Карпош Урбан бр.20

36
Весник на локалната самоуправа септември 2012 бр. 20 година 4 „АВРАМ ПИСЕВСКИ“ ВО НОВО РУВО

Upload: opstina-karpos

Post on 28-Mar-2016

253 views

Category:

Documents


5 download

DESCRIPTION

Месечен весник на локалната самоуправа

TRANSCRIPT

Page 1: Карпош Урбан бр.20

Весник на локалната самоуправасептември 2012 • бр. 20 • година 4

„АВРАМ ПИСЕВСКИ“

ВО НОВО РУВО

Page 2: Карпош Урбан бр.20

2 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 3: Карпош Урбан бр.20

3КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

окус ОД МОЈ АГОЛСтевчо Јакимовски

Нови улици, тротоари,

паркиралишта

Досега реализиравме 204 проекти, меѓу кои, комплетната реконструкција на сите десет училишта и комплетната реконструкција на 80-ина улици...

l Градежната офанзива во Карпош продолжува со несмале­но темпо. Ќе успееме ли да ја оствариме годишната „норма“ од 200 нови проекти?

– Веќе ја надминавме! Досега реализиравме 204 проекти, меѓу кои, комплетната реконструкција на сите десет училишта на територијата на Општина Карпош, така што, сите наши деца од училишна возраст, стартуваа во новата учебна година во комплетно реновирани учи­лишта во кои образовниот процес ќе тече според европски стандарди. Нам, децата ни се приоритет, кон нив ни е насочена иднината, токму затоа се и сите овие засилени ангажмани. Училиштата, едно по едно, ги предаваме во употреба, и ќе бидам нескромен ако не кажам дека ми е вистинска сатисфакција кога ги гледав задоволните и пресреќ­ни ликови како на децата, така и на нивните родители и на наставни­ чкиот кадар. Освен тоа, интензивно работевме на фасадите, како и на повеќе проекти од областа на инфраструктурата, комплетната реконструкција на 80­ина улици, изградбата на атмосферска, фекал­ на канализација и сите придружни објекти. Се подразбира дека оваа бројка до крајот на календарската година и градежната сезона (до­дека временската состојба дозволува работа), далеку ќе се надмине.l Се погласни сте околу изнаоѓање на алтернативно греење во

Општината, поточно гасификацијата. Тоа е поради енергетската ефикасност или други „маки“ ве мачат за супституција на па рното?

– Ние сме веќе во постапка за формирање на јавно претпријатие за управување со гасот, веќе избравме управен одбор, а деновиве ќе избереме и директор и започнуваме со проектот за гасификација на Општина Карпош. За таа цел вршиме и сеопфатна анкета на гра ­ ѓаните за интересот и поддршката на овој проект, што ќе ни биде значаен патоказ за сите идни чекори што ќе ги преземеме на овој план. Расположението засега е одлично, затоа што граѓаните на Карпош точно ги лоцираат предностите од гасификацијата, особе­но поради „главоболките“ што им ги создаваат последните поска­пувања на топлинската енергија и ударот врз семејниот бу џет што им се прави со тоа. Но гасификацијата е добредојдена и за училишта­ та и за индустриските капацитети. Затоплувањето е на шата „мака“ која не поттикна на тоа, особено што врз таа основа должиме над 50 милиони денари само за загревање на основните училишта, не­што што не е наша обврска туку на Министерството за образование кое е скудно со своите дотации за таа намена, па ние мо раме со грдни маки да се снаоѓаме. Ова е вистинското решение.l Дали постои опасност да ги „потрошите“ сите идеи година­

ва. Ќе остане ли нешто и за догодина?– Нашите идеи и потребите на граѓаните никогаш не секнуваат.

Напротив, одиме со сè поголем ентузијазам напред и само напред. Досега работевме, би рекол симболично, само под земја. Следната го­ дина ќе работиме на интензивно разубавување на Општината, на обнова на фасадите, зеленилото, хигиената, натамошната урбани­зација и секако, на привлекување нови инвестиции во Карпош.

Виолета Цветковска

Page 4: Карпош Урбан бр.20

Издава Општина Карпош

ул. „Демир Трајко“ бр.43

1000 Скопје, Р. Македонија

тел.: 02 / 30-61-353

факс: 02 / 30-71-040

[email protected]

www.karpos.gov.mk

Издавачки совет

Стевчо Јакимовски

Даница Мартиновска

Димче Мешковски

Главен и одговорен уредник

Виолета Цветковска

Уредник

Миле Раденковиќ

Редакција

Живко Трајановски

Елена Кузмановска

Ива Манова

Технички уредник

Зоран М. Гулевски

Лектура

Живко Трајановски

Ангелина Николовска

Фотографија

Ива Манова

М. Раденковиќ

4

НАШИ ГОСТИРалф Бергман, енергетски експерт од ГерманијаИМПРЕСИОНИРАН СУМ ОД ВАШИТЕ УЧИЛИШТА

СПОРТОРАМАТИМОТ НА „ЈУВЕНТУС “ НАЈДОБАР НА „СОКОЛ 2012“

ВЕТЕНО СТОРЕНОВОЗИМЕ ПО НОВИ УЛИЦИ

6

Весник на локалната самоуправасептември 2012 • бр. 20 • година 4

„АВРАМ ПИСЕВСКИ“

ВО НОВО РУВО

.......................................................

ИНТЕРВЈУДаниел Димовски, претседател на Кошаркарската федерација на Македонија

НАСЛЕДНИЦИТЕ НА МЕКЕЈЛЕБ И АНТИЌ БЛЕСКААТ ВО ЕВРОПСКИТЕ КЛУБОВИ..................................................... 20

..................................................... 10

...................................................... 32

ВО ОВОЈ БРОЈ

ОБРАЗОВАНИЕОУ „БРАТСТВО„ - ГРАДЕЖЕН ПОДВИГ- ЕВРОПСКО УЧИЛИШТЕ..................................................... 12

Page 5: Карпош Урбан бр.20

5КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

КОЛУМНА

На крајот од годинешното пеколно жешко лето, Општина Карпош имаше посебна причина за славење. Покрај другите проекти, го реализираше и оној најголемиот-реконструкција, речиси од темел, на неколкуте основни општински училишта. Основната негова цел беше на децата, нашето најголемо и најскапо-цено богатство, да им се создадат врвни услови за работа, исти онакви какви што имаат училиштата во европските земји.Задачата, ќе се согласите, не беше ни ту малку лесна, ниту едноставна. За многу краток временски период, на пе-колни горештини, забрани за работа од 11 часот наутро до 17 часот попладне, пра зниците Илинден и Богородица, рамазански пости и годишни одмори, тре-баше да се направи нешто што за многумина беше недостижно. За општинското раководство и за градоначалникот немаше одмор.Потребно беше да се вложат многу работа, знаење, умеење, самоодрекување, и се разбира многу финансиски средства.

Во беспоштедната трка со времето и жешкото сонце, победи беспрекорната желба, големиот елан и ентузијазам и невиденото залагање и на градителите, но и на наставниците и вработените во основните општински училишта и на целокупната администрација на Општина Карпош.

Се беше подредено на тоа, овој, за многумина грандиозен проект, замислен од страна на градоначалникот на Општина Карпош, а поддржан од Советот во целост да успее.

Така и беше.Ветеното, како впрочем и досега, беше сторено!Сведоци за тоа ни се реконструираните училишни објекти коишто со години, на најдобар мо-жен начин, ќе сведочат за ова време и за визиите на ова водство на Општина Карпош.

Ваквиот мудар потег, со задоволство, овации и громогласни аплаузи, го по-здравија и идните доктори, правници, економисти, архитекти, уметници, врв-ни спортисти... сегашни ученици на Карпош.

Па сепак, на славјето, како и во многу други вакви пригоди, на коишто беа присутни советниците од СДСМ, ЛДП, ВМРО-НП и независните Радмила и Илија, ги немаше советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Од, само за нив познати при- чини, избегнаа и овојпат да ја споделат радоста со сите нас, граѓаните и пред сé со децата. Ќе беше згодна прилика, наместо на прес конференции да лажат и шират шпекулации и да поставуваат прашања, овде, заедно со учениците, на-ставниците и граѓаните, да ги слушнат вистинските одговори. Се сеќавате кога велеа дека градоначални кот ќе ги потрошел парите за избори и што уште не? Но, демантот стаса и не можеше подобар да биде. И затоа требаше да бидат таму.

Зашто, ако беа таму ќе видеа и ќе дознаеја дека во Карпош, наместо садење на жални врби, се реконстру-ираат училишта, дека парите наменски се трошат за капитални објекти, дека се вложува во нашата иднина и дека кон сето тоа граѓаните гледаат со респект. Но, нив ги немаше таму. Зошто, треба да им одговорат првенствено на своите деца. Ќе имаат ли храброст да им ја соопштат таа вистина? Што ќе им кажат кога ќе ги запрашаат зошто сите родители на нивните другарчиња беа таму, а нивните ги немаше? Ќе имаат ли ви-стински родителски одговор на тоа?

Но, можеби проработи нивната совест, па не ќе можеа градоначалникот да го погледнат в очи. Пре-тераа со лагите. Ред беше да подадат рака за чесно направеното.

Ако, пак, немаат храброст да го направат тоа, советниците од ВМРО-ДПМНЕ можат да ги посетат ре-новинарите објекти ноќе, на полна месечина. Ќе видат и тогаш дека тие пленуваат со целиот свој сјај.

Уверен сум, на оваа убавина ќе се насладуваат и тие. Штета, и овојпат не ја искористија можноста за-едно со сите нас, да бидат дел од нешто грандиозно, нешто по што граѓаните ќе ги паметат и со гордост ќе се присетуваат во некои идни времиња.

Та, нели, премиерот и ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на единство? Ова беше добра шанса да бидеме един-ствени во она што е направено. Што е добро, добро е. Криво седи, право суди.

НАМЕСТО ЖАЛНИ ВРБИ-УЧИЛИШТА

Ако им е срам дење, членовите

на Советот од ВМРО-ДПМНЕ

можат реконструираните училишни објекти да ги посетат ноќе,

на полна месечина. Нека се насладуваат

и тие на нивната убавина

Пишува: Владо Поповски

Page 6: Карпош Урбан бр.20

6 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Ул „18“ - Бардовци

Ул. „Његошева“ крак 2 и 3

ВЕТЕНО СТОРЕНО

Ул. „Невеска“

Ул. „Милан Марковиќ“

Ветивме и остваривме. Во Карпош ќе возиме по нови улици. И возиме. Реконструкцијата на улиците продолжува, од месец во месец, со несмалено тем­по. Во месецот зад нас целосно ги реконструиравме улиците „Миле Поп Јорданов“, „Разловечко воста­ние“, „Невеска“, „Воденска“, „Бардовци 18“, „Милан Марковиќ“, „Ње гошева“ со краците, краците 9,11,13 и 15 на „Лов ќенска“...

ВОЗИМЕ ПО НОВИ УЛИЦИ

Ул „Воденска“

Page 7: Карпош Урбан бр.20

7КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Ул. „Разловечко востание“

Крак од ул. „Ловќенска 9“

Крак од ул. „Ловќенска 11“

Крак од ул. „Ловќенска 13“Крак од ул. „Ловќенска 15“

Page 8: Карпош Урбан бр.20

8 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Цело е кога има сé! Карпош гради и во Карпош се гради! Кога веќе ги асфалтиравме улиците според европ ски терк, современи коловози за возилата, помисливме и на пешаците. Изградивме стотици метри нови тротоари, за безбедно движење и убави есенски прошетки на нашите сограѓани. По нови тротоари одат гра ѓаните на Општина Карпош долж улицата „Бриселска“ во Тафталиџе 2, „Његошева“ по двата кра­ци, 2 и 3, а со нов лик е и најголемата улица во Козле, улицата „Миле Поп Јорданов“.

