analiza na tur ponuda

31
УНИВЕРЗИТЕТ “ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ - ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА- ГЕВГЕЛИЈА СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ : ЕКОНОМИЈА НА ТУРИЗМОТ НА ТЕМА : АНАЛИЗА НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА МАКЕДОНИЈА

Upload: elena-dimova

Post on 22-Oct-2014

401 views

Category:

Documents


5 download

TRANSCRIPT

Page 1: Analiza Na Tur Ponuda

УНИВЕРЗИТЕТ “ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ “ - ШТИПФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА- ГЕВГЕЛИЈА

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО НАСТАВНИОТ ПРЕДМЕТ : ЕКОНОМИЈА НА ТУРИЗМОТ

НА ТЕМА :АНАЛИЗА НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА НА МАКЕДОНИЈА

Page 2: Analiza Na Tur Ponuda

мај, 2011

Содржина:

Анализа на туристичката понуда на Македонија...................2 Краток извадок.............................................................................2 -клучни зборови........................................................................2

Analysis of the tourist offer in Macedonia..................................3 Abstract..........................................................................................3 -key words..................................................................................3

1. Вовед.........................................................................................4 2. Градови.....................................................................................5 2.1 Скопје..................................................................................5

2.2 Охрид..................................................................................7

3. Езера..........................................................................................8 3.1 Охридско езеро..................................................................9

3.2 Дојранско езеро..................................................................9

4. Национални паркови............................................................10 5. Бањи........................................................................................13 6. Цркви и манастири................................................................14 7. Алтернативен туризам.........................................................16 7.1 Ловен туризам...................................................................17

8. Македонска кујна...................................................................19 8.1 Македонски специјалитети...............................................19

9. Други атракции......................................................................21

10. Заклучок................................................................................22 11. Користена литература........................................................23

1

Page 3: Analiza Na Tur Ponuda

Анализа на туристичката понуда на Македонија

Краток извадок

Овој семинарски труд ја обработува темата за туристичката понуда во

Македонија. Најпрво започнува со метрополата Скопје и најважниот

туристички центар во државата – градот Охрид.

Продолжува со езерата во Македонија, трите национални паркови,

шесте бањи, па најпознатите цркви и манастири. Потоа се разгледува

профитабилноста од алтернативниот туризам, а главниот акцент е ставен

на ловниот туризам.

Продолжува со македонската кујна и најпознатите македонски

специјалитети, а завршува со други поважни атракции.

За крај е изведен заклучок и користена литература.

Клучни зборови : туристичка понуда, Македонија, Скопје, Охрид,

езеро, национален парк, црква, манастир, алтернативен туризам, ловен

туризам, македонска кујна, специјалитети, атракции

2

Page 4: Analiza Na Tur Ponuda

Analysis of the tourist offer in Macedonia

Abstract

This seminar paper examines the topic of the tourist offer in Macedonia.

First it starts with the metropolis Skopje and the most important tourist centre in

the country - Ohrid.

Then it goes on with the lakes in Macedonia, the three national parks, the

six baths, the most popular churches and monasteries. There is consideration of

the the profitability of alternative tourism, and the main emphasis is placed on

hunting tourism.

It continues with the macedonian cuisine and the most famous macedonian

specialties, and ends with some other important attractions.

Finally a conclusion is derived and the used literature.

Keywords: tourist offer, Macedonia, Skopje, Ohrid lake, national park,

church, monastery, alternative tourism, hunting tourism, macedonian cuisine,

specialties, attractions

3

Page 5: Analiza Na Tur Ponuda

1. Вовед

Туризмот во Македонија е еден од најважните фактори за економијата

на државата.

Земајќи ја во предвид големината на територијата на државата, може

да се каже дека Македонија е исклучително богата со природни и

антропогени вредности кои истовремено се и туристички атракции.

Располагаме со градови со архитектурни содржини, езера, како

природни така и вештачки, имаме голем број на планини, национални

паркови, бањи, цркви и манастири, Од сите наведениве богатства нај

развиен е езерскиот туризам. Планините се најчесто посетувани во зимата,

особено за зимските спортови, и најчесто планините кое поседуваат

спортски центри. Бањите иако поседуваат рекреативни особини, почесто се

користат од здравствени причини. Градовите се посетувани почесто од

деловни причини. Има градови кои главно се посетуваат поради

традиционалните јадења.

