uspesni prikazni

26
МАКЕДОНСКИ И ЕВРОПСКИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

Upload: eiicm

Post on 23-Mar-2016

237 views

Category:

Documents


7 download

DESCRIPTION

makedonski_i_evropski_uspesni_prikazni_v5

TRANSCRIPT

Page 1: Uspesni prikazni

МАКЕДОНСКИ И ЕВРОПСКИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

Page 2: Uspesni prikazni
Page 3: Uspesni prikazni

...Enterprise Europe Network им помага на малите и средни претпријатија да

развијат активности на соработка од областа на бинисот, технологијата или науката. Преку мрежата се обезбедувааат совети за поддршка на иновативните бизниси и пристап до финансии. Се овозможува и добивање на информации за можностите за располагање на програмите и финансирање од страна на Европската унија. Сите услуги се бесплатни и се нудат како едношалтерски систем на услуги, кои главно се насочени кон новоформираните и постоечките мали и средни претпријатија, но исто така може да се користат и од страна на поголеми компании, институти за истражување, универзитети, центри за технологии и бизниси и агенции за развој на иновации.

Европсокиот информативен и иновативен центар во Македонија, дел од Enterprise Europe Network, дава поддршка на малите и средни претпријатија во бизнис, технолошки и научно-истражувачки активности ,во имплементација на иновативни технологии, патенти, бизнис планови, достапност на ЕУ програми и фондови, финансиски прашања, стимулирање на научни трудови и истражувања меѓу малите и средните претпријатија. Информациите им се пренесуваат на компаниите и преку активности за ширење на јавносто мислење (учество на саеми., организирање на семинари, работилници) како и преку публикации кои се нудат на локалните јазици (прирачници, веб страни).

Европсокиот информативен и иновативен центар во Македонија даде поддршка на мали и средни претпријатија кои успешно земаа учество во научно-истражувачки проекти, развија бизнис соработка надвор од своите граници, пренесоа сопствени технологии на странски партнери и се промовираа во Европскиот простор...

Page 4: Uspesni prikazni

МАКЕДОНСКИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

„Благодарение на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија успешно пренесов сопствена технологија на врвен

Универзитет во ЕУ“.

Page 5: Uspesni prikazni

Македонски рецепт за вкусен кашкавал пренесен во Хрватска Технолошко поврзување Кога станува збор за рецепт за вкусен кашкавал, хрватските професори од Факултетот за земјоделство се обратија до подрачната канцеларија на Enterprise Europe Network во Загреб, кои се заинтересираа за технологијата за производство на Гауда развиена од страна на македонска фирма. Македонската фирма има развиено технологија за производство на вкусен кашкавал - Гауда, што беше дополнителен мотив за хрватските истражувачи да ја почнат соработката со Македонија. Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија ја поврза македонската фирма со хрватскиот Универзитет која успешно ја пренесе технологијата за производство на кашкавал Гауда. „Со помош на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија успеавме да најдеме партнер со експертиза во технологија за производство на кашкавал. Поврзувањето со Универзитетот од Загреб ќе ни овозможи да прифатиме нова технологија (know-how), да развиеме нови производи и да пристапиме кон регионални пазари“ – рече македонскиот производител на кашкавал. „Благордарение на Enterprise Europe Network успеавме да се поврземе со македонската фирма, што инаку би било речиси невозможно без нивна помош. Ова поврзување е многу значајно за нас, за проширување на нашето знаење и искуство кон прехрамбената индустрија, не само во Хрватска, туку и пошироко. Со оваа соработка ние исто така добивме ново искуство и теоретско знаење пренесено од науката до практиката“ – рече хрватскиот професор од Институтот во Загреб.

