Револуција магазин бр.83

52

Upload: revolucijacom-mkrevolucijacom

Post on 15-Mar-2016

264 views

Category:

Documents


9 download

DESCRIPTION

Поттикнува да мислиш!

TRANSCRIPT

Page 1: Револуција магазин бр.83
Page 2: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA30 Juni 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

30 Juni 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

АСИСТЕНТ НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова,Анамарија Велиновска, Емилија Петреска, Наташа Димеска, Тамара Славеска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ДИЗАЈН:Славе Ангелов

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Sodr`ina

Borbata za pravata na `enata 5

Vo politi~kata senka na ma`ot 12

Pravata ne va`at vo ruralnite sredini 15

@enite, politikata i na{ite sosedi 20

Da se smeni sistemot, a ne `enite 26

Intervju so sovetnikot na Ronald Regan - Dejvid Gergen 29

Makedonski turizam vo zimski son 38

Na Lihnida kaj~e da veslame 42

Evergrin na „site vremiwa“ 3 44

Ibica - ostrov koj }e ve ostavi bez zdiv 48

83MAGAZIN

REVOLUCIJA

Page 4: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA30 Juni 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Ako veruva{, sonot }e stane realnost

Page 5: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

5

Правата на жените се човекови права – права што произлегуваат од едноставниот факт дека жените се човечки суштества. Значи, аналогно на тоа сите донесени закони и декларации поврзани со човековите права би требало да се однесуват и на жените.

Ова на прв поглед изгледа логично и едноставно. Зошто тогаш во сите меѓународни документи и конвенции е потребно посебно поглавје или додаток или амадман за права на жените, небаре тие се исклучок од човечкиот род?! Нели треба да важат националните закони и донесените меѓународни конвенции за човекови права за сите - за мажите и жените?

Би требало да е така, но не е! Човековите права важеле (а во некои делови од светот сé уште важат) само за мажите. Политичките и граѓанските права на спротивниот пол морале со мака да бидат изборени од организациите на жените.

Зошто е вака? Затоа што на жената од самиот старт на нејзиното постоење и полово дефинирање и е дефинирана улогата на подреденост, на недоволно човек, на човек од „втора категорија“. Улога од која и ден денеска се обидува да излезе и да ги сруши стереотипите кои таа ги носи со себе.

Зачеток на нееднаквостаАко се постави прашањето за создавањето и развојот на нееднаквиот третман на жените, по правило се посочува традиционалното вкоренување на патријархатот. Сé уште се смета дека патријархалното општество, онака како што постои денес речиси насекаде низ светот, со сите свои нивоа и различни нијанси, постоело отсекогаш (со мали исклучоци).

Поделбата на трудот од најраните времиња е одговорна за прераспределба на улогите меѓу мажот и жената. Мажот лови и носи храна - жената седи дома и се грижи за потомството.

Borbata za pravata na `enata

Page 6: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

6 BR.83

Дури и подоцна со развивање на цивилизацијата, жената важела единствено за мајка и сопруга, која со својата работа и труд во домот обезбедува успех на мажот надвор од куќата. Таа финансиски целосно зависела од мажот, кој бил господар на куќата и на сé што се наоѓа внатре во куќата, вклучувајќи ја и неа.

Граѓанското општество не ги пушташе жените како директни конкурентки во производниот процес. Тие беа исклучени од многу економски, политички и дури приватни одлуки.

Жените имаа ограничени можности на образование, без моќ на управување со својот имот, не можеа да потпишуваат договори и да прифатат работа без дозвола од мажот. Во правото на развод и грижа за децата - тие беа целосно дискриминирани.

А, кога беше поставена основата за да можат да работат, нивниот труд беше сметан за помалку „важен“, па се

експлоатираа работнички за најниски и мизерни плати. Оваа ситуација беше хранливо тло за првите јавни барања за еднакви права и можности за жените.

Движења за права на женитеДекларацијата на универзалните човекови права врз основа на природното право на Франција и Соединетите држави, дури кон крајот на 18 век во граѓанското општество ги поттикнало жените да ги побараат своите права.

Жените играа значајна улога во општествените процеси на преобразба, кои ги доживеа Франција во 18 век. Писателката Олимпе де Гугес во ваква состојба формулираше една „Декларација на правата на жената и граѓанката“. Овој документ содржински е тесно поврзан со „Декларацијата на човековите и граѓанските права“ прокламирана во 1789 год. Почетните реченици од оваа „женска декларација“ гласат:

Page 7: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

7

„Мажу, способен ли си да бидеш праведен? Една жена ти го поставува ова прашање. Барем ова право не можеш да и го одземеш. Кажи ми, кој ти ја додели таа автократска моќ да го потиснуваш мојот пол? Твојата сила? Твоите таленти?

Набљудувај го создателот во неговата мудрост. Помини низ природата со целата нејзина величественост, природата, на која се чини сакаш да ñ се приближиш, и изведи од тоа, ако се осмелуваш, пример за вакво тиранско владеење.“

Таа ги прецизираше сите поими во текстот „Декларацијата на човековите и граѓанските права“, кај кои не беше јасно дали со нив се мисли и на жените. Така, таа насекаде ги заменуваше зборовите „човек“ или „маж“ со „жена и маж“ и на секој „граѓанин“ му ставаше „граѓанка“ на страна. Во текот на ужасното владеење, Олимпе де Гугес била погубена во 1793. Колку повеќе се консолидирало граѓанското општество, толку повеќе им се одземале права на жените. Жените биле поделени во различни партии и групи на интереси

и не настапувале обединето за своите права. На тој начин најпрво пропаднале сите надежи за рамноправност.

„Декларацијата за права на жената и граѓанката“ долго време собирала прав во архивите и не била регистрирана во официјалните листи на современи документи. Дури во текот на движењето на жените повторно била откриена и била потврдена нејзината вредност како уникатен доказ за историјата.

Во 1848 во Сенека Фолс во државата Њујорк, била свикана седница од страна на Елизабет Кеди Стентон и Лукреција Мот, на која за прв пат на дневен ред била дискриминацијата на жената. Повеќето од тогаш собраните жени веќе претходно се бореле во движењето за правата на црнците. Движењето против ропството ја изострило свеста на жените за тоа дека самите тие биле дискриминирани како социјална група.

Така била создадена „Declaration of Sen-timent“ и, слично како и „Декларацијата на правата на жената и граѓанката“, се потпирала на „Декларацијата за

Page 8: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

8 BR.83

независнот“ од 1776.

Овој манифест е насочен против доминантноста на мажите во сите сфери на живеење. Текстот е заснован на фактот дека сите мажи и жени се родени со еднакви права на живот, слобода и стремеж кон среќа и дека обезбедувањето на овие неотуѓиви права е единствена легитимна цел на државата.

Сите закони што ги поттиснувале жените во подредени позиции, биле декларирани за нелигитимни. Следеле дванаесет резолуции што го поддржуваат еднаквиот третман на жените во приватен, религиозен, економски и политички контекст.

Иако Декларацијата и нејзините авторки, подоцна биле исмејувани и содржините биле изменети, таа, сепак, претставува почеток на женското движење во САД, кое се борело за правата на жените пред европските движења и послужило како пример.

Кога во 19 век се формираше движењето на жените, им беше важно да се постигнат подобрувања во граѓанско-правната област и да се загарантираат

нивните права (право на развод и грижа, укинување на старателството на мажот во бракот итн.). Правото на избор имало најголемо значење во нивните барања.

Но, без права и гласови во политичката јавност тие останале „молителки“, зависни од машките партнери во пактот и зависни од состојбата на политичко расположение. Како да се изборат за било какви права кога не учествуваат во гласањето и донесувањето на законите. Нивниот глас не се слушал во парламентот, ниту во законодавните домови.

Како последица, првото движење на жените се концентрирало сé повеќе и повеќе на стекнување право на глас на жената. Поборничките за права на жените се организирале во сопствени, независни и делумно независни организации. Жените што се појавувале јавно и ги барале своите права, можат грубо да се поделат во три групи:

Умерени

Тука се работи за една хетерогена група на женски сојузи, чии членови барале промени само во минимална мера односно чекор по чекор и во рамките на

Page 9: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

9

постоечките граѓански општества.

Било нагласувано дека жената била поинаква и дека имала поинакви задачи во општеството од мажот. Во оваа група спаѓал, на пример, христијанските сојузи за благосостојба, кои се грижеле за најсиромашните жени како и либералните сојузи за образование на жените и конзервативните жени.

Барањето за право на избор не било поставено од сите сојузи туку повлечено со објаснувањето дека жените сé уште не биле зрели за тоа, односно не се сакало да се навредат владејачите, или било побарано класно право на избор, кое ги вклучува жените.

Радикални

Ова е релативно мала група на жени од граѓанството, кои се залагале за радикално реобликување на општеството. Тие биле подвижната сила на борбите за право на избор. Овие жени ја нагласиле еднаквоста на жената и мажот, според што имаат право на исти права.

Радикалките биле мало движење, кое не се чувствувало приврзано кон ниедна партија. Но, некои барале контакт и со социјалистичките жени. Некои кампањи биле реализирани заеднички, како на пр. за правото на жените за избор.

Радикалните феминистки исто така се ангажирале за правата на социјално дискриминираните жени, на работничките и проститутките.

Социјалистки

Тука се работи за релативно независно организирани жени во рамките на социјалистичкото, а подоцна и во комунистичкото движење. Основа на барањата на социјалистичките жени се општите социјалистички барања за укинување на класните спротивности и на приватната сопственост на производните средства.