За сместување на туристите, Македонија има на располагање над 90

хотели, 10 кампови, 2 туристички населби и 27.000 легла за приватно

сместување. Целосниот број на легла за сместување изнесува над 80.000. 

Најпопуларни и најпосетени туристички места во Македонија се

Охридското, Преспанското и Дојранското езеро, каде се лоцирани околу

80% од целокупниот капацитет за сместување.

Главните посетители се од домицилното население. За претставување

на карактеристиките и атракциите кои ги содржи Македонија задолжени се

промоторите, кои треба да ја претстават Македонија на светот.

4

Page 6: Analiza Na Tur Ponuda

2. Градови

2.1 Скопје

Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија, а воедно

претставува административно политички, стопански, културен и образовно-

научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот

Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.

Скопје, како престолнина на Република Македонија е една од

најпосетуваните локации во државата. Најголеми знаменитости на градот

се :

Камениот мост, на реката Вардар кој е симбол на Скопје. Бил

изграден во 15 век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој

преставува врска помеѓу новиот и стариот дел.

Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во

почетокот на 6-ти век. Калето доминира над левиот брег на реката

Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.

Православната црква Св. Спас во стариот дел од градот. Била

изградена во 19-тиот век.

Старата турска чаршија, каде има стари занаети, Безистенот, Чивте-амам и други објекти.

Саат-кула во непосредна близина на Султан-муратовата џамија.

5

Page 7: Analiza Na Tur Ponuda

Соборниот храм Св. Климент Охридски. Таа се наоѓа во центарот на

градот на десната страна на реката Вардар.

Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година.

Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот.

Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина,

моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во

зградата се наоѓа Музејот на град Скопје.

Музејот на современа уметност, се наоѓа на тврдината Кале.

Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно

непосредно над градот.

Куршумли ан датира од 16 век и се наоѓа во старата чаршија . Тоа е еден од најубавите локалитети во Скопје.Курсумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.

Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудралната кула којашто денес е музеј.

6

Page 8: Analiza Na Tur Ponuda

Сл. 1. Камени Мост, Скопје

2.2 Охрид

Градот Охрид е вклучен во списокот на светско и културно

наследство на УНЕСКО. На неговата југозападна страна се

наоѓа Охридското езеро. Градот е најголемата туристичка дестинација во

државата.

Најголеми знаменитости на Охрид се :

Самуилова тврдина Црквата Свети Јован Канео Плаошник Црквата Свети Наум Античкиот театар Куќата на фамилијата Робевци

7

Page 9: Analiza Na Tur Ponuda

Сл. 2. Самуилова тврдина, Охрид

3. Езера

Во Македонија има над 160 езера. Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации. Во природните езера спаѓаат тектонските, мочуришните, пештерските и ледничките езера.

По своето значење се истакнуваат тектонските езера, како што

се : Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Најпознато езеро во

Македонија е Охридското кое е и најголема туристичка атракција.

сл.

3 .

Ma

п а

на

езерата во Македонија

Исто така, како поважни езера се издвојуваат : езерото Козјак кое е

најголемо вештачко езеро во Македонија, Боговинското Езеро кое е

8

Page 10: Analiza Na Tur Ponuda

најголемото глацијално езеро во Македонија, Острово - единствен пример

на крајбрежно-изворски тип езера во Македонија, големото Пелистерско

езеро и сл.

3.1 Охридско езеро

Охридското Езеро е најголемо и најзначајно

природно езеро во Македонија и веројатно од биолошки аспект

најзначајниот стагнантен воден екосистем во Европа. Се карактеризира со

богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина.

Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и

градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита

на УНЕСКО.

Сл. 4.

Охридско Езеро

3.2. Дојранско езеро

Дојранското езеро е трето по големина после Охридското и

Преспанското езеро. Ова тектонско езеро спаѓа во групата на егејските

езера кои се наоѓаат во југоисточна Македонија према Грчката граница.

Дојранското езеро опфаќа површина од 43 км², и се наоѓа на надморска

висина од 148 метри. Најголема длабочина на Дојранското езеро е 10

метри и тоа е богато со бројни животински врси и риби.

