Револуција магазин бр. 73

48

Upload: revolucijacom-mkrevolucijacom

Post on 16-Mar-2016

257 views

Category:

Documents


0 download

DESCRIPTION

Revolucija magazin br. 73

TRANSCRIPT

Page 1: Револуција магазин бр. 73
Page 2: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA21 April 2012

2

Page 3: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA

3

21 April 2012

ИМПРЕСУМ

OСНОВАЧ:М-р Митко Јованов, e-mail: [email protected]

ГЛАВЕН И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Славица Ѓоргиева, e-mail: [email protected]

ЗАМЕНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИКЕлена Николовска, e-mail: [email protected]

ПОМОШНИК НА ГЛАВНИОТ И ОДГОВОРЕН УРЕДНИК И АДМИНИСТРАТОР Елена Павловска, e-mail: [email protected]

УРЕДНИК ЗА ФИЛМСКА УМЕТНОСТ, СТРИП И УМЕТНИЧКИ АНИМАЦИИ:Владимир Неделковски, e-mail:[email protected]

СОРАБОТНИЦИ-АНАЛИТИЧАРИ:Магдалена Јовановска, Кристина Вељаноска, Славе Ангелов, Милена Петровска, Љубица Картова, Леонора Ташкоска

НАДВОРЕШЕН СОРАБОТНИК:Д-р. Себастијан Рајнфелдт, Виена, Австрија

ТЕХНИЧКИ УРЕДНИК:Миланчо Ристовскиe-mail: [email protected]

МАРКЕТИНГ:Славица Ѓоргиевa Е- mail: [email protected]

моб.: +389 (0) 75 63 44 94

Makedonija vo crnilo poradi petkratnoto ubistvo .................................................................................. 5

Nasilstvo - da se spre~i, a ne da se le~i ...................................................................................................... 17

Kolku sme, tolku sme - isti sme ..................................................................................................................... 23

Denovi kako na Diviot Zapad ........................................................................................................................ 26

Zavisime edni od drugi ................................................................................................................................... 28

Kriminalot i bezbednosta vo Makedonija ................................................................................................. 30

Sme ili ne sme vo ekonomska kriza? ............................................................................................................ 34

Narodni kujni i vo ruralna sredina ............................................................................................................. 38

JACK AND JILL (2011) ............................................................................................................................... 36

Pet filmovi na koi vredi da se se}avame ................................................................................................. 43

Sodr`ina

Page 4: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA21 April 2012

4

„Револуција“ - онлине магазин за политика, економија и култура ISSN 1857- 7458

АДРЕСА:Востаничка 67б-7

1000, Скопје Република Македонија

[email protected]://mkrevolucija.com/

00 389 76 52 93 8900 389 75 63 44 94

ИЗДАВАЧ:МУЛТИМЕДИЈАЛНА МЕДИУМСКА ПЛАТФОРМА

Непрофитна организација за демократија и креирање јавно мислење Жиро сметка: 2704953485006 Даночен број: 4058011508300

Депонент на Тутунска банка АД, Скопје

Автор:Влатко Неделковски

Page 5: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

5

Поради грозоморниот чин од минатонеделниот црн петок, во овој број неделната панорама ја отстапуваме за ретроспектива на информациите поврзани со свирепото убиство покрај

Железарското езеро во скопско Смилковци

Пет лица се убиени во близина на Железарското Езеро вечерта околу 22 часот на 12 април 2012. Полициските извори сè уште немаат информации во какви околности се случило убиството. Полициски екипи на теренот пронашле видливи траги од крв и чаури покрај телата кои ги откриле рибари во близина на езерото во село Смилковци, скопско.

Според непотврдени информации, а објавени по сведоштва на населението, се работи за пет момчиња на возраст од 18 до 20 години, сите тргнати на рибарење.

13 април 2012 Портпаролот на МВР, Борче Пешевски информира дека телата на петте лица се предадени на обдукција по наредба на истражен судија. Изјавува дека се работи за четири лица на возраст од околу 20

години и за едно лице на возраст од над 40 години.

На телата биле забележани повреди од огнено оружје, а на местото на настанот имало чаури. Полицијата веднаш излегува на лице место, и се работи на утврдување на идентитетот, мотивите и околностите.

Истиот ден се објавува дека четириесет и петгодишниот Борче Стефковски од скопското село Црешево е една од петте жртви во убиството кај Железарското езеро во скопско Смилковци. Тој бил на рибарење на езерото. Веројатно не се познавал со убиените четири момчиња и бил застрелан како сведок на нивното убиство.

Освен дека се на возраст од околу 20 години, полицијата во интерес

Makedonija vo crnilo poradi petkratnoto ubistvo

Page 6: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

6

на истрагата сè уште не го открива идентитетот на момчињата чии мртви тела биле најдени пооддалечени од убиениот Стефковски. Неофицијално, тие се од општина Бутел.

Блокада на Љуботенски пат пред влезот во населбата Радишани од Скопје.

Не може да сообраќа автобуската линија 57 и мора да кружи, а локалното население слегува од автобусите и оди пеш до своите домови.

Полициски коли на влезот во Радишани од Скопје и не е дозволен влез на возила во населбата. Од друга страна, полициски автомобили со голема брзина влегуваат и излегуваат од населбата. На влезот на населбата блокада од девет контејнери за ѓубре поставени од локалното население.

Населението во Радишани се собира да им одаде почит на убиените и пали свеќи во населбата. Насобраните граѓани, носат пароли со натписи „Да се најдат убијците.“

Испишани се имињата на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски.

- Ќе седиме овде додека не дојде некој од врвот на власта. Ние не сме стока, ние сме луѓе, зошто такво нешто да се случува на празник. Семејствата наместо да се радуваат, сега дома кукаат. Кој ќе дојде нив да ги утеши? - прашува една соседка.

- Тоа дете Александар Наќевски, беше едно мирно воспитано, културно дете, немаше ден да не помине и да те поздрави на улица – вели друга соседка на еден од починатите, додавајќи дека Александар бил матурант и требало да матурира во мај.

- Нека се се преземат мерки, Јанкуловска, како знае и умее да дојде овде. Сите деца беа другарчиња со мојот син. Утре можеби нему ќе му се случи истото - вели жителка од соседството.

Братот на убиениот Борче Стефковски, во изјава за телевизијата Канал 5 раскажува:

- Ние сме во жалост и тага, не знаеме што е причината, знаеме само дека е убиен. Не знам зошто. Се слушаат само чаршиски муабети дека наводно тие четворица имале нешто со убијците, а брат ми е случаен. Тој е рибар, на мравка не би згазнал. Го затекнале него, за да нема сведоци.

Во Радишани, каде што се насобраа граѓаните, кои им одаваа почит на убиените, атмосферата траорна и мачна. Насолзени очи на сите страни и коментари дека станувало збор за мирни деца кои никогаш не правеле екцеси се слушаат од присутните.

Page 7: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

7

Градоначалникот на Бутел, Петре Латиновски, на лице место им дава поддршка на граѓаните. Тој изјави дека ова е шок за населението и изрази надеж дека состојбата наскоро ќе се расчисти. Исто така, тој упати апел виновниците да бидат најдени што побрзо.

Медиумите од Балканот на насловните страници ја пренесуваат веста за убиството на петтемината.

Кордон полициски специјални единици се распоредени во Радишани, каде се собрани повеќе од 500 граѓани, дента по убиството на петтемината во близина на селото Смилковци.

Министерството за внатрешни работи апелира да се смират страстите, а медиумите да се воздржат од шпекулации и да не се подгреваат меѓуетнички тензии, поттикнати од свирепото убиство на петмина во атарот на скопското село Смиљковци.

Полицијата информира дека се трага по сторителите и изразува длабоко сочуство до семејствата на убиените.

Според информации од МВР, формиран е Оперативен штаб составен од највисоките старешини од повеќе организациони единици чија задача е да ги координира мерките и активностите што се преземаат за целосно расчистување на грозоморното убиство.

Телата на петтемина убиени се префрлени во Институтот за судска медицина. Сè уште се очекува наводот од обдуцентите, како и потврда на идентитетот на починатите. Исто така, сè уште трае увидот на теренот каде што се случи убиството, а се прибираат информации и сознанија во околните места.

МВР апелира до граѓаните, доколку имаат каква било информација во врска со настанот, да пријават во полиција.

МВР вели дека засега е познат идентитетот на еден од нив, 45-годишниот Борче Стефковски од селото Црешово. Другите четворица се на околу 20 години, неофицијално од општина Бутел.

Атмосферата во Радишани напната. Нови групи граѓани постојани се

Page 8: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

8

упатуваат кон населбата во која има распоредено многу специјални полициски сили. Од стотиците граѓани се слушаат лелеци и плачење, а граѓаните се видно вознемирени.

Засилено полициско обезбедување, полициски возила и специјалци, ги обиколуваат стотиците граѓани собрани пред кордонот од контејнери со кои се блокира патот за влез во населбата. Атмосферата е тензична и најмала препирка меѓу жителите може да ги разгори страстите.

Искршени стакла од куќите на некои од жителите, а населението зборува и за наводно искршени автомобили. Во плач и неверување се околу илјада граѓани кои го формираат обрачот, револтирани и налутени. Ќе седат таму, велат, додека не се открие кои се убијците на нивните соседи. Локалното население е вознемирено и нервозно. Автобусите со број 57 не сообраќаат зашто влезот е блокиран од полиција.

Пред куќата на едно од убиените момчиња се собираат жителите изразувајќи сочувство на

семејството. Тешко им е да поверуваат дека нивниот воспитан и мирен сосед, како што го опишуваат не е веќе дел од овој свет. Неговите соученици коментираат дека телата на момчињата ќе бидат закопани сите заедно, но оваа информација е засега непотврдена.

Во меѓувреме полициски извори информираа дека телата на застреланите момчиња биле наредени едно до друго. Човекот на возраст над 40 години не бил заедно со нив и се претпоставува дека бил сведок.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, повика на воздржаност кај граѓаните, да не се поттикнуваат тензии и истакна дека во разумен рок полицијата ќе излезе со официјални информации за мотивот и за сторителите на грозоморното убиство кај скопско Смиљковци.

