ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И...

128
ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВО Прирачник

Upload: unicefmk

Post on 22-Jul-2016

287 views

Category:

Documents


14 download

DESCRIPTION

Macedonian language teacher’s manual for implementing workshops and activities in early childhood education based on the “Druzinata MELA”

TRANSCRIPT

Page 1: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО

РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

ПОЧИ

ТУ

ВАЊ

Е НА

РАЗ

ЛИЧН

ОСТ

И И

МУЛ

ТИ

КУЛ

ТУ

РАЛИ

ЗАМ

ВО

РАНИ

ОТ Д

ЕТСК

И Р

АЗВОЈ

Прирачник

Page 2: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ
Page 3: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

1

ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО

РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

Прирачник

Page 4: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

Издавач: Министерство за труд и социјална политика

Уредник: Виолета Петроска-Бешка

Автори: Рената Дедова и Филипина Негриевска

Илустратор: Румена Најчевска

Дизајн: КОМА

Прирачникот е подготвен од страна на Центарот за човекови права и разрешување конфликти, во рамките на програмата “Воведување на почит кон различностите и мултикултурализмот во раниот детски развој во Македонија” на Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, финансирана од Британската амбасада во Скопје.

Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада во Скопје.

Сите права за издавање на овој прирачник ги задржува @ Министерство за труд и социјална политика 2015

CIP - Каталогизација во публикацијаНационална и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски”, Скопје 373.2.016:316.723(035)316.713:373.3(035) ДЕДОВА, Рената Почитување на различности и мултикултурализам во раниот детски развој : прирачник / [Рената Дедова и Филипина Негриевска ; илустратор Румена Најчевска]. - Скопје : Министерство за труд и социјална политика, 2015. - 124 стр. : илустр. ; 20 см ISBN 978-608-4595-86-11. Негриевска, Филипина [автор]а) Предучилишно образование - Ставови за различностите - Прирачнициб) Мултикултурализам - Предучилишно образование - ПрирачнициCOBISS.MK-ID 98908682

Page 5: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

3

СОДРЖИНА

Дружината МЕЛА

Дедото што беше слеп

И за девојчиња, и за момчиња

Случките на Ениса

Велигден

Очилата на Ениса

Училиштен натпревар

Пепелашко

Петар Пан

Игра на сенки

Марко во количка

Различни семејства

Андреј и мачето

Бајрам

Меурчиња од сапуница

Јазикот на Сара

Различни јазици

Свадба

Ѓурѓовден

6

30

58

84

106

12

38

64

90

112

18

44

72

96

118

24

52

78

100

Page 6: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

4

КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРАЧНИКОТЗошто служи прирачникот?Преку активностите опишани во прирачникот се промовира почитување на различностите и мултикултурализмот на тој начин што креира услови кои овозможуваат децата:

да развиваат самодоверба и сигурност во себе,

да ги прифаќаат разликите и сличностите меѓу луѓето што се различни по било која основа,

да ги препознаваат постапките кои ги повредуваат другите и да ги разбираат последиците од таквите постапки, и

да научат како да реагираат при манифестација на стереотипи, предрасуди и дискриминација насочена кон себе или кон другите.

Прирачникот е наменет пред сè за воспитувачите/ките што работат со еднојазични групи деца на возраст од 5 до 6 години во градинките или во центрите за ран детски развој. Тоа не ја исклучува можноста самите воспитувачи/ки да ги адаптираат активностите за работа, како во возрасно хетерогени групи, така и во двојазични групи.

Што содржи прирачникот?Прирачникот содржи детален опис на 19 работилници. Секоја работилница обработува некој вид на различност заснована на: пол/род, возраст, култура (религиска, јазична и/или етничка припадност), семејна структура и животен стил, способности и вештини и/или физички и психички особини.

На почетокот на секоја работилница се дадени дополнителни информации преку кои се укажува на најбитните моменти во врска со различноста на која се фокусира самата работилница, а кои се наменети само како насочување на работата на воспитувачот/ката.

Главна активност во секоја работилница е приказна во која се раскажува едно доживување на децата од дружината МЕЛА. Приказната е проследена со илустрации што можат да се најдат во соодветната сликовница, или да им се презентираат на децата на некој друг начин (во печатена или електронска форма). По читањето на секоја приказна следи дискусија со децата која води кон целта на

работилницата (што се имплицира со дополнителните информации наменети за воспитувачот/ката).

Освен приказната, во секоја работилница се вклучени и неколку други активности од најразличен вид, кои ѝ претходат на приказната или следат по неа. Меѓу нив има групни игри, сложувалки, изведби, активности кои бараат танцување, пантомима, боење, цртање, сечење, поврзување полиња, решавање лавиринти, наоѓање патеки, спојување точки, редење по големина, помнење итн. Многу често за овие активности се понудени и соодветни работни листови1 наменети за воспитувачот/ката или за децата. Дел од работните листови служат за индивидуална, а дел за групна работа, а понекогаш се застапени и полесни и потешки варијанти за работа со деца со различно развиени вештини. На тој начин, освен што промовираат почитување на различностите и мултикултурализмот, активностите придонесуваат и за развој на многу домени што се дефинирани со Програмата за рано учење и развој според која се работи во градинките во Република Македонија (Министерство за труд и социјална политика, 2014). Со други зборови, активностите опишани во прирачникот, не само што ги поттикнуваат љубопитноста, иницијативноста, креативноста и истрајноста кај децата, туку и придонесуваат за моторичкиот развој, за социо-емоционалниот развој, за развојот на јазикот, комуникацијата и писменоста и за когнитивниот развој и стекнувањето општи знаења (логика и размислување, математика, запознавање и разбирање на околината и ликовно и музичко воспитание кај децата.

Како се реализираат работилниците?Првите две работилници во прирачникот треба да се реализираат на самиот почеток – првата ја содржи приказната преку која се претставуваат децата од дружината МЕЛА , додека пак во втората се објаснува зошто Ениса, едно од децата од оваа дружина, носи очила во сите други последователни приказни.

Редоследот на реализација на сите други работилници вклучени во прирачникот не е фиксен. Самите воспитивачи/ки може да го определат редоследот на спроведување на работилниците,

1 Работните листи се достапни на веб страната на Министерството за труд и социјална политика (www.mtsp.gov.mk)

1

2

3

4

Page 7: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

5

имајќи ги предвид тековните потреби на групата со која работат (на пример, присуство на дете што е различно по некоја основа, или манифестација на стереотипи/предрасуди кон припадници на некоја социјална група), односно според некои надворешни околности (на пример, одбележување на Велигден, Бајрам, Ѓурѓовден).

Се очекува сите активности наведени во една работилница да бидат реализирани со оглед на тоа што се смислени така да овозможат да се постигне максимален ефект за целите на програмата. Тоа не значи дека е задолжително целата работилница, со сите активности вклучени во неа, да биде спроведена во еден ден. На воспитувачите/ките им се остава можноста да одлучат работилницата да ја поделат на два дела и активностите предвидени со неа да ги реализираат во два последователни наврати. По исклучок, некои активности од оваа програма може да се комбинираат со активности од други програми.

Искусните воспитувачи/ки може и да ги адаптираат активностите на потребите на групата деца со која работат. Активноста може со адаптацијата да се усложни, или да се поедностави за да се одржи интересот на децата, но при тоа, не смее да се изгубат од вид целите на работилницата. Активностите не се цел сами по себе, туку се само алатка за постигнување на целите што водат кон почитување на различностите и мултикултурализмот.

Зошто се важни приказните?Носечка активност во секоја работилница се приказните. Преку главните ликови во сите приказни се промовира мултиетничност, почитување на лица со телесна попреченост, родова еднаквост, како и почитување на различностите по однос на способности и вештини и психички и физички особини. Дополнитено на тоа, во фокусот на секоја приказна е различност по некоја друга основа, сè со цел да се промовира почитување токму на таа различност. Со други зборови, не може да се очекуваат ефекти од програмата доколку не се обработат приказните, со оглед на тоа што сите други активности во работилницата служат за поддршка на остварувањето на целта зацртана со приказната.

Од воспитувачот/ката се очекува дословно да ги читаат приказните (без пропуштање на делови или детали) на начин што го привлекува вниманието на децата (со варијации во тонот и гласот) и по потреба, со внесување драматизации. По потреба, вниманието на децата може да се засили со повремено прекинување на читањето и активирање на децата во интерпретација на прочитаната содржина, или во предвидување на содржината што следи. Сепак, целата содржина од приказната треба да биде прочитана за да се постигнат очекуваните ефекти. Исклучок може да се направи доколку групата е возрасно хетерогена, или доколку групата сè уште го

нема развиено потребното внимание за следење на понудениот текст, поради што е неопходно да се внесе адаптација преку скратување или прераскажување.

Читањето на приказната треба да биде проследено со прикажување на илустрациите што можат да се најдат во сликовницата што го носи истиот наслов како и самата работилница. Во оптимален случај, додека ја слушаат приказната, децата треба да бидат поделени во мали групи и секоја група пред себе да има сликовница што ќе ја врти на добиен знак. Алтернативен начин е илустрациите да им се презентираат на децата во печатена форма (на голем формат), или во електронска форма (преку проектор или телевизор).

Откако ќе им се прочита приказната на децата, следи дискусија по прашањата наведени во самата работилница. При водењето на дискусијата, воспитувачот/ката може да ги модификува прашањата и да поставува потпрашања со цел да ги наведе децата самите да дојдат до целта што е зацртана со работилницата, која е секогаш насочена кон почитување на различност по некоја основа. Многу е важно преку дискусијата децата да ги поврзат сознанијата стекнати од анализата на приказната со секојдневниот живот. Иако не може да се гарантира дека на тој начин децата ќе направат трансфер на така стекнатите знаења и ставови во реалноста, тоа сепак може да се смета како добра основа за обезбедување таков трансфер. Сепак, можноста за трансфер кај децата може да се засили доколку, при обработката на други теми и при тековни секојдневни настани во градинката, ќе се прави поврзување и потсетување со активностите и заклучоците реализирани со оваа програма секаде каде за тоа постои простор (на пример, обработката на темата за заболекар и носењето на забна протеза може да се поврзе со одењето на Ениса на очен преглед или при помалку успешен обид на некое дете нешто да направи, може да се поврзе со потребата од почитување на различните способности и потребата од вежбање).

Page 8: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

6

Република Македонија е мултикултурна и мултиетничка земја. Во неа живеат повеќе етнички заедници (Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Бошњаци и други), помеѓу кои постојат разлики определени со нивната етничка/културна припадност. Овие разлики се детерминирани од јазикот и литературата, од религијата, како и од историјата, обичаите и традицијата на самите етнички заедници. Мултикултурните општества може да опстанат само доколку постоечките етнички/културни разлики се почитуваат. Еден предуслов за да се обезбеди такво почитување е на припадниците на различните етнички заедници да им се овозможи да зборуваат и да учат на својот мајчин јазик, да ја практикуваат својата религија и да ги негуваат културните вредности на својата заедница. Друг важен предуслов за обезбедување меѓусебно почитување е познавање на културите на другите етнички заедници што живеат во Република Македонија.

Постојат повеќе начини кои овозможуваат запознавање со културите на другите. Еден начин е децата, уште од најрана возраст, да учат за културните специфики на различните етнички заедници што живеат во нашата земја, при тоа секогаш нагласувајќи ги сличностите со сопствената култура и констатирајќи ги разликите како нешто интересно и позитивно. Друг начин е да се овозможи непосредна интеракција меѓу деца што припаѓаат на различни етнички заедници, преку учество во заеднички активности. Соодветната интеракција преку заеднички активности што се одвиваат во атмосфера на соработка води кон меѓусебно запознавање како на индивидуално ниво, така и на ниво на етнички/културни заедници.

Работилница:

ДРУЖИНАТА МЕЛА

Работен лист за учесниците: Сложувалки со ликовите од дружината МЕЛА – по 1 дел за секоја мала група

Работен лист за учесниците: Сеченки за дружината МЕЛА – по 1 дел за секој

Работен лист за учесниците: Шарената зграда – по 1 примерок за секоја мала група

Сликовница: Дружината МЕЛА

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Ножички – по 1 мали за секој и 1 големи

Селоптејп – 1

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 9: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

7

ДИСКУСИЈА:

1

2

3

4

5

6

Како се викаат децата од новата зграда?

На кој јазик зборува Ениса со своите родители? Што се семејството Демир? (според етничка припадност)

На кој јазик зборува Луан со своите родители? Што се семејството Имери? (според етничка припадност)

На кој јазик зборуваат Ана и Марко? Што се семејството Ивановски? (според етничка припадност)

По што друго се разликуваат некои деца во приказната?

Што е заедничко за сите деца во приказната?

1 Активност Сите се делат во неколку групи, па секоја група добива претходно исечени делови од една сложувалка (РЛ за учесниците: Сложувалки со ликовите од дружината МЕЛА). Членовите на секоја група заеднички треба да ја состават и залепат својата сложувалка за да се добие еден од ликовите на дружината МЕЛА.

На крајот, секоја група го покажува пред другите ликот кој го добила, а воспитувачот него го именува со соодветното име (Марко, Ениса, Луан, Ана).

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачот им ја чита приказната од сликовницата: Дружината МЕЛА, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

3 АктивностСите се делат во групи по четворица и секој по случаен избор добива по една претходно исечена картичка од РЛ за учесниците: Сеченки за дружината МЕЛА, па ликот на неа го сече по надворешната линија и го бои.

Потоа сеченките од сите се поврзуваат во една долга низа со нивно лепење една до друга за рацете, внимавајќи нивниот распоред да биде според буквите во името на дружината МЕЛА (прво Марко, па Ениса, па Луан, па Ана, па повторно Марко и така по ред).

4 АктивностСите остануваат во групите што се претходно формирани и секоја група добива по еден примерок од РЛ за учесниците: Шарената зграда. Членовите во секоја група одбираат по еден лик и треба да го „одведат“ во неговиот стан следејќи ја линијата со боичка.

Page 10: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

8

СЛИКОВНИЦА: ДРУЖИНАТА МЕЛА

Веќе неколку дена пред една нова зграда беше мно-гу раздвижено. Доаѓаа разни натоварени камиони со помош на кои новите станари се преселуваа од ста-рото место на живеење во оваа шарена зграда. Сите помагаа да се внесат работите во становите – децата ги пренесуваа помалите работи, а возрасните поголе-мите и потешки работи.

Во зградата на три различни врати се залепија раз-лични имиња на три семејства: Имери, Ивановски и Демир.

Еден ден, кога конеч но заврши преселбата, од вратата каде што пишуваше дека живее семејството Иванов-ски излегоа две деца, Марко и Ана. Тие се брат и сестра и заедно отидоа на игралиште-то близу до зградата.

Ана му помогна на Марко да се смести на една од ни-шалките за деца во инвалидска количка, па обајцата почнаа да се нишаат.

За кратко време се от-вори и вратата на се-мејството Демир. Отта-му излезе Ениса која во едната рака ја држеше својата омилена сли-ковница, а со другата рака ја држеше мајка си, па и тие се упатија кон игралиштето.

Кога се доближија до игралиштето, Ениса ѝ рече на мајка си: „Види, има и други деца!“ Мајка ѝ тогаш ѝ рече дека се радува што ќе има со кого да си игра. Ениса потоа зачудено ја праша: „Со девојчето можам да играм. Но, како ќе играм со детето во количка?“ То-гаш мајка ѝ нежно ја потапка по грбот и ѝ рече: „Сигур-на сум дека ќе најдете многу игри што ќе може да ги играте, иако е тоа дете во количка!“

Ана и Марко го слушнаа разговорот меѓу Ениса и мајка ѝ, но не разбраа ниту збор, па си продолжија да си зборуваат меѓусебе и да се нишаат. Тогаш Ениса им се доближи и ги слушна дека тие зборуваат маке-

донски. Таа, исто така, го знаеше тој јазик, го имаше научено од своите поранешни соседи, па ги праша на нивниот јазик дали може да игра со нив.

Марко и Ана многу се изненадија. Се насмевнаа, па тројцата си ги кажаа своите имиња. Потоа Марко малку зачудено ја праша Ениса: „На кој јазик збору-ваше со мајка ти? Ништо не те разбравме!“, па таа му одговори: „На ромски. Како што вие дома зборувате македонски, така ние зборуваме ромски“. Потоа Ана и Марко побараа да ја разгледаат заедно нејзина-та сликовница. Им стана интересно да ја прашуваат Ениса како се викаат разни работи на ромски кои беа таму нацртани, па таа им ги кажуваше зборовите по неколку пати за да ги запомнат.

Подоцна на игра-лиштето се појави и Луан со својот татко. Тие излегоа од вра-тата каде што пи-шуваше дека живее семејството Имери. Кога виде дека има кош на игралиштето, Луан го замоли татко му да му го подаде баскетот што беше во нивниот ав-томобил, па со топката се упати кон кошот и почна да шутира.

Ениса, Марко и Ана беа зачудени на кој јазик Луан збо-рува со својот татко. Бидејќи ништо не разбраа, трој-цата почнаа да погодуваат кој е јазикот, но на крајот Марко пресече: „Може до утре вака да погодуваме и пак да не знаеме! Ајде да одиме да го прашаме!“, па сите тројца се упатија кон Луан.

Кога стигнаа до него, Ана, Марко и Ениса малку се збу-нија. Кој од нив и на кој јазик да го праша како се вика? И, додека така еден на друг си префрлаа кој и како да го праша, Луан се заврте кон нив и им го кажа свое-то име. Другите тројца почнаа да се смеат, па некој од нив рече: „Па тој цело време разбирал што зборуваме ние!“ Тогаш и тие му се претставија на Луан. Ениса го праша: „Од каде си, Луан? Од која земја?“, а Луан од-говори: „Од Македонија. А зошто ме прашуваш? Ааа-аа, се сетив. Затоа што не го разбра јазикот на којшто зборував со татко ми, така?“ Ениса потврди со глава, па Луан ѝ објасни: „Јас со моите дома, со нашите род-

Page 11: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

9

нини и со децата во моето одделение зборувам на ал-бански. Еве, на пример, моето име е Луан на албански, а тоа на македонски значи `лав`!“ Тогаш Ениса додаде: „Знаеш како би се викал на ромски? На ромски `лав` се вика `леони`!“ Тогаш Ана рече: „Оваа наша зграда е навистина шарена – и од надвор со разните бои како е обоена, ама и од внатре. Во неа живеат разни луѓе: некои зборуваат албански, некои ромски, некои маке-донски! Ако излезе и некое друго дете на игралиште-во, можеби ќе има и некој друг јазик што се зборува!“

Тогаш Марко му го по-бара баскетот на Луан за еднаш да фрли кон кошот и – погоди! Луан се изненади, па почнаа двајцата да си ја подаваат топката и да шутираат. По некое време и девојчињата решија да си поиграат,

па се поделија во две екипи: во едната беа Марко и Ениса, а во другата Ана и Луан, па се натпреваруваа кој ќе даде повеќе кошови.

По некое време сите деца седнаа на клупата под др-вото за малку да се одморат. Тогаш почнаа да разго-вараат за тоа кое одделение се, па дознаа дека сите ќе одат во истото училиште во новата населба и сите ќе бидат исто одделение, освен Ана која е малку пого-лема од другите деца.

На децата им беше многу забавно да збо-руваат и да играат заедно, па во еден мо-мент Ениса предложи: „Како ви изгледа да си смислиме едно наше име за оваа наша дру-жина?“ Сите веднаш го прифатија предлогот и почнаа да даваат различни идеи: да се викаат како некој спортски тим, како некоја музичка група, како некое овошје... Но, на крајот се до-говорија да ја прифатат идејата што на сите најмногу им се допадна: дружината да им се вика МЕЛА! Тоа е според првите букви од имињата на сите четири деца: М за Марко, Е за Ениса, Л за Луан и А за Ана.

Сонцето почна да заоѓа, а родителите почнаа да се појавуваат на балконите и да им мавтаат на своите деца да си дојдат дома. Штом слушнаа родителите дека нивните деца веќе се здружиле со други деца и дека им било убаво, беа мно-гу среќни! Посакаа и тие што поскоро да се запознаат со другите родители.

Page 12: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

10

Работен лист за учесниците: Сложувалки со ликовите од дружината МЕЛА   

 

  

       

      

  

 

 

       

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: СЛОЖУВАЛКИ СО ЛИКОВИТЕ ОД ДРУЖИНАТА МЕЛА

Page 13: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

11

Работен лист за учесниците: Сеченки за дружината МЕЛА   

 

  

 

Работен лист за учесниците: Сеченки за дружината МЕЛА   

 

  

 

Работен лист за учесниците: Шарената зграда 

 

  

 

 

Работен лист за учесниците: Шарената зграда 

 

  

 

 

Работен лист за учесниците: Шарената зграда 

 

  

 

 

Работен лист за учесниците: Шарената зграда 

 

  

 

 

Работен лист за учесниците: Шарената зграда 

 

  

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: СЕЧЕНКИ ЗА ДРУЖИНАТА МЕЛА

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ШАРЕНАТА ЗГРАДА

Page 14: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

12

Очила се носат за да се подобри видот, како и за заштита на очите од различни работи (сонце, одблесок од снег, вода, чад, струганици...). Така, очила носат и возрасни и деца кои послабо гледаат близу или далеку, лица на кои им треба многу прецизен вид (на пр., хирурзи), лица кои се изложени на физички непогодности (пожарникари, скијачи, нуркачи...).

Секој што носи очила за подобрување на видот може да прави сè што прават и оние што не носат такви очила, само треба малку повеќе да внимава да не биде удрен по очилата за да не се скршат и да не се повреди самиот (доколку очилата не се направени од материјал што не се крши и што не повредува).

Тој што носи очила треба редовно да ги мие, да ги чува во кутија за очила кога не ги носи, да внимава да не ги изгребе и да не ги остава на разни места на кои може да се оштетат (да се стапнат, да се седне врз нив и сл.).

Никој нема право да навредува некого само затоа што носи очила – на очилата треба да се гледа како на корисно помагало, како што се и многу други работи. Многу лица не носат очила затоа што не биле на очен преглед, па не се ни свесни дека им требаат. Треба да се реагира секогаш кога некој е навредуван затоа што носи очила – треба да реагира и оној кон кого се упатени навредите, но и оние кои ги слушнале. Се реагира со објаснување дека упатените зборови се навредливи и дека немаат врска со оној кој ги носи очилата – тој е истата личност со сите свои квалитети, кои не зависат од тоа дали носи очила или не.

Работилница:

ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Работен лист за воспитувачката: Табeла за вид – 1 примерок

Работен лист за учесниците: Очила – по 1 примерок за секој на потврда хартија

Работен лист за учесниците: Палки со бои – 2 примероци на потврда хартија

Работен лист за учесниците: Очила за секој – по 1 примерок за секој пар

Сликовница: Очилата на Ениса

Хартија во боја (жолта, црвена, зелена, сина) – по 1 од секоја боја

Прибор за пишување – по 1 за секој

Боички (жолта, црвена, зелена, сина) – балансиран број од секоја боја; по 1 боичка за секој

Селотејп – 1

Ножички – по 1 мали за секој и 1 големи

Скалпел – 1

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 15: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

13

ДИСКУСИЈА:

1

2

3

4

5

Зошто се носат очила?

Кој носи очила? Дали само возрасни или и деца?

Што може Ениса да прави, а што не може да прави додека носи очила?

Како треба Ениса да се грижи за своите очила?

Како треба другите деца да се однесуваат кон неа зашто носи очила? Дали е фер ако и нејзе некој ја нарече „ќорла“? Како таа тогаш треба да реагира? Што треба другите деца да направат за да ја заштитат?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: Очилата на Ениса, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

3 АктивностПретходно четири листови хартија во боја (жолта, црвена, зелена, сина) се исечени на балансиран број мали листови од секоја боја (вкупниот број на мали листови е еднаков на вкупниот број на учесници). Сите по случаен пат избираат по еден мал лист во боја и го лепат напред на себе на видно место. Учесниците кои имаат избрано иста боја, седнуваат на иста маса и секој добива по еден примерок од РЛ за учесниците: Очила, па очилата најпрво ги бои во иста боја како претходно избраниот лист, а потоа ги сече по надворешната линија, додека воспитувачката го сече со скалпел делот околу очите.

4 АктивностСите ги ставаат на очи претходно направените очила со лепење на двата краја на тилот и седнуваат на столчиња во круг (доколку некој веќе носи вистински очила, хартиените очила ги става врз нив). Исто така, секој учесник сè уште на себе го има залепено извлечениот лист според кој ги боел своите очила за полесно да може да се потсети на нивната боја. На почетокот само воспитувачката стои во средината на кругот и ги држи претходно исечените и залепени палки (две палки од иста боја се залепуваат една со друга со белите страни) од РЛ за учесниците: Палки со бои. Таа гласно извикува една од четирите застапени бои на палките (жолта, црвена, зелена или сина), истовремено кревајќи ја и соодветната палка, па сите кои имаат очила во таа боја стануваат и брзо треба да најдат друго празно столче за да седнат (тоа го прави и воспитувачката). Оној кој нема да најде празно столче, тој е следниот кој ги зема палките и кажува кои учесници да си го сменат местото.

5 АктивностСите се делат во парови и секој пар добива по еден примерок од РЛ за учесниците: Очила за секој, па на него соодветно ги поврзува полињата од едната страна со полињата од другата страна, така да секое лице добие по едни очила.

1 Активност Претходно се исечени и во посебни купчиња се наредени картичките од секоја колона од РЛ за воспитувачката: Табeла за вид. Сите стојат на едниот крај од просторијата, освен воспитувачката која стои подалеку на другиот крај. Таа најпрво ги покажува, една по една, картичките од првата колона, почнувајќи од онаа со најголем предмет на неа, па одејќи кон сè помалите предмети, а за секој предмет ги прашува учесниците дали може од тоа растојание да препознаат што е тоа. Во следниот наврат се повторува постапката, но сега таа ги покажува предметите од втората колона по истиот редослед како претходно, а учесниците стојат некаде на средината од почетното растојание. Во третиот наврат, на истиот начин воспитувачката ги покажува предметите од третата колона, а учесниците овој пат стојат близу до неа. За време на активноста не се стимулира никаков натпревар, а на крајот се заклучува дека има луѓе кои можат подобро да гледаат далеку, а полошо близу, и обратно.

Page 16: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

14

СЛИКОВНИЦА: ОЧИЛАТА НА ЕНИСА

Денеска, кога беше во училиште, Луан ги покани Ениса, Марко и Ана да дојдат кај него дома попладне зашто добил на подарок голема кутија со мониста. Тие многу се израдуваа зашто одамна не нижеле мониста. Цел пат до дома замислуваа што сè ќе направат: синџир-чиња за врат или за нога, нараквици, некои ќе ги ле-пат на хартија за да направат честитка за некое дете од училиште, а можеби со нив ќе украсат и неколку саксии во кои Луан си ги негува своите цвеќиња...

И така, целата дружина МЕЛА, како што си се нареку-ваа децата според првите букви од своите имиња, по-пладнето се собра во домот на Луан. Луан одвај ја до-несе кутијата на масата во неговата соба. Беше полна со мониста во сите можни бои и во сите можни голе-мини – од многу големи, до некои кои беа навистина многу мали. Имаше и конци кои требаа да се протнат низ дупчето на секое монисто. Децата почнаа да ни-жат и многу се забавуваа – ем можеа нешто да прават со рацете ем во исто време си раскажуваа различни смешки што им ги кажувале нивните родители за тоа што можеле, а што не можеле да прават кога биле по-мали.

Кога сите направија по неколку работи, решија божем да направат продавница каде ќе се продаваат работите од мониста – убаво ги на-редија сите работи, им ставија и цена, напра-вија и пари, па се дого-ворија Ана да биде про-

давачка, а Луан, Марко и Ениса да бидат купувачи. И така, „купувачите“ влегоа во продавницата, па почнаа убаво да ги разгледуваат сите изработки пред да из-берат која да ја купат. Не знаеја за која да се одлучат зашто им беа убави сите.

Но, во еден момент, Ениса се натажи и сакаше да се прекине играта. Другите се зачудија и не знаеја што се случило одеднаш кога досега така убаво си играа, па ја прашаа Ениса во што е проблемот – да не се на-тажила можеби зашто таа не е продавачката. Тогаш Ениса одмавна со главата и рече дека не е тоа, туку дека сега гледа како во сите изработки има нанижа-но и од најмалите мониста кои беа и најубави зашто светкаа, а само во нејзините изработки нема ниту една таква.

Тогаш Ана, Луан и Марко веднаш изва-дија од кутијата не-колку такви мониста и ги подадоа на Ени-са за да ги додаде на некои од своите из-работки. Ениса зеде едно такво монисто, неколку пати се оби-дуваше да го протне конецот низ дупчето, ама никако не ѝ успеваше да го погоди вистинското место. Луан веднаш се понуди да ѝ помогне, ама таа не сакаше – сакаше самата да го направи тоа. Се обидуваше по-вторно и повторно, но не ѝ одеше. За малку конецот ѝ бегаше де лево де десно од дупчето, па тогаш им кажа на другарите дека малку заматено ги гледа најситни-те мониста.

Конечно, Ениса им дозволи да го направат тоа наме-сто неа, па тие ги дополнија нејзините изработки со неколку од најситните, но најсветкави мониста, па и изработките на Ениса им станаа подеднакво привлеч-ни за купување.

Дојде време кога требаше да си одат дома гостите. Татко ѝ на Ениса дојде прв да ја земе неа, па пред да тргнат дома, малку седна со нив во собата зашто де-цата само што го ви-доа, сите одеднаш се претворија во продавачи, а тој божем стана купувач. Откако малку поигра со нив, таткото на Ениса праша кој што направил, па сите почнаа да му покажуваат. И Ениса му ги покажа своите работи, но му кажа и дека другите деца ѝ помогнале со нижење на најситните мониста зашто нејзе не ѝ се гледало најдобро. Татко ѝ тогаш ја праша малку повеќе да опише како изгледа-ло тоа, па откога слушна, рече дека ќе биде најдобро утре да ја однесе на очен лекар за да ѝ го провери ви-дот. Ениса се уплаши. Каков ли лекар е тоа? Што ќе ѝ прави? Да не ја боли прегледот? Татко ѝ тогаш ѝ рече да не се грижи ни најмалку зашто прегледот воопшто не боли, дури е и интересен зашто ќе треба да пого-дува што има на некои сликички што ќе ѝ ги покаже лекарот.

