Карпош Урбан бр.23

36
Весник на локалната самоуправа декември 2012 бр. 23 година 4 СРЕЌНА НОВА 2013

Upload: opstina-karpos

Post on 28-Mar-2016

255 views

Category:

Documents


11 download

DESCRIPTION

Месечник на локалната самоуправа

TRANSCRIPT

Page 1: Карпош Урбан бр.23

Весник на локалната самоуправадекември 2012 • бр. 23 • година 4

СРЕЌНА НОВА 2013

Page 2: Карпош Урбан бр.23

2 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 3: Карпош Урбан бр.23

3КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

окус ОД МОЈ АГОЛСтевчо Јакимовски

ВИ ПОСАКУВАМ ГОДИНА НА ПРОСПЕРИТЕТ

Почитувани сограѓани,Зад нас ја оставивме старата, веќе измината 2012

година и влеговме во Новата 2013 година. Ако на-правиме мала рестроспектива, еден поглед наназад, ќе се согласите дека имавме во голема мерка и во секој поглед турболентна, работна година со стоти-ци активности. Не ни беше ни малку лесно, но не беше ни толку тешко. Напротив, ни беше задовол-ство да работиме за вас! Имавме многу проблеми, многу барања од Вас граѓаните на Карпош, но се обидовме, како Ваша општина, Ваш сервис, ако не за сите, барем за најголем дел од нив, да најдеме ре-шение. Всу шност, нашата максима уште од самиот почеток бе ше „Проблемите ги знаеме-решение имаме“. Вие предлагавте-ние работевме. Или „Вете-но-Сторено“!

Сега веќе старата 2012 година, можеме да ја одбеле жиме како градителска, но и хумана, одго-ворна, визионерска. На самиот старт си поставивме цел. Во преден план да ни биде изградбата, урбани-зацијата, осовременување на нашата Општина Кар-пош. Во тоа успеавме, дури и ја надминавме поста-вената „норма“. Вложивме во реконструкција на сите основни училишта во Карпош, така што на на-шата територија нема училиште кое не е со европ-ски лик, енергетски ефикасно и современо. По по-веќе од четири децении, нашите деца заслужија да имаат современи и пристојни услови за школување. Затоа што децата се нашата иднина.

Се обидовме да им го збогатиме и социјалниот и културниот живот на карпошани, од најмала до најзрела возраст. Притоа се потрудивме да не забо-равиме и да не запоставиме никого. За децата од најмала возраст изградивме бројни детски игра-лишта со најсовремена и еколошка и заштитна ур-бана опрема и реквизити. За пензионерите, неумор-ните шетачи по прекрасните патеки ставивме нови клупи за починка. Изградивме и два најсовремени

плоштади, места за зближување, за дружење и за ра-зонода на нашите сограѓани. Ќе из-градиме уште тол- ку.

Збогатувањето на културно-забавниот живот и јакнењето на спортскиот дух кај младата попула-ција преку традиционалните училишни лиги, тур-нири и манифестации беше проткаено во целата измината 2012 година. На тој план имаме и многу повеќе амбиции и цели за оваа година која почнува да тече. Но, неј- се, да оставиме да видиме што сé по- дготвуваме да сториме на тој план.

Она што е важно за сите нас, и што во ниту еден момент не смееме да заборавиме, е да го зачуваме човечкото чувство, хуманоста и солидарноста во нас, зашто Карпош е општина на меѓународна и екс-југословенска солидарност. Од љубовта и под-дршката на пријателските народи по земјотресот во Карпош изникнаа цели населби. Ние, тоа, никогаш не го заборавивме! Денес, кога Карпош цврсто стои на нозе, ред е да возврати со филантропија и љубов кон оние кои се во тешка материјална состојба и кои времено се на социјалните маргини. За нив во-диме грижа постојано. Осумпати во текот на годи-ната ние, Општина Карпош, здружени, заедно со граѓаните на Карпош, организиравме хуманитар ни акции, по повод поголемите празници Велигден, Нова Година и Божиќ, како и по повод роденденот на Општината 3-ноември. Но, финансиски, со леко-ви, помагала и на секој друг начин ги поддржував-ме во текот на целата година. Ќе бидеме со нив и во оваа 2013-та, со искрена желба дека тоа е само време но, додека не зајакнат и самите не помогаат на другите на кои таква помош им треба.

Во Карпош е најмала стапката на невработеност од сите општини. Со создавање на поволна бизнис клима и услови за нови инвестиции и отворање на нови работни места, се трудиме, невработеноста видно да ја смалиме. За секој граѓанин на Карпош сакаме да придонесеме во подигнување на неговиот животен стандард, до благосостојба и достоинс твен начин на живеење. Нам, како локална власт избра-на токму од граѓаните, тоа ни е основната визија.

Токму со овие последни желби, за лично здравје, многу љубов, семеен мир и благосостојба, толеран-ција и успех во животот и во работата, Ви ја чести-там Новата 2013 година и претстојните Божиќни празници на граѓаните од православна вероиспо-вед.

Вашиот градоначалник, Стевчо Јакимовски

Page 4: Карпош Урбан бр.23

Издава Општина Карпошул. „Демир Трајко“ бр.43

1000 Скопје, Р. Македонија

тел.: 02 / 30-61-353

факс: 02 / 30-71-040

[email protected]

www.karpos.gov.mk

Издавачки советСтевчо Јакимовски

Даница Мартиновска

Димче Мешковски

Главен и одговорен уредникВиолета Цветковска

[email protected]

УредникМиле Раденковиќ

[email protected]

РедакцијаЖивко Трајановски

Елена Кузмановска

Ива Манова

Игор Ѓуровски

Технички уредникЗоран М. Гулевски

ЛектураЖивко Трајановски

Ангелина Николовска

ФотографијаИва Манова

М. Раденковиќ

4

СОРАБОТКАОФИЦИЈАЛИЗИРАНА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ОПШТИНА КАРПОШ И FLEURY-SUR-ORNE

СПОРТОРАМАНА ПРАГОТ НА ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГА

ВЕТЕНО СТОРЕНО

ГОДИНА НА ОСТВАРЕНИ ВЕТУВАЊА

Весник на локалната самоуправадекември 2012 • бр. 23 • година 4

СРЕЌНА НОВА 2013

..................................................... 6

ЕСЕЈ

ЅВЕЗДА КОЈА СЈАЕ..................................................... 24

....................................................... 16

...................................................... 31

ВО ОВОЈ БРОЈ

ПОТФАТИРАЗУБАВЕНО УЧИЛИШТЕ - СРЕЌНИ УЧЕНИЦИ, НАСТАВНИЦИ И РОДИТЕЛИ..................................................... 23

Page 5: Карпош Урбан бр.23

5КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

КОЛУМНА

ЦРНОИзгледа Македонија повторно ја зафаќа националистичко лудило. Инфантил-

ните властодршци (од македонскиот и албанскиот блок) си играат пак со фи-тиљот кој еднаш ќе ја изгореше земјата. Примери колку сакаш. И едните и други-те ја „подмочуваат“ територијата со свои ѓоа белези кои по правило предизвику-ваат реакција кај другите. Ја наполнија државата со многу железо и бетон, притоа не градејќи ниту еден мост на заедништво. Од нафталин вадат крвници и насил-ници на граѓаните на Македонија или анонимуси, па по нив именуваат улици и училишта, а на некои од нив им градат и монументални споменици. Без претход-но подадена рака на помирување се поклонуваат секој на своите, а потоа глумат лутина надевајќи се на евтини политички поени кај својот електорат. Следниот момент за инает и за додворување кон своето стадо предлагаат акт во Собрание-то кој ја носи земјата во парламентарна криза. Во сред Македонија на универзитет кој се финансира од средствата на македонските граѓани се интонира химна на соседна држава, а притоа се „заборава“ да се стане и да се поздрави химната на Република Македонија.

Или, да не сум премногу наивен? Да не е ова само игра на владејачкото мно-зинство во која како победници, макар и привремено, треба да излезат и едните и другите пред своите гласачи. Велам привремено, оти на долг рок сите сме гу-битници, а најмногу Македонија.

БЕЛОИма ли излез од овој рубикон? Има ли надеж за нас? Па надежта е тука, околу

нас само ако имаме малку толеранција едни кон други, како жителите на Карпош кои со децении се обидуваат да одржуваат меѓуетничка хармонија помеѓу граѓа-ните од различна националност. Намерно не велам идила, затоа што е многу ли-цемерно да се каже дека тука немало понекогаш искри и недоразбирања. Имало, ама никогаш не ескалирале до таа мера за да го загрозат заедничкото живеење на граѓаните на Карпош. Таа толеранција не е преку ноќ создадена, туку е градена со децении. Поттикнувана на игралиштата низ спортските надигрувања, градена преку заедничко образование на деца од различна националност, негувана преку заеднички културно-забавни манифестации. Не велам дека тече мед и млеко и од оваа перспектива мислам дека треба уште многу, многу да се работи на тој план.

Во годината што туку измина, на територијата на Општина Карпош се случи своевидна револуција во об-разованието. Во потфатот за изградба и реконструкција на училиштата, најмногу се инвестираше во симбо-лот на соживотот, училиштето „Братство“ во Тафталиџе. Тоа воопшто не беше случајно. Луѓето знаат дека таа инвестиција е вложување во темелот на иднината на новите генерации кои ќе треба и понатаму да живе-ат заедно на овие простори. Се сретнав со соученици со кои сум одел во училиште пред 40-ина години и си се потсетивме на тие убави моменти од нашето детство. Тоа што сме од различна националност и зборуваме различни јазици, воопшто не ни попречи. Како што никогаш и не ни пречело. Следејќи ја културно-забавна-та програма што ни ја приредија учениците од ова училиште, уживав во настапите на сите деца независно од нивниот јазик. Сите беа убави, разиграни. Иако некои од песните и рециталите не ги разбирав и тие ми зву-чеа убаво. И во нив имаше душа и убавина. Музичкиот состав кој делови од исти популарни песни пееше и на едниот и на другиот јазик, баш ми изгледаше симпатично, како што гламурозно ми изгледаше и водителка-та на програмата која на двата јазика им се обраќаше на присутните. Вистински празник за душата и за очи-те. Е, кога ќе почнеме да се навикнуваме на овие работи, едни на други и во државата, тогаш ќе речам дека Македонија има шанса.

Низ општествената сцена продефилираа многу луѓе кои, помалку или повеќе, се обидуваа да дадат нека-ков придонес во развојот на Македонија. Но, за мене херојот на нашето време се вика МУХАМЕД АЛИ ЈА-ШАРИ. Момчето кое не водејќи сметка кој е и од каде е неговиот соученик, истрча да го брани од разјарени хулигани, од чија рака за жал и загина. Да не зборувам за судскиот епилог кон убијците кои се сè уште на сло-бода, која е веројатно некаде и некако наплатена. Жал ми е што тој настан полека но сигурно паѓа во заборав и се прекрива со правот на национализмот кој секојдневно се сее од оние што ја водат државата. А напротив, тоа треба да се негува, луѓето да се потсетуваат на тоа, оти тоа треба да е магичната формула за соживот. Тоа херојство се случи на територијата на Општина Карпош и предлагам покрај толкуте прекрстувања на улици и градби на безобразно скапи споменици во градот, барем на овој наш херој да му оддадеме должна почит како граѓани на Општина Карпош со изградба на обележје кое секогаш ќе не потсетува на неговото јунаштво и ќе биде патоказ за идните генерации.

ХЕРОЈ НА НАШЕТО ВРЕМЕ

Карпош е општина која отсекогаш зраче-ла со соживот и заед-

ништво. За жал, во Карпош загина и хе-

ројот на нашето време – Мухамед Али Јаша-ри. Херојот на овој цр-но-бел свет во кој жи-

вееме во последните дваесетина години

Пишува: проф. д-р Зоран Т. Поповски

Page 6: Карпош Урбан бр.23

6 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ВЕТЕНО СТОРЕНО

Зад нас ја оставаме 2012 година. Година на оства рени 200 ветувања. Нашето мото „ВЕТЕНО-СТО РЕ НО“ го испочитувавме во целост. Ветивме дека ќе реализираме 200 проекти и тоа нави-стина го сторивме. Во текот на 2012 година асфалтиравме вкупно 54 улици во должина од 22.000 метри или 22 километри со површина од 110.000 квадратни метри. И не запревме тука. Изгра-дивме и над 2,6 километри фекална канализација, 1,8 километри атмосферска канализација, 38,4 километри тротоари, 5,7 километри пешачки патеки, 8,4 километри паркиралишта или 670 нови пар кинзи. Поставувавме урбана опрема, градевме приста п ни рампи, го решивме и целосно го обновивме уличното осветлување. Ги реконструиравме сите десет училишта, по ч нав ме и со гра-динките, градевме и водоводна мрежа, градиме плоштади.

