Менторството во воспитно-образовниот процес

31
UNIVERZITET “SV. KIRIL I METODIJ” - SKOPJE INSTITUT ZA SOCIOLO[KI I POLITI^KO - PRAVNI ISTRA@UVAWA ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ: менторство менторството во воспитно-образовниот процес Јанко Билбилоски 2

Upload: janko-bilbiloski

Post on 28-Jul-2015

1.468 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: Менторството во воспитно-образовниот процес

UNIVERZITET “SV. KIRIL I METODIJ” - SKOPJE

INSTITUT ZA SOCIOLO[KI I POLITI^KO - PRAVNI ISTRA@UVAWA

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ПО МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ

РЕСУРСИ

СЕМИНАРСКА РАБОТА ПО ПРЕДМЕТОТ:

менторство

менторството во воспитно-образовниот процес

Јанко Билбилоски

2010

Скопје

2

Page 2: Менторството во воспитно-образовниот процес

Содржина

Вовед

1. Менторство

2. Менторскиот процес насочен кон учење

2.1. Поддржување

2.2. Создавање предизвик

2.3. Градење визија за професијата

3. Вештини и знаења на менторот и користта од менторството

4. Од наставник почетник до наставник експерт

5. Стандарди за наставниците приправници

Заклучни согледувања

Користена литература

3

Page 3: Менторството во воспитно-образовниот процес

Вовед

Во овој семинарски труд ќе стане збор за менторството како процес, со

посебен акцент на менторството во воспитно-образовниот систем и улогата на

менторот во водењето на наставникот приправник во првата година низ воспитно-

образовниот процес.

Менторството е моќна развојна алатка. Претставува ефективен начин да им

се помогне на вработените да направат, односно да достигнат одреден прогрес во

нивната кариера и станува се популарна кога ќе се согледа потенцијалот и користа

која што се добива со менторството. Менторот е водич кој му помага на

менторираниот да ја пронајде вистинската насока и кој му помага да развие

соодветни можности за неговиот понатамошен кариерен пат. Со програмата за

менторирање постои можност секој член на тимот да ја научи, совлада работата

која што ќе ја работи од некој што е поискусен. За да се постигне квалитетот кој што

е потребен, новите вработени се поврзуваат со искусни вработени и имаат можност

да согледаат кои вештини им се потребни да ги развијат за соодветно реализирање

на работните задачи.

Една од важните функции на менторот е да ја зголеми успешноста на

менторираниот во процесот на решавање на проблемот и носење одлуки на

стручен/соодветен начин. Менторскиот процес започнува со воспоставување на

однос насочен на учење, а продолжува со негово одржување.

Во воспитно-образовниот процес од голема важност е училишното

раководство да му даде поддршка на менторот во неговото работење. Исто така да

го почитува и вреднува планот за работа на менторот со наставникот почетник и да

обезбеди услови за негова реализација (простор за средби и состаноци, состаноци

со стручната служба во училиштето и раководството на училиштето, родителите и

претставниците од локалната заедница и сл.)

4

Page 4: Менторството во воспитно-образовниот процес

1. Менторство

Одисеј, познатиот итар јунак од Хомеровиот еп “Одисеја”, пред да замине во

Тројанската војна, му ја доверува грижата за своето семејство и имот на Ментор,

негов најдобар другар и човек од доверба, разборит, мудар, искусен и совесен.

Синот на Одисеј, Телемах, станува ученик - воспитаник на Мен¬тор, кој го

подучувал и го водел низ животот. Оттука и поимот ментор, кој означува искусен

човек, учител, воспитувач, тутор, советник, консултант кој своето знаење и искуство

го вложува да помогне во изградувањето и усвршувањето кадри од одредена

област.1

Менторството е моќна развојна алатка. Претставува ефективен начин да им

се помогне на вработените да направат, односно да достигнат одреден прогрес во

нивната кариера и станува се популарна кога ќе се согледа потенцијалот и користа

која што се добива со менторството.

Пред сè, претставува еден вид на партнерство помеѓу две лица, менторот и

менторираниот, кои што обично работат во иста организација. Ваквото партнерство

се базира на заедничка доверба и почит.

Менторот е водич кој му помага на менторираниот да ја пронајде вистинската

насока и кој му помага да развие соодветни можности за неговиот понатамошен

кариерен пат. Менторот е поискусен член од организацијата кој што несебично го

пренесува своето знаење и го подучува новиот вработен. Му помага на

менторираниот да стекне поголема самодоверба во работењето. Менторството

само по себе претставува начин за зголемување на свесноста за работењето кај

менторираниот, преземање на одговорност за извршените работни задачи. Покрај

насоките кои што ги добива менторираниот за начинот на спроведување и

реализирање на работните задачи, менторството му дава можност да размислува и

за неговиот понатамошен професионален и кариерен развој.

