Биланс на состојба

14
Биланс на состојба Во финансиското сметководство, биланс на состојба или извештај за финансиската состојба е краток преглед на билансите на некоја личност или организација. Активата (средствата), пасивата (обврските) и сопственичкиот капитал се подредени така што почнуваат од одреден датум, како на пример крајот на финансиската година. Билансот на состојба често се опишува како снимка на финансиската состојба [1] на компанијата. Од четирите основни финансиски извештаи, билансот на состојба е единствениот извештај што се однесува на единствен момент. Билансот на состојба на една компанија има три дела: актива, пасива и сопственички капитал. Вообичаено , прво се наведени главните категории на активата а по нив следи пасивата. Разликата меѓу активата и пасивата е позната како капитал или нето капитал или нето вредност на компанијата и според пресметковната равенка, нето вредноста мора да биде еднаква на актива минус пасива. [2] Друг аспект на гледање на истата равенка е дека активата е еднаква на пасивата плус капиталот на сопствениците. Гледањето на равенката на овој начин покажува како била финансирана активата: или со позајмување пари (долг-пасива) или со користење на парите на сопствениците (сопственички капитал). Билансите на состојба обично се презентираат со активата во еден дел а пасивата и нето врденоста во друг дел со тоа што двата дела се „салдираат“. 1

Upload: mstaniseva

Post on 29-Jul-2015

404 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Page 1: Биланс на состојба

Биланс на состојба

Во финансиското сметководство, биланс на состојба или извештај за финансиската

состојба е краток преглед на билансите на некоја личност или организација. Активата

(средствата), пасивата (обврските) и сопственичкиот капитал се подредени така што

почнуваат од одреден датум, како на пример крајот на финансиската година. Билансот

на состојба често се опишува како снимка на финансиската состојба[1] на компанијата.

Од четирите основни финансиски извештаи, билансот на состојба е единствениот

извештај што се однесува на единствен момент.

Билансот на состојба на една компанија има три дела: актива, пасива и сопственички

капитал. Вообичаено , прво се наведени главните категории на активата а по нив следи

пасивата. Разликата меѓу активата и пасивата е позната како капитал или нето капитал

или нето вредност на компанијата и според пресметковната равенка, нето вредноста

мора да биде еднаква на актива минус пасива.[2]

Друг аспект на гледање на истата равенка е дека активата е еднаква на пасивата плус

капиталот на сопствениците. Гледањето на равенката на овој начин покажува како

била финансирана активата: или со позајмување пари (долг-пасива) или со користење

на парите на сопствениците (сопственички капитал). Билансите на состојба обично се

презентираат со активата во еден дел а пасивата и нето врденоста во друг дел со тоа

што двата дела се „салдираат“.

Евиденциите на вредностите на секоја сметка или линија во билансот на состојба

обично се одржуваат со користење на систем на книговодство познат како систем на

двојно книжење.

Бизнис кој целосно работи со готовина може да го пресмета својот профит со подигање

на целосното салдо на сметката во банка на крајот на временскиот период како и

готовината на рака. Меѓутоа, многу бизниси не се исплаќаат веднаш; тие изградуваат

залихи од добра и се здобиваат со објекти и опрема. Со други зборови: бизнисите

имаат актива и не можат, дури и ако сакаат, веднаш да ја претворат во готовина на

крајот на секој период. Честопати, овие бизниси им должат пари на набавувачите и на

даночните служби, а сопствениците не го повлекуваат целиот нивни првобитен

1

Page 2: Биланс на состојба

капитал и профит на крајот на секој период. Со други зборови бизнисите имаат и

пасива (долгови).

Видови

Билансот на состојба накратко ги прикажува активата, капиталот и пасивата на некоја

организација или лице во одреден момент. Лицата и малите бизниси покажуваат

тенденција да имаат едноставни биланси на состојба. Поголемите бизниси се склони

кон посложени биланси на состојба, и тие се даваат во годишниот извештај[3] на

организацијата. Големите бизниси исто така може да подготват биланси на состојба за

сегменти од нивните бизниси.[4] Билансот на состојба вообичаено се презентира заедно

со друг биланс за различен временски период (типично за претходната година) за

споредба.[5]

Личен биланс на состојба

Личниот биланс на состојба ја наведува тековната актива како на пример готовината на

тековните сметки и штедните сметки, долгорочните средства како на пример обични

акции и недвижен имот, тековните обврски (долгови), како на пример заем и хипотека

пристигнати за наплата, или заостанати наплати, долгорочни обврски како на пример

хипотека и друг заем. Вредностите на хартиите од вредност и недвижниот имот се

наведени според пазарна цена а не по историски (првобитен) трошок или основица на

трошокот. Личната нето вредност е разликата меѓу вкупната актива и вкупната пасива

на лицето.

