Музичко Воениот...

60

Upload: others

Post on 31-Jan-2020

74 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

Музичко лето со Воениот оркестар

Музичко лето со Воениот оркестар

Десет години од формирањето на Воениот музеј

Интервјусо Mарина Пендеш, министерка за одбрана на Република Босна и Херцеговина

24 часа„Анаконда 2016“

24 часаМакедонските „волци“ на „Saber Junction 16“

Оружје за лична заштита Автомат со футуристички изглед „ФН П-90“

Амфибиско оклопно извидувачко возило„Luchs“

24 часаЛогистиката е основата на Армијата

На прва линијаТерористички напади во западноевропските земји

Вооружување„AIRBUS AS365 DAUPHIN“ – хеликоптер за долги летови

Вооружување„ASTER“ – француски ракетен систем за ПВО од среден дострел

Вооружување„M-ATV“ - Оклопно возило 4x4

РепортажаПрипадници од АРМ на брзи води

ГлобалПриспособи се и победи – Урбана војна

Менување на перцепцијата за АвганистанГрадење национален бренд

с о д р ж и н аШТИТ година VIII број 81 јули 2016

812

6

16

20

22

24

28

3234

36

40

52

Со настапот одржан на 2 јули, кој започна пред платото на Музејот на македонската борба па до плоштадот „Македонија“ во Скопје, започна да се реализира

манифестацијата „Музичко лето со Воениот оркестар“, организирана од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.Манифестацијата ќе се одржува во текот на целиот летен период во различни градови ширум Република Македонија, при што ќе биде изведуван различен репертоар од опусот на композициите што ги изведува Воениот оркестар на Армиојата на Република Македонија.

14

Во претходниот број на „Штит“, во Уводникот се осврнавме на потребата од постојана

регионална соработка помеѓу земјите од регионот, нагласувајќи дека токму регионалната соработка е клучот за стабилноста на регионот. Овојпат накратко ќе посочиме на некои конкретни придобивки и резултати произлезени од добрата регионална соработка помеѓу армиите и министерствата за одбрана на земјите од Западен Балкан. На 15 јуни 2015 година во Белград, Р. Србија беше одржана завршната конференција во рамките на големиот проект „Поддршка на интегрирањето на принципите на родовата рамноправност во реформите на СБ на Западен Балкан“ спроведен во четири земји од Западен Балкан. Проектот траеше од 2012 до 2016 година, под покровителство на UNDP SEESAC и финансиска поддршка од Министерството за надворешни работи на Норвешка, Вооружените сили на Шведска и UNDP.Целта на Завршната конференција беше да се презентираат постигнатите резултати во однос на зајакнувањето на родовата рамноправност и интегрирањето на родовата перспектива во реформските процеси во секторот одбрана на земјите од Западен Балкан, а резултатите од преземените активности во оваа насока во сите четири земји од Западен Балкан: Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и

Република Македонија, навистина се импозантни.Етаблирана е мрежа од 33 сертифицирани обучувачи за родова еднаквост во секторот одбрана, кои во изминататиот период организираа многубројни семинари и обуки во рамките на своите земји и кои се во постојана координација и меѓусебна соработка. Беа имплементирани нови и беа зајакнати постојните механизми за зајакнување на родовата рамноправност, за кои се дискутираше, се разменуваа искуства и истите се доизградуваа на честите регионални средби помеѓу претставниците од армиите и министерствата на земјите. Беше изработена заедничка Студија за положбата на жените во вооружените сили во земјите од Западен Балкан, во која заеднички се евалуираа состојбите во сите четири земји, прецизно, статистички и теориски се елаборираше постигнатото и се даваа насоки за уште подоследно спроведување на сите зацртани родово одговорни политики и побарувања.На конкретните достигнувања и постигнатите резултати во рамките на овој значаен регионален проект ќе се осврнеме пошироко во некој нареден број на „Штит“, Засега само ќе заклучиме дека регионалната соработка, не само во еден дел, туки на секое поле и на сите нивоа е неопходна за да се постигнат значајни придобивки и резултати и за да се остварат зацртаните политики и стремежи на земјите од регионот.

д-р Жанет Ристоска

Значајни придобивки и резултати

ШТИТ е магазин на Министерството за одбрана на Република Македонија

Излегува од печат еднаш во месецот

Цената на еден примерок е 50 денариГодишна претплата 600 денари

„Орце Николов“ 116 1000 Скопје, Република Македонија

Телефони: 02 3128 276www.morm.gov.mk; E-mail: [email protected]

жиро с-ка 05001001 1678720(повикување на број: 725939-10)

даночен број: 4030990271748ТС 100000000063095

Издавач:Министерство за одбрана на Република Македонија

Подготвува:Издавачки совет

Претседател на Издавачкиот советд-р Зоран ЈолевскиМинистер за одбрана

на Република Македонија

Главен и одговорен уредник:д-р Жанет Ристоска

Редакција:Билјана Иванова

(технички уредник) Митко Василевски

(новинар) Кристина Илиевска

(новинар) Ксенија Митева

(лектор) Александар Атанасов

(фотографии)

Димче Исаиловски, академски сликар

(ликовно-графички дизајн и корица)

Печати: „Европа 92“

Кочани

4

Инфо

5

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, на покана на Атлантскиот

совет, учествуваше на конференцијата „Иднината на проширувањето на НАТО и новите граници на европската безбедност“ на Третиот панел посветен на „Иднината на проширувањето: Дали вратите на НАТО сè уште се отворени“, која се одржува во Вашингтон, САД. Во своето обраќање на Панелот, министерот Јолевски, истакна дека изминатите две декади Македонија докажа дека од консумент стана земја која придонесува за светскиот мир и безбедност. Македонија покажа дека македонските војници „рамо до рамо“ со останатите војници од Алијансата, се борат за вредностите што ги споделуваме, и дека е партнер на НАТО на кого може да се потпре. Реформите што ги правиме во одбраната се важни за НАТО-аспирациите, но многу поважни за нас самите. Да имаме силна и мобилна армија е многу важно за Македонија и за целиот регион. Со акцискиот план за членство во НАТО се јакне општеството, демократските институции, и покажуваме капацитет дека ги споделуваме истите вредности.

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, во рамките на посетата на САД оствари средби

со сенаторот Том Котон, со поранешниот советник за национална безбедност на претседателот Обама, генерал Џим Џонс, со советникот за безбедносна и одбранбена политика во „Герман маршал фонд“, Дерек Колет, а оствари средба и со претставници на американска компанија заинтересирана за инвестирање во наменска индустрија во Македонија и во полигонот „Криволак“. Министерот Јолевски се осврна и на регионалната соработка и на потребата земјите да соработуваат во борбата против тероризмот како глобален предизвик, а воедно информираше дека Република Македонија се пријави да биде домаќин на Командата на Штабот на СЕЕБРИГ. На средбите, министерот Јолевски ги информираше соговорниците за реформите во одбраната, за процесот на модернизација на АРМ кој се реализира во согласност со НАТО-стандардите, за учеството на припадниците на АРМ во НАТО-мисиите, за започнување на процесот за изработка на нова Стратегија за одбрана и Стратегиски преглед на одбраната, како и за учеството на АРМ на најголемата воена вежба „Анаконда 16“, која во моментов се одржува во Полска. Притоа ги презентираше аргументите зошто Македонија треба да добие покана за членство во НАТО и дека евроатлантските интеграциии се врвен приоритет на Владата на Република Македонија. Соговорниците разговараа за претстојниот самит во Варшава и за значењето на политиката на „отворени врати“ на НАТО.

Министерот Јолевски во работна посета на САД

Учество на конференција во Вашингтон

5

Припадниците на АРМ кои во следните шест месеци ќе учествуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во

Авганистан остварија средба со министерот за одбранад-р Зоран Јолевски и со началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски. Армијата на Република Македонија преку учеството во мисијата „Одлучна поддршка“, како и во останатите мисии предводени од ЕУ и ОН, го потврдува својот придонес во зачувувањето на мирот и безбедноста. Четвртата ротација составена од 13 старешини е упатена во Командата за обука, советување и асистенција на главниот град (КОСАГГ) во мисијата „Одлучна поддршка“, каде ќе извршуваат штабни должности. Покрај тринаесетте старешини кои учествуваат во КОСАГ, дваесет припадници на АРМ учествуваат во силите за обезбедување на Главната команда на мисијата „Одлучна поддршка“ во Кабул и шест старешини во Командата за обука, советување и асистенција „Север“.

Нова ротација

Министерот Зоран Јолевски и генерал Џејмс Јонс

Министерот Зоран Јолевски и началникот, Министерот Зоран Јолевски и началникот Министерот Зоран Јолевски и началникот, Министерот Зоран Јолевски и началникот генерал-потполковник Методија Величковски, генерал-потполковник Методија Величковски генерал-потполковник Методија Величковски, генерал-потполковник Методија Величковски со припадниците на АРМ кои заминуваат во со припадниците на АРМ кои заминуваат во со припадниците на АРМ кои заминуваат во АвганистанАвганистанАвганистан

Министерот Зоран Јолевски на конференцијата во Вашингтон

Во срцето на главниот град, во преубавата свечена сала на „Порта Македонија“, имавме чест да присуствуваме на Свечената

академија по повод 10-годишнината од формирањето на Воениот музеј на Република Македонија.

На свечената академија беа присутни министерот за одбрана, д-р Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, заменик-министерот за одбрана д-р Беким Максути, ЗНГШ, генерал-мајор Мухамет Рацај, поранешни

министри за одбрана, пратеници од Собранието на Република Македонија, членови на Комисијата за безбедност, како и високи претставници на дипломатскиот кор. Во несекојдневно свечена и пријатна атмосфера ја слушнавме приказната за формирањето, за улогата и за значењето на Воениот музеј на Република Македонија.Министерот за одбрана, д-р Зоран Јолевски, проговори за важноста на овој јубилеј и за значењето на Воениот музеј, како место каде што се собираат експонати за личности и настани од долговековното воено минато на земјата. Тој нагласи дека сите тие експонати се потсетување за нашата татковина, но и аманет за идните поколенија. Директорот на Воениот музеј, д-р Александар Стојчев, со огромна емоција ги раскажа првите иницијативи и првите напори да се собере и да се архивира материјалното сведоштво за борбената историја на овој мал, но храбар народ. Меѓу првите 76 сопствени музејски експонати, собрани на почетокот од 2006 година, се најде уникатна збирка што претходно не била регистрирана во музејската

ДЕСЕТ години од формирањето на Воениот музеј

дејност во Република Македонија. Стари воздухоплови, патролни чамци, оклопни борбени возила, стари артилериски орудија и друго старо и трофејно оружје и експонати. Собирањето и регистрирањето на значајни историски експонати се одвивало преку систематизиран прилив од Министерството за одбрана и единиците на АРМ, но и преку донации од бројни граѓани на Република Македонија и посетители од странство, кои имаа огромна желба и ентузијазам да помогнат за опстојувањето и развојот на првиот Воен музеј во повеќемилениумската македонска историја. „Воениот музеј е институција со мисија да открива, да собира, да истражува, да конзервира и да чува предмети, документи и други сведоштва поврзани со воената историја на Македонија, да организира постојани и повремени изложби и едукативни програми и настани. Но, основната задача на Музејот е афирмација на Армијата на Република Македонија и на военото минато на земјата, како и јакнење на националната свест низ обединување на граѓаните на Република Македонија

околу заедничкото културно наследство на државата“, истакна директорот Стојчев во своето обраќање по повод десетгодишниот јубилеј на Музејот. А, ние, ќе дополниме дека за овие десет изминати години, Воениот музеј имаше мошне продуктивна, интересна и ангажирана мисија – да нè запознае со многубројните аспекти на нашето национално историско минато.Воениот музеј е единствената национална институција каде може да се разгледаат систематски собраните материјални сведоштва за минатата, но и за современата вооружена сила на нашето општество - Армијата на Република Македонија. Во Воениот музеј се чуваат експонати од дамнешни битки и настани,

но и сведоштва за учеството на нашите мировници во меѓународните мисии од НАТО, Обединетите нации и Европската унија.Денес во фондот на Воениот музеј, како што посочи д-р Стојчев, се наоѓаат повеќе од 3.000 предмети, близу 5.000 книги и бројна архивска документација и дигитални записи, кои се од непроценливо културното наследство за Република Македонија, што сведочи за појавата и развојот на воената историја на територијата на нашата држава од праисторијата до денес.Ќе истакнеме дека Воениот музеј на Република Македонија во 2011 година стана членка на Меѓународната мрежа на музеите за мирот со седиште во Хаг и досега е единствена институција од Балканот која е членка на оваа реномирана мрежа каде се споделуваат идеи и музејски активности за поддршка на мирот. Во 2011 година, во соработка со Нобеловиот мировен центар од Осло и Спомен-куќата на Мајка Тереза од Скопје, е организирана изложба „Нобеловците и АРМ за мирот“. Воениот музеј, како специјален подарок од Нобеловиот

мировен центар од Осло, ја доби дупликат Нобеловата диплома за мир, што на МајкаТереза ѝ беше доделена во Осло во 1979 година, како своевиден ексклузивитет во музејската дејност во Македонија, бидејќи до 2011 година институциите во Република Македонија не го поседуваа овој особено важен музејски експонат. Воениот музеј е особено активен во меѓународната соработка во рамките на одбележување на стогодишнината на настани од Првата светска војна, преку учество на меѓународни научни и стручни конференции и комеморативни настани во Германија, Франција, Италија и Турција. Еден од поважните меѓународни проекти се реализираше на крајот на

2015 година, каде заедно со Државниот архив на Република Македонија, Воениот музеј учествуваше во организирањето на музејска поставка на тема „Македонија и Првата светска војна“ во Воениот музеј на Шведска во Стокхолм. Особено значајно, од аспект на меѓународната соработка, беше потпишувањето на Меморандумот за соработка со Воениот музеј на Кралството Шведска во 2015 година, што ќе отвори врати за нови проекти и изложби на меѓународен план.Ние, како редакција, ги следевме сите настани, изложби и активности кои во изминатите години ги имаше Воениот музеј на Република Македонија и со гордост пишувавме за нив. И, за крај, како што истакна и министерот за одбрана на Република Македонија во своето обраќање, уште еднаш ќе потврдиме дека наша задача е преку одбележувањето на значајни јубилеи на институциите на самостојна и суверена Република Македонија, да ја славиме слободата и независноста на граѓаните на нашата држава.

д-р Жанет Ристоска

7

8

Колкаво е значењето на интеграцијата на земјите од регионот во НАТО и во ЕУ и кога очекувате дека Босна и Херце-

говина би можела да пристапи кон НАТО и ЕУ?

– Сметам дека интегрирањето на Босна и Херцеговина во НАТО и во ЕУ нема друга реална алтернатива. Најдолгата граница на Босна и Херцеговина е со Република Хрватска и изнесува повеќе од 1000 километри, а Република Хрватска е земја која денес е членка и на НАТО и на ЕУ. Се граничиме и со Република Србија која е членка на Партнерството за мир и има статус на земја-кандидат за прием во Европската унија. Исто така, споделуваме граница и со Република Црна Гора, која веќе доби покана за прием во НАТО.Сите останати земји од регионот имаат ре-чиси идентични стратегиски цели во однос на надворешната политика, како и Репу-блика Босна и Херцеговина. Затоа, мошне значајно е во скоро време сите заедно да се најдеме во една асоцијација која ќе ни

Интервју со Mарина Пендеш, министерка за одбрана на Република Босна и Херцеговина

9

гарантира безбедност, стабилност и про-сперитет.Република Босна и Херцеговина, во текот на минатата 2015 година, после периодот на определен застој на патот во евроат-лантските интеграции, успеа да направи значителен напредок. Со сите сили се насочивме да го исполниме последниот услов за активирање на МАП-процесот, а усвојувањето на Реформската агенда и реализацијата на задачите произлезени од агендата доведоа до тоа претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина д-р Човиќ, на 15 февруари оваа година и службено да го достави барањето на Босна и Херцеговина за зачленување во Европ-ската унија, што е најголем постдејтонски исчекор за Босна и Херцеговина.Ни претстои тежок пат кон евроат-лантските интеграции, пат кој бара исполнување на многу услови. По евен-туалното активирање на МАП-процесот и добивањето на статус на земја-кандидат нè очекуваат ред предизвици на кои ќе мора да дадеме адекватни одговори. Убедена сум во подготвеноста на клучните акте-ри на Босна и Херцеговина во насока на соочување со побарувањата од партнерите од Европската унија и НАТО за да можеме на тој пат да напредуваме со посакуваната динамика, а кога ќе стигнеме до посакува-ната цел не е благодарно да се прогнозира.

Каква е регионалната соработка на полето на одбраната помеѓу земјите од регионот, посебно соработката со Репу-блика Македонија?

– Во рамките на регионот се одвива една мошне добра и динамична соработка за којашто сите земји се определени, не само декларативно туку и во содржините на сите значајни стратегиски документи, како и

преку практичен и видлив ангажман.Партнерските држави надвор од регио-нот, пред сè, САД и западноевропските држави, како и меѓународните организации (НАТО, ЕУ, ОБСЕ), даваат неопходна по-литичка, стручна и материјална поддршка во однос на оваа регионална соработка и во рамките на заедничките проекти. Наша цел, во Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина, е регионалната соработка да ја доведеме на највисоко можно ниво, и сметам дека сме на добар пат, за што е сведочи и мојата недамнешна посета на Република Македонија.Односите на билатерално ниво со сосед-ните земји, исто така ни се мошне добри.

Немаме отворени прашања од аспект на Министерството за одбрана на Република Босна и Херцеговина и затоа регионалната соработка ја оценувам за најдобра досега. Состаноците кои минатата година беа одржани во текот на Сеопфатната мини-стерска конференција во Дубровник, Репу-блика Хрватска, беа мошне плодотворни и успешни, а посебна чест ми беше што претседавав со Состанокот на министрите во А5-формат (Американско-јадранска иницијатива – US-A5).Во однос на соработката со Република Македонија, која ја сметам за исклучително пријателска земја, посебно ќе го нагласам значењето на можноста наши кадети да

10

се школуваат на Воената академија во Република Македонија. Исто така, мошне е значајна размената на инструктори во центрите за обука и тренинг. Исто така, ќе споменам дека нашите припадници кои ја следеа обуката за офицери имаа можност да бидат дел од Летниот кампус во организација на Воената академија на Република Македонија, а наш СТАНАГ-тим ја тестираше Армијата на Република Македонија. Сето тоа е показател на една квалитетна соработка помеѓу нашите две држави, која мора да продолжи и во иднина. Ќе повторам дека сме определени за заеднички регионални иницијативи, што претставува и добра рамка за остварување на целите во сферата на мировните опера-ции. Сметам дека во Босна и Херцеговина, како и во другите земји од регионот, постои потенцијал за зголемување на придонесот во мировните мисии, и ние сме подготвени да соработуваме со останатите земји за реализација на таа цел.

Какви се искуствата на вашите припад-ници во мировните мисии?

– Ние во Босна и Херцеговина пред не-колку месеци одбележавме 15 години од учеството во мировните операции, а во текот на тие 15 години во операциите за поддршка на мирот учествуваа повеќе од 1000 активни воени лица (DVO), од коишто 34 беа жени. Сметам дека со овој факт, земајќи ги предвид и пофалбите коишто нашите припадници ги добиваат за нивното учество во мировните операции, треба навистина да се гордееме, затоа што од држава којашто примаше меѓународна по-мош, дојдовме во позиција нашите Воору-жени сили да учествуваат во изградбата на светскиот мир и да придонесуваат кон гло-балната стабилност. Во однос на учеството во мисиите, во НАТО-предводената мисија ISAF во Исламската Република Авганистан учествувавме со пешадиска формација од 45 припадници во текот на 8 ротации. Моментално со наша формација учеству-ваме и во мисијата „Одлучна поддршка“ во

Исламската Република Авганистан. Исто така, имаме 8 штабни офицери распоре-дени во северниот дел на Авганистан. Уче-ствуваме и во мировни мисии под мандат на ОН, и тоа во мисијата MONUSCO во Конго со 5 припадници и 2 припадници во мисијата MINUSMA во Мали, со можност за испраќање на дополнителни 8 припадници. Покрај тоа, ние ќе продолжиме да даваме и други видови и облици на поддршка, како што се: капацитетите на Центарот за обука за мировни операцииe (PSOTC), центрите за деминирање на Вооружените сили на Босна и Херцеговина (OS BiH), учество во проекти за изградба на регионални капацитети како што се Балканските меди-цински сили и друго. Во наредниот период наша интенција е, секако во согласност со Претседателството на Босна и Херцеговина како врховен командант на Вооружените сили на БиХ, во наредниот период да про-должиме со партиципацијата во миро-вните мисии предводени од НАТО, но и во оние предводени од ОН, при што секако ќе дадеме личен придонес за изградба на мирот ширум светот. Со учеството во мисиите, припадниците на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, стануваат и

најдобрите промотори на државата Босна и Херцеговина. Се чувствува ли бегалската криза во вашата земја, со оглед на тоа дека не сте директно на трасата на бегалците и мигрантите?

