УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika transport

36
УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ КАВАДАРЦИ СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО МАРКЕТИНГ ЛОГИСТИКА ТЕМА : Транспорт ( воздушен, копнен, воден ) Ментор: Изработиле: Проф. Д-р.Мирјана Голомеова Кујумџиева Росица 13746 Рамова Јованка 13750

Upload: adrijanfilipov

Post on 03-Jan-2016

610 views

Category:

Documents


3 download

TRANSCRIPT

Page 1: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП

ФАКУЛТЕТ ЗА ПРИРОДНИ И ТЕХНИЧКИ НАУКИ

КАВАДАРЦИ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО МАРКЕТИНГ ЛОГИСТИКА

ТЕМА : Транспорт ( воздушен, копнен, воден )

Ментор: Изработиле:

Проф. Д-р.Мирјана Голомеова Кујумџиева Росица 13746

Рамова Јованка 13750

Марков Горан

Адријан Филипов

Кавадарци, декември 2012 година

Page 2: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

СОДРЖИНА

Вовед ........................................................................................... 4

1.Улога и значење на транспортот ............................................ 5

2. Пазар на транспортни услуги ................................................. 7

3. Превозни тарифи во транспортот .......................................... 8

4. Видови транспортни тарифи .................................................. 9

5. Алтернативни начини на транспорт/Одлучување за избор на

превозник ………….. ....................................................................10

6. Основни модалитети на транспортот ................................... 12

7. Конкурентски предности на одделните видови на

транспорт ........................................................................................

.............. 13 7.1 Патен транспорт

…………………………………………..........13

7.1.1. Видови на превоз во патниот транспорт .........................15

7.2. Железнички транспорт …………….………..........………..... 17

7.3. Воздушен транспорт ........................................................... 20

7.4. Воден транспорт ……………………………...................…… 21

7.5. Цевководи ……………………………………………............... 21

8. Рангирање на одделните видови на транспорт …………….22

2

Page 3: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

9. Осигурување на луѓе и стоки при транспортот ................... 23

9.1. Домашен транспорт ............................................................ 23

9.2. Меѓународен транспорт ...................................................... 24

10. Заклучок ................................................................................ 15

Користена литература ............................................................... 26

3

Page 4: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

ВОВЕД

Транспорт е движење на луѓе, предмети, енергија и информации

од едно место на друго. Поимот е изведен од латинските зборови trans

(„преку“) и portare („носи“).

Нерамномерната распределба на природните богатства и различните

услови за производство ја предизвикале потребата стоките да се

пренесуваат од едно на друго место со што настанале првите размени а

со тоа и транспортот.

Системот на транспортирање претставува физичка врска која што ги

поврзува потрошувачите на една фирма, снабдувачите на суровини,

фабриките (производните погони), складиштата и членовите на каналот,

т.е.сите фиксни точки во рамките на логистичкиот снабдувачки синџир.

Како општествена дејсност транспортот има голема улога и значење

придонесувајќи да се остварат контакти помеѓу луѓето а со тоа и пренос

на економски и технолошки придобивки. Под поимот транспорт се

подразбира пренос на материјални добра.

4

Page 5: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

1.Улога и значење на транспортот

Нерамномерната распределба на природните богатства и различните

услови за производство ја предизвикале потребата стоките да се

пренесуваат од едно на друго место т.е од местото на производство во

местото на потрошувачите.Така настанале првите размени а со тоа и

транспортот.Како општествена дејност транспортот има голема улога и

значење придонесувајќи да се остварат контакти помеѓу луѓето а со тоа и

пренос на економски и технолошки придобивки.Под поимот транспорт се

подразбира пренос на материјални добра.Пошироката дефиниција покрај

материјалните добра опфаќа транспорт на луѓе и новости.Транспортната

дејност претставува продолжување на произвотствениот процес преку

транспортирање на готовите производи до потрошувачите.За реализација

на транспортот потребна е транспортна инфраструктура во која спаѓаат:

патиштата,градежни објекти (аеродроми,пристаништа,складишта)и уреди

за врски.Од аспект на претпријатието постојат два вида на транспорт и

тоа:внатрешен (транспорт во рамките на самото претпријатие) и

надворешен (од претпријатието до потрошувачите).

При тоа во современата надворешно-трговска размена големо влијание

имаат транспортните трошоци.Од висината на транспортните трошоци

најчесто зависи која стока и од која земја ќе се извезува.

