raspredelenis 6 devetoletka

44
ООУ„ ВАНЧО ПРКЕ“- ШТИП ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА ПО TEХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО VI ОДДЕЛЕНИЕ Наставник Јасминка Дурдубакова

Upload: jasminka-durdubakova

Post on 04-Mar-2015

1.237 views

Category:

Documents


6 download

TRANSCRIPT

Page 1: raspredelenis 6 devetoletka

ООУ„ ВАНЧО ПРКЕ“- ШТИП

ПЛАНИРАЊЕ НА НАСТАВАТА

ПО TEХНИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ

ВО VI ОДДЕЛЕНИЕ

Наставник

Јасминка Дурдубакова

Август 2011 година

Page 2: raspredelenis 6 devetoletka

GLOBALEN - GODI[EN PLAN

За наставата по техничко образование за 6-то одделение за деветгодишно образование

Red br.

NASTAVNI TEMI ЧАСОВИ 1 2 3 4 5

Vreme na realizacija

od - do

1. СООБРАЌАЈ

6

3 2 1 Септември

октомври

2. ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ И ДИЗАЈН

8

3 2 2 1 Октомври

Ноември

3. РАБОТА СО МАТЕРИЈАЛИ И КОНСТРУИРАЊЕ

22

6 11

3 2 Ноември

јуни

4. VKUPNO 36

Legenda

1 Vovedni aktivnosti2 Ve`bi 3 Istra`uvawa4. Utvrduvawe i proveruvawe na postigawata 5. Drugi aktivnost

Page 3: raspredelenis 6 devetoletka

Тематско – процесно планирање

за наставата по техничко образование за 6 - одделение

Училиште: ООУ„ Ванчо Прке“- Штип

Наставен предмет: ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНИE

Наставник: Јасминка Дурдубакова Одд. 6

Тема бр.1 СООБРАЌАЈ

Наставна содржина Бр. час

1 2 3 4 5

Време на реализација

1. Примена на сообраќајните правила и прописи во патниот сообраќај

1 1 IX- прва недела

2. Регулирање на сообраќајни крстосници со сообраќајна сигнализација

2 1 1 IX-втора недела, трета недела

3. Решавање на сообраќајни ситуации

1 1 IX- четврта недела,

4. Изработка на крстосница соелементи за регулирање насообраќајот

1 1 IX-пета недела

5. Примена на софтверска апликација за реализација на сообраќајна ситуација

1 1 X- прва недела

Легенда

1.Воведни активности

2.Вежби

3.Истражувања

Page 4: raspredelenis 6 devetoletka

4.Утврдување и проверување на постигањата

5.Други активности

ЦЕЛИ НА ТЕМАТА

Ученикот/ученичката :

да ги прошири знаењата за правилата и прописите во сообраќајот; да стекне навики за учество во сообраќајот; да ги почитува сообраќајните правила и прописи како учесник во

патниот сообраќај;

Да изгради култура за однесување на крстосниците

да направи анализа на сообраќајни ситуации според сообраќајните правила и прописи;

да умее да реши проблемска сообраќајна ситуација.

АКТИВНОСТИ

Анализирање на сообраќајни ситуации и прописи за безбедно однесување во сообраќајот;

Изработка и решавање на сообраќајни ситуации.; Демонстрирање постапки за решавање ситуации со користење на

компјутерски апликации.; Користење на програмски апликации (Alice); Следење, евалвација и оценување.

Час бр. 1 Примена на сообраќајните правила и прописи во патниот сообраќај ЦЕЛИ - ученикот/ученичката:

Да знае за видовите сообраќајни крстосници-регулирани и нерегулирани;

Да објасни за начините за регулација на сообраќајните крстосници; Да знае како се регулира сообраќајот на нерегулирана крстосница; Да може да да ги разликува специјалните возила кои имаат

првенство на минување; Да се оспособи да реши сообраќајни ситуации;

Page 5: raspredelenis 6 devetoletka

Место на реализација: Училница по техничко образование;Наставни средства: Лцд-проектор, компјутер, слики, плакати, елементи

Тек на активностите:

ВОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот разговара со учениците за видовите сообраќајни крстосници,кој може да го регулира сообраќајот на крстосниците,објектите и елементите на патот, нивната функција и намена. Како мотивација тој дискутира со учениците за ситуации од нивното искуството, како учесници во сообраќајот да дадат објаснување за сообраќајна ситуација. Кои се тоа специјални возила и да наведат некој вид.

АКТИВНОСТИ ЗА УЧЕЊЕ И ПОУЧУВАЊЕ

Активности на наставникот

Наставникот објаснува за видовите сообраќајни крстосници-регулирани и нерегулирани.Исто така објаснува како се регулира сообраќајот на нерегулирана крстосница. Користи дидактички плакати на крстосници,за да може да ги објасни правилата на движење што важат за нерегулирана крстосница. Објаснува за специјалните возила и во кој случај тие имаат секогаш предност на минување на нерегулирана крстосница. Користи Лцд-проектор и покажува и демонстрира ситуации. Откако наставникот ќе го објасни регулирањето на сообраќајот на нерегулирана крстосница им дава инструкции на учениците што да направат и како да решаваат одредени сообраќајни ситуации и проблеми.

Активности на учениците

Откако наставникот ќе ги објасни и презентира начините на регулирање на сообраќајот,на нерегулирана крстосница, учениците добиваат проблемски задачи, демонстрираат и презентираат сообраќајни ситуации.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот ги следи активностите на учениците. Со прашања и дискусии ги проверува знаењата. Учениците самостојно со помош на ситуации и слики од учебникот и други дидактички плакати демонстрираат примена на правила и прописи. Наставникот ги забележува нивните искази и објаснувања, води чек листа и сл.

Page 6: raspredelenis 6 devetoletka

Час бр:2 РЕГУЛИРАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ НА КРСТОСНИЦИ СО СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА

Цели: Ученикот/ученичката

Набројува елементи за сообраќајна сигнализација; Објаснува за начини на регулирање на сообракајот на крстосници; Примена на сообраќајната сигнализација.

Наставни средства: Лцд-проектор, компјутер, слики, плакати, елементи.

Место на реализација: Училница по техничко образование

Тек на активностите:

ВОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот разговара со учениците за објектите и елементите на патот, сообраќајната сигнализација нивната функција и намена. Како мотивација тој дискутира со учениците за ситуации од нивното искуството. Наведуваат практични примери, реални ситуации од својата околина и сл.

АКТИВНОСТИ ЗА УЧЕЊЕ И ПОУЧУВАЊЕ

Активности на наставникот

Наставникот објаснува за сообраќајната сигнализација и регулирање на сообраќајот на крстосници. Користи дидактички плакати на крстосници, сообраќајни елементи (знаци, семафори, крстосници). Објаснува за начини на регулирање на сообраќајот на крстосниците со демонстрација на сообраќајните елементи. Користи Лцд-проектор и покажува и демонстрира ситуации. Откако наставникот ќе го објасни регулирањето на сообраќајот со сообраќајната сигнализација, им дава инструкции на учениците што да направат и како да решаваат одредени сообраќајни ситуации и проблеми.

Активности на учениците

Откако наставникот ќе ги објасни и презентира начините на регулирање на сообраќајот, учениците се делат во групи и добиваат проблемски задачи, демонстрираат и презентираат сообраќајни ситуации.

Page 7: raspredelenis 6 devetoletka

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот ги следи активностите на учениците. Со прашања и дискусии ги проверува знаењата. Учениците самостојно со помош на ситуации и слики од учебникот и други дидактички плакати демонстрираат примена на правила и прописи. Наставникот ги забележува нивните искази и објаснувања, води чек листа и сл.