9

Page 11: Analiza Na Tur Ponuda

Дојранското езеро е исто така атрактивно туристичко место во летниот

период посебно во месец Август кога цветаат алгите кои имаат многу

лековито дејство. Со обзир на високите температури Дојранското езеро го

посетуваат голем број на туристи од месец мај до септември.

4. Национални паркови

Во македонија постојат три заштитени национални паркови тоа се :

Галичица, Пелистер и Маврово овие национални паркови се истакнуваат со

својата природна убавина и со својата уникатност.

4.1. Галичица

Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен

дел од Република Македонија, се карактеризира по положбата што ја

зазема меѓу двете езера - Охридското и Преспанското.

Сл. 5. Национален парк Галичица

Националниот парк Галичица особено се истакнува по големото

флористичко богатство. Наоѓалиштата за некои од растителните видови на

Галичица се единствени за територијата на Република Македонија. На

територијата на паркот се застапени 37 растителни заедници, од кои 20 се

10

Page 12: Analiza Na Tur Ponuda

шумски. Националниот парк Галичица претставува класично наоѓалиште за

20 видови виши растенија од коишто 12 видови се познати само за

планината Галичица и за крајбрежјето на Охридското и Преспанското Езеро

и претставуваат локални ендеми.

4.2. Маврово

Нaционалниот парк Маврово зазема простор од 73.088 хектари и

најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Прогласен е во

1948 година. Во границите на паркот се опфатени планините: Кораб, Дешат,

југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и

северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го

зафаќа долината и сливот на реката Радика.

Во границите на паркот се среќаваат голем број на интересни морфолошки

форми: речни долини, клисури, водопади, карстни полиња, ували, вртачи,

пештери, циркови, глацијални езера, разни видови на денудациони облици

и сл. Таа се состои од 140 видови птици, 11 видови водоземци, 12 видови

на влечуги и 38 видови цицачи

Сл.6. Национален парк Маврово

11

Page 13: Analiza Na Tur Ponuda

Од вегетацијата на паркот најголема застапеност има заедницата од

горска букова шума.

4.3. Пелистер

Националниот парк Пелистер се наоѓа во југозападниот дел на

Република Македонија и зафаќа површина од 12.500 хектари. Прогласен е

во 1948 година како прво заштитено природно добро во Република

Македонија.

Се карактеризира со поголем број врвови и возвишенија повисоки од 2000

метри, кои меѓу себе се раздвоени со длабоки долини. Највисок врв е

Пелистер (2601 м). Од релјефните облици на Пелистер највпечатливи се

т.н. камени реки. Тоа се наклони на релјефот исполнети со блокови од

стени со различен состав. Од хидрографските објекти, со посебна природна

привлечност се двете глацијални езера - Големото и Малото Езеро на

Пелистер, познати како “Горски Очи”. Растителниот свет на Пелистер е

мошне разнообразен, па оттаму и неговото специфично ботаничко значење.

Тука растат 88 дрвни видови, што претставува 29% од вкупната

дендрофлора на Македонија. Во вегетацијата на Пелистер се среќаваат 21

растителна заедница, од кои 8 се шумски а 13 тревни заедници. Од

шумските дрвни видови најголема вредност има моликата. Од рибите,

значајно е да се истакне присуството на пелистерската ендемична поточна

пастрмка и пелагониската поточна пастрмка.

12

Page 14: Analiza Na Tur Ponuda

5. Бањи

Во Македонија функционираат пет бањски комплекси: Катлановска

Бања кај Скопје; Негорска кај Гевгелија; Бања Банско кај Струмица;

Дебарска Бања кај Дебар и Бањата Кежовица кај Штип. Во изминатите пет-

шест години четири од нив се приватизирани, освен бањата Кежовица. Со

приватизацијата, сите четири бањски комплески се реновирани и условите

во многу се подобрени, велат управителите на овие бањи во Македонија.

Во Катлановска Бања, освен реновирањето, зголемени се и сместувачките

капацитети од 180 на 280 легла.За разлика од приватизираните бањи,

условите за престој и лекување во државната бања Кежовица кај Штип се

значително полоши. Но, поради лековитата вода слична на онаа во

Карлови Вари, бањата и сега е преполна со пациенти, кои тука бараат спас

за своите болки.

