Морално воспитание

28
СОДРЖИНА 1.Вовед..................................... ................................................ .....1 2.Моралното воспитание како воспитна задача.......................3 3.Формирање на моралното однесување и делување..............4 4.Средства за морално насочување во основното образование..................................... ................................................ .......6 4.1. Совет........................................... ...........................................6 4.2. Пример.......................................... .........................................8 1

Upload: japonec-pictures

Post on 29-Jul-2015

1.018 views

Category:

Documents


4 download

TRANSCRIPT

Page 1: Морално воспитание

СОДРЖИНА

1.Вовед..........................................................................................1

2.Моралното воспитание како воспитна задача.......................3

3.Формирање на моралното однесување и делување..............4

4.Средства за морално насочување во основното

образование............................................................................................6

4.1. Совет......................................................................................6

4.2. Пример...................................................................................8

4.3. Дневен ред.............................................................................9

5. Средства за потикнување......................................................10

5.1. Признание............................................................................10

5.2. Пофалба...............................................................................11

5.3. Награда................................................................................11

6.Средства за спречување.........................................................12

6.1. Надзор..................................................................................12

6.2. Казна....................................................................................13

7.Анализа на содржината на наставниот план и програма во

моралното воспитание во основното образование...........................14

7.1. Анализа на содражината на програмата по македонски

јазик.......................................................................................................14

7.2. Анализа на содражината на програмата по историја......15

7.3. Анализа на содражината на програмата на часот на

раководителот на паралелката............................................................16

8. Заклучок..................................................................................18

9.Користена литература............................................................19

1

Page 2: Морално воспитание

1.Вовед

Сите оние установи на кои им е доделена воспитно- образовната работа

како нивна примарна општествена задача ги нарекуваме воспитни

институции. Во нив дејствуваат стручно-педагошко оспособени кадри кои

плански и организирано работат на остварување на целите и задачите на

воспитанието- телесно, интелектуално, морално, естетско и работно и

техничко. Моралното обликување на човекот е не само составен дел на таа

работа, туку и една од примарните задачи во сите воспитни установи.

Најпознатата и најважната, најстарата, најмасовната и најразвиената воспитна

установа е училиштето.

Поимот училиште има општо значење. Училиштето како фактор на

моралното воспитание, пружа можност на планско и организирано

дејствување во правец на изградување морално сознание, морално уверување

и моралното дејствување, во правец на развивање на позитивни морални

особини, позитивни квалитети на личноста и карактерот.

Наставата е воспитно- образовен процес. Секоја наставна единица има

свои воспитни а не само образовни задачи. Во наставата се изградува научен

поглед кон светот, како и учеников однос кон животот и светот. Во наставата

општествените групи на предмети, а посебно во наставата за општествено и

морално воспитание, на часови распоредени учениците ги запознаваат

општествените односи, моралните идеи, норми и категории и правила и

завземат посебни ставови, ги обликуваат нивните морални чуства и

изградуваат морални уверувања. Тие ги совладуваат критериумите, стекнуваат

морални искуства, чуствуваат сигурност и способност морално да ги

вреднуваат своите и туѓи постапки.

Понатаму за да задачите на моралното воспитание во училиштето се

остваруваат плански,училиштето мора да има програма за воспитна работа во

кое моралното воспитание на ученикот ќе завзема важно место. Програмата за

воспитна работа значајно се разликува од наставната програма. Според неа не

се предава. Таа претставува општа ориентација за наставникот училишниот

педагог како и самиот ученик. Таа се остварува во наставата, слободните

активности како и општата јавна и културна дејност на училиштето. Таа

2

Page 3: Морално воспитание

зависи од конкретните услови во некое училиште и е невозможно однапред

точно да се пропиша програмот на воспитната работа во секое училиште. На

тоа подрачје не се можни општи шеми. Заеднички се само општите ставови по

кои се утврдува односот на поедини ученик кон другите луѓе, кон себе, кон

класот и школската заедница на ученикот потоа кон родителите, учењето

должностите, работата, материалните и духовни вредности.

