Кочо Рацин

36
Кочо Рацин Богомилите — Кратка расправиа от историата македонска — Напишано: 1939 Извор: Кочо Рацин „Стихови и проза“ Издание: „Култура“ (Скопје) 1966. Техничка обработка: Виктор Лозанов, Александар Ковачевски Онлајн верзија: февруари 2009. Ке се зачуди ли некој кога ке чуе како кај нас у X век живеале и држале пламени проповеди таквиа лугје, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители от XVII в.? Заре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христианство и толку време на тој јазик ја слушале кротката христианска проповед за помирение со сичко — заре таја земја, уште у никое време на европејскиот Среден век, да даде претечи на ониа бунтовници од XVII век, што зборуале за некое „природно право“ на човека, за равноправие на сичките лугје, и сакале, „бездржавно“ уредение на светов? Арно ама, ако далечното минало ги скри во темно тиа наши славни лугје, ако огинот и ножот, па пакозот и бесот на православните калугери и славјанските феодали ргна да го сотре споменот за ним — останала пак, во историата на човечката борба, светлата истина за богомилите. Чунки пак се навогја по некоа трага нимна! Останале клеветите и лагите на црковните отци, кои со това го бранеле мракот и власта на своите господари. Останале анатемите, повелите и законите, и

Upload: alura09

Post on 24-Nov-2014

442 views

Category:

Documents


9 download

TRANSCRIPT

Page 1: Кочо Рацин

Кочо Рацин

Богомилите

— Кратка расправиа от историата македонска —

Напишано: 1939    Извор: Кочо Рацин „Стихови и проза“    Издание: „Култура“ (Скопје) 1966.    Техничка обработка: Виктор Лозанов, Александар Ковачевски    Онлајн верзија: февруари 2009.

Ке се зачуди ли некој кога ке чуе како кај нас у X век живеале и држале пламени проповеди таквиа лугје, кои со своите идеи биле како претечи на општествените просветители от XVII в.? Заре во класичната земја на царските манастири и лаври, земјата на чииот јазик Славјаните за прв пат чуле за христианство и толку време на тој јазик ја слушале кротката христианска проповед за помирение со сичко — заре таја земја, уште у никое време на европејскиот Среден век, да даде претечи на ониа бунтовници од XVII век, што зборуале за некое „природно право“ на човека, за равноправие на сичките лугје, и сакале, „бездржавно“ уредение на светов?

Арно ама, ако далечното минало ги скри во темно тиа наши славни лугје, ако огинот и ножот, па пакозот и бесот на православните калугери и славјанските феодали ргна да го сотре споменот за ним — останала пак, во историата на човечката борба, светлата истина за богомилите. Чунки пак се навогја по некоа трага нимна! Останале клеветите и лагите на црковните отци, кои со това го бранеле мракот и власта на своите господари. Останале анатемите, повелите и законите, и индексите на забранените богомилски книги. Останала па и по некоа от тиа книги, зафрлена негде по манастирите, па и по некоа хроника от старите летописци. И останале, уште се живи некои спомени во самата Македонија. За што ни споменуе планината и реката Бабуна, за кого ни говори со векови селото Богомила? И откаде ни се оние наши чудесни стари сказни, што скажуат за борбата на доброто и злото, и за онаја врасната вера, оној силен надеж, што не крепеше и крепи — до победата крајна? Живи се, живи, нашите чудесни богомилски легенди и басни, нашиот вечен културен имот, татковнина от нашите богомили!

Чунки богомилите биле први наши вистински народни учители и книжовници. Тиа се соживеле со народната душа, убаво ги разбрале нимните потреби, и со своата „нова“ наука силно го исплашиле стариот свет, „уреден така от бога“. Такво учење, да е светов вака уреден от бога, се сметала тогај една света религиозна догма. На

Page 2: Кочо Рацин

това се крепи стариот феодален свет, на това живееле јадачите. Но богомилите убаво разбрале што значи таја догма, како и сите друзи верски догми, и во критиката на таквиа догми, а со народниот отпор против феодалите, во мистична форма, направиле чудесно смели заклучениа за своето време. Чунки у нивно време религијата беше и наука и философија и најголемо знаење. И така, кога ја виделе другата страна на тиа религиозни догми, нимната наука добила „смртно опасен вид" за феодалниот строј: богомилското учење сакало рамноправие за сичките лугје, било против заробуењето на човека од човек, против господарите, бољарите, поповите и сите земни јадачи, и сакале, уште во историјски недозреани условиа, да уредат едно братско и равноправно општество, на основата на старославјанскиот аграрен демократизам. Ете, со таквиа свои идеи богомилите станале вистински претечи на ониа европејски мислители, што после, тргнати по трагата на богомилските мисли, се ослободиа от верската догматика и ги удриа темелите на европејскиот Ренесанс. А што значение имаше това за народите, се знае.

И ете зошто богомилството е нешто најинтересно и најсветло во нашата народна историа. Да се гордеат нашите Македонци со тиа свои славни лугје! Оти противно от науката па државното христианство, внесено во народот одозгора, от самите државни главатари и пренесено от Византиа, идејно да го закрепи славјанскиот феодализам — противно от се това, богомилството никна во самиот народ, ги повлече широките народни маси и во верско опозициона форма го организира народниот отпор против феодалите. И така, от чисто верска секта, богомилството стана широко народно-реформаторско течение, со отворени тенденции да го промени социалниот живот. А по тиа свои особености това многу си личи на денешниот социализам, иако тој денеска стои на научна, а богомилството си стоеше на религиозна основа.

II

Најлесно кe се разбере богомилството ако се разгледа неговата религиозна јатка. Богомилството си беше религиозно течение, но мездрето му беше социално. Чунки това ги мина рамките на една верска секта и се рашири како народно, штом ги зафана економско-културните нужди на народот. За да се појави, богомилството имаше големи економско-политички причини: се поголемо заграбуење на земјата на селаните от страна на феодалната и црковната аристокрација, се по големи намети от државата, а от друга страна, моралното и политичко падање на тиа што владееле, особено моралното падање во очите на народот на црковната аристокрација. При се това, богомилството не никна после една економска културна критика на феодализмот, ами се јави преку критиките на верските догми. Таја критика застана на основата на манихејско-павликијанскиот дуализам,   учението на две верски секти, пренесено од Мала Азија. Но кога се зајакна на неја, богомилството премина от религиозна на светска критика, та стана нешто ново и по садржание и но форма: стана чисто славјанска верско-дуалистичка и социална опозиција, спроти државното христианство и неговите ненародни разбиранија спроти феодализмот. Но целата работа ке се објасни најарно, ако се каже што значеше тогај верата.

Page 3: Кочо Рацин

Во старо време верата беше врховна наука, таја ги собираше во себе сите философски, природни и општествени — правни, морални и други науки. Тогај немаше вистинска наука. Сето знаење беше во некои темни и чудообразни веруваниа за некои натприродни сили, што го создале и го владеат светов. Мездрето на христианската вера беше во верувањето дека светов го создал еден бог отец, што е цар на земјата и небото. Тој владее секаде – и во нашите мисли, и во нашиот живот, и по природата и во човечкото општество. Сичко таму што стануе, стануе по божиата воља. Таја е една и вечна, и спроти неја нема друга. А тија што учеја такво учение, се викаја монотеисти.

Но спроти ним имаше едно друго учение, што учеше дека сам господ го создал светов и не владее секога он. Ако е господ толку силен, добер, зошто тогај има на веков неправдини? Значи, не е само тој, не е со сила само неговата. Има и една друга сила до неговата. Таја сила е силата на ђаволот. Ако е господ добар, ако тој значи истина и добрина — не може тој да ги создал сите лоши работи на светов, како што се феодалите, лошите човечки инстикти и се што е лошо и от кај што иде лошотиата. Таквиа свет учеа дека се това направил ђаволот, та со това тија веруеја дека светов е создаден од бога и ђавола или пошироко означено, во светов владеат и се борат вечно едно со друго — доброто и злото. Такво беше веруењето на манихејско-павликијанската секта и това учење се викаше дуализам.

Зошто славјанските феодали се покрстиа, демек ја оставиа перата на народот? Затоа, оти таја вера беше от онова време, кога славијаните живеале во задружен демократски колективен живот, каде што немало цареви и господари. Тогај знаеле само за некои богови што владееле во природата — давале дожд ели град, слнце или зимо итн., но не знаеле и не сакале да знајат за таквиа богови што им се мешале во социалниот живот. Старејшините на задругите си ги бирале сами, војна и мир сврзуеле на собори. Се това правеле от здрава памет, а не по вољата на некој бог.

