болести на респираторниот систем весна

Post on 27-Jun-2015

1.730 Views

Category:

Education

9 Downloads

Preview:

Click to see full reader

DESCRIPTION

:)

TRANSCRIPT

Болести на Болести на респираторниот системреспираторниот систем

ТуберкулозаТуберкулоза

Туберкулозата е заразна болест предизвикана од mucobacterium tuberculosis кој ја открил Роберт Кох(1882) и во негова чест уште се нарекува Кохов бацил. Ако не се лекува годишно секој заболен со активна форма на болеста може да зарази 10-15 лица. Ова е болест на сиромашните, најчесто млади во продуктивниот период на животот.

Биолошки особености Биолошки особености на туберкулозната на туберкулозната бактеријабактерија

Бактеријата на ТБЦ е изразито аеробна бактерија, која не може да живее, а посебно да се размножува без доволна количина на кислород. Се размножува главно во живиот организам на човекот и животните или во вештачки средини во кои се створени услови слични како оние кај човекот. Ако во ткивото не се наоѓа кислород и хемиски состојки потребни за живот брзо угинува. Бактериите на туберкулозата се размножуваат многу споро со пречна делба во време од 18-24 часа па и до неколку дена.

Извор на заразатаИзвор на заразата

Најчест извор на зараза е исплувокот од болниот од туберкулоза. Процентот на заразени и степенот на заболени зависи од бројот и количината на бацилите во воздухот и како последно должината на изложеност. Како извор на заразата можат да бидат и секрет од жлездена фистула или заболени коски и зглобови, посебно урина, утеро вагинален секрет, а исто така и млекото од крави заболени од туберкулоза на вимето.

Пат на инфекцијаПат на инфекција

Заразата воглавно се остварува преку органите за дишење, со вдишување на ситни капки заразени со туберкулозната бактерија. Кога капките ќе стасаат во бронхиалното стебло, бактериите овде доаѓаат до бројни препреки,и одат во подлабоките делови на бронхиалниот систем. Туберкулозните бактерии, носени од фагоцитите, продираат во мукоцилијарниот слој, до бронхиолите па дури и до самите алвеоли, во кои всушност се остварува заразата.

АстмаАстма

Кај луѓето со Бронхијална астма дишните патишта се осетливи. Кога овие луѓе се изложени на одредени предизвикувачи, нивните дишни патишта се стеснуваат отежнувајќи им го дишењето. Кај астматичарите, дишните патишта се стиснуваат поради тоа што понекогаш има вид алергично воспаление каде што нивната внатрешна слузокожа создава повеќе леплива течност (слуз). Исто така понекогаш мускулот што ги обвиткува дишните патишта се стегнува предизвикувајќи сличен ефект.

ПредизвикувачиПредизвикувачи

* Настинка или грип* Физички вежби* Поленов прав, мувла или трева* Влакна од животни* Прашина* Чад* Промени во температурата на воздухот* Одредени лекови на пр., аспирин* Хемикалии или парфеми* Храна со конзерванси, бои или средства за подобрување на вкусот* Некои емоции на пр. стрес

Добивање астмаДобивање астма

Причините што предизвикуваат да се појави астма не се знаат потполно, меѓутоа, кај оние со астма често во семејството постои историја на астма или алергија. Астмата може да се појави на било која возраст. Кај децата, чии мајки пушат за време на бременоста и децата кои, во раното детство, се изложени на чад од цигари, ризикот да добијат астма е поголем. Исто така човек кој живее во голем градови со загаден воздух може да добие астма.

Главни знаци на Главни знаци на астматаастмата

*Рапав, пискав звук или свирење при дишењето

*Стегање во градите

*Задишеност

*Кашлање

top related