„ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект...

32
ноември - декември 2012 godina VII, broj 49 весник на општина аеродром бесплатен примерок ОПШТИНА АЕРОДРОМ ИЗДАДЕ „ОТЧЕТ 2009-2012“ СТР. 3 „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! СТР. 4 - 5 РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ГОРНО-ДОЛНО ЛИСИЧЕ СТР. 8

Upload: others

Post on 11-Jul-2020

33 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ноем

ври

- де

кем

ври

2012

go

di

na

VII,

br

oj 4

9

весник на општина аеродром

бесплатен примерок

ОПШТИНА АЕРОДРОМИЗДАДЕ „ОТЧЕТ 2009-2012“СТР. 3

„ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ!СТР. 4 - 5

РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗАРЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТГОРНО-ДОЛНО ЛИСИЧЕСТР. 8

Page 2: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

стр. 3 ............. стрип

стр. 4 - 15 ...... активности

стр. 16 - 17 .... ѕид на фотографии

стр. 18 - 19 .... образование

стр. 20 ........... 3Д анимиран филм

стр. 22 - 23 .... игри без граници

стр. 24 - 25 .... здравје

стр. 26 - 27 .... живот

стр. 28 - 29 .... спорт

стр. 30 ........... писма

стр. 31 ........... хороскоп

Првиот број на весникот „Аеродром“излезе во јуни 2006 година

Весникот излегува како двомесечник

Редакција м-р Маја МАНЧЕВСКАМилена СТЕФАНОВСКАИвана ЈОВАНОВИЌ-АЦКОВСКА

уредува Одделение за односи со јавноста и меѓународна соработка

лектор Билјана КОЧОСКА-ТОДОРОВСКА

техничка Дарко ДОНЕВСКИподдршка Ненад СТОЈАНКИЌ

уредувачки Синиша Стојановскисовет Ивана Јаргиќ

Мелина Голубовска

издава Општина Аеродромградоначалник Ивица Коневски

печати Европа 92 – Кочанитираж 26.000 примероци

телефон: 2401 516факс: 2401 546e-mail: [email protected]: www.aerodrom.gov.mkадреса: Венијамин

Мачуковски 6, 1000 Скопје

AAERODROMERODROM

ISO 9001:2008

СОДРЖИНА

Page 3: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТУЕЛНО

noemvri - dekemvri 2012 3

На 21.10.2012 година во просториите наОпштина Аеродром, градоначалникотИвица Коневски го промовираше Отче-

тот за сработеното во периодот од 2009 до2012 година.

„Во Отчетот се пре-тставени над 90% реализи-рани проекти предвидениво предиз-борната про-грама, но и огромен бројдруги проекти што не беавлезени во неа“, изјави гра-доначалникот Коневски.

На 64 страници сепретставени позначајнитереализирани проекти.

Меѓу поважнитепроекти се донесување на25 детални урбанистичкипланови, целосна изградбана канализациската мрежаи препумпната станица воГорно и Долно Лисиче, ас-фалтирање и реконструк-ција на голем број улици водолжина од 40 километри,изградба на над 2.000 новипаркинг-места, изградбатана 7 нови тематски па-ркови, целосна реконструк-ција на основните училишта и детскитеградинки, изградба на голем број спортскиобјекти, како и детски игралишта, поставу-вање урбана опрема, нови фонтани, поставу-вање на автоматски систем за наводнувањена зеленилото, а во тек е и изградба на новоосновно училиште и детска градинка.

„Сите овие, како и другите проекти штоне ги спомeнав, а се опфатени во Отчетот,придонесоа Аеродром да стане поубавоместо за живеење. Преку овој Отчет сакавме

граѓаните да добијатувид во нашата работа ина тој начин да ја оправ-даме титулата што ја до-бивме пред две години,најтранспарентна оп-штина во градот Скопје“,додаде градоначалникотКоневски.

Отчетот се дистри-буира до секое се-мејство во општината зажителите да можат ди-ректно да го видат ре-зултатот од речисичетиригодишното рабо-тење, откако Ивица Ко-невски е на чело наОпштина Аеродром.

Инаку, на промо-цијата присуствуваше ипретседателот на Сове-тот на Општина Аеро-дром, ВикторКамилоски, кој изјавидека членовите на Сове-

тот, како законодавно тело на локално ниво,на своите 70 седници што досега ги одржа,донесе стотици одлуки.

„Тие одлуки имаат исклучителна важ-ност за исполнување на визијата, политикитеи програмите на градоначалникот“, рече Ка-милоски.

ОПШТИНА АЕРОДРОМ ИЗДАДЕ„ОТЧЕТ 2009-2012“

Стрип: Влатко

Page 4: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

„ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНОУчествувајте во проектот на Општина Аеродром на фејсбук!

Гласајте за своето училиште!

Page 5: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

О УЧИЛИШТЕ!

Општина Аеродром спроведувапроект за избор на најпопуларноучилиште на нејзина територија,

кој треба да се реализира во соработкасо основните училишта и општинскатафан страница.

За таа цел се подготви фејсбук ап-ликација „најпопуларно училиште во Оп-штина Аеродром“ која ќе трае еденмесец, односно од 10.11.2012 година до10.12.2012 година.

Училиштето чијашто фотографијаили видео со најмногу „лајкови“ ќе бидепобедник. Во победничкото училиште ќесе организира мини прослава, а сликитеи видео-снимките од настанот ќе бидат

споделени на фејсбук страницата на Оп-штина Аеродром.

Затоа е потребно на фан страни-цата на Општина Аеродром да се кликне„лајк“ за она училиште за кое сметатедека е најинтересно од понудените фото-графии и видео-снимки, како на пример,фудбалски тим, хор, географска секција,еко-тим, музички бенд и слично.

Целта на апликацијата „Најпопу-ларното училиште од Општина Аеро-дром” е да се насочат младите какоправилно да се користат социјалните ин-тернет мрежи, како и да се поттикнат фа-новите да го одберат најпопуларнотоучилиште од Општина Аеродром.

ЗА НАЈПОПУЛАРНО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕСЕ НАТПРЕВАРУВААТ:

„Димитар Македонски“„Љубен Лапе“„Блаже Конески“„Браќа Миладиновци“„Ѓорѓија Пулевски“„Лазо Ангеловски“„Гоце Делчев“

Page 6: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

noemvri - dekemvri 20126

Деновиве завршија актив-ностите околу обновува-њето на улицата „Димитар

Благоев“ во населбата Лисиче. Улицата се асфалтираше

во должина од околу 380 метрии широчина од околу 6 метри.Во обновувањето е опфатен илевиот тротоар каде што се из-врши замена на рабниците сонови, а на површината на тро-тоарот се поставуваат бекатонплочки. Широчината на трото-арот изнесува околу 2 метри.