Час бр.3 РЕШАВАЊЕ НА СООБРАЌАЈНИ СИТУАЦИИ

Цели: Ученикот/ученичката

Знае за последиците од непочитување на правилата и прописите во сообраќајот;

Применува знаење за решавање сообраќајни правила и прописи; Демонстрира практични примени за решавање на сообраќајни ситуации.

Наставни средства: Лцд-проектор, компјутер, модели и слики на сообраќајни знаци, крстосници, дидактичка табла со семафори, проекти и сообраќајни елементи од учениците и сл.

Место на реализација: Училница по техничко образование, или друго место

Тек на активностите:

ВОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот со учениците ги потсетува учениците од претходниот час. Дискутираат за видовите сообраќајна сигнализација, и поделба на крстосниците во однос на регулирањето на сообраќајот.

Учениците ги користат истражувањата и прибраните елементи за изработка на проектот. Се формираат во групи и ги делат задолженијата и задачите меѓу себе.

Пример:

Да изработат проект и презентација за сообраќај на регулирани крстосници; Да направат проект и презентација на нерегулирани крстосници; Да демонстрираат со видови сообраќајни знаци и нивна примена на

определени места и ситуации; Да направат истражување за примена на дополнителни сообраќајни

светлосни и електронски уреди при регулирање на сообраќајот; Да направат презентација на компјутер за некоја од претходните содржини

или сообраќајни ситуации.

Page 8: raspredelenis 6 devetoletka

АКТИВНОСТИ ЗА УЧЕЊЕ И ПОУЧУВАЊЕ

Наставникот треба да ги следи учениците, нивните активности, примената на културните навики во работењето. Учениците меѓусебно треба да се почитуваат, да бидат педантни во работата, рационално да се однесуваат кон работата и материјалот.

Наставникот ги инструира учениците, ги насочува во планирањето, и изработка на задачата.

Елементи за регулирање на сообраќајот – да се објаснат, прикажат и демонстрира за функцијата и работата на елементите.

Решавање на сообраќајни ситуации – Да се прикажат, презентираат одредени ситуации. Може да се направи проект или да се презентира преку компјутер.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Низ презентации на своите проекти, учениците разменуваат мислења за точноста на исказите и знаењето на правилата за регулирање на сообраќајот на крстосниците. Учениците даваат проценка за изработените проекти и точноста на сообраќајните ситуации. Наставникот користи чек листа за бележење на активностите на групите, за точноста на одлуките и одговорите.

Секоја од групите ја презентира својата изработка;

Page 9: raspredelenis 6 devetoletka

Останатите ученици и наставникот дискутираат за секоја презентација; Наставникот и учениците определуваат критериуми за оценување; Потоа учениците ги рангираат изработките; Наставникот ги следи и ги кординира овие активности на учениците; Води чек листа за евиденција на активностите, ги оценува нивните

изработки.

Час бр.5. Изработка на крстосница со елементи за регулирање на сообраќајот

Цели: Ученикот/ученичката

Правилно поставување и примена на сообраќајни елементи и објекти;

Решавање ситуации и проблемски задачи од сообраќајот.

Наставни средства: работна тетратка, дрвени летвички, картон и хартија, печатена илустрација на крстосница, сообраќајни елементи и објекти, превозни средства, ножички и лепило.Место на реализација: Училница по техничко образование, или друго место

Тек на активностите:

ВОВЕДЕНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот го потикнува вниманието на учениците со најава на интересна содржина, ги мотивира со прикажување на примерот на сообраќајна крстосница објекти со што ќе го задржи интересот до крајот на реализацијата. Треба да предизвика љубопитност и да ја зголеми нивната желба за активна работа.

Групите се распоредуваат на своите места и сите добиваат задачи и се објаснува начинот на учење преку истражување и решавање на проблем. Ги гледаат сите извори на информации и материјали, ги споредуваат и се договараат за активностите.

Page 10: raspredelenis 6 devetoletka

Проектна задача:На сликата е прикажан пример на макета-модел на крстосница. Со другарчето можете даизработите макета или модел на крстосница.Ова е една идеја како може да изгледа моделна крстосница. Со примена на елементи засообраќајна сигнализација и сообраќајнисредства, на вашата изработка можете дарешавате определени ситуации и проблемскизадачи од сообраќајот.

АКТИВНОСТИ ЗА УЧЕЊЕ И ПОУЧУВАЊЕ

Чекор 1:Истражи каква може да биде крстосницата. Користи реални ситуации, интернетможности, и сл. Советувај се со наставникот!Чекор 2:Направи збирка на материјали. Користи дрвени летвички, картон и хартија, печатенаилустрација на крстосница, сообраќајни елементи и објекти, превозни средства, ножичкии лепило.Чекор 3: Организирај го работното место. Подготви ги материјалот и алатот за работа.Направи план за работа. Напиши инструкции за решавање на одредени фази во работата.Внимавај на правилноста на поставување на елементите и знаците.Чекор 4:Презентирај ја идејата, изворот и изборот на материјалите. Објасни определенисообраќајни ситуации и проблеми.Чекор 5:Доколку имаш нови идеи и решенија за конструкцијата на макетата или моделот,презентирај ги пред другарчињата и наставникот. Биди креативен и понуди различно решение од другите.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Низ презентации на своите проекти, учениците разменуваат мислења за точноста на исказите и знаењето на правилата за регулирање на сообраќајот на

Page 11: raspredelenis 6 devetoletka

крстосниците. Учениците даваат проценка за изработените проекти и точноста на сообраќајните ситуации. Наставникот користи чек листа за бележење на активностите на групите, за точноста на одлуките и одговорите.

Секоја од групите ја презентира својата изработка; Останатите ученици и наставникот дискутираат за секоја презентација; Наставникот и учениците определуваат критериуми за оценување; Потоа учениците ги рангираат изработките; Наставникот ги следи и ги кординира овие активности на учениците; Води чек листа за евиденција на активностите, ги оценува нивните

изработки.

Час бр 6. Примена на софтверска апликација за регулација На сообраќајна регулација

Цели: Ученикот/ученичката

Да се оспособи да ја користи програмата Alice Да научи да ги користи алаткита за работа Да може да изработи апликација во прогамот Alice Да ги подобри познавањата на оваа програма

Наставни средства: Учебник 6 одд,Работна тетратка,Компјутер.Alice програм,прожектор

Место на реализација: : Училница по техничко образование

Воведни активности:

Активности на час

Активности на наставникот

На почетокот на часот наставникот им ги соопштува критериумите и начинот на оценување, поставува прашања врз основа на задолженијата што им се дадени од минатиот час.Пр. Какви сообраќајни средства постојат? Кои видови на сообраќај ги имаат учено?На кој начин ќе ја искористат Alice програмата? Дали размислиле каква сообраќајна ситуација ќе изготват во оваа програма?

Наставникот дава напаствија за изработка на симулирана сообраќајна ситуација. (според наставното ливче).Ја контролира нивната работа, помага, координира, укажува на грешки.

Наставникот ги насочува, упатува во реализацијата на активностите.