Предводничките на социјалистичкото движење, како Клара Цеткин, барале економска независност на жената како основен услов за нивна рамноправност како и укинување на хиерархизирањето

Page 10: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

10 BR.83

на половите, аналогно со укинувањето на класите.

Во центарот на барањата на социјалистичките жени, најпрво било изедначување на економската положба на работничките со онаа на работниците (исти плати за иста работа, отворање синдикат за жените итн.), подоцна се додало и правото на избор. Воведувањето на меѓународниот ден на жената, 8 март, датира од социјалистичките жени и протестот кој тие го организирале.

Право на гласПоимот право на глас на жените се однесува на економското и политичкото движење на реформите, со цел да се достигне правото на глас на жената во едно демократско општество.

Првата држава која им дала право на глас на жените била Нов Зеланд во 1893 год., со тоа на жената и била пружена можноста да донесува одлуки во политичкиот живот, но со ова не биле предизвикани најдобри реакции кај мажите, со оглед на тоа дека целата ситуација била проследена со коментари од типот „Им дадовме право на глас на жените, што е следно… кучињата?”.

Меѓутоа, кога тоа се случило, Нов Зеланд не била типична „држава“ во смисла на независна национална држава, туку повеќе самоуправна колонија. Место со сличен статус, кои на жените им го дадоа правото на глас пред Нов Зеланд беше територијата на Вајоминг (1869). Други можни земји, кои се сметаат за првични што им дале право на глас на жените се Република Корзика, островот на Ман (1881), Островите на Питкерн, Франсвил и Таволара, но нивното постоење како независни држави беше кратко и некои од нив не се сметаа за вистински независни земји.

Првата земја на независни нации, која го овозможи правото на глас на жените

е Шведска, каде на некои жени дури им беше дозволено да гласаат и за време во ерата на слободата (1718-1771), иако овие права не се однесуваа на сите жени.

Административните реформи кои следеа во 1905 г. им дозволија на жените во Шведска да гласаат (универзални и исти права на глас) и да се постават како кандидатки на изборите. И така во 1906 г. првите жени во светот, кои беа членки на парламентот беа од Шведска, кога во 1907 г. 19 жени го заземаа своето место во Парламентот, според постигнатиот успех на парламентарните избори истата година.

Во годините пред Првата Светска војна (1913), Норвешка и Данска, исто така, им дадоа право на глас на жените, а тоа се прошири и во австралиските држави. Во Канада тие го добија оваа право во 1918, па следеше руска СФСР, во Англија тоа време гласале само жените над 30 години, а во Германија и Полска сите жени добија право на глас. Во 1919 г. Во Холандија, а во 1920 во Америка жените

Page 11: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

11

го добија своето заслужено право да гласаат. Во 1926 г. во Турција жените го добија ова право.

Во 1928 г. правото на глас им беше дадено на сите жени во Англија, и нивниот глас вредеше исто колку тој на мажите. Тоа важеше за сите жени кои имаа над 21 години. Последна држава која дозволи жените да гласаат е Бутан. Државата тоа го одлучи во 2008 година. Саудиска Арабија, исто така, неодамна го донесе овој закон, а Саудијките ќе можат да гласаат на следните избори.

Со добивање на право на глас, подоцна започна и битката за реализирање на останатите права на жената: право на образование, достоинствена работа, право на планирање семејство (абортус) итн.

Правото на глас беше зачеток, беше појдовна точка со која жените се ставија на исто ниво со мажите, а нивниот глас беше слушнат во парламентот и учествуваа при донесувањето на законите и уредувањето на општеството.

Права на жените во Македонија

Македонија е земја која се залага за почитување на сите права на жените и ја промовира рамноправноста меѓу половите. Сето тоа е одлично, но за жал, само на хартија. Факт е дека поголемиот дел од жителите

на нашава држава (особено во руралните среднини) сé уште функционираат според оној стар патријахален принцип: мажот е главата на семејството, па не се обрнува големо внимание на образованието и професионалниот напредок на женските деца - најважно нешто за нив е да се омажат.

Во државните функции и јавниот политичи живот доминираат мажите, а и на раководните позиции во поголемите компании.

Жената, сé уште е врзана за домот, децата и семејството. Чекориме нанапред не викам не, но сé уште имаме долг пат да изодиме.

На нас, на новите генерации, ни останува должноста да ја срушиме подреденоста и да ја оттргнеме етикетата „човек од втор ред“. Човековите права се и женски права. Тоа е толку логично и толку едноставно. Зошто тогаш општеството не може да го сфати?

Елена Павловска

Page 12: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

12 BR.83

Морало да дојде 8-ми март за да се сетиме дека треба се бориме за правата на жените. Тогаш организираме трибини и дебати, тогаш бараме алтернатива за да ја решиме ситуацијата со семејното насилство или потчинувањето на жената.

По повод 8-ми март ќе се соберат жените и ќе дебатираат пред собраните, за тоа што постигнале за да се подобри нивната состојба во општеството. Барем вака начелно треба да изгледа таа дебата. А, што всушност се случува?

Па, едни со други, власта и опозицијата, си префрлаат кој повеќе направил за да се подобрат правата на жените во изминативе 20 години самостојна и суверена Македонија.

Факт е дека жените во Македонија, се застапени во политиката во релативно низок процент. Иако овој тренд постепено се менува, сепак, останува да помине долг период за тотално да се смени оваа состојба.

Во моментов Македонија брои точно 42 жени пратенички, а притоа има и три

жени министерки во сегашната влада. Но, сето ова е релативно низок процент на застапеност, доколку земеме предвид дека, на пример, во Франција од 38 членови на сегашната влада, дури 19 се жени, што е буквално 50% од вкупната бројка. Нешто што ние можеме само да го сонуваме.

Освен оние три горенаведени министерки во сегашната влада, не можеме да се пофалиме со некој добар учинок на жените инволвирани во политиката. Нема ниту една жена градоначалничка на било која општина во државава. Па, многу од нас се прашуваат, на што се должи оваа состојба во државата.

Едноставно објаснување сметам дека е самиот менталитет на народот. А, секако, дека не може, а да не споменеме дека владејачката партија е национално десничарска партија, која исто така ги негува традиционалните норми на поставеноста на жената како во семејството, така и во самото општество.

Vo politi~kata senka na ma`ot

Page 13: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

13

Наместо владата да ги поттикне и стимулира жените да станат дел од политиката и да управуваат со државата, тие им велат дека најпаметно ќе им биде да раѓаат деца и да седат дома.

Кампањата на владата за трето дете беше еден од „бум“ - проектите во Македонија, каде се велеше дека жената ако роди трето дете, нема да мора да оди на работа и ќе добива месечен надоместок. Ако жената роди трето дете, тогаш не мора да работи ништо во период од 10 години, бидејќи во истиот ќе прима надоместок од половина просечна плата.

Ова точно кажува дека традиционалната поставеност на жените во Македонија ни од далеку не е сменета. Жената и понатаму треба да седи дома, да готви, да чисти и да чува деца, а мажот ќе оди на работа и во оваа ситуација ќе биде министер.

Актуелната влада јасно и гласно укажува на своите ставови во однос на местото на жената во општеството, а ние, пак, и во 21-ви век оставаме да нé водат оние кои сметаат дека жената треба да биде само мајка и домаќинка.

Но, целосната ситуација не можеме да и

ја препишеме само на сегашната влада. Ситуација по ова прашање речиси никогаш не била сјајна во државава. Некогаш процентот на жени инволвирани во политиката бил поголем, некогаш помал.

Сето тоа лесно може да се поистовети со самиот менталитет на народот во Македонија. Ставовите, сфаќањата, интересите и размислувањата на луѓето тука, отсекогаш биле и ќе останат онакви какви што се, односно „се знае кому каде му е местото“.

Самите избори покажуваат дека жените сé уште не се доволно големи да седнат во градоначалничка фотелја. На изборите во 2009-та година од 13-те кандидатки за градоначалнички, не успеа да победи ниту една, додека, пак, против нив беа кандидирани дури 364 мажи.

Влијателната женска популација во Македонија смета дека стереотипите на населението, како и самите предрасуди кои владеат по партиите, не им дозволуваат на жените да се издигнат на повисоко ниво во политиката.

Една од ретките жени која е претседател на политичка партија, Лилјана Поповска, во своите последни обраќања

Page 14: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

14 BR.83

до јавноста и до власта, бара 30% од градоначалниците да бидат жени, а притоа тоа да биде регулирано со закон. Поповска вели дека со ваков предлог, партијата ДОМ излегла уште пред две години, но сега засега власта е глува на ваквите апели.

Жените во светот покажаа и докажаа дека можат, знаат и умеат да ги водат

државите, а притоа да ги направат и уште поуспешни од тоа што биле. Актуелен пример за оваа е германската канцеларка Ангела Меркел, како и претседателките на Бразил и Аргентина. Стереотипите, предрасудите и дискриминацијата во македонското општество мора да се искоренат, за да жените можат да мрднат од мртвата точка на политичкото сивило.

Магдалена Јовановска

Page 15: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

15

Pravata ne va`at vo ruralnite sredini

Сè почесто се говори на темата родова рамноправност, за еднаквоста со мажот кон која жената се стреми со децении, на постојаната трка на жената да покаже дека е подеднакво вредна како и мажот. Примерите на успешни жени, на жени кои водат држави и влади, кои сами решаваат за судбините на огромни народи ги среќаваме постојано.