Но кога се заселиле во балканските земји, по причина на војни и по оглед на Византија, почна да никнуе и расте славјански феодализам и да се стегнуат народните права и веруванија. Стана нужда от една јака феодална држава, а таја, за да биде приемена пред разумот човечки, требеше да се објасни со една нова наука, нова вера, нова наука за идеите — нова идеологија. Оти само таја духовно ги организира човеците — нимната воља и нимните чуства.

Христианството беше најнапред вера на сиромасите. После, кога стана државна вера, кога се вдигна до еден општ поглед на светов, стана религија на феодализмот. Зошто феодалите го направиа христианството државна вера? Со прво затова, оти тогај со вера можеше да се мисли — верата беше најсилното сретство и за да се заглупи народот. После, бидејки да христианството беше народна вера, лесно можеше народот да се завее, како таја вера говори истина. Но највише се прие христианската вера от страна на феодалите, оти токмо одговараше на феодалниот строј: еден бог — еден господар, еден цар ка небето, друг на земјата. Иако верата говореше дека стануе сичко по вољата на оној цар што бил на небето, земниот

Page 4: Кочо Рацин

царство и за да се заглупи народот. После, бидејки да испађа како да е наредено от тој што е на небе. Феодалите силно ја уредиа христианската црква која учеше дека само таја е исполнител на вољата на бога на земјата, та се што учеше таја – требаше да се смета како да е божија дума. Кога таја црква се уреди, си направи догми, демек таквиа веруања, кои не можеа да се критикуат и у кои требеше да се само веруе. Најглавната от ним беше таја – да е само еден бог отец создател на сичко и да само неговата воља владее на светов. На таја основа сега веке црквата учеше како и феодалите и власта и земјите што ги владеат им се дадени от бога, та и робјето и слугите и сиромасите да се од бога — чунки така и така тој им шепнал на своите пророци кога тиа пагјале у занос... Зошто живеел човек на земјата? За да биде искушан от бога, да би по смртта своа могол да влезе во рајот, каде бил вистинскиот човечки живот. Човек требало да ја слуша црквата што му заповедуе и по неја да се влада. Чунки ништо не бивало без бога, а тој им се јавуел на човеците преку светците. Така било това, така имало да се веруе, и кој мислел инаку – тој го дупел гјаволот...

Разбира се, сичко това имало огромно значение за феодалите, и затова они силно ја закрепиле и ја подигнуеле црквата. А таја, от своја страна, најсилно си ја чувала чистината на своите догми, оти само така можела да се дочува нејзината лажна наука.

И ете зошто и критиката против феодализамот можела да почне само како критика на верата. Критиката на верата била и критика на феодализамот. Таја критика почнала со дуалистичкото учење на онија секти што ги рекофме понапред, та после кај богомилите станала и општо социјална критика.

Најголемиот враг на Средовечното христианство бил дуализамот. Бидејки да според монотеистите бог е апсолутно добер и всесилен, било близу до памет дека во светов не е сичко уредено на добро. Ако е господ толку силен, викале дуалистите, зошто тогај дозволуе лошотии? И заре можело тој бог да ги милуе и сиромасите и силниците, па билим тој и да ги дал тија силници со негова воља да владеат над сиромаси? Најпосле, и самата природа околу човека било огледало на борбата на две стихии – та така, онаја човечка мисла, недоволна од догмите на црквата, навогјала одговор на разни вопроси во дуалистичкото разбирање на светов.

И богомилите кога станале дуалисти, почнале да мислат така.

Ако идеолозите на државната вера учеле како светов е создаден от еден бог, богомилите им застанале спроти со учењето за двете вечни сили – доброто и злото. Развивајки ја понатакај идеологијата на манихеите, тиа викале, дека не е верно да бог ја создал земјава за седум дена и ја наредил како што ја гледаме. За богомилите бог бил апсолутно добар, тој бил олицетворение на истината, а таја се навогја во искрената и чистата човечка мисла. Само кога таква мисла мисли, се јавуе бог на човека, но штом мислата човечка е зоплетена со земни и материјални работи – престануела да биде божја. Затова богомилите учеле дека човекот со телото го

Page 5: Кочо Рацин

создаде сатанаил, а бог му ја даде само душата. Бог нема ништо со овова што е на земјава, демек не е вистина оти тој ги дал и поповите и феодалите и сета лошотиа што идела от ним. И така богомилите дошле до заклучение дека сета вера на државното христианство е лажна, дека по црквите владеат гјаволите, и дека земјата на феодалите им ја дал гјаволот, а не господ. И сега кај нас има една таква народна сказна, во која се кажуе како гјаволот му ја дава на Адама земјата под кирија.

Сметајки така да е земјата дадена от гјавола, богомилите учеле како е и секое владение над неја гјаволско. Бидејки пак това да чини темелот на феодализамот, не можело да биде инаку, а да не се разбере како и феодалите, и бољарите и секоа власт и држава се от натемаго. Било после логично да се дојде до мислата, до која дошле и богомилите, да на светов не требе да има ни господари ни роби, ами тој требе да се уреди така, да сите бидат равноправни. За да се живее пак како што требе, демек како што е по Вистината – бог, не требе да има ни цркви, ни крстови, ни звонци, ни камбаани. Сичко това е гјаволско, учеле богомилите, оти вистината божја е проста и му се јавуе на секој човек во неговата чиста савест.

Било после природно дека против такво учење се дигнало се што живеело тогај от народна мака – и поповите и калугерите и феодалите со ним, оти богомилската вера го подкопуела темелот на нимната влас. Ние денеска убаво знаеме како и колкаво било гонението против богомилите. Има многу славјански, грчки и римски повели и закони, каде богомилството е осудено како „пагубна ерес“, и на сите богомили фрлена анатема. Најпознати се от тија „Беседата на пресвитер Козма против еретиците“ и „Синодик царја Борила“. Во „Синодикот“ не толку, ама во „Беседата" е најубаво изложено сето учење на богомилите. Отаде може да се види сето учење за социјалната реформа што сакале да ја направат богомилите, чунки многу други книги што ги пишале сами се изгорени, а и самите богомили немале никаков напишан програм за своето уредуење, ами сакале да се живее просто по старохристијански. Еве накратко што се гледа отаде, демек што со прво учеле во народот богомилите:

1. Богомилите учеле дека господ не го создал небето, земјата и сичко што се навогја на неја, па и феодалното уредуење на светов.

2. Своите верни ги учеле да го мразат крстот, да не го целивајат, да не му се клањајат, чунки па крст Евреите го распнале Исус, човекот што учел најголемите вистини, па како може христианец да милуе крст?

3. Говореле дека причеста не е по заповед божја, не е тело и дух божји, ами, викале, „просто брашно и вода“ и „сок от винова лоза“.

4. За редот што владеел во црквата, за нејзиното уредуење со главатари, владици и разни јадачи, за нимниот раскош, за манастирите, калугерите и поповите, викале да се гјаволски, ги мразеле и плукале.

Page 6: Кочо Рацин

5. Стариот завет, пророците и сичко што они учеле, како и 10 заповеди од Мојсеа, не ги признавале како гјаволски.

6. Учеле, дека Исус Христос не бил роден от никаква богородица, ами от проста жена, и бил прост човек, дурмаджија, а Евреите го распнале на крст оти ги критикуел и учел што е вистина. Не веруеле да воскреснал, не признавале да има задгробен живот, и учеле, дека душата е искра от истината што се стива со пламењот – вечниот бог.

7. Ги некјеле иконите, ги фрлале от црквите, и ги сметале за прости штици. Викале, тија што се на ним не се светци ами прости човеци а само теле можело да мисли да е човек светец.

8. Не признавале никакво крштавање, ни со вода ни со „дух“.

9. Не веруеле да Христос правел чудеса и викале да е това сичко измислено от поповите.

10. Учеле дека феодалите и господарите не се от бога, никоа власт над човека не е от бога, и ги мразеле и нагрдуеле сите силници и јадачи на светов, и на секој роб му викале да не работи на господарот свој.

11. Сакале да се уреди општествениот живот на старохристиански и старославјански начин. Не признавале никаква власт и от сичко на веков највечку ја ценеле слободата на савеста и на човека.