Иако полицијата сè уште официјално не го потврди идентитетот на убиените, братот на убениот од селото Црешево, за кој се смета дека е ликвидиран, бидејќи посведочил за настанот, во медиумите проговори за убиството, а по него, се јави и семејството на 19-годишниот Филип Славковски од Радишани. Неговата мајка во болка раскажува дека синот и се јавил во 18 часот, за да ја потсети дека треба да стане за да се подготви за работа, бидејќи таа била трета смена. Откако ја прашал дали повторно да и се јави, таа му кажала „не“ и тоа било последен пат кога се слушнала со својот син.

Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски на возраст од околу 20 години од Радишани и Борче Стефковски (45) од Црешево,

Page 9: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

9

се застрелани во атарот на село Смиљковци.

Полицијата во Македонија ги најде телата на 5 лица убиени со огнено оружје во близина на езеро веднаш до излезот од главниот град, Скопје, велат властите за агенцијата „Ројтерс“, грозоморен наод кој носи ризици да дотури гориво во оваа етнички нестабилна земја.

Иако полицијата не ја објави националноста на жртвите, една од теориите која најверојатно ќе биде разгледувана, смета „Ројтерс“, покрај другите, ќе биде и онаа дека убиствата се поврзани со растечките етнички тензии во оваа сиромашна земја од 2 милиони луѓе.

Тајмингот на убиствата вечерта пред православниот Велики Петок и само два дена пред Велигден би можел да додаде гориво на понатамошните тензии во оваа поранешна југословенска република.

- Една деценија подоцна, тензиите продолжуваат, поттикнати од сиромаштијата и спориот напредок на интеграцијата со Европската Унија и НАТО, заклучува „Ројтерс.“

Запрен на улица на влезот на Радишани е автобус на ЈСП 57. Таблата е отстранета, а автобусот е со отворени врати и искршени стакла од сите страни. Очевидци тврдат дека виделе како жители од населбата со камења замавнуваат кон автобусот.

Ахмети и Волерс изразија жалење за тешкиот инцидент и се согласија дека е од особено значење да се изврши темелна истрага при што оние кои го сториле ова злодело да се изнесат пред лицето на правдата.

Педесет лица на разговор во полиција за петкратното убиство. Сите се жители од околните села и населби.

Трски за риболов, торбички со риболовен прибор и по некој сендвич што момчињата си го подготвиле за долгата риболовна ноќ биле единствените нешта што полицијата ги пронашла на местото на крвавото злосторство.

„Длабоко сочувствувам со семејствата на трагично загинатите лица. Најостро го осудувам овој грозоморен и злосторнички чин“, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов.

Page 10: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

10

Американската амбасада во Македонија преку соопштение изрази сочувство до семејствата на загинатите во ужасниот инцидент во кој животот го загубија пет лица.

Демократската партија на Албанците го осудува чинот на петкратното убиство во близина на Скопје и истовремено апелира до сите граѓани да ја сочуваат ладнокрвноста и да не подлегнуваат на разните шпекулации и провокации.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, изјави дека полицијата прави напори да се смири состојбата.

14 април 2012 - Знамињата пред административната зграда на Општина Бутел се симнати на половина копје поради убиството на четирите момчиња од Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски и Кире Тричковски, како и на Борче Стевковски од Црешево. Тие денеска ќе бидат погребани.

Прогласен е ден на жалост...

МВР интензивно трага по сторителите и по утврдување на мотивите за убиството. Воедно апелира да се смират страстите, јавноста да не придонесува за ескалирање на ситуацијата, медиумите да се воздржат од шпекулации и да не се подгреваат меѓуетнички тензии.

Десет лица од судска медицина биле ангажирани при обдукцијата на телата на Кире Тричковски, Цветанчо Ацевски, Александар Накевски и на Филип Славковски, како и на Борче Стефковски кои беа пронајдени мртви во близина на Железарското езеро.

Анализите се привршуваат и ќе бидат предадени на истражен судија. Тие ќе ги дадат деталните описи, правците, односно аглите на пенетрирање на проектилите во телата, позицијата на телата, далечината на испукување на проектилите, како и тоа колку жртвата живеела по здобивањето на повредите. Високи извори од судска медицина брифираат дека е потешко, но сепак не е невозможно да се утврди и редоследот на жртвите.

На градските гробишта во Бутел во тек е погребот на четирите убиени млади момчиња, жители на оваа општина, а за денеска е најавен и погребот на 45-годишниот маж од скопското село Црешево.

Истрагата за убиството сè уште е во тек. Полицијата е мобилизирана и интензивно работи врз откривањето на сторителите. Обдукцијата заврши и телата се предадени на семејствата.

Претседавачот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), заменик премиерот на Ирска, Имон Гилмор, изрази сочувство на семејствата на петмината етнички Македонци убиени во село во близина на Скопје.

Page 11: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

11

Прес на Јанкуловска: Од три типа оружје е пукано во петмината убиени пронајдени кај Железарското езеро во четвртокот вечерта. Досегашната истрага покажала чаури од три типа на оружје, што сугерира дека има повеќе од еден извршител. Видливи се трагите на телата и смртта настапила како резултат на огнострелните рани евидентни на телата.

Министерката Гордана Јанкулоска информираше дека кон петмината жртви пронајдени кај Железарското езеро е пукано од непосредна близина. Во овој момент не може да се констатира идентитетот на сторителите. Таа упати апел за воздржаност од шпекулации за етничката припадност на сторителите.

Јанкулоска им порача на извршителите дека не може да ѝ избегаат на правдата. Таа упати апел до граѓаните групните собирања за Велигденските празници да не бидат причина за ескалација на немири.

Отворена е посебна телефонска линија 199 за пријавување било какви информации за овој конкретен случај. И службите од соседните држави се контактирани во насока на откривање на сторителите.

Амбасадата на Република Турција во Македонија, преку соопштение, изрази жалење поради убиството на петте лица лица крај Железарското езеро во близина на скопското село Смиљковци.

Словенечката европратеничка Тања Фајон, член на делегацијата на Европскиот парламент за Југоисточна Европа и известувач за визната

либеразлизација за земјите од Западен Балкан, најостро го осуди грозоморното убиство кај скопско Смиљковци и изрази сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. Фајон ги повика граѓаните да останат смирени и да се воздржат од понатамошни инциденти.

Радишани во црнило. Завиени во болка и тага, семејствата, роднините и пријателите, на 14 април 2012 за последен пат се збогуваа со четирите млади момчиња од Радишани и од Бутел и 45-годишниот маж од селото Црешево, кои беа свирепо убиени доцна во четвртокот, кај Смилковското езеро.

Долги поворки граѓани, на гробиштата во Радишани, последна почит им одадоа на Александар Славковски, Цветанчо Ацевски и Филип Славковски, а на градските гробишта Бутел, беше погребан и нивниот другар, Кире Тричковски.

На селските гробишта во Црешево, беше погребан и Бoрче Стевковски, за кој се шпекулира дека е убиен само поради тоа што бил сведок на свирепите убиства.

На чело на ужалената поворка чекореше неговиот постар брат, сопругата и родителите. Неговиот брат, кој го идентификуваше телото на Стевковски, вознемирен изусти дека забележал три прострелни рани во главата убиениот, но и дека едвај го препознал својот брат.

Семејствата на убиените бараат што е можно побрзо расветлување на убиството.

На погребите во Радишани и Бутел

Page 12: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

12

присуствуваа и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Бутел, Петре Латиновски.

Граѓани се собраа вечерта во Ново Лисиче да им оддадат почит на петмината убиени во четвртокот во близина на Железарското езеро.

- Убиството на пет лица во соседна Македонија се „опасен тренд“, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Вук Јеремиќ.

15 април 2012. Нови детали за убиството.

- Утврден е профилот, но не и идентитетот на сторителите на петкратното убиство, соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

- До сега се сослушани околу 100 лица. Од голема помош за полицијата беа јавувањата на 199 кои помогнаа во отфрлање на дел од можните сценарија. Помалку веројатно е дека убиените биле сведоци на друго кривично дело, соопшти Јанкуловска.

На местото на убиството нема траги од друг кривично правен настан.

Засега познато е дека се пукало од три оружја и три агли. Најпрво биле убиени четирите момчиња, а потоа повозрасниот рибар.

Во текот на истрагата поврзана со петкратното убиство на Смиљковското езеро, МВР пронашлo и неколку возила кои биле испитани. Едно од нив било најдено на 10 километри од местото на убиството, а според трагите најдени во него се претпоставува дека било поврзано со убиството.

Министерката Гордана Јанкулоска рече дека благодарение на јавувањата од граѓаните на бројот 199, биле добиени дополнителни сознанија кои во наредниот период треба да се испитуваат за да се потврдат со материјални докази.

Во врска со петкратното убиство кај Смиљковското езеро во четвртокот вечерта, а како што пренесува Прес 24, сите четири момчиња и повозрасниот рибар се здобиле со повеќе огнострелни повреди во горниот дел на телото а дел од нив имале исти повреди и во нозете. Сите рани кај убиените се прострелни, куршум се задржал само во телото на едно од убиените момчиња. Ова го покажала обдукцијата на Институтот за судска медицина, соопштија Билјана Јаневска и Златко Јакевски.

Смртта кај настраданите е директна последица од оштетувањето на виталните органи. Експертите не утврдиле други повреди освен огнострелните рани. Тоа доведува до заклучок дека жртвите не биле масакрирани, не биле врзувани и не биле измачувани пред убиството.

Page 13: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

13

Неколку од повредите се направени одблизу. Прострелни рани се забележувале и во грбот и во градниот кош кај момчињата. Во главата биле забележани помеѓу 3 и 6 прострелни рани.

Вештачењето го извршиле три екипи на судска медицина со над 10 лица. Од таму велат дека обдукцијата е извршена најпрофесионално и е обезбедена добра фото-документација.

16 април 2012. На убиството на петмината рибари кај Смилковското езеро, имало очевидец, чиј идентитет македонската полиција го држи во најстрога тајност. Ова го објави белградската телевизија Прва српска. Според оваа телевизија, македонската полиција нашла џип во близина на граничниот премин Блаце, за кој се сомнева дека го користеле извршителите на грозоморното убиство.