Но дали овие силни, јаки лидерки се примерот по кој се водат и жените во руралните средини?

Не, во руралните средини оваа родова рамноправност како поим сè уште не е пристигната, како да сме раздалечени неколку илјади светлосни години, а сепак сме тука заедно, ги делиме истите секојдневни проблеми, се соочуваме со постојаната борба за подобар живот.

Жената во овие средини е многу обесправена; со неинформираноста за можностите кои ги има, на некој начин, таа прераснува во роб на куќата, на семејството, на децата. Во овие средини единствена улога за која младите девојки се воспитувани е да бидат добри сопруги, мајки, да го одржуваат имотот, да ја чуваат стоката и за ниту еден момент да не се побунат против својата судбина.

Уште од моментот на раѓање на женско дете во руралната средина, кај сите има некоја доза на разочарување, затоа што според нивните сфаќања синот е тој што има поголема вредност, тој е оној кој ќе го продолжи семејното име, тој е оној кој ќе го наследи целиот имот.

Како последица на ова и детството на

Page 16: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

16 BR.83

младите девојчиња поминува на некој начин обесправено - тие немаат можност да го посетуваат најблискиот град често, тоа е привилегија резервирана само за нивните браќа. Единствена можност која ја добиваат да бидат редовно во градот е онаа кога го завршуваат средното училиште. Потоа се мажат и за нив, на некој начин, е завршен секој можен напредок, секое надградување, секој стремеж да се постигне нешто повеќе во животот.

Особено со врзани раце се младите жени кои припаѓаат на малцинскиот етникум, дури и изборот на сопруг го врши некој друг место нив. Тие живеат секојдневно со улогата на безгласна буква.

Оние пак кои во своите училишни денови решиле дека нема да се вратат во селото тргнуваат во еден сосема друг правец. Огромна е бројката на неинформирани жени кои паѓаат во ланецот на трговија со луѓе, токму поради својата лековерност, поради желбата да се тргнат од нешто што мислат дека е лош живот.

Малото посветено внимание, заедно со неколкуте подароци се клучот кој ја отвора вратата кон проституцијата за овие жени. Желбата по секоја цена да се напушти своето родно место, се исполнува и со непромислени и избрзани бракови кои потоа донесуваат уште полоши денови.

Приказната на Кате, која поради верувањата на едно момче дека ќе живеат заедно во Германија го напуштила своето село без да знае никој, е вистински пример за лековерноста која ја имаат овие девојки.

Но, „животот во Германија“ подразбирал затвореност во една соба во селото Желино, Тетово, со постојани тепања и закани, принуденост на платени сексуални односи со непознати, од кои не добивала ниту денар, за да на крај биде спасена во една полициска акција.Сите овие мали гестови кои го будат чувството на помала вредност кај жените во руралните средини им се влева како лично убедување во потсвеста. Како

Page 17: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

последица на оваа своја намалена вредност, тие и самите веруваат дека мажите многу подобро можат да ги извршуваат сите работи од нив, дека тие се оние чии одлуки не се ставаат под знак прашалник.

Поради менталната блокада што сами си ја поставуваат, жените секојдневно трпат психичко насилство од своите сопрузи, од своите најблиски. Физичкото и сексуалното насилство кое го доживуваат во својот дом, за овие жени е тајна, која не смее да се каже, против која не смеат да се побунат. Тие едноставно веруваат дека тоа им се случува на сите, и поради малата средина во која живеат, голем срам е да се разбере нивниот однос со сопругот.

Зарем тие не чуле за кампањата против семејното насилство?

Нормално дека чуле, но дали имаат доволно храброст да излезат од тој круг, дали имаат доволно самодоверба да започнат еден нов сосема поинаков

живот? И да ги поседуваат овие карактеристики средината повторно ќе влијае на нив, нивното семејство кое нема да дозволи да се посрамоти со развод на бракот, немањето каде да живее, што да работи - се само дел од причините за молкот против тортурата кој владее кај овие жени.

Калина е една од оние кои имале храброст да излезат од мракот на насилство, но што добила за возврат? По разводот била избркана од куќата која ја градела со својот труд неколку децении, и бил забранет секаков контакт со децата; не можејќи да се врати во својата таткова куќа поради срамот кој го донела, морала да го напушти селото и во друго да моли за покрив над главата и за корка леб. Зарем таа нема право да оди во засолниште на жени? Да ги знае своите права? Да се бори за својот имот? Да има правна заштита која ќе и помогне во тешките мигови?

Зарем ова не е игнорирање од страна

Page 18: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.83

на институциите? Зарем некој не може да се погрижи за информираноста, за правната заштита, за зголемување на капацитетите за сите жени кои ќе се најдат во ситуацијата на Калина, да може да побараат работа, да му дадат повторно смисла на својот живот?

Лекарските контроли врз здравјето на овие жени се вистинска реткост, поради оддалеченоста на здравствените домови, време кое тие не може да го одделат бидејќи и така имаат премногу обврски во домот. За немањето на здравствено осигурување воопшто и не станува збор, бидејќи многу мал е бројот на жените во руралните средини кои работат и на кои им тече работен стаж.

Алармантна е состојбата на недостапноста на основите лекарски прегледи, поради кои сè почесто овие жени страдаат од канцерогени заболувања на репродуктивните органи, кои оставаат смртни последици.

Бесплатни гинеколошки прегледи за сите жени, гласи владината реклама, но дали размислил некој дека жените во руралните средини немаат во близина амбуланта со лекар, кој навремено ќе ги препознае симптомите кај нив за болест на репродуктивните органи и ќе ги упати каде да се обратат за понатамошно

лекување?

Поради оваа грешка, бројот на смртни случаи посебно од канцерогени заболувања е алармантен.

Деноноќната посветеност на домот, на воспитување на децата, на внимавање на имотот и посевите одземаат речиси 50% од времето на жената, но никој воопшто не се потрудил да ѝ ја признае оваа жртва.

Жените ја познаваат работата во земјоделството подобро од било кој, но зошто жената која секојдневно работи на нивите нема регистрирано посев на свое име, за да добие субвенции за својот макотрпен труд?

Доколку повеќе се информираат жените за можностите кои може сами да ги создадат само со своето знаење за одгледување на одредени производи или стоки, тогаш можеби конечно ќе ги отворат своите очи и ќе започне една сосема нова ера во руралната средина.

Иако жените одамна се избориле за своето право на глас, овие жени немаат право ни за тоа самостојно да одлучуваат. За нив одлучуваат нивните

Page 19: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

мажи, роднини, а тие како пиуни само го заокружуваат кажаното име, незнаејќи што добро или зло ќе донесе тоа за нив.

Како можат тие да ги кажат своите потреби, недостатоците во нивната рурална средина, потребата за мост, пречистителна станица, можност за вработување на жените, кога мажите им го одземаат правото на глас?

Како да напредуваат кога не можат својата рамноправност да ја добијат

ниту во својот дом?

Колку од руралните жени се претставници во локалните совети? Колку јаки жени од руралните средини се борат за подобар статус на жената во тие краеви?

Таквите жени во целата наша држава може да се избројат на прстите од раката. Но многу поголем е бројот на оние кои немаат каде да се обратат, кои се неинформирани како може да го подобрат својот живот...

Наташа Димеска

Page 20: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.83

@enite, politikata i na{ite sosedi

Спроведовме мало истражување и еве што откривме за застапеноста на жените во политиката кај нашите соседи Албанија, Србија, Бугарија и Грција.

Жена за претседател на Албанија

Коалицијата за промoција на жени и млади во политиката, со голем интерес ги следеше дискусиите помеѓу парламентарните партии, за избор на нов претседател на Република Албанија, процес кој официјално започна во парламентот на 30-ти мај.

Со оглед на тоа што жените и девојките во Албанија имаат најниско присуство во политичкиот живот, веруваме дека е време политичките партии сериозно да размислуваат да постават жена за претседател на републиката.

Коалицијата препорачуваше сите

парламентарни политички партии и пратеници да го земат предвид овој предлог на Коалицијата, со што ќе и се овозможи на Албанија, за прв пат во историјата, да има жена за претседател.

Во Албанија има многу жени со одлични кариери, кои би биле потенцијални кандидатки за позицијата претседател на државата. Избирањето на жена за претседател не е услуга или, пак, „пропуст“ за жените, туку е чест за уставната позиција на претседателот.

Коалицијата веруваше дека овој чекор ќе ја смири лошата клима и недоверба што владее во албанската политика, а истовремено ќе служи за пример на стотици и илјадници жени и девојки низ целата земја.

Жените во Албанија содржат речиси 50% од севкупната популација, а само 14% се одвоени за нив во парламентот, што ја

Page 21: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

рангира Албанија меѓу последните земји во Европа според присуство на жените во политичкиот живот. Само 1% е оставен на жените на лидерските позиции во општините и градовите, што повторно ја сместува Албанија помеѓу последните земји во светот според присуството на жените во локалната влада.

Многу земји моментално имаат жени за претседател: Аргентина, Косово, Бангладеш, Либерија, Индија, Литванија, Костарика, Бразил, Швајцарија, Малави итн.

Изборот на жена на чело на државата нема да ја подобри сликата за земјата во очите на албанската јавност и нивното мислење, Европската Унија и нашите меѓународни партии, туку ќе ја покаже зрелоста на демократијата во земјата што се движи кон еднакво поделена моќ помеѓу мажите и жените во Албанија.