Биланс на состојба на малите бизниси во Соединетите Американски

Држави

Пример за биланс на состојба на мал бизнис[6]

Актива Пасива и сопственички капитал

Готовина 6,600 долариПасива

Побарувања 6,200 долариНеподмирени долгови 30,000 долари

Обврски

Вкупна пасива 30,000 долари

Алатки и опрема 25,000 долариСопственички капитал

2

Page 3: Биланс на состојба

Обични акции 7,000 долари

Задржана добивка 800 долари

Вкупен сопственички капитал 7,800 долари

Вкупно 37,800 долариВкупно 37,800 долари

Билансот на состојба на мал бизнис ја наведува тековната актива, како на пример

готовина, побарувања и залиха, основни средства како на пример земја, објекти и

опрема, нематеријални средства како на пример патенти, и обврски како на

пример неподмирени долгови, расходи, и долгорочни долгови. Потенцијални

обврски како на пример надоместоци се наведуваат во фуснотите на билансот на

состојба. Капиталот на малиот бизнис е разликата меѓу вкупната актива и

вкупната пасива.[7]

Структура на билансот на состојба на јавните деловни

субјекти

Комитетот за меѓународни сметководствени стандарди и многубројни организации

карактеристични за одредени земји даваат упатства за билансите на состојба на јавните

деловни субјекти.

Името и употребата на билансот на состојбата зависат од земјата во која

организацијата има седиште и од видот на организацијата. Владините организации

обично не ги следат стандардите утврдени за лицата или бизнисите.[8][9][10]

Доколку е применливо за бизнисот, во билансот на состојба треба да бидат вклучени

сумарни вредности за следниве работи: [11]

Актива

Тековна актива

1. Готовина и еквиваленти на готовина

2. Залихи

3. Побарувања

4. Однапред платени трошоци

3

Page 4: Биланс на состојба

Долгорочна актива

1. Имот, погон и опрема

2. Имот за инвестирање, како на пример недвижен имот што се чува за

инвестициони цели

3. Нематеријални средства

4. Финансиски средства (исклучувајќи ги инвестициите што се одредени за

користење на методот за пресметување на капитал, побарувањата, и готовина и

еквиваленти на готовина)

5. Инвестиции што се одредени за користење на методот за пресметување капитал

6. Биолошки средства, што претставуваат живи растенија или животни. Биолошки

средства-носачи се растенија или животни што носат земјоделски производ за

берба, како на пример јаболкници што се одгледуваат за да произведуваат

јаболка и овци одгледувани за да произведуваат волна.

Пасива

1. Неподмирени долгови

2. Надоместоци за гаранции или судски одлуки

3. Финансиски долгови (не вклучувајќи надоместоци и неподмирени долгови),

како соло меници и корпоративни обврзници

4. Пасива и актива за тековен данок

5. Пасива за одложен данок и актива за одложен данок

6. Малцинско учество во капитал

7. Емитуван капитал и резерви на кои имаат право сопствениците на капитал во

акции од Централната фирма

8. Незаработена добивка

Капитал во акции

Нето активата прикажана на билансот на состојба е еднаква на третиот дел од билансот

на состојба, познат како капитал во акции. Формално, капиталот во акции е дел од

пасивата на компанијата: тоа се средства што им се „должат“ на акционерите (по

4

Page 5: Биланс на состојба

исплатата на цела друга пасива); сепак, обично, „пасива“се користи во порестриктивна

смисла на пасива не вклучувајќи го капиталот во акции. Билансот на актива и пасива

(вклучувајќи го и капиталот во акции) не е случајност. Евиденциите за вредностите на

секоја сметка во билансот на состојба се одржуваат со користење на систем на

книговодство наречен двојно книжење. Во оваа смисла, капиталот во акции по состав

мора да е еднаков на актива минус пасива, и претставува хонорар.

1. Број на акции одобрени, емитувани и целосно платени, и емитувани но

нецелосно платени.

2. Минимална вредност на акциите

3. Срамнување на неисплатени акции на почетокот и на крајот на периодот

4. Опис на привилегирани, преференцијални и ограничени акции

5. Краткорочни акции, вклучувајќи и акции поседувани од филијали и партнери

6. Акции резервирани за емитување врз основа на опциони права и договори

7. Опис на природата и целта на секоја резерва во рамките на капиталот во акции

Пример на структурата на билансот на состојба

Следнава структура на биланс на состојба е само пример. Не ги покажува сите можни

видови на актива, капитал и пасива, но ги покажува највообичаените видови. Поради

тоа што го покажува гудвилот, би можело да биде консолидиран биланс на состојба.