За реконструкција на ули-цата се издвоени околу 6,5 ми-лиони денари од Буџетот наОпштина Аеродром.

Градежните работи ги из-веде фирмата „Урбан инвест“.

АСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА „ДИМИТАРБЛАГОЕВ“ ВО НАСЕЛБА ЛИСИЧЕ

ОБНОВЕНИ ПАРКИНЗИТЕ ВО ОСТРОВО

Во текот на ок-томври беа об-н о в е н и

постојните сервисниулици во населбатаОстрово.

При тоа беа ас-фалтирани пет по-стојни паркинзи меѓузградите 4, 6, 8, 12 и14 на улицата „Влади-мир Комаров“, а ис-товремено сезаменија и старитерабници со нови.

Средствата зареализација на овојпроект во висина одоколу 4,2 милиони де-нари се издвоени одБуџетот на ОпштинаАеродром.

Page 7: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

noemvri - dekemvri 2012 7

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА ФЕКАЛНИОТКОЛЕКТОР ВО ГОРНО ЛИСИЧЕ

На 4.10.2012 година во близина на ре-сторанот „Мирко“ во населбатаГорно Лисиче, официјално се пушти

во употреба новиот фекален колектор којќе ги прифаќа фекалните отпадни води одцелата oпштина.

„Општина Аеродром максималноработи на из-градба на секун-д а р н а т афекална мрежа,која се врзуваза овој колек-тор, а истовре-мено работи наасфалтирањена сите при-стапни улици воГорно и ДолноЛисиче“, изјавиградоначални-кот Коневски,додавајќи декасе очекува докрајот на ок-томври да се из-градат 80 отстоод инфраструк-турата од фе-к а л н а т аканализација, аостатокот ќе сереализира подонесувањетона ГУП-от, одно-сно во почето-кот на 2013година.

И з г р а д -бата на фекал-ниот колекторзначи дека жи-телите во ГорноЛисиче ќе добијат комплетно нова кана-лизација, со асфалтирани пристапниулици. Овој е еден од најголемите проективо Град Скопје кој опфаќа изградба на фе-кална канализација во должина од над 25километри и истовремено асфалтирање

на сите пристапни улици во должина одповеќе од 25 километри. Целокупниотпроект за фекална канализација заедносо изградбата на препумпната станица иколекторите чини повеќе од 6 милиониевра.

Со изградбата на новиот фекаленколектор водолжина од 2километри ,се опфаќапримарната исекундарнатаф е к а л н амрежа нау л и ц и т е„Ѓорѓи Кап-чев“, „ТодорЧангов“, „Бо-г о м и л с к иПоход“ и„Гаврил Кон-стантиновиќ“.

На офи-ц и ј а л н о т опуштање воупотреба нановиот колек-тор прису-ствуваше иградоначал-никот на ГрадСкопје, КоцеТрајановски,како и дирек-торот на ЈП„Водовод ик а н а л и з а -ција“, СтојанСрбиновски.

Глав-ниот фекаленколектор чија

изградба траеше околу една година и којсе градеше во две фази, опфаќа внатре-шен дијаметар од 1.000 милиметри и ши-рочина на цевка ФИ 800. За изградбата наколекторот се издвоени околу 2 милиониевра од Буџетот на Град Скопје.

Овој е еден од најголемите проекти воГрад Скопје кој опфаќа изградба на

фекална канализација во должина од над 25 километри и истовремено

асфалтирање на сите пристапни улициво должина од повеќе од 25 километри

Целокупниот проект за фекална канализација заедно со изградбата на препумпната станица и колекторите чини повеќе од 6 милиони евра

Page 8: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

noemvri - dekemvri 20128

РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАНА ПАТОТ ГОРНО-ДОЛНО ЛИСИЧЕ

На 28.10.2012 година во Општина Аеро-дром се одржа прес-конференција, накоја градоначалникот на Општина

Аеродром, Ивица Коневски соопшти дека епуштен тендер зареконструкцијана патот Горно-Долно Лисиче.

С т а н у в азбор за капита-лен проект кој сереализира во со-работка со Аген-цијата задржавни па-тишта.

Должинатана патот од Горнодо Долно Лисичеизнесува 3,6 ки-лометри, а широ-чината ќе биде од4 до 5 метри.

Според планираната динамика и про-цедурата за избор на најповолна понуда зареализација на проектот, се предвидува из-градбата на патот да почне во март 2013 го-дина.

„Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно и Долно Лисиче,бидејќи со изградбата на овој со години ош-тетен и тесен пат, ќе им се овозможи побрза

и побезбеднасообраќајна ко-муникација содругите деловиод општината ицентарот наградот“, изјавиградоначални-кот Коневски.Директорот наАгенцијата задржавни па-тишта, ЉупчоГе о р г и е вс к и ,пак ги поканиг р а д е ж н и т ефирми да сејават на тенде-рот за избор на

изведувачи на проектот, кој согласно влади-ната програма за поттикнување и подобру-вање на локалната инфраструктура, гофинансира Европската банка за обнова иразвој.

Пред зградата на Општина Аеродром на1.11.2012 година Управата за јавни при-ходи (УЈП) постави „Мобилни даночни

шалтери“ преку кои даночните услуги ќе седоближат до даночните обврзници.

Преку опремено комбе како даночнаканцеларија, граѓаните и фирмите без да гонапуштат своето место на живеење/седиште,имаа можност да ги добијат сите даночни ус-луги и информации, поточно да ги доставатсите видови даночни пријави и да ги подигнатсите документи што ги издава УЈП.

Целта на оваа активност на УЈП е дасе овозможи достапност на услугите, како ида се зголеми ефикасноста и ефективностана мобилните даночни шалтери и на тој начинда се задоволат потребите на граѓаните и

п р а в н и т есубјекти.

И с т отака, вове-д у в а њ е т она „Моби-лен даноченшалтер“ eуште еден чекор кон олеснување на даноч-ната процедура, заштеда на време и трошоциза исполнување на даночните обврски инајважно, обезбедување брз и лесен пристапдо даночните услуги за граѓаните. За актив-ностите на на УЈП граѓаните можат да се ин-фомираат на веб страницатаwww.ujp.gov.mk или преку Инфо центарот0800 33 000.

МОБИЛНИ ДАНОЧНИ ШАЛТЕРИ ПРЕД ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Page 9: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

noemvri - dekemvri 2012 9

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОНЕВСКИГИ ПРЕЧЕКА УЛТРА МАРАТОНЦИТЕ ШТО

ТРЧАА ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

На 15.10.2012 година на детската улицаТоше Проески во Ново Лисиче градона-чалникот на Општина Аеродром, Ивица

Коневски, во присуство на голем број граѓани,ги пречека 16-те маратонци кои трчаа во честна музичката легенда Тоше Проески на тра-

диционалниот5-ти Ултрама-ратон.

