КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ

10
Сара Милојчевска ментор:Драгица Тер

Upload: sarah-milojcevska

Post on 04-Aug-2015

179 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ

Сара Милојчевска ментор:Драгица Терзиќ

Page 2: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ

Козметика се производи кои се користат за подобрување на изгледот или мирисот на човечкото тело .Козметиката вклучува креми за кожа, лосиони, пудри, парфеми, кармини, лак за нокти, шминка за очи и лице и.т.н.

Зборот козметика потекнува од грчкиот збор κοσμητική τέχνη (kosmetikē tekhnē) што значи „уметност во облекувањето и украсувањето“,од зборот κοσμητικός (kosmētikos) што значи „вешти во средувањето и аранжирањето“ додека пак тој потекнува од κόσμος (kosmos) што меѓу другото значи „средува“ и „украсува“.

Козметиката е широко распростарнета, особено кај жените.

Page 3: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ

Првиот археолошки доказ за употреба на козметика е пронајден во Египет околу 3500 г.п.н.е. во времињата на Антички Египет кога некои членови на кралските семејства како на пример Нефертити, Нефертари, маската на Тутанкамон итн. имале шминка.И Античките Грци и Римјани користеле козметика.Римјаните и Античките Египјани користеле козметика која содржела отровна жива и олово.Козметиката имала влијание на античкото кралство на Израел, како што е забележано во Стариот завет -2 Крала 9:30 кадеИзабела си ги боела клепките -приближно 840 година п.н.е. И во Библиската книга на Естер се опишани разновидни третмани за убавина.

Во Средниот век, иако употребата на козметиката не била одобрувана од страна на Црквата,многу жени во ја користеле.Популарен тренд за жените во Средниот тренд било да имаат блед тен на кожата кој се постигнувал или преку нанесување на пасти од олово,креда или брашно или преку вадење на крвта. Жените ставале и бел пигмент од олово на нивните лица кој бил познат како „ceruse (церуза)“ за да изгледа дека имаат бел тен.

Page 4: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ

Жените во 19-от век сакале да бидат сметани за нежни дами.Тие се споредувале себеси со деликатни цвеќиња и ја нагласувале својата префинетост и женственост.Секогаш имале за цел да изгледаат бледи и интересни.Понекогш дамите дискретно ставале малку руж на образите и користеле „беладона“ за да ги прошират и истакнат повеќе своите очи.Шминката општо била осудувана особено во 1870-те кога социјалниот бонтон станал многу ригиден. Меѓутоа на актерките им било дозволено да користат шминка и познатите убавици како што се Сара Бернар и Лили Лангтри можеле да бидат напудрени.Повеќето достапни козметички продукти или биле хемиски сомнителни или поради бојата бобинки и цвекло можеле да се најдат во кујнската средина.До средината на 20-от век, козметиката е во широко распространета употреба од страна на жените во приближно сите индустриски општества во светот.Козметиката била во употреба илјадници години.Отсуството на регулирање на производството и употребата на козметиката низ годините довело до негативнинесакани ефекти, деформитети, слепило па дури и смрт.

Page 5: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ

Предноста на природната козметика од комерцијалната козметика е во тоа што прородната козметика содржи природни состојки. Класичната козметика содржи база од нафтени деривати, а вазелинот и парафинот не ја хранат кожата. Во класичната козметика се користат многу конзерванси за да може производот долго време да стои и да не го промени својот состав, но понекогаш конзервансите можат да предизвикат алергии. Во природната козметика не се ставаат конзерванси и затоа се чуваат само неколку дена во ладилник. Главни состојки на природната козметика се етерични масла (бадем,лаванда,орев,јојоба итн.). Втората предност на природната козметика е што секој може да ја направи дома, на тој начин знате што ставате на вашето лице.

Page 6: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ

Млекото е испитан козметички препарат, се користи уште од древен Египет. Капењето во млеко се сметало за пријатна и луксузна грижа за телото. Современата наука констатира , колку повеќе калциум, толку повеќе мускули и помалку масти во организмот. Протеините и мастите во млекото ја заштитуваат кожата и косата од исушување. Кон кожата млекото е подарежливо освен со влага,тоа и ја потхранува кожата со тоа што ја тонизира, ја прави мека и мазна. Благодарение на млекото влагата подолго се задржува во дермата, кое благо влијае на еластичноста.

Page 7: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ
Page 8: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ
Page 9: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ
Page 10: КОЗМЕТИЧКИ ПРЕПАРАТИ