Page 17: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

15

И така, утредента Ени-са отиде на својот прв очен преглед со татко ѝ. Пред да влезе кај лека-рот, Ениса беше малку уплашена, но за многу кратко време лекарот успеа да ја смири. Тој ѝ покажа разни сликич-ки, некои поголеми, не-

кои помали, а таа требаше да погоди што има на нив. Потоа, лекарот низ едни специјални очила гледаше во очите на Ениса, па дури ѝ пушташе и некое светло кое требаше да го следи таа горе-долу, лево-десно. На крајот, лекарот ѝ рече дека ќе треба да носи очила. „Очила?“, Ениса се вознемири. „Не сакам, не сакам очи-ла да носам!“, рече таа. Кога лекарот ја праша зошто, таа му рече дека со нив нема да може да игра со топка зашто може да ја погоди топката токму во нив и да ѝ се скршат очилата. Тогаш лекарот ѝ покажа една фото-графија обесена на ѕидот на кошаркар со очила што ги носи во текот на целиот натпревар и не му се кршат зашто се направени од специјален материјал што не се крши така лесно.

Но, Ениса продолжи: „Не сакам, не сакам очила! Во учи-лиште имам слушнато како на едно девојче ѝ се смејат и ја нарекуваат `ќорла`!“ Лекарот малку се замисли, па рече: „Ениса, ова што го слушам дека некои деца се по-тсмеваат на некој што носи очила, мислам дека е многу навредливо. Штом некој носи очила, значи дека со нив подобро гледа и подобро може да ги прави работите отколку без нив. И многу луѓе, и мали и големи, носат очила. И пожарникарите носат специјални очила за по-добро да гледаат кога има пожар за да ги спасат луѓе-то. И лекарите кои прават операции носат очила за да ги видат и најситните работи при операцијата. И многу деца што дошле кај мене на преглед се покажало дека треба да носат очила, а на некои од нив може да им се подобри видот и, кога ќе пораснат, веќе да немаат потреба да ги носат. А знаеш, многу често има луѓе кои не носат очила зашто не забележале дека послабо гле-даат, а со очилата многу полесно би им било“. На Ени-

са ѝ олесна. Сфати дека носењето очила не е ништо страшно, туку со нив ќе може да прави некои работи подобро.

Кога заминаа од кај ле-карот, Ениса и татко ѝ веднаш отидоа во про-давницата за очила. И друг пат ја видела ис-тата таа продавница, но никогаш не влегла внатре за да види кол-ку многу очила има, во различни форми и во различни бои. Проба неколку очила, но на крајот одбра едни шарени. Многу си се допадна како ѝ стојат кога се виде во огледало со нив.

Кога дојдоа пред зградата, Ениса го праша татко ѝ дали може само на кратко да им заѕвони на врата на друга-рите за да им се покаже со очилата. Тој ѝ дозволи и таа потрча по скалите нагоре, па заѕвони кај Луан, а потоа и кај Ана и Марко. Кога отворија врата, сите беа многу изненадени колку убави очила одбрала и колку уба-во ѝ стојат! Сите посакаа веднаш да слушнат од Ениса како поминала на лекар, зашто ни тие никогаш не биле на таков преглед.

Така, децата од дружи-ната се собраа кај Ени-са дома, па внимател-но ја слушаа додека таа им раскажуваше, сè по ред, како изгле-дало нејзиното прво одење на очен пре-глед.

Page 18: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

16

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ОЧИЛА

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ: ТАБEЛА ЗА ВИД

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ОЧИЛА ЗА СЕКОЈ

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ПАЛКИ СО БОИ

Page 19: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

17

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ОЧИЛА

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ОЧИЛА ЗА СЕКОЈ

Page 20: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

18

Лицата кои имаат делумна или целосна попреченост во моториката на нозете, неа барем делумно може да ја амортизираат со користење на разни помагала (одалки, колички...). Со нив, тие може да ги вршат сите активности кои ги вршат и лицата без таква попреченост, освен оние каде попречената моторна активност е незаменлива (на пр., трчање, скокање, играње фудбал со нозе итн.). Многу активности кои навидум изгледаат невозможни, луѓето се сетиле така да ги прилагодат за да можат и овие лица да ги практикуваат (на пр., тренирање кошарка на лица во колички).

За да можат овие лица непречено да ги вршат секојдневните активности, од особена важност е пристапноста на објектите (преку поставување рампи, лифтови и соодветни тротоарни пристапи, соодветни паркинг простори, без физички бариери на патеката на движење, без тесни патеки итн.), пристапноста на просториите (без собни прагови, прилагодени тоалети, доволна ширина за движење со количка низ просторот итн.) и достапноста на предметите (на висина на дофат на рацете на овие лица).

Околината кон овие лица треба да се однесува на ист начин како и со кое било друго лице – со должна почит кон нивната личност и способности, со градење услови да се само-реализираат во различни сфери во животот. Меѓу другото, тоа значи дека другите не треба да им помагаат без претходно да ги прашаат за одобрување – на тој начин се јакне нивната самостојност и самодоверба.

Работилница:

МАРКО ВО КОЛИЧКА

Работен лист за учесниците: Патеката на Марко – по 1 примерок за секој

Работен лист за учесниците: Количката на Марко – по 1 дел за секој

Сликовница: Марко во количка

Прибор за пишување – по 1 за секој

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Селотејп – 1

Ножички – 1 големи

Топка (може и од стуткана хартија) – по 1 за секој пар

Кош/кутија – 1

Голема ќеса/ќебе – неколку

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

1 Активност Сите се делат во парови, па едниот член од секој пар седнува на столче, а другиот стои пред него и така си додаваат топка. По некое време се менуваат улогите и активноста се повторува на ист начин.

Page 21: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

19

2 Активност Половина од учесниците седнуваат на столчиња кои се разместени во низа низ просторијата, а меѓу нив застануваат остантатите учесници. Групата треба да додава една по една топка од еден на друг, но така да тие не паднат на земјата и секогаш да се додаваат од еден кој седи на следниот кој стои и обратно, во насока на последниот во низата кој ја уфрла топката во кош/кутија. Доколку успее овој начин, заради поголема забавност, во наредни кругови може да се внесе мерење на времето за колку побрзо може да се оствари истата задача.

3 АктивностСите остануваат да работат во истите парови и застануваат на едниот крај од просторијата. Едниот од парот седнува на голема кеса или ќебе, а другиот го влече низ одредена патека внимавајќи да не падне тој што е влечен. По некое време се менуваат улогите и активноста се повторува на ист начин.

4 АктивностСите остануваат да работат во истите парови, па едниот член од секој пар се потпира на земјата со дланките, додека другиот член го држи за зглобовите кај стапалата, па така се движат низ одредена патека во просторијата. По некое време се менуваат улогите и активноста се повторува на ист начин.

6 АктивностСите се делат во мали групи. Секој добива по еден примерок од РЛ за учесниците: Патеката на Марко, на кој, според возраста и способностите, воспитувачката има означено еден од понудените распореди на форми. Секој учесник треба да се придржува до својот распоред и него повеќекратно да го повторува преку цртање на тие форми по ред низ патеката, од почетокот до целта.

7 АктивностСите остануваат во истите мали групи и секој добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Количката на Марко, па ги спојува точките кои не се споени и ја бои количката. На крајот, сите цртежи се лепат на видно место.

8 АктивностСите седнуваат во една низа од столчиња во која има додадено едно столче повеќе на почетокот. Оној кој седи до него, го зема и брзо го додава на тој до него и така со ред додека да стигне столчето до самиот крај. Последниот го става до себе од празната страна и седнува на него, па тогаш сите се поместуваат за едно столче во таа насока. На тој начин повторно се ослободува едно столче на почетокот и постапката се повторува додека да се врати распоредот на учесниците како што бил на самиот почеток на активноста.

ДИСКУСИЈА:

1

2

3

4

Како се движат лицата кои не можат да одат?

Што им помага на овие лица, а што им одмага во движењето со количка?

Што сè можат да прават овие лица? Што не можат да прават овие лица?

Како треба другите да се однесуваат кон нив? Кога и како треба да им помогнат?

5 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: Марко во количка, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 22: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

20

СЛИКОВНИЦА: МАРКО ВО КОЛИЧКА

Дента беше многу убаво времето, па децата од дружи-ната МЕЛА, како што си се нарекуваа самите според првите букви од своите имиња, отидоа на игралиштето пред зградата за да играат кошарка. Но, игралиштето веќе беше зафатено. На него играа децата од соседната зграда.

Ениса ги праша уште колку време ќе играат за да знаат колку ќе чекаат. Но, тогаш се случи нешто многу страшно. Едно од децата што играа веќе, се заврте кон неа и налу-тено ѝ рече: „Што е? Да не е ваше игралиштево? Зарем ќе игра кошарка и овој сакатиов? Ајде, не ни пречете. Ако сакаме, ќе играме и до утре!“ Ениса многу се вознемири и очите веднаш ѝ се наполнија со солзи, а Марко само кисело се насмевна. Ана го прегрна Марко и му дофрли на другото дете дека не е фер така да се однесува. Но, детето веќе беше отидено со топката на другиот крај од игралиштето, а и се гледаше дека воопшто не му е гри-жа за нив. Тогаш Луан тргна кон другиот крај од паркот, каде имаше клупи и масичка за седење, па сите отидоа по него.

Кога дојдоа, даваа раз-ни идеи што ќе може да играат: домино, „Не лути се, човече“, карти, или да смислуваат приказни, да цртаат или пак нешто со-сем друго. Но, одеднаш нешто им зашушка во блиската грмушка. Први тргнаа Ана и Луан да

видат од што е тој звук, а потоа дојде и Марко со Ени-са. Навистина, Ениса повеќе се криеше зад количката на Марко зашто се плашеше што ќе види.

На купче лисја лежеше едно куче. Веднаш видоа дека ногата му е повредена и дека не може да се движи во-општо. Тоа немаше сила ни да залае, а и многу се упла-ши кога виде како му се доближуваат децата. Марко рече дека ќе мора да му се помогне бргу на кучето за-што изгледа многу лошо. Тогаш Ениса се стрча да му до-несе вода, а Ана и Луан отидоа да земат од дома некаква кутија и храна.

Кога се собраа повторно сите околу кучето, се обидоа да му се доближат за да му ја остават водата и храната поблиску до устата. Тогаш кучето многу се вознемири бидејќи си помисли дека сакаат да му направат нешто лошо, па почна да цивка.

Одеднаш Марко се сети: зеде еден долг стап, на него успеа да ги закачи садовите со храна и со вода и така ги доближи до устата на кучето. Кучето не почна да јаде веднаш. Само ги гледаше децата и се плашеше нешто да не му направат.

Тогаш Ана многу полека му се доближи и почна уште по-полека да го гали. Кучето прво се штрекна, а потоа, како одминуваше времето, почна да се олабавува. Како да сфати дека овие деца му се пријатели што сакаат да му помогнат, а не да му наштетат.

По некое време ку-чето почна полека да јаде. Кога заврши, Ениса ја држеше ку-тијата, а Ана и Луан се обидоа некако да го кренат за да го стават во неа. Но, кучето вед-наш почна да квичи зашто изгледа многу го болеше ногата, па децата се откажаа од таа идеја. То-гаш Марко се досети. Рече дека ќе оди до следната згра-да каде се гради нешто за да побара од мајсторите да му позајмат една штица. Со неа ќе може да го кренат кучето и без многу да го тегнат и без да му ја изместат повреде-ната нога, полека ќе го спуштат во кутијата.

Кога се врати, Марко им ја даде штицата на Ана и Луан. Тие го кренаа кучето со неа и го спуштија право во ку-тијата што ја придржуваше Ениса. Потоа, тројцата ја ста-вија кутијата во скутот на Марко за да не ја држат в раце. Се договорија Марко и Ана да го земат кучето кај нив за да му ја преврзат ногата со завој и на тераса да ја поми-не ноќта, па ќе одлучат утре што да прават со него.

Утредента, вед наш штом се разбудија, Марко и Ана отидоа на терасата. Кучето беше будно и дури успеа малку да за-мавне со опашката. Изгледа дека им се израдува на децата. За кратко време, дој-доа и Ениса и Луан кај нив за да видат како е кучето. Из-гледаше многу подобро од вчера, но сè уште не можеше да стане, па решија да се грижат за него уште некој ден.

Page 23: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

21

Во меѓувреме Марко доби идеја: да му направи куќичка на кучето. Ја нацрта и им ја покажа на дружината. Сите деца беа одушевени од идејата, но немаа материјали за да ја направат. Луан предложи да продадат неколку гла-диоли од неговата градина утре пред продавницата во населбата. Со парите што ќе ги заработат може да купат дел од материјалот. Ениса, пак, рече дека може да прове-ри дали има некој материјал во подрумот на дедо ѝ.

Откога и родителите им ја одобрија идејата, децата поч-наа да ја спроведуваат. Луан и Ана продадоа 10-тина цвеќиња пред продавницата, па со тие пари купија мате-ријал во блиската продавница, а Ениса најде уште нешто во подрумот на дедо ѝ. Го собраа сиот материјал и со по-мош на мајката на Марко и Ана, која е архитект и која знае како се прават куќи, успеаја да ја направат целата куќич-ка токму онака како што ја имаше замислено Марко.

На крајот, Ениса зеде црвена боја и ја обои целата куќа однадвор. Во неа Луан стави мало перниче што го кори-стел кога бил мал, а Ана и Марко му го подарија своето мече за да му прави друштво. Уште требаше да решат каде да му ја стават куќичката, но за тоа сè уште имаше време додека да закрепне кученцето, па да го извадат од кутијата...

По неколку дена, децата од дружината МЕЛА по-вторно отидоа до игра-лиштето. Таму играа повторно истите деца од соседната зграда, освен детето кое минатиот пат го навреди Марко. Тоа седеше настрана и само ги гледаше другите. Неш-

то не беше во ред со него. Во еден момент едно од децата кои играа му довикна: „Еееее, што плачко си бил! До кога да те чекаме да се изнаплачеш? За едно куче ли толку се плачело?!“ Во тој момент децата од дружината МЕЛА се погледнаа без ништо да кажат, на сите им беше јасно.

Марко отиде до детето кое седеше настрана. Тоа само гледаше во земја. Тогаш Марко му се обрати: „Каква боја е твоето куче? Да не е кафено со црвен ремен околу вратот?“ Детето се пресече и рече: „Од каде знаеш?“, па Марко му одговори: „Па, ние другарите веќе неколку дена се грижиме за него... Го најдовме во паркот – повредено. Сега е кај мене дома, па ако сакаш, повели уште сега да си го земеш дома!“ На детето не му се веруваше. Тукушто помисли дека веќе никогаш нема да го види своето куче! Лицето му светна, а Марко му даде знак нему и на другите тројца од дружината МЕЛА да тргнат веднаш.

Кога стигна на терасата кај Марко и кога го виде своето куче, детето потрча да го гушка, а кучето силно замавта со опашката. Ана, Луан, Марко и Ениса стоеја од страна, гледајќи како на кучето наеднаш му светнаа очите. Дете-

то погледна во ногата на кучето. Тогаш Марко му објасни како го нашле и дека најверојатно го удрил автомобил. Детето, пак, им раскажа дека тоа се случило токму тој ден кога тој го навредил Марко, брзајќи од дома да излезе за да оди на игралиште. Тоа ја оставило вратата отворена, па по некое време кучето тргнало да го бара, ама ете – на улица го удрил автомобил...

Детето се стрча кон Марко, силно го гушна и му се извини за нав-редата што му ја кажа. Рече дека во меѓувре-ме добро размислило за кажаните зборови и дека му е многу жал што постапило така. Луан тогаш се насмев-на и додаде: „Ништо од ова извинување. Ајде долу на игралиште, па да видиме кој ќе погоди повеќе кошеви – Марко или ти? Марко тренира во клуб со други деца во колички веќе две години!“ Детето се насмевна и ја при-фати понудата.

Пред да замине детето, Марко им даде знак со глава на другарите. Тие ги тргнаа картоните под кои беше скри-ена куќичката за кучето. Детето се расплаче од среќа. Рече дека ова му е најсреќен ден во животот бидејќи си го нашол кучето живо и конечно има куќичка за него. Дома го чувал во корпа, ама веќе му се смалила! Но, каде ли нашле волку убава куќичка? Ана ги извади од фиока цртежите на Марко, Ениса раскажа како обезбедиле ма-теријал, а Луан раскажа како ја направиле целата куќич-ка... Детето не можеше да поверува на своите уши и очи: „Марко, ти не можеш да трчаш, ама црташ како да си светски сликар!“

Сите му помогнаа на детето полека да ги однесе дома кучето и куќичката, а пред да се поздрават, детето им рече дека сега знаат каде живее и дека ова куче колку е негово, толку е и нивно зашто тие го спасиле. Затоа, кога сакаат, може да дојдат кај него за да си играат со него заедно! А во меѓувреме, се договорија утредента да се најдат на игралиштето и да играат кошарка заедно.

Page 24: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

22

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ПАТЕКАТА НА МАРКО

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: КОЛИЧКАТА НА МАРКО

Работен лист за учесниците: Патеката на Марко   

  

 

              

 

              

 

                  

  

Работен лист за учесниците: Патеката на Марко   

  

 

              

 

              

 

                  

  

Page 25: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

23

Page 26: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

24

Лицата кои имаат оштетен говор и/или слух и не можат добро да се изразат на вербален начин, го користат знаковниот јазик (освен пишаниот јазик). Со него именуваат и раскажуваат за предмети, настани и чувства, пренесуваат знаења, градат контакти, како и луѓето кои го користат вербалниот говор.

Обраќањето кон лица кои се глуви треба да биде со нормална висина на гласот, со средна брзина на зборување, без специјално движење на устата за нагласување на зборовите и без прекривање на устата или лицето затоа што многумина од нив низ животот научиле да „читаат“ од усните и од фацијалната експресија на соговорникот.

Овие лица може да прават многу работи што ги прават и оние кои немаат таков вид на попреченост, освен некои работи за кои слухот или говорот се пресудни (на пр., ТВ спикери, радио водители, наставници во редовно училиште итн.). Во многу сфери на делување кои изгледаат на прв поглед невозможни за овие лица, забележани се фантастични примери (на пр., Бетовен и неговото компонирање музика и покрај тоа што имал оштетен слух).

Околината кон овие лица треба да се однесува на ист начин како и со кое било друго лице – со должна почит кон нивната личност и способности, со градење услови да се реализираат во различни сфери во животот и без помагање без претходно нивно одобрување. На тој начин се јакне нивната самостојност и самодоверба.

Работилница:

ЈАЗИКОТ НА САРА

Работен лист за воспитувачот: Знаковен јазик – 1 примерок

Сликовница: Јазикот на Сара

Предмети – неколку различни

Симфонија бр. 9 од Бетовен

ЦД плеер, компјутер со звучници или мобилен телефон

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 27: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

25

2 Активност Сите остануваат да стојат на една страна во просторијата и треба да погодат за што станува збор во она што им го покажува со пантомима еден доброволец кој стои пред нив. Воспитувачот претходно му шепнува на доброволецот ситуација која тој треба да ја покаже (на пр., играње на компјутер, јадење сладолед, гледање телевизија, возење велосипед...). Оној кој ќе погоди, тој е следниот кој треба да покаже нешто друго со пантомима на останатите учесници.

5 Активност Сите стојат во круг и се обидуваат да повторат неколку знаци од знаковниот јазик кој го користат глувонемите, а кои воспитувачот им ги покажува и им кажува кои работи ги означуваат (РЛ за него: Знаковен јазик). По неколкукратно вежбање, активноста продолжува така што воспитувачот кажува со зборови една од извежбаните работи, а сите останати треба брзо неа да ја покажат само со знаковен јазик. Еден кој нема да го направи соодветниот знак, тој е следниот кој кажува што останатите, најбрзо можно, треба да покажат со знаковен јазик.

3 Активност Сите застануваат во две низи и формираат парови чии членови стојат завртени еден кон друг со лице. Воспитувачот застанува позади едната низа учесници, но така да може да се гледа лице-в-лице со другата низа учесници. Тој крева еден предмет, па оние членови од паровите кои се завртени кон него, треба да го кажат називот на предметот, но само со движење на устата, без било какво испуштање на звук, а нивниот партнер треба да се обиде да „чита“ од усните и да погоди за кој предмет станува збор. Потоа се менуваат улогите и се повторува активноста на истиот начин.

Потоа воспитувачот застанува пред сите и тие треба да погодат неколку прости реченици кои тој ќе им ги каже една по една, исто така само со движење на устата, без било каков звук (на пр., „Надвор врне дожд!“, „Сакам да спијам!“, „Многу те сакам!“...).

6 Активност Сите се делат во неколку мали групи, а членовите од секоја група застануваат во линија. Воспитувачот им најавува на учесниците дека ќе им ја пушти Симфонија бр. 9 од Бетовен која тој ја напишал откога веќе станал речиси глув. Кога ќе ја слушнат музиката, почнува да важи правилото за забрането зборување, па сите учесници, само со меѓусебно невербално помагање, треба да се наредат во рамките на секоја група по ред, од најнискиот до највисокиот. Кога сите успешно ќе завршат, се наградуваат со заеднички аплауз.

1 Активност Сите стојат на една страна во просторијата и треба да погодат за што станува збор во она што им го кажува еден доброволец кој стои пред нив и со едната дланка силно ја притиска устата. На доброволецот претходно воспитувачот му шепнува реченица која тој треба да ја каже (на пр., „Дојди да играме со топка!“, „Не сакам да јадам сега!“, „Утре ќе одам во зоолошка градина!“...). Оној кој ќе погоди, тој е следниот кој треба да каже нешто друго на истиот начин, а и ако не се погоди, по некое време се кажува која била реченицата и се бара друг доброволец за да се повтори активноста уште неколку пати со различни учесници. Потоа се заклучува дека има луѓе кои отежнато или воопшто не можат да зборуваат.

ДИСКУСИЈА:

1

2

3

4

Како зборуваат лицата кои не можат добро да зборуваат со грлото или не можат воопшто да зборуваат?

Како треба да им се зборува на лицата кои не слушаат добро или не слушаат воопшто?

Што можат да прават овие лица? А што не можат да прават?

Како треба другите да се однесуваат кон овие лица?

4 Активност Сите седат во круг, а воспитувачот им ја чита приказната од сликовницата: Јазикот на Сара, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 28: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

26

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ: ЗНАКОВЕН ЈАЗИК

СОНЦЕ

ВЕТАР

ДОЖД ТРЕВА

ДРВО

ЦВЕЌЕ

(означено повторено движење во обете насоки)

(означена насока на бавно движење)

(означена насока и приближна должина на

движење)

Page 29: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

27

СЛИКОВНИЦА: ЈАЗИКОТ НА САРА

Еден ден, во паркот околу зградата каде што живее дружината МЕЛА, а така си ја нарекоа децата според првите букви од сопствените имиња, се случи неш-то чудно. Луан, Ана, Ениса и Марко беа договорени да си играат со топка. Но, токму таму, каде што беше најрамно и каде што требаше да им биде патеката за тркалање на топката, веќе седеше едно девојче на послано ќебе на земјата и самото нешто си игра-ше. Луан ја праша уште од далеку дали ќе сака да се помести малку настрана, ама таа не се ни заврти кон него. Луан се изненади, дури малку и се налути, а Мар-ко му рече дека сигурно не го ни слушнала зашто е далеку и нешто заиграна, па дека тој ќе оди од побли-ску да ја праша.

На половина пат Марко ѝ го постави истото прашање на девојчето, ама тоа пак не се заврте. Ениса виде што се случи, па му дофрли на Марко: „Ај, остави ја, ако мисли да се прави важна, нека продолжи! Дојди, ќе најдеме друго место за играње!“, па сите се преме-стија на другата страна на паркот.

По неколку дена дру-жината МЕЛА седеше на клупата пред згра-дата. Децата се дого-вараа какво изненаду-вање да му направат на едно дете за негови-от роденден утредента на училиште. Тогаш, близу до нив помина

истото девојче што пред некој ден не им обрна вни-мание. Сега беше заедно со мајка ѝ. Во еден момент тие застанаа и почнаа нешто двете да мавтаат со ра-цете. Децата од дружината МЕЛА многу се изненадија. Што е проблемот? Што прават со рацете? Да не играат пантомима?

Тогаш мајка ѝ ја фати за рака и тргнаа кон дружината. Марко, Ени-са, Ана и Луан помис-лија дека има некој про-блем. Да не се налутило девојчето што бараа само малку да се потр-гне настрана?

Кога дојдоа, мајката им се обрати на децата: „Здра-во, деца! Ова е Сара, а јас сум нејзината мајка. Пред некое време дојдовме од друго место да ја посетиме баба ѝ на Сара, која живее во онаа зграда онаму. Секој ден Сара ве гледа од балконот како си играте разни игри во паркот. И таа би сакала да игра со вас, па дали може да ви се придружи додека сме тука?“

Штом слушна, Ениса направи „фаца“ зашто си помис-ли кај сега ќе играат со некој кој се прави важен, но среќа – девојчето не ја виде зашто гледаше во мајка ѝ. Ана тогаш рече: „Нема проблем, и сега нека остане ако сака. Еве, јас сум Ана, ова е брат ми Марко, ова се Луан и Ениса!“

Сара тогаш се на-смевна и направи нешто со рацете. Мајка ѝ им рече на децата дека Сара не слуша и не зборува многу разбирливо, но дека и Сара знае мно-гу игри да игра. Тогаш Луан рече: „Аааа, сега разбирам зошто не се заврте пред некој ден кога са-кавме да ја замолиме малку да се помести за да игра-ме една игра“. А Ениса олеснето додаде: „Лелеее, а јас мислев дека се прави важна! А како тогаш да се до-говараме што да играме?“ Мајката на Сара тогаш им објасни: „Зборувајте исто како што си зборувате, но без брзање. И така за да може да ве гледа во лице. Сара знае да чита од усни!“ Сите деца изненадено вик-наа: „Знае да чита од усни?“ Тогаш Сара се насмевна и направи некое движење со рацете, а мајка ѝ рече: „Да, научи да разбира што зборува некој од тоа како ја движи устата и каков му е ликот додека зборува. Затоа е важно да стоите пред неа и да ве гледа додека ѝ зборувате!“ Ениса тогаш се сети уште нешто да пра-ша: „А како ќе знаеме што сака таа да ни каже?“ Мајка ѝ продолжи: „Сара, наместо да зборува со зборови што се изговараат, таа зборува со зборови што се покажуваат со рацете. Претпоставувам дека вие не го знаете тој јазик, така?“ „Не!“, извикаа сите. „Не грижете се! – рече мајката. – Овде ќе поседиме уште три не-дели и за тоа време сигурно ќе научите некој знак од Сара. А во меѓувреме, ако не разбирате нешто, Сара ќе може да ви го нацрта тоа што сака да ви го каже!“

Page 30: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

28

Дружината многу се израдува. Им се виде нешто многу различно од кое било познанство што го имале досега. Ениса дури ѝ мавна со раката на Сара за да ја повика да седне до неа на клупата. Наскоро сите заедно почнаа да

ја цртаат честитката за детето на училиште.

Во еден момент, кога другите деца зборуваа за тоа колку посакува да има велосипед детето што ќе слави роденден, Сара зеде парче хартија и почна да ја витка во една, па во друга насока, па пак наваму, па пак на-таму... Децата се чудеа што ли сега ќе направи?! И, во еден момент, нејзините прсти успеаја од хартијата да направат велосипед, што мислиш дека веднаш можеш да се качиш на него и да го возиш.

Дружината МЕЛА многу се изненади, па сите посакаа Сара да ги научи и тие да го направат истото. Зедоа сите по една хартија, па таа, чекор по чекор, им пока-жуваше како да направат. На крајот, секој имаше по еден велосипед. Велосипедите ги залепија на честит-ката за да му се оствари желбата на детето што ќе сла-ви роденден.

Тогаш Сара направи движење со рацете, па покажа кон изработката. Децата веднаш разбраа – на нејзин јазик им кажа како се вика велосипед. Веднаш сите го повто-рија движењето, а Сара се насмеа.

Денот со Сара им до-несе многу нови дожи-вувања на децата од дружината МЕЛА, а та-ков беше и наредниот, и наредниот... Секој ден Сара ги учеше по некој знак со рацете од нејзиниот јазик до-дека си играа нешто во паркот. Тогаш децата си рекоа дека тоа може да им биде и таен јазик додека се во училиште, зашто така никој нема да ги разбере што зборуваат.

По некое време, Сара требаше да си замине дома во својот роден град. Децата од дружината МЕЛА тој ден беа многу тажни. Ја чувствуваа како да е петтиот член на нивната дружина, а веќе требаше да си замине. Сите петтмина се гушнаа силно. Се договорија до след-ниот пат, додека да дојде повторно во посета на баба ѝ, да си праќаат писма со цртежи и фотографии. Така, посебен ден беше кога дружината ќе се собереше да ѝ напише писмо или, уште повеќе, кога ќе видеше дека во поштенското сандаче има нешто за нив од Сара. Особено се радуваа зашто во секое од нив имаше по некоја нова хартиена фигура што ја направила таа само за нив.

Page 31: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

29

Page 32: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

30

Кај некои лица видот може да биде делумно оштетен, па тие гледаат заматено, а кај некои лица може да биде целосно оштетен, па овие лица не можат да гледаат ништо. Движењето на лицата со оштетен вид се олеснува со поставување на одредена текстура на патеките (благо истакнати топчиња и правоаголници), со користење на бели стапови за одење со кои го проверуваат патот по кој се движат (каде е тротоарот, дали има препреки и нерамнини, каде се раскрсниците според истакнатите текстури како ознаки на подот; стапот е бел како информација за другите лица дека станува збор за лице со оштетен вид), со користење на дресирани кучиња кои може да ги водат на одредени дистанци на безбеден начин, со поставување на звучни семафори. Овие лица може да читаат текстови кои се напишани со Брајова азбука што е составена од знаци кои се, всушност, различни комбинации на истакнати топчиња за различни букви или изрази. Исто така, тие може да користат и компјутери преку посебни програми за звучно читање на текстот и со специјална тастатура прилагодена за нив.

При снаоѓање во секојдневен простор, од особена важност за овие лица е истоветениот распоред на работите во него, па често во него овие лица може да се движат без било какво помагало и да живеат сами.

Освен на допирот, овие лица во голема мерка се потпираат и на својот слух за ориентација и за добивање на дополнителни информации.

Овие лица може да прават различни активности, како и лицата кои немаат оштетен вид, освен оние кои директно зависат од ова сетило (на пр., хируршки операции).