Монетарните вредности не се покажани, а нема ни сумарни редови (редови за вкупно).

Биланс на состојба на ХХХ, ДОО почнувајќи од 31 декември 2006г.

АКТИВА

Тековна актива

Готовина и еквиваленти на готовина

Побарувања (должници)

Залихи

Однапред платени трошоци

Инвестиции чувани за тргување

Друга тековна актива

Основни средства (не-тековна актива)

Имот, погон и опрема

Помалку: Акумулирана амортизација

Гудвил

5

Page 6: Биланс на состојба

Други нематеријални основни средства

Инвестиции во партнери

Актива за одложен данок

ПАСИВА и КАПИТАЛ

Доверители: износи пристигнати за наплата во текот на една година (Тековна

пасива)

Неподмирени долгови

Тековна пасива за данок на доход

Тековен дел од неподмирени банкарски заеми

Краткорочни надоместоци

Друга тековна пасива

Доверители: износи пристигнати за наплата по повеќе од една година

(Долгорочна пасива)

Банкарски заеми

Емитувани хартии од вредност

Пасива за одложен данок

Надоместоци

Малцинско учество

Капитал

Акционерски капитал

Капитални резерви

Ревалоризациона резерва

Резерва од конверзија

Задржана добивка

Ревизија нафинансиски извештаи

Како што е познато сметководството претставува процес на евидентирање,

класификување, сумирање и известување за резултатите од финансиските трансакции

во форма на финансиски извештаи. За разлика од него ревизијата на финансиските

извештаи утврдува дали тие извештаи се изработени во согласност со

општоприфатените сметководствени стандарди. Може да се каже дека овој вид на

ревизија на корисниците на ревизорските извештаи им нуди независно и објективно

мислење за вистиноста и чесноста на презентираните податоци во финансиските

извештаи на претпријатијата кои им се клиенти. Овој вид на ревизија се смета за многу

значајна активност во процесот на донесување на деловни одлуки за алоцирање на

економските ресурси и успешно раководење на бизнисот.

6

Page 7: Биланс на состојба

Во фокусот на интересирање се базичните финансиски извештаи: билансот на состојба,

билансот на успех и извештајот на парични текови. Во овој поглед должност на

менаџментот е да ја чува сметководствената евиденција и да ги подготви финансиските

извештаи во согласност со општоприфатените сметководствени стандарди (што во

Македонија се Меѓународните сметководствени стандарди и Меѓународните

стандарди за финансиско известување).

Одговорноста на ревизорот од друга страна се сведува на испитување на

презентираните финансиски исвештаи, сметководствената евиденција и релевантните

докази прибавени од разни извори, со перманентно следење и респектирање на

стандардите за ревизија, со цел да утврди да извештаите се составени во согласност со

сметководствените стандарди и врз основа на тоа да даде свое мислење.

Ревизија на усогласностана постапките

Со овој вид на ревизија се утврдува степенот до кој ревидираниот ентитет ги следи

стандардите или правилата воспоставени, креирани или донесени од страна на

повисоките авторитети, договорите, законската регулатива или писмената согласност.

Во оваа дефиниција, повисоки авторитети се врвниот менаџмент, кој е обврзан да ги

вгради стандардите во политиката и постапките на деловниот ентитет со изработка на

посебни упатства и прирачници. Оваа ревизија се фокусира на испитувањата на

усогласеноста на постапките со одделен сет од стандарди или правила, така што на

пример целта на ревидирањето може да биде лимитирана само на постапките на лицата

задолжени за продажни активности и на усогласеноста на нивните постапки со

пропишаните услови за продажба.

Ревизија на работењето

Тоа опфаќа систематско испитување на активностите на целото претпријатие или само

на дел од него од аспект на тоа колку ефикасно и ефективно се користат ресурсите.

Како што знаеме менаџерите се задолжени да донесуваат одлуки во насока на

зголемување на ефикасноста и ефективноста. Ефикасноста е прикажана со односот

помеѓу влезот (инпут) и излезот (аутпут) во претпријатието, па секое зголемување на

излезот во однос на влезот значи и зголемување на ефикасноста. Од друга страна

ефективноста го означува успехот на претпријатието во остварувањето на поставените

7

Page 8: Биланс на состојба

цели. Ефективноста и ефикасноста во секој сучај треба да се следат со цел

менаџментот да знае дали нивните одлуки се правилни или не. Затоа примарната цел

на ревизијата на работењето е да ги оцени перформансите, во идентификување на

подрачјата кои имаат потенцијал за одредено подобрување и во развивање на

препораки за нивно реализирање.