Интересот за програмите за менторство на вработените се повеќе се

зголемува и во големите и во малите организации. Големите организации сметаат

дека постоењето на менторска програма претставува корпоративна предност,

додека за малите организации менторирањето на работното место нуди различни

предности – претставува предност за самата организација, менторираните ќе имаат 1 http://www.graganskisvet.org.mk/default.asp?ItemID=45378D072D31304EBDFF129BC6BBE8A1

5

Page 5: Менторството во воспитно-образовниот процес

корист од учењето и сознанијата кои што ќе ги добијат за своето работно место на

еден многу поефективен начин.

Со програмата за менторирање постои можност секој член на тимот да ја

научи, совлада работата која што ќе ја работи од некој што е поискусен. За да се

постигне квалитетот кој што е потребен, новите вработени се поврзуваат со искусни

вработени и имаат можност да согледаат кои вештини им се потребни да ги

развијат за соодветно реализирање на работните задачи. Најважното во

програмата за менторирање е што новите вработени во било кое време можат да ги

прашаат своите ментори за се што е поврзано со работата и одговорот и

потребната поддршка да ги добијат на самото работно место. Со програмата за

менторирање, менторираните побрзо ги совладуваат работните задачи и се

предвидува дека во работниот процес би правеле значително помал број на грешки

отколку оние вработени кои што при самото работно воведување немаат менторска

програма.

Постоењето на менторство во организацијата претставува можност кај

вработените да се развиваат соодветни вештини кои што се потребни за самото

работно место. Меѓутоа, менторството претставува и одличен начин на следење на

вработениот и брзината на совладување на работните задачи, како и усвојување и

развивање на одредени вештини кои што можат да бидат од големо значење за

организацијата. Односно при менторирањето вработениот може да се препознае

како талент кој треба да се развива во иднина за одредени клучни позиции во

организацијата. Токму ова, особено кај големите организации претставува

конкурентска предност во однос на човечкиот капитал кој што го поседува

организацијата.

2. Менторскиот процес насочен кон учење

Влезот на наставникот приправник во професијата е долготраен пат на

учење и развивање кој на крај завршува во прераснување во искусен наставник.

Наставникот ментор им помага на новите наставници преку давање тековни

насоки во областите на планирање на воспитно-образовниот процес, менаџмент во

училница, училничко организирање и др. Обично наставниците ментори се лица кои

поминале низ исти предизвици.2 За да се одговори на потребите на наставникот

2 http://teacher-mentorship.suite101.com/article.cfm/teacher_mentors

6

Page 6: Менторството во воспитно-образовниот процес

приправник, од голема важност е да се знае да се одговори на прашањето „Која е

улогата на менторот, како треба да се работи со наставниколт приправник, што се

работи со него?‘‘ Клучна компонента во менторскиот процес насочен на учење е

јасно разбирање на улогата и одговорноста на двајцата учесници во тој процес.

Првиот чекор е формирање на идентитетот на менторот како некој кој го гради

капацитетот кај другото лице. Една од важните функции на менторот е да ја

зголеми успешноста на менторираниот во процесот на решавање на проблемот и

носење одлуки на стручен/соодветен начин.

ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРИСТАП СОВРЕМЕН ПРИСТАП

Успехот на наставникот се проценува врз основа на подготовките и реализацијата на воспитно-образовниот процес, како и преку оценување на учениците во паралелката.

Наставниците се придржуваат на однапред стекнати знаења и вештини со цел да ги подобрат постигнувањата на учениците.

Поттикнува натпревар помеѓу наставниците (натпреварувачки систем)

Поттикнува соработка и размена на искуства (кооперативен систем).

Не се почитуваат индивидуалните потреби.

Акцентот е ставен на поединецот.

Акцентот е ставен на слабостите. Акцентот е ставен на силните

страни

Наставниците ги мотивира стравот од неуспех на работа.

Наставниците имаат внатрешна мотивација за унапредување на квалитетот на своето работење.

Семинарите/обуките/работилниците се посетуваат од навика,а не заради професионален развој.

Професионалниот развој и стручното усовршување се планираат и реализираат според потребите на училиштето, учениците и личните потреби усогласени според потребите и барањата на наставничката професија.

