tret del

228

Upload: ksen4i

Post on 06-Apr-2015

1.717 views

Category:

Documents


8 download

TRANSCRIPT

Page 1: Tret del
Page 2: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

333

IV Дел

Меѓународно-правна и национална регулатива против

организираниот криминал и корупцијата

Page 3: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

334

Page 4: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

335

Меѓународно-правна регулатива против организираниот криминал и корупцијата

За да се спротивставиме на одредена општествено-негативна

појава, пред сè е потребно нејзино јасно дефинирање. Ефикасната правно-државна контрола над организираниот криминалитет и него-вите софистицирани форми на манифестирање, кои во суштина претставуваат релативно нова појава и во споредбеното и во меѓуна-родното право, многу тешко може да се оствари на еден ефикасен начин, пред сè поради нејасното дефинирање на самиот поим „орга-низиран криминал“. Од тие причини во првиот дел од трудот беа на-правени сериозни напори од страна на проф. д-р Миодраг Лабовиќ за дефинирање на нови теоретски поими и дизајнирањето на нова типологија на организираниот криминал, со цел да се демистифис-тицира овој феномен.

Зборуваме за експанзија и загрозување на демократските општества од софистицирани форми на организиран криминал, што само по себе ја наметнува потребата државите да мора да распола-гаат со средства со кои ќе може ефикасно да им се спротивстават ва ваквите закани. Од тие причини потребно е да направиме краток преглед низ најважните меѓународни документи кои што ја трети-раат областа на организираниот криминал и корупцијата.

Организацијата на Обединетите нации, чие Генерално собра-ние, свесно за опасноста од интернационалните димензии на органи-зираниот криминал и трговијата со дрога, на 23 декември 1994 годи-на ја донесе Неаполската политичка декларација и Глобалниот акционен план против организираниот транснационален кри-минал. Овие документи ја афирмираат потребата од вложување „посебен напор во борба за намалување на социјалната и економска-та моќ на криминалните организации, на нивната способност да се инфилтрираат во легалните економии, да го `исперат` својот крими-нален приход и да се користат со насилството и теророт“.1 1 X. Turone; “Трговија со дрога и организираниот криминал”; Списание Безбедн-ост бр. 1-2; 1996 год.; стр.85

Page 5: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

336

Седмиот конгрес на ООН за спречување на злосторствата и третманот на престапниците, во својата Резолуција бр.23, ја посочу-ва потребата од натамошно доизградување на екстрадициската пос-тапка и другите видови легална асистенција и меѓународна соработ-ка во спречување на сите видови организирани криминални актив-ности (особено во битието на меѓународниот тероризам). Во својата резолуција 45/123, Генералното собрание на ООН ја изрази својата загриженост за порастот на организираниот крими-налитет и побара од Комитетот за контрола и превенција на крими-налитетот (при ООН) да изнајде начин за зацврстување на меѓуна-родната соработка во борбата против организираниот криминалитет.

Покрај ООН и Советот на Европа има значајна улога во бор-бата против меѓународниот организиран криминал и обидите крими-налните активности од овој вид позитивно-правно да се предвидат во националните законодавства на државите на начин кој ќе овозмо-жи поефикасна меѓународна соработка во нивното откривање, спре-чување и санкционирање. Ваквата улога на Советот на Европа е осо-бено забележлива во соработката која се остварува помеѓу земјите-членки на Европол. Земјите-членки на Советот на Европа беа вклу-чени во инструментариумот на интернационалната правна соработка во кривичните работи. Советот на Европа има донесено 20 конвен-ции во казненото поле и околу 100 препораки што претставува вис-тински корпус на европски кривични закони. Како позначајни од меѓународните конвенции и препораки, кои се однесуваат на борба-та со транснационалниот организиран криминал се следните :

Конвенцијата за перење, откривање, фаќање и конфискација на приходите од кривичното дело“ од 1990 година.

Спогодбата за недозволена трговија со дрога на отворено море од 1995 година.

Конвенција за спречување на перење на пари донесена 08.11.1990 година.

Page 6: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

337

Конвенцијата ги обврзува странките да преземат неоп-ходни законски мерки што ќе гарантираат ефикасна истрага, перманентен увид во промените во врска со имотот, замрзну-вањето на банкарските сметки, како и конфискување на при-ходите од прекршоците.

„Конвенција за транснационалниот организиран криминал на ООН” од 2000 година.

Конвенцијата од Палермо, стапи на сила 2003 годи-на, а до 2005 година таа беше потпишана и ратификувана од сите членки на Советот на Европа што значи и од земјите-членки на ЕУ. Од тие причини Конвенцијата од Палермо претставува најрелевантен правен инструмент. Конвенцијата е најважен обид до сега да се постигне глобална согласност за концептот на организираниот криминал, да се поттикне способноста за разбирање и да се зајакне моќта за сфаќање на овој феномен.

„Препорака на Комитетот на министрите“ од 2001 година. Советот на Европа ја прифаќа токму дефиницијата за органи-зиран криминал дадена во оваа Препорака: „нелегални акти-вности извршени од страна на структурирана група од три или повеќе лица која постои за подолг временски период и презема заедничка активност заради извршување на едно или повеќе тешки дела со цел стекнување, непос-редно или посредно, на финансиска или друга материјална корист.

Како тешки дела се третираат дела за кои е пропишана казна затвор од четири години или повеќе. За разлика од де-финицијата од Палермо, дефиницијата на Советот на Европа не е ограничена на казнени дела од транснационална приро-да. Како криминална организација според Совет на Европа се подразбира: „структурирано здружение, создадено врз пот-рајна основа од повеќе од две лица, кои преземаат заеднички дејствија со цел за извршување казнени дела за кои е пропи-шана казна од најмалку четири години заради стекнување

Page 7: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

338

материјална корист и таму каде што е можно, заради влија-ние врз постапувањето на јавните власти“.2

Милениумска стратегија за превенција и за контрола на организираниот криминал.

Во текот на 2000 година, Советот на министри за правда и внатрешни работи на ЕУ ја усвои оваа Милениумска стратегија која содржи 39 препораки за определени подрачја меѓу кои и препорака за детално разработување на статисти-ката на криминалитетот со посебен осврт на потребата за ста-тистички студии на организираниот криминал.

Даблинска декларација од 2003 год. На Првиот европски конгрес за справување со органи-

зираниот криминал во партнерство одржан 2003 година во Даблин беше донесена Декларација која содржи 10 препора-ки. Меѓу останатите теми е разгледувано и прашањето за из-градување на заедничка статистика на криминалот која ќе биде од голема помош во предвидувањето на криминалните трендови, како и основа за споредување на ефективноста на применетите политики и активности.3

Во 2000 год усвоен е заеднички документ на Советот на министри на ЕУ, Европската комисија, Европол, Европска судска мрежа и државите-членки , насловен како Превенција и контрола на организираниот криминал: Стратегија на Европската унија за почеток на новиот миленим. Со цел хармонизација на законодавствата на државите-членки, Сове-тот на министрите во 2005 година ја усвои новата рамковна одлука во која е прецизирана дефиницијата на криминалната организација. Оперативната дефиниција за организиран кри-минал поаѓа од единаесет критериуми: постапување на пове-ќе од две лица; секој член од организацијата има своја улога; организацијата постои подолго или неограничен период; во

2 Ибид; стр.47 3 Б.Гогов; „Изградување на ЕУ стратегија за мерење на криминалитетот и кривично правниот систем“; Билтен бр.2 - Борба против организираниот криминал во Р. Македонија; Март 2007 год.; стр.14

Page 8: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

339

организацијата се развиени одредени облици на дисциплина и контрола; членовите на организацијата вршат потешки дела; организацијата ги остварува своите активности во меѓу-народни рамки; применува насилство и средства за принуда; нејзините членови користат деловни структури или профитно организирани институционални облици; вклучени се во пере-ње пари; врши влијание на политички структури, медиуми, извршната власт, судство и стопанство; нејзините членови делуват заради остварување на профит, односно сила.4

1. Конвенција за недозволена трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции на ООН – Виенска

конвенција

Виенската конвенција за недозволена трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции е еден од трите најважни меѓуна-родни акти за борба против илегалната трговија со дрога. Таа, всуш-ност, овозможува дополнителни законодавно-правни механизми од оние кои се предвидени со Единствената конвенција за дрогите од 1961 год. и Конвенцијата за психотропните супстанции од 1971 год. Исто така оваа Конвенција, покрај тоа што претставува „меѓународ-ен фундамент“ за гонење на илегалната трговија со наркотични дро-ги и психотропни супстанции, таа претставува и една од основните меѓународно-правни регулативи за спречување на перењето пари, но и воопшто на организираните криминални активности. Токму пора-ди ова Виенската конвенција е мошне значајна т.е. нејзината важ-ност произлегува од фактот што таа претставува документ со кој за првпат се постигнува меѓународен консензус во врска со: сле-дењето, заплената и конфискацијата на криминалните приноси од трговијата со наркотични дроги и психотропни супстанции; криминализирањето на перењето пари и поврзаноста на тргови-јата со дрога со другите облици на организиран криминал, со

4 Council Framework Decision on the fight againts organised crime ; Brusels 2005/003 (CNS)

Page 9: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

340

што се поткопува легалната економија и се загрозува стабилноста, безбедноста и суверенитетот на државите. Виенската конвенција е донесена на 20 декември 1988 год., а стапила во сила по 20 ратификувани договори на 11 ноември 1990 год. Таа е прифатена од страна на 170 држави во светот.

Позначајни мерки предвидени со оваа Конвенција се оние кои се однесуваат на:

1. Подобрување на националните и меѓународни легисла-тивни и административни мерки и активности за спречу-вање на илегалната трговија со дрога.

2. Воведувањето на мерката конфискација на приносите кои потекнуваат од извршување на претходно казнено дело (определено со Конвенцијата) или од сопственост чија вредност одговара на вредноста на таквиот принос, како и на опојните дроги и психотропните супстанции, опремата и другите средства користени или наменети за извршува-ње на таквите дела.

Според Конвенцијата под поимот „конфискација“ (заплена) се подразбира трајно лишување од сопственоста со одлука на суд ила на друг надлежен орган.

Покрај мерката на конфискација, Конвенцијата предвидува и мерка „замрзнување“ или „одземање“ на имот во судска или друга постапка под што се подразбира привремена забрана за трансфер, конверзија, располагање или за движење на сопственоста врз основа на налог издаден од страна на судот или од друг надлежен орган.5 Вакавата мерка наоѓа оправдување поради фактот што приносите од криминал можат доста брзо да се трансферираат преку финансиски-те и банкарските текови и истите потоа без никаков проблем да се инкорпорираат во легални економски активности. Според одредбите

5Конвенција за недозволена трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции” на ООН - Виенска конвенција; 1988 год. ; чл. 1

Page 10: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

341

од Конвенцијата, државите-потписнички треба да преземат опреде-лени соодветни мерки кои ќе овозможат нивните надлежни органи да ги идентификуваат, откријат, замрзнат или запленат добивките, сопственоста или средствата поврзани и прибавени со криминални активности од областа на илегалната трговија со дрога6.

Кога станува збор за конфискацијата и привременото замрз-нување и заплена на криминалните приноси и средства треба да на-поменеме и дека Виенската конвенција предвидува правен меха-низам со кој се овозможува признавање и извршување на стран-ски конфискациски одлуки и одлуки за привремено замрзнува-ње и заплена во државата во која се наоѓа сопственоста што претставува криминален принос или средства и предмети од извршено дело7. Во контекс на ова, Виенската конвенција ги пред-видува и двата пристапи на конфискација: имотен (предметен) и вредносен, при што државите можат да бираат помеѓу или да ги прифати и двата пристапа. Сепак, и покрај ова, забележителни се одредени недостатоци и недоречености во Конвенцијата во случаите кога барање за конфискација или привремено замрзнување и запле-на е поднесено од држава со еден систем (пристап) и е упатено кон држава која прифаќа друг или ,пак, доколку националното позитив-но законодавство на замолената држава не предвидува ниту еден од пристапите. Во овие случаи доаѓа до невоспоставување на соработ-ка, правна блокада и овозможување на непречено трансферирање и располгање со приносите, средствата и предметите од криминална природа.

Во однос на перењето пари, Виенската конвенција е значај-на поради тоа што истата предвидува државите-потписнички пе-рењето пари поврзано со илегалната трговија со дрога да го вос-постават во своите национални законодавства како кривично дело. Но Конвенцијата не го употребува конкретно поимот „перење пари“ туку дејствијата од овој карактер ги определува како: 6Конвенција за недозволена трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции” на ООН - Виенска конвенција; 1988 год. ; чл. 5 7Конвенција за недозволена трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции” на ООН - Виенска конвенција; 1988 год. ; чл. 5

Page 11: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

342

- „конверзија или трансфер на имот, кога се знае дека таквиот имот потекнува од какво билоо кривично дело или кривични дела востановени во согласност со член 3 точка 1(а) од Кон-венцијата или од дејствие на учество во такво кривично дело или кривични дела, со цел прикривање или преправање на нелегалното потекло на имотот или помагање на кое било лице вклучено во извршување на вакво кривично дело или кривични дела да ги избегне легалните последици од своето дејствие;

- прикривањето или преправањето на вистинската природа, извор, локација, распоред, движење, права или сопственост на имот, со знаење дека таквиот имот е стекнат од кривично дело или кривични дела востановени во согласност со член 3 точка 1(а) или дејствие на учество во такво кривично дело или кривични дела“.8

Според членот 3, точка 1, Конвенцијата предвидува кримина-лизирање и на секое она дејствие со кое се овозможува стекнување, поседување или употреба на имот за кој во време на примањето се знае дека потекнува од трговија со дрога, како и на оние дејствија со кои се врши здружување, помагање, поттикнување и овозможување извршување на кривични дела предвидени во член 3 точка 1(а).

Виенската конвенција се обидува да ја поттикне и уреди: заедничката правна соработка и помош; различни други облици на соработка и тренинг-програми за органите на прогонот; екстрадици-јата на лицата сторители на кривичните дела предвидени со Конвен-цијата; примената на контролирани испораки (што претставува мер-ка која овозможува прибирање на многу важни доказни материјали за дејствувањето и структурата на криминалната група која се зани-мава со илегална трговија со дрога и која поради тоа претставува дел од посебните истражни мерки); спречувањето на илегалната

8Конвенција за недозволена трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции” на ООН - Виенска конвенција; 1988 год. ; чл. 3, точка 1 (б) и) и ии)

Page 12: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

343

трговија со дрога по морски пат, во слободните трговски зони и при-станишта итн.

2. Препораки од Оперативната група за финансиски дејствија на перење пари (FATF)

FATF9 - Оперативната група за финансиски дејствија на перење пари е интервладино тело формирано на Самитот на Г- 7 одржан во Париз во 1989 год. Како основачи, покрај државите од групата на седумте најразвиени држави во светот, се јавуваат и Европската комисија и уште 8 други држави. Во текот на 1991 и 1992 год. FATF го проширува своето членство од првичните 16 на 28 члена, во 2000 год. бројот се зголемува на 31 член, 2003 год. на 33 члена и во 2007 год. на сегашните 34 члена. Од овие 34 члена 32 се држави и територии, а две членки се регионални организации (Европската Комисија и Советот за заливска соработка). Статус на држави-набљудувачи имаат две држави - Индија и Република Кореа. FATF, исто така, блиску соработува со голем број меѓународни и регионални тела кои се вклучени во спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот (тука можат да се споменат Азиско-пацифичката група за перење пари - APG; Карипската оперативна група за финансиски дејствија на перење пари - CFATF; Оперативна група за финансиски дејствија во Јужна Америка - GAFISUD; Опе-ративна група за финансиски дејствија во Средниот Исток и Северна Африка - MENAFATF, Интерпол, Европол, Европравда, Европската централна банка - ECB, Организацијата за економска соработка и развој - OECD, Канцеларија на ООН за дрога и криминал - UNODC; Светската Банка - WB, Меѓународниот монетарен фонд - IMF, Свет-ската царинска организација - WCO, и уште многу други). Основната цел на FATF е развој и промовирање на полити-ки, како на национално, така и на меѓународно ниво за спречу-вање на перењето пари и финансирањето на тероризмот. Од 9 Оперативната група за финансиски дејствија на перење пари формирано од групацијата Г-7

Page 13: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

344

своето основање па сè до денес FATF имплицира напори за усвоју-вање и имплеметирање на мерки и активности кои би овозможиле спречување на злоупотреба на финансиските системи од страна на криминалот. Во април 1990 год. FATF издаде извештај во кој беа содржани (познатите) 40 препораки кои предвидуваат комплексен план на активности и дејствија за спречување на перењето пари. Овие 40 препораки во суштина се надоврзуваат на Виенската кон-венција за недозволена трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции, а исто така првичната иницијатива за нивно донесува-ње, пред сè беше спречување на злоупотребите на финансиските системи за перење пари прибавени од илегална трговија со дрога. Во 1996 год. препораките беа за прв пат ревидирани со цел да соодејст-вуваат на новите трендови и типологии на перење пари. Препораки-те претрпеа и во 2003 год., со цел истите да бидат компатибилни на актуелните состојби и со тоа да останат основна работна рамка на напорите за спречување на перење пари како и да бидат универзал-но применливи. FATF ја има согледано реалноста која укажува на тоа дека државите во светот имаат различни правни и финансиски системи, па поради тоа не можат да се преземат насекаде идентични мерки за да се постигнат во целост планираните цели, а особено кога тие се поврзани за одредени детали. Поради ова, препораките определуваат само минимум стандарди за дејствување, а останатите поконкретни прецизирања се оставени на уредување на државите во согласност со нивните поединечни услови и можности, како и уставни принци-пи и уредување. Генерално кажано, препораките предвидуваат мерки и актив-ности кои државите би требало да ги инкорпорираат во своите национални позитивни законодавства т.е. во својата криминална правда и регулаторни системи, потоа, исто така, тие предвидуваат и одредени превентивни мерки кои треба да се преземаат од страна на финансиските институции и одредени други бизниси и професии, како и одредени мерки со кои ќе се овозможи ефикасна и координи-

Page 14: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

345

рана меѓународна соработка на планот на спречување на перењето пари. Значи, четирисетте препораки на FATF обезбедуваат сеопфат-ен сет на контра-мерки за спречување на перењето пари кои притоа го опфаќаат системот на криминална правда и агенциите за спрове-дување на законот (law enforcement agencies), финансискиот систем и регулативите со кои тој се уредува и меѓународната соработка. Препораките на FATF се поделени во 4 глави и тоа:

1. Генерална рамка на препораките;

2. Улогата на националните правни системи во борбата против перењето пари;

3. Улогата на финансиските системи во борбата против перењето пари;

4. Зајакнување на меѓународната соработка. Во првата препорака на FATF се повикува на ратификување и

целосно вградување на Виенската конвенција од страна на државите во светот, а додека во четвртата за одбележување е тоа што се наве-дува дека државите треба да преземат мерки за криминализирање на перењето пари во согласност со оваа Конвенција. Потоа значајно е да се спомене дека шестата препопрака предвидува кривична одго-ворност и за правните лица, а седмата препорака се однесува на тоа во националните законодавства да се предвидат мерки за конфиска-ција, заплена и замрзнување на приноси, имот и средства од какво било кривично дело на перење пари. Во препораките за улогата на финансиските системи во борбата против перењето пари се наведу-ваат неколку позначајни работи, како на пример: и небанкарските финансиски институции да ги применуваат мерките и активностите кои се предвидуваат со овие препораки; потоа финансиските инсти-туции да водат прецизна евиденција за идентитетот на своите коми-тенти и иматели на трансакциски сметки; соодветно чување на сите досиеја за остварени трансакции (дома и во странство) од страна на финансиските институции; следење на трансакциите кои содржат поголеми износи на парични средства или кои немаат јасна економ-

Page 15: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

346

ска или очигледна законска цел; финансиските институции да разви-ваат програми против перењето пари; финансиските институции да обезбедат примена на мерките и принципите од овие препораки и во оние свои филијали и експозитури кои се наоѓаат во земји кои недо-волно ги примениле овие препораки (до степен што го дозволуват локалните закони од оваа сфера), како и секогаш детално да се истражат трансакциите со сомнителен карактер кои се остваруваат од или во вакви земји; развивање на современи системи преку кои банките и другите финансиски институции и посредници би ги при-јавувале сите домашни и интернационални трансакции над одредени износи како и развивање на современи системи, техники и инстру-менти преку кои би се овозможила побезбедна и полесна трансакци-ја на парични средства во безготовински облик; обврска и институ-циите за супервизија да воспостават адекватни програми за спречу-вање на перење пари итн. Во однос на меѓународната соработка (глава Г- Зајакнување на меѓународната соработка) препораките повикуваат на: воспоста-вување на евиденции преку кои ќе се следи меѓународниот проток на готовина во која било валута; проширување на надлежноста на Интерпол и Светската царинска организација во поглед на прибира-ње и доставување податоци до надлежните служби за последните достигнувања и техники во перењето пари; подобрување на меѓуна-родната размена на информации во врска со сомнителни трансак-ции, лица или корпорации; институционализирање и формализира-ње на меѓународната соработка преку билатерални и мултилатерал-ни договори; поттикнување на заеднички истражувања помеѓу соод-ветните надлежни служби во државите; воспоставување на специја-лизирани служби кои ќе бидат надлежни за идентификација, замрз-нување и конфискација на приносите од криминални активности; третирање на перењето пари како екстрадициско кривично дело и поедноставување на екстрадициските постапки. Од претходно кажаното може да се констатира дека овие пре-пораки навистина нудат широк и сеопфатен спектар на мерки и активности за спречување на перењето пари поради што е и целосно оправдан ставот на Меѓународниот монетарен фонд и Светската

Page 16: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

347

банка дека 40-те препораки на FATF претставуваат меѓународни стандарди во областа на сузбивањето на овој облик на криминални активности и дејствија. Покрај 40-те препораки за спречување на перењето пари, FATF е исто така препознатлив и по 9-те специјални препораки за спречување на финансирањето на тероризмот. Историјатот на овие специјални препораки започнува од 2000 год., кога за првпат на годишниот состанок на FATF било дискутирано за можноста воспо-ставените мерките против перењето пари да се користат и против тероризмот и неговото финансирање. Ваквата можност била разгле-дувана и на годишниот состанок на FATF во 2001 год., меѓутоа конечното проширување на мандатот на FATF и врз дејствијата поврзани со тероризам т.е. поточно поврзани со неговото финанси-рање се случува на вонредниот состанок на FATF одржан во месец октомври 2001 год. по терористичките напади во САД од 11 септем-ври. Првично во 2001 год. биле донесени осум специјални препора-ки за спречување на финансирањето на тероризмот и терористички-те активности, но во 2004 год. истите биле надополнети со уште една препорака. Деветте специјални препораки на FATF се следни-те:

2.1. Ратификација и имплементирање на инструментите на ООН

Оваа препорака, пред сè повикува државите да преземат итни

мерки за ратификување и имплементирање на Конвенцијата на ООН за сузбивање на финансирањето на тероризмот од 1999 год., потоа на Резолуцијата бр. 1373 на Советот за безбедност, како и на другите конвенции и резолуции на ООН кои се однесуваат на превенцијата и сузбивањето на финансирањето на терористичките акти.

Page 17: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

348

2.2. Криминализирање на финансирањето на тероризмот и со него поврзаните дејствија на перење

пари

Според оваа препорака, државите треба да го криминализи-раат финансирањето на тероризмот, терористичките акти и терорис-тичките организации, како и да ги предвидат ваквите кривични дела како претходни кривични дела на перењето пари.

2.3. Замрзнување и конфискување на имотите на

терористите

Секоја држава треба да предвиди и имплементира мерки во согласност со резолуциите на ООН за превенција и сузбивање на финансирањето на терористичките акти со кои без одлагање ќе врши замрзнување и конфискување на фондови или други приноси сопственост на терористи, терористички организации или од оние кои го финансираат тероризмот. Исто така, секоја држава треба да предвиди и имплементира и такви мерки со кои ќе врши заплена и конфискација на имот кој се користел, потекнува, или би требало и бил наменет за финансирање на тероризам, терористички дејствија и терористички организации.

2.4. Пријавување на сомнителните трансакции поврзани со тероризам

Сите финансиски институции и други субјекти кои имаат одре-

дени обврски за преземање на антимерки против перењето пари, доколку дојдат до одредени сознанија кои укажуваат дека определе-ни фондови се поврзани, се однесуваат или ќе бидат искористени за тероризам, терористички дејствија и терористички организации, истите треба да ги достават до надлежните органи.

Page 18: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

349

2.5. Меѓународна соработка

Секоја држава треба да настојува да ја унапредува меѓусебна-та соработка со останатите држави во светот врз основа на договори, аранжмани или други механизми, а со цел остварување на ефикасна размена на информации и пружање правна или друг вид помош во случаите кога се работи за финансирање на тероризам, терористички дејствија и терористички организации. Покрај ова, државите треба да преземат и соодветни мерки со кои ќе овозможат сторителите на вакви кривични дела да не останат неоткриени и неказнети, како и да преземат мерки со кои ќе се обезбеди екстрадиција на сторители-те, доколку е тоа потребно.

2.6. Алтернативни дознаки на пари

Според оваа препорака државите треба да преземат мерки со кои ќе се овозможи сите субјекти кои вршат трансфери на пари да бидат соодветно лиценцирани и регистрирани за таа дејност, потоа да се обезбеди почитување на препораките на FATF од нивна стра-на, како и санкционирање на оние субјекти кои евентуално би ги прекршиле легалните процедури при трансферирање на парични средства.

2.7. Електронски трансфери на пари

Државите треба да преземат мерки врз основа на кои финанси-ските и другите институции ќе имаат обврска при вршење на транс-ферите да ги обезбедат и меморираат точните и значајни информа-ции за субјектите и природата на самиот трансфер, како и да презе-мат мерки со кои би се овозможило надзор над сомнителните транс-акции кои не се проследени со целосни и соодветни информации .

2.8. Непрофитни организации

Оваа препорака наметнува потреба државите да извршат реви-зија на адекватноста на законските регулативи кои се однесуваат на

Page 19: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

350

субјектите кои би можеле да бидат злоупотребени за финансирање на тероризмот. Како најранлива група субјекти се јавуваат токму не-профитните организации, поради што државите би требало да презе-мат мерки кои би овозможиле тие да не бидат злоупотребени од страна на терористички организации кои се претставуваат како леги-тимни субјекти, потоа би се овозможило спречување на нивно иско-ристување како канали за финансирање на тероризам или избегнува-ње на мерките за замрзнување на имот, како и спречување на прик-ривање на распоредувањето на легитимни фондови наменети за терористички организации.

2.9. Пренесувачи на готовина

Секоја држава треба да преземе мерки за детекција на физич-ки прекуграничен транспорт на валути или други хартии од вред-ност, вклучувајќи тука и систем за декларирање и други поблиски одредби. Државите треба да овозможат и мерки со кои ќе им се даде овластување на нивните надлежни органи да ги стопираат и спречат оние транспорти на валути или други хартии од вредност за кои постои сомневање дека се поврзани со финансирање на тероризам или перење пари, како и оние кои се лажно декларирани. Потребно е државите да предвидат и ефективни санкции за сторителите, но и мерки на конфискација на валутите или другите хартии од вредност при вакви случаи на транспорт.

3. Конвенција за перење пари, откривање, заплена и

конфискација на имотна корист прибавена со кривично дело - Стразбуршка конвенција

Конвенцијата за перење пари, откривање, заплена и конфис-кација на имотна корист прибавена со кривично дело или попозната уште како Стразбуршка конвенција (која кај нас е ратификувана со погрешно преведен наслов и би требала да гласи Конвенција за перење, откривање, запленување и конфискација на приносите од криминал) е донесена од страна на Советот на Европа, во Стразбург

Page 20: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

351

во 1990 година. Оваа конвенција стапи во сила во 1993 год. а Р.Македонија истата ја ратификуваше во 1999 год. Стразбуршката конвенција е една од најзначајните и најцити-рани конвенции кога станува збор за организираниот криминал, перењето пари и други приноси од кривични дела, примената на посебни истражни мерки итн. Вистинското значење на оваа Конвен-ција произлегува од обидот истата што попрецизно да ја утврди меѓусебната соработка на државите на планот на спречувањето на перењето, откривањето, заплената и конфискацијата на приносите од криминал. Стразбуршката конвенција се состои од 4 глави, па така во Првата глава се дефинирани одредени термини кои се употребу-ваат и се од поголемо значење за Конвенцијата. Така на пример, под поимот „приноси“ според Конвенцијата се подразбира секоја еко-номска корист прибавена од кривично дело, а додека под поим-от „конфискација“ се подразбира казна или мерка изречена од страна на судот по спроведена постапка за извршено едно или повеќе кривични дела која води кон одземање на имотот. Во глава II од Конвенцијата значајно е да се напомене дека се предви-дува мерката на конфискација како еден од инструментите кои им стојат на располагање на органите на прогонот за спречување на криминалитетот, потоа исто така се предвидува примена на ист-ражни и привремени мерки како и на специјални техники на истражување. Во членот 6 оваа Конвенција поставува облигаторно барање до земјите-членки да усвојат законски и други мерки кои ќе бидат неопходни за воспоставување криминализација во национал-ните законодавства и во случаите кога намерно е извршена:

a) конверзија или трансфер на имот, а се знае дека таквиот имот претставува принос стекнат по пат на криминална активност, со цел преправање и прикривање на илегално-то потекло на имотот или помагање на секое лице кое што било вклучено во извршувањето на претходното кривично

Page 21: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

352

дело да ги избегне легалните последици од неговот дејст-вие;

b) преправање и прикривање на природата, изворот, локаци-јата, располагањето, движењето, правата или сопственос-та на имот, ако се знае дека таквиот имот претставува принос стекнат по пат на криминална активност;

v) стекнување, поседување или употреба на имот, за кој во време на примањето се знаело дека претставува принос стекнат по пат на криминална активност;

г) учество во некоја повреда утврдена согласно овој член или секое здружување, сојуз, обид или соработка за да се обезбеди помош или совет во поглед на извршувањето10.

Со ова се прави еден сеопфатен обид да се дефинира што, всушност, се смета за перење на пари и други приноси според оваа Конвенција.

Во Стразбуршката конвенција големо внимание се посветува на меѓународната соработка кога станува збор за спроведувањето на истраги и конфискацијата на приноси од криминални активности, па така се предвидува на кои начини и под кои услови се воспоста-вува меѓусебна помош за спроведување на истраги, доброволен пре-нос на информации, извршување на привремени мерки, конфискаци-ја и сл. Со цел меѓународната соработка на планот на спроведување-то на истраги и конфискацијата на приноси од криминални актив-ности да може да се остварува на еден ефикасен и целисходен начин Конвенцијата се обидува да ги предвиди и сите оние случаи кога меѓународната соработка оправдано може да биде одбиена или одложена од страна на една држава потписничка на конвенцијата. Конвенцијата, покрај другото, предвидува државите да имаат опре-делени органи преку кои би се одвивала постапката на воспоставу-вање и спроведување на меѓународната соработка, како и тоа дека таа може да се спроведува со посредство на Интерпол. 10 Конвенција за перење пари, откривање, заплена и конфискација на имотна корист прибавена со кривично дело” - Стразбуршка конвенција; чл. 6

Page 22: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

353

Според Стразбуршката конвенција, надлежна институција за нејзино толкување и примена е Европскиот комитет за криминални проблеми на Советот на Европа

4. Конвенција за транснационалниот организиран криминал на ООН - Конвенцијата од Палермо

4.1. Потреба за меѓународна соработка за спречување

на организираниот криминал

Организираниот криминал е феномен вграден во современи-от начин на живот, за кој што може да се каже дека е најтежок кри-миналитет во однос на опасностите што ги носи со себе, како и во однос на последиците кои ги нанесува на човекот, општеството, државата и сите материјални и духовни добра и вредности кои се сметаат за најголемо човеково цивилизациско достигнување. Значи, организираниот криминал го загрозува нормалното законито функционирање на државата и нејзините органи и институ-ции, односно начелото на владеење на правото и самите демократ-ски основи на правната држава. Општествата во кои има отсуство на прецизно пропишани и спроведливи законско-легислативни правила и прописи за сузбива-ње на организираниот криминалитет се карактеризираат со пораст на оваа „неконвенционална“ форма на криминал, како и со непочи-тување и слабеење на државно-правните постулати и институции што на крај резултира со општа вознемиреност, несигурност и де-зорганизација на целото тоа општество. Организираниот криминалитет и неговите многубројни и раз-новидни појавни облици во кои може да се манифестира се исклучи-телно тешки за откривање, спречување и докажување. Пред сè, по-ради нивната брза прилагодливост, флексибилност и транснационал-ност. Поради овој факт, како и поради неефикасноста и неефектив-

Page 23: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

354

носта на класичните методи за негово сузбивање, потребно е на ниво на секоја држава поединечно, но и на ниво на целата меѓуна-родна заедница да се утврдат и донесат конзистентни законски од-редби со кои ќе се спречи и санкционира секоја негова појава и об-лик. Во контекст на ова може да се спомнат напорите на меѓуна-родната заедница за изнаоѓање мерки и инструменти кои ќе бидат најпогодни за елиминирање на оваа крајно негативна појава, но кои ќе бидат и прифатливи за сите земји. Резултати од таквите напори се многубројните донесени конвенции, протоколи и договори. Но, тука, пак, се јавува и една дилема - дали тие меѓународни документи навистина и придонесуваат во борбата со организираниот криминал, бидејќи неговиот пораст и бројот на усвоените вакви документи како да се во правопропорционален однос т.е. иако имаме многу усвоени конвенции, сепак, овој вид криминал бележи пораст. Тоа пак, како да е резултат на одредени нејаснотии, недоречености, ко-лебања кои сè уште се јавуваат во поглед на утврдување единствена дефиниција за битието на овој криминал, неговите појавни форми и феноменолошки и етиолошки карактеристики. Извесно надминување на овој проблем како да се постигна со усвојувањето на Конвенцијата на Обединетите нации против транснационалниот криминалитет,која,всушност, претставува нов начин и средство во борбата против организираниот криминал. Земја - потписничка на оваа Конвенција е и Р. Македонија која, како и останатите земји во светот се соочува со овој проблем.

4.2. Историјат на Конвенцијата од Палермо Значи, поради растечката опасност и сé поголемите глобал-

ни размери на организираниот криминал, поради што сè повеќе му се придава епитетот транснационален, како и поради неефикасноста и неефективноста на изолираната борба што ја спроведуваат држа-вите, беше неизбежно меѓународната заедница да ги консолидира сите свои сили со цел да оформи моќен, легален инструмент за бор-ба против оваа најопасна форма на криминал. Таквите напори резул-

Page 24: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

355

тираа со изготвувањето и усвојувањето на Конвенцијата од Палермо за борба против транснационалниот организиран криминал.

Конвенцијата беше усвоена од Генералното собрание на

ООН на 15 ноември 2000 година, а истата беше отворена за потпи-шување, симболично во Палермо од 12 до 15 декември 2000 година, при што беше потпишана од приближно 130 земји. Исто така, во самата Конвенција се наведува дека таа ќе стапи во сила деведесет дена по депонирањето во ООН на 40-тиот инструмент за ратифика-ција, прифаќање, одобрување или пристапување. Како еден вид анекси кои се надоврзуваат на оваа Конвенција се: Протоколот за превенција, спречување и казнување на трговијата со лица, особено жени и деца и Протоколот против криумчарење на мигранти по копнен, воден или воздушен пат.

Конвенцијата од Палермо, всушност, е плод на долгогодиш-

ните напори на државите во светот да се воспостави една ефикасна и целесообразна меѓународна соработка на полето на откривањето, спречувањето и санкционирањето на организираниот криминал. Интересно е да се спомене податокот дека меѓу првите луѓе кои се залагале за воспоставување на меѓународна соработка во областа на борбата против транснационалниот организиран криминал е токму познатиот италијански јавен обвинител Џовани Фалконе. Тој низ бројните и големи случаи поврзани со италијанските мафијашки лидери на кои што работел дошол до констатација дека доколку националните полициски, обвинителски и судски системи не воспо-стават ефикасен начин за соработка помеѓу себе нема можат поеди-нечно да се справат со организираниот криминал. Од друга страна, пак, како главни носители на ваквата идеја во меѓународната заед-ница се јавуваат ООН, Советот на Европа, ИНТЕРПОЛ и други ме-ѓународни организации. Како зачеток на работата за донесување на оваа Конвенција се смета Неаполската политичка декларација и Гло-балниот план за акција против организираниот транснационален криминал (документи со кои за прв пат организираниот криминал се потенцира како глобален меѓународен проблем), а кои што се усвое-

Page 25: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

356

ни и од Генералното собрание на ООН во декември 1994 година. Потоа, идејата за донесување на меѓународна конвенција за трансна-ционален организиран криминал е афирмирана и на следните мини-стерски конференции одржани во Буенос Аирес (1995 год.), Дакар (1997 год.), Манила (1998 год.), и Рим и Банкок ( 1999 год.). Во 1996 год. Полска пред Генералното собрание на ООН доставува предлог-нацрт верзија на конвеција против организиран криминал, а подоц-на (1998 год.) Аргентина предложува нацрт- верзија на конвенција против трговија со луѓе, а пак, Австралија нацрт-верзија на конвен-ција против илегален транспорт на мигранти. Овие две последни нацрт-верзии на конвенции кои ги предлагаат Аргентина и Австра-лија, всушност, претставуваат база за донесување на двата дополни-телни протокола на Конвенцијата од Палермо.

Генералното собрание на ООН во 1997 год. формира меѓу-народна група на експерти која била задолжена да изготви нацрт-верзија на евентуална идна конвенција за транснационален органи-зиран криминал. Во наредната 1998 год. се формира и еден ad hoc Kомитет за елаборација на Kонвенцијата и три нејзини пропратни протоколи (за спречување на трговија со луѓе, за спречување на кри-умчарење на мигранти и спречување на илегалната трговија со оружје и муниција). Овој Комитет во текот на јули 2000 год. верзија со извесни промени ја прифати предложената нацрт-верзија на Кон-венцијата и на двата протокола за спречување на трговија со луѓе и спречување на криумчарење на мигранти. По ова следуваше нивно прифаќање и од страна на Генералното собрание на ООН во ноем-ври 2000 год, а наредниот месец истите беа отворени за потпис на меѓународната конференција во Палермо, Италија, кадешто голем број државни делегации претставувани на највисоко ниво истите ги потпишаа. Конвенцијата конечно стапи во сила во 2003 год.

4.3. Значење на Конвенцијата од Палермо

Конвенцијата од Палермо претставува меѓународен доку-

мент, кој има посебно значење во изградувањето на еден унифици-ран, координиран и заеднички меѓународен систем за откривање,

Page 26: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

357

спречување и санкционирање на транснационалниот организиран криминал. Оваа Конвенција, покрај другото, може да се рече дека има и свое симболичко значење кое произлегува од две работи: прво, од тоа дека истата претставува прв документ во новиот миле-ниум (донесена е во 2000 год.), кој се однесува на оваа појава (орга-низираниот криминал), која некои ја нарекуваат и болест на совре-меното општество, а втората дека конвенцијата е потпишана не слу-чајно во Палермо главниот град на Сицилија, местото кое се смета за „лулка“ на мафијата. Меѓутоа вистинското значење на Конвенци-јата од Палермо произлегува од тоа што таа предвидува одредени кривично-правни и процесни решенија кои би требало да ги инкор-порираат државите потписнички со цел да се хармонизираат на тој начин националните законодавства на земјите во светот што пак би придонело во подобрување на меѓународната соработка при спречу-вањето на кривичните дела од транснационален организиран карак-тер. Оваа Конвенција, главно, се карактеризира со следниве работи: таа предвидува инкриминирање на определени облици на организи-ран криминал и меѓународна соработка во нивно спречување, меѓу-тоа само доколку притоа е застапен транснационалниот елемент; потоа овозможува надминување на дилемата за тоа што претставува организирана криминална група и избегнува прецизно дефинирање за тоа што претставува организираниот криминал.

Така, на пример, според членот 2 став а) на Конвенцијата, под организирана криминална група се подразбира „структурирана група од три или повеќе лица која постои за одреден временски период и дејствува заеднички со цел да изврши едно или повеќе тешки кривични дела или дела востановени во согласност со Конвенцијата заради остварување директна или индиректна финансиска или друг вид материјална корист”. 11

Поимот структурирана група според Конвенцијата означува „група која не е случајно формирана заради непосредно извршување

11 Законот за ратификација на Конвенцијата на ООН против транснационалниот организиран криминал...; чл. 2 став а); 2004 год.; стр. 54

Page 27: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

358

на кривично дело и која нема форманло дефинирана улога на нејзи-ните членови, континуитет на нејзиното членство или развиена структура„12 а под „тешки дела“,Конвенцијата подразбира кривични дела за кои е пропишана казна лишување од слобода од најмалку 4 години или потешка казна.

Во Конвенцијата од Палермо,главно се нагласени 4 вида

кривични дела, кои државите потписнички треба да ги инкримини-раат во своите национални законодавства, па како такви се наведени следните: учество во организирана криминална група; перење на пари; корупција и попречување на правдата. Значи, одредбите на оваа Конвенција се однесуваат на претходно споменатите дела, потоа на сите тешки кривични дела (согласно чл.2 ст.б) од Конвен-цијата) кои се од транснационален карактер и се сторени од органи-зирана криминална група. Транснационалниот елемент на едно кри-вично дело во Конвенцијата е определен на еден поширок начин, па се наведува дека тоа се смета за такво доколку :

- извршено во повеќе држави; - извршено во една држава, но истото е планирано,

подготвувано или контролирано од друга држава; - извршено во една држава од страна на организирана кри-

минална група која дејствува во повеќе држави; - извршено во една држава, но последиците се чувствуваат

во друга. Во оваа Конвенција, покрај другото, се дефинирани и поим-

ите: „замрзнување“ или „заплена“; „конфискација“; „контролирана испорака“ итн. и истите се предвидени како мерки кои треба да бидат предвидени како легални инструменти во позитивното законо-давство на државите со цел органите на прогонот истите да ги кори-стат во истрагите за транснационални организирани кривични дела.

Конвенцијата предвидува и одговорност за правните лица; меѓусебна соработка за целите на конфискацијата; екстрадиција и

12 Законот за ратификација на Конвенцијата на ООН против транснационалниот организиран криминал...; чл. 2 став в); 2004 год.; стр. 54

Page 28: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

359

трансфер на осудени лица; меѓусебна правна помош; споени истраги и специјални истражни мерки (особено битни инструменти за орга-ните на прогонот во прибирањето на доказни материјали за борбата против овој вид криминал); заштита на сведоци (категорија на лица која се покажува како доста значајна во откривањето и санкционира-њето на делата од овој вид); помош и заштита на жртвите (сегмент на кој му се посветува доста големо внимание во развиените земји, а сега и во земјите во развој);превенција (дејствување на органите на прогонот на еден нов начин што овозможува елиминирање на сами-те услови и фактори кои овозможуваат вршење на вакви кривични дела).

Сите оние кои се занимаваат со проблематиката на органи-

зираниот криминал (било на теоретско или на практично ниво) знаат дека претходно споменатите инструменти кои се наведени во Кон-венцијата од Палермо се есенцијални и истите мораат да бидат ин-корпорирани во националните законодавства доколку се сака орга-ните за прогонот да бидат успешни и во чекор со организираниот криминал. Р.Македонија речиси во целост ги има инкорпорирано во своето национално законодавство овие инструменти преку измените на своето кривично-материјално и процесно право, со што се испол-нети условите за активно учество на нашата држава во меѓународна-та соработка на полето за спречување на транснационалниот органи-зиран криминал.