Потпретседателот на делегацијата на Европскиот Парламент за Југоисточна Европа, Јелко Кацин во писмена изјава го осуди убиството на петте лица кај

скопското село Смиљковци и порача дека истражните и судските органи мора својата работа да ја извршат ефикасно и темелно.

Премиерот на Косово, Хашим Тачи, испрати телеграма со сочуство до премиерот Никола Груевски по убиството на петмината на Смилковскто езеро.

Помеѓу 500 и 1.000 претежно млади, дел од нив „вооружени“ со камења во џебовите и со маскирани капи на главите, дивееја низ центарот на Скопје.

Момчињата кои протестираа во неколку наврати се обидоа да ги нападнат и новинарите кои известуваа од настанот, а имаше обид и да му ја одземат камерата на еден од камерманите. Дваесетината полицајци, кои беа распоредени пред владата, помеѓу јарболите и групата граѓани, по половина час скандирање на меѓуетничка основа, беа нападнати со камења. Младите фрлаа кон полицајците со сè што ќе им се најдеше при рака, па во неколку наврати дел од чуварите на редот беа удрени. Уште триесетина специјалци беа распоредени во близина,

Page 14: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

14

во случај ситуацијата да ескалира.

Откако дел од насобраните граѓани на протестот и по еден час скандирање не беа спречени во фрлањето камења од страна на полицајците, се стрчаа кон стоковната куќа „МОСТ“, преку мостот „Гоце Делчев“. Притоа почнаа да фрлаат камења кон новинарите и снимателите, па еден камен заврши и во главата на камерман на една телевизија.

Штом момчињата се упатија кон Бит-пазар, од другата страна на мостот ги пречекаа поголем број специјалци кои се стрчаа кон нив. Наеднаш од сите страни почнаа да излегуваат полицајци, специјалци кои групата ја натераа да бега кон центарот на градот. Во бркотницата полицајците претепаа неколкумина од најжестоките нарушувачи на јавниот ред и мир, а беше забележително како десетмина полицајци со пендреците тепаат постар човек на крстосницата меѓу владата и мостот „Гоце Делчев“.

Хулиганите почнаа со камења да ги кршат стаклените билборди, се фрлаше и кон стакла на дуќани, а настрада и задната шофершајбна на полициски „крајслер“. Оттука толпата се упати кон Собранието каде полицајците ги опколи насилниците и тие беа приморани да се растурат. При бегањето беа скршени и двете стаклени реклами на автобуската кај „Рекорд“.

Засега нема информации за тоа колкумина беа повредени и приведени во дивеењето по скопските улици, но камерата на полицијата пред владата за цело време беше вклучена.

Во врска со нарушувањето се приведени десетина лица, од кои пет се деца. Со приведените сè уште се разговара и по целосно документирање на случајот

ќе следат соодветни пријави. Се бараат и останатите инволвирани во нарушувањето на јавниот ред и мир.

„Неодамнешните настани уште еднаш покажаа дека состојбите во Република Македонија се на работ на контролата. Денешниот училишен ден многумина го дочекуваат со страв и неизвесност. Мирот ќе се зачува само доколку се преземат итни мерки за смирување на состојбите и враќање на мирот и довербата. Овие денови се тешки за многумина, трагедиите и насилствата се наталожија, а поделбите се видливи повеќе од кога и да е во изминатите неколку години“. Ова е дел од соопштението што го испрати невладината организација „Цивил“.

17 април 2012. „Граѓанското движење „Разбуди се“ изразува жалење по повод убиството на петмина невини сограѓани и изразува искрено сочувство до семејствата на жртвите на овој варварски чин. Истовремено ги повикуваме компетентните органи на системот да ги изнесат пред лицето на правдата авторите на ова криминално дело“, се вели во дел од нивното соопштение.

Page 15: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Nedelna Panorama

15

Јанкуловска со нови информации.

„Откако ја објавивме фотографијата од автомобилот „опел омега“ за кој има индиции дека се превезувале убијците, имавме 40 повици од граѓани. Истрагата добро оди, вршиме анализа на информациите, потребно е време да се заврши“.

Таа, во врска со истрагата за убиството на петмината кај Смилковското езеро, рече дека јавувањата на бесплатната линија 199 биле за тоа во кој дел од денот и каде било забележано возилото, а министерката истакна дека можеби ќе се појави и информација за физиономијата на возачот и патниците во „опелот“.

„Ова е најсложен случај досега за МВР, го работат најискусните во полицијата. Мобилизирани се сите полицајци, 24 часа на ден, не застануваме ниту за миг, нема една минута празен од – рече Јанкулоска и притоа потенцираше дека МВР има многу податоци со добар квалитет, но поради сложеното кривично дело, побара трпение од јавноста.

Во врска со протестот пред владата кој излезе од контрола, министерката Јанкулоска рече дека искршени беа прозорци на зградата на владата, на полициско возило и на други стаклени површини.

Во центарот на Струга наспроти Женска плажа кај местото предвидено за изградба на црквата „Света Богородица“ стотина стружани од различни вери и националности денеска запалија свеќи и оставаа пораки во знак на револт за петкратното убиството што се случи минатата недела кај Смиљковци.

Беше упатена порака за пронаоѓање

на сторителите на овој грозоморен чин и нивно казнување, но и порака за запирање на насилството.

- Автомобилот „Опел омега“ кој го искористиле убијците на петтемина кај скопското село Смиљковци, до Железарското Езеро, бил забележан претходно, информирале граѓани кои се јавиле на бесплатниот телефонски број 199, извести телевизијата Алфа.

МВР знае кој, кога, и од која странска држава го донел опелот во земјава, но не открива. Министерката Јанкулоска не сакаше да открие дали извршителите оставиле биолошки траги во возилото за кое полицијата тврди дека има докази дека го користеле убијците.

МВР тврди дека убиството го извршиле професионалци, а автомобилот со впечатлива црвена боја бил оставен на 10 километри од езерото. Засега МВР не располага со информација дека некој им помагал на убијците кога бегале.

18 април 2012. Брифинг во МВР. Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска заедно со првиот човек на УБК, Сашо Мијалков и директорот на Бирото за јавна

Page 16: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJANedelna Panorama

16

безбедност, Љупчо Тодоровски направиле целосна реконструкција на убиството на петмината цивили во близина на езерото во Смиљковци и за тоа го информирале премиерот Никола Груевски.

Таа истакна дека за полицијата приоритет е откривање на сторителите на убиството на петмината и МВР нема да реплицира на секоја шпекулација што ќе се појави по социјалните мрежи.

19 април 2012. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски на собраниската седница за пратенички прашања побарал одговор од премиерот Никола Груевски за безбедносната состојба во Македонија и праша дали ќе биде сменета министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Премиерот Груевски, пак, во своето излагање им изразил сочувство на семејствата кои загубија некој близок кај езерото во близина на селото Смиљковци.

Тој на опозициската СДСМ и порачал дека тие ја злоупотребуваат ситуацијата, па иако се слушаат убави

зборови, нивни високи функционери учествуваат во протестите, го опструираат Собранието и прават обид за дискредитација на МВР кога сите сили се целосно посветени на расветлување на овој чин. Груевски им порачал на опозиционерите од СДСМ дека актуелната структура на МВР со сите нејзини слабости и пропусти е неспоредливо попрофесионална од службите на кои СДСМ им даде доверба кога беа на власт.

Во врска со неодамнешното грозоморно убиство на петмината Македонци кај Смиљковското езеро крај Скопје, он-лајн изданието на српскиот весник „Курир“ објави вест дека на четирите починати момчиња нозете им биле скршени со кундаци, едниот од нив немал око, за што посведочиле и мештаните од скопско Радишани, кои последни ги виделе телата пред погребот. Според српски „Курир“, мештаните изјавиле дека полицијата не изнесува податоци дека момчињата пред да бидат убиени, биле мачени и масакрирани.

- Власта крие дека децата биле мачени. Нозете им биле скршени со кундаци, еден од нив немал око, а рацете им биле врзани позади грбот. Ова ни го рекоа луѓе кои ги виделе телата – изјавила Славица Андовска, која во понеделникот со сопругот протестирала пред зградата на владата во Скопје, пренесува порталот „Вести он-лајн“.

Српскиот медиум известува дека седум дена по убиството, полицијата не ги идентификува сторителите на злосторството, а вчера полицијата откри дека на жртвите било пукано од пиштол и од „калашњиков“...

Почивајте во мир момчиња... Нема да ве заборавиме...

Page 17: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

17

Kриминалците и насилниците се апсат - со вакви изјави се гордее македонската полиција, но со тоа не се решава болниот проблем на нашето општество. Затворите се полнат, но се зголемува и бројот на насилниците. Поважно од тоа да се спречат криминалците, е да се спречи криминалците да станат криминалци. На ова треба да поработиме!

Последиците наместо причините

Ако ги погледнеме податоците од Министерството за внатрешни работи, можеме да забележиме дека со текот на годините криминалните дејствувања во Република Македонија бележат подем. Само за споредба, во 2001 година бројот на кривични дела изнесува 17.193, во 2005-та 22.634, а во 2010 (за минатата година сé уште не се обработени податоците) 28.489 од кои 2.136 се извршени од малолетниците. Колку и дали работи полицијата е друго

прашање. Секојдневно слушаме за уапсени криминални групи, разбивање на шверц, криминалци фатени на дело... Но, дали така можеме да кажеме дека проблемот се решава? Не! Така само се решаваат последиците, влијанијата од проблемот, а тој останува, тука е!

Подобро е да се спречи, отколку да се лечи - вели една наша поговорка. Но, ние го правиме токму спротивното, не ја гледаме суштината на проблемот со зголемувањето на насилството и криминалот во општеството. Не се обидуваме да ги спречиме причините за тоа, туку ги лекуваме раните од нивниот напад.