.Активности на ученикот

Page 12: raspredelenis 6 devetoletka

Учениците даваат примери за сообраќајни средства и како да изработат сообраќајна ситуација и даваат одговори на поставените пташања од страна на наставникот: Постојат сообраќајни средства за превоз на патници, товарни, Тие се делат на патнички сообраќај, воздушен сообраќај, воден и железнички сообраќај. За изработка на симулирана задача учениците ги извршуваат активностите според даденото наставно ливче.Учениците земаат активно учество во дискусијата со наставникот ,ја изготвуваат задачата, ја проверуваат успешноста на функционирање на задачата и вршат презентирање

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Уште во почетокот на активностите наставничката заедно со учениците ги утврдуваат критериумите за аналитичко оценување и оценувањето со чек листа за изработка на моделот на задачата.

За време на часот учениците ги применуваа содржините на програмот Alice, при изработка на зададената задача, и ја развиваа креативноста и вештините при работа во овој програм.Откако ќе се заврши зададената задача од страна на учениците се прави презентација ,која детално ја објаснуваат на кој начин е изработена и кои елементи се применети од самата програма, и потоа се преминува на оценувањето на презентациите.

Тематско – процесно планирање

за наставата по техничко образование за 6 - одделение Училиште: ООУ„ Ванчо Прке“- ШтипНаставен предмет: ТЕХНИЧКО ОБРАЗОВАНIEНаставник: Јасминка Дурдубакова Одд. 6Тема бр.1 ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ И ДИЗАЈН

Ред. бр.начас

Структура на темата

Време на реализ. 8 часови

1 Вовед - Запознавање со целите, содржините и начинот на работа X-втора

недела2

Видови технички цртежи – цртање скица и технички цртеж X-трета

недела

Page 13: raspredelenis 6 devetoletka

3 Елементи и фази во дизајнирањето Графичко дизајнирање

X-четврта недела

4 Изработка на графички дизајн (идеја, скица, решение, изработка)

XI-прва недела

5 Техничко цртање и дизајнирање со примена на ИКТ апликации (графичко решение),

Вежби и повторување

XI- втора недела

6 Систематизација на темата XI-трета недела

ЦЕЛИ НА ТЕМАТА

Ученикот/ученичката :

Да препознава и чита технички цртеж; Да креира цртеж на основни геометриски фигури Да се запознае со основите на дизајнот и неговите значење; Да се запознае со дизајнот и неговите придобивки; Да умее да реализира целни дизајни; Да умее да реализира дизајн со определена цел/тема; Да запознава основни алатки на компјутерска апликација за цртање.

Час бр. 1 Вовед - Запознавање со целите, содржините и начинот на работаЦЕЛИ - ученикот/ученичката:

Да се запознае со целите на наставата по техничко образование, зошто ќе учи, содржините и активностите што ќе ги учи, начинот на работа - кои упатства ќе ги добива, преку кои активности и практични вежби ќе учи, постапки, низ кои ќе ги усвојува знаењата и ќе се здобие со потребните способности и вештини, со која опрема, алатки и материјали ќе работи и зошто е толку важно да научи за основите и значењето на дизајнирањето.

Да разбере како, кога и на кој начини - инструменти и критериуми ќе биде оценувано неговото знаење и напредување.

Page 14: raspredelenis 6 devetoletka

Да се запознае со наставните средства: учебник, компјутер и другите извори на знање, како и начините како ќе ги користи.

Напомена: На овој час се запознаваат учениците со содржините на предметот целите, наставните теми, активностите и постапките во наставата, како и со начинот на проверување и оценување на знаењето (што, кога и како).

Наставни средства: Учебник, компјутер, прибор за цртање.

Час бр. 2 и 3 - Наставна содржина Видови технички цртежи – цртање едноставни слики и фигури

- Цели: Ученикот/ученичката:

Да знае да ракува со приборот за техничко цртање; Да објаснува за карактеристиките на техничките цртежи; Да разбира за просторен изглед на предметот; Да скицира предмет во три димензии со страни по x, y и z оските. Да ја разбере меѓусебната поврзаност на предметот со професиите во кои

тој е важен. Место на реализација: Училница по техничко образование.

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА Се организираат активности со кои се проверува нивото на знаењето од претходниот час. Скица и видови технички цртежи, некои сфаќања за значењето примената и улогата на техничкото цртање.

Наставникот ги насочува учениците и мотивира да размислуваат, колку и каде се користат техничките цртежи во работата, што би било без техничко цртање или кои се ефектите од него. Дискутираат за професии кои во својата работа користат техничко цртање.

Откако учениците се потсетија и повторија за видови технички цртежи и нивната примена, се преминува на етапа во која се стекнуваат нови знаења и вештини. Наставникот претставува о- презентира некој предмет со неговите три страни/димензии. Користат примери од учебник или др. литература, скицираат кординатен систем со три оски x, y и z. Потоа во кординатниот систем учениците во неколку постапки цртаат правоаголници кои поврзани во последната постапка се добива геометриско тело – квадар, со димензии по трите оски. Потоа учениците треба да скицираат примери на геометриско тело, при што страната по z - оската во првиот случај е под агол од 90º, а во вториот е под агол од 45º.

Наставни цели - се остваруваат со реализација на овие примери, учениците треба да разберат за значењето на скицата и цртањето на предмети со тродимензионално претставување. Исто така многу е важно да сфатат дека со претставување-цртање на предметот во три димензии, може да се нацрта работилнички цртеж со димензии на секоја прикажана страна на предметот. Се

Page 15: raspredelenis 6 devetoletka

нагласува дека работилничкиот цртеж е основа за изработка на секој предмет во техниката, а исто така и при изработка на модели и макети на часовите по ТО.

Наставни средства: Учебник, флипчарт, прибор за техничко цртање, тетратка без линии, два триаголника, молив, гума, разновидна графика: цртежи, шеми..

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ Наставникот и учениците ги разгледуваат нацртаните цртежи, ги истакнуваат важните елементи и дискутираат. Учениците треба да ги знаат конкретните цели, односно најважните правила и критериуми за оценување и вреднување на нивните постигања. Така ќе можат да направат самооценување, односно проценат за исправноста, прецизноста и точноста во изработените задачи.

Учениците презентираат некои од новите знаења и вештини кои ги стекнаа:

Како го применуваат приборот за цртање во изработката на одреден технички цртеж;

Прават презентација на своите цртежи и ги објаснуваат постапките на цртање;

Даваат објаснување на секој нацртан елемент од цртежот; Цртаат предмет во три димензии;

На крајот наставникот на учениците може да им поставува прашања со кои ги поттикнува да размислуваат за нови идеи и решенија. Секако дека целосно ја оценува работата и постигањата на учениците и задолжително им дава повратна информација.

ЧАС: 4, 5, 6 - ГРАФИЧКО ДИЗАЈНИРАЊЕ - Идеја, скица, решенија

Цели: Ученикот/ученичката:

Да знае за значењето на дизајнот на производите; Да препознава и изработи едноставен графички дизајн и решение; Да применува и изнаоѓа нови решенија во дизајн на своите производи. Да умее да изработи свои идеи и решенија со примена на дизајнерски

елементи. Да го поврзе значењето на дизајнот со современиот пазар и економија.

Место на реализација: Училница по техничко образование, посета на маркет, фабрика /погон за паковање, студио за дизајнирање и сл.

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА

Page 16: raspredelenis 6 devetoletka

Наставникот на учениците им презентира производи и предмети – кои се дизајнирани на различни начини. Преку низа отворени и интересни прашања ги мотивира да размислуваат и донесуваат заклучоци за значењето и улогата на добро дизајнирани предмети. Како се продаваат истите на пазарот, што е добар а што лош – дизајн и сл. Со техника бура на идеи дискутираат и даваат примери за дизајнот што тие досега направиле на своите производи/ цртежи или направиле изработки/ вежби на часовите по ТО; творештво, ликовно образование.Така се согледува интегрираноста на оваа содржина во други предмети или професии. Поставува прашања ги насочува да размислуваат и очекува одговори за новата содржина, на пример:

Дали производот има потреба од дизајн и зошто? Која е целта што се отстварува со добро - дизајниран предмет?

