01 direktivi vo eu prezentacija 18.03.2015.pdf

41
ПРАВНА РАМКА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ CeProSARD ISO 9001:2008 ISO 14001:2004 18.03.2015 м-р Светлана Петровска

Upload: maja-dimitrovska-jurukovska

Post on 22-Dec-2015

22 views

Category:

Documents


6 download

TRANSCRIPT

ПРАВНА РАМКА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

ВО ЗЕМЈИТЕ ЧЛЕНКИ НА ЕУ

ОБУКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛОРИ

CeProSARD ISO 9001:2008 ISO 14001:2004

18.03.2015 м-р Светлана Петровска

Досегашна пракса

Забрзаниот технолошки

развој во дваесеттиот век го

наруши балансот помеѓу

природата и човекот, при тоа

создавајќи илузија дека со

новите технолошки решенија

може да се контролираат

природните процеси

https://www.youtube.co

m/watch?v=p3ybLvOAg

kM

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 2

Што е енергетска ефикасност

Енергетска ефикасност – низа на мерки кои се

превземаат со цел да се намали потрошувачката

на енергија и притоа да не се наруши комфорот и

условите на живот и работа

Резултат на зголемената енергетска ефикасност при

користење на енергија се значајни заштеди во финансиски

смисол но и брување на квалитет на животна и работна

средина.

Заштеда на енергија – претставува количество

заштедена енергија потврдено со мерење и /или

процена на потрошувачка пред и по спроведена

една или повеќе мерки за подобрување на

енергетската ефикасност

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 3

Зошто енергетска ефикасност?

Заштедата на енергијата ≠

Енергетската ефикасност

Енергетската ефикасност претставува важен дел од

политичките стратегии и мерки за исполнување на

обврските според Протоколот од Кјото и треба да биде

вклучена во секој политички концепт на државите

членки на ЕУ и државите кандидати за членство во

ЕУ.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 4

Енергетска ефикасност кај зградите

Зградите трошат повеќе од

40 % од вкупната

потрошувачка на енергија, а

со тоа вкупната

потрошувачка постојано

расте, мерките за енергетска

ефикасност треба да се

фокусира првенствено на

градежниот сектор .

Новите згради мора да бидат

изградени како ЕЕ објкти /

Треба да се користат ОИЕ

Реновирање на постојните

објекти треба да опфати

преземање на мерки за ЕЕ

Објектите од јавниот сектор –

изградени /реновирани по

принципите на ЕЕ

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 5

Директивите на Европскиот Парламент,

Европскиот Совет,

Европската Комисија

1.1Основни начела и цели на Директивата 2002/91/ЕК

1.2 Основни начела и цели на Директивата 2006/32/EЗ

за енергетска ефикасност и енергетски услуги

1.3. Основните начела и цели на Директивата

2010/31EУ за енергетските карактеристики на

зградите

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 6

Директива 2002/91/ЕК

Донесена е на крајот на

2002година

Усвоена е од Европскиот

парламент

Земјите членки ја

интегрираа Директивата

во нивното законодавство

до 4.01.2006година

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 7

Директива 2002/91/ЕК

Цели, содржина и препораки

Директивата за Е.Карактеристики на зградите

воведува промени во дизајнот и изградбата на

стамбените објекти.

Содржи 17члена и прилози кои вклучуваат општа

рамка за пресметка на ЕК на зградите.

Причина за донесување – потребата за рационално

користење на фосилните горива, намалување на

емисиите на СО2

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 8

Директивата 2002/91/EC воведува пет основни

елементи:

Воспоставување на општа рамка за методологија за

пресметка на енергетските карактеристики на згради;

Примена на минималните барања за енергетска

ефикасност за нови згради;

Примена на минималните барања за енергетска

ефикасност за постоечките објекти, кога има голема

реконструкција ( корисна површина повеќе од

1000m2);

Енергетска сертификација на згради;

Редовна инспекција на котлите и системите за

климатизација во згради.