НОВИ ТРОТОАРИ ЗА ЕСЕНСКИ ПРОШЕТКИ

Изградени се тротоарите на улицата „Бриселска“ во должина од 560 метри, инвестиција вредна 3.728.859 денари

Во должина од 700 метри нови тротоари добија крак 2 и крак 3 на улица „Његошева“, зделка вредна 1.862.192 денари

Заврши асфалтирањето на улицата „Миле Поп Јорданов“, во должина од 400 метри, за што Општина Карпош вложи 1.764.832 денари

Page 9: Карпош Урбан бр.20

9КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Целта ни е во Карпош паркирањето да биде најмала „главоболка“ за нејзините жители. Требаше да обе­збедиме пристоен простор за паркирање на возилата на жителите на Општина Карпош на нивните улици, пред нивните домови. Нови паркинг простори за над 300 возила направивме на улиците „Невеска“, „Во­денска“, „Разловечко востание“ во Карпош 4 и во Козле.

БЕЗ „ГЛАВОБОЛКИ“ЗА ПАРКИРАЊЕ

Нови места за паркирање добија и граѓаните на Козле со површина од 600 квадратни метри (во близина на амбулантата),

зделка вредна 992.614 денари

Во Карпош 4 на улицата „Разловечко востание“ изградени се околу 1.000 квадратни метри по врши на, нов паркинг простор вреден 1.901.865 денари.

На улицата „Воденска“ изградени се два паркинг простори 1.500 квадратни метри и нови тротоари, што не чинеше 3.600.000 денари

На улицата „Невеска“ изграден е паркинг простор од 1.000 квадратни метри ,а изгрдаени се и нови тротоари, инвестија од 3.400.000 денари

Page 10: Карпош Урбан бр.20

10 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

НАШИ ГОСТИ

l Господине Бергман, која е примарната цел на Вашата посета на Република Македонија и на на шата Општина?

­ Јас сум петти пат во Македонија и, помеѓу ос­танатото, се занимавам со обновливи извори на енер­ гија, а со оглед на тоа што соработуваме со Фонда­цијата „Фридрих Хебер“, госпоѓица Нена ми кажа дека во вашата Општина има добри примери за тоа како се спроведуваат мерките за обезбедување об­новлива енергија, и затоа миселев дека е добро да ја посетам и да оствариме една ваква средба.l Верувам се уверивте дека препораката на го­

споѓица Нена е оправдана.­ Апсолутно да, но она што е интересно, забе­

лежав дека постои паралелизам помеѓу она што вие го правите овде, со она што се случува кај нас, во Германија. Патем, да ви кажам дека јас сум член на покраинскиот совет, на парламентот на Саксонија Ан хал и дека неодамна реализиравме еден голем

Нашата општина станува незаобиколна дестина­ција за странците кои по разни поводи доаѓаат во посета на Република Македонија. Деновиве, Општи­ната ја посети германскиот пратеник, г. Ралф Берг­ман, експерт во областа на искористување на обно­вливите извори на енергија, член на пратеничката група на СПД и нејзин портпарол за прашања од сфе рата на животната средина во федералната др­жа ва Саксонија Анхалт. Гостинот од Германија беше примен од градоначалникот Стевчо Јакимовски и, при тоа, беа разменети искуствата од областа на животната средина, обновливите извори на енергија и енер гетската ефикасност. Градоначалникот Јакимовски, го информира г.Бергман за проектите кои Општи­ната ги има имплементирано на полето на енергетската ефикасност, вклучувајќи ги и последните проекти – реконструкцијата на основните училишта.

Германскиот експерт за искористување на обновливите извори на енергија, го запозна домаќинот со ак тивностите на тоа поле во покраината Саксонија Анхалт, потенцирајќи дека Германците се повеќе се свртуваат кон градање на колектори за користење на сончевата енергија.

По средбата со градоначалникот, г. Бергман, летово, ги посети обновените училишта, а потоа во супер­латив зборуваше за изгледот и применетите високи стандарди во реконструираните училишта во нашата Општина.

И. Манова

Соработка

ГЕРМАНСКИ ПРАТЕНИК ВО КАРПОШ

Ралф Бергман, енергетски експерт од Германија

ИМПРЕСИОНИРАН СУМ ОД ВАШИТЕ УЧИЛИШТА

Page 11: Карпош Урбан бр.20

11КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

про ект, вреден стотина милиони евра за санација на училишта. Она, што на тој план го сработила Оп­штина Карпош, може да биде пример не само за ре­гионот, туку и за Европа. Видов дека станува збор за примена на енергетска ефикасност во училишта­та, што е посебно важно за квалитетот на условите во кои се образуваат младите генерации.l Каква е Вашата оценка за состојбите во дру­

гите општини во Македонија, во оваа сфера, би­деј ќи претпоставувам дека, при Вашите поранешни посети, сте имале прилика да посетите некоја од нив?

­ Тешко можам да одговорам на ова прашање бидејки во другите општини немав прилика да ја ви дам примената на обновливи извори на енергија. Ме ѓутоа, видов дека во цела Македонија има идеал­ни предуслови за примена на обновливи извори на енергија. Вие имате стручњаци кои можат да ги реа­лизираат ваквите проекти, но не сум баш сигурен де ка овде постои законска регулатива за такво не­што. Ваквите проекти се мошне скапи и без сигурна законска регулатива, тешко дека некој ќе се нафати да финансира еден ваков проект.l Господине Бергман, претпоставувам дека сте

во позиција да можете да направите споредба за тоа каде е Република Македонија во сферата на при­мена на извори на обновлива енергија во според­ба со другите земји од Западен Балкан, односно од Југоисточна Европа?

­ Би можел да кажам дека Македонија многу го користи хидро потенцијалот како регенеративен об лик на енергија. Со оглед на топографијата на другите земји во регионот, претпоставувам дека со­стој бата е слична. Во Германија тоа не е така. Овде недостасуваат постројките на био маса, а колку што ми е познато, мошне малку се користи сончевата енергија.

Кај нас се случува вистински бум во користење­то на сончевата енергија, таканаречениот фото­вол­ тајк. Тоа е можеби чудно ако се имаат предвид кли­матските прилики, но уште е почудно што во Маке­донија и во регионот има многу сончеви денови, но не ма колектори за користење на сончевата енергија. Ис клучок е можеби Грција, во која, од пред дваесе­тина години, постојат колектори за производство на електрична од сончевата енергија.l При Вашата денешна средба со нашиот гра­

доначалник, изразивте чудење околу сумата која е издвоена од европските фондови за реконструк­ција на училиштата во Општина Карпош. Заклу­чивте дека е недопустливо мала. Кој е начинот и што треба да се стори за да се добијат поголеми сред ства за ваквите проекти од тие европски фондови?

­ Тешко ми е да одговорам на ова прашање. Ма­кедонија е кандидат за членство во ЕУ, значи има

мо жност за пристап кон европските пари, но со­стојбата суштински се менува кога ќе станете пол­но правна членка. Можам да ви кажам дека ние, во Саксонија, биевме вистинска битка за да ги добиеме парите за реконструкција на училиштата во рурал­ни те средини.l Со оглед дека Вие сте член на парламентот

во Вашата покраина и експерт во сферата на об­новливи извори на енергија, може ли нашата ло­кална самоуправа да се надева на конкретна по­мош во оваа сфера?

­ Јас сум овде благодарение на Фондацијата „Фридрих Херберт“ и доколку има желба, подготвен сум на секаков вид соработка во сферата во која сум експерт. Колку што ми е познато, идната година во посета на Република Македонија доаѓа голема де ле гација од нашиот Парламент, главно експерти во сферата на енергетиката. Интересно е да се каже де ка кај нас постојат цели региони кои се енергетски независни, сами си ја произведуваат потребната енергија, па дури и ја продаваат. До колку кај вас има заинтересирани за такви проекти, тие можат да сметаат на наша помош, не само во техничкиот дел, туку и околу обезбедување финансиски средства. Но, да повторам, за такво нешто треба да бидат обез­ бедени сите законски предуслови.l Што Вам ви остави најголем впечаток при

сите Ваши посети на Република Македонија?­ Многу ми се допаѓаат прекрасните предели на

Македонија, и тоа уште од пред триесет години, ко­га, инаку, прв пат бев овде. Она што сакам да го ка­жам и притоа да бидам дрзок е следното: Македо­нија има добри политичари, на пат е кон ЕУ, но на нас Германците не ни е јасен, попрецизно, апсурден ни е, спорот со Грција околу името.

Она што го видов денес, овде во вашата Општи­на ­ тоа го велам без трошка куртоазија­и што нави ­ сти на ме импресионира, се секако, вашите училиш­та. Ние, во Германија, многу полагаме на подобру­вањето на условите за образование на децата, но овде видов убави училишта, ниски градби, простра­ни, чисти и уредени училници, големи дворови, кои се како создадени и за примена на таканарече­ната инклузија, односно вклучување во наставниот процес на лица со инвалидитет. Бев и во едно мул­тиетничко училиште и воодушевен сум од тоа како е тоа организирано. Диверзити менаџмент се вика тоа. Гледајќи ги денеска училиштата, во еден мо­мент посакав да можам едно од нив да земам и да го понесем со себе, во Германија.

Со еден збор, импресиониран сум и сигурно е дека она што го видов при посетата на вашите учи­лишта, ќе го применам во мојата покраина Саксо­нија Анхал.

Миле Раденковиќ

Page 12: Карпош Урбан бр.20

12 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Темелната реконструкција на ОУ „Братство„ во населбата Тафталиџе 2 заслужува да влезе во енци­клопедијата на градежните подвизи во поновата ис­торија на Република Македонија. Најпрвин, заради рокот во кој се случи, а потоа и заради потврдата на старата вистина дека сè се може кога се сака, дури и невозможното. А токму тој збор ­ не е возможно­ бе ше постојан придружник на спомнатата рекон­струкција на ОУ „Братство„.

Упорен во намерата во својот втор мандат, обра­зовните институции во Карпош да ги гради според за ев ропските стандарди, градоначалникот Јакимов­ ски се одважи, при крајот на оваа учебна година да на ја ви целосна реконструкција на училиштето „Брат ство“. Таа најава беше проследена со скепса, ду ри и од некои негови соработници, бидејќи пот­фатот не беше спорен, но рокот за неговата реализа­ција им даваше за право на такво мислење.

Градоначалникот Јакимовски остана доследен на ветувањето и токму на време, на стартот на но­вата учебна година, ОУ „Братство„ ширум ги отво­ри новите врати на учениците, наставниците и ро­дителите. Скептиците останаа со подзинати усти и без трошка можност за пословичниот атак на гра­доначалникот.

Токму заради тоа, свеченото отворање на новото училиште „Братство„ беше настан за паметење. Та­зе уредениот двор, на 7 септември беше претесен да ги прими сите што дојдоа да го видат супер модер­ното училиште. Разбирливо, најсреќни беа учени­ците и нивните наставници, Македонци и Албанци, кои своите чувства јавно ги споделија со родителите и сограѓаните од населбата Тафталиџе.

Свеченоста беше проследена со ученичка при­редба на која до израз дојде вистинската мултиет­ничност, достојна на името кое училиштето го носи од своето постоење. И, се разбира, со впечатливи поздравни говори на директорката на училиштето,

Свечености по повод отворањето на реконструираните училишта во Карпош

ОУ „БРАТСТВО„ - ГРАДЕЖЕН ПОДВИГ- ЕВРОПСКО УЧИЛИШТЕСвеченото отворање на училиштето беше проследено со ученичка приредба на која до израз дојде вистинската мултиетничност, достојна на името, кое училиштето го носи од своето постоење до денес

ОБРАЗОВАНИЕ

Page 13: Карпош Урбан бр.20

13КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

госпоѓата Соња Силјановска и градоначалникот Стев­ чо Јакимовски.