М а р а т о н -ците, кои трчааод Нова Гра-д и ш к а ,Хрватска, ме-стото каде тра-гично загинаТоше, на гра-доначалникотКоневски мудоделија бла-годарница заособен придо-нес и под-дршка на

Меѓународната фондација „Тоше Проески“,која всушност го организира овој традициона-лен ултрамаратон.

Од местото каде што е поставена фон-таната со ликот на македонската ѕвезда вопаркот кој го носи неговото име маратонотпродолжи кон родното место на Тоше, Кру-шево.

Пејачот со ангелски глас и голем хума-нитарец, Тоше Проески, на 16-ти октомври во2007 година, на 26 годишна возраст, го загубиживотот во сообраќајна несреќа во Нова Гра-дишка, Хрватска.

На неколку детски фестивали Тоше гиоствари своите први настапи, а блескаватакариера ја започна на фестивалот „Мелфест„во 1997 година. Истата година имаше и забе-лежителен настап како дебитант на фестива-лот „Макфест“, по што веќе беше јасно дека еродена новата ѕвезда во македонската му-зика.

Со песната „Ангел си ти“, во 2004-та го-дина, тој достојно ја претстави Македонија наизборот за песна на Евровизија.

Page 10: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

Заврши турнирот во мал фудбал

„ТИКВИЧКА“ ГО ОСВОИ

Page 11: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

На 6.10.2012 година, во Спортскиот цен-тар во Ново Лисиче се одржа финал-ниот натпревар во мал фудбал „Скопје

2012“ што го организираа Општина Аеродроми Град Скопје.

Првото место го освои екипата на игро-теката „Тиквичка“ со разлика од еден бод (2:1)против екипата на „Илинден П“, кои го освоијавторото место, додека третото место му при-падна на екипата на „СУК Импекс“.

По завршувањето на натпреварите,градоначалниците на Општина Аеродром ина Град Скопје, Ивица Коневски и КоцеТрајановски на победниците им ги доделијанаградите.

На екипата што освои прво место имбеа доделени 180.000 денари, 70.000 денаридоби „Илинден П“, додека 30.000 денари седоделија на третото место.

Парична награда во висина од 100евра добија и Владимир Мојсовски од тимотна „Тиквичка“ за најдобар стрелец, ЕлдинПрелјевиќ од екипата на „Илинден П“ занајдобар голман, како и Кирче Крстевски одистиот тим, кој беше прогласен за најдобариграч.

Инаку, со оглед на успешноста на тур-нирот во мал фудбал кој траеше еден месеци во кој учествуваа 47 екипи, се очекува декаќе стане традиционален.

И ПРВОТО МЕСТО

Page 12: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

noemvri - dekemvri 201212

СТАРТУВАА ОБУКИТЕ ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИ,УСПЕШНИ И МОДЕРНИ ЖЕНИ

ЛИДЕРИТЕ ПРЕТПРИЕМНИЦИ СПОДЕЛУВААТПОЗИТИВНИ ИСКУСТВА И ПРАКТИКИ

ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со исполнувањена условите на Регионалниот центарза земјите

од Југоисточна Ев-ропа (SEECEL) соседиште во Репуб-лика Хрватскастана едно од че-тирите пилот учи-лишта воРепублика Македо-нија вклучени вопроектот „Прет-приемничко учењево основното обра-зование".

При импле-ментација на прет-приемничкото учење ОУ „Ѓорѓија Пулевски“како училиште лидер, на 12.10.2012 година во

ОУ„Браќа Миладиновци“ ги пренесе иску-ствата и придобивките од проектот, со цел

поттикнување напретприемничкиотдух и кај другитеученици од Оп-штина Аеродром,како и доближу-вање на образов-ниот систем коневропските стан-дарди на образо-вание.

Презентацииза „Претприем-ничко учење воосновното образо-вание" ќе бидат

извршени и во другите основни училишта воОпштина Аеродром.

Линкакрос во соработка со ОпштинаАеродром организира нов циклус наобуки за женско претприемништво. Овој

пат, обукитесе наменетиза сите вра-ботени и не-в р а б о т е н идевојки ижени, како ижени коиштосакаат да гон а д г р а д а тсвоето зна-ење, да за-п о ч н а тсопствен биз-нис и да ста-нат успешни им о д е р н ижени.

Преку обуките жените ќе се обучат дабидат успешни претприемачки, ќе се едуци-раат како да го развијат сопствениот бизнис

и како да напредуваат во компанијата во којаработат.

Партиципацијата за една обука e сим-болична ичини 250 де-нари, а циклу-сот опфаќа 6обуки коиштоќе се изведу-ваат во ос-н о в н и т еу ч и л и ш т а„Блаже Коне-ски’ и „ЛазоАнгеловски“.За успешнозавршенатаобука канди-датите доби-в а а тсертификат.

Повеќе детали за следење на обукитеможе да се добијат од сајтот на Линкакрос:www.linkacross.org.мк

ОУ „Ѓорѓија Пулевски“

Жените покажаа голем интерес занадградба на своето знаење

Page 13: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

noemvri - dekemvri 2012 13

На26.10.2012година во

ОУ „Љубен Лапе“се одржа третатаод вкупно пет ра-ботни средби ворамки на проек-тот „Форуми возаедницата“, накоја граѓаните наОпштина Аеро-дром ги разгледу-ваа програмитеза развој на обра-зованието и програмата за социјална заштитана Општина Аеродром.

По разгледувањето на програмите гра-ѓаните даваа предлози за подобрување на об-разованието и социјалната заштита, коиштово наредниот период работната група де-тално ќе ги разгледа и ќе одлучи дали имаможност да бидат предвидени во постојнитепрограми или пак, да се предвидат средства

во Буџетот на Оп-штина Аеродромза нивна реализа-ција.

На претход-ната, пак, втораработна средба,граѓаните на Оп-штина Аеродромизбраа пет прио-ритетни програмиза финансирањеод областа на об-разованието, со-ц и ј а л н а т а

заштита, енергетската ефикасност, животнатасредина и локалниот економски развој, за коитреба да се разгледуваат предлози.

Инаку, вкупниот буџет, кој е наменет заовој форум, кој се очекува да заврши докрајот на годинава, изнесува 4,8 милиони де-нари, средства кои по половина ги издвоијаОпштина Аеродром и Швајцарската агенцијаза развој и соработка.