– Со оглед на тоа дека нашата држава не е на рутата по која се движат бегалците и мигрантите, може да кажам дека сè уште не сме ги почувствувале последиците со кои се соочуваат другите држави преку чија територија се движи бранот од бегал-ци. Сепак, иако состојбата моментално не е загрижувачка, Советот на министрите на Босна и Херцеговина веќе презеде конкретни чекори, со цел да се даде адек-ватен одговор во случај на евентуален прилив од бегалци. Упативме неколку при-падници на Вооружените сили на Босна и Херцеговина во Република Хрватска, со цел да се запознаат со состојбите и актив-ностите што ги преземаат Вооружените сили на Република Хрватска (OSRH) во однос на прашањата во врска со бегал-ската криза и да ги пренесат искуствата со кои ќе се здобие нашиот персонал. Исто така, беа разгледани и определени локации за евентуално сместување на бегалците, што значи дека сме подготвени да дадеме поддршка и во тој поглед.

Како е решена застапеноста на при-падниците на конститутивните народи кога во рамките на Министерството за одбрана и Вооружените сили на Босна и Херцеговина, со оглед на тоа дека Босна и Херцеговина е посебен пример на мултинационална заедница?

– Босна и Херцеговина, како што и самите споменавте, е специфичен пример на држава која ја сочинуваат припадници на конститутивни народи кои имаат подеднак-ви права, но и жители коишто не се така определени. Застапеноста е решена со Одлука на Претседателството на Босна и Херцеговина која се однесува на големина-та, организацијата и локациите на Во-оружените сили на Босна и Херцеговина, одлука која јасно ја пропишува национал-ната застапеност во системот на одбра-ната. Сметам дека заемното почитување, јасните прописи во оваа сфера и консен-зуалното решавање на проблемите се ос-новните аргументи кои ми даваат право да кажам дека реформата на одбранбениот систем, всушност, е една од најуспешните реформи во Босна и Херцеговина.

Со оглед на тоа дека веќе со години на-назад сте имале раководни позиции во Министерството за одбрана и дека сте дипломирале на Факултетот за воено-технички науки, а сето тоа во јавноста важи за доминантно машка професија, сметате ли дека во Босна и Херцегови-на постои стереотип за машки и женски професии?

11

– Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина вредно работи на от стра-ну вање на сите видови предрасуди во тој поглед и ги согледуваме позитивните придвижувања во рамките на последните неколку години, бидејќи од само неколку жени коишто се јавија на нашите конкурси, дојдовме до состојба кога повеќе стотици жени се кандидираат за некоја од позиции-те во вооружените сили. Бројот на жени на раководни позиции во системот е во пораст во текот на последните неколку години, а во моментов имаме најмногу припаднички на раководни позиции и должност коман-дант на чета, а моментално имаме една жена-шеф на отсек во Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина. За-интересираноста на жените за учество во мировните мисии е во пораст. Досега жените партиципираа со 7,5% во вкупната бројка на припадници на Вооружените сили на Босна и Херцеговина кои беа упатени во мировни мисии, а во 2015 година беше упатена во мировна мисија и една жена-офицер на Вооружените сили на Босна и Херцеговина. Сметам дека сето ова е добар показател дека во нашата држава сè помалку има предрасуди кога станува збор за поделба на машки и женски професии, а

тоа, секако, доволно говори и за зрелоста на нашето општество.

Какви се искуствата на Министерството за одбрана во однос на спроведувањето на Резолуцијата 1325 на Обединетите нации?

– Резолуцијата 1325 на Советот на без-бедност на ОН е документ од историско значење кој налага учество на жените во процесите на донесување одлуки, мировните преговори и во процесите на вклу чувањето на родовите перспективи во обуките за мировните мисии, заштитата на девојчињата и на жените за време на конфликтот, како и во постконфликтниот период, како и вклучување на родовите перспективи во врска со известувањата и работата на мировните мисии.Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина целосно е посветено на прашањата на активната улога на жените и промовирањето на родовата рамноправ-ност во Министерството за одбрана и во Вооружените сили на Босна и Херцеговина, како и на исполнување на сите цели и обвр-ски кои произлегуваат од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН. Босна и

Херцеговина е прва држава во регионот која го усвои Акциониот план за 2010–2013 г., а претставници на Министерството за од-брана на Босна и Херцеговина учествуваа и во изработката на новиот Акционен план за периодот 2014–2017 година. Министерство-то за одбрана на Босна и Херцеговина ги доби првите обучувачи за родова еднак-вост, кои во наредниот период ќе учествува-ат во обуката на припадниците на Мини-стерството за одбрана и на Вооружените сили на Босна и Херцеговина и кои, исто така, ќе ја воспостават и ќе ја прошируваат мрежата на обучувачи за родова еднаквост во Министерството и во Вооружените сили. Моментално во Министерството за одбрана жените се застапени со околу 40%, но сè уште немаме доволен број жени на рако-водни позиции. Ние сме задоволни, но оче-куваме оваа слика да се менува, бидејќи сметам дека жените се најголемите жртви во секој судир и најмногу се заинтересира-ни таквите ситуации да не се повторуваат. Затоа, заради превентивно дејствување, на жените треба да им се даде можност на ме-ста каде што се одлучува. Во Вооружените сили на Босна и Херцеговина има околу 7% жени, а наша цел е да имаме барем 10%. Притоа, жени-офицери се околу 3% , по-дофицери околу 4%, а жени-војници околу 7%, а тоа е процент кој е повисок во однос на државите во регионот. Во согласност со предлогот на петгодишниот план за развој на Вооружените сили на Босна и Херцего-вина, предвидено е застапеноста на жените во Вооружените сили да биде 10%.

На кој начин се произведува стручен воен персонал за потребите на Воору-жените сили и на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина?

– Босна и Херцеговина нема сопствени воени школи, а највисоките нивоа на образување и усовршување се одвиваат во странство, на престижни воени школи и универзитети, како на пример во: САД, Ве-лика Британија, Турција, Грција, Хрватска, Србија, Македонија и во други пријателски држави, преку реализација на билатерални договори и меморандуми за соработка. Освен процесите на напредување преку службата во Вооружените сили, Министер-ството за одбрана на Босна и Херцеговина во 2012 година, преку партнерството со Ам-басадата на Велика Британија и НАТО-шта-бот во Сараево, изработи проект за избор и обука на офицери од цивилната сфера, што произлезе од потребата за сопствен избор и обука на офицерите за Вооружени-те сили на Босна и Херцеговина. Во рамки-те на структурата на Вооружените сили на Босна и Херцеговина, значајна улога има и Командата за обука и доктрина, каде што со помош на различни курсеви и обуки до-полнително ги едуцираме нашите припад-ници, што води кон поголема функционал-ност на Вооружените сили, а од сето ова најголема корист имаат нашите граѓани.

д-р Жанет Ристоска

Учеството на единиците на Армијата на Република Македонија на меѓународни во-ени вежби секогаш претставува

предизвик за припадниците на АРМ затоа што, освен партиципирањето во миро-вните мисии предводени од НАТО, ЕУ и ОН, вежбите претставуваат и можност за покажување на достигнатите стандарди во обуката и на подготвеноста за извршување здружени операции со армиите на земјите-членки на НАТО.Последна вежба на која учествуваа еди-ници на АРМ е воената вежба „Анаконда 2016“, која се одржа во Република Полска во периодот од 06.06 до 17.06.2016 година. „Анаконда 2016“ е најголемата воена веж-ба организирана во Европа од 1980 година наваму, со учество на 31.000 припадници на армии од 24 земји од НАТО и од Пар-тнерството за мир (ПЗМ). На оваа вежба, во организација на Армијата на Соедине-тите Американски Држави во Европа и на Вооружените сили на Република Полска,

беа вклучени копнени, воздухопловни, морнарички и специјални сили од дваесет армии на НАТО и четири партнерски нации (Македонија,Финска, Шведска и Украина).Контингентот со кој АРМ учествуваше на „Анаконда 16“ го сочинуваа 157 припад-ници од составот на Третиот механизиран пешадиски баталјон од Првата механи-зирана пешадиска бригада во јачина на една чета, еден вод од Баталјонот на Во-ената полиција, припадници од Полкот за специјални операции и штабен персонал, кои пред заминувањето во Полска имаа комплексни подготовки на Армискиот по-лигон „Криволак“. Бројот на припадници на АРМ, споредено со вкупниот број учесници на вежбата, можеби изгледа незначителен, но про-центуално, според големината на АРМ, е респектабилен и е поголем од други армии од партнерските земји кои учествуваа на вежбата. Воедно, овој број симболично соодветствува со бројот на припадници со кој АРМ учествуваше во поголемиот број

од своите ротации на контингенти во миро-вната мисија ИСАФ. Единиците на АРМ беа распоредени на три локации: на Дравско-поморско армискиот полигон, реонот на Чемно и Мирославјец, каде беа стационирани во логорски простории и во реони каде што заедно со останатите ги изведуваа веж-бовните активности. Во десетте денови на изведување на вежбовните активности, здружено, со при-падниците од другите партнерски армии, и тоа Механизираната пешадиска чета со припадниците на Армијата на Р. Бугарија, водот на Воената полиција и со припадни-ците од Полкот за специјални операции, заедно со припадниците на вооружените сили на САД и на Р. Полска, изведуваа комплексни ситуациони вежби на повеќе нивоа во согласност со зададеното сцена-рио.Сценариото на вежбата „Анаконда 16“ беше од дефанзивен карактер и, пред сè, беше направено со цел да се испробаат

12

24 часа

„Ана

конд

а 201

6“24 часа

способностите на коалиционите партне-ри за изведување здружени операции и распоредување на големи воени едини-ци. За Вооружените сили на Република Полска, воедно, ова беше еден тест за нејзините способности и за улогата на поддршка на земја-домаќин на масовен број на вооружени сили. За првпат на оваа вежба сценариото вклучуваше и борбени елементи во сајбер-просторот.Припадниците на водот на Воената полиција за време на вежбата, заедно со своите колеги од 709. баталјон на Воената полиција од 18. воено-полициска бригада од Армијата на САД, покрај останатото, ги покажаа вештините при обезбедување на правци за премин на конвој и на високи државни личности преку 330-метарскиот понтонски мост на реката Вистула, кој беше изграден за половина час од страна на мул-тинационалната инженериска бригада.Воедно, со своите колеги од армиите на САД и на Бугарија, нашите припадници на Армијата реализираа гаѓања од разни

видови оружје и извежбувања на реакција на контакт. Покрај другото, на главниот плоштад во населеното место Хелмно, на тактичко-технички збор, ги демонстрираа техничките карактеристики на оружјето и техниката која што ја користеа нашите при-падници на вежбата.Армиските полигони во реонот на Драв-ско, каде што припадниците на АРМ од Механизираната пешадиска чета, заедно со своите колеги од Копнените сили на Армијата на Република Бугарија изведуваа вежбовни активности, беше главна арена на мултидимензионална кооперативност на воздухопловните сили со копнените сили и артилеријата. Од страна на копне-ните сили се изведуваа тактички вежби со боево гаѓање во одбрана и во напад, со покажување на знаењата при заеднички распоред и одржување на борбената моќ.Целта на вежбата во вежбовниот дел на десетдневните активности беше постиг-ната – да се комбинираат разместените сили за изведување дефанзивни операции

и да се создадат пријателски услови за воведување на силите за засилување на Алијансата во борбени операции.Исто така, и главната цел на вежбата, а тоа беше интероперабилноста, соработка меѓу земјите-членки на НАТО и ПЗМ, како и градење на меѓусебна доверба при за-едничко учество во меѓународни здружени операции, беше целосно остварена. Со учеството на оваа голема здружена вежба, АРМ, како и многупати досега по-кажа дека е способна за спроведување на НАТО-стандардите и на оперативните процедури и може рамноправно да уче-ствува во секаков вид на сложени вежби и операции за поддршка на мирот и без-бедноста, заедно со партнерските земји-членки на НАТО. Достојно беше презенти-рана високата обученост и подготвеност за изведување сложени борбени задачи, како и потполна интероперабилност со проце-дурите кои се применуваат во НАТО-пар-тнерските армии.

Тони Јаневски

13

14

Македонските „волци“ на

„Saber Junction 16“

Mултинационалната здружена вежба на НАТО-членки и пар-тнери под кодното име „SABER JUNCTION 16“ се реализира-

ше на повеќе локации и бази во Европа. На самата вежба учествуваа околу 5000 припадници од 16 држави: Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Италија, Латвија, Литванија, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија, Шведска, Обединетото Крал-ство и Соединетите Американски Држави. Република Македонија испрати петнаесет припадници од својата најелитна единица т.е. од Баталјонот за специјална намена од составот на Полкот за специјални опе-рации. Иницијалните подготовки, маке-донските „волци“ ги започнаа на терените на АП „Криволак“, каде имаа заедничка

обука со припадниците на Армијата на Соединиетите Американски Држави. Заедничката обука, како и разменетите искуства, беа од исклучителна важност за самата вежба. Значењето на оваа билатерална соработка, која се реали-зираше на АП „Криволак“, се потврди со неколкучасовната посетата на министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски и на претставниците од Канцеларијата за одбранбена сора-ботка на САД во Република Македонија при Амбасадата на САД во Република Македонија, кои не штедеа зборови на пофалба за виденото. Непосредните подготовки и реализација на различните видови гаѓања се одвиваа во Американската воена база „Графенвер“ – Германија. Припадниците на Баталјонот

за специјални намени изведоа неколку тимски вежби и реализираа гаѓања со раз-лични видови на вооружување. Непосред-ните подготовки беа реализирани со една цел – зголемување на интероператибилно-ста помеѓу единиците кои учествуваат во вежбата. Вежбата „SABER JUNCTION 16“ се реали-зираше во Здружениот мултинационален центар за подготвеност во Графенвер и Хохенфелс – Германија, но повремено беа користени и базата во Авијано - Италија и бази во делови на Литванија и на Романија. Реализацијата на вежбата за-почна на 7 април - сценариото на вежбата започна. Припадниците на Баталјонот за специјална намена добија специјална задача која требаше да ја реализираат во најкраток рок, со цел да ги поддржи

24 часа

15

Македонските „волци“ на

„Saber Junction 16“

главните сили на вежбата. Реализацијата на зададената мисија беше според сите стандарди и очекувања, а македонските „волци“ уште еднаш го оправдаа својот висок углед. Главните сили на вежбата, составени од 980 падобранци од 173. воздушно-десантна бригада на Армија на Соединетите Американски Држави, една чета од 16. воздушно-десантна бригада на Обединетото Кралство, и една чета составена од падобранци од Полска и од Италија, изведоа скокови во 12 налети. Авионите полетуваа од не-колку авиобази во Европа, но најголемиот дел ја користеа авиобазата во Авиано, Италија. Воздушниот десант на главни-те сили беше искористен од страна на организаторот на вежбата, како ден за високи гости, каде што високи претстав-

ници од земјите-учеснички на вежбата го проследија настанот и беа запознаени со деталите на вежбата, а воедно беше и одржана и прес-коференција за медиуми-те. Делегација од Република Македонија, која присуствуваше на денот за високи гости, предводена од генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, ја искористи оваа можност да се сретне со македонските учесници на вежбата. Во текот на вежбата македонски-от контингент доби уште неколку задачи кои ги реализира беспрекорно. За време на реализацијата на задачите на маке-донскиот тим му беше додадена група од 5 припадници од Вооружените сили на Босна и Херцеговина, кои ја искористија можноста, покрај соработката, да соберат искуство за начинот како македонските сили ги реализираат поставените задачи.

Главна цел на НАТО-алијансата беше оценување на подготвеноста на 173. воз-душно-десантна бригада и на нејзината обученост за брзо распоредување и постигнување на тактичка интероперати-билност помеѓу членките и партнерите на НАТО. Припадниците на македонскиот контингент, кои учествуваа на вежба-та, во целост ги оправда очекувањата. Резултатите кои ги постигнаа за време на реализирањето на поставените задачи, беа забележани и оценети со највисоки оценки од страна на домашните и странските оценувачи. Освен стекнатото искуство за време на вежбата, особено значајно беше продлабочувањето на пријателските врски со членките и партне-рите на НАТО.

Златко Блажески

16

Еволуцијата на вооружените конфликти на современото време доведе до потреба за што поефикасно опремување на

логистичките единици на вооружените сили. Под специфични задачи во најголем број случаи не се подразбира директен судир со противникот, како лично вооружување на припадниците на логистичките единици, туку се подразбира, пред сè, употреба на полуавтоматски пиштол со поголем капацитет на рамката за муниција или класичен автомат, исто така во пиштолски калибар, најчесто 9х19мм „Парабелум“. Опремувањето со јуришни пушки во практиката се покажало како непотребно, бидејќи оружјето од оваа категорија, поради големите димензии

и тежина претставувало пречка во извршувањето на секојдневните задачи на овие единици. Сепак, искуствата од светските војувалишта и кризните региони во последните децении јасно покажуваат дека терористичките, бунтовничките и ненадејните акции врз позициите на противникот имаат голем тактички, но и психолошки ефект, и стануваат сè позначајни во современото војување. Во нападите врз конвоите и базите, противникот дејствува брзо и силно, користејќи се со факторот на изненадување, но и со широк спектар на пешадиско вооружување, често и со мобилни противоклопни системи. Во такви ситуации, капацитетот на полуавтоматските пиштоли и на

Автомат со футуристички изглед „ФН П-90“

Опремувањето со јуришни пушки во практика се покажало

како непотребно, бидејќи оружјето од оваа категорија, поради големите димензии и

тежина претставувало пречка. Сепак, искуствата покажуваат

дека терористичките акции врз позициите на противникот

имаат голем тактички, но и психолошки ефект

автоматите, како и карактеристиките на најчесто користениот калибар 9х19мм „Парабелум“, едноставно не можат да понудат задоволително ниво на заштита. Токму овие ситуации влијаат врз настанувањето и врз развојот на новиот концепт на оружје за лична заштита. Кон крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години на минатиот век, неколку произведувачи почнуваат да работат на конструкција на ново оружје. На конструкторите им било јасно дека, во согласност со својата оперативна намена, новото оружје мора да биде компактно и со одлични ергономски решенија, за да не им пречи на корисниците при извршувањето на секојдневните задачи. Исто така, мора да постои полуавтоматски

и автоматски режим на работа, како и голем капацитет на рамката за муниција. Заради рационализација на обуката на корисниците, оружјето мора да има логичен и релативно вообичаен распоред на основните команди и едноставна конструкција која лесно се одржува. На крај, заради зголемување на ефикасноста, новото оружје мора да ги напушти традиционалните пиштолски калибри.Конструкциски гледано, на оружјето за лична заштита би можело да се гледа како на спој на решенијата на автоматите и јуришните пушки, соединувајќи ја компактноста на автоматите и огнената моќ на јуришните пушки. За развој на оваа категорија на оружје значајна е 1989 година, кога НАТО го објавува документот со ознака „D/296“ во кој, покрај другото, се истакнати минималните стандарди кои новите модели од оваа категорија би требало да ги задоволат: – новиот куршум треба да има

поголема запирачка моќ и пробојност, поефикасен дострел и прецизност отколку пиштолскиот куршум 9х19мм „Парабелум“;

– капацитетот на рамката за муниција треба да биде минимум за 20 куршуми;

– вкупната маса на оружјето не треба да поминува 3 килограми;

– конструкцијата и димензиите на оружјето треба да овозможат релативно

ефикасна употреба со една рака.Со истиот документ се дефинира и оперативната намена на ова оружје кое треба да обезбеди лична заштита во критични ситуации, кога корисникот е непосредно соочен со непријателот. Со оглед на тоа што се работи за минимални стандарди, на производителите наменски им е оставен простор дополнително да

ги унапредат конструкциите на своите модели. Во почетокот на деведесеттите години на минатиот век, белгиската компанија „ФН Херстал“ го понудила својот револуционерен проект под ознаката „ФН П-90“, чија конструкција била усогласена со НАТО-стандардите. Набрзо по претставувањето, оружјето во текот на Заливската војна во 1991 година ја имало својата теренска проверка, како составен дел од вооружувањето на белгискиот контингент во оваа војна. Оружјето „ФН П-90“ функционира по принцип на слободно повратно дејство на затворачот, испукувајќи од предната забравена позиција на затворачот, што позитивно се одразува врз прецизноста и контролата на огнот, особено при автоматскиот режим на работа. Затворачот има две повратни пружини кои се сместени на водилките кои се поставени паралелно. На предниот дел на затворачот се наоѓаат два клинови. Се работи за оружје со таканаречена