„Наша цел беше преку целосна реконструкција на училиштето да создадеме безбедно и пријатно место за преку 500 ученици што тука ја следат на­ставата. Приоритет беше сите зафати да завршат во нај краток можен рок за да можеме новата учебна го дина да ја почнеме во многу попријатен амбиент. Ис кре но се надеваме дека сега нашите ученици ќе би дат дополнително мотивирани за постигнување на врвни резултати и стекнување на нови знаења “, рече директорката Силјановска.

„Една од нашите основни определби беше наши­те деца да учат во модерни и современи училишта.Денес, оваа определба е наша реалност, и на наше огромно задоволство, денеска уште едно основно училиште во нашата општина добива сосема нов лик. Искрено им посакувам на учениците од учили­штето „Братство“ успешна година и убави школски денови во сосема нови значајно подобрени услови“, рече градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

За деталите околу реализација на целиот проект, на свеченоста не се зборуваше, но ние ќе ги спомне­ме бидејки се најречита потврда дека градоначални­кот Јакимовски без остаток го реализира ветување­то дека училиштата во Карпош ќе бидат стокмени според европски терк.

Целосната реконструкција на училиштето чини 65 милиони денари, кои Општината ги обезбеди од соп ствениот буџет. Темелите на училиштето се од

ар мирано бетонско платно, ѕидано е со керамички блокови, покриени со изолација од 10 сантиметри, по довите се обложени со ПВЦ фолија, изградена е це лосно нова водоводна инсталација, изработена е нова кошулка на подовите, а тоалетите се целосно об­ новени, како и фекалната и атмосферска канализа­ција.

Старите прозорци се заменети со нови седум­коморни прозорци и врати, поставена е хидро и тер ­ мо изолација, штедливи светилки, а новата кровна

конструкција е од пластифициран лим и термичка изолација. Значи, применети се сите стандарди за заштеда на енергијата над 30% во однос на претход­ната потрошувачка. При градбата направени се си­те услови за пристап и на учениците со посебни по­тре би. Со еден збор, ОУ „Братство„ е училиште кое во иднина ќе се зема како терк при реконструкцијата и градба на образовни институции според европски стандарди.

М.Р.

АФЕТ ЉАЗИМИ: КАКВА ОПШТИНА ТАКВО И УЧИЛИШТЕ

­ Јас учев во „Братство“ и сега дочекав во него да учат и моите де­ ца, ќеркичката Мелиса. Знам како тоа училиште изгледаше некогаш,

а какво е сега и не треба да се прави спопредба би­дејќи „Братство„ е сега навистина супер модерно училиште. А кога зборуваме за нашето ново учи­лиш те, треба да се каже дека е тоа убаво како што ни е убава целата Општина. Благодарејќи му на гра­ доначалникот Јакимовски, сега имаме, асфалтира­ни улици, тротоари ­ еве, овде, некогаш не можеше да се помине од кал. Знаете, старите велат, каков е до маќинот таква е и куќата. Ние, во Општината имаме добар домаќин и се ни е убаво.

НЕБИ РУШИТОВ: ВАЛА, ПРЕЗАДОВОЛНИ СМЕ И НИЕ И ДЕЦАТА

­ Во „Братство“ ми учат вну­чињата; Медина е во четврто, а Метин во второ оделение и сите се радуваме бидејќи дочекавме по четириест години да добиеме ново училиш те. Јас лично немам зборови да ви опишам колку е уба во да живеете во една населба во која е се сто к­мено за убаво живеење. До вчера недостасуваше токму едно вакво училиште, а сега го имамеме и треба да сме горди што децата ни учат таму.

Page 14: Карпош Урбан бр.20

14 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Поради временскиот теснец, сериозноста на про ­ ектот и обемот на работите на целосната реконстру­кција на ОУ „Братство„, градежните работи и ре­конструкцијата на ОУ „Христијан Тодоровски­Кар­пош“, медиумски беа во втор план. Но токму на све­ченото отворање на ова целосно подновено учи­лиш те во населбата Карпош 1, присутните можеа да се уверат во уште еден летен подвиг на локалната са мо управа на Општината Карпош.

Овој, за училиштето историски настан, се случи на пригодна свеченост, со ученичка приредба, во при суство на ученици, наставници, нивните роди­те ли и граѓани од населбата Карпош 1.

Во своето обраќање пред присутните, директор­ката на ОУ „Христијан Тодоровски­Карпош“, госпо­ѓа та Христина Борисов, помеѓу останатото, рече: „По 57 години воспитно­образовно постоење, 57 ра злични генерации кои излегоа со високо кренати гла ви гордеејќи се што учеле во ,Христијан Тодо­ров ски­Карпош“, подготвени да се соочат со живот­ните предизвици, но 58. генерација на ученици ја имаше таа среќа да ги исполни соништа на претход­ните генерации татковци, мајки, баби и дедовци, кои

некогаш биле ученици во ова училиште. Денес, ОУ „Христијан Тодоровски­Карпош“ е едно современо училиште со најдобра надворешна и внатрешна изо ­ лација, со нови врати и прозорци, со комплетно ре­новирани и уредени училници, тоалети“...

На крајот од своето обраќање, госпоѓата Бори­сова со избрани зборови им се заблагодари на сите што учествуваа во подновувањето на нивното училиште, истакнувајќи дека најголемата благодарност, во име­ то на учениците и вработените во училиштето, ја упа­ тува до градоначалникот Стевчо Јакимовски.

ОУ „Х.Т. КАРПОШ„ -ТРИЕСЕТ МИЛИОНИ ДЕНАРИ И ТОЛКУ ПЕТКИ „Се надевам дека 30-те милиони денари потрошени за реконструкција на вашето училиште ќе се претворат во 30 милиони петки, кои вие ќе ги постигнете во вашето ново училиште“, рече градоначалникот Јакимовски на свеченото отворање на целосно реконструиранато училиште „Х.Т.Карпош“

Page 15: Карпош Урбан бр.20

15КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Возвраќајќи на пофалбите, градоначалникот Ја­кимовски, меѓу другото, истакна: . „Горд сум што сум израснал во Карпош, горд сум што сум учел во Кар­пош, горд сум што токму мене ми припадна таа чест, во мојот мандат да извршам реконструкција на сите основни училишта во нашата Општина. Има места во Македонија каде што се гледа кое училиште е по­лошо од другото, но кај нас, во Карпош, се гледа кое училиште е поубаво од другото.

Се надевам дека 30­те милиони денари потроше­ни за реконструкција на вашето училиште ќе се пре­ творат во 30 милиони петки, кои вие ќе ги постигне­те во вашето ново училиште“, заклучи градоначал­никот Јакимовски.

И радоста на учесниците на оваа свеченост, но и ис кажаните пофалби се темелат врз факти кои, на­кратко изгледаат вака: Во целосната реконструкција на училиштето се инвестирани 30.500 милиони де­нари, средства одвоени од Буџетот на Општина Кар­ пош. За тие пари поставен е нов покрив, направена е нова термичка фасада, заменети се сите прозорци. Изградени се нови тоалети, поставена е комплетно нова електрична инсталација, како и нови штедливи све тилки. Со цел зголемување на безбедноста, е по­ставе на хидрантска мрежа, противпожарна дојава и видеонадзор.

Покрај ова, поставена е нова фекална и атмосфер­ ска канализација и нов водовод. Училишниот двор е хортикултурно уреден, а изградени се и нови пе­шач ки патеки. Сите училници се целосно реновира­ни и опремени со нов мебел.

М.Р.

ЗОРКА СИЉАНОСКА: СЕ РАДУВАМ ЗАРАДИ ВНУКАТА

­ Во ова исто училиште одеа синот Драган и ќерка ми Драгица, а еве сега дочекав тука да ми учи и внуката Елена, а наскоро и ма­ла ва Милица. Ние, порано, не гле­

дав ме какво е училиштето. Училиште како и секое дру го, меѓутоа, сега гледам што значи убаво и с ре­дено училиште. Варосани училници, нов мебел, голем и уреден двор, спортска сала, навистина пре красно. На учениците им преостанува да водат сметката училиштето секогаш да биде чисто и уредено, како што е сега.

НИНОСЛАВ ЗДРАВКОВСКИ: УЧИЛИШТЕТО Е ТИП ТОП

­ Ако ме прашувате што ми­слам за сегашниот изглед на на­шето училиште, ќе ви одговорам со два збора: тоа е тип топ, во се­кој поглед, вели Нинослав роди­тел на Јована и Теа, одличните ученички во „Х.Т. Кар пош“. Впрочем и населбата ние таква и нави­стина е убаво кога децата ќе ви учат во училиште, кое, сега по реновирањето, ги задоволува сите стан­ дарди.

Page 16: Карпош Урбан бр.20

16 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во дворот на ОУ „Аврам Писевски“, пред него­вата блескава фасада, на 30­ти септември навечер, се одржа општонародна веселба, од поодамна неза­бележана во населбата Бардовци. Покрај главните сла веници, учениците и нивните наставници, све­ченото отворање на подновеното училиште го уве­

личиjа нивните родители и роднини, претставни­ците на локалната самоуправа на Општината Кар­пош, на чело со градоначалникот и естрадните звез­ ди Росана и Александар Митевски.

Сплетот од заблагодарувања и пофалби што за но вото училиште ги разменија учениците, директо­

ОУ „АВРАМ ПИСЕВСКИ“- УЧИЛИШТЕ СО НАЈУБАВА ФАСАДА ВО ДРЖАВАТА

Page 17: Карпош Урбан бр.20

17КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

рот на училиштето Драган Петковски и градоначал­никот Стевчо Јакимовски, беше зачинет со пригод­на културно уметничка програма, достојна на пово­дот за таа, навистина општонародна веселба.

Понесен од тој амбиент, директорот на училиш­тето, г. Петковски, покажувајќи на новата фасада и целосно подновеното училиште, помеѓу останатото рече дека е горд што раководи со едно од најубавите училишта, не само во Општината и градот Скопје, туку и во Републиката. Громогласниот аплауз со кој беше проследен неговиот кус и впечатлив говор, во кој, покрај останатото вети уште поголеми резулта­ти во воспитно образовниот процес, двојно се зго­леми кога потенцираше дека главен „виновник„ за ни вната вечерашна радост е градоначалникот Јаки­мовски.

„Освен што покрена инцијатива и обезбеди средства за подновување на нашето училиште, гра­доначалникот, со своите стручни сугестии даде не­мерлив придонес училиштето да изгледа вака уба­во„, заврши директорот Петковски.

Заблагорувајќи се на топлиот пречек и пофал­бите, првиот човек на Општина Карпош, призна де­ка и самиот е пред дилема кое од училиштата во Карпош е најубаво, но нагласи дека ОУ „Аврам Пи­севски„ ќе биде навистина најубаво кога ќе добие

нова ограда и нов базен. Тој присутните ги потсети дека во изминатите три години, Бардовци добило нови улици и тротоари, фекална канализација и па­теки... и дека до карајот на годината ќе има нови ра­ботни зафати за неговото целосно урбанизирање.

По севеченото сечење на лентата и масовно раз­гледување на реновираните училници и другите ра­бот ни простории, воодушевените ученици и ни­вни те родители ги проследија урнебесните настапи на Алекандар Митевски и Росана, на кои својски им помагаа најмалите славеници.

Прославата на овој, за Бардовчани историски чин, заврши со пригодна закуска, кога многоброј­ните граѓани ја искористија можноста на градона­чалникот лично да му се заблагодарат, да му се по­жалат и да го прашаат за ова или она.

Си заминавме, а зад нас, осветлено со рефлек­тори, остана да светка училиштето со најубавата фасада во државата.

М.Р.

