swedmilk, цените на храната и инфлацијата
Post on 10-Jan-2016
61 Views
Preview:
DESCRIPTION
TRANSCRIPT
Slide 1
04/21/23 1
Swedmilk, цените на храната и инфлацијата
Slide 2
04/21/23 2
Период на промени од 6 месеци
- Производителите на млеко како и целокупната млечна индустрија беа зафатени од еден прилично турбулентен период кој траеше од есента 2007 до пролетта 2008.
- Големи варијации во цените, суровините како и крајните производи.
- Инволвираност на владата – Комитет за мониторинг на цените.
- Значајни промени помеѓу производителите на млеко (фармерите) и млекарниците, како и премин на голем број на фармери од една млекара во друга.
- Развој на оптимистичка иднина во секторот на производители на млеко...
Slide 3
04/21/23 3
Ноември - Декември 2007
Немири во млечниот пазар – зголемување на цените со
забрзано темпо
Slide 4
04/21/23 4
Почеток на 2008год. – незадоволството
расте
Slide 5
04/21/23 5
Владата се инволвира во Фебруари 2008 год.
Slide 6
04/21/23 6
Повторно вклучување на владата во Март 2008 година
Slide 7
04/21/23 7
- Во почетокот на 2008 се зголемува притисокот врз млекарниците; некои производители на млеко водеа тешки битки – пример Идеал Шипка во Јануари 2008
Одредување на цените на суровото млеко во 2008година
Slide 8
04/21/23 8
- Притисокот продолжува и во 2008; Битолска млекара под притисок во април...
Одредување на цените на суровото млеко во 2008
Slide 9
04/21/23 9
Инфлација на цените на млечните производи
- Цените од млечната индустрија кон потрошувачите директно се поврзани со цените од суровото млеко од фармерите.
- Цената на суровото млеко вртоглаво се зголемија есента 2007.
- 15те денари за сурово млеко од средна класа сега се 25 денари, а 20те денари за сурово млеко од висока класа сега се 30 денари.
- Две причини:1. Цените на сточната храна во Р. Македонија, како и цените
на увозната сточна храна, се зголемија во периодот лето – есен 2007 година.
2. Промени во структурата на цените како и во односот помеѓу фармерите и млекарниците.
Slide 10
04/21/23 10
Цените на сточната храна
- Цената на суровото млеко е директно поврзана со цената на сточната храна.
- Кравите се исхрануваат со различни видови на сточна храна, од кои пченката е најчеста. Приближно едно кило пченка се користи за добивање на едно литро млеко.
- Цените на сточната храна драматично се зголемија во периодот лето – есен 2007. Поради високите температури во летниот период жетвата низ цела Европа значително се намали, како и во Р. Македонија. Појава на недостаток од сточна храна. Цените на сточната храна, пченката како само еден пример, се зголемија значително во целиот регион.
- Цената за пченка пред една година, за малите фармери во Р. Македонија се движеше околу 10-12 денари кило. Денеска таа е околу 18-20 денари. - Тоа зголемување го објаснува поголемиот дел од зголемувањето на цената на суровото млеко, но не и на целокупното зголемување.
Slide 11
04/21/23 11
Предходна состојба
- Под „ млечна криза“ млечната индустрија користеше различни методи за да си овозможи предност наспрем фармерите.
- Со тврдења за презаситеност од млеко, цените кон фармерите се одржуваа ниски по вештачки пат, можеби и најниски во Југоисточна Европа.
- Отсуство на долгорочна соработка, како и фактот дека голем број на фармери немаа никакви договори ни безбедност.
- Многу чести задоцнувања на исплатите и честа појава на компензација со сирење наместо пари.
- (Негативни) последици- Исплатените суми беа недоволни да се покријат трошоците за сточна храна и
додатните трошоци – намалување на бројот на телиња по крава.- Исплатените суми беа недоволни за да мотивираат инвестиции во повеќе
крави, фармерите остануваа со „стари“ сорти и малку продуктивни крави. - Општа несигурност и ниски суми , недоволни за инвестиции – опрема за рачно
молзење, лактофризери, отсуство на единици за мешање на сточна храна.- Чекор по чекор квалитетот на суровото млеко опаѓаше со што и цената се
намалуваше. - Дури и ако млекарниците пројавија интерес за експорт (иако повеќето не беа
заинтересирани) квалитетот на суровото млеко не беше доволно добар.
- Песимизам во секторот на производителите на млеко - „ не постои иднина!“- Недоверба помеѓу фармерите и млекарниците.- Злобен негативен круг.....
Slide 12
04/21/23 12
Начинот на Swedmilk- Соработка за развој
- Долгорочна соработка помеѓу фармерите и Swedmilk, договори со времетраење до 5 години.
- Акцент поставен на развој на квантитетот и квалитетот и исплата поврзана со тоа.
- Акцент на достигнување на ЕУ стандардите во секој чекор.
- (Позитивни) последици- Исплатените суми се доволни да се покријат трошоците за квалитетна
сточна храна и додатни трошоци – сега бројот на телиња по крава се зголемува
- Исплатените суми сега се доволни да се мотивираат инвестиции во повеќе крави, особено во нови и подобри сорти. Голем број на фармери планираат увоз на стелни јуници, други пак подготвуваат осеменување со врвни сорти .
- Исплатените суми сега се доволни за мотивирање на инвестиции – сде набавува опрема за рачно молзење, лактофризери, единици за мешање на сточна храна
- Кавлитетот на суровото млеко се подобрува со секој нареден чекор а со тоа и цената.
- Ширење на оптимизам во секторот на производителите на млеко - „сега постои иднина!“ - Меѓусебна доверба помеѓу фармерите и Swedmilk. - Позитивен круг кој влева надеж.
Slide 13
04/21/23 13
Swedmilk ги намалува цените преку намалување на увозот
- Swedmilk има две цели:(1) Замена на увозот(2) Да стане еден од поголемите извозници во регионот
- Само со обезбедување на подобар кавалитет од увозните продукти, Swedmilk ќе може да ги замени производите од Хрватска, Босна, Бугарија, Србија и др. кои денеска се пласираат на македонскиот пазар. Ќе успееме единствено ако го користиме најдоброто македонско млеко.
- Поради врвниот квалитет, Swedmilk неможе да биде најефтин на пазарот. Swedmilk не е присутен во сегментите со низок квалитет.
-Бидејќи сме поефтини во однос на увозниците, Swedmilk ја намалува генералната слика на цените со замена на увозот.
- Доколу Swedmilk успее да стане голем играч во регионот, со користење на најдоброто македонско млеко, за сите инфолвирани во синџирот ќе овозможи конкурентско одредување на цените и на регионално ниво.
Slide 14
04/21/23 14
ВИ БЛАГОДАРАМ!
top related