Со приватизацијата повеќе од двојно е зголемен престојот на пациенти

и гости во сите македонски бањи. Во Дебарска бања од 35 илјади во 2004

година, бројката е повеќе од двојно зголемена, потенцира Меџит Цапа, еден

од двајцата сопственици на бањата. Министерството за економија е

подготвено да помогне, вели портпаролката Селвете Барути.

13

Page 15: Analiza Na Tur Ponuda

Сл. 7. Негорски Бањи

6. Цркви и манастири

Покрај горенаведените архитектонски и природни богатства кои ги

поседува Република Македонија, таа е доста богата со цркви и манастири.

Се претпоставува дека зборот потекнува од арамејскиот јазик и бил

воспоставен од Исус од Назарет. Во тоа време терминот Црква,

еквивалентно означувал владин/политички термин, или Еклесија (латински:

Ecclessia), собрание, собир за јавни потреби. Во буквален превод значи

Здружение. Разликуваме католички и православни.

Сл.8.

Македонската Православна Црква

14

Page 16: Analiza Na Tur Ponuda

Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) или само Македонска

Православна Црква (МПЦ) е официјална православна црква во Република

Македонија.

Сл.9. Св. Богородица Перивлепта, денес Св. Климент

Потекнува од 13 век, а од 15 век се нарекува Св. Климент бидејќи

тогаш во неа биле пренесени моштите на Св. Климент

Прогон Згур од Епир во 1294/5 г. ја подигнал црквата.

15

Page 17: Analiza Na Tur Ponuda

Сл. 10. Св. Јоаким Осоговски

Манастирот Св. Јоаким Осоговски се наоѓа на неколку километри од

Крива Паланка, на падините на Осоговските Планини. Манастирот е познат

и по името Сарандопор – по местото каде што е граден.

7.Алтернативен туризам

Желбата за бегство од индустријализираноста и брзото темпото на

живот придонесува луѓето сè почесто да го избираат алтернативниот

туризам како начин на одмор во денешно време. Враќање кон природата,

допирот со традицијата и сопствените корени се задоволства што

современиот турист сè почесто ги бара.Македонија има одлични услови за

развој на велосипедскиот, културниот, винскиот, селскиот, пештерскиот

туризам и еко-туризмот. Пределите како Вевчани, Брајчино, Коњско,

Берово, се само мал дел од местата каде што може да се развива селскиот

туризам и еко-туризмот. Имаме можност да понудиме одлични предели за

планински велосипедски туризам на Шар Планина, Маврово, Галичица,

Водно. Пештерите Врело, Пешна, Убава, Шаркова Дупка, Алилица,

Слатинска, нудат можности за развој на спелеотуризмот или на

рекреативниот туризам. Меѓу другото, Македонија изобилува со голем број

на културно-историски споменици, бањи, национални паркови, а сето тоа,

доколку се искористи, може многу да придонесе за развој на регионот и да

се зголеми бројот на работни места.

16

Page 18: Analiza Na Tur Ponuda

Сл.11 Селски туризам

Македонија има огромен потенцијал за развој на алтернативниот

туризам, но она што најмногу недостасува е добра меѓународна промоција.

Еден пример за тоа се Колешинските Водопади близу Струмица, кои од

2005 година се промовираат и оттогаш, па досега бројот на туристите се

зголемил за сто проценти.

7.1.Ловен туризам

Македонските ловишта нудат добри можности за развој на ловниот

туризам. Македонските агенции велат дека од ловот може многу да се

заработи и заради тоа дел од нив од септември ловниот туризам ќе го

стават на своите редовни понуди. Се проценува дека профитот од група од

4-8 ловци е еднаква на профитот од 100 туристи што би летувале по

стандардните понуди на агенциите. Ловците кои доаѓаат на ваков вид

Ловците скоро секогаш се многу богати луѓе, кои со ова хоби се занимаваат

традиционално, додаваат тие. За нив ловот е пасија и тие сакаат возбуда,

велат во туристичките агенции. Во Македонија ловен туризам скоро и да

нема. До пред 10 години групи ловци од Италија, Германија, Грција и

Шпанија доаѓале во Македонија редовно, секоја година. Но, со транзицијата

Македонија ги изгубила овие луѓе кои сега одат на лов во соседните

земји.туризам не ги интересира цената и не бараат посебни услови за

сместување. Жителите на неколку села во Македонија со гордост

17

Page 19: Analiza Na Tur Ponuda

раскажуваат за времето кога ловците од различни земји доаѓале и

престојувале во нивните села.

