јули 2009

Дарко јаконовГлавен уредник

[email protected]

Купувањето ста-ри автомобили

од бугарија е само привре-

мено решение. ваКа, автомо-

билите само ги носиме на уми-рање по нашите

отпади

ДОБРа ЗДеЛКа: МеНуВаМ ДРжаВа За аВтОМОБиЛ

Page 6: AutoFocus #23

6 07/2009 www.autofocus.com.mk

Skoda YetiНОВитети

повик на планинатаЧесите отКрија нов терен и го пуштаат Yeti да освојува територија за марКата Skoda

светската продажба, доаѓањето на Yeti е важен чин. Во минати-те години научивме марката од Млада Болеслава постојано да нé радува со нови рекорди во про-дажбата. Но, сега и таа е погодена од светската криза. Во првите пет месеци од годинава, продажбата на Škoda падна за 13 проценти, на 253.764 возила. И покрај тоа, во канцеларијата на шефот Рајн-хард Јунг владее спокојство: Во истото временско растојание, нарачките за возила од марката Škoda пораснаа за 15,4 проценти,

Светот го виде првпат на салонот во Париз во 2005 година. Потоа се појавуваше уште

неколкупати, но само на кусо, главно на поголемите салони на автомобили. Овој пат ќе ни остане за постојано и од август ќе можеме првпат да го види-ме и на улиците. Тоа е Škoda Yeti. По Octavia, Fabia, Superb и Roomster, малечкиов теренец доаѓа како петти модел во по-нудата на чешката марка.

Во овие времиња кога паѓа

6 07/2009 www.autofocus.com.mk

погледнете го видеото на www.autovision.mk/skoda-yeti/

Со Yeti веќе почнуваат да се познаваат дизајнерските начела на Skoda

Не е само шминка: Yeti е способен да вози и по потежок терен

Page 7: AutoFocus #23

www.autofocus.com.mk 707/2009

на 335.466 автомобили.Но, спокојството многу повеќе

го обезбедува Yeti. Со него Škoda се закачува со уште еден модел во делот од пазарот каде што се ба-раат автомобили со особен стил. Секако, тука уште од порано го има Roomster, но новово теренче е многу поблагодарно за куќниот буџет на Škoda.

Сите услови говорат дека Чеси-те го пуштаат новиот автомобил во вистинското време. Тој може само да го потпомогне натамош-ниот раст на марката. За да го по-стигне тоа, Yeti доби изглед што остава впечаток на свежина, не само поради тоа што е ослободен од претерувањата со стил што станаа вообичаени кај новите модели. Вака, Yeti изгледа сим-патично. Со неговото појавување донесува нов ветар во сегментот. Таму веќе се врткаат VW Tiguan, Nissan Qashqai и Ford Kuga.

За цената да не го попречи ус-пехот на новиот модел, основ-нaта изведба чини околу 360.000 круни на чешкиот пазар, односно околу 13.800 евра, што е при-ближно исто колку и Octavia 1.4 со 80 КС. Податокот што најевти-ниот модел на Yeti вози со мотор со зафатнина од само 1,2 литар звучи далеку помалку одбивно, кога ќе се додаде вредноста за не-говата силина: Малечкиот чети-рицилиндарец дава од себе сила за 105 КС. Во тоа му помага тур-бонатполнењето и директното вшприцување, што инаку се чита уште во ознаката за моторот, 1.2 TSI. Моторот е нов и во исто вре-ме со Yeti почнува да се нуди и во VW Golf. Сепак, достапен е само во изведба со погон на предните тркала.

Најевтината изведба што вози на сите четири тркала е Yeti 2.0 TDI со 110 КС и чешка цена од 459.800 круни, односно околу 17.600 евра. Покрај овие два мо-тора, ќе може да се избира и меѓу 1.8 TSI со 160 КС и дволитарскиот турбодизел со common-rail, во из-ведби со 140 и со 170 КС.