ИЗБРАНИ ПЕТ ПРИОРИТЕТНИ ПРОГРАМИЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ

Продолжува проектот „Форуми во заедницата“

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД МОЛДАВИЈА ЈАПОСЕТИ ОПШТИНА АЕРОДРОМ

На 30.10.2012 година делегација одМолдавија ја посети ОпштинаАеродром со цел да се инфор-

мира за работењето на општината.Делегацијата од Молдавија, која

беше составена од експерти од раз-лични области кои дејствуваат во ло-калната самоуправа, разменија искуствасо раководителите на секторите и одде-ленијата во Општина Аеродром.

Најголем интерес делегацијатапокажа за територијалната поделба налокалната самоуправа, како и за инге-ренциите кои ги има општината во обла-ста на образованието, социјалнатазаштита и начинот на кој се донесува бу-џетот на Општина Аеродром.

Page 14: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

noemvri - dekemvri 201214

ВЕЖБАЈТЕ ЗАБАВНО ИЧЕКОРЕТЕ ИСПРАВЕНО!

ПОСТАВЕНИ НОВИ ШТЕДЛИВИ ЧЕШМИ

На 30.10.2012 година во градинката„Срничка“ се одржа двочасовна рабо-тилница за превенција и корекција на

рамно стапало кај децата.Предавањата и советите за време на

работилницата на која присуствуваа големброј родители и вработени во градинките воОпштина Аеродром, ги држеа стручни лица,д-р Толе Битовски физијатар во поликлини-

к а т а„ Ј а н еСандан-ски“ и д-рБ и л ј а н аЗ д р а в -к о в с к аТрајановаод „Меди-кус хелп“.

Покрајпредава-њата де-ч и њ а т ана заба-вен начини з в е д у -ваа прак-т и ч н ивежби наортопет-

ски помагала наменети за превенција и ко-рекција на рамни стапала.

Целта на оваа работилница е родите-лите и воспитувачите да се запознаат со пре-вентивните мерки и видовите ортопедскипомагала за корекција и превенција на рам-ните стапала кај децата, каде што преку за-бава и игра децата ќе зачекорат низ живототисправено и сигурно.

Работилница за превенција од рамно стапало во градинката „Срничка“

Во ОУ „Гоце Делчев“ неодамна се от-странија застарените санитарни арма-тури и беа поставени нови чешми со

самозатворање, кои штедат вода.Со поставување на новите чешми учи-

лиштето доби поубав естетски изглед, а уче-ниците и вработените во училиштето веќестекнуваат навики за рационално користењена водата.

Новите чешми се дел од проектот „Се-која капка вода е важна“, преку кој се вове-дува еколошка едукација во македонскиотобразовен систем.

Page 15: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

noemvri - dekemvri 2012 15

Почнувајќи од 3.11.2012 година терми-ните за бесплатен тенис се прилагодијана есенските услови.Граѓаните

можат бес-платно да ги ко-ристат четиритетениски теренипокрај кејот нареката Вардарсекоја сабота инедела во пе-риод од 10:00 до14:00 часот.Еден термин, којтрае по еденчас, можат да гокористат двајцаили четворицаза „дабл“ игра.

Граѓаните кои бесплатно ги користаттениските терени, треба да си носат соп-ствена опрема, а можат и да изнајмат рекви-зити за играње тенис по цена од 50 денари заеден рекет. Исто така, граѓаните кои ги кори-стат тениските игралишта со себе треба даносат соодветни обувки за да не се уништуватеренот, како и документ за лична идентифи-кација.

Инаку, граѓаните кои се заинтереси-рани за користење бесплатни термини на те-

ниските игралишта можат да се пријават наопштинската електронска пошта: [email protected] и да остават

податоци заиме, презимеи телефон зак о н т а к т ,името и пре-зимето на ли-цето, односнолицата со коиќе го користатт е р м и н о т ,како и терми-нот за кој сезаинтереси-рани.Граѓаните се

избираат попринципот - кој прв ќе закаже термин за бес-платно користење на тениското игралиште итоа од понеделник од 08:30 часот до петок до10:00 часот за претстојниот викенд, по што наопштинската интернет страница www.aero-drom.gov.mk секој петок во 10:00 часот сеобјавува неделна листа на корисници. Истиотпринцип на пријавување важи за секој наре-ден викенд.

Бесплатните термини за тенис можатда ги користат само жителите на ОпштинаАеродром.

НОВИ ТЕРМИНИ ЗА БЕСПЛАТЕНТЕНИС ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

КАМПАЊА „ХАРТИЕНИ КЕСИ ЗА ПОЧИСТА ИДНИНА“

По повод Светскиот ден на акција на еко-училишта и еко - градинки (7.11.2012 го-дина) ЈУДГ „Буба Мара“ спроведува

еколошка кампања „Хартиени кеси за почистаиднина“.

Акцијата ќе се спроведе на пазарите натериторија на Општина Аеродром, поточнозад ТЦ „Бисер“ и во ТЦ „Лисиче“ во период од10:00 до 12:00 часот.

Инаку, денот на акцијата го организира

Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ) намеѓународно ниво за сите училишта и гра-динки што ја спроведуваат програмата Еко -училиште и Еко - градинка.

Програмата еко-училиште/еко-градинка е интернационална програма наФЕЕ која се спроведува во 52 земји од целиотсвет. Таа е насочена кон менаџирање на вос-питно-образовните институции на начин којне и наштетува на животната средина.

Еколошка акција во ЈУДГ „Буба Мара“

Page 16: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

Драги читатели, Општина Аеродром од неодамна Ви нуди

можност на овие страници од весникот да гопокажете својот креативен дух претворен воВаши фотографии. Токму овој простор одвесникот е посветен на сите тие што сакаат иумеат да фотографираат или, пак, поседу-ваат прекрасни фотографии.

Старите фотографии од Општина Аеродром ќе бидат објавени со посебно задоволство!

Прифатливи се фотографиите со кои ќе јапретставите Општина Аеродром, природа,пејзажи, фотографии од Вас сликани во неа,од Вашите најслатки, најоткачени и најсреќнидеца, миленичиња, оние кои Ви ја смеат ду-шата, едноставно, сè што мислите дека е ин-тересно и заслужува место во овој весник.

Фотографиите можете да ги испраќате на електронската адреса на весникот: [email protected]

ЅИД НА КРЕАТИВНИ ФОТОГРАФИИ

ЗАДОЛЖИТЕЛНО!Покрај фотографијата, треба да се наведенасловот, локацијата и името на авторот.