Системот на транспортирање претставува физичка врска која што ги

поврзува потрошувачите на една фирма, снабдувачите на суровини,

5

Page 6: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

фабриките (производните погони), складиштата и членовите на каналот,

т.е.сите фиксни точки во рамките на логистичкиот снабдувачки синџир.

Со движењето на добрата и производите од една до друга точка

транспортот создава просторна корист.

Транспортното работење се манифестира преку извршувањето на задачи

на преземање, внатрешен транспорт и испорачување на стоките.

Под преземање се подразбира транспорт на набавената стока од

местото на нејзиното преземање од добавувачот, па се до складиштето

на компанијата.

Внатрешниот транспорт го опфаќа движењето на стоката во рамките на

одделните организациони единици, како и движењето на стоките меѓу нив

во рамките на една компанија. Во производствените компании

внатрешниот транспорт се однесува на движење на материјалите во

самото складиште, пренос на материјалите во самото складиште, пренос

на материјалите од складиште до работното место, пренос меѓу

работните места и погони, пренос на довршеното производство од

работното место до складиштето за готови производи, движење на готови

производи, движење на машините , амбалажата, отпадоците итн.

Во трговските претпријатија како внатрешен транспорт најчесто се

нарекуваат движењата на стоките во рамките на складиштето во

продажните стоваришта, прирачните скалдишта, продавниците како и во

рамките на самите продажни објекти.

Испораката, пак, претставува транспорт на продадената стока од

местото на складирање до местото на нејзиното преземање од страна на

купувачот.

6

Page 7: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

2. Пазар на транспортни услуги

Пазарот на транспортни услуги може да се дефинира како комплекс на

односи кои се формираат помеѓу понудата и побарувачката на

транспортни услуги.

Транспортните услуги се карактеризираат со специфични својства и тоа :

Нема физичка форма ;

Процесот на производство и процесот на потрошувачка е

единствен процес ;

Транспортната услуга не може да се складира на друг пазар и сл.

Помеѓу транспортните компании постојат конкурентски односи, а

корисниците на услугите ја бираат онаа компанија која ќе понуди

најповолни услови.Најчест фактор кој влијае при изборот на

транспортната компанија е цената на транспортната услуга.

Оваа цена ги вклучува сл. торшоци:

Трошоци на средствата за работа (амортизација на сретствата)

Трошоци на предметот на работа (вредност на горивото и помошен

материјал)

7

Page 8: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Трошоци за работна сила (плати)

Трошоци за извршени услуги од други субјекти и сл.

Продажните цени можат да се формират на два начина:

Со пропишување т.с однапред објавување на цената на превозните

услоги

Со слободна спогодба помеѓу корисникот на услугата и

транспортната организација.

Првиот начин на формирање на цените е поврзен со правно-економски

услови во транспортот кој мораат да бидат исполнети при склучување на

договори. Кај транспортот се јавува нерамномерност која може да биде

временски и територијална.

Временската нерамномерна се карактеризира со различен обем на

превоз во текот на еден ден. Територијалната нерамномерност се

појавува во случај кога во еден правец се превезува полна кола , а во

друг празен.

3. Превозни тарифи во транспортот

Тарифите во потесна смисла на зборот претставуваат систематски

преглед на цените ,а во поширока смисла на зборот тие претставуваат

збир на сите прописи , правила и услови врз основа на кои се

применуваат цените при транспортот. Тарифите можат да имаат двојно

8

Page 9: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

значење и тоа: јавно-правно и привантно-правно. Тарифите со јавно-

правно значење ги определува државен орган со посебен правен акт.

Плачањето на ваквите тарифи не е поврзано со вршењето на некоја

услуга. Тука спаѓаат царинските тарифи, тарифите за плаќање данок и

сл. Тарифите со приватно правно значење ги пропишува државен орган

или давателот на услугата. До промена на овие тарифи доаѓа само ако е

извршено некоја услуга. Тука спаѓаат поштенските тарифи , шпедитарски

тарифи, тарифи за превоз на патници и сл.

Тарифите во својата примена се темелат врз определени начела и тоа :

Начело за јавност ( тарифите мораат да бидат објавени на

вообичаен начин и да бидат достапни за секого.Ова начело

најмногу го задоволуваат железничките тарифи )

Начело за еднаквост ( тарифите мора да се применуваат

подеднакво на сите што значи не е дозволена дискриминација )

Начело на траење ( тарифите треба да бидат определени за еден

подолг временски период т.е не треба често да се менуваат

бидејќи се вградуваат во калкулацијата на трошоците и цената на

стоките )

Начело на јасност ( тарифите треба да бидат јасни т.е корисникот

да може да ги пресметува на лесен начин )

4. Видови транспортни тарифи

9

Page 10: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Транспортни тарифи се оние тарифи кои што ја содржат цената на

превозот, начинот на пресметување на цената и сите прописи по кои се

врши соодветниот превоз.Се делат според повеќе критериуми и тоа :

Според средствата со кои се врши превозот

Според територијата

Според критериумот стимулативно користење на превозот и сл.