За да го решиме овој проблем треба да погледнеме далеку, далеку зад зацртаниот хоризонт. Треба да го свртиме вниманието на првата тепачка, првото насилно однесување, првата провокација - вниманието треба да го

Nasilstvo - da se spre~i, a ne da se le~i

Page 18: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

18 BR.73

посочиме врз училишните клупи. Факт е дека никој не станува насилен и склон кон криминални дејствија одеднаш, преку ноќ. Туку тоа жарче (предизвикано од најразлични причини) со години тлее во личноста и со текот на времето сé повеќе се вжештвува, сé додека не пламне во огромен оган, кој тешко може да се изгаси.

За да се реши проблемот треба да се отстрани жарчето, а не да се гаси оганот.

Младите склони кон насилство

Секојдневно сме сведоци за насилното однесување на младите, кое зазема сé поголем интензитет. Насилството и инцидентите, каде главна мета се верски, станбени објекти, автобуси и возила, набргу се префрла врз луѓето (граѓаните) и нивната безбедност, здравје и живот.

Сите вие, што сметате дека протестите, искажувањето на револтот (макар и насилно) е далеку од криминалот и опасноста врз населението, само потсетете се на запалените и демолирани возила, запалените и оштетени домови и продавници, па и повредени лица.

Во меѓународниот извештај на Обединетите Нации се вели дека 526 илјади луѓе умираат годишно при чин насилство. Регистрирано е дека 396 илјади луѓе се убиени надвор од вооружени конфликти, додека 54 илјади луѓе умираат при ненамерно насилство или убиство. Во извештајот е забележано дека годишниот просек на луѓе што умираат при војна изнесува 55 илјади.

На секој нормален човек ова би му

делувало апсурдно. Повеќе луѓе се жртви „на слободата“, отколку на „војната“!

Мораме да се запрашаме: Кој е вистинскиот виновник за она што се случува со најмладата и најранливата популација? Дали со нашето невнимание и незаинтересираност ја кинеме и последната нишка со која се гради иднината на едно општество? Дали удираме таму каде најмногу боли - кај најмладите!

Училишните ранци како да ја губат својата основна намена. Па, наместо книги, во нив учениците носат ножеви, палки, па дури и пиштоли. Досегашните искуства и особено инцидентите (за некои дури и смртоносни) во средните училишта, покажуваат дека во училиштата во Македонија проблемот со насилното однесување се игнорира сè додека не стане предоцна и ескалира со инциденти кои се закана за здравјето и животот на младите. Тогаш решение најчесто се бара во видео надзор и ангажирање професионални агенции за обезбедување кои го „чуваат” училиштето.

Мораме да се запрашаме дали станавме толку преокупирани од политиката и тешката економска состојба, што веќе

Page 19: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

19

не ги забележуваме девијациите на младите, кои својот внатрешен револт и агресија ја искажуваат со тупаници и сечила во воспитно-образовните установи?

Причини за насилното однесување

Насилното однесување на младите е сложен општествен феномен, кој со текот на времето ескалира и доведува до криминални активности. Причините и корените се наоѓаат во развојните фактори и нефункционалноста на семејството, како што најчесто слушаме во медиумите од психолозите и социолозите; во системите на управување со училиштата и пошироко во општеството; вредностите кои се усвојуваат и промовираат во училиштата, семејството, политиката, медиумите итн., кои значително придонесуваат за појавата на насилно однесување. Со еден збор, целата реалност влијае врз градењето на младите како личности. Тешката економска ситуација и родителската запуштеност на децата се

првите идеи, кои паѓаат на ум кога би се запрашале за причините за ваквите појави. Живееме во држава каде имаме над 30 проценти невработеност и сиромаштија. Во држава каде што имате толкав процент од најгорливите економски проблеми, на некој начин е очекувано да се зголемат социопатолошките појави, да се зголемат фрустрациите.

Младите на овие појави се најчувствителни во периодот на пубертетот, на преминот од основното кон средното училиште. Тогаш тие се полни со енергија, која ако не се исконтролира преминува во агресија и насилство.

Сите се нервозни поради беспарицата, а таа нервоза и нетрпение се пренесуваат токму врз оние кои допрва ќе си ја оформуваат личноста. Според познавачите на состојбите, одговорноста оди на сметка на родителите, кои заборавиле на најважната работа на светот, да се биде родител, кои единствено кукаат за својата тешка состојба, врескајќи и колнејќи ги „виновниците“ за тоа, не обрнувајќи

Page 20: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

20 BR.73

внимание дали нивното дете е во собата и дали го слуша сето тоа.

Вината се префрла и врз образовните институции што немаат систем како да се справат со агресивноста кај децата и младите. Казните се тука, а никој не се наоѓа да им подаде рака во знак на помош. Улогата на педагозите и психолозите во училиштата е само симболична. Младите не чувстуваат дека можат со своите проблеми да им се обратат токму на нив. Затоа, премолчуваат и само ги таложат своите фрустрации и незадоволство.

Од друга страна, пак, бомбардирањето со насилни содржини од страна на телевизијата и интернетот нудат прифатливост на насилството, како нешто препознатливо. Уште како мали, децата ги впиваат таквите содржини и според тој агресивен модел се справуваат со сите животни ситуации, кои им создаваат фрустрации. Родителите несомнено ги запуштија своите деца, сметаат психолозите. Никој не контролира што тие во своите детски соби гледаат на телевизија или „гуглаат“ на интернет. Веќе со години во светски рамки се зборува за тоа колку се насилните видео-игри, агресивните телевизиски емисии и неограничениот, нецензурираниот и седостапниот интернет свет – полн со мултимедијални содржини кои промовираат секаков вид на насилство, се штетни за развојот на младите. Медиумскиот свет станува реалност, а реалноста се претвора во игра. Најпосле, младите во периодот на адолесценција, не ја забележуваат разликата. Оставени сами на себе, во семејна средина каде меѓучовечките односи се дистанцирани и бомбардирани од содржини полни со насилство преку

медиумите, Интернет, климата на општествено-економска состојба, според експертите, се причините поради кои младите во земјава го прифаќаат насилството како начин за себедокажување во нивната средина. Така го бараат своето место во општеството.

Последиците од сето тоа се катастрофални. Од напливот на бес на младите луѓе, во повеќето случаи средношколци, нивни врсници завршуваат во болница со тешки повреди, исеченици, убоди со нож.

Поразително е што на нашите адолесценти не помалку лошо влијае и гледањето на политичките случувања преполни со несоодветно, агресивно, а на моменти и неконтролирано однесување. Навреди, препукување, обвинување - сето тоа од луѓето кои се „демократски“ претставници на земјата. Зошто тогаш тие – младите - да се однесуваат пристојно?

Децата учат според моделите на однесување. Тие гледаат и копираат одредено однесување. Какво општество, какво семејство и каква реалност им нудиме - така и тие ќе возвраќаат.

Кога ќе се земе предвид дека сите овие фактори се одразуваат на лица што се во фазата на адолесценција, кога не се ниту возрасни ниту деца, велат психолозите, не треба да нé чуди што младите, наместо во знаење, се натпреваруваат меѓу себе со насилство.

Насилство на националистичка основа

Земајќи ги предвид сите можни чинители и причини за појавата на насилството во општеството од економско-стопански, политички, образовни, културни,

Page 21: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

21

не можат да се избегнат етничко-националните. Нивниот конфликтен и разорен потенцијал и моќност е огромна, исто како и мобилизирачко-покренувачката сила која ја имаат. Доволно е да се развиори македонското знаме и Албанците трчаат или албанското знаме и Македонците трчаат да ја „одбранат“ и „докажат“ својата националност со своето знаме. Тоа се бесмислени работи, ама таков ни е менталитетот.

Новиот бран на тепачки и насилства на етничка основа во Македонија, открија на виделина многу очигледни проблеми со кои се соочува македонското општество и граѓани за кои досега со сила сите се правеа „слепи“ не сакајќи да им се посвети должното внимание, како од надлежните установи во прв ред, така и од општествената јавност.

Најпрвин треба да се разгледа улогата на медиумите, кои во најголема мера ја произведоа напнатата и тензична атмосфера, постојано кревајќи ги страстите со, на моменти крајно непрофесионалното, известување за случувањата и настаните.

Што направија тие? Медиумите веднаш истрчуваа со имињата и презимињата на извршителите на некој чин и жртвите, нагласувајќи ја нивната етничка припадност и со тоа давајќи им етнички рамки и димензии на немилите настани.

„Протестите“ (најчесто насилни) со виорење на национални знамиња, дополнително ги истакнауваат и потенцираат етничките рамки и бои на немилите настани. Медиумите постојано ја потенцираат умислата и националистичка позадина, која ги покренува страстите. Излегуваат тогаш преставниците на невладите и некои интелекуалци, кои со своите изјави и емотивна обоеност за протестите како дури и да го оправдуваат насилството на едната „страна“ алудирајќи дека е логичка и нормална реакција на национална „самоодбрана“. Не толку сјајното минато на етничка основа и сеќавањето на претходните инциденти, се добра подлога да младите го изразат својот револт (кој се однесува кон општеството генерално) под етничкото знаме, обвинувајќи ги „другите“ (кога нема веќе кого) за своите проблеми и фрустрации.

Како да се спречи насилството?

Според истражувањата, најголемиот дел од децата што стануваат насилни кон себе или другите се чувствуваат отфрлени и психолошки виктимизирани. Во повеќето случаи, децата искажуваат агресивно однесување во раните фази на животот, и ако не им се даде поддршка може да продолжат понатаму кон тешки форми на агресија и насилство.

Сепак, истражувањата исто така покажуваат дека кога децата имаат

Page 22: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

22 BR.73

позитивна и значајна поврзаност со некој возрасен – во домот, во училиштето или во заедницата – потенцијалот за насилство значително се намалува.

Првин треба добра посветеност од родителите кон проблемите на своето дете. Неопходно е, тоа да се чувствува сигурно, безбедно и сакано - тоа е предуслов за нормален развој и оформување на детето.

Второ- потребна е поголема ангажираност од страна на образовните установи. Психолозите и педагозите треба да си ја заработат платата. Треба да се тука за децата, да работат на односот со нив и да ја отворат својата врата за сите нивни проблеми.

Потребно е поголемо приклучување на младите во општеството. Потребно е да се почувстуваат дел од него. Да се слушне и нивниот глас, да се уважува и нивното мислење за идината.