И не само што ветивме и сторивме. Дури и надминавме. Изградивме, во тек на реа ли зација или во подготовка, на територијата на

Оп штина Карпош се вкупно 204 проекти во вредност од 580 милиони денари Средената инфра-структура, хортикултурното уредување и урбанизираната Оп шти на се нашата визија, нашето ветување и нашиот новогодишен подарок за сите жители на Карпош. Честити Новогодишни и Божиќни празници и ве ту ваме дека остануваме на истиот пат-на патот на напредокот.

ГОДИНА НА ОСТВАРЕНИ ВЕТУВАЊА

Изградба на фекална канализација по ул. Милан Марковиќ

ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА1* Реконструкција на фекална канализација по ул. Руѓер Бошковиќ 2* Реконструкција на фекална канализација по ул. Веселин Маслеша3* Реконструкција на фекална канализација по ул. Бранислав Нушиќ

4* Реконструкција на фекална канализација по ул. Демир Трајко (позади слаткарница Рафаело)

5* Изградба на фекална канализација по ул. Пијанец6* Изградба на фекална канализација по ул. Милан Марковиќ7* Реконструкција на фекална канализација по ул. 2 во с. Бардовци8* Изградба на фекална канализација по ул. Ловќенска9* Изградба на фекална канализација по ул. Братфордска

10* Изградба на фекална канализација по ул. 6 во с. Бардовци

11* Изградба на фекална канализација по по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

12* Изградба на фекална канализација по непробиен дел од ул. Борка Талевски13* Изградба на фекална канализација по дел од ул. Скупи

Вкупно фекална канализација 2.648м1, сума 15.500.000,00 денари

Изградба на фекална канализација по ул. Пијанец

Page 7: Карпош Урбан бр.23

7КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА14* Изградба на атмосферска канализација на дел од ул. Леринска15* Изградба на атмосферска каанлизација по ул. Будимпештанска16* Изградна на атмосферска канализација по ул.Московска17* Изградба на атмосферска канализација по ул. Кораб

18* Изградба на атмосферска канализација по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

19* Изградба на атмосферска канализација по непробиен дел од ул. Борка Талевски20* Изградба на атмосферска канализација на паркинг и пристапна улица од ул. Љубљанска

21* Изградба на атмосферска канализација по крак од ул. Адолф Циборовски (Порта Козле)

Вкупно атмосферска канализација 1.786м1, сума 12.000.000,00 денари

ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА22* Изградба на водоводна мрежа по дел од ул. 6 во с. Бардовци23* Изградба на водоводна мрежа по ул. Адолф Циборовски24* Изградба на водовод по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)25* Изградба на водоводна мрежа по непробиен дел од ул. Борка Талевски26* Ископ на ров за поставување на водоводни цевки во населба Средно Нерези

Вкупно водоводна мрежа 3.100м1, сума 21.000.000,00 денари

Изградба на атмосферска канализација на дел од ул. ЛеринскаИзградба на атмосферска каанлизација по ул. Будимпештанска

Изградба на водоводна мрежа по дел од ул. 6 во с. Бардовци Изградба на водоводна мрежа по ул. Адолф Циборовски

Page 8: Карпош Урбан бр.23

8 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ТРОТОАРИ НА УЛИЦИ27* Реконструкција на тротоари на ул.

Стрезово28* Реконструкција на тротоари на ул.

Братфордска29* Реконструкција на тротоари на ул.

Пијанец и Крчин30* Реконструкција на тротоари на ул.

Милан Марковиќ31* Реконструкција на тротоари на ул.

Миле Поп Јорданов32* Реконструкција со проширување на

тротоари и пешачки патеки на ул. Невеска и ул. Воденска

33* Реконструкција на тротоари на ул. Хашка

34* Реконструкција на тротоари по ул. Струшка

35* Реконструкција на тротоари на ул. Никола Парапунов

36* Реконструкција на тротоари на ул. Бранислав Нушиќ

37* Реконструкција на тротоари на ул. Гаврил Лесновски

38* Реконструкција на тротоари на ул. Његошева крак 2 и крак 3

39* Реконструкција на тротоари на ул. Осло

40* Реконструкција на тротоари на ул. Бриселска со краци

41* Реконструкција на тротоари на ул.Извор

42* Реконструкција на тротоари на ул. Сливовска

43* Реконструкција на тротоари на ул. Кленоец

44* Реконструкција на тротоари на ул. Бабуна

45* Реконструкција на тротоари на ул. Владимир Каваев

46* Реконструкција на тротоари на ул. Пресека со краци

47* Реконструкција на тротоари на дел од ул. Ловќенска

48* Реконструкција на тротоари на ул. Ловќенска 2

49* Реконструкција на тротоари на ул. Скупи 3

50* Реконструкција на тротоари на ул. Скупи 22

51* Реконструкција на тротоари и патеки во Карпош 2

52* Реконструкција на тротоари на ул. Ј. Гагарин од ул. Козле до бул. Т. Гологанов

53* Реконструкција на тротоари на ул. Мраморец

54* Реконструкција на тротоари на ул. Мокра

55* Реконструкција на тротоари на ул. Беришка

56* Реконструкција на тротоари на ул. Братфордска, дел 2

57* Реконструкција на тротоари на ул. Копачка

58* Реконструкција на тротоари на ул. 10, 12 и 14 во УЗ БардовциРеконструкција на тротоари на ул. Ј. Гагарин

Реконструкција на тротоари на дел од ул. Ловќенска

Page 9: Карпош Урбан бр.23

9КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ64* Асфалтирање на ул. Веселин

Маслеша65* Асфалтирање на ул. Бранислав

Нушиќ66* Асфалтирање на ул. Руѓер Бошковиќ67* Реконструкција на постоечка ул.

Козле 268* Асфалтирање на ул. Копачка69* Асфалтирање на ул. Будимпештанска70* Асфалтирање на ул. Разловечко

востание71* Асфалтирање на ул. Осло72* Асфалтирање на ул. Каирска

73* Асфалтирање на пристапна улица (мавровска населба) Влае 1

74* Асфалтирање на ул. Козле 975* Асфалтирање на ул. Козле 1176* Реконструкција на крак од ул. Ванчо

Мицков77* Асфалтирање на ул. Бриселска78* Асфалтирање на ул. Г. Лесновски79* Асфалтирање на ул. Крчин80* Асфалтирање на ул. Пијанец81* Асфалтирање на ул. Леринска

82* Асфалтирање на ул. Ловќенска

83* Асфалтирање на ул. Стрезово

84* Асфалтирање на ул. Брафтордска

85* Асфалтирање на ул. Милан Марковиќ

86* Асфалтирање на ул. Јуриј Гагарин од ул. Козле до бул. Теодосиј Гологанов

87* Асфалтирање на Његошева крак 2 и крак 3

88* Изградба на Новопроектирана ул. 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

89* Асфлатирање на ул. Козле 2

90* Асфалтирање на ул. Козле 3

91* Асфалтирање на ул. Невеска со краци

92* Асфалтирање на ул. Воденска со краци

93* Асфалтирање на ул. Извор

94* Асфалтирање на ул. Кленоец

95* Асфалтирање на ул. Бабуна

96* Асфалтирање на ул. В. Каваев

97* Асфалтирање на ул. Пресека со краци

98* Асфалтирање на ул. Ловќенска 9

99* Асфалтирање на ул. Ловќенска 11

100* Асфалтирање на ул. Ловќенска 13

59* Реконструкција на тротоари на ул. Кнез Хацон

60* Реконструкција на тротоари на ул.Лесновска

61* Реконструкција на тротоари на ул. Константин Презвитер

62* Реконструкција на тротоари на ул. Трнодол

63* Реконструкција на тротоари на ул. Поп Богомил

Вкупно тротоари 38.400м2 односно должина од 26 км и сума 67.200.000,00 денари

Асфлатирање на ул. Козле 2

Асфлатирање на ул. Стрезово

Асфалтирање на ул. Разловечко востание

Page 10: Карпош Урбан бр.23

10 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА ПАТЕКИ120* Реконструкција на патека кај ОУ Јан

Амос Коменски121* Реконструкција на патеки на ул. Јуриј

Гагарин спротивно од студентскиот дом Гоце Делчев

122* Поплочување на крак од ул. Фјодор Достоевски

123* Поплочување на пристапна патека на ул. Ацо Шопов

124* Поплочување на крак од ул. Козле 1125* Реконструкција на крак од ул. Козле

(десно од црквата)126* Реконструкција на патеки во Влае 1127* Реконструкција на патеки во Карпош 4128* Реконструкција на патека на ул. Козле 5129* Изградба на пешачка патека од Гер-

манска амбасада до ул. Ловќенска 4130* Реконструкција на крак од ул. Козле

(после мостот лево пред црквата131* Реконструкција на пешачка патека во

УЗ ПБ Кочо132* Реконструкција на патека на Скупи 4

Вкупно реконструкција на патеки 5.750 м2 односно должина од 4 км

сума 9.500.000,00 денари

101* Асфалтирање на ул. Ловќенска 15

102* Асфалтирање на крак од ул. Ловќенска

103* Асфалтирање на дел од ул. Ловќенска 9

104* Асфалтирање на ул. Скупи 6

105* Асфалтирање на ул. Радика со краци

106* Асфалтирање на ул. Огражден со краци

107* Асфалтирање на ул. Пелистерска со краци

108* Асфалтирање на ул. Струма со краци

109* Асфалтирање на ул. 2 Бардовци

110* Асфалтирање на ул. 10 Бардовци

111* Асфалтирање на ул. 18, Бардовци

112* Асфалтирање на пристапен пат до пречистителна станица во Г. Нерези

113* Асфалтирање на ул. 8 во УЗ Бардовци

114* Асфалтирање на ул. 14 во УЗ Бардовци

115* Асфалтирање на ул. Миле Поп Јорданов на потег од ул. Братфордска до ул. Козле

116* Асфалтирање на ул. Миле Поп Јорданов на потег од ул. Козле до паркинг на кула бр. 40

117* Асфалтирање на ул. Рампо Левката

118* Изградба на крак од ул. Адолф Циворовски (Порта Козле)

119* Изградба на новопроектирана улица со пешачка патека од ул. Петар Чаулев до ул. Ацо Шопов

Вкупно асфалтирање на улици 17.900м1,сума 113.000.000,00 денари

Асфалтирање на ул. Будимпештанска

Реконструкција на патеки во Карпош 4

Реконструкција на патека на ул. Козле

Page 11: Карпош Урбан бр.23

11КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

УЧИЛИШТА И ДЕТСКИ ГРАДИНКИ143* Реконструкција на ОУ Братство, УЗ

Тафталиџе 2144* Изградба на котларница во ОУ

Братство145* Реконструкција на ОУ ХТ Карпош146* Реконструкција и санација на фасада

на ОУ ХТ Карпош147* Реконструкција на јакострујна

електрична инсталација во ОУ ХТКарпош

148* Поставување на видео надзор, дојава за пожар и безжична компјутерска мрежа во ОУ ХТКарпош

149* Реконструкција на громобранско заземјување во ОУ ХТ Карпош

150* Замена на покрив на ОУ Аврам Писевски

151* Изработка на фасада на ОУ Аврам Писевски

152* Замена на покрив во ОУ Владо Тасевски

153* Замена на столарија во ОУ Владо Тасевски

154* Изведба на фасада на ОУ Владо Тасевски

155* Градежно занатски работи во ОУ Вера Циривири Трена

156* Замена на покрив во ОУ Вера Циривири Трена

ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ПРОСТОР133* Изградба на паркинг простор на ул.