графит во аеродром (Ксенија Тодорова)

полна месечина во општина аеродром(Маја)

роденденска торта(Баже Новковски)

фонтана „Тоше Проески“(Дaрко Цветковски)

Page 17: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

був(Мики Поповиќ)

патки(Толе Битовски)

изгрејсонце над Ново Лисиче(Росана Божиновска и Симона Боцевска)

зраци низ облаците(Даниел Стефановски)

виножито над мичурин(Сандра Настовска)

Page 18: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ОБРАЗОВАНИЕ

noemvri - dekemvri 201218

ОУ „ЉУБЕН ЛАПЕ“ ЈА ОДБЕЛЕЖА 26-ГОДИШНИНАТА

ДРУЖЕЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ И НАСТАВНИЦИТЕВО ОУ „ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ“

Учениците од ОУ„Ѓорѓија Пулев-ски“ преку му-

зика, литературни иликовни творби го од-бележаа 5-ти ок-томври – Светскиотден на учителите.

На одбележу-вањето покрај голе-миот број ученици,

присуствуваа и на-ставниците и рако-водниот кадар научилиштето, кои седружеа и се забаву-ваа, додека дел одучениците на ѕидотво училишниот холпишува најразличнипораки за своите на-ставнички.

Со богата културно – уметничка про-грама во холот на ОУ „Љубен Лапе“ на17.10.2012 година, се одбележа 26–го-

дишнината од постоењето на училиштето.На роденденската прослава, учени-

ците од одделенска и предметна настава из-ведуваа најразлични музички точки, хорски иоркестарски изведби, а се читаа и рециталии драмски литературни творби.

Инаку, по повод патронатот на училиш-тето, се спроведоа повеќе активности и тоа,квиз-натпревар под мотото „Моето училиште",ден на таленти, каде што учествуваа ученици- таленти во најразлични области, спортскиден – меѓуучилиштен натпревар во кошарка,како и литературен и ликовен конкурс на тема„Училиште мое, со тебе се гордееме и те по-читуваме".

По повод Светскиот ден на учителите

Со богата културно – уметничка про-грама во холот на ОУ „Лазо Ангеловски“на 1.11.2012 година се одбележа 24–го-

дишнината од постоењето на училиштето.На роденденската прослава учениците

од одделенска и предметна настава под мо-тото „Нашето училиште чекори европски“ из-ведуваа најразлични музички точки, хорски иоркестарски изведби, а се читаа и творбитекои победија на конкурсот за литературноточитање кој се организираше во рамки на од-бележувањето на патронатот на училиштето.

На прославата покрај претставницитеод Општина Аеродром, присуствуваа и големброј ученици, родители и наставници.

ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ГО ПРОСЛАВИ 24-ОТ РОДЕНДЕН

Page 19: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ОБРАЗОВАНИЕ

19noemvri - dekemvri 2012

По повод Недела на детето, на 5.10.2012година градинката „Срничка“, во дворотна објектот „Изворче“, организираше

хуманитарна акција за децата од СОС Детскосело. Преку најразлични „Игри без граници“децата меѓусебно се запознаваа, другарувааи се натпреваруваа, а дечињата од градин-ката „Срничка“ на своите другарчиња од Дет-ското село им подготвија и пакети со играчки,храна и облека.

Исто така, во ОУ „Љубен Лапе“ преку

бројни активности се одбележаа деновите надетската недела. Првачињата заедно сосвоите родители и наставнички спроведоа ра-ботилница на тема „Јаболко“, а училишнатазаедница изработи дрво на детски желби ипораки.

Исто така, учениците ликовно и лите-ратурно твореа на теми „Јас и моето дру-гарче“, „Јас и моето семејство“, како и „Јас имојот наставник“, а се читаа и литературни

творби посветени на учителот.

ДРВО НА ДЕТСКИ ЖЕЛБИ И ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ

Учениците од ОУ„Гоце Делчев“ по повод11-ти Октомври во дворот на црквата„Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче,

одржаа приредба на која беа изведени лите-ратурни и драмски точки, а беше отворена и

ликовна колонија.Целта на организираната приредба

беше дружење и зближување со другите учи-лишта од општината, како и со децата од Оп-штина Кисела Вода и СОС Детско село.

ОДБЕЛЕЖАН 11-ТИ ОКТОМВРИ ВО ОУ„ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

По повод Недела на детето

Page 20: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ЗАБАВА

noemvri - dekemvri 201220

Добре дојдовте во„Хотелот Тран-силванија“ - рас-

кошниот дворец нагрофот Дракулакаде што чудо-вишта и нивнитесемејства сло-бодно живеат, безда бидат мачени ивознемирувани одстрана на луѓето.

Еден посе-бен викенд Дра-кула ги поканувасвоите пријатели,најпознатите чудо-вишта во светот, да гопрослават 118-от ро-денден на неговатаќерка Мејвис. Меѓупријателите се Фран-кенштајн и неговатасопруга, Мумијата, не-видливиот човек, семејствотона Врколаците и многу други.

Гостопримството наДракула за овие легендарничудовишта не претставува ни-каков проблем. Неговиотстрав почнува кога еден човекза првпат ќе се сопне предовој хотел и ќе ја забележи сјајната убавинана Мејвис.

„Хотел Трансилванија“ е навистина ин-тересен филм кој нуди скриен хумор и мо-

менти со многу смеење, асодржи и неколку од-лични пораки особено заоние со предрасуди, како

и шеги наменетиза возрасните идецата.

М е ѓ у т о а ,главната поракана филмот е декаомразата противоние личности коине знаат сè е со-сема погрешна.Потребно е првода ја запознаемесопствената лич-

ност пред да одлучимедали некој е добар илине. Сепак, секој заслу-жува да си го живее жи-вотот на свој начин.

„Хотел Трансилва-нија“ има едноставен

концепт: класични чудовиштакои престојуваат во хотел вокој луѓето не се добредојдениод проста причина што тие ќемислат дека овие чудовиштасе големо зло. Но, зад ваквиотконцепт, сепак, се крие уштееден голем факт, а тоа е токму

односот на релација татко – ќерка.Гласовите во филмот ги позајмуваат

познатите Адам Сендлер, Енди Самберг,Кевин Џејмс, Селена Гомез и други.

(Hotel Transylvania) Хотел Трансилванија

Интересен филм кој нуди скриенхумор и моменти со многу

смеење, полн со шеги наменетиза возрасните и за децата

СЕКОЈ ЗАСЛУЖУВА ДА СИ ГОЖИВЕЕ ЖИВОТОТ НА СВОЈ НАЧИН

„Хотелот Трансилванија“ е раскошен дворец на

грофот Дракула каде што чудовишта и нивните

семејства слободно живеат, без да бидат

мачени и вознемирувани од луѓето

Page 21: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ЗАБАВА

noemvri - dekemvri 2012 21

ТРОДИМЕНЗИОНАЛНИ ГРАФИТИ

Покрај класичните ѕидни графитикако неизбежен декор во урбаните средини,некои нови дечки почнаа да изработуваат итродимензионални графити. На сликатадесно е прикажан уште еден пример на тро-димензионален графит изработен на тро-тоар. Инвентивно, нема што!