Што треба да знаеме? Во континуитет треба да се има грижа. Нема ништо да се постигне ако се направи само една работа и потоа работите да со оставаат сами на себе. Еден проект и апел откако ќе се случи некој инцидент не се доволни да се реши проблемот. Ние го градиме нашето општество- ајде да ги спречиме причините за насилството, а не да ги лечиме последиците од него!

Елена Павловска

Page 23: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

23

Велат дека медиумите го креираат јавното мислење, но и дека настанот се случил само тогаш кога ќе биде пренесен преку медиумите. Водејќи се од оваа паралела треба да се замислиме дали последните случувања од мултиетнички карактер во Македонија навистина ескалираа или, пак, целата работа е доста „исфилувана“ од медиумите?

Секој на свој начин си ги пренесува вестите во нашава држава. Се шпекулира, се донесуваат заклучоци предвреме, се прогласуваат виновници уште пред да бидат најдени какви било докази. Ова е една лоша навика и практика, која веќе подолго време се провлекува низ нашите медиуми, онаа желба за сензационализам, која публиката ја купува за сите пари.

Но, дали треба еднаш засекогаш, да ја ослободиме од сензационализам оваа тема, која како средновековна чума ги коси луѓето во Македонија?

Никој не го негира фактот, дека постои насилство во Македонија, насилство на меѓуетничка основа, но дали медиумите треба уште толку да ги подгреваат страстите?

Инциденти се случуваа, а нетрпението и понатаму расте. Дури и оние кои се задолжени за да го зачуваат редот и мирот во државата, посегнуваат по службено оружје и предизвикуваат инциденти.

Ваков случај беше кога во Гостивар, полицаец посегна по своето службено оружје и изврши двојно убиство. Полицаецот Македонец, а жртвите Албанци. Ова може беше и клучната реченица, која подолго време беше на насловните страници низ весниците, на ударните шпици по телевизиските вести.

Немилиот настан, му долеа масло на веќе подгреаниот оган во борбата на етноцентризмот.

Kolku sme, tolku sme - isti sme

Page 24: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

24 BR.73

Оваа борба на докажување и убедување им го наруши комодитетот на голем број скопјани. Нивната безбедност беше доведена во опасност, кога огромен број од нив со страв го користеа јавниот превоз за да стигнат до одредена дестинација. Најголем број од инцидентите, во кои за жал учесници беа млади граѓани на оваа држава, се одвиваа токму во автобусите на јавниот градски превоз.

Целата ситуација кулминираше, со петкратното убиство, за кое сега засега не се познати ниту причините, ниту мотивот, а ниту сторителите. Можеби не толку директно, колку индиректно, но медиумите веќе наметнуваат своевиден став за оваа трагедија. Веќе истиот е етикетиран со меѓуетничка позадина. Но, ако ги оставиме медиумите на страна, тогаш случувањата од центарот на Скопје се своевиден осврт на фактичката состојба во државата.

Млади, голем број од нив и малолетни, се собраа на „мирен“ протест, кој подоцна се претвори во „Битката во Сиетл“, но со многу повеќе негативна идеологија.

„Битката во Скопје“ кулминираше кога иднината на оваа држава маршираше низ улиците на центарот од градот и скандираше погрдни и навредливи зборови за Албанците. Па, каде би ја гледале иднината на Македонија, ако шеснаесетгодишници скандираат „Смрт за Шиптари!“ пред зградата на владата, а воедно со камења кршат прозорци од полициски автомобили?!

Page 25: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

25

Ова се група на млади луѓе, кои без сомневање биле згрозени од оние марширања на грчката војска, во кои се скандираа погрдни имиња за нашата нација, за која велеа дека ќе ñ ја одерат кожата. Зар оваа група не размисли пред овој протест, дека една од најстарите поговорки во светот вели, „Не го прави она, што не сакаш да ти го прават тебе“? Но полесно е да ги осудиш другите и да ги прогласиш за бесчувствителни националисти, а ти кога го правиш истото, за тебе важи онаа другата „целта ги оправдува средствата“.

Медиумите не задоцнија за овој настан да ја осудат навивачката група „Комити“, која беше организатор на овој, замислен како мирен протест. Иако организатори, по обвинувањата од медиумите тие експресно демантираа и се оградија од сите инциденти, кои во тоа време се случија во центарот на Скопје. Но, дали ова е вистинско оградување?

Во својот демант, тие велеа дека скандирањата започнале од млади луѓе на кои им врие крвта. Ако тоа е така, тогаш зошто подоцна тие самите

не ги осудија овие настани, дивеењето на нивните подмладоци? Млади приврзнаници на нивната идеологија, кои се огледуваат на нив, навредуваат и бараат етнички чиста Македонија.

Настан кој ја потресе Македонија, а гласно одекна и во регионот...

Каде ќе дотера оваа пуста Македонија со вакви идни генерации? До кога етноцентризмот ќе биде главна преокупација на луѓето кои се толку различни, а толку слични?!

Магдалена Jовановска

Page 26: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

26 BR.73

За само три месеци доживеав бадников лудак со нож, мал милион сомнителни постари личности со афинитети за жени и последното беше пукотница низ маало.Толку не сум минала низ целото мое досегашно постоење! Што тоа се случува во нашава Македонија, каде човек можеше слободно да си ја остави вратата од домот отклучена? Секој на секого му беше сосед и пријател. И сега сите панично заклучуваме врата и внимаваме да не заглавиме во некоја темна уличка после полноќ.

Логично е прстот да се сврти кон оние што треба да го чуваат редот и мирот во државава, кон полицијата. Што се случува таму? Си ја вршат ли работата како што треба? Зошто не?

Кога имате држава каде нема демократија, каде се почитува само зборот на посилниот и оној со повеќе пари, каде народот е сиромашен и владее корупција, дури и чуварите на редот и мирот кои зависат од платата за живот, ќе замижат кога така ќе им биде

кажано. Многу просто и едноставно- нема место за морални вредности таму каде царува сиромаштија. Секој се бори да преживее како најдобро знае.

Па, како да не е истава ситуација дури и во големата Америка. Таму е дури и полошо. Но, зошто да земаме пример од еден таков нездрав општествен систем. Филмовите се виновни! Глобализацијата е виновна! Полицијата е виновна! Сите од споменатите заедно и никој од нив не е виновен. Самите сме си виновни!

И оние кои работат во безбедносните служби се само луѓе, обични и исто толку сиромашни како и сите нас во оваа држава. Сите ние кои ги обвинуваме, најверојатно би направиле сé исто како и нив, ако од послушноста ни зависи единственото работно место.

Ќе речете, како е можно некој да вработи ладнокрвен убиец како заштитник на редот и мирот. Долгата рака на корупцијата достигнува дури и дотаму, за жал. Кога едно општество е болно, а болеста е корупција, најпрво мора да го пронајдете нултиот преносител, а тој

Denovi kako na Diviot Zapad

Page 27: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

27

е некаде на врвот на пирамидата. Кога него и неговите заразени идеи ќе ги снема, општеството само ќе започне да се лекува, многу пополека.

Бесцелно е да се зборува за тоа каква е организацијата и структурата во овие безбедносни служби, каде шефот не знае што се случува и од кого му се платени вработените, а и самиот тој извршува нечии други порачки.

И што да правиме сега? Да се обидеме да ги смениме работите од горе. На следните избори гласајте за здрави луѓе или побарајте го она што сакате од оние нездравите. Паметно, најбезобразно и корупциски условете ги како што сега тие ви прават.

Но, запомнете! Не се ни тие од горе единствените виновни. Никаде не одиме, ако едноставно си отидеме. Нема домашна економија без труд на домашните, а без подобра економија останува сиромаштијата, заедно со неа и корупцијата. Ја гледате иронијата, нели? Некој ќе мора да го каже првото НЕ на раката полна криминални пари... Останатите ќе мора да застанат зад него...

Ако сме стигнале наназад до Дивиот Запад, каде е следно? Во времето на праисторијата каде и официјално не постои општество,а луѓето се мајмуни?.. Или веќе сме таму?..

Елена Николовска

Page 28: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

28 BR.73

Дека сме држава со повеќепартиски систем – сме. Дека политичките партии се навлезени во секој сегмент од нашето живеење – се. А дека не сме безбедни – не сме! Дали сме жртви на политиката, на партијата или на самите себе?!..

Јавна тајна е дека партиската книшка е таа што ти го одредува работното место. Работното место ти ги одредува месечните примања, што пак ти го одредува начинот на живот, и во крајна мерка, твојот опстанок и опстанокот на твоето семејство.

Значи, лаички кажано, додека играш на партиската свирка со чекори на кои тие те научиле, нема што да му ја мислиш за утре. Но, што ако решиш да го смениш орото, и да заиграш по свое? Е тогаш, куферите и кај тетката во Америка.Македонците се (или барем биле) мудар народ, кој за секоја ситуација има своја поговорка. За нашиов случај,

тоа е „Кога се фатила баба на оро, мора да го игра“. Доколку баба ја фати грч во нога и посака да си почине настрана, следуваат „воспитни“. Закани по работно место, закани по џебот, закани по безбедноста, па дури и закани по животот, и најлошото – закани по животот на најблиските. Во екстремни случаеви, и реализирање на заканите...

Политиката е еден од најстарите и највалканите занаети. Наликува на игра, во која има само едно правило – нема никакви правила! Политичките актери се водат од максимата на Макијавели дека целта ги оправдува средствата, кога е за доброто на државата. Иронијата тука е во тоа што, иако сме во демократија, каде нели, по правило владее народот, за „доброто на државата“ токму народот е тој кој најмалку се прашува. Партиската елита (барем официјално) е таа што диктира што е твоето добро, и како да се стигне до тоа.

Zavisime edni od drugi

Page 29: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

29

Неукоста, како последица на молскавичното и несакано наметнување на новиот уредувачки систем, заедно со слепата алчноста за пари и моќ се главните виновници што сме тука каде што сме - на дното на пирамидата. Но, дното на пирамидата е и нејзината основа – разнишајте ги темелите, и прво што паѓа е врвот.

Тоа е моментот кој Македончето постојано го заборава, дека со мал потег може да го разбранува светот на државната фотелја. Затоа што моќта и силата се во единството, во иницијативноста и желбата реално да се направи промена, кон подобро. Промена за која ни се потребни заеднички сили, наместо бескрајни поделби.