Page 6: Uspesni prikazni

Италијански универзитет испитува производи на македонски истражувач Технолошко поврзување Македонски истражувач кој успешно има развиено и патентирано сопствени технологии и производи добиени од биомаса се обрати до канцеларијата на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија за да се промовира. Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија го поврза македонскиот истражувач со Универзитетот Reggio Calabria од Италија. Италијанските истражувачи веднаш изразија интерес за технологијата и производите добиени од биомаса развиени од страна на македонскиот истражувач. „Преку услугите на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија остварив соработка со Универзитетот Reggio Calabria од Италија за трансфер на моите производи добиени од биомаса кои понатаму ќе се користат од страна на Универзитетот за понатаможни испитувања во земјоделството“ – истакна македонскиот истражувач. „Enterprise Europe Network ми овозможи да создадам транснационално партнерство и соработка низ Европа. Нивните совети и искуство имаа огромно влијание на мојот успех во контактите со македонскиот истражувачод Скопје, во воспоставување на ново истражување и во размена на научни информации. Немаше тоа да биде толку успешно, без нивната професионална поддршка. Преку нивните услуги, имав можност да тестирам нови производи добиени од биомаса за употреба во нови земјоделски култури. Кое барање и да го имам за поврзување со ЕУ партнери, јас го добивам брзо, прецизно и ефективно од страна на Enterprise Europe Network“ – изјави италијанскиот професор од Универзитетот Reggio Calabria.

Page 7: Uspesni prikazni

Македонска компанија се поврза со истражувачка компанија од Германија со цел заедно да развијат технологија за сушење на Калциум-Магнезиум-Нитрат до прашкаста форма Технолошко поврзување Македонска компанија се занимава со производство на различни видови минерални вештачки ѓубрива, како во течна така и во кристална форма. Некои од ѓубривата се произведуваат од природни извори-на пример доломит. Главната предност на доломитот што го користи оваа компанија е во неговата гранулација. Неговата суровинска форма е природен песок со просечна големина од 180 микрони. IBT.InfraBioTech е иновативна млада компанија од Германија која преку своите истражувања и развој врши дизајнирање и производство на енергетски ефикасни системи, кои се базираат на инфраред технологија. Македонската компанија откако стана клиент на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија побара Центарот да посредува во поставување на нивното барање за нова технологија (know-how). ЕИИЦМ активно учествуваше во поврзување на македонската компанија со потенцијални партнери кои ја нудеа бараната технологија. Од низата добиени понуди за соработка, Компанијата се одлучи да стапи во контакт со германска компанија. Клиентите од двете земји стапија во директен контакт и склучија договор за технолошка соработка. Договорот за технолошка соработка склучен помеѓу овие две компании беше со цел да се најде начин за адаптација на технологија за сушење на течен калциум-магнезиум-нитрат до прашкаста форма, со што би се добил нов производ кој ќе може да се користи во различни апликации, меѓу кои и онаа во вештачкото ѓубриво. Двете страни се договорија заедно да го развијат овој производ со цел да ги задоволат барањата на пазарот. За таа цел, беше договорено да се користи експертизата на германската компанија од една страна, и производните капацитети на македонската компанија од друга страна.

Page 8: Uspesni prikazni

Двојна придобивка за македонско претпријатие од ново стратешко партнерство – модернизација и пристап до нов пазар Технолошко поврзување Македонска успешна компанија за производство на градежни материјали се обрати до Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија (ЕИИЦМ) за поддршка во дефинирањето и имплементирање на својот тековен план за развој. По извршениот технолошки аудит од страна на стручниот тим на ЕИИЦМ, една од препораките за унапредување беше изнаоѓањето на стратешки партнер кој ќе помогне при модернизацијата на производната линија, а воедно и ќе овозможи пристап до нови пазари. ЕИИЦМ како дел од своите активности организира меѓународни деловни средби за постигнување на нови бизнис партнеств и размена на технологии. Во рамките на еден таков настан одржан во Македонија, македонската компанија имаше можност да оствари деловни средби со повеќе компании од Словенија, Италија, Србија и Грција. Македонската фирма својот стратешки партнер го пронајде во реномиран српски производител на технологии за автоматизација и управување на процеси, кој не само што понуди ефективно и економично решение за унапредување на постоечките капацитети на македонското претпријатие (зголемување на продуктивноста од 25% и намалување на потрошувачката на енергија од 3-5%), туку и го поддржа отпочнувањето на извозни активности на македонската фирма и кон оваа земја од соседството. „Со помош на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија нашата компанија пронајде соодветно технолошко решение за попрофитабилно работење, а воедно на брз и едноставен начин дојде до пристап до нов пазар“ – рече менаџерот на македонската компанија.