Наставникот покажува нови примери или производи/предмети, објекти и повторно поставува прашања. -Дали прават разлика помеѓу слични производи со различен дизајн? -Дали зависи цената од дизајнот на предметот или паковката?

Откако се презентираа различни решенија на дизајнирани предмети/ објекти, учениците можат да работат во групи со конкретни здачи за пребарување разни примери. Користат работни тетратки, списанија, каталози, модели и маќети, готови производи. Така самите ученици треба да ги воочат карактеристиките на дизајнот, начинот и техниката на кој е естетски обликуван или изведен некој реален објект, да ја согледат функцијата и целта за која е направен.

Потоа наставникот дава задачи на учениците да направат, креираат дизајнерски решенија.

Како можат да работат учениците- пример:

Да изберат некој готов производ што е им е познат а го има во продавниците.

Да скицираат и креираат своја идеја на дизај за тој производ. Да го согледат ефектот и значењето, зошто треба да е добро дизајниран,

дека дизајнот го продава предметот/производот. Да можат сами да ги определат очекуваните резултати од добрите решенија.

Учениците на овие задачи можат да работат индивидуално, во пар или групно. Можат да направат истражување, да направат табела со податоци и слики од истражувањето, да ги обработат и средат, како би се подготвиле за нови креативни решенија и задачи. Сето ова може да биде подготовка за следниот час, кога учениците ќе работат и можат сами да изработат и дизајнираат предмет или некој објект, но со насика од наставникот.

Наставни средства: учебник, флипчарт, табла, тетратка и прибор за цртање, компјутер и мултимедијални технологии, примери на производи, пакувања од

Page 17: raspredelenis 6 devetoletka

различни производи, слики, графички прикази и практични реченија на производи и објекти и сл.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Учениците ги презентираат пред наставникот скицираните идеи на решенија и дизајни, барат сугестии и насоки;

Дискутираат со наставникот за целта и примената на истите; Ги презентираат сопствените идеи пред другите ученици; Наставникот им посочува на учениците за правилата и критериумите за

проценка /оценка на нивните постигања и резулатати. Поставуваат скици или изработки на паноа, презентираат и ги вреднуваат

резултатите. ЧАС: 7 и 8 ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ И ДИЗАЈНИРАЊЕ СО ПРИМЕНА НА

СОФТВЕРСКА АПЛИКАЦИЈА

Цели: Ученикот/ученичката:

Да се запознае со основните алатки од програмот за цртање и дизајнирање Google Sketch Up.

Да знае да нацрта едноставни конструкции со користење на компјутер и едноставен компјутерски програм - Google Sketch Up.

Да го применува знаењето на другите часови и за свои потреби

Наставни средства: Kомпјутер, ЛЦД - проектор, учебник по ТО, прирачник за работа со Google Sketch Up.

Место на реализација: Компјутерска училница, училница за ТО ако има компјутери.

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА Учениците во IV-то одделение цртаа едноставни предмети во Paint. Во V–то одделение користеа основни алатки на едноставен програм како што е Word. Наставникот поведува дискусија за значењето на графичките програми кои на учениците им овозможуваат да навлезат во графичкото компјутерско дизајнирање. На тој начин тие можат да реализираат и свои идеи на моделите и макетите што ги работат. За овие часови наставникот и учениците треба да го користат информатичкиот кабинет, или да работат во својата училница доколку има компјутери и услови за реализација на оваа наставна содржина.

Ги разгледуваат можностите на компјутерот при цртањето со него и дека можата да користат само еден дел од еден софтверски програм. Овие вештини и знаења учениците понатаму можат да ги развиваат во понатамошното образование, во училишните активности, или во слободното време.

Дизајнирање во Sketch Up

Page 18: raspredelenis 6 devetoletka

Наставникот објаснува дека постојат повеќе софтверски решенија, програми, кои се користат за цртање и дизајнирање. Некои од нив се користат за професионална работа, а некои за вежбање и учење на првите чекори во цртањето и дизајнирањето.

Sketch Up (Скечап) е програма за 3Д моделирање наменет за повеќе видови корисници и занимања.

Оваа програма треба да им се понуди како алатка за развој на идејни графички решенија и дизајни. За разлика од други програми за 3Д компјутерски дизајн, Sketch Up е лесен за употреба и користи едноставни алатки.

Учениците се запознаваат со изгледот на основниот прозорец. Основниот прозорец на Sketch Up се состои од насловна линија (title bar), главно мени (menus), линии за форматирање, кутии со алатки (toolbars), работни површини (drawing area), сцени, статусна линија (status bar) и поле за прикажување вредности (value control box).

Откако учениците ќе ги проучат основните алатки за цртање со овој програм, добиваат задача да реализираат еден пример.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот ги следи активностите на учениците; Учениците прикажуваат-презентираат она што го нацртаа, некои постапки,

елементи, фази/детаљи и решенија; Се зборува заеднички, се даваат позитивни критички осврти за прикажаните

цртежи, како насочување кон оваа техника и користење на истата во наставата.

Организирано во групи или парови, преку кои се гледат вештините на соработка, комуникација, изразување, одлучност и сл.

Може да ја завршат активноста и со натпреварувачки карактер.

Page 19: raspredelenis 6 devetoletka

Тематско – процесно планирање

Тема Работа со материјали и конструирање

Ред.бр Структура на темата Бр.часови Време на

реализација

1 Примена на техничките материјали-

-Хартија и картон-Дрво-Текстил

3

2 Планирање постапки и дизајнирање при работа со материјали при градба

1

3 Градба и конструирање со примена на едноставни материјали (дрво, картон, хартија,текстил ) - Кутија за пакување - Направи авионче - Пароброд

4

4 Елементи за пренос на сила и движење и нивна примена кај модели и конструкции;(ремен, ременица, осовинка, запчаници и сл.) .

1

5 Електрични и електронски уреди на мал напон кај моделите. (батерија, електромотор, сијаличка

1

6 Примена на електричните уредиво конструкции и модели - Струјно коло

2

7 Примена на уреди за движење и управување поврзани со компјутер. - конструкција на ветерница

3

8 Од идеја до реализација

- конструкција на кран

2

9 Македонска архитектура 1

10 Градежни материјали и нивна примена во

современата градба

1

11 Заштеда на енергијата во градежништвото; 1

Page 20: raspredelenis 6 devetoletka

12 Од идеја до готов објект/производ

- Охридска куќа 2

Вкупно 22

ЦЕЛИ: Ученикот/ученичката:

да стекне вештини за работа со хартија;

да се запознае со основните карактеристики на дрвото;

да ги применува материјалите креирајки модели на дадена тема при тоа да внимава на нивните особини;

да реализира идеи за работа со текстил и да умеат да ја претстават во вид на крој;

да стекне вештини за работа со едноставни материјали (картон, дрво, текстил, мека жица);

да дефинира и применува фази при работата со прибор и материјал;

да умее да претстави идеја преку технички цртеж со ИКТ;

да умее естетски да обликува и дизајнира;

да ги идентификува фазите во работата;

да креира дизајн на модели и макети;

да ги пресметува рационално времето и материјалите при градба;

да умее да направи правилен избор на материјал;

да се оспособи да прави евалвација на сопствената и туѓата работа;

да се запознае со основните преносни механизми на силата и движењето;

да ја согледаат примената на преносните механизми при изработка на проектна задача;

да применува уреди за движење и управување поврзани со

компјутер;

да дава идеи додека конструира и дизајнира;

да применува едноставни електрични и електронски уреди на

мал напон во моделите. (батерија, електромоторче, сијаличка)

да знае повеќе за македонската архитектура и прави модел на

македонска куќа;

да комуницираш, соработуваш, ги презентираш и оценуваш своите и

резултатите на другите.