За разлика од другите два вида на ревизија кај кои стандардите кои се употребуваат за

следење на усогласеноста, кај ревизијата на работењето овие стандарди се тешки за

определување. Основната тешкотија е да се одредат мерливи критериуми кои ќе бидат

користени за оцена на ефективноста и ефикасноста.

Судска ревизија

Ова е понов вид на ревизија која се појавила како резултат на зголемениот број

измами, грешки и нерегуларности инкорпорирани во финансиските извештаи на

претпријатијата клиенти. Нејзина примарна цел е да ги открие или да ги спречи

активностите кои доведуваат до вакви измами или нелегални активности, кои можат да

се сретнат во финансиските извештаи. Овој вид бележи значаен пораст, посебно во

делот на финансиите во претпријатието.

Според органот кој го спроведува испитувањето

Екстерна ревизија

Екстерната ревизија претставува сплет на активности за испитување и оценување на

реалноста и објективноста на финансиските извештаи на претпријатијата, кои се

спроведени од страна на компетентни, независни, надворешни и овластени лица со цел

да оформат и изразат поддржано мислење во извештај за извршената ревизија.

Спроведувањето на оваа ревизија е поврзано со постоењето на информации

презентирани во верифицирана форма и со одредени стандарди, според кои ревизорот

треба да ги оценува информациите.

Ревизија се спроведува врз објективни информации како што се квантитативните, но и

врз субјективни информации како што е ефективноста на компјутерскиот систем и

ефикасноста на производните активности. Поради ова критериумот за оценување

зависи од видот на информации, односно дали истите се субјективни или објективни.

8

Page 9: Биланс на состојба

За разлика од објективните чии стандарди се сметководствените принципи и стандарди

на пример, кои се веќе утврдени, за субјективните информации се користи друг приод.

Поточно веќе е практика клиентот и ревизорот да изнајдат компромис при одредување

на овие стандарди пред започнување на ангажманот.

Без разлика на тоа што е современ тренд да се додаваат повеќе вида на услуги во склоп

на екстерната ревизија, таа сепак се изедначува со ревизијата на финансиските

извештаи.

Најбитниот елемент на оваа ревизија е ревизорот да биде надворешно лице, за да

демонстрира апсолутна независност од менаџментот на компанијата при изразувањето

на своето мислење.

Овој вид на ревизија се појавува со појавувањето на акционерските друштва,

заедничката сопственост и одделувањето на сопственоста од управувањето.

Надворешниот ревизор се става во состојба да ги штити интересите на сопствениците

преку прикажување на точна слика за финансиската состојба на претпријатието.

Веќе со закон е пропишано дека секое претпријатие што има акции треба да се

регистрира на берза и со тоа мора да изврши надворешна ревизија. Надворешната

ревизија е потребна за да и даде на јавноста точна изјава за финансиската позиција на

компанијата. Ова се прави најмалку еднаш годишно од страна на сметководители кои

не се постојано вработени во компанијата. Ревизорите се осигуруваат дека компанијата

ги следела правите сметководствени процедури во нејзините финансиски извештаи и

податоци. Тие ги споредуваат моменталните финансиски извештаи со оние од

минатата година за да утврдат дали извештаите се конзистентно пресметани. Ако не се

тогаш тие претставуваат извртена слика за финансиската позиција на компанијата.

Ревизорите истотака ја истражуваат состојбата на ставките од активата за да видат да

не се зголемени, и обврските и капиталот да не се намалени.

Кога ревизорите се задоволни со сметките на компанијата тие издаваат извештај со кој

потврдуваат дека веруваат во точноста на билансот на состојба, билансот на успех и

ддруги податоци кои ја претставуваат финансиската позиција на компанијата. Потоа

овој извештај се објавува во годишниот извештај на компанијата.

9

Page 10: Биланс на состојба

Интерна ревизија

Екстерните ревизори при вршење на ревидирањето на извештаите на компанијата со

цел да спроведат брза, ефикасна и финансиски рационална ревизија, во најголем дел ги

користат податоците од внатрешната ревизија.

Оваа ревизија настанала како резултат на потребата на современото претпријатие да

воведе сопствен облик на надзор со цел да го испита системот на контроли, што ги

вршат сите вработени како составен дел на своите работни обврски, да ја открие

ефикасноста на овие контроли, слабите точки на нивните функционирања и да

предложи мерки за нивно елиминирање. За разлика од претходните две ревизии кои

законски се регулирани, интерната ревизија во законската регулатива во Република

Македонија не е опфатена. Интерната ревизија пред се му служи на менаџментот.

10