Директива 2002/91/ЕК

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 9

1.Воспоставување на општа рамка за методологија за

пресметка на енергетските карактеристики на згради

Термални перформанси на надворешноста (обвивката) и

внатрешните структурни делови на зградата;

Системи за греење и топла вода ;

Системи за климатизација ;

Системи за вентилација ;

Инсталирани системи за осветлување ;

Позицијата и ориентацијата на згради, вклучувајќи отворени

климатски услови;

Пасивни соларни системи и уреди за заштита од сонцето ;

Природна вентилација ;

Климатски услови во внатрешноста на зградата

Директива 2002/91/ЕК

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 10

2. и 3. Примена на минималните барања за енергетска

ефикасност за нови згради и при голема реконструкција на

постоечки згради поголеми од 1000 м2 треба да се

имплементира:

Користење на сончеви системи и други системи за производство

на топлина и електрична енергија врз основа на ОИЕ;

Производство на топлина и електрична енергија со когенерација

(комбинирано производство);

Далечински систем на управување или централно греење и

ладење;

Топлински пумпи;

Искористување на природна светлина .

Директива 2002/91/ЕК

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 11

4.Енергетска сертификација на згради;

Директивата воведува сертификат за енергетска ефикасност на

згради кои мора да бидат достапни до потенцијалните купувачот

или закупец на објектот, а неговата важност не може да биде

подолг од 10 години.

Главна цел е зградите со помала потрошувачка и поголема

енергетска ефикасност да добијат поголема вредност на пазарот

на недвижности.

Сертификатот содржи опис на актуелната ситуација на

користењето на енергијата со нумерички показатели на количина

на енергија што всушност ќе се троши или е проценета за да се

задоволат различни потреби поврзани со стандардизирани

употреби на зградата, кои може да вклучуваат: греење, ладење ,

вентилација , топла вода и осветлување.

Директива 2002/91/ЕК

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 12

5.Редовна инспекција на котлите и системите за

климатизација во згради.

Задолжителна инспекција на котлите со користење на фосилни

горива со моќност од 20kW-100kW. Со поголема моќност од

100kW ќе бидат контролирани на секои 2 години. За гасните котли

тој период може да биде продолжен до 4 години.За гасните котли

постари од 15 години, потребна е инспекција на целиот систем.

За да се намали емисија на СО2, потребна е контрола и на

системите за ладење со моќност од 12 kW.

Инспекцијата вклучува оценка на ефикасноста на клима –

уредите.

Директива 2002/91/ЕК

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 13

Видливост и транспарентност на енергетскиот

сертификат / пасош

Земјите-членки обезбедуваат дека сите наведени инспекции и

енергетски контроли (ревизии) се вршат од страна на независни

експерти за енергија.

Државите кај кои ја спроведуваат оваа директива во своето

законодавство, треба да преземат мерки за да се осигураат дека

за згради со вкупна корисна површина поголема 1000 м2

користена од страна на јавните органи и институции и објектите

за обезбедување на јавни услуги за голем број на луѓе,

енергетскиот сертификат со важност од максимум десет години

да се прикаже на јавноста на јасно видливо место.

Директива 2002/91/ЕК

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 14

Директива 2006/32/EЗ

На сила е од 17 мај 2006година

Рок за транспонирање во

земјите на ЕУ до 17 мај

2008година

Директивата за енергетска

ефикасност и енергетски

услуги.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 15

Директивата 2006/32/EЗ

Директивата е фокусирана на подобрување на ефикасноста на

потрошувачката на финална енергија и како таква се смета за

средство за подобрување севкупната безбедност на

снабдувањето со енергија, намалување на зависноста од увоз на

енергија, намалување на емисиите на CO2 од енергијата,

зголемување на конкурентноста на европската економија во

согласност со Лисабонската стратегија.

Нагласена е потребата да се развијат национални акциони

планови за енергетска ефикасност на секои три години и

планови за имплементација со цел за вкупно намалување на

потрошувачката на енергија за 9% во рок од девет години или 1 %

годишно.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 16

Директивата 2006/32/EЗ

Државите мора да обезбедат спроведување на мерките за ЕЕ во

јавниот сектор за да донесат најголемиот заштеда на енергија и

најбрзо да се вратат инвестициите.

Општи цели за заштеда на енергија

Од земјите-членки се бара да се постигне целта од најмалку 9 %

намалување на потрошувачката на финална енергија во

периодот од 2008 година до 2016 година, во рамките на

национален акциски план за ЕЕ (НАПЕЕ).