Иако Škoda цели првенствено на купувачите што сакаат да се пока-жат со својот нов автомобил, Yeti не е теренец што се вози само по убаво време. Со него би требало да бидат задоволни и купувачите што не го користат автомобилот само да ги одвезат децата до учи-лиште, туку сакаат понекогаш и да ги извалкаат тркалата. За таа пригода, Yeti е кренат 18 санти-метри од земја и има умна елек-троника што умее да ја распреде-ли силата од моторот правилно, ►

www.autofocus.com.mk

ЗатОа ШтО ДОКажаНата МеХаНиКа На VW туКа Се НуДи ПОеВтиНО

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ ПРЕЧИЗатОа ШтО НаЈиНтеРеСНиОт МОтОР 1.4 TSI ОСтаНуВа РеЗеРВиРаН За TIGUAN

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАЗатОа ШтО и ОБиЧНите ВаНОВи НуДат ПРОСтОРНа КаБиНа и ПРиСПОСОБЛиВОСт, и ПОеВтиНи Се

Благородно: Superb и Octavia си го пишува-ат името во предните светла, а сега и Yeti

Page 8: AutoFocus #23

10 07/2009 www.autofocus.com.mk

CITRo¨N C3НОВитети

автомобил на CitroËn не смее да е обиЧен. со огромниот ветробран, овој е КаКо стаКлена топКа

Овој Citroёn добива уште на сила. Во класата што бележи огромен пораст откако повеќето европ-

ски земји одобруваат субвенции за старите автомобили, Францу-зите од ноември ќе имаат силен модел: Новиот С3. Со два милиони примероци од претходната гене-рација, С3 докажа дека Citroёn е меѓу најзначајните производи-тели во класата што одеднаш сите почнаа да ја обожaваат.

Новата генерација е развивана мудро. Издвоени се најдобрите својства на досегашниот С3 и се уште понагласени кај новиот.

поглед во стаклената топка

Page 9: AutoFocus #23

www.autofocus.com.mk 1107/2009

CITRo¨N C3 НОВитети

рамски покрив, што во куќава се води како Zenith. Од ефектот што ваквиот покрив го постигнува за просторното чувство во кабина-та, ќе се радуваат и купувачите. Се најавува и нов впечаток за ква-литет: Арматурната табла е обло-жена со мека термопластика и по целата должина ѝ минува лајсна бојадисана да изгледа како сатен или како алуминиум.

Со кругот на вртење од 10,2 ме-три, С3 е совршен за низ град. Но, не мора цел живот да остане заг-лавен во градскиот метеж. Багаж-никот собира 300 литри, во каби-ната има големи прегради што ги собираат предметите при пату-вање подалеку. Кога уште ќе се има предвид и високото седење, С3 е поблиску до ван, отколку до градски автомобил од вчера. Но, и не смее да се приближува прем-ногу, затоа што е тука и вистин-скиот ван во гамата, С3 Picasso.

Новиот Citroёn е автомобил со добри врски. Покрај радиото RD4 со поддршка за МР3, се добива и USB Box, кој вклучува приклучок USB, целосна поддршка за iPod и врска Bluetooth со мобилниот те-лефон, како и навигација MyWay. Звучните системи со висок ква-литет веќе не се реткост и во оваа класа. Новитетот што сака да го истакне париската куќа е цената на овие системи: Уживањето во звук како во концертна хала веќе нема да повлекува мало богат-ство.

Техничарите се погрижија и уживањето во чувството зад вола-нот да биде на високо ниво. Иако каросеријата порасна во сите правци, новиот С3 не додаде ниту грам во тежината. Секако дека вниманието на тежината и на линијата на каросеријата влијае и врз потрошувачката на гориво. Уште од старт, Французите ќе ја нудат верзијата со 1,6-литарски турбодизел, што ќе испушта 99 грами јаглероден диоксид на се-кој километар.

Штедливоста ќе премине во следното ниво откако во 2011 марката ќе почне да ја вградува новата генерација на системот Stop & Start. Во спој со пет и шест-степени роботизирани менувачи, дизелските мотори опремени со овој систем што самостојно го гасне моторот при чекање на се-мафор, ќе испуштаат 95, односно 90 грами јаглероден диоксид на километар. Кусо по премиерата на салонот во Франкфурт во сеп-тември, C3 ќе ги добие и новите трицилиндарски бензински мо-тори. �

Секако, препознатливоста е меѓу овие својства, исто како и гриж-ливо стокмената внатрешност или добрата просторна понуда во кабината. Осумте сантиметри

што ги доби новакот во дол-жината, му даваат на Citroёn

право да тврди дека С3 сега е целосно искористлив како семејно возило. Со 3,94 метри, С3 и натаму е меѓу покусите во класата, но и меѓу најпросторните.