5. Позитивна кривично - правна одреденост на

организираниот криминал во законодавството на Република Македонија

Организираниот криминал, според Миодраг Лабовиќ, прет-ставува трансцедентален поим13. Овој вид криминал во казненото законодавство на Република Македонија во себе инкорпорира ши-

13 Види поопширно за овој поим кај Миодраг Лабовиќ, во првиот дел од учебни-ков, стр. 78-79

Page 29: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

360

рок дијапазон кривични дела групирани во повеќе глави кривични дела од КЗМ. Како најдоминантни облици на организиран крими-нал, кои што досега најчесто се вршени во Република Македонија се следните: организираниот финансиски криминал и корупцијата, трговијата со луѓе, криумчарење мигранти, недозволеното производ-ство и трговија со опојни дроги, недозволената трговија со оружје, измами, изнуди, уцени итн. (Види поопширно за облиците на орга-низираниот криминал во Република Македонија од криминолошки аспект, во првиот дел од трудов кај Миодраг Лабовиќ). Како резултат на активностите за интензивирање на меѓуна-родната соработка и хармонизација на напорите за борба против организираниот криминалитет на национално ниво, во Република Македонија се преземени интензивни активности за усогласување на националното законодавство со меѓународните стандарди. Па така, гледано хронолошки, беа донесени или изменувани следниве законски акти:

Кривичниот законик (1996 год., новелиран 1999, 2002,2004, 2008 и 2009 год, );

Законот за кривична постапка (1997 год.); Во текот на 2004 година се усвоени амандмани на Законот

за кривична постапка Со измените во законот се вградени решенија кои се однесуваат на употребата на јазиците во постапката; овластувањата на бранителот за пристап до доказите; начинот на доставување на писмената, при што се воведува и можност тоа да се прави преку овластени правни лица; наместо досегашната преткривична постапка, воведени се термините „претходна“ и „предистражна“ постапка, при што посебно е уредена улогата на јавниот обвинител како раководител на постапката;

Во 2005 година се усвоени и амандмани на Законот за кри-вичната постапка;

За првпат во ЗКП се воведени Царинската управа и Финансиката полиција, кои ги имаат истите овластувања

Page 30: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

361

како и Министерствота за внатрешни работи во случаи кога постапуваат по посебно наброени кривични дела;

Законот за спречување на перење на пари (2001 год. Во те-кот на 2004 год, измени во член 273 се менува и гласи -„Перење пари и други приноси од казниво дело“); Законот за спречување на перење на пари и други приноси од казни-во дело и финансирање на тероризам ( Сл. весник на Ре-публика Македонија; бр. 4/08 од 10.01.2008 година);

Законот за спречување на корупцијата (2002год. Новелиран 2004 и 2006 год.);

Законот за финансиска полиција (2002 год Нов Закон за финансиска полиција 2007 год- Сл. Весник бр.55 од 04.05.2007 год.);

Во декември 2003 година Собранието го усвои Законот за измена на членот 17 од Уставот на Република Македонија, со што е овозможена примената на Посебните истражни мерки ;

Во текот на 2005 година усвоени се и Законот за заштита на сведоци и Законот за заштита на личните податоци;

Во ноември 2006 година е донесен Законот за следење на комуникациите. Кривичниот законик е усвоен од Собранието на Република

Македонија во јули 1996 година, и стапи во сила на први ноември 1996 год., така што со него за првпат се воведуваат инкриминации кои се однесуваат на делување на организирана криминална група. Кривичниот законик претставува прва кодификација на македонско-то казненто право. Законот е новелиран 1999, 2002, 2004, 2008 и 2009 год. Во Кривичниот законик се содржани следните позначајни инкриминации, кои се однесуваат на најчестите облици на организи-ран криминал во Република Македонија:

(Посредување во вршење на проституција- Член 191.

Page 31: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

362

Глава 21 -Кривични дела против здравјето на луѓето (неовластено производство и пуштање во промет на нарко-тични дроги и психотропни супстанци -Член 215).

Глава 23 -Кривични дела против имотот (Изнуда- Член 258, Разбојништво-Член 23.

Глава 25 -Кривични дела против јавните финансии, платни-от промет и стопанството (Даночно затајување Член 279, Перење пари и друга противправа имотна корист -Член 273, Недозволена трговија -Член 277, Криумчарење -Член 278, Царинска измама Член 278-а итн.).

Глава 30 -Кривични дела против службената должност (Злоупотреба на службената положба и овластување- Член 353, Примање поткуп -Член 357, Давање поткуп -Член 358 итн.).

Глава 33 -Кривични дела против јавниот ред,

(Злосторничко здружение -Член 394).

Глава 34 - Кривични дела против човечноста и меѓународно-то право (покрај останатите дела и трговија со луѓе 418-а во врска со Посредување во вршење на проституција- Член 191 од Глава 19-Крвични дела против половата слобода и поло-виот морал.

Со новелата на Кривичниот Законик од 17.12.1999год. внесе-ни се одредени измени и тоа:

Членот 215 кој се однесува на неовластено производство и

пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни суп-станции е проширен со додавањето на прекурсори во оваа категорија.

Членот 278 кој се однесува на криумчарење е дополнет во однос на начинот и средствата на извршување на делото.

Членот 357 - Примање поткуп, е дополнет во однос на извр-шителите на делото со тоа што е вметнат нов став 4 кој се

Page 32: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

363

однесува на одговорно лице и лице кое врши работи од јавен интерес.

Член 358 - Давање поткуп, направени се промени во став 3 и 4 да нема казнување за тој кој дал или ветил поткуп по бара-ње на службено лице, а тоа го пријавил пред да дознае дека делото е откриено и одредбите од ставовите 1,2 и 3 се приме-нуваат и кога поткуп е даден или ветен во врска со делото од член 357.

Чл. 353- Злоупотреба на службена положба и овластување, дополнет е со нов став за одговорност на одговорните лица во правните лица.

Она што е карактеристично за измените од 2004 година е

следното:

Кривична одговорност на правно лице Член 28-а.

Во Член 215 се додадени ставови 3 и 4 кои се однесуваат на тоа дека тој кој ќе го открие делото, ќе се ослободи од каз-на, со исклучок на организаторот. Со тие промени во член-от 215 се воведува делотворно каење кај делата на органи-зиран криминал, се воведува казнена одговорност на прав-ни лица како и конфискација на противправно стекнат имот.

На овој начин материјалното кривично-правно законодавство дополнително се усогласува со европските стандарди.

Кривично-процесното законодавство на Република Македо-нија долго време претставуваше лимитирачки фактор во поглед на искажаната подготвеност за борба против организираниот криминал и корупцијата и во поглед на имплементацијата на меѓународните стандарди што произлегуваат од прифатените меѓународни конвен-ции и препораки. Со цел да го потврдам претходно кажаното ќе на-ведам неколку факти кои ја отсликуваат состојбата во оваа област.

Отсуството на квалитетни доказни средства продуцираше

долготрајни постапки, а поради тоа се нарушуваше и автори-

Page 33: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

364

тетот на институциите и се добиваше впечаток на неефикас-ност на судовите.

Покрај ова, отсуството на законска регулатива за заштита и компензација на штетата на жртвата и за заштита на сведоци-те, ја вбројуваа Република Македонија во категоријата на земји кои не ги прифатиле овие меѓународни стандарди.

Идентична беше состојбата и во однос на обезбедувањето и употребата на сведоците, тајните сведоци и соработниците на правдата затоа што ниту постојниот Закон, а уште помалку други прописи, создаваа можност за нивна употреба.

Сето ова укажуваше на неопходност од суштествени измени во Законот за кривичната постапка од 1996 година, како и од доне-сување на Закон за следење на комуникациие и Закон за заштита на сведоците и соработниците на правдата. Во дополнение на ова спа-ѓаат и мерките за заштита на лицата кои работат на откривање на корупција, со цел да се обезбеди нивна независност во извршување на овластувањата. Во текот на 2004 година во Република Македони-ја завршија долготрајнте активности за изготвување амандмани на Законот за кривичната постапка. Со измените во законот се вграде-ни решенија кои се однесуваат на употребата на јазиците во постап-ката; овластувањата на бранителот за пристап до доказите; начинот на доставување на информациите, при што се воведува и можност тоа да се прави преку овластени правни лица; наместо досегашната преткривична постапка, воведени се термините претходна и пред-истражна постапка, при што посебно е уредена улогата на јавниот обвинител како раководител на постапката. Исто така за првпат во ЗКП се воведени Царинската управа и Финансиката полиција, како органи кои ги имаат истите овластувања како и Министерството за внатрешни работи во случаи кога постапуваат по посебно наброени кривични дела.

Како позначајни од аспект на зајакнување на процесните можности за обезбедување на докази и водење на кривичните постапки можеме да ги наброиме следните измени во ЗКП:

Page 34: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

365

Воведувањето на Посебните истражни мерки член 142-б и можноста податоците, известувањата, документите и предме-тите прибавени со примена на посебните истражни мерки под услови и на начин утврдени со овој Закон да се употребат како доказ во кривичната постапка, а вклучените лица да се сослушаат како заштитени сведоци во врска со текот на спро-ведувањето на посебните истражни мерки.

Покрај овие, значајни се и одредбите кои се однесуваат на примена на претходните мерки на заплена и замрзнување, со цел привремено обезбедување на предмети или средства што се во врска со кривичното дело, заради конфискација(член 203-а).

Во Глава 28 од Законот е уредена постапката за примена на мерките за безбедност, конфискацијата на имотната корист и одземање на предмети, додека во новововедената Глава 27 -а и членовите 447-а до 447-л посебно се уредува постапката спрема правните лица.

Со Законот се воспоставува и можност за директна соработка помеѓу судовите, директно извршување на странска судска пресуда, а во целиот текст на Законот, во рамки на меѓуна-родната правна помош, предност имаат ратификуваните ме-ѓународни договори.

Page 35: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

366

Page 36: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

367

V Дел

Методика на истражување на кривични дела од областа на организираниот криминал

Page 37: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

368

Page 38: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

369

1. Методика на истражување на организираниот финансиски криминал

Методите, средствата и мерките преку кои се врши открива-ње и докажување на организиран финасиски криминал се предмет на обработка во рамките на посебниот предмет-методика на истра-жување организиран финансиски криминал. Тука ќе бидат наведени само оние методи, средства и мерки кои се покарактеристични за организираните облици на економско-финансиски криминал, како и проактивните интегрирани финансиски истраги кои се применуваат и во однос на следењето на криминалните приноси кои потекнуваат од другите облици на организиран криминал.

1.1. Методи на докажување

Обезбедувањето на материјалните докази се врши со анализа на повеќе собрани материјални докази по конкретен предмет.

Методите за докажување на приход се користат во случаи кога физичкото или правното лице:

не го пријавува целокупниот приход за оданочување;

невистинито или лажно прикажува трошоци;

пријавува лажна набавка на стока;

лажно прикажува даночни олеснувања, ослободувања или повластувања;

не евидентира продажба на стоки, услуги и имот;

не евидентира производство;

склучува фиктивни или сомнителни договори за плати, про-визии и дивиденда;

прикрива добивка од продажба на недвижности, од кирии или хонорари;

Page 39: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

370

злоупотребува буџетски средства, средства од јавни фондови, државни заеми или јавни набавки;

злоупотребува вршење на јавни овластувања или работи од јавен интерес или со перење на пари легализира приходи од казниви дела. Методите на докажување на приходите се применуваат спре-

ма физички, правни лица и даночни обврзници на кои не е утврден данокот или друга јавна давачка согласно законските прописи. Фи-нансиската полиција во своето работење користи повеќе методи за докажување на приход како: метод на нето вредност, метод на тро-шоци, метод на банкарски депозити, метод на процентуална мрежа и метод на посебни ставки.

Метод на нето-вредност Методот на нето-вредност се при-

менува кога даночниот обврзник: не води деловни книги и друга евиденција на која е обврзан со закон; води деловни книги и евиден-ција, но тие не се целосни и не се водени согласно со закон; евиден-цијата на даночниот обврзник е уништена или не е достапна; даноч-ниот обврзник одбива да ги прикаже деловните книги и евиденција-та или кога даночниот обврзник (физичко лице) нема обврска да води деловни книги или евиденција.

Нето-вредноста на даночниот обврзник претставува разлика

меѓу неговите средства и неговите обврски на крајот на даночната година.

Нето-вредноста се пресметува за неколку последователни години, при што се утврдува зголемување или намалување на нето- вредноста во секоја наредна година, на што се додаваат трошоците направени во текот на секоја година, како што се: трошоци за живот, платени даноци, дадени подароци, платени премии за животно оси-гурување, загуби од продажба на сопствени средства, дел од капи-талната загуба кој не се одбива од даночната основа и други трошо-ци во согласност со закон. Добиениот износ претставува вкупно зго-лемување на нето-вредноста за таа година.

Page 40: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

371

Од вкупното зголемување на нето-вредноста, се одземаат познатите извори на приходи, и тоа: примени подароци, наследство, пензии и плати, камата која е ослободена од данок, други законски даночни олеснувања, дивиденда, приходи од животно осигурување, пренесени нето -перативни загуби, дозволени преноси на капитални загуби, вратен данок и други приходи во согласност со закон.

Како докази се земаат:

- банкарската евиденција;

- катастарската евиденција;

- евиденција од Централниот регистер;

- даночни пријави;

- евиденција за наследство;

- евиденција за подароци итн.

Од вкупното зголемување на нето-вредноста се одземаат поз-натите извори на приход и добиената разлика претставува неприја-вен приход од непознати извори.Со споредбата на добиениот износ на непријавен приход од непознати извори и приходот пријавен во даночната пријава, Финансиската полиција утврдува дали даночниот обврзник правилно го пресметал и пријавил оданочивиот приход.

Метод на трошоци - Методот на трошоци се применува со цел да се утврди дали постои покритие на трошоците, дали истите го надминуваат пријавениот приход и кога постојат индиции за несраз-мерност на трошоците и добивката на субјектите.

Ако се утврди дека расходите го надминуваат пријавениот приход, а не постои покритие за истите, може да се заклучи дека тие расходи претставуваат непријавен приход. Овој метод се користи во комбинација со методот на нето-вредноста.

Метод на банкарски депозити - Методот на банкарски депозити се применува за утврдување непријавен приход кој подле-

Page 41: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

372

жи на оданочување преку анализи на вкупните депозити на сите банкарски сметки, парични и други трансакции. Методот на банкар-ски депозити може да се применува доколку книгите и евиденцијата на осомничениот не се достапни или доколку евиденцијата на осом-ничениот не го одразува целосно неговиот оданочив приход.

При користење на овој метод, прво се пресметува збирот на депонираните средства на сите сметки што ги поседува осомничени-от. Од тој збир на депонирани средства се одземаат трансферите на средства и повторно депонираните средства

Метод на процентуална маржа Методот на процентуална маржа се применува за пресметка на определени мерења на деловни-те односи со определени стандарди за тие деловни односи преку користење на стандардни проценти и соодноси (пропорции) на исти или слични деловни работења со цел откривање кривични дела на перење пари. Методот на процентуална маржа најчесто се примену-ва кај физички и правни лица што се занимаваат со малопродажба, каде што постојат информации за почетната состојба на стоките ус-кладиштени во магацините, стоките што се наоѓаат во промет и крај-ните резерви, споредено со нестандардната процентуална маржа.

Овој метод се користи ограничено, и тоа само кога другите методи за докажување се покажале како неуспешни.

Метод на посебни ставки се применува за да се утврди дека одредени трансакции извршени од страна на даночниот обврзник во текот на годината не се прикажани целосно или делумно во неговата даночна пријава. 14

2. Финансиски истраги во истражување на кривични

дела од областа на организираниот криминал

Целта на извршување на кривичните дела од областа на орга-низираниот криминал е стекнување на високи профити. 14 Закон за финансиска полиција „Сл весник“ бр.55/07)

Page 42: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

373

Кривичната истрага го утврдува кривичното дело и сторител-от и да се соберат докази за кривичната постапка, додека целта на финансиската истрага која оди паралелно со кривичната, е да се кон-фискуваат приходите стекнати од криминал.

Основен мотив кај припадниците на организираните крими-нални групи е на најбрз можен начин стекнување на високи профити преку перење на нелегално стекнатиот капитал и негово повторно вракање во легалите текови на иституциите. За да зборуваме за успешна борба со организираниот криминал потребно е да се извр-ши конфискација на приходот стекнат со криминал.

Поаѓајки од тој апсект во методиката на расветлување на тој вид кривични дела потребно е паралелно, покрај кривичната истра-га, да се спроведува и финансиска истрага.

Финансиската истрага е постапка која се спроведува па-ралелно со кривичната истрага и има за цел да се разоткријат приходите од криминал, да се идентификува поседот кој може да се конфискува и привремено да се обезбеди (заплени) имотот на обвинетиот со цел да се овозможи идната конечна конфискаци-ја. 15

Шема бр. 1

Фази на конфискација

15 Финансиски истраги и конфискација на приходи стекнати од криминал, ЦАРДС рефионална програма за 2002/2003 година стр.9

Fazi na konfiskacija

Istra`na Sudska Faza na odzemawe

Page 43: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

374

Системот на конфискација и постапките можат да се поделат во три фази:

1. Истражна фаза, во која се идентификуваат и лоцираат

приходите стекнати од криминал и се собираат доказите за нивните сопственици( информации за нивниот имот).

2. Судска фаза, во која обвинетиот е осуден (или ослободен) во која одлуката за конфискација е конечна.

3. Фаза на одземање, во која во согласност со законите имотот е всушност конфискуван и одземен од страна на државата. 16

Директните и индиректните приходи од криминал можат

да бидат конфискувани, но и легалниот имот со соодветна иста вредност кога приходите нема да можат да бидат конфискувани. 17

За успешно спроведување на кофискциската постапка пот-ребно е преземање навремени мерки на идентификување, следење и брзо замрзнување или запленување на имотот кој е подложен на конфискација за да не се случи негово отуѓување, размена и сл.. За да може истото да се реализира неопходен е увид во банкарската документација. По извшениот увид во банкарската документација, банките не смеат да го информираат клиентот дека полицијата вр-шела увид, дека е во тек финансиска истрага и сл. Доколку органи-зираните криминални групации имаат инволвирани свои луѓе во фи-нансиските институции постои реална можност за провалување на активностите на институциите и затоа е потребна поголема претпаз-ливост кај ОКГ при вршење на инкриминациите.

Со истраги на посед се врши систематско анализирање на податоците со цел да се идентификуваат таквите индивидуални поседи. 16 Исто. стр.13 17 Рамковна одлука на Советот500/2001, од 06.06.2001 година, за перење пари, идентификување, следење, замрзнување, заплена и конфискација на инструменти-те и приходите од криминал

Page 44: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

375

Конфискацијата треба да се примени при барањето да се пла-ти сума пари која соодвестува со вредноста на приходите. Доколку не се обезбеди плаќањето, државата може да го реализира побарува-њето на кој било расположив начин.

Паралелено со кривичната истрага се спроведува и финансис-ка истрага која има за цел да се разоткријат приходите од криминал, да се идентификува поседот што треба да се конфискува, да се обез-беди имотот на осомичениот за да се овозможат услови за идна ко-нечна конфискација. Никогаш не можеме да зборуваме за две неза-висни истраги (кривична и финансиска), туку за нивна меѓусеба поврзаност и заеднички настап.

Во рамките на предистражната постапка, паралено со обезбе-дувањето на материјалните докази за сторено кривично дело се ра-боти и на финансиската истрага, односно материјалната корист од стореното кривично дело. Истражен судија може да нареди презе-мање на истражни мерки (претрес на простории, пристап до банкар-ски податоци и сл.). Во текот на судската постапка може да биде предложена и конфискација на приходите.

Со финансиските истраги треба да се поче доволно рано за да се спречи сторителот да се ослободи од имотот.

За кривичните дела од областа на организираниот криминал, приходите се утврдуваат преку употреба на некоја од посебните истражни мерки.

Доколку во текот на истрагата се добијат податоци дека осу-деното лице поседува имот во странство, потребно е да се обезбедат податоци за вредноста на имотот на осомничениот во странство. Таквите податоци можат да се обезбедат од Итерпол или со билата-рална соработка .

Во повеќето европски држави врската меѓу гонетото кривич-но дело и имотот може да биде лабава. Обвинителот не е обврзан да ја докаже врската меѓу гонетото кривично дело и сите поседи/имот

Page 45: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

376

(за кој се претпоставува дека е нелегален). Имотот може да биде конфискуван дури и во случај кога потекнува од сторено друго кри-вично дело.

Предуслов за успешно реализирани фиансиски истраги е доб-ро развиен финансиски истражен систем. За таа цел потребно е:

- да се идентификува; - да се следи; - брзо да се замрзне или заплени имотот кој е подложен

на конфискација, со цел да се спречи каква било размена, трансфер или префрлување на таквиот имот и да се овозможи кофискацијата подоцна18 .

За успешно идентификување, следење и замрзнување на имотот потребни се овластувања од страна на истражните органи за пристап до податоците со кои располагаат банкарските и финансис-ките институции.

Советот на Европа донесе и Препорака која ги содржи след-ниве препораки:

- да се примени истражен метод во борбата против крими-налот, истражување на сите активности поврзани со кри-миналот и идентификување на финансиите и имотот на организацијата;

- поставување на постојани или привремени групи специја-лизирани за истражување на имот;

- да се зајакне или помогне соработката со лицата кои се одговорни за јавните или приватните регистри на сопстве-ност или поседуваат информации за имот;

- да се промовира создавање на заеднички истражни тимо-ви со вклучување на Европол. 19

18 Финансиски истраги к конфискација на приходи стекнати од криминал, CARDS регионална програма за 2002/2003 година, стр. 21 19 Препорака на Совет на Европа од 25.04.2002 год. За подобрување на истражни-те методи во борба против организиран криминал, поврзан со организираното

Page 46: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

377

Одговорни институции за спроведување на финансиските истраги се:

1. Министерството за внатрешни работи:

- Одделот за организиран криминал;

- Секторот за финансиски криминал;

2. Јавното обвинителство;

3. Министерството за финансии;

4. Финансиска полиција;

5. Управа за јавни приходи;

6. Царинска управа;

7. Дирекцијата за спречување на перење пари;

8. Државната комисија за спречување на корупцијата.

Најчесто, финансиските истраги во предистражна постапка се

поделени меѓу МВР и Јавното обвинителство. Во МВР постојат спе-цијализирани организациони единици за финансиски истраги. Полицијата ги презема следните активности во рамките на финан-сиската истрага:

- обезбедување докази за сторено кривично дело, сторите-

лот и за приходите од стореното дело;

- да ги заплени предметите од кривичното дело и кој било доказ;

- да предложи до јавниот обвинител привремена мерка (заплена) обезбедување на имот кој во наредната фаза може да биде кофискуван.

криумчарење на дрога симултани истраги на криумчарење на дрога од страна на организирани криминални организации и нивните финансии , ОЈС 114, 15.02.2002 год.

Page 47: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

378

Јавиот обвинител ја води предистражната постапка и финан-сиската истрага како нејзин дел. По иницијатива на полицијата може да предложи до истражниот судија истражни мерки ( претрес, прис-тап до банкарски податоци, привремени мерки заплена на сопстве-ност за да се обезбеди крајната конфискација итн.) што претставу-ваат мошне битни активности во обезбедување на валидни матери-јални докази во финансиските истраги. 20

Финансиската истрага ги содржи следниве елементи: собирање на доказите за сомнението и за кривичното дело;

утврдување на приходите стекнати од кривичното дело;

утврдување на имотот кој може да се конфискува;

извештај за финансиска истрага;

привремени мерки за обезбедување на сопственоста;

конфискација на криминалните приходи.

Кај финансиските истраги од особена важност е обезбедува-њето на материјалните докази за да се разоткријат приходите од криминал, да се идентификува поседот кој може да се конфискува и привремено да се обезбеди (заплени) имотот на обвинетиот со цел да се овозможи идната конечна конфискација.

Кога станува збор за извршување на кривични дела од облас-та на економскиот криминал, најчести инструменти со кои тие дела се извршуваат се: печатите на претпријатието, фактурите, налози за подигање на парични средства од жиро-сметка, компјутери и целос-на документација на претпријатието која се однесува на целата пост-апка.

Одземањето го вршат овластени службени лица на Минис-терството за внатрешни работи, кои дејството го преземаат врз основа на наредба на истражен судија, во присуство на службено, т.е. одговорно лице или осомниченото лице или двајца сведоци. При одземањето потребно е предметите да се опишат, по потреба и на

20 Исто. стр. 40

Page 48: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

379

некој друг начин да се утврди нивната идентичност, и се разбира да се назначи каде се пронајдени. За сите предмети кои се одземени на крајот се составува записник.

При финансиските истраги од посебо значење е утврдување-то на приходите стеканти со кривично дело.

Скоро во сите случаи приходите кои потекнуваат од изврше-но кривично дело се единствената сопственост на осуденото лице која може да биде конфискувана, иако постојат правни системи кои преферираат поширока конфискација и обврска за докажување на потеклото на сопственоста.

Преку анализа на плаќањата и порачките на пари, се утврду-ваат финансиските текови на сторителот и на останатите лица кои можат да се поврзат со него. Преку анализа на финансиските текови потребно е да се обезбедат податоци од странство. Во случаите кога тековните податоци за трансакциите се релевантни за истрагата, тогаш се издава наредба за мониторинг со кој мониторинг може да се спречи ефектуирањето на платежен налог кон друга сметка (смет-ка во странство).

Приходите кои настануваат како резултат на одредено кри-вично дело, сторителите на тие кривични дела најчесто го кријат или ги прикриваат, затоа што тие претставуваат непобитен доказ за постоењето на таквото кривично дело. Исто така, покрај тоа што ги прикриваат директните приходи од кривичното дело, тие честопати го кријат или прикриваат и сопствениот имот:

- пари; - хартии од вредност; - подвижен имот; - недвижен имот; и - имот во странство.

По завршување на финансиската истрага се изготвува финан-сиски извештај кој што заедно со доказите се доставувува до Јавното обвинителство. 21 21 Види прилог бр.1

Page 49: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

380

3. Корупција

3.1. Кривични дела од областа на корупцијата Корупцијата кривично-правно е санкционирана во нашиот по-

зитивен кривично-правен систем со вкупно 23 кривични дела: -тринаесет кривични дела од Главата за кривични дела про-

тив службената положба, во Кривичниот законик; -во Главата на кривичните дела против имотот - Неовласте-

но примање подароци чл. 253; Лажен стечај чл. 254; Предизвиквање стечај со несовесно работење чл. 255; Злоупотреба на постапката за стечај, чл. 256; Оштетување или повластување доверители, чл. 257; Измама при работењето со хартии од вредност и удели, чл. 275;

-во Главата на кривични дела против јавните финансии,

платниот промет и стопанството - Оддавање и неовластено приба-вување деловна тајна, чл.281;

-во Главата за кривични дела против изборите и гласањето,

кривично дело -Поткуп при избори и гласање, чл. 162; -во Главата за кривични дела против половата слобода и

половиот морал, кривичното дело - Обљуба со злоупотреба на по-ложбата, чл. 189 од КЗ;

-во Главата на кривични дела против правосудството-Неза-

конито влијание врз сведоци чл 368-а од КЗ.22 Поткупот, како категорија е дел од поширокиот поим на ко-

рупцијата. Познато е дека постојат два вида поткуп - активен и паси-вен. Пасивниот поткуп е правно дефиниран како кривично дело

22 За ова види повеќе кај Миодраг Лабовиќ, II дел од трудов.

Page 50: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

381

Примање поткуп, во чл. 357 од КЗМ, (Службено лице кое бара липлиуга корист или за подарок или друга корист за да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морало да го изврши ќе се казни со казна затвор од 1 до 10 години).23

Активниот поткуп е правно дефиниран како кривично дело

Давање поткуп во чл. 358 од КЗМ. (Тој што на службено лице му вети подарок или друга корист во рамките на своето службено овластување, службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено дејствие што би морало да го изврши или тој што посредува при ова се казнува со казна затвор од 6 месеци до 5 години).24

Класичниот поткуп постои кога одреден јавен службеник или

функционер, директно или индиректно, од страна на приватно или правно лице ќе прими награда, финансиско плаќање, заем, донација, спонзорство или друга корист за тој да направи или да не направи нешто што е во негови службени надлежности. Користа постепено еволуира од опипливи кон помалку опипливи или нематеријални видови корист. Нематеријалните користи можат да бидат: гласање-то, согласност, лобирање, вработување, потпишување договори и сл. Во нашето кривично законодавство пасивниот поткуп е правно де-финиран како кривично дело „Примање поткуп“ по член 357 од КЗ на РМ, а активниот поткуп е правно дефиниран како кривично дело „Давање поткуп“ во член 358 од КЗ на РМ.

Суштината на кривичното дело „примање поткуп“ е одредено

службено лице да побара или да прими подарок или друга корист за да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено

23 За ова види повеќе коментар на Кривичниот законик, Владо Камбовски Скопје, 2008, стр. 259 24 Ибид, стр. 260

Page 51: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

382

дејствие што би морало да го изврши. Сторителот на кривично дело „примање поткуп“ може да биде само службено или одговорно лице.

Кај кривичното дело „Давање поткуп-член 358“ предвидена е одговорност на оној што на службеното лице ќе му даде или ќе му вети подарок или друга корист за да изврши во рамките на своето службено овластување службено дејствие што не би смеело да го изврши или да не изврши службено дејствие што мора да го изврши. Сторител на кривично дело „давање поткуп“ може да биде секое ли-це кое ветува или дава подарок или друга корист, како и лице кое посредува во поткупот. Сторителот на кривично дело „давање пот-куп“ може да се ослободи од казна, доколку дал поткуп по барање на службено или одговорно лице, а делото го пријавил пред негово-то откривање.

Примањето подарок може да се манифестира на различни на-чини, директно земање, давање согласност подарокот да се остави на некое место или да се даде на одредено лице. Под подарок се под-разбира вредносни предмети, пари, хартии од вредност, уметнички слики, автомобили, мебел и други предмети.

3.2. Методика на откривање на поткуп Успешноста во спротивставувањето на корупцијата, генерал-

но, зависи, пред сè од политичките и економските состојби, како и од изградениот систем на законски мерки и овластувања на држав-ните органи и тела надлежни за спречување на корупцијата.

Со цел спречување на коруптивните дејствија, покрај другото значајно е во јавната администрација и во бизнисот да се рефлекти-раат силни етички стандарди, и тоа во сите нивни аспекти. Друг зна-чаен фактор во сузбивање на корупцијата е едукацијата на граѓаните со цел да се пропагираат високите морални вредности и етички стандарди.

Откривањето на коруптивните кривичи дела бара, во прв ред да се идентификуваат подрачјата, областите институциите и органите кои

Page 52: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

383

се најмноу и најсилно изложени на коруптивни односи на функцио-нирање. На тој начин органите на прогонот ќе се приближат до по-јавните облици на извршеното коруптивно кривично дело и до де-финирањето на методите и постапките на нивното откривање.

Корупцијата како криминална појава е многу тешка за откри-вање, од причини што се врши најчесто во „четири очи“ без присус-тво на сведоци и посредници. За разлика од класичниот облик, по-перфидниот облик на корупција карактеристичен за делувањето на организирани криминални групи, се прикрива со најразлични фик-тивни документи, кои гледајќи ги површно, формално се исправни, така што при било каква контрола, не може да се утврди неисправ-ност или незаконитост кај истите.

Она што е карактеристично за овој вид кривични дела и прет-ставува особена потешкотија во нивното откривање е фактот што примателот и давателот на поткупот се заемо заинтересирани делото да не се открие.

Најчести начини да дознавање за стореното дело се:

-по пријава од граѓани;

-секојдневната активност на припадниците на Министерство-то за внатрешни работи;

-при расветлување на други кривични дела;

-по надворешните манифестации на сторителот;

-од организирани извори на сознанија25

Покрај наведените извори на сознанија за сторени коруптивни кривични дела би ги додал уште и:

-со користење на соработничка мрежа;

-од страна на останати државни институции (инспекциски и други надлежни институции и органи);

-анонимна и псевдонимна пријава;

25 Д. Димитров; „Економски деликти“; Скопје; 1998 год.; стр.90

Page 53: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

384

-јавното озборување и средства за масовна комуникација;

-преку оперативно-тактички и технички мерки и средства или преку истражни дејствија;

-меѓународна полициска соработка.

Корупцијата треба да се бара, пред сè во оние служби и орга-ни кои издаваат дозволи за увоз на стоки, набавка на стоки со голе-ми вредности (доверување на изградба на објекти, набавка на авто-мобили, компјутерска техника и друга техника во поголем обем, канцелариски материјали, трошоците на политичките партии за вре-ме на кампањите и сл), за плаќање и наплатување на данок, продаж-ба на државни деловни објекти, добивање на најразлични (градежни, урбанистички) дозволи, т.е. во оние државни институции кои распо-лагаат со државен имот и капитал.

По добивање на сознание за коруптивно однесување, особено

внимание се посветува на проучување на деталите на работното место и овластувањата и ингеренциите кои ги има корумпираното лице. Во наредната фаза се врши оперативо проучување на лицето како и проверки во оперативата и казнената евиденција, проверки на имотната состојба, семејната состојба, социјалите кругови во кои се движи и со кои контактира како и да се оствари контакт разговор со лица кои можат да дадат подетални информации за осомниченото лице. Од голема важност за откривање на одредено коруптивно кри-вично дело е да се утврдат следниве неколку работи :

-да се дознаат пријателските и други врски на корумпираното

лице, местото на остварување на контактите и сл.; -по можност, да се утврди на кој начин ќе биде прикриен поткуп-

от; -точно да се констатира и материјализира моментот на примо-

предавање на поткупот; -со примена на оперативната техника може да се дојде до созна-

ние за неговите планови, начинот на кој ќе го реализира и прикрива делото, дали има подготвена одбрана и каква, начин на извршување

Page 54: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

385

на делото, местото и други моменти битни за понатамошната пос-тапка на расветлување на делото.

Од истражните дејствија најчесто се применува претресот,

со цел пронаоѓање и обезбедување на материјални докази за извр-шеното дело. При примена на оваа мерка оперативецот треба да биде внимателен, бидејќи во најчест број случаи предметот што се бара се пари-девизи или денари кои немаат некои особени каракте-ристики, така што е потребно строго придржување на криминали-стичките и процесни правила и методи при примена на оваа мерка и тоа како при личниот, така и при претрес на багажот, возилото, стан-от, работната просторија и други места на кои се претпоставува дека можат да бидат скриени бараните предмети.26

Значи, основен материјален доказ претставуваат паричните средства, други предмети или вредности прибавени од ова кривично дело. Сите собрани факти треба да се разгледуваат како индиции27 врз основа на што се прават верзии28 за извршеното кривично дело.29

4. Перење пари

4.1. Поим и кривично-правна одреденост на перењето

пари За разлика од обичните криминални групи (банди), организи-

раните криминални групи се ангажирани и во многу други легални бизниси, коишто освен за стекнување профит им служат и за пере-ње на парите од недозволените криминални активности. Ваквата диференцијација е потребна заради нивно целосно следење и проу-

26 Исто; стр. 92 27 За индициите види повеќе кај В.Водинелиќ и Ж. Алексиќ, „Криминалистика“, Београд, 1985 година, Б. Симоновиќ, „Криминалистика“, Крагуевац, 2004, стр.68-72 28 За верзиите види повеќе кај В.Водинелиќ, „Криминалистичко откривање и дока-жување“, 1- том, Скопје, 1985, стр. 169242 29 Види прилог бр. 2 Приказ на кривични пријави поврзани со кривичните дела од областа на корупцијата

Page 55: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

386

чување до најпогодниот момент за финалното ефектуирање на нив-ната кривично-правна одговорност, кривично-правната одговорнос-та на односните правни лица и одговорноста на со нив поврзаните личности од политичките и економските структури.

Постојат повеќе дефиниции и толкувања на самиот поим

„перење пари“. Една од наједноставната и би кажал најкратка, а која многу кажува е дека „перењето пари претставува претворање на црните пари во зелени“.30

Поимот „перење пари“ може да се разбере и едноставно како

движење на парите подалеку од местото каде што се ранливи од зап-лена и конфискација, во подрачја каде не функционираат во целост институциите на системот надлежни за следење на оваа проблемати-ка, односно во подрачја каде на побезбеден, сигурен и побрз начин би можело да се изврши трансферирање на тие парични средства. Основа за дефинирање на поимот „перење пари“ во меѓуна-родните документи, како и во националните законодавства е Кон-венцијата на ООН против недозволената трговија со наркотични дроги и психотропни супстанци од ноември 1988 година - Виенска конвенција. Конвенцијата претставува и прв меѓународен документ во кој е имплементиран меѓународен консензус во врска со крими-нализирањето на перењето пари и конфискацијата на криминалните приноси. Значаен документ во дефинирањето на „перењето пари“ е и Конвенцијата за перење, откривање, смрзнување и конфискација на приноси од криминал- Стразбуршката конвенција. Една од најчесто применуваните дефиниции за перењето пари е дефиницијата прифатена од групата Г-7 и FATF- програмата, според која, перењето пари претставува:„процес преку кој добивки-те за кои основано се верува дека потекнуваат од криминална актив- 30 Ф. Вилијамс; “Перење пари”; Безбедност бр. 4/97; стр. 370

Page 56: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

387

ност се транспортираат, трансферираат, трансформираат, конверти-раат или вградуваат во легални фондови, со цел да се прикрие нив-ното потекло, изворот, движењето или сопственоста. Целта на про-цесот на перење на пари е преку нелегални активности да овозможи овие средства да се појават како легални, а лицата вклучени во кри-миналните активности да ги избегнат легалните последици од такво-то дејствие”.

И Република Македонија е вклучена во глобалните активнос-ти на преземање мерки за спречување на перење на пари со ратифи-кување на Виенската конвенција во октомври 1993 година, додека во септември 1999 година Парламентот ја ратификуваше и Стразбур-шката конвенција, која стапи на сила на 1-ви септември 2000-та година. Единствената конкретно преземена активност за имплемен-тирање на одредбите на овие меѓународни документи во национал-ното законодавство, се состои во криминализацијата на дејствието „перење пари“ и воведување на посебно кривично дело, предвидено во член 273 од КЗ на Р.Македонија во 1996 година. Систематизира-њето на оваа одредба во глава 25 од КЗ, во групата на кривични дела против јавните финасии, платниот промет и стопанството, е резул-тат на тоа што тежиштето на неправото е ставено на вклучувањето на „нечистите пари“ во легалните и другите парични текови. Инкри-минацијата ја покрива последната фаза од претходните криминални активности и е конципирана како самостојно дело, кое што има свој објект на заштита, кој е независен од објектот на заштита на прет-ходното дело со кое е остварена противправната корист. Кај ова кри-вично дело е предвидено одземање на парите и другата непосредна и посредна имотна корист, а ако тоа не е можно, поради пренесува-ње во странство може од сторителот да се одземе друг имот со соод-ветна вредност.

За постоење на делото „перење пари“ неопходно е да има

претходно казниво дело. Предлогот за измени и дополнувања на Кривичниот законик подготвен од Министерството за правда во мај 2003 година, предвидуваше целосна измена на законската одредба

Page 57: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

388

од членот 273. Насловот на одредбата се смени и сега гласи „Пере-ње пари и други приноси од казниво дело”. Со оваа измена во целост се внесени потребните измени, кои како препораки беа даде-ни од страна на меѓународната заедница. На овој начин целосно беа вградени елементите и дејствијата за перење пари предвидени во меѓународните документи, а за прв пат со ова одредба се инкрими-нираа и дејствијата за пропуштање на пријавување на перење на пари, со што се зајакна одговорноста во постапувањето на одговор-ните лица во субјектите надлежни за имплементирање на обврската за пријавување.31

Освен тоа, предвидена е и казнена одговорност за правните

лица, а од сторителите на ова казнено дело имотната корист ќе може да се одземе и во вид на вредносна конфискација, во сите случаи, а не само во случаи кога имотот ќе биде пренесен во странство. Зна-чајно е и тоа дека со најновите измени во КЗ на РМ не е предвидено повеќе претходното казниво дело за постоење на кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

На планот на спречување на борбата против перењето пари

во 2001 година денесен е и Закон за спречување на перење на пари32. Со овој закон се утврдуваат мерките и дејствијата за откри-вање и спречување на перење на пари и други приноси од казниво дело, како и организирањето и контролата на нивната примена.

За одбележување се и промените од декември 2008 година во

делот на казнено-правната борба против тероризмот со кои што се донесе и Законот за спречување на перење на пари и други при-носи од казниво дело и финансирање на тероризам.33 Со овој закон се утврдуваат мерките и дејствијата за откривање и спречува-ње на перење на пари и други приноси од казниво дело и финанси-рање на тероризам.

31 С. Тасева; „Перење пари“; “Датапонс”- Скопје; 2003 год.; стр. 197 32 Сл. весник на Република Македонија; бр. 70 од 05.09.2001 годиа 33 Сл. весник на Република Македонија; бр. 4/08 од 10.01.2008 година

Page 58: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

389

4.2. Начини на извршување на перењето пари

Процесот на перењето на пари, главно, може да се подели во три фази, и тоа: I фаза Се започнува со пласирање (сместување) на криминално стек-

натите средства во финансиските институции. Во оваа фаза на смес-тување, незаконските приходи се внесуваат во легалниот финансис-ки систем. Вообичаено се врши поделба на големите суми на парич-ни средства во помали износи, за истите да бидат помалку сомни-телни, а потоа директно се вложуваат на сметка во банка, или пак се купуваат разни хартии од вредност. Значи, целта на оние лица кои вршат перење на пари во оваа фаза е без трага да се релоцираат неза-конските средства и тоа најчесто во:

- финансискиот систем;

- домашната економија и

- меѓународни засолништа (шверцување, префрлање во стран-ски банки итн.).34

II фаза Се продолжува со движење на средствата (прикривање, наслоју-

вање) преку многубројни трансакции кои се одвиваат често во пове-ќе земји за да се прикрие нивниот вистински сопственик. Значи, откако средствата се веќе во финансискиот систем, се вршат низа конверзии, или преместувања на средствата со цел да се прикрие врската помеѓу средствата и криминалните активности од кои потек-нуваат. Средствата едноставно можат да се насочат преку купување и продавање на инвестициски средства, банкарско префрлање на средствата преку низа сметки во разни банки и на разни компании или корпорации во светот и сл. (За модусите и техниките на оваа фаза поопширно види во првиот дел од учебникот). 34 За првата фаза од процесот на перење пари поопшироко види во Првиот дел од учебников, стр. 116-131.

Page 59: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

390

III фаза Се завршува со инвестирање на средствата (интеграција) во ле-

галните бизниси. По успешната обработка на криминалните прихо-ди во првите две фази на процесот на перење пари, криминалците ги внесуваат приходите во третата фаза, т.е. фаза на интеграција на средствата и нивно слободно манипулирање во легалната економија. Припадниците на криминалните организации може и да ги вложат ваквите, сега веќе легализирани средства, во недвижен луксузен имот, скапи автомобили, накит, хартии од вредност, разни други инвестиции итн. Во шемите на поврат на богатството најчесто се среќаваат следните:

- купување на имоти;

- трговија (увоз-извоз);

- внесување на парите во регистрирани фирми;

- купување акции и удели;

- позајмици.35

4.3. Методика на откривање и докажување на перењето на пари

Откривањето и докажувањето на перењето пари претставува доста комплексна и сложена појава на која припадниците на органи-те на прогонот треба да и пристапат крајно професионално, стручно и методично бидејќи само на тој начин можат да се приберат опре-делени издржани доказни материјали кои во кривичната постапка јасно и прецизно ќе укажуваат на тоа како е сторено делото и кои се неговите сторители. Перењето на пари претставува еден облик на организираниот криминал каде што за негово откривање е потребно и соодветно познавање на функционирањето на економските текови, сметководствените правила и банкарските законски нормативи од

35 За фазите и модусите (техниките) на перење пари, спореди ги и направи разлика меѓу излагањето на Миодраг Лабовиќ во Првиот дел од учебникот (стр. 127-136) и излагањето на С. Тасева; „Перење пари“; Датапонс- Скопје; 2003 год.; стр. 41-52

Page 60: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

391

страна на оние кои се занимаваат со неговото откривање, спречува-ње и санкционирање бидејќи сторителите на многу сложен начин се обидуваат да ги прикријат сите свои активности. Како најчести индиции кои укажуваат на евентуално постоење на ваков вид кри-минални активности се следните:

- готовински (кеш) трансакции кои во нормалното деловно работење не се вообичаени;

- вршење трансакции за кои не постои правна и економска логичност;

- структуирање (раситнување) на трансакцијата под износот кој подлежи на задолжителна идентификација;

- вршење на повеќе трансакции во ист ден, кои во вкупниот износ го надминуваат лимитот за пријавување на готовински трансакции, а секоја поединечно е под лимитот;

- големи дознаки од странство за физички лица за кои не се знае основот на трансферот и потеклото на парите;

- големи готовински уплати на сметка на правни лица од страна на физички лица по основа на позајмици;

- користење на ист начин на работа преку повеќе фирми кои се со исто седиште и адреса, при што исто лице се јавува како потписник на нивните сметки;

- договор за маркетинг-услуги е честа техника која се користи за перење пари, затоа што не може или многу тешко може да се утврди дали услугата е направена, дали цената е соодветна на квалитетот и квантитетот на услугата;

- краткорочно отварање на сметка преку која се извршува една или само неколку трансакции;

- користење на лажни фактури како доказ за извршување на определена трансакција;

Page 61: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

392

- префрлување и приливи на големи суми на сметка во странски банки чиј домицил се држави за кои се знае дека обезбедувањето на банкарски податоци е тешко;

- назначување на адвокати и нотари за овластени потписници на сметки

5. Кривично дело „изнуда“

5.1. Кривично-правна одреденост на кривичното дело

„изнуда”

Кривичното дело„изнуда“ спаѓа во кривичните дела против имотот опфатени во Глава 23 од Кривичниот законик на Р. Македо-нија, па во член 258 е предвидено: (1) Тој што со намера за себе или друг да прибави против-правна имотна корист со сила или сериозна закана ќе присили друг да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со затвор најмалку една година. (2) Тој што делото од став 1 ќе го стори во состав на група, банда или друго здружение или со употреба на огнено оружје или опасно орудие, на особено насилен начин или ако при тоа е прибаве-на значителна имотна корист или умисла му е нанесена тешка телес-на повреда, ќе се казни со затвор најмалку четири година. (3) Со казна од став 2 се казнува и тој што делото од став 1 ќе го стори за награда. (4) Ако при извршувањето на делото од став 1 некое лице со умисла е лишено од живот сторителот ќе се казни со затвор најмал-ку десет години или со доживотен затвор. 36

36 Кривичен законик на Р.Македонија; Сл. весник на Р. Македонија бр. 37/96

Page 62: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

393

Објект на заштита е имотот, воопшто. Во исто време, изну-дата е облик на напад и врз слободата на личноста, поточно слобода-та на располагање со имотот. Двете добра не се ставени на исто рамниште. Во основа, изнудата е дело против имотот, а присилбата тука е средство за прибавување на противправна имотна корист. Како напад врз слободата на одлучување изнудата е специјален вид присилба. Од друга страна, ова дело има сличности со измамата – заедничко им е тоа дека штетно располагање со имотот врши самата жртва. Изнудата е присилување на друг со сила или сериозна зака-на да стори или да не стори нешто на штета на свој или туѓ имот со намера сторителот да прибави за себе или за друг противправна имотна корист. Дејствие на извршување е примената на сила или сериозна закана т.е. присилба. Од општото дело на присилба изнудата се разликува по она што се сака да се постигне со присилувањето на друг. Кај прислибата жртвата се присилува спротивно на нејзината волја, а кај измамата присилбата, најчесто се однесува на штетни располагања со свој или со туѓ имот. Штетното располагање како резултат на присилбата може да се состои во активно или пасивно поведение на жртвата како: изнудување пари на заем, односно присилување на жртвата да даде пари на заем и сл. Штетното располгање со својот или со туѓ имот го врши самата жртва. Делото е довршено со преземање од страна на жртвата, акт на штетно располагање со својот или со туѓ имот што е во каузална врска со дејствието на присилба. Делото е умислено. Субјективен елемент на противправнос-та е намерата за прибавување на противправна имотна корист. По-себно е истакнат елементот на противправност на имотната корист за што постојат и легални допуштени облици на присилба, па така, не претставува изнуда заканата на доверителот дека против должни-кот ќе поднесе тужба ако овој не го врати долгот.