Коалицијата за промоција на женското учество во политиката е една од главните групи во граѓанското општество во Албанија и се труди да се залага за фер застапеност и присуство на жените, младите и малцинствата во парламентот, централната и локалната власт, како и во партиите и политичките форуми, а и генерално во процесот на донесување одлуки.

Жена претседател не се избра на 30-ти мај, но, надежта останува за наредните избори.

Бугарија на трето место во ЕУ Одборот за правата на жените и еднаквост меѓу половите во Европскиот парламент, неодамна, дискутираше за предлогот од страна на пратеничката Мариа Неделчева во врска со извештајот од 2011-та за напредокот во однос на

еднаквоста помеѓу мажите и жените во ЕУ.

Неделчева беше избрана за координатор на Европската народна партија и го застапуваше нивниот став. Ова прашање е повеќе од приоритет за неа, тоа е нејзина цел.

Предлозите што таа ги даде вклучуваат повеќе внимание околу проблемот со женската застапеност во политиката, како и ред други чувствителни теми, како детската згриженост, што е важен услов за подобрена компатибилност на приватниот и професионалниот живот на жените.

Друга тема е психолошко и економско малтретирање на жените во семејството, што е уште еден начин како да ñ се одземе на жената правото да води политичка кариера.

Според Мариа Неделчева, вниманието треба да се насочи и кон застапеноста на жените во парламентите. Во некои земји од ЕУ жените учествуваат со 15% во парламентот, иако севкупно во популацијата се присутни со 50%.

Според статистиките од 2011-та на Европската Комисија, 60% од жените имаат факултетски дипломи, а само мал дел од нив ги има на чело на одборите во големи фирми. Само малку жени се на високите позиции во политичката сфера.

Добрата страна е што во овој поглед, Бугарија се наоѓа меѓу првите три места во ЕУ, според изјавата на Мариа Неделчева за Радио Бугарија. Но, сé уште има уште многу да се направи и во Бугарија и во Европа.

Во продолжение, кратко интервју со

Page 22: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.83

Мариа Неделчева.

Што ќе превземе Европскиот парламент?

Првата иницијатива беше на 10-ти февруари во Берлин. Таму бевме заедно со Европскиот комесар за правда и основни права и должности, Вивиан Рединг.

Со здружен напор, заедно со неа, пративме писма до сите медиуми во Бугарија и им укажавме за овој проблем, особено за присуството на жените во одборите во големите компании, кое во цела Европа е само 3%.

Доколку ги проучиме демографските статистики, ќе сфатиме дека 3% учество во донесувањето одлуки е незабележливо споредено со 50% жени во популацијата во Европа. Затоа со Комесарот на компаниите им дадовме рок од една година, да внесат нови идеи и начини што би обезбедиле поголемо присуство на жените во носењето одлуки. Компаниите и институциите беа доброволно избрани.

Не поддржувам казнени политики. Не мора да ги казнуваме компаниите, доколку не успеат да пополнат одредена женска квота во одборите. Системот за пополнување квоти е навистина присутен во Франција, уште од 2001-та година и многу компании беа подготвени да платат казни, па така женското учество остана неправедно. Она што ми е важно е да се сфати тежината на овој проблем, што ќе помогне и ќе мотивира да се работи повеќе за да ја осигураме женската застапеност во одборите за донесување одлуки.

Каква е ситуацијата во Бугарија?

Мислам дека бугарските жени треба да имаат поголема самодоверба. Треба да бидеме отворени со старите земји членки и да им покажеме што можат да научат од нас.

Факт е дека Бугарија се наоѓа на првите три места во Европа според поставеноста на жените на високи функции. Бугарија има жена за Европски комесар, жена на чело на Парламентот и жена за

Page 23: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

градоначалник на Софија.

За жал, како да се срамиме да го кажеме ова на глас. Факт е дека во овој поглед сме лидери во Европа. Го постигнавме ова и останатите треба да го знаат овој наш успех.

Има ли други чувствителни теми во однос на правата на жените во Бугарија и ЕУ?

Без сомнеж, учеството на жените во управувачките тела е многу важно. Она што е потешко да се постигне во Бугарија е флексибилноста во работата на жените, што го прави балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот. Мора да се работи на флексибилно работно време, отворање градинки во склоп на работните места, проблеми околу социјалното осигурување, подготвување на жените за нивните породилни отсуства итн.

Ова буквално значи дека треба да ставиме крај на општото мислење дека жените можат да бидат само добри мајки или само добри професионалци. Жените во Бугарија треба да добијат поголема поддршка од Европскиот одбор за она што го постигнуваат секојдневно.

Мариа Неделчева вели дека новите сектори за екологија и новите технологии ќе создадат уште подобри услови за еднаквоста на жените. Имаат потенцијал да создадат услови за еднаква застапеност на жените и мажите на високи извршни позиции.

Србија се залага да го зголеми бројот на жени во политиката

По изборите што се одржаа на 6-ти мај, се очекуваше повеќе жени да седнат во парламентот од претходно, што е чекор

поблиску до европските стандарди.

Изборите во 2008-та имаа различни правила, партиите и коалициите на изборните списоци требаше да имаат минимум 30% женски кандидати. Тоа резултираше со 22% жени-пратеници, или 55 од 250 места во парламентот.

Новите правила сега ги обврзуваат партиите и коалициите да имаат минимум 33% жени-кандидатки на изборните списоци, што ќе доведе до повеќе жени во парламенотот.

На изборите, двете најмоќни партии, Српската напредна партија и Демократската партија, соопштија дека најверојатно за позицијата премиер на државата ќе номинираат жена.

Споредено со останатите земји во регионот, Србија најцврсто се држи до барањето. Црна Гора има само 11% жени во парламентот, додека, пак, Хрватска околу 21%.

Снежана Лакичевиќ, претседател на српскиот владин Совет за еднаквост помеѓу половите, изјави дека земјата треба да се труди да достигне просек од 40% присутност на жените во парламентот.

„Изминативе четири години направивме многу за да обезбедиме подобра позиција на жените во политичката сфера. Се надевам дека новите правила и повисоката присутност на жените на изборните списоци ќе придонесат за зголемување на женското влијание“, рече Лакичевиќ.

Како и да е, таа, исто така, мисли дека на жените треба да им се додели и извршна власт во Владата и локалната администрација.

Page 24: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.83

Минатата година жените држеа позиции на министри за телекомуникации, инвестиции и спорт и млади.

„Законот не одредува колку жени треба да има во извршните тела. Има предлог, жените да бидат вклучени што е можно повеќе и се надевам дека тоа ќе премине во задолжителност“, вели таа.

Петар Петковиќ, претседател на опозиционата Демократска партија на Србија, тврди дека во неговата партија дозволува значително влијание на жените.

„Во земја каде на ниеден граѓанин не му е добро, ниту на жените не може да им биде добро. Претходната влада постојано се фалеше на полето на

половата еднаквост, иако сето тоа беше постигнато благодарение на Демократската партија додека беше на власт, водена од Војислав Коштуница“ изјави Петковиќ.

Србија има репутација на патријархално општество, но многу мажи би им дале шанси и на жените во политиката.

„Ние мажите не сме се покажале исклучително во водењето на државава, па можеби овојпат треба жените да бидат ставени на чело“, вели графичкиот дизајнер Марко Радовиќ.

Како и во Албанија, и во Србија не беше избрана жена за премиер, па надежите се насочуваат кон иднината.

Page 25: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

Во Грција 1/5 жени во Парламентот

За прв пат во историјата на грчкиот парламент, 20% од пратениците ќе бидат жени. Врз основа на резултатите од изборите на 17-ти јуни, бројот на жени во парламентот се зголеми за 2,7%, споредено со оној во 2009-та, кога 60 од 300 пратеници беа жени.

Парламентарната група со најголем процент (35% и 7 жени) е онаа на Независни Грци, а онаа со најнизок процент (5,56% и 1 жена) е Криси Авги. На второ место е Грчката комунистичка партија (33,33% и 4 жени), потоа Сириза (30,99% и 22 жени), Демократската

левица (29,41% и 5 жени), Нова демократија (13,95% и 18 жени) и ПАСОК (9,09% и 3 жени).

Генералниот секретаријат за еднакви права изјави дека моменталната застапеност на жените во парламентот (1/5) е сé уште под минималната граница, која е 1/3 според грчките закони.

Ете, таква е ситуацијата со застапеноста на жените во политиката и во парламентите на нашите соседи. Се надеваме дека во иднина бројките ќе се движат само кон подобро и дека политичките партии ќе имаат поголема доверба во своите женски членови.

Подготви: Милена ПетровскаИзвори: SET Times/Causes/BNR/ANSA med

Page 26: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.83

Покрај неодамнешниот напредoк во Франција и останатите земји, сепак, жените се недоволно застапени во повеќето парламенти во светот.

Последниве месеци беа доста добри за пратеничките од целиот свет. Во Тунис, освоија речиси 25% од местата во парламентот во државните пост-револуционерни избори. Во Алжир, биле уште подобри, со повеќе од 30% - толку добро што зградата на парламентот морала да биде прилагодена за да се изградат соодветни женски тоалети.

Потоа, во Франција, оваа недела, рекорден број на жени (155) беа вратени во Државниот Парламент. Пропорционалната застапеност, значи многу работи за луѓето, но уште на почетокот на демократијата за половина луѓе на планетава нема ништо од таа пропорционална застапеност.

Светскиот просек на жените во парламентот изнесуваше 19,5% во 2011-та година, за 0,5% поголем од претходната година. Просекот моментално

изнесува 19,8%. Значи тенденцијата на зголемување продолжува.