17

Конструкциски гледано, оружјето за лична заштита

би можело да се гледа како спој на решенија на автоматите и јуришните

пушки. Оперативната намена на ова оружје треба да обезбеди лична заштита во критични ситуации, кога корисникот е непосредно

соочен со непријателот

„bullpup“ конструкција кај која механичките делови се сместени во внатрешноста на кундакот, со што се постигнува исклучителна компактност на оружјето, а ракувањето со оружјето е олеснето со поставувањето на двострани и логично поставени основни команди. „ФН П-90“ користи специфичен калибар 5,7х28мм кој се одликува со исклучителна пробивност. Калибарот што „ФН Херстал“ го развил во согласност со НАТО-стандардите прво користел лесно зрно со ознака „SS90“ со маса 1,5 грама, за во текот на 1992 и 1993 година зрното биде заменето со ново, „SS190“, кое е за 2,7 мм пократко од претходното. Со комбинирање на јадрото од алуминиум и предниот дел изработен од челик, тежиштето на зрното е поместено нанапред, давајќи му права траекторија по напуштањето на цевката на оружјето, а повратното дејство при отворање оган е за околу 30 % помало отколку кај калибарот 9х19мм „Парабелум“. Според производителот, ефективениот дострел е до 200 метри, додека на поголеми далечини, поради малата тежина, зрното значително ја губи кинетичката енергија, така што, покрај останатото, е намалена и можноста за рикошетирање. Помалиот пречник на куршумот овозможува и поголем капацитет на рамката за муниција, која кај моделите „ФН П-90“, наменети за службени лица, прима 50 куршуми. Полуавтоматските верзии наменети за цивилни корисници, со ознака „ФН ПС-90“, имаат рамка со капацитет од 30 или 10 куршуми, во согласност со позитивните законски прописи на одредени земји. Рамките се изработуваат од провиден полимер, што овозможува корисникот во секој момент да има увид во преостанатата муниција, која при полнењето се мести во два реда. Површината на рамката е матирана, со цел да рефлектира светлост, што е случај и со сите надворешни делови на оружјето.Конструкторите на белгиската

компанија направиле храбро и неконвенционално решение, како на самата рамка за муниција така и кај механизмот за донесување на куршумот во лежиштето. Рамката се утврдува на горната страна на сандакот на оружјето, паралелно во однос на оската на цевката на оружјето. Положбата на муницијата е под прав агол во однос на оската на цевката, но рампата со кружен облик на предниот дел на рамката го ротира куршумот за 90 степени, и во таа положба го воведува во лежиштето. Ваквото решение придонесува за компактноста на оружјето, задржувајќи рамка со голем капацитет. Лостот за отпуштање на рамката е поставена од двете страни, во вид на лизгање, со нажлебено копче во форма на пирамида. Рамката се отпушта со туркање на копчето наназад и со повлекување на рамката

нагоре, што на неизвежбаниот корисник можеби ќе му треба работа со двете раце и поместување на оружјето од нишанската линија, што може да биде непријатно кога корисникот е во непосреден контакт со противникот. Уште едно неконвенционално решение на конструкцијата е и отворот за исфрлување на чаурите, сместен на долната страна, со што е оневозможено врелите чаури да го погодат лицето на корисникот или некого од страна.Сандакот на оружјето е изработен од полимер и се состои од горна и долна целина. Горната целина ја сочинуваат цевката со склопот на затворачот, рефлексниот нишан без зголемување (како и механичките нишани како помошни) и рамката за муниција. Долниот дел на сандакот се состои од кундакот со амортизерот на повратното дејство и склопот на механиката, како и групата за чкрапање. Задниот, горен дел на сандакот е благо засечен од двете страни заради поудобно поставување на образот на корисникот при нишанење и гаѓање, а благите заокружени контури на целото оружје ја намалуваат можноста за

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА СТАНДАРДНИОТ МОДЕЛ „ФН П-90“

ВКУПНА ДОЛЖИНА 505 мм

ДОЛЖИНА НА ЦЕВКАТА 264 мм

МАСА (СО ПРАЗНА РАМКА) 2,8 кг.МАСА (СО ПОЛНА РАМКА) 3,1 кг

ТЕОРИСКА БРЗИНА НА ГАЃАЊЕ 850-1100 куршуми во минута

18

Конструкторите на белгиската компанија направиле храбро и неконвенционално

решение, како на самата рамка за муниција така

и кај механизмот за донесување на куршумот во

лежиштето. Ваквото решение придонесува за компактноста

на оружјето, задржувајќи рамка со голем капацитет.

Положбата на муницијата е под прав агол во однос на

оската на цевката. Сандакот на оружјето е изработен од

полимер и се состои од горна и долна целина

закачување за опремата или при ракување во тесен простор. На долната страна е оставен мал прорез за закачување на тактички ремник, додека на предниот дел ремникот се закачува на жлеб на задниот крај на цевката. На долната страна се забележуваат два отвора со кружна форма, од кој задниот и поголемиот има улога на ракофат, а зад него е сместен отворот за исфрлање на чаурите. Пред ракофатот, во помалиот отвор, е сместено чкрапалото со неконвенционално решение на регулаторот на огнот. Режимот на огнот се бира со промена на положбата на регулаторот, кој е решен преку хоризонтално поставено тркалце, нажлебено од двете страни, заради прилагодување на потребите на корисниците кои се левучари. Ова, мошне изненадувачко решение засега може да се забележи и кај јуришната пушка на истиот производител „ФН Ф-2000“, во калибар 5,56х45мм НАТО, а меѓу корисниците не е многу популарно, пред

сè, поради тоа што при употребата на оружјето останува во најголем дел скриено од погледот на корисникот. Режимите на работа се претставени со букви и бројки, па така латиничната буква „S“ со бела боја означува закочен режим, кој го блокира повлекувањето на чкрапалото, додека црвената буква „А“ значи дека е автоматски. Се разбира, полуавтоматските верзии предвидени за цивилниот пазар имаат два режими – закочен и полуавтоматски. Чкрапањето има две колена, а доколку чкрапалото се повлекува до половина и во А-режимот ќе пука со единечен оган. Браникот на чкрапалото значително е зголемен и свиткан надолу

во вид на опашка, приспособено е на ергономијата на раката, па може да послужи и за држење на оружјето. Пред браникот може да се забележи уште еден вертикален браник кој е замислен како „предупредување“ на корисникот дека раката ја приближил кон устата на цевката, намалувајќи ги така шансите раката случајно да се поттргне и да дојде до несакано повредување.Од безбедносните механизми, покрај надворешната кочница на чкрапалото, оружјето има и внатрешна кочница на ударната игла, сместена во рамката на групата за чкрапање, која спречува несакано испукување (на пример, при паѓање на оружјето на цврста подлога). За отпуштање на кочницата и за отворање оган потребно е потполно повлекување на чкрапалото. Рачката за запнување на затворачот е поставена над браникот на чкрапалото, исто така од двете страни, така што е лесно достапна и добро профилирана. Предниот дел на работ на

рачката е подигнат и овозможува сигурно фаќање со спојување на палецот и на показалецот при запнување на затворачот. Цевката на оружјето е изработена од челик, со метода на ладно ковање, а хромираната внатрешност го продолжува работниот век и го олеснува одржувањето. Внатрешноста на цевката е нажлебена на десно, осум пати. На устата на цевката е поставен додаток кој го крие пламенот, што воедно придонесува и за подобра контрола на повратното дејство при гаѓање. На цевката може да се монтира и придушувач на истрелот, како што е моделот „Gemtech SP90“, кој е посебно дизајниран за ова оружје. Рефлексниот

нишан поставен на горната предна страна е без зголемување. Првите модели биле опремени со нишани со ознака „Ring Sights HC-14-62“, но потоа се заменети со посебно дизајнираните „Ring Sights MC-10-80”. Куќиштето на нишаните е изработено од анодизиран алуминиум. При дневно осветлување кончаницата ја претставува кружна линија со точка во средината со бела боја, додека при намалена видливост кончаницата се проектира благодарејќи на трициумски извор во облик на отворена буква „Т“. Предниот и задниот механички нишан се поставени од двете страни на рефлексниот нишан како помошни нишани.Кога станува збор за тактичката употреба на „ФН П-90“, може да се забележи дека отишла пошироко од првобитната потреба за лична заштита. Многу CAT-тимови (англ. Contra Assault Team) во светот се опремуваат токму со ова оружје при извршувањето на задачи и работи за заштита на одредени лица, а исто така може да се забележи и кај припадници на антитерористички групи и тактички тимови при извршување на упади во затворени објекти. Исто така, можат да се забележат и како примарно оружје на припадници на нуркачки групи, за потребите на борбените задачи. Токму во овие ситуации доаѓаат до израз тактичко-техничките карактеристики на ова оружје, пред сè компактноста и значителната огнена моќ, потпомогната со прецизниот оган и балистичките карактеристики на специфичниот калибар. Во единиците за специјална намена се застапени модели кои се опремени со стандардни „пикатини“ шини на кои е можно да се монтира тактичка опрема, како што се тактички ламби, ласерски одбележувачи на цели и различни видови на нишански уреди. Познати корисници на ова оружје се единицата за специјална поддршка – ЈСП СИПА на Босна и Херцеговина, елитната единица на австриската војска „Jagdkommando“, елитните единици на француската полиција „GIGN“, „GIPN“ и „RAID“, грчката единица „EKAM“, единици на белгиската војска и полиција и други. Елитните нуркачи на Бразил ова оружје го користат како примарно, исто како и Аргентина, Чиле, Пакистан и други држави.Во рамките на серијата „П-90“, моментално постојат стандардни модели „LV“, опремени со ласерски одбележувачи на целта, како и стандардни модели „LIR“, опремени со инфрацрвен ласерски одбележувач. За моделите под ознака „Tactical“е карактеристично тоа што не се опремени со рефлексен нишан што не зголемува, додека ознаките на моделите „ Tactical LV“ и „ Tactical LIR“ се однесуваат на истата конфигурација како и стандардните модели. За цивилните корисници компанијата „ФН Херстал“, од 2005 година нуди полуавтоматски верзии под ознака „ФН ПС-90“, препознатливи по видно подолгата цевка од 407 мм.

Александар Стојчевски

19

Оклопното амфибиско извидувачко возило „Luchs“ (8х8) е изработено од заварени челични панцирни плочи кои овозможуваат заштита на

предниот дел од дејство на 20 mm гранати, а од другите стани заштита од дејство на лесно пешадиско оружје со калибар од 7,62 mm и шрапнели од артилериски гранати. Возилото поседува екипаж од 4 члена. Во предниот лев дел од возилото е сместен возачот. За негови потреби над неговата позиција е поставен отвор со поклопец пред кој се вградени 3 перископи, од кои средниот може да се замени со пасивен перископ за ноќно возење. Во централниот преден дел од конструкцијата е поставена двоседна борбена купола „TS-7“, во која се сместени командирот на возилото (лево) и нишанџијата на топот (десно). За двата члена на кровот од куполата се направени отвори со поклопец. Кружно околу отворот на командирот се вградени 7 перископи за набљудување плус нишанскиот перископ „PERI Z-11 A1“, додека за нишанџијата се вградени 5 перископи и нишанскиот перископ PERI Z-11 A1. На централниот дел од конструкцијата бочно лево е вградена врата. Во задниот лев дел е сместен радиооператорот-возачот, свртен наназад, кој по потреба може да го превземе возењето за назад, додека во десната задна страна на конструкцијата е сместен погонот на возилото. За потребите на радиооператорот/ возач над неговата позиција е вграден отвор со поклопец, на кој се вградени наназад насочени 3 перископи за набљудување на задната сфера на возилото. Во борбена купола како примарно оружје е вграден автоматскиот топ со двојно хранење на муниција „Mk20 Rh202“, со калибар од 20 mm (за гранати 20х139 mm). Топот поседува теоретска брзина на стрелба од 800 до 1.000 гранати во минута и ефикасен дострел до 2.000 m. За негови потреби во возилото се сместени 375 гранати (HE-T и APC-T). По елевација топот се движи од -15° до +69°, а благодарени на ротација на куполата по азимут 360°. Како секундарно оружје на метален прстен над отворот на командирот е поставен митрале MG3 со калибар од 7,62 mm (NATO 7,62x51mm), за кого во возилото се сместени 1.000 куршуми. На бочните страни од куполата се поставени по 4 лансери на димни гранати со калибар од 76 mm. Ротационото движење на куполата и топот се остварува со електрохидрауличен уред, но вграден е и резервен мануелен механизам. Во 1982 год. на возилата е извршена модернизација,

односно вграден е нов термален систем за набљудување и нишанење WBG, а исфрлен е од употреба IC-фарот. Додека од комуникациска опрема се вградени радиостаниците „XK405 100 Watts SSB HF“ и „SEM 80/90 VHF“. Вака модернизираната верзија ја добива ознаката „Luchs 2“. Освен наведената опрема, во возилото се вградени и автоматски систем за гасење пожар, АБХО-систем и друго.Како погон во возилото е вграден дизел-моторот „Daimler-Benz OM 403A“, со моќност од 390 кс и трансмисијата „ZF 4PW95 H1“, која има 4 брзини за движење нанапред и 4 за движење наназад. Моторот и трансмисијата се споени како една целина што овозможува нивна лесна замена во теренски услови. Возилото поседува погон на сите 8 тркала. До брзина од 50 km/h се управуваат сите тркала, а при движење на пат стандардно се управуваат само предните 4 тркала. За амфибиско дејства на крајот од возилото на секоја страна е поставен по еден пропелер, што овозможува пловна брзина од 9 km/h. Благодарени на претходно наведните механизми и одличната трансмисија, возилото поседува иста брзина кога се движи и напред и назад, и поседува мал радиус на вртење, што овозможува големи способности за маневрирање по секаков терен.

Амфибиско оклопно извидувачко возило

20

„Luchs“

1. Бранобран2. Челен панцирен челичен оклоп со издржливост од дејство на 20 mm топ3. Три перископи на позицијата за возачот4. Возач5. Нишанџија на топот6. Лансери на димни гранати со калибар од 76 mm7. Митралез „МГ3“ со калибар од 7,62 mm на отворот од командирот на возилото8. Командир на возилото9. Два нишанско-извидувачки перископи за командирот и нишанџијата

„Peri-Z-11 A1“ со зголемување од 6х 10. Двочлена борбена купола „TS-7“11. IC-светлосен фар12. Погон дизел-мотор „Daimler Benz OM 403A“, со моќност од 390 кс13. Комуникациска антена14. Aвтоматски топ со двојно хранење на муниција „Rheinmetall Mk20 Rh202“, со калибар од 20 mm15. Три перископи за радиооператорот-возачот16. Позиција на радиооператорот- возачот

1 2

17. Четириелисен пропелер за амфибиски дејства на возилото18. Панцирен челичен оклоп со издржливост на шрапнели од гранати и лесно пешадиско оружје со калибар од 7,62mm19. Бочна врата20. Пневматик со димензија 14.00х20 со внатрешно поставено „run fl at“ вметнување 21. Системот за амортизација е составен од комбинација на спирална пружина и хидрауличен амортизер

21Ивица Дамески

ТАКТИЧКО-ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ЗА СТАНДАРДНИОТ МОДЕЛ „ФН П-90“

ЕКИПАЖ 4 лица

ДОЛЖИНА 7.743 m

ШИРОЧИНА 2.98 m

ВИСОЧИНА 2.125 m (до кровот на куполата)

КЛИРЕНС 44 sm

БОРБЕНА ТЕЖИНА 20 тони

ПОГОН Дизел-мотор „Daimler-Benz OM 403A“, со моќност од 390 кс

БРЗИНА НА ПАТ 90 km/h

БРЗИНА ПРИ ПЛОВЕЊЕ 9 km/h

АВТОНОМИЈА НА ДВИЖЕЊЕ 730 km

КАПАЦИТЕТ НА ГОРИВО 500 литри

ТВРДА ПРЕПРЕКА 60 cm

РОВ 1.9 m

НАГОРНИНА 60%

БОЧЕН НАКЛОН 30%

34

5

6 7 8 9 10

11

12

13

14

15

17

18

192021

16

Логистичките единици, во суштина, се армиската позадина од којашто сè зависи. Концепциски гледано, тие се најважниот дел на секоја

армија, тие се сферата од која доаѓа сè она што е транзит до првите борбени линии. Историјата е безмилосна кога ја презентира статистиката на војните. Нив ги добивале само армии кои имаат моќни логистички единици. Тоа, во суштина, е и концептот на современите армии. Највлијателните воени компоненти кои моментално егзистираат на планетарно ниво, посебно внимание им посветуваат на своите заднински единици, знаејќи дека тоа е точката од која се трга за победа, единица која се грижи за сите.Одлуката на претседателот на Републи-ка Македонија, за Ден на Командата на Бригадата за логистичка поддршка да биде 20 мај, денот кога започнува Разловечкото востание, беше силна иницијација за при-падниците на оваа круцијална единица во составот на АРМ, да го одбележат својот ден и низ пригодна свеченост да проговорат за себе.

22

24 часа

Логистиката е основата на

Армијата

24 часа

Во присуство на ЗНГШ, генерал-мајор Му-хамед Рацај, претставници од МО и ГШ на АРМ, актуелни команданти на единици, по-ранешни команданти на брЛП, високи гости, цивилни лица, свеченоста со свој говор ја отвори командантот на ЗОК, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски.„Од сè срце ви го честитам Денот на едини-цата. Ви се заблагодарувам за навистина обемната задача која беспрекорно ја из-вршувате“, истакна генералот Ѓурчиновски. Во понатамошниот говор, тој инсистираше на уште поголема кохезија, на сплотеност во структурата на единицата, и укажа на тоа дека сите проблеми се решаваат откако ќе се постигне целта.Оваа единица извршува навистина ком-плексни задачи и нивната одговорност е колоритна.Заменикот на командантот на брЛП, потпол-ковник Цветко Јаневски, низ многу примери од статистички карактер, на присутните им долови колкава е во суштина обемноста во реализацијата и колкава посветеност треба сето тоа да се заокружи со успех. Низ

бројки за подготвените оброци за припад-ниците на АРМ, дадени сервисни услуги, низ диоптријата на материјално техничкото работење, инфраструктурата и сите остана-ти придружни содржини кои се во доменот на одговорност на Бригадата, заменикот-командант, потполковник Јаневски, успеа да ја презентира објективната слика за сè што е во интерес на единицата. Исто така, тој потенцираше дека во услови на лимитирани ресурси и жестока мигрантска фреквенција на нашата јужна граница, брЛП успева да си го трасира сопствениот пат во исполнување на предвиденото, и низ сите тешкотии кои попатно се јавуваат, да излезе како победник и да ја оправда укажаната доверба.Како и на секоја друга прослава, така и на Денот на единицата, на припадниците на единицата им беа прочитани посебни стиму-лативни мерки а, исто така, беа прочитани и победниците на баталјонските и бригадните спортски натпревари.Ако од денешен момент ја бараме поврза-носта на Денот на брЛП со самото Разло-вечко востание, тогаш можеме да кажеме дека со право овие два сегменти се земени во системот на сличноста.За тоа, на свеченоста, најдобро зборуваше директорот на Военоисторискиот музеј, д-р Александар Стојчев. Во својот вешто про-филиран историски осврт, тој говореше за карактерот на самото Разловечко востание, истакнувајќи дека таа 1876 година, во сите фази на подготовка на Востанието, за прв пат може да се види воена логистика како организиран систем, кој самостојно набаву-вал муниција, санитетски средства, оружје, храна и облека за потребите на востаници-те. И, ако повлечеме паралела со она што е денес, ќе видиме дека брЛП во сличен формат, денес е задолжена да ја обезбедува АРМ во повеќе правци.Командата на Бригадата за логистичка поддршка е врвна единица во вертикала-

та на логистички единици во системот на АРМ. Гледајќи ги построените припадници на самиот чин на свеченоста, нивото на посветеност и пофалбите кои беа презен-тирани во говорите на претпоставените, координацијата во реализацијата, брзина-та и точноста во активностите, слободно можеме да кажеме дека оваа единица навистина ги задоволува сите позитивни критериуми кои ригорозната регулатива во интерното оценување на АРМ ги предвиду-ва. И, не само тоа. Гледано низ призмата на историјата, оваа единица верно го следи развојот на АРМ уште од самото постоење. Транспортот, исхраната, планирањето, тактичноста, форматирањето на буџетските ставки, сегашната најнова вонредна емигрантска криза, која повлекува малку поинакво работење, сето тоа се исклучи-телни сценарија, кои оваа единица мора да ги регулира, со цел непречено одвивање на сите активности на АРМ, во сите делови на нашата земја, онаму каде што тоа е најпотребно.Естетски уредениот двор пред командата на единицата беше платото на кое гостите на свеченоста беа повикани на свечен коктел со мала закуска, за да поразговараат меѓу себе и да им честитаат на оние коишто го прославуваа овој Ден на Бригадата.Нашите редакциски впечатоци се одлични.Моќна и авангардна единица која, дури, го предвиде и дождот тој ден.За време на свеченоста имаше сонце, по-тоа заврна дожд, но кога почна да врне, сè веќе беше завршено, што претставува уште еден доказ дека навистина припадниците на Бригадата за логистичка поддршка си ја знаат работата.Нека е честит Денот на Бригадата за логистичка поддршка. Им посакуваме, во иднина, да бидат уште поуспешни.