Околината кон овие лица треба да се однесува на ист начин како и со кое било друго лице – со должна почит кон нивната личност и способности, со градење услови да се само-реализираат во различни сфери во животот. Меѓу другото, тоа значи дека другите не треба да им помагаат без претходно да ги прашаат за одобрување – на тој начин се јакне нивната самостојност и самодоверба.

Работилница:

ДЕДОТО ШТО БЕШЕ СЛЕП

Работен лист за воспитувачката: Нејасна слика – 1 примерок

Работен лист за воспитувачката: Познати слепи лица – 1 примерок

Работен лист за учесниците: Бели стапови – по 1 дел за секој

Работен лист за учесниците: Брајова азбука – по 1 примерок за секоја мала група

Работен лист за учесниците: Моето име со Брајова азбука – по 1 дел за секој

Сликовница: Дедото што беше слеп

Голема хартија – по 1 за секоја мала група

Боички – по 1 за секој

Селотејп – 1

Ножички – по 1 мали за секој и 1 големи

Превези за очи – по 1 за секој пар

Предмети – неколку различни

Вреќа – 1 непроѕирна

Бели стапови – неколку, може и од завиткана бела хартија или дрво обложено со бела хартија

Музика од Андреа Бочели

ЦД плеер, компјутер со звучници или мобилен телефон

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 33: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

31

1 Активност Сите стојат на едната страна во просторијата, а воспитувачката стои наспроти нив покажувајќи го првиот претходно исечен дел од РЛ за неа: Нејасна слика, па ги прашува учесниците дали може да препознаат што има на него. На ист начин потоа ги прашува и за останатите исечени делови по ред. На крајот заклучува дека има луѓе кои гледаат како што беше претставено на секоја од сликите.

4 Активност Сите се делат во парови, а низ просторијата е поставена патека од неколку столчиња. Едниот член од секој пар слободно гледа, а другиот него го држи за лактот од едната рака и има превез на очите. Тој што е без превез треба внимателно да го води партнерот низ патеката, сè до целта. Потоа членовите во секој пар ги менуваат улогите и се повторува постапката. На крајот се поведува кратка дискусија за тоа како се чувствувале учесниците кога требало да бидат водени од друг што гледал и дали е така полесно или кога би можеле и тие непречено да гледаат.

2 Активност Сите стојат во круг држејќи се за рацете и истовремено произведувајќи гласен и континуиран звук. Исклучок во кругот се двајца кои молчат и кои меѓу себе не се држат за рацете, а кои се застанати малку одвоено еден од друг за да формираат место за излегување („капија“). Еден стои во средината на кругот со превез на очите и треба да ја најде „капијата“ врз база на тоа што оттаму не доаѓа звук. Кога ќе успее во тоа, тој учесник застанува во кругот, а друг ја добива неговата улога. Активноста се повторува неколку пати, а на крајот се поведува кратка дискусија за тоа како се чувствувале учесниците кога требало да се ориентираат само врз база на сопствениот слух и дали е така полесно или кога би можеле и непречено да гледаат.

3 Активност Сите остануваат да стојат во круг, а воспитувачката е во средината и скришно става еден предмет во непроѕирна вреќа. Се бира доброволец кој, само со допирање на предметот во вреќата со двете раце, треба да погоди што е тоа. За поголемите учесници се стимулира и да опишуваат каков е предметот додека го допираат. Активноста се повторува во повеќе наврати со различни предмети и учесници. На крајот се поведува кратка дискусија за тоа како се чувствувале учесниците кога требало да погодуваат само врз база на сопствениот допир и дали е така полесно или кога би можеле и непречено да гледаат.

Page 34: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

32

ДИСКУСИЈА:

1

2

3

4

5

6

7

Дали некогаш сте виделе некој кој не може добро да гледа, односно гледа матно? А некој што не гледа воопшто?

Што користат слепите лица за движење?

Како можат да читаат слепите лица?

Што можат да прават слепите лица? Дали можат да пеат (им се покажува првата претходно исечена фотографија од РЛ за воспитувачката: Познати слепи лица – Андреа Бочели, светски познат оперски пејач кој го изгубил видот на 12 години од удар во глава при играње фудбал)? Дали можат да сликаат (се покажува втората претходно исечена фотографија од истиот РЛ – Ешреф Армаан, сликар кој е слеп од самото раѓање)? Дали можат да спортуваат (се покажува третата претходно исечена фотографија од истиот РЛ – Ерик Вајенмаер, кој го изгубил видот на 13 години заради болест на очите; тој е првиот слеп човек кој се искачил на највисокиот врв на светот – Монт Еверест)? Дали можат да читаат вести на ТВ (се покажува четвртата претходно исечена фотографија од истиот РЛ – Ли Чанг-хун, кој чита вести со помош на Брајова азбука)? Дали можат да работат на компјутер?

Дали можат сами да живеат дома? Како ги наоѓаат работите што им требаат?

Што не можат да прават слепите лица?

Како може да им помогнеме на слепите лица? Дали треба да им помагаме и кога не им е потребна помош или тогаш треба да ги оставиме самите да го направат тоа што може да го направат?

5 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: Дедото што беше слеп, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

6 Активност Сите се редат во колона еден позади друг, а пред неа е поставена патека од две паралелни низи од столчиња. Еден по еден учесник, со превез на очите, ја поминува патеката така што во едната рака држи бел стап (направен од бела хартија или дрво обложено со хартија) за да знае каде се столчињата и да не се удри од нив.

7 Активност Секој добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Бели стапови (соодветно на возраста и способностите, воспитувачката секому му дава дел со одреден вкупен број на полиња, пресекувајќи ги оние во низата што се вишок). Секој треба најпрво да ги исече полињата со стапови, да ги измеша, а потоа да ги нареди по ред од најкраткиот, па до најдолгиот стап.

Page 35: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

33

8 Активност Сите се делат во неколку мали групи, а секоја група добива по еден примерок од РЛ за учесниците: Брајова азбука. Исто така, секој добива и по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Моето име со Брајова азбука, каде на празните линии претходно воспитувачката го има напишано името на секој учесник засебно (доколку знаат, учесниците може и самите да си го напишат името). Секој треба да си го напише своето име со боење на соодветните точки за секоја буква, а гледајќи кој е точниот знак во Брајовата азбука.

9 Активност Сите остануваат да работат во истите мали групи од претходната активност. На секоја маса се става по еден голем лист хартија и секој држи во раката по една боичка по сопствен избор. Им се кажува на учесниците дека ќе им биде пуштена музика од Андреа Бочели, па учесниците во секоја група, држејќи ги главите кренати нагоре, треба да се обидат да нацртаат нешто на заедничкиот лист на масата додека ја слушаат музиката. По кратко време, учесниците може да погледнат што нацртале и да си раскажат што сакале да нацртаат, а што испаднало од тоа на крајот. На крајот сите цртежи се закачуваат на видно место во просторијата.

Page 36: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

34

СЛИКОВНИЦА: ДЕДОТО ШТО БЕШЕ СЛЕП

Ениса, Марко и Ана забележаа дека дента Луан не дој-де на училиште. По завршување на часовите, беше ред на мајката на Ана и Марко да ја однесе дома дру-жината МЕЛА, како што четирите деца си го нареку-ваа своето друштво според првите букви од своите имиња. И мајката се изненади што денеска, наместо четири, зеде само три деца. Родителите на Луан из-гледа заборавиле да ѝ јават дека тој ќе отсуствува, па никој не знаеше што се случува со него. На пат кон дома, дружината си разговараше што би можело да биде со Луан, па помислија дека сигурно се разболел. Се договорија попладнето да го посетат за да видат како е.

Но, само што почнаа да се качуваат по скалите во нивната зграда, кога пројдоа пред вратата на Луан, наеднаш се слушна лаење на куче зад вратата од негови-от дом. Многу се изне-надија. Не знаеја дека Луан почнал да чува

куче! Силно се израдуваа и помислија дека конечно ќе им се оствари желбата да имаат барем едно домаш-но милениче со кое ќе си играат сите. Тогаш побрзаа дома за да се подготват за посетата кај Луан.

Кога стигнаа дома, де-цата се слушнаа по те-лефон со Луан за да му кажат дека би сакале да го посетат. Луан им рече да не се грижат зашто не е болен, туку дека денеска има специјален гостин дома. Токму за-тоа не бил на училиште,

но дека би бил пресреќен ако дојдат попладне сите кај него за да ги запознае и нив со гостинот. Децата веќе знаеја дека Луан сигурно сака да ги запознае со своето куче, ама не им кажува, а тие, нели, веќе го слушнаа како лае! Затоа тројцата од дружината се договорија од дома да земат неколку топчиња, како подарок за кучето, за да си игра со нив додека е Луан на училиште.

Конечно дојде и времето за посета. Трите деца се најдоа пред вратата на Луан и беа многу возбудени, одвај чекаа да се отвори вратата. Штом заѕвонија на ѕвончето, повторно го слушнаа истиот лаеж. Ги по-здравуваше кучето позади вратата! Кога Луан им ја отвори вратата, трите деца силно го гушнаа зашто денеска навистина многу им недостасуваше во учи-лиштето, а потоа погледот им отиде долу...

...Видоа едно прекрасно кафено куче што веднаш поч-на да им се мотка околу нозете и да мавта со опаш-ката кога ги здогледа топчињата во нивните раце! И, кога децата му рекоа на Луан дека се многу радосни зашто конечно некој од нив има куче дома, тој ги из-ненади кога рече дека кучето не било негово! Како ли може да не е негово, а еве го кај него дома, се запра-шаа децата. Тогаш Луан ги потсети дека уште по те-лефон им рекол дека денеска има специјален гостин дома, ама дека тоа не е кучето, туку некој друг со кого тој многу сака конечно да ги запознае. Децата многу се зачудија. Кој ли може да биде тоа? Луан се насмев-на и им покажа да одат кон дневната соба.

Кога влегоа во соба-та, таму седеше еден човек што првпат го гледаат. Луан се стр-ча кон него, силно го гушна, па се заврте кон децата и им рече дека тоа е неговиот дедо. Децата дојдоа да се поздрават со него и му ги кажаа своите имиња. Тогаш Луан го пот-сети дедото што му раскажувал по телефон, за тоа со кое дете што најмногу сака да прави.

Откога се запознаа, децата замолчија. Им дојде чудно што дедото цело време носеше темни очила, па тие не знаеја каде точно гледа. Дедото сети дека децата нешто се збунети. Така, почна да им објаснува дека тој, кога бил на нивна возраст, играл фудбал пред куќата, но во еден момент лошо паднал и си ги повре-дил очите. Оттогаш не може да гледа. Луан виде дека неговата дружина уште повеќе стана збунета. Како ли може некој да не гледа, се прашуваа тие. Тогаш Луан им рече слободно да го прашаат дедо му за сè што не им е јасно зашто тој умее многу убаво да објаснува.

Page 37: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

35

Децата го прашаа кој му го купува она што му треба од продавни-ца, а тој рече дека сам си купува. Но, сигурно се прашуваат како ли оди до продавницата кога треба да излезе од домот и да премине неколку улици. Тогаш

тој им објасни дека живее во зграда на петти кат, па прво со лифт се спушта до приземјето. Но, како ли знае кое копче да го стисне кога не ги гледа бројките, се пра-шуваа децата. Тогаш тој им објасни дека долго време живее на истото место и, само што ќе ги допре, веќе многу добро го знае распоредот на копчињата.

Потоа, кога ќе излезе надвор, бидејќи патот до про-давницата го оди секој ден, исто така го знае многу до-бро напамет, па си се движи лесно, само со помош на својот бел стап. Со него проверува каде е тротоарот и да не има некоја пречка на патот. Заради белиот стап и другите луѓе знаат дека не може да гледа, па внима-ваат на него или понекогаш му помагаат, кога му е по-требно.

Кога ќе дојде до крстосница, тогаш на земјата има едни испупчени топчиња кои тој со стапот ги допира. Така знае дека треба да застане тука и добро да слушне да не доаѓа некој автомобил.

Дедото им кажа и една многу интересна работа: на не-кои поголеми крстосници имало и семафори за слепи лица! Децата никогаш немаа видено таков семафор, па го запрашаа како работи. Тој им објасни дека на него свети зелено светло за пешаците да ја минат ули-цата. Но, тогаш семафорот истовремено пушта и еден звук, па тој знае дека може да ја премине улицата. Кога свети црвено светло за пешаци, тогаш пушта поинаков звук, па тој знае дека треба да застане.

На децата многу работи им станаа појасни, но сè уште не им беше јасно што прави кучето кај Луан дома. То-гаш дедото им објасни дека кога надвор има снег и кога е потешко да се движи со стапот, или кога оди не-каде подалеку каде е потешко да стигне, тогаш се дви-жи со кучето. Кучето е специјално тренирано да знае да го однесе до паркот и таму да најде празна клупа за да седне, да го однесе до амбуланта, да го однесе до некој пријател што ќе му го каже тој по име... Кучето умее и да го пренесе преку улица онаму каде ги нема оние звучни семафори или каде нема воопшто сема-фори. Тоа знае дека треба да чека да се вклучи зелено светло или да погледне лево-десно и да чека додека нема ниту еден автомобил, па да почне да ја преми-нува улицата. Децата многу се изненадија. Колку ли е паметно ова куче кога толку работи разбира?! Дедото го погали своето куче и рече дека тоа му е многу добар

другар – ем се дружат заедно дома ем му помага за движење надвор од домот.

Но, тој исто така рече дека многу му помага и тоа што има многу добар слух. Според тоа, од каде доаѓа некој звук или каков е тој, многу работи може да прави или да разбере. Така, на пример, по тоа каков е гласот на луѓето, може да разбере дали се среќни или се тажни, и без да ги види нивните лица. Децата повторно се из-ненадија. Како ли му успева тоа? Тогаш дедото ги пра-ша децата како ќе си го кажат своето име кога се таж-ни, а потоа, кога се среќни. Децата видоа дека гласот им е различен во едната и во другата ситуација.

И така, дружината и дедото на Луан си раз-говараа и разговараа долго време. На де-цата им беше многу интересно да слушнат како изгледа животот на еден човек кој не може да гледа.

Пред да заминат дома, дедото повторно ги изненади. Им предложи да им прочита една приказна. Да им про-чита приказна?! Невозможно е тоа, помислија децата. Тогаш дедото му рече на кучето да му ја донесе чанта-та. Кучето брзо се стрча и ја донесе, држејќи ја со своја-та уста. Дедото ја извади сликовницата од чантата. Во меѓувреме, четирите деца седнаа околу него и чекаа да видат што ќе се случи. Дедо ја отвори книгата, а на неа, наместо букви што децата ги препознаваат, има-ше букви напишани за слепи лица. Тие беа со испуп-чени топчиња, па дедото многу вешто ги допираше со своите прсти и така знаеше што пишува. Тој им прочи-та една многу убава приказна токму за едно дете кое не гледало, а кое имало многу деца со кои се дружело и правело многу работи заедно со нив.

И така, заврши и читањето приказна на дедото на Луан, а веќе беше време децата да се вратат дома за вече-ра. Се гушнаа силно со дедото и со Луан и ре-коа дека едвам чекаат тој повторно да дојде на гости зашто сакаат пак да поминат време заедно со него.

Page 38: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

36

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ: НЕЈАСНА СЛИКА

Работен лист за воспитувачката: Нејасна слика  

 

 

 

Работен лист за воспитувачката: Нејасна слика  

 

 

 

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ: ПОЗНАТИ СЛЕПИ ЛИЦА

Андреа Бочели, Италија

Ешреф Армаан, Турција

 

 

                                                                                                                                                            Ерик Вајенмаер, САД 

                                                                                                                                                   Ли Чанг‐хун, Јужна Кореја 

 

   

                                                                                                                                                            Ерик Вајенмаер, САД 

                                                                                                                                                   Ли Чанг‐хун, Јужна Кореја 

 

   

Ерик Вајенмаер, САД

Ли Чанг-хун, Јужна Кореја

Page 39: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

37

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: БЕЛИ СТАПОВИ

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: МОЕТО ИМЕ СО БРАЈОВА АЗБУКА

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: БРАЈОВА АЗБУКА

А Б В Г Д

Ѓ Е Ж З Ѕ

И Ј К Л Љ

М Н Њ О П

Р С Т ќ У

Ф Х Ц Ч Џ

Ш

Page 40: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

38

Секое лице, независно од својата возраст, умее да прави различни работи – некои подобро, а некои помалку добро. Умеењата се зависни од созревањето и психофизичкиот развој, од вродената дарба, од континуираното вежбање и од стимулациите кои доаѓаат од средината.

Има работи кои помалите по возраст ги прават подобро од поголемите (на пр., правење „мост“ или „ѕвезда“ со телото), но и такви во кои поголемите се повешти (особено оние кои бараат поголема прецизност и посложена мисловна активност).

Но, иако постојат одредени законитости во развојот, сепак и во рамките на една иста возрасна група постојат големи индивидуални разлики за тоа кои вештини и во каков степен ќе бидат развиени.

Зависно од степенот на развиеност на различните вештини, секоја единка претставува единствен, неповторлив систем од умеења и никој нема право да биде исмеван заради нив, туку напротив, секому треба да му се овозможи нив да ги развие до своите максимални граници. Истовремено, секој има право своите умеења да ги практикува во онаа мерка и на она место кое нему му одговара, сè додека со нив не ги попречува другите во практикување на нивните умеења.

Работилница:

УЧИЛИШТЕН НАТПРЕВАР

Работен лист за учесниците: Способности – по 1 примерок за секој

Работен лист за воспитувачот: Способности – 1 примерок

Сликовница: Училиштен натпревар

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Топка – 1

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

1 Активност Сите се делат во мали групи и секој добива по еден примерок од РЛ за учесниците: Способности, па во горните полиња црта што може да прави сега и што ќе може да прави кога ќе порасне, а во долните полиња за истите возрастни периоди црта што не може, односно нема да може да прави.

Потоа сите застануваат во круг и ги претставуваат своите цртежи.

2 Активност Сите стојат во круг. Започнува еден кој држи топка во рацете и кажува што би сакал да знае да прави, а сè уште не знае или не го прави тоа толку добро колку што би сакал. Потоа ја додава топката на следниот до него кој на истиот начин споделува со учесниците и така со ред додека сите да поминат во кругот.

Page 41: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

39

4 Активност Сите стојат на едниот крај од просторијата, а на другиот се наредени неколку столчиња. Воспитувачот чита едно по едно прашање од РЛ за него: Способности, па сите оние кои имаат позитивен одговор на дадено прашање, треба да седнат на столчињата или во скут на оние кои пред нив веќе седнале.

ДИСКУСИЈА:

1

2

3

4

5

6

7

Дали и малите и големите умеат нешто да прават? Што умеат малите? Што умеат големите?

Дали сите мали еднакво добро ги прават тие работи? Дали сите возрасни еднакво добро ги прават тие работи?

Дали може помалите да прават нешто подобро од поголемите? Што, на пример? А, поголемите од помалите? Што, на пример?

Дали, ако не ги правиме работите најдобро на свет, треба да се откажеме од нив? На пример, во приказната и Ана рече дека пее, но не така добро како Ениса. Дали Ана треба да престане да си пее по дома?

Како некој почнал да може нешто да прави? Дали Марко ќе освоеше второ место ако претходно воопшто не вежбал да шутира кошеви? Дали Ениса ќе освоеше прво место ако се пријавеше кога имала само 1-2 години?

Како вие би се чувствувале да бевте на местото на Ениса кога двете деца ја навредија? Зошто?

Замислете дека се обидувате нешто да направите – на пример, да нацртате куче, а некое дете го гледа цртежот и ви вели: „Ама си глуп! Не се црта куче така!“ Како би се чувствувале тогаш? Што би му рекле?

3 Активност Сите седат во круг, а воспитувачот им ја чита приказната од сликовницата: Училиштен натпревар, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 42: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

40

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ: СПОСОБНОСТИ

1. Кој може убаво да пее?

2. Кој може убаво да црта?

3. Кој може од три обиди да погоди кош со топка?

4. Кој може да запомни брзо стихотворба?

5. Кој може да скока на една нога 10 пати?

6. Кој може прецизно да сече по линија?

7. Кој може да бои без да излезе од линијата?

8. Кој може да смисли приказна за кратко време?

9. Кој може да си го напише името?

10. Кој може да направи убави фигури од пластелин?

11. Кој може брзо да смисли нова игра?

12. Кој може некого да научи нешто?

Page 43: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

41

СЛИКОВНИЦА: УЧИЛИШТЕН НАТПРЕВАР

Денеска, во училиштето каде учат членовите на дру-жината МЕЛА, како што си го викаа децата своето друштво според првите букви од нивните имиња, беше залепен голем постер. На него со големи букви пишуваше УЧИЛИШТЕН НАТПРЕВАР, а подолу стоеше дека тој ќе биде за 10 дена. Секој што сака може да се пријави на тој натпревар за една од понудени-те активности, како што се: трчање, цртање, пеење, гаѓање во мета, пишување песна, скок во далечина, шутирање кошеви... На големиот одмор Ана го виде постерот и многу се израдува. Реши да се пријави за пишување песна.

По часовите, одејќи дома заедно со другите членови на дружината МЕЛА, таа им се пофали дека се прија-вила за натпреварот и дека веќе има идеја за што да пишува. Сепак, мора да размисли уште малку. Марко рече дека и тој се пријавил, но за шутирање кошеви. Луан рече дека ќе размисли до утре што да избере – скок во далечина или трчање. Можеби ќе одбере скок во далечина зашто, вежбајќи балет, веќе научил и да скока далеку. Само Ениса молчеше. Кога другите ја прашаа дали и таа ќе се пријави за нешто, таа само кратко рече: „Не знам...“

Утредента во училиште-то вриеше од ученици околу постерот. Имаше и куп наставници кои правеа список на прија-вените учесници. Ениса големиот одмор го по-мина стоејќи настрана во ходникот и гледајќи ја гужвата. Сè повеќе мис-

леше дека е најдобро за ништо да не се пријави.

Кога на крајот од часовите децата од дружината МЕЛА се враќаа дома, повторно зборуваа за натпреварот. Впрочем, сите во училиштето само за тоа и зборуваа веќе два дена. Само Ениса повторно молчеше. Ана тоа го забележа, па ја праша: „Ти, дали се пријави за нешто?“, но Ениса само погледна во земја и одмавна одречно со главата. Ана тогаш рече: „Па, зошто не се пријавиш за пеење? Знам дека убаво пееш!“ Тогаш Ениса рече: „Никогаш досега не сум пеела на учи-лиште. Само моите дома и вие од дружината што ме имате слушнато како пејам. Не верувам дека сум до-волно добра за натпревар. Го видов списокот на тие што досега се пријавиле – има многу ученици што сите

ги знаат зашто веќе пееле на приредбите, а и сите се поголеми од мене. И, навистина сите добро пејат!“ Ана многу се растажи од ова што го слушна, па застана на сред тротоар и рече: „Зошто зборуваш така? Само сакам да ти кажам дека мене кожата ми се ежи и како да ми играат пеперутки во стомакот секој пат кога ти нешто ќе запееш. Мислам дека е ова добра шанса да ја видат таа твоја дарба и другите во училиштето. А, дали си подобра или не од другите што се пријавиле – тоа не треба воопшто да те загрижува, ниту пак ако си најмала меѓу нив. Твое е да одбереш што ќе пееш и да испееш најдобро што можеш, а тие што ќе бидат во комисија нека мислат кому колку поени ќе му дадат. Утре те чекам на голем одмор во холот и ќе дојдам со тебе за да се пријавиш!“ Ениса благо се насмевна, но сети како малку да се вознемири од разговорот со Ана, па само рече: „Ќе видиме до утре!“

Утредента на големи-от одмор Ана ја че-каше Ениса во холот, ама ја немаше неа. Ана помисли дека нема ни да дојде, но токму кога сакаше да се упати кон нејзина-та училница за да ја повика, Ениса се поја-ви зад аголот и сета беше многу вознемирена.

Ана ја гушна силно и само ѝ рече: „Кога ќе пееш на нат-преварот, гледај во мене и замисли дека само јас те слушам. Ништо друго не е важно. Јасно?“ Ениса како да немаше ни трошка глас во моментот, па само гле-даше во Ана и ништо не рече. Ана ја фати за рака и отидоа кај наставникот кој го водеше списокот за пе-ење.

Ениса едвам си го кажа името. Тоа беше толку тивко што наставникот два пати ја препрашуваше како точ-но се вика. До Ениса стоеја други две поголеми деца – тие уште првиот ден се пријавиле, па сакаа да видат кои се другите натпреварувачи. Кога ја слушнаа Ениса како тивко зборува, прснаа во смеа, а едното гласно рече: „Оваа нема глас да збори, а уште сака и да пее! Види и колку е мала!“, па се завртија да си одат.

Ана ги погледна остро децата, а наставникот беше зафатен со списокот и ова не го слушна. Но, Ениса го слушна многу добро и уште повеќе се вознемири. То-гаш наставникот ја погледна во очи и ѝ рече: „Ениса,

Page 44: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

42

не сум те забележал досега да пееш на некоја приред-ба. Многу ми е драго што за натпреварот се пријавува-ат и нови деца како тебе!“ Ениса само се насмевна и се заврте побргу да си оди.

Деновите до натпрева-рот брзо минуваа. Чет-ворицата од дружината МЕЛА секој ден вежбаа, секој за тоа за што се пријавил. Ениса одбра со која песна ќе наста-пи и добро ја пееше дома, но само си мис-леше дали ќе има глас

кога ќе треба да излезе пред публика.

Дојде и денот на натпреварот. Училиштето беше све-чено украсено, а во него имаше многу ученици, настав-ници, родители... Прво беше натпреварот во скок во далечина – Луан освои некое средно место, но не беше разочаран. Нему, сепак, најдобро му оди балетот, ама за тоа сега немаше натпревар. Во шутирање кошеви Марко беше втор, а во пишување песна Ана беше пет-та. Ниту тие не беа разочарани што не победија зашто секако добро се забавуваа тој ден и им беше многу ин-тересно.

Како за крај на денот, беше оставен натпре-варот во пеење. Ениса требаше да настапи осма по ред. Ана, Луан и Марко седеа во публи-ката и само броеја уште колку песни, па ќе дојде редот на Ениса.

И, конечно, на бината се појави Ениса. Изгледаше како да не спиела цела недела и како да ќе падне на земја секој миг. Ана седеше меѓу Марко и Луан, па ги фати двајцата за раце за да ѝ држат среќа на Ениса. Ениса подголтна и со погледот ја најде Ана каде седи. И, како што се договорија, гледаше во неа, па во еден момент отвори уста и почна да пее. На почетокот беше мал-ку несигурно и потивко, но како одеше песната Ениса стануваше сè посигурна, а гласот стигнуваше и до по-следниот ред во публиката која беше воодушевена и се чудеше од каде ли излегува толку прекрасен глас од толку мало дете.

На крајот, аплаузот беше многу силен – нај-голем од сите пред неа и по неа што пееја. Ени-са победи! Само што ѝ ја дадоа пофалницата, на сцената веднаш дој-доа другите членови од дружината МЕЛА за да ја гушнат силно и да ѝ честитаат за победата. Ана ѝ рече: „Знаеш што, ти пееш навистина многу убаво и јас немам шанси покрај тебе! Ама, и јас секој ден си пејам кога се бањам, па те молам деновиве да извежбаме една песна за заед-но да ја испееме пред Луан и Марко!“ Ениса се насмеа и рече: „Нема проблем, ти избери која песна да ја подго-твиме! Ќе смислиме и како да играме доде-ка ја пееме!“, па двете силно се гушнаа.

Page 45: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

43

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: СПОСОБНОСТИ

Page 46: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

44

Секое дете има право на семејство и семејна грижа, пред сè заради задоволување на основните човекови потреби за живеалиште, храна, облека, љубов, грижа, безбедност. Без ова, тешко дека едно дете воопшто може да опстане.

Семејство се нарекува секоја заедница во која има возрасни и деца за кои тие се грижат. Постојат различни видови на семејства, како по состав, така и по бројност (два родители и дете/деца, еден родител и дете/деца, проширени семејства во кои, освен родител/и и дете/деца, живеат и баба и/или дедо итн. Децата кои не живеат со своите биолошки родители, државата презема обврска да се грижи за нив и ги сместува во дом каде добиваат грижа од возрасни лица, може да бидат сместени и во згрижувачки семејства или да бидат дадени на посвојување. Која и да е формата, сето е со основна цел – на децата да им се обезбеди грижа од возрасни лица за да можат тие да опстанат и да ги развијат своите потенцијали.

Работилница:

РАЗЛИЧНИ СЕМЕЈСТВА

Работен лист за учесниците: Сложувалки – по 1 дел за секоја мала група

Работен лист за учесниците: Моето семејство – по 1 примерок за секој

Работен лист за воспитувачката: Бројки – 1 примерок

Работен лист за учесниците: Членови на семејство – по 1 дел за секој од истоветен пол

Сликовница: Различни семејства

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Селотејп – 1

Ножички – по 1 мали за секој и 1 големи

Креда – 1

Перфоратор – 1

Волница – 1

Музика

ЦД плеер, компјутер со звучници или мобилен телефон

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

1 Активност Сите се делат во мали групи, па секоја група добива претходно исечени делови од различна сложувалка (РЛ за учесниците: Сложувалки) која треба да ја нареди со лепење на деловите.

Потоа секоја група ја закачува својата сложувалка на видно место и го опишува составот на семејството кое е на неа прикажано.

Page 47: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

45

3 Активност Сите се враќаат да работат во претходно формираните мали групи. Секој добива по еден примерок од РЛ за учесниците: Моето семејство, па ги сече круговите. Потоа на најголемиот круг се црта себеси, а на помалите кругови ги црта лицата од семејството со кои живее во својот дом (користи по еден мал круг за секое поединечно лице). На задната страна на секој мал круг, црта нешто што ужива да прави со тој член од своето семејство. Како завршница, на горниот крај на големиот круг со перфоратор прави еден отвор за да може тој да се закачи во следната активност, а на неговиот долен крај прави толку отвори колку што учесникот има нацртано членови во своето семејство, па со волница сите мали кругови се врзуваат да висат од големиот круг.

4 Активност Сите застануваат на една страна во просторијата, а на ѕидот на другата страна се лепи долго парче волница, на која на одредено растојание се лепат по ред претходно исечени бројки од РЛ за воспитувачката: Бројки. Најголемата бројка треба да биде истоветна со најголемиот број на членови во семејството кои некој во групата ги има нацртано. Секој учесник, со помош на воспитувачката, ја закачува својата претходно направена изработка со волница кај онаа бројка која го одразува вкупниот број на членови со кои живее дома.