ВИЦ НА МЕСЕЦОТБицепси

Разговор меѓу интернет зависници:- Абе, како ги направи тие твои бицепси, одиш на фитнес?- Не, туку од сурфање по интернет.- Како тоа, бе?- Си вградив тег од два килограми воглувчето.

НИКОЈ НЕ Е ТОЛКУ ГРД КАКОНА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА,

И НИКОЈ НЕ Е ТОЛКУ УБАВКАКО НА PROFILE PICTURE!

Кога си во неволја чукни на

вратата на својот пријател,

ако не ти ја отвори вратата

ќе ти ги отвори очите.

3 ФАЗИ НА ЖИВОТОТ

Млади: Имаат многу време и многу енер-гија, но немаат пари.

Возрасни: Имаат многу пари и многуенергија, но немаат време.

Постари: Имаат многу време и многупари, но немаат енергија.

НАРАВОУЧЕНИЕ:Искористи го секој момент во твојот

живот, бидејќи животот нема да ти дадесè во еден момент!

Подобро да страдаш од вистината, отколку да бидешнаграден за лага.

[Леонардо да Винчи]

Page 22: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

noemvri - dekemvri 201222

ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ВО ЦЕНТАР „НОВО Л

Во кошаркарскитенатпревари најдобрабеше сината екипа

Во игрите без граници победитимот со жолти дресови

Page 23: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

АКТИВНОСТИ

23noemvri - dekemvri 2012

На 28.10.2012 година во Спорт-скиот центар „Ново Лисиче“под мотото „Големи и мали,

спортот нè зближува“ се одржаспортска манифестација, поточнокошаркарски натпревари и игрибез граници.

Во игрите без граници уче-ствуваа ученици од седумте ос-новни училишта во ОпштинаАеродром, поделени во четирикомбинирани екипи во различнибои (жолта, црвена, бела и сина).Екипите беа составени со ученициод четврто, петто и шесто одделе-ние од секое училиште.

Игрите без граници опфа-тија натпревари протнување подгреда, игри со хулахоп, игри сотопки, скокање на душек и другиактивности. Во игрите без граници

победи тимот со жолти дресови.Исто така, се одржаа и ко-

шаркарски натпревари, во коиучествуваа четири комбиниранитимови во различни бои (жолта,црвена, бела и сина) составени одученици од седмо и од осмо одде-ление од основните училишта воОпштина Аеродром. Најдобрабеше сината екипа.

Без оглед на победниците,сите педесетина ученици кои уче-ствуваа во натпреварите добијапофалница за учество, бидејќицелта на спортските активности,кои ги организира Општина Аеро-дром е да се развие спортскиотдух кај учениците, да се дружат, дасе забавуваат и што е најважно, даспортуваат заедно големи и малиученици од различни училишта.

СПОРТСКИОТИСИЧЕ“

Спортската манифестацијапод мотото „Големи и мали,спортот нè зближува“ опфатикошаркарски натпревари и игри без граници

Page 24: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

noemvri - dekemvri 201224

ЗДРАВЈЕ

Стоматолозите советуваат првата посетакај заболекар да биде со никнувањетона првите запчиња, или со на-

полнувањето на првата година надетето, со цел таа да бидепроследена со пријатно до-живување и убави спо-мени и на тој начин да сеизбегне траумата штонајчесто се јавува припрвата интервенцијана забите.

Првата посетанајчесто трае од 15до 30 минути и се сос-тои од запознавањесо докторот стомато-лог, со стоматолошкатаординација и апаратитекои ни служат за поправкана забите, а воедно и запоз-навање со атмосферата во са-мата ординација.

Во текот на првата посета до-колку детето е помало од 3 години во одре-

дени случаи тоа седнува заедно во скут намајката или таткото на стоматолошката сто-

лица, така што се чувствува поси-гурно и заштитено, но со секоја

наредна посета, откако ќе јаосвоиме довербата на де-

тето тоа со трчање самоси седнува на стол-чето.

По секоја за-вршена посета де-цата ги мотивирамесо по некој подарокили изненадување,при што резулта-тите се неизбежни“,вели д-р Нина Ми-

тева, стоматолог одЗдружението за здрав-

ствена превенција и со-цијална заштита на

граѓаните „Превентус“, коевсушност и ги спроведе преда-

вањата за правилно одржување наоралната хигиена.

Месец на оралното здравје

Во текот на октомври, кој беше прогласенза месец на оралното здравје, во основ-ните училишта во Општина Аеродром се

одржаа едукативни предавања за одржувањена оралната хигиена под мотото „За повеќе на-

смевки“.Но, за посета на заболекар не треба да

се чека месецот на оралното здравје, туку тоатреба да биде редовна практика, и тоа уштеод мали нозе.

ПРВА ПОСЕТА НА СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА- КОГА И ЗОШТО?

ОД МАЛИ КАЈ ЗАБОЛЕКАР „ЗА

Page 25: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

noemvri - dekemvri 2012 25

ЗДРАВЈЕ

Ако родителите и стоматолозите се по-трудат детето да стекне доверба кај за-болекар не само што ќе се избегнефобијата од стоматолог, туку и ќе сеосвојат многу повеќе насмевки

ПОВЕЌЕ НАСМЕВКИ“

Д-р Маријана Атанасова–Ристоска, стома-толог од забната ординација „Дидент“, посо-чува дека при првите посети на децата кајстоматолог, покрај запознавањето идружењето, им се даваат и со-вети на родителите околуисхраната и хигиенатана забите. Според неа„миењето забитреба да почне одизлегувањето напрвите запчиња,со цел да сес п р е ч ипојавата на ка-риес“. Таа,исто така пре-порачува да сесмени четкатаза заби доколкусе појавила ви-русна инфекцијаза да не настанереинфекција.

Освен редов-ното миење заби, затие да се одржат здрави,стоматолозите препорачу-ваат секој да избере свој мати-чен стоматолог и да оди редовно на

контрола на 6 месеци. „Родителите често не се свесни дека

негата на млечните заби е важна, зашто ник-нувањето на трајните заби во сре-

дина со кариес има многупоголема веројатност и тие

побргу да се расипат“,вели д-р Бранислав

Гагоски од Стомато-лошката ординацијаво поликлиниката„Јане Сандански“.

Затоа, за дасе избегне фо-бијата од стома-толог што сејавува порадиинтервенција наболно или оте-чено запче, сепрепорачува ро-

дителите и стома-толозите да се

потрудат детето дастекне доверба и на

тој начин да се победистравот, односно „да се

освојат што е можно повеќенасмевки од нашите најмили“,

како што вели д-р Нина.