„Резултатите од француските избори се дефинитивно подобрување, но не треба да преувеличуваме”, предупредува Ха Слоан, директор во Центарот за жени и демократија.

Неодамнешните избори во Грција, покажаа спротивна слика - две жени кои беа нападнати во живо на телевизија и само две жени на кои им било понудено работа од 39–те припадници на кабинетот.

Во просек 42% во парламентот во Нордиските земји се жени, што претставувало врв во 2011 година. Велика Британија има 145 женски пратенички – нешто повеќе од 20%, што ги става на 55-та позиција на глобално ниво заедно со Малави.

Карин Џабр од Интерпарламентарната унија верува дека културата сé уште е клучен фактор, како што е волјата на политичките партии да обезбедат помош и финансиска поддршка за кандидатите од женскиот пол.

Неодамнешните востанија во арапскиот свет доведоа до тоа да се надеваме, дека идните политички промени ќе го зголемат учеството на жените во политичките редови.

„Ова е можност за промена и ако погледнете во земјите кои денес имаат повеќе од 30% жени во парламентот, ќе сфатите дека добра третина од нив се всушност пост – конфликтни земји и ја искористиле можноста да го обноват нивниот Устав, да направат

Da se smeni sistemot, a ne `enite

Page 27: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

реконструкција на нивната земја и да се најдат подобри решенија”, изјави Џабр.

Ситуацијата, сепак, сé уште се разликува значително од држава во држава. Кина можеби ја испрати својата прва жена во вселената, но бројот на жените во Централниот комитет, всушност е во опаѓање. И покрај постојаните ветувања за подобрување на застапеноста на жените во политиката, само една петтина од членовите на Комунистичката партија се жени.

Руанда оди на глобално ниво, да биде првата земја во светот со мнозинство на жените од 56%. Жените имаат 45 од 80 места во Долниот дом, а 9 од 26 во Горниот. Земјата воведе задолжителни 30% од местата за припадничките на женскиот пол, како дел од Уставот од пост – геноцидот.

Андора, Шведска, Јужна Африка и Куба се, исто така, во рамките на топ 10-те на ВТА на ИПУ. Во Јужна Африка жените зафаќаат 42,3% од местата за пратеници, но со повеќе од 65 000 сексуални престапи снимени секоја година, земјата сé уште е рангирана ниско, како место каде жените би можеле да живеат.

Малиот број на жени во руската државна Дума бил искритикуван од страна на говорникот Сергеј Наришкин, кој рекол дека ситуацијата „не е во ред”. Од 450 пратеници само 63 се жени. Во Горниот Дом жените сочинуваат скромни 5% од вкупниот број.

Ели Муди, политички и кампањски менаџер, од Велика Британија, ги опишува промените во застапеноста на жените во британската политика како „многу бавни”. Таа нагласува дека политичките партии мораат да превземат поголема одговорност. Нејзиниот став е дека „сите партии треба да превземат акција по ова прашање”.

Шарлот Вер е цвсто против аргументот дека парламентот треба да се подели на 50/50.

Page 28: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

28 BR.83

„Некои држави ќе достигнат до 50%, некои не. Ми се чини дека процентот не е ниту точен, но не е ниту погрешен. Ние само треба да бидеме сигурни дека бариерите се отстранети”, рече таа.

Вер исто така, верува дека мажите треба да бидат вклучени во дебатата и се грижи што ова веќе станало дискусија на жена со жена. Слоан верува дека е потребен голем напредок.

„Ние сме многу далеку, од онаму каде што треба да бидеме”, рече таа, додавајќи дека додека Велика Британија сé уште зборува за промена,

другите европски земји веќе превземаат акција. Повеќето од дискурсите на жените во политиката, рече таа, се сконцентрирани на недостатоците.

„Навистина мислам дека е спротивно, политиката не ги усогласува луѓето. Сите недостатоци за кои луѓето зборуваат за кај жените, се всушност дефекти во системот.”

„Идејата дека многу способни жени одеднаш стануваат свенати темјанушки за време на изборите, е апсолутно смешно” рече таа. „Јас би го променила системот, а не жените.”

Превод: Eмилија ПетрескаИзвор: The Guardian

Page 29: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

29

Intervju so sovetnikot na Ronald Regan -Dejvid Gergen

Дејвид Герген (70), медиумски експерт и директор за односи за јавност на поранешниот американски претседател Роналд Реган, стравува дека дури и втор мандат нема да му помогне на актуелниот претседател, Барак Обама, да ги надмине големите поделби во Вашингтон. Следните неколку години ќе бидат тешки години, вели тој.

Според анкетите на јавно мислење, довербата на граѓаните на САД во бизнис-лидерите, политичарите и медиумите, драстично опаѓа. Постои ли некоја институција во која американскиот народ сé уште верува?

Постојат многу примери кога нашата политика била крајно поларизирана, а политичарите раскарани, како на пример за време на Втората светска

војна, но од друга страна постојат многу малку примери во кои истовремено сме биле и парализирани во неделување. Јас работев за Ричард Никсон, еден од најконтраверзните претседатели досега. Но, и за време на неговиот мандат сфатив дека луѓето во суштина секогаш можат да најдат заедничка основа.

Дали тоа чувство исчезна во Вашингтон?

Накратко, по 11-ти септември народот застана обединет зад претседателот Џорџ Буш и тој доби двопартиска поддршка да оди во Авганистан. Но, тој момент не траеше долго. Во моментов нашите политики дури и ја повредуваат економијата. Кога ја видовме големата расправија на Конгресот во август 2011 година, во врска со преголемата задолженост, довербата на нашите

Page 30: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

30 BR.83

потрошувачи опадна на најниско ниво во модерната историја. Тоа страшно го забави заздравувањето на нашата економија.

Дали можеби економската криза не е единствениот фактор за сегашната поларизација? Американците се чувствуваат нервозни и несигурни.

Секако дека неодамнешната економска криза придонесе кон поларизацијата, но важно е да се потенцира дека поларизација започна да се продлабочува во 1980-тите и 1990-тите години на 20-от век, во времето кога создававме над 20 милиони работни места во една деценија. Културниот фактор, исто така, имаше своја улога.

Како лице од медиумите морам да признам дека и медиумите, исто така, имаа удел во сегашната ситуација. Сите сенатори по ред ми кажуваат дека добиле покана да гостуват во ТВ ток-шоу, заедно со некој од спротивната партија. Тогаш продуцентот им се јавува и им кажува за кои сегменти сака да разговаараат и ако му кажете дека умерено ќе дискутирате, наредниот ден добивате телефонски повик, во кој ве известуваат дека решиле да поканат некој друг.

Дали тоа значи дека во Америка не можете да бидете успешен политичар освен ако не сте подготвени да се расправате?

Денес е многу тешко за умерените да издејствуваат победа и да бидат слушнати во Вашингтон. Тоа е причината зошто тие се повлекуваат.

Од друга страна, Американците секогаш велеле дека копнеат за умереност во политиката. Како тоа сега се вклопува во овој концепт?

Двете страни на спектарот остануваат силно ангажирани. Тие поттикнуваат најголем дел од разговорите. Длабоко се посветени и се внимателни. Би сакал да ги видам оние умерените во средината на политиката на САД, но се чини дека многумина не се расположени да трошат време за да го направат тоа возможно.

Дали САД има тивко умерено мнозинство?

Токму така, и ова мнозинство е засенето од бучната околина. Погледнете ги медиумите. До неодамна вестите на CNN беа најгледани од сите кабловски канали, но во ова време на поларизација, напорите на овој медиум да остане непристрасен придонесоа за пад на неговиот рејтинг. А, пак, погледнете го Fox News, кој очигледно е поддржувач на десницата, а од друга страна MSN-BC, поддржувач на левицата. Тие постигнаа раст на рејтингот. И во светот на дневните весници гледаме зголемена поларизација.

Во Европа културата на партизирани медиуми постои долго време, зошто таков сличен развој доведе до толку голем пад во јавниот говор во Америка?

Page 31: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

31

Бидејќи луѓето тука ги читаат само ставовите кои ги поддржуваат нивните лични мислења. Она што всушност се случува, ако не ги слушаш спротивните милења, е почеток на гледање на реалноста преку различни очи. Десницата во САД сега смета дека претседателот Барак Обама е настроен против развојот на бизнисот, додека, пак, левицата смета дека тој многу се грижи за бизнисот во САД. Реалноста е една, но луѓето различно ја гледаат. И во рамките на партиите, секако, има различни сфаќања на реалноста. На пример, земете ја Чајната партија наспроти Републиканците.

Кога веќе зборуваме за реалноста, кога работевте како директор за комуникации за претседателот Роналд Реган, една од вашите револуционерни идеи беше да се „прикажува“ реалноста секој ден. Реалноста на пораката на Реган. На тој начин вие ја отворивте

Пандорината кутија и делумно тоа е еден од проблемите кој доведе до сегашната поларизација во САД.

Жалам за некои работи што ги направив во тоа време, но не мислам дека придонесов за сегашната поларизација. Јас со децении се спротивставувам на прекумерната пристрасност. Во врска со „прикажувањето“, ве молам, сфатете дека кога Реган беше избран за претседател, веќе имавме низа на претседатели кои ја напуштија функцијата, а не го постигнаа она што тие го сакаа.

