ЛУМБАЛЕН БОЛЕН СИНДРОМ (ЛБС) КАЈ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ...
DESCRIPTION
ЛУМБАЛЕН БОЛЕН СИНДРОМ (ЛБС) КАЈ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ - ПАТОГЕНЕЗА И ПРЕВЕНЦИЈА. Дипл.физиотерапевт Олгица Димитров Специјална болница по хирур Ш ки болести "Филип Втори" Скопје. D ефиниција. - PowerPoint PPT PresentationTRANSCRIPT
ЛУМБАЛЕН БОЛЕН СИНДРОМ (ЛБС) КАЈ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ -
ПАТОГЕНЕЗА И ПРЕВЕНЦИЈА
Дипл.физиотерапевтОлгица Димитров
Специјална болница по хирурШки болести"Филип Втори"
Скопје
Dефиниција
Лумбален болен синдром е збир на симптомите со различна етиологија кои се презентираат во вид на болка во овој дел, и тоа на преминот од лумбалниот во сакралниот дел на рбетниот столб (помеѓу многу подвижен и оптоварен последен лумбален прешљен и слабо подвижна сакралната коска).
Инциденца
Преку 80% луѓе во зрел и најпродуктивен период се соочуваат со лумбален болен синдром (ЛБС) и тоа е најчеста причина поради која се бара медицинска помош во примарна здравствена заштита.
Инциденца-медицински сестри, техничари
• American Nurses Association, 2008.– 52% сестри/техничари се жали на хронична болка– 20% побарао промена на работното место– 12% ја напустило професијата
• Edgar Vieira, University of Alberta Faculty of Rehabilitation Medicine, 2009.– 65% ортопедски сестри– 58% интензивски сестри
Здравствено-економски последици
• Заболувањата на кичмата доведуваат до губиток на мотивација и до заминување на голем број на мед. сестри техничари од активно практикување на професијата
• Ова предизвикува оптоварување на системите за социјално осигурување и
• Го потенцира проблемот на глобален недостаток на мед. сестри во индустриските земји
Класификација на ЛБС по текот (тежина) на болеста
неспецифична лумбална болка > 95% – болка од долните ребра до глутеална регија
синдром на ишијас (<5%) – болката оди долж една нога што укажува на иритација/компресија на нервните корени
прогресивен невролошки дефицит (< 2%)
Класификација на ЛБС по должина на траењето на симптомите
акутна лумбална болка (< 6 недели) субакутна лумбална болка ( 6 – 12 недели) хронична лумбална болка (> 12 недели)
Предиспонирачки фактори за настанување на ЛБС
неправилно дигање на терет неправилно носење на терет долготрајно задржување во истата положба
(седење, стоење, возење, одење) нагли движења на свивање на трупот зголемена телесна тежина намалена физичка активност лоша положба во спиење хроничен стрес
Положби и оптовар на L5
Етиологија
дегенеративни промени (на дискот и зглобовите на рбетниот столб и стеснување на интервертебралниот канал)
спондилоза (spondylosis) спондилолистеза (spondylolisthesis) спинална стеноза( stenosis spinalis) хернија диска (discus hernia) спондилолистеза
Дегенеративни промени
Дегенеративни промени
• Дегенеративни промени на меѓупрешњенскиот диск се јавуваат како последица на стареење и губиток на вода. Оптоварување на anulus fibrosus е асиметрично со што се потенцира настанување на остеофити. При секојдневни активности периоди на оптоварување на дискот се се подолги, а периоди на растеретување се пократки, со што се попречува нормална трофика на дискот.
Хернија на дискот (discus hernia)
Етиологија
Синдром на пириформис (Sy. M. piriformis) –мускулниот дисбаланс на пелвитрохантеричната мускулатура доведува до поместување во зглобот на колк и карлицата, со што се провоцира пириформниот мускул и прави притисок на ишијадичниот нерв (n. ischiadicus).