На крајот се констатира дека членовите во групата имаат различни семејства, со различен состав и големина, па секој учесник бира да претстави по еден член од своето семејство и да го објасни цртежот на задната страна кој покажува што ужива тој да прави со него.

5 Активност Секој, истоветно на својот пол, влече по случаен избор една претходно исечена картичка од РЛ за учесниците: Членови на семејство, па неа ја лепи напред, на видно место на себе. Воспитувачката црта со креда на подот повеќе поголеми кругови и пушта музика. Сите слободно играат на музиката, па во еден момент воспитувачката ја прекинува и кажува какви семејства да се формираат во секој круг (на пр., една мајка, еден татко и два сина/еден татко и една ќерка/една мајка и два сина/мајка, татко, баба, дедо, еден син и две ќерки...). Тогаш, тие кои имаат таква картичка на себе залепено, гледаат како побрзо да го формираат тоа семејство (некои може да останат и надвор од круговите, па во следен наврат да влезат во нив). На крајот, членовите во формираните семејства во секој круг истовремено извикуваат: „Ура!“, држејќи се за рацете и кревајќи ги нагоре.

ДИСКУСИЈА:

1

2

4

3

Дали децата од дружината МЕЛА можеа да живеат сами, без возрасни? Зошто?

Зошто децата треба да имаат семејство?

Какви семејства постојат?

Што е исто во составот на сите семејства?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: Различни семејства, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 48: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

46

СЛИКОВНИЦА: РАЗЛИЧНИ СЕМЕЈСТВА

Сите деца од дружината МЕЛА, како што си го викаа децата своето друштво според првите букви од нив-ните имиња, беа собрани во домот на Луан, освен Ана. Таа беше договорена со мајка ѝ вечерта да одат заедно на концерт на нејзиниот омилен пејач. Деца-та си играа разни игри, сè додека во еден момент не заѕвони некој на вратата. За кратко време, во собата на Луан влезе Ана. Сите беа многу изненадени што ја гледаат овде со нив. Ениса веднаш ја праша: „Не требаше да си ова време веќе на концерт?“, па Ана ѝ одговори: „Леле, не ме прашувај, те молам! Ќе пук-нам колку сум лута!“ И Луан се заинтересира, па рече: „Зошто? Што се случи?“ Тогаш Ана, со мачен глас, им одговори: „Пропадна целиот план! Цел месец го че-кав овој ден да дојде и вака да се случи?! Речиси бев подготвена кога на мајка ми ѝ заѕвони телефонот и ја викнаа итно на работа да оди! Ми се стемни! Татко ми е со скршена нога веќе три недели и не може да вози кола, а веќе беше доцна мајка ми да се јавува на ро-дителите од другарка ми за да ме земат и мене со нив на концерт! Уфффф, колку сум лута! Мислам дека 100 години ќе ѝ бидам лута на мајка ми!“ Марко дотогаш мирно слушаше, но сега и тој се вмеша: „Чекај малку, па сигурен сум дека мама би го откажала тоа на ра-бота ако можела. Но, кој знае што било толку итно за така од дома да ја извикаат и да мора да оди“. На ова, Ана уште повеќе се налути: „Те молам, не се ни обиду-вај да ја браниш! Толку време го чекав овој концерт и вака да се заврши?! Не ми се верува!“

На Ениса ѝ падна жал кога ја виде Ана толку возне-мирена, па сакаше да ја утеши: „Ај, се надевам дека можеби наскоро ќе има пак таков концерт кај нас, па ќе можеш да одиш...“ Но, Ана тогаш ја крена главата нагоре и гласно рече: „Следен пат ќе одам сама! Ниту некој ќе прашам дали може да одам, ниту нешто ќе барам!“ Марко повторно се вмеша, па рече: „Чекај малку, како тоа мислиш?“, па Ана го погледна остро и му рече: „Ете така, фино! Од вечерва веќе нема да живеам дома со сите четворица!“ Луан многу се изне-нади од последново, па зачудено праша: „Ана, што ти е на тебе, што зборуваш? Па, кај ќе живееш?“, а таа му дофрли: „Ништо не ми е! Само, решив да почнам да си живеам во паркот пред зградата. Ќе си живеам сама, ќе си правам што сакам, ќе си одам кај сакам, ќе си јадам што ќе ми падне на памет...“

Кога ја слушнаа идејава, некако на сите им се насмев-наа лицата. Ениса тогаш рече: „Ако е за така, јас вед-наш ќе ти се придружам! Ќе јадеме еден тон сладолед

секој ден и за дору-чек, и за ручек, и за вечера!“, а Луан дода-де: „Да, да... Ќе дојдам тогаш и јас да живеам со вас, па ќе може да играме до ниедно време ноќе!“ Марко, кој дотогаш нешто не ја поддржуваше Ана, сега наеднаш рече: „Чекајте ме и мене, и јас доаѓам со вас да живеам! Така нема да има никој да ни кажува `прави ова, прави она`, туку ќе може да правиме само тоа што ни е по наша желба!“ Ениса легна на патосот, ги затвори очите и рече: „Леле, јас веќе почнав да си замислувам како ќе си направиме некоја куќичка од картон и сите ќе спиеме заедно во една соба!“

Во тој момент, Луан се сепна: „Сето тоа е убаво да си го за-мислуваме, но што ќе јадеме?“, ама Ениса бргу му одговори: „Па, може да понесеме нешто од дома“. Луан не се задоволи со од-говорот, па загриже-но продолжи: „Колку и да понесеме од дома, тоа ќе ни трае само неколку дена. И потоа, како ќе живееме? Децата не одат на работа, па да имаат пари за да ку-пат самите што им треба...“ Кога го слушна ова Ениса, и таа почна да се колеба: „Така е... И облека кој ќе ни купи кога оваа ќе ни се скине?“ Марко сè уште фанта-зираше, па рече дека може од лисја да си направат некаква облека, но Ана му рече дека така облечени може да бидат само додека е топло, а што ќе прават кога ќе застуди. Тогаш и Марко некако се пресече, па рече: „Ако веќе мислиме за кога ќе застуди, тогаш што ќе правиме со нашата куќичка од картон? Картонот не држи многу топло, а и кога ќе заврне дожд, снег, це-лата ќе се уништи...“ Ениса низ воздишка додаде: „Ех, уште ако се разболиме, кој ќе нè носи на лекар?“ То-гаш Марко се сети на уште една грижа: „А навечер, ако се уплашиме од нешто, кај кого да се стуткаме да нè гушне?“ Луан бргу извика: „Еве, кај мене! Јас нема да спијам ноќе и ќе ве чувам сите!“, но Ана бргу го при-земји: „Ех, Луан... Колку ноќи можеш така да не спиеш? Една-две ноќи и на крај ќе заспиеш и без да знаеш!“

Page 49: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

47

По сите идеи и грижи, Ениса рече: „Другари, да ви кажам нешто... Вие како сакате, ама јас се откажувам од идеја-та да живееме сами, без родители! Целата се стресов сега само што помислив како ќе ми биде да не ги видам

и да не ме гушнат со денови моите родители!“ Кога го слушна ова, лицето на Ана се разнежни, па рече: „Леле, Ениса, сега вака кога кажуваш ме потсети колку ми е убаво кога ќе потонам во прегратките на татко ми – то-гаш мислам дека можам така да останам со денови...“, а Марко дополни: „Да, ти повеќе се гушкаш со тато, а јас со мама!“

Тогаш Ана ја наведна главата и тивко рече: „Леле, изгледа не било ниту лесно ниту убаво да си дете и да живееш без родители...“ Луан, пак, се сети: „Знам дека има некои деца кои имаат само еден ро-дител – или само мајка

или само татко!“, а Ениса додаде: „Па добро, како и да е – има некој да се грижи за нив. А, не како ние што се занесувавме, ќе сме живееле сами!“, па сите слатко се насмеаја.

Марко тогаш се сети дека слушнал и за деца кои не жи-веат ниту со таа што им е мајка ниту со тој што им е та-

тко, туку живеат со други возрасни луѓе и тие се нивно-то семејство. На Ениса не ѝ беше јасно каде живеат тие, па Марко ѝ одговори: „Тие живеат во дом. Тоа е како го-лема куќа во која има многу деца и многу возрасни кои се грижат за нив и сите се како едно големо семејство“. Овој опис ѝ заличи на Ана некако познат, па рече: „Тоа ми личи како она семејство што живее на првиот кат – заедно живеат баба, дедо, мајка, татко, три сина и две ќерки! Колку се вкупно луѓе?“ Марко почна да брои со прстите и рече: „Е па, вкупно девет! Да, слично е, но во домот има уште повеќе деца и уште повеќе возрасни“.

Во еден момент се слушна повторно ѕвон-чето на вратата. Овој пат тоа беше мајката на Ана и Марко. Завр-шила со работа, па дој-де да ги собере децата дома на вечера. Ана кога ја виде, се стрча и силно ја гушна. Таа знаеше дека ова сигурно не беше ни прв, а ни после-ден пат да ѝ се налути на мајка си, но исто така знаеше, независно од лутината дека многу се сакаат. А, за пропуштениот кон-церт Ана си рече дека ќе има сигурно пак та-ков, или нешто друго каде ќе сака да оди и дека тогаш желбата ќе ѝ се оствари до крај.

Page 50: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

48

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: СЛОЖУВАЛКИ

Работен лист за учесниците: Сложувалки   

  

 

 

 

  

       

 

 

 

 

 

 

        

Page 51: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

49

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: МОЕТО СЕМЕЈСТВО

 

   

Page 52: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

50

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВО

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧКАТА: БРОЈКИ

1 2 34 5 67 8 910 11 12

Page 53: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

51

Page 54: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

52

Познавањето на друг јазик секогаш е од корист зашто пред сè ја олеснува комуникацијата со оној кој зборува на него, а истовремено, имајќи предвид дека јазикот е дел од културата, преку него и таа повеќе се запознава. Но, дури и да не се научи другиот јазик во целост, учењето барем на основните фрази ја олеснува почетната комуникација и градењето блискост со другиот. Секако, во ситуација кога не се познава јазикот на другиот, секогаш останува како опција разбирањето на поинаков начин, односно преку објаснување со раце, со помош на цртеж или со согледување на контекстот.

1 Активност Сите стојат во круг. Започнува воспитувачот со тоа што кажува: „Здраво, ...! “ (го додава своето име) и прави едно движење со некој дел од телото. Потоа, на даден знак сите истовремено го повторуваат поздравот, кажаното име и направеното движење. На ист начин потоа се претставува следниот во кругот со правење на некое ново движење и така со ред додека сите да поминат во кругот.

2 Активност Сите остануваат да стојат во круг. Зависно од тоа за кој друг јазик се работи, се користи соодветната хартиена кукла. Еден по еден, секој ја држи куклата, па тогаш сите во еден глас неа ја поздравуваат на нејзиниот мајчин јазик (РЛ за воспитувачот: Различни јазици) со: „Здраво, ...!“ (се додава името на куклата). Тогаш тој што ја држи куклата возвраќа соодветно на истиот јазик со: „Здраво!“ Потоа куклата ја зема следниот во кругот и се повторува постапката додека сите да поминат во кругот.

Работилница:

РАЗЛИЧНИ ЈАЗИЦИ

Во описите на активностите како друг јазик е означен оној што е различен од јазикот на кој секојдневно се одвиваат активностите во групата. Секоја активност може да се реализира во различен ден и содржински да биде иста, освен што ќе се заменат клучните зборови со тие од некој друг јазик. Исклучок од ова е само Активност 3, каде приказната од сликовницата однапред е врзана за запознавање со одреден јазик.

НАПОМЕНА

Работен лист за воспитувачот: Различни јазици – 1 примерок

Работен лист за учесниците: Рамка за слика – 1 примерок на потврда хартија

Сликовница: Различни јазици

Ножички – 1 големи

Хартиени кукли – 1 комплет

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 55: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

53

ДИСКУСИЈА:

1

2

3

На кој јазик зборуваат Луан и Блерим?

Дали можат да се разберат деца кои не зборуваат на ист јазик? Како?

Зошто е добро да се знае нешто да се каже и на друг јазик?

4 Активност Сите стојат во круг. Започнува воспитувачот кој ја држи пред своето лице претходно исечената рамка за слика (РЛ за учесниците: Рамка за слика) и на другиот јазик (РЛ за воспитувачот: Различни јазици) вели: „Јас сум …“ (го додава своето име). Потоа ја додава рамката на следниот што стои до него и го прашува на истиот друг јазик: „Како се викаш?“, па другиот одговара на тој јазик: „Јас сум …“ (го додава своето име). Потоа на истиот начин продолжува постапката понатаму додека сите да се изредат.

5 Активност Сите остануваат да стојат во круг. Започнува воспитувачот кој на другиот јазик (РЛ за воспитувачот: Различни јазици) го прашува тој што стои до него: „Како си, ...?“ (го додава името на другиот), а другиот на истиот јазик одговара: „Добро!“ Потоа тој што одговорил е следниот кој го поставува истото прашање на другиот кој стои до него во кругот и така со ред додека сите да бидат во улога да постават прашање и да одговорат.

6 Активност Сите остануваат да стојат во круг и се наведнуваат така да ги допрат прстите на нозете. Потоа истовремено бројат по ред од 1 до 10 на другиот јазик (РЛ за воспитувачот: Различни јазици) со тоа што на секоја следна бројка полека го исправаат телото и допираат друг дел од него, па на 10 сите ги креваат рацете високо над главата.

7 Активност Сите се делат во две групи кои застануваат на различни страни во просторијата. По еден од секоја група тргнува кон средината во просторијата каде се среќаваат, си пружаат рака истовремено поздравувајќи се на другиот јазик (РЛ за воспитувачот: Различни јазици) со: „Здраво!“, потоа мавтаат со дланките и на истиот јазик велат еден на друг: „Пријатно!“, па се враќаат во својата група и застануваат последни во колоната. Потоа постапката се повторува со следните од двете групи и така со ред додека сите да поминат.

3 Активност Сите седат во круг, а воспитувачот им ја чита приказната од сликовницата: Различни јазици, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 56: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

54

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ: РАЗЛИЧНИ ЈАЗИЦИ

македонски албански ромски турски

Здраво! Tung! (Тунг!) Sastipe! (Састипе!)Merhaba! (Мерхаба!)

Јас сум ...Unë jam … (Ун` јам ...)

Me sium … (Ме сиум ...)

Benim adım ... (Беним адм ...)

Како се викаш?Si quhesh? (Си ќухеш?)

Sar to anav? (Сар то анав?)

Senin adın ne? (Сенин адн не?)

Како си? Si je? (Си је?)Sar sijan? (Сар сијан?)

Nasılsın? (Наслсн?)

Добро! Mirë! (Мир`!) Šukar! (Шукар!) İyiyim! (Ијијим!)

Еден Një (Њ`) Jek (Јек) Bir (Бир)

Два Dy (Ди) Duj (Дуј) İki (Ики)

Три Tre (Тре) Trin (Трин) Üç (Уч)

Четири Katër (Кат`р) Štar (Штар) Dört (Дорт)

Пет Pesë (Пес`) Pan (Панџ) Beş (Беш)

Шест Gjashtë (Ѓашт`) Šov (Шов) Altı (Алт)

Седум Shtatë (Штат`) Evta (Евта) Yedi (Једи)

Осум Tetë (Тет`) Oxto (Оксто) Sekiz (Секиз)

Девет Nëntë (Н`нт`) Enja (Ења) Dokuz (Докуз)

Десет Dhjetë (Дјет`) Deš (Деш) On (Он)

Пријатно!Mirupafshim! (Мирупафшим!)

Dži Dikibe! (Џи Дикибе!)

Güle güle! (Гуле гуле!)

Page 57: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

55

СЛИКОВНИЦА: РАЗЛИЧНИ ЈАЗИЦИ

Децата од дружината МЕЛА, како што си го викаа де-цата своето друштво според првите букви од нивните имиња, седеа во паркот пред зградата и ја разгледу-ваа новата книга на Ана за животни што живеат во некои далечни земји. Имаше и многу фотографии, па децата се чудеа какви сè животни има и си замислу-ваа колку ќе биде убаво некогаш во живо да ги видат како изгледаат навистина.

Само Луан беше некако замаен: де гледаше во кни-гата де гледаше кон улицата. Неговиот братучед Бле-рим, што живее во друг град, секој момент требаше да пристигне. Двајцата се немаа видено од минатото лето, па беа договорени овој викенд да му дојде на гости. Одвај чекаше да го види. Многу добро се сеќа-ваше дека со него навистина убаво си играл. Минуваа разни автомобили и за секој од нив Луан се надеваше дека ќе биде тој што го чека, но никако така и да се случи!

По некое време, конеч-но се појави чичко му со автомобилот и од задниот прозор може-ше да се види насмеа-ното лице на Блерим. Луан беше пресреќен и се стрча да ги пречека. Со Блерим толку силно се гушнаа што рацете почнаа да ги болат.

Луан веднаш сакаше да го запознае Блерим со своите другари. Го донесе кај клупата и им кажа на сите како се вика братучед му. Тогаш Блерим се насмеа и рече: „Тунг!“ Ениса се зачуди: „Луан, да не си се збунил? Тој рече дека се вика Тунг“. Луан тогаш ѝ објасни: „Не, Ени-са, тој се вика Блерим, ама сега ве поздрави на албан-ски. На албански `здраво` се вика `тунг`“. Тогаш сите деца од дружината МЕЛА во еден глас извикаа: „Тунг, Блерим!“, а Ениса додаде: „Па, ова било многу просто – `здраво` е `тунг` и `тунг` е `здраво`. И на ромски не е тешко, се кажува: `састипе!`“ Потоа Ана праша: „А како јас да му кажам како се викам?“, па Луан ѝ одговори: „Ќе речеш: `Ун’ јам Ана!`“. Само што се претстави Ана, Блерим се заврте кон Марко и му рече: „Си ќухеш?“ Марко си помисли дека сигурно за името го прашу-ва, нема за што друго, па рече исто како Ана: „Ун’ јам Марко!“ Блерим му се насмевна, па ја погледна Ениса

и нејзе ја праша: „Си ќухеш?“, но таа веќе сигурно му одговори: „Ун’ јам Ениса!“ Потоа Луан им се извини на другарите зашто требаше да замине бргу со својот гостин. Родителите веќе ги чекаа да дојдат дома.

Кога заминаа Луан и Блерим, Марко зачу-дено рече: „Блерим не го знае јазикот што го зборуваме ние. Среќа што беше тука Луан, па можеше да ни преведе! Како инаку без него ќе се разбе-ревме?“ Но, Ениса му одговори: „И да не беше Луан, пак мислам дека ќе се разберевме. Еднаш на одмор се здружив со едно де-војче со кое зборувавме на различни јазици, па нема-ше проблем. Со раце или со цртеж ќе си покажевме што сакаме да кажеме ако нешто не разбиравме“. На Марко му олесна, па рече: „Имаш право! Не помислив на тоа. Ако сакаш со некој да се дружиш, ќе најдеш начин како да се разбереш“. Потоа, сите си заминаа дома зашто веќе беше доцна.

Утредента се собраа сите деца од дружи-ната МЕЛА заедно со Блерим на клупата пред зградата. Сега децата веднаш го по-здравија Блерим и му рекоа: „Тунг, Блерим!“, а тој им возврати со: „Здраво!“, зашто Луан во меѓувреме го беше научил.

Но, само што сакаше да седне на клупата, Блерим се сопна од едната ногарка и падна на земја, но бргу ста-на. Луан загрижено го праша: „Си је, Блерим?“, а тој му одговори кратко: „Мир’!“ Кога ги слушна како зборува-ат албански, Ана се насмевна и рече: „Знаете дека ве разбрав што зборувавте?! Ти го праша: `Како си?`, а тој ти рече: `Добро!`“ Луан се изненади и одговори: „Токму така. Понекогаш и само со гледање што се случува, може да разбереш што кажуваат некои луѓе иако не го зборуваат твојот јазик“.

Page 58: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

56

Кога седнаа сите на клупата, почнаа да се договараат што да играат. Во еден мо-мент, Луан им кажа дека Блерим е мајстор за играње карти. То-гаш другите деца се сетија дека поминало многу време од по-

следниот пат кога играле карти, па решија да прават тоа.

Додека играа, децата многу се забавуваа зашто Бле-рим и Луан им ги кажуваа бројките како се кажуваат на албански. Па, другите деца само што ќе ги кажеа сите бројки до 10 без грешка еднаш, веќе наредни-

от пат немаше да се сетат како се кажува некоја од нив... Ама, по неколку повторувања, успеаја сите да ги на-учат: њ’, ди, тре, кат’р, пес’, ѓашт’, штат’, тет’,

н’нт’, дјет’!

До крајот на денот децата изиграа уште многу игри со Блерим и навистина убаво се дружеа. А вечерта веќе требаше да се поздрават со него зашто тој утреден-та рано си заминуваше дома. Децата од дружината МЕЛА застанаа околу Блерим и сите истовремено сил-но го гушнаа од сите страни, па му рекоа: „Мирупаф-шим, Блерим!“ зашто на албански така се кажува „Пријатно!“, а Ениса уште еднаш се стрча да го гушне и му го кажа истиот поздрав и на ромски: „Џи Дикибе!“

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: РАМКА ЗА СЛИКА

Page 59: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

57

Page 60: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

58

Кога се зборува за полови разлики меѓу луѓето, тогаш се мисли на оние разлики кои произлегуваат од половата припадност, а кои имаат биолошка поддршка. Тука спаѓаат оние што се поврзани со репродуктивните функции и со секундарните сексуални карактеристики.

Од друга страна, кога одреден збир на особини и однесувања кои потекнуваат од културата, односно средината, му се припишуваат некому само затоа што е машко или женско, тогаш станува збор за родови разлики. Така, овие родови разлики градат слика дека: за разлика од девојчињата, момчињата не смеат да плачат; долгата коса е за девојчињата, а кратката – за момчињата; со колички си играат момчињата, а со кукли – девојчињата; девојчињата треба да готват, а момчињата да играат фудбал; розовата боја е за девојчињата, а сината – за момчињата. Ваквото креирање на родови разлики може да води кон дискриминација на оние кои не влегуваат во овие однапред зададени „слики“, а може и да го попречува индивидуалниот развој на било која единка која, наместо да ги следи своите потреби и интереси, се обидува да ги задоволи овие однапред зададени шаблони за да не биде осудувана од околината.

Не смее да се занемари и фактот дека, како што постојат биолошки разлики меѓу двата пола, исто така постојат и големи индивидуални разлики меѓу припадниците на еден ист пол, како во рамките на една култура, така и во споредба со други култури. Во таа смисла, потребно е прифаќање на автентичните особини и однесување на било која единка, наместо градење очекувања за тоа какви треба единките да бидат според однапред дефинирани шаблони, сè додека со нив таа не го загрозува задоволувањето на потребите на некоја друга единка.

Работилница:

И ЗА ДЕВОЈЧИЊА, И ЗА МОМЧИЊА

Работен лист за воспитувачката: Девојче и момче – 1 примерок

Работен лист за учесниците: Скриени работи – по 1 примерок за секој пар

Сликовница: И за девојчиња, и за момчиња

Хартија – неколку

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Селотејп – 1

Ножички – 1 големи

Кукла – 1

Количка за играње – 1

Топка – 1

Материјал за овошна салата (овошје, ножеви, чинии, салфети)

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 61: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

59

1 Активност Сите стојат во круг и, еден по еден, секој го кажува своето име онака како кога е среќен. По секого, останатите во групата истовремено го повторуваат името и тоа на ист начин како што било кажано.

Потоа се игра и втор круг, но сега, еден по еден, секој го кажува своето име изговарајќи го онака како кога е тажен. По секое кажано име, целата група истовремено него го повторува на истоветен начин.

4 Активност Сите застануваат во круг. Се зема една кукла која се додава од еден на друг, но така да не падне на земја, додека да стигне до последниот. Ова се повторува во неколку наврати, а дополнително може да се мери и времето за да се стимулира натпревар на самата група со себе, односно дали ќе успее во следен наврат побрзо да ја пренесе куклата од почеток до крај.

Потоа се повторува истата постапка, но сега со пренесување на една мала количка за играње.

2 Активност Сите се делат во мали групи и секој добива по еден мал претходно исечен лист, па на него црта некоја ситуација во која заплакал.

Кога сите ќе завршат, застануваат во круг и, по ред, секој го покажува својот цртеж на групата и накратко кажува за каква ситуација станува збор.

Потоа воспитувачката ги лепи на видно место претходно исечените ликови од РЛ за неа: Девојче и момче, оставајќи доволно простор околу нив, па сите момчиња ги залепуваат своите цртежи околу ликот со момче, а девојчињата – околу ликот со девојче. На крајот, се заклучува дека тагата е нормално чувство што се јавува кај секој човек заради различни причини и дека е нормално да бидат тажни и да заплачат и момчиња и девојчиња.

3 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката покажува кон претходно залепените ликови од РЛ за неа: Девојче и момче, па ги прашува учесниците од каде знаат дека едната фигура е момче, а другата девојче, додека да се дојде до биолошките разлики.

Потоа воспитувачката им лепи по една иста претходно исечена сеченка од истиот РЛ на едниот и на другиот лик и прашува дали тие се сè уште момче, односно девојче и така со ред додека да ги залепи сите видови на сеченки. Доколку за некоја сеченка се добие негативен одговор, се посочуваат/бараат примери од секојдневието кои говорат во прилог на тоа дека било што од тоа што е прикажано на сеченките не е биолошки одредено со самиот пол на некого и дека тоа се работи кои може да ги практикува секој, независно од полот.

Page 62: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

60

ДИСКУСИЈА:

1

2

3

4

5

6

Дали можат да заплачат и девојчињата и момчињата?

Дали по должината на косата може да се каже дали е некој момче или девојче? Зошто?

Дали има играчки кои се само за момчиња и други кои се само за девојчиња? Зошто?

Дали можат девојчиња да играат фудбал, а момчиња да готват? Зошто?

Дали има бои на облека кои се само за момчиња и оние кои се само за девојчиња? Зошто?

Од каде само може да знаеме дали некој е момче или девојче?

6 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: И за девојчиња, и за момчиња, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

5 Активност Сите се делат во парови, а секој пар добива по еден примерок од РЛ за учесниците: Скриени работи, па во цртежот треба да ги најде оние работи кои се прикажани подолу на листот и да ги заокружи.

7 Активност Најпрво сите заедно имаат подготвено овошна салата за секој, а порциите се ставаат на крајот од една патека од неколку столчиња кои се поставени на извесно растојание едно од друго. Сите се наредени во колона и, еден по еден, ја поминуваат патеката водејќи топка со нозете околу секое столче. Кога ќе стигнат до крајот, секој зема по една порција овошна салата, па сите заедно јадат.

Page 63: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

61

СЛИКОВНИЦА: И ЗА ДЕВОЈЧИЊА, И ЗА МОМЧИЊА

Беше убав сончев ден, па децата од дружината МЕЛА, како што си го викаа децата своето друштво според првите букви од нивните имиња, си седнаа на ќебе во паркот околу зградата каде што живееја. Зборуваа за разни работи, кога покрај нив помина едно дете од другата зграда. Марко го препозна бидејќи порано одеше заедно со него во градинка. Тој брзаше со мајка му, па само кратко се поздравија. Но, средбата со него на децата од дружината им побуди многу спомени од тоа време. Се сетија кој какво шкафче имал, каде им стоеле играчките, што најмногу сакале да играат, каде шетале, на кое јадење најмногу му се радувале, кои активности со воспитувачката им биле најинтерес-ни... Децата сè уште се сеќаваа многу добро и со многу љубов, па дури и посакаа пак да можат да се вратат таму, барем на неколку дена.

Но, во еден момент Марко се сепна и рече: „Ајде да се вратиме пак во градинка, но да предложиме неколку работи што ќе бидат најстрого забранети!“ Сите го погледнаа чуд-но зашто никому не му беше јасно на што

мисли точно. Тогаш тој објасни: „Сега се сетив и на не-кои други работи што се случуваа таму, а што не беа толку убави. На пример, се сетив дека еднаш нешто си цртав и помина едно дете кое намерно ми истури вода врз цртежот. Мене тоа многу ме погоди и запла-кав, а воспитувачката само дојде и ми рече: `Ајде, не плачи – машко си! Момчињата не треба да плачат!` То-гаш уште полошо се почувствував...“ Ениса се натажи: „Можам да замислам како ти било! Тебе ти било теш-ко и ти се плачело, а некој не ти давал да плачеш. Како може така? Мене кога ми се плаче, слободно си пла-чам“. Но, тогаш и Луан се вмеша: „Добро, ама девој-чиња кога плачат, никој ништо не им забранува. А на некое момче, кога ќе заплаче, и јас сум слушнал така да му речат“. Ана многу ја погоди ова што го слушна и рече: „Марко, зошто никогаш до сега не си ми кажал за ова?“ Тој ја наведна главата и тивко одговори: „Па, ми беше срам. Си мислев дека во градинка е така – мом-чињата не треба таму да плачат“. Ана тогаш објасни: „И девојчињата и момчињата имаат каналчиња во очите од каде им излегуваат солзите. Значи, и едните

и другите може да плачат. Не знам од каде ли некому му паднало на памет дека солзите не се за момчиња-та?! Во болница кога ќе се роди бебе, тоа плаче и ако е женско и ако е машко. А сети се и на тато – и двајцата сме го виделе неколку пати да заплаче“. Ениса дода-де: „Кога ти е тешко на душата и ти доаѓаат солзи, по-добро е да си поплачеш и барем за малку ќе ти биде полесно отколку да си забрануваш, мислејќи што ќе речат другите!“

Сега Луан беше тој што се сети на нешто друго од градинка: „А јас се сеќавам кога дојде едно момче со розева блуза во гра-динка, па една група деца кога почнаа да му викаат: `машко петле – шарено девој-че`!“ Ениса додаде: „А детето сигурно си било среќно со блузата. Можеби ја добило како подарок за роден-ден...“ Сега Марко налутено се вмеша: „Тоа е многу без врска кога некој ги дели боите на машки и на женски. Не постои такво нешто. Секоја боја може секој да ја носи. И јас имам една розева кошула што си ја са-кам многу“. На тоа Ениса возврати: „Исто како што јас имам омилена блуза што е сина! Толку ја сакам што, да можам, секој ден би ја носела – и лето и зима!“

Ана нешто се замисли, па сакаше да сподели: „Кога веќе зборуваме за такви случки што не биле фер – се се-тив што ми се случи пред некој ден. Играв фудбал со децата од одделение. Едно де-војче, кога виде што правам, ми дофрли дека сум била `машкоданка`. Не знаев што значи точно тој збор, ама разбрав дека сака да ме навреди. Јас само ѝ реков дека уживам да играм фудбал, независно дали со момчиња, со девој-чиња или во `мешана` екипа. Таа тогаш кисело се на-смеа и си замина“. Луан се насмеа, па рече: „Што не го покани девојчето да проба како изгледа да води топ-ка со нозете и колку вежбање треба за тоа навистина

Page 64: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

62

добро да го прави како тебе? Таа не може ни да замис-ли колку си среќна кога ќе дадеш гол или кога убаво ќе ја подадеш топката на некој од твоја екипа...“ Марко озарено слушаше, па дополни: „Токму вчера гледав на телевизија фудбалски натпревар меѓу две женски екипи. Значи, кој што си сака, тоа може да си игра, ако има каде, со кого и ако никому не му пречи. Тоа е исто како да му се смееш на девојче кога игра со колички. А погледни на улица колку жени денес возат коли! Еднаш дури некои улици беа затворени за пешаци зашто ден-та имаше трка на жени со автомобили, па моравме да се враќаме со моите од околните улици“.