Page 63: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

394

Потешко се казнува став 2 извршувањето на делото во сос-тав на група или друго здружение или со употреба на огнено орудие или опасно орудие или ако при тоа е прибавена значителна имотна корист или настапила значителна имотна штета, како и доколку со умисла на некое лице му е нанесена тешка телесна повредена. Во став 3 потешко се казнува исто така вршењето на делото за награда со што е покриен случајот со т.н. ,,рекетарство”. Во ставот 4) е про-пишано дека доколку некое лице со умисла биде лишено од живот при вршење на ова дело сторителот би се казнил со најмалку 10 години или доживотен затвор.

5.2. Однос со разбојништвото и измамата Присилбата е конститутивно обележје на делото разбој-ништво, меѓутоа штетното располагање со имот може да се состои и во предавање на подвижни предмети на сторителот на делото, па се поставува проблемот на разграничување помеѓу овие дела: како да се определи за кое дело се работи ако сторителот употреби сила или сериозна закана и ја присили жртвата да му го даде предметот кога тоа ќе значи „одземање“ на тој предмет, а кога пак, штетното распо-лагање со имотот од страна на самата жртва, ќе биде изнуда? Диле-мата се зголемува и кога ќе се постави прашањето во кој случај кри-вичното дело „изнуда“ кое спаѓа во општиот или класичен криминал би претставувало организиран криминал. Најпрвин да ја разјасниме првата дилема. Според едно суб-јективно становиште, суштинската разлика лежи во волевиот мо-мент: извршителот на изнудата оди кон создавање определена одлу-ка кај жртвата по однос во располагањето со имотот, додека кај раз-бојништвото оди кон одземање на предметот.37 Блиску на ова е и мислењето дека заканата кај изнудата подлежи на реализација само во случаи на неисполнување определен услов, додека кај разбојниш-твото сторителот не поставува никакви услови. Во однос на закана-та, како заеднички елемент некои поаѓаат од нејзиниот карактер, од 37 B. Gerber; "Rechtliche Probleme beim Raub"; ZstR; 1974/2; стр. 1224

Page 64: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

395

тоа, имено дали сторителот се заканува дека непосредно ќе оствари насилство ( разбојништво) или пак, и остава на жртвата определено време (изнуда). Според владејачкото мислење, треба да се појде од еден друг субјективен елемент - од позицијата на жртвата, од психо-лошкиот ефект на употребата на сила или закана : дали присилбата остава или не простор за слободно одлучување, дали позицијата на жртвата е таква што таа нема друг излез, па станува небитно за озна-чување на доаѓањето на сторителот до предметот. Според становиш-тето на нашата судска практика, постои разбојништво кога резултат-от од делувањето на силата или заканата е отстранување, уништува-ње на волјата за отпор, создавањето ситуација да може без отпор да се одземе предметот, со што се изедначува и предавањето на пред-метот од нападнатиот кој е лишен од волјата и можноста за отпор. За разлика од тоа, кај изнудата сторителтот ја ослабува волјата на оштетениот во таа мера, што овој попушта и го прави она што од него се бара. Ова становиште создава определени тешкотии во утвр-дувањето на субјективната позиција на жртвата зашто ја набљудува силата или заканата во релацијата со ефектот предизвикан кај жрт-вата.38 Суптилни се и врските со делото измама. Изнудата и изма-мата се состојат во штетно располагање со имот. Во дејствието што му претходи на тоа измамничко дејствие или присилба можно е да постои заемно присуство на елементи од едното и од другото. Така на пример, при заканата сторителот може да се служи со измама (кога нема намера да го оствари злото) или може да користи закана со цел измамата да стане поефективна (така жртвата со закана се доведува во позиција да не може лесно да ја открие измамата или, пак, сторителот да ги употреби и двете средства: измамувањето и присилбата). Би требало да се појде од тоа што е по претежно: ако е измамата интегрален дел од заканата ќе постои изнуда, за што е битен психолошкиот притисок врз жртвата за постапување во опре-делен правец, додека кога заканата ја потиснува измамата би треба-

38 B. Hentig; "Zur Psychologie der Einzeldelikte"; IV- Die Erpressung Tubing; 1959, str. 23

Page 65: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

396

ло да се смета дека постои измама, за што помеѓу заканата и штет-ното располагање постои посредна психолошка врска. Меѓутоа, до-колку заканата и измамата се самостојни фактори за штетно распо-лагање со имотот можен е и стек на овие дела .39 Во однос на тоа кога „изнудата“ би претставувала органи-зиран криминал, можеме да кажеме дека кај нас изнудата често се поистоветува со рекетот, што во потполност не може да се прифати, бидејќи рекетот е еден од начините на „модус операнди“- системот на делување на организираниот криминал, додека пак изнудата може да се врши и како дело кое не претставува организиран крими-нал. Но, сепак, доколку го земеме предвид фактот дека рекетот на некој начин претставува еден вид изнуда, од една страна (при која доаѓа исто така до штетно располагање со својот или туѓ имот од страна на жртвата врз која се делува со сила или со сериозна закана), а од друга страна пак, дека еден од најчестите начини на кои органи-зираните криминални организации остваруваат значајни профити е токму примената на рекет, тогаш можеме да констатираме дека изнудата може да се јави како организиран криминал. Со ова само се потврдува ставот на бројни американски автори кои се занимаваат со проблемот на организираниот криминал и според кои организира-ниот криминал во суштина не е нов криминал туку тој се состои од конвенционалните (класични) видови криминал кои само се извршу-ваат на еден специфичен начин. Исто така, врската помеѓу изнудата и организираниот криминал би можеле да ја пронајдеме и на уште поедноставен начин, според кој, доколку таа се изврши од страна на поединец не се работи за организиран криминал, но доколку таа се изврши од страна на организирана криминална група (која е можеби и поврзана и заштитена од некои структури на државата или момен-талната политичка власт), тогаш станува збор за организирани кри-минални активности. Од одредени досегашни емпириски показатели може да се увиди дека вообичаено првична дејност на остварување на профит

39 B. Geunther; "Zur Kombination von Taushung und Drohung bei Betrung und Erpressung"; ZstW 1976/4, стр. 960

Page 66: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

397

на организираните криминални групи е токму рекетот. Преку рекет-от се нудат разни видови „заштита“ преку одредена закана што мо-же да се случи во случај на одбивање на заштита и плаќањето на бараните вредности за фактички непостоечки и непотребни услови, но како облик на организиран криминал, рекетот подразбира врски со органите на власта и државните органи, или се работи за познати организации кои применуваат методи на принуда и застрашување што им служи за легализација на нивните криминални активности и заштита од евентуално кривично гонење.40 Мора да се направи јасна дистинкција помеѓу изнудата (рекет) како класичен групен криминал и како облик на институцио-нален организиран криминал. Мора да се направи јасна дистинкција помеѓу изнудата (рекет) како класичен поединечен и групен крими-нал и како институционален тип на организиран криминал. За полес-но разграничување на изнудата како класично кривично дело и изнудата како облик на некој од типовите организиран крими-нал види ги примерите дадени во Првиот дел од учебникот. Тука ќе наведеме еден пример за вршење на изнуда кога има иннституционалро организиран криминал: три или повеќе професионални извршители по задача на определени моќници од полицијата предизвикуваат тепачки секоја вечер во некој локал - кој профитабилно работи. Пред објектот се крадат и кршат вози-лата на гостите. Следува посредник од Агенција за обезбедување (чиј сопственик е од политичкото подземје), кој нуди заштита. Доколку не се прифати се најавува уште криминал, кој се заштиту-ва од полициски моќници под разни изговори, сè до реализацја на планираното. Суштина на кривичното дело „изнуда“ се состои во намерата на прибавување на противправна имотна корист со принудување на друго лице со употреба на сила или сериозна закана нешто да стори

40 М. Бошковиќ; „Криминалистичка методика“, Полицијска академија, Беoград; 2005 год.; стр.160

Page 67: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

398

на штета на својот или туѓ имот. Во јавноста кривичното дело „изнуда“ се поистоветува со рекет, кој и претставува еден од начи-ните и модусите на делување. Со рекетот на одредени различни на-чини се нудат разни видови „заштита“, што е и специфика на делу-вањето на организираните криминални групации. Како облик на организираниот криминал, рекетот подразбира одредена врска со органите на власта и државните органи. Доколку таквата организа-ција воспоставила врски со државата и нејзините органи, во тој слу-чај се работи за рекет кој спаѓа во оној облик на организиран крими-нал, чиј неопходен елемент претставува соработката со државните органи. Доколку лицето ја одбие понудената „заштита“ т.е. не сака да ја плати цената на таквата заштита, криминалната организација презема мерки за уништување на неговиот имот, врши малтретира-ње, физички пресметки, грабнување на близок член од семејство, закани па дури и ликвидации. Рекетот се состои во понудување на одредена услуга „заштита“, со укажување на последиците што можат да се случат во случај на одбивање на понудата.

Под поимот „рекет“ најчесто се подразбира наведениот вид на криминална дејност , но во литературата се сретнуваат уште и други видови рекет: наводна заштита на работниците од барањата на работодавачите и рекет кој ги „експлоатира желбите на консу-ментот“.41 Вториот вид рекет во суштина претставува нелегално снабдување на пазарот со одреден вид стока. Припадниците на орга-низираните криминални организации, вршејќи вакви „услуги“ на илегален начин, создаваат услови за стапување во врска со поедини државни органи, стопански и финансиски субјекти, по пат на коруп-ција, издејствувајќи пасивен однос на надлежните државни органи. На тој начин создаваат одреден вид заштита и обезбедуваат легали-зирање на одредени криминални дејности. Токму воспоставувањето на ваквиот вид врски претставува еден од елементите кои овозмо-жуваат изнудата, поточно рекетот да се смета за еден вид кримина-литет. 41 З. Мршевиќ; „Ембарго како фактор на организираниот криминалитет- Органи-зиран криминалитет и корупција“; Српско здружение за кривично право - Белград; март, 1996 год.; стр. 86

Page 68: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

399

Исто така, кај класичниот рекет се нуди одредена „заштита“ за висок надомест, но во суштина би можело да се разликуваат три ситуации:

Прво, кога се присутни пресметки помеѓу поединци или гру-пи, а причини за судирите се најчесто имотните односи, наплата на долгови од поранешни бизниси, елиминирање на конкуренција, одземање на клиенти-муштерии и сл. Организираните криминални групи често кога станува збор за рекетот се занимаваат со „наплата на долгови“, како начин на наплатување без присуство на нарачател-от. Овој вид криминална дејност спаѓа во организирано крими-нално делување, доколку пресметките се случуваат помеѓу кри-миналните организации.

Второ, класично извршување на кривично дело изнуда каде поединецот или групата, со намера за себе да прибави противправна имотна корист со сила или сериозна закана, принуди друго лице, кое најчесто поседува некој објект или друг имот, да му ја предаде одре-дената имотна вредност. Во таква состојба, доколку поединец е сто-рител на кривичното дело, не се работи за организирано делување, а доколку изнудата ја извршила криминалната организација, тогаш се работи за организирано криминално делување кое претставува одре-ден облик на организиран криминал.

Третата состојба ги опфаќа оние случаи каде поедини кри-минални организации нудат наводна заштита со задолжително пла-ќање на одреден паричен надоместок од страна на лицето на кое се нуди таквата заштита. Овој вид рекет се разликува по тоа што кри-миналните организации ги заштитуваат своите „клиенти“ од други организации и групи кои нудат исти „услуги“. Доколку криминал-ната организација на ваков начин нуди заштита на поедини субјекти и притоа ужива, од кои било причини, делумна или пасивна зашти-та од државата и нејзините органи, во таков случај таквите крими-нални активности можат да се подведат под поимот рекет, како облик на организираниот криминалитет. 42 42 М. Бошковиќ; „Организовани криминалитет“-први део; Полицијска академија - Београд; 1998 год; стр. 80

Page 69: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

400

Рекетот како облик на организиран криминал, кој подразбира врска со државата е тешко да се открие, докаже и спречи, па е пот-ребно, врз основа на постојната фактичка состојба, да се дојде до индиции кои укажуваат на основи на сомнение дека е воспоставена врска помеѓу поедината криминална организација и државните прет-ставници и институции. Криминалните организации кои ги извршу-ваат ваквите и слични кривични дела настојуваат да обезбедат соод-ветна заштита, пред сè се од одредени државни институции, или влијателни политички партии.

За полесно разграничување на изнудата како класично кри-вично дело и изнудата како облик на организиран криминал види ги примерите дадени во првиот дел од учебникот.

Сторителите на класичното кривичното дело „изнуда“ пре-тежно се машки лица, жените поретко се појавуваат, но во контекст на организираното делување можат да одиграат значајна улога. Делото се врши непосредно, особено како облик на организиран криминал, ако се настапува организирано и со примена на сила.

5.3. Начин на дознавање и откривање на сторителот

Најчесто, пријавувањето на кривичното дело „изнуда“ го врши самиот оштетен. Она што е карактеристично за пријавувањето на изнудата, кога е извршена од страна на организирана криминална група, е помалиот процент на пријаување од страна на самиот оште-тен. Ова е особено заради фактот дека оштетениот е свесен дека из-вршителите имаат свои луѓе во полицијата и со самото пријаување од страна на оштетениот може да дојде информацијата до извршите-лите, а со тоа и да предизвика поголеми последици по безбедноста на пријавителот т.е. на самата жртва. Во голем број случаи таквите кривични деала и не се пријавуваат или оштетените настојуваат са-ми или со ангажирање на припадници на други криминални група-ции да ги разрешат опасностите кои им се закануваат. Од тој аспект можеме да зборуваме за висока „темна бројка“ на овој вид кривични дела.

Page 70: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

401

Освен оштетениот, како пријавители на овој вид кривични дела можат да се појават и:

- роднини на оштетениот;

- граѓани;

- јавни озборувања;

- средства за јавно информирање и сл.43

Според професорот Методија Ангелески, полицијата до првични сознанија за постоење на евентуална изнуда дознава преку еден од следниве начини на дознавање:

1. пријава ( усна или писмена) од оштетен;

2. пријава од граѓани (особено од роднини или пријатели на жртвата, како и од други лица што располагаат со информац-ии за кривичен настан што индицира на евентуално постое-ње на кривично дело изнуда);

3. полициски таен инструментариум. Во случаите кога станува збор за евентуално постоење на потешки и организирани облици на изнудување, најделотворен начин на прибирање почетни оперативни информации е активирањето на инфор-матор или друг конспиративен извор на сознанија од богати-от арсенал на посебните истражни мерки. 44

Со оглед на фактот дека се работи за кривично дело каде оштетениот имал директен контакт со извршителот, во расветлува-њето на ова кривично дело од особено значење е деталниот разговор со жртвата. Во текот на разговорот со истиот потребна е детална разработка на околностите дали жртвата се познавала со изнудувач-от, во какви односи биле, доколку не се познавале, давање на детал-ен опис врз основа на што меже да се изработи фоторобот и слично.

43 М. Бошковиќ ,,Криминалистичка методика” Полициска академија, Београд, 2005, стр. 161 44 М. Ангелески „Криминалистичка методика“, Скопје, 2008, стр. 142

Page 71: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

402

Доколку кривичното дело „изнуда“ е извршено непосредно, посебни внимание треба да се посвети на евентуалното постоење на сведоци и МОС евиденцијата. Ако кривичното дело е пријавено непосредно по случувањето и имало употреба на сила, потребна е криминалистичка обработка на лице место, вршење на увид и про-наоѓање на траги и предмети кои се во врска со сторителите и кри-вичното дело. Од особена важност е обезбедување на противправно прибавената имотна корист, како клучен материјален доказ за овој вид кривично дело. Покрај ова, потребно е да се утврди и самиот об-лик на пројавување на сила и содржина на заканите, дали оштетени-от го познава изнудувачот, дали прв пат оштетениот дава пари, дали е барано и во иднина да му исплаќа одредена сума на пари (колку, каде, кога и во кој облик). Во такви случаи овластените службени лица потребно е да постигнат што поголема доверба и соработка на оштетениот со Органите за внатрешни работи за сторителите што побрзо да бидат откриени и санкционирани. Ова е особено битно кога сторителот или групата бара и во иднина да бидат исплаќани одредена сума на пари. Во случаи кога кривичнот дело „изнуда“ е извршено посред-но, потребно е да се изврши детална анализа на содржината на пис-мото, на ракописот и сл. На местото каде е договорено оставање на парите може да се постави заседа, да се примени мерката тајно сле-дење спрема сторителот/лите, примена на контрола на телефон и други телекомуникациски системи, тајно фотографирање, хемиски стапици, користење на криминалистичко-информативна мрежа т.е. на посебните истражни мерки. 45

Од истражните мерки може да се примени:

- сослушување на оштетен;

- увид,

- претрес,

- привремени одземање на предмети, 45 М. Бошковиќ, оп. цитат 162

Page 72: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

403

- вештачење,

- препознавање;

- соочување; - сослушување на обвинет итн.

Во случаи кога се работи за непознат сторител/ли од особено значење е индицијалниот метод на откривање, разјаснување и дока-жување, каде ќе се врши поставување на верзии на основа на собра-ните индицијални факти. Поставените верзии се проверуваат со пла-нираните оперативно-тактички и технички мерки, активности и ист-ражни дејствија со што се стеснува кругот на осомничени лица, про-наоѓање на сторителот и собирање на докази заради реализација на кривичната постапка.

6. Методика на истражување на кривичното дело

„тероризам“

6.1. Предвиденост на кривичното дело „тероризам“ во македонското законодавство

Република Македонија, како и секоја друга демократска и

мирољубива држава во светот во која се почитува владеењето на правото и правната држава прави обид ова криминално и особено опасно дејствие да се предвиди и прецизно да го нормира во своето национално позитивно законодавство. Со цел лицата и активностите поврзани со тероризмот, како на домашно, така и на меѓународно ниво соодветно да бидат санкционирани, Р.Македонија во соглас-ност со меѓународно-правната регулатива за сузбивање на терориз-мот ги има потпишано и ратификувано сите позначајни меѓународ-ни конвенции, препораки и резолуции од оваа проблематика донесе-ни од ООН и СЕ. Во нашето национално законодавство закони кои содржат одредби од значење за борба против тероризмот се следни-те: Кривичниот законик, Законот за кривична постапка, Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Законот за

Page 73: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

404

азил и привремена заштита, Законот за внатрешни работи и Законот за Агенција за разузнавање. Конкретно, Кривичниот законик на Р.М. содржи неколку членови кои, пред сè го третираат тероризмот се на пример: чл. 313 Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност; чл. 394 Злосторничко здружување; чл 394-а Терористич-ка организација; чл. 394-б Тероризам; чл. 394-в Финансирање на тероризам; чл. 419 Меѓународен тероризам; чл. 420 Загрозување на лица под меѓународна заштита; чл. 421 Земање заложници; чл. 302 Грабнување воздухоплов или брод; чл. 303 Загрозување на безбед-носта на воздушнот сообраќај. Кривичното дело тероризам во Кри-вичниот законик за разлика од претходно (од чл. 313) со новиот чл. 394-б46 со последните измени и доплнување на КЗ од страна на Собранието на Р.М. во јануари 2008 год. се определува на тој начин што се прави обид да се предвидат сите дејствија на извршување што од една страна е позитивно бидејќи лесно се утврдува што се би претставувало и би можело да се нарече тероризам, но од друга страна е негативно бидејќи би предизвикало нејаснотии и одредени проблеми во случај кога со одредено условно кажано ново дејствие е извршен акт на тероризам, а тоа не е предвидено во овој член. Од аспект на казнената политика, исто така, со последните измени на КЗ наР.М. таа се заострува, и ова дело се казнува со најмалку 10 години затвор. Во чл. 394-б ст.2 е предвидено дека соодветно ќе се санкционира и она лице кое јавно ќе повика или ќе пренесе порака на јавноста со која ќе се повикува или поттикнува некое од дејстви-јата на извршување ( ст.1) кои се сметаат за тероризам. Во ст.3 се наведува и дека самото договарање за здружување или повикување за здружување кон определено здружение или група со намера на

46 чл.394-б „Тој што ќе изврши дело на убиство, телесно повредување, грабнување на лица, унипштување на јавни објекти, транспортни системи, објекти на инфра-структура, информациони системи и други објекти во општа употреба, грабнува-ње на авиони или други средства на јавен транспорт, производство, поседување или тргување со нуклеарно оружје, биолошки, хемиски оружја и други видови на оружја и опасни материи, пуштање на опасни радиоактивни, отровни и др. опасни супстанции или предизвикување на пожар или експлозија, уништувањње на пост-ројки за снабдување со вода, енергија или др. основни природно извори со намера загрозување на животот и телото и создавање на чуство на несигурност или страв кај граѓаните ........ “

Page 74: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

405

извршување на делото, а пак со ст. 4 законски се нормира дека секој вид на изработка, пренос, чување, продавање и купување на огнено оружје, експлозив или други опасни материи наменети за извршува-ше на делото, како и вршењето на обука и подготовка за извршува-ње што се санкционира со најмалку 4 години затвор. Исто така чл. 394-б предвидува одговорност и за правните лица (ст.5) доколку тие се јават како извршители на ставовите 2 и 4, а покрај ова во послед-ниот ст.6 се наведува дека сите предмети, средства и недвижности кои се искористени и наменети за подготвување и извршување му се одземаат на сторителот. Ова е само една кратка разработка и анали-за на кривичното дело Тероризам чл. 394-б. Со последните измени и дополнувањана КЗ на Р.М. од јануари 2008 год. во делот на терориз-мот и неговите придружни елементи (терористичко загрозување, финансирање, организирање), како и со усвојувањето и почитување-то на меѓународните документи од оваа област јасно се покажува определеноста на Р.М. да се спротистави на оваа крајно негативна појава, како на домашен, така и на меѓународен план.

6.2. Методика на истражување и докажување на

кривичното дело тероризам Тероризмот сè повеќе се јавува како средство на поединци,

групи или држави за остварување на определени цели. Тероризмот во континуитет го менува својот карактер, своите цели, кои претста-вуваат сè поголема опасност за современиот свет. Средствата кои се применуваат при извршување на терористички акти се сè пософи-стицирани и поубиствени. Од тој аспект е потребно проучување на тероризмот заради изнаоѓање на соодветни методи и средства за откривање и докажување на тероризмот.

Методите и средствата кои се применуваат при откривање на

кривичното дело тероризам можеме да ги групираме во две групи и тоа:

а)пред извршување на самиот акт и

б) по извршен терористички акт

Page 75: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

406

6.3. Пред извршување на самиот акт

6.3.1. Информатор Во откривањето на кривичното дело „тероризам“ пред извршу-

вање на самиот акт, мошне значајна улога има оперативната компо-нента на припадниците на Министерството за внатрешни работи со цел добивање предвремени сознанија за подготувување на терорис-тички активности. Во оперативната мрежа најголема улога има при-мената на информатор. За информатор се смета она лице кое може да даде потребни податоци за некој настан или за лица поврзани со тој настан. Примената на информаторот во откривањето на кривич-ните дела е оспорувана од страна на одредени теоретичари. Одреде-ни теоретичари ја застапуваат тезата за недозволеноста на користе-ње на информаторот, како средство за прибирање на сознанија, до-дека пак, друга група теоретичари ја оправдува употребата на инф-орматорот како средство за прибирање на сознанија. Сепак, колку и да има тези, за и против користењето на информатор, практиката покажува дека речиси е невозможно без него да се добие квалитетна информација.47

Практичарите се едногласни околу ова прашање, односно тие

сметаат дека информаторот треба да се користи како средство за добивање на сознанија, особено во оние домени на криминалот каде што сторителите се високо софистицирани за вршење на најтешките облици на терористички активности. Ова, од таму што извршители-те на терористичките активности се припадници на одредена терор-истичка организација со максимална конспиративност, строга хиер-архија, почитување на законите на организацијата, детално проучу-вање на новите кандидати за членови на организацијата и сл. Таква-та поставеност на терористичките организации им овозможува да планираат и извршуваат терористички акции од најкрупни размери , а сепак да не бидат откриени. Единствен начин за навремено дозна- 47 В. Водинелиќ, „Криминалистика“, Савремена администрација, Београд 1978, стр.42

Page 76: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

407

вање, документирање и попречување на планирана терористичка активност е добивање на информација од внатре т.е. од некој од чле-новите на терористичката организација, кој учествува во подготву-вање на теористичките акции, или пак, вградување на свој соработ-ник во терористичката група.

Ангажирање на информаторот може да се изврши со придоби-

вање на некој од членовите на терористичката организација, што е долготраен и тежок процес, или пак, со вградување на веќе подгот-вен информатор во редовите на терористичката организација.

Информаторот, од страна на оперативниот работник кој го кон-

тактира, перманентно треба да биде инструиран за конкретниот предмет за кој е заинтересирана службата, што е од особено значење кога станува збор за кривичните дела како што е тероризмот. Ако добиените сознанија од друг извор укажуваат на одреден сегмент кој е во врска со наведеното дело, информаторот може евентуално да биде приклучен кон криминалната група и од таму да доставува информации за планот и динамиката, во секоја фаза од неговото извршување.

Добро инструираниот информатор, уфрлен во терористичките

структури, со добро изготвена легенда, може до оперативецот да доставува информации со висок кавалитет. Квалитетна информација се смета таа која во секое време може да одговори на деветте златни прашања на криминалистиката, што воедно би значело дека и стори-телот на делото навреме ќе биде детектиран, оперативно покриван, документиран и спречен во намерата на извршување на терористич-киот чин. Откривањето на извршителот на терористичкиот акт во фаза на подготовката не го иззема истиот од кривична одговорност за делото подготвување кое е предвидено во казненото право.

За да се има квалитетен информатор, оперативецот треба исти-

от перманентно да го инструира и подготвува, што е од особено зна-чење за успешно извршување на делото. Кај информаторот најчест

Page 77: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

408

мотив за соработката се материјалните средства како награда за да-дената информација, а многу поретко причина е алтруизмот или пак, авантуризмот. Патриотискиот мотив кај информаторот, во денешно време не се експлоатира, туку сè повеќе начин на врбување и анга-жирање на информатори е плаќањето на информациите.

За еден информатор да биде квалитетно инструиран за откри-

вање на подготвување и извршување на кривичното дело тероризам, треба пред сè, оперативниот работник кој го држи на врска инфор-маторот, да биде добро едуциран во областа на откривање на делото тероризам. Во практиката вообичаено извршителите на терористич-ките акти секогаш одат напред во тајноста, начините и средствата за извршување на терористичките активности, во однос на лицата кои се задолжени за нивно навремено откривање и спречување во извр-шувањето, што доведува до серија терористички активности со ог-ромни последици и неможност за нивно откривање. Пред сè, главна-та улога на антитерористичките стуктури е превентивно делување, односно откривање пред да се случи терористичкиот чин. Сето тоа ја налага потребата од следење на светските искуства во спротивста-вувањето на тој вид кривични дела, соодветно обучување на припад-ниците на службите во чија надлежност е тој вид дела, како и обез-бедување на соодветни оперативно-технички средства за навремено детектирање, документирање и спречување на извршителите на терористичките активности.

Лицата кои се задолжени за откривање на тој вид дела треба

да бидат едуцирани од познати експерти од светско ниво, кои би ги пренесувале своите знаења стекнати при практично работење на оваа проблематика. Инаку, сите безбедносни служби во светот, работата со информаторите ја ставаат во законски рамки. На тој на-чин активностите на информаторите би биле правно регулирани и истите мотивирани, со цел воспоставување на механизми за добива-ње на навремени информации уште во фазата на подготовка, пред да се случи терористичкиот акт.

Page 78: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

409

6.3.2. Улогата на информаторот во расветлување на кривичното дело „тероризам“

Користењето на легални извори за добивање на сознанија за из-

вршено кривично дело тероризам, или ,пак, негово подготвување, во нашето законодавство не е целосно регулирано. Основна карактери-стика на кривичното дело тероризам е дека тоа спаѓа во групата на потешки облици на криминалитет со голем број заеднички елементи со организираниот криминалитет. Постојната законска рамка за ко-ристење на легални извори за добивање сознанија, очигледно е некомпатибилна со времето во кое се извршуваат овој вид кривични дела. За добивање квалитетни сознанија, особено за овој вид кри-вични дела, потребна е законска регулатива за користење на легал-ни извори за прибирање на сознанија.

Потребна е законска регулираност за користење на агент-инфо-рматор , поради што неретко се случува, овие лица, како и оние чии изјави би можеле да бидат клучни или полезни при евентуални суд-ски процеси, да се откажат од сведочење поради неможноста на државата да ги заштити и да ја осигура нивната лична безбедност.

Во развиените земји во светот, предвидени се различни начини на зашита на агент-информатор. Тие програми предвидуваат мену-вање на идентитет, обезбедување на нови документи, ново живеали-ште, па сè до пластична операција за менување на ликот.

Една од карактеристиките на кривичното дело тероризам е високата софистицираност на извршителите на секоја од фазите на извршувањето, сè до конечна реализација, прикриено со конспира-тивност на извршителите. Ова не значи дека од останатите начини на добивање на сознанија треба да се откажеме, меѓутоа карактерис-тиките на ова кривично дело се такви што само по пат на користење на информатор, уфрлен соработник-пенетриран во редовите на теро-ристичка група ќе може навремено да се добијат сознанија за подго-твување на терористички акт, а со тоа и да се преземат навремени мерки за спречување на планираните недозволени активности.

Page 79: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

410

6.3.3. Соработка со ИНТЕРПОЛ Поаѓајки од фактот дека тероризмот е еден од повискоите

облици на криминалитетот и во негово извршување се вклучени професионални лица од повеќе држави, незамисливо е успешно спротивставување без соработка со меѓународните организации, а пред сè, со Интерпол.

Поаѓајки од фактот дека откривањето на кривичното дело теро-

ризам е во надлежност на тајните служби, за успешно откривање на тој вид дела, покрај соработката со Интерпол потребно е воспоста-вување на соработка со пријателски разузнавачки служби со цел раз-мена на информации за егзистирање на терористички организации на нивната територија, како и подготвување и извршување на теро-ристички акти, за чие розоткривање се заинтересирани двете страни.

Серијата терористички напади на територијата на Р.Македони-

ја во последниве години, како и нивната сè поголема експанзија и нивно подготвување на друга територија, како и инволвирање на лица од други држави за извршување на терористички акти на тери-торијата на Р.Македонија, не можат успешно да се контролираат и спротивстават без меѓународна соработка, соработка со Интерпол, како и со разузнавачките служби на некои соседни земји.

Само на вака организиран начин е можно да се очекуваат пози-

тивни резултати во борба против овој вид криминалитет.

6.3.4. Дознавање преку оперативно-тактички и технички мерки и средства

Имајќи ја предвид прецизноста на сите детали во подготвување

и извршување на кривичното дело тероризам, се налага потребата од навремена и успешна комуникација меѓу извршителите. Техничките средства за комуникација во последниве години доживеаја невиден напредок со тренд на понатамошно усовршување. Остварување на

Page 80: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

411

контактите помеѓу извршителите на овие дела се врши на различни начини, со користење на телефонски врски (жичани и безжични), како и во најново време преку електронска пошта. Ваквиот широк спектар на комуникација меѓу извршителите од друга страна носи поволности во поефикасно следење на тие комуникации и навреме-но добивање на информации за подготвување и извршување на теро-ристички акти.

Самата тактичка ситуација во секој поединечен случај и испол-нетите законски услови ќе го дадат одговорот на прашањето кои оперативно-технички средства ќе се користат за таа цел (опсерваци-ја на електронска пошта, прислушкување на телефони и контрола на поштенски пратки, хемиски и други стапици, ноќно опсервирање со соодветни технички средства, тајно фотографирање и видеомагнето-фонско снимање).48

6.4. По извршен терористички акт

6.4.1. Откривање и докажување на кривичното дело тероризам

За успешно откривање, разјаснување и докажување на кривич-

ното дело тероризам потребно е, како прво, да се изработи план на мерки и активности кои би се преземале во преткривичната постап-ка (криминалистичко планирање).

Без планирање не е можно објективно, сестрано и целосно от-кривање на кривичното дело и на виноста на сторителот, бидејќи во такви случаи прикривањето и кривичната постапка се одвиваат спонтано, со големо учество на случајност.49

Плановите се изведуваат тимски и во нив учествуваат стручни лица. Со планирањето раководи оперативниот работник од почето- 48 Методија Ангелески, „Криминалистика’-НИО-Студентски збор, Скопје 1993, 219 49 Владимир Водинелиќ,” Криминалистика”, Савремена администрација, Београд 1978, 23

Page 81: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

412

кот до завршувањето на постапката. Планирањето треба да биде ди-намично, а не статично. Тоа значи дека во даден момент, треба да се даде простор, одредени планирани мерки и зафати да се заменат со други поцелисходни и тоа се прави во текот на целата постапка. Од друга страна, планираните мерки и дејствија треба да се реализираат редоследно. Во текот на оперативното работење, се доаѓа до нови сознанија кои после обработката се претставуваат во соодветни фор-ми за дополнување на оперативниот план.

Планот треба да ги предвиди оние мерки и активности кои ќе

дадат одговор на деветте златни прашања на криминалистиката.

6.4.2. Оперативно-тактички и технички мерки и дејствија кои се преземаат во прв зафат по извршен

терористички акт По извршен терористички акт потребно е да се преземат такви

криминалистичко-тактички и технички средства, начини и методи кои ќе овозможат оптимално спроведување на криминалистичко-спознајниот процес.

Преземените оперативно-тактички мерки се вонпроцесни деј-

ствија или зафати. Вообичаено се преземаат следниве оперативно-тактички мерки или процесни дејствија по добивање на сознанија за извршен терористички акт:

Припадниците на униформираниот дел на полицијата, први излегуваат на местото на настанот и го обезбедуваат самото лице место, во зависност од состојбата преземаат и други безбедносни мерки и активности како што се: организирање на блокада на назначениот простор или пошироката околина, обезбедуваат екипа за противпожарна заштита, итна меди-цинска помош и други служби, спречуваат обиди за пристап на граѓани на потесниот простор околу „лице место“, го утвр-

Page 82: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

413

дуваат идентитетот на затекнати сомнителни лица на потесното и поширокото подрачје.

Увид на местото на настанот.

Обезбедување на „лице место“ и преземање мерки за безбед-ност на самото место.

Одредување на периметар и вршење претрес на околината.

Вршење на увид и вештачење на трагите.

Претрес на затворен простор.

Личен претрес.

Разговор со граѓани-анкетирање.

Користење на информатори и интензивирање на активноста на соработничката мрежа.

Проверка на алиби.

Лишување од слобода.

6.4.3. Увид на местото на настанот Едно од основните истражни дејствија е увидот кој се врши на

место на настанот.„Увидот претставува исклучително важно истра-жно дејствие, без кое во најголем број случаи не би можел да се открие сторителот“.50

Увидот е еден од основните начини за собирање и проверка на доказните материјали за кривичното дело. Благодарение на можнос-та за искористување на двете форми на спознавање при увидот-сети-лната и апстрактна, увидот дозволува да се решат, по карактер, различни задачи на истрагата, да се соберат различни оригинални доказни информации.51

50 Р. Максимовиќ и У. Тодоровиќ, „Криминалистичка техника“, Полициска академија, Београд, 1995год., 153 51 Ц.Цеков, „Криминалистика“, Универзитетско издателство “Свети Климент Охритски”, Софија, 1995, 337

Page 83: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

414

Како процесно дејствие Увидот е содржан во Законот за кри-вична постапка „Увид се презема кога за утврдување или разјаснува-ње на некаков важен факт во постапката е потребно непосредно забележување.“52

Во практиката, при вршење на „Увид на лице место“, често во

првиот момент не може да се знае кои факти се од значење за расве-тлување на случајот, поради што кон вршење на увидот треба да се пријде внимателно, сестрано и педантно, непропуштајки ги најсит-ните детали.53

Пред започнување на Увидот се изработува План за увид, кој

меѓу другото опфаќа и формирање на стручна увидна екипа, соста-вена од истражен судија, јавен обвинител, оперативни работници, криминалистички техничари обучени за увиди после експлозија и експерти од областа на антитероризмот.

Еден од основните елементи при вршење на увидот е да се нас-

лика состојбата онаква каква што е најдена по извршениот терорис-тички акт т.е. Статичката фаза опфаќа фиксирање на затекнатата состојба, по што се преземаат следниве дејствија: преглед на лице место, обележување на трагите, документирање (фотографско и ви-део снимање) скицирање на место на настанот или фотограметриско снимање.”54

Во текот на прегледот се врши идентификација на видливите

траги и нивно обележување со ознаки. Фотографското снимање се спроведува со постапно снимање од поширокиот кон потесниот про-стор (непосредно место на настанот), а потоа се преминува на фото-графирање на поедини детали, односно на секоја обележана трага пооделно. 52 Закон за кривична постапка, Сл. Весник на РМ 53 Советување на истражни судии од Република Македонија, на тема, увидот на лице место, како истражно дејствие, Охрид 1997,4 54 Р. Максимовиќ, У. Тодоровиќ, „Криминалистичка техника“, Полициска акаде-мија, Београд, 1995, 157

Page 84: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

415

Од извршениот увид се изработува скица во размер, и на иста-та се обележани сите означени места каде се пронајдени траги кои се во врска со стореното кривично дело.

Динамичната фаза на Увид при извршен терористички акт

опфаќа:

- обезбедување и пакување на материјалните траги од сред-ствата со кои е извршен самиот акт и кои во претходната фаза биле фиксирани;

- предизвикување на латентни траги;

- дополнителен преглед на местото на настанот заедно со пошироката околина;

- транспортирање на материјалните траги;

По извршениот увид се изработува записник, кој ги содржи сите преземени дејствија при увидот. Записникот претставува осно-вен процесен документ од кој започнува истрагата.

Раководителот на увидот е специјално обучен за извршување на Увид при сторен терористички акт и истиот раководи, при што:

- го ограничува пристапот на местото на настанот;

- врши евидентирање за сите лица што влегуваат или го напуштаат настанот, за да се идентификуваат сите лица кои се, или биле присутни на настанот во кое било време;

- се утврдуваат дополнителни означени површини на периметар бидејќи може да се открие дека тие имаат врска со местото на терористичкиот напад;

- го координира целиот персонал и ги одредува шемите на пребарување;

- ги раководи, вреднува и финализира акциите на пребарување и истрага.

Page 85: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

416

6.4.4. Претрес на околината на место на извршен терористички акт

Доколку се располага со оперативни сознанија дека извршите-

лите на терористички дела се наоѓаат на определен простор или, пак, на истиот простор се наоѓаат предмети со кои е извршено кри-вично дело, или дека тие потекнуваат од извршено кривично дело, се пристапува кон претрес на околината.

Прво се врши изготвување на план за вршење на претрес во кој

е предвидено кои оперативно-тактички и технички мерки ќе бидат преземени, се определува раководител на претресот, оперативните работници кои ќе учествуваат на претресот, како и нивните конк-ретни задолженија, криминалистичките техничари и нивните задол-женија и сл. Во планот се наведуваат сите сознанија со кои се распо-лага за извршителите, степенот на нивната обученост, вооруженост, обученост за ракување со оружје и сл. Најпрво се врши визуелно посматрање за да не дојде до некакви промени на трагите, по што се формираат екипи за претрес на терен со шеми на пребарување. Претресот се врши дење, доколку за тоа има услови. Претресот ноќе се врши само доколку условите не дозволуваат одлагање на истиот. Со претресот треба да се задоволат криминалистичките начела на брзина, ефикасност и изненадување.

Пронајдените предмети со кои е извршено кривичното дело

тероризам или пак, предметите кои се предмет на делото се обеле-жуваат и се документираат, а потоа се преземаат за натамошни лабораториски испитувања.

6.4.5. Анкетирање

По извршениот терористички акт, паралелно со останатите

оперативно-тактички и оперативно-технички мерки, се формира по-себна група која врши анкетирање на сведоците и останатите лица кои биле во близина на настанот, со цел добивање на каква било

Page 86: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

417

информација која ќе помогне за насочување на истрагата и открива-ње на сторителите на терористичкиот акт.

Анкетирањето се врши по претходно подготвени анкетни пра-

шања. Припадниците на униформираниот дел кои доаѓаат први на местото на настанот го извршуваат анкетирањето на лицата кои се затекнати на местото на настанот.

Припадниците на противпожарните единици се анкетираат во врска со настанатата експлозија, нејзините карактеристики, начинот на настанување, ширење, зафатнина и сл.

Новинарите и фоторепортерите за барање на каква било видео или фото снимка на местото на настанот или случајните минувачи.55

Медицинскиот персонал треба да се анкетира во врска со какви

било изјави дадени од жрвите. Треба да се обезбедат имињата и по-датоците за идентификација на лицата кои се наоѓале на местото на настанот.

Лицата кои биле сведоци на експлозијата или биле во областа,

треба да се анкетираат за звуците на експлозијата. Звукот опишан како остар звук при кршење или татнеж, може да ја покаже разлика-та во користење на висок или низок експлозив. Тоа може да ја пока-же разликата на експлозијата на воздух, вода или пареа како што е компарирана со висок или низок експлозив. Исто така, бојата на забележаниот чад може да наведе дека е користен комерцијален експлозивен производ или воен експлозив.

Сведоците треба да се испитуваат за сомнителни пакети, пред-

мети, луѓе или возила во областа. Оваа информација може да ја идентификува испораката на пакетот на направа или да го иденти-фикува бомбашот или извршителите.

55 При обидот за атентат на поранешниот председател на Република Македонија, Киро Глигоров, случаен турист - државјанин на Германија, кој поминувал на улицата каде подоцна се случил обидот за атентат, направил фотографија на паркираното возило Ами-8, возило кое било искористено како автомобил-бомба.

Page 87: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

418

Раководителот на истрагата треба да вложи напори за да ја реконструира непосредната област, вклучувајки нормални активнос-ти и сомнителни активности. Со реконструкцијата може да се регис-трира големината на кратерот или штетата. Оваа информација, беле-гот на експлозијата, може да биде корисна за експерите во процесот на реконструкцијата. Белегот на ниските експлозиви може да биде означен со отсуство на кратерот. За таа цел е потребно да се соберат примероци од центарот на експлозијата и да се задржат контролните примероци за подоцнежно лабораториско испитување.

При претражување на областа треба да се изврши преклопува-

ње со непосредната област и со проширување со најдалечните гра-ници на местото на теористичкиот чин, а тука влегуваат кровови, дрвја и други високи места каде би можеле да се фатат отпадоци од експлозијата. Штетата од експлозијата во околната област мора да се документира, а доказниот материјал да се забележи за да се одре-ди правецот на експлозијата.

Врз правецот на експлозијата може да влијае поставеноста на

направата, во или околу целта. Поставеноста на експлозивот во кон-тејнерот може исто така да биде одредувачки фактор за правецот и штетата од експлозијата. Отпор, и од најмала природа, може исто така да влијае на правецот на експлозијата. Одбивање, удирање во предмети на местото на настанот на отпадоци или фрагментација, ќе ги одредат промените на правецот на експлозијата. Овие фактори треба да се имаат предвид при одредување на шеми или техники на пребарување. Кршење на стакло и други структурални штети може да се видат како резултат на правецот на експлозијата.

Областа на претражување се одредува така што од местото

каде е најден последниот дел од експлозијата, се зголемува периме-тарот на претражување со цел да бидат пронајдени одредени делови од експлозивната направа кои по експлозијата можат да бидат отфр-лени на многу поголемо растојание од самото место на експлозијата.

Page 88: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

419

6.4.6. Лишување од слобода

Лишувањето од слобода на лицата извршители на кривичното дело тероризам, се спроведува на начин соодветен на специфичнос-тите на оваа кривично дело.