За постигнување на овие цели потребно е формирање на

независни органи / агенции за следење на поставениот процес

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 17

Директивата 2006/32/EЗ

Покасно Европската комисија ја постави целта од

20% намалување на вкупната потрошувачка на

примарна енергија до 2020 година

Поставени таргет цели 20/20/20за намалување на

СО2 емисии од лидерите на ЕУ во март 2007

Донесени преку климатски енергетски пакет 2009

http://ec.europa.eu/clima/policies/package/index_en.

htm

Редукција на стакленички гасови за 20% во однос

на 1990година, најмалку 20% учество на

обновливите извори на енергија во финалната

потрошувачка, како и 20% зголемување на

енергетската ефикасност до 2020 година.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 18

Директивата 2006/32/EЗ

1. Лидерите на ЕУ се согласија на 23 октомври 2014

година новата цел до 2030 за налување на

стакленички гасови да биде најмалку 40% во

споредба со 1990 година, заедно со другите главни

делови од рамката на политиката за клима и енергија

до 2030. Како што било предложено од страна на

Европската комисија на јануари 2014 година, се

поставува нова цел:

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 19

Директивата 2006/32/EЗ

Најмалку 27% учество на обновливите извори на

енергија во финалната потрошувачка, како и 27%

зголемување на енергетската ефикасност до 2030

година.

Ова значи дека познатата политика 20/20/20 сега

преминува во 40/27/27.

Како Македонија ќе се прилагоди на оваа нова

политика, следува допрва да видиме.

http://ec.europa.eu/clima/policies/2030/index_en.htm

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 20

Директивата 2006/32/EЗ

Во Директирвата се дефинира множество на цели за заштеда

на енергија на национално ниво и бара преземање на

одредени активности од страна на земјите-членки:

1. Дефиницијата на задолжителни мерки за јавниот сектор,

вклучувајќи го и воведувањето на практики за енергетска

ефикасност во јавните набавки

2. Дефинирање на задолжителни мерки кои се однесуваат на

оператори кои нудат енергетски услуги и другите мерки за

енергетска ефикасност на крајните потрошувачи (да не ги

попречуваат мерките за ЕЕ, обезбедување на информации за

развој и имплементација на мерките за ЕЕ)

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 21

Директивата 2006/32/EЗ

3. Донесување на униформа методологија за пресметување на

подобрувања на енергетската ефикасност

4. Редовно известување за резултатите од заштедите (три години

национални акциони планови )

5. Обезбедување на квалитет независни енергетски ревизии за

сите потрошувачи на енергија

6. Обезбедување на поединечните мерење

7. Употреба на фондови за енергетска ефикасност со кои ќе се

субвенционираат мерки за енергетска ефикасност за поголеми

инвестиции трошоци

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 22

Директивата 2006/32/EЗ

1. Политика на јавниот сектор за јавни набавки

Земјите членки мора да обезбедат јавниот сектор да усвои

мерки за подобрување на ЕЕ да ја информира јавноста и бизнис

секторот за усвоените мерки и да промовира размена на

најдобри можни практики. Анекс IV на Директивата содржи

мерки кои јавниот сектор може да ги донесе, вклучувајќи :

Примена на финансиски инструменти за заштеда на енергија,

како што се договори со трети страни и договори за енергетски

перформанси

Набавка на енергетски ефикасна опрема и возила

Купување на ниско енергетски производи

https://www.youtube.com/watch?v=43vR_-5Chyw

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 23

Директивата 2010/31EУ

Директива за енергетските карактеристики на зградите

Бидејќи имплементацијата на

Директивата 2002/91 откри

многу нови и неискористени

потенцијали за заштеда на

енергијата кај зградите, се

изврши нивелација, т.е.

дополнување и изменување во

нова

Директива 2010/31-EPBD II.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 24

Директивата 2010/31EУ

Донесена од Европскиот Парламент и Советот на Европа

на 19.05.2010година

На сила е од 18.06.2010година

Рок за транспонирање во земјите на ЕУ до

09.07.2012година

За одредени членови на директивата рокот на

усогласување до 09.01.2013година

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 25

Директивата 2010/31EУ

Предлогот за воведување на Директива е поставување на

построги барања во однос на енергетските карактеристики

на зградите.