Вич дел 2134* Изградба на паркинг простор кај

амбуланта на ул. Козле 2135* Реконструкција со проширување на

паркинг простор и скали со рампа на ул. Јуриј Гагарин бр. 45

136* Изградба на паркинг на ул. Воденска137* Изградба на паркинг простор и

бетонска ограда пред дворот на ОУ Петар Поп Арсов на ул. Разловечко востание

138* Реконструкција на тротоари на паркинг на ул. Миле Поп Јорданов

139* Реконструкција на паркинг на ул. Никола Парапунов бр. 31

140* Реконструкција на паркинг со пристапна улица од ул. Љубљанска

141* Реконструкција- асфалтирање на паркинг простор пред кула бр. 40 на ул. Миле Поп Јорданов

142* Изградба на паркинг простор на крак од ул. Адолф Циборовки (Порта Козле)

Вкупно реконструкција на патеки 5.750 м2 односно должина од 4 км

сума 9.500.000,00 денари

Изградба на паркинг простор на ул. Разловечко востание

Изградба на паркинг простор кај амбулантата и асфалтирање на ул. Козле 2

Целосна реконструкција на ОУ Аврам ПисевскиЦелосна реконструкција на ОУ Аврам Писевски

Page 12: Карпош Урбан бр.23

12 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

УРБАНА ОПРЕМА180* Изградба на нови детски игралишта и

поставување на реквизити181* Изградба на ограда на ул„Ванчо

Мицков“182* Постаувување на парковски клупи за

седење - ТИП БВ183* Постаувување на корпи за отпадоци

- ТИП БВ184* Изградба на ограда на спортско

игралиште во уз. Нерези185* Реконструкција на урбаната опрема

на плато Карпош 3186* Урбана опрема за плато Педагошка

157* Реконструкција на фасада на ОУ Вера Циривири Трена

158* Замена на светилки во ОУ Вера Циривири Трена

159* Замена на покрив на ДГ Пролет - Козле

160* Замена на покрив на ГД Пролет - Влае 1

161* Замена на покрив на детска градинка Орце Николов во Kарпош III

162* Целосна реконструкција на градинката Орце Николов во Kарпош II (проект со УНДП)

163* Реконструкција на ОУ Војдан Чернодрински

164* Реконструкција на громобранско заземјување во ОУ Војдан Чернодрински

Вкупно реконструкција на училишта 137.500.000.00 денари

Нов плоштад и фонтана во Карпош 3

Нов плоштад - Млечен ресторан

Темелно реконструирано ОУ Братство

ОСТАНАТИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ165* Изградба на пристапна рампа со

скали на ул. Милан Марковиќ166* Реконструкција на фасада на

станбена зграда на ул. Никола Тесла бр. 2

167* Изградба на плоштад Млечен ресторан- градежен дел

168* Дислокација и изградба на дворна ограда на улица Козле 2

169* Итни интервенции на фекална и атмосферска канлизација

170* Покривање на отворен атмосферски канал на локалитет Куршумлица

171* Покривање на отворен атмосферски канал на ул. Козле 3

172* Реконструкција на плато кај Педагошка Академија

173* Демонтажа, дислокација и изведна на четврта и петта барака

174* Изградба на спортско игралиште во населба Средно Нерези

175* Одржување на сообраќајници во зимски услови

176* Изградба на плоштад Влае градежен дел

177* Изработка на округли бетонски елементи околу дрва на тротоари на територија на Општина Карпош

178* Изградба на Администртивен објект на Општина Карпош - градежен дел

179* Соларни светилки за подземните гаражи на улица Јуриј Гагарин

Вкупно останати инфраструктурни проекти сума 146.330.000.00 денари

Page 13: Карпош Урбан бр.23

13КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ188* Реконструкција на улично

осветлување на ул. Крчин189* Изведба на нова електрична

инсталација на воздушна мрежа на ул.Теодосиј Синаитски-продолжеток

190* Изведба на нова електрична инсталација на паркинг простори и пешачки патеки во УЗ Карпош 2

191* Паркинг простор на улица “Варшавска” 17

192* Паркинг простор позади згради на булевар “Теодосиј Гологанов” бр.90 и 92

ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ202* Хортикултурно уредување и

автоматски систем за полевање на јавно зеленило на плато Карпош 3

203* Хортикултурно уредување на жардињерите на двете страни од бул. Партизански Одреди на потег од мост Обединети нации до ул. Рузвелтова

204* Систем за наводнување на жардињерите на двете страни од бул. Партизански Одреди

205* Хортикултурно уредување на површина и поставување на систем за автоматско наводнување - полштад Влае

Вкупно проекти 205 сума 581.936.603,00денари

* - Реализирано * - Во тек на реализација * - Во подготовка

187* Изградба на тенда-натстрешница на дел од терасите и влезовите во станбена зграда за колективно домување на ул.„Никола Тесла“ бр.2

Вкупно урбана опрема сума 19.100.000,00 денари

193* Простор помеѓу зградите на улица Никола Русински и улица Карпошево востание

194* Изведба на нова електрична инсталација на плато Карпош 3

195* Изведба на нова електрична инсталација позади зградите на ул.Никола Русински 3, 3А и 3Б

196* Реконструкција на улично осветлување

197* Целосна реконструкција на електрична инсталација на ул. Бриселска

198* Целосна реконструкција на електрична инсталација на ул. Копачка

199* Поставување на ново осветлување на новопроектирана улица помеѓу ул. Ацо Шопов и ул. Петар Чаулев

200* Изведба на нова електрична инсталација на ул.Манапо

201* Осветлување на фасада на станбена зграда за колективно домување на ул.„Никола Тесла“ бр.2Вкупно јавно осветлување сума 16.000.000,00 денари

Изградба на нови детски игралишта и поставување на реквизити

Целосна реконструкција на електрична инсталација на ул. Бриселска Хортикултурно уредување на бул. Партизански Одреди

Вкупно проекти 205 сума

Хортикултурно уредување на бул. Партизански Одреди

Page 14: Карпош Урбан бр.23

14 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ЗЛАТНА ПЛАКЕТАЗА ЈАКИМОВСКИ ВО НИШ

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е добитник на „Златна плакета за под-дршка на претприемништвото“ во регионални рам-ки. Ова високо признание, во Стопанската комора на Ниш му ја врачи претседателот на Унијата на претприемачи и занаетчии од Регионот на Јужна Србија. Организаторите на оваа манифестација, Унијата на претприемачи и занаетчии на Ниш која брои над 6.000 членови и Стопанската комора на Ниш која бележи „100 години посветени на стопан-ството“ се членки на повеќе регионални и европски асоцијации и граѓански иницијативи. Освен со пот-тикнување на претприемништвото, тие се ангажи-раат и на полето на намалување на сиромаштијата и помош на маргинализираните групи и на лицата со посебни потреби.

Во 2012 година, „Златна плакета“, освен градона-чалникот на Општина Карпош, доби и министерот за финансии и економија на Србија Млаѓан Дин-киќ, за успех во намалување на давaчките и таксите за малите бизниси, како и претседателот на Собра-нието на Ниш, проф. д-р Миле Илиќ. Наградите на останатите 60-тина добитници, им ги врачи претсе-дателот на Унијата на претприемачи и занаетчии од регионот на Јужна Србија, Среќко Докиќ. Заблаго-дарувајќи се на честа и признанието, градоначални-кот Јакимовски рече: „Посебно ми е драго што на-шите напори, и залагањата на Општина Карпош за поддршка на претприемништвото и воопшто за ре-гионалната соработка и развој, се видливи и надвор од нашата општина, нашата држава, и пошироко во регионот на Југоисточна Европа. Карпош е најус-пешна општина во Македонија, со најниска стапка на невработеност, општина со најмногу инвести-ции, а во тоа несомнена улога имаат и малите биз-ниси и претприемачите кои, ние, како локална вла-ст, сесрдно ги поддржуваме“.

В. Цветковска

НАГРАДА ЗА ХУМАНИСТОТВо организација на невладината „ Детла Ексклу-

зив“ и под спонзорство на Општина Карпош, во До-мот на Армијата на Република Македонија, на крајот на 2012 година, шестипат по ред се одржа манифес-тацијата “Различни, а еднакви”. Овој настан се сов-падна со Меѓународниот ден на човекови права, на кој присуствуваа политичари, спортисти, уметници, хумани луѓе, и се разбира, лицата со посебни потре-би, за кои оваа манифестација и беше наменета.

Настанот беше збогатен со културно-уметничка програма, што ја приредија естрадните уметници; Александар Митевски, Ребека, Зоран Џорлев ,Сара Марковска и други, осведочени хуманисти. Во про-грамата настапија и лицата со посебни потреби, кои преку музички, драмски и поетски перформанси покажаа дека не се разликуваат од останатите со-граѓани.

Во духот на манифестацијата, во повеќе катего-рии, беа доделени награди “Различни а еднакви”. Меѓу наградените, се најде и градоначалникот на

Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој за својот ангажман во социјалната сфера и за активното вк-лучување на инвалидните лица во општеството два-пати беше прогласен за најхумaн градоначалник.

- Она што е најважно е, дали го имаш срцето, дали сакаш со срце. Оној што нема срце, тој е хенди-кепиран. Тоа што човекот го прави човек, без разли-ка дали е тој создаден таков или, пак, ќе ги промени своите навики, е способноста да сака додека е жив. Јас одбрав да сакам, и моето најголемо задоволство е да им помагам на луѓето додека сум жив рече гра-доначалникот Јакимовски, заблагодарувајќи им се за наградата.

Инаку, пред две години, Институтот “Евро Бал-кан” ја прогласи Општина Карпош за општина со најголема социјална инклузија.

И. Ѓ.

ПРИЗНАНИЈА

Page 15: Карпош Урбан бр.23

15КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

По повод меѓународниот ден на лицата со посеб-ни потреби, во просториите на Општина Карпош градоначалникот Стевчо Јакимовски на 30 лица со посебни потреби коишто живеат на територија на Општина Карпош им додели еднократна парична помош во износ од 10.000 денари, За да ја почув-ствуваат топлата пријателска атмосфера на добре-дојде, се погрижија и дечињата од градинката “Про-лет” од Козле, кои преку изведба на песнички, им пратија порака на своите сограѓани дека и тие ми-слат на нив. Притоа, на своите гости им врачија по-дароци што ги изработиле со помош на своите ро-дители.

- Ова е наша традиционална манифестација, и овој ден ние го одбележуваме на ваков начин, со, би рекол, симболична поддршка на овие граѓани од Оп штина Карпош. Во изминатиот период, Општина Карпош водеше интензивна грижа за лицата со по-себни потреби, а оние што имаат хронични болести во континуитет им доделуваме парични средства. Едновремено, онаму каде што имало потреба напра-вени се пристапни рампи, а во основните училишта, локалната самоуправа плаќа стручни тимови, соста-вени од социјален работник, психолог и педадог, со цел на овие ученици да им се посвети поголемо вни-мание .Она што е исто така битно, е дека даваме поддршка на лица со посебни потреби коишто спор-туваат и учествуваат на меѓународни натпревару-вања, и со гордост ја претставуваат Општина Кар-пош и Република Македонија – изјави градоначал-никот Стев чо Јакимовски.

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО

ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Карпош се грижи за своите граѓани

Иако, согласно со законските прописи, ние се-уште немаме надлежност во делот на социјалната заштита, сепак, одиме чекор предвреме, сметајќи дека државната грижа за одредена категорија на граѓани не е доволна. Дали се работи за лица со по-себни потреби или за граѓани кои се нашле во по-тешка материјална состојба, сепак државната грижа не е доволна. Затоа сметаме дека со средствата кои се издвоени од нашиот буџет, за вакви намени се и тоа како целисходни, и сметаме дека на ваков начин придонесуваме да се олесни секојдневниот живот. Средствата кои ги донираме, сметаме дека вие ќе знаете да ги искористите најцелисходно, така што сами ќе одлучите дали треба да се набави некое по-магало, дали треба нешто за лекување, за физикална терапија и слично. Општина Карпош и понатаму ќе продолжи со поддршка, на вас и на вашите семејства, рече градоначалникот Јакимовски, обраќајки им се на присутните. Тој ја искористи оваа пригода за да им ги честита претстојните новогодишни празници и им посака добро расположение.