Професионалниот развој е поврзан со контрола и проверка на работењето на наставниците.

Професионалниот развој е поврзан со желбата за постојано унапредување на сопствената работа.

Наставниците се вклучени во системот на контрола на квалитетот.

Наставниците се дел од системот за обезбедување на квалитет.

Наставниците меѓусебно доволно не соработуваат.

Наставниците соработуваат со своите ментори и колеги.

7

Page 7: Менторството во воспитно-образовниот процес

Табела бр.1 традиционален и современ пристап на наставникот менто

8

Page 8: Менторството во воспитно-образовниот процес

Менторскиот процес започнува со воспоставување на однос насочен

на учење, а продолжува со негово одржување. Улогата на менторот во тој

однос е да ја одржи рамнотежата помеѓу трите постапки со кои го води

наставникот приправник низ процесот на учење:

- поддржување,

- создавање предизвик

- градење визија за професијата (Како ја гледам наставничката

професија?).

Овие постапки можат да функционираат независно еден од друг во

одредени ситуации, но во поширок контекст мора да бидат поврзани.

2.1. Поддржување

Со самото вработување наставникот приправник влегува во

„емоционален тобоган‘‘ со вознемиреност во однос на првите средби со

училишната средина, циклус на опстанок, разочарување, стабилизирање,

соодветна поддршка, рефлексија.3

Овој начин на работа со наставникот приправник се манифестира во

четири различни области: емоционална, физичка, наставна и

институционална.

Во однос на емоционалната поддршка на наставникот почетник често

му е потребно „рамо за плачење‘‘, прегратка, како награда за постигнат

успех или некој друг вид давање поддршка на емоционален план.

Во однос на физичката поддршка, таа во голем број случаи се состои

од распоредување на клупите во центри за учење, подготвување посебни

катчиња за учење или ѕидни весници, до носење на книги од училишната

библиотека и сл.

Наставната поддршка опфаќа различни извори поврзани со целите и

содржините на наставниот процес (наставни програми, методолошка и

стручна литература и сл), како и давање практични совети засновани на

истражувања и многугодишното богато професионално искуство (како да се

3 http://www.nichcy.org/StateAgencies/Pages/mentoring.aspx

9

Page 9: Менторството во воспитно-образовниот процес

управува и користи времето, различни наставни стратегии, стратегии за

проценка на знаењата на учениците, идеи за воспоставување

организациска практика, планирање, подготовка за настава и сл.).

Институционалната поддршка ги опфаќа информациите кои се

однесуваат на различни процедури во училиштето (процедури поврзани со

успешното работење на наставниците, организација на излети и екскурзии,

дополнителна и додатна настава, учество во активностите поврзани со

професионалниот развој, обезбедување соодветна литература, должноста

поврзана со активностите во училиштето пред и по завршување на

наставата, отсуства и сл.).

Менторот е поискусно лице, колега со добри познавања на општите и

професионални потреби на наставникот приправник. 4

Во менторското однесување насочено на учење од менторот

поддржува на тој начин што:

- внимателно и со почит го слуша почетникот кој со него сака да

сподели грижи, стравувања, искуства и нови идеи,

- реагира со емпатија- ги прифаќа чувствата и ги дели со

почетникот грижите, стравовите и искуствата,

- создава сигурно опкружување – посветува внимание на

вербалната и невербалната комуникација, воспоставува добри

односи и поттикнува на размислување,

- го планира времето кое може да биде посветено на моментални и

итни прашања, како лични така и стручни,

- нуди ресурси – обезбедува време и материјали да би ги ублажил

проблемите со кои почетниците често се сретнуваат,

- обезбедува информации – поврзани со праксата и определбите на

училиштето со цел да го ублажи и олесни вклучувањето на

почетникот во училишната заедница; за изведувањето на

4 http://www.hmie.gov.uk/documents/publication/mite.html

10

Page 10: Менторството во воспитно-образовниот процес

наставата како би го поддржал развојот на успешна образовна

практика.

2.2. Создавање предизвик

Искуството покажува дека менторите поголемиот дел од своето време го

поминуваат овозможувајќи поддршка на менторираните. Меѓутоа, ако

поддршката и предизвикот не се урамнотежени, на почетниците им се

скаратува можноста да напредуваат и учат. Ако е целта на приправничкиот

стаж и менторскиот процес наставникот приправник да биде самостоен и

ефикасен практичар, тогаш од голема важност е да почне да ја презема

одговорноста за сопствената пракса.