От сичко овова мислиме да е јасно у што било това матно но толку опасно учение на богомилите. Најнапред што ни пагја во очи от овова е, дека богомилите први се дигајат против верските догми како окови на човечкиот разум и сакајат слобода за мислата. Само разумот, како искричка божја, бил вистина, а не догмите што учеле лаги. Ете зошто работата изпагјала страшна; штом човек не живее како што учи црквата, сичко стануе фалшиво и лажно — и феодалите и црквата и се што они учат. Човек бил слободен да го отврли злото и да заживее по својата совест, по разумот и правдата, а таја викала да се сметнат феодалите и господарите и секоа власт над човека. Ете, тука почнала европејската Реформација!

Но богомилите не живееле во времето кога феодализмот бил зрел да падне. Тогај не биле создадени онија условиа, у кои човек можел да живее без цареви и господари. Грагјанското општество, што го смени феодалното, одвај беше појавено, и това во некои градови по северна Италија и јужна Франција. На Балканот живееше едно гнило Византијско царство и неколку нови славјански. Но славјаните, каде што се појави богомилството, уште немаја свое царство, и си живеаја по старославјанскиот, аграрно-демократски начин на животот. И ете зошто кога ги завладаја славјанските феодали и кога тија почнаја да им го газат тој демократизам, да ги поробујат, да им ја зимајат земјата и учат после како се това

Page 7: Кочо Рацин

стануе со некоа виша сила – ете кога богомилството се јави како опозиција спроти ним.

И токмо сега идеме до онова, откај ке се види, зошто богомилството е едно чисто македонско јавление, никнало во онија особени условија, во кои живеале македонските славјански племиња. Овова е за нас многу важно, не само оти богомилството е наше културно наследие, ами оти е и една важна историческа пројава на нашиот народ, коа остави големи следи во неговиот живот. Еден краток историски преглед ке ни помогне да видиме това.

III

Според најстариот византиски летописец што ја бележел славјанската историја, К. Порфирогенит, во 676 год. пет славјански племиња: Драговити, Секулити, Рунджани, Струмани и Брсјаци, неможејки да го земат Солун, ги завзеле богатите области околу тој град. Драговитите и Секулитите биле на запад од Солун. Брсјаците на север от ним до Шар планина, а Струманите и Рунджаните на североисток на Солун по денешна Струма. Тија биле првите славјански племиња што дошле на Балканот и ја заселиле земјата на некогашна Македонија. Многу летописци ги викајат ним Македонски славјани, а земјата нимна – Славунија. Бидејќи да овие лугје си биле мирни и си живееле со земледелие, а биле организирани во племенски задруги и се управуеле со бирани демократски старешини – Византија ги трпела и билим направила со ним федеративен сојуз. Така тија си живееле цели неколку века – се додека – не биле завладеани от Блгарите.

Блгарите биле едно азијатско племе, што навлегло преку Дунав и завладеало некои славјански племиња отаде Стара планина. Како војничко, блгарското племе веднага организирало таму војничка држава и таја постепено се ширела. Во 853 г. се качил на блгарскиот престол цар Борис. Тој ја проширил блгарската земја дури до Македонија. Но тогај во толку голема држава, не можело да се владее со едно малко војничко племе. Пополека, от това племе се формирала феудална аристократиа демек на таквиа што работат и што живеат од тугј грб; спаии или бољари, и чифчии или парици. И за да ја зајакне таква своја држава, Борис решил да ја уреди како примерот на тогашната држава – Византија. Тој пратил свои нарочни лугје да го изучат државното уредуење на Византија и нејзините закони и државни науки, та после да ја уреди и својата држава така. Но, како што рекофме напред, тогај христијанството беше најголемата наука и от него се определуеја сичките други. Ете зошто стана нужно и Блгарија да стане христијанска држава, да се покрсти царот и народот што го владее. И цар Борис това го направи во 865 г. Целта на това беше јасна: со новата вера, како со феудална идеологија, требеше да се закрепи и оправда по народот феудалниот строј.

Првите христиански учители, вистина, го преведоа Св. писмо и други книги, но со ним ги преведова и државните и правни закони па Византија. Тија токмо беја

Page 8: Кочо Рацин

феодални, чунки учеја за правата на бољари што ја владејат земјата и роби, што ја работат таја земја.

И со това почна силна промена во животот на славјаните. Црквата стана најголема идеолошка и економска сила. По пример на Византија и таја почна да прави цркви и манастири, а феодалите да им давајат земји, што се зимаја од сиромашните селани. Па се засили и феодалната аристокрација. Секој во војна заслужен војвода почна да добива от царот цели заселишта сосе земја и човеци како свои роби. Владеањето на таја земја стана наследно, чунки синот на феодалот го наследуеше таткото. Така никна и така почна да се шири славјанскиот феодализам и да се кусат правата на народот. Славјанските задруги и нимните демократски бирани старејшини не се признаваја. Бољарот беше назначен от царот а поповите учеја дека и царот и бољарот се от бога. И така, народот стана незадоволен, чунки многу поарно и по слободно си живееше во своите старославјански задруги.

Но се това најсилно се осети во Македонија. Видовме дека таму највечку се одржа славјанската задруга, чунки и Византија беше на нејзина страна. Во Македонија никога не се разви феодална аристокрација от задружните старејшини, и таму беја најживи демократските традиции во народот. Това ете стана основна причина, за да се оттаму дигне опозиција против новата уредба. (Види Голубински, Пипин, Вејнгарт, Рачки и др.).

От оваја башка, за појавата на богомилите имаше и една друга причина. Това беше учението на манихеите, кои беа дошле от Мала Азија во југозападна Македонија. Знаеме дека нимното верско учење беше дуалистичко и што оно значеше. Кога ги покрстиа славјаните и кога новата вера стана општа наука, старата вера на славјаните беше слаба да се бори со неја. И затова се појавуат првите славјански и дуалистички групи мегју македонските славјани. Првата богомилска група, от која се развија сите по неја, беше от племето на Драговитите, и сите учени денеска Драговичката група ја сметајат како мајка на богомилството. Богомилството никна и се разви во Македонија а неговијот водач и организатор, поп Богомил, беше и сам Македонец. За негова чест и денеска едно село околу Велес се вика Богомила, а и сичките учени него го признавајат како прв славјански реформатор и прв борец во Средниот век за општи човечки правдини.

Богомилите биле со прво против државното христијанство. Тиа сметале дека това многу го заглупуе и криво го учи народот. Тија викале дека само нимната вера е истинска и христијанска. Мразејки ги поповите и калугерите, богомилите не се молеле по црквите ами по куħите и друзи отворени места. Нимната молитва се состоела само от молитвата „Оче наш“, а се друго било дискусија и расправија. Таму се напагјале фсодалите и црквата, и сето зло што идело на народот, викале да иде от тија. Народот го учеле да не оди по црквите, да не се крсти и моли на никакви светци, чунки господ на секого му дал разум што да прави, а не да се моли и да чека. На тија свои собранија они ја развивале својата наука, но нема место овдека да ја изложуеме, чунки е многу матна и требе бааги место да се разјасни, а от се што рековме до сега јасно направивме нејзини основни заклучениа. Овдека ке

Page 9: Кочо Рацин

кажеме само некоа дума за нимните книги и сказните и басните, што нашиот народ уште ги скажуе, иако незнае да се богомилски.

Богомилите ми... и биле и први славјански народни книжовници. Ако за покрстувањето на славјаните се измисли нова азбука и почна една славјанска книжовност, таја си беше строго црковна и се занимаваше само со суви црковни догми и восхваление на светците и царевите. На народот му беше тугја, чунки народната душа ја занимаваја по-живи работи от догмите. Таја душа не можеше да се задоволи со библејското објаснуење за созданието на светов и сакаше по-јако објаснение. И затова во народната душа најдова голем прием ониа источни легенди и басни на манихеите, кај што беше проткано и дуалистичкото учение, ама и едно по блиску до памет објаснение за светските работи. Затоа богомилите почнаја тија легенди да ги преведуат, дотеруат на народно разбирање и самите прават нови, а сичко това народот зимаше со душа. Основата на тија сказни е борбата на доброто со злото, борбата на гјавола со бога, и крајната победа на доброто над злото. Дали некој ке се присети колку такви сказни чул от своите стари, и да ли ке може да разбере нешто от народната философија што е во ним? Ете, тија сказни, песни и басни и философијата што е во ним, беше духовна храна на нашиот народ низ толку векови, таја назида во народната душа една јака стена на истина и вера во крајната победа на правдината, а не сувото христианство и восхвалението на царевите! Денеска е научно докажано дека тија сказни и басни се јатка на целиот богат македонски народен фолклор – народна философија и душа. А кој му го остави на народот това? Не се христианските проповедници, ами богомилските! Нашите народни обичаи, преданиа, веруваниа, врачевини, сказни, басни и песни – сите се под влијание на богомилското учение, на богомилскиот дуализам, како што го разбрале и разработиле тиа наши први народни учители.