Митко Василевски

23

Во присуство на ЗНГШ, генерал-мајор Му-

карактерот на самото Разловечко востание, истакнувајќи дека таа 1876 година, во сите фази на подготовка на Востанието, за прв пат може да се види воена логистика како организиран систем, кој самостојно набаву-вал муниција, санитетски средства, оружје, храна и облека за потребите на востаници-те. И, ако повлечеме паралела со она што е денес, ќе видиме дека брЛП во сличен формат, денес е задолжена да ја обезбедува АРМ во повеќе правци.Командата на Бригадата за логистичка поддршка е врвна единица во вертикала-

24

На прва линија

Терористички напади во западноевропските земји

Нападот во БриселНападите на 22.03.2016 г. беа серија на два координирани напади кои настанаа на локации, аеродромот и метрото во Брисел, кои се фреквентни и често посетувани од страна на европските граѓани. Во нападите загинале 33 лица и биле ранети преку 300 лица, но најголем успех на нападите е упатената психолошка пропаганда на терористите до населението во целиот свет, дека тие може да делуваат на секоја локација, па дури и во срцето на Европа, како резултат на коалиционото делување во Сирија. Исламската држава презела одговорност за нападите во Брисел, а веста ја објавиле преку агенцијата „Amak News“, која според „Russia today“ била поврзана со ИД.Лицата кои го извеле нападот биле познати криминалци, осомничени за тероризам, и лица кои често патувале во азиските земји каде најчесто имале обука за изведување на неконвенционални напади, начин за набавка на оружје, на пари итн. Дури, некои од нив биле посочувани и од странските безбедносни структури за лица со постоечки безбедносен ризик. Тој факт бил еден од најголемите пропусти на белгиските безбедносни сили кои не овозможиле постојано следење на активностите на веќе осомничените лица.И овој напад покажува дека тактиките и техниките на терористите ширум светот се исти, со некои минимални промени. Повторно се обезбедува локација/стан каде што може безбедно да се оперира, односно, од каде што може да се врши набавка на прирачни материјали, да се подготвува експлозивната направа и од каде што би можеле да се изведат сите извидувања на теренот кој треба да биде цел на нападот. После извршување на нападот, на безбедната локација, се најдени голем број на елементи и хемиски смеси за подготовка на ИЕН и знаме на ИД. Од страна на жител во зградата било пријавувано дека се шири чуден мирис од страна на истоимениот стан, но таквата информација не била земена како доволно сериозна и полицијата не направила претрес во станот, со што уште еднаш се потврдува дека секоја информација треба да се анализира и сериозно да се зема предвид. Во контејнер, непосредно до безбедната локација,

25

Терористички напади во западноевропските земји

Околу три децении терористите делуваат следејќи го терористичкиот циклус на планирање на нападот,

користејќи ги речиси истите тактики и техники на делување, а сепак, светот сè уште не може превентивно да делува на таквиот начин на настапување. Поради тоа, а со цел да ги увидиме сличностите на делување на терористите и најчестите пропусти кои се прават од коалиционите партнери, а истовремено да собереме позитивни превентивни искуства и да направивме поцелосна анализа на неколку поспецифични терористички напади во западноевропските земји

бил пронајден и преносен компјутер на кој постоеле и други можни локации за изведување на нападот, од кои една била зградата на премиерот, што наведува на фактот дека терористите внимателно вршеле „избор на цел“ и „извидување на цел“. Експлозивната направа која е употребена во нападот е позната како „nail bomb“, во која експлозивот се зајакнува со клинци кои го зголемуваат разурнувачкиот ефект кон живата сила. Таквите клинци играат улога на шрапнели од граната, со кои се постигнува поголем ефект и од самиот експлозив. Врз основа на изјавата дадена од страна на висок службеник за безбедност на ЕУ, во контакт со белгиската полиција дека, најверојатно, две пушки „Калашников» биле најдени во одделението за полетување на аеродромот „Завентем», дава до знаење дека терористите, како и во досегашните напади, имале цел да нанесат поголеми загуби во жива сила, а исто така размислувале и на последната скала од терористичкиот циклус „escaping“. што значи безбедно напуштање на местото на злочинот. Мал детал кој би можел да даде индиција за безбедносен ризик било носењето на ракавици од страна на двајца бомбаши-самоубијци, каде најверојатно ги криеле детонаторите за експлозивот. Забележување и пријавување на таквиот детаљ на безбедносните структури од страна на присутните на аеродромот би можело да игра значајна улога во правец на превенирање на нападот. Како дополнување на тактиката на терористичкото делување во текот на нападите во Брисел, која се појавувала и во минатото, е изведување на нападот во непосредна близина на значаен настан. Во овој случај, нападот настанал непосредно после одвивање на европските преговори на 17.03.2016 година со турските власти за разрешување на мигрантската криза, кои најверојатно не биле во прилог на терористите. Исто така, нападите се случиле само после неколку дена од лишувањето од слобода на Салах Абдеслам, на 18.03.2016 година, кој бил главното осомничено лице за нападите во Париз на 13.11.2015 година.Мерки за редуцирање на последиците веднаш биле преземени и од Белгија и од многу други европски земји. Најпрвин координирано се настапило со евакуирање на повредените и загинатите од локациите на нападот, целосно бил затворен јавниот сообраќај и биле испразнети поголем број јавни места каде што би можеле да се случат терористички напади. Контролирани експлозии биле извршени во висина на метро-станицата. Биле изведувани погранични контроли од страна на белгиско-француските сили на локациите каде било проценето дека може да се изврши премин преку границата од Белгија кон Франција и обратно. Голем број земји, непосредно после нападот, ја зајакнале безбедноста на нивните аеродроми,

железнички станици и јавни локации, додека некои земји презеле и поголеми рестриктивни безбедносни мерки, како на пример Израел, која ги прекинала летовите од Европа во следните неколку дена после нападот.

Нападот на неделниот весник „Charlie Hebdo“ во ПаризНа 07.01.2015 г., околу 11.30 часот, двајца маскирани и вооружени лица со автоматски пушки и рачен фрлач на гранати, насилно влегле во зградата на неделниот весник „Charlie Hebdo“, каде извршиле убиство на 11 лица, а други 11 биле повредени.Се смета дека основен мотив за извршување на нападот бил навредливите содржини кои произлегувале од неделниот весник, а се однесувале на карикатури против исламот и пророкот Мухамед. Според поранешниот заменик-директор на ЦИА, поради наведените издавани содржини, главен мотив за нападот бил да се затвори неделниот весник. Таквиот податок беше потврден и од самата терористичка организација, преку дадена изјава дека истите се одговорни за нападот како акт за одмазда на навредите од страна на неделниот весник. Од страна на весникот „Sky News“, во согласност со издаденото видео за начинот на делување на терористите, било оценето дека се работи за лица кои се добро подготвени и обучени за употреба на пешадиски тактики. Тоа можело да се види од војничкиот начин

на движење, меѓусебното покривање, употреба на единечна стрелба и отворање на оган со претходно нишанење, што се смета за професионална употреба на оружјето.Безбедносните структури имале податоци за лицата кои ги извеле нападите над неделниот весник. Chérif Kouachi бил двапати и осудуван за тероризам, односно посредување при заминување на лица во борбите во Блискиот Исток. За вториот учесник во нападите, Saïd Kouachi , се располагало со податоци дека во периодот од 2009 до 2010г., го посетувал Јемен со поседување на виза како студент на институтот за арапски јазик. Од јеменски репортер биле добиени сознанија дека Saïd во Јемен се сретнал со терористот кој направи обид да се разнесе во воздухоплов во декември 2009 година. Во 2011г. Саид се обучувал со членовите на „Ал Каеда“ на Арапскиот Полуостров. Дополнително, од страна на САД биле отстапени податоци за изведување на тренинзи во терористички кампови на браќата-учесници во нападот. Француските власти ги следеле нивните постапки сè до пролетта 2014 г. кога браќата ги намалиле своите движења и илегални активности.После нападот на дневниот весник, алармот за извршување на терористички акт бил на највисоко ниво, во кое биле вклучени дури и делови од француската војска за патролирање на клучната инфраструктура. Британските власти

26

ги предупредиле своите граѓани да избегнуваат патување во Париз и според британските полициски сили за транспорт, поставиле дополните вооружени патроли на железничката станица во Лондон. Најголеми безбедносни мерки биле преземени од страна на САД, за заштита на сопствените институции во Париз. Данска, позната по цртаните филмови за Мухамед во 2005 г., ги обезбеди сите јавни медиуми. Шпанското министерство за внатрешни работи изјавило дека безбедносните мерки се зајакнати и дека размената на разузнавачки информации, кои се однесувале за подготовка на терористички активности со Франција, била интензивна. И Белгија презела превентивни мерки за весникот кој ги издавал цртаните филмови за Мухамед изработени во Данска.

Нападот на метрото во АнглијаНа 7 јули 2005 г. беа извршени серија координирани бомбашки самоубиствени терористички напади, а цел на нападите биле цивили во јавниот транспортен сервис во централен Лондон во утринските часови, во текот на најголемата гужва во Лондон. Четворица исламисти детонираа четири бомби, од кои три беа детонирани во возовите на лондонското метро во 08.50 часот, во временски интервал од 50 сек. и малку подоцна во 09.00 часот, додека последната бомба беше активирана во автобус на два ката. Во нападот беа убиени 52 лица, вклучувајќи ги и напаѓачите, а 700 лица беа ранети. Нападот се случил само еден ден после прогласување на Лондон за домаќин на Олимписките игри во 2012 г. Бомбашките напади на 7 јули 2005 г. во подоцнежниот период биле проследени и со други неуспешни обиди за самоубиствени напади. Тројца од бомбашите биле синови на пакистански

емигранти, а четвртиот бил присвоен од Јамајка.Експлозијата била направена во домашни услови од експлозивна направа, составена од домашно произведен органски перооксид, кој бил пакуван во ранец. Ранците за време на нападот најверојатно биле поставени на подот. Карактеристично за органскиот перооксид е што може лесно да се обработува и во домашни услови, иако не е толку стабилен. Нападите барале интензивни подготовки, како што се многубројни извидувања, учење за правење на експлозивна направа, добро познавање на безбедносниот систем во лондонското метро и можноста за реакција на спасувачките екипи, поради што нападот е направен на локации каде што е тешко да се укаже прва помош. Исто така, пред нападите биле потребно и локации за набавка на материјали за изработка на експлозивна направа. Двајца од бомбашите-самоубијци снимиле видео во кое кажуваат зошто извршуваат напади, истакнувајќи дека англиската Влада продолжува да го угнетува муслиманскиот народ насекаде во светот, а цивилното население кое ја поддржува таквата влада за тоа треба и да страда. И, на крај, се закануваат дека додека не се престане со употреба на насилства (бомбардирања, затворања, мачења) од страна на западниот свет и тие ќе продолжат со таквиот начин на војување. Во видеото се величаaт и терористичките лидери и се преставуваат како херои. На 06.07.2006 г. беше објавена и втората преработена видеоснимка од страна на „Al Jazeera“ во која е вклучен и Ал Завахири како заменик на Осама. Во снимката се нагласува дека тоа е само почеток на извршување на серија на силни напади кои ќе продолжат и во иднина со сè посилен

интензитет, сè додека не се повлечат коалиционите сили од Авганистан и во Ирак и сè додека не престане финансиската поддршка на Израел. Иако немало официјално документирани предупредувања за извршување на бомбашкиот напад на 7 јули, може да се нагласат одредени индикатори со кои би можело да се направат соодветни предвидувања и навремени реакции.Непосредно еден месец после нападите на железничката станиц аво Мадрид во 2004 г., исламски религиски авторитет даде изјава во португалски весник дека постои добро организирана терористичка група во Лондон т.н. „Европска Ал Каеда“, која е при крај со подготовките за извршување на голема операција, доколку западните влади не ги сменат нивните начини на водење на политиката.На 17.11.2004г., на веб-сајтот на „News week“ била објавена вест дека американските авторитети имале докази дека терористите планирале напад во Лондон. На веб-страницата дополнително било нагласено дека ФБИ агентите во американската Амбасада, поради стравот од терористички напади, биле принудени да не патуваат со лондонското метро.Во интервју направено од страна на германскиот магазин „Bildam Sonntag“ на 10.07.2005г., со Meir Dagan, директор на Израелската разузнавачка агенција „Мосад“, било напоменато дека Агенцијата во Лондон била алармирана за непосредниот напад во 08.43 наутро, шест минути пред да ја детонира првата бомба. Предупредувањето најверојатно било резултат од водењето истрага на порано случен терористички напад во Тел Авив, кој можел да биде поврзан со нападите во Лондон.

Драган Ристов

27

Повеќенаменскиот двомоторен хе-ликоптер „Airbus Helicopter AS365 Dauphin“ или „Dolphin“ (порано познат како „Aérospatiale SA365

Dauphin 2“ или „Eurocopter AS365 Dauphin“), е произведен од компанијата „Airbus“. Првично бил замислен како хеликоптер со еден мотор. Компанијата набргу увидела дека напојувањето со два мотори наме-сто со еден е подобро приспособено за цивилни и воени операции, така што била иницирана и програмата за негов редизајн. Во јануари 1975 г. бил реализиран првиот лет. Прототипот постигнал брзина од 170 милји на час (околу 315 км/час) во хори-зонтален лет и го поставил рекордот во брзина. Француската сертификација била завршена три години подоцна. Понатамош-

ните подобрувања на „SA 365N“ водат кон значителен редизајн со помоќни мотори, по-знат како „AS365“. Токму овој модел е еден од поуспешните проекти на „Eurocopter“, а особено се користел за транспорт до 12 патници, како платформа за спроведување на законот, за итни медицински услуги и за пребарување и спасување. Во текот на 1980 г., моделот „N“ бил ис-користен како основа за милитаризирана верзија на „Dauphin“, првично дизајниран како „AS 365 К“. Се користел за транспорт на трупи и за поморски операции, познат под името „Eurocopter Panther“. „AS365 Dauphin“ е хеликоптер којшто е способен за долги летови и воедно е добро приспособен за работење во услови на висока надворешна температура или на ло-

28

Вооружување

Хеликоптер за долги летови

кации со значајна надморска височина. Хе-ликоптерот е опремен со FADEC-единици (Full Authority Digital Engine Control), одно-сно со систем кој се состои од дигитален компјутер за контрола на сите аспекти на ефикасноста на моторот. Системот овозмо-жува дополнителна функционалност, како што се автоматско стартување на моторите и работа во режим на обука. Различни делови на хеликоптерот се направени од композитни материјали, односно јаглеродни влакна. Трупот на авионот е добро опре-мен за заштита од корозија. Во предниот дел постои можност за инсталирање на различни видови и модели на радар. Од двете страни постојат лизгачки врати, што го олеснува начинот на транспорт на товар и патници.Пилотската кабина вообичаено е опремена со двојни контроли на летање, но лесно може да биде управувана од страна на еден пилот според правилата за летање по инструменти. Ова било постигнато со воведување на „Dual Digital Automatic Flight Control System“.Во 1985 г., новиот модел на „Dauphin AS365 F“ станал првиот воздухоплов во светот кој користи инструменти кои се прикажани во електронски дисплеи. Оваа варијанта за првпат била набавена од страна на „Irish Air Corps“ за операции при барање и спасување. Француската морнарица која ги користи хеликоптерите „Dauphin“, односно военоо-

риентираната варијанта „Panther“. Во 2011 г., француската морнарица започнала со оперативна употреба на поновиот модел „Dauphin N3+“, како замена за „Eurocopter AS332 Super Puma“, стационирани во Француска Полинезија. За време на Летните олимписки игри во 2004 г., „Dauphins“ биле набавени од Грција за потребите на крајбрежната стража и за следење на активностите околу пристаниш-тата. Армијата на воздухопловниот корпус на Обединетото Кралство презело испора-ка на овој тип за замена на постоечките „AgustaWestland A109“ хеликоптери и за поддршка на операциите на Специјалната воздухопловна служба. До 1980 г., вкупно 265 „AS360/361/365 Dauphins“ биле ис-

порачани, повеќето за странски клиенти во вкупно 23 различни земји. Меѓу најголемите клиенти на почетокот биле Саудиска Арабија и Ангола. Од цивилни корисници најголем е индискиот оператор „Pawan Hans“, во насока на поддршка на активно-стите на нафтените компании. Поновите примери на воведување во употреба на овој тип датираат од 2015 г. Со ова, воздухопловните сили се оспособени за барање и спасување (SAR 24/7). Во-обичаено, цената по парче се движи околу 9 милиони долари, но сè зависи од тоа што се купува во пакетот (опрема, обука, логи-стика). Овие хеликоптери ќе ги заменат ру-ските „Ми-8“, кои во моментов се користат од страна на воздухопловните сили, сè до крајот на нивниот животен век. Варијантата „AS365 N3+“ е понова верзија со каракте-ристични посилни мотори, зголемување на бруто-тежината и значително подобрување на перформансите. Хеликоптерот е при-способен за широк спектар на мисии и за реализација на цивилни мисии, вклучувајќи спроведување на законот, воздушен над-зор, MEDEVAC-операции, ВИП-транспорт и патнички транспорт до и од платформите за нафта и гас.Воздухопловна дивизија на полицијата во државата Мериленд, САД, е првиот аме-рикански оператор со серијата на „AS365 Dauphins N1“ на N3-верзии. Опремени се со напредна авионика и најавени се над 100.000 часови на летање.

Јапонија располага со вкупно 56 „Dauphins“ во моментов, од кои поголемиот дел се наменети во случај на катастрофи и про-тивпожарна заштита. Во текот на испора-ката, генералниот директор на компанијата „Airbus“, изјави дека „Dauphin“ продолжува да биде хеликоптер за избор на големите јавни мисии во Јапонија и во целиот свет.„Airbus Helicopters AS365 Dauphin Simulator“ во Сингапур е единственото место за обука кој започна со работа во текот на 2015 г. Кога е опремен со посебен уред (CMA9000 Flight Management System), дава реална об-ука за потрага и спасување, односно стану-ва единствен систем од ваков тип во светот за оваа специјализирана обука и можности за SAR-мисија.

Драган Павловски

ГЕНЕРАЛНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА „AIRBUS AS365 DAUPHIN“

ПОСАДА 1 до 3 члена

КАПАЦИТЕТ 11-12 патници / 7 во ВИП-варијанта

ДОЛЖИНА 13,73 м

ВИСИНА 4,06 м

ТЕЖИНА НА ПРАЗЕН ХЕЛИКОПТЕР 2411 кг

МАКСИМАЛНА ТЕЖИНА НА ПОЛЕТУВАЊЕ 4.300 кг

МАКСИМАЛНА БРЗИНА 306 км/час

МАКСИМАЛЕН ДОЛЕТ 827 км

ПЛАФОН НА ЛЕТ 5865 метри

29

Ракетниот систем „Aster“, односно „SAMP/T“ (sol-air moyenne portée terrestre или surface-to-air medium range / land) е систем за против-

воздушна одбрана, базиран на земја/вода, ефективен во борба против летала кои ле-таат со големи брзини, како што се тактички балистички ракети, крстаречки ракети, бор-бени авиони и беспилотни борбени летала. Овој ракетен систем е развиен од страна на компанијата „Eurosam“, која е заедничка сопственост на компаниите „MBDA Missile Systems“ и „Thales“.Развојот на ракетниот систем „Aster“ започ-на во 1990 година, а првичните ракетни си-стеми беа произведени во 1997 година, по што во 1999 година започнаа теститања на системот со реализација на боеви гаѓања.Првото тестирање на целокупниот раке-тен систем се реализираше во јули 2005 година. Оваа тестирање беше спроведе-но успешно, а вклучуваше откривање и следење на пробна цел со помош на радар „Arabel“ и лансирање со погодок на целта (C-22) на височина од 7000 метри и далечи-на од 26 км.