Page 9: Uspesni prikazni

Македонски иновативен софтвер се пласира на српскиот пазар Технолошко поврзување Македонска фирма специјализирана во изработка на софтверски решенија за поддршка на менаџмент информациски системи (МИС) го контактираше Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија со цел да добие поддршка во комерцијализацијата на нов и иноватен софтвер развиен од компанијата. Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија ја поврза македонската фирма со реномирана софтверска фирма од Србија која успешно ја презеде иновативната софтверска апликација, а воедно и се постигна стратешко партнерство меѓу компаниите за заеднички настап на српскиот пазар. „Преку услугите на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија остварив соработка со софтверска компанија од Србија за трансфер на нашата иновативна МИС апликација што резултираше во стратешко партнерство и проширување на пазарот на кој настапуваме“ – истакна менаџерот на македонската фирма. „Enterprise Europe Network ми овозможи да дојдам до нов, стратешки партнер со чии производи го надополнувам портфолиото на мојата компанија, а воедно ни се отворија и дополнителни можности за транснационална соработка“ – изјави сопственикот и менаџерот на фирмата од Србија. Македонска фирма увезе производи од Словенија Комерцијално поврзување Македонска фирма која се занимава со производство на авто делови склучи комерцијален договор – увоз на репроматеријали, со партнер од Словенија. Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија како конзорциумски партнер во Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија, го овозможи учеството на својот клиент на однапред договорените деловни средби во рамките на Технома 2010. На тој настан, македонската фирма оствари контакт, а потоа и соработка со словенечки производител, која резултираше со склучување деловен договор.

Page 10: Uspesni prikazni

Македонска фирма развива научно-истражувачки проект воден од Англија Пристап до европските фондови Англиска компанија со седиште во Кембрич изработи научно-истражувачки проект од Седмата рамковна програма чија цел е целосно да се интегрира прекуграничен систем за е-јавни набавки што ќе им овозможи на малите и средни претпријатија полесен пристап до јавните набавки низ земјите членки. За проектот, англичаните добиле единаесет пријави на интерес од страна на различни компании од повеќе држави низ Мрежата. Македонска компанија со свои канцеларии во Скопје, како и во Данска, Англија и Германија, со помош на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија пријави интерес во развивањето на проектот воден од Англија. Англиската компанија ја избра македонската успешна компанија да земе учество во заедничко развивање на проектот кој беше успешно поднесен и се чека на негова реализација. Македонски и италијански универзитет заеднички аплицираат за ЕУ проект Пристап до европските фондови Со помош на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје воспостави соработка со Универзитет во Венеција, при што двата универзитети добија можност заеднички да аплицираа за проект во рамките на Седмата рамковна програма. Основната цел на проектот беше интеграција на локалните извори на обновлива енергија, преку успешна комбинација на т.н. паметни процеси (менаџмент на односот побарувачка/потрошувачка, менаџирање на потрошувачката во реално време и др.) и паметни технологии (паметни мерачи, интелигентни уреди во домаќинството за менаџмент на електрична енергија и др.). Сето ова со цел да се овозможи енергетска ефикасност и заштеда.

Page 11: Uspesni prikazni

Македонски универзитет и компанија од Норвешка заедно аплицираа за FP7 проект за нови технологии на млади истражувачи Пристап до европските фондови Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје воспостави соработка со норвешка компанија со цел заедничка апликација за FP7 проект за нови технологии на млади истражувачи. Проектот беше насочен кон развивање на нов модел за континуирано трансформирање на организации кои се трансформираат. Координатор на проектот беше Економскиот факултет во Скопје. Целта на предлог проектот беше да се постигне континуирана трансформација на лица, интеракции и ограничувања, во променливиот модел, со помош на Холон-базиран пристап на моделирање, како и Executable Unified Modeling Language (UML). Економскиот факултет во Скопје се обрати до Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија со цел Центарот да посредува во барањето партнер кој ќе му помогне на Факултетот во развојот и поднесувањето на предлог проектот. Врз основа на ова барање, ЕИИЦМ направи профил за Економскиот факултет во Скопје, при што го презентираше овој профил на официјален состанок за размена на профили, организиран од Мрежата. По оваа асистенција на ЕИИЦМ, Економскиот факултет во Скопје ја избра Норвешката компанија за свој партнер, што заврши со успешно склучен договор за соработка и успешна спроведена постапка за подготовка и апликација на FP7 проектот.