Спред овој критериум имаме 3 вида на тарифи : пропорционални,

диференцијални и преференцијални.

Пропорционалните тарифи се тарифи по кои извршените услуги се

пресметуваат по иста тарифна стапка без оглед на обемот на услугата.

Пресметката се врши на тој начин што тарифната стапка ( која е

непроменета ) се множи со превозната оддалечност ( изразена во

километри).

Диференцијалните тарифи се пресметуваат на тој начин што тарифната

стапка се менува според обемот на услугата.

Парцијалните тарифи се употребуваат кога се стимулира одреден вид на

транспорт.Овие тарифи предвидуваат определени олеснувања.

5. Алтернативни начини на транспорт

Одлучување за избор на превозник

Иако превозната тарифа претставува значаен фактор при донесување на

одлука за избор на превозник фирмата мора да го земе во предвид и

квалитетот на услугата како и нејзината улога врз оперативните трошоци

10

Page 11: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

на капацитетите. Изборот на превозник најчесто се врши во две фази, при

што најпрво фирмата прави избор на начинот на транспорт. Конкретниот

избор ги вклучува основните модалитети на транспорт како што се :

железнички, патен, воден, воздушен и цевоводи. Покрај основните

модалитети постои и таканаречен интермодален транспорт кој користи

два или повеќе од основните начини на транспорт т.е. прави нивна

комбинација. Највообичаени форми на интермодален транспорт се :

железница – камион (piggyback) , камион – воздух и железница – вода.

Подоцна, се избира конкретен превозник во рамките на избраниот

модалитет на превоз. Фирмата да избере законски вид на превозник.

Фирмите ги користат избраните превозници повеќе пати се додека нивото

на услуга што го добиваат ги задоволува нивните барања , а тарифата

која ја плаќаат е прифатлива.

Фирмата избира начин на превоз кој ќе обезбеди најниски вкупни

логистички трошоци .

Главни критериуми за избор на превозник се трошоците на превоз и

перформансите на услугата.

1. Транспортните трошоци претставуваат доминантна детерминанта

при изборот на превозник. Транспортните трошоци вклучуваат :

Транспортни тарифи

Минимум тежина

Опрема за утовар и растовар

Пакување

Оштетување при транспорт

11

Page 12: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Некои специјални услуги кои определени превозници ги

нудат.

2. Значајни детерминанти на перформасите на услугата се :

Време на превоз

Доверливост

Способност

Пристапност (достапност) и

Сигурност.

Време на превоз е вкупното време што поминува од моментот кога

испраќачот на стоката ги става производите на располагање за отпрема,

до моментот кога превозникот не му ги испорача истите на примачот на

стоката.

Доверливоста се однесува на конзистентноста, т.е. доследноста на

времето на превоз што го обезбедува превозникот.

Способноста и пристапноста (доследност) се однесуваат на тоа дали

определен превозник може физички да ја изврши саканата транспортна

услуга.

Способноста определува во која мера превоникот може да обезбеди

опрема и објекти што се неопходни за потребното движење на

производите.

Пристапноста (достапноста) ја означува способноста на превозникот

да понуди услуга за правецот што се бара т.е. да обезбеди физички

пристап до објектите.

Безбедноста се однесува на пристигнување на производите со исти

особини како што ги имале при товарењето кај превозникот.

12

Page 13: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

6. Основни модалитети на транспорт

Логистичкиот менаџер има на располагање пет основни модалитети на

транспорт кои имаат различна економска и техничка структура и секој од

нив нуди различен квалитет на услуга.

Основни начини на транспортирање се :

Железнички

Воден

Патен

Воздушен сообраќај и

Цевководи.

На пазарот на транспортни услуги постои силно изразена конкуренција

помеѓу одделните видови на транспорт.

Конкурентноста на одделните видови на транспорт се определува преку

неколку карактеристики :

Транспортна способност

Брзина

Сигурност ( уредност и точност )

Безбедност

Флексибилност на пазарот

13

Page 14: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Трошоци на превозните услуги.