Во дел од туристичките агенции веќе се работи на осмислување на

стратегија за развој на ловниот туризам. Од септември се очекува

поинтензивна промоција на ловиштата во земјава.

Македонија е посебно атрактивна кај ловците, бидејќи одредени

региони сe уште се природни и чисти. Овие адути на македонските ловишта

ќе придонесат понудата да биде попрималива, велат во македонските

туристички агенции. Скоро сите ловишта во земјава се дадени под

концесија на ловечките друштва, кои се грижат за обновување на дивечот.

Ловот е дозволен само за време на ловната сезона, која вообичаено трае

од август до февруари, со исклучок на одреден дивеч за кој ловната сезона

е пократка.

Сл. 12. Ловен туризам

18

Page 20: Analiza Na Tur Ponuda

8. Македонска кујна

Македонската кујна  е репрезентативна кујна за Балканот,

со турски, грчки и блискоисточни влијанија, како и, во помала

мера италијански, медитерански и унгарски влијанија. Заради релативно

топлата клима која дозволува одлични услови за растење на

разни зеленчуци, овоштија, зачини и билки, македонската кујна е особено

разновидна. Македонската кујна е исто така позната по разноврсноста и

количината на млечни призводи и локални алкохолни пијалоци како разни

вина ракија и мастика.

8.1 Македонски специјалитети

АјварНајпознатите македонски специјалитети Aivar, кои вклучуваат конзервирањето Aili се јаде како мезе. Таа се подготвува со широк црвени пиперки наречен Ajvarka, што е најдоброто од струмичкиот регион. Со ajvarke додадете варен морков и сини домати, печен и бланширан. Chutney е добар гарнир со сите видови на сирења и месо. Ова оди добро мезе со розе или бели вина.Вардарско ГрнеУште еден специјалитет е познатиот македонски и Вардар работат заедно, што е подготвена со телешко, говедско, свинско, месо mjevenim, печурки, сланина, моркови, кромид бела во земјана тава. Со овој специјалитет навистина препорачуваме црвено вино.ГибаницаПостојат неколку начини за подготовка на овој специјалитет. За gibanica треба да имаат кора, спанаќ, сирење и јајца и путер. На врвот има само една кора која се

19

Page 21: Analiza Na Tur Ponuda

извалкани со путер и кафеава. Со овој специјалитет Препорачуваме бело вино или вино розе.

Македонска погачаМакедонски погача ќе бидат подготвени со козјо сирење, а најдобро за автентично искуство и да служат со кисело козјо млеко. Можете да го леб и со вкус на тревки по желба. Вистинскиот избор со ова јадење е бело вино.

СармаСарма, беа едни од најдобрите македонски специјалитети, кои се подготвени со mlijevenim месо, ориз, лозов лист или зелка. Ако сте лозов лист полнети обложени, се служи со кисела павлака. И ова јадење се подготвува така што же пече во рерната. Во прилог на овој специјалитет, ние Ви препорачуваме целосно црвено вино.Тавче ГравчеВистинско тавче гравче е гравчето сорта тетовец. Оној кој мисли да е доволно да се свари грав, да се додаде запршка и да се потпече во рерна, се лаже.Граче тавче специјалитетот бара посебеноангажирање а ако е добро подготвено е подобро и од школки и печурки. Со тавче гравче препорачуваме бело вино а во случај да се подготвува со суво месо би требало да се пие црвено вино секако.ТараторМакедонски и бугарски кујна, ако ништо друго имаат заедничко Tarator, ладна супа или салата од краставица течноста со додавање на пристаниште и bjelog kisle млекото или крем од кои, главно, се лади на жешките летни денови. Скоро ист сад се јаде во Турција, Иран и Албанија. Оваа мезе оди најдобро со бело вино.Турли ТаваTurl-тава е интересна комбинација на јагнешко, пилешко и свинско месо надополнет со модар патлиџан, пиперки, домати и компири. За овој вкусен сад ќе биде 100 минути на комплексни ангажмани. Со овој специјалитет црвени вина кои ги препорачуваат.Шопска салатаПотекло на шопската салата и денес е предмет на дискусии, но една работа е сигурна, салата шопската е неодолив приврзаност кон сите видови на месо спремени во скара. Но едно е сигурно, шопска салата е огромна корист на скара јадења со месо. Лути пиперки, сирење, козјо сирење млади или нешто друго - и сето тоа додека во краставица, само го следат вашиот вкус. Со ова јадење е лесно да се препорача како  розе вино или бело вино.