За да напредува, почетникот треба да ги развие своите капацитети,

информациите кои ги добива од страна на менторот ги применува и

прилагодува на сопствената пракса. На ваков начин тој им дава нова

смисла на информациите и искуствата. На тој начин почетникот се

оспособува да применува, усовршува и создава алтернативни стратегии кои

се засноваат на потребите на ученикот, барањата на програмата и

стандардите на наставничката професија.

Вештите ментори воспоставуваат рамнотежа помеѓу предизвикот и

поддршката. Во односот кој е насочен на учење на предизвиците се

создаваат следните вештини во рамки на овие активности:

- анализа на праксата преку структуирани разговори,

- учество во поставувањето цели и водење разговори кои се целно

насочени,

- насочување на вниманието на учење на учениците, што опфаќа и

давање помош и анализа на информации за нивната успешност и

одредување на причинско-последичните односи,

- разгледување на примероците на ученичките изработки и

дискусии за позитивните и негативните резултати за наставната

пракса,

11

Page 11: Менторството во воспитно-образовниот процес

- активно вклучување на почетникот во решавањето проблеми и

носењето одлуки,

- помагање во дефинирањето и артикулацијата на критериумите за

вршење избор и дефинирање на последиците од таквиот избор,

- воспоставување врска помеѓу теоријата и праксата во училницата,

- осмислување и реализација акциони истражувања. Предизвиците

треба да бидат целно насочени и засновани на податоци кои

поттикнуваат размислување.

2.3. Градење визија за професијата

Почетниците тешко може да предвидуваат врз основа на скромното

искуство со кое располагаат. Немаат доволно референтни сознанија врз

основа на кои би можеле да го предвидат понатамошниот развој на

учениците во некоја област. Не поседуваат претходни искуства врз кои би

можеле да предвидат што ќе се случува во текот на училишната година.

Постојаното размислување за тоа како ја гледаат наставничката

професија од нив создава целоживотен ученик кој сака да се усовршува.

Наставник приправник е оној кој учи како да ја изведува наставата, а

истовремено, како и сите наставници, учи од сопственото изведување на

наставата. Градењето визија за професијата е кумулативно и развојно.

Во односот кој е насочен на учење, размислување за сопствената

професија и создавање соодветна слика се постигнува:

- поставување високи, но остварливи очекувања за почетникот

земајќи ги во предвид стандардите кои дефинираат што

успешниот наставник треба да знае и може да сработи,

- помагање во идентификувањето на исходот од учењето (за

учениците) кои се пошироки во опсег при постигнување на повеќе

од една цел,

- интеграција на содржината – со поврзување на предметните

области меѓусебно и со примена во реалниот живот,

12

Page 12: Менторството во воспитно-образовниот процес

- преку развивање акциони планови, одредување приоритети и

идентификување на ресурси за постигнување цели,

- овозможување соработка со други ментори и други почетници,

- обликување на професионалниот идентитет кој е пример на

најдоброто што се знае.

Менторите треба да се грижат за создавање рамнотежа помеѓу

следните постапки (поддршка, предизвик и визија), како би се развивал

почетникот за да може да ги исполни стандардите на наставничката

професија и ги совлада предизвиците на професионалниот живот.

Кога улогата на менторот во училиштето не била формално

доделувана, наставниците приправници, многу тешко се осудувале да

побараат помош, плашејќи се да не ги сметаат за некопетентни. Искусните

наставници се воздржувале да понудат помош со цел да не помислат

новите наставници дека им се наметнуваат. Ваквата хаотична ситуација

предизвикала голема изолација за наставникот приправник.

Емотивната сигурност е неопходна за да се обезбеди конгнитивна

комплексност. Преку поддржувањето на наставникот приправник на

емотивен, интелектуален и физички план се забрзува неговиот развој од

наставник приправник кон следните скалила во професијата (наставник,

наставник ментор, наставник советник)5. Менторите преку внимателно

балансирање помеѓу поддршката и предизвикот обезбедуваат сигурно

опкружување каде вербалната и невербалната комуникација укажува на

целосно внимание и високи очекувања од наставникот приправник. Овие

компоненти му овозможуваат на менторот и на наставникот почетник да

разменуваат прашања, грижи, информации и недостатоци во однос на

различни вештини.

Треба да се настојува кога е можно одредени активности во

училиштето предвидени со програмата за работа на менторот со

5 Закон за основното образование, Сл. Весник на Р. Македонија бр.103/08 од 19.08.2008 година

13

Page 13: Менторството во воспитно-образовниот процес

наставникот почетник да бидат составен дел од реализацијата на други

иницијативи во училиштето.