7. Конкурентски предности на одделните видови на транспорт

7.1. Патен транспорт

Еден од најупотребуваните видови на транспорт е патниот или копнениот

транспорт. Посебно има големо значење бидејќи секогаш се користи како

дополнителен транспорт на поморскиот и железничкиот транспорт.

Главна конкурентска предност на овој тип на превоз е високата

еластичност – флексибилност. Тоа е резултат на големата густина на

сообраќајната мрежа која е десетина пати поголема од железницата, и

малите транспортни единици. На тој начин овој вид на транспорт

овозможува превоз на различни количини на стоки на голем број на

дестинации, на сите континентални релации.

Овој вид на транспорт е многу флексибилен и во поглед на времето на

превоз, а тоа придонесува и за голема комерцијална брзина на превозот.

Сигурноста, уредноста и точноста се позитивни страни на овој вид на

транспорт. Голема предност се и релативно ниските вложувања за

набавка на превозни капацитети.

Предности на копнениот транспорт :

Овозможува транспорт од скалдиштето на испраќачот до

складиштето на примачот без да се јави потреба од претоварување

на стоката

Изградбата на патиштата е многу поефтина од изградбата на

пристаниште или железничка инфраструктура

14

Page 15: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Вложените инвестиции за набавка на транспортно средство се

помали и бргу се враќаат

Се употребуваат специјални форми на транспортни средства

( цистерни, ладилници )

Недостатоци на патниот сообраќај :

Релативно мала носивост ( 20t друмски транспорт = 2 вагона

железнички сообраќај )

Релативно скап транспорт

Зависност од климатските услови

Ниска безбедност

Голема потрошувачка на енергија по единица превоз

Високи екстерни – еколошки трошоци

Од ова може да се заклучи дека патниот транспорт има изразена

конкурентска предност при превоз на мали количини на стоки, на мали до

средни претпријатија.

7.1.1. Видови на превоз во копнениот транспорт

Меѓународен

Се остварува кога имаме најмалку еден премин на државна

граница.Може да биде линиски (се одвива по однапред утврден возен

ред) врз основа на склучен договор и транзитет

15

Page 16: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Внатрешен

Комбиниран

Превоз на специјални видови стоки

Меѓународно регулирање на патниот транспорт

Меѓународниот друмски транспорт е регулиран со сл.конвенции :

Конвенција за договор на меѓународен превоз на стоки по пат (CMR

Конвенција )

Царинска конвенција за меѓународен транспорт на стоки по пат на

TIR карнет

Конвенција за унапредување на друмскиот транспорт преку

Меѓународната унија за патен превоз

Со овие конвенции се пропишуваат документите што се користат при

меѓународниот транспорт.Тие документи се : товарен лист, уверение за

потеклото на стоката, царински документи, ф-ра за стоката, конзуларна

ф-ра и др.Товарниот лист ги содржи сите услови според кои се врши

превозот.

Се потполнуваат 3 оригинални примероци кои ги потпишуваат испраќачот

и превозникот. Се издава двојазично, на јазикот на земјата на

превозникот и на еден од меѓународно признатите јазици(француски,

италијански, германски, англиски, шпански). Првиот примерок останува

кај испраќачот и му служи за наплата на акредитивот. Вториот примерок

ја придружува пратката и му ја врачува на примачот. Третиот примерок

останува кај превозникот како доказ за извршениот превоз и му служи за

наплата за извршената работа. Ако транспортот се реализира со повеќе

транспортни средства тогаш за секое транспортно средство се користи

16

Page 17: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

посебен товарен лист. Товарниот лист според CMR конвенцијата најчесто

содржи :

Датум и место на издавање

Име и адреса на испраќачот и превозникот

Име и адреса на примачот

Опис на стоката

Превозни трошоци

Изјава дека превозот подлежи на одредбите од CMR

конвенцијата.

Според оваа конвенција превозникот има одговорност за стоката што се

превезува.Одговорноста настанува ако стоката е изгубена, оштетена или

ако дошло до задоцнување на испораката.

Превозникот се ослободува од одговорност ако до оштетувањето дошло

по вина на испраќачот или под влијание на виша сила. Стоката се смета

за изгубена ако не е предадена во рок од 30 дена по истекот на

договорениот рок.Обештетувањето (наплата на стока) се врши според

берзанските цени. Ако во рок од 21 ден не се поднесе рекламација за

стоката превозникот не сноси одговорност за оштетувањето на стоката.