Џон Кенеди беше убиен, Линдон Џонсон беше принуден да се повлече од функција, Ричард Никсон беше принуден да се повлече поради скандал, исто и Џералд Форд и Џими Картер беа принудени да си заминат од претседателската фотелја. До 1980-та година владееше мислење дека претседателот не може да владее и дека Америка го има изгубено својот пат.

Page 32: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

32 BR.83

А, секојдневното известување на медиумите беше со цел да се промени тоа?

Мислевме дека претседателите ја изгубиле нивната способност да убедуваат, бидејќи сé повеќе го губеа капацитетот да управуваат преку телевизија. Па, така се обидовме да ја пренесуваме пораката на претседателот во медиумите секој ден, со цел да стигне до широката јавност.

Што доведе до поголема поларизација?

Искрено мислев дека она што го сторивме во времето на Реган беше оправдано. Секако и поголемиот дел од јавноста мислеше дека во Белата куќа повторно има лидер. Но, во последниве години ова „известување“ на јавноста отиде предалеку и жал ми е што стигнавме до тука.

Дали се чувствувате виновни за кандидатите како Сара Пејлин - со стил, но без суштина?

Јас лично, воопшто, не се чувствувам одговорен.

Но, како можеше да се случи една личност како Пејлин да стане толку важна во американската политика? Таа ситуација вмеша и други смешни кандидати како Доналд Трамп или Херман Кеин во овој изборен циклус.

Ве молам не ѝ давајте преголемо значење нејзе во американската политика, таа беше многу полуларна некое време, но нејзиното влијание се намали откако се појавија други личности.

Американските медуми сé уште ја пренесуваат секоја нејзина изјава.

Бидејќи таа е интересна, но во основа го отфрлам ставот дека моето влијание на политиката има било каква врска со Пејлин. Тоа не е она на кое работев 40 години, ниту за кое се залагав досега. И патем, вие го потценувате Реган. Тој беше човек кој нуди содржина со стил, исто како, што беше и Џон Кенеди.

Дали Ве изненадува фактот што Обама, кој се покажа како надарен оратор за време на кампањата, не стана подобар говорник за време на неговиот мандат?

Некои од неговите говори кога беше кандидат, како оној од Филаделфија, беа навистина инспиративни. Гласав за Обама, бидејќи се надевав дека ако еден Афроамериканец дојде на таа позиција би можел да помогне во трансформирањето на нашата култура. Најпрво ме изненади неговиот победнички говор, немаше во него полет каков што очекував.Тоа многу ме разочара. За жал, тој тренд продолжи.

Обама, исто така, беше премногу експониран во првите години од неговиот мандат. Од неодамна започна повнимателно да избира каде ќе се

Page 33: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

33

појавува и оттогаш се зголеми неговиот рејтинг.

Американците имаа тенденција да ги обожаваат нивните бизнис-лидери, но откако започна кризата тие не се веќе сакани.

Проблемот е дури и поширок. Луѓето ги избираат своите лидери и ги следат. Претседателите на универзитетите имаат голем број на следбеници. Исто така, и религиозните лидери имаат голем број на следбеници. Но, сега нема многу луѓе за кои може да се рече дека се сакани и имаат поддржувачи. Колку што се сеќавам ова е првпат да имаме колапс во лидерството и во бизнисот и во политиката. Со тоа земјата е препуштена во рацете на судбината.

Со исклучок на војската?

Да, бидејќи тие се големи професионалци и си ја завршуваат работата. Исто така, верувам дека младата генерација, оние во нивните дваесетти и триесетти години многу ветуваат за земјата. Тие се идеалисти, се вклучуваат во волонтерски акции во сé поголем број и ја мразат денешната поларизација. Многу од нашите најдобри нови лидери се вратени дома од Ирак или од Авганистан, желни повторно да ја изградат Америка.

Зборувајќи за помладата генерација, како влијае експлозијата на социјалните медиуми врз политиката?

Тоа е меч со две острици. Јасно е дека социјалните медиуми направија огромна разлика со Арапската пролет. Во некои случаеви и политичарите во Вашингтон мораа да се повлечат од некои свои идеи поради предупредувањата на социјалните медиуми.

Но, Малком Гладвел, од Њујорк, забележува дека социјалните медиуми можат да ги натераат луѓето да се појават на гласање, но не би можело преку нив да се води граѓанска револуција. Социјалните медиуми не се добри во поттикнувањето на луѓето да направат некои тешки работи, работи кои бараат постојан напор.

Значи тие се добри за водење кампања, но не и за управување преку нив?

Обама одлично ги искористи социјалните медиуми за време на неговата кампања да ги мобилизира неговите гласачи, но имаше потешкотии во користењето откако го доби мандатот. Тогаш навистина мислев дека тој ќе има армија од млади луѓе. И дека секогаш кога ќе изнесе некое прашање, ќе постои армија млади луѓе подготвени да го поплават Конгресот. Но, тоа не се случи.

Вие како човек на Никсон и Реган бевте повикани во Белата куќа на Клинтон да се погрижите сите возови да тргнат навреме, кога Белата куќа беше на чекор од опасен пад на дното, за време на неговиот прв мандат.

Не сум баш сигурен дека сите возови

Page 34: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

34 BR.83

тргнаа навреме. Меѓутоа, јас долго време го познавав претседателот Клинтон и тој побара помош од мене. Но, тој ги има сите заслуги за начинот на кој успеа да ја поврати рамнотежата.

Зошто истото не се случи во Белата куќа на Обама? Зошто по првите неуспеси кои ги доживеа неговиот тим не ангажираше некој со малку поинаква позадина, за да воведе умереност?

Барак Обама е многу паметен човек. Тој има многу квалитети. Бил Клинтон е подобар политичар. Клинтон од самиот почеток веруваше дека за да победи, најпрво мора да состави тим од луѓе кои доаѓаат од различни делови на политичкиот спектар. Обама има многу добри луѓе околу него, но сите тие доаѓаат од иста група, сите тие се од Чикаго. Разговарав околу ова со него и му реков „Задржи ги луѓето кои се до тебе; очигледно се способни. Но, многу ќе помогне ако го проширите вашиот внатрешен круг со луѓе со различни перспективи“.

Што Ви одговори Обама?

Тој го ангажираше бизнисменот Бил Дејли, како шеф на кабинет, но во суштина, Дејли уште од самиот почеток беше маргинализиран. Тој се откажа од работата по помалку од една година.

Зошто Обама генерира толкава омраза во земјата?

Би сакал да верувам дека тоа не се должи на расизмот, но сигурен сум дека тоа е еден елемент. Но, на крајот ние бевме тие кои гласавме за Афроамериканец. Ако постоеше толку голема расна омраза, тогаш тој никогаш немаше да успее да стане претседател на САД. Понекогаш изгледа дека тој всушност им држи предавање на луѓето, а тоа нив ги навредува.

Тој не ја покажа таа своја особина за време на кампањата, нели?

Не. Се промени кога стана претседател. Обама има еден друг проблем. Тој водеше кампања во која секој во него можеше

Page 35: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

35

да го види она што сакаше да го види. Мислев дека ќе биде умерен центрист. Левицата мислеше дека тој ќе биде еден од нив. Многу луѓе од различни профили ги полагаа своите надежи во него, но кога тој почна да избира и да донесува одлуки луѓето открија дека тој, всушност, не е таков каков што веруваа и тоа ги вознемири.

Дали Обама вложи доволно напори за да ги помири политичките страни во Вашингтон?

Се обиде, но се покажа дека тој е поинтровертен отколку што мислев дека е. Тој не чувствува дека има потреба од поголем круг на пријатели и мислам дека не се обиде да создаде врски во Вашингтон на начинот на кој Клинтон и Реган градеа и создаваа односи.

Но, дали тогаш конзервативците би биле поотворени?

Мислам дека повеќе смисла би имало, ако тој се обидеше да допре до лидерите на републиканската партија во Конгресот. Иако за волја на вистината, поголем дел од нив се обидуваа да го уништат уште од самиот почеток.

Дали има надеж за „нов почеток“, ако Обама ги добие и овие избори?

Надеж секогаш постои, но историјата покажала дека секој втор мандат е послаб во однос на ефикасноста на домашно тло. Најчесто за време на вториот мандат на претседателот се постигнуваат многу цели надвор, но не и во земјата. Следните неколку години ќе бидат многу тешки. Сметам дека нашиот политички систем во основа е дисфункционален.

Кои квалитети треба да ги поседува лидерот на земјата за да се излезе

од овој ќор-сокак во американската политика?

Мислам дека ни една личност тоа не може да го стори сега. Потребна ни е нова генерација за да ни помогне. Можеби ќе биде од помош ако на чело на САД застане жена, бидејќи печатот, барем некое време ќе има поголема почит.

Хилари Клинтон?

Мислам дека ако сега Хилари Клинтон беше дел од предизборната трка, многу лесно ќе ги победеше и Ромни и Обама.

Но, таа ја отфрли идејата да се кандидра повторно. Тоа значи дека Америка сега е во безизлезна ситуација?

Јас сум оптимист на долг рок, кога ќе дојде на власт нова генерација на лидери. Но, следниве од три до пет години ќе бидат проблематични, без разлика кој ќе биде избран во ноември. Мислев дека Обама ќе биде првиот човек кој по долго време ќе успее да се пробие, но неговиот неуспех стана извор на огромно разочарување. Надежите на многу Американци, особено на младите, беа уништени.

Page 36: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

36 BR.83

Како може да се залечат нивните скршени срца?