Извршителите на кривичното дело тероризам се обучени за професионално извршување на делото и притоа да не бидат открие-ни и лишени од слобода. За секоја успешна акција тие добиваат ви-соки финансиски профити. Токму специфичностите на овие кривич-ни дела, ги издвојува нивните сторители од останатите лица, кои из-вршуваат друг вид на кривични дела.

Основни прашања на кои треба да се одговори при лишување од слобода на сторители на оваа кривично дело се следните:

кога лицето треба да биде лишено од слобода;

каде треба да се најде лицето кое треба да се лиши од слобода;

начин на кој треба да се изврши лишување од слобода;

место на кое ќе се изврши лишувањето од слобода.

Лишувањето од слобода на сторителите на делото тероризам е тесно поврзано со одвивањето на самата ситуација на лице место. Преурането, или пак задоцнето лишување од слобода, може да го доведе во прашање натамошното водење на истрагата. Имено, пре-раното лишување од слобода може да го предупреди сторителот и неговите соучесници. Во таков случај тие најчесто ги сокриваат предметите со кои е извршено делото, или ,пак, можат да обезбедат алиби за времето кога е извршено конкретното кривично дело. Од друга страна, задоцнетото лишување од слобода, дава можност сто-рителот да ги уништи доказите кои би биле во интерес на расветлу-вање на делото.

Бидејќи кривичното дело тероризам се карактеризира со свои посебни специфичности, со што се разликува од останатите дела,

Page 89: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

420

потребно е извршителите да ги бараме на посебно место. Со оглед на тоа дека извршителите на овие дела се добро обучени за конспи-ративно работење, истите треба да се бараат во редовите на илегал-ните-терористички организации и нивните свртувалишта, активнос-ти и сл. Користењето на доверливи лица како информатори, или, пак, соработничка мрежа, комбинирано со оперативно-тактичка ме-рка опсервација на објектот во кој живее бараното лице, секогаш да-ва добри резултати.

Сторителите на делото тероризам се спремни на сè , а во краен случај при лишување од слобода, можат да употребат и огнено оружје. Поради тоа планот на оперативното дејстување треба однап-ред да биде подготвен.56

Оваа оперативно-тактичка мерка подразбира запазување на начелото на брзина и изненадување.

Од самиот почеток на изготвување на планот, па сè до реали-зација на истиот, најодговорно треба да се сочува конспиративноста, доколку нема конспиративност, оваа мерка задолжително ќе биде осудена на неуспех. Во планот треба да биде опфатен бројот на опе-ративните работници кои ќе учествуваат во лишување од слобода. Треба да биде познат личниот опис и точните генералии за лицето, или пак, поседување на фотографија. При лишување од слобода на лицата извршители на кривичното дело тероризам треба да се има предвид дека истите се обучени за ракување со оружје и се спремни истото да го употребат ако за тоа се укаже потреба.

7. Трговија со луѓе „ Ниеден граѓанин не смее да биде толку богат за да може

да купи друг, ниту пак, толку сиромашен, за да мора да се продаде“...Русо

56 Владимир Водинелиќ, „Криминалистика“ Савремена администрација, Београд, 1978,117

Page 90: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

421

Опасноста од организиран криминалитет посебно е изразена во т.н. земји во транзиција, во кои влегува и Република Македонија, каде доаѓа до општествени промени кои доведуваат до глобални промени на вредносните ориентации на тие земји. Тој период се карактеризира со непостојаноста во изграденоста на стабилен и де-финиран систем, значајно опаѓање на правна свест и култура, а со тоа ослабнување на ефикасност на постоечките контролни механиз-ми и кривичноправна заштита од криминалитет. Таквата состојба генерира, покрај појава на класичен, појава и на нов вид криминали-тет.

Преминот кон пазарната економија истовремено значи соочу-

вање со сите негативни консеквенции и придружни појави кои со себе ги носи трката за профит и богатење. Отворениот пазар во земјите во транзиција истовремено значи и отвореност за организи-ран криминал, како што е перење пари, корупција, криминал во рам-ките на меѓународни финансиски трансакции, криминал во стопан-ски и државни структури, затајување на даноци, шверц и др.

Ваквите структурални трансформации се посебно изразени

низ новите форми на криминалитет кои на овие простори до тогаш беа непознати како што се нарачаните убиства, рекетирањето, трго-вијата со луѓе, криумчарењето мигранти и воопшто насилничкиот криминалитет. Посебно значајна улога во делување на организира-ните криминални групи има трговијата со луѓе во ралични облици, посебно заради проституција, сексуалното искористување и сл. Загрижуваат сè поголемиот број на извршување на вакви кривичи дела и во Република Македонија. 57

57 Онаа што загрижува е податокот дека сé помлади девојки стануваат жртви на организираните криминални групи во трговијата со луѓе заради сексуална експло-атација. Голема е т.н. темна бројка на овој вид криминалитет. Според некои ист-ражувања на секој откриен случај доаѓаат 7-10 неоткриени случаи..Начинот на из-вршување на овие дела постојано се прилагодува на новонастанатите состојби и услови во земјата, особините на жртвите, заради поуспешно нивно придобивање и врбување. Жртвите сé најчесто млади девојки, главно без родители, од сиромашни сeмејства и од земјите во транзиција(преземено од http://state.gov./g/trip/rls/tiprpt/2005)

Page 91: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

422

Трговијата со луѓе како интернационален организиран кри-минален феномен кој е во експанзија, е сè поприсутна тема и најчес-то се зборува за неа од два аспекта:

- од аспект на кршење на човековите права;

- од аспект на борбата против организираниот криминал.

Самиот поим „трговија со луѓе“ е дефиниран во Протоколот на Организацијата на обединети нации за „спречување, сузбивање и казнување на трговија со луѓе, особено жени и деца“. Во член 3 од овој Протокол се предвидува дека: „Трговија со луѓе е врбување, транспорт, префрлање, засолнување или прием на лица, со по-мош на закана или употреба на сила или други форми на принуда, грабнување, измама, лага, злоупотреба на моќ или на положба на ранливост или преку давање и примање пари или корист за да се добие согласност на лице кое има контрола врз друго лице, заради експлоатација“. За експлоатација се смета: експлоатација на проституцијата на други или други форми на сексуална експлоа-тација, принудна работа или услуги, ропство или практики слични на ропство, слугување или отстранување на органи. Статистичките податоци за движењата на овој криминалитет се загрижувачки и алармантни, па така на пример:

- според ООН, околу 4 милиони жени и деца годишно се жртви на трговијата со луѓе;

- според IOM (Меѓународна организација за миграции), околу 500.000 жени годишно се продаваат низ Европа;

- Извештајот на САД за трговија со луѓе од 2005 год. од 600.000 - 800.000 луѓе секоја година се предмет на меѓународ-на трговија; 58

- УНИЦЕФ, во 2004 год., оцени дека над 1.2 милиони деца годишно се предмет на трговија;

58 Извештај за трговија со луѓе за 2005 год; издаден од страна на Канцеларијата на САД за мониторинг и сузбивање на трговија со луѓе; 3 јуни 2005; преземено од http://state.gov./g/trip/rls/tiprpt/2005

Page 92: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

423

- Еуропол тврди дека на глобално ниво, трговијата со луѓе е бизнис кој тежи од 8.5 - 12 милијарди евра;59

- четири милиони луѓе во светот се жртви на шверц со луѓе. Најмногу од нив се жени и деца. Проценките на светско ниво покажуваат дека од оваа нелегална активност се заработуваат и до 12 милијарди евра годишно.

7.1. Определување на поимот „трговија со луѓе“

Наједноставно кажано, трговија со луѓе значи трговија со

лица и нивно искористување од страна на криминалци заради зара-ботка/профит. Трговијата со луѓе може да значи присилување на луѓе кон проституција, просјачење и физичка работа.

Без да се претера, трговијата со луѓе може да ја дефинираме и како „верзија на ропство на 21-виот век, и една од најсериозните форми на злоупотреба на основните човекови права на жртвите“.60

Во денешно време, трговијата со луѓе позната како „ропство на модерното време“ претставува трета најпрофитабилна криминал-на активност во светот, веднаш после трговијата со дрога и со оруж-је, виктимизирајќи милиони луѓе.

Изворната дефиниција, од која е изведена и домашната, про-излегува од Протоколот на ООН (која ја споменав погоре во текстот) за „превенција, сузбивање и казнување на трговија со лица, особено жени и деца“ од 2000 година, познат како Протокол од Палермо.

Анализирајќи ја оваа дефиниција, се доаѓа до констатација дека во суштина оваа дефиниција се состои од три меѓусебно завис-ни компонентни делови: активност, инструменти и цел:

59 Извештај за организиран криминал на Европската унија; декември 2004 год.; преземено од http://europol.eu.int/publications 60 Обука за истражни органи специјализирани за борба против трговија со луѓе во регионот на Западен Балкан; Регионална програма на КАРДС 2002/2003, стр.15

Page 93: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

424

- активност, каде влегуваат регрутацијата, транспортот, трансферот, прифаќањето или примањето на лица;

- инструменти, односно закани и примена на друг вид сила или други форми на присила, грабнување, лага, измама, злоупотреба на моќ, или состојба на ранливост, или давање или примање на исплати или корист за да се добие соглас-носта на лице кое има контрола врз друго лице;

- цел -во однос на експлоатацијата, таа може да се врши на различни начини но крајната цел е остварувањето против-правна имотна корист. 61

Според Протоколот, казниви се и обидот и соучесништвото во

извршувањето на делото, како и организација или наредување на друг за извршување на делото. Р.Македонија, „Протоколот за пре-венција, оневозможување и казнување на трговијата со луѓе, посеб-но со жени и деца“, како дополнителен документ на Конвенцијата на ООН за спречување на транснационален организиран криминал, го ратификуваше во 2004 год.

7.2. Кривично-правна предвиденост на кривичното дело „трговија со луѓе“ во Р. Македонија

По потпишувањето на Протоколот, заради усогласување на домашното законодавство, Р.Македонија со промените на КЗ од 2002 год., го воведе членот 418-а со наслов „трговија со луѓе“, врз кој подоцна беа извршени одредени промени.

Во член 418-а „Трговија со луѓе“ се наведува дека: „(1) Тој што со сила, сериозна закана, доведување во заблуда или други форми на присилба, грабнување, измама, со злоупотреба на својата положба или состојба на бременост, немоќ или физичка или ментална неспособност на друг, или со давање или примање 61 Обука на истражни органи специјализирани за борба против трговија со луѓе во регионот на Западен Балкан; Регионална програма КАРДС 2002-2003 год.; стр. 32

Page 94: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

425

пари или друга корист заради добивање согласност на лице кое има контрола на друго лице или на друг начин врбува, превезува, прене-сува, купува, продава, засолнува или прифаќа лица заради експлоа-тација по пат на проституција или други форми на сексуална екс-плоатација, порнографија, принудна работа или слугување, ропство, присилни бракови, присилна фертилизација, незаконито посвојува-ње или нему сличен однос или недопуштено пресадување делови од човековото тело, ќе се казни со казна затвор најмалку четири годи-ни“62.

Од овде се гледа дека при определувањето на тоа што прет-ставува трговијата со луѓе се поаѓа во основа од тоа што е дефинира-но во Протоколот на ООН, меѓутоа во нашиот КЗ се прави обид ова дело посеопфатно и попрецизно да се нормира.

Во ставот 2 од овој член се наведува дека лицето кое ќе одзе-ме или,пак, ќе уништи каква било туѓа идентификациона исправа со цел вршење на делото од став 1 ќе се казни најмалку со 4 години затвор.

Исто така, во овој член се предвидува и санкционирање на оние лица кои користат или овозможиле користење на одредени услуги од лице за кое знаеле или биле должни да знаат дека тоа е жртва на трговија со луѓе (чл.418-1 ст.3). Ставот 4 од овој член предвидува дека доколку жртвата е сог-ласна за вршење на трговија со луѓе заради намера за експлоатација, не постои кривичното дело од став1. Во ставовите 5, 6 и 7 се наведува дека и правните лица се кривично одговорни доколку се вклучени во вршење на ова кривич-но дело (при што тие се казнуваат со парична казна), потоа дека оби-дот е казнив, како и дека средствата, предметите и недвижностите кои се користат при вршење на ова дело се одземаат.

62 Кривичен законик на Р.Македонија; Сл. весник на Р. Македонија бр. 37/96

Page 95: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

426

7.3. Појавни облици на трговијата со луѓе

Трговијата со луѓе никогаш не мирува, трговците постојано го менуваат својот „модус операнди“. Основната структура на трго-вијата со луѓе е стабилна и се состои од 3 фази:

1. Регрутирање - со присила или различни облици на измама.

Ова е фаза во која лицата најчесто се обидуваат да ги регру-тираат своите жртви со нудење лажни вработувања, нудење помош на оние кои сакаат да ја напуштат матичната земја од економски причини, но за тоа не поседуваат патни исправи или соодветни визи и сл. Овие услуги најчесто се рекламираат преку електронските и печатените медиум.

Во фазата на регрутација постојат 4 основни методи: 63

I. Грабнување или присилно регрутирање. II. Целосно измамничка регрутација. III. Делумно измамничка регрутација. IV. Должничко врзување.

Шема бр.2

Фаза на регрутација

Грабнување или присилно регрутирање

Целосно измамничка регрутација

Делумно измамничка регрутација

“Должничко врзување”

Постојат 4 основни методи:

63 Обука на истражни органи специјализирани за борба против трговијата со луѓе во регионот на Западен Балкан, Регионална програма КАРДС 2002.2003. стр.20

Page 96: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

427

I. Под грабнување или присило регрутирање се подразбира снабдување со лица за да се задоволи побарувачката, при што жртвите присилно се земаат и немаат елемент на избор, ниту пак, им се даваат предлози од оние што ги регрутираат.

II. Кај целосно измамничка регрутација жрвите најчесто се зала-жуваат со ветување за вработување и финансиски добивки и целосно се измамени од страна на трговците во однос на вистин-ската природа на работните можности.

III. Кај делумно измамничка регрутација жртвите се свесни за природата на работата во која тие треба да се вклучат, но истите се измамени во врска со работните услови и сл.

IV. Под должничко врзување трговците, искористувајќи ја слабата финасиска положба на жртвите, им позајмуваат на истите одре-дена сума на пари, со договор подоцна жртвите да го вратат заемот по вработувањето, а подоцна на таа сума се додаваат нај-различни даноци и такси. 64

2. Транспорт - внатрешно или надворешно пренесување без разлика дали е прикриено или отворено.

Ова е оној момент од процесот на трговијата со луѓе, кој

многу тешко ќе може да се разграничи од криумчарењето на миг-ранти. Во ова фаза потенцијалната жртва или мигрантот сè уште не е свесна за својата состојба, односно верува во сè што и било вете-но. Мигрантот или потенцијалната жртва на трговија со луѓе, значи во оваа фаза сè уште соработува со превозникот/потенцијалниот трговец, бидејќи таа е уверена дека сè што и било кажано при регру-тацијата е вистина и дека ќе пристигне до посакуваната дестинација. Некои од нив веќе платиле за услугите, со цел да бидат префрлени до крајната дестинација. Ова уште повеќе ги мотивира жртвите и мигрантите да соработуваат со превозникот/потенцијалниот трговец и да се грижат нивниот транспортот да не биде откриен од страна на полицијата.

64 Исто, стр. 22

Page 97: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

428

Постојат два основни методи на преминување на граничната линија:

- легално - со патнички моторни возила, такси возила, автобуси, камиони, возови и сл., преку презентирање на исправни патни документи и визи;

- нелегално - преку илегални канали по должината на граничната линија, со патнички возила, товарни моторни возила - контејнери или пеш.

Досегашното оперативно искуство покажува дека трговците преферираат да ги префрлуваат жртвите со патнички моторни вози-ла, на легален начин, со нивните сопствени или фалсификувани документи, но не е ретка појавата тие да патуваат и сами или во нив-на придружба, со такси возила или со друг вид превоз (автобуси, авиони, возови и сл.) а во некои случаи дури и пеш. 65

3. Експлоатација - присила во доменот на целите на експлоатација.

Ова е фазата од процесот на трговија со луѓе во која се спро-

ведува експлоатацијата на жртвите, односно проституцијата, секс-уална експлоатација, присилна работа, ропство, трговија со човечки органи.66 Исто така, кога се говори за трговијата со луѓе треба да се напомене и тоа дека трговијата со луѓе функционира и е условена од т.н. принудувачко-привлекувачки фактори, меѓу кои спаѓаат:

- сиромаштијата;

- недоволното образование;

- невработеноста;

- родовата дискриминација;

65 Практикум за борба против трговија со луѓе и илегална миграција; преземено од http://nacionalna komisija.gov.mk 66 Преземено од http://www.unodc.org/unodc/en/taffickig_huma_beings.html

Page 98: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

429

- домашното насилство;

- животот во нарушени семејства;

- последиците од конфликт или транзиција во земјите;

- недоволните можности за легална миграција и сл.

Најчести фактори на привлекување се:

- очекување на вработување и финансиска добивка;

- пристап до „гламурот“ во т.н. земји на „мед и млеко“;

- верување дека тоа е единствената алтернатива за бегство од сиромаштијата и покрај широко познатите ризици.

Од друга страна пак, како составни елементи на трговијата со луѓе се наведуваат следните:

- делото (што е сторено);

- средствата (како е сторено).

- целта на експлоатацијата (зошто е сторено). Дејствија: врбување, транспортирање, префрлање, засолну-

вање, примање лица и сл.

Вториот елемент е со: употреба на сила, закана со сила, принуда, грабнување, измама, лага, злоупотреба на моќ или положба на ранливост, давање или примање корист.

Третиот елемент е тоа што лицето ги извршило битните дела со намера жртвата да биде „експлоатирана“. Под експлоатаци-ја се подразбира експлоатација на проституцијата или други форми на сексуална експлоатација, принудна работа или услуги, ропство, слугување или отстранување на органи.

За да постои делото потребно е да се исполнети првите два елемента со намера личноста да биде експлоатирана. Лицата се врбуваат, се транспортираат во друга земја, не им се дозволува да ја

Page 99: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

430

напуштат фабриката и работат постојано. Трговијата со луѓе се извршува со делата врбување, транспорт, префрлање,засолнување и прием на лица, со средства закана или употреба на сила или други форми на присила, грабнување, измама, лага, злоупотреба на моќ или позиција на ранливост или давање и примање пари или корист за да се добие согласност од лице кое што има контрола врз друго лице, заради експлоатација.

Согласноста на жртвата е ирелевантна кога ќе се докаже дека биле применувани лага, принуда, сила или други забранети сред-ства, затоа согласноста не може да се употреби како одбрана за ослободување на лицето од кривична одговорност. Ниту едно лице не може да се согласи да биде експлоатирано, кај возрасните се негира со употреба на нечесни средства, а во случајот со децата, во основа, самата нивна ранлива положба им оневозможува да дадат согласност.

Шема бр. 3

Според статистичките податоци во Р.Македонија, кривично-

то дело трговија со луѓе бележи нагорна линија што се потврдува и со податоците прикажани во Табела бр.4. За одбележување се и

Page 100: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

431

податоците што Македонија, не е веќе само транзитна зона, туку и како крајна дестинација на жртвите. Од тој аспект, потребно е презе-мање на соодветни мерки за навремено дознавање и попречување на оваа кривично дело.

Доколку во текот на постапката не се успее да се докаже кри-

вичното дело трговија со луѓе, ќе се процесуираат обвиненија за основните кривични дела како што се: телесни повреди, ограничува-ње слобода на движење, посредување во проституција, силување и сл. Самото обвинение за трговија со луѓе на жртвата може да и овоз-можи пристап до услуги за поддршка на жртвите, заштита и помош, што пак, од своја страна им овозможува на жртвите да ги надминат најсериозните последици од траумите

7.4. Разлика помеѓу трговија со луѓе и криумчарење

мигранти Во практиката често доаѓа до мешање на овие две појави,

односно постои непознавање на јасните разлики меѓу нив. Тешкотиите во препознавањето се од неколку причини:

Одредени лица-жртви може да го започнат патувањето со тоа што ќе се согласат нелегално да бидат прокриумчарени во друга држава, но потоа се излажани, принудени или присилени на експлоатација.

Извршителите на кривичното дело трговија со луѓе пону-дуваат можности кои на жрвите повеќе им наликува на криумчарење, подоцна од нив се бара да платат такса, но од почеток намерата им е експлоатација, а „таксата“ е дел од измамата и начин да се заработат пари.

Во почетокот намерата е криумчарење, но во текот на делото се јавуваат различни можности, па за да не се про-пуштат истите се преминува во извршување на делото трговија со луѓе.

Page 101: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

432

Извршителите може да криумчарат и да тргуваат со луѓе, применувајќи ги истите рути.

Условите за криумчареното лице се толку лоши, што е тешко да се поверува дека некој би се согласил на тоа.

Согласност - кај криумчарење мигранти во основа постои согласност кај оние кои се криумчарат, што не е случај кај трговијата со луѓе, или доколку постоела некаква соглас-ност, таа е обезвреднета поради нечесните средства на трговците со луѓе

Транснационалност - кај криумчарење мигранти на лицето му се овозможува нелегално преминување на граница и влез во друга земја, а кај трговијата со луѓе не мора да има преминување на каква било граница. Додека криумчарење-то мигранти по дефиниција секогаш е транснационално, трговијата со луѓе не мора да биде.

Експлоатација - врската помеѓу криумчарот и криумчаре-ниот мигрант завршува по преминот на границата, зашто на криумчрот му се исплаќа таксата однапред или по прис-тигнвањето. Криумчарот нема намера да го експлоатира криумчареното лице. Намерата на трговецот со луѓе е врс-ката со експлоатираните жртви да трае и да се продолжи по преминувањето на границата. Криумчарењето може да прерасне во трговија со луѓе, кога криумчарот ќе го прода-де лицето или ќе го присили лицето да ги одработи трошо-ците за транспорт во услови на експлоатација.

Извор на профит - криумчарите генерираат приходи од таксите за пренесување на луѓе, а трговците со луѓе про-должуваат да ја контролираат жртвата за да се добијат дополнителни профити преку понатамошна нејзина екс-плоатација.

Page 102: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

433

7.5. Откривање и докажување на кривичното дело „трговија со луѓе“

Кривичното дело трговија со луѓе започнува во фазата на

регрутирање, фаза во која лицата најчесто се обидуваат да ги регру-тираат своите жртви преку нудење разни вработувања, нудење по-мош на оние кои сакаат да ја напуштат матичната земја од економ-ски причини, но за тоа не поседуваат соодветни документи и сл. Припадниците на одделот за борба против трговијата со луѓе е пот-ребно постојано да ги следат огласите на јавните гласила кои нудат вработување во странство, посредување за добивање на визи за патување во странство, разни огласи со кои се бараат млади луѓе за работа како келнерки, собарки, лица за работа во салони за убавина и масажа итн. Истражувањата на оперативните работници треба да бидат насочени во прибирање на следниве информации:

- сопственикот на агенцијата;

- адресата на седиштето на агенцијата (дали агенцијата е регис-трирана во судскиот регистар);

- телефонски број на агенцијата (најчесто телефонскиот број е регистриран на физичко лице, потребно е да се провери и пот-врди кој го користи);

- возилата кои ги користат сопствениците и вработените во аген-циите;

- местата каде што се организираат заедничките дружења на чле-новите на агенциите за посредување;

- адресите каде што се вршат наводните интервјуирања на заин-тересираните за вработувања во странство;

- да се идентификува лицето кое го врши интервјуирањето;

- да се изврши целосно негово проучување;

- да се приберат што повеќе податоци за лицата што се интервју-ираат;

Page 103: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

434

- доколку нема можност да се утврдат точни податоци, да се обезбеди подетален опис на лицата кои би се идентификувале во подоцнежната фаза;

- контиуирано да се забележува точното место и време каде што лицата познати како извршители на овој вид кривични дела биле забележани и со кого.За секој податок потребно е изготву-вање на писмен извештај (службена белешка) и да се информи-ра специјализираната служба за борба против трговијата со луѓе, каде што се слеваат сите податоци и информациии за оваа проблематика и кои се најповикани за преземање на конкретни мерки и активности за спречување на овој вид криминалитет;

- оперативно покривање на странски државјани за кои постојат индиции дека се занимаваат со сомнителни активности, а кои пријавиле престојувалиште на одредено подрачје.

Во фазата на транспортот, со потенцијалните жртви на трго-вијата со луѓе најчесто први се среќаваат ОСЛ67 од граничната поли-ција, ОСЛ кои вршат контрола на сообраќајот, особено на магис-тралните патишта, и други припадници на МВР кои при секојднев-ното извршување на своите редовни работни обврски доаѓаат и до сознанија поврзани со извршување на кривичните дела „трговија со луѓе“. Поради тоа, нивниот професионален пристап во тие моменти е од огромно значење. Често се случува она што тие ќе го констати-раат, подоцна да биде еден од главните материјални докази при про-цесуирањето на овие кривични дела. Во фазата на експлоатацијата, ОСЛ најлесно можат да дој-дат до определени информации кои можат да дадат индиции за евен-туално постоење на трговија со луѓе. За да ги материјализираат кри-миналните активности, трговците мораат да ја рекламираат својата роба, а тоа ги чини ранливи и лесни за детекција. Исто така, и клиен-тите (кога се работи за сексуална експлоатација) доаѓаат до жртвите, користат нивни услуги и со тоа стануваат одличен извор на корисни информации за ОСЛ.

67 ОСЛ - овластени службени лица вработени во Министерството за внатрешни работи

Page 104: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

435

Сите информации се од голема корист за специјализираните служби за борба против трговијата со луѓе и тие треба редовно да бидат прибирани, проверувани и проследени до нив. Овие служби во МВР треба редовно да ја следат состојбата на целата територија на државата со цел поврзување на парцијалните информации во една целина, затоа што се работи, пред сè за организирани форми на криминал. Тие треба да изготвуваат и соодветни бази на податоци, во зависност од ресурсите со кои располагаат на кој начин би може-ле поефикасно да ги анализираат податоците кои пристигнуваат.

Добивање на првичните информации најчесто е од жртвите на трговијата со луѓе, кои го пријавуваат делото во полицијата. Карактеристично за пријавување на овој вид кривични дела е дека жртвите го пријавуваат делото кај невладини организации, кои се залагаат за спречување на трговија со луѓе. Покрај овој начин, пр-вични информации можат да се добијат и преку:

- пријава на клиентот, односно при сексуалната експлоатација евидентна е пријавата преку клиент (спасување од страна на клиент, кога човекот плаќа за секс со жена и таа бара помош од него со цел да се спаси од експлоатацијата);

- претставници на јавноста, кои не се клиенти, исто така по добивање на информација истата можат да ја пласираат кај организациите кои се залагаат за спречување на трговија со луѓе или директно ги пласираат информациите до полиција-та;

- рутински активности на граничните премини и постојни контролни точки;

- пријави кај кои жртвите на трговија со луѓе се потенцијални сведоци;

- пријави кај кои жртвите на трговија со луѓе извршиле кри-вично дело;

Page 105: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

436

- пријави кај кои жртвите на трговија со луѓе се жртви на друго кривично дело;

- рутинска контрола на полицијата, легитимирање и сл;

- рутински посети на објекти каде што постои поголема веро-јатност и услови за ваков вид криминал (кафеани, салони за убавина, мотели, ноќни клубови и сл);

- рутинска проверка на огласите во медиумите, вклучително и интернет, пред сè нудење работа за одреден пол или за мла-ди луѓе.

Приоритет на институциите и органите кои се занимаваат со откривање и спречување на трговијата со луѓе треба да биде, пред сè проактивното истражување на случаите на трговија со луѓе, што е особено можно со овластувањата кои ги добиваат ОСЛ со примена на посебните истражни мерки регулирани во ЗКП. Бидејќи овој вид криминал редовно има меѓународни размери, овие служби мора да остваруваат и да имаат редовни контакти со соодветни странски служби, да разменуваат искуства, информации итн.

Нјчесто, истрагите за откривање, докажување и спречување

на трговија на луѓе можат да се поделат во две основни категории: 68

- реактивни;

-проактивни. Реактивна истрага е онаа кај која информацијата дека е

извршен прекршок се прима неочекувано и вклучува ситуации кај кои е потребна итна реакција.

Проактивните истраги се оние кои се започнуваат по сопст-

вена иницијатива врз основа на разузнавачки податоци. Проактивна-

68 Прирачник за обука за водење истрага во трговија со луѓе , мај 2008 137

Page 106: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

437

та истрага често користи посебни техники (употреба на поткажувачи и разни форми на набљудување).

Истрагата може да започне како реактивен случај (пр. жена

бега од бордел). Во тој случај се преземаат итни активности за да се спасат други жртви, да се спречат осомничените да побегнат и да се обезбедат докази.

Техниките на надгледување може да се употребат за да се

открие кои лица влегуваат и излегуваат од борделот, каква закана можат да претставуваат тие при евентуална акција. Резултатите од надгледувањето се комбинираат со претходни разузнавачки подато-ци за соодветна проценка од ризикот.

Во реактивната истрага се добиваат телефонски броеви, кои

би можеле да бидат основа за прислушкување на комуникациите. Податоци за возилата можат да бидат основа за надгледување во наредната фаза, а луѓето кои се затекнати би можеле да бидат потен-цијални поткажувачи.

Во реактивните методи што се користат при расветлување на кривичното дело „трговија со луѓе“ се:

- земање изјави од сведоци;

- приведување и земање изјави на осомничени;

- рации за собирање докази;

- земање на изјави од жртвите на трговија со луѓе;

- анализа на собраните материјали. Во делот на проактивната истрага се преземаат:

- посебни техники;

- употреба на информатори;

- употреба на тајни агенти;

Page 107: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

438

- примена на специјалните истражни мерки. Особено значајна улога има примената на мерката прислуш-

кување на комуникацијата, а резултатие добиени од примена на мер-ката се користет како доказен материјал во текот на постапката. Предностите на примената на мерката прислушкување на комуника-ција кај кривичното дело „трговија со луѓе“ е во тоа што обезбедува цврсти докази кои не зависат од жртвите или други сведочења. Исто така, притоа се добива преглед на комплетната слика за тоа како функционираат криминалните структури и како осомничените комуницираат со луѓето вклучени во сите аспекти на процесот на трговија со луѓе.

Исто така и улогата на информаторите во откривањето на кривичните дела на трговија со луѓе се наметнува како еден значаен елемент без кој не би можел да се спроведат истрагите за голем број случаи на овој вид на криминалитет.Најчест мотив за соработка во вакви случи е граѓанската должност, т.е. чувството дека се помага во борбата против криминалот или пак, најчест мотив е некоја форма на финансиска награда. Секоја криминална мрежа мора да користи луѓе за да ги врши своите активности. Секој од тие луѓе се потенци-јални поткажувачи. Во извршувањето на ова кривично дело, вооби-чаено е да бидат вклучени голем број луѓе (криминалци, нивни соработници, жртви итн.) за разлика од другите форми на криминал. Од друга страна пак, тоа се нови можности за регрутирање на нови информатори, а на криминалците може да им го отежне идентифи-кувањето на изворот на информации. Реализацијата на повеќето слу-чаи на трговија со луѓе укажува дека е речиси невозможно разоткри-вање на ова кривично дело без примена на информатори. Секако дека и примената на информаторите мора да биде контролирана и со претходни подготовки, почитувајќи ги правилата на криминалисти-ката. Како недостатоци од примената на информатори можеме да ги вброиме следниве:

Page 108: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

439

постои ризик лицето-информатор да биде откриено, нападнато, повредено, па дури и убиено;

опасности од провалување на идентитетот на информатор-от;

двојна улога на информаторите кои имаат задача поставена од криминалната организација да ги открива тактиките на делување на полицијата, нивните намери, планови, конкрет-ни акции и сл. со што се доведуваат во опасност припадни-ците на полицијата при разоткривање на овој вид кривични дела;

работењето со информаторите одзема многу време, самите информатори бараат одредени отстапки па дури и кршење на законот за возврат на презентираните информации.

7.6. Одредени насоки за поуспешно справување со

трговијата со луѓе Со цел откривањето, докажувањето и санкционирањето на

трговијата со луѓе да вроди со поефикасни и поефективни резултати се посочуваат следниве неколку работи:

Специјализација и потесна обука на органите надлежни

за спроведување на законот. Општо прифатено е дека трговијата со луѓе е сложен феномен, па и борбата со него е подеднакво сложен и бара висококвалификувани, инфор-мирани и специјализирани практичари од повеќе области и сектори.

Повеќеинституционален пристап, што подразбира вклу-чување на повеќе субјекти од општеството во борбата со трговијата со луѓе, пред сè МВР, локалните власти, конзу-ларните претставништва, одделенија за имиграција, Мини-стерството за здравство, регионални организации, невла-дини организации, правни и советодавни бироа и сл.

Page 109: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

440

Размена на разузнавачки информации, која се воспоста-вува врз основа на меѓународни документи и воспоставу-вање на регионални и билатарални соработки на одредени министерства и служби надлежни за справување со трго-вијата со луѓе.

Ратификување на меѓународни документи кои имаат правен основ, а се однесуваат на трговијата со луѓе.

Подигање на јавната свест и превенција во рамките на една ефикасна стратегија за борба против ова зло.

Протежирање на правата на жртвите и пружање соод-ветна заштита и поддршка за сите нив, без никаков облика на дискриминација.

Меѓуинституционална соработка во рамките на една држава, поврзување и соработка на владините и невлади-ните органзиации, како и обрнување посебно внимание на детектирање на ранливите социјални групи.

8. Криумчарење мигранти

За миграцијата на луѓето од еден крај во друг може да се збо-

рува уште од времето на појавата на самото човештво. Миграциите, пред сè, биле условени од економски причини (можности за заработ-ка, егзистенцијални причини и сл), идеолошки, политички (војни, тоталитерни режими и сл.). Денес имиграционите движења се после-дица, од една страна на процесот на глобализацијата и развојот на светската економија, а од друга страна, на демографските движења во развиените земји. Развиениот западен свет се соочува со еден специфичен проблем, а тоа е проблемот на наталитетот. Стапката на демографскиот прираст во овие земји станува сè пониска (и под стапка на обична репродукција), и населението станува сè постаро, со што се наметнува проблемот со недостаток на работна сила. Во западно-европските држави карактеристична е повисока стапка на

Page 110: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

441

миграција од емиграција69, па така, на пример, на тој начин во свет-от се создава движење на работната сила од помалку развиените држави кон повеќе развиените држави. Движењето на работната сила, главно, се движи од исток кон запад и од југ кон север.

Како еден од главните државно-политички елементи кои се

одлика за добро функционирачка и современа демократска држава, е ефикасното и квалитетно управување со миграциите од, во и кон државата. Заштитата на државите од нелегални миграции и криум-чарењето мигранти може да биде опасно по нејзината безбедност и тоа гледано од повеќе аспекти: загрозување на општата безбедност во државата; повреда на човековите права и слободи на граѓаните; пренесување на разни болести; поткопување на економијата со при-лив на ефтина работна сила, тероризам и сл.

Оттука повеќе од јасна е потребата од заштита на државата од овој вид транснационален организиран криминал.

8.1. Кривично-правна предвиденост на кривичното дело „криумчарење мигранти “ во Р. Македонија

Криумчарењето мигранти во нашето национално законодав-

ство е придвидено како кривично дело во глава 34 (Кривични дела против човечноста и меѓународното право) со членот 418-б и тоа:

(1) Тој што со сила или со сериозна закана дека ќе нападне врз животот или телото, со грабнување, измама, од користољубие, со злоупотреба на својата службена положба или со искористу-вање на немоќта на друг илегално пренесува мигранти преку државната граница, како и тој што прави, набавува или поседу-ва лажна патна исправа со таква цел, ќе се казни со затвор нај-малку 4 год.70

69 Емиграција означува број на домашни државјани кои заминуваат во странство, додека имиграција го означува бројот на странци кои доаѓаат во државата. 70Измени од Кривичен законик на Р.Македонија; 2004 година

Page 111: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

442

Во ставот 2 на овој член се наведува и дека секое она лице кое ќе врбува, превезува, пренесува, купува, продава, засолнува или прифаќа мигранти ќе се казни од 1 до 5 години затвор. Понатака, во членот 418-б како квалификувани облици на делото од став 1 и 2 се смета доколку при неговото вршење дојде до загрозување на живо-тот и здравјето на мигрантот или пак, доколку со истиот се постапу-ва особено понижувачки и сурово и притоа не му се овозможува да ги ужива правата и слободите кои му припаѓаат според меѓународ-ното право (став 3 - чл. 418-б). Покрај ова, како квалификуван облик се смета и доколку делото е сторено со малолетно лице(став 4- чл. 418-б). За квалификуваните облици на делото криумчарење мигран-ти законодавецот предвидува казна затвор од најмалку 8 години. Во ставот 5 се наведува и тоа дека сите предмети и превозни средства со кои се извршува делото се одземаат од сторителите.

8.2. Дефинирање на поимот „криумчарење мигранти“

Можеби по малку парадоксално, но поимот „нелегална миг-рација“, како општ концепт сè уште нема универзално значење во рамките на меѓународната законска регулатива. За да зборуваме за криумчарење мигранти, неопходно е да се дефинираат поимите „нелегална миграција“ и „нелегален мигрант“. Поимот „нелегална миграција“ опфаќа движење кое се из-вршува надвор од регулативните форми, како од земјите од кои се доаѓа, така и преку земјите на транзит и земјите кои го примаат самиот мигрант. Поимот „нелегален мигрант“ се однесува на лице кое, како последица на нелегален влез или истеченоста на неговата виза, нема законски статус при преминот на земјата-домаќин.71

71 Прирачник за обука на органите за спроведување на законот и судството во борбата против нелегалната миграција и криумчарење мигранти во регионот на Западен Балкан; КАРДС; 2002/2003 год.; стр. 19

Page 112: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

443

Она што во овој контекст е многу битно да се напомене е постоењето на суштинска разлика помеѓу криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе, иако многу често овие термини се користат како синоними. Од постојните дефиниции произлегува дека криум-чарењето мигранти претставува чин на помагање во процес на неле-гално поминување на границата и илегален влез. Оттука, произлегу-ва дека криумчарењето во себе содржи транснационален елемент, кој пред сè е насочен против интересите на државата, а не против прокриумчареното лице. Од ова, на пример, како еден вид разлика може да се воочи дека трговијата со луѓе (наспроти криумчарењето мигранти) како клучен елемент го има експлоатирањето на жртвата. Во таа смисла, трговијата со луѓе ја вклучува намерата одредено лице да биде експлоатирано, во принцип независно од тоа како жрт-вата ќе стигне до тоа место на кое ќе се врши експлотацијата. Поимот „криумчарење мигранти“, имплицира потпомагање на илегален влез во дадена земја, при што чинот на криумчарење обично завршува со тоа што мигрантот пристигнува во својата дес-тинација, за разлика од трговијата со луѓе, која вклучува континуи-рана експлоатација на лицето во која било форма.

Според член 3 од Протоколот против криумчарење мигранти по копнен, воден или по воздушен пат, кој претставува дополнување на Конвенцијата од Палермо, концептот на криумчарење е дефини-ран како „обезбедување нелегален влез на лице на територијата на држава-членка во која лицето не е државјанин ниту пак, има посто-јан престој со цел директно или индиректно да се стекне со финан-сиска или друга материјална корист“.

Трите главни елементи содржани во дефиницијата на криум-чарење мигранти се следниве:

1. Придвижувања на лица: минување граници, обично по до-бивање согласност од мигрантот.

2. Техники и начини на кои се одвива таквото придвижување: таен транспорт по копно, море и/или воздух, обично во нехумани или опасни услови.

Page 113: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

444

3. Целите на гореспоменатите елементи: преминување на гра-ници со цел да се потпомогне илегален влез (често преку земји на транзит) во целната земја на дестинација. 72

Треба да се напомене дека протоколот против криумчарење не ги инкриминира самите прокриумчарени лица, и покрај тоа што истите можат да се повикаат на одговорност поради незаконско минување на границата, во согласност со имиграциските закони на односната држава.

8.3. Процес на криумчарење мигранти

Процесот на нелегалната миграција може да се јави во повеќе форми на легални и илегални фази, што вклучува и поединци кои легално пристигнале во земјата, но останале во истата и по истекот на нивната дозвола за престој, поради што истите влегуваат во рам-ките на нелегална миграција.

Еден од главните методи што се користи за илегално преми-

нување на граници, како и престој во друга земја, е методот на фал-сификување на документи. Фалсификувањето на документи може да вклучи менување на фотографија, фалсификување на податоци, фал-сификување на визи, други документи и сл. Преминувањето на гра-ници и илегален влез, покрај стандардното недозволено поминување на државната граница на официјалните гранични премини, може да вклучува и лажно претставување на мигрантите како баратели на азил. Исто така, се користат и бракови по договор, искористување на статусот на малолетник без придружба и сл.

Во современите услови на глобализација и прифаќање на

интегрираното гранично управување, практично е невозможно лица-та заинтересирани за работа или престој во одредена странска држа-ва, кои тоа сакаат да го остварат на илегален начин да ги реализира-ат таквите цели без да побараат помош од професионални криумчар-

72 Ибид; стр. 22

Page 114: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

445

ски организации. Дел од истражувањата покажува дека криумчаре-њето мигранти не повлекува автоматска вклученост на високоорга-низирани големи криминални групи. Напротив, истите може да се високопрофесионални но лабаво поврзани групи од поединци. Кај вака структурираните групи тешко е да се влезе во трага на самата организација, па и реактивното и проактивното прибирање на ин-формации е тешко применливо. Покрај веќе добро етаблираните криминални групи постојат и т.н. аматери-криумчари кои оперираат во одредена земја или регион. Тоа се обично лица кои со сопствени превозни средства превезуваат мали групи луѓе и ги преминуваат границите на места кои не се доволно чувани. Во таков случај стану-ва збор за спонтана, нелегална, неорганизирана и несофистицирана група. Но, главно, таквата активност ја извршуваат софистицирани криминални организации чија главна карактеристика е флексибил-ност во непредвидливи ситуации. Тоа е можно зашто членовите на организацијата се раширени низ целиот свет, маршутите се добро проверени преку криумчарење на други стоки и поради тоа што криумчарите се снабдени со софистицирани средства за комуника-ција, со што е возможен постојан контакт помеѓу нив.73

Организираните криминални групи, вклучени во криумчаре-

ње мигранти се сè повеќе децентрализирани и флексибилни во нив-ната организација што им овозможува брза реорганизација на неле-галните активности согласно побарувачката, бројот на конкурентите и заканата од органите на законот. Колку повеќе криминалните организации ги развиваат своите врски и мрежи, толку повеќе стану-ваат транснационални по својата природа.

Во методиката на откривањето на ова кривично дело треба да

се појде од основните карактеристики на криумчарењето мигранти, а тоа е интернационалноста (мора да постои преминување на држав-ната граница). Со самото тоа, како неопходен услов во откривањето и попречувањето на оваа кривично дело се наметнува потребата од воспоставување меѓународна соработка заснована на меѓународни 73 Ибид 34

Page 115: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

446

правни норми. Органите надлежни за меѓународна соработка на полето на спроведување на законот и судството мораат да обезбедат заедничка рамка за борба против ова дело, а државите, врз основа на меѓународните договори, да работат заеднички и во соработка со меѓународните организации. Исто така, државите мораат да изградат соодветни и ефикасни меѓународни стратегии против прекугранич-ниот криминал и криумчарењето на лица како дел од него.

Покрај соработката на меѓународен план, од суштинска важ-

ност е и постоењето на компатибилни и интегрирани практики на спроведување на законот, како и интероперативни мерки, како што се бази на податоци и комуникациски системи.

9. Трговија со дрога

9.1. Кривично-правна одреденост на трговијата со

дрога

Кај производството и трговијата со дроги криминалниот аспект произлегува од злоупотребата т.е. користењето на различни психоактивни супстанции, вон дозволената употреба за одредени научни и медицински цели. Овде значи предмет на злоупотреба се производството, прометот, дистрибуцијата и користењето на различ-ни опијати, психотропни супстанции и стимуланси.

Светската здравствена организација во својот извештај од 1974 година јасно го одредува поимот дрога како: „производ или супстанција со природно или вештачко потекло која дејствува, односно има способност да влегува во интеракција со живите орга-низми, предизвикувајќи состојба на физичка или психичка завис-ност или пак и двете“.

Под опојна дрога пак, се подразбира таков вид супстанција која се користи во медицински и немедицински цели, а има својства,

Page 116: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

447

внесена во организмот, да предизвика состојба на психичка и/или физичка зависност.

Оваа форма на организиран криминал е тесно поврзана со

корупцијата, при што енормно високите профити (кои воедно прет-ставуваат и најголем мотивирачки фактор за криминалците) овозмо-жуваат „поткупување“ на голем број државни службеници, а исто така, мошне е голема и поврзаноста перењето пари, преку кое се овозможува илегално стекнатите профити преку најразлични транс-акции да се инфилтрираат и вложат во одредени легални работи. Меѓународната заедница, со цел сузбивање и спречување на оваа најопасна и широко распространета појава настојува да обезбеди еднаков казненоправен пристап на сите држави во спречувањето на производството и прометот на дрога. Ова на некој начин се обидува да се постигне преку усвојувањето на бројните конвенции од оваа сфера од страна на државите во светот.Како најзначајни можат да се издвојат: Хашката конвенција, Единствената конвенција за дроги, Конвенцијата на ОН против незаконитиот промет со опојни дроги и психотропни супстанции и др. Едно од прашањата по кои се јаву-ваат одредени дилеми во меѓународната јавност е дали да се крими-нализираат сите дела во врска со наркотиците или пак, да се либера-лизираат и декриминализираат одделни полесни облици, како и дали да се има рационална или остра и примерна реакција од страна на органите на кривичен прогон... Исто така, мора да се спомне дека оваа појава добива сè поголема сила во својот замав, што особено загрижува, а постојано се зголемува и бројот на оние кои се занима-ваат со промет и дистрибуција и на оние кои користат и употребу-ваат наркотични дроги. Ова е општо отсликувачки тренд во целиот свет, како и во Р. Македонија.