Час бр1,2 и 3

Page 21: raspredelenis 6 devetoletka

Примена на техничките материјали-Хартија и картон-Дрво-

Текстил

Цели: Ученикот/ученичката:

• да ги препознава особините на основните материјали (хартија, картон, дрво);

да се запознае со основните карактеристики на дрвото; да разликува видови технички материјали

Место на реализација: работилница по техничко образование

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА Наставникот ги потсетува учениците дека во претходното одделение тие изучуваа за добивање на хартијата и картонот. Заедно со насочени прашања кои им ги поставува наставникот, го повторуваат материјалот.Наставникот дава примери за примената на хартијата и картонот, отвора дискусија за производители и фабрики за производство и преработка на хартија. На вториот час наставникот поставува прашање за карактеристиките и примената на дрвото. Се води дискусија за примената на дрвото како градежен материјал, за користење на производи и полупроизводи од дрво и користење во секојдневниот живот. На третиот час се дискутира за поделбата на текстилните материјали на природни и вештачки. Наставникот објаснува за некои карактеристики на текстилните материјали. Учениците земаат активно учествуваат во дискусијата и воедно прават разлика на материјали и суровини кои ги имаат донесено во училиштето.

Наставни средства:учебник,материјали, модели, слики, компјутер.

Методи: Метод на разговор, усно излагање.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТ

Наставникот ги следи активностите на учениците, ангажираноста , самостојноста,комуникативноста, креативноста. Со прашања и дискусии ги проверува знаењата.

Очекувани резултати:

Ученикот/ученичката

ги препознаваат особините на основните материјали (хартија, картон, дрво),прават разлика меѓу видови суровини и материјали.

Час бр 4

Планирање постапки и дизајнирање при работа со материјали при градба

Цели: Ученикот/ученичката:

• да планира постапки и чекори при градба на модели;• да дава идеи додека конструирa и дизајнира

Page 22: raspredelenis 6 devetoletka

Место на реализација: работилница по техничко образование

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА . Наставникот разговара со учениците дека за секоја работа потребно е планирање. Тој укажува дека постапките или инструкциите за работа значат поставување и почитување на одредени стандарди и правила при работата. Тие можат да бидат напишани, прикажани со цртеж, или презентирани мулти медијално преку технички уреди. Исто така се дискутира дека и учениците треба да ги почитуваат инструкциите и постапките при работа на часовите по техничко образование. Само така можат да бидат успешни во работата, а производот (моделот или макетата) да биде прецизен, функционален и убаво дизајниран.Учениците активно учествуваат во дискусијата за време на часот и даваат примери како тие прават план за работа на часот.

Наставни средства:учебник,материјали, модели, слики, компјутер.

Методи: Метод на разговор, усно излагање.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТ

Наставникот ги следи активностите на учениците, ангажираноста , самостојноста,комуникативноста, креативноста. Со прашања и дискусии ги проверува знаењата.

Очекувани резултати:

Ученикот/ученичката

• да умеат да планираат постапки и чекори при градба на модели; • да даваат идеи додека конструирaат и дизајнираат;

Час 5,6,7 и 8

Градба и конструирање со примена на едноставни материјали (дрво, картон, хартија,текстил ) - Кутија за пакување - Направи авионче - Пароброд

Цели: Ученикот/ученичката:

да ги идентификува фазите во работата;

да креира дизајн на модели и макети;

да ги пресметува рационално времето и материјалите при градба;

да умее да направи правилен избор на материјал;

Место на реализација: работилница по техничко образование

Page 23: raspredelenis 6 devetoletka

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА

Наставникот им поставува прашања на учениците дали забележале дека сите производи имаат различни пакувања, различна форма и дизајн, графичко решение на изгледот на кутијата. Откако ќе се добијат најразновидни одговори, треба да се дојде до заклучок дека најголем број од производите се спакувани во картонски амбалажни кутии, па ќе наведат и набројат повеќе примери на производи. Од упатството со примери и вежби учениците треба да направат кутии,авиони,пароброд. Во изработката учениците внимаваат да ги запазат етапите и фазите на работа ако сакаат да изработат успешна макета, исто можат да ја покажат својата креативност со што ќе замислат многу идеи во завршниот дизајн на кутијата и авионот со обојување и естетско обликување. Сите активности на учениците наставникот активно ги следи: ги инструира ги охрабрува, мотивира во нивната работа и посочува дека оваа техника ќе ја применуваат во рачната работа, на часовите и во секојдневното живеење. Наставни средства:учебник,работна тетратка,материјали за работа, прибор и алат за работа, модели, слики, компјутер.Методи: Метод на разговор, усно излагање, ,презентирање, воочување.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТ

Наставникот ја следи работа на учениците, тековно ги инструира и проверува, ги бележи постигнатите резултати во аналитички листи.Врз основа на показателите од аналитичките листи кои се користеа изминатите часови, како и од готовите модели и макети се покренува дискусија со учениците и се изведува оценка за нивните постигања. Во изведувањето на оценката учествуваат наставникот, ученикот и соучениците, со што се постигнува поголема објективност и се вклучуваат учениците активно во процесот на оценување.

Очекувани резултати:

Ученикот/ученичката

Да знаат да ги применат основните технички материјали при работата и конструирањето; да градат, да составуваат, поврзуваат и комбинираат со материјалите; да умеат да планираат постапки и чекори при градба на модели;да даваат идеи додека конструирaат и дизајнираат; да комуницираат, соработуваат, ги презентираат и оценуваат своите и резултатите на другите

Час 9 Елементи за пренос на движење и нивна примена кај модели и конструкции;(ремен, ременица, осовинка, запчаници и сл.) .

Цели: Ученикот/ученичката:

Page 24: raspredelenis 6 devetoletka

да се запознае со основните преносни механизми на силата и движењето; да ја согледаат примената на преносните механизми; Објаснува за видови материјали од кои можат да бидат направени

елементите за пренос; Да експериментира со работата и функционалноста на механизмите; Да умее да примени елементи, конструира механизми, склопува модели.

Место на реализација: Работилница по техничко образование

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВАНаставникот поставува прашања со кои ќе ги потсети учениците од мината година. На пример: Како се вика силата што дејствува на предметот, што е извршена работа, кои се елементи за пренос на силата и др. Наставникот дискутира со учениците за значењето на преносот на силата со помош на посложени механизми-направи кои се користат во сите машини кои имаат движење. Наставникот дава примери на модели, на детски уреди, на машини кај кои може нај пластично да објасни за функцијата на механизмите. Со испитување и анализирање на примероците, наставникот треба да ги мотивира учениците да истражуваат и дојдат до нови сознанија и заклучоци, кои ќе можат да ги применат во практичните модели и конструкции што ќе ги работат. Тој пред реализација на овој час им дава насоки и задачи како да се подготват учениците за изработка на конструкција на некој модел каде ќе применат механизам за пренос на сила и движење и им дава задача да направат збирка на елементи за пренос на движење.Наставникот ги потсетува учениците за повеќе модели, дискутираат за личните сознанија и искуства. Пред да се определат за конструкцијата што ќе ја работат им поставува отворени прашања, на кои можат да се сетат:

1. Од кои елементи се составени преносните механизми?