Со добро поставено морално воспитание во училиштето, учениците

можат подобро да ја сватат смислата на човековиот опстанок, да завземат

правилен став кон животот, постепено да стекнуваат свест за припадност на

својот народ, и да се развива нивниот осет за должност и одговорност.

Учениците се навикнуваат на ред и дисциплина, се изградуваат нивните

работни навики, навиките за културно однесување и останатите морални

особини, се развиваат позитивните црти на личноста и квалитети на

карактерот.

2.Моралното воспитание како воспитна задача

Моралното воспитание е составен дел од подготовката, обликувањето и

усовршувањето на човекот, еден од составните делови на слободното

воспитание и сестрано развивање на личноста. Целта и задачите на моралното

воспитание се всушност составен дел од широките цели и задачи на

воспитанието воопшто. 1 Воспитанието е целовит и единствен процес на

развивање и обликување на личноста. Неговата поделба на поедини воспитни

подрачја-телесна, интелектуална, морална, естетско, работно и техничко

воспитание во вистинска смисла е само апстракција, која овозможува подобра

и потполно да се проучат овие подрачја, како и подобро да се запознаат и да се

воочат законитостите на воспитната работа. Но никогашне смееме да

заборавиме на нивното органско единство и меѓусебна поврзаност.

Моралното воспитание како едно од подрачјата на воспитанието мора

да обезбеди единствено и складно обликување на интелектуалната,

емоционалната и волевата свера на личноста, тоа е насочено кон усовршување

1 A. Vukasovic: Moralni odgoj, Zagreb, 1974

3

Page 4: Морално воспитание

на човекот во правилно суштество. И затоа ако сака да се воспитува мора да

сака да влијае на развитокот на целосен и правилен човек, односно

изградување на морална личност.2 Тоа значи дека во методиката на воспитната

работа мораме да го ускладиме однесувањето со уверувањето и да се

навикнува на т.н. практично морално делување на воспитаникот.

Морлното воспитание е многу сложено воспитно подрачје. Во него

истовремено се согледуваат смислата и задачите на моралното воспитание,

неговата цел и содржина, како и разновидните влијаниа и фактори, односно

индивидуалноста на воспитаникот кои ги приваќа мислењата иставовите на

заедницата во која се воспитанието остварува како и конкретни совети и

можности за остварување. Резултатите на моралното воспитание зависат од

општествениот став на поединецот и неговиот однос кон заедницата, кон

другите луѓе, кон работата и самиот себе. Безморалното воспшитание,

безустановените морални доблести, како што се : праведност, искреност,

хуманост, другарството, пријателството, културата на однесување,

критичноста, самокритичноста, принципиелноста, патриотизмот итн.- не би

можеле да оствариме идеален опшествен напредок, бидејки само моралните

личности можат да бидат носители на таков напредок. Какви млади

обликуваме денес, такви морални вредности ќе развиваме во процесот на

морално воспитание, и такво општество ќе имаме во иднина. Остварувањето

на човековите идеали и тежнеења, брзината на тоа остварување и иднината на

човештвото, зависат од формирањето на човекот, од воспитната функција, а

моралното воспитание завзема централно место во тој процес.

3.Формирање на морално однесување и делување

Морило на човековите морални вредности се неговото дело, постапка и

чин. Постпките го покажуваат вистинскиот морал на поединецот. Смислата на

моралното сознание и моралното уверување е да го потпомогне обликувањето

на моралното однесување и делување.

2 A. Vukasovic: Etika, Moral, Sposobnost, Skolska knjiga, D. J. Zagreb, 1993

4

Page 5: Морално воспитание

Современата теорија на моралното воспитание не се ограничува само

на зборови, туку бара дејствување. Добро е морално обликуван оној поединец,

кој морално дејствува. Затоа моралното воспитание мораме да го засноваме на

морални постпки а не само на зборови. Се подразбира дека е многу лесно да се

воочи што е добро, да се научат моралните начела, да се разликува доброто од

злото отколку да се прават добри дела, да се однесуваш и да делуваш морално.

Затоа главната задача е младите да се оспособат морално да дејствуваат. Тоа

значи дека во текот на запознавањето на моралните норми мораме да го

обогатиме емоционалниот живот на учениците, да обликуваме позитивни

својства на волјата и карактерот и да се навикнат морално да се контролираат.