И Ана се сети на слич-на ситуација: „Слично е и ако момче игра со кукли! Зар се напра-вени тие само за де-војчиња? А види колку чудно: кога ќе пораснат момчињата, многу од нив ќе станат татковци и ќе сакаат да играат

со своите деца!“ Па и Ениса се сети на една слична не-фер случка: „Се сеќавате кога беше многу топло и кога си ја потшишав косата многу кратко? Многу убаво се чувствував зашто ништо не ми пречеше и косата не ми држеше топло. Но, утредента, едни деца почнаа да викаат дека кратка коса била само за момчиња!“ Кога го слушна ова Марко, налутено рече: „Од каде им е таа идеја? Мојата омилена пејачка има кратка коса и из-

гледа многу убаво! Се сеќавам дека и тебе, Ениса, мно-гу убаво ти стоеше. Тоа е исто како да речеш на некое момче дека не смее да има долга коса затоа што таа била само за девојчиња! А имам видено безброј мом-чиња со долги коси – пејачи, глумци, фудбалери..., па ништо не им недостасува!“

Така зборувајќи, деца-та од дружината МЕЛА не ни забележаа колку бргу почна да се стем-нува. Пред да заминат дома, Луан рече: „Би-дејќи многу деца ми-слат дека само девој-чињата треба да го-тват, може ли прво на-кратко да дојдете сите кај мене дома? Имам одличен рецепт за една прекрас-на овошна салата!“ Само што слушнаа, сите со насме-ани лица потрчаа кон домот на Луан за да го пробаат неговото најново готвачко чудо! Тој нема-нема, па зна-еше да ги изненади со нешто што научил да направи во кујната и секогаш тоа беше толку вкус-но, што на крај сите бараа ако има уште по некоја порција. Никој не се сомневаше дека и овој пат ќе биде така.

Page 65: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

63

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧКАТА: ДЕВОЈЧЕ И МОМЧЕ

  

 

 

 

 

 

  

 

 

 

 

 

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: СКРИЕНИ РАБОТИ

Page 66: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

64

Во оваа приказна има низа работи, однесувања, начини на изразување чувства кои што се прикажани на начин различен од вообичаениот.

Во приказните најчесто момчињата се прикажани како храбри, активни, суперхерои, а девојчињата како послушни, мирни, кои лесно се растажуваат. Според природата на психолошките процеси карактеристични за возраста, децата на возраст од 4 до 6 години тежат да создаваат стереотипи и, врз база на она што секојдневно го гледаат и слушаат, да прават генерализации и заклучоци што важат за сите ситуации. Затоа е важно да се знае дека претставите што се создаваат кај децата за родовите улоги преку приказните воопшто не се наивни бидејќи децата немаат однос дека тоа е така во приказните, а дека во реалноста е поинаку. Многу е важно со децата да се дискутираат стереотипните претставувања на родовите улоги во приказните и да се поттикнуваат и самите да креираат нетипични ликови и ситуации.

Доколку се воспитуваат во средина неоптоварена со типични социјални родови улоги, децата ќе можат на автентичен начин да се развиваат, слободно да ги изразуваат чувствата и да ја истражуваат својата посебност и специфичност. Важно е да растат со пораката дека се во ред и дека ништо не им недостасува ако покажуваат интерес и афинитети кои во средината се најчесто перцепирани како карактеристични за другиот пол и никако не смее да се исмеваат или да се омаловажуваат заради тоа. Децата од различен пол на возраст од 4 до 6 години по ништо не се разликуваат меѓу себе во однос на вродените карактеристики. Возрасните и социјалната средина се тие што интервенираат уште на многу рана возраст и ги вкалапуваат децата во одредени социјални улоги, па затоа имаме впечаток дека природно е девојчињата да сакаат кукли, а момчињата – автомобилчиња.

Добро е децата уште од предучилишна возраст да се изложуваат на ситуации, приказни, играчки кои стимулираат рамноправност меѓу половите, да се поттикнуваат да играат секакви игри и да не се двојат активностите и однесувањата на децата на „машки“ и „женски“.

Работилница:

ПЕПЕЛАШКО

Работен лист за воспитувачот: Тврдења за машки и женски пол – 1 примерок

Работен лист за учесниците: Илустрации за Пепелашко и Пепелашка – по 1 дел за секоја мала група

Сликовница: Пепелашко

Боички – по 1 комлет за секоја мала група

Ножички – 1 големи

Хефталка – 1

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 67: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

65

1 Активност Сите седат во круг. Воспитувачот чита едно по едно тврдење од РЛ за него: Тврдења за машки и женски пол (дел 1), а по секое тврдење останатите треба да покажат дали мислат дека е така (мафтаат со главата во знак на потврдување) или дека не е така (мафатаат со главата во знак на отфрлање).

7

8

ДИСКУСИЈА:

1

2

3

4

5

6

Што беше необично во оваа приказна?

Може ли да се заменат улогите и сѐ што обично прават момчињата во приказната да биде раскажано како да го прават девојчињата и обратно?

Дали може и на некои момчиња и на некои девојчиња да им е важно да бидат убави и нежни?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачот им ја чита приказната од сликовницата: Пепелашко, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Дали и на момчињата и на девојчињата им доаѓа да плачат? Како можеме да им помогнеме на сите деца да си покажат како се чувствуваат?

Кој може да ги работи работите по дома? Дали само мајките или и мајките и татковците? Зошто е важно да се делат обврските дома?

Што можат да прават женските, а не можат машките и обратно? Има ли такви работи?

Како луѓето решаваат да живеат заедно? Дали е доволно само да се видат и да си се убави еден на друг, па да посакаат да се во брак или треба да се запознаат, да видат дали си одговараат, па после да решат? Кој треба да реши – мажот, жената или и двајцата?

Што друго е необично во оваа приказна?

Оваа приказна, дури и преработена на овој начин, сè уште е обременета со низа стереотипи, кои заради возраста на децата и нивната ограничена способност да се соочат со многу разновидни стереотипи одеднаш, не се проблематизирани. Затоа се препорачува во некои идни ситуации кога оваа приказна повторно ќе се обработува во семејно драмско или литературно катче, да се дискутира со децата начинот на кој е претставен односот очув – посвоено дете – родени деца, важноста на убавината во релациите меѓу луѓето и важноста на богатството и надворешниот изглед (облеката).

НАПОМЕНА

Page 68: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

66

3 Активност Сите се делат во мали групи и секоја група добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Илустрации за Пепелашко и Пепелашка. Секоја група треба да ја обои и едната и другата илустрација со упатство во боењето да користат нетипични или невообичаени бои за ликовите и нивната облека. Откако ќе се обојат, воспитувачот ги спојува илустрациите во една сликовница во која од едната страна е приказната за Пепелашка, а од другата – за Пепелашко. Оваа сликовница потоа може да се остави во литературното катче за да можат децата да ја разгледуваат кога сакаат.

Во некоја друга прилика воспитувачот може да предложи да се сменат улогите во некоја друга приказна позната за сите деца (на пр.: „Црвенкапа“ или „Спјадермен“) и самите деца да се обидат да направат илустрации за неа според начинот опишан погоре (на пр.: „Црвенкапко“ или „Спајдерменка“/„Спајдергрл“).

НАПОМЕНА

4 Активност Сите седат во круг. Воспитувачот чита едно по едно тврдење од РЛ за него: Тврдења за машки и женски пол (дел 2), а по секое тврдење останатите треба да покажат дали мислат дека е така (мафтаат со главата во знак на потврдување) или дека не е така (мафатаат со главата во знак на отфрлање). Се очекува и за последното тврдење учесниците по инерција да кажат дека е точно, но тогаш воспитувачот ги соочува со тоа дека некои работи навистина важат и се точни за сите деца и дека сите деца сакаат да си играат.

Page 69: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

67

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ: ТВРДЕЊА ЗА МАШКИ И ЖЕНСКИ ПОЛ

Дел 1:

1. Сите момчиња сакаат сина боја.

2. Сите девојчиња се плашливи.

3. Сите деца сакаат да си играат.

4. Сите девојчиња сакаат розова боја.

5. Сите момчиња се храбри.

6. Сите мајки сакаат да се шминкаат.

7. Сите жени носат штикли.

8. Сите татковци знаат да поправат автомобил.

9. Сите мажи имаат брада.

10. Сите жени имаат долга коса.

Дел 2:

1. Некои момчиња сакаат сина боја, а некои не сакаат.

2. Некои девојчиња се плашливи, а некои се храбри.

3. Некои девојчиња сакаат розова боја, а некои не сакаат.

4. Некои момчиња се храбри, а некои се плашливи.

5. Некои мајки сакаат да се шминкаат, а некои мајки не сакаат да се шминкаат.

6. Некои жени имаат долга коса и некои мажи имаат долга коса.

7. Некои жени носат штикли, а некои носат патики.

8. Некои татковци знаат да поправат автомобил, а некои не знаат.

9. Некои мажи имаат брада, а некои немаат.

10. Некои деца сакаат да си играат, а некои не сакаат.

Page 70: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

68

СЛИКОВНИЦА: ПЕПЕЛАШКО

Едно топло летно попладне, кога надвор сонцето сè уште силно печеше, само Ениса беше излезена над-вор. Таа си седеше на клупата под сенката и си чи-таше една сликовница. Нејзе ѝ беше многу забавно. Ја читаше сликовницата и се смееше. По некое вре-ме излегоа и други деца и Ениса веднаш ги викна да дојдат за да им ја прочита приказната за Пепелашко.

Луан си помисли дека Ениса згрешила и ја поправи: „Мислиш за Пепелашка!“

Ениса се побуни и кажа дека не е за Пепелаш-ка, туку за Пепелашко. И почна да им ја чита: „Многу одамна си жи-вееше едно момче – тоа се викаше Пепе-лашко. Имаше многу мазна кожа, виткана коса и големи убави

кафени очи, и многу, многу нежна насмевка. Мајка му постојано беше на работа, а неговиот очув и двајцата полубраќа многу лошо се однесуваа кон него. Тие ни-когаш не работеа ништо по дома. Постојано го тераа Пепелашко да чисти, да брише прав, да готви, да ја пере облеката, да ги мие садовите и што ли уште не”.

Матеј, едно од децата на игралиштето, многу се за-чуди и рече: „Леле каква приказна! Нема шанси маш-ко да пере, да пегла... Пих, па тоа се женски работи!“ Марко налутено го погледна и рече дека во неговото семејство не постојат машки и женски работи. Кај него татко му пере и готви, а мајка му мие садови и брише прав.

Ениса продолжи со чи-тањето на приказната: „Полубраќата постоја-но добиваа нови и уба-ви кошули, модерни фармерки и чевли, а Пепелашко секогаш ја носеше нивната изно-сена стара облека.

Еден ден на телевизија кажаа дека принцезата Кла-ра сака да се мажи. Затоа таа ги повикува сите млади момчиња од кралството да дојдат во нејзината пала-та на бал за да се запознаат и да може да си одбере момче.

Таткото возбудено ги подготвуваше браќата, ги одне-се на фризер да се потстрижат, им купи нови панта-лони и кошули, им ги светна чевлите со четка и боја и ги намириса со еден преубав мирис. Беа подготвени за балот!

Пепелашко тажно ги гледаше од страна и едвам се ос-мели да праша: „А дали може и јас да дојдам?“

Таткото му одговори со потсмев дека може да дојде, но дека прво ќе мора да ја исчисти терасата, да ги ис-пере теписите и да ја испегла облеката. На крај му се изнасмеа: „Ха, ха, ха, ќе ти треба неколку дена за да го направиш сето тоа!“

Браќата отидоа на балот, а Пепелаш-ко остана сам дома! Многу беше тажен и несреќен и си сед-на на подот и почна тажно да плаче. Дол-го плачеше и целото лице му беше обле-ано во солзи, дури и рамениците му се тресеа”.

Едвин, другар на Ениса од училиште, негодуваше: „А бе, каква приказна е ова? Машко да плаче!? Машките се храбри, а не се плачковци!“

Ениса, престана со читањето на приказната и веднаш му одговори: „Ако плачеш кога ти е тешко, кога нешто те боли или кога си навреден, нема врска со храброст. Може и да си храбар и да плачеш”.

Марко потврди и рече дека неговата сестра Ана е многу храбра, дека таа не се плаши од темница, а и тој, кога е со неа, не се плаши.

Ениса повторно про-должи со читањето: „Одеднаш се поја-ви еден многу мал и светкав самовил!“ Е на ова, Ана зачуде-но извика: „Што се појавил? Самовил? Е тоа не може. Има са-мовил – А, а не само-вил!!!“ Луан побрза да си го каже своето мислење: „А зошто да нема? Баш убаво се сетиле, како Петар Пан, целиот во зелено и лета! Мене ми е супер”.

Page 71: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

69

Ениса продолжи со приказната: „Самовилот веднаш му ја исполни желбата: со своето волшебно стапче не-говата искината облека веднаш ја претвори во нови, чисти и испеглани кошула и панталони, му направи и вратоврска. Шест глувчиња претвори во прекрасни бели кобили, а тиквата во кочија. Пепелашко беше пре-среќен и му се заблагодари на самовилот. Самовилот му рече: „Оди Пепелашко и убаво да си поминеш. Само запомни! Мора да се вратиш пред полноќ затоа што магијата тогаш ќе исчезне”.

На балот, кога принцезата го здогледа Пепелашко, вед-наш ја привлече неговата убавина и посака да танцува со него. Додека танцуваа, си разговараа, се запозна-ваа и уживаа еден со друг. Но, времето поминуваше и кога часовникот почна да отчукува полноќ, Пепелашко се сети дека треба да си оди и бргу, бргу се оддели од принцезата и со трчање се симна по скалите. Така бр-зајќи, едниот чевел му се соблече и му остана на ска-лите, но не смееше да се врати за да го земе. Кога се врати дома, пак беше стариот Пепелашко затоа што магијата исчезна.

Следниот ден принце-зата го зеде чевелот и реши да го пронај-де убавото момче со кое танцуваше. Таа им кажа на своите помош-ници да одат од куќа до куќа и на сите момчиња да им го пробуваат че-

велот. Момчето на кое ќе му биде точен чевелот е неј-зиниот симпатија со кого танцуваше минатата вечер. Кога стасаа до куќата на Пепелашко, помошниците му го облекоа чевелот на едниот син, ама му беше мал. Па на другиот, ама му беше голем и кога сакаа да си одат една мачка ги повлече за панталоните и ги однесе во дворот каде што беше Пепелашко.

Таткото кога ги виде им рече: „Не си го губете времето со него, тој не беше на балот”. Сепак, помошниците не го послушаа и му го пробаа чевелот на момчето. Сите беа зачудени кога видоа дека чевелот му е сосема то-чен.

Потоа Пепелашко отиде во замокот на принцезата да поживеат малку заедно за да се запознаат подобро”.

Едвин повторно се побуни: „Како да не! Приказни-те завршуваат со ‘...се омажиле и живееле среќно до крајот на животот’, а не вака!“

Овој пат Луан изненадено му рече: „Како да се омажат кога не се знаат!? Мора малку да се запозна-ат!“

Ениса силно ја затвори сликовницата и ја ста-ви настрана: „Ееее, сто пати ме прекинавте! Не ви читам веќе вакви приказни. Што ви беше толку чудно!“

Page 72: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

70

Работен лист за учесниците: Илустрации за Пепелашко и Пепелашка  

 

  

Работен лист за учесниците: Илустрации за Пепелашко и Пепелашка  

 

  

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ИЛУСТРАЦИИ ЗА ПЕПЕЛАШКО И ПЕПЕЛАШКА

 

 

 

 

 

 

Page 73: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

71

Page 74: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

72

Ниту едно дете не би се чувствувало убаво ако не го пуштаат другите деца да си игра со нив. Во такви ситуации отфрлените деца обично се чувствуваат тажно, осамено, навредено и се повлекуваат, а некогаш може и да се налутат и да станат агресивни. Сите деца имаат потреба да играат и да припаѓаат на група. Секое дете има право да си игра независно од неговото потекло и способности, а возрасните треба да обезбедат услови сите деца да бидат вклучени во игрите.

Група деца може од различни причини да не дозволува некое посиромашно дете да се приклучи на играта. Една од причините може да биде стереотипот дека децата што се сиромашни се и крадци, но може да биде и поради тоа што разликите што ги забележуваат на прв поглед (на пр., искината облека, дупната топка) ги сметаат за непремостливи или пак се премногу задлабочени во играта и не сакаат да се прекинат.

Не е фер некое дете да биде исклучено од играта само затоа што е посиромашно од другите. Сите деца имаат исти потреби, без оглед на парите што ги заработуваат нивните родители. На посиромашните деца и луѓе може да им се помогне со давање/подарување играчки, облека, храна, со помош во учењето. Прво треба, без да се срамат, да бидат прашани што им треба (со помош на возрасните) и што сакаат да добијат, но најмногу од сѐ може да им се помогне ако со нив другите се однесуваат исто како и со сите други деца – без да мислат нешто лошо за нив само затоа што се сиромашни и без да ги исмеваат или навредуваат. Нив најмногу им значи ако се прифатени и ако со нив се другарува на ист начин како со други деца или членови на семејството.

Работилница:

АНДРЕЈ И МАЧЕТО

Работен лист за учесниците: Смешко и Таженко – по 1 дел за секој

Работен лист за учесниците: Андреј и дете од дружината МЕЛА – по 1 дел за секоја мала група

Сликовница: Андреј и мачето

Хартија – по 1 за секој

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Селотејп – 1

Лепило – по 1 за секоја мала група

Ножички – по 1 мали за секој и 1 големи

Шпатули – по 1 за секој

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 75: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

73

1 Активност Воспитувачката вели дека оваа средба ќе ја започнат со еден другарски поздрав, па учесниците формираат два круга: внатрешен и надворешен – свртени едни кон други, така што секој од надворешниот круг прави пар со друг од внатрешниот круг. На даден знак, учесниците велат: „Еден, два, три – ние сме другари!“ и се прегрнуваат. Потоа оние од надворешниот круг одат еден чекор на лево и застануваат пред друг учесник и ја повторуваат активноста. Опишаната постапка се повторува неколку пати.

2 Активност Сите се делат во мали групи, па секој добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Смешко и Таженко, ги сече двата круга, па на едниот круг црта насмеано лице (Смешко), а на другиот – натажено лице (Таженко). Потоа круговите ги лепи еден со друг, а меѓу нив става шпатула за да добие палка на која на едната страна е насмеаното лице, а на другата – натаженото.

Се поведува кус разговор за тоа како се чувствуваат децата кога се заедно со други деца и си играат, а како кога некој не ги пушта во играта. Потоа учесниците се прашуваат дали има некои деца што не сакаат барем понекогаш да си играат со други деца или тоа е заедничко за сите деца на светот.

На крај, воспитувачката им вели на учесниците да ги држат палките во раце и дека, кога ќе дојде време во приказната, ќе треба да ги кренат.

ДИСКУСИЈА 1: (ПО СЛИКА 2)

1

2

5

4

3

Како му е на Андреј сега? Кренете ја палката од страната на лицето кое мислите дека покажува како му е на Андреј!

Зошто е натажен? Како би се чувствувале вие да сте на местото на Андреј?

Зошто Ана не сака да си игра со Андреј? (мисли дека краде затоа што е сиромашен и дека ќе им го украде мачето)

Зошто Ениса не сака да си игра со Андреј? (има неугледна облека, а неа многу ѝ е важна облеката)

Дали Луан и Марко го викнале Андреј да си игра со нив? Зошто?

3 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: Андреј и мачето, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа. Онаму каде е означено, се прекинува со читање и следи Дискусија 1, па се продолжува со читањето до крај.

Page 76: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

74

ДИСКУСИЈА 2:

1

2

6

4

5

3

Дали сите деца имаат по нешто заедничко и по нешто различно со Андреј?

Што е поважно за другарувањето – облеката што ја носат децата или игрите што заедно можат да ги играат?

Дали само од тоа како изгледа некое дете (како е облечено) можеме да знаеме какво е и дали може со него да ни биде убаво дружењето?

Што треба да направиме за да знаеме дали некој ни одговара за играње?

Што можеме да направиме и децата што се посиромашни да се чувствуваат среќно и задоволно?

Дали е важно само да им даваме работи или и да се дружиме?

4 Активност Сите продолжуваат да работат во малите групи кои се претходно формирани и секоја група добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Андреј и дете од дружината МЕЛА, па треба да најде барем една работа по која двете деца се исти/слични (ги заокружува со зелена боја) и една работа по која се различни (ги заокружува со сина боја), а потоа децата да се обојат.

Кога сите ќе завршат, цртежите се лепат на видно место.

5 Активност Секој добива лист и црта што би направил за некое дете што е посиромашно, па потоа цртежите се лепат на видно место.

Page 77: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

75

СЛИКОВНИЦА: АНДРЕЈ И МАЧЕТО

На игралиштето пред зградата другарите од дружи-ната МЕЛА, како што си ја нарекуваа децата според првите букви од своите имиња, си играа заедно гра-дејќи живеалиште за мачето што го најдоа во дворот одзади. Ана го спаси мачето од едно дрво на кое беше качено и не можеше да се симне, а потоа веднаш го однесе кај другарите.

„Види Луан, најдов маче!!! Ајде да го чуваме, да биде наше маче!“ – рече Ана.

На тоа, Луан одговори: „Ајде, ајде, и јас многу сакам мачки. Ќе му направиме место за живеење таму кај цвеќињата, на крајот од дворот. Одам да земам суви гранки и листови”.

Ениса, со мудар тон, им се обрати: „Внимавајте, ако заврне, мачето ќе ни накисне. Треба и нешто тврдо одозгора да ставиме, нешто што не пропушта вода за да биде покрив на куќичката. Може да најдеме од некаде штици од стара ограда и од нив да го напра-виме покривот”. На предлогот се придружи и Марко, вадејќи ги боичките од под количката: „Супер идеја, а јас ќе ја украсам и ќе ги обојам куќичката и чинијата за млеко!“

Додека децата се дого-вараат кој што ќе пра-ви, не ни забележаа дека стои едно дете блиску до нив и вни-мателно ги слуша и ги гледа. Андреј, така се викаше детето, е об-лечен во постара и по-дискината облека, а во

рацете држеше една дупната топка. И тој сакаше да се вклучи во играта и полека им се приближуваше. Прва го здогледа Ана и веднаш рече: „Леле, види го оној, просјакон. Ќе дојде и ќе ни го украде мачето. Да не го пуштиме да ни се придружи!“

Детето продолжи да оди и кога стаса блиску до нив, тивко ги праша: „Може и јас да правам куќичка за мачето?“

Луан накратко ја зав-рти глава бидејќи беше многу занесен во

расчистувањето на местото за живеење на мачето и само кратко му рече: „Не може, ај оди си, не ни пречи!“

Марко ја боеше куќичката и воопшто не го слушна Андреј. Ениса молчеше и неколку пати погледна де во својата нова облека де во неговата стара облека и на крај му сврти грб. Андреј ја наведна главата и си замина.

Следното утро децата, кога излегоа пред зграда, се упатија веднаш кон живеалиштето на мачето и беа многу разочарани кога видоа дека го нема, а Ениса дури почна и да плаче.

Тогаш го видоа Ан-дреј со мачето во рака како трча кон нив. Ана веднаш поч-на да вика: „Крадец еден, веднаш да ни го вратиш мачето!“

Андреј збунето за-стана и рече: „Не сум крадец, јас ви го враќам мачето. Тоа беше качено на едно дрво и тажно мјаукаше, па јас се качив на дрвото и го спасив. Еве, сега ви го враќам“, и му го подаде на Марко.

Ана многу се засрами за тоа што неправед-но го обвини Андреј дека е крадец само заради тоа што ѝ из-гледаше по облеката и по топката дека е сиромашен и веднаш му се извини. „Извини Андреј, не си крадец. И ти си сакал мачиња. А сакаш и да се качуваш по дрвја? И јас многу сакам да се качувам! Сакаш заед-но да се качуваме? Има едно дрво онаму и на него ми дозволуваат да се качам. Ајде да видиме кој прв ќе се качи до врвот?“

„Ајде!“ – рече Андреј и двајцата бргу се стр-чаа кон дрвото.

Другите деца останаа со мачето и си збору-ваа дека воопшто не

Page 78: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

76

било фер што не го пуштиле Андреј со нив да го чува мачето и дека, кога ќе се врати, ќе го прашаат што сака да си игра за да го вклучат и него во игрите.

Луан се сети дека претходниот ден Андреј имаше топ-ка во рацете и предложи да го прашаат дали сака да игра кошарка или фудбал со нив.

Марко се согласи со неговиот предлог и додаде: „А, мо-жеби сака да бои. Ќе го прашам, па може да ја обоиме куќичката заедно”.

Ениса малку се подзамисли, па рече: „А јас ќе ја пра-шам мама дали може Андреј да дојде кај мене за да ја види смалената облека од братучед ми. Ние секогаш ја подаруваме таа об-лека или на помалите деца на некои прија-тели или ги носиме во Црвена полумесечи-на или во Црвен крст. Овој пат Андреј може сам да си одбере об-лека од кај нас, ако сака”.

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: СМЕШКО И ТАЖЕНКО

Page 79: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

77

Работен лист за учесниците: Андреј и дете од дружината МЕЛА 

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: АНДРЕЈ И ДЕТЕ ОД ДРУЖИНАТА МЕЛА

 

 

Page 80: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

78

Свадба е свеченост со која се обележува желбата на маж и жена да стапат во брак и да почнат заеднички живот. Постојат многу начини на кои може да се прослави почетокот на заедничкиот живот, но најчесто тоа се прави со веселби на кои доаѓаат многу гости, роднини и пријатели на младите и на нивните родители и најчесто се играат ора.

Ората се народни игри во кои луѓето се држат за раце и се движат со исти чекори вртејќи се во круг. Луѓето од различни места, од различна вероисповед и етничко потекло имаат свои посебни ора. Едно од ората што е заедничко за повеќето етнички групи во Р. Македонија е Пајдушкото оро, но има и други.

Многу често на една иста музика, со мали измени, различните групи луѓе направиле различни текстови на песните. Најчесто има песни во кои се оплакува разделбата на невестата со родителите, се фали убавината на невестата, се посакува љубов и убав живот на младоженците. Музиката што најчесто се свири е народна и се користат разни инструменти: тапани, кларинет, дајре, синтисајзер, хармоника.

Атмосферата на свадбите е весела, се послужуваат најубавите пијалаци и јадења. Гостите доаѓаат облечени во свечена облека, а невестите најчесто се облечени во раскошни, долги бели фустани, со превез на главата.

На традиционалните ромски свадби жените често облекуваат шалвари – широки панталони со многу набори. На традиционалните албански свадби невестата и по неколку пати ја менува облеката, а на традиционалните македонски свадби невестата треба да му ја згазне ногата на младоженецот за да „ја слуша“.

Дајрето е традиционален народен инструмент што го користат различните етнички групи во Р. Македонија. Дајре е еден вид мал, рачен тапан со една опна, растегната на дрвен, а понекогаш и на метален обрач. По должината на обрачот има отвори во кои се вметнати прапорци или метални плочки. Инструментот се тресе, се удира со рака или се струга по опната или по обрачот, при што прапорците ѕвечкаат. Се случува во највеселите мигови на свадбата невестата да го земе дајрето во своите раце и удирајќи на него да го води орото.

Работилница:

СВАДБА

Работен лист за воспитувачот: Дајре – 1 примерок2

Сликовница: Свадба

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Креда – 1

Ножички – 1 големи

Перфоратор – 1

Хартиени чинии (кружни) – по 1 за секој

Волница – 1

Букет цвеќе (цвеќе од хартија или некоја мека играчка што може да симболизира букет цвеќе) – 1

ЦД плеер, компјутер со звучници или мобилен телефон

Пајдушко оро (музика)

Макарони (со големи дупки, во различни големини) – по 8 за секој

2 Преземено од http://www.craftsuprint.com/view-project.cfm?id=280 на 19.06.2014

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

При обработка на оваа работилница добро е воспитувачите/ките да се запознаат со карактеристичните обичаи на разните етнички групи што живеат во нивниот регион и истите да им ги раскажат на децата.

НАПОМЕНА

Page 81: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

79

1 Активност На подот со креда се нацртани кругови за кои се вели дека се прстени, а секој треба да застане во еден таков круг. Воспитувачот држи букет цвеќе, застанува на крајот од просторијата свртен со грб кон учесниците и вели дека ќе го фрла букетот кон нив како што обично тоа се прави на свадбите – преку своето рамо, а учесниците треба да се обидат да го фатат без да излезат од круговите. Оној што ќе го фати букетот, тој е следниот кој на ист начин го фрла букетот, па така активноста се повторува неколку пати.

3 Активност Во средината на просторијата се наредени столчиња во круг со делот за седнување свртен кон надвор (како за играта „Музички столчиња“). Сите стојат во круг, а воспитувачот пушта музика – Пајдушко оро, па сите треба да играат додека трае музиката како да се на свадба. Кога воспитувачот ќе ја прекине музиката, тоа е знак дека е време за „вечера на свадбата“ и сите треба да седнат на столчињата. Потоа воспитувачот вади неколку столчиња и повторно ја пушта музиката на која сите играат, па по некое време пак ја прекинува и сите треба да седнат на преостанатите столчиња при што никој не смее да остане да стои (со делење на столче, со седнување во скут). Воспитувачот во неколку наврати ја повторува постапката одземајќи по неколку столчиња, а на крајот треба да има само три до пет столчиња, зависно од големината на групата на кои треба да седнат сите.