ЧЕТКАЊЕ УШТЕ ОД ПОЈАВАТА НА ПРВИТЕ ЗАПЧИЊА

Page 26: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ЖИВОТ

ДЕТСКА ЗАБАВА ВО ИГРОТЕКАТА „КИДС“

Општина Аеродром во соработка соигротеката „КИДС“ и неколку корис-ници на Центарот за асистивна инфор-

матичка технологија „Отворете ги прозорците“на 12.10.2012 година организираа едноча-совна забава за децата од претшколска воз-раст.

На забавата присуствуваа 20-тина де-чиња од градинката „Буба Мара“, објект„Пчелка 2“.

За време на забавата,покрај игрите и содржините што гинуди игротекта „Кидс“, корисницитена Центарот „Отворете ги прозор-ците“ презентираа едукативен софт-вер GCompris со што на дечињата имсе даде можност да играат инте-ресни игри на два компјутери соекран на допир.

Овој настан е дел од со-работката меѓу невладиниот сектори локалната самоуправа со цел да сепромовира асистивната информа-

тичка техно-логија ие д у к а т и в -ниот софт-вер, коипридонесу-ваат за по-квалитетноо б р а з о в а -ние.

Младиот аеродромец Марио Џуговски седокажа како најдобар млад пливач од Ми-чурин со освоени 67 дипломи во пли-

вање. Марио учествувал на повеќе државни нат-

превари во пливање, на новогодишен пливачкии ватерполо куп на Македонија 2010, на Илин-денски пливачки маратон 2011 и др.

Од 67-те дипломи во пливање во дисцип-лините градно, грбно, делфин, слободно и ме-шано пливање што од 2005 година до сега ги имаосвоено, 26 награди се за прво место, 22 вториместа и 19 освоени трети места.

МАРИО ЏУГОВСКИ СО 67 ДИПЛОМИНАЈДОБАР МИЧУРИНЕЦ ВО ПЛИВАЊЕ

noemvri - dekemvri 201226

Page 27: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ЖИВОТ

noemvri - dekemvri 2012 27

„МОЕТО УЧИЛИШТЕ ЧЕКОРИ ЕВРОПСКИ“

На 25.10.2012 годинаво ОУ „Лазо Анге-ловски“ се одржа

литературно читање какодел од активностите ворамки на одбележувањетона 24-годишнината од по-стоењето на училиштето.

Младите поети ододделенска и од пред-метна настава ги читааличните творби напишанина тема „Моето училиштечекори европски“ за коидобија пофалници и дип-ломи.

Прво место од од-деленска настава сосвојата литературнатворба освои Стефан Ко-

чоски од III2 одделение,второ место Тамара Дим-чевска од IV4 одделение итрето место Марија Ко-тевска од III2 одделение.

Од предметна на-става, пак, прво местоосвои Николина Огне-новска од VI3 одделение,второ место Ангела Нико-лоска од VIII1 одделение итрето место Мила Тодо-ровска од VI5 одделение.

На литературноточитање покрај претстав-ници од Општина Аеро-дром, присуствуваа иголем број наставници, ро-дители, баби, дедовци иученици.

ПРОТИВПОЖАРЕН КВИЗ ВО ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“

Општинскиот противпожарен сојуз„Аеродром“ на 14.11.2012 година(среда) со почеток во 17:30 часот во ОУ

„Лазо Ангеловски“ организира квиз натпреварпо противпожарна заштита за учениците од

основните училишта во Општина Аеродром.Овој квиз натпревар, кој годинава се одржувапо 28-ми пат, претставува важен сегмент воразвојот на противпожарната заштита и кул-тура меѓу младата популација во општината.

Литературно читање во ОУ „Лазо Ангеловски“

УТРИНСКИ ОБРОК СО ЛИНО ДЕТСКА ХРАНА

Дечињата од градинката „БубаМара“, објект „Пчелка 1“, нео-дамна имаа утрински оброк

со мечето Лино.По завршување на појадо-

кот, под мотото „Биди и ти линопријател“ децата донираа облека ииграчки за дечињата од семејствасо послаба материјална и со-цијална состојба.

Исто така, во текот на денотдечињата се дружеа и се забавуваасо мечето Лино кое им подарибоенки, а тие му подарија цртежисо неговиот лик.

Page 28: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

„ШТРКОВИТЕ“ ЗАЧЕКОРИЈА СИ„МЗТ Скопје – Аеродром“ во подем

Тодор Гечевски во првите седум оди-грани кола од Јадранската лига е напрвото место во направени блокадиврз противничките играчи. Популар-ниот Тоше настапи на пет од одигра-ните седум кола и има до сега 9блокади или 1,8 по натпревар.

„Прво би сакал да им се заблагодарам науправата на клубот што ме избраа токму менеза тренер. Мене ми е чест да бидам тренер наовој клуб, но свесен сум и за одговорноста штоја носи оваа функција. Можам да ветам декаќе дадам се од себе за сите во клубот да бидатзадоволни. Првите впечатоци ми се одлични,ова е организиран клуб, со фантастични нави-вачи и верувам дека со мали промени можемеда направиме резултат од коишто сите ќебидат задоволни. Имаме доволно време за даподобриме некои работи. Главен проблем настартот на сезоната беше играта против агре-сивна одбрана, тоа е една од оние работи накоишто ќе ставиме акцент, вели новиот тренерАлеш Пипан, кој во досегашната кариера гиима водено репрезентациите на Словенија ина Полска, а на клупско ниво бил тренер наКрка, Задар, Геоплин Слован, Анвил и Лашко.Пипан го наследи Александар Тодоров кој сегаја извршува функцијата - спортски директор наМЗТ Скопје - Аеродром.

Без бодрењето на верните навивачи

„МЗТ Скопје – Аеродром“ не би бил тоа што е!

Page 29: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ГУРНО ВО ЈАДРАНСКАТА ЛИГА

На 29.9.2012 година кошаркарите на„МЗТ Скопје – Аеродром“ официјалного одиграа првиот настап на меѓуна-

родната Јадранска лига против екипата наЦибона во арената „Дражен Петровиќ“ во За-греб.

Резултатот на натпреварот им ги за-твори устите на сите скептици дека „штрко-вите“ не се дораснати за една ваквапрестижна лига и оттогаш во секое наредноколо почнаа изненадувањата за фановите на„МЗТ Скопје – Аеродром“. Покрај сите рас-тежи и падови во текот на секое коло, општ евпечатокот дека „металците“ можат да се

носат со екипи како Крка, Цибона, Олимпија,Будуќност, Цедевита, Партизан, Црвенаѕвезда...

Очигледно 2012-та е среќна и успешнагодина за кошаркарите на „МЗТ Скопје –Аеродром“, секако по освоената шампионскатитула и Куп на Македонија.