3. Вештини и знаења на менторот и користта од менторството

Менторот треба да поседува одредени вештини и знаења како би

можел успешно да го реализира менторскиот процес. Во табелата која

следи дадени се знаења и вештини на менторот кои во тек на менторскиот

процес меѓусебно се преплетуваат и надополнуваат.

ЗНАЕЊА ВЕШТИНИ

- како учат возрасните,- улогата на менторството во професионалниот развој,- развојни фази на наставникот почетник,- односи помеѓу менторот и менторираниот,- улогите на менторот,- опсервација и техники на опсервирање на наставен час,- следење и проценување (критериум и техники)- методологија на истражување- препознавање на потребите и избор на активности за сопствен професионален развој.

- вербална и невербална комуникација (активно слушање, поставување прашања...),- воспоставување и одржување на однос ментор-менториран (однос заснован на доверба, почит, индивидуалност...),- опсервација и евидентирање- тимска работа,- утврдување на состојбата и проценка на потребата,- давање конструктивна повратна информација,- самопроценка и акционо планирање.

Табела бр.2 Знаења и вештини на менторот

Во менторскиот процес, наставникот ментор на наставникот приправник во

воспитно-образовниот процес најголема поддршка му дава во:6

- практична работа, давање проверка на училишни и домашни

задачи,

- предвивдување и справување со проблеми поврзани со

однесувањето на учениците,

- подготовка околу контролни задачи,

6 http://teacher-mentorship.suite101.com/article.cfm/teacher_mentors

14

Page 14: Менторството во воспитно-образовниот процес

- спроведување на индивидуално, парно и групно работење,

- забава на учениците,

- справување со потешкотии со кои често се сретнуваат учениците

Бројни истражувања реализирани ширум светот, покажале дека

постои повеќекратна корист од менторската поддршка на наставниците.

Според тие истражувања:

- се зголемува ефикасноста на нставникот во решавањето на

проблемот и носењето одлуки кои се однесуваат на различен и

ефикасен начин на подучување,

- наставниците меѓусебно повеќе соработуваат и ги разменуваат

идеите,

- седум од десет наставници кои барем еднаш неделно имаат

поддршка на ментор се смета дека значајно ги имаат унапредено

вештините на подучување,

- на наставниците приправници им го олеснува преминот од студии

во практика и им помага потенцијалниот неуспех да го претворат

во успех.

- децата добиваат поквалитетно подучување.

Од менторството како процес корист има и наставникот кој ја врши работата

на ментор, бидејќи тоа е начин и тој професионално да се развива:

- Развој, работејќи со наставниците приправници менторот

размислува за сопствената пракса, ја преиспитува сопствената

работа и уверувања кои ги има за наставата и воспитно-

образовниот процес воопшто. Тој увид му помага во

дефинирањето и менувањето на сопствената филозофија и

подлучување.

- Признание, да се биде избран за ментор значи да се добие

признание за заслуги, да се биде признат за експерт и да се има

такви квалитети со кои се допринесува во развојот на сопствената

професија.

15

Page 15: Менторството во воспитно-образовниот процес

- Нови звања и посебна улога, од лицето кое е ментор се бара да

совлада некои нови вештини и знаења со цел успешно да ја

извршува улогата која му е доделена. Менторот е свовевиден

водач во образованието, кој е пример за другите, и лично и

професионално.

- Поврзаност, менторот има прилика да се сретне и да се дружи со

колеги преку посета на други, примајќи ги во својата група/

паралелка. На тој начин менторот излегува од професионална

изолација на која многу наставници се изложени.

Добивка од менторството имаат и училиштата:

- Училиштето има персонал кој работи квалитетно.

- Помеѓу вработените се создава атмосфера на целоживотно

учење.

- Вработените се позадоволни и помотивирани за напредување.

- На наставниците им расте самодовербата.

- Кога наставниците добро работат и ги постигнуваат своите цели и

самата организација е попродуктивна.

Соработка на менторот со раководството на училиштето –

Раководството на училиштето, посебно директорот треба да ја разбере

улогата и значењето на менторот и дополнителното време кое го бара таа

работа. Од голема важност е училишното раководство да му даде

поддршка на менторот во неговото работење. Исто така да го почитува и

вреднува планот за работа на менторот со наставникот почетник и да

обезбеди услови за негова реализација (простор за средби и состаноци,

состаноци со стручната служба во училиштето и раководството на

училиштето, родителите и претставниците од локалната заедница и сл.)