От книгите пак богомилски туку речи сите се изгорени. До денеска се најдени само по некои. Најглавната е „Тајната книга", најдена по препис во еден италјански манастир и на неја назначено да е донесена от Балканот и да е главната книга на богомилското учение. Има уште десетина други пронајдени по нашите манастири, најповеке по македонските. Неможеме овдека да се задржаваме на ним, но кој би се интересуел за оваја работа, нека ја прочете книгата на Ј. Иванов „Богомилски книги и легенди“. Таму е најарно објаснено значението на сите тија работи.

И така земено, и от денешно време, богомилството е едно големо културно наследие на нашиот народ, кое требе да се разбере, да се цени и чува. Ние со него требе да бидеме горди пред другите народи, како и они што се гордеат со таквиа културни имовиња!

Со сите свои крајни изводи, богомилството внесе нови моменти во мислената област. Това покажа со своиот дуализам, дека не догмата, ами слободната човечка мисла може да дојде до вистината. На сите народни веруваниа, иако тија си беја фантастични, нереални, богомилството им даде еден разумен вид. И може би со това, иако и самото незнаеше, богомилството пушти нов поток на човечката мисла: ја привикна да мисли разумно, ја сврте от небесниот на земниот живот и ја тури

Page 10: Кочо Рацин

спроти секоа догма. На своето време, за Средниот век, немаше ништо по револуционарно от овова! Вистина, каде нас, на Балканот, не станаја големи последствија: инаквите историски течениа – заробуење пот Турците и запирање на економското развитие, не дозволиа да се развие и онаја класа, каде богомилството стана силна идеологија. Но на Запад, по италијанските и јужнофранцуските градчиња, се разви новата класа и богомилството стана нејзина идеологија. Со колку човечка крв е испишана историата на тамошното богомилство! Но и победата дојде: новата класа победи, се сринаја средовечните догми, и мислата се вивна слободна, да постигне толкува човечки успехи – да го толку ослободи човека от злото, от тешките условиа, от незнаење и гнасно ропство! Но ако и таја класа бргу се покажа гјаволска, ако и буржоазијата стана потисничка класа, па и таја го зароби човека и неговата мисла – новата класа, наследникот на буржоазијата, пролетариатот – го дига и носи напред смело знамето на слободата и заветот на богомилите!

Далеку сме от това да кажеме како ние денеска требе да ги воскреснеме богомилските веруванија така како што ги учеја они. Това си беше производ на своето време и си остана со него. Но секое време гради свои мисли што се времени, но и таквиа, што се вечни што остануат на поколениата што идат по него. Кај богомилството е времена неговата религиозна форма, неговата слабост да мисли башка от фантастичното напрегнуење на мислата. Но вечна е неговата љубов за човечката слобода, вечна е љубовта за правдините, вечна е идејата за слободната и недогматичната мисла и за истината што се открива по тој пат! Вечна е мислата за вечната борба и идејата на се поголема победа на доброто над злото, па се разбрало това во мистична ели во денешна научна форма! Оти нема борба, нема победа во таја борба, ако нема и вера, фанатизам во таја вера, да ке дојде победа, да ке триумфира доброто над злото! И да е целта на истината да се доближуе до бога – како што учеја некогаш богомилите! — ели како што учи денеска науката, да е целта на истината да се доближуе до својата јатка: материјата – објективната реалност. Ако таква гениална мисла нашите богомили ја најдова во мистична форма, еве дека денеска науката ја открива како научна. Оти силата на патиштата што ни ги покажа богомилството е огромна, само по тија може да оди човечкиот напредок – човечкото победуење на доброто над злото, човечкото ослободуење от секакво ропство! Оти никој до сега не одговорил по длбоко за смислата на човечкиот живот. Ако сите цркви и сите вери учеа дека има небесен живот и со тоа служеа на онија што на човеците им го отимаја земниот, богомилите, у верска форма рекова една крајно спротиверска истина: нема задгробен живот, ами целта на човечкиот живот е да се бори со злото и доближуе до вечната истина. Има ли погениална мисла от оваја? И може ли денеска да ја наследи таја истина друг некој, освен пролетаријатот?

Оти токмо сега му е местото да си кажеме некоа дума и за значението на оваквиа мисли и за нас, Македонциве. Богомилството, дедо Богомил – това се наше големо културно имовиње, и нашата борба требе да оди по најздравите стапки и по вечните патишта на тија наши славни лугје! Не требе да правиме и ние от богомилството нова вера, оти помина времето на верите, сега е времето на науката

Page 11: Кочо Рацин

и на пролетариатот што ке ги постигне смелите замисли на нашите богомили. Туку, сакаме да кажеме, кога некој Вулич ели Балугџич, ели некое нимно копиле, ке земе некоа надуена поза и ке не праша: Ами каму ви цареви и кралеви и тапија за земјата македонска? – да му речеме: еве ни го дедо Богомил! Вашите цареви и кралеви владееја над нашата земја со крв и гнасотии, и вашата тапија над земјата македонска е и така крвава и гнасна. Но колку е светла и силна царштината на деда Богомил, на македонските богомили! Колку е по силна и по висока мислата на деда Богомил, от славата и споменот на сичките ваши кралеви и царја, и на сичките гнетачи и јадачи народни, от памтивека па до сега! Ние, Македонциве, по патот на деда Богомил, по мислата на неговата вечна борба, по трагот на неговата силна вера – ке си ја дочекаме и нашата зора!

Меланија Шерденковска: Богомилско движење и неговите импликации  

Богомилско движење ... (1)

    Крајот на IX и почетокот на X век е означен со крупни промени во општествената структура на Македонските Словенски племиња. Во тоа време, територијата на македонските племиња влегува во состав на моќната феудална држава на Бугарскиот цар Симеон (823-927). По завладувањето, за да ја задржи власта, како и заради можноста за побрза и поефикасна експлоатација, и на овој простор е проширена воено-административната поделба, каква што веќе постоела во Бугарското царство. Тоа значело и забрзано распаѓање на родовските општини. Во овој процес била вклучена и црквата, која добивала поседи како подарок од владетелите. Така црквата почнала да станува една од најјаките феудални институции. Како крупен големопоседник, таа застанала на страна на монархијата, во одбрана на вака поставениот општествен поредок.    Околностите во кои се нашле Македонските Словени, посебно се влошиле во средината на X век, за време на владеењето на царот Петар (927-969), кога нагло биле зголемени даноците за големиот воено-административен апарат, кога ги завршил своите освојувачки походи.1 Во едни такви критични историски услови, се појавува силно народно движење, за верско и политичко ослободување - Богомилството. Во основа тоа претставува религиозно учење кое за своја база ги има дуалистичките еретички учења.

1. Карактеристики и симболика на Богомилството

    Религиозната основа на која настанало Богомилството е Христијанството, во неговиот изворен облик. Богомилите за себе

Page 12: Кочо Рацин

велеле дека се „крстјани“ и за Христос имале извонредна почит. Тргнувајќи од ставовите од почетоците на Христијанството, тие сметале дека за поединецот да му се обрати на бога, не му се потребни посредници - луѓе од црковната институција, кои веќе биле длабоко огрешени во лакомоста и неморалот, ниту пак е неопходен црковен објект. Тие, во почетокот, своите проповеди и нивните духовни покрстувања, ги изведувале најчесто на отворен простор во близина на селото, односно градот.

Iako kako baza za nastanuvawe e hristijanstvoto i sebe si se

narekuvale,,krstjani,,tie trgnuvale od toa deka poedinecot za dam u se

obrati na Boga ne mu se potrebni posrednici lu|e,nitu pak e potreben

objekt,zatoa tie svoite propovedi gi odr`uvale na otvoren prostor vo

blizina na naselbite.

    Во почетокот на X век веќе се појавуваат и првите пишани документи кои зборуваат за почетокот на Богомилството. Тоа е една листа анатеми од провинцискиот синодик на православието, донесена помеѓу 912 и 925 година, за време на патријархот Никола. Во речиси исто време се појавува полемиката на Јован Егзарх, со дуалистичките еретици. Овие документи ги поткрепува и житието на Св. Климент, во кое се зборува за „лошата ерес“ во охридската област, по Климентовата смрт.2

Prvite zapisi se sre}avaat vo po~etokot na 10 vek ,odnosno toa e lista

na anatemi od provinciski sinodik donesena pome|u 912 i 925

godina.Ovie dokumenti gi potkrepuva i `itieto na Sv.Kliment koj

zboruva za lo{ata eres vo ohridksta oblast,po Klimentovata smrt.