Но, малата бројност, немаштијата и мрзливоста се совршен рецепт за активното правење ништо, затоа што „стој си сине настрана, така е подобро“. А потоа, кога ќе ти биде досадно, и ќе сакаш да нарушиш монотонија –

излези на протести! Не знаеш зошто? Зар е битно? Битно е да си меѓу луѓе и да урлаш колку што те држи глас! Причината, оправдана или не, сама ќе си дојде! А ако (буквално) му ја скршиш животната заштеда некому? А ако наместо поддршка, поттикнеш нови кавги? А ако наместо мир, наидеш на боксерски ринг?! А ако никогаш не сфатиш дека си само пион?!..

Серијата инциденти кои ни удираат в чело, изрежирани или не, се раната на нашето општество. Вакви-такви, опстојуваме, но меѓуетничките односи се нашата Ахилова пета. И токму тоа им е и повеќе од јасно на оние на врвот на политичката пирамида во сенка.

Додека ние кубеме коси, грицкаме нокти и си играме „погоди го етникумот на насилникот“, некој ужива во пуканките и драмата која му се нуди. Зошто? Па затоа што сè додека има кукли, ќе има и куклен театар!

Славица Ѓоргиева

Page 30: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

30 BR.73

Закана од криминалСé на сé, стапката на криминал во Република Македонија е пониска од онаа на повеќето поголеми градови во САД. Изминaтиве години Македонија не доживеала инциденти што вклучувале тешко насилство, но сепак, забележа помал број на убиства и кражби изведени со огнени оружја на јавни места. Насилниот криминал кај Американците е поредок.

Џепчии, кражби и други ситни криминалци има на места каде има повеќе туристи и странци. Џепчиите и понатаму се проблем во Градскиот трговски центар, на плоштадот „Македонија“, во центарот на градот и во Старата чаршија. Минувачите треба да внимаваат на своите предмети и окружувањето во секое време.

Џепчиите имаат разни методи за одвлекување на вниманието на жртвите. Еден од методите вклучува група дечиња кои се врткаат околу потенцијалната жртва барајќи пари, сé со цел да го лоцираат паричникот на жртвата. Оштетените треба да го пријават делото во полиција и да ги откажат кредитните картички што поскоро.

Не оставајте вредни предмети, мобилни телефони и електронски направи на видливо место во автомобилот. Кога не сте дома, затворајте ги вратите и прозорците. Банкоматите се безбедни, но корисниците треба да ги знаат мерките за претпазливост.

Фалсификати и пиратерија има насекаде и купување такви производи е нелегално и во САД и во Македонија.

Kriminalot i bezbednosta vo Makedonija

Page 31: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

31

Главно, јавниот превоз се распаѓа. Иако таксистите се чест избор, препорачливо е патникот да се вози со легално такси возило со таксиметар за сметката да е чиста.

Статистички податоци за криминал на МВР

• Нелегално производство, посед и трговија со оружје и експлозиви 2010: 199 прекршоци 2011 (до ноември): 191 прекршок

• Запленето оружје 2010: 280 парчиња различни типови оружја, обично пиштоли и револвери; 13,252 парчиња муниција; 104 кг експлозив 2011: 305 парчиња различни типови оружја, обично полуавтоматски пиштоли; 3,652 парчиња муниција; 1,4 кг експлозив

• Кражби и грабежи – 2009 и 2010 (сите наведени прекршоци вклучиле употреба на оружја и се однесуваат на скопскиот регион) Ограбени банки: 6 Провалување во менувачници: 7 Ограбени обложувалници: 25 Ограбени казина: 3

• Следните податоци се однесуваат на целата земја: 2011 (до ноември): вкупно 713 насилни прекршоци од кои: 25 убиства; 437 провалувања и грабежи (банки, менувачници, обложувалници и домаќинства); 251 обиди за убиство (сериозно повреди, полесни повреди, тепачки итн.)

Вкупно 11,223 тешки кражби со насилно влегување

• Злоставување на малолетници: Од јануари до ноември 2011: 52 малолетни жртви на злоставување од кои 39 малолетници под 14 години.

Безбедност на патиштатаЌе забележите дека условите на патиштата во голема мера се разликуваат од оние во САД. Да возите безбедно значи да владеете дефанзивни вештини.

Многу возачи не ги почитуваат ограничувањата на брзина или други сообраќајни знаци (застанување на црвено и на знак „Стоп“). Неправилно пресекуваат лента, или преминуваат од најдесната во најлевата. Мешавината од брзо и небезбедно возење, неправилно одржување на автомобилот, нови и стари возила на патот и лошо осветлување придонесува за лоши услови на патот.

Возачите и патниците мора да го врзат појасот. Возачите не смеат да зборуваат на мобилен при возењето. Пешаците мора да бидат многу внимателни при преминување улица, па дури и на пешачки, затоа што возачите ретко подзапираат или застануваат за пешаци.

Повеќето големи автопати се во добра состојба, но доста споредни градски и рурални патишта ретко се обновуваат и слабо се осветлени. На патиштата често

Page 32: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJATema Na Nedelata

32 BR.73

може да се налета на запрежни коли, добиток, мртви животни, камења итн.

Споредните планински патчиња најчесто се тесни, необележани, нема банкини и при лошо време се опасни. Влечните служби се ограничени.

МВР ја објави статистиката за сообраќајни несреќи во Македонија: 2011 (јануари - октомври): 3,261 сообраќајки; 113 загинати; 4,993 повредени 2010: 4,226 сообраќајки, 45 загинати, 2,802 повредени 2009: 4,357 сообраќајки, 57 загинати, 3,011 повредени

Сообраќајќи во кои имало само материјална штета (овие податоци не се вклучени погоре) 2010: 8,027 сообраќајки 2009: 10,584 сообраќајкиПри несреќни случаи, возачите може да се јават на 192 (Полиција), 194 (Брза помош) и 196 или 9159 за помош на патот.

Политичко насилство

Историска перспективаЗначајно политичко насилство против Америка се има случено два пати

во македонската историја: во 1999 и 2001. На 25-ти март 1999, повеќе од 2000 протестанти се собраа пред американската амбасада (на поранешната локација) за да протестираат против воздушните напади на НАТО врз Југославија. Набрзо протестите добија насилна димензија што резултираше со штета од 750,000 долари.

На 24-ти јули 2001, протестантите влегоа во американската амбасада, палеа оган и кршеа како реакција на одлуката на Западот за бунтот на етничките Албанци.

Регионален тероризам и организиран криминалНавлегувањето на тешко вооружени групи од Косово во април и мај 2010 предизвика загриженост околу јавната безбедност, затоа што беа откриени големи колични оружје и експлозиви. Македонската полиција беше претпазлива на заканите што демнеа од вооружените групи.

Организираниот криминал е присутен во Македонија; активностите поврзани со организиран криминал често резултираат со насилни судири помеѓу членовите на спротивставените организации.

Page 33: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZINBR.73

MAGAZIN REVOLUCIJA Tema Na Nedelata

33

Граѓански немириМожноста за политичко насилство зависи од два важни фактори: проблемот со името и етничките тензии помеѓу Македонците и Албанците.

Често има штрајкови и јавни протести. Од стечајци до лозари и тутунари, кои најчесто штрајкуваат пред Владата и Собранието. Штрајковите и останатите собири најчесто се мирни. Сепак, минувачите се предупредени да ги избегнуваат овие настани.

Ниту еден од овие потенцијални ризици за јавната безбедност не ги погодило американските граѓани или интереси, но патниците треба да внимаваат на актуелните настани и нивното окружување со цел да останат безбедни.

Дрога и нарко-тероризамСтатистики на МВР:„Употреба на наркотици и снабдување

на останатите со дрога“

2007: 86 прекршоци 2008: 67 прекршоци 2009: 112 прекршоци 2010: 85 прекршоци 2011 (до ноември): 109 прекршоци

Надлежност на полицијатаПоддршката на полицијата за странци кои се жртви на криминал е задоволувачка. Најголем проблем е јазичната бариера. Законот бара налози издадени од истражен судија, за апсење или притворање, а полицијата го следи тоа. Јавните обвинители мора да одредат казна притвор во времетрање од 24 часа. Истражен судија, на барање на јавниот обвинител, може да одреди притвор од 72 часа. Американските државјани треба да ја контактираат американската амбасада за дополнителна помош.

Извештајот е подготвен од OSAC и се однесува за 2012 година

Превод: Милена Петровска

Page 34: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

34 BR.73

После октомври 2009, кој беше кобен за светската економија, некако целиот свет го зафати голема депресија, криза, беспарица... Почна во Америка, продолжи во Европа… Го зафати светот. Само во нашата држава никако „претпоставените“ не можат да се договорат ДАЛИ СМЕ или НЕ СМЕ во криза.

ПРЕТПОСТАВЕНИТЕ упорно тврдат дека кризата нé одминала. Ама тоа тврдење, некако ми изгледа неточно, па можам да речам и по малку дека е смешно. Но, сепак, тоа е само мое лично мислење.

Кога светската економска криза ги уништи гигантите на Волстрит, ја „протресе“ светската сила Германија, а Грција, Португалија и Шпанија ги донесе пред банкрот, мислам дека Македонија

мора да била велесила за чија моќ и самите ние кои живееме во неа не сме биле свесни, па кризата туку-така се исплаши од нас, и нé одмина.

Но, фактите го докажуваат спротивното. Ако до пред еден месец јас одев на кафе со автомобил, сега пешачам 40 минути за да стасам во центар да пијам кафе со другарките. Ако пред 6 месеци со 1000 денари дома можевме да купиме 10 литри масло и 10 кг шеќер, денес со истите пари купуваме само 10 литри масло. Всушност, шеќер нема потреба да купуваме, секако е штетен за здравјето.

Ако пред една година бутиците низ градот беа преполни, бидејќи луѓето се подновуваа за Велигденските празници, овој Велигден кога шетавме низ град немаше ни половина купувачи колку

Sme ili ne sme vo ekonomska kriza?