Тоа што особено ги радува создателите на

новиот Citroёn е можнос-та да го вградат големиот пано-

Ќе внесе светлина на Салонот во Франкфурт во септември: С3 е еден од позначајните новитети во оваа година

Со доплата ќе се добива панорамскиот покрив

Ветувањето е исполнето: Внатрешноста оддава впечаток за квалитет

Спортски амбиции: Воланот е зарамнет долу

поглед во стаклената топка

Page 10: AutoFocus #23

26 07/2009 www.autofocus.com.mk

oPel GTиМПреСија

Само летањето е поубаво

на овој opel не Му се потребни огроМен багажник или интелигентни каМери за да биде најдобар: тој е родстер

Нема сомневање, овој родстер беспрекорно си ја претставува својата сорта: раширен и легнат

ниско врз патот, со долга хауба и куси каросериски превиси, со платнен покрив здиплен одзади и бандажи што едвај ги собира под крилата. Родстер како од учебник. Но, причината што до-лната вилица ќе остане спуштена подолго отколку што првично планирале дизајнерите на авто-мобилов, е логото.

Каков тоа гром го удрил автомо-билов излезен од куќата што тол-ку сака да си игра со електрич-ните празнења? Ова е несомнено логото на Opel, а тоа обично се

www.autofocus.com.mk

Со широката трага и ниската силуета, GT изгледа како да е залепен за земја

Page 11: AutoFocus #23

www.autofocus.com.mk 2707/2009

Само летањето е поубаво

лепи на автомобили што удира-ат по разумот, а не по срцето. На практични возила со приспособ-лива внатрешност, голем багаж-ник, скромна ергела под хаубата, како Corsa, Astra или Insignia.

И покрај тоа што автомобилов отстапува од народната претста-ва за марката, GT е чистокрвен Opel. Поточно, само името. Во се-думдесеттите години луѓето од Риселсхајм веќе еднаш имаа ва-ков спортски автомобил што ги буди чувствата и ги посрамотува марките со тркачки гени. Opel GT, пуштен во серија во 1968 го-дина, нѐ научи дека од марката од Риселсхајм може да очекуваме и испади со автомобили што се

надвор од разумот, но блиски до срцето.

И еве го сега наследникот, вистинскиот. Тоа што денес ретко кој ќе се сети на Speedster од 2000 година, не е вина на автомобилот, туку на тогашното раководство на мајката General Motors, кое смета-ше дека ќе ги излаже тукашните купувачи исто толку лесно како Американците, па на Lotus Elise му ја залепи значката со громот и го продаваше како Opel.

Овој пат, се чини дека сѐ е напра-вено како што треба. Но, Opel GT повторно не е самостоен модел, и во САД ги има близнаците Pontiac Solstice и Saturn Sky. Поточно, ги имаше, затоа што фабриката во

2707/2009

Значката GT и жабрите одат едно со друго

Долг нос не само заради лик: Моторот е вграден надолжно

Како да е нисколетачки пресретнувач

Page 12: AutoFocus #23

30 07/2009 www.autofocus.com.mk

tect

БЕСКЛАСНОСТА: URBAN cRUISeR Е СЕ ВО ЕДНО И ЕДЕН ЗА СЕ

КОМФОРНО И ТИВКО ПОДВОЗЈЕ

БОГАТА ОПРЕМА УШТЕ ВО ОСНОВНИ-ОТ ПАКЕТ

НИ СЕ ДОПАЃА

НЕ НИ ПРЕЧИПЛАТФОРМАТА ОД YARIS: ТОА САМО ГИ ПОКАЖУВА КВАЛИТЕТИТЕ НА МАЛЕЧКОТО

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАРАЗЛИЧНАТА МОДЕЛСКА ПОЛИТИКА ЗА БЕНЗИНЕцОТ И ДИЗЕЛОТ: ВТОРИ-ОВ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ ВО ПОВТИ-НАТА ИЗВЕДБА СО ПРЕДЕН ПОГОН И СО АВТОМАТСКИ СТАРТ-СТОП