Но мораме да установиме дека на тоа поле постојат доста слабости. Во

воспитната работа денес недостасува вежбање и совладување на тешкотиите.

Малку се користи навикнувањето , а навиките се темел на дејствување.

Нашето училиште многу повеќе ќе се насочува на зборови отколку на

постапки. Во тежнеењето за знаење се занемаруваат моралните искуства и

постапки.3

Треба да се знае дека моралното формирање и усоврашување не може

да се постигне само со морално поучување, туку е потребно и активно

дејствување во такви животни ситуации каде се сосема птиродно буди

етичкиот став и моралното дејствување. Затоа на подрачјето на моралното

воспитание мора да се бара чин дело и постапка. Низ текот на практичното

дејствување се запознава воспитаникот и се влијае на неговото морално

обликување.4

Моралното однесување понатаму можеме да го одредиме како

однесување заосновано на моралните норми и принципи, кои ги уредуваат

меѓучовечките односи во некое општество. Важен предуслов за обликување

на моралното однесување е обликување на моралното сознание и моралното

уверување. Моралните знаења се неопходни при обликувањето на личноста, и

затоа воспитаникот мора да ги усвои.тие му помагаат да завземе правилен

став, правилни постапки во работата и да го насочат своето морално

однесување и дејствување во склад со моралните норми. Затоа во процесот на

морално формирање потребно е морално поучување.

3 A.Vukasovic:Moralni Odgoj, Zagreb, 19744 A.Vukasovic:Pedagogija,IRO, Samobor, Zagreb. 1990

5

Page 6: Морално воспитание

Во животот постојат примери на ученици или луѓе кои добро ги

познаваат моралните норми, но не ги следат со своето однесување. Причината

за таквото несогласување помеѓу моралните знаења и однесувањето се

објаснува со фактот на недостаток во трајноста на моралните навики. Затоа во

воспитната работа како и во праксата на моралното воспитание мора да се

постигне исполнување на одредени морални норми, почитување на правилата,

како темели на моралното сознание и уверување и во исто време да се

претворат во навики, односно таквите постапки да станат животна потреба

навоспитаникот.5 Тоа значи дека моралните поуки заедно со етичкиот

разговор со кои им се објаснува на учениците како треба да се однесуваат и

дејствуваат, треба всушност да послужат учениците да ги доведат во состојба

да се однесуваат и да дејствуваат така и во нив да се формираат навики на

такво однесување.

4. Средства за морално насочување во основното

образование

Со добрата поука, позитивниот пример, создавање на идоли, дневниот

редослед, работа и културно збогатување сакаме да ги упатиме младите луѓе

да се придржуваат до редот, да ги почитуваат должностите, културно да се

однесуваат итн. Затоа и рековме дека средствата за насочување се позитивно

ориентирани. Со нив ги упатуваме младите, им покашуваме позитивни

примери и ги навикнуваме на моралните постапки. Во праксата на воспитната

работа често се употребува и совет.

4.1. Совет

Советот или поуката е средство со кое воспитувачите често се служат

во моралното воспитание.

5 A.Vukasovic:Moralni odgoj, Zagreb, 1972

6

Page 7: Морално воспитание

Учителите и наставниците како постари и поискусни ги поучуваат и

советуваат младите ученици како треба да се однесуваат во одредени

ситуации.

За да советот биде успешен мора да биде природен и ненаметлив, да

биде актуелен т.е. да се однесува на потребите, сколностите и интересите на

воспитаникот, мора да биде конкретен, разбирлив, уверлив и прифатлив и

мора да се темели на учениковите уверувања. Ако наставникот поседува

авторитет, учениците ќе ги респектираат неговите поуки. Но слабата страна на

ова средство е во тоа што не се темели на искуството на ученикот.

4.2. Пример

Големо значење во моралното воспитание има примерот. Тој влијае

непосредно посебно на младите ученици пр. На младите ученици поради

нивните склоности и способности на погршно однесување.