Page 13: Кочо Рацин

    И покрај ваквата основа на нивното учење, тие го отфрлиле Христијанскиот монотеизам, а го прифатиле теолошкиот дуализам. Според нив целиот видлив и материјален свет е создаден од двата бога, богот на светлината и на темнината, на доброто и на злото, кои паралелно постојат во светот и во секого од нас. Со светот владее постојаниот двоен принцип на создавањето и на уривањето. На тој начин тие ја објаснувале и социјалната неправда, постоењето на богатите феудалци и црквата и сиромашното закрепостено селанство. „...Да му се рече на светот од 'светиот феудален строј' дека 'не е создаден од бога', туку од 'Ѓаволот', дека во него нема 'света вистина', туку 'вечна борба'... во која 'слепи фарисеи' ја задушуваат вистината на 'словото божје', дека човекот не треба да верува, туку треба да мисли... дека има смисла човекот да живее, да има висок и совршен идеал - борба со сето што е од 'сотоната и од сотонско потекло' , но не само во самите нас, туку во прв ред во општеството, во општественото устројство, во општествениот живот... дека светот на господарите и болјарите е светот на 'сотоната' и треба да пропадне и дека само светот на слободата и еднаквоста на 'децата божји' е свет што треба да се извојува. Во темната средновековна ноќ, во времето на 'светата тишина', во часот кога и нашите православци на изгубеното и уништено човечко суштество му го закопаа длабоко и разумот и свеста... - во тој час и низ таа ноќ, мистично мрачниот дуалистички збор екна и најмногу возможно човечки, навистина епохално историски.“3

    Отпрвин како верско-опозициона секта, Богомилството ги мобилизирало народните маси во борба против сe појакото феудално поробување. Тивкиот и прикриен револт, се претворил во отворен и бурен протест, па движењето се претворило во вистинско социјално реформаторско движење со отворени стремежи за промена на општествениот поредок, при што најизразено било нивното барање за „укинување на сите општествени установи што ги водел феудализмот.“4

Iako vo po~etokot bilo versko-opoziciona struja,podocna se pretvora vo socijalno dvi`ewe koe za svoja najvisoka cel ja imalo ukinuvaweto na site ustanovi koi bile so feudalen karakter.

    Најважното еретичко жариште на Богомилството, воедно и првата црковна општина, била во Македонија, во областите кои ги

Page 14: Кочо Рацин

населувале племето Драговити. Од тука Богомилството било пренесено во целото Повардарие, потоа на целата територија на Македонија, а од тука било проширено во Бугарија, Србија, Босна, а поминало и во Италија, Франција и некои други земји. Многу длабоки траги остава дуализмот во градовите на Северна Италија и Јужна Франција, каде што станал идеал на граѓанството. Во Италија дуалистите се познати како Патарени, а во Франција - Катари, со тоа што и едните и другите ја сметале Драговитската Богомилска општина за своја матица.5

Kako prva crkovna op{tina bila teritorijata koja bila naseluvana od

plemeto Dragoviti.Ottuka Bogomilizmot se pro{iril prvo vo

Povardarieto,pa niz cela Makedonija,i nataka kon

Srbija,Bosna,Dalmacija i delovi na Italija i Francija,soebno Sevarna

Italija i Ju`na Francija,kade od versko dvi`ewe poprima gra|anski

karakter.Vo Italija ovie dualisti se poznati kako Patareni,a vo Francija

Katari so toa {to i dvete granki za svoja bogomilska matica ja smetale

Dragovitskata op{tina.

    За нивното влијание на развојот на дуалистичките движења, како и за нејзините врски со новооформената еретичка црква во Италија и Франција, но и за организацијата и функционирањето на Богомилската црква на Балканот, едно од најзначајните сведоштва представуваат актите на Катарскиот собор одржан во 1167 година во Сан Феликс во Караман, близу Тулуз, во Франција. На овој собор председавал папата Никита од Цариград, приврзаник на еретичката црква од Драговитија, а од одлуките на овој собор се познати „седумте цркви на Азија“, меѓу кои се споменуваат "ecclesia Romanae, Dragumetae, Meliguae, Bulgariae i Dalmatiae".6

Za nivnoto vlijane svedo~i i aktot na katarskiot sobor odr`an vo 1167

godina vo San Feliks vo blizina na Tuluz Francija.So nego rakovodel

papata Nikita od Carigrad ,privrzanik na ereti~kata crkva Dragovitija,a

pome|u odlukite na ovoj sobor posebno interesna e odlukata

za ,,sedumte crkvi,,me|u koi se spomenuvaat "ecclesia Romanae,

Dragumetae, Meliguae, Bulgariae i Dalmatiae".

Page 15: Кочо Рацин

    Врз основа на достапната литература, според Драгојловиќ, може да се докаже вистински континуитет во развојот на Богомилската ерес, од почетните рудиментарни форми до потполно автентична и теолошки заокружена целина, меѓутоа и вистинска хронолошка врска помеѓу временски одвоените вести, од почетокот на X, па сe до средината на XV век, само во Македонија, во областите каде што живееле Македонските Драговити. Во останатите делови на Балканот и Мала Азија, се појавувало повремено, прекинувано повеќепати со подолги периоди на затишје.7    Она што за нашето понатамошно истражување е многу интерсно, е симболиката која ја употребувале Богомилите, како и остатоците во материјалната култура, обичаите и верувањата, кои можеме да ги сретнеме и денеска.

_________________________________________

1. Стојановски А. д-р, Катарџиев И. д-р, Зографски Д. д-р, Апостолски М. д-р, ИСТО, стр.242. Драгојловиќ Д., ПОЧЕЦИ БОГОМИЛСТВА НА БАЛКАНУ, стр.203. Рацин К., ПРОЗА И ПУБЛИЦИСТИКА, БОГОМИЛИТЕ, стр. 1464. Рацин К., Исто, стр. 1465. Драгојловиќ Д., ПОЧЕЦИ БОГОМИЛСТВА НА БАЛКАНУ, стр.20, Рацин К., ПРОЗА И ПУБЛИЦИСТИКА, БОГОМИЛИТЕ, стр. 1466. Драгојловиќ Д., Антиќ В., БОГОМИЛСТВОТО ВО СРЕДНОВЕКОВНАТА ИЗВОРНА ГРАЃА, стр.257. Драгојловиќ Д., ПОЧЕЦИ БОГОМИЛСТВА НА БАЛКАНУ, стр.28

Меланија Шерденковска: Богомилско движење и неговите импликации  

Богомилско движење ... (2)

    Своето непочитување на храмовите како „Домови Божји“, го темелеле на Матеевото Евангелие (6.6.), во кое како место за молитва (според македонскиот превод), се препорачува „скришна соба“ во нивните домови.8 Сведоштвото за постоење на молитвени простории наоѓаме во легендите за поп Богомил, според кои неговото родно место е селото Богомила, во чија близина се наоѓа и неговиот гроб, каде бил изграден параклис, кој на Богомилите им служел како молитвен дом.9

Page 16: Кочо Рацин

Simbolizmot kaj Bogomilite vo Makedonija

    За симболиката која ја користеле Богомилите имаме повеќе сведоштва. Првото известување го наоѓаме кај Александар Матковски10, кој ги наведува заклучоците до кои дошол Александар Соловјев11, дека на Богомилските надгробни споменици многу чест симбол е младата месечина, чии краци се поставени нагоре, а помеѓу нив е поставена ѕвезда. Оваа симболика нема ништо заедничко со Турскиот симбол. Соловјев ја објаснува иконографијата на Богомилите, односно длабокото симболичко значење што го изразуваат сонцето и месечината, кои биле сметани за небески кораби, т.е. „за живеалишта на душата на праведните пред заминувањето во рајот“.12

Kako izvori za simbolite koi gi koristele ima pove}e izvori.Kako prvo izvestuvawe se trudovite na Aleksandar Matkovski koj pak kako izvor go koristi prou~uvaweto na Solovjev, deka Bogomilite kako simboli gi imale mladata mese~ina so kraci na gore so yvezda me}u niv.

Ovaa simbolika nema zaedni~ko poteklo so tuskiot simbol,Solovjev ova go objasnuva so dlaboko simboli~no zna~ewe koi go izrazuvale sonceto i mese~inata koi bile smetani za nebesni korabi.