Овој теренец има смислаtoYotA URBAN cRUISeR 1.4 D-4D Sol

Кај теренците обично освојува ро-бусноста во појавата. Затоа, ToyoTa сега го нуди овој раЗумен автомобил, што иЗгледа КаКо теренец и ги преЗе-ма само предностите на сортата

30 07/2009 www.autofocus.com.mk

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/toyota-urban-cruiser/

Page 13: AutoFocus #23

www.autofocus.com.mk 3107/2009

Овој теренец има смисла

Автомобилов е убав, тоа е несомнено. И кај него се повторува истото доживување,

ново за Toyota, како кај Avensis или кај новиот Verso, откако на дизајнерите им се погоди комбинацијата од линии и форми по кои се препознава ја-понската марка. Единствениот момент кога Urban Cruiser из-гледа неугледно е кога ќе му се смачка носот.

Да, токму тој најнепосакуван тест ни се случи со ова дизај-нерско парче од Toyota. Се-мафорите очигледно се само уличен декор за некои воза-чи. Единствената корист што Toyota ќе ја има од овој ненаја-вен тест е потврдата за безбед-носта на Urban Cruiser. Иако тоа обично се прави во халите на Toyota и на организацијата Euro-NCAP.

Дека има цврст карактер, Urban Cruiser покажува уште со надворешноста. Страниците се издигнати како ѕидини, висо-ки и масивни, а во горниот дел од градбата се изработени про-зорци тесни како за пушкарни-ца, колку да се добие претстава што се случува околу. Радува смелоста што сé почесто ја по-кажува Toyota кога значката на куќата треба да се залепи на вакви напредни дизајнерски концепти. Од друга страна, пак,

Градскиот теренец покрај компактен теренец: Разликата во висината е очигледна, но не го прави Urban Cruiser помал теренец во секојдневието

www.autofocus.com.mk 3107/2009

Page 14: AutoFocus #23

48 07/2009 www.autofocus.com.mk

tect Ford Fiesta 1.4 tdCi trend

погодена работа на подвозјето

одлично просторно чувство напред

прецизен и лесен менувач

НИ СЕ ДОПАЃА НЕ НИ ПРЕЧИветробранот е толку висок што бришачите не успеваат да го добришат до горе

НЕ НИ СЕ ДОПАЃАотсјај во средишниот дисплеј

слаба прегледност назад

Добра причина за славењеМисијата на овој Ford Му е напишана во иМето: Fiesta нуди забава, но не ги запоставува и секојдневните обврски

Погледнете го видеото на www.autovision.mk/ford-fiesta/

Page 15: AutoFocus #23

www.autofocus.com.mk 4907/2009

Можеше да се претпоста-ви веќе на почетокот дека Fiesta нема да биде само уште еден

автомобил од класата на порасна-тите малечки што доаѓа на тест во Auto Focus. И тоа, уште во претс-тавништвото на Ford, додека Ма-рија ни ги предаваше клучевите од тест-возилото: „Ова е Fiesta со второто ниво, Trend, нормално е опремена и единствената допла-та кај неа е металик лакот“.

Зарем тоа не зборува доволно за самоувереноста што ја имаат во Ford кога се работи за моде-лот што ќе биде еден од главни-те носители на продажбата во догледно време. Обично, вози-лата на тест се силно опремени за да ги замачкаат очите и да ги прикријат слабостите. Овој пат не. Сепак, и претставата за нор-мално опремен модел, како да се разликува во оваа куќа. Пакетот Trend доаѓа со клима-уред, радио со команди на волан, комфорна електроника, па дури и патен компјутер не отсуствува. И тоа е сѐ што е разумно да се има во оваа големина на автомобил.

Fiesta, сепак, е малку поголема од другите во класата. Не со ди-мензиите, туку со изгледот. На-место само маската да потсетува на поголемите модели од куќата и да се гребе на нивниот имиџ, тука во секоја линија и форма се чита дека ова е Ford од новата ге-нерација. Така е со светлата што се издолжени наназад и досегаат на една педа од страничните про-зорци, исто како и со моќно зао-

блените рамена по страниците на каросеријата или со триаглес-тите задни светла со впечатлив внатрешен живот.