2. Од каков материјал можат да бидат направени?

3. Дали имаат идеја и решение за реализација на градба и функција на некој различен модел?

Овие содржини можат да се реализираат успешно со користење на повеќе извори на материјали, елементи и механизми од ресурси кои може да ги обезбеди училиштето, наставникот или училиштето со и упатства и насоки, соодветни на возраста на учениците и квалитетот на елементите и материјалите.

Наставни средства: учебник, тетратка, разни елементи за пренос на сила и

движење, конструкции на механизми и модели и др.

Методи: Метод на разговор, усно излагање, групна форма,презентирање, воочување.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Сите активности на учениците наставникот активно ги следи: ги инструира ги охрабрува, поправа грешки, мотивира во нивната работа. Поставува одредени барања и критериуми со кои учениците успешно ќе ги реализираат поставените

Page 25: raspredelenis 6 devetoletka

задачи.Учениците ги завршуваат активностите, а наставникот ги разгледува изработените елементи, модели и конструкции. Потоа заедно со наставникот ги дискутираат нивните идеи и понатамошни решенија, како и дизајнот во изработката. На крај учениците во кратки црти даваат објаснување за нивната работа, истакнуваат карактеристиките на материјалите што ги воочиле во текот на работењето, на кои проблеми и тешкотии наидоа и сл. Наставникот ги бележи во ученичкото досие постигањата на учениците, води евидентен лист за формативно оценување за активностите, знаењето, вештини во работата, како и социјалните вештини.

Очекувани резултати:

Ученикот/ученичката

да знаат за елементи и механизми и нивната примена во модели и конструкции (ремен, ременица, осовинка, запченици и сл.), да даваат идеи додека конструирaат и дизајнираат; да комуницираат, соработуваат, ги презентираат и оценуваат своите и резултатите на другите.

Час 10 Електрични и електронски уреди на мал напон кај

моделите. (батерија, електромотор, сијаличка)

Цели: Ученикот/ученичката:

да применува едноставни електрични и електронски уреди на мал напон во моделите. (батерија, електромоторче, сијаличка)

Место на реализација: Работилница по техничко образование

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА Наставникот поставува прашања за предзнаењата на учениците: дали знаат на каков напон работат мобилните телефони, на каков напон работат далечинските управувачи и сл. Се доаѓа до целта на часот за примената на едноставни електрични и електронски уреди на мал напон. (батерија, електромоторче, сијаличка). Наставникот објаснува за видовите на батерии ( батерии за една употреба и батерии што се полнат), потоа објаснува за примената на адаптерите, и за сијалички и лед диоди кои работат на мал напон. Наставникот ги дели учениците во групи, и секоја група прави испитувања за карактеристиките на батериите, адаптерите, сијаличките и лед диодите. Учениците работат во групи, ги бележат испитувањата од мерењето. Наставникот ја следи нивната работа, тековно ги инструира и проверува.

Наставни средства: учебник, тетратка, разни едноставни електрични и електронски уреди на мал напон во моделите. (батерија, електромоторче, сијаличка)

Методи: Метод на разговор, усно излагање, групна форма,презентирање, воочување.

Page 26: raspredelenis 6 devetoletka

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Сите активности на учениците наставникот активно ги следи: ги инструира ги охрабрува, поправа грешки, мотивира во нивната работа. Поставува одредени барања и критериуми со кои учениците успешно ќе ги реализираат поставените задачи.Учениците ги завршуваат активностите, а наставникот ги разгледува изработените елементи. Потоа заедно со наставникот ги дискутираат нивните идеи и понатамошни решенија. На крај учениците во кратки црти даваат објаснување за нивната работа, истакнуваат карактеристиките на материјалите што ги воочиле во текот на работењето, на кои проблеми и тешкотии наидоа и сл. Наставникот ги бележи во ученичкото досие постигањата на учениците, води евидентен лист за формативно оценување за активностите, знаењето, вештини во работата, како и социјалните вештини.

Очекувани резултати:

Ученикот/ученичката

да знаат заосновните електронски и електрични уреди и елементи инивната примена во модели , безбедно да ракуваат со нив и да бршат правилна употреба на самите,да даваат идеи додека конструирaат и дизајнираат; да комуницираат, соработуваат, ги презентираат и оценуваат своите и резултатите на другите.

Час бр.11 и 12.ПРИМЕНА НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ УРЕДИ ВО КОНСТРУКЦИИ И МОДЕЛИ

Цели: Ученикот/ученичката:

Да знае за карактеристиките на електричните елементи: батерија, електромоторче, сијалички, адаптер и сл.;

Ги применува елементите во разни модели и конструкции.

Место на реализација: работилница по техничко образование

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА Наставникот ја започнува - поведува дискусијата, разговараат интерактивно со учениците за електричните елементи кои можат да се применат во моделите што ќе ги изработуваат.

Учениците треба да се запознаат со некои основни елементи и уреди: адаптер, проводник, сијаличка и лед-диода, батерии, електромоторче и сл. Учениците треба да ги познаваат уредите кои користат вакви уреди и елементи, а со тоа да се создаде мотивација и афинитети кон современите технологии. Од претходно дадените упатства, учениците имаат задача да приберат и донесат различни елементи и уреди што можат да ги најдат, со цел да ги запознаат нивните

Page 27: raspredelenis 6 devetoletka

каркатеристики и капацитети, како и да ги применат во модели што ќе ги направат на часот.

Учениците треба да направат истражување и создадат идеја за конструирање на модел со примена на електронските елементи. На часовите можат да се користат и други дополнителни материјали и едукативни модели.

Пример: Изработка на струјно коло на картонска подлошка

Оваа задача може да биде самостојна или групна работа;

Учениците треба да изработат обично струјно коло со примена на: лед-диоди, проводник, метални контакти (завртки и навртки, спојувалки и сл.);

Учениците што ќе го направат струјното коло, треба да се инструираат и наведат да размислуваат на одредени нови решенија. На пример:

- како може струјното коло да работи со две сијалички;- дали сијаличките можат да се вклучуваат со два прекинувачи во

струјното коло; Учениците размислуваат и се трудат да ја скицираат идејата; Наставникот инструира и помага во решавање на задачата, покажува

постапки, слики или модели дека овие проблемски задачи се решливи. При работење учениците треба да стават подлошка на работната маса; Да бидат прецизни и одговорни во работата;

Да раководат со времето при работа.

Наставни средства:

Електрични и електронски елементи: Адаптер, сијаличка, лед-диода, електромоторче и сл, модели и конструкции, разни едноставни материјали за конструирање.

Методи: Метод на разговор, усно излагање, групна форма, презентирање,

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

По завршената задача учениците ги испитуваат карактеристикити и експериментираат со функцијата на моделите. Наставникот ги следи активностите на учениците, води евиденција за формативно оценување, ги забележува стандардите и ги оценува резултатите.

На крајот учениците предлагаат иновативни-нови решенија за реализација на други модели. Размислуваат за можности за автоматско управување и контролирање на моделите и нивна примена во секојдневните потреби.

Очекувани резултати:

Ученикот/ученичката

Ги разликуваат елементите. Ги познаваат нивните карактеристики. Можат успешно да ги применуваат во моделите. Креативни се и даваат свои идеи за работа. Знаат за нивната примена во секојдневниот живот и практика.