Најсилно влијание на младите ученици имаат примерите од родителите

и наставниците. Нивната сила се заснова на пзитивните односи на младите кон

нив. Посербно е важен примерот на првиот наставник во почетикот на

школувањето. Првиот наставник поретставува голем абторитет, причина

поради која децата го следат и кој во одреден период посилно влијае и од

самите родители. Покасно тоа влијание опаѓа,но примерот на наставникот и

понатаму има инзвонредно голема улога во воспитната работа, го помага

развивањето на моралните погледи и ставови, моралните уверувања,

однесувања и дејствувања.6 Ако наставнокот дејствува во склад со своите

уверувања и ако ученикот чувствува дека тој цврсто стои зад секоја своја

реченица, дека е принципиелен и доследен, тогаш неговата настава силно се

изградува, а примерот на наставникот не е можно да се замени со никакво

друго средство.

6 A. Vukasovic: Moralni odgoj, Zagreb, 1974

7

Page 8: Морално воспитание

4.3. Дневен ред

Доста значајно средство на моралното воспитание е и дневниот ред. Со

него се одредува времето потребно за работа и одмор, спиење, играње, учење

итн. Важно е да одредени активности правилно се менуваат од ден во ден,

учениците да се навикнуваат на одреден редослед на активности кои

ритмички ќе се повторуваат. Дневниот ред во голема мера го помага

формирањето на хигиенски, културни работни навики. Дневниот ред го

потпомага развојот на остетот за ред, дисциплина, формирање на смисла за

уредност, точност, самостојност и одговорност, ги развива и јакне чувствата

на долчност и одговорност и други позитивни особини на личноста.

Дневниот ред е средство на моралното воспитание кое се појавува

најрано во животот на човекот. Понатаму во училиштето се јавува

училишниот ред и дисциплина. Доследниот училишен ред во голема мера го

потпомага усвојувањето на облици на морално однесување и свес на

дисциплина и така во процесот на морално формирање, станува средство со

помош на кое теоретските поставки заморалните постапки, се претвараат во

конкретни облицина владеење.

Училишниот ред мора да биде во склад со целокупниот живот и работа

на секое училиште. Посебно внимание треба да се посвети на однесувањето на

ученикот за време на одморот. Нередот за време на одморот го нарушува

правилниот ритам на училишниот живот. Затоа за време на одморот во

училиштето мора да владее ред. Ако учениците сакаат да играат, треба да се

појде на местото предвидено за игра, школскиот двор или игралиште.

Доследното почитување на редот во училиштето, како и родителите го

навикнува ученикот на уредност, работа, дисциплина и придонесува ученикот

своите должности и обврски да ги извршува точно на време. 7

5.Средства за потикнување7 Е. Петрова-Ѓеорѓиева: Современото училиште и моралното воспитание, Педагошки Факултет, Штип, 2005

8

Page 9: Морално воспитание

Главната цел на средствата за потикнување е насочување на

воспитаникот на добри дела и настојување во тоа да истраат.8Поради оваа

позитивна ориентација имаат извесна предност пред средствата за

спречување, но сепак имаат и своја лоша страна. Така на пример со нивна

честа примена нивното позитивно дејствување опаѓа. Ученикот се привикнува

на потикнувањета-признанија, пофалба, награда и ги отчекува, а нивното

влијание е се послабо. Тоа може да доведе до тоа да ученикот постапува така

не поради своите уверувања, туку поради пријатните последици- признанија,

пофалби и награди, а кога еднаш ќе изостане потикувањето, ќе исчезне и

учениковата позитивна постапка. Тоа всушност е негативната последица на

често употребуваните средства за потикнување.

5.1. Признание

Кога ученикот постигне одреден успех, направи добро дело, покаже

примерно однесување, добро работи и е истраен во позитивните настојувања,

му се оддава признание, со цел да се потикне и во иднина така да постапува,

односно да ги мотивираме и останатите ученици и тие така дасе однесуваат,

така да работат или да постапуваат. Признанието можеме да го изразиме во

облик на позитивно вреднување( отценување), одобрување, храбрење или

подражување. Важно е да признанието биде заслужено, бидејки само таквото

признание не изискува завист на останатите, односно развива самосвест и

поверение во себе и те потикнува на понатамошно залагање и одговорно

дејствување. Напротив признанието кое не е разбирливо и прифатливо за

ученикот, кое е израз на субјективните наклоности на наставникот или

воспитувачот може да има за последица нарушување на позитивните односи

на ученикот кон наставникот.