Page 35: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

35BR.73

што имаше лани. Сите само шетавме, гледавме по излозите, иако фармерките и блузичките доживуваа очајни попусти и се продаваа за смешни 500 денари. Сепак, некому не му се даваа ни тие 500 денари, бидејќи и тие пари денес живот значат. Ако лани ова време пицериите и рестораните во Крушево (бидејќи јас сум од Крушево можам да зборувам за таму од свое искуство) беа преполни и за празниците не можевме да најдеме место, годинава слободни маси имаше на претек.

Како на економист, оваа ситуација ми е показател дека нешто во државава не е во ред. Значи, СМЕ или НЕ СМЕ во економска криза?

Како граѓанин на Македонија ќе кажам дека во последно време многу тешко се справуваме со реалноста во земјава, воопшто. Значи, работа нема, пари воопшто, дипломите ни стојат урамени дома на ѕид и што е најважно, притисокот ми се качува кога ќе ми текне дека за некој ден треба да одам на факултет и да полагам колоквиуми, бидејќи едно полагање ќе ме чини 2000 денари плус постдипломските трошоци.

Тоа е проблем на секој невработен постдипломец во државава.

За момент ме утеши една вест на телевизија, кога слушнав дека Македонија добро се држи со цената на бензинот во споредба со другите европски земји. Значи, рекоа дека сме имале најевтин бензин од сите европски земји, со исклучок на неколку од нив, како на пример Црна Гора. Ама како што реков, утехата беше моментална. Зошто???

Па, после една минута се сетив дека некаде сум сретнала (може во книга, може на ТВ, може на интернет) дека стандардот и платите во европските земји со кои се споредуваме се далеку повисоки од македонските. Значи, ако на Чехот или на Данецот не им претставува ништо посебно да одделат 100 евра месечно од својата плата од 2000 евра и да го наполнат резервоарот на автомобилот за цел месец, кај нас ситуацијата е малку поразлична. Не сакам да бидам цинична, ама кај нас кога ќе ги земат луѓето платите треба да појдат директо на бензиска и да ја остават цела плата, ако сакаат или ако имаат потреба од автомобил месецов.

Page 36: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAMladi So Stav

36 BR.73

Инаку, има и за ова решение. Па, можеме да си купиме велосипеди, како на пример во Холандија. Што се Холанѓаните попаметни од нас?! Гледам и кај нас таа мода почна да станува пракса. Наместо да се возиме во автомобили и да се дебелееме секој ден, ќе се возиме со велосипеди. Ем нема трошење пари, ем ете еден час аеробик.

Само ме интересира дали и ПРЕТПОСТАВЕНИТЕ во државава го имаат истиот проблем? Дали би возеле велосипед или, пак, не би се откажале од автомобилот? Но, заборавив, дека тие напоменаа дека во Македонија нема криза. Можеби за нив и нема...

Да зборуваме за македонските компании? Некако не ми се зборува. Зошто? Фрлаат пари на безвредни реклами, секој се рекламира во медиумот кај што му одговара (провладин, антивладин), маркетингот им е промашена инвестиција. Последно гледам дека и нив кризава

толку ги има зафатено што сега не знаат што друго да прават, па плукаат преку ЕПП по конкурентските фирми. Демек, ако Прод. Бр.1 ја навреди јавно Прод. Бр.2 (не сакам да споменувам конкретни фирми, луѓето гледаат за кого станува збор), и се фали дека е подобра со некоја осмислена ама недоосмислена реклама на ТВ, ќе ги убеди купувачите да купуваат од неа?? Погрешен пристап!

Повторно ќе се изјаснам деловно, како маркетинг менаџер:

Прво, ако луѓето немаат пари, Прод. Бр. 1 може да фрли колку сака пари на скап маркетинг, колку сака јавно да плука по Прод.Бр.2, но тоа, сепак, нема да ñ го зголеми пазарниот удел, бидејќи во купопродажната слика недостига главната алка: Личниот доход, и цената!

Не може некој да ме убедува дека е подобар од другиот, бидејќи колку и да е подобар, ако мене пресуден фактор за купување ми се парите - јас ќе занемарам сé друго освен цената на производот! А, што мислите, кој е пресуден фактор за купување во Македонија во 2012?

И второ, она што Ана го зборува за Јана, зборува повеќе за Ана отколку за Јана. Затоа, треба да се истакнат сопствените предности во време на економска криза, наместо да се истакнуваат недостатоците

Page 37: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA Mladi So Stav

37BR.73

на конкуренцијата.

Ме плаши непотребното фрлање на пари во Македонија, било тоа да е на маркетинг, било да е на разни кампањи или на перење на мозок на граѓаните. Се однесуваме како да имаме буџет полн како брод, а во суштина сме сиромашна држава, која се бори со транзицијата милион години. Дали СМЕ или НЕ сме во економска криза?

Можеби утре ќе дојдеме до ситуација кога нема да бидеме способни да платиме за храната во сопствениот дом, бидејќи инфлацијата вртоглаво расте. Прост пример за тоа е поскапувањето на горивото од 18% во последните година-две, што многупати го споменав

досега.

И како после да верувам дека нема инфлација? Како после да веруваме дека нема криза? Се плашам да не се повтори историјата и тогаш да имаме полни вреќи со пари дома, а вреќите да чинат повеќе од самите пари...

Решение? За секој проблем има решение, но треба НЕКОЈ да го пронајде!

На крај, парите не се сé во животот, но, сепак, се вмешани во голем дел од него.

Леонора Ташкоска

Page 38: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJARevolucija - Sorabotnici

38 BR.73

Отворање нови народни кујни во руралните средини, како дел од проектот на Владата преку кој се обезбедува храна за лицата кои се изложени на социјален ризик, најави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски при посетата на Народната кујна, која функционира во општината Центар.

„Ние како Влада одлучивме да го прошириме проектот и да почнеме да отвораме народни кујни во руралните средини, кои се оддалечени од централните градски подрачја. Со тоа на лицата во социјален ризик кои живеат

во таквите средини би им се овозможил полесен пристап до храна. Очекувам дека на ваков начине се зголеми опфатот на бројот на корисници и оти може да се постигне многу поголем квалитет при реализацијата на овој проект“, рече министерот Ристовски.Во текот на годинава планирано е да бидат отворени три народни кујни во рурални средини во општините Василево, Градско и Карбинци.

Министерот за труд и социјална политика информира дека во моментов функционираат 39 народни кујни во градски средини, чии корисници се повеќе од 3.700 граѓани.

Најголем број корисници на услугите на народните кујни, односно околу 1.200, рече, се на територијата на градот Скопје, каде функционираат народни кујни во шест општини.

Сашко Јованов

Narodni kujni i vo ruralna sredina

ХУМАНОСТЗдружение за унапредување на условите за грижа и

сместување на стари и изнемогнати лица

Page 39: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

39

Artvizor

BR.73

Еве една дилема со која се соочувам гледајќи ги филмовите од 2011 и 2012: несовпаѓање на критиките/оценките на филмот со неговиот квалитет. Често ќе чујам фалби и награди, па гостувања на филмски фестивали, па високи оценки, небаре се работи за осмото светско чудо, а кога ќе погледнам 15-20 минути од спомнатото „ремек дело“, ми доаѓа да го земам далечинското и да го џитнам право среде екран за да го распарчам и... и... И ПОТОА ДА ЗЕАМ

КАЛАШ’ И ДА ГИ ПОСТРОЈАМ СИТЕ БАРАБИ КОИ ГО СНИМАЛЕ И ФАЛЕЛЕ И ДУРИ И НАГРАДУВАЛЕ ТОА... ТОА... ТОА НЕВИДЕНО СРА..!!!

Уф... Само да зеам... здив...

Во горниот случај, зборувам за комерцијални, извикани филмови како: „Во земјата на крвта и медот“, па „Патување 2: Мистериозниот остров, па Женат“а во црно и СИТЕ Хари Потерци

JACK AND JILL (2011)

Улоги: Adam Sandler, Katie HolmesРежија: Dennis DuganСценарио: Adam SandlerПродуцент: Todd Garner

Komi~na prikazna za semejnite vrski

Page 40: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

40 BR.73

(освен првите два), воопшто! Она што овие (ш)хитови го имаат е буџет, славно име на актер или режисер и рекламна помпа и фанфар, што просто ги тресе сите медиуми низ цел свет (веројатно и руските експедиции на Антарктик слушнале за филмот на Анџелина Џоли – „Земјата на крв и мед“, само затоа што таа е ко’ на божем, режисјорка).

Од друга страна, ваквите филмови немаат, али ни зрно прича! Ни зрно, талент (актерски или режисерски). Значи, ако сакате на некој ваш непријател да му овозможите бавна и тешка смрт, врзете го за стол и пуштете му некој од набројаниве бисери. Човече...

А, овде, мислам во критикава, ќе ви раскажам за последниот филм на комичарот Адам Сендлер, кој заработил оценка 2 од можни 10 бода и дури една од можни пет ѕвездички, од страна на американските најголеми критички икони: IMDB и Rotten Tomatoes, па вие сами одлучете дали вреди да се гледа и дали си ги заслужил оценките.

Џек Седелштајн е успешен маркетинг директор од Лос Анџелес. Има млада

и убава сопруга и две мали, слатки дечиња. Сé во неговиот живот е навидум совршено. Но, сепак, има едно нешто што го вади Џек од такт и тоа ануелно, еднаш во годината. Тоа нешто се вика Џил, сестрата на Џек.

Џил е негов идентичен (еднојајчен) близнак, но тука запира секоја сличност. Џил е досадна, нападна, неосетно вулгарна, со манири на типична уличарка од Бронкс, Њу Јорк. Она што највеќе го нервира Џек, се нејзините посети на неговиот дом, кога Џил, ја покажува во целост, својата ненаситна потреба за внимание. Според Џек, неговата сестра е оној член на семејството кој никој нормален човек не би го избрал кога би можел да бира кои луѓе да му бидат дел од семејството.

Да биде сестринскиот „напад“ и полош, оваа година, бидејќи нивната мајка е почината, Џил нема причина да се врати во нејзиниот дом во Бронкс, факт кој Џил го експлоатира за да се вовлече во мирниот и фино уреден живот и семејство на Џек. Работите се компликуваат кога Џек треба да сними реклама со актерот Ал Пачино, кој по чудна случајност ќе се „затреска“ по неговата сестра...