Page 12: Uspesni prikazni

Македонска фирма учествува во развојот на пионерски софтверски апликации за луѓето со оштетен вид Пристап до европските фондови Истражувачки центар од Унгарија имплементираше научно-истражувачки проект од Седмата рамковна програма за развој на иновативна и ефективна технологија за поддршка на лицата со оштетен вид при читањето на текстови и графички прикази. За проектот кој беше во тек, на унгарците им беше потребна софтверска компанија со соодветно знаење и вештини за заедничка изработка на софтверските апликации, а за што добиле пет пријави на интерес од страна на различни компании од повеќе држави низ Мрежата. „Проектот веќе беше започнат, но беше потребна уште една компанија со соодветна експертиза. Enterprise Europe Network ни овозможи да добиеме квалитетни пријави на интерес од компании што делуваат во доменот на развој на софтверски апликации“ – објаснува вишиот истражувач од Унгарија. Македонска реномирана софтверска компанија со помош на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија пријави интерес да се приклучи како МСП експертски партнер во проектот. Унгарскиот истражувачки центар ја избра македонската успешна компанија како партнер кој придонесе успешно да се заврши реализацијата на проектот. „Благодарение на оваа можност навлегуваме во нови и предизвикувачки области од технологијата и применетото истражување“ – истакна менаџерот на македонската компанија.

Page 13: Uspesni prikazni

Од полски музичар кој го формира својот прв бизнис до данска ветерница која го шири својот пазар во Велика Британија, Enterprise Europe Network им помага на компаниите да допрат до ѕвездите.

Европската комисија финансира мрежа за поддршка на бизнисот во 600 бизнис и иновативни центри, во 51 земја, што придонесува за вистински меѓународен успех на малите и средни претпријатија (МСП).

Ова се само неколку од многуте бизниси кои постигнале успех преку Enterprise Europe Network. Enterprise Europe Network нуди помош и совети на преку 3 милиони МСП, помагајќи им да ги развијат своите бизниси преку националните и европските граници.

Page 14: Uspesni prikazni

ЕВРОПСКИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

НОВИ ХОРИЗОНТИ

„Европа е брзорастечки пазар и можеш да го пропуштиш редот ако не си на вистинското место.

Enterprise Europe Network ни беше од голема помош во поврзувањето на нашата компанија со друг партнер“.

Page 15: Uspesni prikazni

Брзите ветерници носат работни места Пронаоѓање на бизнис партнери Една данска компанија е светски лидер во обезбедување на услуги за градење и одржување на ветерници. Работејќи со Enterprise Europe Network, компанијата многу брзо го прошири пазарот на Велика Британија креирајќи 30 нови работни места. Компанијата се поврза со една британска услужна фирма преку локалната канцеларија на Enterprise Europe Network, со седиште во Центарот за бизнис развој во Данска и подрачната канцеларија на Enterprise Europe Network во Велика Британија. Enterprise Europe Network има организирано повеќе од 4.000 компаниски мисии и брокерски настани во последните три години, помагајќи речиси на 70.000 европски бизниси да се поврзат со партнери во странство. Со заедничкото вложување на компаниите, кое овозможи инсталации на ветерници на британското крајбрежје, како и услужни и други дејности, се оствари голем успех за двете компании. Се очекува новата компанија да вработи уште повеќе луѓе во наредните години.