Тестирањата за прифаќање и ставање во оперативна употреба на овој раке-тен систем беа завршени од страна на италијанската армија и на француските воз-духопловни сили во јули 2008 г. Системот „Aster“ беше ставен во оперативна употреба во француските вооружени сили од 2010 г.Ракетна батерија вооружена со овој ракетен систем, во својот состав вклучува: возило за команда и контрола, радар „Arabel“ и до максимум шест транспортни возила со лансирни рампи, секое со по осум ракети и магацин за резервни ракети. Борбените возила со лансирни рампи може да се рас-поредат на огнени позиции кои се оддале-чени до 10 километри од радарот „Arabel“.Системот „Aster“ користи компјутерски системи „MAGICS“ (Modular Architecture for Graphics and Image Console Systems) и „MARA“ (modular architecture for real-time applications).Ракетите „Aster 15 и 30“, кои ги користи системот, се вистински подвиг во ра-кетното инженерство. Ракетата „Aster 15“ има модификација на главата за самонаведување, на осигурувачите, на

процесирањето на сигналот и поседува бо-ева глава со насочена фрагментација, при што поголем број од фрагментите на боева-та глава се насочени кон целта. „Aster 15“ e ракета од среден дострел, со коса далечина до целта од 1,7 км до 30 км и висина до 13 км. Ракетата има пречник 180 мм, должина 4,2 м, а маса 310 кг. Максималната брзина е 3 Маh, а боевата глава со насочено дејство тежи 15 кг (со близинска запалка). Истата боева глава ја има и поголемата ракета „Aster 30“, која е опремена со појак мотор, поради што има поголем дострел. Оваа ракета има вертикален дострел до 20 км и коса далечина до целта до 120 км. Таа е подолга за 0,7 метри, потешка за 140 кг (4,9 м и 450 кг) и достигнува максимална брзина од 4,5 Mah. По авиони кои летаат на височини над 3 километри, максималниот дострел на „Aster 30“ е 100 км, а по авиони кои летаат на висини под 3 километри, максималниот дострел е до 50 км. Ракетите се опремени со активен радарски систем за самонаведување.Главата за наведување на ракетата се на-сочува кон целта, користејќи ги податоците

32

Вооружување

добиени од земја. По извршување на зафат на целта, ракетата работи во автономен ре-жим. Модификациите кои се направени на главата за наведување опфаќаат поголема брзина на приближување, приспособување на работниот режим, дополнителна функција за досег со висока резолуција и за модификациите направени за зафат на целта и на алгоритмите за следење на цел-та. Исто така, главата за наведување има способност за работа во услови на елек-тронско попречување. Програмирачкиот пулсен доплер-радар (J-band), произведен од страна на компаниите „Thales“ и „Selex Sistemi Integrati“, работи во фреквентен опсег од 12 до 18 GHz.Ракетата, која обично тежи околу 100 кг во момент на средба со целта, е опремена со боева глава која има тежина од 15 кг. Бое-вата глава е дизајнирана од страна на ком-паниите „Fiat Avio“ и „MBDA“. Таа е опре-мена со близинска запалка, која постојано генерира случајно кодирани дигитални бранови. Боева глава е вооружена со два типа на фрагменти, различни по големина, кои се насочуваат кон целта.

Летот на ракетата е контролиран со одре-ден програмиран маневар во завршна фаза од летот на ракатата „pilotage en force“ (PIF), со што се обезбедува директен погодок на целта или, пак, активирање на боевата глава на растојание од 2 метри од целта. Овој систем за контрола се состои од гасен генератор, кој пропуштајќи гас од четирите странични млазници, обезбеду-ва стабилен и контролиран лет со бочно забрзување до максимални 60 g. Како што се доближува ракетата кон целта, таа користи глава за наведување со активен доплеров радар, кој вклучува предавател со висока моќност и антена.Покрај овие ракети во основни варијанти, кои се наоѓаат во оперативна употреба, се појавија подобрени варијанти на ракетата „Aster 30“ со ознаки „Aster 30 Block 1“ и „Aster 30 Block 2“.Радарот „Arabel“ е производ на францу-ската компанија „Thales“ и претставува 3D-радар за набљудување, следење и наведување на ракетите. Тој има актив-но електронско скенирање. Радарот има четвртаст облик, со вкупно 4000 модули.

Неговата антена ротира 60 пати во минута, што значи сликата за ситуацијата во воз-душниот простор не е постара од една секунда. Овој радар работи во фреквентно подрачје од 8 до 13 GHz, односно во „X band“ со можност за скенирање во круг од 360° и по елевација од -5° до +90°.Системот може да следи до 100 воздуш-ни цели истовремено и да менаџира и управува, во исто време, до 16 ракети од типот „Aster 30“. Стандарден радар „Arabel“ работи со максимална моќност од 150 kW и има досег од 100 километри. Посебна карактеристика на овој радар е можноста за обликување, односно оптимизирање на обликот на радарскиот зрак. Радарот е фреквентно-агилен и поседува способ-ност за работа во средина со електронско попречување. За потребите на француската армија, системот „Aster“ е монтиран на воз-ило од типот „Renault 8x4 Kerax“, кое служи за транспорт и лансирање на ракетите. За потребите на италијанската армија, системот „Aster“ е поставен на возило од типот „Astra/Iveco“ 8х8.

Трајче Денчевски

33

„ASTER“Ракетен

систем за ПВО од среден дострел

34

„M-ATV“Оклопно возило 4x4

Вооружување

Оклопното возило „M-ATV” 4x4 (Mine Resistant Ambush Protected - MRAPAll Terrain Vehicle) е про-изведено од американската

корпорација „Oshkosh Defense”, која беше избрана на 30 јуни 2009 година како по-бедник на конкурсот за производство на ваков вид возила за потребите на Армијата на САД. Корпорацијата „Oshkosh” доби иницијална нарачка за 2244 возила, како и договор во вредност од 1,06 милијарди американски долари. Заклучно со јуни 2011 година, „Oshkosh” доби наредба да испора-ча повеќе од 8700 М-ATV, од кои повеќе од 8000 М-ATV се доставени за операцијата „Enduring Freedom” во Авганистан.Мисијата на единиците опремени со оклоп-ното возило „M-ATV” е спроведување на патроли, заштита на конвои, разузнавање, команда и контрола во мисии за под-дршка на борбени операции, операции за стабилизација, гранично-безбедносни операции, операции на специјални сили во високоограничени рурални, ридско-пла-нински и урбани терени. Возилото е рекон-фигурабилно за да се исполнат барањата на мисијата.Оклопното возило „M-ATV” е изработено во повеќе верзии, како на пример: команден, интервентен, инжене-риски, медицински и стандарден со основна опрема, стандарден со дополнителна опрема и стандарден со опрема за специјални сили. Во сите варијанти на оклопниот транспортер е вграден погон за возење крос-кантри низ кал, песок, снег и длабока вода, на температури од -32° C до +54° C. Сопствената тежина на „M-ATV” е до 16.700 kg, со капацитет за дополнителен товар до 2000 kg. Дизајниран е да совла-дува препреки: угорнина и надолнина до 60%,бочен наклон до 30%. Во една од вер-зиите на ова возило, односно во „M-ATV” за интервенции има вградено максимален број на седишта или вкупно 11 седишта во кои може да се смести посадата/тимот, додека во останатите верзии е предвидена е чети-ричлена посада и нишанџија.Оклопното возило „M-ATV” на својот кров има вградена купола во која може да се сместат различни видови оружје, од митра-лез „М240“ 7,62mm до фрлач на гранати 40мм „Мк19“ или „BGM-71 TOW” противтен-ковски жичано воден ракетен систем. Сите можат да бидат контролирани од самата купола или, пак, од далечина од внатреш-носта на кабината, каде што возачот има дневно-ноќен термален дисплеј.Во возилото е вграден „Caterpillar C7 7.2 l”, дизел-мотор со моќност од 276 kW, кој е поврзан со шестбрзински автоматски менувач „Allison 3500”, со чија помош може да се движи со максимална брзина до 105 km/h, со забрзување од 0 до 100 km/h за 34

секунди и акционен радиус на движење до 510 km.„M-ATV” користи патентиран „Oshkosh ТАК-4”-систем за независна суспензија за да се обезбеди супериорна крос-кантри мобил-ност и можност за надградби на возилото, како што е оклоп со голема тежина. Во оклопното возило е вграден моќен си-стем за климатизација, додека внатрешно-ста на возилото нуди потполна удобност на посадата која се транспортира во истото. Како вистински бонус за посадата се вгра-дените приклучоци за напојување на разни видови мобилни телефони како што се „iPods“, „iPhones“, и CD-плеери. Ова возило е многу лесно за управување, што би значело дека искусни возачи на оклопни транспортери имаат потреба од 14-часовна обука, додека почетниците има-ат потреба од само 40 часа обука. Оклопното возило „M-ATV” е најмалото возило од семејството на MRAP-возила, дизајнирано со тековното MRAP-ниво на за-штита и мобилност, слична на високата мо-билност на возилото HMMWV (High Mobility

Multi-purpose Wheeled Vehicle). Возилото има способност за заштита од напади од импро-визирани експлозивни направи, рачни ракетни фрлачи и слично.Намалување на изло-женоста на војниците на закани за време на операции со конвои е постигнато со мож-носта за вградување

на беспилотна технологија во оклопното возило M-ATV. Ова возило овозможува вградување на системот UGV (Unmanned Ground Vehicle Technology) TerraMax, произ-ведено од корпорацијата „Oshkosh Defense” и наменето за далечинско управување со возилото, со што се отстранува ризикот во однос на персоналот во области со висок ризик. На системот „UGV TerraMax” може лесно да се интегрираат системи за откривање, попречување и предвремена детонација на експлозивни направи. Систе-мот може да го управува еден оператор со помош на контролна единица, составена од дисплеј и џојстик, значително е супери-орен во однос на останатите системи за далечинско управување и истиот може да работи во сите временски услови, дење или ноќе. Може да постигне оптимално темпо на конвој со брзина до 60 km/h, а еден опера-тор може да управува со повеќе далечински управувани возила.Оклопното возило „M-ATV“ сè уште нема формално име, но неговиот дизајн и не-говите карактеристики ќе издржат месеци, а можеби и години на напорна работа во Авганистан и во други кризни подрачја, од каде што ќе мора да донесе што е можно повеќе неповредени војници назад во нив-ните домови.

Зоран Стојановски

35

„M-ATV“„M-ATV” на својот кров

има купола во која може да се сместат различни видови оружје. Тие се

контролирани од самата купола, од далечина или од внатрешноста на кабината

36

Припадници од АРМ на брзи води

Репортажа

АРМ во поддршка на меѓународен спортски натпревар

37

Двајца автори го пишуваме овој текст бидејќи заедно ја посетив-ме реката Треска и трасата за натпреварување во дисциплината

„кајак на диви води“. Реката Треска ги заплиснува планините и низините западно од Скопје. Брзата и проѕирна вода со срамежливата, одвај видлива зелена нијанса, е природна зам-

ка која e„празник“ за сечие око. Природата ги распослала сите свои убавини на овој простор. Неверојатни пејзажи ги пленат очите на посетителите. За карактерот на водата, пак, најдобро можат да ни кажат кајакарите. Впрочем, ние, токму заради нив и дојдовме на натпреварот.Треска, тој преубав сончев ден, вриеше од младост. Кафеаните ги релаксираа присут-

ните со убавата музика и посетители кои зборуваа на различни јазици. Многу кајаци во водата и на брегот. Млади момчиња и девојчиња стручно разговараат, користат свои спортски термини. Другите натпрева-рувачи веќе беа во водата и тренираа. Атанас Николовски е спортски дирек-тор на меѓународните натпреварувања со кајак, кои на 9 и 10 април се случија

38

во Македонија и вели: „Реката Тре-ска е најубавата балканска траса за натпреварување со кајак и овде повеќе години се одржуваат вакви спортски манифестации. Сите овие години имаме коректна соработка со Армијата на Репу-блика Македонија која многу ни помага во организациско-техничкиот дел и логистич-ки нè поддржува што нам, спортистите, многу ни значи. Припадниците на АРМ имаат големо разбирање за натпревару-вачите кои истовремено се и вработени во Министерството за одбрана, одно-сно во АРМ. АРМ со својата поддршка, партнерски може да го потпише ова натпреварување. Затоа, им благодариме на соработката“.Со овие зборови, спортскиот директор на „Илинденскиот кајак-слалом“ и на „ Европ-скиот куп-спринт“, Атанас Николовски, нè воведе во темата и ја искористи можноста да ни се заблагодари и изрази надеж дека и во иднина ќе соработуваат со АРМ.Патеката на реката Треска претставува природна рута, која е посебен предизвик за натпреварувачите. Десетарот во редовите на АРМ, ВП 2733-10, Љубомир Спасиќ, е еден од натпреварувачите кој ги бранеше боите на нашата држава и кој во една дисциплина од натпреварувањата го освои 7. место. Десетарот Љубомир Спасиќ по потекло е велешанец и тој е член на Кајакарскиот клуб „ Гемиџии 903“ од Велес. Овој млад

човек веќе има постигнато огромен успех во кајакарството. Минатата година бил прв во државата во дисциплината „спуст“, а оваа година бил втор во дис-циплината „слалом“. Настапувал на две европски првенства, на три европски купови во кајак, четири светски купо-ви, две светски првенства, бил и на квалификации за олимписки игри. Тој се натпреварува во две дисциплини, К1-слалом и спуст на диви води. Бил 9. во Европа и 25. на светската конечна ранг-листа во дисциплината „спуст“. Љубомир го исполнува овој екстремен, адреналински спорт. Вели дека му е преубаво друштвото овде. Покрај своите колеги од Р. Македонија, тука се и нат-преварувачите од Р. Србија, Р. Хрватска, Украина, Норвешка, Литванија, Грција, Турција и многу други. Ова е голем настан за Македонија, како што можев-ме да се увериме и од кажувањето на десетарот Спасиќ. Нашата спортска јавност мора да знае дека Р. Македонија е одличен домаќин на меѓународни натпреварувања со кајак, а на тој начин само се зголемува впечатокот за нашата земја на меѓународен план. Република Македонија има врвни спортисти, позна-то гостопримство и организација.Десетарот Љубомир Спасиќ има само зборови на благодарност за претпоста-вените во АРМ, за своето работно ме-сто. Секогаш надлежните авторитети му

излегуваат во пресрет, знаејќи ги неговите ангажмани на спортски план и како што кажува и самиот, се надева дека Армијата уште повеќе ќе му помага во спортската кариера, што кај него предизвикува по-себно чувство на гордост што припаѓа на Армијата на Република Македонија“. Понекогаш настапува и на мирни води, и низ шега знае да каже тоа е заради тоа што би сакал да си го смири адреналинот кој секогаш го тера во речните брзаци на патеките за спуштање.Стефан Андреев е питомец на Воената академија „Генерал Михајло Апостол-ски“ и е уште еден наш припадник на АРМ кој учествува во кајакарските натпреварувања. Тој ни кажа оти кајакот за него бил „љубов на прв поглед“. Од 2010 година е активен во тој свет, којшто од рекреативно дружење со овој спорт, со интензивен тренинг, успеал во Македонија да влезе во 5-те најдобри на јуниорско ниво. Како член на Кајакарскиот клуб „ Илинден 90“ има многу настапувано, а физичката кондиција, која е неопходна за сите подготовки, вешто ја користи и одлично му годи и на обврските како питомец во нашата Воена академија. Вели дека со кајак ќе се занимава цел живот, но признава дека поради студентските обврски, кои и не се за потценување, но и поради повредите, во последно време

39

го има малку запоставено тренирањето. Овде, сега, најмногу е ангажиран околу организацијата на „Илинденскиот кајак-слалом“ и на „Европскиот куп-спринт“ . Исто така, тој нè информираше дека оп-сежната организација гарантира одлични натпревари.Уште двајца наши припадници на АРМ се дел од оваа моќна „претстава на вода“ на реката Треска, а тоа се пилотот Трајче Јовковски и разводникот-професионален војник, Христијан Тодоровски, но пора-ди работни неодложни обврски во АРМ, токму на денот на нашата посета на кајак-патеката на реката Треска, не успеавме да ги интервјуираме.Во рамките на Цивилно-воената соработ-ка, Армијата на Република Македонија константно ги збогатува своите активности и на тој начин успешно влијае на севкуп-ниот спортски живот во државата. Многу-пати за магазинот „Штит“ сме пишувале за случувања од областа на спортот, но едно е повеќе од јасно, чиста константа е дека АРМ е успешен расадник на многу спорт-ски таленти во своите редови, промотор на спортските вредности и моќен партнер на сите спортски организации во нашата држава, особено кога армијата има цел да биде домаќин на големи натпреварувања, со светско реноме, но и на домашни првен-ства, купови и турнири, кои ја афирмираат оваа гранка од општествениот живот.

Реката Треска и езерото Матка се при-роден израз на универзалната убавина која ја поседува нашата држава. Мотива-циската и адреналинска конфигурација на теренот таму е одредена како спортска станица на љубителите на ефектните спортови кои едноставно не го остава-ат окото на посетителот рамнодушно. Кајакарите тука го наоѓаат својот душевен мир, својот авантуристички предизвик, тука ги постигаат своите одлични резулта-ти, кои после тоа ние, во списанијата, ги прибележуваме во печатена форма. Интересно во целата оваа преубава сторија е што цивилниот и воениот живот на спортистите од Армијата, овде се обединуваат под „круната“ на спортот. И, токму ова, се забележува кај нашите при-падници и натпре-варувачи со кајак. Тие стројни, силни момчиња свиоците на Треска ги сечат со своите весла и кајаци.Сончевиот ден тол-ку одеше во прилог на природата тоа претпладне што во-дата едноставно го мамеше човека да влезе во неа.Младите натпрева-

рувачи од повеќе нации и држави уживаа во тренингот и ја местеа потребната форма за големото натпреварување. И тука, на овој натпревар, нашите натпрева-рувачи поминаа одлично.Впечатоците за спортските успеси и впечатоци ги пренесуваа и други меди-уми, но се надеваме дека како автори на овој текст успеавме да ви пренесе-ме барем дел од самото кампување и натпреварување на реката Треска и на Матка. Како претставници на МО и АРМ секаде нè пречекуваат со голема почит, особе-но во ваква средина, каде што АРМ и нејзините припадници сестрано и партнер-ски организираат и учествуваат во една ваква спортска манифестација.

Пријатни и коло-ритни впечатоци од нешто што не ни е баш секојдневно достапно.Упатуваме искрени честитки за храбро-ста и за мудроста до победниците, но и до сите учесници на овој натпревар.

Љубица Пројческа; Митко Василевски

Интересно во целата оваа преубава сторија е што

цивилниот и воениот живот на спортистите од Армијата,

овде се обединуваат под „круната“ на спортот. Младите

натпреварувачи од повеќе нации и држави уживаа во тренингот и ја местеа потребната форма за

големото натпреварување

Урбана војна е вооружен судир на две или повеќе спротивста-вени страни кој се води во на-селени места и помеѓу цивилна

инфраструктура. Оваа, навидум проста дефиниција, јасно го отсликува карактерот на урбаното војување. Гледано од страна, урбаната војна личи на смртоносен хаос во кој не постојат правила и победата е чисто прашање на среќа. Но тоа не е точно. Ур-баното војување во себе содржи основни карактеристики, принципи и тактики кои најчесто се пресудни за победа. Со ваков вид војна, иако на прв поглед е тешко да се управува, таа во суштина е процес кој може да се управува и да се насочува, почитувајќи ги правилата за вакво војување. Основ-ни тактички задачи на урбаната војна се извидување, изолација, пенетрирање, систе-матско чистење,одбрана или напад на урбан реон, уништување со одлучувачка борбена сила и неутрализирање на важни цели.Урбаното војување постои уште откако разните племиња ги напаѓале и ги униш-тувале населбите на спротивставените табори но, во суштина, денешното урбано војување своите основни контури ги по-ставило многу подоцна, во Втората светска

40

Глобал

Урбана војна

Приспособи се и победи

војна. Иако и претходно имало операции кои се изведувале во населени места, пред Втората светска војна, овие активности ги немале карактеристиките на класичен конфликт помеѓу две завојувани страни кои се воделе на улиците на одреден град или во населено место, туку повеќе биле операции кои имале цел да се уништи ци-вилната инфраструктура на непријателот, додека самиот борбен допир сè уште бил на бојните полиња во вид на огромни рам-ници, речни брегови, мориња и слично. Примери за тоа има многу, но ќе издвоиме неколку. Кога Наполеон со големата фран-цуска армија бил пред портите на Москва, Русите го напуштиле градот палејќи го, не вовлекувајќи се во директен судир со Напо-леон на улиците на Москва. Спорадичните улични борби со мали „џебови на отпор“ не се вредни за спомнување, бидејќи не-маат карактеристики на класична урбана борба. Сличен е и примерот со австриски-от генерал Пиколомини, кој со неговите единици, потиснувајќи ја турската војска од Скопје, го избегнувал војувањето во градот низ самите улици. Градот Скопје настрадал, но не како последица од урба-но војување, туку само заради обидот да се запре епидемијата од чума, со палење на инфраструктурата на градот. И бал-канските војни, но и Првата светска војна, како и останатите конфликти во светот, го задржале приматот на војување над-вор од населените места. За разлика од урбаната војна, во ваквото војување, каде што бојното поле е дел од земјиштето, изо-лирано од население и урбани средини, тогаш во полн израз доаѓа содејствувањето т.е. здружените операции на родовите и видовите на армиите, бидејќи самото бојното поле овозможува доволен простор за интегрирање на орудијата, оружјето и техниката на сите компоненти на воору-жените сили. Ова војување иако се карак-теризира со голем број загинати и ранети помеѓу воениот персонал сепак опасноста по цивилите и цивилната инфраструктура е далеку помала. Но во Втората Светска војна особено од 1942 година па до крајот на војната удрени се темелите на денешно-то урбано војување. Со операциите во Ста-линград, населените места во Нормандија, белградската операција,операциите во Италија како и битката за Берлин исцртани се контурите на урбаната борба,нејзините принципи и тактики кои со одредени козме-тичко – иновативни дотерувања важат до ден денеска. Оттогаш, војната ќе почне да го губи својот „витешки“ епитет и ќе здобива контури на „убиствен колеж“, чија цел се и воениот и цивилниот персонал, но и цело-купната изградена инфраструктура.