ДИСКУСИЈА:

1

2

4

5

6

3

Што се прави на свадба?

Што се игра?

Каква музика се свири?

Што се слави на свадбите?

По што биле слични свадбите што ги правеле порано повеќето Македонци, Албанци и Роми?

Како се облечени невестите? На чија свадба се удира на дајре? На чија свадба се игра Пајдушко оро?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачот им ја чита приказната од сликовницата: Свадба, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 82: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

80

4 Активност Сите се делат во мали групи и секој добива по една кружна хартиена чинија („дајре“) на која на одредено растојание со перфоратор прави осум дупки близу до нејзиниот крај. Потоа добива осум големи тврди макарони со различна големина кои ги заврзува во дупчињата на „дајрето“ со осум парчиња волница или подебел конец (малку да висат за да може подоцна да се удираат од чинијата). На крајот секој со боички црта и бои на своето „дајре“. Чекорите за изработка на „дајрето“ се дадени во РЛ за воспитувачот: Дајре, па тој може однапред да изработи еден модел за себе што потоа ќе го користи во активноста.

Оваа активност е најсоодветна за деца на возраст од 5 и 6 години, а може да се спроведе и за време на заеднички работилници со родители. Доколку во групата има деца од 4 години, тогаш тие можат да добијат веќе направени „дајриња“ кои само ќе ги обојат и украсат.

НАПОМЕНА

5 Активност Сите го држат претходно направеното „дајре“ во рацете. Најпрво воспитувачот прави одредени звуци удирајќи во „дајрето“ по одреден ритам, а потоа учесниците слушнатото го повторуваат (на пр.: тресење на „дајрето“ од тивко кон погласно, тресење на „дајрето“ од погласно кон потивко, удирање на „дајрето“ со колк три пати по ред, удирање на „дајрето“ со разни паузи меѓу ударите).

Page 83: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

81

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ: ДАЈРЕ

Прво се означуваат местата, па потоа со перфоратор се прават дупки во чинијата.

Се протнува волница низ дупките и со неа се закачуваат макароните или други предмети што произведуваат звук кога се удираат на чинијата.

На чинијата се цртаат различни форми и се бојат.

Page 84: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

82

СЛИКОВНИЦА: СВАДБА

Нашите јунаци денеска попладне беа излезени во дворот пред зградата и си играа на игралиштето. Беше обично неделно попладне. Баба Нада и баба Шпреса си седеа на клупата под сенката, а дедовците играа домино на другата клупа.

Одеднаш се слушна гласна музика `там па ра рам пам, там пам, пам, пам’ и свирење од автомобили `тиииии-ит, тииииит’. Сите деца станаа да видат што се случу-ва. Ана за кратко време се врати и отиде да им каже на бабите што се случува и изнервирано рече: „СВАД-БА! Мразам свадби!“

Баба Нада многу се изненади од тоа што го рече Ана и ја праша: „Леле, како мразиш свадба?“

Ана уште понервозно и одговори: „Мразам! Гласна музика, свечени фустани, орооо, гладна сето време додека да стаса вечерата. Не, не, јас кога ќе пораснам никогаш нема да правам свадба!“

Тогаш дојдоа и други-те деца весело викајќи: „Свадба, свадба! Дојдоа по невестата!“

Баба Шпреса се насмеа и ги праша: „А вие се радувате на свадба, а?“ и сите три деца, Ениса, Луан и Марко, во глас

одговорија: „Дааааа, многу!“

Ениса со воодушевување рече: „Јас многу сакам свад-би. Сакам да ја гледам невестата, сакам да се сликам со неа, да се фатам до невестата на оро…”, а потоа и Марко продолжи: „И јас сакам свадби, а најмногу са-кам кога во голем ресторан има свадба и кога има место, и јас со количката да се фатам за орото и да играм и да се веселам”.

Баба Шпреса малку се замисли, а потоа почна да им раскажува на де-цата за нејзината свад-ба: „Ееее, јас се сеќавам на мојата свадба. Бев невеста и многу сакав да играм, ама неве-стата тогаш не треба-ше многу, многу да се весели, туку полека и

скромно да игра. Ама затоа на свадбата на брат ми се изнаиграв. Ќе го земев шамичето во рака и така до-терана, со долгиот фустан до земја, играв, играв дури да ме заболат нозете. А кога ќе ја засвиреа песната „Са е букур на ка дал нусја (Колку е убава невестата)“, уживав”.

И баба Нада се при-сетуваше на својата свадба: „А јас, пак, се расплакав на песна-та „Черешна се од ко-рен корнеше“, во која се пее за разделба-та на невестата од мајката! Е, а потоа, во текот на вечерта, играв многу. Дури и на маса се качив. Мене најубаво ми беше кога на крајот од вечерта заедно со дедо Зо-ран ја сечевме невестинската торта”.

Сите деца, освен Ана, внимателно слушаа, а кога баба Нада раскажуваше за тортата, Луан рече дека тој дел од свадбата, кога се јаде тортата, најмногу го сака.

Ениса, пак, додаде дека кога нејзини-от братучед правел свадба, најубаво и било кога ѝ го дале дајрето и кога го во-дела орото и удира-ла на дајрето.

Во тој момент и баба Нада и баба Шпре-са се сетија дека и на нивните свадби имало дајре и заедно извикаа: „И на мојата свадба имаше дајре!“ Само Луан беше зачуден, тој првпат слушна за дајре и ги замоли да му објаснат што е тоа. Баба Шпреса почна да објаснува: „Тоа е еден инструмент како мало тапанче со ѕвончиња од страните. Се држи во едната рака и се тресе, а може со другата рака да се удира по него“, и тоа беше доволно Луан да се сети дека го видел на свадбата на тетка му.

И Марко се присети дека еднаш и него му го дале за да удира на него. Тој дури и им покажа на другите како се тропа на дајрето, удирајќи со раката по тркалото од количката во определен ритам.

Page 85: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

83

Во тој момент се слуш-на гласна музика пред зградата и сите препо-знаа дека тоа се звуци-те од орото Пајдушко.

Баба Нада потскокна од клупата и стана да игра и го викна и дедо Зоран да го заиграат Пајдуш-

кото оро.

Баба Шпреса беше изненадена дека и баба Нада го знае ова оро. Тогаш сфати дека Пајдушко се свири и на македонски и нa албански свадби. Таа стана полека од клупата, се фати за баба Нада и заедно продолжија да играат.

И дедо Агим стана и се фати за баба Шпреса, а дедо Зоран, потпирајќи се на бастунот, полека се приближи,

па и тој се фати за дедо Агим и заедно заиграа. Дедо Евтим последен дојде и се фати за орото меѓу двете баби, велејќи: „Eх, уште ги слушам шалварите на баба Фата на свадбата како шушкаа кога го игравме ова оро. Го имаше и на нашата свадба”.

И додека бабите и дедовците играа Пајдушко оро, потсетувајќи се на своите свадби, децата од дружи-ната МЕЛА, како што се нарекуваа децата според првите бук-ви од своите имиња, со радост ги гледаа и удираа по клупата во ритамот на музиката, а Марко удираше по тркалата од количка-та.

Page 86: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

84

На зборот Цигани (Ѓупци) му се придава негативно значење затоа што со него се поврзани силно изразени стереотипи и предрасуди кон Ромите. Без оглед дали имале или немале директен контакт со Роми, кај припадниците на сите етнички заедници во Македонија се среќаваат стереотипи и предрасуди за Ромите. За Ромите најчесто се мисли дека се валкани, сиромашни, крадци, незаинтересирани за образование и др., но и музикални, весели, безгрижни. Децата ги формираат стереотипите и предрасудите за Ромите уште од најрана возраст, кога од возрасните слушаат најразличните коментари и/или „заплашувања“ какви што се: „Како си се облекла – како Циганка!“, „Седи мирен за да не те земе Старо купуем.“, „Облечи нешто на нозете – не оди бос како Циганите.“. Неретко родителите на децата не-Роми ги предупредуваат своите деца, да се држат понастрана од децата Роми за да не фатат некоја болест или вошки. Ваквите стереотипи се неоправдани и неопходно е нивно надминување.

Најдобар начин на надминување на стереотипите е директниот контакт со децата Роми. Доколку во градинката има деца Роми што се со приближно ист социо-економски статус и слична стимулативна семејна средина како децата не-Роми, стереотипите можат директно да се атакуваат преку креирање структурирани ситуации на рамноправен контакт какви што се: работа во парови и/или групи со мешан етнички состав, истакнување на сличностите во способностите меѓу деца со различна етничка припадност, поканување родители од различни „нестереотипни“ професии од двете етнички групи, празнување на празниците на Ромите со придавање иста важност како и на другите, учество на деца Роми во сите приредби и прослави, учење по некој збор на ромски од време на време (доколку децата Роми зборуваат ромски), користење приказни и песни или ликови значајни за децата со ромско потекло, вклучување возрасен Ром во групата (како воспитувач, негувател или како наставник по танц, физичко, англиски).

При вклучување на деца Роми со многу низок социо-економски статус во градинка, пристапот треба да се базира на еднакви потреби (како основа на градење позитивни интерперсонални односи), на социјална одговорност и на концептот за правата на децата (како основа на градење општ позитивен став кон децата Роми и пристап на помагање на лица кои во даден момент се во понезавидна положба). Во таквиот пристап се нагласува дека секое дете независно од потеклото, статусот, способностите има потреба од љубов и почитување, секое дете има потреба да се изрази себе си и да постигне најмногу што може, секое дете има потреба од сигурност и безбедност. Заедничка одговорност на сите е да создадаваат услови да се остварат правата на децата и со тоа да се задоволат нивните основни потреби. Во рамки на градинката и воспитувачките и децата имаат одговорност да обезбедат услови преку дружење, почитување, помагање сите деца во градинката да се чувстваат добредојдено, да си играат и да учат.

Работилница:

СЛУЧКИТЕ НА ЕНИСА

Работен лист за учесниците: Приказна во слики – по 1 дел за секоја мала група

Работен лист за учесниците: Приказна во слики – рамка – по 1 за секоја мала група

Сликовница: Случките на Ениса

Хартија – по 1 за секоја мала група

Прибор за пишување – 1

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Лепило – по 1 за секоја мала група

Ножички – 1 големи

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 87: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

85

ДИСКУСИЈА 1: (ПО СЛИКА 2)

ДИСКУСИЈА 2: (ПО СЛИКА 4)

ДИСКУСИЈА 3: (ПО СЛИКА 5)

1

1

1

2

2

2

4

3

3

3

4

Што мисли Иван за Ениса? Од каде знае каква е?

Како се почувствувала Ениса кога Иван ѝ рекол така? Дали ѝ било убаво? Зошто?

Дали зборот што го употребил Иван им се допаѓа на Ромите за така да ги викаат или не? Кој е правилниот збор? Дали некој смее да ме нарекува со друго име од моето?

Зошто Иван мисли дека ќе фати вошки од Ениса? Како можел Иван да знае дали некој има вошки? Дали само тоа што некој е Ром значи дека мора да има вошки?

Каква е Ениса? Што мислат нејзините другари за неа?

Како знаат каква е Ениса? Кој ја знае подобро – децата од англиски или децата од дружината МЕЛА?

Како таа им помага?

Што може да знаат за Ениса децата со кои оди на англиски, кога само еднаш или два пати се виделе?

Дали од тоа како некој изгледа може да се знае што тој знае да прави, што ужива да прави, во што е добар, во што му треба помош?

А што можат да знаат за Ениса децата од нејзината зграда со кои се дружи долго време?

Како го дознале тоа? Дали од тоа што други им кажувале какви се Ромите, дали од тоа што виделе некое дете Ром на улица, па сè што помислиле за него – мислеле дека ќе важи и за Ениса, или од тоа што секој ден со неа си играле, се дружеле, заеднички правеле разни работи?

1 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: Случките на Ениса, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа. Онаму каде е означено, се прекинува со читање и следи Дискусија 1, 2 и 3, па се продолжува со читањето до крај.

Page 88: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

86

2 Активност Сите се делат во мали групи и секоја група добива по еден комплет од пет претходно исечени картички од РЛ за учесниците: Приказна во слики (Сите комплети имаат четири исти картички: 1.слика – таткото ја носи Ениса на час по англиски; 2.слика – Ениса седи сама на клупа – другите деца ја озборуваат; 3.слика – Иван ја навредува Ениса; 5. слика – Иван се извинува на Ениса. Една картичка е различна за секоја група – 4.слика за I група – децата од дружината МЕЛА застануваат во одбрана на Ениса; 4.слика за II група – децата од одделението по англиски јазик застануваат во одбрана на Ениса; 4.слика за III група – наставничката по англиски јазик застанува во одбрана на Ениса; 4.слика за IV група – Ениса самата се спротивставува на Иван.)

Учесниците во секоја група ги местат сликите по ред, а потоа ги лепат на РЛ за учесници: Приказна во слики – рамка и ги бојат.

На крај секоја група раскажува како и што би требало да рече главниот лик/главните ликови во нивната верзија на приказната, а воспитувачката го запишува тоа на листот на кој се залепени картичките.

3 Активност Сите остануваат во претходно формираните мали групи и треба да ја изглумат приказната според картичките на кои претходно работеа.

Page 89: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

87

СЛИКОВНИЦА: СЛУЧКИТЕ НА ЕНИСА

Ениса престана да излегува на игралиштето секоја среда и петок. Многу сака да учи англиски јазик и татко ѝ ја за-пиша на курс во едно училиште. Првиот ден, кога беше на англиски, многу ѝ беше убаво и на сите им раскажа што научила. Но, веќе по вториот час беше некако тажна и не-расположена. Наредната среда се врати многу несреќна и го замоли татко ѝ да ја отпише. Чичко Рамадан беше многу изненаден и сакаше да дознае што се случило, па ја праша Ениса да му каже зошто не сака да оди повеќе на англиски. Ениса почна уште посилно да плаче и само по-вторуваше дека не сака и го молеше да не ја тера да оди.

Чичко Рамадан гледаше дека Ениса е тажна и многу му беше тешко што толку страда. Си помисли дека нешто се случило со наставничката, но Ениса рече дека е многу до-бра.

Потоа, чичко Рамадан ја праша дали се скарала со некое дете, на што Ениса почна да вика дека не се скарала, а дека сепак не разбира зошто никој не ја сака и сите ја из-бегнуваат.

Чичко Рамадан со многу топлина ја прегрна и ѝ рече: „Оооо, изгледа дека тоа многу те навредило”.

Ениса го гушна уште по-силно и почна да раска-жува што се случило на часот по англиски: „Да, многу. Кога наставнич-ката излезе на кратко, Иван, детето што седе-ше до мене, почна да ми вика: `Не сакам да седам до тебе! Бегај од мене,

Циганко! Ќе фатам вошки од тебе!’ “

Чичко Рамадан нежно ја погали по косата и ѝ кажа дека сега сфаќа што ја навредило и дека не е фер за луѓето да се зборува и да се мисли нешто без да се запознаат. Тој сакаше да ѝ помогне да продолжи со часовите по англи-ски и ѝ рече: „Но, не би сакал да се откажеш од англиски само зашто Иван не се однесува фер со тебе. Сакаш ли да дојдам наредниот пат со тебе на англиски и да поразгова-раме со сите деца за Ромите, за тоа како треба, а како не треба да ги нарекуваат, и што е важно за другарување-то?“

Ениса ги избриша солзите и со радост се согласи со пред-логот на татко ѝ, па се смири и излезе надвор да си поигра со другарите. Со нив се чувствуваше многу убаво. Тие се-

когаш заедно си играа, не ја навредуваа затоа што е Ромка, а еднаш, кога Марко фати вош-ки, сите се заразија, па мораше да се мијат со едни многу смрдли-ви шампони. Ама тоа беше одамна.

Луан, штом ја здогледа Ениса како доаѓа, веднаш се затр-ча кон неа и ја праша: „Каде си досега Ениса? Имавме еден проблем тука и сè уште не можеме да го решиме!“

Марко радосно извика: „Спасени сме! Ениса дојде. Ајде, бргу помагај! Дојде тука едно дете, дете на пријатели на родителите на Луан и знае само англиски да зборува, а ние само хелоу (Hello) и толку!“

Ана ѝ рече дека успеале да се разберат како се викаат, ама дека не знаат како да му објаснат дека ќе играат кри-енка.

Ениса беше среќна што може да помогне и накратко му објасни на детето на англиски како се игра криенка и по-тоа сите заедно си играа.

Наредниот ден татко-то отиде на англиски заедно со Ениса. Ја замоли наставничка-та да му дозволи да поразговара малку со децата, да се претста-ви себеси и ќерка си Ениса, а потоа сите за-едно да поразговараат за Ромите.

Чичко Рамадан ги поздрави децата со весел глас: „ Здраво деца, јас сум Рамадан, таткото на Ениса. Ениса многу сака да оди на англиски за да научи повеќе, а и за да се дружи со вас. За да се дружат, децата мора малку и да се запо-знаат, нели? Вие не ја познавате Ениса ниту пак Ениса ве знае вас”.

Иван, кога слушна кој е тој човек, многу се исплаши. Си по-мисли дека сега ќе го искара пред сите.

„Сакам да ви кажам нешто повеќе за нас. Ениса, јас и неј-зината мајка сме Роми. Повеќето Роми имаат потемна боја на кожата и во повеќето работи се исти како и други-

Page 90: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

88

те луѓе. И кај Ромите има побогати и посиромашни, има добри и помалку до-бри. Некои од нив помага-ат, а некои поткраднува-ат. Меѓу нив има и такви кои се доктори, наставни-ци, но, за жал, има и мно-гу Роми што живеат во лоши услови, што немаат

работа, немаат пари, па затоа живеат во сиромашни куќи... некои Роми, а и некои Македонци и Албанци, се толку сиро-машни што живеат на улица и за да си купат јадење и об-лека треба да ги молат луѓето да им дадат храна или сами да бараат по отпадоци. Јас сум лекар и сакам да ви кажам дека многу е важно сите деца да одат на места каде што е чисто и топло, да јадат здрава храна и да одат во училиште каде ќе можат да научат работи што се важни во животот. Сите треба да им помагаме на децата кои се сиромашни. Секој, онака како што може. Возрасните може да помага-ат на разни начини, со пари, со помош во градење куќи, со лекови, децата со подарување играчки и облека што не ја користат повеќе, а најмногу самите деца ќе си помогнат со учење. Да, да, многу е важно децата да учат што повеќе за да може да знаат самите како да се грижат за себе и за

другите. Затоа е супер што сè повеќе деца Роми одат во градинка, па потоа во училиште”.

Сите деца внимателно го слушаа чичко Ра-мадан, а кога заврши, Лејла, девојчето што седеше во последната клупа, сакаше да знае зошто се викаат Роми и дека таа првпат тука го слушнала тој збор.

Чичко Рамадан се насмевна и ѝ кажа дека на ромски јазик зборот Ром значи ‘човек’ и дека тоа е нивното име. Ромите сакаат така да ги нарекуваат.

Потоа, таткото на Ениса си отиде, а Ениса оста-на на часот и си седна во својата клупа. Иван беше многу тивок, а при крајот на часот ѝ подаде едно писменце на кое пишуваше ИЗ-ВИНИ. Ениса го прочита и му намигна на Иван.

1

3

4

2

5

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ – РАМКА

Page 91: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

89

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ

 

 

   

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

 

 

   

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

 

 

   

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Работен лист за учесниците: Приказна во слики 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   

Page 92: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

90

Секое дете, независно од полот и од очекувањата што средината ги има во однос на неговата родова улога, има право на автентичен начин да се изразува себеси, развивајќи ги во целост своите потенцијали. Кога некое момче сака да игра балет или сака да игра со кукли, или пак кога некое девојче сака да игра фудбал или со автомобилчиња, доколку наиде на неодобрување или критика од средината, ќе се чувствува неприфатено и ќе изгради негативна слика за себе – како нешто да не е во ред со него/неа. Доколку не го следи внатрешниот порив и ги покорува или пак се откажува од сопствените искрени чувства и потреби, детето може да биде многу фрустрирано и да развие неадаптирани облици на однесување. Во таков случај, голема е веројатноста средината да ја чувствува за непријателска и да се постави во однос на неа или во позиција на одбрана или пак да стане агресивно. Детето чувствува дека некои негови однесувања се неприфатени од средината не само кога постои отворена и искажана забрана, туку и кога постои посуптилно неодобрување или неприфаќање: исмевање (на пр.: „Женско петле!“, „Машкоданка!“), омаловажување („Леле, леле, цревата ти истекоа од толку мал удар!“, „Ајде стани, какво машко си ти кога од волку малку плачеш!“), сугерирање дека нешто друго е подобро („Ајде малку да си поиграш и со куклите; гледаш дека има нови, па можеш да ги чешлаш, да ги шеташ...“), не нудење на таа активност како избор за одреден пол („Ајде сега, машки – еве ви една топка и играјте фудбал, а женските – со мене; ќе скокаме на јаже“; „Машките нека ги однесат столчињата во другата соба, а девојчињата да ги расчистат масите“).

Од воспитувачите/ките се очекува во сите активности да создаваат услови сите деца, независно од полот, да учествуваат и да се чувствуваат добредојдени и прифатени. На сите деца мора да им се даде можност да пробаат сѐ што сакаат да прават, па потоа да одлучат без никој да ги тера, да им забранува или да им се потсмева.

Работилница:

ПЕТАР ПАН

Работен лист за учесниците: Меморија – по 1 примерок за секоја мала група

Сликовница: Петар Пан

Креда – 1

Ножички – 1 големи

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

²

Page 93: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

91

Многу е важно во предучилишен објект децата да бидат изложени на модели од двата пола што изведуваат разновидни активности. Тоа може да се постигне преку иконографијата (разни слики и постери во кои се претставени момчиња/мажи и девојчиња/жени на родово неутрален начин во разни животни ситуации), преку литературни дела и видео материјали (сликовници, цртани филмови, приказни и песни), преку содржина која не пренесува стереотипни пораки, преку реални личности (лица од двата пола кои се занимаваат со нестереотипни професии и/или имаат нестереотипни улоги во семејството).

Начинот на организација на активностите во предучилишен објект треба да биде таков што ќе врши поттикнување на секое дете да се испроба во сите активности што се нудат во неа, понекогаш дури и со наметнување правила кои ќе важат за сите (на пр.: распоред на спортски активности во седмицата: понеделник – шутирање пенали и бранење, вторник – ритмички точки со топка, среда – прескокнување јаже и ластик на различни начини итн.), што исто така помага да се создаде средина ослободена од родови стереотипи.

Најважно од сè е во предучилишен објект да се работи на развивање на позитивна слика за себе и градење на висока самодоверба и самопочитување кај секое одделно дете од една страна, а од друга – да се развива критичко мислење и да се создава атмосфера во која секој слободно може да ги искаже своите мисли и чувства, без да биде проценуван и омаловажуван. Тоа е предуслов за да може да постои било какво почитување и прифаќање на различностите по било која основа.

²

1 Активност Сите седат во круг и воспитувачот започнува кажувајќи што сакал да стане кога била мал. Потоа сите по ред кажуваат што сакаат да станат кога ќе пораснат (со која професија сакаат да се занимаваат кога ќе пораснат).

ДИСКУСИЈА:

1

2

4

5

6

3

Дали балет можат да играат и момчиња?

Како му е на некое момче кога само тоа сака да игра некоја игра за која сите велат дека е „женска“?

Како му е на некое девојче кога само тоа сака да игра некоја игра за која сите велат дека е „само за момчиња“?

Дали постојат работи што се „само за момчиња“ или „само за девојчиња“?

Дали има нешто што момчињата не можат да го прават или девојчињата не можат да го прават?

Како ќе знае некој дали нешто сака и дали му е убаво да го прави ако не проба?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачот им ја чита приказната од сликовницата: Петар Пан, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 94: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

92

3 Активност На подот е нацртана линија со креда и секој, еден по еден, се движи по линијата како да е балетан/балерина на следниов начин:

1. со исправен грб, со рацете на половина, нога пред нога прво газејќи на прсти, а потоа на петица (помалите одат само нога пред нога);

2. со рацете на половина, исфрлајќи ги наизменично нозете нагоре, па се виткаат нозете во колена како за марширање (помалите маршираат обично);

3. со движење на нозете како што оди коњ, а со рацете како да се држат уздите на „коњот“;

4. со скокање во место со собирање и ширење на нозете;

5. во парови и едниот од парот стои, а другиот се врти околу него и

6. со прескокнување од точка до точка при што се доскокнува прво на едната, па на другата нога (помалите доскокнуваат на две нозе).

4 Активност Сите се поделени во мали групи со „мешан“ полов состав и секоја група добива еден комплет картички кои се претходно исечени од РЛ за учесниците: Меморија, па ги реди во неколку реда со сликата завртена кон масата. Еден по еден, секој превртува две картички (без да го менува нивното место) и доколку сликите на нив се пар (претставуваат една иста професија практикувана од лице од машки и од женски пол), ги трга на страна, а ако не се пар – картичките повторно ги врти со сликата кон масата, па продолжува следниот во групата додека да се спарат сите картички. Играта се игра на тој начин што учесниците во малите групи си помагаат едни на други во пронаоѓањето на парот сликички и се натпреваруваат со другите групи. Победник е групата во која најбрзо ќе се пронајдат сите парови.

Page 95: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

93

СЛИКОВНИЦА: ПЕТАР ПАН

Таткото на Луан е каратист. Тој е и тренер по карате и има свој карате клуб кој се вика „Луан“, исто како и неговиот помал син. Луан на македонски значи ‘лав’.

Неговиот постар син, брат му на Луан, е исто така ка-ратист. И Луан оди на карате, ама некако безволно, со сила, не му се вежба карате, здодевно му е. Тој многу сака да скока и да се врти, а во каратето нема толку скокање и вртење. Главно се мавта со рацете и со но-зете.

Еден ден Ениса се по-фали дека оди на ба-лет и дека многу и е интересно. Таа дури и им покажа на другари-те дел од балетската точка. Вешто застана на прстите и почна да се врти, да мрда со ра-цете и да потскокнува.

Ана, Луан и Марко беа воодушевени од нејзината из-ведба.

„И јас сакам на балет, – рече Ана – ќе бидам лебед”. И почна да ги крева рацете нагоре и да се замислува во бело кусо фустанче.

„И јас сакам“ – му излета на Луан, но потоа се подза-мисли и праша: „А, пуштаат момчиња на балет?“

Ана многу сериозно му одговори дека балетот е за девојчиња, а за момчиња се знае дека се спортовите, како што се каратето, фудбалот! Дури и го предупре-ди дека ако игра балет, сите ќе му се смеат!

Луан натажен замолче и се сврти кон Марко велејќи: „Ништо Марко, јас и ти не можеме на балет.“

Марко си знаеше дека тој, бидејќи користи количка, не може да игра балет и рече: „Па Луан, јас секако не можам со количкава. Како ќе се вртам и ќе скокам?! Никако!“

Следниот ден настав-ничката по физичко праша кој сака да се запише на балет би-дејќи во училиштето ќе почне да се учи балет и секоја среда ќе има-

ат по еден час. Речиси сите девојчиња се пријавија, а Луан само седеше на страна.

Кога дојде среда, сите девојчиња возбудени го очеку-ваа првиот час и си зборуваа меѓусебе: „Леле колку сакам да станам балерина; види, види, како може да стојам на прсти; јас ќе си купам фустанче што се врти; а јас такви тврди балетанки за да стојам на прсти; којзнае колку ќе ни биде убава наставничка-та по балет… Дојде и наставничката и им кажа дека ќе почне часот и возбудено им рече: „Ова се вашите наставници по балет, Владо и Мејрем!“

Девојчињата останаа со подзината уста, а некои поч-наа да се смејат. Машко за балет!? Па, кај го има тоа!

И додека девојчињата се смееја, Луан потскокна од радост! Значи, имало и машки балетани. „Наставнич-ке, наставничке, може и јас да се запишам”.

Наставничката беше изненадена и не знаеше што да одговори. „Не знам, ајде да ги поканиме Владо и Мејрем да ни се претстават, да ни кажат нешто за ба-летот и за нивната работа, па потоа ќе одлучите”.

Најпрво се претстави Владо: „Здраво деца. Јас се ви-кам Владо и јас сум балетан. Во балетот има и машки и женски. Обично машките во балетот многу скокаат, се вртат и со долги чекори потскокнуваат по сцената, но се задолжени и да ги креваат и да ги придржуваат девојките. Еве, ви носам слики од балетот „Дон Кихот“ каде јас бев во главната улога”.

Потоа, се претстави и Мејрем: „А, јас сум Мејрем и јас сум ба-лерина. Ние двајцата сме настапувале во многу балети заедно. Еве, имаме и заед-нички слики”.

Сите деца се прибли-жија да видат, само Марко остана да седи настрана, мислејќи си дека тој секако нема да може да игра балет. Беше тажен и осамен, но тогаш Ана радосно го викна да дојде и да види како играат балет и лица во инвалидска количка. Марко ја крена главата и по-гледна, многу се израдува и праша: „А, можам и јас да учествувам?“ Мејрем му одговори дека нема никаков проблем и тој да се запише на балет.

Page 96: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

94

Наставничката, откако Мејрем и Владо завр-шија со претставување-то, ги праша децата кој сака да се пријави. Притоа, неколку девој-чиња кренаа рака, но се јавија и три момчиња: Марко, Луан и едно дру-го момче, Едвин.

Владо предложи да го подготвуваат балетот „Петар Пан“ затоа што во групата има и момчиња и девојчиња што сакаат да учат балет. Мејрем веднаш се согласи и праша кој сака да биде Петар Пан.

Луан се пријави за Петар Пан, а Марко праша: „Може јас да бидам Капетан Кука бидејќи Луан и јас често си играме мечување со дрвени стапчиња, па ќе ни биде полесно да ги научиме улогите”.

Марко и Луан веќе не ни слушаа кој ќе ги добие другите улоги. Беа пре-среќни што ќе може и двајцата да учествуваат во балетот.

Неколку месеци вредно работеа и се подготву-ваа, а на крајот дојде и завршната приредба на која беа поканети роди-

телите. Сите родители дојдоа и со нетрпение го очеку-ваа балетот „Петар Пан”.