Page 16: Uspesni prikazni

Успех за исландските иноватори Технологијата ја истражува можноста Кога е мразот во прашање, послушајте ги исланѓаните. Таква одлука донесоа две француски лаборатории, кога дознаа за Multi-Ice системот - еколошки течен систем за мраз кој го продолжува рокот на употреба на рибата, и, кој, во моментов е во фаза на тестирање. Овој систем е развиен од страна на исландска микро-компанија. Експертите од Enterprise Europe Network, со седиште во Центарот за иновации во Исланд и Стопанската и индустриска комора од Франција, ги поврзаа новите партнери. Моќната база на податоци за технолошка размена на Enterprise Europe Network, која опфаќа повеќе од 13.000 понуди и барања, со своите 600 партнерски организации, може многу бргу да ги идентификува можностите за своите клиенти во Европа и пошироко. „Мрежата нам ни даде влез во нов постоечки пазар“- вели еден од вработените во исландската компанија.

Page 17: Uspesni prikazni

Вртење на нова страница Стремеж кон интернационализација Прирачници од областа на природата од одамна се објавуваат во форма на книги, но, кој би сакал да ги носи нив на долг пат? Благодарејќи на две компании кои се поврзаа со помош на Enterprise Europe Network, сега постои широка палета на еколошко-базирани апликации за iPhone кои им помагаат на корисниците да ги откриваат видовите во природата. „Ние имавме интересен производ“ – вели еден од вработените – „но, нам ни беше потребна помош за да отидеме и на следното ниво“. Тој се обрати до локалната канцеларија на Enterprise Europe Network, а нивните специјалисти го посетија и му понудија идеи за потенцијални партнери и технологии. Enterprise Europe Network има повеќе од 45.000 вакви барања и им помага на компаниите да влезат на нови пазари. Компаниите се договорија да развијат неколку апликации, со текст и фотографии, а една од нив да се грижи и за софтверот.

Page 18: Uspesni prikazni

ВОДЕЊЕ ДОБРИ БИЗНИСИ

„Ние сакавме да ја развиеме нашата технологија во нов правец и Enterprise Europe Network беше таму

да ни помогне“

Page 19: Uspesni prikazni

Мала фирма си го осветли патот со ЕУ фондовите Пристап до европските фондови Една словенечка компанија води проект за обука на лица со посебни потреби во секторот керамика, финансиран преку европската програма Леонардо да Винчи. Во барањето на финансии, компанијата стапи во контакт со Enterprise Europe Network, со седиште во Комората за занаети и мали бизниси во Љубљана. Со својата специјализирана експертиза и со блиските релации со Европската комисија, Enterprise Europe Network е идеално место за помош на малите бизниси за пристап до европските фондови. Преку овој проект, фирмата и европските партнери развија повеќе од 40 компјутерски засновани лекции за индвидуалци кои имаат пречки во говорот и слухот.

Page 20: Uspesni prikazni

Фирма за третман на води чисти со странски договор Обезбедување наменска поддршка Германска компанија е предводник на биофилм технологија за отстранување на загадувањата од отпадни води. Со помош на Enterprise Europe Network, компанијата сега е влезена на италијанскиот пазар. Експертите за животна средина се вклучени во една од 17-те клучни индустриски секторски групи кои ги обезбедуваат компаниите со наменски услуги. Германската компанија беше повикана на изложбата Aquatech во Амстердам, од страна на нејзината локална канцеларија, со седиште во Германија. Експертите за животна средина на мрежата организираа брокерски настан во рамките на експо. Зеленото поврзување набргу овозможи германската компанија да склучи договор за ширење на својата технологија со мала италијанска фирма од областа на животната средина, која беше донесена на настанот од страна на подрачната канцеларија на мрежата во Италија.

Page 21: Uspesni prikazni

Во потрага по лекот за глувост Вашето истражувачко поврзување Поврзувањето направено преку Enterprise Europe Network им помага на британските истражувачи да откријат повеќе работи како се формира увото за време на развојот на ембрионот. Докторите од Универзитетот Сасекс се поврзале со Францускиот институт преку локалните канцеларии на Лондонската мрежа за технологија и Стопанската индустриска комора од Франција. Многу од 600-те организации на мрежата имаат силни линкови со универзитети и истражувачки центри, со што им се олеснува на нивните истражувачи да се поврзат меѓу себе за да дојдат до финансиски извори или да развијат проект. Еден од докторите, преку базата на податоци на мрежата, промовираше технологија која помага да се изолираат гените од околината на ДНК со што се олеснуваат тестирањата на истражувачите. Специјалистите на Enterprise Europe Network го сигнализираа пазарот за влез на британскиот тим. Истражувањето може да се искористи за третман на глувоста која е наследна или на глувоста предизвикана од надворешните фактори. „Ако ние разбереме што се случува во ембрионот тогаш можеме да помогнеме да се води квалитетен живот“ – вели еден од докторите.