На присутните им се обрати и Викторија Ивано-ва, една од примателите на финансиската поддршка – истакнувајќи дека, за разлика од државните ин-ституции, кои останале глуви за нејзините потреби, единствен кој го слушнал нејзиниот глас е токму, градоначалникот Јакимовски.

Инаку, оваа хумана манифестација за Денот на лицата со посебни потреби, се одржува по вторпат и се надеваме ќе стане традиционална.

Игор Ѓуровски

Page 16: Карпош Урбан бр.23

16 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во периодот од 16-ти до 22-ри Декември, делега-ција на Општина Карпош составена од Роберт Јан-ковски, Член на Советот на Општината, Петар Теов, раководител на Сектор за заштита на животната средина и природата, Мирјана Ѓоргиевска, раково-дител на Секторот за фи нан сиски прашања, Гордана Стојчевска – Зафировска, раководи тел на Одделени-ето за детска, социјална и здравствена заштита, Ева-нтија Стојановска, раководител на секторот за развој и Александра Теова, раководител на одделение за локален економски развој, беше во возвратна, ра-ботна посета на Општината Fleury-sur-Orne.

При посетата, македонската делегацијата имаше можност одблиску да се запознае со работата на ло-калната самоуправа во Франција преку работните средби со општинската администрација. Свое прет-

ставување Општината Карпош имаше пред Советот на Општината Fleury-sur-Orne, при што, детално бе-ше презентирана работата на градоначалникот, Со-ветот и општинската администрација.

Работните состаноци резултираа со конкретни проекти од областа на економскиот развој, соција-лата, образованието, младите, културата и животна-та средина. Веќе за во април е договорена посета на ученици од основното образование од оваа фран-суска општина, кои ќе имаат можност да се запозна - ат со културниот и спортскиот живот во Општина Карпош. Исто така, договорена е соработка од обла-ста на културата, поточно, неколку еминентни фран- цуски сликари изразија интерес да учествуваат на ликовната колонија која традиционално ја органи-

зи ра нашата Општина. Спортот беше посебно инте-ресна тема за соработка, пред сè поради фактот дека двете Општини имаат свои лиги во фудбал и кошар-ка. Беа договорени пријателски натпревари во мла-дински категории во фудбал и во кошарка.

Посебено мора да се издвои сесијата на која се дискутираше за заедничкото аплицирање со кон-кретни проекти во фондовите на Европската Унија, пред се поради фактот што ЕУ издвојува големи сред-ства кога станува збор за соработка помеѓу општина од Европската Унија и општина која не е нејзина членка. Во таа пригода беше нагласено дека Карпош е единствената Општина во градот Скопје која има двајца сертифицирани експерти од областа на при-стапните европски фондови, г-динот Петар Теов и г-ѓата Александра Теова.

Нашите француски пријатели беа пријатно изне-надени од грижата која Општина Карпош ја посве-тува на социјално загрозените семејства како и на лицата со хендикеп.

Целокупната соработка беше официјализирана преку меморандум за соработка кој во името на Оп-штина Карпош го потпиша советникот Роберт Јан-ковски и градоначалникот на Fleury-sur-Orne, гос-подиниот Marc Lecerf.

Како круна на посетата беше приемот од страна на претседателот на Советот на Долна Нормандија задолжен за соработка со Југоисточна Европа, каде беше презентирана идната соработка помеѓу двете општини.

Р. Ј.

СОРАБОТКАОФИЦИЈАЛИЗИРАНА СОРАБОТКАТА МЕЃУ ОПШТИНА КАРПОШ И FLEURY-SUR-ORNE

Page 17: Карпош Урбан бр.23

17КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ПРОЕКТИ

Во просториите на ОУ “Братство”- Карпош, по повод денот на формирањето на УНИЦЕФ (11. де-кември 1946. г .), се одржа ликовна работилница со познатиот сликар и хуманист Живко Поповски-Цветин. На работилницата присуствуваа педесети-на ученици од I до V одделение, кои ја следат наста-вата на двата наставни јазика, (македонски и албан-ски). Авторот на присутните ученици и наставници им подари по една од своите слики, а на училиште-то му врачи благодарница за соработка, учество и придонес во реализација на караванот – “Цвеќе на мирот”.

Децата со голем интерес го следеа Поповски, до-дека ги сликаше своите цветови, а потоа одговара-ше и на нивните љубопитни прашања. Децата го-стинот го почестија со рачно изработени подароци и пригодна програма,изведувајќи ја монодрамата “Детските права”.

И. Ѓ.

При крајот на декември, во ОУ “Димо Хаџи Ди-мов”, Фондацијата Отворено Општество – Македо-нија (ФООМ) и Центарот за развој на локалната де-мократија (ЦРЛД), во рамките на проектот “ Транс-парентна и ефикасна децентрализација” го презен-тираа годинешниот извештај за децентрализација. Станува збор за трет последователен извештај, во 12 општини-партнери, кој се базира на теренско истра-жување за мерење на задоволството на граѓаните, од услугите што ги добиваат од локалните власти во периодот 2011-2012 година.

Во извештајот беа опфатени општините Бого-виње, Велес, Гостивар, Дебар, Илинден, Карпош, Ку-маново, Неготино, Охрид, Старо Нагоричане, Стру-мица и Тетово. Според овоj извештај, Општина Кар-пош има највисока оценка во однос на останатите општини-партнери. Во трите анализирани години, највисоки оценки имаат добиено услугите од обла-стa на образованиетo, спортoт и културатa, а се за-бе лежува и континуирано подобрување на оценката за локалниот економски развој.

Според структурата, извештајот се состои од три главни дела. Во првиот дел се изложува задоволство-то на граѓаните од услугите поделени по области на надлежности на ниво на Република Македонија. Во вториот дел се прикажани резултатите од генерал-ните прашања со кои се мери општата перцепција на граѓаните за резултатите од процесот на децентра-лизација. Во третиот дел се презентирани генерал-ните резултати за секоја општина-партнер, додека

поединечните детални анализи им се достапни само на општините-партнери, со цел, секоја сама за себе да си изврши споредба на резултатите и да ги споре-ди сопствените постигнувања со просекот на ниво на држава.

Целта на овој проект е да се стимулира ефикасен, транспарентен и отворен процес на спроведување на децентрализацијата, преку следење, известување и јавно информирање, за пренесувањето и за извр-шувањето на надлежностите од страна на општини-те во областите: финансии, образование, урбанизам и урбанистичко планирање, локален и регионален развој и комунални дејности.

И. Ѓ.“ Транспарентна и ефикасна децентрализација”

KАРПОШАНИ СО НАЈВИСОКА ДОВЕРБА ВО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ

Во ОУ “Братство”

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА УНИЦЕФ

Page 18: Карпош Урбан бр.23

18 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ОБРАЗОВАНИЕ

Сојузната централа за политичко образование од Бон, Германија, третпат едноподруго го избра ОУ „Лазо Трповски” од Скопје, за проектно учили ште, во реализацијата на задачи, од областа на поли-тичкото образование. Во овој проект ќе учествуваат 140 основни и средни училишта од Европа. Органи-заторот од Бон, на ОУ „Лазо Трповски”, му додели четири проектни задачи кои учениците од седмо од-деление треба да ги реализираат најдоцна до среди-ната на март 2013 година. Темите, кои оваа реноми-рана германска образовна институција му ги додели на ова скопско училиште се: „Опасност од злоупо-треба на личните податоци на социјалните мрежи“, „Потребата од прогласување на светски денови од страна на Обединетите нации и УНЕСКО, како на пример: Светски ден на детето и сл.“, „Целта на учи-лишните приредби и манифестации“ и „Бразил, земја на фудбалот или...?!“. . Оваа меѓународна ак-тивност, претставува неофицијално европско учи-лишно првенство за политичко образование, во кое секоја година активно учествуваат околу 60. 000 уче-ници од 29 европски земји.

Зададените четири теми учениците ќе ги реали-зираат, во рамки на воннаставните активности, како интердисциплинарен научно-истражувачки проект, (групна работа), во соработка со соодветни инсти-туции, здруженија на граѓани, установи и експерти. Конечната верзија на целосно завршените проекти што ќе бидат испратени во Бон, мора да биде доста-вена на германски јазик. ОУ „Лазо Трповски” од Скопје, проектот го реализира со финансиска под-др шка од страна на фондацијата „Фридрих Еберт“, а покровител на овој глобален проект е претседателот на Германија, Јоахим Гаук

Во рамките на проектот што претставува дел од тест фазата за следниот 43. Меѓународен училиштен натпревар за политичко образование, пријави под-несоа повеќе од илјада основни и средни училишта од Европа. Изборот на ОУ „Лазо Трповски“ се дол-жи, меѓу другото, и на воспоставената меѓусебна со-работка со Сојузната централа за политичко обра-зование што трае континуирано изминативе седум години (од 2006 година).

Стефан Симовски

ПОЛИТИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СЕДМООДЕЛЕНЦИ

ОУ „Лазо Трповски“ во меѓународен проект

Зададените четири теми учениците ќе ги реализираат, во рамки на воннаставните активности, како интердисциплинарен научно-истражувачки проект, (групна работа), во соработка со соодветни институции, здруженија на граѓани, установи и експерти

Page 19: Карпош Урбан бр.23

19КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ПАРТНЕРСТВО

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, раководителот на Секторот за енергет-ска ефикасност - Љупчо Димов, како и програмски-от раководител на регионалниот центар на УНДП, Стефан Лилер и заменикот постојан претставник на УНДП во Македонија, Алесандро Фракасети, ја по-сетија градинката “Орце Николов” во Карпош која е идентификувана како една од најдобрите активнос-ти спроведени оваа година на полето на енергетска ефикасност.

По целосната обиколка на обновениот објект тие можеа да се уверат во придобивките на својот заед-нички проект - потполна реконструкција на градин-ката “Орце Николов”, според стандардите за енер-гетска ефикасност. На состанокот, кој се одржа по-доцна, беа разменети искуства од спроведувањето на заедничкиот проект “Енергетска ефикасност во градежниот сектор”, како и идната соработка во рамките на проектот “Создавање на одржлива сре-дина за развој на енергетскиот менаџмент во Оп-штина Карпош”, кој партнерски ќе се спроведува следната година.

Вредноста на проектот е 300.000 $, од кои, учест-во на Општина Карпош е 150.000 $. Со овој проект ќе бидеме прва општина во Македонија која вове-дува комплетен енергетски менаџмент на управу-вање со енергијата во сите објекти во надлежност на општината и јавното осветлување. Исто така, во два објекти ќе биде реализиран автономен систем на греење со обновливи извори на енергија.

-Ова е еден извонреден пример, каде што ние ќе можеме да видиме, како со добра изолација, штед-

ливи потрошувачи на електрична енергија, со нови прозорци и нов изолиран покрив, ќе можеме да заштедиме дури 70% од потрошувачката на елек-трична енергија. Притоа, тие средства можеме да ги пренамениме за други потреби коишто ги имаат де-цата во оваа градинка, изјави градоначалникот Сте-вчо Јакимовски. Тој додаде, дека, Општина Карпош соработува со УНДП на три нови проекти, кои се однесуваат на уличното осветлување, на подобру-вање на енергетската ефикасност на другите градин-ки и училишта, со надеж дека по новогодишните празници ќе дојде до имплементација на овие три проекти.

-УНДП соработува со многу општини во Маке-донија, посебно на проекти за енергетска ефикас-ност. Сакавме да започнеме со општини, кои се до-бро подготвени за имплементација на вакви проек-ти. Токму Општина Карпош е една од тие за кои сметавме дека е добро подготвена за ваква соработ-ка– изјави, заменикот постојан претставник на УН-ДП во Македонија – Алесандро Фракасети. Тој пот-сети дека, до реализација на вториот меѓусебен про-ект, ќе дојде по новогодишните празници.

И покрај тоа што, сите 10 училишта кои се наоѓа-ат на територијата на Општина Карпош, се “енергет-ски ефикасни”, исто така, вредно е да се напомене дека, Општина Карпош е единствената општина во Македонија, која има и Сектор за енергетска ефи-касност.