Менторите не треба да се сметаат како оценувачи или проценители,

туку како соработници и колеги, доверливи лица со кои треба да се одржува

отворена комуникација неопходна за одржување на професионалниот

развој. Треба да се направи јасна разлика помеѓу ментор и евалуатор и

истата јасно да им се претстави на наставниците и раководството. Клучен

16

Page 16: Менторството во воспитно-образовниот процес

елемент на успешниот менторски однос со наставникот е довербата, кое на

наставниците им овозможува прилика, да размислуваат за себе и за својата

работа и да стекнат чувство дека тие се оние кои господарат со својот

процес на учење. Успешната соработка на менторот со раководството се

остварува кога и едните и другите го поддржуваат процесот и пристапот на

менторство, односно унапредување на постигнувањето со цел да станат

поефикасни и успешни наставници.

Фрази кои најчесто ги/трба да применуваат менторите се:7

- Со други зборови ...

- Она што го слушам ...

- Од она што јас слушам велиш ...

- Јас слушам многу нешта ...

- Како што те слуша, ја слушам ...

- Значи, мислите дека ...

- Звучи како да сакате ...

- Дозволете ми да видам дали јас ги разбирам ...

- До кој степен ...?

- Баш ме интересира да знам повеќе за ...

- Јас сум заинтересиран за ...

- Кажи ми колку таа идеја е како (или различен од) ...

- Значи, Ви се укажува на ...?

4. Од наставник приправник до наставник експертИзведувањето на наставниот процес претстваува еден од

најсложените интелектуални и емоционални задачи во заедницата, а

учењето е целоживотен процес. Никој не е роден со дарба да знае како да

подучува. Успешното учење почнува со добри совети и насочувања.

Со цел подучувањето да биде во најголема мерка нсочено кон

поствената цел, на менторите им се потребни насоки и терминологија за

опишување на комплексноста на наставниот процес. Оваа комплексност

опфаќа два главни подрачја:

7 http://www.doe.virginia.gov/teaching/career_resources/mentor/index.shtml

17

Page 17: Менторството во воспитно-образовниот процес

1. За што стручните наставници размислуваат и на што посебно

обрнуваат внимание во својата паралелка/одделенија.

2. Какво е нивното мислење за тоа пред, за време и после наставата.

Тие знаења влијаат на начин на кој стручниот наставник ќе планира,

решава проблеми и носи одлуки. За да стекнат практични знаења во

настава, потребно е време. Преминот од наставник почетник до наставник

експерт се реализира во фази прикажани во табелата која следи. Таму се

идентификувани 5 фази (искуство од други земји).

ФАЗИ КАРАКТЕРИСТИКИ

НАСТАВНИК ПОЧЕТНИК Ги почитува правилата за водење активности.

ПОЧЕТНИК СО ОДРЕДЕНО

ИСКУСТВО

Ги истражува контекстуалните и стратешките знаења и почнува да разбира кога правилата се посакувани, а кога може да се кршат.

КОМПЕТЕНТЕН НАСТАВНИК Носи одлуки за тоа како да ги следи и усогласува своите активности за да би ги остварил целите.

НАСТАВНИК СО ИСКУСТВО Делува интиуитивно од позиција, да се знае како, ги следи активностите во целост, било да се целите краткорочни или долгорочни.

НАСТАВНИК ЕКСПЕРТ Ги интегрира наставниците, и поставената задача, делува по автоматизам, за него постојат мал број неочекувани ситуации, ја контролира ситуацијата.

Табела бр.3 Фази и карактеристики при процесот од наставник почетник

во наставник ментор

Наставникот почетник- Наставниците приправници настојуваат да

ги почитуваат правилата и процедурите. Со малото искуство, на кое може

да се потпираат, тие се трудат да го копираат часот кој е опишан во

методиката или прирачникот за наставници. Во почетокот има малку

отстапувања од таквиот модел и се посветува недоволно внимание на

индивидуалните потреби на учениците во паралелката. Наставникот

18

Page 18: Менторството во воспитно-образовниот процес

приправник го реализира часот онака као што пишува во методиката или

прирачникот, строго следејќи ја подготовката.

Приправник со извесно искуство – Наставниците приправници кои се

стекнале со одредено искуство, почнуваат да го менуваат редоследот на

она што го предлага авторот на методиката, односно прирачникот и сè

почесто почнуваат да ги применуваат советите на своите колеги. Почнуваат

да ги препознаваат потребите на учениците и да се прилагодуваат на

таквите потреби.