Татко му на Луан едвам дојде. Не беше воопшто среќен што неговиот син, наместо да стане каратист, вежба балет. Но, сепак дојде за да не го навреди. Приредба-та почна, а балетот беше последен. Најпосле почна и балетот. Таткото на Луан безволно погледнуваше кон бината.

Прво излезе Луан облечен како Петар Пан. Тој пот-скокнуваше, скокаше од масата на креветот, па кон лустерот, се вртеше и се превртуваше, ги ширеше ра-цете и го истегнуваше телото и личеше како навистина дека ќе полета. Таткото на Луан стануваше сè позаин-тересиран. Дури и потстана од столчето за да може да ја гледа подобро балетската претстава. Луан играше прекрасно. Но, не само што ги правеше фигурите до-бро, туку беше и насмеан. Неговото лице светеше од среќа и исполнетост! Татко му на Луан ниту еднаш го немаше таков видено на тренинзите по карате.

Кога заврши балетот, таткото на Луан нај-силно ракоплескаше. И тој беше среќен кога виде колку неговото дете е среќно и ужива во играта, а кога Луан притрча да го гушне, нежно и долго го др-жеше во своите пре-гратки.

Page 97: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

95

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: МЕМОРИЈАРаботен лист за учесниците: Меморија   

   

   

   

Работен лист за учесниците: Меморија   

   

   

   

Работен лист за учесниците: Меморија   

   

   

   

Работен лист за учесниците: Меморија   

   

   

   

Работен лист за учесниците: Меморија   

   

   

   

Работен лист за учесниците: Меморија   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

    

 

   

   

   

    

 

   

   

   

    

 

   

   

   

    

 

   

   

   

    

 

   

   

   

    

 

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

   

Page 98: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

96

Велигден е голем празник за православните христијани. На празникот му претходи период од 40 дена пост што се состои од воздржување од јадење храна од животинско потекло, од какви било телесни и духовни задоволства, а манифестирање добрина. Во текот на постот од децата не се очекува да постат, но и тие треба да се трудат да бидат внимателни, да се грижат за блиските, да помагаат и да се обидат да не бараат раскош во задоволувањето на своите потреби, туку да бидат скромни. На денот на прославата на празникот, децата обично се облекуваат во нова облека и заедно со родителите одат на гости.

Во пресрет на прославата на Велигден, во повеќето македонски семејства (слично како и во повеќето албански семејства пред Бајрам) се подготвува богата трпеза со различни јадења, па по одењето во црква, во недела помладите ги посетуваат постарите на семеен ручек. На Велигден се посакуваат убави желби за долг и чесен живот исполнет со добрини, здравје, среќа и бериќет. Пред празникот традиционално се бојат јајца кои при посетата се разменуваат. Децата најмногу уживаат во украсувањето на јајцата и во кршењето со нив, за да видат кој го има најсилното јајце.

Постојат традиционални поздрави со кои христијанските верници се поздравуваат меѓу себе, но овде се препорачува да се користи поздравот: „Среќен Велигден!“

Работилница:

ВЕЛИГДЕН

1 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката држи во рацете една топка за која вели дека е „варено јајце“ кое е жешко и кое на даден знак треба што побрзо да си го подаваат еден на друг по ред за да не им ги изгори рацете. Воспитувачката го започнува подавањето и го мери времето потребно „јајцето“ да стаса повторно до неа, а потоа уште неколку пати се повторува активноста во обид што побрзо да се пренесе „јајцето“. По секој круг на подавање, воспитувачката победнички објавува дека за пократко време од претходниот пат е пренесено јајцето.

Работен лист за учесниците: Јајца – по 1 дел за секој (зависно од возраста и способностите)

Работен лист за учесниците: Патот на Зајко – по 1 дел за секој (зависно од возраста и способностите)

Сликовница: Велигден

Прибор за пишување – по 1 за секој

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Пластелин – по 1 за секој

Топка (мала, мека) – 1

Лажица (пластична) – 2

МАТЕРИЈАЛИ

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

За учесници на мала возраст нема потреба од навлегување во објаснување на значењето на празникот на религиозно ниво. Приказните за жртвување (Бајрам) или распнување и воскреснување (Велигден) за децата можат да бидат застрашувачки и неразбирливи (заради отсуство на концепт за смрт), а уште поважно е што нивната религиска определба, како и воспитувањето во духот на одредена религија е избор, право и одговорност на родителите, па онака како што е дефиниран нашиот образовен систем, нема простор да се обработува тоа во градинка или училиште на таков начин. Се разбира, доколку некое дете сака да раскаже нешто повеќе за празниците, треба да му се дозволи и со должна почит да се одговори на прашањата на децата за работи кои не им се јасни. Во религиски толкувања, независно од убедувањата на воспитувачите/ките, не е пожелно да се навлегува, а на децата треба да им се каже дека за тоа можат да разговараат со нивните родители и заедно со нив да одберат во што ќе веруваат, а во што не.

Она што се обработува во ваквиот тип на работилници е традицијата на прославување на празникот со акцентирање на обичаите, активностите во кои се вклучени децата и вредностите кон кои се тежнее. При тоа се нагласуваат сличностите во начинот на прославата на различните празници и во вредностите.

НАПОМЕНА

Page 99: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

97

3 Активност Секој добива по едно парче пластелин од кое треба да направи големо „велигденско јајце“. Потоа учесниците се делат во две или три групи и застануваат во колона еден зад друг. Првите деца од сите колони добиваат по една лажица и треба „јајцето“ што го направиле да го стават во неа и да го пренесат, без да им падне, до другиот крај на просторијата каде за секоја група има по една кутија во која треба да го стават јајцето. Откако ќе го стават во кутијата, треба што побрзо да се вратат назад до својата група, да му ја предадат празната лажица на првото дете во колоната и да му кажат: „Среќен Велигден!“. Активноста продолжува на иститот начин сѐ додека и последното дете од групата го пренесе своето јаце во кутијата. Победник е онаа група што ќе заврши прва со пренесување на „јајцата“.

4 Активност Секој добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Јајца (соодветно на возраста и способностите, воспитувачката одредува кому кој дел ќе му даде), па најпрво треба да ги спои точките нацртани на едното јајце, а потоа и да го обои. Потоа на другите две јајца треба да ги доцрта шарите на другата негова половина исто онака како што се нацртани на првата.

5 Активност Секој добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Патот на Зајко (соодветно на возраста и способностите, воспитувачката одредува кому кој дел ќе му даде), па треба да го пронајде патот на зајакот низ лавиринтот до корпата со јајца, по што може да се обојат јајцата.

ДИСКУСИЈА:

1

2

4

5

6

7

3

Како се вика празникот што го слават Ана и Марко со нивното семејство?

Што обично се прави пред празникот?

Што прават децата?

Што е слично во подготовката за големи празници во семејството на Ана и Марко, на Ениса и на Луан?

Што се прави за време на празникот?

Што им подаруваат Ана и Марко на децата од населбата?

Како се честита Велидген на некој што слави?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: Велигден, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 100: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

98

СЛИКОВНИЦА: ВЕЛИГДЕН

Денеска на игралиштето пред зградата додека Ениса читаше сликовница, а Луан шутираше на кошот, дој-доа Марко и Ана, двајцата облечени во свечена обле-ка.

Луан престана да шутира со топката на кошот и вед-наш пријде кон Марко: „Кај си Марко? Цел ден те чекам да вежбаме баскет. Фаќај!“ – и силно ја фрли топката кон него.

Марко се исплаши и свика: „Нееее, јајцето ќе го скр-шиш!“ – и бргу ѝ фрли едно шарено јајце на Ениса. „Фаќај!“ – и во следниот момент ја фати топката во своите раце.

Ениса, за среќа, успеа да го фати јајцето без да се скр-ши.

Луан се зачуди и го праша Марко што му текнало со јајце да дој-де на игралиштето, а Ана му објасни дека го слават Велигден, па за-тоа донеле јајца за сите деца.

Ениса сакаше да знае зошто толку јајца носат, а Марко се обиде да објасни: „За Велигден моите вапцуваат јајца. Обично во црвена боја, а Ана и јас потоа ги украсуваме, им лепиме сли-кички, а јас сакам да ги цртам и да ги претворам во моите омилени ликови!“ Ана ги извади од кутијата јај-цата и на сите им подели по едно, а Марко се пофали дека самиот ги нацртал – едното како Нинџа желка, а другото како Минион.

Луан беше воодушевен од јајцето што го доби и го вр-теше пред очите за да го види убаво од сите страни.

Ана продолжи да објас-нува што се прави за Велигден: „А, во неде-ла, кога ќе станеме, се кршиме со јајцата и бираме најсилно јајце. Ајде, и ние да се крши-ме сега! Земете сите по едно јајце и да видиме кој го има најсилното.

Еве, јас и Марко ќе ви покажеме како треба. Марко ти ‘лежи’, а јас ќе удирам со врвот од горе. Па потоа об-ратно – јас ќе ‘лежам’, а ти удирај”.

На Ениса ѝ беше многу интересен овој натпревар во кршење јајца и рече: „Леле, што убав празник на јај-цата имате!“

Марко се изнасмеа на цел глас и рече дека тоа не е празник на јајцата, туку дека е Велигден. Тој ѝ објасни дека Велигден е празник кога христијанските верни-ци одат во црква и си посакуваат живот полн со до-брина и грижа едни за други, а јајцата се знак на ново раѓање, ново растење и нови успеси.

Ана го дополни велејќи дека пред Велигден некои луѓе постат. Луан рече дека знае што е постење и дека тоа е како за Рамазан кога цел ден не се јаде ниту се пие и дека тоа може да се прави само навечер.

Ана го поправи и рече: „Да, и тоа е пост, ама овој е малку поинаков. Не се јаде ништо што е од животни – значи ни месо ни колбаси ни сирење...”, а Мар-ко натажено дода-де дека не се пие ни млеко, па дури ни чо-коладно млеко.

Ениса, знаејќи колку многу Марко сака чоколадно млеко, се чудеше како може да издржи без својот омилен пијалак. Тогаш Марко ѝ кажа дека децата до одредена возраст не постат, туку само возрасните. Тој кажа дека децата за време на постот, исто како и возрасните, треба да се трудат да бидат поскромни, да бидат љубезни со бли-ските, да им помагаат на тие што им треба помош и да не се лутат лесно.

Во тој момент пред игралиштето дојдоа и родителите на Марко и Ана. Ениса ја праша Ана како да им честита Велигден на нивните родители.

Ана се израдува на прашањето и ѝ одго-вори: „Може да им ка-жете среќен празник или среќен Велигден“.

Луан и Ениса кога дој-доа родителите на Ана и Марко во глас извикаа: „Среќен Ве-лигден!“

Page 101: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

99

Мајката на Марко и Ана им се заблагодари на честитките, а татко-то ја фати количката на Марко и кажа дека сега е време да одат кај баба им и дедо им.

Марко многу се израду-ва и рече: „Јупиии, јас

најмногу го сакам Велигден затоа што на тој ден сите братучеди се собираме кај баба и дедо и се кршиме со јајца, а по ручекот со часови си играме и се дружиме”.

Сите деца се собраа на купче, пред да одат Ана и Марко, и почнаа да се кршат со јајцата. На крај излезе дека најсилното јајце го има Ениса.

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ЈАЈЦА

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ПАТОТ НА ЗАЈКО

Page 102: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

100

Бајрам е еден од најголемите празници за лицата од муслиманска вероисповед. На празникот Бајрам му претходи месец на пост кој се нарекува Рамазан. За време на постот муслиманските верници се воздржуваат од секакво внесување храна и пијалаци во текот на денот, односно во периодот од изгрејсонце до зајдисонце. Многу важен дел од постот е духовното воздржување од некоректно однесување, лутина, омраза и сите лица што постат треба во тој период да се трудат да негуваат високи морални вредности – љубов, добрина, почитување, помагање, скромност. Особено е важен делот на помагање на лицата кои се посиромашни, па од оние што постат се очекува да двојат дел од својата храна и да им ја даваат на посиромашните или да даваат пари со кои ќе им се обезбедат неопходните работи.

Помалите деца не се очекува да постат заради специфичните потреби од храна неопходни за нивен правилен раст и развој, но и за нив важат правилата на скромност и воздржување во однесувањето.

И во семејствата со христијанска и со муслиманска вероисповест големите верски празници се слават по период на пост, а самиот празник се обележува со побогата трпеза.

Децата пред празникот вообичаено добиваат нова облека, а на самиот празник одат заедно со семејството кај повозрасните соседи, пријатели и роднини за да го честитаат празникот. Домаќините обично ги даруваат со бонбони и со пари, а речиси во сите куќи се подготвува баклава со која се почестуваат гостите.

При прослава на големи верски празници во Р. Македонија, постојат многу сличности и тие најчесто се типични за одреден регион и може да се истражат и да им се презентираат на учесниците за време на обработката на оваа содржина. Општа заедничка карактеристика е дека се подготвува богата трпеза, често и во православните и во муслиманските семејства се подготвува баклава и сарма, децата се облекуваат во нова облека и добиваат разни подароци (бонбони за Бајрам и Коледе, јајца и пари за Велигден итн.) и се посетува верски објект.

Работилница:

БАЈРАМРаботен лист за учесниците: Број и боја на баклави – по 1 дел за секој

Работен лист за учесниците: Баклава – по 1 дел за секој (зависно од возраста и способностите)

Работен лист за учесниците: Кора за баклава – по 1 дел за секој

Сликовница: Бајрам

Хартија – по половина за секој

Прибор за пишување – по 1 за секој

Боички – по 1 комплет за секоја мала група

Темперни бои (жолта, црвена, сина) – по 1 од секоја боја

Ножички – 1 големи

Пластични чинии – по 3 за секоја мала група

Тоалетна хартија – 1

Кутија – 1

Компир-печат (пресечен на половина и на секоја од нив е издлабена форма на ромб) – по 1 за секој пар

МАТЕРИЈАЛИ

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Оваа работилница се препорачува да се работи во периодот кога се слави празникот Бајрам за да можат учесниците до добијат поавтентични информации за празникот, а исто така може во групата да се поканат лица што го слават овој празник за да можат да одговорат на прашања од учесниците. Доколку во објектот има и деца од муслиманска вероисповед што го слават празникот, добро е сите деца да го прослават заедно на начин кој претходно ќе се договори.

НАПОМЕНА

Page 103: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

101

1 Активност Сите стојат во круг, а воспитувачката ги прашува дали знаат што е тоа „баклава“, па доколку не знаат – им објаснува. Потоа ги прашува дали можат да направат форма на „баклава“ со своите прсти и откако ќе остави малку време самите да пробаат, им покажува (како на сликата подолу).

Потоа прашува како можат двајца учесници држејќи се за раце да направат „баклава“ и откако ќе остави малку време самите да пробаат, им покажува – се фаќа за раце со еден учесник и ги шират рацете, образувајќи форма на ромб.

Потоа вели дека кога секој сам од своите раце формира „баклава“ – тоа е „мала баклава“, а кога двајца формираат – тоа е „голема баклава“ и дека кога ќе каже: „Мала баклава!“ – сите треба да направат „баклава“ само со своите раце, а кога ќе каже: „Голема баклава!“ – сите треба со својот партнер да направат „баклава“. Инструкциите се кажуваат наизменично една по друга неколку пати, а постепено се забрзува и темпото за играта да стане позабавна.

3 Активност Сите се делат во мали групи и секој по случаен избор зема по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Број и боја на баклави, па во зависност од тоа колку „баклави“ има на него, исто толку и во иста боја треба да направи со компир-печат и темперна боја на половина хартија.

Потоа сите застануваат во круг држејќи ги своите цртежи, а воспитувачката извикува број и боја на „баклави“ (на пр.: „Ми се јаде, ми се јаде ... три црвени баклави!“). Тогаш тие што го имаат тој број и таа боја „баклави“ на својот цртеж, треба да направат чекор напред кон средината на кругот и да кажат на глас: „Ме фат Бајрамин!“.

ДИСКУСИЈА:

1

2

4

5

6

7

3

Како се вика празникот што го слави Луан и неговото семејство?

Што обично се прави пред празникот?

Што прават децата?

Што е слично во подготовката за големи празници во семејството на Ана и Марко, семејството на Ениса и во семејството на Луан?

Што се прави за време на празникот?

Што е слично во јадењето за време на празникот во семејството на Ана и Марко и во семејството на Луан?

Како се честита Бајрам на некој што слави?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: Бајрам, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 104: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

102

4 Активност Сите продолжуваат да работат во претходно формираните мали групи и секој добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Баклава (соодветно на возраста и способностите, воспитувачката одредува кому кој дел ќе му даде), па на целосно нацртаната фигура ги бои само формите на „баклава“, а на другите две – ги поврзува точките во линии за да се добијат „баклави“.

5 Активност Секој добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Кора за баклава, па најпрво треба да најде еден партнер со кој има иста големина на „кора“, па тие потоа заеднички треба да се договорат во каква боја ќе ги обојат нивните „кори“ и тоа да го сторат. Потоа секој пар со рацете ситно сече тоалетна хартија („ореви“), која таква ја става врз едната „кора“, па ја прекрива со другата „кора“. На крајот, сите „баклави“ се редат во една голема картонска кутија („тепсија“) која се поставува на видно место.

Page 105: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

103

СЛИКОВНИЦА: БАЈРАМ

Денеска на игралиштето беше помирно од обично. Луан не беше излезен цел ден, а во неговиот стан уште од утрото влегуваа и излегуваа луѓе. Сите се не-како убаво облечени и радосни.

Децата се чудеа што се случува.

Дури попладнето Луан излезе од дома заедно со сво-ите родители, носејќи кеси во рацете. Децата веднаш го прашаа каде ќе оди и тогаш неговите родители за-станаа и им кажаа дека ќе одат да однесат малку хра-на и облека за семејствата што им е потребна, затоа што е Бајрам.

Ана не знаеше што е тоа Бајрам и ги праша да ѝ објас-нат, а Марко побрза да се пофали дека знае и ѝ рече дека Бајрам е човекот што доаѓа да ја искоси тревата во паркот.

Мајка му на Луан се насмевна и ѝ кажа дека тој човек навистина се вика Бајрам, ама и дека празникот што го слават денеска, исто така, се вика Бајрам. Потоа, им рече да ги почекаат да ја однесат храната и облеката, па ќе им раскажат повеќе за празникот.

По некое време се вратија и седнаа на клупата. Сите деца седнаа околу нив и таткото на Луан почна да раскажува: „Бајрам е празник што се слави секоја годи-на. Пред празникот е месецот Рамазан кога голем број муслимани постат”.

На тоа Марко рече: „Го знам тоа, кога не се јаде ништо што е од животни: ни салама, ни кашкавал, ни млеко, ни чоколадно млеко!“ Мајката на Луан не се согласи: „Да, тоа е постење, но така се пости пред Велигден или Божик, а пред Бајрам тие што го слават постат така што цел ден ништо не јадат. Се јаде само ноќе, кога ќе зајде сонцето, и нау-тро пред да изгрее”.

Ениса многу се зачуди и праша: „Уф, како може Луан да издржи без јадење цел ден?“

Татко му на Луан ѝ од-говори дека децата не постат, постат само возрасните, а мајка му на Луан им објас-ни што прават децата. Таа им кажа дека во текот на месецот на постот децата, како и возрасните, треба да се обидуваат да прават добри работи, да помагаат, да бидат поскромни, да не се лутат лесно... и додаде: „На денот на празникот Бајрам децата се облекуваат во нова облека и заедно со семејствата одат на гости кај постарите. Таму ги честат со баклава”.

Ана со воодушеву-вање рече: „Ммммм, јас многу сакам ба-клава! И баба ми се-когаш прави баклава за Божик!“, а мајката на Луан им кажа дека и таа порано правела така: купувала кори, редела врз нив ореви, ги печела во рерна и потоа со шеќер и вода ги поле-вала.

Таткото на Луан се сети на тоа време и рече: „ Да, цела куќа мирисаше на баклава. Оваа година купивме од слаткарница, но и таа беше многу вкусна”.

Потоа се сврте кон ме-стото каде што мисле-ше дека е неговиот син и рече: „Луан, ајде те молам, донеси бакла-ва од дома за твоите пријатели,“ – но Луан не беше таму. Татко му зачудено повика: „Луан, Луан, каде си?“

Децата почнаа да го бараат и го здогледаа Луан, под едно дрво, како седи и брои нешто: „Педесет и пет, ше-есет и охохо уште педесет... ”

Page 106: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

104

Ениса го здогледа прва како брои пари и го праша: „Луан од каде ти се тие пари?“

Луан без да го крене погледот од парите ѝ одговори дека тоа се парите што му ги давале кога одел на гости за Бајрам и, покажувајќи на џебот, рече: „Види колку собрав. Уште долго ќе ги бројам”.

Марко сакаше да знае дали ќе си купи нешто со парите, а Луан му одговори: „Да, ќе си купам. Дел ќе одвојам за децата што имаат потреба од важни работи, а немаат воопшто пари, а со дел ќе си купам топка, затоа што, нели, на Марко му се дупна баскетот, а треба да се под-готвуваме за натпреварот во кошарка”.

Ана се понуди да му по-могнат во броењето на парите за побргу да зав-рши и побргу да им до-несе баклава.

Луан, откако заврши со броењето, отиде по ба-клава, а Ана ги праша

неговите родители: „А, како се честита Бајрам, што да му кажеме на Луан сега кога ќе ни ја донесе баклава-та?“

Таткото на Луан се насмевна и ѝ одговори: „Убаво што се сетивте на ова. Може да му речете среќен празник или среќен Бајрам, а ако сакате на албански кажете му: `Mе фат Бајрамин’ (`Me fat Bajramin’)”.

По извесно време Луан се врати со едно чиниче со ба-клава и три вилушки и сите деца со свечен глас му ре-коа: „Ме фат Бајрамин.“

Луан топло им се за-благодари: „Фалемин-дерит (Faleminderit), ви благодарам, а сега по-честете се“ и им ја по-даде баклавата.

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: БРОЈ И БОЈА НА БАКЛАВИ

Page 107: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

105

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: БАКЛАВА

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: КОРА ЗА БАКЛАВА

Page 108: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

106

Ѓурѓовден е еден од најзначајните празници за Ромите и го празнуваат Ромите од сите вероисповеди. Тој е празник во кој се слави доаѓањето на пролетта и на топлото време кое со себе носи нов циклус на растење во природата. Младите берат разни цвеќиња од кои плетат венци кои ги ставаат на глава или ги украсуваат домовите. На Ѓурѓовден обично се практикува и ритуално капење кога луѓето одат до најблиската река и таму се замиваат со водата. Повеќето Роми пред празникот темелно ја чистат куќата и сите работи во неа.

И на овој празник во минатото му претходел период на пост (сега тоа се прави исклучително ретко), а на самиот празник сите се облекуваат во нова или чиста облека и задолжително се јаде месо. Семејствата кои се во можност да имаат побогата трпеза, дел од месото треба да го дадат на посиромашните семејства.

Празникот се слави со одење на гости, како и со големи забави со музика и ора во населбите. Традиционален поздрав на ромски за Ѓурѓовден е: „Бахтало Херделези!“ и значи: „Среќен Ѓурѓовден!“

Работилница:

ЃУРЃОВДЕН

Работен лист за воспитувачот: Растење на цвеќињата – 1 примерок

Работен лист за учесниците: Цветови – по 1 дел за секој (зависно од возраста и способностите)

Сликовница: Ѓурѓовден

Голема хартија – по 1 за секоја мала група

Хартија во боја (жолта, црвена, зелена, сина) – по 1 од секоја боја

Боички (жолта, црвена, зелена, сина) – балансиран број од секоја боја; по 1 боичка за секој

Боички (зелена, кафена) – по 1 од секоја боја

Темперни бои (сина, црвена, жолта, розова) – по 1 од секоја боја

Селотејп – 1

Ножички – по 1 мали за секој и 1 големи

Перфоратор – 1

Волница – 1

Пластични чинии – по 3 за секоја мала група

Пластични шишиња – по 3 големи за половина мали групи и по 3 мали за другата половина мали групи

Пластични цевки за пиење – по 2 за секоја мала група

Кутија – по 1 за секоја мала група

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

1 Активност Ова е „водена фантазија” која учесниците ги води низ процесот на растење на цвеќето. Тие ги следат инструкциите на тој начин што се обидуваат да влезат во улога на семка која се трансформира во цвет, а она што го замислуваат истовремено треба и да го покажуваат. При изведувањето на активноста воспитувачот го чита полека и со паузи текстот од РЛ за него: Растење на цвеќињата.

По завршување со текстот, воспитувачот молчи кратко, па вели: „Сега секој да каже кое цвеќе бил и кој е сега, односно да си го каже името. На пр.: `Јас бев лале, а сега сум... (името на учесникот)`!”

Page 109: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

107

3 Активност Сите се делат во мали групи, па половина од нив добиваат по еден голем лист хартија на кој претходно се нацртани со зелена боичка дршки од цвеќиња, три чинии со малку темперна боја (сина, црвена, жолта) и три големи пластични шишиња – за секоја боја по едно. Секој треба да направи неколку цвета на тој начин што ќе го стави шишето со долниот дел во боја и ќе направи отпечаток од него на некоја од дршките.

Другата половина од групите добиваат по еден голем лист хартија на кој претходно е нацртана долга гранка со неколку мали гранчиња со кафена боичка, три чинии со малку темперна розова боја и три мали пластични шишиња. Секој треба да направи неколку цвета на тој начин што ќе го стави шишето со долниот дел во бојата и ќе направи отпечаток од него на некое од малите гранчиња.

Откако ќе се исушат така направените постери, се закачуваат на видно место и треба да претставуваат куќи украсени со цветови за Ѓурѓовден.

4 Активност Сите остануваат во претходно формираните мали групи. Претходно четири листови хартија во боја (жолта, црвена, зелена, сина) се исечени на балансиран број мали листови од секоја боја (вкупниот број на мали листови е еднаков на вкупниот број на учесници) и се ставени во посебни купчиња по боја. По еден претставник од секоја група по случаен избор бира едно од купчињата хартија во боја, па секој од членовите во неговата група го лепи напред на себе на видно место добиениот мал лист во боја. Потоа секој добива по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Цветови (соодветно на возраста и способностите, воспитувачот одредува кому кој дел ќе му даде), па го сече цветот по неговите надворешни линии или по кружната линија, а потоа со боички го бои во истата боја како таа што ја има на хартијата која претходно ја залепил на себе.

Откако ќе завршат, воспитувачот по случаен избор бира една група која накратко ја напушта просторијата, а тој за тоа време на разни места во просторијата ги скрива цвеќињата што тие ги направиле. Потоа ја повикува групата да се врати, па нејзините членови треба да ги најдат скриените цвеќиња и да ги стават во кутија означена со истата боја како нивните цветови. На крајот, сите од групата се редат на линија пред кутијата и треба да речат: „Бахтало Херделези!“, а воспитувачот го мери времето потребно за да ја завршат активноста. Потоа постапката се повторува со сите останати групи на ист начин, а победник е групата која за најкусо време ги пронашла своите цветови.

5 Активност Сите остануваат да работат во претходно формираните групи. Секоја група ги добива своите претходно исечени цветови, две пластични цевки за пиење, ножички и едно подолго парче волница. Воспитувачот најпрво прави дупки со перфоратор на секој цвет, а учесниците ги сечат цевките на помали парчиња (околу 2 цм. должина). Потоа секоја група на волницата наизменично ниже по еден цвет и едно парче цевка сè додека да ги наниже сите цветови.

Откако ќе завршат, воспитувачот може да ги намириса со малку дезодоранс сите нанижани венци и заедно со учесниците да ги закачи на разни места во просторијата (околу и на вратата, околу прозорите, на ѕидовите) симболизирајќи китење на куќите за време на празникот Ѓурѓовден.

ДИСКУСИЈА:

1

2

4

56

3

Како се вика празникот што го слават Ениса и Есма и нивното семејство?

Што обично се прави пред празникот?

Што е слично во подготовката и прославата за големи празници во семејството на Ана и Марко, на Луан и на Ениса?

Што се прави за време на празникот?

Што прават децата и младите?

Како се честита Ѓурѓовден на некој што слави?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачот им ја чита приказната од сликовницата: Ѓурѓовден, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 110: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

108

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ: РАСТЕЊЕ НА ЦВЕЌИЊАТА

Дали знаете како растат цвеќињата? Сега секој од вас ќе биде едно семе,

а подот – градина во која вие ќе растете. Легнете на подот и склопчете

се најмногу што можете... Токму како што е семето во својата кожичка...

Кожичката е јака и силно ве држи... Но, веќе паднала малку роса, почнало

да излегува сонцето и кожичката почнала да омекнува... Сега можете

сосема малку да се размрдате... Почувствувајте како расте цвеќето...

Полека, полека расте стеблото... Сега може да клекнете и полека да се

исправате... Сега излегува еден лист – испружете ја едната рака... Па другиот

лист – испружете ја другата рака... Стеблото и понатаму расте... Се јавува

пупката, полека кренете ја главата... Сега пупката убаво и полека се отвора

и расцветува... Секој цвет си расте со своја брзина... Еве полека, полека, сите

цветови расцутеа... Градината е преполна со миризливи цвеќиња... Сите вие

сте убави, миризливи цветови... Секој од вас е единствен и неповторлив...

Исправете се сосема... Осетете како сонцето ве грее... Како нежно ве милува

тивкото ветре... Дишете длабоко и уживајте во оваа прекрасна градина...

Page 111: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

109

СЛИКОВНИЦА: ЃУРЃОВДЕН

Времето веќе стана потопло и децата од дружината МЕЛА, како што си се нарекуваа децата во неа според првите букви од своите имиња, почнаа да носат блузи со куси ракави, тревата зеленееше, дрвата расцветаа и сонцето сè посилно светеше. Полека доаѓаше про-летта и децата се радуваа што може да седат надвор подолго и да си играат во зелената ливада зад згра-дата. Во ливадата имаше многу бели ради и децата решија заедно да прават венчиња од цвеќе. Ана сака-ше да си направи едно за на глава, Марко сакаше да си ја украси количката, а Луан неуморно береше и тр-чаше по ливадата за да ги најде оние најрасцутените.

Тој ден во населбата на дружината МЕЛА беше особе-но раздвижено. Се слушаше гласна музика и улиците беа полни со млади облечени во свечени алишта кои се движеа кон реката. Луан ја здогледа меѓу нив и Ени-са со братучетка ѝ и викна по неа: „Ениса, Ениса, каде одиш? Дојди тука, ќе си правиме украси од цвеќиња! Погледни колку бели ради има на ливадата!“ и покажа кон ливадата.