За позитивни резултати во училиштето или моралното дејствување

треба на младите ученици да им се оддаде заслужното признание.9

8 А.Vukasovic: Moralni Odgoj, Zagreb, 19749 A.Vukasovic: Etika, Moral, Sposobnost, Skolska knjiga, D. J. Zagreb, 1993

9

Page 10: Морално воспитание

5.2.Пофалбата

Пофалбата е на повисок степен на признание. Наставникот на тој начин

го искажува своето задоволство што ученикот бил истраен во доброто дело,

што си ја врши својата должност и обврски, што е работлив, уреден и

дисциплиниран. Тоа се однесува на позитивните одлики, способност и

можности на ученикот, ја јакне вољата за работа, го подига работниот елан, ја

развива неговата самосвест и го потикнува на понатамошна работа. Понатаму

правилно изречената пофалба може позитивно да влијае не само на

пофалениот ученик туку и на останатите ученици на кои им е пружен пример

на добро однесување и делување.

Пофалбата може да биде усмена или писмена, поединечна или групна.

Може да се даде во текот на работата како потикнувач но и на крајот како

позитивна отцена и признание. Силно дејствува ако се изрече јавно и на

свечен начин, во присуство на целиот клас, пред сите ученици од

училиштето,пред родителите, пред другите наставници и сл.

5.3. Награда

Наградата е нај јако средство за потикнување. Таа донесува не само

духовно задоволство и признание на ученикот туку и материјална вредност.

Но и поради тоа е доста осетливо средство. Затоа постои опасност

материалната вредност да стане цел и смислата на дејствувањето.Па поради

тоа наградувањето во воспитната работа е секогаш деликатна работа. Од една

страна ученикот силно го мотивира на акција, а од друга изискува егоистичко

тежнеење и тежнеење за истакнување и наградување, односно завист и

омаловажување на останатите ученици.

И при наградувањето важи правилото дека треба да се применува

повеќе на помладите ученици но и тогаш не пречесто. Паричните награди и

големи материјални вредности треба да се избегнуваат во наградувањето,

бидејки потикнуваат на активност од користољубиви причини. Наградата

10

Page 11: Морално воспитание

мора да ги јакне етичките побуди, и затоа наградите не треба однапред да се

ветуваат. Многу е подобро наградата да го изненади ученикот и да дојде како

последица на неговото позитивно дејствување.

6. Средства за спречување

Освен позитивните постојат и негативни воспитни влијанија. Задача на

средствата за спречување е да помогнат да го зачуваат ученикот од

непожелните влијанија или барем да го намалиме нивното лошо дејствување.

Меѓутоа процесот на морално воспитание е доста сложен процес кој се

однесува на воспитаниковата личност и обликување. Поради тоа во

воспитната работа често се појавуваат и некои непожелни манифестации.

Ученикот се изразува или однесува на начин кој не е пожелен, бидејки не е во

склад со нормите на културно оснесување.

6.1 Надзор

Надзорот се однесува на се што е во врска со моралното обликување на

младиот човек- неговото слободно време, односот спрема луѓето, родителите,

наставниците; односот спрема училиштето, учењето, работата, материјалните

и духовни вредности итн. Надзорот е превентивно воспитно средство. Негова

цел е да воспитаникот го зачува од лошите влијанија, бидејки на сите нас ни е

познато дека е подобро да се спречи отколку да се лечи. Истовремено со

помош на надзорот го следиме и проверуваме моралниот развиток на

ученикот, обликувањето на неговиот морален квалитет и според тоа ја

ускладуваме воспитната работа.

Како средство на моралното воспитание надзорот го применуваме од

раѓањето па до моралната зрелост на ученикот. Но тој не смее да биде ни

премногу тесен ни премногу широк. Тој треба да е ненаметлив и да дејствува

само на присутните воспитаници.