Игор Ѓуровски

И градинката „Орце Николов“ - Карпош II

ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА

Page 20: Карпош Урбан бр.23

ВРАБОТУВАЊЕ

20 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23• ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Доделени сертификати за учесниците во проектот

Кон средината на минатиот месец, во простори-ите на Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски свечено им ги врачи сертификатите на околу 60 лица кои успешно ја минаа обуката “Сам свој газда”. Проектот се реализираше во соработка помеѓу Општина Карпош и консултантската куќа “Вижн Консалтинг”. Обуката се одвиваше во две фа-зи, од кои во првата беа вклучени млади невработе-ни лица, додека во втората беа опфатени мали и средни претпријатија. Со неа треба да се создаде но-ва генерација на претприемачи, кои понатаму би биле идни работодавачи и би креирале работни ме-ста во заедницата.

Конкретен резултат на оваа соработка е појаву-ва њето на две нови фирми на македонскиот пазар кои целосно самостојно работат. Проектот “Сам свој газда” се одвива во континуитет, и има за цел да им овозможи соодветни ресурси на младите кои ве-ќе работат одредена форма на услужен бизнис, но сеуште немаат регистрирано своја компанија.

Веднаш по овој свечен чин, Општина Карпош и Фондацијата „ПСМ – инкубатор“ потпишаа Мемо-

ран дум за соработка со кој 20 млади луѓе од Oпшти-на Карпош (преку отворен конкурс), ќе поминат три месеци во Yes Акце лераторот, каде ќе добијат бесплатен простор за работа од областа на ИТ секторот, како и совети од ментори, можност за вмрежување со потенцијални инвеститори и средби со успешни претприемачи кои ќе им помогнат да се соочат со предизвиците во текот на престојот.

-И покрај тоа што Општина Карпош е општина со најмал процент на невработеност во Република Македонија, кој се движи околу 16 %, сепак ние како локална самоуправа, во наредниот период, многу по веќе ќе посветиме внимание на поддршката и от-во рање на нови работни места. Овие бенефиции ги нудиме за сите оние коишто сакаат да се надграду-ваат и да се подготвуваат за сферата на бизнисот, но исто така и за локалните фирми кои работат на те-риторијата на Карпош, со цел отворање на нови ра-ботни места – изјави градоначалникот Јакимовски.

И. Ѓ.

“САМ СВОЈ ГАЗДА”

Општина Карпош продолжува со процесот на легализација со несмалено темпо. Во текот на ме-сец декември беа издадени 19 предмети за утврду-вање на статусот на бесправно изградените објек-ти. Од нив, 15 се урбанистички согласности со пресметки и четири решенија за легализација на објектите. Исто така беа донесени 30 заклучоци за

прекинување на постапката, до утврдување на пра- вниот статус на објектите, поврзани со предмети за легализација. Во истиот период, до архивата на Општина Карпош беа доставени уште 43 предме-ти и поднесоци од страна на граѓаните, во кои глав- но доминаираат барањата по оваа основа.

ЛЕГАЛИЗАЦИЈАTA- СО НЕСМАЛЕНО ТЕМПО

Page 21: Карпош Урбан бр.23

21 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23• ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

СОЛИДАРНОСТ

Ден пред Новата година, по повод претстојните празници, во просториите на општинската зграда (во населбата Нерези), градоначалникот на Општи-на Карпош Стевчо Јакимовски, врачи 70 хумани-тарни пакети на своите сограѓани кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. Пакетите се состојат од прехранбени производи, пијалоци и средства за хигиена.

Општина Карпош, во рамките на хуманитарна-та акција “Да бидеме хумани за нашите соседи“, која ја спроведе минатиот викенд (сабота и недела 22-23 декември), со несебичната помош на своите согра-ѓани кои пазареа во поголемите маркети во 14-те урбани и месни заедници во Општина Карпош, ус-пеа да собере значителна количина на разновидни производи, со намера, тие да се најдат во домовите на нивните сограѓани кои се наоѓаат на социјалните маргини. Во оваа пригода, градоначалникот им ги честита Новогодишните и Божиќните празници, истакнувајќи: - Како Општина, досега водиме гри-жа за сите наши граѓани, без разлика дали се рабо-ти за медицинска заштита, за финансиски средства, или, пак, се работи за помош, за нашите сограѓани да можат подостоинсвено и повесело да ги одбеле-жат Новогодишните и Божиќните празници. Со

овој чин, карпошани, уште еднаш, по осми пат, го покажаа својот хуман карактер и чувство за соли-дарност. Од друга, страна пак, локалната самоупра-ва се погрижи за своите сограѓани кои не се во можност, да им овозможи, и тие посреќни и повесе-ли да ги дочекаат претстојните празници, во топла, семејна атмосфера, и трпеза како што доликува за секое семејство.

ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА70 хуманитарни пакети

По повод претстојните Новогодишни и Божиќ-ни празници, во просториите на УЗ Нерези, претсе-

дателот на Советот на Општина Карпош, Трифун Три- фуновски, и претседателот на УЗ Нерези, Стојан Димовски, врачија 30 социјални пакети на семеј-ствата кои се наоѓаат во потешка материјална со-стојба.

Во акцијата „Сите заедно да бидеме среќни”, која на три пункта ја спроведоа вработените од УЗ Не-рези, солидарните граѓани, за своите соседи дони-раа облека и играчки.

Заблагодарувајќи им на сите хумани граѓани од Карпош, г. Трифуновски најави дека во иднина општината ќе продолжи со реализација на проекти од ваков карактер: - И овојпат локалната самоупра-ва заедно со Градоначалникот Стевчо Јакимовски, вработените лица, Советот, урбаните заедници и пред се со граѓаните на оваа Општина, го покажаа сво јот хуман лик, а така ќе биде и во иднина, рече претседателот на Советот на Општина Карпош.

И. Ѓ.

Во УЗ Нерези

ВРАЧЕНА ПОМОШ

Page 22: Карпош Урбан бр.23

22 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ22

„МОЈА ЕКО КУЌА“

ЕКОЛОГИЈА

Во просториите на Општина Карпош, во при-суство на претставници од локалната самоуправа, градоначалникот Стевчо Јакимовски, стручниот тим на тренинг центарот ЦеПроСард, и училишни-те тимови составени од ученици (од шесто до осмо одделение) и наставници-ментори, од девет основ-ни училишта на Општина Карпош, се одржа заврш-ната манифестација на натпреварот „Моја еко-куќа“. Во рамките на оваа манифестација, ученици-те ги изложија своите трудови, макети на еко куќи, по што одржаа и куса презентација од областа на енергетската ефикасност на објектите и користење на енергијата од обновливи извори. Комисијата имаше тешка задача, но сепак на крајот одлучи про-ектот на ОУ "Јан Амос Коменски" да го прогласи за најдобар.

Победниците во оваа полезна активност во на-шите основни училишта, локалната самоуправа и ЦеПроСард ги награди со печатар во боја. Градона-чалникот Стевчо Јакимовски, им подели сертифи-кати на сите учесници во овој проект кој беше реа-лизиран во соработка на Општина Карпош и невла-дината организација ЦеПроСард. Во таа пригода градоначалникот ja потенцираше важноста на овој проект, и позитивните придобивки од него. Според него, вакви проекти се полезни бидејќи ги потти-кнуваат најмладите жители во Општина Карпош, да ја развиваат свеста за заштеда на енергијата, како и за енергетската ефикасност.

- Добро е што оваа свест ја развиваме кај нашите сограѓани уште од најмала возраст. Општината дава свој придонес на тој начин што сите училишта на нејзина територија, постепено ги претвора во енер-гетски ефикасни, со правење нови фасади и вграду-вање нови прозорци, санирање на покривните кон-струкции и подовите. Сметаме дека реализацијата на ваквите проекти треба да продолжи понатаму, заклучи градоначалникот Јакимовски. К.Б.

ОУ „Јан Амос Коменски“ победник во натпреварот

Во средината на декември, во спортската сала „Форца“ и во трговскиот центар „Скопје Сити Мол“, а во рамките на Вториот меѓународен детски фол-клорен фестивал „Разиграни новогодишни фолкло-ристи“ при ОУ „Вера Циривири Трена“. се одржаа два концерта. Фестивалот е организиран од ансам-блот за народни песни и ора – „Фолклорна Фанта-зија“ од Скопје и е под покровителство на Општина Карпош. Фестивалот за отворен го прогласи Мира Попоска, советник во Општина Карпош, која при тоа рече: Овој фестивал за прв пат се одржува во нашата Оп штина. Трудот и ентузијазмот на органи-заторите ги препознаваме и сме подготвени да ги поддржиме и во иднина. Општината ќе продолжи да ги поддржува воннаставните активности и да вложува во младите генерации“, заклучи Попоска.

На фестивалот настапија ансамбли од повеќе гра дови од државата: КУД „Фолклористи“ од Крива Па ланка, фолклорниот ансамбл„Бучим“ од Радо-виш, КУД „Братство-Рос“ од Росоман, КУД „Кар-пош“ од Куманово, ансамблот „Ќерамичар“ од Ве-лес, ансамблот „Билјана“ од Струга, ансамблот „Тиквеш“ од Кавадарци и други. На крајот на оваа убава културна манифестација, Сашко Јовановски, претседателот на ансамблот „Фолклорна фанта-зија“ им додели признанија за учество на сите ан-самбли. Наша цел е овој фестивал да стане тради-ционален, рече притоа Јовановски.

Во Карпош

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ

Page 23: Карпош Урбан бр.23

23КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, свечено го пушти во употреба целосно реконструираното основно училиште “Владо Тасев-ски. Учениците и наставниот кадар од ова основно училиште, со топло добредојде го пречекаа Градона-чалникот, притоа не криејќи ги своите емоции и чувства на возбуда, бидејќи токму тие сега го имаат едно од најубавите училишта во нашата држава. На радоначалникот Јакимовски добродојде му посака и директорката на ОУ “Владо Тасевски” - Елка Даска-лова, упатувајќи му пофални зборови за поддршка на образовните институции на територија на Општи- ната Карпош.

-Менувајќи го ликот на училиштето, добивме оптимални услови за исполнување на етички и дру-ги стандарди во училиштето. Задоволни се ученици-те и наставниците што имаат светли и топли каби-нети, задоволни се нивните родители, бидејќи нив-ните деца учат во вакво училиште, рече меѓу друго-то директорката Даскалова.

Искрени зборови на благодарност искажаа и учениците од Владо Тасевски, кои се гордеат со но-виот изглед на своето училиште, задоволни што тоа сега зрачи со чистина и топлина. Отсега тие ќе мо-жат непречено да ги извршуваат своите училишни

обврски во топла и пријатна атмосфера, за како што велат тие: топлината во ова училиште ќе ни помогне да зрачиме со топлина и позитивна енергија и над-вор од него. Затоа „ДА за Карпош, ДА за образова-нието “– порачаа учениците.

Обраќајќи им се, со воодушевување говореше и гра доначалникот Стевчо Јакимовски,. Тој откри де-ка ваквите зафати ја чинат општината над 300.000 евра, земајќи ја предвид целокупната реконструкци-ја и санација на ова училиште. -Тоа не се многу пари, имајќи во предвид дека тука се воспитуваат нашите најмлади ученици. Но ние нема да застанеме тука.Образованието во Општина Карпош ќе биде во це-лост бесплатно, што значи дека ужинките и трошо-ците за останатите потреби ќе бидат на товар на ло-калната самоуправа – рече Градоначалникот. Тој им вети дека наредната година Општина Карпош ќе влезе во реализација на еден мега-проект, а тоа е га-сификација на целокупната територија на општина-та. Овој проект ќе започне токму оттука, каде први-те објекти кој ќе се гасифицира, се основното учи-лиште “Владо Тасевски” и градинката “Пролет” која се наоѓа во непосредна близина на ова училиште.

И. Ѓ.