Можеби е потребен поинаков вид на лидер, не толку харизматичен. Еден мој колега од Харвард, Бил Џорџ, тврди дека резлутатот од последната криза во светот на бизнисот е враќањето на поодговорни и помалку гламурозни извршни директори.

Но, нели таков тивок политички лидер би можел да биде исмејан од медиумите како досаден и здрвен?

Не сум сигурен. Но, она што го знам е дека Американците, кои работат во Кина, многу ги почитуваат тамошните лидери, поради компетентноста и ефикасноста

на кинеското раководство.

Сериозно го велите ова? Комунистичка Кина би требало да ѝ послужи на најстарата демократија на планетава како модел за раководство?

Знам дека е тешко да се поверува. Кинеските лидери во моментов се гледаат како американски генерали. Тие се компетентни и успеваат да си ги завршат работите како што треба. Секако дека Американците се свесни дека и Кина има внатрешни проблеми и се загрижени за „скапата Кина“. Но, гледаме како градат модерна инфраструктура и се прашуваме - зошто ние не вложуваме повеќе во нашата иднина?!

Превод: Кристина ВељаноскаИзвор: Spiegel

Page 37: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA

37

30 Juni 2012

Page 38: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

38 BR.83

Makedonski turizam vo zimski son

На сите страни се труби дека Република Македонија има голем туристички потенцијал, дека има предуслови за развој на алтернативен селски туризам, на езерски туризам, на планински, на казински, на манастирски... Тогаш, ако ова е вистина, зошто во Македонија имаме туристичка понуда која одбива да се разбуди од зимскиот сон? Зошто на туристичките мапи се наоѓаме само како дестинација која би можело да се посети, бидејќи секако е по пат кога се патува кон некоја од соседните земји? Зошто го воздигнуваме туѓото, а го уништуваме (или во најмала рака го забораваме) нашето?

Лето. Горештини. Време за одмори. За дестинациите каде ќе се потрошат

едвај заштедените евра, се размислува уште по новогодишната треска. Поради нискиот стандард и нередовните плати, се одбираат најевтините дестинации, најчесто соседните земји, од пуста желба да се види море или да се посети некој планински центар од светски ранг.

Во недостигот на средства за да се дозволи дури и ваков „скромен“ одморот, голем дел остануваат во нашата мила земја, со можност за минимални суми да посетат прекрасни дестинации, без да го искористат својот пасош. И наместо да се радуваат што колку-толку ќе сменат околина, и ќе видат нови природни убавини, фактот што нема да одат во друга земја ужасно ги измачува и ги фрла во депресија.

Page 39: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

39BR.83

Зошто? Зошто кога веќе немаме некој јак стандард за да можеме да си дозволиме викенд во Малта, или кафе во Италија (факт кој одамна сме го прифатиле), не му се радуваме на моментот дека ќе имаме шанса подобро да ја запознаеме нашата мила Македонија? Зошто секогаш го воздигнуваме туѓото, а го забораваме и го омаловажуваме нашето?!

Една од главните причини, ја нарекуваат капитализам. А најдобар другар на капитализмот е нели, господинот профит. Толку сме навикнале на капитализмот, толку е тој навлезен во секоја сфера, што ни го „пере“ мозокот без воопшто да бидеме свесни за тоа. Па тргнете од еден наједноставен и најдостапен пример.

Секој од вас гледа (или има гледано) најмалку една шпанска, турска или бразилска теленовела. Дали сте забележале дека кога гледаме странска серија, остануваме со отворена уста на убавите зајдисонца, прекрасните плажи, преубавите коктели.

Верувајте, тие убавини не случајно се поставени таму, не е дека немало каде на друго место да се снима филмот. Тоа е едноставно да те натера да одиш, да видиш и да потрошиш некое илјадарче таму. Што, мора да признаеме, доста добро им успева.

За разлика од претходно опишаното дејство, кога гледаме македонски филмови и серии (кои по правило се фокусирани на тешкиот живот на Македонците), имаме некоја тенденција да уметноста на природата не ја ни забележуваме. Планинското зајдисонце не ни е интересно, Смолараските водопади, Кокино, долината на Радика – сето тоа не ни е доволно интересно, од причина што ни е премногу достапно и дека таму, во другите земји е многу поубаво.

Да, од што се толку достапни, многумина од жителите на Македонија никогаш не ги посетуваат – не им се доволен предизвик. Подобро би седеле дома, отколку да се „прават резил“ со посета на такви нискобуџетни места. Па никој нема да им завидува, па никој нема да им стави лајк на сликите на Фејсбук! И како да споредуваме? Врз која основа да го фалиме туѓото, кога не сме го виделе нашето?!

Друга голема причина, за што повторно ќе го обвинам нашиот чуден менталитет, е гледањето „од високо“ на сè што е село и селско. Кај нас е застапен тој необјаснив феномен на граѓанин.

Граѓанинот е премногу граѓанин за да гази по кал. Граѓанката не оди таму, затоа што не може да облече високи потпетици – ќе ѝ се уништат. Граѓанинот се дружи само со други граѓанчиња. Тој нема другарчиња од село. Тој по нив само плука и си гради граѓанска кариера на грбот на „сељачињата“. А заборава дека кога ќе видиш, сите ние потекнуваме од село. Сите наши прабаби и прадедовци си имале фарма, и копале по нива за да си обезбедат живот. Ама не! Граѓанинот потекнува директно од град, уште пред да биде изграден!

Page 40: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

40 BR.83

И за таквиот наш граѓанин, е вистинско понижување, кога ќе го прашате каде бил на одмор, да ви одговори дека бил да јава пони или да гали козички, или да храни петли. И никому не сака да каже дека го бркал нервозен мисир!

Тој едноставно не може да сфати дека неговото тело бара одмор од урбаната џунгла и сака природа, мир и тишина. Сака неколку дена без мобилен, без компјутер и без технологија...

Следна голема причина за неразвиениот наш туризам, е неразвиениот наш мозок. Не е ова никаква навреда. Не се сомневам во вашата и наша интелегенција. Едноставно, зимскиот сон не ни дозволува да се разбудиме...

Македонија има одлични услови за развој на велосипедскиот, културниот, винскиот, селскиот, пештерскиот туризам и еко-туризмот. Пределите како Берово, Брајчино, Вевчани, Коњско - се само мал дел од местата каде што може да се развива селскиот туризам и еко-туризмот.

Имаме можност да понудиме одлични предели за планински велосипедски туризам на Кожуф, Шар Планина, Галичица, Маврово. Пештерите Врело,

Пешна, Убава, Шаркова Дупка, Алилица, Слатинска, нудат можности за развој на спелеотуризмот или на рекреативниот туризам.

Меѓу другото, Македонија изобилува со голем број на културно-историски споменици, бањи, национални паркови, а сето тоа, доколку се искористи, може многу да придонесе за развој на регионот и да се зголеми бројот на работни места.

Ама што ни фали?! Ни фалат мааааалку инвестиции во нив. Како да се стигне до места, до кои нема добри патишта? Како да се стигне до место, за кое не знаеш дека постои?! И како да се информираат туристите кои македонскиот автопат Скопје-Гевгелија го поминуваат во еден здив, бидејќи никаде по пат немаат атрактивен ресторан каде би одмориле и случајно би потпрашале за тоа кои места би можеле да ги посетат?! Зборуваме за развој на туризам и привлекување на странски туристи. Дајте им патишта – сами ќе дојдат. Поставете патокази – сами ќе се снајдат. Промовирајте и други места – Скопје и Охрид не се единствените македонски бисери.

Зошто на сила да се гради туризам?! Зошто да се прави толку врева околу градска плажа во Скопје, кога може да се разбуди крајбрежјето на некое од бројните вештачки езера?

Зошто да се форсира Охрид, а да се потценува лековитата моќ на Дојранското и прекрасните пејсажи на Преспанското Езеро?!

Можеби нам ни се досадни, дека „еве кај ни се“. Ама луѓе кои доаѓаат од страна би сакале да видат нешто поинакво. Кога едно најобично магаре (се мисли

Page 41: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

41BR.83

на животното) може да биде туристичка атракција, кога може да биде предизвик за десетици фотографии, тогаш што ли сè можеме да постигнеме и развиеме?!?!Најверојатно ќе нè има на сите туристички мапи, и тоа под задолжително, доколку успееме да ги разработиме приказните кои се привилегија да ги имаме: дека македонскиот рудник „Алшар” на планината Кожуф е единственото наоѓалиште во светот на талиум и потенцијален „рудник” на еколошки чиста енергија, па да се организираат еднодневни екскурзии до таму; да промовираме дека најславниот од сите римски патишта „ВИА ИГНАЦИЈА”во најголемиот дел поминувал низ Македонија; пештерата Пешна во Македонски Брод во „Њујорк тајмс” е

опишана како идентична на измислените пештери во филмот „Господарот на прстените”, па да го свртеме ова во наша полза и да организираме екскурзии во стилот на овој филм и заедно со Фродо и Голум да го бараме „our precious“; зошто да не ни стигне покана на Фејсбук за организирана едукативна посета на Кокино итн итн итн...

Како што може да се види, потенцијалите се тука. Приказните ги имаме. Потребно е само малку ние, надлежните и трагачите по инвеститори да се разбудиме. Бидејќи туризмот нема да се развие сам по себе. Од секој од нас зависи кога ќе дојде моментот кога странците ќе почнат да воздивнуваат по нашите туристички дестинации.