Ениса го слушна, нешто се договори со братучетка ѝ и тргна кон децата да ги поздрави.

Марко кога ја виде се изненади дека и таа на себе има венче од цвеќиња и ја праша каде тргнала така до-терана и украсена со цвеќе. Ениса му одго-вори дека заедно со многу деца и млади денеска ќе оди на ре-

ката покрај железничката станица за да се измие во реката.

Луан изненадено ја праша: „Зошто на реката, немате вода денеска? Па, дојди кај мене, ние имаме!“

Ениса се насмевна и му кажа дека претходните дено-ви постојано дома чистеле и миеле со вода, сѐ измиле и исчистиле, и теписите, и подовите, дури и ѕидовите и, се разбира, облеката.

На Луан пак не му беше сѐ најјасно и праша: „И ја по-трошивте целата вода и сега немаш со што да се из-миеш?“

Во тој миг до децата од дружината МЕЛА дојде и братучетка-та на Ениса, Есма, и ѝ кажа на Ениса дека треба да побрзаат затоа што, по одење-то на река, треба да ги посетат баба им и дедо им. Луан се сврте кон Есма и ја праша: „Ама, ве молам, објаснете ми зо-што ќе одите на река и тоа вака дотерани со цвеќиња. Да не е некој празник на водата?“

Есма се насмевна и почна да раскажува: „Здраво деца, јас сум Есма, братучетката на Ениса, и денеска е голем празник за нас Ромите, Ерделези или Ѓурѓовден, најго-лемиот празник. Денеска го славиме завршувањето на зимата и доаѓањето на летото. Му се радуваме на сѐ ново што се раѓа, на животот. А, претходно се под-готвуваме за празникот така што го чистиме домот, облекуваме чиста и нова облека и самите одиме на река малку да се потуриме со водата за да бидеме и ние чисти”.

Ениса ја дополни: „Нема таму да земеме шампон и са-пун, па да се миеме. Само малку ќе си ги намокриме лицата за да го обележиме празникот”.

Марко пак сакаше да знае зошто се наките-ни со толку цвеќиња, а Ениса му кажа дека цвеќињата и расцу-тените гранчиња од дрвја ги има на про-лет и, бидејќи со овој празник се обележува почетокот на топло-то време, времето кога се буди природата и почнува ново раѓање, затоа се китат со цвеќиња.

Луан само се смеш-каше. Тој многу сака цвеќиња и се изра-дува кога дозна дека има празник кој се обележува со толку многу цвеќе. Тој од сè срце сакаше да им го честита празникот и

Page 112: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

110

рече: „Честит ви празник, Есма и Ениса, ќе ни кажете како се честита на ромски?“

Ениса и Есма се заблагодарија и одговорија „Бахтало Херделези (Bahtalo Herdelezi)”.

Ана внимателно слушаше. Откако заврши ја праша дали може да ја научи и нејзе да сплете такво убаво венче од цвеќиња. Есма, пак, брзаше затоа што цело-то нејзино друштво веќе беше тргнато кон реката и ѝ вети дека веднаш штом ќе се врати ќе ѝ покаже како се плетат венчиња.

Луан, Ана и Марко ги поздравија Есма и братучетка ѝ и продолжија да си берат од цвеќињата, кога по некое време покрај нив поминаа мајка ѝ и татко ѝ на Ениса, носејќи нешто во торбата.

Децата од дружината МЕЛА радосно се стрчаа кон нив и во глас им го честитаа празникот: Бахтало Херделе-зи, а родителите на Ениса им се заблагодарија. Потоа Марко загрижено им рече дека треба да побрзаат затоа што сите се веќе кај реката. Но, чичко Рамадан му кажа дека тие тргнале кај едни пријатели за да им

однесат дел од месото и од баклавата бидејќи за Ер-делези (Ѓурѓовден) задолжително храна-та се дели со луѓето што не може сами да си купат.

Децата се разделија од родителите на Ениса. По кратко вре-ме се вратија Ениса и Есма и заедно со децата од дружината МЕЛА почнаа да пра-ват венчиња од цвеќе, а од паркингот се слу-шаше гласна народна ромска музика и мно-гу млади играа оро и се веселеа.

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: ЦВЕТОВИ

Page 113: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

111

Page 114: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

112

Република Македонија е мултикултурна и мултиетничка земја. Во неа живеат повеќе етнички заедници (Македонци, Албанци, Роми, Турци, Срби, Бошњаци и други), помеѓу кои постојат разлики определени со нивната етничка/културна припадност, но и многу сличности.

Со оглед на тоа што сите народи што живеат на овие простори биле долго време под влијание на турската култура, јадењата што традиционално се приготвуваат во семејствата што припаѓаат на различните народи се некоја варијација на јадењата што многу често потекнуваат од турската кујна. Слично е и со традиционалните пијалоци, какви што се бозата, кафето, чајот.

Во јазиците на народите што живеат во нашата земја се среќаваат и многу турцизми – зборови што се користат во секојдневниот говор, а водат потекло од турскиот јазик.

Затоа е многу важно децата, уште од најрана возраст, да се запознаваат со специфичностите на турската култура, но и да учат за сличностите меѓу сопствената култура и културите на другите етнички заедници што живеат во нашата земја, меѓу кои е и турската. Тоа ќе придонесе за развивање на компетенциите на децата за живеење во мултикултурно општество.

Работилница:

ИГРА НА СЕНКИ

Работен лист за учесниците: Сарми – по 1 примерок за секоја мала група

Работен лист за учесниците: Сутлијаш и боза – по 1 дел за секоја мала група

Сликовница: Игра на сенки

Хартија – неколку

Хартија (стара) – неколку

Тоалетна хартија – 1

Боички (кафена) – по неколку за секоја мала група

Селотејп – 1

Лепило – по 1 за секоја мала група

Ножички – 1 големи

Картон (А4 големина) – по 1 за секоја мала група

Ориз – малку за секоја мала група

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 115: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

113

1 Активност На неколку места на подот се лепат „острови“ со различна големина (листови стара хартија меѓусебно залепени). Воспитувачот започнува континуирано да произведува некој вид на плескање или тропање истовремено изговарајќи го зборот: „дениз“ („море“, на турски), а сите учесници исто така континуирано го повторуваат тоа движење и збор при што се движат слободно околу „островите“. Во еден момент, воспитувачот гласно извикува: „ада“ („остров“, на турски) и тогаш секој веднаш гласно го извикува тој збор и застанува на некој од „островите“.

Активноста се повторува неколку пати, а во секој наврат се произведува нов вид на плескање или тропање (на пр., плескање со дланките, тропање по препоните, плескање по образите, тропање со нозете, плескање по стомакот...). По секое застанување на „островите“, се отстранува по некој од нив барајќи од учесниците во следниот наврат да соработуваат и да застануваат заедно на оние „острови“ кои преостануваат. На крајот на активноста се оставаат само неколку од поголемите „острови“, односно толку колку што е потребно за учесниците многу збиено да застанат на нив.

3 Активност

Сите се делат во мали групи и секоја група добива селотејп, тоалетна хартија, листови хартија („ориз“) и стара хартија („месо“). Секоја група најпрво заеднички ја сече на мали делови хартијата и старата хартија само со прсти, а потоа деловите ги прави како топчиња и ги распоредува на ленти од тоалетна хартија, кои потоа ги витка во ролни и ги лепи за да направи 10 „сарми“. На крајот, секоја група своите „сарми“ ги реди на поголемо парче картон („сад за печење“).

ДИСКУСИЈА:

1

2

4

3

Како се викаат новите другари на дружината МЕЛА?

На кој јазик зборуваат тие дома? Што се тие? (според етничка припадност)

Кои зборови ги научија децата од дружината МЕЛА на турски?

Што јадеа и пиеја децата од дружината МЕЛА додека беа на гости? Освен Турците, дали јадат сарми и Македонците и Албанците и Ромите? А сутлијаш? Дали сите пијат боза?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачот им ја чита приказната од сликовницата: Игра на сенки, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 116: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

114

4 Активност Сите остануваат да работат во истите мали групи од претходната активност. Секоја мала група застанува во засебна низа. На почетокот на секоја низа стои „садот за печење“ со „сармите“ направени од неа во претходната активност, а на одредено растојание, напред пред секоја низа, се лепи по еден примерок од РЛ за учесниците: Сарми. На даден знак, првиот во секоја низа зема една „сарма“ и трча да ја залепи на „чинијата“, па се враќа назад и спортски се поздравува со следниот по ред во низата, а тој застанува на крајот од неа. Активноста на ист начин се повторува додека сите групи да ги залепат сите свои „сарми“ во својата „чинија“, а победник е групата која била најбрза во тоа.

5 Активност Сите остануваат да работат во истите мали групи од претходната активност. Секоја група добива малку ориз, лепило, кафени боички и по еден претходно исечен дел од РЛ за учесниците: Сутлијаш и боза, па заеднички го лепи оризот во садот („сутлијаш“), а чашата ја бои кафено („боза“).

6 Активност Сите стојат во круг. Еден се движи околу кругот од надворешната страна. Во еден момент тој допира некого за рамо и почнува во иста насока, како и дотогаш, да трча околу кругот за што побрзо да стаса до местото на оној кого го допрел. Тој што е допрен исто така трча, но во спротивен правец за што побрзо да се врати на своето место пред тоа да биде зафатено од оној што го допрел. Кога ќе се сретнат на сред пат, при трчањето, двајцата застануваат, се поздравуваат со ракување и се прашуваат еден со друг: „Селам, наслсн?“ („Здраво, како си?“, на турски), а одговараат: „Ијијим!“ („Добро!“, на турски). Тој што стигнува подоцна до местото, продолжува да се движи во круг и бара некој друг, при што се повторуваат истите постапки неколку пати.

7 Активност Сите остануваат да стојат во круг. Воспитувачот објаснува дека кога ќе рече: „Евет!“ („Да!“, на турски), сите треба да ги движат главите како за потврдување, кога ќе рече: „Хајир!“ („Не!“, на турски) – ги движат главите како за одречување, а кога ќе рече: „Ѓуле ѓуле!“ („Пријатно!“, на турски) – мафтаат со дланките напред. Тогаш воспитувачот почнува континуирано да го изговара едниот, па другиот, па третиот збор, а потоа почнува нив да ги менува сè побрзо додека да се извежбаат зборовите и движењата. Тогаш воспитувачот вели дека отсега ако забележи некој кој не го направил соодветното движење, тој ќе биде следниот кој ќе ги кажува зборовите наизменично, а другите ќе ги прават соодветните движења и така со ред, додека да се изредат неколку учесници кои ќе ги кажуваат зборовите.

Page 117: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

115

СЛИКОВНИЦА: ИГРА НА СЕНКИ

Беше лето, а децата од дружината МЕЛА, како што си се нарекуваа тие според првите букви од своите имиња, беа многу среќни што можеа да играат долго надвор. Денес, од многу играње, седнаа на клупата во паркот за малку да се одморат. Разговараа за различни ра-боти, но одеднаш Ениса погледна кон еден прозорец од соседната зграда и само гласно извика: „Ииииии!“ Тогаш другите деца ја запрашаа: „Што ти стана одед-наш? Виде нешто?“, а таа само рече: „Ништо, изгледа нешто ми се причини!“

Децата продолжија да си разговараат, но малку по-доцна Ана извика: „Леле, таму навистина има нешто чудно! Сега и јас видов!“ Тогаш сите погледнаа кон ис-тиот прозорец и решија да се доближат за да видат подобро за што станува збор.

Кога дојдоа пред со-седната зграда, сите се зачудија: близу до тој прозорец имаше ста-вено бело платно, а по-зади него имаше сенка на дете и сенка на Ме-сечина кои прекрасно танцуваа – се движеа лево-десно, горе-до-

лу, се вртеа, се оддалечуваа една од друга, а неко-гаш многу се доближуваа. Дружината МЕЛА никогаш претходно немаше видено такво нешто, па седна на тревата да види што ќе се случи. На крајот од танцот, сенката-дете ја гушна сенката-Месечина и исчезнаа. На дружината МЕЛА не ѝ беше јасно како е сето тоа направено, но децата само знаеја дека многу им се допадна. Ана рече: „Другари, вакво нешто немам ви-дено во животот! Ова беше многу убаво! Уживав да го гледам!“, а Луан додаде: „Леле, сакав барем уште малку повеќе да потрае!“ Марко предложи да приче-каат уште некое време за да видат дали можеби сен-ките ќе се појават повторно зад платното, па сите се согласија со тоа. Но, чекаа и чекаа, а сенките веќе не се појавија.

Тогаш Ениса рече: „Навистина сакам да знам што беше тоа! Толку многу ми се допадна што ноќеска сигурно ќе сонувам како јас сум тоа дете што ја гуш-ка Месечината!“ Ова го слушна еден дедо кој стоеше на балконот до прозорецот, се насмевна и ѝ рече на дружината МЕЛА: „Селам, деца! Повелете кај нас да ја откриете тајната!“ Децата се израдуваа и брзо му воз-

вратија со: „Селам!“, па набрзина само отидоа дома за да им кажат на родителите каде ќе бидат.

Кога влегоа внатре, децата ја запознаа и бабата, а таа им ги претстави и нивни-те две внучиња кои ќе престојуваат кај нив на гости подолго време преку летото. Девојчето се викаше Ада – тоа значело „остров“ на турски, а нејзиниот брат се викаше Де-низ – што значело „море“ на турски. Дружината МЕЛА беше среќна што се запозна со нови деца. Таа дозна дека новите другари се Турци и дека дома зборуваат турски јазик. Ана тогаш рече: „Одлично! Од вас и ние ќе научиме некој збор на турски!“, а Ениса додаде: „Еве, јас веќе научив три збора: `селам` значи `здраво`,`ада` значи `остров` , `дениз` значи `море`!“

Марко тогаш рече: „Да ви кажеме зошто сме дојдени. Видовме некакви сенки кои танцуваа кај вашиот про-зорец... Навистина беше многу убаво и сите уживавме како да гледаме претстава во театар, но не ни е јасно што беше тоа?!“

Тогаш Ада и Дениз се насмевнаа и ја одне-соа дружината МЕЛА во собата каде што беше тој прозорец. Кога влезе, дружи-ната МЕЛА не виде ништо чудно – прозо-рец како и секој друг прозорец, а близу до него беше закачено едно бело платно. Но, Дениз им рече: „Причекајте само малку! Вие седнете пред плат-ното, а ние сега ќе ви ја откриеме тајната!“, па вклучи една голема батериска лампа да свети позади плат-ното. Ада пушти музика и зеде две подолги стапчиња кои си ги подели со Дениз: на едното на врвот му беше залепено едно дете направено од хартија, а на друго-то – Месечина, исто така направена од хартија. Двај-цата отидоа позади платното и клекнаа долу. Потоа секој од нив ја крена нагоре својата хартиена фигура и почна да ја движи – исто онака како што децата тоа го имаа видено кога беа надвор. Беше волшебно! Тан-

Page 118: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

116

цот повторно заврши со тоа како детето и Месечината се гушкаат, па кога Дениз ја изгасна батериската лам-па, исчезнаа и сенките, а децата од дружината МЕЛА ги наградија со огромен аплауз.

Децата не ни осетија колку брзо помина вре-мето, но веќе станаа гладни. Тогаш бабата и дедото на Ада и Дениз ги поканија сите за-едно да јадат. Додека чекаа јадењето да се стави на маса, од кујна-та доаѓаше многу убав

мирис што на дружината МЕЛА ѝ беше многу познат, но никој од неа не можеше да погоди од кое јадење е. Кога дедото го донесе јадењето на маса, Марко и Ана извикаа: „Леле, па тоа бил мирисот од сармиве! Уффф, двајцата многу сакаме сарми!“, Ениса извика: „Ооо, па мене ми е тоа омилено јадење!“, а Луан рече: „Мислам дека никој на овој свет не сака толку сарми како мене! Можам секој ден само тоа да јадам!“ Тогаш дедото им објасни дека сармите се турско јадење, но ги прават и Македонците, и Албанците и Ромите и сите други што живеат во Македонија. Сармите беа многу вкусни, па сите земаа по повеќе.

По јадењето, децата по-вторно отидоа во соба-та кај прозорецот. Мар-ко тогаш рече: „Имам идеја! Како би било и ние да се вклучиме во овој танц на сенки? Може да направиме вистинска претстава и потоа да ја одиграме

пред нашите родители и соседи!“ Луан додаде: „Може и билети да им продаваме за претставата, па од парите што ќе ги собереме да купиме материјал за да напра-

виме куќички за птици!“ На сите деца многу им се до-падна идејата, па тогаш Ада и Дениз извадија боички, лепило, хартија и стапчиња, па сите почнаа да прават различни хартиени фигури и да ги лепат на стапчиња-та.

Во еден момент, се отвори вратата и влезе бабата на Ада и Дениз за да им донесе нешто слатко за јадење. И, повторно следеше изненадување: имаше сутлијаш и боза што бабата рече дека биле исто така турски, но ги пијат и јадат не само Турците, туку и Ромите, и Албанците и Македонците и сите други што живеат во Македонија. Ана рече дека таа самата добро знае како се прави сутлијаш: се вари ориз со млеко, се ста-ва малку шеќер, може и цимет и – прсти да излижеш колку е вкусно! А бозата сите ја купуваа од блиската слаткарница.

Дојде време кога децата од дружината МЕЛА мораа да си одат дома. Се гушнаа силно со Ада и Дениз и се до-говорија утре повторно да вежбаат за претставата за-што сакаа што поскоро да ја направат. На одење, Ени-са рече: „Знам дека `здраво` на турски се вика `селам`, а како сега да кажам `пријатно`?“, а бабата ѝ рече: „Многу интересно се кажува – треба да речеш: `Ѓуле ѓуле!“ То-гаш сите деца од дру-жината МЕЛА гласно извикаа: „Ѓуле ѓуле!“ и потрчаа по скалите кон своите домови.

Page 119: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

117

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: САРМИ

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: СУТЛИЈАШ И БОЗА

Page 120: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

118

Во секојдневниот живот, а и во градинките, сите се среќаваат со различни возрасни и деца. Нема две исти деца – децата меѓу себе се разликуваат по многу нешта – изглед, способности, знаења, желби, интереси, културно потекло, вредности..., но истовремено имаат и многу заеднички работи, како што се базичните потреби за припаѓање, почитување, љубов, игра.

Сите деца, без оглед на нивното потекло, статус, способности, имаат исти права, а во основа на правата се токму потребите кои ги имаат сите деца. Децата со интелектуална попреченост во градинките важно е да бидат третирани како сите други деца во однос на нивните потреби. И тие деца, како и другите, имаат потреба за припаѓање, почитување, љубов, игра и градинката е место каде овие потреби можат да бидат задоволени. Кон нив не треба да се пристапува како кон некој проект или задача што треба да ја имаат сите останати деца, исто како што не се пристапува посебно кон тоа да се обезбеди било кое дете да биде почитувано или сакано или да има друштво. Важно е да се нагласуваат меѓусебните релации и да се бара начин како тие да се унапредат, а не да се избегнуваат.

Кај децата со интелектуална попреченост, како впрочем и кај сите други деца, не треба да се бара она што не можат да го направат и тоа да се потенцира, туку да се утврди што е тоа што можат да го прават и на тоа да се надоврзат активностите. И покрај императивот од прилагодување на содржините и активностите кон секое поединечно дете согласно неговите капацитети и актуелни потреби, многу е значајно во градинката да има активности во кои учествуваат сите деца на ист начин, а кои се забавни, релаксирачки и создаваат позитивна атмосфера.

Работилница:

МЕУРЧИЊА ОД САПУНИЦА

Работен лист за воспитувачката: Овошки – 1 примерок

Работен лист за воспитувачката: Песни – 1 примерок

Сликовница: Меурчиња од сапуница

Ножички – 1 големи

Цевки (пластични) – по 1 за секој

Чинии (пластични) – неколку

Сапуница

МАТЕРИЈАЛИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ВОСПИТУВАЧОТ/КАТА:

Page 121: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

119

1 Активност3 (дополнителна секојдневна активност):

Воспитувачката, секое утро, секому му дава да извлече по една од претходно исечените картички од РЛ за воспитувачката: Овошки. Оние кои извлекле иста картичка, претставуваат пар (доколку има непарен број деца, се формира и една тројка). Членовите во секој пар тој ден треба да си бидат посебни другари, што значи дека треба да си помагаат, да се грижат еден за друг, за ручек да се редат заедно, за спиење да бидат еден покрај друг, на маса за активности да бидат заедно... Секој ден, со ново влечење од картичките, се формираат нови парови посебни другари.

3 Идејата за активноста е земена од воспитувачката Едита Миткова, градинка „Павлина Велјанова“, Кочани.

3 Активност Сите стојат во круг и ја пеат песната: „Штом си среќен/на“ од РЛ за воспитувачката: Песни, истовремено правејќи ги соодветните движења и звуци.

4 Активност Сите продолжуваат да стојат во круг, а еден е во средина и се врти со затворени очи додека сите ја пеат песната: „Ти си посебен/на“ од РЛ за воспитувачката: Песни. Кога се пее зборот: „покажи“, учесникот во средина ги отвора очите и покажува со прст кон првиот што ќе го здогледа. Оној на кој е покажано – кажува една своја особина, умеење или желба по која мисли дека е посебен. При тоа треба да се внимава да не укажува на својот надворешен изглед или на некое материјално добро со кое располага. Ако учесникот не може сам да каже, тогаш другите кажуваат една негова позитивна особина. Потоа тој е следниот кој застанува во средина и активноста се повторува додека сите учесници да кажат по што се посебни.

5 Активност Секој добива по една поголема цевка со која треба да прави меурчиња од сапуница. Доколку некој не може да направи, може да му се истури малку сапуница во пластична чинија и да дува во неа за да прави меурчиња во чинијата.

6 Активност Најпрво само двајца или тројца се прегрнуваат во круг и така ја формираат првата „лушпа на зелката“. Потоа со ред се прегрнуваат сè поголем број учесници кои ја формираат втората, третата итн. „лушпа на зелката“ застанувајќи како надворешни кругови на веќе формираните. Активноста завршува кога сите ќе бидат дел од „зелката“, по што кратко се молчи за да секој се осети себе и другите.

ДИСКУСИЈА:

1

2

4

5

6

3

Зошто Луан бил нерасположен?

Како Луан се чувствувал во врска со Рон?

Како се чувствувал Рон кога одел на гости кај Луан?

По што сè може децата да се разликуваат?

Кои работи се заеднички за сите деца? Кои работи им се важни на сите деца?

Дали само воспитувачите треба да се грижат за сите деца да им е добро во градинка или тоа треба да го прават и децата? Како?

2 Активност Сите седат во круг, а воспитувачката им ја чита приказната од сликовницата: Меурчиња од сапуница, покажувајќи им ги и соодветните цртежи во неа.

Page 122: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

120

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧКАТА: ПЕСНИ

Штом си среќен/наШтом си среќен плесни ти со рацете (сите плескаат со рацете два пати), х 2 Кога среќни ти се дните покажи им на сите, Штом си среќен плесни ти со рацете.

Штом си среќна тропни ти со нозете (сите тропаат со нозете на подот), х 2 Кога среќни ти се дните покажи им на сите, Штом си среќна тропни ти со нозете.

Што ми среќен гушни го другарчето (сите се гушкаат по двајца или по тројца), х 2 Кога среќни ти се дните покажи им на сите, Што ми среќен гушни го другарчето.

Штом си среќна гласно ти насмевни се (сите гласно извикуваат: „Ха, Ха“), х 2 Кога среќни ти се дните покажи им на сите, Штом си среќна гласно ти насмевни се.

Ти си посебен/на (се пее по мелодијата на песната: “Are you sleeping, are you sleeping”)

Ти си посебен, ти си посебна, cврти се – покажи (тој во средина ги отвoра очите и покажува кон првиот кој ќе го види), х 2 кој е денес посебен, кој е денес посебна, тоа си ти... (името на оној кој е покажан), тоа си ти... (името на оној кој е покажан).

Page 123: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

121

СЛИКОВНИЦА: МЕУРЧИЊА ОД САПУНИЦА

Летото тукушто започна. Пред дружината МЕЛА, како што се нарекуваа децата според првите букви од имињата, беа долги и топли денови. Наутро, штом ќе се разбудеа, бргу појадуваа и излегуваа на игра-лиштето – весели и безгрижни.

Но, тоа утро Луан дојде подоцна и некако нерасполо-жен. Кога го забележа, Ада зачудено го праша: „Како можеш да бидеш нерасположен на ваков ден? Дедо ми донесе сладолед за сите – земи, ќе те расположи!“ Луан не беше многу заинтересиран за сладоледот, па Ада повторно му рече: „Земи Луан, повели, знам дека сакаш – не сум сретнала дете што не сака сладолед!“ Луан полека го зеде сладоледот, почна да го лиже и се насмевна. И другите деца земаа од сладоледот и седнаа на клупата. Ана дојде до Луан и му рече: „Кажи ни што ти е, ние сме другари, тука сме да играме, да се веселиме, но и да си помогнеме кога ни е тешко!“

Луан почна: „Еве ќе ви кажам што ми е! Многу сум нерасположен за-тоа што денес на гости ќе ми дојдат роднините од Тетово, а нивното дете Рон, колку мене е, а ништо не знае да си игра! И кога беше мал беше таков, а кога jа

прашував мајка ми што му е на Рон, таа ми велеше: `Ништо не му е! Доста прашуваш! Срамота е!` A, како ништо не му е кога зборува како мало дете, тешко трча, ми ги фаќа сите работи во соба, ми ја превртува корпата за отпадоци... Јас само се муртам и му викам: `Доста! Престани! Не! Не! Не!` Последниот пат кога се видовме, само ги редеше играчките и потоа ги турка-ше со рака или со нога!“

Дедото на Ада и Дениз седеше на клупата и внимателно го слуша-ше разговорот, па реши да се вклучи: „Децата се разликуваат меѓу себе по многу работи – нема две исти деца и токму тоа прави светот да е интересен и возбудлив.

Некогаш децата се разликуваат по мали работи – како по бојата на кожата, или по должината на косата, а не-когаш разликите се поголеми – има деца кои никогаш

нема да прозборат, ниту пак ќе можат да седат мир-ни. Но, сите деца, колку и да се различни, сакаат да се среќни, да имаат другари и да се сакани“.

На Ениса ѝ стана многу жал – како за Луан зашто е нервозен и не знае што да прави, така и за Рон, кој сигурно не се чувствува пријат-но кога гледа дека Луан му се лути и не си игра со него. Таа гледаше замислено во земја тркалајќи едно камче под ногата, а по некое време праша: „Другари, како да им помогнеме на Луан и на Рон да бидат среќни кога се заедно? Ништо не ми текнува... Знам дека, колку и да се различни, сепак и двајцата се деца и мора да имаат и многу сличности“.

Тогаш Ада возбудено рече: „Во моето одделение дојде да учи едно дете со кое на почетокот никој ниту знае-ше како да се дружи ниту пак сакаше да се дружи. Но, малку-по малку, сите најдовме нешто што ни е уба-во заедно да го правиме со него!“ Дениз се присети дека Ада му раскажуваше дека еден ден правеле ме-урчиња од сапуница и дека тоа другарче било многу радосно. Сите деца се насмевнаа и Марко кажа дека и тој многу сака да прави меурчиња од сапуница, па и Ениса, и Дениз, и Луан, и Ана, рекоа дека им е една од омилените игри. Ениса тогаш рече: „Супер, ова може да биде една игра што можеш да ја играш со Рон“.

Ада тогаш доби нова идеја и му рече на Луан: „А да пробаш со топка да ги туркате играчките? Ти сакаш да играш кошарка, а тој да ги реди играчките, па про-бајте со баскетот да ги срушите! Ако Рон не сака да ја фрла топката, може ти да ја фрлаш, а тој да ги реди играчките! Така ем ти ќе бидеш среќен, ем Рон!“

На Луан му се допад-на оваа идеја и рече дека ќе проба. Тогаш се сети дека Рон е многу мирен и среќен кога мајка му и татко му го гушкаат; многу сака да застане пред нив, да ги рашири рацете и да им падне во прегратките. Луан рече: „И јас сакам гушкање – ќе

Page 124: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

122

пробам и јас да го гушнам!“ Ана рече дека таа не сака многу гушкање, но ако Рон е нејзин другар, сигурно би пробала да трча со него по ливадите и да се брка око-лу дрвјата.

Како повеќе разговараа, така децата добиваа сѐ по-веќе и повеќе идеи што може да прават заедно со Рон за да им биде на сите убаво...

Дедото на Ада и Дениз ги слушаше децата и задовол-но се смешкаше. Тој беше среќен што неговите внуци заедно со децата од дружината МЕЛА се толку гриж-ливи и му рече на дедото на Ениса: „Ееее деца, деца... Би сакал да можам да се вратам во времето и за миг и јас повторно да бидам дете!“ Тогаш дедото на Ениса тивко нешто му шепна на уво и двајцата полека станаа од клупата.

По неколку минути децата изненадено гледаа како околу нив паѓаат рој меурчиња од сапуница. Сите беа

насмеани и радосни, а кога ги кренаа гла-вите нагоре за да ви-дат од каде доаѓаат – ги видоа двајцата дедовци како ги пра-ват меурчињата и им мафтаат од балконот од зградата.

РАБОТЕН ЛИСТ ЗА ВОСПИТУВАЧКАТА: ОВОШКИ

Во тој миг на игралиштето се појави Рон со неговите родители. И Рон кога ги виде меурчињата, радосно се затрча кон нив и ги пружи рацете за да ги фати. Набргу му здодеа и почна да трча наоколу, а Ана кога го виде, почна да му вика: „Фати мееее, фати меее!!!“ и почна да бега смеејќи се. Рон ја виде, се насмевна и почна да трча по неа.

Мајката на Рон гледајќи како сите заедно си игра-ат, по прв пат реши да го остави Рон сам надвор со децата.

Page 125: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

123

Page 126: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

124

Page 127: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ
Page 128: ПРИРАЧНИК: ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

ПОЧИТУВАЊЕ НА РАЗЛИЧНОСТИ И МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ ВО

РАНИОТ ДЕТСКИ РАЗВОЈ

ПОЧИ

ТУ

ВАЊ

Е НА

РАЗ

ЛИЧН

ОСТ

И И

МУЛ

ТИ

КУЛ

ТУ

РАЛИ

ЗАМ

ВО

РАНИ

ОТ Д

ЕТСК

И Р

АЗВОЈ

Прирачник