11

Page 12: Морално воспитание

6.2. Казна

Најсилното средство за спречување претставува казната. Во воспитната

работа и казната е понекогаш потребна, бидејки постојат ученици,

воспитаници кои се упорни во своите лоши постапки. Кога не помагаат

превентивните мерки и другите средства за спречување, кога воспитаникот

свесно прави престап се применува казната. Таа има за цел да го потикне во

воспитаникот на неудобност, чуствување на вина и се јавува како последица

на одредени неправили постапки.10 Меѓутоа казната не смее да биде средство

за освета или понижување, туку пред се средство за зачувување на моралниот

поредок и моралните норми, односно средство за развивање и обликување на

ученикот. Затоа таа ги содражи осудите за лошите постапки, но и надежта за

поправка во иднина, повикот ученикот да се подобри и верување ви неговите

позитивни квалитети.

Казната мора да биде индивидуална и во склад со ситуацијата. Тоа

значи дека за исти престап, на различни воспитаници нема да им се даде исти

казни или на истиот воспитаник за повторениот престап нема да му се одреди

иста казна.

7. Анализа на содржината на наставниот план и

програма на моралното воспитание во основното

Образование

10 A.Vukasovic: Moralni Odgoj, Zagreb, 1974

12

Page 13: Морално воспитание

Со анализа на наставниот план и програма наша единствена цел е да

добиеме релевантни и објективни податоци за тоа колку во наставниот план и

програма содржините се морално обоени. За таа цел ги избравме за анализа

наставните планови и програми по : македонски јазик, историја и часот на

раководителот за учениците од 5 до 8 одделение во основното училиште.

7.1 Анализа на содржината на програмата

помакедонски јазик

Анализата на сите наставни содражини во 5 одделение во основното

воспитание и образование говори за широката, богата и разновидна лепеза на

содражини кои дирекно или индирекно се во функкција на моралното

воспитание.

Сите програмски содражини се во духот на воспитната функција,

формирање позитивни морални особини како преку интерпретација на

литературните творби , лектирни дела, содражинска и тематска анализа на

филмови, јазикот и јазичните појавитака и преку усното и писмено изразување

со концизно искажана мисла и лексичка разнобразност и израз чист од

локализми.11

Анализата на наставниот план и програма по македонски јазик за 6, 7 и

8 одделение упатува на сознанијата :

-наставните содражини се поделени на истите тематски подрачја, со таа

разлика што прогресивно се прошируваат во зависно од возраста на

учениците.

Аналогно на примерот со програмските содражини за 5 одделение кои

тие ги нудат истите можности, т.е придонесувват за зацврстување за одредени

ставови и мисли, развивање на нови морални квалитети и изградување на

сопствени вредносни системи, преку кои ученикот се доживува како посебен

ентитет, вредност и личност. Како илустрација ќе го заземеме примерот од

граматика ,содражината и потеклото на јазикот се провлекува во функција за

задачите :

11 Е.Петрова- Ѓеорѓиева :Современото училиште и моралното воспитание, Штип , 2005

13

Page 14: Морално воспитание

- да развива љубов кон јазикот и литературата, да го потикнува

јазичното творештво на учениците ;

- да ги оспособи да се борат против негативните влијанија во

литературата и јазикот ;

- Да ги шират духовните видици, да изградува морални особини

и естетски чуства и ставови кај учениците;

- Да ја зацврстува љубовта спрема материјалните и духовните

придобивки на дражавата и да развива хуманост и готовност

со лична работа и пример да придонесот во збогатувањето,

зацврстување и заштита на татковината .

- Да го развива патриотизмот , да се почитува културното

наследство и готовност да се брани татковината

7.2. Анализа на содражината на програмата по

историја

Наставниот план и програма по предметот историја уште во

дефинирањето на целта опаѓа од моралниот аспект на развојот на личноста.

Овде јасно стои дека целта на наставата по историја на основното образование

меѓу другото е изградување на вредносен систем кон сопствениот народ и

држава, други народи и држави...

Воспитното и образовното значење на програмските содржини се гледа

низ воспитните задачи што ги има наставата по историја, а тоа значи како се

развиени способностите на учениците, како се формира личноста во

интелектуален, морален, естетски и друг поглед. Воспитната страна има

пошироко значење зошто во неа гледаме повеќе конпоненти: развивање на

позитивни особини на личноста, усогласување на индивидуалните и

општествени односи, формирање на позитивни ставови, изградување на

напреден поглед на светот, усвојување на неопходни морални, општествени и

работни вредности и т. н.