МИНА ЧАКОЛИ: БОГ ДА ГО БЛАГОСЛОВИ ЧОВЕКОТ

Како да не сум среќна и задо­волна кога во вака убаво училиш­те учат три мои внучиња. Во него учеа и нивните родители, моите три деца и сите сме среќни и благодар­

ни на директорот, на наставничките и сите кои ва ка го разубавија нашето училиште. Јас меѓутоа са кам да кажам: Господ да го благослови градона­чалникот Јакимовски, оти да не беше тој ние не­маше да имаме вакво училиште и вака дотерана на­ селба. Тој е човек кој се гржи и за нас обичните смртници...

ДЕЈАН ДИМЧЕВСКИ: РАЗУБАВЕНА НОСТАЛГИЈА

Јас со носталгија се сеќавам на времето од пред триесет и ку­сур години кога бев прва генера­ција ученици што првите букви ги научија токму во ова училиш­те. Дочекав, во него, денес, да учат и моите деца, Елена, која е во седмо одделение и Илија кој учи во четврто одделение. Треба да се потсетиме дека и порано, училиштето беше опремено според сите стан дарди и со опрена од фирмата „Елан“. Среќен сум што моите деца учат во едно од најубавите учи­ лишта во градов и ја искажувам сета почит и бла­годарност до оние кои придонесоа тоа да изгледа вака убаво и средено. За пример.

Page 18: Карпош Урбан бр.20

18 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

НАШИ ХЕРОИ

ИВАН И СПАСЕ - И СЕ Е ЗАВРШЕНО

ИВАН: ГРАДЕЖЕН ВЕТЕРАН И ХЕРОЈ

Големите градежни потфа ти секогаш се сврзани со пое динци, вистински херои. Во на шиов случај, подвигот во ре конструкцијата на ОУ „Братство“ е неодвоив од името на Иван Крстев, првиот човек во градежната оператива на „Аполо Инжeнеринг„.

Овој доајен во градежништвото, актер на сто­тина слични подвизи на ГП „Техника“ низ гради­лиштата ширум поранешната Југославија и во стран­ ство: Русија, Либија, Туркместан... вели дека секо­гаш целосно бил посветен на работата што му била доверувана и добрите резултати никогаш не изо­станувале.

На мојата забелешка, дека градоначалникот Ја­кимовски многу често го спомнува и го посочува

како вистински херој, Иван возвраќа дека таквата квалификација повеќе важи за градоначалникот. ­ Знaете, јас сум имал одлична соработка и со други градоначалници, но моето искуство со господинот Јакимовски е поинакво. Да бидам искрен, неговата постојана грижа за работите околу реконструкција­та на „Братство“ и на другите објекти што ги гради­ме во Карпош, за мене беше поттик и навистина, целосно се вложив. Еве, деновиве ме стаса уморот, така што морав да побарам и лекарска помош.

Иван е роден во Босилеград, но речиси целиот жи вотен и работен век го поминал во Македонија. Оженет е и има три ќерки; Билјана, дипломиран сто­ матолог, Катарина, дипломиран филолог и Марија студентка на Филолошкиот факултет. Вели дека, без оглед на секојдневните професионални обврски, целосно е посветен на семејствотото, на вдомување­то на трите свои убавици.

­ Јас, своите односи сам си ги градам со оние кои ме опкружуваат и со кои работам и соработувам. И до колку се совпадне и другата страна да ги споделу­ва моите видувања и пристапот кон работата, то­гаш стануваме и пријатели.

На севченоста по повод отворањето на реконстру­ ираното училиште „Братство„, градоначалникот Ја­ кимовски на г. Иван Крстов, во знак на благодар­ност, му врачи рачен часовник, и тоа беше повод да го запрашам што мисли за наградувањето.

­ Јас многу не сум размислувал за наградите. Тие треба да се заsлужат и кога ќе ја добијам, а сум ги до ­ бивал и порано, знам дека се заслужени. Наградата и пофалбите од г. Јакимовски ми се посебно драги бидејќи го сметам за вистински градоначалник, за човек кој домаќински се грижи за својата Општина.

Херои во реконструкцијата и разубавувањето на училиштата во Карпош

Една од доблестите на градоначалникот на Оп штина Карпош, Стевчо Јакимовски е секако и него вото вродено чувство, во секоја пригода јавно да ги истакне скромните поединци, актери на немерливи по дви зи во севкупната европеизација на нашата оп штина во последниве неколку години. Имено, во оп штата сла веничка еуфорија при отворањето на три те реконструирани основни училишта во Кар пош, кога теле визиските камери и очите на јавноста беа вперени во него, тој со избрани збо рови посебно им се заблагодари на тројца. Го направи тоа на трите од делни свечености, изразу вајќи им лична благодарност на Иван и Спа се, кои де ноноќно демнеа над те мелната реконстру кција на учи лиштето „Братство„ и санацијата на „Христијан Тодоровски Карпош“.По сплет на околностите, славениците и остана тите присутни на свеченоста во ОУ „Братство“, имаа мо жност да го видат Иван, кога градоначалникот му го врачи рачниот часовник, но за многумина, спомнатиот Спасе остана анонимен, но херој за восхит и пример. Весникот „Карпош Урбан“ има чест на ја вноста да и ги претстави двај-цата трудбеници, кои совесно си ја вршеа својата должност, не размислувајќи за пофалби и награди, овојпат упатени од вистинското место

Page 19: Карпош Урбан бр.20

19 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

СПАСЕ: ДОМАЌИНСКИ, ДОМА И НА УЧИЛИШТЕ

Спасе Стефановски е до маќин во ОУ „Христијан То доровски Карпош“, или по прецизно кажано, оној што од 2006 година се грижи во училиштето се и се­когаш да биде на своето место, од разлабавеното стол че, до чешмата во школскиот тоалет. Постојано е во дви жење и секогаш насмеан, бидејќи, како што ве ли, работата целосно го исполнува. Роден е во сла вното Гари, пред педесет и некоја година, оженет е и има два сина. Постариот, Левче, е туристички те хничар и успешен музичар, а помалиот Бошко е уче ник во гимназијата „Кочо Рацин“.

Во разговорот што го водевме во една сосема нова училница, Спасе телеграфски ги реди подато­ците од својата животна и работна биографија и не

про пушта да нагласи дека често скокнува до родно­то Гари за да ги наполни „батериите“ за полесно справување со цивилизациските обврски.

­ Јас завршив за сообраќаен техничар, но по сплет на животните околности, малку работев во струката. Пред да дојдам во училиштево, работев во Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“ и во Гранд хотел и бев задоволен од работата, но по доаѓањето во учили штево, се пронајдов себе си. Постојано сум опкру жен со дечиња и тоа ме подмладува и ми ја олеснува секојдневната работа. Досега, имам „сме­нето“ три директорки и за моја среќа, со сите имав и имам од лична соработка.

Годинава сум посебно среќен бидејќи сега имаме училиште какво што јас си го замислував. Се е до­ведено во ред и нам ни преостанува да се грижи ме такво да биде и во иднина... Кога по чна рекон­струкцијата, јас не чекав некој да ми наре ди што треба да работам. Им се придружив на мај сторите и работев сè, до местење стиропор, до варо сување на училиштето. Првпат кога не посети гра доначални­кот Јакимовски, ми даде некои задол же нија и се ра­збира јас ги реализирав без офкање, би дејќи, нави­стина сакав да работам во училиште кое изгледа ка­ко нашево...

­ Искрено ви велам, не очекував некои посебни по фалби, но би лажел ако не речам дека тие ми го­дат, посебно оние од градоначалникот Јакимовски, кој е секако најзаслужен што сега имаме училиште со кое можеме да се гордееме.

М.Р.

Во организација и под покровителство на Општина Карпош и на градоначалникот Стевчо Јакимов­ски, на фудбалското игралиште „Алумина“,се одржаа Првите пензионерски спортски игри. На овие игри учествуваа двете пензионерски здруженија од Општината: „Карпош “ и „Тафталиџе“. Нaтпреварите се одржаа во шест дисциплини, и тоа во: шах, влечење јаже, пикадо, фрлање ѓуле, скок од место, и трчање 60 метри за жени и 80 метри за мажи. Сите дисциплини беа во машка и женска конкуренција, а за најдобрите беа обезбедени пехари. Во натпреварите на Првите пензионерски спортски игри беа постигнати следните резултати:

Во фрлање ѓуле за мажи првото место го освои Павле Трајковски, второто Саве Величковски, а тре­тото Драги Стефковски. Во фрлање ѓуле за жени, првото место го освои Цветанка Миновска, второто Ле посава Митковска, а третото Пандора Тодоровска. Во пикадо за жени, првото место и припадна на Бо­жана Божиновска, второто на Јулијана Зиковска, а третото го поделија Лилјана Андоновска и Мирјана Спирова. Во пикадо­мажи, прво место освои Славе Симоновски, второ Кузман Дамевски, а тре то Борис Здравковски. Во скок во далечина, прво место освои Мирко Михајловски, второ Стеван Нико диновски, трето Драги Стефковски Во шах мажи првото место му припадна на Ноки Трајановиќ, второто на Ѓуро Ца цановски и третото на Звонко Димитриевиќ. Во шах жени победник беше Цвета Миновска а втора бе ше Благица Душкова, Во трчање на 60 метри жени победи Пандора Тодоровска, втора беше Вер ка Смиљковска, а трета Вера Богдановска. Во трчање 80 метри мажи, прв на целта стаса Павле Трај ковски, втор Мирко Михајлобвски, а трет Драгиња Стефковски. Во влечење јаже победници беа пензио нерите од здружението Карпош. По завршувањето на игрите сите учесници имаа заеднички ру чек.

ПРВИ ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ ИГРИ ВО КАРПОШ

Page 20: Карпош Урбан бр.20

20 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ20

ИНТЕРВЈУ Даниел Димовски, претседател на Кошаркарската федерација на Македонија

Во македонската спортска јавност нема дилеми околу фактот дека зад воскреснувањето на Кошар­карската федерација и историските подвизи на ма­кедонската кошаркарска реперезентација, најголе­ма заслуга има нејзиниот претседател Даниел Ди­мов ски. Самиот тој смета дека за тие подвизи заслу­ги имаат неговите соработници и нашите кошар­кар ски асови. Повод за разговор со господин Димов­ ски е неговата донација на топки и семафор на учи­лишните кошаркарски тимови во Општина Карпош.l Се наоѓате на чело на една од нај успешните

спортски организации кај нас. Како стасавте до тој општо признат епитет?

­ Со целосна предаденост, со работа, ентузијазам и луѓе кои на кошарката и се посветени без задршка. Кога, пред осум години, дојдов на оваа функција, состојбите беа за никаде. Тогаш ми се придружија оние кои размислуваа како јас и беа подготвени без никаков личен интерес да и се посветат на кошарка­та, односно на кошаркарската организација. Фор­миравме управен одбор од петнаесет членови и тргнавме, сите свесни за општествената одговорност при секоја наша активност. Навистина, на мускули, но од старт не дозволивме во кошарката да влезе политиката, а при тоа имавме неподелена поддршка од клубовите.

Морам да признам дека тогаш и не бевме инте­ресни, немавме пари, немаше резултати, нема гла­

со ви и, од нас бегаа како ѓавол од крст. Тоа ни овозможи, понастрана од политиката, да ги реали­зираме зацртаните цели. Кога дојдоа првите резул­тати, кога станавме национални спортски херои, кога плоштадите почнаа да се полнат, сите се свртеа кон нас. Проработеа дигитрончињата, кошарката и клу бовите наеднаш станаа интересни за бизнисме­ните и за локалните власти по општините, ширум Македонија.l Во другите спортски федерации состојбите

се поинакви, попрецизно, онакви се какви што беа на Вашиот почеток во Кошаркарската федера­ција. Нема врвни резултати, спортски херои, нема полни плоштади, ниту богати спонзори?