Свеченост во ОУ „Владо Тасевски“

РАЗУБАВЕНО УЧИЛИШТЕ - СРЕЌНИ УЧЕНИЦИ, НАСТАВНИЦИ И РОДИТЕЛИ

ПОТФАТИ

Page 24: Карпош Урбан бр.23

24 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ЅВЕЗДА КОЈА СЈАЕЕСЕЈ

Нарамени со низата изгреви и заоди, некогаш весели, некогаш сневеселени, некогаш победници, а некогаш победени, чекориме по своите патеки секо-гаш свесни дека животот е еден, наш и само наш без разлика колку се лесни нештата кои можеме да ги отфрлиме или тешки ониe кои мора да ги прифати-ме.

Животот познава многу победници. Победници имало секогаш, но најлесно е да се говори и да се пи-шува за нив. Во училиште им ракоплескаме на уче-ниците-победници на разни натпревари, коишто, покрај талентот, имаат поддршка од семејството, со-учениците, роднините, пријателите... Но, не се по-бедници само добитниците на злато, сребро, бронза. Не се победници само добитниците на сертификати

...Победници се оние коишто успеваат да се испра-

ват покрај проблемите надвиснати над нив. По-бедници ќе најдеме и во една друга категорија уче-ници, друга група родители, меѓу посебните деца, во посебниот свет.

Победник најдов во холот на училиштето ,,Лазо Трповски“, во еден обичен ден, пред еден обичен со-станок. Плач, река солзи, детско лице од кое не мо-жам да го иставам погледот. Детето плаче силно по-викувајќи ја својата мајка. Тука се наставничката, педагогот и директорката, го смируваа, но плачот не запира, плачот се крева високо, највисоко, излегува низ подотворената училишна врата низ која еве, влегува таа, неговата мајка, мајката-победник.

***Секојдневно, по завршувањето на часовите, го

земам од училиште мојот најмал син. И денес го че-кам додека окото ми пребарува по игралиштето. Таму се собрани куп деца, едни играат кошарка, дру-

ги навиваат, а трети седат раскажувајќи приказни за штотуку завршениот училиштен ден.

Бам,бам, бам-бам-бам! Кошаркарската топка ме враќа неколку години назад.

Моите две деца, момче и девојче, се подготвуваа да одат на одмор организиран од училиштето ,,Лазо Трповски“ – Општина Карпош. Имавме доверба во наставничките што го организираа одморот и затоа решивме да одат додека јас и сопругот имавме други обврски. Ги наполнивме куферите, а син ми отиде да се види и да поигра кошарка со другарите на игра-лиштето во училишниот двор. Беше средина на ме-сец јуни и јунското сонце легнато високо на небото ги испразни улиците. И дрвјата,и луѓето во нивната сенка, се гушеа. Лисјата дишеа со последен здив, гранките се веднеа небаре подгрбавени баби. Трева-

Авторот на најдобриот есеј во проектот „Десетка за Карпош“ е професорката по француски јазик Силвана Јорданова од ОУ „Вера Циривири-Трена“. Во наредните броеви на Урбан Карпош ќе бидат објавени второ и третонаградените есеи на наставничките од ОУ „Владо Тасевски“, Слободанка Бадаровска и Јованка Трпкова, и Соња Казанкова од ОУ „Јан Амос Коменски“. Есеите се своевиден, субјективен поглед на авторките за едно од соседните училишта на Општина Карпош

Page 25: Карпош Урбан бр.23

25КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

та беше изгорена од сонцето и овде – онде имаше по некоја зелена трага. Ветер речиси и немаше, а дожд не се ни очекуваше. Ги затворивме куферите и јас отидов да го повикам син ми. Со лесен чекор се дви-жев кон училишното игралиште. Ова жешко се-којдневие воопшто не ми пречеше. Бев преокупира-на со чекање радост. Ја чекав мојата трета рожба да излезе од мојата утроба и конечно да ја здогледа светлината на денот. Трето! Зошто да не ! Со мојот сопруг се смеевме и се радувавме. Исто семе посеа-но на исто место, во истата градина. Се беше исто! Трето! Зошто да не?! Во еден момент погледнав на-горе и видов ѕвезда на небото. Од жешкото, си реков и продолжив понатаму.

Во учiлишниот двор и други родители чекаат ѕвончето да ја прекине наставата, детскиот џагор да го поплави училишниот двор. Син ми долета и ме прегрна, а заедно со него во мојата прегратка се втурна и гласот на едно девојче од неговото одделе-ние: „Да побрзаме, му рече на својот татко, овој е лош другар, не разговара со мене!“

– Болен е! Не му се лути! – се втурна во мојата прегратка и гласот на таткото, а јас, вртејќи му грб на училиштето не успеав од него да ги истресам по-гледите и зборовите што сум ги слушнала многу пати ...

По пат за дома се договарав со син ми што ќе ја-деме, каде и како ќе го поминеме попладнето. Не сака да има изненадувања. Како се договораме, така правиме. Зошто?

Мојот син не е болен, има состојба. Има аутизам – Аспергеров синдром. Има проблем со воспоставу-вањето комуникација и социјализација со други личности. Има натпросечна интелигенција , памети безброј работи но ... Ако се запознаеме со некој кој не ни се допаѓа ние се воздржуваме, но тој, мојот најмал син, во лице ќе каже не. Тој живее во еден по-инаков свет, недопирлив за нас. Живее во свет без лаги, без лицемерие, без злоба. Во свет каде владее искреното, доброто. Може со часови да игра со една играчка без да трепне. Исто така, може со часови да гледа една работа. Нема потреба од друштво и сам себе си си е доволен. Не е досаден. Не може да му наштети никому. Ја обожува музиката, особено ги-тарата, свирењето на гитара. Злото не владее во не-говиот свет. Ние не можеме да влеземе во тој свет, но мораме да му овозможиме да го допре и да го до живее нашиот затоа што нашиот е и негов свет. Ние родителите, ние сме наставници, педагози, психија-тари ...

***Наставниците во училиште имаат некои предз-

наења за инклузија, меѓутоа каде да се фокусираат побрзо, на наставниот материјал, на обичните уче-ници, на оние со помалку развиена моторика, на оние со послаб коефициент на интелигенција или на

талентираните. Тоа е час, а часот е еден, ученици се многу.

Има многу луѓе, родители, кои не се сретнале со ваква состојба. Убаво е да се едуцираат, да прочита-ат, да се распрашаат, за да знаат да им објаснат на своите деца како би добиле јасна слика за посебниот свет на нивните посебни другарчиња.

Би требало институциите на системот да се заан-гажираат за овие деца и по обичната настава да ор-ганизираат вежби со логопеди, дефектолози, кои си-гурно повеќе имаат искуство и се далеку пооспосо-бени за оваа состојба. Со вежби сигурно ќе биде сè поинаку, побрзо би се извршила социјализацијата, децата со таков синдром полесно би комуницирале а моториката би им се развила повеќе.

***Додека беше во утробата го чекавме со љубов,

радост и нетрпение, ги броевме деновите, часовите и секундите. Бевме пресреќни кога дојде на овој свет. Никој не претпоставуваше оти токму таа љу-бов ќе донесе несекојдневна поврзаност. По негово-то раѓање се беше нормално, а откако потпорасна и се појавија првите симптоми, со месеци и месеци се поставуваше дијагноза, а ние сè повеќе се организи-равме за да продолжи нормално животот на цело семејство. Тоа и го направивме, се организиравме и сè уште се организираме како и колку да го сфатиме неговиот свет, а во исто време ги отвораме полека вратите на нашиот.

Освен за музиката, син ми почна да се интереси-ра за готвење. Толку е мал, а како вистински кувар ги знае сите состојки за еден рецепт. Денес бевме во најблиската продавница и купувавме што треба за ручек. Јас заборавив да земам компири и син ми ме потсети, а касиерката, која со години ме знае, ми рече: „Ели, да знаеш, ова не е дете туку ѕвезда која сјае на небото“. Горда сум на своето семејство посеб-но на ова дете, на овие невини очи, на ова чисто срце што ми дава сила да продолжам да го живеам животот и да се борам со сите предизвици и сите проблеми на кои ќе наидам.

***Овој новинарски текст под мотото ,,Десетка за

Карпош“ го напишав за мајката-победник. За една храбра жена-мајка на аутистично дете, која многу добро го сфатила животот, оној живот во кој по-бедниците не добиваат злато, сребро, бронза, не до-биваат сертификати. Оваа мајка на три деца, со едното од нив влезена во посебен свет, е посебна мајка.

Животот не познава победници и победени. Животот познава само луѓе и нелуѓе.

Силвана Јорданова – проф. по француски

јазик OУ „Вера Циривири-Трена“

Page 26: Карпош Урбан бр.23

26 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ

ДЕСЕТКИ ЗА ПРОЕКТИ, ЕСЕИ, ПЕСНИ, УБАВИ ДВОРОВИ И УЧИЛНИЦИ

Наставниците од сите десет основни училишта во Општина Карпош имаат чиста „10“-ка за своите таленти кои, во очи на новогодишните празници, на задоволство на стотина присутни, перфектно ги де-монстрираа. Домаќин на завршната манифестација “Десетка за Карпош”, која се реализираше во сора-ботка со локалната самоуправа, беше ОУ “Димо Хаџи Димов”. Автор на овој проект е педагогот од ОУ “Лазо Трповски”, Рената Поповска, а на мани-фестацијата беа доделени дипломи (во пет катего-рии) и пофалници (во две категории), за најуспеш-ните наставници, кои во текот на оваа година, со по-мош на своите ученици и нивните родители, напор-но работеа и дадоа голем удел во ефектниот епилог на овој оригинален проект.

Во холот на ОУ “Димо Хаџи Димов” , наставни-ците и учениците со својот раскошен талент ги дигнаа на нозе присутните гости. Наставниците пред стручните комисии ги покажаа своите музич-ки и пејачки таленти, но и дарба за пишувањето на убави стории за екологијата, хуманоста, и најубаво уреден училишен простор. Се доби впечаток дека доделувањето на дипломите е во втор план, откако наставниците и учениците со своите уметнички пер- форманси, успеаја да ги наполнат срцата на присут-ните, со што самата манифестација прерасна во прекрасна дружба на сите 10 основни училишта од Општина Карпош.

Во првата категорија „Десетка за најдобра сто-рија„ во која наставниците пишуваа по еден есеј за своето соседно училиште, победи Силвана Јордано-ва од ОУ „Вера Циривири-Трена“ за сторијата „Ѕвез-дата која сјае„, второто место им припадна на нас-тавничките од ОУ „Владо Тасевски“ Слободанка Ба-даровска и Јованка Трпкова за сторијата „Зоки стот-ка“ за хаусмајсторот од Вера Циривири –Трена“, а третата, за Соња Казанкова од ОУ „Јан Амос Комен-ски, за сторијата „Кога сјаат камчињата“. Во катего-ријата најуспешно уреден училишен простор, прво-то место го освои Јане Ангеловски за уредувањето на Кабинетот по техничко образование во ОУ „Ди-мо Хаџи Димов“, второто место и припадна на Ире-на Лозановска за уредувањето на училница во ОУ „Петар Поп Арсов“, а третото на наставничките Ма-рија Јошеска и Ирена Пантова за уредената училни-ца во ОУ „Јан Амос Коменски“. Во оваа категорија беа пофалени и училишниот хол на ОУ „Владо Та-севски„ , училиницата за работа со децата со посеб-ни потреби во ОУ „Јан Амос Коменски“ и училница уредена во ОУ „Лазо Трповски“. Во категоријата „Десетка за најуспешен проект“ победија Алексан-дра Блажевска и Емилија Чоловиќ од ОУ „Петар Поп Арсов“ за проектот „Зелени стапалчиња“, вто-рото место и припадна на Радмила Петровиќ Јорда-новска од ОУ „Вера Циривири-Трена“ за проектот „Заеднички спортски игри“, а третото место на Дра-

Во Карпош сите имаа талент

Page 27: Карпош Урбан бр.23

27КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

гана Ѓорѓевиќ и Нада Блажевска од ОУ„Аврам Пи-севски“ за проектот „Од отпад до нов производ“. „Десетка за хуманост“ добија првонаградените Не-вена, Катица, Анета, Милка и Виолета од ОУ „Димо Хаџи Димов“ за пректот „Инклузија-секој може да учи“, второто место и припадна на Александра Бла-жевска од ОУ „Јан Амос Коменски“ за проектот „Ај-варче за тебе, ајварче за мене“, додека третото место го освои ОУ „Војдан Чернодрински“ за проектот „Едно сонце за сите светови“. На крајот „блеснаа“ пејачките ѕвезди во категоријата „Наставниците пе-јат“ каде првото место суверено го добија Алексан-дар Панајотов,, Татјана Трпезановска и Весна Стоја-

новска, кои со своите ученици, музички таленти го отпеаја хитот „Луди летњи плес“ од „Фламингоси“. Фасцинираше и „ македонската Адел“, наставничка-та Симона Марочковска од ОУ „Димо Хаџи Димов“ со “Rolling in the deep“, а третото место го поделија музичкиот бенд „Џипси денс“ и „Есамс бенд“ со наставничката Мирјана Кочковска со Лина Вучидо-лова од ОУ„Јан Амос Коменски“ која со сопствен текст и музиката од песната на Калиопи ја испеа пе-сната „Дали ме сакаш“, поветена на детскиот свет во Карпош.