Преку програмските содржини по историја може успешно да се

реализираат повеќе конпоненти од идејно значење:

Придонес за опшествениот развој и прогрес;

14

Page 15: Морално воспитание

Развивање на хуманистички ставови и цели;

Критичко однесување спрема научните и општокултурните

вредности и ненаучните теории и идеологии;

Правилни ставови и заклучоци по прашањето за религијата,

власта , војната...

7.3 Анализа на содражината на програмата на

часот на раководителот на паралелката

Целта на нашата анализа на програмата на часот на раководителот на

паралелката е да се види колку од содражините на овој час се со доза на

морално воспитание т.е дали овој час нуди можности за остварување на

моралното воспитание.

Тргнувајки од фактот дека секој добар наставник треба да биде и

раководител на паралелка овде би ги наброиле личните карактеристики на

наставникот што трба да ги поседува, а тоа се :

Стабилен, ништо да не го разгневнува, да не го лути, да не го

менува однесувањето во различни ситуации;

позитивно а што е негативно за себе, за учениците и за улилиштето;

Доследен тоа што ќе го вети да го исполни, да се раководи од

принципи

Добродушен со луѓето да се однесува добро, никому да не прави

зло;

Ова се моралните особини што треба да ги поседува и ученикот. Значи

секој наставник па и раководител на паралелката би требало да поседува

развиена морална свест, самосвест и совест.12 Да има развиено морални

чувства, а особено да биде хуман, искрен, солидарен,правичен, праведен, да

има позитивни идеали, приврзан кон културата на својот народ, да ги

почитува своите права и обврски и да ги почитува правата и обврските на

другите луѓе. Ако ги поседува овие особини ќе ги пренесе и на своите

ученици.

12 Е.Петрова-Ѓорѓиева: Современото училиште и моралното воспитание, Штип, 2005

15

Page 16: Морално воспитание

8. Заклучок

Во врска со заклучокот би можеле да споменеме дека силен аргумент

против моралното воспитание, особено кога тоа се појавува како самостоен

наставен предмет во училиштето, укажува на можноста за опасност од

морализирање. Ако под морализирање разбираме пренагласена или

исклучителна употреба на методот на поучување, а занемарување на

останатите методи на моралното воспитание, пренагласена употреба на

16

Page 17: Морално воспитание

зборови, а занемарување на моралните постапки, тогаш морализирањето како

облик на морално вербализирање не е пожелно. Меѓутоа, моралното

воспитание-како процес на обликување на личноста како што видовме има

свои етапи и не се сведува само на изградување на морални сознанија, туку

бара и изградување на морални уверувања, а исто така и морално однесување

и делување. Задачите на моралното воспитание не се исцрапуваат со

запознавање на моралот и неговата теорија, туку бара и усвојување на ставови,

обликување на навики, развивање на позитивни особини на волјата и

карактерот,како и негување на смислата за етички вредности. Поради тоа во

процесот на моралното воспитание освен поучувањето и употребувањето на

други методи- уверување, навикнување, спречување односно не само поука

туку и другите средства на моралното воспитание, како пример,дневниот ред

итн. Критиката за морализирањето е оправдана, бидејки се работи за

еднострано сваќање на процесот на морално обликување на личноста, но таа

критика не се однесува на моралното воспитание. Целта на моралното

воспитание не е морализирање туку обликување на морална личност.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1.проф.д-р М.Костова, Теорија на воспитанието, материјал за

подготовка на испит, Скопје, 2004

2. A. Vukasovic ,Moralni odgoj , Zagreb, 1974

3. A.Vukasovic , Etika, Moral, Sposobnost, Skolska knjiga D. J. Zagreb,

1993

4. A. Vukasovic, Pedagogija. IRO, Samobor, Zgreb 1990

17

Page 18: Морално воспитание

5. Е. Петрова- Ѓеорѓиева, Современото училиште и моралното

воспитание, Педагошки факултет, Штип 2005

18