­ Ми давате шлагворт да ви се пофалам дека прв­пат оваа година дојдовме во ситуација да калкули­раме со спонзорите. Имено, за местата за четири главни спонзори се пријавија шест кандидати и ние сме на слатки маки, кого да го одбереме. А листата на заинтересирани е двојно поголема и, се разбира, сите се добродојдени. Пред осум години, состојбите беа поинакви. Освен што никој не се јавуваше, ние немавме кому да му се јавиме за помош. Оние што се јавуваа, или не тужеа, или сакаа да не тепаат за­ради долговите што во аманет ни ги оставија наши­те претходници.l Пресвртот дојде по блескавиот успех, освоју­

вањето на деветтото место, а потоа и на четвртото

НАСЛЕДНИЦИТЕ НА МЕКЕЈЛЕБ И АНТИЌ БЛЕСКААТ ВО ЕВРОПСКИТЕ КЛУБОВИ

Page 21: Карпош Урбан бр.20

21КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

место во Европа. Ако не се лажам, тргнавте од ни­каде?

­ Да, може да се рече така, бидејќи тргнавме од втората европска дивизија, со цел да стасаме некое скалило погоре. Да бидам искрен, имавме визија и стратегија, но не ни сонувавме да стасаме до деветтото, а потоа и до четвртото место во Европа. Тоа се све­тлосни години, а тие се поминуваат со работа и со ре зул тати во континуитет. Во што друго сме ние по­високо рангирани во Европа и во светот? Можеби само во криминал...l Каква е состојбата во клубовите, го следат

ли тие летот на А кошаркарската селекција?­ Искрено, јас сега маки мачам, бидејќи не знам

што да правам со огромниот интерес, со дваесет но­ви клубови. Маката е слатка, но некој без наша со­гласност донел Закон за пререгистрација, за праве­ње на акционерски друштва, со што, во стартот ти ги сече, не едната, туку двете нозе. Сега, кога треба да направиме нов исчекор, не прават инвалиди. Тој закон е веќе сега мртвороденче, но штетите шо ќе ги направи се несогледливи. И она што е најапсурд­но, нас при неговото донесување никој не не консултираше. Ние, писмено, го оспоривме, но ни­кој не го зеде предвид нашето мислење. Но, закон си е закон, и мора да се почитува.l Претпоставувам дека имате стратегија за

одржување на овој победнички тренд на А селек­цијата?

­ Ние сме мала држава и не можеме да очекуваме во една селекција да се појават пет, шест супер та­лентирани кошаркари. Но, природно е нели, да се појават еден или двајца. Е, токму врз нив ја градиме нашата стратегија, која за епилог ќе има квалитетна А репрезентација. Одлучивме да се фокусираме то­кму на тој еден или двајца талентирани млади ко­шаркари, да инвестиравме во нив, и се разбира, „фид бекот“ да биде нивната игра во водечката др­жавна селекција. За среќа, ние имаме такви и нема долго да се чека тие да блеснат на главната сцена.l Можете ли да ни откриете кои се, и каде се

тие супер талентирани момчиња?­ Во генерацијата 1995 година има едно суперта­

лентирано момче, измислена четворка, висок 205 см. Во генерацијата 1996 имаме двајца млади асови, Магдевски и Николов, двајцата беа во старт ните пет во сите европски категории. И двајцата се плејмејкери и верувам дека ќе жарат и ќе палат низ Ев ропа. Во иста класа е и едно момче, Двојаков од Бе рово. Високо е 204 см, а има само 15 години. Плеј­меј кер ­ боли глава. По се, ист Тони Кукоч, а тренира во Уникаха.l Каде се другите тројца?­ Едниот е во Хувентуд, другиот во Партизан, а

третиот во Галатасарај. Сите се во врвни европски тимови и нема вараќање назад. Нивниот од кон

врвот е загарантиран. Друга работа е што јас лично имав маки да се изборам тие суперталентирани мо­мчиња да не завршат во некоја друга репрезентација. Заби ни израснаа, трите од тие момчиња да ги за­држиме. Благодарејќи на мојата позиција во ФИБА, ги додржавме.l Каде е во целава оваа приказна државата,

Агенцијата за млади и спорт?­ Оваа година, септември е, прва година во која

ние, до ден денешен, од државата не сме добиле ни­ту еден денар. Според договорот, на нашата сметка за годинава треба да се уплати сума од 1.200.000 де­на ри, нецели 20 илјади евра. И сега, видете вие, за ка кви проекти ние зборуваме, ние, четврта селекци­ја во Европа?l Што уште во нашата кошарка не е на рено­

мето на А селекцијата?­ Најслаба алка во тој синџир е тренерскиот ка д­

ар. Ние немаме доволен број квалитетни тренери, но веќе сме фокусирани на тој проблем и се надевам дека еден ден ќе имаме стручњаци кои ќе создаваат повеќе квалитетни играчи и тимови.l Со оглед на постојаните финансиски пробле­

ми на клубовите од внатрешноста, што презема Фе де рацијата околу нивната консолидација?

­ Во нашата почетна стратегија зацртавме да не­ма град во Македонија без кошаркарски клуб. Ако сега ја погледнете таа наша, условно речено, кошар­карска мапа, ќе видите дека Македонија е ишарана. Во секој град има или прволигаш или второлигаш, младински тим... Освен што ние клубовите ги по­магаме со оние, така да кажам, банални работи, топ ки, дресови, семафори, остваруваме средби со прет ставниците на локалната самоуправа, но и со оние кои можат да бидат спонзори на локалните ти­мови. Во Македонија нема градоначалник со кој ли­чно не сум се сретнал и не сум лобирал според на­шата стратегија.l Каде е Карпош во таа ваша стратегија?­ Карпош е посебна приказна. За среќа на кошар­

ката, таму има поединци кои со помош на локалната власт и градоначалникот Јакимовски, прават убави работи. Тие целосно се вклопуваат во нашата стра­тегија. Во тек сум со нивната школска лига и освен нашата вербална поддршка, Кошаркарската федера­ција на кошаркарските екипи во сите училишта, ќе им подари топки и семафор, се разбира, доколку има сала во која тој би се монтирал.

Со господинот Дане Стојковски, главниот „ви­новник“ за процутот на кошарката во Општина Кар пош, веќе договоривме средби на младите спор­тисти со нашите кошаркарски асови Мекејлеб, Перо Антиќ, Илиевски, браќата Стојановски.

Миле Раденковиќ

Page 22: Карпош Урбан бр.20

22 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

СОРАБОТКА

Соработката на Општина Карпош со г­ѓа Жа­нина Стаменкова, магистрант на Градежниот фа­култет во Скопје, резултираше со одбрана на маги­стерскиот труд на тема „Методи за утврдување и по до брување на енергетската ефикасност на гра­дежните објекти“, која на 27 септември имаше јавна одбрана во просториите на Градежниот факултет во Скопје.

Ова е прв научен труд од ваков вид во Македо­нија кој се занимава со енергетската ефикасност од си те аспекти, и што е уште поважно, изработен е на конкретен објект ОУ „Христијан Тодоровски­Кар­пош“ во Општина Карпош.

Соработката со кандидатот која започна со по­датоците и енергетскиот аудит на стариот објект, во научниот дел разработува методи на пресметка на топлинските загуби во објектот и изведени решени­ја за примена на термоизолација на ѕидови, столари­ја, подови и покривна конструкција, како и аплика­тивни пресметки на крајните ефекти.

Kандидатот ја користеше методологијата од „Правилникот за мерките за енергетска ефикасност кои треба да ги исполнат проектите за изградба на но ви и реконструкција на постојните објекти како услов за добивање на одобрение за градење од Оп­штина Карпош“ што Општина Карпош го донесе во февруари 2012 година.

Општина Карпош, врз база на овој научен труд ја изврши реконструкцијата на општинското основ­но училиште „Христијан Тодоровски­Карпош“ ка­ко пример на практична примена на науката.

Како што беше кажано од научните работници на одбраната на магистерскиот труд, ова е почеток на една нова сфера на соработка на науката и ло­калната власт, од која треба да резултираат многу конкретни реализирани научни трудови применети и аплицирани во реалната сфера.

Во името на градоначалникот и тимот од Одде­лението за енергетска ефикасност, кој во измината­та година имаше чест и задоволство активно да со­работува со кандидатот, со честитките за успешна од брана на магистерскиот труд, да посакаме нови заеднички истражувања во оваа област кои ќе ре­зултираат со изработка на докторската дисертација.

Љупчо Димов

ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ВО СПРЕГАСО НАУКАТА

ГРАДБА СПОРЕД ЕВРОПСКИ СТАНДАРДИ

Бидејќи живеам во Општина Карпош и сум ин­ формирана за многу проекти од областа на енер­гетската ефикасност што се реализираат на нејзи­ната територија, одлучив во мо јот магистерски труд да ја обработам енергет ската ефикасност на конкретен објек­ОУ „Христијан Тодоровски Кар­пош“. Мојот предлог беше прифатен од раководство­ то на општината и спомна тово училиште е прво во Републиката кое е рено вирано според теорет­ските пресметки содржани во мојот труд.

Со оглед што Општината има донесен Правил­ник за градба според стандарди, неопходни за се­кој објект да биде енергетски функционален, ра­ ботата ми беше олеснета при пишувањето на ма­гистерскиот труд. Ги користев параметрите од тој Правилник и тие беа практично имплементирани на конкретниот објект.

При реконструкцијата на спомнатото училиш­те, целосно се применети научните парамет ри за квалитетот на материјалите употребени при ре­кон струкцијата. Поедноставно кажано, учили­штето е сега целосно енергетски функционално, а за таа да биде постојана, неопходно е домаќинско однесување. Со други зборови, сега е нужна из­работка на Упатство со кое ќе биде пропишано про­ ветрување на простори ите, бидејќи ако тоа се пра­ ви произволно, опти мал ната енергетска ефикас­ност ќе биде нарушена.

Page 23: Карпош Урбан бр.20

23КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации ­УНЕСКО и фондацијата „ГОИ“ од Токио, Јапонија, во рамките на одбележу­вањето на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој во образованието“ (проект што трае од 2005 до 2014 година и во кој активно се вклу­ чени 144 земји­членки на УНЕСКО и земји­набљу­дувачи), и годинава организира меѓународен лите­ратурен натпревар за ученици­основци.

Темата на годинешниот конкурс е „Да создаваме иднина каква што сакаме“, на кој вторпат еднопо­друго, учествуваат и учениците од ОУ „Лазо Трпов­ски“ и ОУ „Владо Тасевски“.

Прелиминарната фаза на натпреварот, коорди­ниран од менторите Стефан Симовски, Соња Јо­вановска и Лилјана Симоновска., успешно ја поми­наа дванаесет ученици од ООУ „Лазо Трповски“: Росица Турмакоска, Маја Петревска, Мартина Јова­новиќ, Сара Петкоска, Дамјан Антевски, Андреа Ко лар, Марија Угриноска, Јована Маројевиќ, Нико­ла Мајстороски, Теодора Аврамоска, Мартина Са­маракова и Жарко Кртолица.

Во ООУ „Владо Тасевски“ наставниците Виолета Панев, Билјана Ингилизова, Смиља Христовска и Санда Пулевска, за успешно изработени ги одбраа твор бите на седумнаесетте ученици: Маја Алексов­ска, Петар Алексовски, Ива Анастасова, Бојана Аневска, Марија Арсова, Меги Блажевска, Марио Чо ланчевски, Никола Димитровски, Еленица Хри­стовска, Тамара Илиоска, Кристина Јакимовска, Ка­

терина Колчаковска, Ана Марковска, Елена Прен­џова, Мелина Стојановска, Ангела Стојчевска и Кристијан Угриновски.