Етиологија
Структурални пореметувања
сколиоза (scoliosis) – искривување на рбетниот столб во фронтална рамнина
кифоза (kiphosis) лордоза (lordosis) – искривување
на рбетниот столб во сагиталната рамнина
Етиологија
Воспалителни ревматски заболувања
Анкилозантен спондилитис (spondylitis ankylosans) - воспалително ревматско заболување каде доаѓа до окоштување на сврзното ткиво
Ревматоиден артрит во фаза на зафаќање на интервертебралните зглобови
Етиологија
траума – повреди на коскениот, мускулниот и лигаментарниот систем во лумбалната регија
инфективни заболувања
тумори
Суштински причини за настанување на лумбалната болка
мускулна слабост како последица на инактивитет, што како последица има лошо држање на тело и лоша биомеханика
мускулниот дисбаланс помеѓу поедини мускули и мускулните групи
Клиничка слика на ЛБС
Нагла болка Зголемен тонус на паравертебрална
мускулатура Ограничена подвижност
На лумбалниот дел во сите правциo Ослабена дорзална флексија на стапалото и
намалено чувство за допир на надворешна страна на натколеница, горна страна на стапалото и палецот (L5)
o Ослабена плантарна флексија на стапалото и прстите како и намален Ахиловиот рефлекс, намален осет на надворешна страна на стапалото (S1)
o Слабост во нозете и намалување на сензибилитет, како и оштетување на сфинктерите (kauda eqvina)
Сегментна инервација
Третман на ЛБС – акутна фаза
Мирување во анталгична положба (Williams)
Аналгезија – нестероидни антиреуматици, миорелаксанси,
седативи, кортикостероиди
Третман на ЛБС – акутна фаза
Физикална терапија криотерапија DD (дијадинамске струје) IF (интерферентне струје) TENS површинска масажа вежби на дишење - мобилизација на граден кош статички контракции за зајакнување на мускулатура на
долните екстремитети (превенција на тромбоза и атрофија на екстензорите)
Третман на ЛБС –субакутна и хронична фаза
Цели на кинезитерапија
зголемување на подвижноста на рбетниот столб зајакнување на абдоминалната мускулатура зајакнување на паравертебралната мускулатура зајакнување на глутеалната мускулатура истегнување на скратените мускули на сакралниот дел
o Предност се дава на статичките контракции (на почеток 2-3s, потоа 5-6s, се до 10s)
Третман на ЛБС – субакутна и хронишна фаза
Физикална терапија топлински процедури KTD DD IF US ES
По појава на симптомите на ЛБС, потребна е трајна промена
или модификација на начинот на живеење, со цел
превенција на рецидиви и подобрување на квалитетот на
живот!
Кинезитерапевтски вежби
Почетен став
o Лежење на грб со нозете свиткани во коленици
Изометриски вежби за зајакнување на абдоменалната и глутеална мускулатура, како и паравертебралната мускулатура на рбетниот столб
Кинезитерапевтски вежби
Истегнување на задната ложа на натколеница и скратените мускули на лумбалниот дел нарбетниот столб
Зајакнување на паравертебралната мускулатура
Превенција
Заштитни положби и движења кај обавување на секојдневните активности
Подобрување на услови за работа – ергометриско прилагодување на работните површини
Зајакнување на мускулите кои овозможуваат нормална постура – воспоставување на рамнотежата помеѓу флексорите и екстензорите на трупот (мускулите на преден стомачен ѕид и грбните мускули), како и рамнотежата помеѓу флексорите и екстензорите на колкот
Избегнување на рецидиви Континуирана едукација на персоналот
Заклучок
Со корекција на животен и работен стил и со редовно вежбање се намалува лумбална болка и појава на рецидиви, како и трошоците на лекување, а значително се подобрува квалитетот на животот.
Референтна литература
• European Guidelines for Prevention in Low Back Pain, 2004.• A.Kim Burton, How to Prevent Low Back Pain, Best Practice and
Research Clinical Rheumatology, 2005• Водич за превенцију и третман лумбаног болног синдрома, Клинички
центар Сарајево, 2009.• Edgar Vieira, University of Alberta Faculty of Rehabilitation Medicine,
Back Pain - A Common Problem for Nurses, 2009. • Edgar Vieira, University of Alberta Faculty of Rehabilitation Medicine,
Low Back Problems and Possible Improvements in Nursing Jobs, 2005.• University of Southampton, Southampton General Hospital, Manual
Handling Activities and Risk of Low Back Pain in Nurses,1995.• Health Science Journal,The Problem of Lower Back Pain in Nursing Staff
and Its Effects on Human Activity, 2008.