В. Цветковска

Пред новогодишните празници, во просториите на ОУ „Владо Тасевски“, наставничкиот кадар орга-низираше хуманитарна приредба - „Наставниците глумат “. Претставата беше реализирана во хумани-тарни цели, а средствата собрани од неа, ќе бидат на-менети за ученик од ова училиште кому навистина му е потребна помош. Наставниците имаа драмска изведба на театарска претстава, која самите ја режираа. Нивните ученици имаа можност да ги проследат своите наставници, кои во прекрасно изработените сцен-ски костуми, успеаја да пренесат автентична драмска атмосфера.

Тие беа толку креативни што и поканата за овој хуман настан ја направија во стихови: „Оваа претстава наша, на почеток ни беше каша. Од директорката во разговор идеја добивме- до 25. не ја пробивме. Со ху-мано срце сме сите, а со децата најслатко ни минуваат дните. Уште и на CD може да не погледнете ! Нас вра-ботените од „Владо Тасевски“ и на улица да не сретнете, но и слатко да ни се насмевнете. И вака да продол-жиме да говориме, нов весел јазик да измислиме и со него ќе твориме, животот бајка ќе ни биде во Новата година што иде.“ И.Ѓ.

Во ОУ „Владо Тасевски“

НАСТАВНИЦИ ГЛУМЕА

Во просториите на ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае, во присуство на наставниците, уче-ниците, родителите како и преставници од Одделе-нието за заштита на животната средина при Општи-на Карпош, беше промовиран првиот детски еко ве-сник „ОКО“. „Весникот понатаму ќе добие друга ди-мензија во смисла на широчина на опфатот, всуш-ност еко весникот ќе биде весник на сите училишта

во Карпош. Оваа идеја ќе ја прошириме преку сора-ботка со сите училишта во нашата општина, истак-на Зорка Ристова директорката на ОУ „Димо Хаџи Димов“. Главниот уредник Марјан Костовски, про-фесор по македонски јазик ги престави содржините на весникот и рече дека тој е наменет за секој љуби-тел на природата, без оглед каде живее, на која рели-гија и припаѓа, и без оглед каков став има спрема животот.

Во создавањето на „ОКО“ учествуваа и ќе учест-вуваат ученици од ОУ „Димо Хаџи Димов“, и од дру-гите училишта од нашата Општина и од цела Маке-донија. На промоцијата, директорката Ристова и професорот Костовски изразија голема благодар-ност до градоначалникот Јакимовски, за неговата поддршка при издавањето на првиот детски еко вес-ник во Македонија. И.М.

Во ОУ „Димо Хаџи Димов“

ПРОМОВИРАН ПРВИОТ ДЕТСКИ ЕКО ВЕСНИК

Page 28: Карпош Урбан бр.23

28 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ГОСТУВАЊА

ПОБЕДНИЧКИ ПЕХАРИ ЗА КАРПОШСо три пехари, од кои два за освоено прво место

во шах, прво место во пинг понг- жени, и едно вто-ро место во пинг понг- мажи, Општина Карпош во победнички стил се врати од X-те, јубилејни работ-нички зимски спортски средби на општини, стопан-ството, јавни претпријатија и установи, „Friends Fest 2012“во Врњачка Бања. На оваа голема спортска ма-нифестација учествуваа 20 екипи со над 450 спорти-сти аматери од екс југословенските простори од: Србија, Црна Гора, Словенија и Македонија. Спорт-ските игри се одржаа во периодот од 13 до 16 декем-ври, а беа во организација на „Гранада“ ДОО Бео-град.

На овие спортски средби, Република Македонија ја претставуваа спортистите од администрацијата на Општина Карпош. Тие настапија во четири дис-циплини: фудбал, шах, пинг понг-жени и мажи, и притоа освоија три високи награди. На оваа прес-тижна, спортско пријателска манифестација до из-раз дојде искреното другарување и толеранцијата, зачинети со пораките за добри односи со соседите, без оглед на поводот за средбите.

„Во време на Олимпијадите дури и војните за-пирале“, беше една од пораките кои можеа да се слушнат во Врњачка Бања, а нашите вработени имаа прилика да ги разменат и деловните искуства и да остварат многу нови контакти со учесниците од си-те држави. Збогувајќи се победнички со Врњачка Ба- ња, тие закажаа нова средба во Бања Лука, следниот домаќин на оваа прекрасна и традиционална мани-фестација.

Е. Кузмановска

„Friends Fest 2012“-Врњачка Бања

Во периодот од 7-9 декември Здруже-нието „ХОА Ангелчиња“, потпомо-гнато од Општина Карпош успеа да победи на меѓународната манифестација „Srpski sto posne hrane“. Во конку-ренција на познати ку-линари од Босна и Хер-цеговина (Република Српска), Црна Гора, Хр- ватска и Србија, наши- те претставници кои прв пат - во 14 годиш-ната традиција на оваа манифестација, учеству- ваа и победија во катего-ријата „Традиционална ма - са“ која овојпат се одржува- ше во местото Перуќац на Та- ра.

Со тавче гравче, посна сарма од зе- лка и лозов лист, макало, пинџур, зелник,

македонско посно грне, гурабии и посна торта, нашите „Ангелчиња“ успеаја

да ги освојат срцата на најпре-бирливите кулинари од сите

држави, учесници на натпре- варот. Посебен куриози-

тет беше посната салата изработена според кули- нарскиот рецепт на Би-лјана Смилевска наре-чена – вардарска сала-та, изработена во фор- ма на картата на Репу-блика Македонија и ло-

гото на Општина Карпош. Со освоената награда

која ја доделува Здруже-нието за развој на туризмот

и угостителството во Србија, нашите „Ангелчиња“ се пласираа

за финалниот натпревар во кулинар-ство, кој ќе се одржи во Ниш. И.Ѓ.

Македонска посна храна

НА ПОБЕДНИЧКИ ТРОН ВО СРБИЈАВо периодот од 7-9 декември Здруже-

нието „ХОА Ангелчиња“, потпомо-гнато од Општина Карпош успеа да победи на меѓународната манифестација „Srpski sto posne hrane“. Во конку-ренција на познати ку-линари од Босна и Хер-

манифестација, учеству- ваа и победија во катего-ријата „Традиционална ма - са“ која овојпат се одржува- ше во местото Перуќац на Та-

Со тавче гравче, посна сарма од зе- лка и лозов лист, макало, пинџур, зелник,

македонско посно грне, гурабии и посна торта, нашите „Ангелчиња“ успеаја

да ги освојат срцата на најпре-бирливите кулинари од сите

држави, учесници на натпре- варот. Посебен куриози-

тет беше посната салата изработена според кули- нарскиот рецепт на Би-лјана Смилевска наре-чена – вардарска сала-та, изработена во фор- ма на картата на Репу-блика Македонија и ло-

гото на Општина Карпош.

која ја доделува Здруже-нието за развој на туризмот

и угостителството во Србија, нашите „Ангелчиња“ се пласираа

за финалниот натпревар во кулинар-ство, кој ќе се одржи во Ниш. И.Ѓ.

Page 29: Карпош Урбан бр.23

29КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

По повеќегодишна ра- бота, годинава што изми - нува, во издание на изда-вачката куќа ,,МЕНОРА“ од Скопје, излезе од пе-чат, обемниот труд под наслов ,,МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА-ХРОНОЛОГИ ЈА“ – 1939-1945, книга 1. Ав-тори на ова дело се поз-натите македонски исто-ричари: проф. д-р Владо Иваноски и проф. д-р

МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА – ХРОНОЛОГИЈА

ИСТОРИОГРАФИЈАВера Весковиќ-Вангели. Ме ѓу тоа, поради специфич-ности те на борбата на Македонцие во Егејска и во Пиринска Макдонија, во кн. 2, во хронологијата што следи, единиците за Егејска Македонија го опфаќаат периодот на граганската во јна, заклучно со 1949 год., а за Принска Македони ја заклучно со 1948 година, односно до донесувањето на Резолуцијата на Ин-формативното биро (ИБ).

Книгата изнесува повеќе од петстотини страни-ци, енциклопедиски формат, во две колони. Како вовед, забележани се и најзначајните настани за пе-риодот од 1920 г . до 1 септември 1939, почетокот на Втората светска војна, заклучно со формирањето на првата Народна влада на Федерална Македонија на 16 април 1945 година.

Трудот е збогатен со фотографии, карти, скици, факсимили на документи. Неоспорно е дека за да се подготови вакво дело, авторите морале да вложат ог-ромен труд и време, кое е за секоја пофалба и поздра-вување. Рецензенти се универзитетската професорка Славка Фиданова и проф. д-р Ораде Иваноски. Ре-дактор е проф. д-р Владо Иваноски.

Изданието е финансирано од Министерството за култура на Република Македонија.

В.И.

На 28-ми декември се одржа седница на Собра-нието на Здружението на пензионерите „Карпош“ со која раководеше претседателот Јован Гиновски. Во фокусот на вниманието на овој работен договор беа повеќе актуелни прашања, меѓу кои, акцентот беше врз Програмата за работа во 2013 година. Во оваа програма планирани се поголем број актив-ности и конкретни задачи од областа на социјална-та заштита и пензиското и инвалидското осигуру-вање во функција на обезбедување достоинствен живот и повисок општествен стандард каков што заслужува најстарата популација на граѓани.

„Изградбата на пензионерски дом, поголем број клубови, домови за дневен престој, продлабочу-вање на соработката со Советот и со градоначални-кот на Општина Карпош, координирање на актив-ностите на 7-те ограноци на ЗП, соработка со други здруженија и невладини организации, се само дел од планираните приоритетни задачи на раковод-ствата и на членството на ЗП „Карпош“ во 2013 го-дина. Покрај ова, Здружението ќе продолжи со ор-ганизирањето на еднодневни излети низ Р. Македо-нија, организирање на спортски натпревари помеѓу

ограноците, на регионално и на републичко ниво како и организирање на трибини на актуелни теми“, ни изјави, меѓу другото, претседателот Јован Гинов-ски.

По повод 35-годишнината од основањето на Здружението, на 11 јануари 2013 година во Киноте-ката на Република Македонија ќе се одржи свечена седница посветена на овој значаен јубилеј.

Ж. Трајановски

Седница на Собранието на ЗП „Карпош“

ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Проф. д-р Владо Иваноски

Page 30: Карпош Урбан бр.23

30 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 31: Карпош Урбан бр.23

31КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

СПОРТОРАМА

Карпош во спортот многу вложува и јас, еве мо-жам да ветам дека К. К. „Карпош Соколи 2000“ веќе во 2013 година ќе стане прволигаш, изјави во една пригода првиот човек на Општина Карпош Стев чо Јакимовски. Година дена потоа, спомнатиот спорт- ски колектив е сосема блиску да го оствари про-рочкото ветување на градоначалникот. Тоа е и по-вод за разговорот со Огњен Дедиќ, првиот човек на К. К. „Карпош Соколи 2000.“

- Господинот Јакимовски своето „пророштво“ го базирал врз своите сознанија за нашиот клуб, а тоа значи дека веќе подолго време е во тек со се она што се случува во него и во таа смисла и јас го делам не-говото мислење; ние сме на чекор до враќањето во првата кошаркарска лига на Македонија, вели Де-диќ и додава: Би ја искористил оваа пригода да ка-жам дека нас, клубот, од најквалитетната лига не ис-фрлија со сила, со кршењето на правилникот на Ко-шаркарската федерација.