На 2 октомври 2012 година во аулата во ООУ „Лазо Трповски“ свечено им беа врачени признани­јата за учество на финалистите од двете скопски училишта. Во таа пригода, лауератите ги поздрави и при знанијата им ги врачи, нејзината екселенција, по чесниот конзул на Јапонија во Република Македо­нија, Казу Лешниковска.

На овој начин учесниците од двете основни учи­лишта добија можност да творат на иста тема за­едно со повеќе од 8000 свои врсници од целиот свет. Личната творба напишана во форма на есеј не сме­еше да содржи повеќе од 800 збора и мораше да би­де напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштата (на германски или на ан­глиски јазик).

Првата и втората награда се парични, а стручно­то жири доделува вкупно 33 награди за најуспешни­те млади автори и специјални награди за најуспеш­ни училишта на натпреварот. Наградите на младите автори од целиот свет ќе им бидат врачени на све­ченост што ќе се одржи во Токио на 25 ноември го­ди нава. На првонаградениот млад автор патните тро шо ци и престојот целосно му ги покриваат орга­низа торите на овој светски реномиран натпревар. Да спомнеме дека покровител на натпреварот е ми­нистерот за образование, култура, спорт, наука и те­ хнологија на Јапонија.

Стефан Симовски, координатор на проектот

ПОСТИГНУВАЊАМеѓународен литературен натпревар за млади 2012, Токио, Јапонија

НАШИ АДУТИ, ЛИТЕРАТИТЕ ОД „ЛАЗО ТРПОВСКИ“ И „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“

Page 24: Карпош Урбан бр.20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ24¯Претстојни проекти ¯Во тек на изведба

 ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА1¯ Изградба на фекална канализација

по ул. Ловќенска2¯ Изградба на фекална канализација по ул.

Братфордска3¯ Изградба на фекална канализација по по

Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

4¯ Изградба на фекална канализација по непробиен дел од ул. Борка Талевски

5¯ Изградба на фекална канализација по дел од ул. Скупи

ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА6¯ Изградба на атмосферска канализа ција

по Новопроектирана улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

7¯ Изградба на атмосферска канализа ција по непробиен дел од ул. Борка Талевски

8¯ Изградба на фекална канализација по крак од ул. Адолф Циборовски (Порта Козле)

ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА МРЕЖА9¯ Изградба на водоводна мрежа по ул.

Адолф Циборовски10¯ Изградба на водовод по Новопроектирана

улица 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

11¯ Изградба на водоводна мрежа по непробиен дел од ул. Борка Талевски

ТРОТОАРИ  НА УЛИЦИ12¯ Реконструкција на тротоари на ул. Хашка

13¯ Реконструкција на тротоари по ул. Струшка

14¯ Реконструкција на тротоари на ул. Никола Парапунов

15¯ Реконструкција на тротоари на ул. Гаврил Лесновски

16¯ Реконструкција на тротоари на ул. Осло

17¯ Реконструкција на тротоари на ул.Извор

18¯ Реконструкција на тротоари на ул. Сливовска

19¯ Реконструкција на тротоари на ул. Кленоец

20¯ Реконструкција на тротоари на ул. Бабуна

21¯ Реконструкција на тротоари на ул. Владимир Каваев

22¯ Реконструкција на тротоари на ул. Пресека со краци

23¯ Реконструкција на тротоари на дел од ул. Ловќенска

24¯ Реконструкција на тротоари на ул. Ловќенска 2

25¯ Реконструкција на тротоари на ул. Скупи 3

26¯ Реконструкција на тротоари на ул. Скупи 22

27¯ Реконструкција на тротоари и патеки во Карпош 2

28¯ Реконструкција на тротоари на ул. Јуриј Гагарин од ул. Козле до бул. Т. Гологанов

29¯ Реконструкција на тротоари на ул. Братфордска, дел 2

30¯ Реконструкција на тротоари на ул. Копачка

31¯ Реконструкција на тротоари на ул. 10, 12 и 14 во УЗ Бардовци

32¯ Реконструкција на тротоари на ул. Кнез Хацон

33¯ Реконструкција на тротоари на ул.Лесновска

34¯ Реконструкција на тротоари на ул. Константин Презвитер

35¯ Реконструкција на тротоари на ул. Трнодол

36¯ Реконструкција на тротоари на ул. Поп Богомил

 АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ37¯ Реконструкција на постоечка ул. Козле 2

38¯ Асфалтирање на ул. Копачка

39¯ Асфалтирање на ул. Хашка

40¯ Асфалтирање на ул. Осло

41¯ Асфалтирање на ул. Каирска

42¯ Асфалтирање на пристапна улица (мавровска населба) Влае 1

43¯ Асфалтирање на ул. Козле 9

44¯ Асфалтирање на ул. Козле 11

45¯ Реконструкција на крак од ул. Ванчо Мицков

46¯ Асфалтирање на ул. Бриселска

47¯ Асфалтирање на ул. Гаврил Лесновски

48¯ Асфалтирање на ул. Крчин

49¯ Асфалтирање на ул. Пијанец

50¯ Асфалтирање на ул. Леринска

51¯ Асфалтирање на ул. Ловќенска

52¯ Асфалтирање на ул. Стрезово

53¯ Асфалтирање на ул. Брафтордска

54¯ Асфалтирање на ул. Милан Марковиќ

55¯ Асфалтирање на ул. Јуриј Гагарин од ул. Козле до бул. Теодосиј Гологанов

56¯ Асфалтирање на Његошева крак 2 и крак 3

57¯ Изградба на Новопроектирана ул. 1 и ул. 2 во УЗ Карпош 3 (Филип Втори)

58¯ Асфлатирање на ул. Козле 2

59¯ Асфалтирање на ул. Козле 3

60¯ Асфалтирање на ул. Извор

61¯ Асфалтирање на ул. Кленоец

62¯ Асфалтирање на ул. Бабуна

63¯ Асфалтирање на ул. Владимир Каваев

64¯ Асфалтирање на ул. Пресека со краци

65¯ Асфалтирање на дел од ул. Ловќенска 9

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

 ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА1¯ ИЗГРАДБА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА1

ПРОЕКТИ-ГРАДИМЕ И ЌЕ ГРАДИМЕ

Page 25: Карпош Урбан бр.20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ 25¯Претстојни проекти ¯Во тек на изведба

66¯ Асфалтирање на ул. Скупи 6

67¯ Асфалтирање на ул. 2 Бардовци

68¯ Асфалтирање на ул. 10 Бардовци

69¯ Асфалтирање на пристапен пат до пречистителна станица во Г. Нерези

70¯ Асфалтирање на ул. 8 во УЗ Бардовци

71¯ Асфалтирање на ул. Миле Поп Јорданов на потег од ул. Братфордска до ул. Козле

72¯ Асфалтирање на ул. Миле Поп Јорданов на потег од ул. Козле до паркинг на кула бр. 40

73¯ Асфалтирање на ул. Рампо Левката

74¯ Изградба на крак од ул. Адолф Циворовски (Порта Козле)

75¯ Изградба на новопроектирана улица со пешачка патека од ул. Петар Чаулев до ул. Ацо Шопов

 РЕКОНСТРУКЦИЈА И ИЗГРАДБА НА ПАТЕКИ

76¯ Поплочување на крак од ул. Фјодор Достоевски

77¯ Реконструкција на крак од ул. Козле (десно од црквата)

78¯ Реконструкција на патеки во Влае 1

79¯ Реконструкција на патеки во Карпош 4

80¯ Реконструкција на патека на ул. Козле 5

81¯ Изградба на пешачка патека од Германска амбасада до ул. Ловќенска 4

82¯ Реконструкција на крак од ул. Козле (после мостот лево пред црквата

83¯ Реконструкција на пешачка патека во УЗ ПБ Кочо

84¯ Реконструкција на патека на Скупи 4ИЗГРАДБА НА ПАРКИНГ ПРОСТОР

85¯ Изградба на паркинг простор кај амбуланта на ул.Козле 2

86¯ Реконструкција на тротоари на паркинг на ул. Миле Поп Јорданов

87¯ Реконструкција на паркинг на ул. Никола Парапунов бр. 31

88¯ Реконструкција- асфалтирање на паркинг простор пред кула бр. 40 на ул. Миле Поп Јорданов

89¯ Изградба на паркинг простор на крак од ул. Адолф Циборовки (Порта Козле)УЧИЛИШТА И ДЕТСКИ ГРАДИНКИ

90¯ Изградба на котларница во ОУ Братство

ОСТАНАТИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

91¯ Реконструкција на фасада на станбе на зграда на ул. Никола Тесла бр. 2

92¯ Изградба на плоштад Млечен ресторан- градежен дел

93¯ Дислокација и изградба на дворна ограда на улица Козле 2

94¯ Итни интервенции на фекална и атмосферска канлизација

95¯ Покривање на отворен атмосферски канал на локалитет Куршумлица

96¯ Покривање на отворен атмосферски канал на ул. Козле 3

97¯ Реконструкција на плато кај Педагошка Академија

98¯ Демонтажа, дислокација и изведна на четврта и петта барака

99¯ Изградба на спортско игралиште во населба Средно Нерези

100¯ Одржување на сообраќајници во зимски услови

101¯ Изградба на плоштад Влае градежен дел

102¯ Изработка на округли бетонски елементи околу дрва на тротоари на територија на Општина Карпош

103¯ Изградба на Администртивен објект на Општина Карпош - градежен дел

 УРБАНА ОПРЕМА104¯ Изградба на нови детски игралишта и

поставување на реквизити105¯ Изградба на ограда на ул„Ванчо Мицков“

106¯ Постаувување на парковски клупи за седење - ТИП БВ

107¯ Постаувување на корпи за отпадоци - ТИП БВ

108¯ Изградба на ограда на спортско игралиште во УЗ Нерези

109¯ Реконструкција на урбаната опрема на плато Карпош 3

110¯ Урбана опрема за плато Педагошка

111¯ Изградба на тенда-натстрешница на дел од терасите и влезовите во станбена зграда за колективно домување на ул.„Никола Тесла“ бр.2

ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

112¯ Изведба на нова електрична инсталација позади зградите на ул.Никола Русински 3, 3А и 3Б

113¯ Реконструкција на улично осветлување

114¯ Поставување на ново осветлување на новопроектирана улица помеѓу ул. Ацо Шопов и ул. Петар Чаулев

115¯ Осветлување на фасада на станбена зграда за колективно домување на ул.„Никола Тесла“ бр.2ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ

116¯ Хортикултурно уредување и автоматски систем за полевање на јавно зеленило на плато Карпош 3

117¯ Хортикултурно уредување на жардињери-те на двете страни од бул. Партизански Одреди на потег од мост Обединети нации до ул. Рузвелтова

118¯ Систем за наводнување на жардињерите на двете страни од бул. Партизански Одреди

119¯ Хортикултурно уредување на површина и поставување на систем за автоматско наводнување - полштад Влае

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 26: Карпош Урбан бр.20

26 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

КУЛТУРНИ ВИБРАЦИИ

НЕПОВТОРЛИВИ ПРИРЕДБИ - ВООДУШЕВЕНИ ПОСЕТИТЕЛИ

Две манифестации, од десеттина различни, кои ги организира Општина Карпош, „Карпошово кул­турно лето“ и „Ол стар“ натпреварот на најдо брите млади кошаркари, веќе се урнек кој речиси целосно го копираат локалните самоуправи во градовите низ државата. Првата, од двете спомнати манифе­стации, како репрезетативна ја посочуваат и углед­ните културни претставници во македонската метро ­ пола. Токму заради тоа, на дежурниот хроничар му е олеснета работата при сумирањето на уметничко­то ниво и јавниот одглас на приредбите од године­шново Карпошово културно лето.