Урбана војна со висок интензитетНајбрутален стадиум во урбаното војување е урбаната борба со висок интензитет. Во овој случај борбените дејства се водат низ целото простирање на населеното место, зафаќајќи ги со убиствена сила целокупни-те цивилни, вештачки и природни објекти

на земјиштето . Борбата со висок интензи-тет во населено место предвидува несе-лективна употреба на сите видови орудија и вооружување, како и сите борбени сред-ства, вклучувајќи артилерија,тенкови, ави-они, хеликоптери, ракетни системи, тешко и лесно вооружување, врз целокупната цивилна и воена инфраструктура и врз ком-плетниот простор на населеното место кое не е ставено под контрола. Овие дејства се карактеризираат со две основни каракте-ристики: висок интензитет на смртност и повреди,како и големи разурнувања на цивилна и критична инфраструктура. Високиот степен на смртност и ранување се јавува бидејќи интензитетот на огнената моќ и времетраењето на нејзина употреба, вообичаено е непропорционална со отпо-рот и огнената моќ, што доаѓа од спротив-ната страна. Разурнувањето на цивилната и критичната инфраструктура е последица на фактот дека во овој тип на урбана борба нема стриктно одредени и точни цели, туку предмет на дејство се целокупни квар-тови, реони и зони на населеното место од каде што дека може да има отпор. На тој начин, не постојат изолирани цели и фактички сè што не е освоено е предмет на удар. Искуството говори, дека со мали исклучоци, урбаната борба со висок интен-зитет вообичаено се применува кога целта на водењето на војната е освојување на простори, што не претставува изолирана операција, туку е дел од војна од поши-рок карактер. Вообичаено, борбите со ви-сок интензитет се водат заради освојување на населени места од стратегиска вред-ност, како што се главни градови, важни индустриски области, градови со витална геоположба или енергетска инфраструкту-ра, командни места, пристаништа,мостови и урбани области од особена важност за понатамошниот исход на војната во целина. Типичен пример за борба со висок интен-зитет е битката за Сталинград во Втората светска војна, која траела осум месеци без прекин, во која се судриле над два милиони војници со над милион и половина загинати и целосно уништување на инфраструкту-рата. Битката за Берлин во 1945 година, исто така е класичен пример на борба со висок интензитет. Од современата историја, пример е војната во Босна и Херцеговина со битката за Сараево, попозната како „Са-раевската опсада“, која траела неверојатни 1.425 денови, со просек од 329 истрелани артилериски проектили на ден и со над 35.000 уништени објекти и над 8.000 убие-ни цивили. Најсвеж случај на овој тип војна е Сирија т.е. борбените дејства во градот Алепо. Сепак, школски пример за урбана војна со висок интензитет се битките за Грозни, особено првите две операции, во 1995 и во 1996 година, во склоп на Руско-чеченската војна. Во овие случаи содржани се сите карактеристики на операции со висок интензитет, што претставува извор на научени лекции од кои секоја вооружена сила може и треба да учи.

Владимир Јовановски

41

Алијансата постојано се соочува со современи и глобални безбед-носни предизвици. Во изминатите изданија беа опфатени: терориз-

мот како директна закана по безбедноста на граѓаните на земјите-членки на НАТО, како и воопшто за меѓународната стабилност и просперитет, активно вклучување на НАТО-сојузниците во спречување на ширење на оружјето за масовно уништување од страна на државните и недржавните актери преку активна политичка агенда за контрола, разоружување и неширење на оружјето, како и предизвикот од опасноста од бали-стички проектили кои претставуваат зголе-мена опасност за сојузничкото население, територијата и распоредените воени сили ширум светот. Не помалку значајно е зголемувањето на зависноста од технологијата и интернетот. Во оваа насока, Алијансата ги зајакнува напорите да се соочи со широк спектар на сајбер-закани, насочени кон мрежи на НАТО на дневна основа. Растечката софисти-цираност на сајбер-нападите доведува до итна задача за заштита на комуникациите

и информативните системи на Алијансата. Алијансата е посебно посветена на след-ните задачи, поврзани со овој безбедносен предизвик:– сајбер-одбраната е дел од основните

задачи на колективната одбрана на НАТО;

– НАТО ја одобри својата прва политика за сајбер-одбрана во јануари 2008 година по сајбер-нападите против Естонија;

– Алијансата е одговорна за заштита на сопствените комуникациски мрежи;

– земјите-членки остануваат одговорни за безбедноста на нивните комуникациски мрежи кои треба да бидат компатибилни со НАТО и една со друга;

– сојузниците се посветени на подобрување на размената на информации и меѓусебна помош во спречување, ублажување и закрепнување од сајбер-напади;

– НАТО ја интензивира соработката со индустријата и

– Алијансата ги подобрува способностите за сајбер-образование, обука и вежби.

Политиката и центрите на НАТОза заштита од сајбер-нападиСо цел да се одржи чекорот со брзо менување на одбраната поради сајбер-заканите, НАТО усвои нова подобрена политика и акционен план. Истиот беше одобрен од страна на сојузниците на Самитот во Велс во септември 2014 година. Политиката утврдува дека сајбер-одбраната е дел од основната задача за колективна одбрана на Алијансата. По-натаму се потврдува дека меѓународното право се применува и во сајбер-просторот и ја интензивира соработката на НАТО со индустријата преку соработката во синџирот на снабдување. Новата политика се одразува на одлуките на сојузниците за прашања од доменот на сајбер-одбрана, постапки за помош на сојузничките земји и интеграција на сајбер-одбраната во оперативното планирање (вклучувајќи планирање на итни случаи).Сајбер-одбраната, исто така, се интегрира во иницијативата за „паметна одбрана“ на НАТО. „Паметна одбрана“ им овозможува на земјите да работат заедно за да се развијат

42

Глобал

Безбедносните предизвици на

НАТО

и да се одржат способностите каде што тие не можат да си го дозволат тоа. Вака сојузничките ги ослободуваат ресурсите за развој на други способности. Проектите за „паметна одбрана“ во сајбер-одбрана досега вклучуваат неколку проекти: Malware Information Sharing Platform, Smart Defence Multinational Cyber Defence Capability Development и Multinational Cyber Defence Education and Training.НАТО продолжува да ја подобрува состојбата на своето образование во сајбер-одбрана, обука, евалуација и спроведување редовни вежби. Пример за таква вежба е „сајбер-коалиција“ во која учествуваат околу 600 учесници од сајбер-одбраната од Алијансата и земјите-партнери. Мина-тата година вежбата се одржа во периодот од 16-20 ноември во сајбер-областа на Алијансата во Тарту, Естонија, и на локации кај другите земји-учеснички. Петдневниот на-стан ја тестира способноста на сојузниците и партнерите да ги бранат своите мрежи од серија сложени безбедносни предизвици. Во рамките на НАТО, функционираат некол-ку центри за сајбер-одбрана:

– Техничкиот центар во Монс, Белгија е одговорен за обезбедување на технички услуги за сајбер-безбедноста во НАТО. Има клучна улога во справување со каква било интернет-агресија против Алијансата;

– Центарот за кооперативна сајбер-одбрана во Талин, Естонија, е НАТО-акредитиран објект за истражување и обука. И покрај тоа што не е дел од командната структура на НАТО, Советот на Европа нуди призна-ена експертиза и искуство;

– Школата на НАТО за комуникации и информатички системи во Латина, Италија, обезбедува обука на персоналот од сојузничките и анти НАТО-нации од областа на работењето и одржувањето на некои комуникациски и информациски системи во НАТО. Овој центар наскоро ќе се пресели во Португалија, каде што ќе се обезбеди поголем акцент на сајбер-обука и образование за одбрана;

– Школата на НАТО во Оберамер-гау, Германија, спроведува сајбер-образование и обука за поддршка на операциите на Алијансата;

– Колеџот за одбрана на НАТО во Рим поттикнува стратегиско размислување за политичко-воени прашања, вклучително и врз сајбер-одбрана.

Комитетот за сајбер-одбрана (порано Комитет за одбранбена политика и Комитет за планирање), потчинет на Северноатлант-скиот совет е водечка комисија за сајбер-одбрана и за обезбедување надзор и совети на сојузничките земји на експертско ниво. На работно ниво, одговорен за координирање на сајбер-одбрана во цивилни и воени тела на НАТО е Cyber Defence Management Board. Главен комитет за консултации на технички и имплементациски аспекти на сајбер-одбраната е NATO Consultation, Control and Command (NC3) Board.Самитот во Прага во 2002 година, за првпат ги усвои насоките за сајбер-одбрана на Алијансата. Сојузничките лидери на самитот во Рига во 2006 година, ја потврдија потре-бата да се обезбеди дополнителна заштита на системите. Во текот на 2008 година, кон-фликтот меѓу Русија и Грузија покажа дека сајбер-нападите имаат потенцијал да станат една од главните компоненти на конвенци-оналното војување. НАТО го усвои новиот стратешки концепт на самитот во Лисабон во 2010 година, а во 2011 година министрите за одбрана на НАТО ја одобрија втората политика на НАТО за сајбер-одбрана, со план за нејзино спроведување. Понатаму, на самитот во Чикаго во мај 2012 година, сојузничките лидери ја потврдија нивната за-ложба за подобрување на сајбер-одбраната, а во јуни 2014 година, министрите за од-брана на НАТО ја одобрија новата политика за сајбер-одбрана, која во моментов се спроведува. Република Македонија е предводник во регионот и пошироко, кога станува збор за развој на проекти и платформи кои го трети-раат полето на сајбер-одбраната и сајбер-безбедноста. Неодамна заменик-министерот за одбрана на Република Македонија и директорот на Иницијативата за сајбер-одбрана на Институтот за интернационални студии од Монтереј (САД), го потпишаа Меморандумот за соработка помеѓу оваа институција и Воената академија во Скопје. Со ова за првпат во Република Македонија една високообразовна институција отвора студии коишто ќе го третираат полето на сајбер-одбраната. Ние сме прва земја од регионот која влегува во еден ваков проект, врвен приоритет на НАТО, кој посебно се потенцираше со декларација на самитот во Чикаго, како еден од врвните приоритетите на НАТО. Потпишувањето на Меморандумот претставува продолжување на соработката започната со одржувањето на НАТО-ре-гионалната школа за сајбер-одбрана во Охрид. Меморандумот вклучува размена на професорски кадар, публикации и книги, кои се основа за изучување на оваа проблема-тика, предвидува спроведување на курсеви, работилници, како и поставување на база за развој на постдипломските студии на Воената академија во областа на сајбер-безбедноста.

Драган Павловски

43

Еден од елементите на оператив-ниот дизајн е поимот „decisive point“, којшто е преведен во доктрината за операции на АРМ

како „одлучувачки момент“. Овој елемент е суштински при изработка на концептот за операции, бидејќи служи за да се нападне непријателскиот центар на гравитација, или да брани сопствениот. Често се греши кога некој одлучувачки момент се иден-тификува како центар на гравитација и се очекува дека со негово бранење или запоседнување сигурно ќе се постигне по-беда. Тоа е услов, но не е пресуден. Во на-шата доктрина, „одлучувачки момент може да биде географска локација, критичен настан или фактор кој доколку се контроли-

ра или нападне, значително придонесува кон остварување на целта.“ Контролата врз одлучувачките моменти му дава на коман-дантот предност на боиштето. Одлучувачки моменти се одредуваат и на оперативно и на тактичко ниво. На оперативно ниво е по-сложено да се остварат, но може директно да допринесат за напад или за бранење на центарот на гравитација. На тактичко ниво тоа се географски објекти и локации кои се идентификуваат како „клучен терен“. Нивното запоседнување, уништување или успешно бранење има големо значење за остварување на оперативната цел и е суштински за текот на операциите.Одлучувачките моменти, еднаш кога ќе се добијат, не смеат да се изгубат. Тие се

географски, ако се однесуваат на физич-ката сила, а политички, ако се однесуваат на моралната сила. Географски може да бидат градови, критична инфраструкту-ра, аеродроми и слично. Нефизичките одлучувачки моменти може да бидат одредени постапки, одлуки или настани како, на пример, мобилизација на ре-зервниот состав, формирање на воен сојуз, опремување со нови средства или политички одлуки кои директно влијаат на исходот на операциите. Доколку опера-тивниот планер има потешкотии да сфати кои се одлучувачки моменти, доволно е да открие што непријателот сака да на-падне. Непријателот, исто така, сака да ги контролира одлучувачките моменти, и ќе

44

Глобал

Елементи на оперативниот дизајн

посвети посебно внимание и сила за да ги запоседне или за да ги одбрани.За одлучувачките моменти во војна пишувал уште Жомини, кој за разлика од Клаузевиц имал прагматичен при-стап кон војната. Тој вели дека напаѓање или заземање на одлучувачки момент, сериозно ќе придонесе за слабеење или за уништување на непријателот. Иако на прв поглед ова личи како дефинирање на центар на гравитација, Жомини јасно ги поделил според значењето на примарни и секундарни. Тој сметал дека има моменти на боиштето, кои дури и да се сметаат за стратегиски, не се толку значајни за да би-дат одлучувачки. Само оние моменти кои се неопходни, постојани и секогаш даваат предност, треба да се сметаат за одлучу-вачки моменти. Во времето на Жомини, секоја локација на боиштето која ги повр-зувала линиите на операции се сметала за неопходна за да тече операцијата, и затоа нивното запоседнување и контрола се сметало за одлучувачки момент. Опера-тивната вештина на француската војска (Наполеоновите војни) се темелела на ова, симултано и сукцесивно движење на маршевски колони, на растојание од 2-3 дена марш, во потрага по непријателскиот ценатар на гравитација. Но, сите попатни собирни точки на теренот не можеле да бидат воедно и оперативни цели, за-тоа Жомини инсистирал да се направи дистинкција кои, всушност, се одлучувачки-те моменти на боиштето.Како одлучувачки моменти ги сметал оние географски локации, чие контролирање било неопходно според конфигурација на теренот: крстопат на повеќе линии на опе-рации низ кои колоните би се приклучиле една на друга, долините, како очекувачки реони пред битка, а во планинските об-ласти, локации кои се единствен премин. Но, Жомини разликувал и одлучувачки моменти кои се појавувале за време на битка, што денес не е толку релевантно, но во време на „битка во една точка“, било ценето како важен дел од воената вештина. Во зависност од распоредот на противникот, одлучувачки момент можел да биде маневар на страните за да се направи опфат, а доколку противникот бил развлечен повеќе на бојното поле, тогаш одлучувачкиот момент бил да се нападне и да се пробие неговиот центар. Жомини ги нарекувал овие „одлучувачки моменти на боиштето“, а зависеле од распоредот на сопствените и противничките сили, од конфигурацијата на теренот и позицијата во однос на следната оперативна цел. Третиот вид одлучувачки моменти биле не-физички, политички одлуки, кои влијаеле врз воените операции. Одлуката на Напо-леон, да ја одреди Москва како центар на гравитација, наместо одлучувачки момент чија контрола требало да се искористи за уништување на центарот на гравитација (руската војска), придонела за пораз на стратегиско ниво.

45

За одлучувачките моменти во војната пишувал уште Жомини, кој имал прагматичен пристап кон војната. Тој вели дека напаѓање

или заземање на одлучувачки момент, сериозно ќе придонесе за слабеење или за уништување на непријателот. Тој сметал дека

има моменти на боиштето, кои дури и да се стратегиски, не можат да бидат одлучувачки. Само оние кои се неопходни, постојани и секогаш даваат предност, треба да се сметаат за одлучувачки.

Во времето на Жомини, секоја локација на боиштето која ги поврзувала линиите на операции се сметала за неопходна за да

тече операцијата

46

Наспороти Жомини, во потрага по одлучу-вачките моменти во војна, бил и неговиот воен и интелектуален соперник Клаузевиц. Во неговите „Принципи на војната“, тој се обидувал да објасни како да се стекне надмоќ врз противникот, истовремено и со физичка сила и со материјална предност во одлучувачки момент. Неговата перспек-тива била од позиција на страната која почесто губела во Наполеоновите војни. Тоа го направило да размислува многу по-реално и за разлика од прагматичниот Жо-мини, Клаузевиц гледал на војната како на „игра на среќа“, чиј тек не може целосно да се пресмета. Според него, одлучувачките моменти во најголема мера се морални и зависат од сопствените грешки и грешките на противникот. Во поглед на одлучувачки моменти во текот на битка, Клаузевиц, исто така, инсистирал да се пронајде најслабата алка во распоре-дот на противникот при напад, а најсилната при одбрана. Во генералните принципи во напад и одбрана, Клаузевиц пишува

дека целта секогаш е да се концентрира најголема физичка сила на тежиштето на противникот, но тоа тој да не го знае. Со из-мама, при напад да се тежнее да се држат неговите сили будни, со помали сили, онаму каде што не е толку важно. Обратно, при одбрана со помали сили да се држи противникот зафатен на помалку важните локации, за да го ослаби неговиот напад на главниот правец. За Клаузевиц, одлучувач-киот момент во битка можел да се смени во секое време во зависност од одлуките и исходот, што значи не се сметал за постојан момент како што го дефинира денешната оперативна вештина.Во денешната оперативна вештина, одредувањето на одлучувачки моменти во текот на планирачкиот процес е значајно уште во чекорот на анализа на мисијата. Планерот, врз основа на информациите, треба да ги сфати сопствените сили, про-тивникот и теренот. Но, за да го водиме ние планот, а не планот нас, потребно е јасно да се одредат одлучувачките момен-

Клаузевиц инсистирал да се пронајде најслабата алка во

распоредот на противникот при напад, а најсилната при одбрана.