Во македонското кривично законодавство трговијата со дро-

га во суштина се инкриминира со две основни инкриминации и тоа членот 215 „Неовластено производство и пуштање во промет нарко-тични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и членот 216

Page 117: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

448

„Овозможување на употреба наркотични дроги“ од Глава 21 (Кривични дела против здравјето на луѓето) од КЗ на Р.М.

Став 1 од членот 215 гласи: „Тој што неовластено произведува, преработува, продава

или нуди на продажба или заради продажба купува, држи или прене-сува или посредува во продажба или купување или на друг начин неовластено пушта во промет наркотични дроги, психотропни супс-танции и прекусори ќе се казни со затвор од една до десет години”.

Значи, според ова, се казнува секој вид неовластено мани-пулирање со наркотични дроги (производство, преработка, купува-ње, чување, пренесување, посредување) со кое што се овозможува продажба на истите. Важен елемент е лицето да овозможи пуштање во промет на наркотичните дроги, психотропните супстанции и прекурсорите бидејќи во спротивно, доколку лицето ги преземе сите подготвителни дејствија, но со цел за задоволување на сопствените потреби како уживател, нема да се гони според членот 215. Исто така, треба да се напомене дека сторителот мора да биде свесен дека дејствијата кои ги презема (производство, преработка, чување, пренесување и сл.) во врска со супстанции или препарати кои што се прогласени за наркотични дроги претставуваат кривично дело.

Како квалификуван облик на ова кривично дело се смета

доколку истото е сторено од страна на повеќе лица или доколку сторителот на делото организирал мрежа на препродавачи или пос-редници. Во овој случај сторителот ќе се казни со затвор од најмал-ку пет години74.

Во ставот 3 од членот 215 се наведува дека и она лице кое

ќе овозможи изработка, набавка или пак, употреба на опрема, мате-ријали или супстанции за кои знае дека се наменети за производство на наркотични дроги, психотропните супстанции и прекурсори, ќе се казни со затвор од 1 до 5 години. Наредниот став 4 предвидува

74Кривичен законик на Р.Македонија; Сл. весник на Р. Македонија бр. 37/96; чл. 215 ст.2

Page 118: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

449

дека доколку делото биде откриено или се придонесе тоа да се открие од страна на лице инволвирано во вршење на делото (освен организаторот), истото може да се ослободи од казна.

Понатака предвидена е и одговорност за правните лица кои

ќе се јават во улога на сторители на делото, при што за истите е про-пишана парична казна.75 Ставот 6 од чл. 215 пропишува дека сите оние наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, како и средствата и предметите за нивно правење, транспорт и про-дажба кои ќе бидат најдени од страна на органите на прогонот ќе бидат одземени.

Според чл. 216 ст.1, кривично дело претставуваат и оние деј-ствија со кои се овозможува друго лица да биде наведено на ужива-ње наркотични дроги, да му се овозможи уживање на истите, да му бидат ставени на располагње простории за таква цел или пак на кој било друг начин ќе се придонесе тоа да ужива наркотични дроги. Сторителот на ваквите дејствија ќе се казни од 1 до 5 години затвор. Потежок облик на ова дело претставува доколку ваквите деј-ствија се преземени кон лице кое е малолетник или кон повеќе лица. Во ваков случај, сторителот се казнува со затвор од 1 до 10 години затвор. Исто така, наркотичните дроги, како и средствата и предме-тите наменети за нивен транспорт и растурање, според ст.3 од чл. 216, ќе бидат одземени

9.2. Видови дрога

Класификацијата на дрогата се врши по различни критериу-ми. Зависно од тоа дали нивното конзумирање доведува до состојба на психичка или психофизичка зависност, дрогите може да се поде-лат на дроги кои предизвикуваат психичка зависност и оние чија употреба доведува до психичка, но и до физичка зависност. Во дро-гите кои предизвикуваат психичка зависност спаѓаат: хашиш, кока- 75 Кривичен законик на Р.Македонија; Сл. весник на Р. Македонија бр.37/96 ; чл. 215 ст.5

Page 119: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

450

ин, LSD, мескалин, амфетамин итд. Во втората група на дроги кои предизвикуваат физичка зависност се опиумот и неговите деривати (хероин), барбитуратите и поедини седативи. Според начинот на делувањето, дрогите можат да се поделат на:

-наркотици (опијати-алкалоиди на опиумот, како и сите други супстанци кои делуваат слично на морфиумот;

-депресанти (барбитурати и седативи);

-стимуланти (кокаин, амфетамини);

-халуциногени дроги ( марихуана, хашиш, LSD).

9.3. Правци на движење на дрогата Главниот правец на движење на дрогата е од Истокот кон

Западот, т.е. од азиските кон западноевропските држави, и од држав-ите на Јужна и Средна Америка кон САД, Канада и Европа. Во текот на транспортот на дрогата криминалните организации користат раз-лични правци на движење и различни видови превозни средства во зависност од тоа за каков вид дрога станува збор. Така на пример, кокаинот,главно, доаѓа од Колумбија, Боливија, Перу и Венецуела и најчесто неговата дистрибуција се движи кон САД и Канада на коп-нен начин преку земјите од Средна Америка и Мексико, потоа преку воден пат скриен во товарни бродови, јахти или пак, дури и во мини подморници преку Мексиканскиот Залив на Исток или пак, преку Пацификот на Запад. Воздушниот сообраќај поретко се користи за транспортот на кокаинот (што не значи и дека воопшто не се корис-ти) кон овие дестинации, бидејќи по терористичките напади на 11.09.2001 год. контролите на аеродромите се далеку построги и пообемни. Но, од друга страна кога станува збор токму за транспор-тот на дрога преку аеродромите (а сè почесто и преку обичните гра-нични премини) треба да се спомене податокот дека е зачестена појавата кога дрогата илегално се пренесува од лица кои истата ја

Page 120: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

451

имаат скриено дури и во своето тело (пример: преку голтање на нај-лонски топчиња полни со одреден вид дрога во желудникот кои по-доцна кога е потребно се повраќаат од лицето, потоа преку хирур-шки зафат се сместуваат одредени соодветно амбалажирани пакет-чиња со дрога во утробата на лицето и сл.).

Големи пратки кокаин на европскиот пазар често влегуваат преку Шпанија и Португалија сокриени во бродски карго контејне-ри, рибарски бродови и преку аеродромите во патничкиот багаж. Консеквентно, значајни точки за влез се комерцијалните пристаниш-та, интернационалните аеродроми, марините и рибарските приста-ништа. Брзите чамци кои се врска со главниот брод понатаму го зго-лемуваат бројот на коридорите затоа што можат да се користат изо-лираните брегови. Исто така и големите пристаништа во Холандија (Амстердам. Ротердам) и Германија (Хамбург) претставуваат глав-ните точки од каде кокаинот од Јужна Америка влегува на европски-от пазар.

Хероинот пак, најчесто доаѓа од Средна Азија (Авганистан, Иран, Турција) и Југоисточна Азија (Тајланд, Мијанмар, Лаос) и најчесто се транспортира кон Западна Европа, Австралија, САД. Република Македонија се наоѓа на еден од најпогодните патишта помеѓу производителите на хероин (Авганистан) и најбогатиот нар-ко-пазар (земјите од Западна Европа). Балканскиот пат на дрогата се дели во три правци и тоа:

-јужен правец: Авганиста-Пакистан или Иран-Турција-Бугари-ја-Македонија-Косово или Албаија-Италија;

-централен правец: Пакистан или Иран-Турција-Бугарија-Маке-донија или Србија-Босна-Хрватска-Словенија или Италија;

-северен правец: Пакистан или Иран-Турција-Бугарија-Романи-ја-Украина или Украина-Словачка или Полска-Австрија или Германија.76

76 З.Ѓорѓевиќ; „Нарко криминалитет“; Нови Пазар; 2006 год.; стр. 112

Page 121: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

452

Канабисот, пак, највеќе се произведува во Пакистан, Авга-нистан, Мароко, а сè повеќе и во Албанија.

Главни производители на амфетамини се земјите на Југоис-

точна Азија, САД, Мексико, Холандија Полска, Велика Британија, Германија и др.

Секоја криминална организација, всушност, има свои добро

промислени и организирани патишта и канали за транспорт на дро-гата, почнувајќи од производството до продажбата. Тaa оди од еден до друг континент, сè додека не стигне до саканата дестинација, односно до уличната продажба.

Во последните години се забележува развиток на нови

криумчарски правци во земјите од Источна Европа и Балканот. Неколкуте заплени на кокаин покажаа дека пристаништата на Црно Море во Бугарија и во Романија и пристаништата на Јадранско Море во Црна Гора и во Албанија, сè почесто се користат за транспорт на јужноамерикански кокаин. На тоа укажува и примерот од реализи-раниот случај од 17.01.2007 година, кога македонската полиција, на граничниот премин Блаце, на влез во нашата земја заплени 483 кг. кокаин. Кокаинот беше скриен во канти со поликолор, натоварен во Венецуела, а истоварен во пристаништето во Бар во Црна Гора. Кокаинот бил наменет за Грција, а бил финансиран од група грчки и германски државјани.

9.4. Методика на откривање

Кога зборуваме за откривање на недозволена трговија со дрога како облик на организиран криминал треба да се имаат пред-вид карактеристиките на организираната криминална група (во ната-мошен текст ОКГ). Секоја ОКГ е дел од синџиорот на меѓународни-от канал на транспорт на дрогата. Во рамките на ОКГ постои строга подреденост на задачите на секој член на групата. Во методиката на откривање на овој вид кривични дела потребно е добро познавање

Page 122: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

453

на патиштата и начините на илегалниот транспорт на дрогата од местото на производство до местото на продажба, како и улогата на секоја ОКГ во поголемиот синџир на транспортерите.

Организираните криминални групи делуваат така што секој член на ОКГ има своја улога. На, пример некој е задолжен за надгле-дување при примопредавање на дрогата, друг ги насочува потенци-јалните купувачи, трет ги прима парите, четврт ги префрла на нова посигурна локација и сл.

Целта на службите кои се занимаваат со борба против овој

вид криминал, првенствено е откривање на сторителите (дилерите), прибирање доказни материјали, кои што потоа ќе овозможат подне-сување кривична пријава, како и натамошно откривање на целата организација која овозможува произведување, преработка, транс-порт и продажба на дрогата. Од големо значење е да се утврдат и патните правци на транспортот на дрогата, нејзините привремени или крајни дестинации, местото на нејзино чување и сл.

Откривањето на злоупотреба на дрогата најчесто започнува

со почетната информација, како најопшта основа за сомневање, индиција дека во конкретен објект или простор нешто сомнително се случува или на тоа место често се собираат лица кои се сомнител-ни, како по своето однесување, така и по однос на своето криминал-но минато.

По оваа информација следи почетната фаза на откривање, а

тоа значи вршење перманентна контрола на местото кое може да се оквалификува како криминално жариште, која ќе се спроведува сè додека не се утврди дали на тоа место навистина не се консумира и продава дрога. Доколку основите на сомневање прераснат во осно-вано сомневање, се пристапува кон примена на одредени оператив-но-тактички мерки и истражни дејствија, како и сложени оперативно -тактички комбинации со кои се прибираат информации за движе-њето на лицето, неговите контакти, патувањата во странство, целта

Page 123: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

454

на патувањето, со цел да се дознае неговата улога во криминалната организација која се занимава со трговија со дрога.

Практиката покажува дека овој вид криминал, покрај коруп-цијата го карактеризираат застрашувањето, насилството, убиствата, а сето тоа го отежнува неговото откривање. Надлежните органи мора постојано да наоѓаат нови современи средства и методи за откривање на овој вид криминал. Карактеристично за овие дела е тоа што се тргнува од последиците, што е тесно врзано со надвореш-ните манифестации, симптоми и индикатори кои укажуваат на зло-употреба на дрога. За оваа цел мора добро да се познава наркокри-миналитетот, начинот на производство, земјите преку кои најчесто се врши истиот, делинквентската тактика и техника на криумчарењ-ето и растурањето (дилерството), видот на дрогата, изгледот, начин-от на ракување и слично.

Припадниците на организираните криминални групи инвол-вирани во недозволената трговија со дрога се особено внимателни, претпазливи, но и бескруполозни кога станува збор за заштитата на нивниот „бизнис“ и профит77. Ваквите организирани криминални организации сочинуваат затворен круг во кој тешко може да се инфилтрираат нови лица. Поради тоа припадниците на органите надлежни за справување со овиј вид криминал често се обидуваат да добијат безбедносно интересни информации на посреден начин од лица блиски до припадниците на организираната криминална организација или пак, кои во одреден временски период биле при-падници на истата. Користењето на информаторите има важна улога во разоткривање на целокупниот криминалитетот, но нивното по-себно значење особено доаѓа до израз во откривањето на недозволе-ната трговија со дрога како еден од облиците на организираниот криминал, затоа што во голем број ситуации единствено информа-

77 Тие постојано се сомневаат и вршат проверки за секој кој ќе се обиде да стане нов член на криминалната организација, со цел да се утврди евентуалната нивна поврзаност со органите на прогонот.

Page 124: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

455

торите се во состојба благовремено да сигнализираат за одредени криминални активности.

Често во улога на информатори можат да се јават и консума-

торите и самите дилери на дрога. Консуматорите се категорија на лица кои се разликуваат по однос на дејствијата што ги преземаат при злоупотребата на дрогата, бидејќи според законските нормативи тие се сторители на прекршок, а додека дилерите се сторители на кривично дело. Значајно е да се спомене и тоа дека почнувајќи од консуматорите, постепено се стигнува до дилерите на дрога. Врз лица кои се консуматори треба да се избегнуваат репресивните мер-ки, заради нивна ресоцијализација, но практиката, за жал, е разоча-рувачка и покажува дека процентот на повратници е многу голем.

Лицата дилери-консуматори, пак, се подвид делинквенти. Овие лица за да имаат постојано дрога, купуваат од илегалниот пазар поголеми количества дрога и ја препродаваат измешана со други супстанци за да можат да обезбедат средства за набавка на дрога за себе.

Во Р. Македонија, на пример, често лицата консуматори од

Охрид, при недостиг на дрога на тамошниот пазар одат во Тетово, Гостивар или во Скопје, набавуваат поголеми колични на дрога, а потоа ја делат во помали пакувања и ја препродаваат чиста или измешана во Охрид.

За да зборуваме за успешно справување со трговијата со дро-га како организиран криминал мора да се потенцира значењето на меѓуинституционалната соработка која мора да функционира на еден ефикасен и координиран начин. Суштината на ваквата меѓуин-ституционалната соработката се огледа во размената на податоци и информации до кои доаѓаат различните државни органи и институ-ции при вршење на нивните секојдневни законски должности. При преземањето на оперативно-тактички мерки и истражни дејствија за откривање на недозовлената трговија со дрога, потребно

Page 125: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

456

е во секој кокретен случај да се има предвид степенот на организи-раност на криминалната група, специфичноста на нејзиниот „модус операнди“- систем на делување, евентуалните нејзини врски со дру-ги криминални организации, поединци или пак, претставници на државно-политичкиот естаблишмент и сл. Во постапката на обезбедување доказни материјали значајна улога има пронаоѓањето и обезбедувањето на дрогата. По пронаоѓа-њето на дрогата, најпрво е потребно истата да се фото-документира, да се опише и прецизно да се утврди нејзината количина, така што сето ова во понатамошната кривична постапка, всушност, претста-вува документацијата која има процесен карактер. Она што е особено значајно за методиката на откривање на недозволената трговија со дрога како облик на организиран крими-нал е дека криминалистичко-оперативната дејност треба, пред сè да биде насочена кон откривање на оние лица во криминалните органи-зации кои се инспиратори, спонзори и организатори (што значи врвот на тие организации), додека на лицата кои се само извршите-ли, да им се посветува помало внимание (во смисла тие да не прет-ставуваат крајна цел во истрагата) . Во случај на добивање на информации за одредена количина на дрога може да се постапи на два начина и тоа:

- пристапување на нејзина непосредна заплена; или

- да се примени методот на пропуштање, кога станува збор за организиран транспорт.

До колку се пристапи кон заплена, неопходно е во самата оперативна акција да земат учество и криминалистички техничари кои се занимаваат со оваа проблематика со цел да се изврши соод-ветно документирање кое се покажува како еден фактор од фунда-ментално значење во текот на кривичната постапка бидејќи многу

Page 126: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

457

често одбраната на осомничените лица се повикува на тоа дека дро-гата е подметната од страна на полицијата или други лица.

Исто така, во современата полициска практика на работење многу често се употребува методот на пропуштање. Значи се пропу-шта пратката на дрога, со цел да се приберат повеќе сознанија за лицата вклучени во транспортот и криумчарењето. Контролираниот транспорт се применува на тој начин што пратка на дрога тајно и постојано се набљудува од страна на органите надлежни за борба против трговијата со дрога, додека истата се транспортира низ пове-ќе места и држави, сè до крајната дестинација.

За доаѓање до повисоките кругови во криминалната организа-ција потребно е лицата кои се непосредно фатени во илегален транс-порт на дрога да се придобијат за соработка и на тој начин да се искористат за добивање на значајни информации за фаќање на орга-низаторите на транспортот, кои не ретко се и лидери на криминал-ните организации.78 Изградбата на целосна, прецизна и сеопфатна стратегија за превенција на трговијата со дрога дава можност за пре-земање на ефикасни и ефективни мерки и активности во борбата против овој вид криминалитет кој сè повеќе претставува опасност за целокупното општество и државите во светот.

10. Трговија со оружје

10.1. Кривично-правна одреденост на трговијата со

оружје

Ваквата организирана криминална активност е особено зас-тапена во оние подрачја на светот каде што има воени судири, меѓу-народни или граѓански војни, вооружени преврати, како и судири на парамилитарни формации. Овој облик на криминал, покрај другото

78 Д.Татомировиќ; “Криумчарење” - схватање и сузбијање”; Београд; 1989 год.; стр. 65.

Page 127: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

458

е и високо профитна организирана криминална активност која на криминалците кои се занимаваат со овој криминалитет им носи големи материјални средства. Активностите кои се преземаат од одредени добро организирани криминални структури за нелегална трговија со оружје можат да бидат мотивирани и од одредени поли-тички цели, а со намера за индивидуално т.е. групно вооружување, што претставува потенцијална закана за избивање на вооружени судири и дестабилизација на безбедносната состојба во една држава или регион. Ваквиот типичен пример беше масовното „исценирано“ крадење на 700.000 парчиња разни видови оружје од воените ком-плекси на Р. Албанија, кои подоцна беа директно употребени во вое-ните конфликти на Косово, во Јужна Србија и во Р. Македонија.

По конфликтот во 2001 година и неколкуте акции за добро-волно разоружување на сите граѓани во Р. Македонија следеше и заострување на казненоправната репресија. Зголемување на казната за лица кои нелегално ќе поседуваат оружје (особено за автоматско оружје и казна затвор). Од своја страна таквата казнена политика во тој период влијаеше граѓаните, пред сé припадниците на организи-рани криминални групи, кои располагаа со поголемо количество автоматско оружје да се ослободат од истото на тој начин што го изнесуваа од тајните складови на отворено место и анонимно го пријавуваа во полицијата. На таков начин полицијата заплени пого-лемо количество на автоматско и тешко воооружување.

Трговијата со оружје, меѓународната заедница ја санкциони-ра со Протоколот против недозволено производство и трговија со огнено оружје кој е составен дел (надополнување) на Конвенцијата од Палермо. Протоколот ги содржи односно пропишува што е пред-мет на забрана што е недозволена трговија со оружје и кои дела тре-ба да се инкриминираат. Па така се “инкриминираат недозволеното производство, недозволената трговија, фалсификувањето или неле-гално бришење, отстранување или менување на ознаки на огнено оружје, обидот, соучесништвото и организирањето на ваквите дела”.79

79 В.Камбовски; „Организиран криминал“; 2- ри Август С- Штип; Скопје; 2005 год.; стр. 280.

Page 128: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

459

Овој вид криминална активност може да биде:

1. Поединечен - за остварување на имотна или друг вид корист;

2. Групен - за остварување на имотна или друг вид корист;

3. Групен-организиран за остварување на некои повисоки профитабилни или политички цели.

Кога станува збор за пренесувањето на оружјето од една држава во друга тоа може да се одвива преку:

-легални премини, -илегални премини.

Од аспект на организираниот криминал од посебно значење е префрлување на оружјето преку легалните гранични премини со подмитување на полициско-царинските служби.

Притоа се наоѓаат слабите точки на полицијата и царинските службеници за безбедно совладување на граничните премини. Не ретки се случаите кога кај полицијата намерно ќе се пријавии одре-дена количина на оружје со цел поголемата количина на оружје да помине безбедно.

Доколку се работи за легален транспорт на оружје за време на поминувањето на стоката низ државата се обезбедува придружба на возилото.

Во македонскиот Кривичен законик нелегалната трговија со оружје е инкриминирана со кривичното дело „Недозволено израбо-тување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи“ - чл. 396 од глава 33 (кривични дела против јавниот ред)

Инкриминацијата е предвидена за тој што неовластено изра-ботува, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, му-ниција или експлозивни материи. Објект на заштита е јавниот ред и мир зашто криминалните средини криминално поседуваат оружје. 80

80 В. Камбовски, „Кривично право - посебен дел“, НИО Студентски збор - Скопје, 1982

Page 129: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

460

Дејствие на извршување е неовластеното изработување, про-давање, набавување, вршење на размена или држење на оружје, му-ниција и распрскувачки материи кои на граѓаните им се забранети. Според ставот 1 во овој случај сторителот ќе се казни со затвор од 1 до 10 години.

Недозволеното држење оружје и експлозивни материи кои се вонпромет е разграничено од набавката и држењето на оружјето и другите материи за кои е потребна дозвола од соодветен надлежен орган, без што дејствието во овој случај претставува само прекршок. 81 За некое лице да биде виновно за овој вид кривично дело, потребно е да постои намера, односно свесност дека недозволено се држи, набавува или ставаат во промет оружје и распрскувачки мате-рии што се вон прометот на граѓаните. Како сторител може да се јави секое лице. Според ставот 2 од чл. 396 како квалификуван облик на ова дело се смета доколку предмет на делото е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи или пак, доколку истите се забранети за поседување и тргување за граѓаните. Сите парчиња огнено оружје, муниција или експлозивни материи, како и средства за нивно изработување, транспорт и продажба ќе се одзе-мат доколку бидат откриени од страна на органите за прогонот (ст.3 чл. 396).

10.2. Методика на откривање и докажување на трговијата со оружје

Кога станува збор за користење на легалните премини за пре-

фрлување на поголема количина на оружје најчесто се врши со ко-румпирање на припадниците на безбедносните стуктури на гранич-ните премини. Не ретки се случаите кога кај полицијата се пријавува

81 Закон за набавување, поседување и носење на оружје-Сл. весник на Р.Македонија бр.22/81

Page 130: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

461

помала количина на оружје, а во исто време безбедно поминува поголема количина на илегално оружје. За време на поминувањето на оружјето низ државата се обезбедува придружба на возилото кое го врши транспортот. По пристигнување на оружјето на соодветната дестинација го пречекува одредена група на лица кои се задолжени за прифаќање и сместување на оружјето во посебни претходно нап-равени бункери за таа намена. Скривалиштата се редовно обезбеде-ни, односно редовно се чуваат од припадниците на организираната криминална група.

Преминот преку илегалните премини се врши најчесто со по-мош на животни. Овој е и најчест случај на пренесување на оружје во Р. Македонија. Најчесто преносот на оружјето се врши во ноќни-те часови.

Со оглед на фактот дека станува збор за криминална актив-ност која носи високи профити, истата се извршува од добро органи-зирани криминални организации со што се налага потреба од пого-лема стручност и внимателност во расветлувањето и докажувањето на овој вид кривично дело. Начините и постапките околу открива-њето и докажувањето се со примената на повеќе комплексни опера-тивни мерки и активности од страна на овластените лица на МВР. Вообичаено првичните информации за ваквиот вид кривични дела се дознаваат преку следниве извори:

- известување од граѓани; - собирање на известувања; - користење на т.н. легални извори за дознавање; - непосредно забележување на овластени работнници на

МВР.; - известувања од Интерпол; - користење на ОТС; - преглед на превозни средства и багаж; - користење на службено куче.82

82 З. Димовски, „Илегална трговија со оружје и тероризмот во Република Македонија“ Скопје, 2005, стр. 96

Page 131: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

462

По добивање на првичните сознанија, се врши нивна провер-ка и се формираат верзии, се врши проверка и елиминација на верзи-ите, сè додека не остане само една која го покажува постоењето, односно непостоењето на кривичното дело.

Со оглед на специфичностите при појава и извршување на ова кривично дело, не можат однапред да се предвидат кои сè оперативни методи и средства треба да се преземат за да може да се обезбедат соодветни материјални докази.

Основен начин на дознавање за извршено кривично дело „недозволена трговија со оружје“ е преку оперативната дејност на полицијата. Притоа, полициските службеници својата работа треба да ја насочат кон организаторите на тие криминални групи, како и на сомнителните места каде би можело да е скриено определено количество на нелегално оружје.83 Многу битно е да се разјаснат сите релевантни фактори за постоење на конкретното кривично дело. Покрај другото, потребно е навремено обезбедување на инфор-мации за тоа дали лицето има соодветно одобрение за тој вид трго-вија. Пред сè треба да се утврди времето, местото, начинот на извр-шување и слични фактори кои би укажувале на постоење на кривич-но дело - недозволена трговија со оружје.

Мошне значаен фактор во расветлувањето на овој вид кри-

вично дело е воспоставувањето на соработка помеѓу сите државни институции надлежни за спречување на ваквата трговија, при што со делување на секој орган во рамките на своите овластувања и над-лежности на еден ефикасен и ефективен начин ќе се соберат соод-ветни материјални докази. Ова кривично дело се докажува со помош на валидни материјални докази, односно обезбедување на оружјето кое било предмет на недозволената трговија. Потребно е квалитетно обезбедување на државната граница, идентификација на илегалните премини кои би можеле да бидат искористени за илегален транспорт на оружјето и сл.

83 М.Бошковиќ; „ Криминалистичка методика“; Бања Лука; 2002 год.; стр.356

Page 132: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

463

Поради самата карактеристика на ова кривично дело која се однесува на неговата меѓународна компонента покрај меѓуинститу-ционалната соработка, како неопходен услов за негово успешно спречување е меѓународната соработка на билатерално, регионално или на мултилатарално ниво.

11. Специфични методи и средства за превенирање,

откривање и докажување на кривичните дела од областа на организираниот криминалитет

11.1. Извори на сознанија за кривични дела од

областа на организираниот криминал

Кога станува збор за процесот на откривање на организирани кривични дела, треба да се напомене дека посебна тешкотија прет-ставува добивањето на првични информации и индиции дека истите се сторени или се сторуваат, а особено кај оние кривични дела од областа на стопанскиот финансиски криминал, криумчарење и недо-зволена трговија, корупција, перење пари, кривични дела кои носат високи профити итн. Од тој аспект, особено е важно институциите кои се надлежни за справување се органзираниот криминалитет, пред сè Одделот за организиран криминал во МВР,со благовремена примена на криминалистичко-тактички методи да ја насочат својата дејност на откривање и расветлување на сите облици на организиран криминал во оние области каде индициите укажуваат на вршење на таквите криминални активности.

Откривањето на овие кривични дела многу се разликува од откривањето на останатите класични кривични дела каде последи-ците се очигледни и има поголеми можности за доаѓање до првични-те информации за сторени кривични дела. Откривањето на кривични дела од областа на организираниот криминал бара поорганизиран пристап во идентификација на органзираната криминална групација, нивните врски и поддршката, пред сè од поединци во институциите на системот, со што уште повеќе се отежнува нивното разоткрива-

Page 133: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

464

ње, обезбедување на валидни материјални докази и сл. Специјализи-раните институции кои се надлежни за справување со организирани-от криминал треба да имаат одредени познавања за суштината на организираниот криминалитет, кој и се конкретизира преку одреде-ни кривични дела од економскиот криминал, општиот, еколошкиот и политичкиот криминалитет. Во почетниот период на разоткривање на овие кривични дела, особено ако е воспоставена врската со поединци од институ-циите, тешко е да се обезбедат информации и аргументи дека стану-ва збор за организиран криминал, затоа што, пред сè информациите добро се чуваат, со оглед на двостраната опасност од кривичен про-гон на сите учесници во ланецот на организираните криминални деј-ности. По добивање на првичните сознанија специјализираните служби, со примена на оперативно-тактички и технички мерки, се обидуваат да ги потврдат своите сомневања за постоење на органи-зираниот криминал. Најзначаен и основен извор на добивање на сознанија за одредени организирани криминални активности е оперативната дејност на овластените службени лица. По оперативен пат полиција-та може да добие изворни информации за плановите и активностите на организираните криминални групи и пред сторување на кривич-ните дела. За успешно откривање на овие кривични дела, покрај користење на класичните извори на сознанија неопходна е примена и на посебните истражни мерки, како и на други криминалистички средства и методи. До сознанија дека се извршени кривични дела од областа на органзираниот криминал се доаѓа и при водење на класична крими-налистичка обработка за кривични дела од областа на класичниот имотен криминал, стопански или политички кривични дела. Како извор на сознанија се и надворешните манифестации кај поединци, кои во периодот на трансформација за релативно кра-ток временски период се стекнаа со големи финансиски средства, при што таквиот капитал го манифестираа преку водење на луксузен

Page 134: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

465

живот, купување на големи фирми и претпријатија итн. Ваквите надворешни манифестации можат да бидат силна индиција дека ста-нува збор за организиран криминал. Ако пријавата од граѓаните претставува еден од основните извори на сознанија кај класичниот криминалитет, тоа не е случај кога станува збор за кривичните дела од областа на организираниот криминал. Ова се потврдува со фактот, што од една страна, граѓани-те тешко можат да дојдат до релевантни сознанија за организирана криминална дејност, а од друга страна, граѓаните иако располагаат со одредена информација тешко се одлучуваат да ја пласираат иста-та кај надлежните органи поради стравот од одмазда на криминал-ците. Стравот кај граѓаните да пријават одредени организирани кри-минални активности се темели и на фактот што тие често се обес-храбруваат кога увидуваат дека криминалците не се гонат и казну-ваат од страна на државата бидејќи истите ги штитат одредени поли-тичари, државни функционери или припадници на органите на про-гонот.

11.2. Основни индиции кои укажуваат на постоење на организиран криминал

За да зборуваме за успешно откривање на кривичните дела од

областа на организираниот криминал, битно е најпрво да се препоз-наат индициските факти кои укажуваат на тоа дека станува збор за организиран криминал.

Индициите84се факти и околности кои укажуваат на постоење на одредено кривично дело и на поврзаноста на тоа кривично дело со некое конкретно лице. Кај кривичните дела од областа на организираниот криминал ретко се случува извршителот да се затекне на дело. Доколку извр-шителот не е затечен на дело и не е откриен во првиот зафат, тогаш

84 За индициите види поопширно кај В. Водинелиќ , „Криминалистика“, 1984, стр. 188-278

Page 135: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

466

за откривање на извршителот и разјаснување на кривичното дело и обезбедување на докази се користи индицискиот метод.

Одредени факти кои укажуваат на постоење на организиран криминал тешко се воочуваат. До такви сознанија може да се дојде со помош на низа други индиции, кои на индиректен начин укажу-ваат на основи на сомнение за постоење на организиран криминал. Тие индиции можат да бидат различни по облик на појавување и по степен на основите на сомневање, меѓутоа како позначајни можат да се посочат следните: 85

- зачестено вршење на кривични дела од делокругот на органи-зираниот криминал (криумчарење, недозволена трговија, корупција, перење пари и сл.);

- присуство на кривични дела од областа на насилниот крими-налитет извршени на професионален начин;

- специфични пресметки помеѓу поединци и криминални гру-пи на улици, патишта, автопатишта, угостителски објекти, со примена на автоматско оружје, експлозивни направи и сл.;

- оштетување и уништување на куќи, возила, угостителски и други објекти со користење на минско-експлозивни средства;

- зачестеност во киднапирање на бизнисмени и други матери-јално добро ситуирани лица, како и плаќање одреден откуп за нивно пуштање на слобода;

- непријавување на напади од страна на оштетени, плашејќи се од одмазда;

- избегнување на граѓаните да сведочат, со изговор дека ништо не виделе и не слушнале, иако кривичното дело се случило на јавно место кога истите биле присутни;

- измени на судот во корист на обвинетиот, иако претходно е даден исказ во истрагата;

85 М.Бошковиќ, „Транснационални организовани криминалитет“, Полициска академија, Београд, 2003 година, стр. 299

Page 136: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

467

- зачестена примена на сила, закани, застрашувања, уцени и корупција;

- закани кон припадници на полицијата, јавниот обвинител, судии и други органи надлежни за справување со организира-ниот криминал;

- појава на богати луѓе за кои не се знае потеклото на имотот што го стекнале;

- присуство на класичен рекет и заштитување на специјалниот вид рекет во областа на црниот пазар и сивата економија;

- вмешаност во криминални активности на припадници на по-лицијата, обвинителството, судовите и другите органи;

- сомнителни контакти на претставници на политички партии со поедини членови на криминални организации;

- неадекватно кривично гонење и блага казнена политика спре-ма поедини сторители на кривични дела;

- појавување на нови сведоци во кривичната постапка за кри-вични дела од областа на организираниот криминал кои пора-но не постоеле;

- ангажирање на познати адвокати за бранители кои имаат висока тарифа;

- склучување на штетни договори;

- отворање на жиро-сметки во странски банки;

- давање кредити по нереално поволни услови;

- купување и продавање девизи во поголеми износи итн. Сите погоре споменати индиции укажуваат дека постои реал-

на можност за постоење на организирани форми на криминал, пора-ди што е потребно примена и на останати оперативно-тактички, тех-нички, истражни и посебни мерки заради потврдување на индициите и расветлување на кривичните дела од областа на организираниот криминал.

Page 137: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

468

11.3. Методи на спротивставување

Дијапазонот на кривични дела кои ги извршуваат припадни-ците на организираните криминални групи е доста обемен и зависи од историските и политичките прилики на државата во кои тие делу-ваат, нивните културолошки, етнички и други карактеристики. Се извршуваат оние кривични дела кои најлесно и најбрзо донесуваат профит или ја „заштитуваат“, односно ја зајакнуваат криминалната организација (елиминирање на конкуренцијата) почнувајќи од изну-ди, преку нанесување телесни повреди, убиства, недозволена трго-вија, па сè до трговија со луѓе и човечки органи. Не треба да се забо-рави да се споменат и различните облици на перење на пари кај спо-менативе кривични дела.

Методите на борба против организираниот криминал се кла-сични во онаа мерка во која се и облиците на појавување исти или приближно еднакви како кај „обичниот криминал“. Против органи-зираниот криминал можеме да се спротивставиме, пред сè преку одредување на неговото вистинско место во општествениот систем, како мал организациски систем кој се нарекува криминална органи-зација. Со оглед на флексибилноста, како на една од карактеристи-ките на организираниот криминал, методите за негово откривање мора постојано да се преиспитуваат, усовршуваат и по потреба да се дополнуваат, односно менуваат. За да се постигне такво нешто првенствено е потребно да се увиди состојбата во сите области на криминалитетот, што значи не само броење на криминалните групи и нивните членови, туку проучување на нивната структура, видови и начини на извршување на кривични дела, дали има појава на нови облици, кои во поранешниот период не постоеле, без оглед дали се помалку застапени, во некоја почетна фаза или се развиле до таа мера да воспоставиле стабилни или периодични врски со истакнати поединци во судска, извршна и законодавната власт. Доколку се утврди постоење на таква врска меѓу припадниците на криминална-та организација со поединци од власта, не е доволно да се применат стандардните полициски методи. Поради тоа што корупцијата е дос-та опасна општествена болест која не може да се искорени со апсење

Page 138: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

469

на неколку полициски службеници, припадници на инспекциските служби, судии или обвинители. Потребно е превентивно делување, како и пристап во спречувањето на организираниот криминал кој се темели на систематско, планско и методично постапување. Од сето погоре изнесено може да се заклучи дека постојат два основни методи во спротивставувањето на организираниот криминалитет: превенција и репресија.

Под превентивни мерки се подразбираат низа на различни политички, економски и правни мерки. Основно прашање е дали постои и се манифестира политичка волја во едно општество да се направи јасна и долгорочна стратегија за борба против организира-ниот кримиал. Сите останати мерки зависат од овој услов. Во поли-тичките мерки можат да се вбројат: константно следење на овие оп-штествени девијации, следење и усовршување на правните норми по примерот на земјите кои успешно се справуваат со организираниот криминал, техничко опремување на полицијата, обезбедување на солидни и редовни финансиски средства за работа на институциите надлежни за справување со организираниот криминал (криминалис-тички институти, образовни институции, полиција, судство, обвини-телство, невладини организации кои се занимаваат со овој вид еду-кација и сл.).

Економските мерки мора да се сметаат како нужни и неоп-ходни во едно современо демократско општество. Истите мораат да бидат прилагодени спрема економско-политичката состојба на зем-јата. Сивата економија претставува сериозна опасност за земјите во транзиција поради што е потребно да се внимава истата да не поми-не повеќе од 5% од платниот промет.

Правните мерките би требало да се спроведуваат од страна на сите три вида власт. Тоа едноставно значи дека Парламентот тре-ба да донесува нови и да ги менува постоечките закони со нови посовремени и подобри правни норми, извршната власт да ги при-менува, но и да донесува подзаконски акти за поуспешно нивно спроведување, додека судската власт доследно да ги применува законските и подзаконските акти во случаите кога се гонат сторите-

Page 139: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

470

лите на кривични дела. Делувањето на судската власт во превентив-на смисла подразбира, не само брз и ефикасен кривичен прогон со строго казнување (генерална превенција како „страв од казна”), туку и константно следење на казнената политика и законите. Притоа правосудството е најповикано преку судската практика и на други начини да иницира измени и дополнвања на законите кои се однесуваат за поуспешно справување со организираниот криминал.

11.4. Употреба на методи и средства како и за

класичниот криминалитет Во откривање на кривичните дела од областа на организира-

ниот криминал се користат сите криминалистички методи, односно се применуваат криминалистичко-тактички и криминалистичко-тех-нички мерки и активности како и кај другите кривични дела почну-вајќи од :

-собирање на известувања; -следење; -посматрање; -заседа; -рација; -потражна дејност; -утврдување на идентитет; -проверка на алиби; -блокада; -лишување од слобода; -приведување; -хемиски стапици; -фотографирање; -земање на отисоци од прсти; -предизвикување латентни траги; и др.

Преземање на процесни дејствија: -увид; -вештачење;

Page 140: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

471

-претрес; -реконструкција; -есхумација и др.

Со оглед на продорот на организираниот криминал во сите поли-ња на човековото живеење, при што истиот му се заканува на цело-купното функционирање на институционалниот систем на една држава, сосема е на место констатацијата дека со постоечките мето-ди не можеме да се спротивставиме на организираниот криминал.

Како и во другите држави и кај нас се констатира претходно кажаното поради што се преземаа активности за донесување нови и изменување на постоечките законски прописи, со цел да се пропи-шат нови методи и да се дадат поголеми овластувања на новофор-мираните специјализирани органи за спротивставување на организи-раниот криминалитет. Законските измени и примената на новите методи беа неопходен услов за да зборуваме за ефикасност во спра-вувањето со организираниот криминал.

Новите мерки и активности се предвидени со промените во законската регулатива во Р. Македонија, почнувајќи од Уставот како највисок правен акт, донесување на посебни закони во делокругот на справување со организираниот криминал, и измена и дополнува-ње на постоечките законски решенија.

Со самото предвидување на нови мерки и методи за борба против организираниот криминал се наметна и потребата од форми-рање на специјализирани институции за примена на истите, заради ефикасно и ефективно обезбедување на материјални докази нужни за водење на кривичната постапка во делокругот на организираниот криминал.

Кога станува збор за новите методи и средства за откривање на кривичните дела од областа на организираниот криминал посебно значајна улога во Р.Македонија имаат промените во Законот за кри-вична постапка и законското предвидување за примена на Посебни-те истражни мерки.

Page 141: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

472

12. Посебни истражни мерки

12.1. Поимно определување на посебните истражни мерки

Порастот на организираниот криминалитет во Р. Македонија,

како и на другите форми и облици на сериозен и тежок криминал, нивното негативно социјално влијание и разорувачките ефекти врз националната економија, со можни импликации дури и по безбед-носта и севкупните државни и национални интереси, ја наложија потребата и неопходноста од професионална и стручна примена на сите релавантни контролни механизми во борбата против ваквиот криминалитет, вклучувајќи ги тука како класичните (конвенционал-ните), така и новите (современи) истражни средства, мерки и мето-ди. Поради сериозноста, но и комплексноста во однос на откривање-то и во превенирањето, кои ги носи со себе криминалитетот од овој вид, класичните криминалистички мерки и методи се покажуваат како несоодветни и недоволни за да се соберат доволно доказни метеријали од страна на органите на прогонот, што ја потврдува оправданоста од постоењето и примената на посебни (специјални) истражни мерки. Посебните истражни мерки, секако, се во редот на најважните инструменти кои им стојат на располагање на полицис-ките службеници, како во реактивните, така и во проактивните ист-ражни дејставија. Сепак, треба да напоменеме дека сè позачестени се тенденциите, овие истражни мерки во полициското работење да се преземаат како проактивни техники т.е. пред да настане одреден криминален настан, а со цел истиот да биде спречен и пред воопшто да биде сторен (односно во подготвителната фаза) или пак, на некој начин да се сведат на минимум евентуалните постоечки негативни последици. Посебните истражни мерки бараат ресурси во време, персонал и опрема со цел да се постигне нивниот целосен потенци-јал односно собирање на доказни материјали со висок квалитет кој подоцна ќе можат да се користат во понатамошната истрага и постапка.

Page 142: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

473

Кога станува збор за дефинирање и што во суштина претста-вуваат посебните истражни мерки, најчесто се цитира дефиницијата која ја дава Европскиот комитет за криминални проблеми на Совет-от на Европа од 2000 година, во која стои дека „под посебни (специ-јални) истражни мерки се подразбираат дејствија на системско при-бирање на информации на начин со кој не се вознемирува, односно допира лицето засегнато со нив, применети од страна на полицијата со цел за откривање и за истрага на казнени дела и на осомничени лица”86. Покрај оваа дефиниција, застапена е и онаа која ја дава професорот В. Камбовски, кој смета дека кога се говори за посебни т.е. специјални истражни мерки во прашање се „полициски постапки на иследување, истражување на правно релевантни факти од значе-ње за покренување на формална казнана постапка или за спречување на извршување на казнено дело (превентивни мерки)”87.

Иако и во нашата и во целокупната европска кривична – про-цесна и криминалистичка научна мисла се среќаваат поголем број дефиниции за тоа што, во суштина, претставуваат посебните ист-ражни мерки, сепак, сите тие се базираат и поаѓаат од неколкуте основни специфичности на самите посебни (специјални) истраж-ни мерки. Така, на пример, една од тие специфичности е дека тие се прикриени полициски активности кои што се преземаат со цел собирање, регистрирање и обработка на информации, кои што ука-жуваат или произлегуваат од разни криминални активности и кои се однесуваат на нивните чинители со што би се овозможило прибира-ње на квантитативна и квалитативна доказна основа. Исто така, дру-га специфичност на посебните (специјалните) истражни мерки е тоа што со нивната примена можат во доста голема мера да се ограни-чат и нарушат уставно и законски загарантираните човекови и граѓански права и слободи на оние лица против кои се примену-ваат, но и на други лица кои се во некаква врска со нив.

86 “Report on interception of communication”; CDPC of Concil of Evrope; 2000 year. 87 В. Камбовски; „Организиран криминал“; “2-ри Август“ -Штип; 2005 година; Скопје; стр. 365

Page 143: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

474

Императив на секоја современа правна држава треба да биде постојаната потреба од вложување на сериозни напори за постигну-вање рамнотежа помеѓу ефикасното спречување на криминалот и почитување на правата и слободите на граѓаните притоа. Секогаш треба да се настојува посебните истражни мерки да се применуваат согласно предвидените законски и подзаконски нормативи и прин-ципот на крајна нужда бидејќи во спротивно ќе се повредат основ-ните функции и цели на казнаната постапка и на темелната идеја на правдата, односно ќе дојде до искривување на основните демократ-ски начела и вредности, во името на чија заштита токму се презе-маат овие мерки. Со примената на посебните истражни мерки, поли-циските и другите со закон за ова овластени државни органи и институции, всушност, прибираат информации и сознанија за повеќе намени, односно покрај за покренување на казнено гонење, тие можат и се употребуваат и како доказен материјал во самата кривична постапка, а се применуваат и на планот на превенирањето т.е. во одредени случаи и како превентивни сознанија за откривање и спречување на подготвителни активности за вршење на организи-рани и други сериозни кривични дела. Токму ова претставува уште една специфичност на посебните истражни мерки.