К. К. „Карпош“, со години наназад е водечки спортски колектив во Општината, а вистинска тран- сформација доживува во 2000 година, кога во нази-вот му се придодава и името на кошаркарската школа „Соколи“. Во тоа време, група кошаркарски фанатици на чело со г. Огњен Дедиќ, сите Карпо-шовци, прават целосна реорганизација на клубот, кој потоа влегува во првата лига и таму останува се до 2008. година. По спомнатото недоразбирање со челниците на тогашната Кошаркарска организација, клубот започнува нова битка за враќање во елитна-та лига. Со финансиска помош на Општина Кар-пош, стотина талентирани момчиња во сите катего-рии, вредно тренираат, а управата е фокусирана на остварување на примарната цел- сениорската екипа да се врати во првата кошаркарска лига.

- Без оглед на сите објективни пречки, ние не от-стапуваме од зацртаната цел, вели Дедиќ и додава

дека главниот проблем на клубот е немање сопстве-на сала. Ние со години наназад сите натпревари ги играме во салата на „Работнички“, но од пред извес-но време таму не сме добродојдени. За среќа, ја има-ме спортската сала во училиштето „Војдан Чернод-рински„ и по нејзиното реновирање, имаме оптимал - ни услови за тренирање. Инаку, сите во клубот се надеваме дека ќе се реализира ветувањето на градо-началникот дека во Карпош наскоро ќе почне из-градба на модерна и функционална спортска сала.

Дедиќ вели дека, без оглед на сите субјективни и објективни пречки и проблеми, К. К. „Карпош- Со-коли 2000.“, незапирливо ита кон враќање во првата лига.

- Без оглед колку да звучи препотентно, ние во втората лига немаме сериозна конкуренција. Не ги потценуваме противниците, но играме добро што покажуваат резултатите, односно разликата со која ги победуваме конкурентите. Во вториот дел од пр-венството, сите осум натпревари ги играме дома (во спортската арена „Борис Трајковски“), што ни ја

К К „Карпош-Соколи 2000.“

НА ПРАГОТ НА ПРВАТА КОШАРКАРСКА ЛИГАБез оглед на сите субјективни и објективни пречки и проблеми, К. К. „Карпош- Соколи 2000.“, незапирливо ита кон враќање во првата лига, вели Огњен Дедиќ, првиот човек во еден од најуспешните спортски колективи во Карпош

Page 32: Карпош Урбан бр.23

32 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

олеснува работата во остварувањето на зацртаната цел...

Нашиот соговорник посебно го потенцира ква-литетот на играчите од сениорската екипа и нивно-то максимално залагање на секој натпревар, без ог-лед на квалитетот на противничката екипа.

- Ние секогаш ја играме нашата игра, а тоа значи дека имаме тим кој лесно се справува и со најсилни-те екипи. Во тимот имаме неколку вонсериски игра-чи. Иако немам обичај посебно да ги истакнувам поединците, ќе кажам дека столбот на тимот е на-

шиот центар Тмушиќ, еден од најдобрите скокачи на овие простори. Значајно е да се нагласи дека во ре-довите на „Карпош- Соколи 2000.“ играат и играле играчи од сите националности. Кај нас е добредој-ден секој кој знае да игра кошарка и ја почитува на-шата стратегија. Она што посебно сакам да го истак-нам е дека во нашиот колектив речиси 80 проценти од играчите (во сите категории) потекнуваат од те-риторијата на Општина Карпош...

Миле Раденковиќ

Младите шахисти од Општина Карпош, заедно со своите родители и нивниот тренер, интернационал-ниот мајстор Марјан Митков, деновиве беа гости кај градоначалникот Јакимовски. Тие дојдоа да му ја ис-кажат својата неизмерна благодарност за поддршка-та, што тој континуирано им ја дава. Благодарение на сопствениот труд, знаење и заложби, но и на несе-бичната помош од страна на Општината, тие постиг-наа извонредни резултати на Европското првенство во шах кое летово се одржа во Прага..

Општина Карпош целосно ги покри трошоците за настапот на младите шахисти, а тие за возврат достоинствено ја претставија не само својата Оп-штина, туку и Република Македонија. Во категорија-та од 10-12 години, од вкупно девет, освоија дваипол поени. Како и секогаш до сега, градоначалникот Ја-кимовски на младите шахисти им вети целосна фи-нансиска поддршка секогаш кога ќе учествуваат на значајни домашни и меѓународни натпревари во древната игра. И.Ѓ.

МЛАДИТЕ ШАХИСТИ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Карпош-Фудбалски Клуб е новиот шампион во фудбал на Македонија во Детската лига (ге не рација 2003год.), во организација на Фуд балската федера-ција на Македонија (ФФМ) и Детскиот фудбалски сојуз.

На финалниот натпревар учествуваа најдобрите осум екипи во лигата, а КФЦ, во четвртфиналето ја победи екипата „Албарса“ со 3:2, потоа во полуфи-налето ја „бомбардираше“ екипата на „Скупи“ со резултат 7:0 и конечно, во големото финале, ја совлада екипата на „Нови лисици“ со 2:1.Освен пе-

харот кој го додели директорот на Македонската фудбалска репрезентација Петар Милошевски, “КФЦ“ освои и пехар за најдобар стрелец, кој му припадна на Никола Придаенковски. Овој млад фудбалски клуб, кој своите тренинзи ги одржува во новата сала на ОУ„Христијан Тодоровски Карпош“, со тренерите Лазар Куновски и Димитар Бадев, зад себе ги остави реномираните фудбалски школи на Работнички, Металург и Форца, со што пријатно ги изненади си те искрени љубители на фудбалот во нашата држава.

“КФЦ“ - ШАМПИОН ВО ДЕТСКИ ФУДБАЛ

Page 33: Карпош Урбан бр.23

33КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

НЕБЕСКИ СКОКАЧ ПОД КОШЕВИТЕПо настапот за десетина кошаркарски екипи во сите балкански земји, „небескиот скокач“ од Пријепоље стаса во „Карпош- Соколи“ и вели дека сака во Скопје да ја заврши кариерата

Нинослав Тмушиќ е вистински кошаркарски гло- бтротер. По десетгодишни патешествија низ бал-канските земји, минатата година стаса во Карпош, повикан да помогне во враќањето на К. К. „Карпош – Соколи 2000“ во наjелитната кошаркарска лига. Овој џин од Пријепоље, висок 205 см. во Карпош пристигна со епитетот „небески скокач “ и истиот го потврди на првите натпревари во составот на наши-те „Соколи“. „Царот под обрачите“, како што му скандираат навивачите, за не цела година стана ми-леник на љубителите на кошарката и е алфа и омега во победничката концепција на „Карпош – Соколи 2000“.

- Нино е фантастично подвижен за својата висо-чина, има неверојатен одраз, прецизен шут и може и игра на повеќе позиции во тимот, вели неговиот тренер Огњен Дедиќ и додава: Јас едно време му бев тренер во Струмица и кога се зафативме со мисијата „Соколи“ да го вратиме во првата кошаркарска лига, посакував во тимот да имаме токму таков играч. За среќа, од наш заеднички пријател дознав дека е сло-боден и сторивме се да го доведам во клубот. А дека постигнавме полн погодок покажуваат неговите и резултатите на клубот, заклучува Дедиќ.

Во едночасовното „чепкање“ по животната и спортската биографија на Тмушиќ, дознавме многу неверојатни детали, помеѓу останатото дека наста-пувал за кошаркарските тимови во Будва, Бјело Поље, Подгорица, Бањалука, Лазаревац, Ниш, Стру-мица, Русе, Јалибол, Јагодина... Во Будва (Црна Гора) бил прогласуван за спортист на годината, во Русе за најдобар странски играч, а во сите останати градови и тимови е запаметен како најдобар скокач и најко-рисен играч.

- Навистина, јас никогаш не водев лична статис-тика и не ги паметам сите рекорди, освен оние кои се сврзани со признанијата што ми се доделувани, главно за најдобар скокач. Се сеќавам дека во Буга-рија на еден натпревар постигнав 42 поена и забеле-жав 25 скока, инаку просекот на успешни скокови е над дваесет.

- Ако ме прашувате за тренер кој влијаел врз мо-ето оформување како играч, тоа е секако Рајко То-роман, а како играчи идоли ми биле Милета Лисица, Крешимир Ќосиќ, и разбирливо мојот сонародник Владе Дивац. Во текот на кариерата, како што веќе реков, сум играл за многу клубови но најубави спо-

мени носам од Русе и од Струмица. Се разбира, ако мерам според досегашниот престој во Скопје, се на-девам дека на таа листа ќе биде впишан и Карпош.

Овде навистина се чуствувам како дома, имам одлична соработка со тренерот и со соиграчите, за-доволен сум од сите услови кои ми се дадени и се на-девам дека ќе ми се оствари сонот со „Соколи“ да настапуваме во Балканска лига и, ако даде господ, и во некое европско натпреварување.

Нинослав е оженет со Тамара и имаат две ќерки, Јулија и Софија, кои сега живеат во Крагуевац, гра-дот во кој ја запознал својата сопруга и каде што постојано живеат.

- Ми недостасуваат моите три дами, но за среќа, Крагуевац не е далеку и ја користам секоја можност да скокнам дома. Инаку, кога немам ообврски во клубот шетам низ градот и можам да речам дека Скопје е убав и модерен град, има што да се види.

М. Раденковиќ

Нинослав Тмушиќ, асот на КК „Карпош- Соколи 2000.“

Page 34: Карпош Урбан бр.23

34 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 23 • ДЕКЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

МЕЃУВРЕМЕДоктор за добиток

На некој прием, сакајќи да го понижи прочуе-ниот лекар и бактериолог Роберт Кох, некој не-ра нимајко го запрашал:

-Дали сте вие лекар за добиток?- О, да, а што ве боли, му возвратил научникот.

Во животот мо-жеме да оствари-ме се што сакаме до колку на дово-лен број луѓе им помогнеме да го ос тварат тоа што го са каат.

Р. Гаридо

Не грижете се дека де нес ќе се случи про- паста на светот. Во Ав- стра лија инаку веќе е утре.

Чарлс Шулц

Губат само оние што не се натпревару ваат.

Д.Р. Жилбер

Од расфрланите ка - мења по патот секо-гаш можат да се на-прават скалила.

М.Таскин

Под

готв

ил: М

. Рад

енко

виќ

Секогаш гласајте за оној кој последен

ви ветува, бидејќи тој последен и ќе ве

разочара.Бернард цБарух

Што прави Чак Норис на отворен прозорец?- И удира ќотек на промајата.

Ако твојата среќа зависи од постапките на другите, никогаш не можеш да бидеш среќен човек.

Ричард Бач

Џентлмен е мажот кој жената ја штити - се додека не остане насамо со неа.

Page 35: Карпош Урбан бр.23

КАРПОШ ГО РАЗУБАВИ СКОПЈЕ СИТИ МОЛ

Од вкупно пријавените 200 фотографии на конкурсот ‘‘Скопје од мој агол‘‘за избор на најдобра фотографија од урбано Скопје, организиран од страна на Скопје Сити Мол и градот Скопје, во потесен избор влегоа 26 фотогра-

фии. Меѓу нив е и фотографијата „Поглед кон „Сити Мол“ на Ива Манова вработена во локалната самоуправа во Општина Карпош. Како најдобра, првото место го освои Ерина Богоева, со фотографијата “Jump for Skopje” .

Page 36: Карпош Урбан бр.23

ДЕДО МРАЗ И ВО ОПШТИНА КАРПОШДЕДО МРАЗ И ВО ОПШТИНА КАРПОШДЕДО МРАЗ И ВО ОПШТИНА КАРПОШДЕДО МРАЗ И ВО ОПШТИНА КАРПОШДЕДО МРАЗ И ВО ОПШТИНА КАРПОШДЕДО МРАЗ И ВО ОПШТИНА КАРПОШ