Page 41: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

41

Artvizor

BR.73

Океј, вистина, вака кажано, не звучи како нешто спектакуларно, но раскажано преку лудиот смисол за хумор на Адам Сендлер, причава е топ! Тука се вицови од типот: Братот тинејџер вели: „Еј, види прво влакно под мишки!“, а сестрата близнак зема чешел и прави фризура под мишка. (!)

Ако веќе сте виделе некој од филмовите на Сендлер, знаете каков безобзирен (и безобразен) хумор да очекувате, а ако не сте виделе баш ниту еден, имате полно да надополните.

Она што мене ми се допаѓа во сите негови филмови, освен начинот на кој ме забавува, правејќи комплетна будала од себе, тука е и онаа суптилна порака, која само талентираните комичари знаат убаво да ја пренесат на публиката. Пораката од овој филм, всушност не е за тоа какви се некои семејства или колку се неиздржливи некои роднини. Пораката е за блискоста на семејните како и фамилијарните членови и за тоа колку е скапоцена и важна таа крвна врска. Порака која мислам дека треба да ја чујат сите Македонци, кои живеат во Македонија, но и сите оние кои си ја побарале среќата ширум светот.

А, ДЕКА НÑ ИМА НИЗ ЦЕЛ И ТОА КАКО НÑ ИМА! Јас лично имам два први братучеди во Австралија (која ја нарекувам мини-Македонија, пошо нé има многу таму), па имам братучетка во Америка, па прва тетка во Хрватска, па еден чичко во Бугарија, а друг во Германија и такодаље. Модерното време, инфлацијата, беспарицата, невработеноста, економијата воопшто, го принудила Македончето да бара живеачка низ цела планета (познавам луѓе кои отишле по работа дури во Ирак и Авганистан).

Page 42: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

42 BR.73

Сакав да кажам, иако сите тоа го знаеме, е дека, не смее да се запоставуваат тие семејни врски. Во никој случај! Тие врски се едни единствени, кои нé спојувале во детството, без разлика дали биле брат и сестра, братучеди, татко и син, дедо и внук, не е важно.

Никогаш не заборавајте кои сте и од каде доаѓате, кои ви се или ви биле вашите најблиски. Пошто, државата

не е претседникот, ниту владата, ниту полицијата... Државата е народот, народот се фамилиите, а фамилиите се семејствата. Чувајте го своето како очите во глава.

Се читаме!Конечна оценка 8,5/10

Владимир Неделковски

(За да не се наруши автентичниот стил на авторот, текстот не е редактиран)

Page 43: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

43

Artvizor

BR.73

Pet filmovi na koi vredi da se se}avame

Сите некогаш сме биле деца. Со насмевка на лицето се сеќаваме на убавите моменти поминати со другарите на улица, на еден безгрижен дел од нашите животи.

Во втората половина од 20 век не било вообичаено за децата да гледаат филмови, наместо тоа тие излегувале

надвор и играле брканица и криенка. Но, токму од овој период издвојуваме пет филмови кои се сметаат за најдобри и во кои се разбира, глумат деца.Некои од постарата генерација можеби ќе се сетат на насловите што следуваат.

Листата ја отвораме со филмот кој се наоѓа на местото број 5:

Шпанскиот градинар (1956)

Овој филм е базиран на романот од 1950 година, напишан од А. Ј. Кронин. „Шпанскиот градинар“ е доста скромен филм на режисерот Филип Ликок. Не е класичен, туку е цврст и едноставен и вреди да го паметиме.

Не само поради присуството на Дирк Богард (кој во филмот го глуми Хосе), туку и поради јасна прикажаност на едно детство кое не познава разлики во општеството.

Оваа приказна зборува за самохран татко, кој го учи своето дете на старото, традиционално и бирократско воспитување. Младиот и сиромашен „Шпански градинар“ (Богард) му покажува на момчето една поинаква страна од светот.

Приказната и актерите се премногу дотраени за да бидат интересни сами по себе, а Богард има улога на добар селанец и неговата самоувереност и

Page 44: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

44 BR.73

искреност водат кон можна трагедија.Ова е делумно поради младото момче Нико- тој е толку лекомислен што дури не може да разбере зошто неговиот татко е присилен да го држи далеку од градинарот. (Модерната публика може да смисли многу други добри причини за да го задржи Нико подалеку од градинарот - денес ова претставува прилично добар совет).

Таткото можеби е принуден да се соочи со некои негови проблеми, но ова не е нешто поради што неговиот син не може да ја согледа состојбата на нивната врска. Во приказната Нико останува пион во борбата на татко му. Но и покрај сите трауми кои ги има преживеано, тој засекогаш е далеку од рацете на својот татко.

Жолтиот балон (1953)

Филмот кој е второ дело на режисерот Ј. Ли Томпсон, претставува доста едноставен и смирен трилер. Томпсон го задржува она што би можело да биде незабележително и избегнува сентименталност и дозволува настаните да зборуваат сами за себе.

Овој филм со стандардна содржина станува посложен кога момчето Френки (Ендру Реј) ненамерно предизвикува смрт кај друго младо момче.

Поради тоа уценувачот (Вилијам Силвестер) манипулира со момчето, го

присилува да краде од своите родители и му ја префрла вината нему. Френки е и многу млад за да сфати дека не е виновен и дека нема што да крие.

Филмот е снимен кога Реј имал 13 години, и изгледа многу помлад поради неговото однесување со оглед на намерата децата во денешно време да изгледаат постари и помудри на екраните.

Збунетоста на Френки и неможноста да побара помош се доказ на трауми од детството и малтретирање од страна на возрасните.

Page 45: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

45

Artvizor

BR.73

Заливот на тигрите (1959)

Томпсон е исто така режисер и на овој филм. Тој ни прикажува уште едно дете заробено во светот на возрасните. Овој пат, тоа е 12-годишното девојче Жили (Хејли Милс).

„Заливот на тигрите“ е еден вид полу-ремек дело. Во првата половина од филмот прикажано е богато општество, а потоа приказната е фокусирана кон Жили и морнарот (Хорст Бухолц), кој се враќа дома и ја наоѓа својата девојка со друг. Жили е сведок на убиството на девојката.

Таа веднаш цели кон убиецот, не поради тоа што е наивно девојче, туку поради тоа што таа го украла оружјето со кое девојката е убиена.

Жили влегува во црква, каде пее во

хорот. Нејзиното пеење престанува кога во црквата влегува убиецот. Ова е еден од оние моменти кога драматични и опасни настани се случуват на јавни места.

Во овој филм се губи напнатата атмосфера кога вниманието кон Жили се пренасочува кон полициската истрага предводена од Грахам (Џон Милс).

Поради некомплетната визија на полицијата, постои доволно простор да се истражува јазот помеѓу детството и перспективата на возрасните. Така, филмот завршува со прикажување на сите видови непотребни случувања.

На крајот режисерот успева да го смести убиецот во затвор, а ние се чувствуваме добро поради тоа.

Page 46: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJAMAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJAArtvizor

46 BR.73

Невреме во Јамајка (1965)

Овој филм е дело на режисерот Александар Макендрик, создаден според романот на Ричард Хјуз напишан во 1929 година. Филмот не наметнува некоја одредена тема или порака, туку зборува за едно патување од детскиот кон светот на возрасните, во еден пиратски свет каде не постојат закони и правила.

Децата кои присуствуваат на бродот можат да ги стоплат срцата на пиратите. Пиратите уживаат и во дополнителниот хаос, кој децата знаат да го предизвикаат. Така што поврзаноста меѓу нив станува сé посилна, и не се помислува на тоа дека децата го уништуваат бродот. Токму таа врска ја наметнува идејата дека децата

се далеку од насилството. Сепак, приказната не е доволно наивна за да нé присили да помислиме дека насилството и кризата која нé демне секојдневно, можеме да ги одбегнеме со читање книги за деца.

„Невреме во Јамајка“ не е само хронолошки приказ на искуството од детството, туку нé присилува да се соочиме со светот преку детските очи, кои на важните детали им обраќаат помалку внимание отколку што е потребно. Само возрасните можат да проценат што навистина се случува.

Page 47: Револуција магазин бр. 73

REVOLUCIJA MAGAZIN

MAGAZIN REVOLUCIJA

47

Artvizor

BR.73

Вистинска дарба (1969)

Режисер на овој филм е Хенри Хатавеј. Прекрасен, смешен и возбудлив филм. Се смета дека филмовите од овој период имаат поврзаност со случувањата од 60-тите години. Овој филм има и посовремена верзија направена во 2010 година.

Ако се споредат овие две верзии може да се забележи дека главните елементи и острите дијалози се задржуваат.

Посовремената верзија на браќата Коен доби многу пофалби поради Хали Стеинфилд, која имаше само 13 години кога се соживуваше со улогата на Мати Рос. Но, не може да се спореди со Ким Дарби, која во 1969 година ја играше улогата на Мати.

Изгледа како Стеинфилд да ги прикрива своите емоции, како да глуми механички, додека Дарби постојано ја искажува својата емоционална состојба. Таа тргнувајќи од нејзиниот детски свет, постојано се соочува со светот на возрасните.

За разлика од Стеинфилд, Дарби изгледа како да навистина е премногу зрела и сето тоа сé повеќе ја истакнува нејзината упорност. Дарби имаше 21 година кога ја играше улогата на 14-годишната Мати, тоа може да е причина за филмот да не биде целосно сфатен од страна на публиката.

Причината е многу јасна. Детството е прикажано уметнички од актер кој не е повеќе дете, наместо детството да биде претставено во буквална смисла и тоа од актер-дете.

Овие пет филмови не можеме да ги именуваме како „Пет најдобри филмови“, туку подобро би било да ги наречеме „Пет филмови на кои вреди да се сеќаваме“.

Она што за овие филмови е заедничко е детската идеологија дека дури и најтешкиот проблем може да се реши, само е потребно време и храброст.

Извор: Pop MattersПревод: Љубица Kартова

Page 48: Револуција магазин бр. 73