Поаѓајќи од логичната претпоставка дека секој културен настан треба да задоволи две нешта ­ уме­тничкиот дострел и посетеноста, организаторите на годинешното, петто „Карпошово културно ле то“, на стандардните локации (Амфитеатарот на кејот на Вардар, плоштадот Лептокарија и спортскиот центар „Сокол“), на граѓаните им понудија приред­би за сите возрасти и за сечиј вкус.

Увертирата на програмата, за која инаку беа по­делени ласкави епитети, беше навистина полн по­годок. Концертот на гостите од соседна Србија, не­повторливата Биља Крстиќ и нејзиниот Бистрик бенд, беше апсолутно најпосетена приредба било кога одржана во Карпош. Двочасовната рапсодија на изворната песна од мелосот на сите балкански народи, ги разгали душите на триилјадната публика

На „Карпошово културно лето - 2012” се случија десеттина културно уметнички претстави на кои настапија реномирани уметници од земјата и од странство, и сите беа проследени од повеќеилјадна публика

Игор Џамбазов и Игор Гуру Харе

Хари Варешановиќ - Хари Мата Хари

Page 27: Карпош Урбан бр.20

27КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

и на организаторите им зададе тешко достиглива це л за следните културни лета.

За среќа, поставената цел, содржина, уметнич ко ниво и масовна посетеност, продолжија да ги красат сите приредби на Карпошовото културно лето. Нашиот Влатко Лозановски ги разгали срцата на младата публика, повторно потврдувајќи дека е во целосен дослух со генерацијата што не е затруена со новокомпонираниот кич.

Неговиот постар колега, големиот шоумен Игор Џамбазов, во тандем со својот имењак Игор Гуру Харе на бравурозен начин ја пренесоа урбаната при­ казна на Карпош и Скопје, уверувајќи не дека блузот не е привилегија на шоумените од Њу Орлеанс. Впро­ чем, Игор Џамбазов е настан и кога стои и молчи..

Настапот на Викторија Лоба во „Лептокарија“, една жешка саботна вечер, беше вистинско музичко и визуелно доживување. Празник за очите, што би рекла мојата колешка Вики.

Квартетот „Шарески“ својски се заложи џез­му­зиката да им ја доближи и на оние кои, гледано ге­нерациски, уживаат во друг вид музика. Георги и дру штвото се погрижија „Лептокарија“ да слушне зошто џезот „оди“со оние кои не се скарани со про­вин цијата од која, инаку, сите потекнуваме.

На примадоната Наде Талеска, во истата „Леп­токарија“ и требаа неполни дваесеттина минути за да му даде на „Карпошовото културно лето“ шмек, нужен за успешно заокружување на секоја културна манифестација,лете. И сараевскиот оркестар „Про­летер“ со солистите Намика Низиќ и Изета Мили­шиќ даде свој придонес во намерата на организа­торите на Културното лето, тоа да биде уживање за сечиј вкус.

Момчињата од битолскиот рок состав „Пампер­си“ не потсетија дека светските музички трендови не се привилегија на западните метрополи, туку дека тие се и наша секојдневност, задолжително за­чинета со балкански шмек. Таа саботна вечер беше заокружена со детската претстава „Пчелички“, а во неа Бумбарот Брмко и двете пчелички, својата пу­блика, најмалите Карпошовци ги учеа колку е здра­во да се јаде мед, но и да се биде добар другар.

Миле Кузмановски пееше за Карпош. Констата­ција во која е содржана очекуваната оценка за цело­ве черната музичка фешта на која, како и секогаш, брилјираше шмекерот Кузмановски.

Шлаг на тортата – „Карпошово културно лето 2012“, несомнено беше настапот на легендарниот Хари Варешановиќ. Влезот во концертната атмосфе­ ра на популарниот Хари Мата Хари, на илјадната пу блика дојдена на СЦ „Сокол“ му го подготви шар­ мантниот Бени Шаќири, па на овој му преостана да поентира, редејќи ги своите култни песни. Аплаузот со кој на завршницата на нашето Културно лето беа наградени Бени и Хари и нивниот домаќин, градо­началникот Јакимовски, сигурни сме дека ќе оде­кну ва до наредното лето.

М. Р.

Миле Кузмановски

Баклава

Кревет мјузикл

Играј и учи Лепто

Page 28: Карпош Урбан бр.20

28 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Во манастирскиот комплекс „Св.Пантелејмон“, минатата недела, се одржа шестата меѓународна детска ликовна колонија . Во преубавиот амбиент, во дворот на еден од најстарите и најубави наши ма­ настири, 26 млади сликарски таленти од основните училишта од територијата на Општина Карпош и гости од збратимените општини од Тиват, Црна Го­ра и Стари Град Сараево, Босна и Херцеговина, тво­реа на слободна тема. Разбирливо, повеќето од нив ги сликаа манастирот и пејзажот на Водно, не кри­јеќ и го воодушевувањето од глетката пред себе. Ли­ковната колонија за отворена ја прогласи секрета­рот на Општина Карпош, Владо Поповски, кој на мла дите уметници им посака топло добредојде и ус пешна работа, сугерирајќи им инспирацијата да ја побараат во прекрасниот верски и културно­исто­ риски комплекс „Св. Пантелејмон“. Пожелувајќи им плодна работа, тој, на младите ликовни творци им посака многу инспирација и, им упати покана и ид­ната година да бидат наши гости и да продолжат со дру гарувањето, кое, како и уметноста, останува траен спомен.

Годинешнава ликовна колонија „Св. Пантелејмон“ продолжи и наредниот ден, кога на платото во ТЦ Карпош 3 („Лептокарија“), младите сликари ги до­врши ја започнатите дела.

Е.К.

Шеста меѓународна детска ликовна колонија

Како што веќе спомнавме, на годинешнава дет­ска ликовна колонија, учествуваа и младите умет­ници од Тиват и Сараево. Гостинките од Цр на Го­ра, Марија Лакичевиќ и Јелена Перовиќ и ни вните но в и пријателчиња од Сараево, Ибрахим Бехтиќ и Ба кир Араповиќ, и нивните наставници Ма рина Че ла новиќ и Сенад Бегиќ, не го криеја во одушеву­вањето од своето прво гостување во Карпош.

­ Навистина сум воодушевена од приемот на до маќините, а посебно од убавините на манасти­рот „Св. Пантелејмон“, ни рече Марија, додавајќи де ка овојпат впивала впечатоци, а идната годи на, це лосно ќе му се посвети на сликањето. Неј зината дру гарка Јелена вели дека е среќна што го видела Скоп је и што ќе има можност да го посети Круше­во и гробот на Тоше Проески.

Сараевчаните, Ибрахим и Бекир, своите шта­фелаи ги оставија на мира и со голема љубопит­ност ја разгледуваа „Лептокарија“. Вториов, дури и ни сугерираше: „Напишете дека сме презадо волни од се што ни се случи овде за овие два де на. Видов­ме убав град и преубав манастир, запо знавме мно­гу убави девојчиња и сигурно е дека ќе дојдеме пак, имало или немало ликовна коло нија“.

М.Р.

Млади уметници од Тиват и Сараево: Марија, Јелена, Ибрахим и Бакир

СВ. ПАНТЕЛЕЈМОН КАКО ИНСПИРАЦИЈА

ПРЕУБАВО Е, ЌЕ ДОЈДЕМЕ ПАК

Page 29: Карпош Урбан бр.20

29КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

ФОРУМ

ПЕТ ПРОЕКТИ ПРЕД „ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦАТА„

Во битката за енергетско ефикасни објекти

Деновиве, во просториите на ОУ „Лазо Тр пов-ски“ се одржа четвртата форумска сесија од проек-тот „Форум на Заедницата“. Имено, Општина Кар-пош, во периодот од јуни до октомври годинава, во серија од пет сесии, ќе го реализира проектот „Фо-рум на заедницата “. Проектот има за цел да го за ја-кне граѓанското учество во процесот на одлучу ва-ње на локално ниво, да се подобрат партнерствата по меѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефи-касни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

На претпоследната форумска сесија, согласно одбраната тема на првата форумска сесија „Енергет-ско ефикасни објекти (основно образование и дет-ски градинки)“ беа презентирани петте предлог про е-

к ти: Подобрување на ефикасност на ЈУОДГ „Мај ски Цвет“, Мерки за енергетска ефикасност ОУ „Димо Хаџи Димов“, Замена на старата и до трае на дограма со нова ПВЦ дограма во ЈУОДГ „Орце Николов“, Подобрување на условите за реа лизација на воспит-но образовната работа и намалу вање на оператив-ните трошоци во ЈУОДГ „Пролет“ – Карпош, преку зголемување на енергетската ефи кас ност на објек-тот и Подобрување на енергетската ефи касност и заштеда на енергија во ЈУОДГ “Ра спеана младост’.

Проектот е подржан од Швајцарската агенција за соработка и развој и со сопствено учество на ло-калната самоуправа, а е имплементиран од Фонда-цијата Отворено општество – Македонија.

Е.К.

На 19. септември, учениците од IIIг одделение од ОУ „Владо Тасевски“ беа гости на амбасадата на Република Србија. Тие, заедно со своите наста вни-чки Валентина Клопчевска, и Ве сна Милетиќ, беа пригодно примени од амбасадо рот г. Томислав Ѓу-рин и конзулот г-ѓа Драгица Ја ниќ. Учениците имаа можност да ја разгледаат ам басадата и да разговара-ат со амбасадорот за него вата работа во Република Македонија.

Во таа пригода, наставничката Валентина Клоп-чевска на амбасадорот Томислав Ѓурин му ја подари својата книга „Ромите во Дебар“. Со оваа посета се по тврди дека Општина Кар пош ја негува соработката помеѓу Република Македо нија и Репу блика Србија.

И.М.

Ученици од Карпош

ВО ПОСЕТА НА СРПСКАТА АМБАСАДА

Page 30: Карпош Урбан бр.20

30 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Page 31: Карпош Урбан бр.20

31 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Иако невработеноста е реален проблем во Репу­б лика Македонија, сепак Општина Карпош добро „се носи“ со тоа. Почнувајќи од 2003 година, Оп­шти на Карпош реализира низа активности и проек ти кои директно и индиректно влијаеја и сè уште влијаат врз намалување на невработеноста, особено на младата популација.

Но, за да бидат реализирани сите активности, Општината најнапред подготви база на податоци на сите мали и средни претпријатија кои се наоѓаат на територија на општина Карпош. Според добие­ната анкета и направената анализа, добивме низа по датоци за фирмите, и тоа: број на регистрирани прет при јатија во општина Карпош, број на врабо­тени лица, потреба од обуки, помош, можност за вра ­ ботување, желба за соработка со општината и сли­чно.

Тргнувајќи од таа анкета и согледувајќи ја по­требата на нашите претпријатија да вработат млади кадри, во три наврати Општината реализираше про­ ект за вработување на млади невработени високо­образовни кадри. Овие лица директно им се пону­ди ја на претпријатијата, според претходно утврден профил, и волонтираа во самите претпријатија во пе риод од три месеци. По истекот на волонтерскиот стаж, голем дел од нив (во просек 60% од волонте­рите) останаа да работат во самите претпријатија.

По овој проект, кој повеќе ги опфати високо­образовните кадри, Општината се сврте и кон пре­земање на мерки за намалување на невработеноста кај лицата кои имаат завршено основно или средно образование. Така, уште во 2004 година се реали­зираше проектот „За чиста и уредена Општина Кар пош”, каде што во пет наврати беа вработени во са мата Општина над 600 лица, кои дел од нив сè уште се одговорни за одржување на зеленилото и чистотата на општината.

Може да се пофалиме дека и самата Општина директно учествува во намалување на невработено­ста, особено кај младата популација, преку врабо­тување на млади лица во различни сектори во Оп­штината Карпош, во детските градинки и во осно­вните училишта, како и преку волонтирање во са­мата Општина, како мерка за дооформување на обра­ зованието кај младите кадри.