Се нагласува дека е потребно усвојување на конкретни

активности со цел да се искористи огромниот потенцијал за

заштеда на енергија во зградите, земајќи ги во предвид

климатскитеи локалните услови, барањата за параметрите

на внатрешниот воздух, како и односот трошоци/енергетска

ефикасност.

Таа исто така предупредува на недоволната употреба на

обновлива и алтернативна енергија во системите на

зградите и бара задолжителни анализи за сите нови згради,

без оглед на големината, како и на постоечките објекти за

користење на ОИЕ 18.03.2015 м-р Светлана Петровска 26

Директивата 2010/31EУ

Од земјите-членки на ЕУ, се бара да подгототват

национални планови за зголемување на бројот на блиски до

“нула” енергетски објекти и редовно да ја известуваат

Европската Комисија.

https://www.youtube.com/watch?v=9wpBUmeQkFs

Препорачливо е користење на финансиски механизми за

поттикнување на енергетската ефикасност на национално и

европско ниво.

Секторот на јавни згради мора да преземе водечка улога во

областа на подобрување на енергетската ефикасност во

зградите и преглед на амбициозни цели за јавните згради

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 27

Директивата 2010/31EУ

Новата EPBD директивата има вкупно 31 членови и пет

анекси.

Првиот член 1 опишува областа на Директивата и

поставува следниве минимални барања за енергетски

карактеристики на згради:

а) за воспоставување на општа рамка за методологија за пресметка

на енергетските карактеристики на згради и делови од згради

б ) примена на минималните барања за енергетска ефикасност за

нови згради и нови делови од зградата

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 28

Директивата 2010/31EУ

в) примената на минималните барања за енергетската ефикасност

во постоечките згради, делови од згради и градежни компоненти кај

поголемите реконструкции; зградите или делови од зградите на

надворешноста, кои имаат значително влијание врз енергијата на

зградата кога ги замени или реновира, техничката изградба на

системите за инсталација, замени, или надградби

- Поим значителна реконструкција:

- 1) Вкупната сума за реконструкција на обвивката или на

нејзините технички системи е поголема од 25% од вредноста на

зградата, исклучувајќи ја вредноста на земјиштето на која лежи

објектот.

- 2) Повеќе од 25% од површината на обвивката на зградата

подлежи на реконструкција.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 29

Директивата 2010/31EУ

Обвивката на зградата – сите градежни конструкции / елементи на

зградата кои разделуваат внатрешни греани, ладени, простории од

надворешниот амбиент (надворешни ѕидови, покриви, подови на тло,

еркери, фасадни прозорци и врати) или граничат со внатрешни

неклиматизирани простори (гаражи, визби, остави, негреани

складишта и сл).

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 30

Директивата 2010/31EУ

г) национални планови за зголемување на бројот на објекти со

енергетски потреби блиски до нула.

- При дефинирање на терминот енергетски потреби блиски до

нула се вклучува нумерички индикатор за примарна енергија

kWh/m2 годишно.

- Примарна енергија – значи енергија од обновливи или

необновливи извори којашто не минала низ процес на конверзија

илитрансформација

д) енергетска сертификација на згради или делови од згради

ѓ) редовна инспекција на котлите и системите за климатизација во

згради

е) независен систем за контрола на енергетските сертификати и

извештаи

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 31

Директивата 2010/31EУ

Во член 2 обезбедува основните дефиниции и концепти.

Член 3 се однесува на општата методологија за

пресметување на енергетски карактеристики на зградата

од страна на земјите-членки, се донесуваат во согласност со

методологијата опишана во Анекс 1

Основа на методологијата за пресметка на енергетските

перформанси на зградите се однесуваат на следните карактеристики

на зградите:

- Toплински капацитет;

- Изолација;

- Пасивно греење;

- Елементи на ладење

- Топлински мостови.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 32

Директивата 2010/31EУ

Член 4 се однесува на минималните барања за енергетски

карактеристики на згради и кои згради можат да бидат

исклучени.

Направена е класификација на зградите на следните категории:

еднофамилијарнизгради од различни типови, повеќефамилијарни

(колективни ) згради, канцеларии (административни згради), згради

за едукација, болници, хотели и ресторани, спортски објекти, згради

за трговија на големо и мало и други видови на згради со енергетски

потреби.