Page 28: raspredelenis 6 devetoletka

Час бр. 13,14 и 15

ПРИМЕНА НА УРЕДИ ЗА ДВИЖЕЊЕ И УПРАВУВАЊЕ ПОВРЗАНИ СО КОМПЈУТЕР

Проектна задача- Конструрање на ветерница или модел по замисла на учениците

Цели: Ученикот/ученичката може:

Да процени како да изработи модел или макета по своја замисла; Да го поврзе моделот со елементи и уреди за движење; Да го управува моделот со уред за управување.

Место на реализација: работилница по техничко образование, или компјутерска училница

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА

Наставникот ги воведува и мотивира учениците на различни начини,со презентација на слики и модели, изработки и слично. Треба да се потикнат, да размислуваат како да креираат своја идеја. Може да користат интернет за пребарување, слики, каталози или работни листови со готови решенија.

За добра практика наставникот посочува на значењето на одредени постапки и културни навики во работата, од кои ќе зависи успешноста и резултатот во работата.

Создава работна атмосфера со натпреварувачки дух, низ која учениците ќе можат да ја развиваат нивната фантазија, да ја истакнат својата креативност и одговорност во работата.

Им посочува внимание за важноста на некои критериуми и правила во работата како: времето определено за изработка, педантноста и хигиената на просторот во кој работат, прецизноста и дизајнот на моделите и сл. Потенцира за функционалноста на моделот и поврзувањето со управувачка кутија со која може да се програмираат едноставни задачи за движење и работа на елементите со кои ќе се извршува некаква задача.

Наставникот прикажува примери и постапки како може да изгледа оваа проектна задача. Доколку училиштето има одредени автоматизирани уреди, роботи, роботска рака или слично, во компјутерска училница можат да ги програмираат уредите и симулираат одредени работни активности. На овие часови учениците можат да поставуваат и решават проблемски задачи, кои можат да бидат слични на реалните, да претставуваат дел од некој процес и сл.

Учениците преминуваат на изработка на проектната задача откако претходно веќе имаат селектирано материјал од кој ќе ја изработуваат, цртаат скица на моделот, го составуваат и ја испитуваат функционалноста на моделот кој го имаат изработено.

Наставни средства:

Page 29: raspredelenis 6 devetoletka

Разни модели и конструкции со монтирани елементи и уреди за движење. Управувачка кутија, компјутер, лцд-проектор, материјали за градба, алат и прибор.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Учениците користат изработени модели од претходните часови со кои ќе направат контрола и управување на движењето. Да ги одберат најдобрите според критериуми и претходно рангирање за вреднување на квалитет, да ги вреднуваат функциите на моделот и задачата со која се управува моделот. Учениците користат готови конструкции-уреди, лего-роботи, роботска рака и слично. Учениците треба да го презентираат програмот и процесот на работа.

Наставникот ги вреднува креативноста на идејата, процесот на активност и сложеноста на извршената работа на уредот за управување и моделот. Може да организира завршна активност и со натпреварувачки карактер. Наставникот води евиденција - чек листа за постигањата на учениците. Ја следи и вреднува презентацијата на учениците за завршената задача.

Очекувани резултати

Ученикот/ученичката

Процениува како да изработи модел или макета по своја замисла; Знае да го поврзе моделот со елементи и уреди за движење; Го управува моделот со уред за управување. Даваат идеи додека ја работат макетата

Час 16 и 17 Од идеја до реализација

проектна задача- конструкција на кран

Цели: Ученикот/ученичката може:

Да го уредува и организира работното место Да го чита и анализира техничкиот цртеж и упатство Да ги препознава елементи на градба Да ја анализира функција на елементите Да истражува како се зголемуваат и намалуваат движењата кај

елементите за пренос на сила

Место на реализација: работилница по техничко образование, или компјутерска

училница

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА

Page 30: raspredelenis 6 devetoletka

Наставникот им дава појаснување на учениците за изработката на проектната задача , која е целта на самата задача, дава упатства за проучување на приложената слика на избраниот модел, потоа избирање на елементите за градба , подготвување на алатот , утврдување на технологијата за работа, истражување за самиот модел и неговата функција.Наставникот им поставува проблемска задача:

Колкав може да биде најголемиот товар што може да го подигне овој кран?

Дали времето на подигање на товарот ќе зависи одприменетата сила?

Каков преносен механизам е потребен за прецизно и лесно пренесување на силата и движењето?

Учениците можат индивидуално или во парови да ја работат зададената задача.Учениците преминуваат кон истражување и создаваат идеја за конструирање на моделот на кран. На часовите може да користат и други дополнителни материјали и едукативни модели.Наставникот инструира и помага во решавање на задачата, покажува постапки, слики или модели дека овие проблемски задачи се решливи.Наставни средства:учебник, работна тетратка, алат и прибор за работа , материјал за изработка на задачата.

Методи: Метод на разговор, усно излагање, групна форма,презентирање,

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

По завршената задача учениците ги испитуваат карактеристикити и експериментираат со функцијата на моделите, кревање и спуштање на товарот, ротирање на кранот кон лево и десно и за одреден агол. Учениците даваат проценка за изработените проекти и точноста на задачата. Наставникот ги следи активностите на учениците, води евиденција за формативно оценување, ги забележува стандардите и ги оценува резултатите.

На крајот учениците предлагаат иновативни-нови решенија за реализација на други модели. Размислуваат за можности за автоматско управување и контролирање на моделите и нивна примена во секојдневните потреби.

Очекувани резултати

Ученикот/ученичката

Знае да го уредува и организира работното место Го чита и анализира техничкиот цртеж и упатство Ги препознава елементи на градба Врши правилна анализна на функција на елементите Комуницираат, соработуваат, ги презентираат и оценуваат своите и

резултатие на другите.

Page 31: raspredelenis 6 devetoletka

Час 18 Македонска архитектура

Цели: Ученикот/ученичката може:

Да ја препознава македонската народна архитектура Да ги осознае материјалите од кои се изградени куќите Да ги препознава основните обележја на македонската

архитектура.бондрук конструкција, чардак,стреа и ниски покриви.

Место на реализација: работилница по техничко образование, или компјутерска училница.

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВАНаставникот им објаснува дека архитектурата е уметност во планирање, вештина во изработување и обликување,градби, кои изградени во своето време стануваат уметност,обележје и историја на тоавреме. Под архитектура исто така се подразбира и внатрешниот ентериер, дизајн на мебелот, уредувањето на дворовите, паркови и пејзажи, урбанистичкото и просторно планирање.Старите македонски градби исто така претставуваат своевидна архитектура и уметност која носи белези од тоа време.Македонија иако е мала по својата територија на архитектонско поле е многу богата. Во минатото нашата земја била крстопат на многу етнички култури па отаму и шареникавиот изглед на нашите градови заедничко на македонската народна архитектура е употреба на истиот градежен материјал и тоа: кршен камен,дрво, вар и кал,исто така и карактеристично се и греди во приземјето и бондрук на катовите, низа од прозорци, ниски покриви со силно истакнати стреи, тремови, чардаци и др. Во стариот дел на Охрид ќе сретнете куќи изградени во минатиот век. Мајсторите и самоуките ѕидари од дебарскиот и струшкиот крај создале вистински прекрасни градби.Преку дискусија наставникот активно ги вклучува учениците кои даваат примери за македонска архитектура во нивниот град. Потоа учениците изработуваат скица на една карактеристична градба за македонската архитектура и истражуваат на Интернет. Наставни средства:учебник, работна тетратка, компјутер.