Компетентен наставник- Компетентните наставници се насочени

кон реализација на целите, иако во наставниот процес наидуваат на

одредени потешкотии. Тие знаат како да го сменат текот на часот со цел да

одговорат соодветно на потребите на учениците. При планирањето и

реализирањето на часот тие во предвид ги имаат одредените специфични

потреби на некои ученици и ги прилагодуваат некои делови од часот со цел

на сите ученици да им овозможат развивање на одредени вештини.

Постојано го следат и проценуваат напредувањето на учениците, а тоа во

голема мерка влијае во осмислувањето и планирањето на наставата.

Прирачникот веќе не им е водич во реализацијата на наставниот час.

Наставник со искуство – Наставниците со искуство може да

функционираат на повеќе нивоа истовремено. Тие ги поставуваат целите за

целото одделение, за секоја паралелка, за секој ученик поединечно и за

себе. Вешто ја организираат наставата која има краткорочна и долгорочна

кохерентност.

Наставник експерт – Наставниците експерти го прошируваат своето

лично и професионално искуство во повеќе области во работењето на

училиштето. Наставниците во оваа фаза ги предвидуваа потенцијалните

проблеми и интервенираат пред проблемот да се појави. Тие лесно го

применуваат широкиот репертоар на знаења и вештини во врска со

учењето на учениците.

Преминот од почетник до експерт – првата фаза трае една година.

Поголемиот број наставници ја достигнуваат фазата на компетентен

19

Page 19: Менторството во воспитно-образовниот процес

наставник за три или четири години, додека само мал процент наставници

ја достигнуваат фазата на искусен наставник, а уште помал број на

наставник експерт. Напредувањето од наставник почетник до искусен

наставник бара повеќе од едноставно стекнување на искуство. Тоа на некој

начин претставува индивидуално движење низ професионалното

усовршување и развој на возрасни. Да се има вешт навигатор кој ќе го

насочува курсот кон сигурни одредници значи да се има безбедно патување

во кое може да се ужива. Вештиот ментор е опремен со карта, компас и

правецот на движење му е многу добро познат.

5. Стандарди за наставниците приправници

Во текстот што следи предложени се стандарди кои опфаќаат

разбирања, вештини и знаења кои наставникот приравник треба да ги

поседува на крај од приправничкиот стаж.

Познавање на предметот – Наставникот ги разбира главните

концепти и структурата на предметот кој го предава и може самостојно да

креира осмислени ситуации за изведување на воспитно-образовниот

процес; ја познава предвидената наставна програма на предметот кој го

предава при што го разбира пристапот и самостојното изготвување на

планирањата кои се целни.

Знаења поврзани со развојот и учењето на учениците –

Наставникот ги познава принципите и го разбира воспитно-образовниот

процес насочен кон ученикот; знае како децата учат и се развиваат и може

да создаде услови за учење кои го поддржуваат интелектуалниот,

социјалниот и личниот развој на ученикот.

Прилагодување на наставниот процес спрема ученикот –

Наставникот знае што е индивидуализација на воспитно-образовниот

процес, разбира како учениците се разликуваат според стилот и пристапот

на учење и креира ситуација за учење и прилагодување на различните

стилови.

20

Page 20: Менторството во воспитно-образовниот процес

Примена на различни наставни методи и стратегии на учење –

Наставникот ги разбира и користи разновидните стратегии како би го

поттикнал интелектуалниот развој на ученикот и неговите постигнувања.

Мотивација во училницата и организациски вештини – Наставникот

ги користи познавањата за мотивација на учениците (група, поединец) и

создава средина за учење која ја поддржува позитивната социјална

интеракција, преку активно вклучување и самомотивација.

Комуникациски вештини и способности – Наставникот има

познавање кое го користи за успешна вербална и невербална комуникација,

со цел да го поддржи активното учество во дискусиите и интеракцијата во

училницата.

Вештини на планирање на воспитно-образовниот процес –

Наставникот знае да се служи со наставниот план и програма, при што

наставникот го планира воспитно-образовниот процес врз основа на

познавањата кои ги има од предметот кој го предава, учениците, локалната

заедница и образовните цели на наставниот план и програм.

Оценување на постигнувањата на ученикот – Наставникот познава

и применува различни форми и стратегии за оценување на постигнувањата

на учениците, со цел да овозможи соодветна поддршка, повратна

информација и обезбеди соодветен и постојан интелектуален, социјален и

физички развој.