Во генералните принципи во напад и одбрана, тој пишува дека на целта секогаш се концентрира

најголема физичка сила на тежиштето на противникот, но тој тоа да не го знае. Со измама, при напад да се тежнее да се држат неговите сили будни, со помали сили, онаму каде што не е толку

важно. Одредувањето на одлучувачки

моменти во текот на планирачкиот процес е значајно

при анализа на мисијата

ти на боиштето, така што, според тоа, ќе се фокусира и дејството. Оперативниот дизајн е метод која концептуално ги обе-динува стратегијата и тактиката, што значи прво одредување на оперативни цели за да се исполнат стратегиските, а потоа тактичките цели, за да се исполнат опера-тивните. Потребно е да се одреди листа на примарни и секундарни одлучувачки моменти кои ќе ги исполнат прво тактички-те, а потоа и оперативните цели. Курсеви-те на акција потоа ќе треба да влезат во таа рамка, бидејќи помеѓу потенцијалните цели на боиштето, само неколку се особе-но важни за да се се победи. Рик Бејергон и Џон Сутерленд, во нивните анализи „Тактика 101“, даваат одличен пример за објаснување на значењето на одлучувачкиот момент преку следната метафора: „Откако ќе заврши битката и учесниците ќе раскажуваат како се одвива-ла, некој ќе каже – знаев дека ќе победиме кога... Тоа „кога“, всушност е одлучувачки-от момент во таа битка.“ Способноста да

се замисли „кога“ и да се испланира и да се насочи дејството кон остварување на „кога“, е вештина на планирање и задача за откривање со оперативен дизајн. Иако соперниците, Клаузевиц и Жомини, се сложиле дека ова може да биде инцидент-но, во модерното војување не би требало да се остават одлучувачките моменти на случајност. Тоа е и целта на современата технологија и илјадници часови воено образование, да се сведе на минимум, „маглата на војната“. Бејергон и Сутер-ленд понатаму нудат и категоризација на одлучувачките моменти, делејќи ги во три групи: непријателски, теренски и времен-ски ориентирани одлучувачки моменти.Непријателски ориентирани одлучувачки моменти се однесуваат на вооружување или системи кои на непријателот му дава-ат предност, како неговата местоположба и распоред, командни места, комуника-циски системи и сл. Ако отстранување на некој од овие може да придонесе за негово значително слабеење, тогаш тоа е одлучувачки момент и треба да се на-падне. Теренски ориентирани одлучувачки моменти можат да бидат локации во зо-ната на операции, кои значително даваат предност, доколку се запоседнат. Ова, како фактор во борба, е меѓу најстарите тактички правила. Командантите, уште од античко време, отсекогаш тежнееле да ја распоредат војската на терен кој ќе даде предност врз непријателот. Иако модерно-то вооружување и технологија овозможува незамислив маневар во минатото, теренот и понатаму останува значителен момент во операциите. Временски ориентираните одлучувачки моменти се однесуваат на настани во текот на операциите, за кои е критично во кое време ќе се случат. Ова е поврзано со темпото и фазите, каде што исполнување на одлучувачкиот момент

е неопходен за да тече операцијата. Најчесто, одлучувачкиот момент е комбинација на сите три, на пример, уништување на непријателот, кој обезбеду-ва мост преку река, не подоцна од времето потребно да му пристигне зајакнување.Сето ова, главно, важи за конвенцио-нална употреба на војските една против друга. Оперативната вештина најдобро се практикува во симетрична војна, кога двете страни имаат приближно слична форма. Но, во противбунтовничка или противтерористичка борба, каде постои асиметричност и комбинација на сите можни закани - хибридност, одредувањето на елементите на оперативниот дизајн ста-нува посубјективен. Ова не значи дека во асиметрична војна не постојат одлучувачки моменти, но тие не се константни како во линеарна војна. Потребно е посуптилно да се гледа на проблемската рамка, бидејќи во случајот на бунтовништво и тероризам, противничкиот центар на гравитација до-бива сила од повеќе страни. Концептот на одлучувачки моменти е критичен за да се стекне предност врз противникот, но досе-гашното искуство во борбата против герил-ски, бунтовнички и терористички движења, покажува дека тие или не се одредуваат правилно, или не се применуваат правил-ни мерки за нивна контрола. Исто како и центарот на гравитација, сите го гледаат, но не му можат ништо. Од друга страна, сопствените одлучувачки моменти често се видливи и изложени на непријателско дејство. Тие треба да се чуваат вон дофат на непријателот, за да се зачува сопстве-ниот центар на гравитација. Но, колку е државата посложена толку е поранлива, и тоа е клучната предност што нерегулар-ното војување им ја нуди на недржавните актери во современата војна.

Ѓорѓи Вељовски

47

Кога се врши форензичка анализа на пишуван текст треба да се знае дека секоја личност има засебен и индивидуален уникатен рако-

пис. Не е возможно да постои идентичен ракопис. Имено, уште на 6-годишна воз-раст детето креира сопствен ракопис, иако во прво време сите деца имаат слично пишување на повеќето букви, особено на самогласките како најупотребувани, а децата најмногу ги имитираат од нивните наставници. Но, подоцна, кога се стекнува вештината на пишувањето, децата започ-нуваат да креираат свој карактеристичен начин на пишување, што претставува гра-фички отпечаток за нив. Постојат неколку видови на пишување, и тоа печатно и ракописно пишување. Но, најчесто, луѓето пишуваат неразбирливо (особено административните службеници или друг вид службеници), и тоа се нареку-ва калиграфско пишување. Кога се прави споредба на ракопис, најдобро се прави доколку примерокот за споредба е во со-гласност со видот на ракописот на лицето

кое е потребно да се идентификува. Е, сега, споредбата на ракописи добро се проверу-ва, пред сè, со поединечно анализирање на одделни букви, но на документи кои постое-ле претходно од осомниченото лице. Во не-кои случаи споредбениот ракопис со земе-ниот примерок може целосно да се совпаѓа, и тоа претставува идеален примерок. Но, најчесто има големи отстапувања бидејќи ракописот отстапува и во зависност од местоположбата кога се пишува, времето кога се прави, но и од емотивната состојба на пишувачот. При истрагата на ракописот се користи стереоскопски микроскоп. Под микроскопот се гледаат свиоците и карак-теристичните вртења на буквите, насоката на пишувањето на буквата, спојот меѓу буквите, се одредува дали станува збор за десничар или за левучар (на пример, кога се пишува буквата „и“, тогаш моментот на вртење на раката кај десничарите е горе десно, а кај левучарите доле лево, или кај буквата „о“ десничарите ја пишуваат во правец на стрелките на часовникот, а леву-чарите обратно).

Кога се врши анализа на примероците тре-ба да се знае дека значителна предност има примерокот од ракопис кој не е поба-ран од осомниченото лице, туку е архив на неговото претходно пишување. Треба да се има предвид дека кај побараниот при-мерок лицето го контролира пишувањето и мошне потешко е да се утврди сличноста на ракописот со побараниот примерок.

Потпис и фалсификување на потписСекој потпис претставува стилизирана форма на пишување и е еден вид графич-ки отпечаток на личноста. Кога некое лице сака да фалсификува потпис тоа може да го направи фалсификатот со копирање преку оригинален потпис врз хартија каде што се става лажниот потпис, при што се создава вдлабнатина на листот оздола, и потоа со пенкало се пишува во направе-ните вдлабнатини. Друг начин е кога се става листот врз листот со потписот и се прецртува. Но, исто така, возможно е и со вежбање да се имитира потписот кој може

48

Форензичка анализа на текст и хартија

Глобал

да изгледа верно на оригиналот. Но, како и да е релативно лесно се открива фал-сификуваниот потпис. Тоа се постигнува со помош на микроскоп, кога под лупата лесно се препознава (не)сличноста на потписите. Лажните потписи најчесто се откриваат преку следните параметри:– потпис со двоумење (кога фалсифика-

торот пишува полека за да ја задржи точноста, па поради тоа лесно се от-криваат точките на копирање наместо течно пишување;

– кревање на пенкалото (често кревање на пенкалото за да се провери дали точно прекопирал);

– разлика во големината на буквите или на целиот потпис;

– преголема сличност на два или повеќе потписи;

– различна пропорција на буквите.Покрај горенаведените карактеристики постојат и други, како што е пропаѓање на делови од буквите, поради тоа што потпи-сот не е својствен на потпишувачот или, пак, чудна закосеност кај дел од потписот итн.

Фалсификувани компјутерски обработени документиКај компјутерски обработените тек-стови е мошне тешко да се одреди фалсификувањето поради можноста за не-ограничено репродуцирање на идентични примероци. Но, сепак, фалсификатот може да се утврди врз основа на испечатените документи. Доколку документите се испе-чатени со помош на инкџет-печатачи тогаш потеклото на испечатениот документ се утврдува со помош на микрораспрскува-чите кои кај секој принтер не се идеални, односни гледано под микроскоп, кај секој примерок оставаат специфични траги на некоја буква, со што се самоидентифику-ва. Во случај кога се користа ласерски пе-чатачи тогаш е мошне тешко да се утврди фалсификуваниот документ. Но, сепак, знаеме дека тој работи на принципот на ласерски зрак којшто е чувствителен на светлина и кој по добиената наредба од компјутерот селективно го празни валјакот и креира позитивно наелектризирана сли-ка на површината на валјакот. Следниот чекор е нанесување на позитивно наелектризираната слика на негативно наелектри-зиран тонер. На крај, тонерот по топлински пат остава траги на хартијата, но остава и друг вид на физички докази со кои може да се утврди фалсификатот од искусен графички форензичар. Покрај компјутерските обрабо-тени документи фалсификатот се утврдува и кај фотокопира-ните документи. И ласерските печатачи и најсовремените фотокопири оставаат траги, како што вообичаено се нарекуваат

„жигови на хартија“. Трагите најчесто се резултат на остатоци од прашина или, пак, од подлогата одоздола под дејство на тем-пературата на хартијата. Фалсификатот при копирање се прави и со додавање или редуцирање на дополнителни документи или на хартија, но тоа мошне лесно се открива под лупа. Покрај тоа, денешната форензика има цели софтверски пакети кои речиси безгрешно ги лоцираат сите грешки кај ваков вид на документи. Сè по-често компјутерските софтвери ги „ловат” фалсификаторите наместо човекот. Таков е примерот и со парите. Во секој хартиена банкнота се вметнуваат безбедносни бе-лези заради нивно лесно препознавање и обесхрабрување на фалсификаторите. Исто така, се вметнуваат и разни флуо-ресцентни делови како и микроскопски букви, со цел обезбедување на автентична банкнота.

Анализа на хартијаПостојат различни типови на хартија, и при секој фалсификат, всушност, форен-зиката (грубиот дел) започнува од тука, со констатирање за видот, бојата и тежината на хартија. Покрај тоа, се утврдува и струк-турата на хартијата, како и времето кога е произведена. Исто така, со оваа анализа се утврдува дали, на пример, некој доку-мент бил во плик. Доколку повеќе од два листа имаат на исто растојание и набори, тоа значи дека најверојатно биле заедно спакувани во ист плик. Исто така, со ваква анализа се констатира (визуелно) дали некој документ бил прикачен со друг и

дали заедно им недостасува и трет до-кумент. Исто така, на одредена хартија со помош на одредени супстанци можат да бидат избришани одредени зборови или, пак, да бидат заменети со нови. За таа цел постојат апарати за прецизна дијагностика, како што се видеоспектрален компара-тор (VSC) или апарат за електростатско откривање (AECO). Со овие апарати лесно се забележуваат различни вдлабнатини, недостатоци, набори или пак рефлек-сии од одредени предмети на хартијата. Најмногу внимание привлекува бришењето на одредени букви или, пак, бришење на цел текст. Бришењето може да биде на-правена по механички пат, со употреба на одредени супстанци, со физичко гребење или се нанесува на нова површина со по-мош на абразивни материјали, но со по-мош на луминисценција се откриваат овие траги. Денес, модерната форензика е отидена многу напред и најголем дел од погоре опишаните методи на фалсификат се от-криваат речиси за миг. Модерните апли-кации и софтвери лесно ги препознаваат овие остатоци од фалсификувањето. Но, сепак, треба да се има на ум дека фалсификаторството еволуирало и дека, како што постојат современи апа-рати и компјутерски системи за нивно детектирање, постојат исти такви системи кои прават фалсификати верни на ориги-налот. Нивното откривање не е возможно со овие компјутерски системи. Најчесто фалсификатот се утврдува со други опера-тивни мерки кои фрлаат сомнеж на фал-сификатот. Доказ за тоа се биометриските исправи, така што и покрај современите биометриски контролори луѓето со фалси-фикувани патни исправи непречено пату-ваат и се движат во други земји. Исто така, треба да се напомене дека форензиката на документите денес често се користи и за детектирање на стари документи. Таков е примерот кога Герд Хајдемен, новинар во Штерн, ги однел трите дневници на Хит-лер во издавачката куќа „Грунер и Јар“, и за нив добил нешто помалку од 2 милиони марки. Но, форензичари го споредувале ракописот во секој од дневниците и кон-

статирале дека е тешко да се докаже неговата автентичност. Но, со споредба на хартијата, тие констатирале дека се кори-стело средство за белење на хартијата кое, патем, за првпат започнало да се произведува во 1954 година, што наведува дека станува збор за фалсификат, а ова, подоцна, со испитување на користеното мастило, всушност и се потврдило. Така, фалсифика-торот и новинарот биле изведени пред суд и осудени на казна за-твор за нелегално присвојување пари.

д-р Игор Гелев

49

50

По Априлската војна и нападот на силите на Оската врз Кралството Југославија 6 април 1941 година и по неговата брза капитулација,

Чеде заедно со своите соселан-печалбари од Македонија го напушта разурнатиот од авионското бомбардирање Белград, и по многу тешкотии и неизвесност поради не-средените сообраќајни врски и општиот хаос во земјата, кон крајот на април 1941 година при-стигнува во своето родно село. Во Никифорово веднаш се вклучи во под-готовките за вооружен отпор. Тој особено се ис-такна во организирањето на младите за собирање на оружје, муниција, прехранбени продукти и нивно складирање на безбедни места. Така, во 1941 година во Никифорово е направена скривница и се собрано 400 кг жито, коешто потоа го користат партизанските единици кои делуваа на овој терен. Чеде има посебни заслуги во собирањето на оружје, хра-

на, складирање, избирање на бази и за создавање на курирска мрежа. Меѓу дру-гото, благодарение и на оваа активност, во септември 1942 година се создава парти-занскиот одред „Кораб“.Кога се создале поволни услови, пролетта 1943 година, тој заминал во партизани.

Таму тој во прво време бил заменик-комесар на одредот, а потоа командант на баталјон и заменик на командант на Четвртата оперативна зона. Бидејки таму интензивно се развивала Народноос-лободителната борба, било потребно

создавање и на соодветна сигурна база за раковоството. За таа цел Даме, со уште неколку членови на КПЈ, е определен за создавањето на партизанската база на Арамиски Камен, во близината на селата Леуново и Никифорово. Чеде ги придружу-ва Добривоје Радосавлевиќ, Кочо Рацин,

Владо Малеш и други во-ено-политички и културни работници на НОАВМ до Лопушник, каде беше сместена базата на Глав-ниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Одредот на Даме бележи бројни успешни акции, па така: на 23 мај 1943 година во с. Сливово ја напаѓа карабинерската станица и извршилч избор на I народноослободителен комитет во Дебарца. На 25 мај одредот извршува

напад кај с. Брждани, а на 29 мај кај с. Лазарополе. На 12 јуни одредот извршува успешна акција на возот кај Пресека. На 20 јуни води борба кај с. Карбуница и врши напад на електричната централа „Вруток“. На 2 јули било нападнато Крушево, на

Македонски команданти и војсководци

Чеде Филиповски-Даме, првоборец, народен херој, командант на баталјон и заменик-командант на бригада,

заменик-командант и командант на 48. (македонска) дивизија на НОВЈ.

Потекнува од многудетно, сиромашно печалбарско семејство. Веднаш по завршувањето на основното

училиште, мораше да го напушти селото и заедно со своите другари и соселани да оди на печалба во Белград,

каде што работи како ѕидарски работник

Чеде Филиповски

Даме1923-1945

51

8 јули с. Ехлоец, а диверзантски акции биле извршени на патот за Јама. Биле од-ржани митинзи во повеќе села, што имало голем одѕив меѓу населението од: Мав-ровско, Кичевско, Дебарско, Струшко, што придонело за прилив на нови борци.Во Мавровско-гостиварскиот одред, којшто е формиран на 14 март 1943 година, Чеде Филиповски Даме станал заменик-поли-тички комесар. Тој ја одржувал врската на одредот со партиските организации, одел на терен и подготвувал акции. Одредот развил голема воена, политичка и органи-зациона активност по Гостиварскиот, Мав-ровскиот, Кичевскиот и Галичкиот крај, но и во Дебарца. Ударната група на Одредот, предводена од Чеде, на терен организи-рала митинзи по селата, и ги кинела теле-фонските и сообраќајните врски.Два месеци потоа, на 20 јули 1943 година, се формирал самостоен Мавровски одред во чиј состав влезе првата албанска чета со борци од албанска националност, за што посебни заслуги имаат Чеде Фили-повски и Том Ѓелај-Шумски, со кого Чеде крвно се збратимува. Тоа било од големо политичко-воено значење и придонело за развивање на меѓунационалната доверба. Во оваа насока, неговата чета држеше

митинзи и во албанските села, така што се приклучуваа нови Македонци, но и борци-Албанци. Во септември 1943 година. со наред-ба на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија, на подрачјето на Западна Македонија, од постојните партизански единици беа создаде-ни две ударни групи. Во ударната група што дејствуваше во реонот на Кичево - Дебар - Гостивар, командант беше Чеде Филиповски, а Јосиф Јосифовски - Свештарот, политички комесар. На тој начин, Даме се стекна со голем углед и доверба кај раководството на ГШ на НОВ и ПОМ.По капитулацијата на фашистичка Италија, Чеде беше меѓу првите борци од единиците на Првата оперативна зона во заземањето на Киче-во на 11 септември 1943 година.Кога на 1 ноември 1943 година повторно беше заземено Ки-чево, Чеде се наоѓа во групата борци кои ја нападнаа касарната и заробија повеќе германски офицери и војници. Благо-дарение на масовизирањето на борбата

и приливот на нови борци на 11. XI 1943 година во с. Сливово, Дебарца, се фор-мира Првата македонско-косовска ударна бригада. 3а командант е избран Петар Брајовиќ-Ѓуро, а Чеде Филиповски-Даме како истакнат и искусен борец и раководи-тел, е поставен за заменик-командант па

Бригадата.Понатаму, во секојдневните борби што ги води Бригадата на подрачјето на Де-барца, Кичевско и во Магленско-Егејскиот дел на Македонија со германските, со бугарските и со бали-стичките формации во зимата 1943—1944 година, Чеде покажува вонредна храброст, борбеност и цврстина, којашто ја пренесува на целата бригада. Неговата способност како воен и политички раководител и искусен борец доаѓа до полн израз во легендарниот Февруарски поход на бригадата од с. 3бор-ско во Егејскиот дел на

Македонија до Велешко и назад, и од 31 јануари до 14 февруари 1944 година. Во овој прочуен поход, низ деноноќните теш-ки борби, Бригадата измина 300 км долг пат, совладувајќи висинска разлика од над 800 метри на ден. Кога се удираа темелите на новата маке-донска држава, на 2 август 1944 година се одржа Првото заседание на АСНОМ. На ова историско Прво заседание на АСНОМ, Чеде Филиповски стана делегат и прет-ставник од Гостиварската околија. Така, во документите се гледа дека на ова заседа-ние на списокот со народни претставници на АСНОМ за членови на АВНОЈ под ре-ден број 3 беше избран и Чеде Филипов-ски, работник од Гостивар.Потоа Чеде Филиповски стана потпретсе-дател на Главниот одбор на НОМС и член на Централниот одбор на УСАОЈ.По ослободувањето на Македонија, Чеде Филиповски беше испратен на вишиот воен курс во Белград. По успешното завршување на школувањето, кон крајот на јуни 1945 година се враќа во Македонија, и како искусен воен раководител е поста-вен за командант на 48. ударна дивизија. Вршејќи ја својата должност, загинал на 30 јуни 1945 година во сообраќајна незгода на патот Радовиш – Струмица.За народен херој на Југославија е про-гласен на 2 август 1949 година. Чеде Фи-липовски Даме е носител на „Партизанска споменица 1941“, на Орденот „Партизан-ска ѕвезда“ и на други одликувања.

д-р Марјан Димитријевскигенерал во пензија Борис Стојаноски

Чеде Филиповски-Даме загинал на 30 јуни 1945 година во сообраќајна

незгода, вршејќи ја својата должност.

За народен херој на Социјалистичка

Федеративна Република Југославија е прогласен на 2 август 1949 година.