20

Page 22: Analiza Na Tur Ponuda

9. Други атракции

Денес Македонија претставува ризница на историското наследство. Во

земјата има голем број на историски и култирни споменици: цркви,

манастири, икони, археолошки наоѓалишта, џамии, стари книги и други

артифакти. Првата Словенска азбука и литература ги имаат своите корени

во Македонија. Многу меѓународни настани се одржуваат во Македонија:

Охридско лето, Струшки вечери на поезијата, Балканскиот фестивал на

фолклорни песни и игри, Галичката свадба. Националниот фолклор,

уметност и занаетчиството се сеуште присутни. Народните носии какои и

занаетчиски работилници играат голема улога во зачувувањето на

традицијата.

Сл. 13. археолошки локалитет, Стоби

21

Page 23: Analiza Na Tur Ponuda

Сл. 14. манифестација Струшки вечери на поезијата

10. Заклучок

Посетеноста од туристите многу често не зависи само од туристичките

богатства кои ги имаме. Влијаат и фактори кои не се поврзани со туризмот.

Македонија треба да се стабилизира политички, судствата да бидат втората

власт кои ќе бидат независни, и нема да подлежат на притисоци.

Нерешениот спор за името со јужниот сосед е проблем плус, уште се

чувствуваат историските инсталации кои не задушуваат на секое поле.

Транзицијата која што сеуште трае.

Македонија преку проекти прави обиди за развивање на културниот

туризам. Ние сме посветени на ‘summary construct’ план каде ги

истакнуваме нашите нај топ дестинации, односно Охрид, Скопје. Неможеме

да ги истакнеме другите атракции како што ги истакнуваме овие две, поради

тоа што немаме Министерство за туризам, кое пак неможеме да го

оформиме бидејќи нема доволно приходи за остварување на истиот, исто

како да сакаме да направиме Министерство за риболов-а риби нема.

Повеќето организации се приватни и тие самите прават план за нивна

промоција. За жал во денешно време Македонија за развој на туризмот

може да придонесе на начин со изградба и доизградба на патната

инфраструктура до одредени природни односно материјални богатства.

Даночните обврски да се сведат на минимум, за привлекување на странски

инвеститори. Да се одреди индустриска зона во близина на топ дестинација

и да се понуди на странците ланец хотели под достапни услови, за

зголемување на вработеноста од доменот на туризмот. Треба да се

искористи транзитноста каде сме главен спроводник за влез на туристи и

капитал во една голема држава како Грција. За дополнителен приход на

22

Page 24: Analiza Na Tur Ponuda

државава, можеме да поставиме четврта патарина за искористување на

странските туристи кои протекуваат низ Македонија.

Треба дестинациите да ги направиме лесно достапни и без никаква

дискриминација, од верска и национална припадност. Мотото треба да

гласи ’За сечиј вкус по реална цена’.

11. Користена литература

1. http://www.tourismmacedonia.gov.mk

2. http://mk.wikipedia.org/wiki/Туризам_во_Македонија/

3. http://lovec.mk/lovecmk

4. http://money.mnogoo.mk/mk/articles/Destinacii/alternativen-turizam-vo-makedonija

5. http://volanskopje.blogspot.com/2007/05/blog-post_25.html

6. http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6181423,00.html

7. http://en.wikipedia.org/wiki/Category:Churches_in_the_Republic_of_Macedonia

8. http://old.orcenikolov.edu.mk

23