Општина Аеродром, која неодамна гозеде под своја капа кошаркарскиот клуб „МЗТСкопје – Аеродром“, ќе продолжи да ги под-држува морално и финансиски домашнитепрваци со цел да ги стимулира да освојат штоповисоко место во Јадранската лига.

М.К.

Американецот Кејд Дејвисе една од светлите точкиво тимот на МЗТ Скопје -Аеродром сезонава

Page 30: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ПИСМА

noemvri - dekemvri 201230

Почитувана Редакцијо!

Сакаме со ова писмо да му се заблагода-риме јавно на градоначалникот на Општина Аеро-дром, господинот Ивица Коневски, за неговатазаложба да ги уважи забелешките по ДУП-от занаселено место Мичурин, поточно станбеназграда 1А на улицата „Анастас Митрев“ парцела442-4,3. Во предлогот на првата верзија од, за наснеразбирливи причини, станбениот објект наме-сто со три влеза, беше проектиран со еден влез.Нашето незадоволство беше големо, бидејќизградата постои од 1949 година, има вонстан-дардни услови поточно се распаѓа, а е прва до но-вата железничка станица. Господинот

градоначалник со својотавторитет и човечкажелба да помогне ја ис-прави грешката на тојшто го проектирал објек-тот и со негова наредбасе врати првобитнатаквадратура на објектот.Затоа сме му благодарни.

Со почит стана-рите од зградата наулица. „Анастас Митрев“1А Скопје

Претставник на станарите Даница Шикова

Почитувани,Во прилог Ви испраќам слика и мојот ре-

волт кон сообраќајната култура. Ги почитувамеправилата, па стриктно возиме по патеката за ве-лосипеди. Но? Очигледно сме спречени. Збору-вам во множина затоа што до мене вози мојотпетгодишен син, а на задното седиште за малидеца на мојот велосипед седи мојата две и пол го-дишна ќерќичка. И што мислите? Што напра-вивме? Дали колата ја заобиколивме, симнувајќисе од патеката на улица или отидовме на патекатаза пешаци.

Со почит,Билјана Митрески

Почитувана г-ѓа Митрески,Ви благодариме за Вашето писмо и го раз-

бираме Вашиот револт. Би сакале да Ви изразиме

благодарност што сеобративте до Оп-штина Аеродром и даВе информирамедека ни претставуваособена чест што нија укажавте Вашатадоверба. Ве известуваме дека по добивањето наВашето писмо, истото веднаш беше препратенодо Одделението за инспекциски работи при Оп-штина Аеродром, од каде ќе побараат сообра-ќајната полиција, која е надлежна за решавање насообраќајните прекршоци, да преземе соодветнимерки. Ние како општина уште еднаш упатувамеапел до граѓаните да не паркираат на велосипед-ските патеки.

Со почит,Општина Аеродром

НЕ ПАРКИРАЈТЕ НА ВЕЛОСИПЕДСКИТЕ ПАТЕКИ!

ИСПРАВЕНА ГРЕШКАТА ВО ДУП-ОТ ЗА МИЧУРИН

Здраво,Ме интересира дали и кога ќе биде пуш-

тена во употреба фитнес-салата во Спортскиотцентар во Ново Лисиче. Има голем интерес за за-членување, бидејќи е доста блиску до нас и би-дејќи нема друга фитнес-сала во Ново Лисиче.

Поздрав,Љупчо Блажески

Почитуван г. Блажески

Фитнес-салата во Спортскиот центар воНово Лисиче во моментов нема да се отвори, би-дејќи на повикот за стопанисување со неа, одно-сно на огласот за јавно надавање немашеинтерес и не се пријави ниту едно правно лице.Фитнес-центарот ќе профункционира доколку имаинтерес на огласот за јавно надавање, кој сепредвидува да се објави повторно.

Со почит,Општина Аеродром

ЗАСЕГА НЕМА ИНТЕРЕС ЗА ФИТНЕС-САЛА ВО СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР

Page 31: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно

ИНФО

noemvri - dekemvri 2012 31

ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Централа 2400 970 Пријавница 2401 511 Контакт со граѓани 2401 555 Локален економски развој 2401 542 Правна служба 2401 556 Човечки ресурси 2401 531 Урбанизам 2401 529 Урбанистички планови 2401 530 Осветлување 2401 533Комунално одделение 2401 532Комунална инспекција 2401 521Градежна инспекција 2401 521 Инспекција за домување 2401 526Финансии 2401 513 Буџет 2401 536 Сметководство 2401 535 Даноци, такси и други приходи 2401 537Јавни набавки 2401 548Образование и култура 2401 517 Информатика 2401 518 Социјална заштита 2401 518Архива 2401 525 Совет на Општина Аеродром 2401 512_________________________________________Итна медицинска помош 194Пожар и елементарни непогоди 193Центар за известување и тревожење 195 Пријавување корупција 0800 10 100 --------------------------------------------------------------Јавно осветлување- ЕВН 3205 000- „Магнус“ 075/423 499- „Електроизградба“ 3063 381- „Код инженеринг“ 2672 196ЈП „Паркови и зеленило“ 2464 272 ЈП „Комунална хигиена“ 3216 644

075/506 090

СЕРВИСНИ ТЕЛЕФОНИ

Градинки- Срничка 2450 849 - Буба Мара 2434 530 Основни училишта- Блаже Конески 2469 746 - Браќа Миладиновци 2460 479 - Ѓорѓија Пулевски 2455 510- Љубен Лапе 2450 220 - Лазо Ангеловски 2430 324 - Димитар Македонски 2440 011 - Гоце Делчев 2438 288 Средни училишта- Владо Тасевски 2464 123 - Димитар Влахов 2464 590 - Марија Кири Склодовски 2452 189Библиотеки- Јане Сандански 520-9192- Кирил Пејчиновиќ 520-8575- Рајко Жинзифов 520-7484

Цркви- Света Тројца 2763 337 - Свети Петар и Павле 2439 722

Полиција 192- ПС Аеродром 2432 362, 3142 408 - ПС Драчево 2763 330, 2794 111 - ПС Кисела Вода 3223 410, 3142 403

Амбуланти- Јане Сандански 2463 277 - Лисиче 2440 810

ЈП „Водовод и канализација“ 2443 1292469 844

Оџачарски услуги 2440 293

4

HOROSKOPHOROSKOP

3

4

5

5

2

4

4

5

5

4

3

3

4

4

5

5

3

5

5

5

5

4

4

5

5

3

4

3

5

2

4

3

5

3

2

Page 32: „ЛАЈКНИ“ ЗА НАЈПОПУЛАРНО УЧИЛИШТЕ! · „Овој проект има исклучително зна-чење за жителите на Горно