Носител е на „Партизанска споменица 1941“, на

Орденот „Партизанска ѕвезда“ и на други

одликувања

52

Градење национален бренд

Согледувања

Исламската Република Авганистан е голема и разновидна земја со долговековна богата

историја. За жал, Авганистан во текот на последните четири децении го привлекува

вниманието на светот поради војната, нестабилната безбедносна состојба, „Ал

Каеда“ и други негативни ставови кои други земји ги имаат кон неа. Имено, кога луѓето ќе го слушнат името на Авганистан, едноставно

помислуваат на нешто негативно, а името на Авганистан автоматски го поврзуваат со Талибанците, со војна, како „производител“

на терористичката „Ал Каеда“ и опиумот. Овој напис ја прикажува другата страна, односно

позитивните страни на Авганистан

Историјата на Авганистан дати-ра помеѓу 3000 и 2000 година пр. н.е., а почнува со урбана цивилизација со првите исто-

риски податоци од почетокот на иран-ската династија, која ја контролирала територијата во периодот од 550 год. пр. н.е. до 331 год. пр .н.е. Во 331 год. пр. н.е. Александар Велики ја поразил иранската династија и го наметнал грчкото културно влијание во регионот. Набргу, Индија ја презема контролата врз Авганистан и го донесува будизмот во регионот. Потоа, Ара-пите извршиле инвазија на целиот регион и го вовеле исламот во 642 год. од н.е. По монголската инвазија во 1219 година, предводена од Џингис Кан, се наметнува и монголското влијание. По смртта на Џингис Кан, се водат многу борби за владеење со регионот. Ахмад Шах Дурани (Ahmad Shah Durrani) ги обединува Паштуните и ја соз-дава империјата Дурани во 1747 година, што се смета за почеток на модерниот Авга-нистан. Кон крајот на 19 век, Авганистан станува тампон-држава, односно тампон меѓу Британско -Индиското Царство и Ру-ската Империја. На 19 август 1919 година, односно после Третата англо-авганистан-ска војна, земјата се стекнува со целосна независност од Обединетото Кралство. Со државниот удар во 1973 година, завршува кусиот упад во демократијата, а потоа

следи комунистичкиот контра удар во 1978 година. Во 1979 година, Советскиот Сојуз извршува инвазија врз Авганистан за да го поддржи кревкиот комунистички режим во државата. Во 1989 година, антикомунистич-ките муџахедини, со меѓународната антико-мунистичка поддршка започнуваат војна и вршат притисок на СССР кој се повлекува. После тоа следи граѓанската војна. Во 1994 година на сцената се појавуваат Талибан-ците, пакистанско- спонзорирана движење против Авганистан. Во 1996 година Кабул е под контрола на режимот на Талибанците, со што започнува мрачната ера на Тали-банците По терористичките напади врз трговскиот центар во Њујорк во 2001, САД започнуваат антиталибанска операција. Главна причина се Талибанците, кои му овозможуваат прибежиште во Авганистан на Осама бин Ладен. Можеби затоа на конференцијата во Бон во 2001 година е одлучено да се изгради нов Авганистан, со нова политичка архитектура, а Хамид Карзаи е избран за привремен претседател на државата.Хамид Карзаи е првиот избран претседател на Авганистан со мандат од декември 2004 година, кој успева и на претседателските избори во 2009 година по втор пат да ги по-беди другите кандидати, како Ашраф Гани, актуелниот претседател на Авганистан и Абдула Абдула. Претседателството на Карзаи трае до 2014 година. Во моментов,

Ашраф Гани е претседател на Авганистан. Неговото претседателство функционира преку споделување на власта договорено со Абдула Абдула. Новата влада се на-рекува „Wahdat Milli“, што во превод значи национално единство. Меѓутоа, Талибанци-те се сериозен предизвик за новата влада, бидејќи тие се борат со авганистанската Влада во некои провинции во јужниот и во источниот дел на државата, а и во не-кои други провинции кои се небезбедни токму пради нив. Затоа, во оваа фаза од развојот на државата, од посебно значење е да се развие национален бренд, односно државата да се брендира за да се промени начинот на кој светот го гледа Авганистан. Меѓу многуте елементи кои се потенцијал за позитивно национално брендирање се угостителството, богатото културно наслед-ство, одличната храна, разни фестивали, уметноста и музиката. Авганистан е дом и „лулка“ на некои научници од ислам-ската вероисповед, на поети познати од историјата и „суфиите“, производители на различни видови на суво овошје, спортски дисиплини како што е на пример „бузкаши“ (јавањето на коњ), убава клима и прекрасен уникатен пејсаж.

Културата и традицијата на АвганистанАвганистан има богато културно наслед-ство. Ова културно наследство е резултат

53

на грчкото, централноазиското, исламско-то, монголското, персиското, кинеското, индиското, руското и британското влијание врз земјата. Континуираните војни и поли-тичката нестабилност во текот на послед-ните четири децении му нанесоа штета на авганистанското културно наследство, а голема штета носи и ерата на Талибанци-те. Тие ги уништија авганистанските статуи на Буда наречени „Будите од Бамијан“ – најголеми стоечки статуи на Буда во све-тот, културна гордост во централниот дел на Авганистан во провинцијата Бамијан, поставени уште во шестиот век. Според нив, Буда-статуите се антиисламски и тие треба да бидат уништени. Тоа е процес на уништување кој е започнат во 2001 година. После 14 години авганистанската Влада, со помош на меѓународните организации како УНЕСКО, ги обнови статуите на Буда во долината Бамијан. Иако сè уште има обиди за уништување на Буда-статуите и на другото културно наследство во Авга-нистан, последните четири до пет години Владата на Авганистан во соработка со меѓународната заедница разавива про-

екти во форма на заедничка мисија да го заштити и да го обнови богатото културно наследство и историја на Авганистан. Со овој проект за заштита на културното и историско наследство во Авганистан, странски стручни лица и авганистанската Влада ги здружија своите срца и умови и работат неуморно со цел да се зачува и да се обнови културното наследство.Оваа земја има и друго културно наслед-ство, како на пример гандара-уметно-ста. Тоа е стил на будистичка визуелна уметност, древна форма на уметност во Авганистан. Оваа уметност се развива, главно, во денешен Источен Авганистан и во северозападниот дел на Пакистан за време на првиот век пр.н.е. и седми-от век од нашата ера. Оваа уметност го има доживува својот процут за време на династијата Кусхан (Kushan). Има и други споменици, како што се минарето на џамијата во Јам, големите џамии „Мазар-е-Шариф“ и „Херат“, „Great Arch of Qalaiee Bost“, кој се нарекува „Chel Zina“, што во превод значи четириесет скали, „Кулата на победата“ во провинцијата Газни и

„Balai Hissar“ во Кабул. Ова се некои од архитектонските бисери на Авганистан, кои се значаен дел од културното наслед-ство на Авганистан. Дел од културното наследство во Авганистан е и уметноста. Според доктор Абасе (Abase), една од најпознатите слики во светот насликани со масло техника, всушност, е насликана или потекнува од Авганистан. Исто така и поезијата веќе долго време е културна традиција во Авганистан. Најмногу поезија има на јазиците дари и пашту. Во земјата се одржуваат многу поетски настани. Специфично културното наследство на Авганистан се и поговорките или „Zarbul Masalha“. Тие играат витална улога во културата на Авганистан и ја одразува-ат авганистанската култура. Користење на соодветна поговорка во говорот има големо влијание кај слушателите, и тоа по-кажува колку сте образовани и мудри. Друга форма на културно наследство во Авганистан е и музиката. Народот сака музика, а постојат и разни видови музика. Секоја етничка група има своја музика, а во северниот дел на Авганистан многу

54

познати се песните „Qataghani“. Во јужниот дел на Авганистан тоа се песните „Hatan“. Се свири на многу музички инструменти, а неколку и потекнуваат од Авганистан, како на пример „Robab“. Има многу талентирани и познати пејачи и музич-ки инструменталисти како Farhad Darya and Asif Mahmoud Tablai, кој после долг престој во Лондон се враќа во Авганистан истакнувајќи дека е среќен што после долго време свири за својот народ и е горд што се труди да го зачува културното на-следство на својата земја. Тој вели дека, кога свири „tabla“, го отвора своето срце за слушателите. Според него, музиката е јазикот кој зборува во името на срцето и душата.

Демографски карактеристики Авганистан е голема земја со различни етнички групи, како што се племињата Паштун, Таџик , Хазара, Узбак, Туркман и други, а како резултат на тоа има богата мешавина на етнички групи и племиња. Племето Паштун се сунитски муслимани и тие сочинуваат околу 42% од населението. Второто големо племе се Таџикистаните кое сочинува околу 27% од населението. Племето Хазара сочинува околу 9% од на-селението, тие се потомци на Монголите и тие се шиитски муслимани. Племето Узбак живее во северните делови на земјата и сочинува 9% од населението. Тие се сунитски муслимани. Семејството е најзначајната алка во авганистанската култура, и во споредба со западниот живот, тоа е нешто сосема различно во однос на улогата на мажот и жената, бракот и начинот на живот. Општо земено, во авганистанската култура мажите се одговорни за обврските надвор од куќата, а жените обично се одговорни за домаќинството. Во однос на бракот, семејството најчесто договара бракови за своите деца, а процентот на бракови како резултат на љубов е многу низок. Покрај тоа, се договараат бракови меѓу роднини. Семејствата традиционално живеат за-едно, како една голема фамилија.Авганистанскиот народ е многу гостоприм-лив и многу пријателски, а гостоприм-ството е вредност во авганистанската култура. Тие го сметаат за верска обврска, а постои поговорка според која, гостинот е пријател на Бога, што е важен аспект на авганистанската култура. Без разлика кој сте и од каде сте, ако сакате да посетите едно семејство, нема потреба однапред да им се најавите. Ако посетите еден дом, домаќините ќе ви го понудат најдоброто од она што го имаат.Национален спорт во Авганистан е играта „бузкаши“ , што значи „грабање на коза“. Оваа игра е многу уникатна во однос на другите видови игри или спорт. Овој спорт или игра е многу возбудлив и авганистан-скиот народ многу се гордее кога ја игра. Оваа игра се игра со јавање коњи и секој

јавач се обидува да ја фати козата и да ја стави во кругот за да победи во игра-та. Околу четириесет до педесет јавачи учествуваат во „бузкаши“, и тие тогаш обично се облечени во различни видови на облека и носат шапки. Кога во еден град или во село се игра „бузкаши“, сите луѓе одат да ја гледаат играта. На жените не им е дозволено ниту да учествуваат ниту да ја следат играта. Само мажи со деца можат да ја гледаат оваа игра или спорт. Играта, односно натпреварот, може да одземе многу време, дури и 4 до 6 часа за да се извојува. Победникот на натпреварот добива награда во пари, убав турбан или облека.Следната важна тема е неверојатно вкус-ната храна. Авганистанскиот народ сака храна и сите јадат месо. Храната, глав-но, е со месо. Некои популарни јадења во менито на авганистанската кујна се авганистански „Qabli Pulao“ (традицио-нално јадење со ориз), „Kofta“ (ќофтиња), „Nan-i-Afghan“ (авганистански леб), „Mantu“ (кнедли со месо), „Kababs Dampukht“ (варен ориз), „Quroot“ (сушен јогурт), „Osh Pyozee“ (полнет кромид) и „Sher Berinj“ (сутлијаш). Оваа храна не е ниту премногу зачинета, ниту лута.Авганистанскиот народ сака фестивали. Авганистанските фестивали се поделени во категории, и тоа на традиционални, на национални и на верски. Првиот тради-ционален празник на Авганистан, но не само за авганистанскиот народ туку и за Иранците, е „Nawroz“, дочекот на Нова Година, кој се празнува на првиот ден на пролетната сезона или, поточно, на 21 март. Nawroz буквално значи нов ден, a авганистанскиот народ го слави овој ден на тој начин што се подготвуваат различни видови на слатки специјалитети нарече-ни „Haft Miwa“ кои, всушност, се седум видови на овошје и јаткасти плодови и „Samanak“, специјалитет направен од пченица и шеќер, за кој се потребни и два дена за да се подготви. Традиционално, се

оди и на излети. Муслиманите слават два големи празници. Првиот е Еид-ал-Фитр (Eid-al-Fitr), а вториот е Еид-ал -Куран (Eid-al-Quran). Еид-ал-Фитр е крајот на светиот месец Рамазан, месецот на постот и ритуал поврзан со лунарниот календар. Eid-Al- Adha е подготовка за Хаџ, кој ќе се одржи во текот на 12-тиот месец од муслиманскиот календар. Сите богати семејства во Авганистан колат крава, коза или овци и им делат месо на сиромаш-ните луѓе. Исто така, во текот на овие празниците се молат во џамија а потоа се посветуваат на своите семејства, роднини и пријатели облечени во нова облека, а се подготвуваат и слатки јадења. Друг верски празник е и „Десетмината од Ашура“ (10th of Ashura), односно мачеништвото на внукот на пророкот Мухамед. Верски празник е и Maвлид ал Наби (Mawleed al Nabi), раѓањето на пророкот Мухамед. За време на овој верски празник семејствата прават посебни молитви во џамиите а исто така готват и храна и им ја делат на сиро-машните луѓе. Национални празници се Денот на независноста, Денот на трудот и формирањето на исламските држави како Ден на победата. Овие денови се просла-вуваат со семејството, со пријателите и со роднините, се оди на излети, се танцува, се пее и се подготвува вкусна храна.Авганистан изобилува со свежо и суво овошје. Во провинцијата Херат се одгледу-ва шафран, а има и други важни минерал-ни ресурси на кои авганистанскиот народ и Владата треба да работат заедно и да создадат национален бренд на државата, покажувајќи му ги на светот на тој начин сите овие позитивни работи.

Билјана Поповска

Текстот е адаптиран од написот на Ahmad Maseh Atmar од Авганистан, мастер-студент

на Универзитетот „Furtwagen“ во Германија, на тема „Брендирање на нацијата“

55

Куршумите јадат сè – лисја, трева, Куршумите јадат сè – лисја, трева, Кземја и луѓе. Ги јадат целосно. Пра-Кземја и луѓе. Ги јадат целосно. Пра-Кват луѓето да крварат буквално на-секаде. Ние сме сега исто како диви Ксекаде. Ние сме сега исто како диви К

животни, немаме дом, ниту имаме каде да одиме.“ Вака малото момче Агу, херојот, или можеби повеќе антихерој во филмот „Ѕверови без нација“ , го опишува своето искуство за граѓанската војна која пустоши низ неговата татковина. Неговата трагична приказна која се движи на линијата дете – заробеник – убиец е приказ на разорното влијание на војната врз психата и животите на децата. Географски лоцирана некаде во Африка, приказната гравитира околу проблемот на постоењето на цели армии на

деца – војници, феномен кој е популарен на овој континент, а задира длабоко во ос-новните човечки и детски права. Но, за жал, на сите ни е познато дека во време на војна правилата се прекршуваат и прегазуваат, а кога станува збор за црниот континент, таму постои само едно правило – дека правила не постојат.

Војната не бира жртвиАгу, кој е на возраст од околу десетина години, живее во тампон-зона со своето семејство – мајка, татко, брат и сестра, каде животот е релативно мирен со оглед дека надвор од ова полуспокојно катче, конфликтот расте во степенот на суровост

и терор. Но, јасно е дека војските ќе се доближат и овде мирот ќе биде набрзо згазен. Мајката и сестрата успеваат да се евакуираат во главниот град, но момчето е принудено да остане со таткото, постариот брат и со другите мажи за да го бранат своето огниште, наивно надевајќи се дека можеби имаат шанси да извлечат жива глава од крволочните ѕверови на влади-ната, нелегитимна армија или од бунтов-ниците. Успевајќи да избега од пушките на армијата, Агу е единствениот од селото кој успева да избегне егзекуција, но само за да падне во рацете на бунтовниците во џунглата кои ќе му го поштедат животот, но под услов да им се придружи и да стане

Ѕверови без нацијa

Филм

војник. Дезориентиран, свесен дека е веќе сам на овој свет, без дом и семејство и со живот кој виси на конец, Агу нема избор освен да вле-зе во играта на крвопролевањето. Бунтовничкиот баталјон станува негово ново семејство, а командирот е новата замена за неговиот татко. Сепак, токму тој е човекот кој одлучи Агу да не е убиен и го зема под своја закрила да го тренира. Но, новото семејство е исклучително сурово и во него се испреплетуваат конците на сексуална злоупотреба, предав-ство, љубомора и меѓусебно насил-ство наспроти првичната слика дека постои идеолошка кохезија. Иако Агу почнува да ја игра воената игра, сепак него-вите мисли се кај неговата мајка, детството кое е прекинато и никогаш повеќе нема да му биде вратено и идејата за среќа и без-грижност која сега му се чини дека никогаш нема да се оствари. „И да заврши војната утре, јас никогаш веќе нема да можам да се вратам повторно во она што беше мое детство, да продолжам да правам детски работи“, вели детето објаснувајќи колку насилството кое го гледа секој ден ја има неповратно осакатено неговата психа.

Исповед пред БогаЛичната приказна за младото момче Агу, ни ја раскажува самиот тој. Не само што е гла-вен лик во филмот, туку Агу има и функција на наратор каде низ еден внатрешен инти-мен разговор со Бога, тој ни ја пренесува неговата ментална и емотивна состојба. Начинот на обраќање кон творецот, е често-пати и во прашална форма – зошто Господ го дозволува тоа да се случува, дали ќе му овозможи да ја види мајка си уште еднаш, дали ќе го заштити од злото? Господ е изворот на одговорите, објаснување за нелогичноста и суровоста на војувањето чиј концепт е тотално неразбирлив за детскиот ум. Низ целиот филм односот Агу – Господ

е присутен, сè до крајот каде младото момче ја прекинува комуникацијата со него и ја насочува кон мајка му, бидејќи како што кажува и самиот тој - Бог го напушта. Како што растат неговите гревови, смислата на исповедта кон творецот се губи. Овие две фигури – мајката и религиозната фигура, и двајцата даватели на живот, иако физички неприсутни, се причината за истрајноста на момчето да преживее, да се бори и да не се предаде на смртта. Мислата дека еден ден повторно ќе ја види својата мајка, потребата да ја најде и да биде со неа не го напушта. Но, како што времето поминува Агу открива колку војната го променила и желбата за долгоочекуваната средба сега добива друга димензија – Агу е свесен дека не е повеќе истото дете кога беше разделено од мајчините раце. Всушност, тој не е ни повеќе дете. Крвта на неговите раце, барутот од куршумите и изладеното срце, сепак за него не се срам, туку нужно зло, слика за тоа во што се претворил. Агу не се кае за тоа што станал, кај него постои самосожалување, но е свесен дека друг избор немал и или ќе убива или ќе биде убиен. „Сонце, зошто сè уште светиш во оваа земја? Сакам да те згмечам во дланките, за да не може веќе да блескаш и да биде засекогаш темно, за да не може

никој, никогаш да ги види работите кои се случуваат овде“, си помислу-ва момчето, обидувајќи се да најде некој механизам за да се избрише и скрие теророт на граѓанската војна.

Модел за конфликтна нацијаТочната локација на конфликт не е именувана – таа може да биде било која африканска земја или пак да стои како генерализиран модел за било која нација која се соочува со крвав конфликт. Станува збор за исклучително насилен филм, со сцени на масакрирање и крволочни убиства и осакатувања,

полн со драматичност. Првото убиство на Агу, неговото огнено крштевање е особено впечатлив момент каде го гледаме пре-минот на момчето од еден во друг свет. Од интензивна врева, режисерот прави прескокнување во употреба на мртва тиши-на, без музичка поддршка, целосно затишје на хаосот, каде става фокус на дишењето на вознемиреното момче кое треба првпат да одземе живот, на неговите мисли дека прави огромен грев кој никој никогаш нема да може да му го испере од дланките, како и на замавнувањето со мачетата. Додека жртвата моли за милост, исто како што не-говиот татко молеше пред егзекуцијата, во главата на Агу се врти мислата дека друг избор нема. Начинот на кој се изведени одредени сцени, како и фактот што сме директни сведоци на мислите на главниот лик, вербални, како дел од сценариото, без да се обидуваме да ги интрепрети-раме индиректно врз основа на дијалози или фацијални експресии, прави ние како гледачи да сме длабоко инволвирани во самата приказна. Филмот е добитник на многу награди, дел и за солидниот актерски квалитет на командирот и на Агу и, секако, заслужува да се погледне.

Елена Ѓорѓиевска

57

Режија: Cary Joji Fukunaga

Сценарио: Cary Joji Fukunaga, Uzodinma Iweala

Улоги: Abraham Attah, Emmanuel Affadzi, Ricky Adelaytor, Ama K. Abebrese, Andrew Adote

Музика: Dan Romer

Земја: САД

Награди: AAFCA, „Black Reel“, на-града за најдобра улога за деби-тант и најдобра споредна машка улога, награда „Cinema for Peace“, номинации за BAFTA, за „Златен глобус “ и преку 50 други номинации и награди

57

На 28 мај во касарната „Н.Х. Страшо Пинџур“ во Петровец имаше „Отворен ден во Центарот за обука на пилоти“.

Центарот за обука на пилоти, еден од најсовремените центри од овој тип во Европа, на „Отворениот ден“ им овозможи на сите млади лица, заинтересирани да бидат пилоти во Армијата на Република Македонија, да се запознаат со неговите капацитети и одблиску да ги видат воздухопловите на кои се врши обуката.„Овој ден е одлична можност да почувствувате барем дел од она што значи да се биде пилот, обучуван по најсовремени методи и според врвни

услови, во модерен и исклучително технолошки напреден центар, што е резултат на заложбата на Министерството за одбрана, истакна пред присутните гости државниот советник во Министерството за одбрана, Маја Стојановска. Наша обврска, додаде Стојановска, е внимателно да ги селектираме најдобрите кандидати кои, пред сè, се чесни луѓе, подготвени за сите предизвици што ги носи професијата пилот“.Директорот на Центарот, Јаари Шрага, порача дека еден од главните критериуми да се биде пилот е мотивираноста на кандидатите и

нивниот ентузијазам и укажа на следните чекори при селекцијата на кандидатите. „Последен ден за пријавување на кандидатите е 30 јуни, по што започнува селекцијата на земја, а следат медицинските и физичките проверки, проверките за познавање на англискиот јазик, по што започнува специјализираната обука која трае 18 месеци“, информираше Шрага.Присутните, освен воздухопловите на Центарот за обука на пилоти, ги разгледаа и хеликоптерите „Ми-8/17“ и „Ми-24“, кои се дел од летачката флота на Армијата на Република Македонија.

Кристина Илиевска

„Отворен ден“

58

Во Центарот за обука на пилоти