Методи: Метод на разговор, усно излагање, групна форма,презентирање, воочување.

ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот ги следи активностите на учениците, ангажираноста , самостојноста,комуникативноста, креативноста. Со прашања и дискусии ги проверува знаењата.

Очекувани резултати

Ученикот/ученичката

Ја препознава македонската народна архитектура и нејзината карактеристична градба

Ги осознава материјалите од кои се изградени куќите

Page 32: raspredelenis 6 devetoletka

Ги препознаваат основните обележја на македонската архитектура.бондрук конструкција, чардак,стреа и ниски покриви.

Час 19 Градежни материјали и нивна примена во современата градба

Цели: Ученикот/ученичката може:

Да ги препознаваат основните градежни материјали Да научат каде се применуваат градежните материјали Да ги научат фазите на работа при градба

Место на реализација: работилница по техничко образование, или компјутерска училница

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА

Наставникот со прашања и дискусија ги наведува учениците на размислување дали познаваат некаков вид на градежен материјал . Потоа им кажува на учениците дека поред нивната примена тие се делат на конструктивни ,сврзувачки, изолациски; инста-лациски и материјали за обложување. Основни и едноставни материјали со кои започнува секој градежен објект се песокот цементот и водата. Примена на бетонот во градбата започнува во темелите со што почнува секоја градежна конструкција.Бетонот е сложен материјал во кој освен вода,песок и цемент, може да се постават и железни прачки,наречени арматури. Градбата на објектот продолжува со ѕидање на ѕидовите за што се користат разни видови цигли,како по форма, така и по големина. При ѕидањето, многу важно за квалитетот наградбата е да се направи хидро и термо изолација на ѕидот. Хидроизолација и термоизолација значи дека треба да се применат најсовремени материјали со кои ќе се постигне заштита на ѕидот од вода, влага и температурни разлики. Дрвото наоѓа огромна примена и во завршната кровна конструкција на градбата.Последната фаза во градбата е внатрешното уредување на просторот, кој е исто така многу важен процес во проктирањето и дизајнирањето на објектот.Истовремено демонстрира збирка на градежни материјали, посочува инсталациони материјали во училницата (електротехнички, водоводни, канализациони цевки, радијатори) и материјали за заштита и украсување (стакло, разни плочки ѕидни, подни и сл.). Потенцира и за употребата на основниот алат и прибор, демонстрира алат и прибор, како и фотографии од градежни машини.Ученикот внимателно слуша и активно се вклучува во дискусија при откривањето на градежните материјали, алат и прибор и градежна механизација.Дискутира за новата содржина, дава опис на градежни материјали кои се употребени за изградба на нивна куќа или пак за нашето училиште. Наставникот ја следи заинтересираноста на учениците.

Наставни средства: Компјутери, лцд – проектор, модели, слики, материјали, учебник

. Методи:

Page 33: raspredelenis 6 devetoletka

Метод на разговор, усно излагање, групна форма,презентирање, воочување. ЕВАЛВАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Наставникот ги следи активностите на учениците, ангажираноста , самостојноста,комуникативноста, креативноста. Со прашања и дискусии ги проверува знаењата дали знаат да планираат постапки и чекори при градба, да даваат идеи за надворешно и внатрешно уредување и кои материјали ќе ги применат.Очекувани резултати

Ученикот/ученичката

Ги препознаваат основните градежни материјали Знаат каде се применуваат градежните материјали и во која фаза на

градба

Час 20 ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈАТА ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО

Цели: Ученикот/ученичката

Да знае за енергијата и нејзино користење во домот; Да објасни што е термичка изолација; Да ги познава основните термоизолациски материјали и знае за

ефектите од нивната примена.

Место на реализација: работилница по техничко образование

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВАНаставникот го потикнува вниманието на учениците со најава на интересна содржина, ги мотивира со прикажување на примери, објекти или слајдови, со што ќе го задржи интересот до крајот на реализацијата. Треба да предизвика љубопитност и да ја зголеми нивната желба за активна работа. Наставникот објаснува како можат, чекор по чекор, учениците да направат истражување за заштеда на енергијата во градежништвото. Кои се битни цели во истражувањето и пребарувањето на информации, кон што треба да се насочат:

Загубите на енергијата во домот; Современи термоизалациски материјали; Долготрајно инвестирање во термоизолација на објектите.

За оваа задача учениците треба да бидат организирани во мали групи и да ги споделат обврските и задачите за истражувањето. Така ќе работат на проект,со користење на техники за проектни задачи. Се формират групи, се поставува задачата, се определуваат целите кои ќе бидат патоказ во работата и истражувањето.

Page 34: raspredelenis 6 devetoletka

Групите се распоредуваат на своите места и сите добиваат задачи и се објаснува начинот на учење преку истражување и решавање на проблем. Ги гледаат сите извори на информации и материјали, ги споредуваат и се договараат за активностите.

Наставни средства: Учебник по ТО, Слики, брошури и списанија, интернет, примери на материјали и сл.

Методи: Метод на разговор, усно излагање, групна форма,презентирање, воочување.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Учениците го презентираат својот труд пред другите групи. Можат да направат ранг листа според квалитетот на изработките по однапред определени критериуми за оценување. На пример: време за изработка, точност, прецизност, креативност и дизајн на производот и сл.

Наставникот ги проценува постигањата, знаењата и вештините на учениците, кои ги бележи во нивното портфолио.

Очекувани резултати

Ученикот/ученичката

Знае како да ја искористи енергијата во домот; Добива престава што е термичка изолација; знае за ефектите од примената на термичката енергија

Час21 и 22 Од идеја до готов објект/производ- Охридска куќа Цели: Ученикот/ученичката може:

Да го уредува и организира работното место Да го чита и анализира техничкиот цртеж и упатство Да ги препознава елементи на градба Правилно да го употребуваат алатот, приборот и материјалот за

работа

АКТИВНОСТИ, МЕТОДИ И НАСТАВНИ СРЕДСТВА

Наставникот објаснува за фазите на изработка на Охридската куќа која има свои специфични обележја.Треба да им овозможи на учениците решавањето на проблемите и фазите на работа при изработка на задачата да биде низ различни пристапи на работа при што мора да дојде до израз нивната креативност за работа, дизајнирање и обликување на материјалите. Учениците го читаат техничкиот цртеж и ги применуваат постапките за работа според даден монтажен технички цртеж. Наставникот при тоа им укажува на важноста на постапките при

Page 35: raspredelenis 6 devetoletka

изработката на моделот.Учениците по изработкаката на моделот на Охридската куќа преминуваат на естетско дизајнирање. Наставни средства: Учебник по ТО, работна тетратка , прибор и алат за работа, материјал за работа.

Методи: Метод на разговор, усно излагање,презентирање, воочување.

ЕВАЛУАТИВНИ АКТИВНОСТИ

Учениците ги одбираат најдобрите според критериуми и претходно рангирање за вреднување на квалитет, Наставникот ги вреднува креативноста на идејата, процесот на активност и дизајнирање на моделот. Може да организира завршна активност и со натпреварувачки карактер.Наставникот ја бележи нивната работа на аналитичка листа. Ја следи и вреднува презентацијата на учениците за завршената задача.

Очекувани резултати

Ученикот/ученичката

Правилно го уредуваат и организираат работното место, а воедно и безбедно го употребуваат алатот за работа

Вршат презентација на изработената макета Изградуваат критериуми за добро изработена макета