Знакот на богомилите, месечина со ѕвезда со краци завртени нагоре

Page 17: Кочо Рацин

Знакот на богомилите аплициран на порта на куќа во с. Кракорница13

    Д-р Милош Константинов, во својот фељтон во весникот Нова Македонија14, користејќи ги податоците до кои дошол авторот Антон Глогов, во својата книга „Богомилското учење и историјата на Богомилството“, вели дека симболот кој го почитувале Богомилите се две вкрстени елипси, под агол од деведесет степени. Вертикалната елипса ја симболизира силата на создавањето, додека хоризонталната - силата на разурнувањето. Овој симбол немале право на себе да го носат ниту првосвештениците, како што немале право да носат други симболи или украси. Единствено нешто по кое се разликувале од останатите свештеници е тоа што носеле црвено расо, наместо црно, и имале жезол, со украс во вид на сонце на неговиот врв. Без жезолот не се движеле никаде и во никое време.    Многу различна е облеката што ја носат оние лица кои се наоѓале на чело на сечовечката екуменска заедница. Таа е доста сликовито, но непрецизно опишана. Во секој случај ја одразува симболиката која ја користеле Богомилите. Таа личност во секое време, преку својата облека, требала „да го одразува блесокот на сонцето, нежната светлина на месечината, трепкавите ѕвезди и синилото на небесните височини, како и прекрасните зеленила на земјата“.    На обичните Богомили им било забрането да носат какви било украси и накит. Меѓутоа, постоело одликување, кое што се доделувало на поединци за вонредни заслуги, во вид на ланче на кое било прикачено парче бигор. Ова одликување тие можеле да го носат само во текот на петте „мртви дни“, кои, според Богомилскиот календар, поделен на триесетишестдневни месеци, остануваат на крајот на годината. Овие пет дена, како и останатите шеесет неработни дена од шестдневната недела,

Page 18: Кочо Рацин

Богомилите им ги посветувале на силата на создавањето.    Драгољуб Драгојловиќ15, изнесува податок според Евтимије Периблепта, дека „овие безбожници, фундијати или богомили, не ги почитуваат иконите, но дека куќите во кои ги одржуваат молитвените обреди, однадвор и одвнатре ги зографисуваат и украсуваат“.    Во поглед на симболиката со која што ги илуминирале своите ракописни евангелија, дадени се податоците од Козма Презвитер. Полемизирајќи со учењето на Богомилите, тој пишува дека тајната на евхаристијата ја создал самиот Господ и дека таа преставува „суштествено тело“ Христово, а не неговиот образ, кој еретиците симболички го преставувале во Матеевото евангелие со ликот на херувим, во Марковото со ликот на теле, во Лукиновото со ликот на лав, а во Јовановото со ликот на орел.

_________________________________________

8. Драгојловиќ Д.,БОГОМИЛСТВО НА БАЛКАНУ И У МАЛОЈ АЗИЈИ, стр.132,174, СВЕТО ПИСМО, Свето Евангелие според Марко, 6.6.9. Ангелов Д., БОГОМИЛСТВО, стр.107, Панов Б. СРЕДНОВЕКОВНА МАКЕДОНИЈА, книга 3, стр.25010. Матковски А., ГРБОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, стр. 6211. Соловјев А., Постанак илирске хералдике и породице Охмучевиќ, стр. 10112. Драгојловиќ Д.,БОГОМИЛСТВО НА БАЛКАНУ И У МАЛОЈ АЗИЈИ, том 2, стр.31513. според Славко Брезовски, Реканска куќа, БИГОСС, Скопје, 199314. Константинов д-р М., ЕТНОЛОШКОТО ВО БОГОМИЛСКОТО ДВИЖЕЊЕ15. Драгојловиќ Д., БОГОМИЛСТВО НА БАЛКАНУ И У МАЛОЈ АЗИЈИ, том 2, стр.88

Меланија Шерденковска: Богомилско движење и неговите импликации  

Богомилско движење ... (3)

2. Импликациите на Богомилството

2.1. Развој на фрескоживописот во Македонија

    Богомилското движење, со својата длабоко-народна, верска, и политичка програма станало многу масовно, меѓутоа не било во состојба да го оствари својот политички идеал -

Page 19: Кочо Рацин

прахристијанското општество на еднаквост. Во тогашните недоволно развиени општествени услови, тие можеле да ја развијат само својата културна дејност, која оставила траен печат на севкупното понатамошно творештво. За влијанието на Богомилството врз народниот бит,

Bogomilizmot i pokraj masovnosta koja ja zdobil me|u narodot ne

uspeal da ja ostvari svojata politi~ka agenda ,odnosno sozdavawe na

op{testvo na ednakvost oslobodeno od materijalnata dominacija,ona

{to na toj stepen na op{testven razvoj mo`elo da napravi e da se

obide da ja razvie kulturnata dejnost bidej}i kako {to e navedeno vo

mnogu izvori tie vo svojot bit bile gnostici koi ja neguvale tradicijata na

u~ewe i duhovna nadgradba.So toa tie ostavile traen pe~at koj se

provlekuva vo kulturnata istorija na Makedonia niz vekovite i trae do

denes.

Рацин16 го напишал следното: „Нашата народна култура, нашиот богат народен фолклор, неисцрпната ризница на нашиот народ низ многувековното искушение - повеќе се дело на Богомилството, одошто од влијанието на православјето... Има ли во нашето народно минато повозвишена појава, повозвишен идеал и посветла цел, но што е Богомилската? Колку луѓе и денеска се напојуваат од него, мислејќи дека се опираат врз најдобрите народни традиции, иако можеби и не знаат колку е тоа длабоко народно, истовремено и суштински Богомилско“.

Racin vo toj kontekst pi{uva: „Нашата народна култура, нашиот богат народен фолклор, неисцрпната ризница на нашиот народ низ многувековното искушение - повеќе се дело на Богомилството, одошто од влијанието на православјето... Има ли во нашето народно минато повозвишена појава, повозвишен идеал и посветла цел, но што е Богомилската? Колку луѓе и денеска се напојуваат од него, мислејќи дека се опираат врз најдобрите народни традиции, иако можеби и не знаат колку е тоа длабоко народно, истовремено и суштински Богомилско“.

    Неоспорна оставнина на Богомилството е борбата за духовно ослободување од црковните авторитети и од идејата за

Page 20: Кочо Рацин

непроменливоста на општествените односи. Поттикнувањето на идејата за личниот однос кон Господ, исклучувањето на посредниците - свештеници и попови, претставува стремеж кон јакнењето на индивидуалноста на личноста, на нејзината снага да создава и да живее без стегите на духовната зависност од Црквата. Тоа во суштина е и ортодоксниот прахристијански идеал, за кој дознаваме преку евангелијата, а посебно преку гностичките евангелија на останатите осум апостоли чии записи не се вклучени во Новиот Завет и евангелието по Марија Магдалена. Јакнењето на индивидуалноста и организирањето отпор против експлоатацијата, црковна или феудална, претставува чин, преку кој индивидуата станува свесна за својата можна активна улога во светот.    Во исто време со разнишувањето на стегите, со чија помош во средновековието поредокот опстојувал, се развиваат креативните и интелектуални потенцијали на поединецот. Длабоко-човековите потреби за слободно живеење и работа, го наоѓаат својот потстрек во Богомилството. Стигнувајќи до најшироките народни маси, борејќи се за нивното достоинство, Богомилството претставува основа за понатамошни духовни, културни и политички револуции, не само на нашиот простор, туку и многу пошироко во Европа, преку дејноста на Катарите и Патарените. Различниот поглед на светот, спротивставен на доктрината на официјалната црква, овозможува основа за развој на мислата и стремежите на луѓето отелотворени преку можеби најголемата културна револуција на постхристијанското време - Хуманизмот и Ренесансата.

So osloboduvaweto od feudalnite stegi poleka po~nuvaat da se

razvivaat kulturnite i duhovnite potencijali na lu”eto,Bogomilizmot ja

potrnciral tokmu taa tendencija na duhovno izdignuvawe i prestavuva

osnova za razvoj na mislata i mo`e da se re~e deka ova dvi`ewe e

prapo~etok na humanizmot,bidejki najgolem del od negovite postulate

se preslikani od Bogomilizmot.