Page 22: Uspesni prikazni

ЅВЕЗДИ ШТО СЕ РАЃААТ

„ Enterprise Europe Network целосно нé информираше за заштитата на правата од интелектуалната

сопственост и за изворите на финансирање од ЕУ. Ние сме на почетокот на ова возбудливо патување,

благодарејќи на нив“.

Page 23: Uspesni prikazni

Од удирање на тапани до нови бизниси Стремеж кон интернационализација Тапанар стана успешен претприемач кој стекна официјално застапништво на два врвни европски изработувачи на инструменти, благодарејќи на Enterprise Europe Network. Тапанарот го започна бизнисот со инструменти за да може да го финансира своето музичко образование. Иако знаеше дека има голем број на барања во Полска за „свежи инструменти од фабрика“, пронаоѓањето на добавувачи не беше баш лесно. „Јас точно знаев кои производители ги барав, но, тие не сакаа да веруваат на некој непознат“ – изјави тапанарот, кој стапи во контакт со локалната канцеларија на Enterprise Europe Network, лоцирана во Фондацијата за развој Лублин, а која му помогна да најде список на добавувачи. Со персонал од 3.000 луѓе кои се наоѓаат во локалните заедници, Enterprise Europe Network им помага на компаниите да принајдат добавувачи и комерцијални партнери во 50 земји. „Додека го подготвувам мојот бизнис план, ќе соработувам тесно со Enterprise Europe Network “ – рече тапанарот.

Page 24: Uspesni prikazni

Мултиплицирани можности за еден економист Стремеж кон интернационализација Една економистка има вештини да направи успешни обуки за финансии и консултантство, но, и недостасуваат главни контакти. „Една од нашите најефективни услуги е вмрежувањето face-to-face“, вели еден од вработените во Стопанската комора во Даблин. Во 2010 година, мрежата организирала состаноци помеѓу економистката и неколку компании од Малта. Потоа следеше недела од 20 состанока во Малта, поддржани од страна на Центарот на мрежата лоциран таму. Новите контакти овозможија неколку обуки и сега нејзината компанија е корпоративна филијала на Малта Финансии. „Мрежата ви покажува како секоја конекција може да придонесе многу. Моето искуство покажува како се добива дополнителен персонал бесплатно“ – вели економистката.

Page 25: Uspesni prikazni

Со полно едро кон успех Корисни совети Олимпиското пловење како спортска дисциплина е една од најтешките за снимање. Два грчки шампиони во пловење имаат бизнис идеја за намалување на производствените трошоци за медиумска покриеност и да ја направат трката уште повозбудлива. Нивната компанија ги снима пловидбите комбинирајќи 3D со GPS технологија. За совет за заштита на правата од интелектуална сопственост, компанијата се обрати до Enterprise Europe Network, со седиште во Комората на мали и средни индустрии во Атина. Компанијата успеа да ги заштити своите производи и да го прошири персоналот со помош на ЕУ финансирањето. „Не можете да почнете да потпишувате договори без да ги знаете своите права“ – вели еден од компанијата. Мрежата располага со околу 14.000 прегледи за заштита на правата од интелектуална сопственост и може да обезбеди совет како да се заштитат производите и услугите како и за ЕУ законите и политиките.

Page 26: Uspesni prikazni

ЕВРОПСКИ ИНФОРМАТИВЕН И ИНОВАТИВЕН ЦЕНТАР ВО МАКЕДОНИЈА

У Н И В Е Р З И Т Е Т „ С В . К И Р И Л И М Е Т О Д И Ј “ в о С К О П Ј Е

Бул . Кр с т е Мисирков бб

т ел . 0 2 3 2 9 3 2 0 4 , факс 0 2 3 2 9 3 2 0 2 e - m a i l : e i i c m @ u k i m . e d u . m k

w w w . e e n . m k