Славица Ѓоргиева

Page 42: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

42 BR.83

Вчера, другар ми се вратил од годишен одмор во Грција и таму на граница му залепиле огромна налепница врз регистрацијата каде што стои МК. Да се криеш дека си тој што си, да не се познава. Ми рече и дека Грците не биле баш весели и расположени за муабет и услуга. Налет одмор, налет намрштени фаци, налет и уживање, ама налет отидоа и парите таму.

Си имаме и ние езера и тоа убави езера. На Охридско Езеро, на пример, деновиве вистински се ужива. И тие се намрштени фаци, ама наши си се, нека се мрштат колку сакаат, нив не им смета ниту ако ви пишува МК на чело.

А, наша Лихнида во последно време станала толку убава. Странците ја преплавиле и не сакаат да си одат. Векови стари ореви и врби надвиснале над малите камени плажи и ги направиле најдебелите ладови за уживање во летната жега. Од Галичица везден дувка некое свежо ветерче и не ти дава ни за миг да се почувствуваш жеден.

Градот е облеан во мирис на рози. Охриѓани засадиле рози во секое ќоше, вистинска убавина за сите сетила. Рози има дури и по кафулињата и рестораните.Во Охрид риба се јаде во рибникот на кејот, а за јадење плус уживање се оди во Трпеица. Село си е, ама со највкусната

Na Lihnida kaj~e da veslame

Page 43: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

43BR.83

пастрмка на светот. Пицерија „Леонардо“ во стар Охрид ја има највкусната пица, а кафе со ќеф се пие малку подолу во „Аквариус“.

И додека во Охрид расцутил туристички рај, ние одиме во Грција, каде не смееш да си свој. За прв пат во животот слушнав Охриѓанец како зборува со свој пријател дека во овој град веќе нема леб и поарно му е да работи во Скопје како таксист.

А, Скопјани везден се жалат како немаат пари зошто градот е полн дојденци, ама истите тие, пак, одат на одмор во Грција.

Од омраза спрема своето, си ја испразнивме туристичката каса на државава и самите сме си виновни што цела Македонија е во Скопје.

Тоа е еден магичен круг. Наместо да им ги дадеме парите на Охриѓани во лето, на Мавровчани во зима и многу други домашни убавини, ние им ги подаривме на оние кои не нé сметаат за живи.

Летово ви порачувам да одите во Лихнида, да ја наполните. Заборавете на политика, партии и етнички препукувања. Нема ништо поубаво од веслање кајче низ брегот на Охридското Езеро во потрага по некоја мала рајска плажа...

Елена Николовска

Page 44: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.83

Evergrin na „site vremiwa“ 3

Македонија ќе ја избира својата евергрин песна. Преку манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, ќе имаме можност да „запловиме“ низ најуспешните рефрени од почетокот на создавањето на македонската забавна мелодија сè до денес и заедно да ја избереме најслушаната композиција „на сите времиња“.

На први септември, јавно ќе биде објавена листа со 100 евергрин рефрени. Преку негативна елиминација по пат на СМС-гласање, секоја недела листата ќе се намалува за 20 композиции, за да еден месец подоцна, се оформат конечните топ 20.

Гала вечерта ќе се одржи на 26 октомври, во Универзалната сала, каде ќе можеме заедно да ги запееме нотите на нашата или младоста на нашите родители, и

повторно по пат на СМС, да ја избереме Евергрин композицијата „на сите времиња“.

„Револуција“ се согласува со видувањето на уметнички директор на манифестацијата Драган Б. Костиќ дека ова е проект во кој се влегува со срце, а не со интерес. Затоа, во насока на што поширока промоција на манифестацијата 50 години „Евергрин“ во Македoнија, во наредните броеви „Револуција-магазин“ ќе ве потсети на дел од рефрените кои ќе бидат во трка за епитетот Евергрин композиција „на сите времиња“.

Доколку сакате вашиот фаворит да се најде на нашите страници во следниот број, пишете ни го рефренот на [email protected] и ние ќе се потрудиме истиот да не биде одминат.

Page 45: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

Artvizor

BR.83

Сонце за три светови- МИКИ ЈОВАНОВСКИ ЏАФЕР

Една ѕвезда ми шепоти,Дали си блесок што постои,Трепет од крилја на гулаби.

Срце ми создава бол,Дали може љубовта, ноќва да ја продолжи.

Дали може да ја задржи.

Ја имам само ноќва да бидам јас со неа.И не знам дали можам да заборавам.

Во гради имам сонце за уште три светови,Ако замине ќе изгаснам...

Осамен – ТРАЈЧЕ МАНЕВСам сум во ноќва тивка,

И сонувам со очи отворени,Го слушам твојот шепот мил.

Сонувам за дните поминати,За тебе веќе одминати,

И како да сакаш да кажеш неее.....

Ти што ми ја украде душата,Ти што ми ја зароби младоста,За што ќе патам во животот,

За кого ќе дадам сè!!!

Page 46: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

46 BR.83

Опасно сум вљубен во тебе – ДРАГАН КАРАНФИЛОВСКИ - БОЈСБели коњи седлани и сјајни бисери

Јас ќе донесамТајни морски длабини и златни ливади

Ќе ти подарам...

Опасно сум вљубен во тебеНе сфаќаш луд сум без тебе

Ноќва е тивка прекраснаВоди ме во рајска градина

Кога те нема – ХЕЛЕНА БЛАГНЕИ таму кај што не си, те наоѓам,Замижувам и знам, се препознавам.Во туѓата си сенка, во сечии со очи, безнадежно,Наоколу те барам за да те најдам, во себе си само....Кога те нема, наоколу те барам,Во туѓата си сенка, во сечии си очи, Кога те нема.

Кога те нема, најприсутна си тогашИ те нема, и секаде те има, Неизбежно те има, во себе си те носам.

Page 47: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

47

Artvizor

BR.83

Подготви: Славица Ѓоргиева

Манифестацијата ја организира продукциската куќа „Green Entertainment” со поддршка од меѓународно етаблираната агенција за односи со јавност „Chapter 4“ од Македонија.

Ѕвона ѕвонат – ЉУПКА ДИМИТРОВСКАЅвона ѕвонат за мене,Ѕвона ѕвонат без тебе,

Ѕвона ѕвонат злато мое,Друг е тој крај мене.

Дур по скали в бело слегувам,в празен живот влегувам

и те гледам далеку,а можевме заедно.

Барем еднаш да се јавеше,барем надеж да ми пратеше,долго, долго јас би плачела

и уште би чекала...

Page 48: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

48 BR.83

Ибица е мал остров во Средоземното Море и е познат по интересни туристички авантури и големиот број на плажи. Добрата работа при посетата на Ибица е тоа што постојат неколку плажи кои треба да се видат и кои се создадени за да ги задоволат барањата на посетителите.

Постојат повеќе причини за да ја одберете токму оваа дестинација и да уживате максимално. Копното на островот е богато со преубави природни карактеристики кои секој посетител го

оставаат буквално без здив.

Можете да си дозволите многу авантури на Ибица, па доколку се одлучите за овој остров воопшто нема да зажалите.

Ибица е остров со богата историја. Тој бил дом за група луѓе познати како Картагинци, кои биле активни комерцијални трговци. Денес луѓето кои живеат на Ибица се познати како Каталонци и зборуваат два јазика, каталонски и шпански.

Ibica - ostrov koj }e ve ostavi bez zdiv

Page 49: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

49

Artvizor

BR.83

При посетата на Ибица ќе бидете воодушевени од неколкуте историски места и старите градби и споменици кои се изградени пред илјадници години.

Еден од нив е светилникот кој е изграден во 19-тиот век од Шпанците. Судската одлука за изградба на светилникот е донесена на 18 октмври 1859 година, а е отворен на 30 ноември 1861 година.

Светилникот е еден од првите кој потоа е претворен во електрична централа во 1918 година.

Вреди да се посети и замокот во Ибица, кој воедно е највисоката точка на островот. Изграден е во 12-тиот век и се карактеризира со 9 кули. Кај

него доминира воената архитектура, која секогаш била врвна вештина кај шпанските градежници. Замокот е прогласен за светско културно наследство од страна на УНЕСКО.

Импресивната катедрала од 14 век во Стариот град на Ибица доловува прекрасна глетка од градот и морето. Ова е еден од најважните споменици кој морате да го посетите за време на вашиот престој на островот.

Катедралата е изградена од страна на каталонските војници во 1235 година поради нивното ветување дека ќе изградат храм ако ја освојат Ибица. Имено, храмот е изграден во готски стил.

Островот се одликува со многу природни карактеристики кои го прават еден од најубавите на светот. Погледот кон илјадниците планински масиви е прекрасен.

Page 50: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

50 BR.83

Националните паркови се дом на најретките животински видови. Прошетката сигурно ќе ви годи.

Крајбрежјето е прекрасно, изгледа спокојно и смирувачки поради тиркизните води на Средоземното Море.

Плажите Playa d’en Bossa и Las Salinas задолжително треба да ги посетите.

Освен тоа, постојат и други активности во кои можете да уживате како што се јавањето коњ, нуркање во морето, сурфање и прошетка низ околината со велосипед доколку сте љубители на природата и животинскиот свет.

Островот нуди за секого по нешто. Несомнено е дека секој би уживал овде, Ибица е прекрасна и заслужува да се посети.

Превод: Љубица КартоваИзвор: Tourist Destinations

Page 51: Револуција магазин бр.83

REVOLUCIJA MAGAZINBR.83

MAGAZIN REVOLUCIJA

51

30 Juni 2012

Page 52: Револуција магазин бр.83