7.2. Железнички транспорт

Овој вид на транспорт има најголема транспортна способност и нуди

најниски трошоци на транспорт во континенталните сообраќајни системи.

Најголеми предности нуди при :

Превоз на масивни стоки

17

Page 18: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Кај стоки со мала поединечна вредност

На релации помеѓу главни производно-потрошувачки центри, кои

бараат минимална манипулација и сл.

Железницата е сигурен, уреден и точен транспортер, бидејќи

железничкиот превоз не може да биде сериозно загрозен од страна на

неповолни временски услови Поради големите превозни капацитети

најчесто се употребува за превоз на масивен товар (руда, градежни

материјали и др.)

Предности на железничкиот транспорт се :

Поефтин превоз на стоки

Висок степен на безбедност

Енергетска заштита

Еколошка толерантност

Точност при реализација на превозот

Масивност на превозот

Независност од климатски услови

Конкурентски предности на железницата посебно доаѓаат до израз кај

превозот на средни и поголеми растојанија ( над 200 km ) . Кај пократките

релации, оваа предност се намалува поради високите терминални

(почетни и завршни) трошоци.

Недостатоци на железничкиот сообраќај се :

18

Page 19: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Овој вид транспорт не може да се оствари од складиштето на

испраќачот до складиштето на примачот

Високи терминални (почетни и завршни) трошоци

Ниска флексибилност на превозот

Изградбата на железничката инфраструктура е многу скапа

При користењето на овој вид транспорт испраќачот треба да изврши

требување на вагони со потполнување на соодветниот образовец. На овој

образец се внесуваат податоци за : датум на испорака, вид на стоката,

прием на станица, име на испраќач, име на примач и сл.

Компаниите при користењето на овој вид транспорт користат вагони кои

се сопственост на железницата или вагони, сопственост на компанијата.

Ако се сопственост на компанијата мора да ја имаат ознаката P (private).

Бидејќи железничкиот транспорт не овозможува транспорт од складиште

до складиште се употребува HUCKCRACK системот. Овој систем

овозможува 3 опции за користење .

Меѓународниот железнички транспорт е регулиран со CM конвенцијата.

Според оваа конвенција е пропишана содржината на меѓународниот

железнички товарен лист.

Меѓународниот железнички товарен лист претставува комплет од 5

образци и тоа :

Првиот образец е товарниот лист

Вториот се нарекува товарна карта и е наменет за упатната

станица

19

Page 20: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Третиот образец е извештај за престигнувањето ( наменет за

упатната станица )

Четвртиот образец е дупликат од товарниот лист и го задржува

испраќачот

Петиот образец го задржува испратната станица

Во практиката компаниите ги користат оригиналот и дупликатот од

товарниот лист а др.примероци остануваат за потребите на железницата.

Превозната цена во железничкиот транспорт се формира со тарифи.Овие

меѓународни тарифи на железницата и овозможуваат низа предности,

пр.: исклучување на конкуренцијата меѓу железниците. Исто така овие

тарифи нудат предности за корисниците (пониска цена на превозот,

полесно пресметување на превозникот).

Железничките капацитети се одлукуваат со висока интензивност на

инвестициите, како и со техничко-технолошко единство на железничкиот

систем.

7.3. Воздушен транспорт

Главна предост на овој вид на транспорт е големата брзина на превозот,

посебно при превозот на големи растојанија , пред се во меѓународниот

20

Page 21: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

транспорт. Тој се одликува со голема фрекфенција, и релативно голема

сигурност, посебно на релации кои поврзуваат големи центри, на кои

функционираат редовни воздухопловни линии.

Негативна страна која го прави неконкурентен се високите трошоци. Тој ја

манифестира својата предност при превоз на стоки со голема вредност,

но со мала количина и тежина. Кај ваквите стоки, транспортните трошоци

имаат мало учество во цената, а големите брзини на испорака

овозможуваат намалување на другите логистичко-дистрибутивни

трошоци. Високите трошоци го прават овој вид на транспорт инфериорен

во однос на другите видови на транспорт.

Меѓутоа постојат причини кои одат во прилог на користењето на

воздушниот транспорт а тоа се сл. :

Итни испораки на резервни делови за критична или скапа опрема

Итни испораки на пратки поради спречување на загуба во

продажбата на значајни пазари

Потполнување на залихите со критични единици за одржување на

континуитет во производниот процес

Намалување на трошоците за чување на залихи и складирање

Намалување на вкупните трошоци на транспорт и сл.