    Добро познати ни се расправите за појавите и причините кои се основа за развојот на хуманизмот и ренесансата, меѓу кои основната е во широкото граѓанство отворено прифатениот дуализам на катарите и патарените, а со самото тоа се поставува Богомилската мисла како основната иницијација на развојот на

Page 21: Кочо Рацин

слободната граѓанска мисла, односно како нејзин вистински дострел - неслутениот развој на науката и уметноста.    Токму затоа, воопшто не изненадува податокот дека единствените слики кои што претставуваат претходница на Ренесансните слики, според општо прифатените византолошки и средновековни расправи, се настанати токму во Македонија, во колевката на Богомилската „еретичка“ мисла - фреските Оплакувањето на Христ - познатата Пиета во црквата во Нерези од XII век -– 1164 год., како најизразити претставник на новиот дух во живописот во Македонија и останатите фрески од таа црква, како фреските од црквата во Курбиново, исто така од XII век - 1191 год.    За овие дела на нашите непознати зографи Димитар Ќорнаков напишал: „Тоа што можела и не го сторила Византија, го создале нашите зографи, во нашите македонски средновековни цркви и манастири. И додека во византиската средновековна уметност има претстави со смирени изрази на ликовите, без нагласени гестикулации и чувства, нашиот зограф ги надминал тие рамки и на своевиден начин ја искажал човековата драма со бол и тага, на начин кој не му бил својствен на неговите претходници...“.    Анонимниот, но затоа, по своите квалитети, голем зограф се определил за она што е суштинско. Имено, поворката која го пренесува Христовото тело, зографот ја „сопрел“ во моментот кога Богородица паѓа на колена, оставајќи ги неприродно разделените нозе; тоа е она коешто во Византија никаде не се јавува; и така во скутот го држи мртвото тело Христово, прегрнато и му го целива лицето... Пред Нерези, ниту еден сликар не успеал да створи толку големо дело.17    Анета Светиева, бележејќи ја дејноста на нерешките мајстори и јачината на нивното дело, вели: „Маските од Света Софија овде се тргнати; покажан е набојот - немирот на живите луѓе. Светософиското надреално, го губи предзнакот: станува реално. И светителските лица се разновидни, лични, особени. И Христовото тело е поинакво, дури влакнесто. Ако драматичноста и реализмот се носачи на предренесансата, тогаш нерешкиот мајстор им претходи цел век...“.    Византологот Габриел Мие, уште во далечната 1916 година, осознавајќи ја посебноста на сликарството во Македонија, нарекувајќи ја сликописна ризница од општо Византиско значење, го воведе поимот „македонска школа“. Нејзината поставеност iuxta глобалните богословски одредници диктирани од престолнината, новите научни сознанија ја прават уште појасно согледлива.18    Дури во последната деценија на 20-тото столетие, многу скромно и срамежливо, се појавува претставата за значењето на Македонските фрески во општиот развој на дводимензионалната

Page 22: Кочо Рацин

ликовната уметност во светски рамки. Веројатно ќе ја најдеме снагата, но и валидните аргументи за да ја окарактеризираме со местото што навистина го заслужува - не претходница, но вистинскиот почеток на Ренесансата.    Таа тоа и го заслужува со снагата на елементите и со уметничкиот израз којшто го носи во себе. Тоа е и реалната консеквенца на револуционерната Богомилска мисла, која со бројноста на своите следбеници на нашите простори, но особено со јачината на својот однос кон општествните прилики, како и кон поединецот и неговата внатрешна снага, широко ги отвора вратите за да може да се размавне креативноста на поединецот, ослободена од душевните стеги, но и од општо прифатените тогашни византиски канони.

_________________________________________

16. Рацин К., ПРОЗА И ПУБЛИЦИСТИКА, ДРАГОВИТСКИТЕ БОГОМИЛИ, стр. 110-11117. Ќорнаков Д., ОД ПРВИОТ ГРЕВ ДО СТРАШНИОТ СУД, Матица Македонска, Скопје, 1999, 47-4918. Светиева А., МАКЕДОНИЈА, КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, СРЕДЕН ВЕК, Мисла, Скопје, 1995, 115-121

Богомилско движење ... (4)

2.2. Развој на уметничките занаети кај Мијаците

    Кога се зборува за уметничките занимања во овој крај, се наметнува констатацијата дека се работи за една исклучителна појава, којашто е длабоко вкоренета во нивното битие. Затоа може и да се зборува за карактеристиките - особина, вештина, кои со векови наназад се пренесувани на генерациите кои доаѓаат, најчесто во рамките на фамилијата. Разгледувајќи ги нивните остварувања, посебно во периодот на XVIII и XIX век, неминовно се наметнува констатацијата на неговата посебност, односно исклучивост, во однос на остварувањата на тајфите од останатите краишта.    Мијачките градители се основоположници на градителството и традиционалната куќа на јужниот дел на Балканскиот Полустров и источниот дел на Мала Азија. Потеклото на градбата е од искуства кои се создавале на овие простори (материјал, конструкција, начин на градба), организацијата се потпира на индивидуалните потреби на корисникот и воопшто на менталитетот на луѓето од овие простори и не е оптоварена со туѓи искуства, а обликувањето е изворно и има сопствен

Page 23: Кочо Рацин

идентитет. Градителството, како и останатите уметнички занаети, резбарството и зографството, се појавуваат и се развиваат врз база на сопствени, длабоки, внатрешни потреби и развој на индивидуалната, слободна креативна снага на поединецот, неоптеретени со законите на уметничкото и градителско творење на даденото време. Истражувајќи ги дострелите на оваа архитектура, во компарација со останатата традиционална архитектурата на наведениот простор, иманентни и` се карактеристики кои ја издвојуваат, посебно заради нејзините можности да се прилагодува и да се трансформира, а во суштина да не го изгуби својот сопствен идентитет. Овие карактеристики говорат за посебната улога што ја имаат Мијачките градители Преку својата градителска дејност; тие, во суштина, поставуваат еден специфичен објект, прилагоден на климатските и географските услови, како и на традициите на местото и потребите на луѓето. Иако е постојано користена истата градителска постапка, во оформувањето на конструкцијата и на објектите воопшто, во Мијачкиот крај обработката на материјалите е доведена до совршенство, па е создаден еден сосема карактеристичен објект. Посебно треба да се одбележи креативниот набој на градителите, коишто секој елемент поединечно го доведуваат до совршенство, исто како и целината на објектот.    Мијачките градители, преку печалбарството и преселбите, ги пренесуваат своите градителски искуства на целата територија на Јужен Балкан и Мала Азија. Во сите краишта каде што тие дејствуваат, иницираат развој на градителството и уметничките занаети кај локалното население, па тие стануваат центри на развојот на градителството и уметноста воопшто.19    Трагајќи по корените на длабокиот и исконски однос на Мијачкото племе кон уметничките дејности - резбарството, градителството и иконописот, неопходни се навраќањата на главните историски случувања и миграции на ова племе. Словенската религиска основа којашто во вид на архетипска матрица длабоко е врежана во свеста на единката и постојано е проткаена во помала и поголема мерка во творештвото на сите племиња.    Меѓутоа, она што најдлабоко и најсуштински го одредува битот и дејноста на ова племе несомнено е Богомилството. Иако се работи за една временска дистанца од неколку векови, сепак се работи за длабочината на прифаќањето на Богомилската мисла и нејзиното суштинско вкоренување во основната бит на племето. Должината на периодот во којшто племето живеело и егзистирало според неговите основни поставки, како и длабочината на прифаќањето на неговата мисла ќе ја претстави натамошната расправа.