Во однос на примената на посебните истражни мерки особе-

но е важно да се посвети внимание на неколку значајни околности доколку се сака истите да бидат легитимно спроведени, но и да ре-зултираат со ефективни и ефикасни исходи. Па така, најпрво е битно да се изготват јасно прецизирани и сеопфатни законски и подзакон-ски нормативи со кои ќе биде регулирана оваа проблематика, како и да се обезбедат услови за нивно перманентно и доследно почитува-ње во практиката. Потоа, покрај ова, потребно е соодветно едуцира-ње и обучување на посебни кадри кои би биле овластени и задолже-ни за примена на овие мерки, но и обезбедување на соодветни и софистицирани техничко - технолошки средства и помагала со кои би можеле да се спроведат посебните истражни мерки.

Page 144: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

475

Употреба на ваквите посебни истражни мерки треба да биде заснована пред сè, на:

- силни индиции, односно основи на сомневање дека е сторено или дека ќе биде сторено дело на организиран криминали-тет или друго дело на тежок криминал;

- неможноста да се спроведе истрага за тоа дело со користе-ње на други, стандардни методи и средства;

- принципот на пропорционалност и сразмерност, однос-но да се применуваат оние посебни истражни мерки кои одговараат на специфичноста и тежината на делото, како и на вкупните окол-ности на конкретниот случај, но и на начин кој подразбира примена од полесни кон потешки т.е. од мерки кои значат послабо ограничу-вање до мерки кои претставуваат потежок упад во индивидуалните слободи и права.

Кога говориме за посебните истражни мерки, треба да споме-

неме и дека поради тоа што со нив, во помала или во поголема мера, се ограничуваат одредени права и слободи, често кај јавноста се пре-дизвикуваат сомнежи и негодувања дали истите биле правилно и легитимно оправдани без злоупотреби и нерегуларности. За да се избегнат вакви непријатности за примената на посебните истражни мерки мора да постои судска надлежност и одлучување.

Кога се говори за посебните истражни мерки и нивната опе-

ративно-техничка примена често се споменува и нивната поврзаност со криминалистичкото работење на полициските структури како еден составен дел на овие мерки. Во однос на тоа каква е врската помеѓу посебните истражни мерки и самото криминалистичко разуз-навање можеме да констатираме дека ваквата врска во суштина на некој начин можеме да ја увидиме од самата дефиниција на крими-налистичкото разузнавање во која стои дека тоа „претставува рабо-тење со поврзани и неповрзани веродостојни факти”88, кои понатака 88„Криминалистичкото разузнавање претставува работење со поврзани и неповр-зани веродостојни факти кои подвргнати на анализа- анализирани можат да го

Page 145: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

476

подлежат на темелна анализа и истите се употребуваат за откривање и спречување на организираниот криминал и на другите кривични дела. „Поврзаните и неповрзаните веродостојни факти” кои се спо-менуваат во дефиницијата за криминалистичкото разузнавање во голем број случаи се обезбедуваат со помош на некоја или некои од посебните истражни мерки, што значи, условно кажано, тие претста-вуваат еден од „инструментите” на криминалистичкото разузнава-ње. Успешното откривање на различните видови и облици на крими-налитет, пред сè на кривичните дела од областа на организираниот криминал, зависи и од степенот на оспособеност, професионалност и техничка опременост на самите полициски служби и припадници за примена на посебните истражни мерки. Ова е така бидејќи, докол-ку ваквите истражни мерки не се спроведат според начелата на законитоста и професионалноста, криминалистичкото разузнавање како процес би се соочил со одредени проблеми уште во првата фаза на собирање или прибирање на информации, што пак, на крајот секако, ќе има влијание и врз успешноста на полициското работење во однос на сузбивањето на криминалните активности.

12.2. Правно регулирање на посебните истражни

мерки во Република Македонија

Откако, дури по 14 години од осамостојувањето, се увиде дека организираните кривични дела, но и воопшто другиот сериозен криминал во Република Македонија, не можат да бидат откриени и спречени без соодветни мерки и активности кои законски ќе им би-дат ставени на располагање на полициските и другите државни орга-ни и институции за кривичен прогон и истрага, конечно се создаде политичка волја да се направи нешто на овој план. Најзначајна нови- откријат планирањето, подготовката, извршителите, изведувањето и профитот на кој било вид илегална активност и се употребуваат за да се откријат, предвидат, забранат, дестабилизираат и контролираат активностите на организираниот кри-минал, и со цел самото криминалистичко разузнавање да влијае на организирани-от криминал и да помогне во кривичното гонење на криминалните дела“- З. Димовски; „Прирачник - Криминалистичко разузнавање“; Графотранс - Скопје; 2007 година; Скопје; стр.12-13

Page 146: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

477

на на овој план, која овозможи законски да се предвидат и регули-раат самите посебни истражни мерки и истите да бидат во согласно-ст со одредбите пропишани во Уставот на Р. Македонија претставу-ва амандманот XIX на Уставот од 2003 год., со кој се измени ус-тавниот член 17( кој се однесува на правото на неповредливост на писмата и на сите други облици на комуникација). Па така со изме-ните на Законот за кривична постапка од 2004 (2005) година и со донесувањето на Законот за следење на комуникации (2006 год.), за првпат на ниво на законски нормативи беа предвидени и регули-рани посебни истражни мерки. Велам, за првпат на ниво на законски нормативи, бидејќи поголем дел од посебните истражни мерки пред 2005 година беа регуларни со определени подзаконски акти т.е ин-терни правилници на Министерството за внатрешни работи според кои прибраните податоци и сознанија немаа доказна вредност во судската постапка, туку тие им служеа на полициските службеници само како оперативни индиции. Посебните истражни мерки во Зако-нот за кривична постапка (објавен во Службен весник на Р.М. бр. 15 од 7 март 2005 година) се пропишани во глава XV поднаслов (точка) 2 кој носи назив „Посебни истражни мерки“.

Во Законот стои дека овие мерки можат да се применат со наредба во посебни ситуации, за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 5 години и за кривични дела за кои е про-пишана казна затвор од 4 години, за кои постои основано сомнение дека се извршени од страна на организирани групи, банди или друго злосторничко здружение, а со намера да се обезбедат податоци и докази неопходни за успешно водење на кривичната постапка и кои на друг начин не можат да се соберат или нивното собирање би било поврзано со поголеми тешкотии89. Исто така, според законските нормативи, посебните истражни мерки може да се одредат и спрема предметот на кривичното дело, во случај кога не се располага со сознание за идентитетот на сторителот на кривичното дело, потоа дека во никој случај не смее да се поттикнува извршување кривично дело со преземање на некои од нив и дека нема да се преземе кри-вично гонење за дејствата што претставуваат помагање за кривично 89 Закон за кривична постапка; „Сл. весник на РМ“ бр. 15/05; чл. 142-б

Page 147: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

478

дело, а се сторени заради обезбедување на податоци и докази за успешно водење на кривичната постапка. Како посебни истражни мерки со ЗКП се предвидени 8 видови мерки, кои таксативно се наброени во Законот, а за кои подетално ќе стане збор понатаму во овој труд. Целта на преземањето на посебните истражни мерки е податоците, известувањата, документите и предметите прибавени со нивна примена, согласно правилата и начините пропишани со ЗКП и Законот за следење на комуникациите, да можат да бидат употребе-ни како доказни материјали во кривичната постапка како потполно легитимни. Лицата коишто ги преземаат ваквите мерки, исто така, можат да учествуваат во кривичната постапка во својство на заштитени сведоци, чиј што идентитет мора да биде заштитен и да претставува службена тајна.

Во однос на тоа кој се јавува како непосреден извршител на посебните истражни мерки, законски е предвидено дека во ваквото својство можат да се јават Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и Финансиската полиција. Па така, на пример, во рамките на МВР посебните истражни мерки се применуваат од стра-на на неговите два главни организациски дела - Бирото за јавна без-бедност и Управата за безбедност и контраразузнавање. Во рамките на Бирото за јавна безбедност, постојат Централни полициски служби како негов организациски дел, во кој пак, се наоѓа Одделот за организиран криминал. Во состав на овој Оддел постои Сектор за специјални истражни техники кој е надлежен за примена на ваквите истражни мерки. Од друга страна, во Управата за безбедност и контраразузнавање постои посебна организациска единица за при-мена на посебните истражни мерки (V-та управа). Во Финансиска-та полиција и Царинската управа, исто така, постојат посебни, специјализирани организациски единици (сектори, оддели) за при-мената на посебните истражни мерки. Кога говориме за тоа кои др-жавни органи и институции може да се јават во улога на непосредни извршители на посебните истражни мерки треба да споменеме дека, и во рамките на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постои специјализирано одде-ление за посебни истражни мерки.

Page 148: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

479

Покрај другото, законски регулирано прашање е и она кое се

однесува на времетраењето, односно временскиот период на упот-реба на овие истражни мерки, па така е пропишано дека тие можат да се применуваат најмногу 4 месеци, со исклучок доколку постојат оправдани и неопоходни причини ваквиот период може да се пред-ложи најмногу уште за 3 месеци (ова се однесува на сите посебни истражни мерки, освен на следењето на комуникациите, кое може да се применува 30 дена, со можност да се продолжи за уште 90 дена).

Единствено јавниот обвинител или истражниот судија,

имаат законски правен легитимитет да ја издадат Наредбата за при-мена на посебните истражни мерки, па така се наведува дека во предистражната постапка кога е познат идентитетот на сторителите на кривичното дело, истражниот судија одлучува со писмено образ-ложена наредба, врз основа на писмено образложен предлог на јав-ниот обвинител (од втората до осмата посебна истражна мерка), а доколку се јави некакво несогласување помеѓу овие два органи, одлучува судски совет составен од тројца судии. Исто така, во пред-истражната постапка, јавниот обвинител со писмено образложена наредба издадена врз основа на писмено образложен предлог на Министерството за внатрешни работи наредува примена на посебни истражни мерки (од третата до осмата, таксативно наброени во Законот) против лица за кои не се располага со сознанија за нивниот идентитет. Во текот на истрагата, наредбата ја издава единствено истражниот судија.

Во наребата за примена на овие мерки мора да стојат опре-

делени податоци, како што се: „податоци за лицето против кое се применуваат-кога сторителот е познат; основите за сомневање за определено кривично дело; фактите од кои произлегува примената на посебните истражни мерки; како и начинот, обемот и времетрае-њето на тие мерки“90. Доколку посебните истражни мерки се презе-мат без издадена наредба од јавниот обвинител или од истражниот 90 Закон за кривична постапка; Сл. весник на РМ; бр. 15/05, чл. 142-д

Page 149: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

480

судија, ниту еден од така прибраните доказни материјали не може да се употреби во кривичната постапка бидејќи истите се сметаат за незаконски и нелегитимни. ЗКП пропишува уште една многу важна обврска за јавниот обвинител и истражниот судија, а тоа е дека тие мораат да овозможат заштита на личните податоци т.е. на идентите-тот на лицата кои ги применувале овие мерки. Пропишано е дека посебните истражни мерки ќе престанат да бидат спроведувани вед-наш штом ќе бидат отстранети причините поради кои биле опреде-лени, како и по истекот на рокот.

Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и

Финансиската полиција имаат законска обврска, откако ќе ги спрве-дат посебните истражни мерки, да изготват посебен извештај во кој треба да бидат содржани следниве податоци:

време на започнување и време на престанок на примената на посебните истражни мерки;

број и опис на работата на службените лица кои ги спроведу-вале посебните истражни мерки;

видот и бројот на техничките средства што се користени ;

број и идентитет на лицата опфатени со примената на посеб-ните истражни мерки;

видот на кривичното дело, чие сторување евентуално е спре-чено со примената на посебните истражни мерки; и

краток опис, во која мерка со примената на посебната истраж-на мерка се придонело за остварување на целта поради која е издадена судската наредба или целта не е остварна91. Ваквиот посебен извештај, заедно со целокупната друга доку-

ментација прибавена со примената на посебната истражна мерка, се доставува до истражниот судија или до јавниот обвинител, во завис-ност од тоа кој ја издал наредбата за примена.

91 Закон за крвична постапка; Сл. весник на РМ; бр. 15/05, чл. 142-д

Page 150: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

481

Треба да напоменеме дека документацијата прибавена со

овие мерки треба да биде уништена доколку јавниот обвинител сме-та дека не постојат основи за кривично гонење во конкретниот слу-чај или доколку истражниот судија ја запре истрагата или воопшто не ја започне. Документацијата се уништува во присуство на јавниот обвинител или истражниот судија (во зависност до кого е доставе-на), за што потоа задолжително се изготвува записник.

Според ЗКП законска можност за примена на посебните ист-

ражни мерки имаат МВР, Финансиската полиција и Царинската управа, па следствено на ова и во законите кои се однесуваат на организацијата и делокругот на работа на овие институции со одре-дени членови се нормира употреба на ваквите мерки. Така на при-мер, специфично кај Законот за полиција е тоа што во чл. 78 ст. 2 стои дека Полицијата може да примени посебни истражни мерки т.е. прикриени извори на податоци и во определени превентивни цели, односно доколку таа утврди дека постојат основи на сомневање дека се подготвува сторување на кривично дело кое се гони по службена должност. Во Закон за Финансиска полиција и во Законот за Царин-ската управа се наведува дека во согласност со ЗКП овластените службени лица при овие државни органи во предистражната постап-ка и истрагата ги имаат истите овластувања како и МВР, што значи и можности за употреба на посебни истражни мерки, меѓутоа со единствена разлика што се наведени конкретните кривични дела во чие откривање и разјаснување единствено можат да ги применат истите.

Па така, на пример, ваква законска можност Царинската

управа има при 15 кривични дела како што се: производство и пуш-тање во промет на штетни средства за лекување; неовластено произ-водство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прокурсори; перење пари и други приноси од казниво дело, од криумчарење, царинска измама, даночно затајување, трго-вија со луѓе и др.

Page 151: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

482

Финансиската полиција, пак, има овластување за употреба на вакви мерки при откривањето и спречувањето на неколку кривич-ни дела кои се таксативно набројани во Законот за Финансиска по-лиција, а меѓу кои се: даночно затајување, недозволена трговија, криумчарење, перење пари и други приноси од казниво дело итн.

Треба да се напомене и фактот дека голем број автори го зас-тапуваат мислењето дека за афирмирањето и за законското регули-рање и предвидување на овие посебни истражни мерки особен при-донес имаат и меѓународните договори и конвенции кои директно или индиректно се однесуваат на оваа проблематика, како што на пример се :

– Виенската конвенција за спречување на илегалната трговија со наркотични дроги и психотропни супстанции на ОН (1988 год.);

– Стразбуршката конвенција за перење пари, потрага, одзема-ње и конфискација на приноси од криминал (Совет на Европа, 1990);

– Палермо конвенцијата на ОН за спречување на транснацио-налниот организиран криминал (2000), како и Варшавската конвенција за перење пари, откривање, заплена и конфиска-ција на приноси од казниво дело (Совет на Европа,2005).

12.3. Видови посебни истражни мерки Во различни држави и кривично-процесни системи се среќа-

ваат и различни специфични техники и мерки на истражување кои помалку или повеќе се идентични.

Со право се истакнува дека класичните „реактивни“ методи на истражување покажуваат успех само во однос на класичниот кри-миналитет, кога станува збор за квалификаторни облици на класич-ниот криминалитет каде е пропишана казна затвор повеќе од 4 годи-ни, како и при расветлување на кривични дела од областа на органи-

Page 152: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

483

зираниот криминал, нивното откривање без примена на посебните истражни мерки е скоро невозможно. 92

Во нашиот Закон за кривична постапка се пропишани осум посебни истражни мерки кои им стојат на располагање на МВР, Финансиската полиција и на Царинската управа при превенирањето, откривањето и спречувањето на организираните кривични дела и де-лата од областа на „тешкиот “ криминал. Па така, во чл. 142-б, ст.1 од ЗКП како посебни истражни мерки таксативно се наведени след-ниве:

-следење на комуникации и влез во дом и други простории или во превозни средства заради создавање услови за следење на комуникации, под услов и постапка утврдени со закон;

-увид и пребарување на компјутерски систем, одземање на компјутерски систем или дел од него или базата за складирање на компјутерски податоци;

-тајно набљудување, следење и визуелно-тонско снимање на лица и предмети со технички средства;

-привиден (симулиран) откуп на предмети, како и привид-но (симулирано) давање поткуп и привидно (симулирање) примање на поткуп;

-контролирана испорака и превоз на лица и предмети;

-користење на лица со прикриен идентитет за следење и собирање на информации или податоци;

-отворање привидна (симулирана) банкарска сметка на која може да се вложуваат средства што потекнуваат од извршено кривично дело;

92 Ј. Јовчевски- „Кривично-правни импликации од легализацијата на посебните истражни мерки“, Советување: Полицијата, Јавното обвинителство, судот и адвокатурата во преткривичната постапка, Совет на Европа, Охрид, 2000 година

Page 153: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

484

-регистрирање на привидни (симулирани) правни лица или користење на постојани правни лица заради собирање на податоци.

12.3.1. Следење на комуникации

Поради тоа што со оваа посебна истражна мерка можат зна-

чително да се нарушат и ограничат човековите и граѓанските права и слободи, постапката и начинот на нејзина примена се уредува со посебен закон (Закон за следење на комуникации). Овој закон беше донесен во 2006 год. и нему претходно му претходеа измените и дополнувањата на Законот за кривична постапка од 2004 год., со кои законски се нормираа посебните истражни мерки, како и донесува-њето на уставниот амандман XIX со кој се измени членот 17 од Уставот на Р.М. со што се овозможи легализирање на следењето на комуникациите (а и на другите посебни истражни мерки). Со вака законски нормирана употреба на следењето на комуникациите, пред сè се сака да се ограничат потенцијалните можности за злоупотреба во разни сфери на приватноста, од страна на државните органи кои ќе го спроведуваат овој закон од една страна, како и да се обезбедат услови ефикасно да се одговори на современите облици на кримина-литет кои го загрозуваат нормалното функционирање на државата, нејзината безбедност и уставно уредување, но и севкупните демок-ратски вредности. Конкретно со овој закон се уредуваат „условите и постапката за ограничување на тајноста на комуникациите, начинот на постапување, чување и користење на добиените информации и податоци и контрола на законитоста во постапувањето заради спре-чување на злоупотреба на ограничувањето на тајната на комуника-циите”93. Примената на оваа мерка е возможна само доколку за тоа постои одобрување од суд, а во однос на нејзиното времетраење на спроведување е пропишано дека тоа може да се врши најмногу до 30 дена. Но доколку постојат цврсто поткрепени причини за нејзина понатамошна употреба се поднесува дополнителен образложен пре- 93 М. Маневски; „Корупција во РМ - превентивни и казнани мерки за спречува-ње“; 2005 г.; Скопје; стр. 492

Page 154: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

485

длог кој доколку се прифати, следењето на комуникации може да биде продолжено за уште 90 дена. Како предмет на следење се кому-никациите што се остваруваат во јавната телефонска, телекомуника-циска, интернет и слична мрежа, или во некоја приватна комуника-циска мрежа, како и комуникации што се остваруваат непосредно, во устен разговор меѓу две лица или по пат на писмено општење. Оваа посебна истражна мерка се применува со цел прибирање на непосредни сознанија што можат да упатат на други докази за сторе-но казнено дело или за неговото подготвување, како и техничка регистрација на изјави што содржат правно - релевантни факти така што може да се употребат како доказ во казнената постапка. Следе-њето на комуникациите се покажува како доста ефикасна мерка во борбата против организираните кривични дела ( како на пример тр-говијата со дрога, луѓе, тероризмот итн.) и тоа пред сè благодарение на користењето на новите техничко-технолошки средства, кои во комбинација со компјутерската техника овозможуваат следење на комуникациите на огромен број лица. Веќе кажав дека со следењето на комуникациите длабоко се задира во правата и слободите на гра-ѓаните, се поставува прашање како би се вршел надзор и контрола врз нејзината примена. Кај нас ова прашање е решено на тој начин што надзорот и контролата над спроведувањето на овие мерки го врши Собранието на РМ преку посебна Комисија. Следењето на комуникациите се врши тајно и конспиративно само по претходна наредба на суд, во која треба да биде наведено: за кое кривично дело се работи; кои факти и околности ја оправдуваат потребата од при-мена на оваа мерка; која служба ќе го врши следењето на комуника-циите; идентитетот на физичкото или правното лице (доколку е поз-нат) кое ќе биде следено; времето за кое ќе се врши оваа мерка; тех-ничките средства кои ќе се применуваат; локациите на средствата од кои ќе бидат следени комуникациите; изјави дека ќе се престане со следење на комуникациите кога ќе се добие бараната информација; прецизирање на времето и местото на поставување на технички средства за следење на комуникациите доколку за тоа има потреба.

Сите податоци и сознанија добени со следењето на комуника-циите не можат да бидат применети како докази во кривичната пост-

Page 155: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

486

апка доколку за спроведувањето на оваа мерка не постои судска наредба и одобрение, а во вакви случаи е предвидена и кривична одговорност за лицата кои неовластено вршеле следење на комуни-кации.

12.3.2. Увид и пребарување во компјутерски системи Увидот и пребарувањето на компјутерски системи, нивното

одземање или одземање на дел од нив или базата за складирање на компјутерски податоци се наметнува како неопходна истражна мер-ка во време кога компјутерската техника и технологија наоѓа широ-ка примена во сите сфери на човековото живеење. Секако дека ком-пјутерската техника наоѓа своја одредена примена и кај криминал-ните активности, така што често се јавува и како основно средство со кое се вршат сериозни кривични дела. За примената на оваа по-себна истражна мерка е карактеристично тоа што е потребен високо професионален и стручен кадар со големи познавања на компјутерс-ката технологија, кој би можел лесно и брзо да ги открие бараните податоци и информации. Под компјутерски системи во суштина се подразбираат какви било уреди или група на меѓусебно поврзани уреди од кои еден или повеќе од нив врши автоматска обработка на податоци според одредена програма, а додека под база за складира-ње на компјутерски податоци се подразбираат уреди кои вршат логичен збир на средени податоци во електронска форма што овоз-можува нивна брза достапност, користење и чување.

Наредба за употреба на ваквата посебна истражна мерка дава јавниот обвинител или истражниот судија за период од 4 месеци, со можност за продолжување на уште 3 месеци. Увидот и пребарува-њето на компјутерски системи често се поврзува и доаѓа во судир со уставната заштита на личните податоци, па поради тоа таа може да се примени само ако на друг начин не може да се обезбедат докази за криминалната активност на едно лице и само во оној интензитет и опфат во сообразност со тежината и природата на криминалната ак-тивност за која е осомничено лицето.

Page 156: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

487

12.3.3. Тајно набљудување, следење и визуелно-тонско снимање

Станува збор за една од посложените посебни истражни мер-

ки за чија употреба се потребни соодветни и софистицирани технич-ки средства и големо оперативно искуство и знаење кај оние кои ја применуваат. Тајното набљудување може да го покрие движењето на лицата или предметите не само во јавен, туку и во приватен прос-тор, во кој случај се појавува проблем поврзан со техничко премос-тување на затвореноста на просторот и неговата неповредливост. Оваа истражна мерка, всушност, претставува прикриено непрекина-то надгледување на движењата на осомничените лица или предмети со непосредно набљудување или електронско следење, со цел да се дојде до докази или до сознанија за учество во казнено дело. Со тај-но набљудување и снимање се формира слика за движењето на ли-цата и нивната поврзаност и инволвираност во криминалните струк-тури, а покрај ова се собираат и други податоци од значење за поли-циската истрага. Овој вид мерка се практикува во сите држави, од-носно многу често е применувана од страна на полициските службе-ници. Во оперативната практика често пати оваа мерка се применува во комбинација заедно со следењето на комуникации. Еден од поз-начајните проблеми поврзани со тајното набљудување и снимање е неможноста за развивање правни правила за целосна судска контро-ла и правна заштита од можна злоупотреба од оние кои ја примену-ваат. 12.3.4. Привиден (симулиран) откуп на предмети, како и привидно (симулирано) давање поткуп и привидно

(симулирано) примање поткуп Во последно време сè почесто сме сведоци дека привидниот

(симулиран) откуп на предмети, како и привидното (симулирано) давање и примање поткуп, во голема мера наоѓаат примена во поли-циска практика и дејствување. Со тоа се овозможува прибирање на

Page 157: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

488

важни сознанија и податоци кои на друг начин многу тешко или воопшто не би можеле да се прибават и обезбедат. Исто така, често со примената на оваа посебна истражна мерка, многу лесно можат да се фатат сторителите „ин флагранти“ т.е во моментот на извршу-вање на делото што особено ја прави корисна и целисходна во от-кривање и спречување на кривични дела. Кога говориме за привиден откуп на предмети и привидно давање и земање поткуп, морам да истакнам дека не смее да се поттикнува извршување кривнично дело, како и тоа дека нема да се презема кривично гонење за дејства што претставуваат помагање на кривично дело, а се сторени за да се обезбедат податоци и докази кои на друг начин не би можеле никако да се добијат.

Во однос на самото поттикнување или помагање при давање-

то или примањето поткуп има големи дилеми кои се јавуваат кај авторите од кривично-процесна, но и од полициска профилакса, за тоа дали полициските службеници при извршувањето на ваквите прикриени задачи треба да сносат одредена кривична одговорност или треба да бидат ослободени од неа. Според Кривичниот законик на Р.М. „поттикнувачот секогаш одговара во границите на сопстве-ната умисла, односно за делото што е опфатено со неговата умисла “94, но пак од друга страна со цел да може да биде законски дозволе-но дејствувањето на полициските службеници во вакви ситуации, нивната одговорност ќе биде отстранета доколку тие се придржу-ваат до „институтот на доброволно откажување на соучесниците, односно доколку се откажале од поттикнувањето (во стадиумот пред извршувањето) и го спречиле самото сторување на кривичното дело. Значи, кога делото е спречено не постои кривична одговорност кај полициските службеници, но доколку делото е довршено ќе се казни како секој друг поттикнувач. Помагањето, пак, исто така според КЗ на РМ е казниво и секој оној кој ќе помогне при извршувањето на определено кривично дело ќе се казни исто како да го сторил делото или пак, поблаго. Во ситуации кога полициски службеник ќе се јави во улога на помагач при давање или примање на поткуп или при си- 94 Цитирано според Б. Гогов; “МРКК”; год. 14, бр.2, 2007 год; Скопје; стр.75

Page 158: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

489

мулиран откуп на предмети, истиот може да не сноси кривична одговорност доколку било неизбежно неговото учество во сторува-ње на делото но и само доколку вршел одредени споредни помагач-ки дејствија.

12.3.5. Контролирани испораки

Контролирана испорака е една од посебните истражни мерки,

која се состои во идентификување и пропуштање на сомнителни пратки, илегално преминување на државната граница, а потем сле-дење на нивното движење во земјата и во странство за да се дојде до примателот или до испраќачот на стоката ( дрога, фалсификувани пари, оружје итн.), до лица претставници на институциите, лица од погорнитге ешелони на организираните криминални групи и до нив-ните соучесници.

Овој вид посебна истражна мерка особено се покажува кори-сен при откривање и разбивање на „синџир” на организирани кри-минални активности, како во национални, така и во меѓународни рамки. Со оваа мерка се овозможува преку дозволување на одредени криминални активности подетелно да се осознае структурата на одредена криминална организација и да се открие начинот на нејзи-но делување. На овој начин се добивааат сознанија, не само за лица-та кои се обични извршители, туку и за оние поважните, односно за водачите и „умовите” на криминалните организации и активности. Така, на пример, кај организираните кривични дела со контролира-ната испорака и превоз на лица и предмети се овозможува: открива-ње на сите оние фирми кои се поврзани во дејствувањето на крими-нален план; откривање на нивниот „модус операнди“- систем, како и откривање на главните инспиратори на таквите активности. И за оваа истражна мерка важат сите оние законски норми кои се однесу-ваат и на останатите посебни истражни мерки во поглед на: нивното времетраење, непосредни извршители, начин на спроведување и сл. Користењето на оваа посебна истражна мерка во комбинација со некоја од другите вакви мерки често дава податоци и информации од особено значење и важност.

Page 159: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

490

12.3.6. Користење на лица со прикриен идентитет Инфилтрирањето на лица со прикриен идентитет во кримина-

лните организации ја отвора можноста за собирање на многу квали-тетни докази и токму од оваа причина се прифаќаат ризиците за при-мена на оваа специјална техника. Исто така, оваа мерка претставува една од оние кои и пред да бидат предвидени со ЗКП имала повеќе-децениска полициска практична примена од полициските структури кај нас, така што сега само е проследена со континуирани напори за законско уредување.

За разлика од агент-провокатор, лице со прикриен идентитет најчесто е службено лице или лице кое постапува со знаење на поли-цијата, кое не поттикнува друг на извршување на кривично дело, туку доаѓа во контакт со извршителот и неговата криминална актив-ност, изразувајќи подготвеност да учествува во неа. Таквото учест-во, покрај следењето на сторителите и информирање на полицијата, може да се состои и во преземање на определени дејствија, кои што во објективна смисла имаат карактер на помагање (ставање на рас-полагање транспортни средства, чување стража итн.). 95

Во својство на лица со прикриен идентитет се јавуваат поли-циски службеници или соработници кои се приклучуваат кон кри-миналната активност на друго лице или пак на злосторничко здру-жение, со цел спречување на таквата активност или откривање на сторителите и обезбедување докази. Ваквите лица, во суштина, не поттикнуваат друг на извршување казнено дело, туку доаѓаат во контакт со извршителот и неговата криминална активност, един-ствено изразувајќи само подготвеност да учествуваат во неа. Такво-то учество, покрај следењето на сторителите и информирање на полицијата, може да се состои и во преземање на определени дејст-вија, коишто во објективна смисла имаат карактер на помагање. Како и кај привидниот откуп на предмети и кај оваа истражна мерка важат истите принципи на законитост во однос на поттикнувањето и помагањето при сторување на определено кривично дело од страна 95 В. Камбовски, „Организиран криминал“, 2-ри Август С, 2005, стр. 372

Page 160: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

491

на лицата со прикриен идентитет. Еден од поголемите проблеми за успешно користење на лицата со прикриен идентитет претставува „фактот што криминалните организации преземаат заштитни мерки при приемот на нови членови во организацијата и одат дотаму што дури и извршување на кривично дело, па дури и убиство, станува приемен испит за зачленување”96. Ваквите лица во текот на кривич-ната постапка можат да се јават како заштитени сведоци со што се гарантира нивната анонимност, а со ова се поттикнува и нивно пона-тамошно ангажирање во слични прикриени полициски операции. Во примената на оваа посебна истражна мерка големи практични искус-тва поседуваат САД, В. Британија и земјите од ЕУ, што сметам дека треба добро да се проучи и анализира и да се имплементира во нашето полициско и процесно дејствување.

Исто така, кога зборуваме за користење на лица т.е. полицис-ки службеници со прикриен идентитет треба да споменеме дека нив можеме да ги поделиме на:

- прикриени агенти (under cover) и

- агенти провокатори. Основната разлика, ако може така да се каже, помеѓу овие ви-

дови на лица со прикриен идентитет е тоа што првите, всушност, имаат специјална задача да се инфилтрираат во криминалната мре-жа, а вторите имаат задача да испровоцираат одредена ситуација во која ќе се обезбедат важни докази.97 При примената на лицата со прикриен идентитет треба да се знае дека овие лица мора да распо-лагаат со определени вештини и знаења со цел да можат успешно да се инфилтрираат во криминалните средини и организации, како и да можат да обезбедат релевантни докази. Покрај ова, потребно е и однапред да се постават јасни цели кои треба да се остварат со при-мената на оваа истражна мерка; однапред да се утврдат начините на

96 Н. Матевски; „Специјални истражни мерки во сузбивањето на организираниот криминал - Компаративен преглед“; 1997 год. Скопје 97 З. Димовски; „Прирачник - криминалистичко разузнавање“; Графотранс-Скопје; 2007 год.; Скопје; стр.130

Page 161: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

492

документирање на доказите и начинот на нивно доставување до ли-цата за врска; да се утврдат начините за воспоставување контакти на лицата со прикриен идентитет со нивните претпоставени или со дру-ги овластени лица; да се определат евентуалните механизми за кон-трола врз работата на овие лица итн. Не треба да заборавиме дека дејствувањето на лицата со прикриен идентитет е скоро секогаш придружено со голем степен на ризик, како по однос на самата реа-лизација на поставената задача, така и по однос на нивната безбед-ност и живот. 12.3.7. Отворање на привидна (симулирана) банкарска

сметка Отворањето на симулирани сметки во име на поединци (слу-

жбени лица) или реално непостоечки фирми се презема со цел на друг субјект (физичко или правно лице), за кој постојат основи на сомневање дека се занимава со криминална активност да му се овоз-можи деловен контакт и трансакции на таа сметка, а со тоа на таков начин да се обезбедат докази за криминалната активност. Потребата од овој вид посебна истражна мерка се наметнува поради фактот што со организираните кривични дела се остваруваат големи крими-нални профити, за кои, за да бидат откриени, а потоа и конфискува-ни, треба да се преземат и одредени активности од банкарско – фи-нансиското работење. Со други зборови, на овој начин криминални-те организации или индивидуи уплаќаат или пак, во одредени слу-чаи и подигаат одредени парични средства, со што потврдуваат дека се подготвени да сторат определени криминални дејствија, веќе ги сториле или пак, сакаат да поттикнат такви активности. Со регист-рирањето на разните банкарски уплати и исплати, исто така, се овоз-можува и следење на движењето на криминалните приходи и сред-ства, со што на крај можат да се предвидат и откријат одредени кри-минални активности. Ваквата истражна мерка овозможува обезбеду-вање на навистина цврсти доказни материјали, бидејќи за трансак-циите со илегално стекнати парични средства постојат банкарски

Page 162: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

493

регистрирани потврди чија веродостојност тешко може да биде докажана како сомнителна и неточна во судскиот процес.

12.3.8. Регистрирање на привидни (симулирани)

правни лица Со цел да се остварат подобри контакти со криминалната сре-

дина и организации и со цел подобро вклучување во нивните дејства и активности, со што би се прибавиле што порелевантни доказни материјали, на МВР, на Финансиската полиција и на Царинската управа им е законски овозможено да регистрираат и привидни прав-ни лица. На овој начин се избегнува можноста од јавување на сомне-вање и деконспирирање од страна на криминалните организации, бидејќи ваквите правни лица во суштина не се разликуваат по ниш-то од другите затоа што и тие се уредно заведени и запишани во Централниот регистар, имаат своја регистрирана дејност, своја тран-сакциска сметка, свое седиште, директор итн. Обично оваа истражна мерка во поголем број случаи се презема во комбинација со прет-ходно спомната мерка и за нејзината употреба важат истите прет-ходно спомнати законски прописи и правила. Со помош на ваквите „привидни правни лица“ органите на истрагата и прогонот си овоз-можуваат непосредно да стапат во контакт со одредени криминални организации и поединци и под изговор дека и тие се лица кои се заинтересирани за криминално дејствување и остварување на брз и лесен профит можат да дојдат до сознанија и докази кои на друг начин воопшто не би можеле да се обезбедат. Оваа посебна истраж-на мерка е особено применувана од страна на западноевропските полициски организации како и од американското федерално биро за истраги (ФБИ) и Управата за сузбивање на дрога (ДЕА) во борбата против организираниот криминал и трговијата со дрога, па поради фактот што истата се покажува како доста корисна, а во одредени случаи и како незаменлива, таа е предвидена и во нашето позитивно законодавство како мерка која им стои на располагање на МВР, на Финансиската полиција и на Царинската управа.

Page 163: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

494

12.4. Заштита на сведоци (соработници на правдата) Заради поефикасно справување со организираниот криминал,

покрај промените во Законот за кривична постапка и примената на Посебните истражни мерки, од особена важност е донесување на Законот за заштита на сведоци. 98

Со Законот правно се регулира заштитата и помошта на све-доците и се дефинираат мерките за заштита.

Сведок е лице кое поседува иформации за извршувањето на кривичното дело, неговиот сторител и други важни околности, односно податоци и информации од значење за докажувањето на кривичното дело.

За разлика од сведокот, соработник на правдата е лице про-тив кое е покренато обвинение, е осудено или е припадник на кри-минална група, банда или друго здружение, или учествувало во извршување на кривичното дело од областа на организираниот кри-минал, но се согласува да соработува со надлежните органи за от-кривање, гонење, особено за давање на исказ во својство на сведок во кривичата постапка, за кое било кривично дело поврзано со орга-низиран криминал.

Заштитено лице е сведок, соработник на правдата, жртва која се јавува во својство на сведок, која со одлука на Советот за заштита на сведоци е вклучено во Програмата за заштита.

Програмата за заштита на сведоци може да се примени до колку со примена на други методи и средства не може да се обезбе-дат докази, или постои опасност по сведокот. Мерката се применува за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку 4 години (дела против државата, дела против човечноста и меѓународ-ното право и за дела од областа на организираниот криминал). 98 Види повеќе Закон за заштита на сведоци, Сл.весник на Р. Македонија бр. 38/05, 26.05.2005 година

Page 164: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

495

Информации пласирани од страна на сведокот се сметаат за класифицирани информации, размената на тие информации се одви-ва на начин на кој не смее да биде загрозена безбедноста на сведок-от и на соработникот на правдата. Предлог за вклучување во Програмата до Советот99, поднесу-ва јавниот обвинител на Р. Македонија, на основа на писмено бара-ње на МВР, ЈО или судија кој постапува по конкретниот предмет. Дали ќе биде спроведена постапката зависи пред сè, од :

- значењето на информациите битни за докажувањето на кривичното дело;

- информациите да не можат да се обезбедат на друг начи; - сериозноста на заплашувањето; - волјата на лицето да соработува со правосудните органи.100 По прифаќање на предлогот од страна на Советот, Одделението

склучува спогодба со лицето кое е вклучено во Програмата.

13. Институции во Р. Македонија надлежни во борбата против организираниот криминал

13.1. Меѓуинституционална соработка

Со цел зајакнување на соработката помеѓу Управата и други-

те органи инволвирани во борбата против перењето пари, во Нацио-налната стратегија за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот е предвидено формирање на советодавно тело за бор-ба против перењето пари. Со ова тело раководи директорот на Упра-

99 Советот го сочинуваат: судија од Врховниот суд, претставник од Јавното обвинителство, директорот на Управата за извршување на санкции, претставник од МВР и раководителот на Одделението во МВР. 100 Закон за заштитан а сведоци , Сл. весник на Р. Македонија бр.38/05 од 26.05.2005 год.

Page 165: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

496

вата за спречување на перење пари, а во него членуваат претставни-ци од следниве државни органи: од МВР, од Министерството за правда, од Јавното обвинителство, од Царинската управа, од Упра-вата за јавни приходи, од Финансиската полиција и од Народната банка на Р. Македонија. Ова тело се состанува по потреба, најмалку еднаш во месецот и ги разгледува прашањата и проблемите од тековното работење.

13.2. Позначајни стратегиски документи кои ги донесе Република Македонија за борба против

организиран криминал

Кога станува збор за откривањето, докажувањето и спречува-њето на организираниот криминал треба да се има предвид фактот дека се работи за софистицирани и особено сериозни облици на кри-минал, кои манифестираат несогледливи последици врз нормалното функционирање и егзистирање на државата, но и поединецот, при што нужно, заради нивно спречување се налага потребата од воспо-ставување на специјализирани институции, кои ќе бидат соодвет-но кадровски, технички и материјално опремени. Но исто така, од голема важност покрај воспоставувањето на специјализирани инсти-туции за борба против организираниот криминал потребно е воспо-ставување на ефикасни и целисходни механизми за меѓуинститу-ционална соработка и координација со цел активностите на ваквите институции да вродат со што попозитивни резултати.

Р. Македонија сè повеќе го прифаќа пристапот на воспоставу-вање на концепт за безбедносна заедница101 на прогон во кој посто-јат повеќе помали, но тесно специјализирани институции, кој како тренд се прифати од развиените земји. Па така Р. Македонија презе-де повеќе активности за донесување на стратегиски документи како основа за успешност во справувањето со организираниот криминал:

101 Поопширно за ова види кај М.Лабовиќ, I дел

Page 166: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

497

4. Стратегија за реформи во полицијата;

5. Акционен план за имплементација на процесот на реформи во полицијата;

6. Проект - стратегија за имплементација на Законот за заштита на сведоци (мај, 2005 год.);

7. Стратегија и Акционен план за борба против трговија со луѓе и илегална миграција (февруари 2002 год.);

8. Национална стратегија за борба против перењето на пари и финансирање на тероризам;

9. Стратегија за развој на царинската управа на Р.М. ;

10. Стратегија за реформи во правосудниот систем со Акционен план;

11. План на конкретни мерки и активности за спречување на организираниот криминал во Р.М. (2003).

Согласно преземените обврски од Лондонската конференција за борба против организираниот криминал во Југоисточна Европа (одржана на 25.11.2002 год.), Р.Македонија подготви документ „Конкретни мерки и активности за спречување на организиран криминал (Влада на Р. Македонија)“ презентиран на Министер-скиот состанок на ЕУ за областа на правда и внатрешни работи одр-жан 28.11.2003 год. во Брисел. Документот е изработен од Минис-терството за внатрешни работи, Министерството за правда и Минис-терството за финансии и предвидува мерки за имплементација и за воспоставување на специјализирани институции, меѓуинституцио-нална соработка и координација на институциите преку конкретни мерки и активности за спречување на организираниот криминал во Р. Македонија.

Во „Планот за конкретни мерки и активности за спречу-вање на организиран криминал на Р. Македонија” се предвидени седум приоритети:

Page 167: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

498

- Воспоставување на регионална мрежа на обвинители. Во врска со првиот приоритет се преземени следите актив-

ности: - изготвен е Меморандум за разбирање и соработка на земјите од Западен Балкан; - формирано е Основно јавно обвинителство за гонење на дела од областа на организираниот криминал и корупцијата; - се изготвија сите подзаконски акти за спроведување на Законот за ЈО.

- Усовршување на регионалната соработка во подрачјето на правдата во согласност со меѓународните норми и склучување на Меморандум за разбирање меѓу државите во регионот.

Вториот приоритет се однесува на регионалната соработка во областа на правдата и во врска со истиот се преземени следните активности:

1. донесен е Закон за изменување и дополнување на ЗКП (Сл. Весник бр. 74/ од 22.10.2004 год.);

2. во Букурешт, Романија на 18.05.2004 год, министрите за правда и внатрешни работи на земјите од Југоисточна Евро-па, се усогласија и дадоа изјава за заедничка кампања против организираниот криминал и корупцијата.

- Размена на информации во врска со перењето пари со државите

од Западен Балкан.

Преземени се следните активности:

донесен е Закон за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам;

донесени се измени на Законот за финансиска полиција во поглед на посебните овластувања на Финансиската полиција;

Page 168: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

499

Управата за спречување на перење на пари и финанси-рање на тероризам потпиша билатарални меморандуми за раз-бирање и размена на информации со Хрватска, Србија, Црна Гора, Албанија, Романија и Украина;

Управата за спречување на перење на пари и финанси-рање на тероризам е вклучена во имплементација на регионал-ниот проект КАРДС за развој на ефикасни и функционални полициски системи;

воспоставен е систем на електронска размена на инфор-мации меѓу финансиски институции;

на 12-от состанок на ЕГМОНТ ГРУПАТА, Управата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам е примена како нов член, зголемен е бројот на вработените во неа и е извршена нивна специјалистичка обука.

Основање на Одделение за борба против организиран криминал и корупција во рамките на Јавното обвинителство:

- со Законот за јавното обвинителство, донесен на 9 јуни 2004 година основано е посебно Одделение за гонење на стори-тели на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата;

- Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата е форми-рано во рамките на Канцеларијата на јавниот обвинител;

- Канцеларијата на јавниот обвинител на Република Маке-донија усвои правила за постапувања на јавниот обвинител и правила за постапување на единицата за кривичо гонење на извр-шители на кривични дела од областа на организираиот криминал и корупцијата;

- Јавното обвинителство ја зајакна соработката со реле-вантните институции на Р. Македонија.

Page 169: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

500

- Специјализација на судии и нивно обучување во борба со орга-низираниот криминал и корупцијата:

назначени се судии кои ќе одлучуваат за случаи од областа на организираниот криминал;

во континуитет се врши обука на судии кои ќе одлучу-ваат за случаи од областа на организираниот криминал;

- Основање на сеопфатен оддел за борба против организиран

криминал:

- согласно Акциониот план за реформи во полицијата, во јануари 2005 год. започна со работа Одделот за организиран криминал при МВР;

- Одделот е централизирана служба надлежна за целата територија на Р.Македонија со околу 300 извршители.

- Формирање на централна единица за криминалистичко разузна-вање:

- формирано е Координативно тело со претставници од Минис-терството за внатрешни работи, од Јавното обвинителство, од Министерството за финансии, од Царинската управа, од Упра-вата за спречување на перење на пари и финансирање на теро-ризам, од Финансиската полиција и од Управата за јавни прихо-ди. Офицерите за врска од овие институции се во директна 24-ри часовна комуникација;

- од страна на Јавното обвинителство изготвен е Меморандум за соработка меѓу институциите;

- спроведена е обука на аналитичарите од сите институции со цел зајакнување на Одделението за криминалистичка анализа.