Тоа е најголемиот очигледен напредок кај новакот наспроти претходната Fiesta, што изгле-даше како сираче меѓу блеска-во дизајнираните лимузини на Ford. А воопшто не заслужуваше да биде толку запоставена. Затоа што возните својства и погодена-та работа на подвозјето ја правеа Fiesta еден од најзабавните авто-мобили за возење во класата.

Тоа што било добро, сега е на-правено уште подобро. Управли-воста, особено остава впечаток. Тркалата се чувствуваат на вола-нот исто како со жилет да се сече паус-хартија. Fiesta оддава лесно-тија во возењето и гладно се фрла во свијоците. Секако, тоа е придо-бивка и од скромниот пораст во должина од само два сантиметра во споредба со претходникот, но и од успешно спроведената диета во целина.

Малечково едноставно нема потреба да се поставува одново меѓу конкурентите и да лови ку-пувачи со приказната дека е нај-долго во класата или дека има најголем багажник. Fiesta е спор-тист и забавувач во едно, и во-зачот станува свесен за ваквиот карактер уште првиот ден.

На турбодизелот од 1,4 литар му е далеку од прва средбата со Fiesta. Моторот го носеше уште претходната генерација, го по-знаваме и од моделите на PSA Peugeot Citroën, и исто како и

Добра причина за славење

Два тони дизајн, на половина метар квадратен:Новата Fiesta носи дизајнерски печат во секој сантиметар

Page 16: AutoFocus #23

54 07/2009 www.autofocus.com.mk

СПОРЕДБА

мора да се признае:

кватропорте звучи по добро од фиртирерсо новата Panamera, PorSche тропа силно на портата на спортсКите лимуЗи-ни. но, туКа го чеКа лут противниК: maSeraTi QuaTTroPorTe

убавината на италијанскиот автомобил не се опишува со правилни форми или прецизни рабови. Ова е само убаво, и толку

На Италијанците им е многу лесно да напра-ват добар спортски ав-томобил. Особено кога

треба да се избере име за него. Така, кога ковачницата за спорт-ски болиди од Модена реши да направи тркачка лимузина со че-тири врати, ѝ беше сосема довол-но да го крсти моделот Maserati Quattroporte, што не значи ништо друго, туку баш Maserati со че-тири врати. Наспроти тоа, кога речиси половина век подоцна Porsche реши и тој да си напра-ви спортска лимузина со четири врати, изборот на името не беше толку лесна задача. Quattroporte на германски би било Viertürer, што се чита фиртирер и звучи крајно одбивно. Кој уште би са-кал да вози скапа лимузина што се вика фиртирер?

Во секој случај, лимузината

54 07/2009 www.autofocus.com.mk

PoRSChE PANAMERA ПРОТИВ MASERATI QUATTRoPoRTE

Овој опаш се влече грациозно како балски фустан во Сполето

Page 17: AutoFocus #23

www.autofocus.com.mk 5507/2009

кватропорте звучи по добро од фиртирермора да добие име. Беше избрано Panamera: Потсетува на Карера, на маратонската трка во Мекси-ко, на која Porsche царуваше во педесеттите. Но, потсетува и на Америка, на онаа на Соединети-те Држави. А таму е најлесно да се излажат купувачите и да им се продаде стока само преку до-бра реклама. Шефот на Porsche, Венделин Видекинг, веќе ја даде насоката во која ќе се фали но-виот производ од Цуфенхаузен: „Panamera го спојува најдоброто од светот на спортските авто-мобили со светот на луксузни-те лимузини.“ В ред, истото тоа отсекогаш го можел и Maserati Quattroporte.