Од ова може да се заклучи дека воздушниот транспорт се користи пред

се за испорака на помали количини на стоки, кои можат да поднесат

високи транспортни трошоци, или пак за итни испораки кои треба да

спречат поголеми загуби во производството или продажбата.

7.4. Воден транспорт

Главна конкурентска предност на овој вид на транспорт е високата

транспортна способност, како и ниските трошоци на превоз.

21

Page 22: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Транспортните единици на поморскиот сообраќај овозможуваат превоз на

стоки од стотици илјади тони. Максималната носивост на танкерите

изнесува околу 500.000 тони, а на линиските бродови изнесува 80.000

тони.

Недостатоци на овој вид на транспорт се :

Мала брзина на превоз

Ниска еластичност на прилагодување на барањата на корисниците

Нискиот степен на сигурност и уредност, поради чувствителната на

експлоатацијата на капацитетите на временските услови.

Конкурентските предности на поморскиот и речниот транспорт доаќаат до

израз при превозот на масивни и ефтини стоки ( јаглен, нафта, руда,

житарици, суровини и сл. ) кои не бараат брз превоз.

7.5. Цевководи

Ова е специјализиран вид на транспорт на енергетски суровини во течна

и гасовита состојба (природен гас, нафта, нафтени деривати ) .Предности

на овој вид на транспорт се :

Висока сигурност на транспортот

Висока продуктивност

Ниски трошоци на експлоатација.

Недостатоци на овој вид на транспорт се :

Ниска флексибилност

Високи почетни вложувања.

Рангирање на различните видови на транспорт

22

Page 23: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Железнички Патен Воздушен Воден Цевководи

Трошоци за

превоз

3 4 5 1 2

Брзина на

транспортот

3 2 1 4 5

Време на

испорака

3 2 1 5 4

Капацитет 3 5 4 1 2

Оштетена,

изгубена роба

5 4 3 2 1

Еластичност 3 1 2 4 5

Уредност,

точност

2 3 5 4 1

Безбедност 2 5 3 4 1

Фреквентност 4 2 3 5 1

23

Page 24: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

8. Осигурување при транспорт

Со осигурувањето на транспорт се обезбедува осигурителна заштита од

ризици кои се идни и независни од волјата на осигуреникот, и неизвесни,

а се склучуваат врз материјалните добра кои се транспортираат. Во

зависност од видот на транспортното средство може да се осигураат

добрата при:

• копнен транспорт,

• воздушен транспорт, и

• воден транспорт.

Домашен транспорт

Со генерална полиса се осигуруваат пратките на добрата кои се

превезуваат на ризик на осигуреникот со туѓи или сопстевни средства на

територијата на Република Македонија.Со поединечни полиси се

осигуруваат поедени пратки по избор на осигуреникот, односно во сите

оние случаи каде не се применува осигурувањето со генерална полиса.

Обемот на покритие, односно осигурените ризици се : “ сите ризици”

освен некои специјални т.е дополнителни ризици како : расипување;

одмрзнувањеи слично ( поточно сите ризици кои можат да се припишат

како внатрешна маана односно својство на стоката), како и воени

политички , ризици од штрајк, нуклеарна енергија и слично.

Исклучените ризици можат исто така да се осигураат со посебна доплата.

24

Page 25: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Меѓународен транспорт

Предмет на осигурување се сите извозни, увозни и реекспортни пратки

кои се превезуваат на ризик на осигуреникот ( во согласност со

договорениот паритет).

25

Page 26: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Заклучок

При изработка на оваа семинарска заклучивме дека транспорт е

движење на луѓе, предмети, енергија и информации од едно место на

друго. Транспортот може да биде воден, воздушен и копнен (друмски)

Сите луѓе и стоки кои што се превезуваат мора да бидат осигурани. Тоа е

една многу битна карактеристика на транспортот.

Транспортот може да биде домашен и меѓународен. Исто така

мора да се наведе дека и секоја пратака која што се превeзува со било

какво транспортно средство мора да биде осигурана.

Осигурувањето на пратките кои што се превезуваат пожелно е да

се осигураат поради несакани ризици.

26

Page 27: УНИВЕРЗИТЕТ sem.marketing logistika TRANSPORT

УНИВЕРЗИТЕТ ,, ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ” ШТИП 28.11.2012

Корисничка литература

http://mk.wikipedia.org/wiki/ транспорт

http://www.savatabak.com.mk/osiguruvanje-pri-transport

Маркетинг логистика – Мирјана Голомеова

27