ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ dogovor za vrabotuvanje - z… · ДОГОВОР ЗА...

18
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Д-р Зоран Михајлоски

Upload: others

Post on 18-Oct-2020

32 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА

ВРАБОТУВАЊЕ

Д-р Зоран Михајлоски

Page 2: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Законот за работни односи („Службен весник на РМ“ Бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010 и 47/2011)

Преставува основен нормативно правен акт со кој се уредуваат работните односи меѓу работниците и работодавачите кои се воспоставуваат со склучување на договор за вработување.

Работниот однос се уредува со Законот за работните односи, со друг(посебен) закон, колективен договор и договор за вработување.

Page 3: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работниот однос е договорен однос меѓу работникот и работодавачот во кој работникот доброволно се вклучува во организираниот процес на работа кај работодавачот, за плата и други примања, лично непрекинато ја извршува работата според упатствата и под надзор на работодавачот;

- договорен однос меѓу работникот и работодавачот

- доброволен однос

- работникот се вклучува во организиран процес на работа

- за плата и други примања

Page 4: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Работниот однос се заснова со потпишување на договорот за вработување меѓу работникот и работодавачот. (член 13 став 1 од ЗРО);

Правата, обврските и одговорностите врз основа на вршењето на работата од работниот однос и вклучување во задолжителното социјално осигурување врз основа на работниот однос, започнуваат да се остваруваат со денот на стапувањето на работникот на работа, договорени во договорот за вработување (член 13 став 2 од ЗРО);

Работникот не може да стапи на работа пред да се склучи договор за вработување и пред работодавачот да го пријави во задолжително социјално осигурување (член 13 став 7 од ЗРО)

Page 5: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

При склучувањето на договорот за вработување и во време траењето на работниот однос работодавачот и работникот се должни да ги почитуваатодредбите на ЗРО, меѓународните договори, колективните договори и актите на работодавачот.

Со договорот за вработување не може да се определат помали права од правата утврдени со ЗРО, а ако содржат такви одредби, се сметаат за ништовни и се применуваат соодветните одредби од законот

Правата од работен однос не можат да се одземат или ограничат со акти и дејствија на работодавач

Page 6: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Основни елементи на работниот однос се:

- субјектите, (работниот однос се заснова меѓу работникот и работодавачот)

- содржината (содржината на работниот однос се определува со договорот за вработување) и

- обликот (самиот однос е од строго формален карактер бидејќи мора да му претходи законски основ за засновање на работен однос преку склучување на договорот за вработување)

Page 7: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Услови за склучување на договорза вработување:

- работникот кој склучува договор за вработување, мора да ги исполнува условите за вршење на работата, определени со закон, актот на работодавачот, односно условите барани од страна на работодавачот.

- работодавачот е должен со акт да ги определи посебните услови за вршење на работата на секое поединечно работно место (оваа обврска не се однесува на помалите работодавачи).

Page 8: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Договор за вработување се склучува за време чие траење однапред не е определено (работен однос на неопределено време).

Договор за вработување може да се склучи и за време чие траење однапред е определено (работен однос на определено време).

Договор за вработување, во кој не е утврдено времето за кое е склучен договорот, се смета за договор за вработување на неопределено време.

Page 9: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Форма на договорот за вработување

- договорот за вработување се склучува во писмена форма.

- договорот за вработување се чува во работните простории на работодавачот каде што работи работникот.

- примерок од склучениот договор за вработување му се врачува на работникот на денот на потпишувањето на договорот за вработување

- страни на договорот за вработување се работодавачот и работникот

Page 10: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Содржина на договорот за вработување (особено содржи):

1) податоци за договорните страни, нивното живеалиште, односно седиште;

2) датум на стапување на работа; 3) назив на работното место, односно податоци за

видот на работата за којашто работникот склучува договор за вработување, со краток опис на работата што ќе ја врши според договорот за вработување;

4) одредби за обврската на работодавачот да го информира работникот за ризичните работни места

5) место на вршење на работата. Ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот;

6) време на траење на работниот однос, кога е склучен договор за определено време;

Page 11: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Содржина на договорот за вработување (особено содржи):7)одредба за тоа дали се работи за работен однос со полно или

пократко работно време; 8) одредба за дневно или неделно редовно работно време и

распоредување на работното време; 9) одредба за висината на основната плата, која му припаѓа

на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување;

10) одредба за другите надоместоци кои му припаѓаат на работникот за вршење на работата според закон и колективен договор;

11) одредба за годишниот одмор, односно начинот за определување на годишниот одмор и

12) наведување на општите акти на работодавачот во кои се определени условите на работа на работникот.

Договорот за вработување може да содржи и други права и обврски определени со ЗРО и друг закон и колективен договор.

Член 28 ставови 1 и 2 од ЗРО)

Page 12: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Суштински елементи на договорот за вработување:

1. работното место

2. место на вршење на работата

3. одредба за висината на основната плата

Page 13: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

РАБОТНОТО МЕСТО

Договорот за вработување како конститутивен акт со кој се заснова работниот однос меѓу работникот и работодавачот, во основа го определува:

- статусното право на работникот за работа кај работодавачот ( договорот за вработување го утврдува точно определеното работно место на работникот, според неговата стручна подготовка и стекната работна способност).

Page 14: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

МЕСТО НА ВРШЕЊЕ НА РАБОТА

Место на вршење на работата се определува со договорот за вработување, а ако не е наведено точното место, се смета дека работникот ја врши работата во седиштето на работодавачот.

Промена на местото на вршење на работата преставува статусна промена на работниот однос засиван со договор за вработување

Page 15: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ВИСИНАТА НА ОСНОВНАТА ПЛАТА

Одредба за висината на основната плата, која му припаѓа на работникот за вршење на работата според закон, колективен договор и договорот за вработување.

Суштински елемент на договорот за вработување претставува и правото на работникот на заработувачка, како резултат на неговиот тековен труд – плата, согласно со закон, колективен договор и договор за вработување.

Page 16: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

ИЗМЕНИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- измени на договорот за вработување можат да бидат предложени од страна на работодавачот или од страна на работникот

- измените се вршат со анекс на договорот за вработување

- анексот на договорот за вработување се склучува во иста форма како и договорот за вработување

- измени на договорот за вработување може да има ако постои согласност од двете страни

Page 17: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

НЕВАЛИДНИ ОДРЕДБИ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- одредба на договорот за вработување којашто е во

спротивност со општите одредби за правата, обврските и одговорностите на договорните страни, определени со закон, колективен договор, односно акт на работодавачот е ништовна од моментот на склучување на договорот.

- одредбите на закон, колективен договор, односно општи акти на работодавачот, со коишто била делумно одредена содржината на договорот за вработување, се составен дел на договорот или непосредно се применуваат

Page 18: ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Dogovor za vrabotuvanje - Z… · ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Законот за работни односи(„Службен

ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Престанување на важноста на договорот за вработување

- со изминување на времето за коешто бил склучен; - со смрт на работникот или работодавачот (физичко лице); - поради престанување на работодавачот согласно со закон; - со спогодбено раскинување; - со отказ; - со судска пресуда и - во други случаи утврдени со закон.