Page 24: Кочо Рацин

    Појавата на Богомилството е поврзана со племето на Драговитите, од каде што потекнуваат Мијаците. Бититето на ова племе, неговиот стремеж за слобода и интегритет, се основните карактеристики коишто го даваат не само почетниот иницијал за развојот на Богомилството, но и суштински се поврзуваат со неговата дејност и постулати. Многу скоро по првите искричави појави, движењето во ова племе е масовно прифатено. Сите автори коишто ја обработуваат темата на Богомилството истакнуваат дека тука настанува првата организирана црковна општина, а особено дека Драговитската црква е најјаката црковна општина на Богомилите, со особено изразено влијание што таа го има на останатите Богомилски општини на Јужните делови на Балканот (а, како што видовме, и во ширењето и организацијата на ова движење во Италија и Јужна Франција). Несомнено е дека сето ова остава длабока и неизбришлива трага во животот и верувањата на ова племе. Следејќи го силно изразеното чувство на индивидуалност, посебност и самобитност и постојаното стремење кон вистинските вредности, карактеристики коишто јасно го одвојуваат од останатите околни племиња, а посебно склоноста кон уметничката дејност, посебно мајсторското градителство, недвојбено доаѓаме до фактот дека само еден доволно јак философско-религиски систем, длабоко втемелен во битисувањето на ова племе може да има толкава движечка моќ.    Основните постулати на Богомилското движење - неговото суштинско навраќање кон основните идеали на Христовото учење, еднаквоста на секој поединец, не само во однос на религијата, туку и во секојдневното живеење, неприфаќањето на догмите на црквата, а посебно неприфаќањето на хиерархијата властелин - закрепостен, не само што го даваат основниот иницијал, туку се и најјакиот двигател во постојаното трагање и јакнење на сопствената самобитност на ова племе. Со цврстата организација на Богомилската црква во рамките на ова племе и со нејзиното континуирано делување, посебно ја зајакнува длабоката индивидуалност, слободниот дух и постојаното стремење кон вистинските вредности, т.е. она што особено го карактеризира уметничкото творештво. Константниот отпор против догмите на црквата, а особено против закрепостувањето, особено ги зацврстуваат овие карактеристики на племето коешто со векови нанапред го задржува племенското уредување.    Единственото јако и широко прифатено револуционерно движење од тој период, со неговата не само религиозна, туку и длабоко социјална програма го оформува битот и делувањето на племето, но и на секој поединец.    Во историјата и во традицијата, како и во многу елементи на творештвото на ова племе, можеме да го најдеме континуираното

Page 25: Кочо Рацин

влијание и суштинско поврзување со основите на Богомилското движење. Нивната миграција, односно изборот на просторот за организацијата на селата во најнепристапните краишта на Западна Македонија, сигурно не е случаен. Поставеноста на централните села така да се видливи само во моментите кога непосредно се пристапува до нив, односно природната заклонетост, како и пристапноста исклучиво по тесни коњски патеки, во средновековното феудално општество овозможува ова племе да го задржи племенското уредување и слободно да ја развива својата дејност.

_________________________________________

19. Шерденковска М. ВЛИЈАНИЕТО НА МИЈАЧКИТЕ ГРАДИТЕЛИ ВРЗ РАЗВОЈОТ НА ГРАДИТЕЛСТВОТО И ГРАДБАТА НА БАЛКАНОТ И МАЛА АЗИЈА, Зборник, Музеј на Македонија, Скопје, 2000

Меланија Шерденковска: Богомилско движење и неговите импликации  

Богомилско движење ... (5)

    Она што како прво и основно го детерминира односот кон религијата е времето на изградбата на црквите во овој крај. Според истражувањата на д-р Коста Балабанов во монографијата Комплексните проучувања на планината Бистра, односно Спомениците на културата и уметноста на станати од периодот од X до XIX век во поширокиот регион на планината Бистра, најстариот црковен објект е во селото Лазарополе: црквата Св. Ѓорѓи, чиешто зоографисување е завршено во 1751 год.19 Во сите останати села црквите се изградени во средината на XIX век. Во селото Галичник, црквата Св. Петка потекнува од крајот на XIX век, а централната Св. Петар и Павле е изградена во 1931 год.20 црквата Вознесение на Св. Илија во селото Селце е завршена во 1867 год.21 а Св. Петар и Павле во селото Тресонче е изградена во 1844 год.22 Во истото село црквата Св. Никола е зографисана во 1873 год.23, а Св. Богородица во селото Гари, во 1856 год.24 Во селото Осој црквата Св. Ѓорѓи е зографисана во 1887 год.25    Овие податоци сосема недвосмислено упатуваат на фактот дека Мијаците го негувале Христијанството, но во една сосема поинаква форма - преку Богомилството, односно во себе имале изградено свој личен однос кон религијата и Господ и воопшто не им биле потребни посредниците од институцијата - Црква. Затоа и

Page 26: Кочо Рацин

црквите се изградени толку доцна, и тоа во периодот на континуиран притисок на Турската империја за муслиманизирање на покорените народи, односно во моментите кога јачината на Богомилската мисла почнала да попушта, а со цел и црквата да го намали притисокот за муслиманизирање.    Постоењето на манастирот Св. Јован Бигорски, континуирано од XI век па до денес, воопшто не претставува негација на јачината на Богомилската мисла во Мијачкото племе. Неговиот настанок, барем онолку колку што нe известуваат досега пронајдените пишани документи, не е поврзан со историјата на ова племе; во времето на Турската окупација, црквата имала силно позитивна улога во развивањето на националната свест, а воедно и во отпорот кон муслиманизирањето, така што истиот станува центар на религиозната и национална самосвест на ова племе.    Фактот, што напротив, нe води до сликата за јачината на Богомилството во ова племе, е постоењето на еден специфичен простор во речиси секоја куќа - параклис. Тоа е мал, издвоен простор, што служи за лична молитва. Издвоен од погледите на другите луѓе, осамен, човекот сам го поставува и го развива својот однос кон Господ. Првиот параклис е изграден на гробот на поп Богомил, и, по негов углед и сеќавање на нивниот прв водач, понатаму е сместуван во домовите. Освен тоа, она што Богомилите го прифатиле според Матеевото евангелие, е препорачаната „скришна“ соба за молитва во нивните куќи, бидејќи не ги почитувале Храмовите Божји како место за молитва, ниту сметале дека им се потребни посредници за духовното обраќање кон Господ. Многу долго, параклисот бил просторија без никакви знаци и обележја, а особено икони, коишто Богомилите не ги почитувале, за во последниот век, со прифаќањето на православјето, во нив да почне поставувањето на икони.    Она што е посебно интересно и вреди да се истакне е дека освен во куќите на Мијаците, параклисот ретко се сретнува во Македонската традиционална куќа, освен во некои делови на Западна Македонија, каде што и делувањето на Богомилството најдолго опстојало низ виорите на средновековниот период и Турското владеење. Тоа е уште еден податок којшто ни укажува на јакото влијание што го имало Богомилството во развојот, дејноста, духот и културата на ова племе.    Исто така, интересно за анализа е Мијачкото знаме. За досегашното толкување на неговата симболика веќе стана збор. Фактот што најјако ја негира поставената теза на толкувачите, за употребени симболи на поробувачите на овој крај, на аглите на знамето, е поставеноста на месечината со краците нагоре. Овој симбол е чисто Богомилски и нашол свое место на знамето на Мијаците, со што тие ја покажуваат и нагласуваат својата припадност. Многу подоцна, Турците го превземаат знакот, го

Page 27: Кочо Рацин

модифицираат и го поставуваат на своето знаме, како знак на нивната национална припадност.26

Мијачко знаме

   Сите овие елементи речито говорат и ја потврдуваат поставената теза за јачината на Богомилската мисла, која со векови го продуховувала живеењето и делувањето на ова племе. Својата одреденост кон Богомилството, не само што ја преточувале во своето творештво, туку често и ја нагласувале, како на пример, на знамето. Чувствувајќи ги сите позитивни влијанија што ги носи негувањето на оваа религија (а можеби многу повеќе социјално движење), Мијаците нашле свој особен начин да ги материјализираат малкуте почитувани симболи.    Посебната склоност на Мијаците кон уметнички занаети – зографството, резбарството и градителството - се должи на долговековното прифаќање на движењето на Богомилите, што доведува до раскинување на стегите што ги наметнува институцијата Црква, а со самото тоа и ослободување на личноста и нејзините највисоки креативни и интелектуални потенцијали. Затоа и најјакото, суштинско влијание на развојот на креативните и високо интелектуалните способности на Мијаците, го наоѓаме во движењето коешто, ослободувајќи ја единката, остава можност за развој на нејзиниот длабок внатрешен потенцијал. Потврдата на оваа теза ја наоѓаме во многу елементи од материјалните споменици. Длабоко вкоренето во нивната бит, ова движење, оваа религија, остава траги во секој елемент од нивното творештво, и покрај временската дистанца од настанокот и неговото активно делување. Во суштина, материјалните докази покажуваат дека во ова племе се задржало многу подолго отколку каде било на друго место и веќе станало дел од нивниот начин на размислување и живеење, односно во голема мерка ја одредило нивната бит.

_________________________________________

19. Балабанов К.,Комплексните проучувања на планината Бистра, Споменици на културата и уметноста на станати од периодот од X

Page 28: Кочо Рацин

до XIX век во поширокиот регион на планината Бистра, стр. 8020. Балабанов К., Исто, стр. 7921. Балабанов К. Исто, стр.7922. Балабанов К. Исто, стр.7123. Балабанов К. Исто, стр.7424. Балабанов К. Исто, стр.7225. Балабанов К. Исто, стр.7226. Матковски А., ГРБОВИТЕ НА МАКЕДОНИЈА, стр. 62