Професионална посветеност и одговорност – Наставникот треба

да го рефлектира практичното знаење преку кое постојано го проценува

своето влијание врз изборот и активностите на другите (ученици, родители,

колеги); активно истражува прилики за професионален развој и учествува

во реализирањето на истите.

Партнерство – Наставникот одржува и поттикнува добри односи со

колегите, родителите и останатите институции во потесното и пошироко

опкружување, со цел за поддршка на учењето и напредувањето на своите

ученици.

21

Page 21: Менторството во воспитно-образовниот процес

Заклучни согледувања

Менторство е процес на давање на поддршка и совети на индивидуи

или организации со цел да ги осознаат начините на кој можат да го

подобрат своето работење.

Менторство може да биде насочено кон подобрување на сите аспекти

на организациското работење: внатрешни организациски процеси и

процедури, управување со ресурси, комуникација и односи помеѓу

вработените, тимската работа, лидерството, комуникација и односни со

партнери и клиенти, поставување на цели, годишно планирање, стратешко

планирање и друго.

Крајна цел на процес на менторство е подобрување на

организациската ефикасност и ефективност преку втемелени процеси на

организациско учење и воспоставени нови иновативни пристапи во

работењето.

Менторството одсекогаш е присутно во образованието, во формална

или неформална форма. Менторкиот пристап се темели на пристап преку

кој учат возрасните. Наставниците кои стекнуваат нови вештини и знаења

минуваат низ цела низа фази, набљудување (како менторот работи),

демонстрација која се базира врз сопствена пракса (како менторираниот

работи), што значи од учење по модел до водење практична работа и на

крај до самостојна примена на наученото.

Менторството истовремено претставува и облик на професионален

развој, затоа што ментор може да се биде и на колега во областа во која сте

најдобар, како и обратно, односно, колегата може да биде ментор во

областа во кој тој е најдобат. Менторството подразбира партнерски однос

помеѓу менторот и менторираниот. Наставникот почетник треба да се види

себе си не само како наставник, туку и како партнер и колега на својот

ментор.

Менторството на наставникот почетник е процес во кој наставниците

даваат поддршка на наставникот почетник, како би го вовеле во практична

22

Page 22: Менторството во воспитно-образовниот процес

работа и на тој начин би допринеле во стекнувањето одредено искуство во

заокружувањето на приправничкиот стаж.

Крајната цел на менторството, како еден од начините да се унапреди

кавалитетното работење на наставниците во училиштата е унапредување

на квалитетот на знаења кај учениците. Треба да се знае дека ментор може

да има било кој наставник, не само наставник кој е почетник, доколку сака

да се усоврши или да напредува во дадена област во кој неговиот колега

забележал значајни резултати или има дополнително формално соодветно

образование (посебни признанија, сертификати, специјалистички студии,

магистратура, докторат). Процесот на унапредување на квалитетот

воопшто, бара наставникот да размислува за тоа колку е добар во она што

го работи, што е тоа што сака да го унапреди и на кој начин може тоа да го

постигне.

23

Page 23: Менторството во воспитно-образовниот процес

Користена литература

1. Константин Н. Петковски и Мирјана А. Алексова (2004) - „Водење на

динамично училиште“. Министерство за образование и наука - Биро

за развој на образованието, Скопје

2. Константин Петковски (1998) - „Менаџмент во училиште“, НИРО

Просветен работник, Скопје

3. Константин Петковски (2000) – „Водството и ефективната

комуникација‘‘, АД – Киро Дандаро, Битола

4. Драган Јанкоски (1998) – „Транзиција менаџмент образование“,

НИРО Просветен работник. Скопје

5. Александра Стоилковска (2005), „Како да се изгради здрава

училишна клима‘‘, Херакли-Комерц, Битола

6. Закон за средното образование (Пречистен текст) “Сл. весник на Р.

Македонија” бр.52/02 од 11.07.2002 година

7. Закон за изменување и дополнување на законот за средното

образование, Службен весник на РМ, бр. 33 од 9.03.2010 година

8. Закон за основното образование, Сл. Весник на Р. Македонија

бр.103/08 од 19.08.2008 година

9. http://teacher-mentorship.suite101.com/article.cfm/teacher_mentors

10.http://www.hmie.gov.uk/documents/publication/mite.html

11. http://www.newteachercenter.org/article1.php

12.http://www.doe.virginia.gov/teaching/career_resources/mentor/index.shtml

13.http://www.graganskisvet.org.mk/default.asp?

ItemID=45378D072D31304EBDFF129BC6BBE8A1

24