Институциите надлежни за борба против организираниот криминал во Р. Македонија можеме генерално да ги групираме на следниов начин:

Page 170: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

501

Органи и институции и агенции за справување со организира-ниот криминал кои се директно предвидени преку одредбите предвидени во ЗКП (МВР, Царинска управа, Ф.П., итн.)

Органи и институции кои индиректно имаат влијание како УЈП, Управата за спречување на перење на пари и финанси-рање на тероризам, Пазарната инспекција, Девизниот инспек-торат (институции кои работат со финансии, управување со буџети, следење на финансиски трансакции, разни инспекци-ски органи).

Органи и институции кои немаат директна улога во открива-њето, разјаснувањето и докажувањето на организираниот криминал, но имаат влијание во генералната превенција (раз-лични социјални и здравствени органи, владини тела, невла-дини организации)

13.3. Јавно обвинителство Според Уставот на Р. Македонија, Јавното обвинителство е единствен и самостоен државен орган кој ги гони сторителите на кривични дела и други со закон утврдени казниви дела и врши и други работи утврдени со закон. Надлежностите и овластувањата на Јавното обвинителство подетално се утврдени и пропишани со Законот за Јавното обвинителство и Законот за кривична постапка.

Page 171: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

502

Со законот за Јавното обвинителство кој беше донесен во 2007 год., покрај веќе постоечките основни и виши јавни обвинителства, како и Јавното обвинителство на Р. Македонија се предвиде и основање на посебно Основно јавно обвинителство за гонење на организи-ран криминал и корупција. Со основањето на ваквото Основно јавно обвинителство во правосудството на нашата држава конечно се направи еден позначаен и поконкретен чекор во спречувањето на криминалните активности од областа на организираниот криминал и корупцијата. Исто така, со ова се покажа дека Р. Македонија е одлучна во спроведувањето на меѓународните регулативи и препо-раки како и на веќе постоечките меѓународни практични позитивни искуства од областа на спречувањето на овие облици на криминал. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, всушност е наследник на Одделението за гонење на сторители на кривични дела од областа на организирани-от криминал и корупцијата, кое беше воспоставено уште пред доне-сувањето на Законот за јавното обвинителство во 2007 год. Ова Основно јавно обвинителство ја има централната улога во презема-њето на одредени оперативно-тактички и истражни дејствија, како и во организацијата и координацијата на надлежните државни органи и институции во сите оние случаи во кои станува збор за кривични дела од областа на организираниот криминал и корупцијата. Токму поради ова, Основното јавно обвинителство за гонење на организи-ран криминал и корупција при Јавното обвиниталство на Р. Македо-нија ќе биде примарна цел на понатамошна подетална елаборација во овој дел од тематската содржина на овој труд. Според Законот за Јавното обвинителство102, Јавното обвини-телство во нашата држава е организирано како Јавно обвинителство на Р. Македонија, Вишо јавно обвинителство, Основно јавно обви-нителство за гонење на организиран криминал и корупција и Основ-но јавно обвинителство. 102 Закон за Јавното обвинителство; Сл. весник на Р.М., бр. 150/07

Page 172: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

503

Структура на Јавното обвинителство на Република Македонија:

Јавното обвинитество на Р. Македонија има надлежност на целата територија на Р. Македонија и е со седиште во Скопје. Функ-цијата во ова јавно обвинителство ја извршува јавниот обвинител на Р. Македонија и избраните и назначени јавни обвинители.

Вишите јавни обвинителства (кои се ќетири на број и се со седиште во Битола, Гостивар, Скопје и Штип) се основаат на под-рачјето на Апелациониот суд, а функцијата на јавно обвинителство ја извршуваат вишите јавни обвинители и јавните обвинители во овие обвинителства.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се основа за целата територија на Р. Македо-нија и тоа е со седиште во Скопје, а функцијата на јавно обвинител-ство ја извршуваат јавниот обвинител за гонење на организиран кри-минал и корупција и јавните обвинители во ова јавно обвинител-ство.

Основно јавно обвинителство се основа за подрачјето на еден или повеќе основни судови (моментално според сегашната организа-ција на македонското јавно обвинителство постојат 22 основни јав-ни обвинителства), а функцијата на јавно обвинителство ја извршу-ваат основен јавен обвинител и јавни обвинители во тоа јавно обви-нителство. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е надлежно да постапува пред основен суд во кој има формирано специјализирано судско одделение надлежно за судење на дела од областа на организираниот криминал и корупци-јата. Конкретно, ова обвинителство, според Законот за Јавното обви-нителство е надлежно за следните видови кривични дела:

- за кривични дела извршени од структурирана група од три или повеќе лица, која постои одреден временски период и дејствува со цел да изврши едно или повеќе кривични дела за

Page 173: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

504

кои е предвидена казна затвор од најмалку четири години, со намера директно или индиректно да стекне финансиска или друга корист;

- за кривични дела извршени од структурирана група или злосторничка организација на подрачјето на Р. Македонија или други држави или кога кривичното дело е подготвено или планирано во Р. Македонија или во друга држава;

- за кривични дела злоупотреба на службена положба и овла-стување од членот 353 став (5), примање на поткуп од значи-телна вредност од чл. 357 и противзаконито посредување од чл. 359 сите од Кривичниот законик извршени од избран или именуван функционер, службено лице или одговорно лице во правно лице;

- за кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и пре-курсори од чл. 215 ст. 2, перење пари и други приноси од казниво дело од поголема вредност од чл. 273, терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста чл. 313, дава-ње поткуп од значителна вредност од чл. 358, незаконито вли-јание врз сведоци од чл. 368-а ст.3, злосторничко здружување од чл. 394, терористичка организација од чл. 394-а, тероризам од чл. 394-б, кривични дела трговија со луѓе од чл. 418-а, кри-вични дела криумчарење со мигранти од чл. 418-б, трговија со малолетно лице од чл.418-г и за другите кривични дела про-тив човечноста и меѓународното право од Кривичниот зако-ник, независно од бројот на сторителите.103

Од претходно кажаното може да се изведе заклучок дека во Законот за јавното обвинителство во суштина е дадена и дефи-ниција за тоа кои дела се сметаат за дела на организиран крими-нал што претставува и еден од првите (институционални) обиди да се дефинира организираниот криминал во нашата држава. Односно

103 Закон за Јавно обвинителство; Сл. весник на Р.М., бр. 150/07; чл. 31.

Page 174: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

505

едно кривично дело ќе се смета за организиран криминал доколку бидат исполнети следните неколку елемети, т.е.:

- кривичното дело да е сторено од страна на структурирана група од три или повеќе лица;

- структурираната група да постои одреден временски пе-риод;

- структурираната група да изврши едно или повеќе кри-вични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку 4 години;

- структурираната група да врши вакви кривични дела со цел директно или индиректно прибавување на финансис-ка или друг вид на корист.

Со анализа на овие елементи, кои би требало да ги содржи

едно кривично дело за да може истото да се подведе под организи-ран облик на криминални активности, исто така може да се конста-тира дека оваа дефиниција е во потполна согласност (и идентич-ност) со дефинициите кои се дадени во Конвенцијата од Палермо (за организирана група) и Препораката Rec(2001)11 на Комитетот на министри на ЕУ од 2001 год.,а прифатена од Советот на Европа (за организиран криминал).

Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинител-ство за гонење на организиран криминал и корупција и јавните обвинители во ова Јавно обвинителство се избираат од страна на Советот на јавни обвинители на Р. Македонија од редот на избрани-те јавни обвинители за време од 4 години, со право на уште еден мандат. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција подлежи на надзор од страна на Јавното обви-нителство на Р. Македонија за начинот на своето работење и поста-пување по одредени предмети и случаи. Па така, основниот јавен

Page 175: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

506

обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на органи-зиран криминал и корупција за својата работа и дејствување (во поглед на нестручно и несовесно вршење на својата функција или пак, сторена дисциплинска повреда) е одговорен пред јавниот обви-нител на Р.Македонија и Советот на јавни обвинители на Р. Македо-нија, додека јавните обвинители од ова јавно обвинителство се одго-ворни пред основниот јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција и пред Советот на јавни обвинители на Р. Македонија. Основниот јавен обвинител за гонење на организиран крими-нал и корупција, согласно Законот за јавното обвинителство, раково-ди и го претставува Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врши одредени други права и обврски предвидени со закон, а го утврдува и годишниот распоред за работа кој се одобрува од страна на Советот на јавни обвинители на Р. Македонија. Како и кај другите јавни обвинителства, Основни-от јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција има свој заменик, кој тој го назначува согласно годишниот распоред за работа. Исто така, основниот јавен обвинител за гонење на орга-низиран криминал и корупција може да поднесе барање до јавниот обвинител на Р.Македонија (со кое доколку биде одобрено) му се овозможува да овласти основен јавен обвинител да презема одреде-ни дејствија од негова надлежност кои веќе биле започнати да се извршуваат од страна на основен јавен обвинител, потоа во случаи кога постои реална претпоставка дека истите такви дејствија е пот-ребно подолго време да се извршуваат или пак кога станува збор за помалку сложени случаи. Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и во другите јавни обвинителства кои постојат на подрачјето на суд со проширена надлежност се форми-раат специјализирани одделенија за следење и откривање на крими-налитетот со посебна стручна служба104. 104 Закон за Јавно обвинителство; Сл. весник на Р.М., бр. 150/07; чл. 15, ст.2.

Page 176: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

507

Јавните обвинители во Основното јавно обвинителство за го-нење на организиран криминал и корупција, како и другите јавни обвинители за ефикасно и ефективно остварување на функцијата на гонење на сторителите на кривични дела можат да:

- ги преземаат овластувањата кои што законски им се овозмо-жени на Министерството за внатрешни работи и другите држ-авни органи за откривање на кривични дела и нивните сторите-ли и за прибирање на докази заради кривично гонење на стори-телите на кривични дела;

- издадат наредба за примена на посебните истражни мерки во текот на предистражната постапка;

- раководат со предистражната постапка и притоа да ги имаат на располагање овластените службени лица во Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа во согласност со закон;

- го преземат самостојно секое она дејствие кое е насочно кон откривање на кривичното дело и гонење на неговиот сторител, а за кое се овластени Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа;

- да одлучуваат за преземање или продолжување на кривичното гонење за сторителите на кривични дела;

- да поднесуваат и застапуваат обвиненија пред судовите;

- да изјавуваат редовни или вонредни правни лекови против судски одлуки;

- да поднесуваат барање за поведување прекршочна постапка;

- да вршат и други дејствија определени со закон105.

Покрај ова, Законот за Јавното обвинителство пропишува и дека јавните обвинители можат да преземаат и други дејствија со 105Закон за Јавно обвинителство; Сл. весник на Р.М., бр. 150/07; чл. 30, ст.1.

Page 177: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

508

кои ќе се овозможи ефикасно функционирање на кривичноправниот систем и спречување на криминалот, како и тоа дека доколку Мини-стерството за внатрешни работи и другите државни органи за откри-вање на кривични дела и нивните сторители не постапат во соглас-ност со своите законски надлежности или по барањето на јавниот обвинител, тој може сам да ги преземе дејствијата што ги вршат овластените службени лица во Министерството за внатрешни рабо-ти и другите државни органи. Претходно наведените овластувања на јавниот обвинител на сличен начин се пропишани и во Законот за кривична постапка во глава IV - Јавен обвинител чл. 42106.

Како и другите јавни обвинителства, така и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, кога станува збор за кривични дела кои се гонат по службена долж-ност ја раководи и координира работата на овластените слубени лица во Министерството за внатрешни работи и во другите надлеж-ни државни органи. Исто така, кога Министерството за внатрешни работи и другите надлежни државни органи во предистражната пос-тапка преземаат соодветни мерки и активности за откривање и дока-жување на кривични дела кои се од областа на организираниот кри-минал задолжително за тоа го известуваат јавниот обвинител за го-нење на организиран криминал и корупција.

106 “(1) Основно право и основна должност на јавниот обвинител е да ги гони сто-рителите на кривични дела. (2) За кривични дела за кои се гони по службена должност јавниот обвинител е надлежен:

- да презема потребни мерки во врска со откривањето на кривичните дела и со пронаоѓањето на сторителите и заради насочување на прет-кривичната постапка;

- во предистражната постапка да издава наредби за примена на посеб-ните истражни мерки под услови и на начин утврдени со овој закон;

- да бара спроведување на истрага; - да го подига и застапува обвинителниот акт, односно обвинителниот

предлог пред надлежниот суд; - да изјавува жалби против неправосилните судски одлуки и да

поднесува вонредни правни лекови против правосилните судски одлуки.

(3) Јавниот обвинител врши и други дејствија определени со овој закон”

Page 178: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

509

Доколку во извршувањето на своите надлежности јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и корупција има пот-реба од одредени документи, списи, предмети, податоци и известу-вања, истите може да побара да му бидат доставени од страна на сите државни органи, органите на единиците на локалната самоуп-рава, правните и физичките лица што вршат јавни овластувања, како и од другите правни лица и граѓани за кои основано може да се сме-та дека располагаат со такви податоци или информации. Државните органи, физичките и правни лица или другите субјекти од кои е побарано да достават определени документи, спи-си, предмети, податоци и известувања се должни истите да ги доста-ват до јавниот обвинител во најкраток можен рок, но не подолго од 30 дена. Од друга страна пак, јавниот обвинител е должен да преземе соодветно законско предвидено дејствие во најкраток можен рок, но не подолго од 30 дена од денот по приемот на кривичната пријава. Во Законот за јавното обвинителство е пропишано и дека увидот во банкарски сметки не претставува повреда на банкарска тајна во случаите кога тоа се прави по наредба на јавен обвинител. При вршење на своите надлежности јавниот обвинител може да врши консултации и со стручни лица од одредени области докол-ку смета дека е тоа потребно, а со цел донесување на што подобри одлуки. Јавниот обвинител за гонење на организиран криминал и ко-рупција има законски допуштена можност во случаите кога се рабо-ти за кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција и за други кривични дела за кои е предвидена минимална казна затвор од 4 години или кога тоа го налагаат посебни околнос-ти, да нареди едно или повеќе овластени службени лица од Минис-терството за внатрешни работи и другите државни органи да му би-дат ставени на располагање за определен временски период во текот

Page 179: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

510

на предистражната и кривичната постапка. „Функционерот кој рако-води со соодветно министерство или друг државен орган е должен без одлагање да постапи по наредбата на јавниот обвинител и време-но да упати овластено службено лице на работа во јавното обвини-телство”107 Овластеното службено лице кое се упатува на работа во Јавното обвинителство работи по наредба и упатстава на јавниот обвинител и за сите преземени дејствија и постигнати резултати е одговорно пред јавниот обвинител, што значи дека тоа не може да биде повикано на одговорност од страна на државниот орган од каде е распоредено за дејствијата кое ги презело по наредба и овластува-ње на јавниот обвинител. Покрај ова, јавниот обвинител за преземе-ните или непреземените дејствија од страна на овластеното службе-но лице ќе го извести неговиот непосредно претпоставен раководи-тел, но истото не може да биде отповикано од должностите кои ги извршува без согласност на јавниот обвинител. Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и во јавните обвинителства во кои се формирани специјализирани одделенија за следење и откривање на криминалитетот се вработуваат определен број на стручни лица како јавнообвинителски истражители. Во предистражната постапка Јавното обвинителство, покрај другите надлежности и овластувања, се грижи и за почитувањето на човековите права и слободи и законитоста на мерките и дејствијата преземени од страна на Министерството за внатрешни работи и дру-гите државни органи. Целокупното Јавно обвинителство што значи вклучително и Основното јавно обвинителство за гонење на органи-зиран криминал и корупција има законска обврска да ја информира јавноста за одредени случаи по кои се постапува, а кои се од поши-рок општ јавен интерес или се од значење за остварување на функ-цијата на Јавното обвинителство заради заштита од криминални или други противзаконски дејствија.

107Закон за Јавно обвинителство; Сл. весник на Р.М., бр. 150/07; чл. 34, ст.2

Page 180: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

511

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (како и другите јавни обвинителства) во сог-ласност со нашите законски нормативи и ратификувани меѓународ-ни договори може да остварува непосредна соработка со јавните обвинителства на другите држави во случаите кога работи на откри-вање, докажување и спречување на организирани и други тешки облици на криминал. Ваквата соработка, пред сè, се однесува на не-посредна размена на податоци, едукација и специјализација на кад-ри, разни облици на правна помош итн. Со измените кои се очекуваат да се направат на Законот за кривична постапка во иднина се предвидува јавниот обвинител да ја преземе и улогата на истражниот судија и со тоа тој да ја има цент-ралната улога и во истражната постапка. Ова всушност би значело зголемување на овластувањата и надлежностите но секако и одго-ворноста на јавниот обвинител како гонител на сторителите на кри-вични дела. Исто така, јавниот обвинител би имал овластување при расветлување на одредени кривични дела да формира тимови од професионални и стручни лица кои би се ангажирале од одредени државни органи кои ќе ја имаат улогата на истражители. Ваквата нова улога на јавното обвинителство треба да овозможи тој да пре-расне во независен орган, кој ќе биде способен професионално, стручно и ефикасно да го раководи текот на преткривичната и кри-вичната постапка. Таквата поставеност на јавниот обвинител овозможува и поголема контрола над работата на : Полицијата, Царината и Финан-сиската полиција во откривање на кривични дела од областа на орга-низираниот криминал. Кога надлежните институции за справување со организиран криминал, во своето секојдневно работење ќе дојдат до сознанија за постоење на основи на сомненија дека станува збор за организиран криминал, должни се да го известат јавниот обвини-тел за справување со организиран криминал и корупција. Јавниот обвинител ја презема мерката на раководење и координирање со предистражната постапка со цел разјаснување и докажување на кри-вичните дела од областа на организираниот криминал.

Page 181: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

512

13.4. Министерство за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија прет-ставува орган на државната управа чија надлежност е:

- остварување на системот на јавна и државна безбедност;

- спречување на насилно уривање на демократските институ-ции утврдени со Уставот на Р. Македонија;

- заштита на животот, личната сигурност и имотот на граѓа-ните;

- спречување на разгорување на национална, расна или вер-ска омраза и нетрпеливост;

- спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откри-вање и фаќање на нивните сторители и преземање на други со закон определени мерки за гонење на сторителите на тие дела;

- граѓански работи;

- други работи утврдени со овој и посебен закон108.

Значи една од основните задачи на Министерството за внат-решни работи е спречувањето на вршење на кривични дела и прекр-шоци, како и откривање и фаќање на нивните сторители, што значи и кривични дела од областа на организираниот криминал. Кога ста-нува збор за организираните кривични дела треба да се напомене дека со цел мерките и активностите кои се преземаат за нивно спре-чување најефикасно и најефективно да резултираат, во рамките на Министерството постојат и посебни организациони единици кои имаат примарна надлежност за откривање и докажување на кривич-ни дела од организираниот криминал.

Надлежностите и овластувањата на Министерството се уре-дени со Законот за внатрешни работи (Сл. Весник бр. ), Законот за полиција (Сл. Весник бр.114/2006; бр.06/2009), како и Законот за

108Закон за внатрешни работи; Сл. весник на Р.М., бр.; чл. 2

Page 182: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

513

кривична постапка (Сл. Весник бр.15/97; бр.44/2002; бр.74/2004; бр.83/2008).

Според Законот за внатрешни работи (Сл. Весник бр. ) Мини-стерството за внатрешни работи се состои од два органи: Биро за јавна безбедност (БЈБ) кое ги извршува полициските задачи во Ми-нистерството и Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) која ги извршува внатрешните работи во врска со безбедноста и контраразузнавањето. Бирото за јавна безбедност (БЈБ), всушност, се состои од три поголеми организациски единици и тоа сектори за внатрешни рабо-ти, Централни полициски служби и регионални центри за гранични работи. Од посебен интерес, кога станува збор за Министерството за внатрешни работи, односно за Бирото за јавна безбедност (БЈБ) и неговите напори за спречување на организираниот криминал се Цен-тралните полициски служби бидејќи во нивниот состав функциони-ра посебен Оддел за организиран криминал. Во Законот за полиција се наведува дека Централните полициски служби се формираат за извршување на одредени специфични и сложени задачи на ефекти-вен и економичен начин, за кои е потребен висок степен на специја-лизација. Централните полициски служби, исто така, им помагаат во извршувањето на одредени специфични задачи и задолженија и на секторите за внатрешни работи и регионалните центри за гранични работи. Овие полициски служби функционираат по принципот на централизирано работење и дејствуваат на целата територија на државата. Со Централните полициски служби раководи началник кој го назначува и разрешува министерот за внатрешни работи од редот на вработените и истиот е непосредно одговорен пред дирек-торот на БЈБ. „Централните полициски служби ги вршат работите од областа на организираниот криминал, криминалистичката техника, работите на давање поддршка во извршувањето на одредени специ-фични и сложени работи на подрачјето на секторите за внатрешни

Page 183: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

514

работи и регионалните центри за гранични работи од страна на по-себните единици на Полицијата, како и други работи и задачи”109.

Одделот за организиран криминал е една од организациските единици на Централните полициски служби и се состои од следниве девет сектори:

- Сектор за финансиски криминал;

- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи;

- Сектор за насилен криминал;

- Сектор за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти;

- Сектор за криминалистичка анализа;

- Сектор за меѓународна полициска соработка;

- Сектор за специјални истражни техники;

- Сектор за криминалистичко разузнавање; и

- Одделение за потраги.

Овој оддел постапува по оние кривични дела „за кои гонење-то се презема по службена должност, извршени од организирана група од најмалку три лица, која дејствува одреден период, со цел за да оствари непосредна или посредна финансиска корист или друг вид материјална корист и која ќе изврши едно или повеќе кривични дела, како и за други кривични дела за кои со закон е пропишана казна затвор во траење од најмалку четири години.“110 Треба да напоменеме дека претходно кажаното претставува и прва дефиници-ја дадена во закон за тоа, што се подразбира под поимот организи-рани кривични дела. Значи, Законот за полиција и Законот за јавното обвинителство се единствените закони во нашето позитивно законо-давство во кои е дефинирано што се смета за организиран криминал. 109 Закон за полиција; Сл. весник на Р.М., бр.114/2006; чл. 17, ст.2. 110Закон за полиција; Сл. весник на Р.М., бр.114/2006; чл. 18, ст.1.

Page 184: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

515

Одделот за организиран криминал има законска надлежност да постапува и по оние кривични дела кои се од транснационален карактер и кога станува збор за откривање на криминални групи од организиран облик, кои во извршувањето на своите активности се користат со методи на насилство и друг вид сила и притисок, потоа кои со помош на коруптивни активности создаваат услови за полес-но остварување на профит и заштита од кривично гонење и кои се вклучуваат во легалните економски активности. Поддршка во извр-шувањето на своите законски надлежности и овластувања Одделот за организиран криминал добива од секторите за внатрешни работи и регионалните центри за гранични работи, а исто така тој соработу-ва, но и постапува по упатствата и наредбите на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за организиран криминал и ко-рупција. Покрај Одделот за организиран криминал од Централните по-лициски служби, како нивна организациона единица која индирект-но е вклучена во спречувањето на организираниот криминал е и Одделението за заштита на сведоци. Ова одделение сè повеќе се наметнува како еден битен сегмент во напорите за спречувањето на организираниот криминал поради повеќе аспекти. Така, на пример, од една страна, добро е познато дека сведоците претставуваат еден од најзначајните извори на информации кога станува збор за ваков вид криминални дејствија, а од друга страна се знае дека често при-падниците на организираните криминални групи вршат притисок, закани, уцени, заплашување, па и ликвидирање на овие лица со цел истите да не се појавуваат како сведоци во кривичната постапка. Поради ова е потребно на лицата кои се јавуваат во својство на све-доци, соработници на правдата или жртви да им се пружи соодветна заштита во текот на преткривичната и кривична постапка од страна на Одделението за заштита на сведоци. Кога станува збор за организирани кривични дела, полицис-ките службеници припадници на БЈБ(како и за другите видови кри-вични дела и прекршоци) може да ги применуваат сите оние поли-

Page 185: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

516

циски овластувања кои се предвидени во Законот за полиција (глава IV - Полициски овластувања, чл. 28) и Законот за кривична постапка ( глава XV - Предистражна постапка , чл. 144). Од полициските овластувања, кои на некој начин се во некоја поконкретна и потесна врска со спречувањето на организираниот криминал (што не значи дека овие полициски овластувања единствено се применуваат во спречување на организиран криминал) се примената на посебни ист-ражни мерки и прикриени извори на податоци, како и заштитата на лица опфатени во согласност со прописите за заштита на сведоци.

Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) според Законот за внатрешни работи има надлежност да врши:

- контраразузнавачка активност;

- спротиставување и заштита од тероризам;

- заштита од други активности насочени кон загрозување или насилно уривање на демократските институции утврде-ни со Уставот на Р. Македонија; и

- потешки форми на организиран криминал кој потекнува од или е насочен кон демократските институции на системот утврдени со Уставот на Р. Македонија и може да доведе до нивно загрозување или да има влијание врз безбедноста на државата.111

Оттука, произлегува дека и УБК има законска надлежност за спречување на организираниот криминал.

Според организациската поставеност на УБК, истата се сос-тои од седум управи од кои II управа се занимава со заштита на уставното уредување и е надлежна за спречување на терористички активности и дејствија (едни од облиците на организраните крими-нални активности), потоа III управа, која е надлежна за спречување на потешки форми на организиран криминал, додека V управа е надлежна за примена на посебни истражни мерки и дејствија. Ова се организациските единици на УБК кои најдиректно се занимаваат со 111 Закон за внатрешни работи; Сл. весник на Р.М., бр. ; чл.16, ст.2.

Page 186: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

517

сузбивањето на организираните форми на криминалитет. На овлас-тените службени лица за безбедност и контраразузнавање, исто така законски им е допуштено (чл. 34, ст.1; Законот за внатрешни рабо-ти) да можат да ги применуваат полициските овластувања под усло-ви и на начин пропишани во Законот за полиција.

УБК на планот на спречување на организираниот криминал остварува активна и координирана соработка со БЈБ, но и со другите надлежни државни органи.

13.5. Финансиска полиција

Финансиската полиција е орган во составот на Министерст-вото за финансии на Р. Македонија и носи назив Управа за финан-сиска полиција и има статус на правно лице. Надлежностите и овла-стувањата на Финансиската полиција се утврдени со Законот за Фи-нансиска полиција (Сл. Весник бр.55/2007) и со одредени одредби од Законот за кривична постапка (Сл. Весник бр.15/97; бр.44/2002; бр.74/2004; бр.83/2008). Финансиската полиција е со седиште во Скопје и истата има надлежност да делува на целата територија на државата, но во одредени случаи кога тоа е во согласност со пози-тивните законски нормативи и ратификуваните меѓународни догово-ри може да презема одредени дејствија и на територијата на други држави. Организациската поставеност на Финансиската полиција е таква, што таа се состои од Управа и подрачни единици. Со Финан-сиската полиција раководи директор кој го назначува и разрешува Владата на Р. Македонија на предлог на министерот за финансии со мандат од 4 години и право на именување на уште еден мандатен период. Директорот може да има свој заменик кој исто така го име-нува Владата на Р. Македонија на предлог на министерот за финан-сии. Според Законот за финансиска полиција, директорот има над-лежност да ја претставува Финасиската полиција; да му предлага на министерот за финансии донесување на акти за извршување на законите и другите прописи кои се однесуваат на спроведување на надлежностите на Финансиската полиција; на негов предлог минис-

Page 187: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

518

терот за финансии одлучува за вработување и престанок на работен однос, дисциплинска и материјална одговорност, унапредување, рас-поредување и суспендирање на вработените во Финансиската поли-ција; донесува оперативни инструкции во писмена форма кои се однесуваат на практичното работење на Финансиската полиција итн. Непосредни извршители на надлежностите и овластувањата на Фи-нансиската полиција се финансиските полицајци кои се именуваат од страна на министерот за финансии на предлог од директорот на Финансиската полиција. Тие имаат службена униформа, службена легитимација и значка, како и законски овластувања кои можат да ги преземат со цел откривање на определно кривично дело, неговиот сторител и собирање на соодветни доказни материјали за потребите на кривичната постапка на начин и услови пропишани со Законот за Финансиска полиција и Законот за кривична постапка. Според Зако-нот за Финансиска полиција, финансиските полицајци при извршу-вањето на своите задачи можат да применуваат и одредени методи на докажување на приходи со цел утврдување на приходот и закони-тоста во финасиското работење на определени физички и правни субјекти. Овие методи претставуваат систематизирани целини на постапки кои се соодветно пропишани со законски и позаконски акти и кои овозможуваат прибирање на доказни материјали за пос-тоење на криминални активности преку опсежни анализи. Вакви методи на докажување на приходи се: методот на нето-вредност, методот на трошоци, методот на банкарски депозити, методот на процентуална маржа и методот на посебни ставки. Според Законот за кривична постапка (чл. 145, ст.2) Финан-сиската полиција ги има сите оние овластувања кои ги има и Минис-терството за внатрешни работи во текот на предистражната и ист-ражната постапка кога презема дејствија и активности за откривање на кривичните дела, нивните сторители и прибирање на доказни материјали во случаите кога станува збор за даночно затајување -чл. 279, недозволена трговија -чл.277, перење пари и други приноси од казниво дело -чл. 273 и други кривични дела предвидени во Кривич-

Page 188: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

519

ниот законик кои вклучуваат поголеми и значителни износи на данок, царина или други приходи. Финансиската полиција има надлежност да:

- спроведува финансиска контрола, ја следи примената на даночните, царинските и други прописи од областа на финансиите, прибира и анализира податоци за готовински трансакции, презема предистражни и други мерки кога постојат основи на сомнение за сторени кривични дела од областа на организиран финансиски криминал;

- спроведува финансиска истрага за кривични дела од областа на организиран финансиски криминал кои се го-нат по службена должност и ја следи трагата на парите од казниви дела утврдени со закон што вклучуваат значи-телни и износи од големи размери;

- открива и документира кривични дела, пред сè од областа на организираниот финансиски криминал и кривични дела коишто се гонат по службена должност, како што се дано-чно затајување, перење пари и други приноси од казниво дело, даночни, банкарски, осигурителни, берзански, ца-рински и други измами со износи од значителни и големи размери, тешки форми на корупција, како што се злоупо-треба на службената положба и овластување од значител-ни износи или на штета на средствата на Буџетот на Репу-блика Македонија, примање поткуп и давање поткуп, како и предизвикување на лажни стечаи, фалсификување и уништување на деловни книги, фалсификување исправи, финансирање на тероризмот, неплаќање царина, акцизи или други јавни давачки пропишани со закон, што вклучу-ваат поголеми, значителни и износи од големи размери;

- спроведува постапка за испитување на потекло на имот и имотна состојба врз основа на јавни податоци и регистри што се водат согласно со закон;

Page 189: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

520

- спроведува предистражни мерки за да се откријат и обез-бедат трагите на кривичното дело и предметите што мо-жат да послужат како доказ, да се пронајде сторителот на кривичното дело, сторителот или соучесникот да не се сокрие или да не побегне, како и да ги соберат сите извес-тувања што би можеле да бидат од корист за успешно водење на кривичната постапка;

- поднесува кривична пријава до надлежниот јавен обвини-тел за кривични дела од нејзина надлежност, кои се гонат по службена должност, за кои е известена или за кои ќе дознае на друг начин;

- поведува и води прекршочна постапка, како и поднесува иницијативи за поведување на прекршочна постапка до надлежните органи, доколку при извршување на своите надлежности утврди постоење на прекршочна одговор-ност поднесува иницијатива за поведување постапка за утврдување и наплата на јавните давачки пред надлежни-от орган;

- поднесува иницијатива за поведување постапка за утврду-вање и наплата на јавните давачки пред надлежниот орган;

- врши експертска компјутерска анализа на одземени пред-мети, компјутерски информации или податоци од други електронски и механички направи кои содржат информа-ции и кои можат да послужат како доказ во водењето на предистражната и прекршочната постапка од нејзина над-лежност;

- организира и спроведува обуки, проверка на знаење на финансиските полицајци и врши управување со човечките ресурси;

- по барање на други државни органи и институции изгот-вува и дава стручни наоди и мислења од нејзина надлеж-ност;

Page 190: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

521

- соработува со сродни органи од други земји во согласност со билатерални договори и ратификувани меѓународни договори и

- врши други надлежности пропишани со овој и друг закон112.

Финансиската полиција при вршење на работите од своја

надлежност има овластување да:

1. врши увид во деловни книги, документи, записници, мемо-рандуми, компјутерски податоци, податоци добиени од други електронски или механички направи, даночни пријави и дру-га евиденција, како и да врши финансиски анализи на истите;

2. врши увид и преглед на објекти и простории на државни органи, правни лица што вршат јавни овластувања и на други правни лица, во присуство на одговорното лице или овласте-но лице од него;

3. заради прибирање на потребни известувања, со писмена по-кана повикува граѓани и прибира потребни известувања од нив со цел да се обезбедат потребни информации и докази;

4. користи методи на посредно и непосредно докажување на не-пријавен приход, во согласност со закон;

5. обезбедува примероци од ракопис и потпис за споредување и докажување на автентичноста и потеклото на документите;

6. прибавува наоди и мислења од стручни лица;

7. врши претрес на дом и други простории, како и претрес на деловни простории регистрирани за вршење на стопанска дејност, магацини и други објекти за складирање на стока, како и други помошни простории, ако постојат основи на сомневање дека во нив ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети што можат да послужат како доказ, со наредба од надлежен суд;

112 Закон за финансиска полиција; Сл. весник на Р.М., бр.55/2007 ; чл.7

Page 191: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

522

8. врши преглед на деловни простории регистрирани за вршење на дејност, магацини и други објекти за складирање на стока, како и други помошни простории, ако постои основ за сомне-вање дека во нив ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети што можат да послужат како доказ;

9. врши претрес на лица кога постои сомнение дека лицето кај себе крие документи, пари, предмети од вредност или други предмети кои можат да бидат материјален доказ во кривична-та постапка;

10. приведува лица, привремено задржува или лишува лица од слобода по наредба од надлежен суд, согласно со одредбите од Законот за кривичната постапка;

11. привремено запира и врши преглед на превозни средства, стока, лица и багаж, ако постои основ за сомневање дека во нив ќе се пронајдат траги на кривичното дело или предмети што можат да послужат како доказ;

12. привремено одзема возило или друго превозно средство со кое е сторено казниво дело, согласно со одредбите од Законот за кривичната постапка;

13. привремено одзема стока, пари, хартии од вредност, предме-ти и документи, електронски, механички или други направи, или делови од нив, кога постои основ за сомневање дека тие биле средство или цел на кривично дело;

14. евидентира, обработува и заштитува лични и други податоци прибавени непосредно од лица на кои тие се однесуваат, од лица кои истите ги поседуваат или од постоечката евиденција што се води согласно со закон;

15. поднесува иницијатива до надлежен јавен обвинител за изре-кување на привремена мерка замрзнување на недвижен имот, парични средства, хартии од вредност, банкарски сметки и финансиски трансакции коишто се во тек, како и да поднесу-ва иницијативи до други надлежни државни органи за изре-кување на привремени мерки согласно со закон;

Page 192: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

523

16. поднесува предлог за примена на посебните истражни мерки и ја извршува наредбата за примена на истите во постапка согласно со закон;

17. предлага до јавниот обвинител или истражниот судија, презе-мање на одделни истражни дејствија, кога сторителот е непо-знат или кога постои опасност од одлагање; врши контрола над материјално-финансиското работење и применување на законите и други прописи и акти од страна на трговските друштва и другите правни лица, регистрирани и нерегистри-рани физички лица кои вршат дејност;

18. врши контрола над материјално-финансиското работење и применување на законите и други прописи и акти од страна на трговските друштва и другите правни лица, регистрирани и нерегистрирани физички лица кои вршат дејност и

19. изрекува прекршочни санкции за одговорност на правни и физички лица кои вршат дејност врз основа на закон и во постапка согласно со закон113.

Исто така, треба да се напомене дека Финасиската полиција

во остварувањето на своите законски надлежности, доколку е пот-ребно, соработува со сите оние надлежни државни и меѓународни органи и институции кои директно или индиректно се вклучени во спречувањето на организираниот криминал. Па така, на пример, во Законот за финансиска полиција за такви институции се наведуваат Јавното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Ца-ринската управа, Управата за јавни приходи, Управата за спречува-ње на перење на пари и финансирање на тероризам, Државната ко-мисија за спречување на корупција, странски полициски и државни органи, меѓународни организации од областа на организираниот фи-нансиски криминал итн.

113Закон за финансиска полиција; Сл. весник на Р.М., бр.55/2007 ; чл.8

Page 193: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

524

13.6. Царинска управа

Царинската управа е орган во состав на Министерството за финансии на Р. Македонија кој има својство на правно лице, делува на целата територија на државата и е со седиште во Скопје. Дело-кругот на работа, своите надлежности и овластувања Царинската управа ги извршува во согласност со Законот за Царинска управа, Царинскиот закон, Законот за царинската тарифа, Законот за кри-вична постапка и со други закони со кои се нормираат определени работи од нејзина надлежност. Во поглед на организациската поста-веност на Царинската управа треба да се напомене дека таа се сос-тои од централна управа и царинарници. Со Царинската управа ра-ководи директор, кој има заменик и кои се именуваат и разрешуваат од страна на Владата на Р. Македонија, и кои се лично одговорни пред Владата на Р. Македонија и министерот за финансии. Директо-рот има надлежност да ја претставува Царинската управа, да донесу-ва оперативни инструкции во писмена форма од сите области на ца-ринското работење, да одлучува за вработување, распоредување, суспендирање и престанок на работен однос на вработените во Управата, да покренува постапка за дисциплинска и материјална одговорност итн. Вработените во Царинската управа имаат статус на царински службеници (кои можат да се класифицираат како рако-водни, стручни и административни царински службеници) и истите располагаат со одредени посебни должности и овластувања пропи-шани во веќе споменатите законски акти со кои се регулира работа-та на Царинската управа. Царинските службеници своите посебни должности и овластувања ги извршуваат во униформа или во цивил-на облека, и притоа тие имаат соодветна легитимација, значка, како и лично огнено оружје. Исто така, тие, на пример, според Законот за Царинска управа имаат надлежност да легитимираат и да утврдуваат идентитет на лица; да вршат претрес и преглед на лица и транспорт-ни средства; да ја прегледаат, измерат, анализираат и тестираат ца-ринската стока, поштенската пратка или друга стока; да вршат прег-лед на трговските документи, книговодствените записи, договорите, записниците и сите други податоци во врска со декларирана стока

Page 194: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

525

кој е предмет на царинска постапка; да преземаат мерки за обезбеду-вање на видот, квалитетот и количината на стоката која е предмет на царинска постапка; да пломбираат или на друг начин да ги затвораат просториите и да ги отстрануваат лицата и предметите од местото на товарење, растоварување, преглед или чување на стоките и транс-портните средства кои се предмет на царинска постапка; да приме-нуваат средства за присилба, како и да носат и употребуваат огнено оружје; да наплатуваат мандатни казни итн.

Како основни надлежности на Царинската управа можат да се наведат следните:

спроведување на царински надзор;

спроведување на царинска контрола;

царинење на стока;

спроведување царинска контрола, истражни и разузнавачки мерки со цел спречување, откривање и истражување на царински прекршоци и кривични дела;

водење на прекршочна постапка, изрекување на прекршочна санкција и посебна прекршочна мерка за сторен царински прекршок, согласно со закон, како и поведување на постапка по кривични дела утврдени со закон;

вршење пресметка и наплата или враќање на извозни и увозни давачки, даноци и други јавни давачки и надоместоци при увоз, извоз или транзит на стока, како и спроведување на присилна наплата на истите во согласност со закон;

водење царинско- управна постапка во прв степен;

вршеше на контрола на внесување и изнесување на ефектив-ни домашни и странски пари, чекови и монетарно злато;

вршење контрола на извозот, увозот и транзитот на стока за која се пропишани посебни мерки од интерес за безбедноста и јавниот морал, зачувување на здравјето и животот на луѓе-то, животните и растенијата, заштита на животната средина,

Page 195: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

526

заштита на добра од привремена заштита или културно нас-ледство или природни реткости, заштита на авторските и дру-гите сродни права и правата на индустриска сопственост, како и други мерки на трговската политика пропишани со закон;

организирање на царинскиот информациски систем и обезбе-дување податоци за увоз и извоз заради спроведување статис-тички истражувања;

организирање и спроведување на контрола на професионал-ната одговорност на вработените;

организирање и спроведување на обуки, проверка на знаење и стручни способности на царинските службеници, како и управување со човечките ресурси;

давање на стручна помош за примена на царинските прописи за што организира семинари и јавни трибини со право на надомест;

спроведување сместување и чување на стоки, како и постапка на продажба на одземена, отстапена или пронајдена царинска стока;

вршење на следење на царинска стока со надомест на трошо-ци;

вршење на хемиско- технолошко испитување на стока со надомест на трошоци;

соработка со други државни органи; соработка со странски царински управи и меѓународни орга-

низации; управување, уредување и одржување на објекти на граничен

премин за патен сообраќај;и вршење на други надлежности пропишани со овој закон и со

друг закон114.

114 Закон за Царинска управа; Сл. весник на Р.М., бр.46/2004, бр. 81/2005, бр.107/2007, бр.103/2008 ; чл.10

Page 196: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

527

Царинската управа, исто така, може да прибира и соодветни информации и податоци, да врши технички надзор, да користи тех-ничка опрема, службени автомобили опремени со светлосна и звуч-на сигнализација, службени кучиња и други животни за детекција на дрога, експлозивни средства и други предмети и стоки со цел спре-чување на царинските прекршоци или кривични дела од областа на царинското работење. Во преземањето на активности и дејствија за спречување на царинските прекршоци или кривични дела од областа на царинското работење Царинската управа има законски допуште-на надлежност да бара соодветни информации и помош од другите државни органи и институции, од единиците на локалната самоупра-ва и од други приватни и јавни субјекти, како и да оставрува сора-ботка со царинските управи на другите држави со цел спречување на царинските прекршоци или кривични дела од областа на царинското работење, обука на царинските службеници, унапредување на тех-ничкиот развој итн.

Кога станува збор за организираните облици на криминал и

односот на Царинската управа кон нивното спречување, треба да се потенцира дека со измените на Законот за кривична постапка од 2004 год. На овој план на Управата законски и се овозможи да ги применува сите оние овластувања кои ги има и Министерството за внатрешни работи во предистражната и истражната постапка. Но Законот за кривична постапка ваквите овластувања и ги допушта на Управата за определени видови кривични дела кои се таксативно наведени: „производство и пуштање во промет на штетни средства за лекување (чл. 212); производство и пуштање во промет на штетни прехранбени и деруги производи (чл. 213); неовластено производ-ство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстан-ции и прекурсори (чл. 215); неовластено прибавување и располагање со нуклеарни материи (чл. 231); внесување опасни материи во земја-та (чл. 232); изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природна реткост (чл.266); перење пари и други приноси од казниво дело (чл.273); криумчарење (чл. 278); царинска измама (чл. 278-а); при-

Page 197: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

528

кривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска изма-ма (чл. 278-б); даночно затајување (чл. 279); недозволено држење оружје и распрскувачки материи (чл. 396); трговија со луѓе (чл. 418-а); кривични дела од членовите 59 и 60 на Законот за акцизи и други кривични дела поврзани со увоз, извоз и транзит на стоки преку гра-ничната линија.”115

13.7. Управа за спречување на перење пари и

финансирање на тероризам Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (УСППФТ) е орган во составот на Министерството за фи-нансии на Р. Македонија со својство на правно лице. Своите над-лежности и овластувања УСППФТ ги извршува на начин и услови пропишани со Законот за спречување на перење пари и други при-носи од казниво дело и финансирање на тероризам (Сл. Весник на Р.М., бр.04/2008). Управата се основа со основна цел за прибирање, обработување, анализа, чување и доставување на податоци од оние субјекти кои според претходно споменатиот закон се надлежни да преземаат определени мерки и дејствија за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Со УСППФТ раково-ди директор кој го именува Владата на Р. Македонија на предлог на министерот за финансии со мандат од 4 години.

За својата работа Управата до министерот за финансии и Вла-дата на Р. Македонија најмалку еднаш годишно, а по потреба и по-веќе пати, доставува извештај. Во случаите кога извештајот се до-ставува како годишна верзија истиот е проследен и со предлог на план за работа за следната година. Средствата со кои се врши фи-нансирање на УСППФТ се обезбедуваат од буџетот на Р. Македони-ја и 10% од средствата остварени од извршена конфискација во ко-рист на Р. Македонија.