Сите сакаат да бидат како него. Може Mercedes да тврди колку сака дека со моделот CLS го има пронајдено автомобилот што е лимузина исто колку и купе, па и

www.autofocus.com.mk 5507/2009

СПОРЕДБАPoRSCHE PANAmERA ПРОТиВ mASERATi QUATTRoPoRTE

Германската строгост не може да дозволи Panamera да изгледа како убава лимузина, туку само како грда 911-ка

Позната глетка, ништо спектакуларно: Ако не се забележат двете врати

назад, ќе помине како 911. Германците сметаат

дека тоа е добро

Page 18: AutoFocus #23

82 07/2009 www.autofocus.com.mk

Против досада

Вашингтон и Детроит не се единствените што се загрижени од банкро-тот на General Motors. И

филмските продуценти во Хо-ливуд имаат несоници поради проблемите на некогашниот ав-тогигант. Вториот дел на филмот „Трансформери“ што почна да се прикажува во киносалите на 24 мај е само пријатно потсетување на убавите времиња. Очигледно е дека филмот беше замислен како двочасовна реклама за новиот Chevrolet Camaro и неговата про-моција требаше да биде финан-сиски поддржана од GM. Но, во касата на GM снема пари. Завршу-вањето на филмот беше ставено под знак прашање. Работата беше спасена во последен момент от-како производителот на бонбони M&M плати за своја промоција во филмот.

Филмските продуценти веќе со години ги користат автомобил-ските производители како крава за молзење. И сите се задоволни. Со појавувањето на Mini во ри-мејкот на „Италијанска работа“ во 2003 година, култот на британ-скиот мини-тркач се пренесе и во САД, каде што автомобилов ста-

на вистински хит. Цената за тоа: BMW испорача 29 примероци од Mini за потребите на филмот, вк-лучувајќи и купишта контејнери со резервни делови. Нормално е што BMW одби да потроши уште еден милион долари за второто продолжение на филмот.

Тоа што во серијата „ЦСИ“ го гледаме Хорацио Кејн како вле-гува во свoјoт Hummer, е резул-тат на милионски договор. Но, тука не се плаќа во хартија, туку во медиумски долари. Тоа значи

три во оваа. И Volkswagen повеќе не вози на филм.

BMW прв им ги отвори очите на конкурентските производители, но и на филмските продукции, кога пред долги години го повика на помош Џејмс Бонд да го про-мовира новиот родстер Z3. Како противуслуга за кусото возење на Бонд во баварскиот родстер, BMW ја покри повеќенеделната марке-тиншка кампања за новиот филм со тајниот агент. Среќниот брак меѓу Бонд и BMW заврши откако Ford им понуди на продуцентите Aston Martin, кој е традиционален автомобил во филмскиот серијал, со багажник наполнет со 15 ми-лиони долари. Трката со парите почна.

Постојат гласишта дека Volkswagen му има платено 90 милиони долари на Universal Studios, и дека студиото има пра-во самостојно да решава кога и дали воопшто во некој филм ќе се појави автомобил на германскиот концерн. Владееше златното вре-ме на автоиндустријата. За пари-те не се прашуваше и се плаќаа и најскапите продукции, само кол-ку режисерот да се одоброволи и да го остави кадарот подолго врз знакот на марката.

Трезнењето пристигна со криза-ва. Филмските секунди на Роберт Дауни Џуниор во Audi R8 одеднаш станаа прескапи. Особено поради тоа што плаќачите сега почнаа да се прашуваат и околу ефектот од пласирањето на автомобилите преку подвижните слики. �

дека General Motors не се обврзу-ва само да испорачува возила за „ЦСИ“, туку мора да пушта и што повеќе рекламни спотови на ТВ-каналот. Сега, кога GM нема пари, остануваат кусо и ТВ-каналите и студијата.

Ваквиот начин на пласирање

на производите е посебна индус-трија. Само во 2007, на американ-ските купувачи им беа подвалени преку 200.000 производи во ТВ-приказната. Глобалната криза го ослабна и овој бизнис. Автоин-дустријата почна да подзабаву-ва. Наспроти единаесетте авто-мобили што Chrysler ги снимаше за филмското платно во 2008, во оваа година ќе бидат само два. Ford останува на курсот, но ќе потроши помалку пари за промо-ција. Mercedes падна од 13 филм-ски автомобили во 2008 на само

Холивуд во автомобилска криза

Филмските студиЈа во сад со Години добиваа силни пари од автопроизво-дителите. секако, и од gM. но, ГиГантот повеќе не може да плаќа

следниот број на Мага-зинот AuTo FocuS изле-гува на 15 август 2009