Тоа се, главно, проекти кои Општината директ­но влијаеше за намалување на невработеноста. Но, има и голем број индиректни мерки кои се презедоа и ќе се преземаат во иднина за намалување на не­вра ботеноста.

Така, цврсто чекориме кон завршната фаза на проектот „Сам свој газда – од идеја до бизнис“, обу­ки наменети за млади лица кои имаат идеја и желба да отворат свој бизнис. Од овие обуки излегоа задо­волни над 60 лица, од кои за само поминати четири месеци, две лица се здружија и ја отворија фирмата „Куќен совет“, која успешно се проби и работи на македонскиот пазар и вработи уште две нови лица од општината. Обуките навистина во голема мера им помогнаа и допрва ќе им помагаат на младите кои повеќе преферираат да бидат менаџери и управи­тели, отколку да работат за други лица.

Александра Теова

Карпош „во костец“ со невработеноста

ОД ИДЕЈА ДО БИЗНИС

ИНИЦИЈАТИВА

На повидок е и новиот проект YES­инкубатор, проект кои ќе ги опфати младите лица од областа на ИТ­секторот. Станува збор за проект кој ќе за­почне да се реализира во ноември, а целата зами­сла е на 20 млади лица да им се отстапи простор во YES бизнис­инкубаторот, каде што цели три ме сеци ќе работат без да плаќаат кирија и да има­ат дополнителни трошоци, ќе им биде обезбеден мен тор кој постојано ќе работи со нив, ќе се вмре­ жуваат со други фирми кои постојат и успешно функционираат на македонскиот пазар, сè со цел да им помогнат на 20 идни претпријатија полесно да го најдат патот до формирање и функционира­ње на успешно претпријатие.

Исто така, Општината направи и анкета за ис­питување на јавното мислење за тоа што сè им е по требно на младите и во каква општина сакаат да живеат. Сите овие податоци ни се добар извор за тоа како општината треба да се движи, за мла­дите да останат тука и да живеат во општина кре­ира на според нивните замисли. Таа ни беше пато­каз за сите активности до сега и со уште поголемо темпо ќе продолжиме да чекориме и во иднина.

ПОДДРШКА НА ИТ БИЗНИСОТ - YES-ИНКУБАТОР

Page 32: Карпош Урбан бр.20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ32

СПОРТОРАМА

Во организација на Карпош Футсал Клуб, мина­тата недела, во свечен славенички, спортски, мулти­етнички и натпреварувачки дух, заврши традицио­налниот турнир во мал фудбал „Сокол 2012“. Во крајно возбудливите натпревари, на годинешниот 15­ти најпопуларен турнир во мал фудбал Сокол, нај добрите тимови и поединци освоиjа пехари и па­ рич ни награди: четврто место и 20.000 денари „Да­ли Пом“, трето место и 60.000 денари „Сук Импекс“, второ место и 120.000 денари „Црна Река“ и прво ме­ сто и 300.000 денари „Јувентус“.

За најдобар играч кај сениорите е избран Баудин Баши, најдобар стрелец беше Ведан Арслан, најта­лентиран млад играч е Скендер Ковачи, најдобар гол­ ман Берат Јакупи. За најфер плеј екипа е прогласен Сук Импекса, за најдобро дизајниран е избран дре­сот на Игротека Тиквичка.

Освен ваучерите, учесниците добија и спортска опрема Lining од Орка Спорт.

За првпат оваа година, покрај натпреварите за се ниори, се одиграа и натпреварите за јуниори (ка­тегорија до 12 години и до 16 години). Конечниот пла­ сман е следниот: трето место „Пирати“, второ место „Форца“ и прво место „“Пролом Јуниор“.

За најдобар играч во категоријата до 12 години е избран Стефан Колески, за најдобар стрелец Дарко Чурлинов, најталентиран играч Јана Чубриноска и најдобар голман Дамјан Серафимов.

Конечниот пласман за јуниори до 16 години е сле дниот: трето место „Карпош 3“ второ место „Бран­ ко Ѓуровски“ и прво место „Војдан Млечен“.

За најдобар играч во категоријата до 16 години е избран Милан Ристовски, за најдобар стрелец Ѓорѓи Малов, најталентиран играч Никола Стојков и нај­добар голман Драган Себиќ.

Вредносните ваучери им ги врачи градоначални­кот Стевчо Јакимовски, а пехарите генералниот се­кретар на  ФФМ (Фудбалска федерација на Маке­донија) Димитар Зисовски. Градоначалникот Јаки­мов ски се заблагодари за фер и спортската игра и ква ­ литетниот фудбал што во изминативе 30 дена го по­кажаа сите учесници на турнирот, и порача дека Оп­ штина Карпош и понатаму останува ге не рален по­кровител на оваа значајна спортска манифе стација.

Д. Бадев

ТИМОТ НА „ЈУВЕНТУС “ НАЈДОБАР НА „СОКОЛ 2012“

Групен портрет на финалистите на „Сокол 2012“

Едноминутно молчење за прерано починатиот Сокол

Пехарите на победниците им ги врачи г-дин Димитар Зисовски

Градоначалникот Јакимовски на победниците им ги врачи вредносните ваучери

Од натпреварите

Page 33: Карпош Урбан бр.20

КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ 33

Во преполната спортска сала „Форца“ во фре­нетична атмосфера, со интонирање на македонската химна и химната на Карпош, околу 2.000 ученици од десетте основни училишта на територијата на Општина Карпош го прославија почетокот на годинешните училишни спортски лиги. Во сезоната 2012/2013 година, повеќе од 500 ученици од сите основни училишта во Карпош ќе се натпреваруваат во четири спортски дисциплини – фудбал, кошарка, одбојка и шах. Училишните лиги за отворени ги прогласи градоначалникот на Карпош, Стевчо Јаки­мовски, кој им посака многу спорт и дружење во два­ та дела (есенски и пролетен) на младите спор тисти, со желба да победат најдобрите. – Ова се четврти по ред спортски игри – рече Јакимовски – и се надевам дека веќе од следната година тие ќе се одржуваат во новоизградена спортска сала за околу 1.000 гледачи која ќе биде во сопственост на Општина Карпош.

Инаку, Општината не престанува во континуи­тет да ги поддржува младите спортисти на финан­сиски и на секој друг план, и за таа цел годинава до­дели 60 спортски стипендии за талентирани млади спортисти. По овој повод, градоначалникот Јаки­мовски на сите десет општински училишта им до­нираше 400 топки за фудбал, кошарка, одбојка и за ракомет, како и 10 пинг­понг маси со 40 рекети за играње пинг­понг и над 1.000 пинг­понг топчиња. Спорт ските лиги стартуваа со натпревар во фудбал меѓу учениците од ООУ „Војдан Чернодрински“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“.

В.Ц.

СТАРТУВАА УЧИЛИШНИТЕ СПОРТСКИ ЛИГИ

Page 34: Карпош Урбан бр.20

34 КАРПОШ УРБАН • БРОЈ 20 • СЕПТЕМВРИ 2012 • ОПШТИНА КАРПОШ

Чудно е, колку малку треба да бидеме среќни, а уште почудно е дека секогаш недостасува токму тоа малку.

Андриќ

МЕЃУВРЕМЕ

Крал и астролог

За да го потврди своето пророчко мајсторство, астрологот на францускиот крал Луј 16 рекол дека најубавата дворска дама ќе умре за три дена. Така и се случило. Но, починатата била љубовница на кралот и тој збеснал и решил веднаш да го ликвидира астрологот. бидејќи бил убеден дека овој му ја отрул саканата. Пред да му ја отсечат главата, кралот го прашал астрологот: -„Велиш дека можеш да видиш се што ќе се случи во иднина? Тогаш речи ми колку тебе ти е останато од животот?“Астрологот сфатил дека ќе биде погубен, но не ја изгубил присебноста. „Ваше величество, ѕвездите пред мене немаат тајни и ми се доверија дека ќе умрам три дена пред смртта на Вашето величество.“ Суеверниот крал се збунил, а потоа на своите чувари им наредил строго да внимаваат на астрологот да не му се случи ништо лошо.

Мудар човек со подеднаква смиреност ги прима и пофалбите и навредите.

Конфучие

Најтешките работи на светот треба да бидат направени додека се лесни.Сун Цу Ву

Секој сака да биде некој, но никој не работи на тоа.

Гете

Кога ги вработувате луѓето, попаметни од вас, докажувате дека сте попаметен од нив.

Р.Х. Грант

Под

готв

ил: М

. Рад

енко

виќ

И вели Тасе на сопругата: Срцка. кога сме на море, зошто еднаш не одиме на нудистичка плажа?- Каква нудистичка плажа... Не сакам.- Зошто не сакаш, ќе видиш, убаво ќе си поминеме.- На сакам после да зборуваат дека за тебе сум се омажила поради парите.

Page 35: Карпош Урбан бр.20

АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА КАРПОШ ВО ПОСЕТА НА СТРУМИЦА

Во рамките на востановената практика на размена на искуства, делегација од администрацијата на Општина Кар­ пош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, беше во еднодневна работна посета на Oпштина Струмица.

Градоначаниците на двете општини Стевчо Јакимовски и Зоран Заев ги презентираа своите работни искуства, по­стигнувања, но и проблеми во секојдневното функциони­рање на локалната самоуправа и се обидоа да ги разменат ус пешните практики во нивното решавање. Посебна на­гласка беше ставена на имплементирањето на новите за­кони од областа на урбанизмот и заштитата на животната средина, на легализацијата, енергетската ефикасност и по­ди гнување на стандардите во административното работе­ње и комуникацијата со граѓаните.

Домаќинот, градоначалникот Заев, ги информираше го­ стите за проектите на Општина Струмица, при што истак­на дека оваа година Општината има 405 проекти финанси­рани од сопствениот буџет. Меѓу покрупните проекти ја ис­ такна гасификацијата, која е во финална фаза и за која до­сега се потрошени еден милион и 700 илјади евра, средства обезбедени од општинската каса.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јаки­мовски, информираше дека оваа година во неговата општи­ на се реализираат 204 проекти, меѓу кои: комплетната ре­конструкција на сите училишта, фасадите, како и повеќе про­

екти од областа на инфраструктурата, комплетна рекон­струкцијата на 80­тина улици, изградбата на атмосферска, фекална канализација и сите придружни објекти. Приме­рот на Струмица во сферата на гасификацијата е скапоце­но нискуство за  Карпош, бидејќи ние сме веќе во постапка за формирање на јавното претпријатие, веќе избравме упра­ вен одбор, а деновиве ќе избереме и директор и отпочну­ваме со проектот за гасификација на Општина Карпош, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.

В. Ц.

Page 36: Карпош Урбан бр.20

ФОЛКЛОРНО - ЦВЕТНО ФОЛКЛОРНО - ЦВЕТНО ФОЛКЛОРНО - ЦВЕТНО ФОЛКЛОРНО - ЦВЕТНО ФОЛКЛОРНО - ЦВЕТНО ФОЛКЛОРНО - ЦВЕТНО ДЕФИЛЕ ВО КАРПОШДЕФИЛЕ ВО КАРПОШДЕФИЛЕ ВО КАРПОШ

МКУД „Цветан Димов“ и годинава, под покровителство на Општина Карпош, го организираше традицио налниот меѓународен детски фестивал „Од цвет на цвет, со оро и песна“. Годинешни учесници и гости на фестива лот беа детските фолклорни ансамбли од Република Пол ска, Репу­блика Унгарија, Република Бугарија, Република Србија и Република Македонија.Тие, на концертите во ОУ „Петар Поп Арсов“, во ОУ „Лазо Трповски“ и во ОУ „Јан Амос Коменски“ и на целовечерна фешта кај Амфитеатарот на кејот на р. Вардар, ја презенти­раа етно културата на своите татковини.

В.Ц.