115 Закон за кривична постапка; Сл. весник бр.15/97; бр.44/2002; бр.74/2004; бр.83/2008; чл. 145, ст.1)

Page 198: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

529

Субјекти кои се надлежни за преземање на мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање тероризам и кои се законски обврзани за таквите дејствија да ја известат Управата се следните:

финансиските институции и службените и одговорните лица вон нив, вклучувајќи и:

претставништва, подружници, филијали и делови на финансиски институции кои согласно со прописите вршат дејност во Р. Македонија и

претставништва, подружници, филијали и делови на финансиски институции со седиште во Р. Македонија кои согласно со прописите вршат дејност во друга земја;

правните и физичките лица кои ги вршат следниве активности:

дејност на промет со недвижности;

ревизија и сметководство;

- нотарски, адвокатски и други правни услуги што се однесу-ваат на: купопродажба на недвижности или фирми, тргување и управување со пари и хартии од вредност. Отворање и рас-полагање со банкарски сметки, сефови и други сметки, осно-вање или учество во управувањето или работењето на правни лица, застапување на клиенти во финансиски трансакции и промет со недвижности;

- дејност на промет со акцизни стоки и

- други слични активности со кои се стекнува имот и други видо-ви располагање;

1) друштво за приредување игри на среќа во играчница (казино);

2) даватели на услуги на правни лица и

3) здруженија на граѓани.116 116 Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам ; Сл. весник на Р.М., бр.04/2008; чл.5

Page 199: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

530

Со цел ефикасно откривање и спречување на перењето пари и финансирањето на тероризам, овие субјекти можат да ги преземаат следните мерки и дејствија:

- анализа на своите клиенти; - следење на одредени трансакции; - собирање, чување и доставување податоци за трансакциите и

клиентите кои ги вршат и - воведување на внатрешни програми за имплементација на

мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финан-сирање на тероризам.

Управата ги има следниве надлежности:

- прибира, обработува, анализира, чува и доставува податоци

добиени од субјектите врз основа на овој закон;

- прибавува финансиски, административни и други податоци и информации неопходни за извршување на своите надлежнос-ти;

- изготвува и поднесува извештај со нејзино мислење до над-лежните органи секогаш кога постојат основи за сомневање за сторено кривично дело перење пари и финансирање на терори-зам;

- издава писмен налог на субјектот со кој привремено ја задр-жува трансакцијата;

- поднесува барање за поднесување на предлог за определува-ње на привремени мерки до надлежниот јавен обвинител;

- поднесува барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежниот суд;

-соработува со законски предвидените субјекти Министерст-вото за внатрешни работи, Финансиската полиција, Јавното обвинителство, Царинската управа, Народната банка на Репуб-лика Македонија, Управата за јавни приходи, Државен девизен инспекторат, Комисијата за хартии од вредност, Државната ко-

Page 200: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

531

мисија за спречување на корупцијата и други државни органи, Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенција за супервизија на осигурување, како и со други институции и меѓународни тела за борба против пере-њето пари и против финансирањето на тероризмот;

- склучува договори за соработка и разменува податоци и информации со овластени тела на други држави и меѓународни организации кои се занимаваат со борба против перење пари и против финансирање на тероризам;

- врши надзор врз субјектите над примената на мерките и дејствијата определени со овој закон;

- покренува иницијативи за предлагање на закони и подзакон-ски акти што се однесуваат на спречување и откривање на перење пари и спречување на финансирање на тероризам и дава мислења за предлози на закони од значење за спречување на перење пари и спречување на финансирање на тероризам;

- им помага и учествува во професионалното усовршување на одговорните лица во субјектите од членот 5 на овој закон;

- утврдува листи на индикатори за анализа на ризикот и за пре-познавање на сомнителни трансакции во соработка со субјек-тите и органите кои вршат надзор врз нивното работење; и

- врши и други работи определени со овој закон117.

13.7.1. Организациска структура на Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам

Министерството за финансии, во април 2004 година донесе

нов Правилник за организација и работа, според кој, Управата како административен модел на Финансиско разузнавачка единица се организира во три одделенија: Одделение за аналитика, Одделение

117 Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам ; Сл. весник на Р.М., бр.04/2008; чл.3, ст.2

Page 201: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

532

за сомнителни трансакции и Одделение за развој на системот и меѓународна соработка.

Одделението за аналитика ги прибира информациите кои

субјектите согласно Законот ги доставуваат до Управата. Ова одде-ление, покрај субјектите соработува со надлежните државни органи инволвирани во системот за спречување на перење пари и финанси-рање на тероризам. Сите податоци, без оглед на нивниот извор се обработуваат и анализираат, а потоа се складираат во базата на Управата. Доколку при анализата се појави сомнение дека определе-на трансакција е поврзана со перење пари или финансирање на теро-ризам, извештајот се доставува на подетална обработка до Одделе-нието за сомнителни трансакции. Базата на податоци, која постојано се надополнува, претставува основен извор на податоци во работе-њето на другите две одделенија.

Одделението за сомнителни трансакции постапува по извештаите за сомнителни трансакции кои се доставени од страна на субјектите, од надлежните државни органи и надлежните органи на други држави добиени преку Одделението за меѓународна соработ-ка. По повод сомнителните извештаи се отвора предмет и се спрове-дува анализа која најнапред се состои во проверка на постоење на податоци во базата на Управата, како и податоци од финансиските институции и други релевантни бази на податоци. По известувањето на субјектите во рамките на претходно воведена анализа, доколку постојат цврсти основи за сомневање, ова Одделение поднесува иницијатива до надлежниот јавен обвинител за поднесување пред-лог за определување на привремени мерки, што се состојат во при-времено запирање на трансакцијата или заплена на парите или имо-тот. Доколку се утврди дека постојат основи на сомневање за сторе-но кривично дело перење пари или финансирање на тероризам се изготвува и поднесува извештај со мислење до надлежните органи на МВР, Финансиската полиција или до Јавното обвинителство.

Одделението за развој на системот и меѓународна сора-

ботка ги следи и проучува законските и подзаконските акти со кои

Page 202: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

533

се регулира спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот на национално и на меѓународно ниво. Врз основа на позитивното меѓународно искуство и опсежните анализи предлага закони и подзаконски акти, дава иницијативи за доградување на системот за спречување на перење пари и финансирање тероризам и дава мислење за предлози на закони од значање за спречување на перење пари и спречување на финансирање на тероризам. Вториот сегмент од работењето на оваа одделение се однесува на соработка-та со меѓународните органи и органите на одделни земји во врска со откривање и гонење на случаи со перење пари и финансирање на тероризмот и размена на податоци.

13.7.2. Меѓународна соработка Управата, во својата досегашна работа е активна на меѓуна-

роден план и редовно учествува во работата на Комитетот на екс-перти за евалуација на мерките за спречување на перење на пари (МОНЕЅВАЛ) при Советот на Европа, како и во Егмонт Групата – неформална организација на FIU (Financial Intelligence Units), во која Р. Македонија е членка од јуни 2004 год. На планот на меѓуна-родната размена на доверливи податоци и информации, Управата досега има потпишано и билатерални Меморандуми за разбирање и размена на доверливи информации со уредите за спречување на перење пари на Словенија, Бугарија, Хрватска, Албанија, Србија, Романија, Украина, Црна Гора, БиХ, УНМИК, Чешка и Полска.

13.8. Управа за јавни приходи Управата за јавни приходи, како и Финансиската полиција,

Царинската управа и Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам е орган во состав на Министерството за финансии на Р. Македонија кој има статус на правно лице. Таа е со седиште во Скопје и дејствува единствено на територијата на Р. Македонија. Надлежностите и овластувањата на Управата за јавни приходи (УЈП) се пропишани со Законот за Управата за јавни прихо-

Page 203: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

534

ди (Сл. Весник на Р.М., бр.81/2005, бр.81/2008), законот кој ги уре-дува даночните постапки и законите со кои се уредуваат одделни ви-дови на даноци.

Според својата организациона поставеност УЈП работите од

својот делокруг ги извршува преку Генерална дирекција, Дирекција за големи даночни обврзници, регионални дирекции, даночни одде-ленија и даночни шалтери. Со работата на УЈП раководи директор (кој може да има свој заменик) кој на предлог на министерот за финансии го назначува Владата на Р. Македонија за период од 4 години со право на повторно именување. Вработените во УЈП имаат статус на даночни службеници и тие можат да се класифицираат како даночни инспектори, даночни котролори и даночни извршите-ли. Даночните службеници во извршувањето на своите законски делегирани работни задачи имаат определени посебни должности и овластувања врз основа на кои можат да спроведуваат постапки и работи во согласност со Законот за даночна постапка и законите што ги уредуваат одделните видови на даноци. Покрај ова, даночните инспектори имаат овластувања и за привремено одземање на пред-мети и документи кои можат да се искористат како доказни матери-јали во кривичната и прекршочната постапка; потоа можат да одзе-маат добра пуштени во промет за кои не се платени акцизи или кои не се соодветно евидентирани; привремено да забранат вршење на дејност со запечатување на објект, опрема или просторија во која се врши дејност и да изречат мандатна казна. Даночните контролори пак, имаат овластување да вршат контрола на приходите кај даноч-ните обврзници врз основа на Законот за персонален данок на до-ход; потоа да вршат физички попис кај даночните обврзници и да вршат контрола над спроведувањето на Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

Управата за јавни приходи ги извршува управните и други стручни работи кои се однесуваат особено на:

- спроведување на законите и други прописи за даноците;

Page 204: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

535

- регистрација на даночните обврзници со доделување на единствен даночен број и водење единствен регистар на даночните обврзници;

- Управата за јавни приходи, покрај работите од ставовите 1 и 2 на овој член, врши и работи што се однесуват на утврдува-ње на обврска за плаќање на други јавни давачки, врз основа на склучен договор со надоместок;

- примање на даночни пријави и внесување на даночните побарувања во даночната евиденција;

- утврдување на даноците во согласност со закон; - инспекциски надзор во согласност со закон; - наплата на даноците; - водење даночна евиденција; - враќање на повеќе или погрешно наплатен данок; - воведување, организирање, користење и развој на единствен

даночен информационен систем; - следење и анализирање на даночните приходи; - следење и анализирање на примената на прописите за

даноците и функционирањето на даночниот систем; - соработка со даночни органи на други држави и проучување

на даночни системи; - следење на примената на меѓународните договори од облас-

та на даноците; - давање меѓународна правна помош во даночни предмети; - издавање уверенија, потврди и други документи за платени

даноци; - донесување финансиски план, програма и планови за работа; - донесување оперативни инструкции; - планирање и спроведување обуки за усовршување и оспосо-

бување на службениците; - давање појаснување на даночни обврзници во примена на

прописите за даноците и обезбедување јавност во работа-та118.

118 Закон за Управата за јавни приходи; Сл. весник на Р.М., бр.81/2005, бр.81/2008; чл. 4 ст.1.

Page 205: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

536

УЈП во сите оние случаи кога постапува врз основа на Законот за Управата за јавни приходи и другите закони кои се однесу-ваат на нејзиниот делокруг на работа или со кои се уредуваат нејзините надлежности и овластувања може доколку е потреб-но да побара соодветна помош и асистенција од страна на Ми-нистерството за внатрешни работи. Исто така Управата врз основа на домашните законски правни норми и ратификува-ните договори и конвенции остварува меѓународна соработка со даночните управи на другите држави во светот во оние об-ласти во кои постои заеднички интерес и потреба.

13.9. Државна комисија за спречување на

корупцијата

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е независен и самостоен државен орган кој има својство на правно лице и кој се формира врз основа на Законот за спречување на ко-рупцијата и која има надлежност за доследно применување и кон-трола на мерките и активностите за спречување на корупцијата во вршење на власта, јавните овластувања, службената должност и по-литиката, мерките и активностите за спречување на судирот на ин-тереси, мерките и активностите за спречување на корупцијата при вршењето работи од јавен интерес на правните лица сврзани со ост-варувањето на јавните овластувања, како и мерките и активностите за спречување на корупцијата во трговските друштва. ДКСК се сос-тои од 7 члена кои ги именува Собранието на Р. Македонија за пери-од од 5 години без право на уште еден мандатен период. За член на ДКСК може да биде именувано лице кое е државјанин на Р. Македо-нија и има постојано место на живеење во неа како и да има високо образование од областа на економијата и правото, да има работно искуство од најмалку 8 години и да ужива углед за вршење на функ-цијата. Огласот за именување на членови на ДКСК го објавува Собранието на Р. Македонија во службен весник и дневниот печат и истиот трае 15 дена од денот на објава. Комисијата за прашања на

Page 206: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

537

изборите и именувањето на Собранието на Р. Македонија подготву-ва предлог на листа на пријавените кандидати која се доставува до самото Собрание. Собранието на Р. Македонија ги именува члено-вите на ДКСК и тие за својата работа и начин на постапување одго-вараат пред него. Членовите на ДКСК имаат статус на именувани лица и истите помеѓу себе избираат претседател на Комисијата со мандат од 1 година. ДКСК работите од своја надлежност ги извршува на седница на која е потребно да присутвуваат повеќе од половина членови, а своите одлуки ги донесува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови. Начинот на работа на ДКСК подетално се уредува со Деловник за работа.

ДКСК ги има следните надлежности:

донесува државна програма за превенција и репре-сија на корупцијата и Акционен план за нејзино остварување;

донесува годишни програми и планови за работа на Државната комисија;

дава мислења и предлози на закони од значење за спречување на корупцијата;

покренува иницијатива пред надлежните органи за контрола на финансиско - материјалното работење на политичките партии, Синдикатот и здруженија-та на граѓани и фондации;

покренува иницијатива за поведување постапка пред надлежните органи за разрешување, распоре-дување, сменување, или примена на други мерки на одговорност на избрани или именувани функци-онери, службени лица или одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што распола-гаат со државен капитал;

постапува во случаи на судир на јавниот и личниот интерес, определени со закон;

Page 207: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

538

ја евидентира и следи имотната состојба и проме-ните на имотната состојба на избраните и имену-ваните функционери и одговорни лица во јавни претпријатија и други правни лица што распола-гаат со државен капитал на начин со овој закон;

донесува Деловник за работа;

подготвува годишни извештаи за својата работа и за преземените мерки и активности и ги доставува до Собранието на Република Македонија, а го доставува и до претстедателот на Република Маке-донија, Владата на Република Македонија и сред-ствата за јавно информирање;

соработува со другите државни органи во спречу-вање на корупцијата;

соработува со содветни национални тела на други држави, како и со меѓународни организации на полето на спречување на корупцијата;

презема активности на планот на едукацијата на органите надлежни за откривање и гонење на ко-рупцијата и другите видови на криминал;

донесува акти за внатрешна организација и систе-матизација на работните места во Секретаријатот;

врши и други работи определени со закон119.

За преземените мерки и активности и за постигнатите резул-тати ДКСК ја известува јавноста.

119 Закон за спречување на корупцијата;Сл. весник на Р.М., бр.28/2002; бр.46/2004; бр.126/2006,; бр.161/2008; чл. 49, ст.1.

Page 208: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

539

13.10. Меѓуинституционална соработка во борбата против организираниот криминал

Во претходиот дел беа појаснети некои од поважните институ-

ции во Р. Македонија кои имаат надлежност за преземање на мерки за справување со организираниот криминал. Тие институции се рас-поредени во повеќе различни ресорни министерства со што и се отежнува соработката меѓу институциите во вистинска смисла на зборот. Иако во секое од наведените министерстава се донесени правни акти каде е регулирана соработката меѓу институциите, пок-рај задолжителните (облигациони) акти, потребно е создавање на посебни механизми за остварување на таква соработка.

Акти кои се применуваат при остварување на соработката меѓу институциите во Република Македонија се:

-меморандум;

-протокол;

-договор;

-закон.

Меморандум претставува нота на комуникација помеѓу две странки, па така најчесто се употребува како Меморандум за разби-рање. Истиот нема правна сила, но сепак, претставува основа за про-длабочување на соработката, ги искажува идните намери, односно претставува потенцирање на потребата за соработка, односно го тол-кува договорот кој треба да се случи во иднина.

Протокол претставува акт, водич со правила како една активност треба да биде изведена. Протоколот се состои од пишани и непишани правила за однесувањето на странките, односно гене-рални правила за однесување на потписничките на протоколот и претставува утврдување на формална страна за соработката,

Договор претставува размена на ветувања и потврдувања помеѓу странките кои ќе бидат задолжителни за примена на истите.

Page 209: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

540

Договорот има правна сила во соработката која се огледа во облига-торноста за постапување по договореното.

Закон претставува збир на норми и принципи што ги воспос-тавува законодавната власт и која го гарантира нивното спроведува-ње. Донесените закони имаат правно дејство, се донесуваат во Законодавниот дом, а се спроведуваат од страна на извршната власт. 120

13.11. Меѓународна соработка во борбата против организираниот криминал

Поради фактот што организираниот криминал, како една од своите специфични карактеристики го има елементот на трансна-ционалност т.е. дејствување надвор од националните граници на една држава, како првична и нужна се јавува потребата од воспос-тавување на определени инструменти и методи за меѓудржавна соработка во откривањето, спречувањето и докажувањето на обли-ците на овој вид криминалитет. Националните системи за прогон и активностите кои тие ги преземаат поединечно на планот на борбата против организираниот криминал често се покажуваат како недовол-ни и нецелисходни во случаите кога не се воспоставува заедничка соработка и дејствување на ваквите национални системи токму поради транснационалноста на овој криминалитет. Со самата кон-статација на овој факт, меѓународната заедница сè повеќе ги интен-зивира своите напори за етаблирање и поттикнување на определени инструменти и методи на меѓународна соработка во спречувањето на организираниот криминал кои ќе бидат ефикасни и координира-ни, со што навистина ќе се оправда нивното воспоставување. Првите современи облици на меѓународна соработка заради спречување на организираниот криминалитет датираат од периодот по Втората светска војна, а особено од 70-тите години на минатиот век, па сè до денес, кога сè повеќе се увидуваат разорувачките ефек- 120 www.enkarta

Page 210: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

541

ти на појавните облици на организираниот криминалитет. Наједнос-тавно кажано, меѓународната соработка помеѓу државите во светот во сферата на спречувањето на организираниот криминалитет прет-ставува сублимат од меѓународни инструменти од типот на екстра-диција, заемно признавање и извршување на странски казнени пре-суди, судска и друг вид правна соработка и помош, меѓународна полициска соработка, меѓународна соработка на царинските управи и на другите органи за кривичен прогон на организираниот крими-нал. Од друга страна пак, како субјекти кои се носители и вршат остварување на ваквата меѓународна соработка се јавуваат полици-јата, јавните обвинителства, судовите, царината, разузнавачките служби, одредени специјализирани агенции за борба против органи-зираниот криминал итн. Меѓународната соработка во спречувањето на организирани-от криминалитет во суштина се базира на голем број правни акти:

- билатерални,

- мултилатерални меѓудржавни договори,

- меѓународни конвенции,

- протоколи и

- препораки.

Со истите се прават обиди да се пропишат основните принци-пи и рамки за преземање на активности во оваа сфера. Исто така, со ваквите документи се настојува да се воспостави и една поголема хармонизација помеѓу законодавствата на државите со цел да се надминат меѓусебните разлики и пречки за воспоставување на непречена меѓународна соработка. Еден од позначајните меѓународ-ни документи, во кој се предвидуваат особено важни инструменти и активности за спречување на организираниот криминалитет е секако Конвенцијата од Палермо, за која претходно во овој труд стана збор. Од меѓународните институции кои во својот делокруг на работа

Page 211: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

542

преземаат активности за спречување на организираниот криминали-тет можеме да ги споменеме следните:

Интерпол,

Европол,

на регионално ниво, Југоисточноевропската ини-цијатива за соработка (СЕКИ организацијата),

Мари -организацијата итн.

13.11.1. Интерпол

Интерпол како водечка организација за меѓународна крими-налистичка соработка е формиран 1923 година, на иницијатива на Johannes Schober - директор на виенската полиција. Договорено е да се формира Меѓународна комисија на криминалистичка полиција- МККП со седиште во Виена. 121

Од тој период, Интерпол израсна во екстремно разновидна организација. Има вработено кадар од околу 80 земји, вклучувајќи и специјалисти од сите делови на органите за спроведување на закони-те кои се назначени во Интерпол од страна на нивните национални администрации. Во официјална употреба во Интерпол се четири светски јазици: арапски, англиски, француски и шпански.

Интерпол во светски рамки е најголемата меѓународна поли-

циска организација, со 197 земји-членки. Ја опфаќа прекуграничната полициска соработка, и ги поддржува и асистира сите организации, авторитети и сервиси чија мисија е превенција или борба против криминалот.

Генералниот секретаријат е лоциран во Лион, Франција.

Интерпол оперира со седум регионални канцеларии во: Аргентина, Камерон, Брегот на Слоновата Коска, Ел Салвадор, Кенија, Тајланд и Зимбабве-и две репрезентативни канцеларии во склоп на Обедине-

121 М. Ангелески, Оперативна криминалистика, Скопје, 2005, стр. 69

Page 212: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

543

тите нации во Њујорк и во склоп на Европската унија во Брисел. Секоја земја-членка одржува Национално централно биро (НЦБ) во чиј склоп работат високо истренирани офицери. НБЦ е главната контакт-точка за Генералниот секретаријат, а регионалните канцела-рии и другите земји-членки на кои им е потребна асистенција во прекуокеанските истраги и лоцирање и фаќање на бегалци од зако-нот.

Интерпол има идентификувано четири основни функции на

кои ги концентрира своите напори и ресурси: a) Безбеден глобален полициски комуникациски сервис

Интерпол го менаџира глобалниот полициски комуникациски систем познат како И-24/7 (I-24/7) којшто иm овозможува на поли-циите во сите земји-членки да побараат, поднесат и да имаат прис-тап до витална полициска датотека инстантно и во услови на безбе-ден транфер на податоци.

b) Оперативни дата- сервиси и дата-бази за полицијата

Интерпол, исто така, менаџира и неколку видови дата-бази со информации во врска со имиња и фотографии на многу познати криминалци, лица кои се бараат по потерница, отпечатоци од прсти, ДНК-профили, украдени или изгубени патнички документи, украде-ни моторни возија, сексуално искористување на деца и украдени уметнички дела. Интерпол, исто така, дисеминира критични подато-ци (дека нешто ќе се случи) поврзани со криминалот преку нејзини-от систем на меѓународни известувања.

Една од основните задачи на Интерпол е да помогне во меѓу-народната размена на информации за сторени кривични дела и нив-ните извршители. Во меѓународната соработка се користи системот на меѓународната потерница. Потрагата по лица се врши со потер-ница, односно нота. Нотите се означуваат со различна боја: црвена, жолта, зелена, сина, црна и портокалова. 122

Постојат седум видови известувања-ноти, од коишто најпоз-ната е Црвената нота (Red Notice), која претставува меѓународно 122 Исто, стр. 79

Page 213: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

544

барање за апсење на одредена индивидуа. По пронаоѓањето, лицата се апсат и се екстрадираат.

Жолтата нота се употребува за пронаоѓање исчезнати лица, како и да помогне при идентификација на лица кои не се способни да се идентификуваат.

Сината нота се употребува за прибирање дополнителни ин-формации за идентитетот на лице за криминален настан.

Црната нота се употребува за утврдување идентитет на непознати трупови.

Зелената нота се употребува за предупредување и за давање криминалистичко релевантни податоци за лице кое извршило кри-вични дела, а се претпоставува дека може да ги повтори на терито-ријата на друга држава.

Портокаловата нота се употребува за предупредување на полицијата и на останатите државни органи или меѓународни орга-низации за можна закана кон нив со скриено оружје, поштенски бомби и други средства.

c) Поддршка на оперативни активности

Интерпол има шест приоритетни криминални области: корупција, дроги и организиран криминал, финансиски и високо-технолошки криминал, бегалци, јавна безбедност и тероризам и трговија со човечки суштества. Во Интерпол, исто така оперира 24-часовен Команден и Координативен центар со цел да понуди асис-тенција на која земја-членка која се соочува со кризна ситуација, да ја координира размената на информации и да преземе улога на решавач/менаџер на кризи во време на сериозни инциденти.

d) Полициски сервиси за поддршка

Интерпол обезбедува фокусирани полициски тренинг иници-јативи за националните полициски сили и исто така нуди совет по барање, водство и поддршка во градењето на точно прецизирани компоненти за борба против криминалот.

Целта е да се зголеми капацитетот на земјите во борбата про-тив сериозниот транснационален криминал и тероризам. Ова вклу-

Page 214: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

545

чува и размена на знаење, вештини и практично искуство во поли-циското работење и етаблирањето на глобалните стандарди за борба против специфичните видови криминал.

13.11.2 Европол

Досега, најважниот напредок во Европската соработка поме-

ѓу органите за спроведување на законите беше креирањето и разво-јот на Европол, агенција за спроведување на законите на Европската унија. Кадровската уреденост е со полициски и царински офицери, а почна да функционира во јануари 1994 година како Единица за дро-ги – Europol Drugs Unit (EDU).

Европол е агенција на Евопската унија којашто се занимава

со криминално разузнавање. Нејзината цел е да ја подобри ефектив-носта и соработката помеѓу компетентните власти на државите-членки во превенцијата и борбата против сериозниот и меѓународ-ниот организиран криминал и тероризам. Мисијата на Европол е давање на значаен придонес во активностите на органите за спрове-дување на законите во борбата против организираниот криминал и тероризмот, со акцент на откривањето и разбивањето на криминал-ните организации.

Неговата улога првично беше да ги координира напорите на

националните Европски полициски сили во борбата против нелегал-ната трговија со дрога. Во јули 1999, неговите одговорности се про-ширија, следствено на ратификацијата на Конвенцијата за Европол од страна на земјите-членки на ЕУ. Неговиот целосен опсег на одговорности стана оперативен во јули 1999 година. Ова ги вклучу-ва недозволената трговија со дроги, украдени возила, човечки суш-тества, како и нелегални имиграциони мрежи, сексуална експлоата-ција на жени и деца, порнографија, измами, криумчарење на радио-активни и нуклеарни материи, тероризам, перење пари и фалсифи-кување на евра.

Page 215: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

546

Додека Обединетите нации се светското принципиелно гло-бално антикриминално тело, Европската унија продолжува да ги зајакнува своите напори за да креира структури за борба против меѓуграничниот криминал на регионално ниво. Опсегот на актив-ности на Европол беше прилично проширен со официјализирањето на неговата дефинитивна форма во јануари 2003 година, заедно со Европската судска мрежа за криминални работи (European Judiciary Network for Kriminal Matters), која егзистира од 1998 година.

a) Европол претставува институционална, постојана и струк-туирана мрежа на офицери за врска кои се поврзани со мрежа на национални единици во сите земји-членки кои се во контакт со овластените и компетентни авторитети во борбата против организираниот криминал и тероризмот.

b) Оваа мрежа се состои од речиси 100 офицери за врска кои остваруваат поврзани функции помеѓу нивните национални власти и Европол и овозможува брза размена на информации на Европско ниво, фокусирајќи се на транснационалните ист-раги поврзани со лимитирана/ограничена типологија на сери-озни/тешки кривични дела. Мрежата е збогатена и со присус-твото на офицерите за врска од 9-те држави потписнички на Договорот за размена на персонални/лични податоци со Европол, како што се Норвешка, Швајцарија и САД. Мрежа-та на офицерите за врска им овозможува билатерална и мулт-илатерална соработка и претставува единствен канал за кори-стење на податоците.

c) Европол има цврста аналитичка функција за примање, чу-вање, процесирање на личните податоци и разузнавачки ма-теријали препратени од страна на органите за спроведување на законите во државите-членки, остварувајќи стратегиска и оперативна поддршка на тековните истраги. Стратегиските анализи се препраќаат до Советот и до надлежните на орга-ните за спроведување на законот во државите-членки. Опера-тивните анализи имаат за цел подобрување на разбирањето

Page 216: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

547

на структурата, организацијата, „модус операнди-то“ и мре-жата на криминалните групи. Исто така, им помага на истра-жувачките тимови во државите- членки со цел остварување на подобра координација, идентификација на нови насоки на истрагите и собирање на есенцијални материјали за разбива-ње и понатамошна превенција од интернационалните крими-нални мрежи. Европол содржи околу 100 крим.аналитичари регрутирани од органите за спроведување на законите во земјите-членки кои оперираат под стриктна правна рамка и методологија, претставувајќи уникатна алатка во рамките на органите за спроведување на законите на Европската унија. Инаку, претставува најголема база на податоци за криминал-

ните групи од сферата на организираниот криминал кои им се дос-тапни на органите за спроведување на законите во Европската унија.

Понатаму, од Европол се бара и да дава експертска и технич-

ка поддршка. На пример: Европол има развиено уникатна експерти-за за детекција, растурање и анализи на нелегалните лаборатории за продукција на синтетички дроги.

13.11.3. СЕКИ Југоисточноевропската иницијатива за соработка (Southeast

European Co-operative Initiative-СЕКИ) беше лансирана како идеја во редовите на евроатлантската соработка во мај 1995 година во Виена и истата е со седиште во Букурешт, Романија.

Земји-членки се: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Унгарија, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, и Турција. Работи под водство и совет на препораки и директиви од Интерпол и Светската царинска организација (WCO).

Page 217: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

548

Улога 1. Воспоставување на механизам базиран врз зголемена сора-

ботка помеѓу органите за спроведување на законот на нацио-нално ниво, која потоа ќе биде искористена од страна на заинтересираните страни со цел меѓусебна асистенција во превенција, детекција, истрага, обвинување и репресирање на трансграничниот криминал.

2. Обезбедување на асистенција до заинтересираните страни со

цел хармонизирање на нивните легислативи во областа спра-вување со организираниот криминал према ЕУ барањата/ стандардите.

3. Поддршка на националните стремежи со цел подобрување на

домашната соработка помеѓу органите за спроведување на законот.

Организација

СЕКИ центарот е составен од:

-Оддел за оперативна поддршка;

-Оддел за правни работи;

- национални Focal Point;

- офицери за врска и експерти, а управуван е од заеднички Комитет за соработка.

Оддел за оперативна поддршка

Регионална координација на силите на законот, со цел пре-венција, откривање, истражување и борба против преку граничниот криминал. Поддршка и координација на активностите на офицерите за врска, обезбедување на заштита на базата на податоци на СЕКИ. Организира, олеснува, координира и обезбедува заштита за ефектив-на размена на информации, олеснува имплементирање на специјал-

Page 218: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

549

ни заеднички активности со други држави и организации, обезбеду-ва имплементација на специјални заеднички активности (контроли-рана испорака на пратки), олеснува комуникација со СЦО и Интер-пол во насока на развивање на разузнавачки податоци за специфич-ни случаи, подготвува стратешки анализи за феноменот на прекугра-ничниот криминал.

Поддршка на специјализираните единици за:

a) трговија со луѓе и шверц со мигранти;

b) недозволена трговија со дрога;

c) измама и кримчарење;

d) финансиски и компјутерски криминал;

e) украдени возила;

f) антитероризам;

g) контрола на стока на граница.

Предностите на СЕКИ-центарот за земјите од Југоисточна Европа се повеќекратни:

Уникатност – СЕКИ-центарот е единствена меѓународна организација за спроведување на законите којашто во себе ги обеди-нува полициските и царинските служби.

Компетентност - употребата на СЕКИ-центарот го забрзува процесот на размена на информации. Статистиките потврдуваат дека времето во билатералните случаи е намалено/редуцирано и до 80%.

Соработка – СЕКИ-центарот работи како платформа за раз-мена на искуства и основни тренинзи.

Експертиза – земјите-членки ја искористуваат предноста на СЕКИ-центарот, кој ЗНАЕ-КАКО во сферата на борбата против организираниот криминал во Југоисточна Европа.

Page 219: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

550

Безбедност- комуникацискиот систем на СЕКИ-центарот е брз, криптиран, и ефективен.

Асистенција – СЕКИ-центарот дава логистичка поддршка за здружените истраги.

Тенденции на меѓународната соработка во наредниот период:

Органите за спроведување на законите и судството сè уште се потпираат на сетот мерки за меѓународна соработка којшто беше креиран во периодот кога меѓународната димензија на организира-ниот криминал и нивото на транснационалната нелегална трговија беа многу лимитирани. Реакциите на државните авторитети коишто се компетентни да се борат со криминалот станаа неадекватени и многу бавни во случаите на конфронтација со меѓународната димен-зија и неможноста да реагираат директно во друга надлежност или јурисдикција.

Ова е причината за развој, но и примена на нови методи и средства во борбата против транснационалниот криминал во перио-дот на 1990-тите години, а таквиот развој се интензивираше во по-следниве неколку години. Достапноста на земјите до нови методи и средстава во борбата со организираниот криминал, предвидени во меѓународните конвенции, а прифатени од националните законодав-ства отвора можност да зборуваме за поголема ефикасност во расве-тлување на кривичните дела од областа на организираниот крими-нал.

Главните приоритети на развојната политика се поврзани со:

- Јакнење на легислативата- со фокус на финансиското работење на криминалните организации; перењето пари; финансирањето на тероризмот; одбранбениот систем од криминалниактивности;фалсификувањето. Целосно импле-ментирање на Конвенцијата за меѓународна правна помош

Page 220: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

551

и примена на алатките кои таа ги предвидува во делот на специјалните истражни техники, олеснување на мерките за заплена на противправно стекнатиот имот или замрзнување на истиот итн.

- Препознавање и познавање на организираниот крими-

нал-поставување на потврден криминален статистички систем; синхронизација на националната анализа на ризик-от со цел имплементација на „Европскиот модел на крими-налистичко разузнавање“.

- Превенција од организиран криминал - антикорупциска

политика; приватно-јавни партнерства.

- Соработка- заедничко реализирање на истражувачки тех-ники; зачувување на протокот на комуникациски податоци за одреден период; истраги за финансиски организиран кри-минал и меѓународна соработка со трети земји и организа-ции.

Република Македонија и видовите на меѓународната соработка

Република Македонија е потписничка на сите позначајни

меѓународни документи од оваа област и истата ги има импленти-рано во своето национално законодавство, а исто така таа е членка и на поголем број на организации од меѓународен карактер за спречу-вање на организираниот криминал.

Кога станува збор за организираниот криминал и неговото превенирање и репресирање, главно би можеле да констатираме дека меѓународната соработка се одвива во три области и тоа:

1. Судска соработка (или посоодветен термин би бил правна соработка).

2. Соработка на полициските служби и органи.

Page 221: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

552

3. Соработка на останатите државни органи и инспекциски служби надлежни за спречување на овој криминалитет.

13.11.4. Судска соработка

Во однос на судската (т.е. правна) соработка треба да се истакне дека таа, всушност, претставува најстар и најпродлабочен облик на соработка (преку институтите на екстрадиција, заемно при-знавање и извршување на странски казнени пресуди, разни облици на судска помош и сл.). Судската соработка има еден главен проб-лем кој оневозможува нејзино целосно воспоставување и остварува-ње, а тоа е постоењето на различни судски т.е. правни системи кои ги имаат прифатено државите во светот. Овој проблем претставува навистина сериозен лимитирачки фактор во спречувањето на разни-те облици на организираниот криминал поради тоа што одредени правни институти во една држава се дозволени, а во друга тие не се или пак истите се пропишани, но под различни услови и околности. Поради ова, судската соработка често се остварува со потешкотии, ненавремено и со непотребно одолговлекување, а во некои случаи и воопшто не се остварува. Со цел ваквата појава да се елиминира и да се сведе на исклучоци, меѓународната заедница (која имајќи го при-тоа наспроти себе заканувачкиот експанзионизам на организираните облици на криминал и нивните сè посериозни последици) прави осо-

Page 222: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

553

бено значајни напори во последниве две децении за хармонизирање на судските т.е правните системи на државите со цел воспоставува-ње на поефикасна и поефективна судска соработка на планот на спречување на ова општествено зло. Донесени се големи број кон-венции, резолуции, препораки, директиви итн., со кои се прави обид да се постигнат заеднички прифатливи дефиниции за тоа што прет-ставува организираниот криминал, кои се неговите појавни облици, потоа како би се дефинирале одредени организирани криминални дела, како би се усогласиле казнено-правните санкции за делата на организиран криминал, развивање на унифицирани инструменти на судска соработка и нивни нови форми и облици и сл. Во основа, се прави обид за таков степен на хармонизирање на националните каз-нени законодавства кој би овозможил нивна меѓусебна соработка која би била соодветна на динамизмот и транснационалноста на организираните криминални групи и нивните илегални активности. Иако овој процес на хармонизација евидентно трае доста долго и мошне бавно се спроведува и практично се имплементира, сепак радува фактот што државите во светот сè повеќе стануваат свесни и уверени дека организираниот криминал би можел да се стави во одредени општествено прифатливи рамки само доколку спрема него се тргне со еден заеднички, одлучен и сеопфатен пристап.

Од аспект на тоа кои би биле позначајните судски или правни решенија кои ги содржат и нудат меѓународните конвенции, резолу-ции, препораки, директиви итн., најпрвин, би можеле да споменеме дека предвидено е на пример поедноставување на самата постапка и форма на барање за воспоставување на ваков вид соработка која би се остварувала директно, непосредно, без непотребни формалности и одлагање. Исто така, со интенција за воспоставување на заемна судска соработка се предвидува размена на писмена и друг вид документација, прибирање и доставување на материјални и друг вид доказни информации помеѓу судските органи преку нивна директна комуникација која би се остварувала преку посебно специјализира-ни органи за оваа намена. На пример, во однос на екстрадицијата како типичен облик на судска или правна соработка помеѓу држави-

Page 223: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

554

те, се предвидува за сè поголем број кривични дела да не е потребно исполнување на условот за двократна инкриминација, како и тоа сè повеќе да се инсистира на напуштање на забраната за екстрадиција за политички дела (особено оние кои се поврзани со терористички активности). Конкретно и прецизно се пропишуваат условите под кои се врши екстрадицијата, но се наведуваат и околностите под кои истата би можела оправдано да не се изврши со цел да се избегнат притоа евентуалните грешки и манипулации. Се предвидува и „при-времена екстрадиција на притворени или на осудени лица на друга држава заради идентификување, сведочење или на друг начин пома-гање во обезбедување на докази во постапката што се води во таа држава”123. Во контекст на ова треба да се споменат и активностите на Европската унија во однос на поедноставување на постапките на екстрадиција кои резултираа со прифаќање на „европскиот налог за апсење”, со кој,всушност, постапката на екстрадиција се поедноста-вува и супституира со брза постапка на лишување од слобода и вра-ќање на обвинетиот сторител или осудено лице во државата од која побегнал. Со меѓународните конвенции се предвидува и заемно призна-вање и извршување на казнените пресуди без никакви одлагања и дополнителни процедури, а со цел сторителите на ваквите кривични дела што побрзо да бидат подложни на кривично-правна санкција, се предвидува усвојување и на идентични кривично-правни санк-ции. Исто така, се предвидува привремен трансфер на лица во друга држава поради целите на истрагата која се води во таа држава, сос-лушување на лица по пат на видео или телефонска комуникација, примена на контролирани испораки, составување на заеднички ист-ражни тимови, примена на заеднички програми за заштита на сведо-ци итн. Се предвидуваат и други нови инструменти на заемна судска соработка, кои се очекува да бидат поефикасни од веќе постоечките.

123В.Камбовски; „Организиран криминал“; 2-ри Август С - Штип; 2005 год., Скопје; стр. 322

Page 224: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

555

13.12. Меѓународната полициска соработка Од друга страна пак, меѓународната полициска соработка, за

разлика од судската соработка, претставува облик на заемна коопе-ративност чии корени на воспоставување датираат од понов датум. Всушност одредени автори тврдат дека почетоците на меѓународна-та полициска соработка датираат од почетокот на XX век, други велат дека тие се нешто подоцна и започнуваат по Втората светска војна, а според трети современата полициска соработка во облик како што се одвива денес на билатерално и меѓународно ниво за првпат се јавува во почетокот на 70-тите години од минатиот век. Овој облик на соработка се наметнува како нужен дел од инструмен-тариумот на државите наменет за откривање, докажување и спречу-вање на организираниот криминал. Зачетоците на полициската сора-ботка можат да се насетат и во самите меѓународни документи од сферата на борбата против организираниот криминал и судската т.е. правна соработка помеѓу државите бидејќи во одредени нивни дело-ви можеби маргинално, но сепак се споменува потребата од поврзу-вање и заемно дејствување на полициските и други управни држав-ни органи надлежни за спречување на ваквите облици на криминал, најпрво со цел за поефикасна судска соработка, која секако потоа би водела и кон поефикасна и поефективна борба против организи-раните криминални облици на дејствување. Откако се согледале емпириските показатели од активностите и напорите за спречување на организираниот криминал и се констатирало дека полициската соработка е навистина доста важно превентивно и репресивно „орудие”, кое, покрај тоа што претставува неопходен и додатен елемент за успешноста на судската соработка, сè повеќе претставува и нејзин супститут, се почуствувала потреба од донесување на конк-ретни меѓународни акти на меѓународно ниво, со кои би се промо-вирала и прецизирала меѓународната полициска соработка. Донесе-ни се и усвоени се повеќе меѓународни документи со кои се прави обид за воспоставување на што поекспедитивна, поефикасна и попродлабочена соработка помеѓу националните полициски струк-тури и органи, меѓутоа како и кај судската т.е. правна соработка и

Page 225: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

556

овде како сериозен проблем кој ги пролонгира и ги оневозможува ваквите напори се јавуваат токму разликите кои постојат помеѓу полициските и казненопроцесните законодавства на државите. Па така, на пример, припадниците на полициските структури од една држава имаат различни овластувања од полициските припадници во друга држава, потоа полициските овластувања кои се допуштени во еден национален полициски систем во друг не постојат или се про-пишани под други услови или пак, во одредени држави припадници-те на полициските структури имаат опсежен спектар на овластувања и во самата казнена постапка, а во други нивните овластувања пре-тежно се однесуваат за претходната неформална постапка. Покрај ова, како втор позначаен проблем, кога станува збор за воспоставу-вањето на меѓународната полициска соработка е и проблемот повр-зан со концептот на апсолутниот државен суверенитет од кој е пот-ребно земјите да отстапат бидејќи ваквата соработка често подраз-бира преземање на определни полициски дејствија и дејствување на полициски припадници од странска држава, нормално во заемност со домашните полициски службеници, на територијата на одредена држава. Државите често негодуваат токму поради ова, па затоа и се поставуваат на еден скептичен и недоверлив начин кон опсегот и обемот кој треба да се опфати под суштината на поимот на меѓуна-родната полициска соработка.

Сепак, растечката стапка на заканите врз придобивките и вредностите на денешното современо цивилизирано општество во последниве неколку децении, со кои се карактеризираат сите облици на организираниот криминал, и даваат сè повеќе на значење на иде-јата за обединет пристап во утврдувањето и пропишувањето на полициските овластувања и надлежности, начини на полициско деј-ствување, опремување, обучување и кадровско екипирење, што би водело кон непречена заемна соработка на националните полициски системи во борбата против организираниот криминал. Кога се говори за овој облик на меѓународна соработка пред сé, се мисли:

Page 226: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

557

на заемно преземање и отстапување на полициска-та истрага;

преземање на определени дејствија во интерес на полициската истрага што се води во друга држава (информативни разговори со претпоставени осом-ничени, сведоци, итн.);

официјално присуство на полициски органи на друга држава за време на истрагата, како и заед-ничко преземање на такви дејствија;

овластување на странската полиција да го следи сторителот на делото и на територијата на друга држава со цел за негово фаќање;124

размена на информации и искуства, одржување на заеднички тренинг-програми и сл.

13.13. Соработка на останатите државни органи и

инспекциски служби надлежни за спречување на овој криминалитет

Третиот облик на меѓународна соработка во сферата на пре-земањето на активности за спречување на организираниот крими-нал, т.е. соработката на останатите државни органи и инспекциски служби надлежни за спречување на овој криминалитет се наметнува како нужна и неопходна (како и претходните) токму поради фактот што голем број држави во светот имаат формирано специјализирани институции и органи за спречување на овој криминалитет, кои доколку заемно дејствуваат можат да им нанесат сериозни последи-ци на организираните транснационални криминални организации и нивните, исто така, транснационални активности. Потребата од вос-поставувањето на вакви специјализирани државни институции и органи или пак, вообичаени државни органи и инспекциски служби, кои покрај своите, имаат определени надлежности и за спречување на одредени облици на организиран криминал, државите ја имаат

124 Ибид; стр 343.

Page 227: Tret del

Organiziran kriminal i korupcija

558

увидено пред сè, заради недоволната ефикасност на веќе постоечки-те институции, мерки и активности кои не можат во целост да се но-сат со неконвенционалноста и динамизмот на организираниот кри-минал. Кога станува збор за вакви институции пред сè, се мисли на институционални организациски единици за спречување на перење пари, финансирање тероризам, трговија со наркотични дроги, со оружје, со луѓе, криумчарење мигранти, финансиски полиции, ца-рински управи, разни видови инспекциски служби итн. Значи, во суштина, станува збор за специјализирани органи и институции, чиј предмет на интерес е одреден облик или облици на организиран криминал и кои преземаат соодветни активности за нивно спречува-ње. Може да се констатира дека ваквиот облик на меѓународна сора-ботка би можел да претставува најнов облик на заемна кооператив-ност и координираност на кој сè повеќе ќе му се посветува внимание и значење поради едноставната причина што истиот може да вроди со навистина непроценливи резултати. Оваа соработка се одликува првенствено со размена на најразлични информации од оперативен карактер, воспоставување на определени бази на податоци и нивно меѓусебно поврзување, како на национално, така и на меѓународно ниво, размена на искуства, соработка во применувањето на опера-тивни техники на превенција и репресија на одредени облици на организиран криминал, воспоставување на заеднички стандарди на дејствување, одржување на заеднички обуки, тренинг-програми и семинари итн.

Page 228: Tret del

D-r Marjan Nikolovski

559