Во член 5 се воспоставува методологија за пресметување

на економско оптимално минимално ниво на енергетските

карактеристики на зградите, за нови и постојни објекти и

споредбата со сегашната законска рамка во поединечните земји-

членки

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 33

Директивата 2010/31EУ

Член 6 опишува енергетските карактеристики на новите

згради и потребата за технички, економски и еколошки

анализа на применливост на алтернативна енергија во

системите во зградите ( обновливите извори на енергија ,

комбинирано производство, далечинско / централно греење и

ладење, топлински пумпи ) за сите нови згради, без оглед на

големината .

Член 7 ги опишува енергетските карактеристики на

постоечките градежни објекти, потребата да се подигне

ефикасноста на енергијата на повисоки реконструкции , колку што

тоа е технички , функционално и економски изводливо .

Член 8 заговара за изградба на технички системи, и системи

за управување, контрола и регулација со цел заштеда на енергија

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 34

Директивата 2010/31EУ

Член 9 го воведува концептот на речиси нула

енергетски објекти , и бара до 31 декември 2020 година,

сите нови згради да се речиси нула енергетски објекти и

до 31 декември 2018, новите јавни згради да се речиси нула

енергетски објекти.

Од земјите-членки се бара да подготват национални

планови за зголемување на бројот на речиси нула

енергетски згради.

Треба да биде охрабрен јавниот сектор за енергетска

реконструкција во стандардни речиси нула енергетски

објекти.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 35

Директивата 2010/31EУ

Член 10 се занимава со финансиски промоција и

отстранување на бариерите за изградба на нови и

реконструкција на постојни згради со енергетски

речиси нула стандард. Од земјите-членки се бара од 30

јуни 2011 година да подготват конкретни мерки и

инструменти за брзото спроведување на оваа Директива.

Овие планови треба да се ревидираат и подобруваат на

секои три години.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 36

Директивата 2010/31EУ

Член 11,12 и 13 зборуваат за енергетска

сертификација на зградите и за издавањето и

презентација на сертификатот и повикување на

потребата за презентација на мерки за подобрување на

енергетските карактеристики на згради кои покриваат мерки

поврзани со потребните реконструкција на објекти и

технички системи, како и одделни индивидуални мерки за

подобрување на градежни компоненти и технички елементи

на зградата.

- Проширувањето на обврската за јавно излагање на

енергетските сертификати во јавни згради во сите поголеми од

500 м2, и од 9 јули 2015 година, за сите поголеми од 250 m2 .

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 37

Директивата 2010/31EУ

Член 14 ги опишува обврските за редовна контрола на

системот за парно греење поголем од 20 kW. Системите

поголеми од 100 kW мора редовно да бидат контролирани

на секои две години, парните котли секои четири години.

Член 15 ги опишува обврската на редовна контрола на

системите за климатизација, системи поголеми од 12 kW.

Член 16 обврзува за редовно известување за

извршената контрола на греење и климатизација. Секој

извештај мора да содржи опис на ситуацијата и препораки

за економски оптимално подобрување на енергетските

карактеристики на тест систем.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 38

Директивата 2010/31EУ

Член 17 зборува за обврската да се обезбеди доволен број

на независни експерти за да се спроведат ревизии и а

сертификација на зградите.

Член 18 ја нагласува потребата да се воспостави

независен систем за контрола на објектите, енергетските

сертификати и извештаите од енергетски контроли.

- Земјите-членки обезбедуваат спроведување на

независна контрола на системот во согласност со Анекс 2 од

оваа Директива.

Членовите 19-26 се однесуваат претежно за

известување и информирање и консултација за

напредокот на спроведувањето на Директивата .

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 39

Директивата 2010/31EУ

Член 27 ги обврзува земјите членки со казнените

одредби за несоодветно спроведување на оваа

Директива

Согласно член 28 обврската на националното

законодавство во земјите членки на ЕУ е да се

имплементира Директивата најдоцна до 9 јули 2012 година.

Директивата влегува во сила на 20-тиот ден по нејзиното

објавување во Службениот весник на Европската унија.

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 40

БЛАГОДАРАМ НА

ВНИМАНИЕТО

М-р Светлана Петровска

www.ceprosard.org.mk

тел.02 3061 391

ПРАШАЊА

??????

18.03.2015 м-р Светлана Петровска 41